ПЛЕНКОВИЌ Е ПРЕМИЕР ПО ТРЕТПАТ Избрана е новата Влада на Хрватска
+Инфо - пред 8 часа
По десетчасовна дискусија, хрватскиот Сабор ја изгласа третата влада на Андреј Пленковиќ, поранешен и иден премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ). За Владата формирана од ХДЗ со десничарското движење Татковина, а во која нема претставник на српското национално малцинство гласаа 79 пратеници, 61 беа против, а еден воздржан. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 На денешната седница присуствуваа 141 пратеник. Можеби ќе ве интересира Лукашенко го одобри составот на новата влада МИА 19/08/2020 Новата влада наместо досегашните 16 министерства ќе има 18, а три ќе му припаднат на Татковинското движење кое ги доби министерствата за земјоделство, економија и новооснованото министерство за демографија. Владата ќе има седум потпретседатели, од кои еден е од ДП. Пленковиќ синоќа до Собранието го достави списокот на министри и програмата на новата влада, во која беше наведено дека приоритетите на новата влада се успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска. Меѓу другото, како цели се наведени растот на просечната плата од сегашните 1.250 евра на 1.600 евра и поттикнување на отворање на 125.000 работни места....
📽 СЕДУММИНА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА Експлозија на универзитет во Санкт Петербург
+Инфо - пред 9 часа
Седум лица се повредени при експлозија на граната од Втората светска војна во подрумот на воената академија во Санкт Петербург, соопшти прес-службата на Воениот округ Ленинград. Според извештаите, детонацијата се случила при чистење на подрумот на академијата. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 Според претставникот на прес-службата на регионот во кој се наоѓа универзитетот, граѓанин ја известил итната помош за експлозијата што се случила на територијата на воената академија лоцирана на булеварот Тихорецки. Можеби ќе ве интересира ЕКСПЛОЗИЈА ВО ДИЗЕЛДОРФ Во несреќата загинаа 3 лица плусинфо 16/05/2024 ДЕСЕТТИ ВО СВЕТОТ, АМА ОДЗАДИ Од 2.000 универзитети на… МИА 13/05/2024 Седум припадници на армијата се повредени и сите се префрлени во болница на руското Министерство за одбрана, каде им е укажана неопходната медицинска нега. Станува збор за граната со калибар 76 милиметри од Втората светска војна која се чувала во подрумот. ⚡️⚡️⚡️ Large explosion at the St Petersburg, Russia Military Academy as it was hit by 🇺🇦 drones. It appears a weapons cache may have exploded, too. The fatalism of Russian military life: At home or in Ukraine – you end up kicking-the-bucket in some sort of an explosion. pic.twitter.com/zkCQmwDL8v — Jason Jay Smart (@officejjsmart) May 17, 2024...
📽 ИМА ПОВЕЌЕ ПОВРЕДЕНИ Се судрија два воза кај Белград
+Инфо - пред 11 часа
Девет лица се повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС. Несреќата се случила попладнево во 18.30 часот во тунелот кај студентскиот дом „Карабурма“. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 На терен се екипи на Итната помош и 25 пожарникари со пет возила. Можеби ќе ве интересира 📷 РУСИТЕ БЕСНИ НА СРБИЈА Првата дама на Украина во посета… плусинфо 13/05/2024 🎥 ДЕН НА ЧУДА ИЛИ НА ИЗМАМИ?! Просјак во Србија „проодел“,… плусинфо 02/05/2024 Во 18 часот и 42 минути било добиено известување дека товарен воз налетал на патнички воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, поблиску до излезот кон Панчевачкиот мост. Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ е на местото каде што се судрија возовите во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост. Се очекува на местото да пристигне и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ....
📽 ПОТОП ВО СЕВЕРНА ИТАЛИЈА Луѓето од Падова и Виченца се спасуваат со гумени чамци
+Инфо - пред 13 часа
Невремето и обилните дождови предизвикаа поплави во многу делови на северна Италија, а особено беа погодени градовите Падова и Виченца, јави Би-Би-Си. Службите за итни случаи користат гумени чамци за да ги спасат луѓето од нивните домови. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 Гувернерот на провинцијата Венето го опиша времето во текот на ноќта како „водена бомба“. Југот на Италија се соочува со топлотен бран невообичаен за овој период од годината, а на Сицилија се забележани температури до 35 Целзиусови степени. Можеби ќе ве интересира 📽️ ВЕШТАЧКИ ОБЛАЦИ СЕ ПРИЧИНАТА ЗА ПОТОПОТ ВО ДУБАИ? Градот… плусинфо 17/04/2024 📽️ „ДОЈДЕ СУДНИОТ ДЕН ВО ДУБАИ“ Невидено невреме ги потопи… плусинфо 16/04/2024 Професорот Марко Марани, експерт за ефектите од климатските промени од Универзитетот во Падова, за весникот „Кориере дел Венето“ изјави дека „екстремните настани стануваат се почести и ќе се интензивираат со зголемувањето на глобалното затоплување“. Бреговите на реката Мусон деи Саси во областа Падова попуштија поради обилните врнежи од дожд во раните утрински часови, кои предизвикаа поплави. Товарен воз во градот Борго Мантовано во провинцијата Ломбардија бил превртен од налетите на ветерот со брзина меѓу 150 и 200 километри на час. Локалниот лидер Алберто Борсари на социјалните мрежи напиша дека „многу улици и подруми се поплавени“ и дека ситуацијата е „навистина тешка“. „За среќа, никој не е повреден“, додаде тој. Дожд до 130 милиметри падна во еден ден во Милано, што предизвика поројни поплави. Очевидци велат дека таков интензитет на дожд не бил забележан во мај повеќе од 170 години. Il maltempo al Nord Italia, allerta rossa in #Veneto dove i forti temporali hanno fatto esondare fiumi: il #Muson ha rotto gli argini nel padovano. La situazione è invece in miglioramento in Lombardia dove è stato ritrovato il corpo senza vita del 66enne disperso a Cantù.#Tg1 pic.twitter.com/3G086kUzHh — Tg1 (@Tg1Rai) May 17, 2024 Властите за цивилна заштита прогласија црвена тревога во Венето до 14 часот, особено меѓу Виченца и Верона, каде што реките надобија по 70 милиметри дожд за 30 минути. Едно лице е исчезнато во реонот на градот Комо по уривањето на мал мост. Во исто време, многу суви услови се забележани на островот Сардинија, кој веќе се соочува со уште една лоша сезона за локалните земјоделци на пченица, кои очекуваат половина од нивниот нормален род поради недостиг на вода. Ограничувања за користење на водата се очекуваат на то подрачје и подоцна во текот на летото. Професорот Марани рече дека „има силни научни докази“ дека екстремните временски услови стануваат се почести, додавајќи дека пресметките за одбрана од поплави „треба да се ревидираат за да се разбере реалниот ризик со кој се соочуваме“. „Климатските промени мора да бидат ставени под контрола“, додаде тој. Во април, Европската климатска агенција Коперник и Светската метеоролошка организација ја истакнаа потребата од заштита од поплави, како и итна акција за борба против ефектите од климатските промени. #Maltempo, dopo oltre 24 ore fatti 724 interventi tra #Milano (358), #MonzaBrianza (200), #Padova (121) e #Rovigo (45). 232 #vigilidelfuoco al lavoro con 77 mezzi. Al momento la situazione in Lombardia è migliorata, decine di interventi da eseguire nel padovano [#16maggio 12:00] pic.twitter.com/4c7Ush3E32 — Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) May 16, 2024...
