Дарио Ивановски е позитивен на Ковид-19, нема да настапи на ЕП во сала
Најдобриот македoнски атлетичар во моментов, Дарио Ивановски, нема да настапи на престојното Европско првенство во сала поради тоа што е позитивен на Ковид-19. Ивановски кој ја освои балканската титула на 3000 метри на шампионатот во Истанбул, требаше оваа недела да настапи на европскиот шампионат во Торун, Полска. sportmedia.mk