Како дете се сликаше со Чупиќ, а сега вели: Сакам финале со Вардар во ЛШ!

Екипата на Киелце е учесник на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите, а завршницата од ракометната елита ја најави Аркадиус Морито, 21-годишниот ракометар во кој полскиот тим гледа голема иднина. Четврти пат во историјата, Киелце ќе игра на Ф4-турнирот. Полскиот тим веќе има еден трофеј во Келн, а силно се посакува да се донесе и вториот во своите витрини