ГЛАСОТ НА ЕВРОПА, РИА НОВОСТИ, ИЗВЕСТИЈА, РОСИСКАЈА ГАЗЕТА ЕУ ги додаде на „црната листа“
+Инфо - пред 14 часа
Советот на Европската унија (ЕУ) денеска одлучи да го прекине емитувањето во ЕУ на уште четири медиуми кои ја шират и поддржуваат руската пропаганда и агресорската војна против Украина: Гласот на Европа, РИА Новости, Известија и Росискаја газета. ЕУ претходно ги санкционираше руските државни медиуми Раша Тудеј и Спутник. Советот на ЕУ објави дека овие медиуми се под постојана директна или индиректна контрола на раководството на Русија и дека се од суштинско и инструментално значење за започнување и поддршка на руската војна против Украина, како и за дестабилизација на земјите соседи со Русија. Мерките договорени денеска нема да ги спречат таргетираните медиуми и нивниот персонал да вршат други активности во ЕУ – истражување и интервјуа. „Русија се вклучи во систематска меѓународна кампања на манипулации со медиумите и информациите, мешање и сериозно искривување на фактите со цел да ја оправда и поддржи својата целосна агресија против Украина и да ја унапреди својата стратегија за дестабилизација на соседните земји и ЕУ и нејзините земји-членки“, се наведува во соопштението....
ПОТРЕБЕН НИ Е 5% РАСТ, ТОГАШ МОЖЕБИ БИ СЕ ВРАТИЛА И ДИЈАСПОРАТА Комората и Македонија2025 договориле конкретна соработка
+Инфо - пред 16 часа
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска, по средбата со раководството на Македонија 2025, уште еднаш повика на обединување меѓу сите релевантни фактори во државата, но и на заедничко, практично делување за економски просперитет. Повторно укажа на потребата од подигнување на степенот на владеењето на правото и на пазарната економија, како и на запирање на сивата економија, но ја потенцира и важноста од подобрување на образовниот систем. Најави прецизни, јасни акции и заеднички проекти со бизнисот од дијаспората, а врвен приротет, рече, ќе биде дигитализацијата на општеството. Потребни се, рече Азески, професионализам, упорност, прифаќање на добрите искуства, регионализација и инкорпорирање во интеграциските системи. Според него, имаме доволно искуство и знаење, но грешката е во тоа што земјава цело време се потпирала на надворешни решенија. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 Северна Македонија, додаде, мора да биде самоуверена дека може да стане држава од европски, светски тип. – Самоувереноста, одговорноста и вербата во себе се трите волшебни збора што ѝ се потребни на државата за да успее во наредниот период. Дајте уште еднаш да се обединиме на заедничка платформа и заеднички приоритет за да направиме нешто подобро за државата. Мислам дека имаме доволно искуство и знаење, а Стопанската комора ќе го води процесот што го почна и ќе биде упорна да докаже дека тоа е можно со многу професионализам, упорност, одбивање на лошите и прифаќање на добрите нешта и регионализација, инкорпорирање во интеграциските системи кои ќе создадат за компаниите и бизнисите поголем простор за развој и за покажување на својата способност – истакна Азески, одговарајќи на новинарски прашања по работната средба со раководството на „Македонија 2025“. Пред две години, потсети тој, Комората понудила платформа која ја поддржале 314 најрелевантни субјекти. – Сега е време на имплементација и треба да издржиме на тој пат. Тоа значи дека мора да се работи итно на воведување односно инсталирање на правната држава. Таму каде што не можеме, треба да побараме поддршка од западните партнери. Треба да се работи на воспоставените пазарни принципи и секој да почне да се однесува одговорно во извршувањето на своите активности – рече Азески. Можеби ќе ве интересира „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ БАРА 4.000 РАБОТНИЦИ И ИНЖЕНЕРСКИ КАДАР… плусинфо 15/05/2024 УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Во фокусот е… плусинфо 14/05/2024 Со дијаспората ќе се работи на заеднички проекти кои се од круцијално значење за државата. – Ќе се работи и со инвеститори кои можат да го поттикнат економскиот раст што е доста слаб во изминативе 30 години. На едукативен план ќе го зголемиме енормно учеството за менаџери на извршни позиции на реномираните институции во Америка како би го поттикнале домашното менаџерство да придонесе и да се вклопи во меѓународните стандарди. Тука веќе имаме искуство од Македонија 2025 кое е значајно и ќе го искористиме во натамошниот период – рече Азески. Според извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски, соработката со домашниот бизнис е голема. – Македонија 2025 и Стопанската комора делат многу силна јасна заедничка визија, идеологија, а тоа е да имаме посилни бизниси, да имаме подобро деловно опкружување и да создадеме атмосфера во која бизнисите ќе растат, ќе отвораат нови работни места, ќе растат платите, а со тоа и државата ќе оди напред и ќе стигнеме до она што е посакувана дестинација на секој од нас, а тоа е повисок животен стандард – рече Мојсовска Блажевски. На денешната средба во Комората е договорена конкретна соработка во делот на професионалниот развој, подобрувањето на образовниот систем, дигитализацијата и поддршката на дијаспората, односно искористување на капацитетот, знаењето, контактите, можностите за лобирање на дијаспората во насока на побрз економски развој. – Сите се согласуваме дека ставки на економски раст под 5 проценти нема да нѐ однесат до посакуваната дестинација. Значи, заедно треба сите да работиме за да постигнеме економски раст над 5 отсто и што е можно побрзо да го зголемиме животниот стандард. Така ќе привлечеме, се надевам, и наши од дијаспората да се вратат тука да живеат, да работат, да инвестираат, меѓутоа исто така и сите ние да живееме подобро и да имаме подобар квалитет на животот – подвлече Мојсовска Блажевски....
