Харис го спаси МЗТ Скопје, Нови Пазар падна по голема драма (ФОТО)
МЗТ Скопје на домашен терен го совлада Нови Пазар по голема драма со 89-87 (24-19, 22-27, 24-24, 19-17) во рамките на десетото коло во АБА 2-лига. Херојот на актуелниот првак е Харис со две слободни фрлања во последните секунди ја обезбеди победата број осум на својот тим. Токму овој кошаркар со 18 поени беше прв стрелец, по 14 имаа Магдевски и Хиндс