Ова се цените по кои ќе се продаваат горивата од полноќ
Дизелот поскапува, a бензините остануваат со иста цена. Цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ расте за половина денар, а бензините ќе се продаваат по иста цена. Вака денеска одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Дизелот ќе се продава по цена од 61,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 50,5 денари