ЌЕ ГО ПОДДРЖИМЕ МИЦКОСКИ АКО СЕ ПОДОБРУВА ДОГОВОРОТ ЗА АВТОПАТОТ, ВЕЛИ АЗЕСКИ „Бехтел и Енка“ се зачлениле во Стопанската комора
+Инфо - пред 16 часа
Се надевам дека вчерашната изјава на Христијан Мицкоски за ревизија на договорот со „Бехтел и Енка“ е дадена во согласност со нашите заложби за континуитет на правните договори што ги склучила претходната влада и ако се работи за подобрување во интерес на бизнисот, ние ќе ја поддржиме таа работа, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Одговорајќи на новинарски прашања по работната средба со раководството на „Македонија 2025“, Азески информира дека „Бехтел и Енка“ се нови членки на Стопанската комора. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 – Тие беа тука за да се зачленат. Разговаравме. Во разговорот беше спомнато дека во пикот на активностите ќе им требаат 4.000 луѓе, ќе бидат ангажирани на сите четири делници на кои ќе работат. Во нашето соопштение тоа беше прецизно истакнато. Тоа значи дека имаат дел работници, дел треба да обезбедат. Имаат време кога ќе е пикот и мислам дека тоа е само една најава. Што се однесува до изјавата на Мицкоски дека ќе има ревизија на договорот, се надевам дека таа е дадена во согласност со нашите заложби за континуитет на правните договори што ги склучила претходната влада и ако се работи за подобрување во интерес на бизнисот, ние ќе ја поддржиме таа работа. Ако не, бараме да се остане на она што е – истакна Азески. Секој што ќе дојде, напомена тој, ќе биде соодветно пречекан во Комората. Можеби ќе ве интересира 📽 СЕДУММИНА ЗАВРШИЈА ВО БОЛНИЦА Експлозија на универзитет… плусинфо 17/05/2024 НЕОДОЛИВА ВИБРАЦИЈА НА „ЛОШО МОМЧЕ“ Еве кој е најсекси маж… плусинфо 17/05/2024 – Штом некој решил да дојде, значи дека има потреба за тоа. Ќе ги поддржиме, тие се значајни компании, меѓутоа, ако има проблеми во имплементацијата, ќе процениме каде и што е потребно да направиме. Главно, ќе бидат поддржани компаниите што работат во согласност со законите, ќе бидат санкционирани тие што не работат во согласност со законите и прават прекршоци – рече Азески. Во врска со вчерашната најава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски за поволен заем од една милијарда евра, претседателот на Комората потенцира дека државата може да се задолжува, но парите треба да се искористат продуктивно. – Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари во Македонија. Но тие пари мора да бидат употребени за продуктивни нешта. Тоа е ставот на Стопанската комора како најголема бизнис асоцијација. Значи, можат и може државата да се задолжува во наредниот период, но само за продуктивни цели. Овие искуства што ги имавме досега нѐ обврзуваат и зборуваат дека на тоа треба да се опстане – подвлече Азески. Мицкоски вчера изјави дека за договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции – да се раскине или да се репреговара. – За договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции. Едната е да се раскине договорот и да се оди на арбитража, да платиме стотици милиони евра и да немаме автопат, а втората е да се оптимизира договорот за што веќе имаме почетни разговори, со што би се забрзал и реализирал проектот. Ние сме повеќе за прагматичниот пристап, граѓаните да добијат автопат, но оптимиран, но ваков каков што е, потпишан од оваа влада, за жал, е во одерена мерка неприменлив поради големите правни проблеми, проблеми со експропријација и технички проблеми. Мојата порака е дека како идна влада сакаме да градиме, а не да рушиме – рече Мицкоски....
КИНА СЕ ОСЛОБОДУВА ОД ДОЛАРОТ И КУПУВА ЗЛАТО Продаде државни обврзници на САД вредни 53,3 милијарди долари
+Инфо - пред 16 часа
Кина продаде рекордни 53,3 милијарди американски државни обврзници и други хартии од вредност во првиот квартал во обид да се диверзифицира од американските средства, покажуваат најновите податоци на американското Министерство за финансии. Кинеските инвестиции во САД повторно го привлекуваат вниманието на инвеститорите поради знаците дека тензиите меѓу најголемите светски економии може да се влошат. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 – Со оглед на тоа што Кина ги продава и двете и покрај фактот дека сме поблиску до циклусот на намалување на каматните стапки на ФЕД, треба да има јасна намера да се диверзифицира од американскиот долар – изајви Стивен Чиу, главен Азија ФХ и стратег за каматни стапки за Блумберг. Можеби ќе ве интересира НА ЗАМИНУВАЊЕ ВЛАДАТА НЀ ЗАДОЛЖИ СО УШТЕ 35 МИЛИОНИ ЕВРА На… плусинфо 17/05/2024 ПАЃААТ ЦЕНИТЕ НА ЗЛАТОТО И НА НАФТАТА Европските берзански… плусинфо 22/04/2024 Според него, кинеската продажба на американски хартии од вредност може да се забрза бидејќи трговската војна меѓу САД и Кина продолжува, особено ако Трамп повторно биде избран за претседател. Американскиот претседател Џозеф Бајден воведе големи зголемувања на царините за низа кинески увозни производи, додека неговиот претходник Доналд Трамп рече дека би можел да воведе царини од повеќе од 60% за кинески стоки доколку биде избран. Кина ги зголеми државните резерви во злата. Учеството златото во резервите во април порасна на 4,9%, што е највисоко според податоците на централната банка од 2015 година....
📽 ПАДНА КОМАНДНИОТ ЦЕНТАР НА УКРАИНА КАЈ ХАРКОВ? „Не планираме да го освоиме градот“
+Инфо - пред 16 часа
Русија го разнесе командното место на бригадата на украинската армија скриено во шумата кај селото Стара Водолага во Харковската област, тврди руското Министерство за одбрана на Русија наведува дека командното место на 302. украинска противвоздушна бригада по извидување со беспилотни летала било погодено од „Искандер“. Со губењето на командното место на 302-та бригада, Украина наводно останала без централизиран систем за управување со силите за противвоздушна одбрана во целиот регион. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 Некои воени блогери неофицијално наведуваат дека во нападот биле убиени околу 35 офицери во штабот и уште 20 војници кои го обезбедувале објектот во близина на Харков, а новодно експлодирал и магацинот за муниција. Можеби ќе ве интересира МИРОВНИОТ ПЛАН НА ЗЕЛЕНСКИ НЕ Е ЕДИНСТВЕН! Унгарија стави… плусинфо 17/05/2024 Рокадите на Путин навестуваат долга војна Ивор Мицковски 17/05/2024 Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија во моментов не планира да го окупира Харков. Претседателот на Русија на прес-конференција во кинескиот град Харбин, за време на неговата дводневна посета на Кина, изјави дека руските војници во близина на Харков секојдневно напредуваат, строго според планот, пренесува РИА Новости. Путин рече дека одговорноста за она што се случува во правец на Харков е на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека Русија е принудена да создаде санитарна безбедносна зона бидејќи украинската армија гранатира станбени делови на Белгород. pic.twitter.com/wu0nLs9YIo — Pluton (@Pluton45873221) May 17, 2024...
