Домашно свинско гиро

Кога си се уште во изолација и немаш готвено неколку недели и одеднаш добиваш сила и апетит да си направиш нешто, тогаш производот е овој. Ме фати носталгија за гиро и од 12 часот почнав, а во 2 веќе ручавме. Лепчињата, месото, компирите и сосот за премачкување - сите јас ги направив. Количината е доволна за 6 гира, а гирото е прсти да лижеш, превкусно