Многу НБА ѕвезди не успеаа да стигнат до прстен, а тој од клупата веќе зема три

Торонто денеска стигна до првата титула во историјата, откако го совлада поранешниот шампион Голден Стеј Вориорс со 4-2. До својот трет прстен стигна кошаркарот на Репторси, Патрик Мекав. Интересно е тоа што овој 23- годишен бек ја игра својата трета сезона во најсилната лига во светот. Тој од 2016 до 2018 година беше член на Голден Стејт Вориорс.