КОПЕРФИЛД 16 ПАТИ МУ ЅВОНЕЛ НА ЕПШТАЈН „Тоа е џекпот“, гласи мистериозна порака на нотес
+Инфо - пред 17 часа
Избледени пораки со јасен ракопис на мали нотеси докажуваат дека во 2004 и во 2005 година озлогласениот милионер Џефри Епштајн се допишувал со магионичарот Дејвид Коперфилд кој во моментот е обвинет за сексуално злоставување од страна на 16 жени. Епштајн во тоа време водел добро воспоставена операција, регрутирајќи девојчиња и жени од локалните училишта и колеџи за да му прават масажи што довело до сексуална злоупотреба. Во некои случаи, Епштајн им плаќал на младите жени да ангажираат други што ги познавале. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Британски „Гардијан“ пишува дека за разлика од принцот Ендрју, американскиот милионер Бил Гејтс или американскиот претседател Бил Клинтон, за кои се смета дека биле дел од кругот на Епштајн, едно лице постојано се јавувало на телефонот. Вработените во замокот на Џефри Епштајн во Палм Бич на Флорида ги користеле нотесите за да ги запишуваат имињата на луѓето кои се јавувале. Според копии од нотесите за телефонски пораки видени од „Гардијан“, се чини дека магионичарот му оставил пораки на Епштајн 16 пати за само неколку месеци. Написите вклучуваат кратки пораки како „важно е“ и „само ти се јавив за да се поздравиме“. Еден напис вели „тоа е џекпот“. Во писмениот одговор на прашањата на „Гардијан“, адвокатите на Коперфилд негираа дека тој оставил „повеќе пораки“ за Епштајн. „Сите пораки што беа оставени би биле оставени од канцеларијата на нашиот клиент како одговор на барањето на Епштајн за билети за претстава“, велат адвокатите. „Гардијан“ ги испита контактите на Коперфилд со Епштајн, осуден сексуален престапник кој изврши самоубиство во затвор во 2019 година, како дел од пошироката истрага што вклучува испитување на наводите за сексуално недолично однесување и несоодветно однесување од страна на илузионистот. Коперфилд негираше дека некогаш бил вклучен во сексуално недолично однесување или несоодветно однесување. Телефонските пораки не биле единствените наводни контакти меѓу магионичарот и финансиерот. Истрагата на „Гардијан“ покажа дека Коперфилд веројатно се сретнал со Епштајн најмалку три пати, според интервјуата со сведоците, судските записи и полициските докази. Две жртви на Епштајн одделно изјавиле за „Гардијан“ дека биле присутни на такви состаноци, едната на вечера во домот на Епштајн во 2004 година, а другата во „магацинот“ во Лас Вегас во Коперфилд истата година. Дали двајцата мажи биле блиски? Адвокатите на Коперфилд инсистираат дека не биле блиски. Тие исто така рекоа дека тој целосно не знаел за „ужасните злосторства“ на Епштајн. „Како и остатокот од светот, тој дозна за тоа од печатот“, одговориле адвокатите. Можеби ќе ве интересира „СЕ СРУШИ НА ЗЕМЈА, ПОМОДРЕ ВО ЛИКОТ И ИСПУШТИ ДУША“… плусинфо 16/05/2024 СРЃАН ЌЕ КАЖЕ СЀ ЗА ДАНКА? Осомничениот сака да си го смени… плусинфо 17/04/2024 Наводната врска на Коперфилд со Епштајн се најде на насловните страници пред само неколку месеци, во јануари оваа година, откако името на илузионистот беше меѓу оние наведени во новооткриените судски записи во случај поврзан со Епштајн. Судските записи вклучуваат нови детали за наводниот разговор што Коперфилд го имал со една жена, Јохана Сјоберг, која години подоцна ќе го обвини Епштајн дека ја злоставувал. Во заклетвата депонирање, Сјоберг тврдеше дека била поканета на вечера во куќата на Епштајн и ѝ била понудена шанса да се сретне со познатиот волшебник. Сјоберг за „Гардијан“ потврди дека вечерата се одржала во 2004 година. Сјоберг, која имала 20-ти години за време на вечерата, тврди дека чекала во куќата заедно со девојка која претходно не ја запознала и изгледала многу млада. Таа сведочеше дека Коперфилд „направил некои магични трикови“. Таа рече дека верува дека Коперфилд и Епштајн биле пријатели. Во своето тврдење, еден адвокат ја прашал Сјоберг: – Дали Коперфилд некогаш со тебе разговарал за вмешаноста на Џефри со млади девојки? Таа одговори: – Ме испрашуваше дали сум свесна дека девојките добиваат плата за да најдат други девојки. Сјоберг сведочеше и дека Коперфилд не ѝ кажал никакви специфики, вклучително и дали девојките биле тинејџерки. Запрашани од „Гардијан“ да ја објасни неговата забелешка до Сјоберг, адвокатите на Коперфилд во писмен одговор рекоа дека „слушнале гласина за девојчиња кои се платени да носат други девојки во резиденцијата на Епштајн“. Адвокатите рекоа дека Коперфилд не се сеќава од кого ја слушнал гласината и дека не ја сфатил лесно или не ја отфрлил од контрола. Сјоберг рече дека Коперфилд не направил сексуален напад кон неа и дека бил „ништо освен љубезен кон мене“. Таа рече дека го видела вкупно „три пати околу 2004 година, само еднаш со Епштајн“ и тие разговарале „неколку пати“ по вечерата. Го видела и во Лас Вегас, додека била на патување за девојки, пред околу 11 години....
АТЕНТАТОРОТ НА ФИЦО ДОНЕСЕН СО ШЛЕМ И СО ПАНЦИР Полицијата изврши претрес во неговиот дом
+Инфо - пред 17 часа
Словачката полиција изврши претрес во домот на мажот обвинет дека тешко го ранил премиерот Роберт Фицо, кој сè уште е во болница на одделението за интензивна нега, објавија локалните медиуми. Според снимките на ТВ каналот Маркиз, истражителите го однеле осомничениот напаѓач, облечен во панцир и шлем, во станот што го дели со сопругата во градот Левице. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 „Полицијата помина неколку часа во станот, оттаму го зеде компјутерот и документите“ – објави телевизијата. Полицијата одби да коментира за АФП за текот на истрагата и не сака да го открие името на осомничениот, но медиумите го идентификуваа како 71-годишниот пензионер Јурај Цинтула. Можеби ќе ве интересира ФИЦО ОСТАНУВА НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА Следува критичен период плусинфо 17/05/2024 СКАНДАЛ ВО БЕЛГИЈА ПО АТЕНТАТОТ НА ФИЦО Радио водител ги… плусинфо 17/05/2024 Во четвртокот тој беше обвинет за обид за убиство и напад кој полицијата го смета за „политички мотивиран“. Премиерот Фицо беше нападнат во средата кога сакаше да ги поздрави насобраните на крајот од владината седница во градот Хандлови, на 80 километри од Левице. Фицо веднаш беше пренесен во болницата во Банска Бистрица, каде му е извршена петчасовна операција. Новоизбраниот претседател на Словачка, Питер Пелегрини рече дека премиерот сè уште е во тешка состојба. Тој најави и дека во понеделник ќе заседава лекарскиот одбор за да одлучи за продолжување на лекувањето. Нападот ја шокира Словачка и ги зголеми стравувањата за натамошно насилство во високополаризираната земја, само неколку недели пред европските избори....
ТОМИСЛАВ НИКОЛИЌ ИМАЛ СООБРАЌАЈКА Поранешниот претседател на Србија не е повреден
+Инфо - пред 17 часа
Томислав Николиќ, поранешен претседател на Србија и директор на Националниот совет за координација со Руската Федерација и Народна Република Кина, утрово доживеа сообраќајна несреќа. Можеби ќе ве интересира 📷 НОВ ИНЦИДЕНТ ВО БРИТАНСКИТЕ КРАЛСКИ РЕЗИДЕНЦИИ Автомобил… плусинфо 12/03/2024 ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ХРВАТСКА Загина брачна двојка, 12 се… плусинфо 06/01/2024 Несреќата се случила утрово во 9.15 часот, а Николиќ бил во службеното возило „ауди А8“, пренесува српски „Курир“. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 Автомобилот го управувал возачот на Николиќ. Во несреќата нема повредени....
