Традиционалниот „Фестивал на чајот и читањето“, кој го организира издавачката куќа „Феникс“, и годинава ќе се одржува од 15 јануари до 15 февруари. По онлајн спроведената анкета во библиотеките во Скопје и во земјата, ќе бидат избрани најдобрите читатели, кои ќе добијат комплети книги од македонски автори, изданија на „Феникс“. Исто така, онлајн ќе
Првите 48 часа биле пресудни за уметницата Лида Шерафатманд од Малта да донесе одлука да се пресели во Струга. Инспирирана од природните убавини, Езерото, лебедите, планините…, токму од Струга ги слика најубавите дела, кои завршуваат како поштенски марки во Лихтенштајн и Кина. Ја сака Струга. Се грижи за природата, а неодамна покрена иницијатива за
Литературниот клуб „Кирил Пејчиновиќ" при Центар за култура „Иљо Антески-Смок" од Тетово ги објави победниците на конкурсот за најдобра необјавена песна за деца и возрасни. За најдобра песна во категорија на деца е избрана Силвана Крстовска од тетовско Подбреѓе со „Годишните времиња", додека кај возрасните прва награда ја доби песната „Зорица" од авторот
По најавените образовни реформи Живееме во време на брза и бурна трансформација, која се огледува во збогатување на вокабуларот, знаењата, образовната технологијата и информациите, поради што сѐ поинтензивни се идеите и начелата на плурализмот и интеграцијата. Грижата за духовната музичка и ликовна култура и квалитетен живот станува сѐ поголема. Музиката
Некои сè уште го поттикнуваат митот за уметникот и музата, други едноставно ги ценат забележителните уметнички соработки од минатиот век. Од Камиј Клодел и Огист Роден до Пикасо и Дора Маар, ова се петте најпознати иконски уметнички двојки во што оставиле белег во историјата на уметноста. Камиј Клодел и Огист Роден Скулптурите на Камиј му оставиле
Претставата „Пасивно пушење“ од Небојша Ромчевиќ, во режија на Ненад Витанов, утре во 15 часот ќе биде премиерно изведена во Народниот театар Штип. Комедијата за Македонец кој заглавува на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз заради кутија со сарми, ќе може да ја видат само 35 гледачи со заштитни маски, во сала со 182 седишта. Директорката на Центарот
Познато е дека музеите во понеделник се затворени за посетители и ваквите виртуелни содржини го привлекуваат вниманието на граѓаните особено сега, за време на пaндемијата На веб-страницата на Археолошкиот музеј на Македонија, во рубриката „Музејски понеделник“, деновиве може да се погледнат дел од интересните и едукативни содржини поврзани со артефакти
Нашиот текст за „бележењето“ од сипаници кое го вршел Коста Цепенков предизвика бројни реакции и коментари. Сепак, за нас најинтересен беше податокот кој го дознавме од проф. д-р Никола Пановски, за случај кој за чудо е недоволно познат во историјата на медицината - пренесувањето на вакцината од Европа во шпанските колонии преку жив човечки синџир
Во оваа ковид-криза, што трае веќе премногу долго, го повикувам Министерството за култура внимателно да ги разгледа културните организации од независната културна сцена од внатрешноста на државата, коишто продуцираат релевантна, важна и охрабрувачка култура и да им даде шанса за живот, апелира режисерката и сопственичка на „Интимен театар“ од Битола
Во галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ од денеска е отворена ретроспективна изложба-инсталација „Фотографика алтернативна No3. Бранување“ на Љубе Алексовски, на која се претставени стотина дела од различни периоди, почнувајќи од 1980-тите години. Виолета Калиќ по повод отворањето на изложбата рече дека изложбата има колажен и концептуален
Македонскиот кандидат за „оскар“ за 2021 година, „Врба“ на Милчо Манчевски, ќе игра во кината, на ТВ и на стриминг-платформите низ САД, во дистрибуција на киното „Лорбер“, еден од најреномираните дистрибутери на уметнички филмови во САД. „Врба“ќе се прикажува пред американската публика во текот на 2021-та и ќе продолжи во 2022 и 2023 година. Сопственикот
Македонската писателка Лидија Димковска ќе учествува на виртуелниот поетски настан „Глобална поетска серија“, што ќе се одржи в сабота (16 јануари) во култното „Њујоршко поетско кафуле“. Како што соопшти писателката, читањето го организира Здружението на имигрантските и меѓународните уметници на Њујорк, а ќе настапат уште девет мигрантски поети кои
На новогодишната ноќ во Љубљана почина Душан Јовановиќ (81), театарски режисер, драматург и есеист, автор на култниот драмски текст „Ослободувањето на Скопје“. Во неговата последна, автобиографска книга, тој со голема љубов зборува за Скопје и, особено, за Македонките. Како дете, Душан за време на војната бил испратен кај роднини во Скопје. По разводот
Јужнокорејскиот режисер Бонг Јон-хо, чиј филм „Паразит“ беше апсолутен победник на ланските Оскари, ќе биде претседател на жирито на Венецискиот филмски фестивал, закажан за 1 до 11 септември. „Паразит“ во Кан освои Златна палма, на 92. Оскари беше прогласен за најдобар филм, Бонг Јон-хо беше најдобар режисер, а ги освои и Оскарите за најдобар странски
Приредувачите на наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ го организираат вториот настан „Кафе со преведувачот“, на 21 јануари, во 19 часот, на кој гостинка ќе биде Румена Бужаровска. Бужаровска е писателка, професорка, преведувачка и од неодамна прва амбасадорка на „Вавилон“. Преведува од англиски на македонски (Џон. М. Куци, Луис Карол, Труман
Спомен куќата „Музеј на Лазар Личеноски“ е еден од најважните проекти на Националната галерија на Република Северна Македонија и годинава таа ќе почне да се реновира, вели директорката Дита Старова Ќерими. „Ова е приоритет како за Националната галерија , така и за целокупната културна јавност во земјава заради што постојано поттикнува голем интерес
Формула за исплата на плати на вработените се пронајде преку Министерството за Култура и УЈП, но во делот на конкурсите, затоа што недостасуваше првиот човек на самата агенција не можеше да се најде решение. Тоа се изнајде по моето стапување на функција на 15.12.2020. Јас веднаш по стапувањето на функцијата испратив барање до стручните служби за формирање
Тензијата помеѓу политиката, здравствениот систем и „обичниот народ“ не е ништо ново, а особено доаѓа до израз во време на епидемии. Доказ за ова е сатирична книга од 19 век, која ја има напишано доктор, а илустрирано еден од најдобрите карикатуристи во историјата на овој цртачки жанр. Во видео интервју со проф. Влада Урошевиќ објавено вчера, 14.1
На 19 јануари, вторник, верскиот христијански православен празник Водици - Богојављение, со обраќање - говор на претседателот Стево Пендаровски, со почеток од 12 часот ќе се одржи Интернационална онлајн конференција: „Охридска школа за хуманизам - од средновековната доба до денес, во Европа и светот“. Истовремено ќе се одржи и церемонијата на прогласување