ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Во сообраќај поминуваме дури 10 месеци од животот
media.mk - пред 7 часа
Сите луѓе се личности за себе, но дали знаете кои работи ни се заеднички на сите и на што поминуваме најмногу време секој ден? Еве неколку интересни факти кои, веројатно, не сте ги знаеле: * Денот на раѓањето го трошите со уште 17 милиони луѓе. * За десет години школување ќе стекнете околу 17 другари, додека во четириесеттите само двајца. * Се смеете околу 18 пати на ден. * Просечното човечко суштество оди толку многу во својот живот што може три пати да пропатува околу Земјата. * Човек јаде околу 30 тони храна во својот живот, а пие над 9.000 шолји кафе. * На работа ќе поминете во просек по десет години. * Ќе спиете 20 години. * Ќе поминете три години седејќи на тоалетна школка. * Ќе чекате најмалку десет месеци во сообраќаен метеж. * Ќе поминете повеќе од една година зборувајќи на мобилен, а гледајќи телевизија цели 12 години. * Далечинскиот управувач ќе го барате 19 дена. И конечно, заклучокот е дека само една петтина од вашиот живот останува навистина да живеете. Затоа потрошете го паметно и на најдобар можен начин....