СРПСКИТЕ ФИРМИ ВРАБОТИЛЕ 3.300 ЛУЃЕ ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН Вучиќ најави и увоз на работници од целиот свет, нашите институции молчат
+Инфо - пред 17 часа
Српските компании вработиле 3.300 луѓе преку отворениот пазарот на труд „Отворeн Балкан“, но тоа не е доволно и затоа Србија планира увоз на работници и од други земји. Ова го соопшти српскиот претседател Алексaндар Вучиќ на Самитот на лидерите од Западен Балкан што се одржува во Црна Гора. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 – Договорот за формирање заеднички пазар на труд во рамките на иницијативата Отворен Балкан има добар ефект врз Србија, бидејќи досега 3.300 луѓе ја искористиле оваа можност и се вработиле во Србија – рече Вучиќ. Можеби ќе ве интересира „АЛКАЛОИД“ Е НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВАЧ ЗА 2023 ГОДИНА… плусинфо 18/04/2024 И ОВА ЛЕТО ЌЕ ЗАПИРАМЕ НА СЕКОЈА РАМПА НА ГРЧКИТЕ… Рада Исовска Маневска 12/04/2024 Тој пред новинарите изјави дека Србија има недостиг од работна сила, иако формално сè уште има стапка на невработеност од 8,9 или 9%. – Ќе мораме во наредниот период максимално да увезуваме работна сила од сите делови на светот, доколку сакаме да ја зачуваме нашата економска перспектива со стапка на раст и побрз напредок – рече Вучиќ. Колку луѓе од овој пазар се вработени во Македонија и Албанија, засега нема податоци. Од нашата влада и Министерството за информатичко општество кои треба да го следат овој пазар засега нема никакви информации иако денеска се обидовме да добиеме податоци за тоа колку граѓани на Србија и Албанија се пријавиле за работа во наши компании и од кои струки....
НА ЗАМИНУВАЊЕ ВЛАДАТА НЀ ЗАДОЛЖИ СО УШТЕ 35 МИЛИОНИ ЕВРА На берзата се понудени државни обврзници со рок на враќање од 2 и од 15 години
+Инфо - пред 17 часа
Владата пред заминување нè задолжи со нови речиси 35 милиони евра преку котација на двегодишна и петнаесетгодишна обврзница. Оваа информација ја соопшти Македонска берза. Можеби ќе ве интересира КИНА СЕ ОСЛОБОДУВА ОД ДОЛАРОТ И КУПУВА ЗЛАТО Продаде… плусинфо 17/05/2024 ЦЕНАТА НА БАКАРОТ СЕ ПРИБЛИЖУВА КОН ИСТОРИСКИОТ МАКСИМУМ… плусинфо 14/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 „Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии за котација на државни обврзници, почнувајќи од 17.05.2024 година на Официјалниот пазар на подсегментот берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници“, се наведува во соопштението објавено на веб страната на берзата. Емисијата на првата, двегодишна државна обврзница е со вредност од 1,104 милијарди денари, или 17,9 милиони евра. Номиналната вредност е 10.000 денари, а издадени се 110.442 хартии од вредност од овој вид. Каматната стапка е 3,85%, а рокот на доспевање е 10 мај 2026 година. Втората е петнаесетгодишна обврзница и достасува на 10 мај 2039 година. Издадени се 103.730, хартии од вредност со номинална вредност од 10.000 денари. Вредноста на емисијата е 1,037 милијарди денари (16,8 милиони евра). За нив е предвидена каматна стапка од 5,60 %....
МИРОВНИОТ ПЛАН НА ЗЕЛЕНСКИ НЕ Е ЕДИНСТВЕН! Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
+Инфо - пред 18 часа
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа со која се признава планот на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, како единствен предлог за мир во Украина. Можеби ќе ве интересира 📽 ПАДНА КОМАНДНИОТ ЦЕНТАР НА УКРАИНА КАЈ ХАРКОВ? „Не… плусинфо 17/05/2024 ТАМПОН ЗОНА ИЛИ ОФАНЗИВА? Путин има големи планови за… плусинфо 17/05/2024 „Советот и денеска сакаше да донесе резолуција со која сакаше да го признае мировниот план на претседателот Зеленски како единствена мировна формула која треба да се разгледа и поддржи. Тоа за нас е неприфатливо. И други направија мировни планови што не полоши“ – напиша Сијарто на Фејсбук. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 Тој изјави дека ставил вето на резолуцијата бидејќи бил одбиен неговиот предлог во неа да се вклучат и други мировни планови....
ФИЦО ОСТАНУВА НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА Следува критичен период
+Инфо - пред 18 часа
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, ќе остане на интензивна нега откако на него беше извршен атентат во средата, соопшти денеска владата на земјата, a пренесува Ројтерс. – Лекарскиот совет, во болницата во словачкиот град Банска Бистрица, најверојатно ќе се состане в понеделник кога треба да одлучи за понатамошното лекување на премиерот – изјави претходно денеска новоизбраниот претседател Петер Пелегрини. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 Тој во четвртокот го посети Фицо, по што изјави дека лекарите кои се грижат за него не планираат нови операции. Пелегрини посочи дека му претстојат критични часови и денови на премиерот и дека доколку дозволат лекарите, тој повторно ќе го посети. Можеби ќе ве интересира АТЕНТАТОРОТ НА ФИЦО ДОНЕСЕН СО ШЛЕМ И СО ПАНЦИР Полицијата… плусинфо 17/05/2024 СКАНДАЛ ВО БЕЛГИЈА ПО АТЕНТАТОТ НА ФИЦО Радио водител ги… плусинфо 17/05/2024 Фицо беше тешко повреден кога во средата, по седницата на Владата во градот Хандлова, напаѓач, за кого медиумите објавија дека е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, испукал неколку истрели кон него од непосредна близина. ФИЦО СЕ СЕЌАВА НА СÈ Претседателот на Словачка го посетил премиерот во болница...
СРПСКИТЕ ФИРМИ ВРАБОТИЛЕ 3.300 ЛУЃЕ ПРЕКУ ОТВОРЕН БАЛКАН Вучиќ најави увоз на работници од целиот свет
+Инфо - пред 18 часа
Српските компании вработиле 3.300 луѓе преку отворениот пазарот на труд „Отворeн Балкан“, но тоа не е доволно и затоа Србија планира увоз на работници и од други земји. Ова го соопшти српскиот претседател Алексaндар Вучиќ на Самитот на лидерите од Западен Балкан што се одржува во Црна Гора. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 – Договорот за формирање заеднички пазар на труд во рамките на иницијативата Отворен Балкан има добар ефект врз Србија, бидејќи досега 3.300 луѓе ја искористиле оваа можност и се вработиле во Србија – рече Вучиќ. Можеби ќе ве интересира „АЛКАЛОИД“ Е НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВАЧ ЗА 2023 ГОДИНА… плусинфо 18/04/2024 И ОВА ЛЕТО ЌЕ ЗАПИРАМЕ НА СЕКОЈА РАМПА НА ГРЧКИТЕ… Рада Исовска Маневска 12/04/2024 Тој пред новинарите изјави дека Србија има недостиг од работна сила, иако формално сè уште има стапка на невработеност од 8,9 или 9%. – Ќе мораме во наредниот период максимално да увезуваме работна сила од сите делови на светот, доколку сакаме да ја зачуваме нашата економска перспектива со стапка на раст и побрз напредок – рече Вучиќ. Колку луѓе од овој пазар се вработени во Македонија и Албанија, засега нема податоци. Од нашата влада и Министерството за информатичко општество кои треба да го следат овој пазар засега нема никакви информации иако денеска се обидовме да добиеме податоци за тоа колку граѓани на Србија и Албанија се пријавиле за работа во наши компании и од кои струки....
