Во ЕУ лани се доселиле 228.000 луѓе од Западен Балкан

Во Европската Унија минатата година легално се доселиле 228 илјади граѓани на земјите од Западен Балкан – Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово, покажуваат податоците на Еуростат, кои ги пренесуваат регионалните агенции. Од Албанија во 2018 година во ЕУ се иселиле 62 илјади граѓани, што е 2,2 отсто од вкупната популација