Брзата помош ќе биде срцето на регионализацијата
Пари - пред 2 дена
Време зa читање: < 1 минутa „Во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Сашо Клековски зборува за важноста на тимовите за брза помош во подобрувањето на пристапот до здравствени услуги, особено во руралните подрачја. Затоа, Клековски најави повисоки плати за вработените во овој сектор. Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Следете нè за повеќе интересни дискусии! „Брзата помош ќе има важна улога во регионализацијата. Бидејќи клучно ќе биде пациентот до колку ќе може да се транспортира, соодветно да се транспортира до местото каде што може да му биде дадена помош. Во моментов секаде кубуриме со тимови за брза помош, низ сите градови, бидејќи како и за матичните доктори, брезата помош не нуди можност да одите некаде напред. Професионално останувате на исто. Затоа сметавме дека треба да медицинскиот персонал се поддржи. И ова е минимално зголемување само за тие што јасно се поврзани со итната помош.“...
КЛЕКОВСКИ во „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: Потребни се реформи во здравството
Пари - пред 3 дена
Време зa читање: < 1 минутa „Во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, зборува за неопходноста од реформи во здравствениот систем. Соочени со стар систем и зголемени трошоци, промените се неизбежни. „Вистината е дека македонското здравство вака веќе не може да продолжи. Значи мораме нешто да смениме. Статус кво е невозможен. Статус кво значи распаѓање. Лековите не се првиот и единствен чекор. Јас прво кажав дека борбата против корупцијата и криминалот е првиот чекор. Значи ние мора да демонстрираме пред граѓаните дека сме домаќини. Дека водиме сметка за парите на граѓаните, дека првите подобрувања ќе ги направиме со парите што ќе се заштедат од подобро работење. Ќе направиме и други промени и ова со лековите е една од многуте промени што ни претстојуваат. Значи ова е само еден мал дел од мозаикот кој што го склопуваме бидејќи оваа ситуација е неодржлива“. Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе содржини!“...