🎥 МАЛИ МАТУРАНТИ ВО ЦРНА ГОРА ЗАПАЛИЈА УЧИЛИШТЕ! Прославата со факели заврши со голем пожар
+Инфо - пред 18 часа
Ученици од завршните класови во прославувањето крајот на учебната година и завршувањето на основното образование во местото Доња Горица во Црна Гора, го запалиле училиштето. Мали матуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Доња Горица, Црна Гора, го запалиле кровот на таа образовна институција за време на церемонијата со палење на факели по повод крајот на учебната година, потврди за „Вијеста“ директорката Ивана Милиќ. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Директорката на училиштето за црногорските медиуми информираше дека во инцидентот нема повредени, а на терен се пожарникари и полиција. На видеата што кружат на социјалните мрежи, може да се види дека пожарот зафатил дел од покривот на училиштето. Според директорката, штетата ќе се утврдува. Над училиштето сега се издига густ црн чад, а пожарот е речиси локализиран. Можеби ќе ве интересира ГО ФАТИЛ ДЕТЕТО ЗА УВО И ГО ТЕГНЕЛ, А СОПРУГАТА ЈА ДРЖЕЛА… плусинфо 17/05/2024 📽 „СЕГА НАКРАТКО ЌЕ ВИ СЕ ОБРАТИ ВУЧИЌ“ Рама и Спајиќ се… плусинфо 17/05/2024 View this post on Instagram A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov) – Сите ученици од деветто одделение учествуваа на прославата со факели – рече Милиќ. „Пожарот зафатил дел од покривот и површина од 40 до 50 метри квадратни, соопштија од противпожарната служба. Штетите во училиштето се големи со оглед на тоа што водата што се користи за гаснење на пожарот може да ги оштети и другите училници....
„УКРАИНСКАТА ЕКОНОМИЈА ПОКАЖА ИСКЛУЧИТЕЛНА ИЗДРЖЛИВОТ“ ММФ почнува нова ревизија на кредитот од 15,6 милијарди долари
+Инфо - пред 19 часа
Меѓународниот монетарен фонд почнува нова мисија во Украина во наредните недели за да ја процени програмата за заем на земјата од 15,6 милијарди долари и актуелната економска ситуација по зголемениот воен притисок од Русија, изјави денеска портпаролката на ММФ, Џули Козак, пренесоа агенциите. Таа додаде дека последната мисија на ММФ е исто така да ја анализира одржливоста на долгот на Украина. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 Проценката ќе влијае на напорите на Киев да го реструктуира долгот од 20 милијарди долари на крајот на август. Можеби ќе ве интересира СЛОВЕНЦИТЕ ПО 5 ГОДИНИ ЌЕ ИМААТ КУПОВНА МОЌ КОЛКУ… плусинфо 14/05/2024 ГЕОПОЛИТИЧКИТЕ БЛОКОВИ ЈА ДЕЛАТ И ЕКОНОМИЈАТА Меѓународниот… МИА 08/05/2024 Во март, извршниот одбор на ММФ одобри трет преглед на програмата за заем на Украина со продолжен фонд, што резултираше со исплата на 880 милиони американски долари. Козак рече дека ММФ се надева дека договорот за четвртиот преглед може да биде поднесен за одобрување одборот до крајот на јуни. -Украинската економија покажа исклучителна издржливост, иако и понатаму е подложна на екстремно високи несигурности поради војната – оцени таа, пренесоа агенциите....
„ТЕКСТОТ НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР ИМА ОГРОМНИ ПРОБЛЕМИ!“ Шефот на грчката дипломатија негира дека учествувал во спремањето на документот
+Инфо - пред 19 часа
Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето на договорот од Преспа. Од говорницата во Собранието тој изрази несогласување со договорот од Преспа велејќи дека се работи за правен текст со огромни проблеми што се појавуваат со текот на времето, пренесуваат грчките медиуми. Можеби ќе ве интересира „НЕ Е ПРАШАЊЕ НА САМООПРЕДЕЛУВАЊЕ“ Грчкиот министер за… МИА 14/05/2024 ШТО СЕ СЛУЧУВА СО БОИНГ? Авионите стануваат небезбедни, а… Панорама 09/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 – Јас не само што немав учествувано во договорот, туку дополнително не можев да имам никакво учество од едноставна причина што суштински не се согласувам со договорот од Преспа, кој е правен текст со огромни проблеми што се појавуваат со текот на времето – нагласи министерот за надворешни работи. Герапетритис сепак додаде дека договорот со сите проблеми претставува меѓународно право, кое мора да го почитуваат бидејќи во согласност со Уставот е над секоја друга законска одредба. Ја пофали грчката дипломатија, која издејствувала брза реакција на европските институции по инаугирацијата на Гордана Силјановска-Давкова, која на свеченоста го употрби името Македонија....
📽 „СЕГА НАКРАТКО ЌЕ ВИ СЕ ОБРАТИ ВУЧИЌ“ Рама и Спајиќ се пошегуваа со српскиот претседател
+Инфо - пред 19 часа
Сега накратко или долго ќе ви се обрати претседателот Вучиќ, рече претседателот на црногорската Влада Милојко Спајиќ на самит во Котор што предизвика смеа кај присутните. Албанскиот премиер Еди Рама го коментираше тоа: 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 – Типично. Секогаш ветува дека ќе биде краток и зборува подолго од кој било друг. Вучиќ одговори: – Ви благодарам. Можете лесно да измерите дали е кратко или долго. Тој (Рама) навистина ми го мери времето. Ниту Спајиќ не беше поштеден од „повиците“ на Рама. Можеби ќе ве интересира 🎥 МАЛИ МАТУРАНТИ ВО ЦРНА ГОРА ЗАПАЛИЈА УЧИЛИШТЕ! Прославата… плусинфо 17/05/2024 „НАМЕСТО АВТОПАТ, ЦРНОГОРЦИТЕ МОЖЕ ДА ИМААТ КАРТИНГ“ Вулин… плусинфо 10/05/2024 – Ти благодарам, драг Мики. Следниот пат внимавајте да биде сончево во Црна Гора, а не како сега. Не сме во Берлин, побогу – коментираше албанскиот премиер. На самитот на лидерите на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор изминатиот ден збор зеде и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји кој ги предупреди шесте земји од Западен Балкан да ги исполнат обврските пред следното проширување кое, според него, нема причина да не се случи во 2027 година. Albanian PM Edi Rama joking with Serbian President Aleksandar Vucic for making long speeches and decide to measure his speech time with phone Timer during Summit in Montenegro 😅 pic.twitter.com/xm9OXNfq2j — Besnik Velija (@BesnikVe) May 16, 2024 „БИДЕТЕ СПРЕМНИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ДО 2027 ГОДИНА“ Вархеји се сретна со лидерите од Западен Балкан...
