Спој на тренд и безвременост: Дамите од Sweet40+ воодушевени од новата колекција чанти на Елена Лука
Во салонот на македонскиот бренд Елена Лука денеска се одржа нова непосредна дружба со членките на онлајн платформата Sweet 40+. Позитивни, насмеани и расположени за нова средба, дамите уште еднаш покажаа дека ваквите иницијативи се нешто во што максимално уживаат. Овој пат, можноста да се запознаат одблиску со новата колекција чанти со потпис на етаблираниот