Нова екоколекција инспирирана од народните носии

Модната дизајнерка Стефанија Насеска креациите за претстојната есен/зима ги спакува во нова колекција за двата пола, под наслов „Вoјаж“. Називот не алудира на патување низ просторот, туку низ времето. – Инспирацијата ми проникна од македонските народни носии. Позајмив специфични елементи и ги имплементирав во крајно модерни кроеви, обидувајќи се да