🎥📷 НОВА КАЛЕДОНИЈА НА ЧЕКОР ДО ОПШТА ВОЈНА Франција итно испрати 500 специјалци
+Инфо - пред 19 часа
Француската влада прогласи вонредна состојба во пацифичкиот остров Нова Каледонија по повеќедневните вооружени судири меѓу демонстрантите и полицијата! Властите воведоа полициски час во главниот град Нумеа и го затворија главниот аеродром за комерцијален сообраќај поради најголемите немири на островот во Пацификот во последните 40 години. Тие исто така забранија јавни собири и продажба на алкохол, а забранета е и социјалната мрежа ТикТок. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 pic.twitter.com/qHUHcSOkpe — Pluton (@Pluton45873221) May 17, 2024 За време на немирите, според неофицијални информации, загинале 10 лица, а повеќе од 200 се повредени. На снимката се гледаат запалени згради и автомобили и блокади на патиштата. Меѓу загинатите наводно има и двајца француски жандарми. Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Нова Каледонија веќе се присутни 1.800 полицајци и жандарми и дека пристигнуваат уште 500 припадници на специјалните сили RAID и GIGN. Вонредната состојба ќе им овозможи на властите да воведат ограничувања за движење и да вршат куќен притвор и претреси. Протестите на домородната заедница Канака, која со години се бори за независност и сочинува околу 40% од населението, започнаа во понеделникот поради гласањето во 17.000 километри оддалечениот француски парламент за измените на уставот на Нова Каледонија, кој ќе им даде право на глас на француските доселеници кои живеат на островите повеќе од 10 години. Домородното локално население смета дека на овој начин ќе биде лишено од влијание врз политичките процеси во државата. Можеби ќе ве интересира НАПАД НА СИНАГОГА ВО ФРАНЦИЈА Полицијата го убила напаѓачот плусинфо 17/05/2024 📽 ФРАНЦИЈА НА НОЗЕ, ЈА БАРА „МУВАТА НА КАПАТА“… Панорама 15/05/2024 – Во последните два дена видовме насилство од такви размери какви што не сме виделе 30 години во Нова Каледонија. Тоа на некој начин одбележува крај на 30 години мир. Народот Канак се противи на гласањето во Франција не само затоа што во Париз е одлучено без нив, туку затоа што сака тоа да биде дел од преговорите што ќе доведат до нов референдум за самоопределување – изјави за Си-Ен-Ен поранешниот генерален конзул на Австралија во Нова Каледонија, Дениз Фишер. pic.twitter.com/ihNI7OCjfb — Pluton (@Pluton45873221) May 17, 2024 Предложените уставни измени ќе додадат илјадници дополнителни гласачи во избирачките списоци на Нова Каледонија, кои не се ажурирани во последните триесетина години. Групите за независност велат дека промените се обид на Франција да ја зацврсти својата контрола над архипелагот. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин го обвини Азербејџан дека стои зад сепаратистите, додека изворите меѓу француските официјални лица тврдат дека антиколонијалната реторика на Азербејџан е главно инспирирана од Москва. Париз е многу иритиран што Азербејџан, со помош на Иницијативната група Баку, која ја основа пред една година, го критикува францускиот колонијализам и им пружа поддршка на приврзаниците на независноста на Нова Каледонија. Многу демонстранти, наводно, веат азербејџански знамиња. Upheaval in New Caledonia due to inequality & poverty — with “stark class/race bubbles” created by the well-off French settlers in their Pacific colony — a land of “yachts and squats”. Insightful thread👇 https://t.co/fNt9SwQUX4 pic.twitter.com/15IjVAw4Tg — Peter Cronau (@PeterCronau) May 17, 2024 Политико цитира француски разузнавач кој наведува дека активноста на Русија и Азербејџан во Нова Каледонија трае со месеци. Нова Каледонија е една од десетината полуавтономни француски територии расфрлани низ Тихиот и Индискиот Океан. За Париз, Нова Каледонија е важна воено и геополитички, но и поради наоѓалиштата на никел....
„СЕГА НАКРАТКО ЌЕ ВИ СЕ ОБРАТИ ВУЧИЌ“ Рама и Спајиќ се пошегуваа со српскиот претседател
+Инфо - пред 19 часа
Сега накратко или долго ќе ви се обрати претседателот Вучиќ, рече претседателот на црногорската Влада Милојко Спајиќ на самит во Котор што предизвика смеа кај присутните. Албанскиот премиер Еди Рама го коментираше тоа: 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 – Типично. Секогаш ветува дека ќе биде краток и зборува подолго од кој било друг. Вучиќ одговори: – Ви благодарам. Можете лесно да измерите дали е кратко или долго. Тој (Рама) навистина ми го мери времето. Ниту Спајиќ не беше поштеден од „повиците“ на Рама. Можеби ќе ве интересира „НАМЕСТО АВТОПАТ, ЦРНОГОРЦИТЕ МОЖЕ ДА ИМААТ КАРТИНГ“ Вулин… плусинфо 10/05/2024 ТАЈВАН Е КИНА И ТОЧКА Вучиќ се подготвува да го дочека Си… плусинфо 04/05/2024 – Ти благодарам, драг Мики. Следниот пат внимавајте да биде сончево во Црна Гора, а не како сега. Не сме во Берлин, побогу – коментираше албанскиот премиер. На самитот на лидерите на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор изминатиот ден збор зеде и европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји кој ги предупреди шесте земји од Западен Балкан да ги исполнат обврските пред следното проширување кое, според него, нема причина да не се случи во 2027 година. Albanian PM Edi Rama joking with Serbian President Aleksandar Vucic for making long speeches and decide to measure his speech time with phone Timer during Summit in Montenegro 😅 pic.twitter.com/xm9OXNfq2j — Besnik Velija (@BesnikVe) May 16, 2024 „БИДЕТЕ СПРЕМНИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ДО 2027 ГОДИНА“ Вархеји се сретна со лидерите од Западен Балкан...
📷 СИЛНО НЕВРЕМЕ ГО ОПУСТОШИ ХЈУСТОН Загинаа 4 лица, 800.000 луѓе останаа без струја
+Инфо - пред 19 часа
Четири лица загинаа во Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, во силно невреме што предизвика големи материјални штети и бројни проблеми во енергетскиот систем. За жал имаме четворица загинати, истакна градоначалникот на Хјустон, Дон Витмајер. Можеби ќе ве интересира ЕКСПЛОЗИЈА ВО ДИЗЕЛДОРФ Во несреќата загинаа 3 лица плусинфо 16/05/2024 ПРЕВЕЗУВАЛ МИГРАНТИ И УДРИЛ ВО ЅИД Потерата по шверцер… плусинфо 16/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Beware of downed trees and downed power lines. Both are a threat to your safety. @houmayor Whitmire is working with @HoustonOEM and first responders to do citywide damage assessments. Please do your best to stay off the roads tonight, many are impossible, and some traffic signals… pic.twitter.com/cIMfhKmF8q — City of Houston (@HoustonTX) May 17, 2024 Според него невремето оштети деловни објекти во центарот на градот, дека повеќе од 800.000 жители останале без електрична енергија. Училиштата и факултетите во градот, кој има околу 2,4 милиони жители, денеска ќе бидат затворени....
