Насер Зибери доби 8 годишен мандат како Народен правобранител
Со 61 глас ЗА пратениците гласаа за 8 годишниот мандат на несудениот премиер, Насер Зибери. Тој ќе го наследи Иџет Мемети, кој цели 16 години или 2 мандата раководеше со институцијата Народден правобранител. Опозицијата не присуствуваше на чинот на гласањето. Мандатот на народниот правобранител е 8 години со можност уште за еден реизбор.