Microsoft ги претстави Copilot Actions за автоматизирање на задачите кои се повторуваат
Смартпортал - пред 18 часа
Фото: Microsoft Во рамките на Ignite 2024 конференцијата која се одржува оваа недела, Microsoft претстави нова функција која доаѓа благодарение на генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели. Се работи за функцијата наречена Copilot Agents и истата е замислена да им ја олесни работата на корисниците во делот на задачи кои се повторуваат. Како пример може да се земат задачите како испраќање на порака до вработените за извршените задачи во текот на неделата секоја недела. Copilot Agents може да се користат за сумирање на комуникација, на состаноци и слично, а примерите се доста и им се познати на корисниците на кои една ваква функција ќе им се погоди доста. Фото: Microsoft Во рамките на конференцијата Microsoft најави и подобрувања на веќе постојните Copilot функции, како додавањето на ВИ „агенти“ во SharePoint, подобрување на можностите во Excel и Outlook и слично. Новата Copilot Actions функција е пуштена како тест за ограничен број на корисници, па во иднина може да се очекува за сите. ИЗВОРThe VergeИЗВОР 2Microsoft ОЗНАКИCopilot ActionsMicrosoftMicrosoft Copilot FacebookTwitterLinkedinEmailViber Претходна статијаЧетвртата генерација од iPhone SE се најавува за март идната година со првиот 5G чип развиен од Apple Мишо ЛекиќСвојот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања. Facebook ПОВРЗАНИ СТАТИИПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ ChromeOS можно е целосно да биде заменет и интегриран во Android Мобилната верзија од Arc прелистувачот стана достапна на Android Google Gemini апликацијата официјално пуштена на iOS Apple ја претстави Final Cut Pro 11 со нови можности со вештачка интелигенција Поддршката за Windows Mail and Calendar апликацијата официјално завршува до крајот на годината Google Maps ќе добие дополнителни можности за промена на изгледот на иконата при навигација...
SpaceX го изврши шестиот тест лет на Starship, но овој пат не успеа да ја „фати“ ракетата
Смартпортал - пред 20 часа
Фото: SpaceX Во текот на вчерашниот ден SpaceX успешно го изврши шестиот тест лет на нивното Starship летало кое се планира во иднина да се користи за мисија на Марс. Шестиот лет повторно беше успешен, односно леталото и ракетата успешно ги извршија своите планирани летови и се вратија назад на Земјата. Ова веќе е главна карактеристика на SpaceX, компанија која може да се каже дека направи револуција со развојот на ракети и летала кои можат да се користат повеќе од еднаш. Со шестиот тест лет SpaceX сепак не успеа да го повтори успехот од претходниот тест лет кога Super Heavy ракетата се врати на истата кула од која полета и беше „фатена“ од страна на механичките раце на истата. При процесот на слетување на Super Heavy стана јасно дека нема да може да се погоди целта, па на време ракетата беше пренасочена во Индискиот океан каде што „слета“ во водата, секако без да биде оштетена. Што се однесува до Starship леталото, неговата мисија беше целосно успешна. По достигнувањето на орбитата на Земјата, SpaceX за првпат тестираше исклучување на моторите, па нивно повторно вклучување во орбитата. По овој процес, Starship се врати назад на Земјата каде исто така успешно слета во Индискиот океан. Снимката од шестиот тест лет на Starship е достапна на X, а можете да ја погледнете во продолжение. Watch Starship's sixth flight test https://t.co/acpdO2brbP— SpaceX (@SpaceX) November 16, 2024 ИЗВОРSpaceX ОЗНАКИSpaceXStarshipSuper Heavy FacebookTwitterLinkedinEmailViber Претходна статијаНовогодишна кампања на Телеком: Рушење на бариеритеСледна статијаЧетвртата генерација од iPhone SE се најавува за март идната година со првиот 5G чип развиен од Apple Мишо ЛекиќСвојот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања. Facebook ПОВРЗАНИ СТАТИИПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ Бесплатни работилници за вештачка интелигенција инспирирани од „The AI Journey“ – прва книга за ВИ на Балканот Microsoft претстави мини компјутер наменет за поврзување со Windows во „облакот“ ChromeOS можно е целосно да биде заменет и интегриран во Android Македонски Телеком со нов концепт на продавница и уникатен пристап кон корисниците Роботските правосмукалки Narwal сега се достапни во Смартус Македонија Google Gemini апликацијата официјално пуштена на iOS...
Apple планира лиценцирање на оригиналната содржина од TV+ сервисот на други сервиси
Смартпортал - пред 1 ден
Фото: Shutterstock.com Apple има сервис конкурент на Netflix, Prime Video и другите наречен Apple TV+, но информациите изминатиот период кажуваат дека не е баш доволно популарен. Иако повеќето оригинални филмови и серии имаат одлични оценки, Apple нема доволно корисници за да го нарече овој сервис за успешен. Корисниците во САД ќе можат дури да го гледаат сервисот преку Amazon Prime Video, а сега е достапна уште една информација која оди во правец на зголемување на достапноста на филмовите и сериите од TV+ за повеќе корисници. Според Bloomberg, Apple планира да ги лиценцира своите филмови и серии на други сервиси, како што се телевизиски канали и сервиси за изнајмување. Засега не е јасно дали содржината се планира да стане достапна и преку сервисите како Netflix, нешто што го имаме видено од другите сервиси како HBO. Ова може да биде добра вест за корисниците каде не е достапен Apple TV+ сервисот, па корисниците не можат да ги гледаат филмовите и сериите од компанијата. Секако, во земјите каде што не е достапен овој сервис доста популарно останува симнувањето на филмови преку „торент“, но останува потребата за поголема достапност сепак. ИЗВОР9to5Mac ОЗНАКИAppleApple TV+ FacebookTwitterLinkedinEmailViber Претходна статијаMeta го поедноставува начинот на прикажување статистика за објавите на FacebookСледна статија„Creative Gate“ е првата регионална платформа за иднината на Балканот како глобален центар на креативност Мишо ЛекиќСвојот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања. Facebook ПОВРЗАНИ СТАТИИПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ Иновативната платформа за испорака на храна и малопродажба Wolt наскоро ќе биде присутна во Македонија Услугата “Плати преку линк” (Pay by link) за првпат во Македонија Microsoft најави нови подобрувања кај OneDrive заедно со целосно нова мобилна апликација OpenAI го претстави „платно“ интерфејсот кај ChatGPT за подобра работа со текст и код YouTube реклами ќе има и за време на паузирање на видеата Microsoft Teams сега е една унифицирана апликација без разлика со каква сметка се користи...
