Нетрговските трансфери со скромни 612 акции
Пари - пред 1 ден
Време зa читање: < 1 минутaСамо 612 акции се забележани минатата недела во нетрговските трансфери. Помалку и од вообичаените дневни просеци. Меѓу нив има десет приоритетни, а сите други се обични акции, издадени од шест друштва – четири компании и две банки. Два дена едно по друго се подарувале акции на „Алкалоид“: 30 во вторникот и 180 обични акции во средата. Вкупно 210. А, во четврток и петок е регистриран преносот на сопственоста кај 208 хартии од вредност на „Жито Лукс“: прво 207, а потоа уште една. Која е единствената евидентирана во текот на последнот минатонеделен работен ден. Во статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност се влезени 110 обични акции на „Макстил“. Како и 24 на „Макпетрол“. Исто така, во податоците за нетрговските трансфери што ги објавува Македонска берза ги има и акциите на двете големи банки. На Комерцијална банка – 50 обични и на Стопанска банка Скопје – 10 приоритетни акции....