(Видео) Огнен и Марина ја крунисаа љубовта на 46-тата Галичка свадба
Во Галичник денеска се одржа 46-то издание на традиционалната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“, која повеќе од 4 децении ги негува свадбарските обичаи и ритуали на жителите од мијачкиот крај. Манифестацијата во исто време придонесува за зачувување на автентичноста на изворните песни и ора, како и на надалеку познатата галичка носија