ChromeOS можно е целосно да биде заменет и интегриран во Android
Смартпортал - пред 1 ден
Фото: Shutterstock.com Неофицијално информации најавуваат дека Google работи на интегрирање на ChromeOS во Android, а со тоа и замена на сегашниот систем за компјутери со Android. Тоа би значело дека ChromeOS ќе ги добие сите предности од Android кои сега ги нема, а и обратно, Android ќе ги добие некои од важните функции за компјутерите кои ги има ChromeOS. Како причина за оваа можна одлука се истакнува желбата да конечно подобро му се конкурира на iPad, таблет компјутер кој од своето претставување го држи првото место на пазарот. Веќе можевме да прочитаме за тоа како Google планира да овозможи функција слична на DeX од Samsung со интеграција на ChromeOS во Android, па најновата информација личи дека тие имаат одлучено да не застанат тука, па да направат целосна комбинација на системите. Дополнително, веќе гледаме подобрувања кај Android за поголемите екрани кои одат во правец на тоа дека од Google се обидуваат доста да го подобрат корисничкото искуство, па има логика да се очекува интеграција на функциите од ChromeOS. Доколку интеграцијата ги задржи сите потребни функции од ChromeOS, корисниците мислам дека и нема да забележат огромна разлика, барем кај корисничкиот интерфејс на нивните лаптоп компјутери. Тоа што ќе биде подобрено е достапноста на функции и апликации, нешто што може да се каже дека до некаде го кочи ChromeOS да биде сериозна конкуренција на Windows и macOS, односно и на iPadOS. ИЗВОР9to5Google ОЗНАКИAndroid 16chromebookChromeOSGoogle FacebookTwitterLinkedinEmailViber Претходна статија„Creative Gate“ е првата регионална платформа за иднината на Балканот како глобален центар на креативностСледна статијаMicrosoft претстави мини компјутер наменет за поврзување со Windows во „облакот“ Мишо ЛекиќСвојот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања. Facebook ПОВРЗАНИ СТАТИИПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ SpaceX го изврши шестиот тест лет на Starship, но овој пат не успеа да ја „фати“ ракетата Microsoft претстави мини компјутер наменет за поврзување со Windows во „облакот“ Македонски Телеком со нов концепт на продавница и уникатен пристап кон корисниците Роботските правосмукалки Narwal сега се достапни во Смартус Македонија Google Gemini апликацијата официјално пуштена на iOS Конференција за дигитализација на АмЧам: Усогласување помеѓу јавниот и приватниот сектор за сигурна дигитална иднина...
Роботските правосмукалки Narwal сега се достапни во Смартус Македонија
Смартпортал - пред 1 ден
Смартус ја заокружува 2024 та година со новости – ја официјализира соработката со брендот Narwal, кој несомнено станува глобален лидер во полето на паметни роботски правосмукалки кои може да се пофалат со бројни меѓународни награди и признанија меѓу кои German IF Design Award и RedDot Design Award.Narwal e компанија позната по својот иновативен пристап за чистење на подови, комбинирајќи најнови технологии и исклучителни перформанси, по изненадувачко достапни цени. Она што ги издвојува од моделите од сличен ранг е исклучително високата вшмукувачка моќ, што комбинирано со антизаплеткувачкиот дизајн на четката, ги прави посебно корисни во домови со домашни миленици. Роботските правосмукалки веќе се достапни во Смартус и може да се нарачаат на официјалната страна со испорака од магацин во Македонија и 2000 денари попуст со промо кодот NARWAL2000 валиден до 24.11 https://www.smartus.mk/narwal-242. ОЗНАКИNarwalSmartus.mkПР Објави FacebookTwitterLinkedinEmailViber Претходна статијаThe Onion ја купи, па ја изгуби Infowars на Алекс Џоунс преку аукција за која има сомневања за исправностаСледна статијаМакедонски Телеком со нов концепт на продавница и уникатен пристап кон корисниците ПР Објави од Партнери ПОВРЗАНИ СТАТИИПОВЕЌЕ ОД АВТОРОТ Microsoft претстави мини компјутер наменет за поврзување со Windows во „облакот“ ChromeOS можно е целосно да биде заменет и интегриран во Android Македонски Телеком со нов концепт на продавница и уникатен пристап кон корисниците Google Gemini апликацијата официјално пуштена на iOS Конференција за дигитализација на АмЧам: Усогласување помеѓу јавниот и приватниот сектор за сигурна дигитална иднина Apple ќе го претстави неофицијално најавуваниот ВИ монитор за контрола на паметниот дом во пролет идната година...