СКАНДАЛ ВО БЕЛГИЈА ПО АТЕНТАТОТ НА ФИЦО Радио водител ги повика слушателите да пукаат во премиерот!
+Инфо - пред 20 часа
Водителот на локалната радио станица Варегем1 во Белгија ги охрабри слушателите да пукаат во премиерот Александар Де Кро за време на преносот, пренесува VRT. Тој го направи тоа како одговор на обидот за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Водителот се извини, но премиерот сепак поднесе жалба против него. Радио станицата го суспендира водителот. – До сите оние кои размислуваат да го застрелаат Александар Де Кро, но не се осмелуваат да го сторат тоа поради обезбедувањето на тој тип. Гледате дека е можно да се пука во премиерот. Па јас би рекол: напред – гласи дословна изјава на водителот Во меѓувреме, радиостаницата реагираше на инцидентот. „Вчера на Варегем1 имаше погрешна изјава на вработен. Водителот вели дека се шегувал, но не испадна така. Им се извинуваме на слушателите“ – соопштија од радиостаницата. Директорот на Варегем1, Лудо Даелман, го суспендира водителот. Можеби ќе ве интересира АТЕНТАТОРОТ НА ФИЦО ДОНЕСЕН СО ШЛЕМ И СО ПАНЦИР Полицијата… плусинфо 17/05/2024 ФИЦО ОСТАНУВА НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА Следува критичен период плусинфо 17/05/2024 – Тој целосно погрешно го процени времето и контекстот. Оваа изјава беше погрешна и му објаснив дека тоа не е можно. Целосно соработуваме со истрагата – изјави Даелман. Во оваа прилика се огласи и водителот, иако преку својот адвокат. „Сфаќам дека дадов сосема погрешна изјава, изјава која не може да се одобри под никакви околности. Искрено жалам и доколку премиерот Де Кро е подготвен да го стори тоа, би сакал да одам на состанок за посредување“ – стои во изјавата на водителот. По скандалот реагирала полицијата која стапила во контакт со радио станицата, а потоа и со водителот. Јавното обвинителство сега води натамошна истрага. Тој не е уапсен, но белгискиот премиер поднел жалба против него, потврди неговиот портпарол....
📽 ВОЗАЧИ ВО ХОЛАНДИЈА СИ ГИ КРИЈАТ КОЛИТЕ СО ИЗОЛИР ТРАКИ Британците ги кршат камерите кои снимаат
+Инфо - пред 20 часа
На видео од Холандија се гледаат возачи како ги кријат своите регистарски таблички пред камерите за проверка на емисија на штетните гасови. Токму пред семафорот каде што е поставена камерата, речиси сите возачи застануваат со возилата за да ја покријат регистарската табличка. Многу европски градови воведоа „зони со ниски емисии“, односно зони со ограничен сообраќај, во кои е забранет пристапот на возила кои премногу загадуваат. Сообраќајните ограничувања, поврзани со сообраќајните казни доколку не се почитуваат, го отежнуваат секојдневното патување за многу возила кои не ги исполнуваат условите за влез во овие зони. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 На возачите во Британија не им се допаднале камерите кои ги мониторираат ваквите зони, па едноставно решиле да ги уништат. Се жалат и возачите во други земји, но се снаоѓаат на многу посмирен начин, пишува Auto Klub. Можеби ќе ве интересира 📽 НÈ ЧЕКА ЛИ И НАС ОВА? Холанѓаните ги покриваат… плусинфо 17/05/2024 🎥 ДЕН НА ЧУДА ИЛИ НА ИЗМАМИ?! Просјак во Србија „проодел“,… плусинфо 02/05/2024 Многумина користат селотејп, додека, пак, други ставаат кеси за да ги сокријат своите таблички. View this post on Instagram A post shared by Informer.motor (@informer.motor)...
ФИЦО СЕ СЕЌАВА НА СÈ Претседателот на Словачка го посетил премиерот во болница
+Инфо - пред 20 часа
Словачкиот премиер Роберт Фицо се сеќава на околностите на неговиот атентат на 15 мај, изјави новоизбраниот претседател Петер Пелегрини, кој го посети премиерот во болница. – Се сеќава на сè. Беше изненаден колку брзо тоа се случи – изјави Пелегрини за ТВ ТАЗ. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Премиерот бил свесен кога го донеле во болница и се сеќава, според Пелегрини, како му пружиле прва помош, изјави Пелегрини, кој во четвртокот успеал да разговара со Фицо неколку минути. Пелегрини изјави дека лекарите не планираат повторно да го оперираат Фицо и дека во понеделник ќе биде донесена одлука тој да биде префрлен во Братислава. Можеби ќе ве интересира ФИЦО ОСТАНУВА НА ИНТЕНЗИВНА НЕГА Следува критичен период плусинфо 17/05/2024 СКАНДАЛ ВО БЕЛГИЈА ПО АТЕНТАТОТ НА ФИЦО Радио водител ги… плусинфо 17/05/2024 Словачкиот премиер Роберт Фицо се наоѓа во болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран откако беше ранет во пукање по седницата на Владата што се одржа во градот Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. По неколкучасовна операција, Фицо бил ставен во индуцирана кома 24 часа. Фицо беше застрелан кога по средбата во средата излезе да се поздрави со насобраните граѓани. Напаѓачот на Фицо веднаш бил уапсен и обвинет за обид за убиство од политички причини. Министерот за одбрана на Словачка по вонредната седница на Советот за државна безбедност и на Владата изјави дека лекарите прават сè за да ја стабилизираат состојбата на премиерот и дека не може да изјави дека ситуацијата се развива позитивно или дека тој е надвор од опасност. Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток претходно соопшти дека кон Фицо биле испукани пет истрели и потврди дека атентатот врз премиерот е извршен од политички причини....
📽 НÈ ЧЕКА ЛИ И НАС ОВА? Холанѓаните ги покриваат регистарските таблички со изолир трака
+Инфо - пред 20 часа
Многу европски градови воведоа „зони со ниски емисии“, т.е. зони со ограничен сообраќај во кои е забранет пристапот на возила кои премногу загадуваат. Сообраќајните ограничувања, поврзани со сообраќајните казни доколку не се почитуваат, го отежнуваат секојдневното патување за многу возила кои не ги исполнуваат условите за влез во овие зони. На возачите во Британија не им се допаднале камерите кои ги мониторираат ваквите зони, па едноставно решиле да ги уништат. Се жалат и возачите во други земји, но се снаоѓаат на многу посмирен начин, пишува „Ауто Клуб“. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 На видео од Холандија се гледаат возачи како ги кријат своите регистарски таблички пред камерите за проверка на емисија на штетните гасови. Токму пред семафорот каде е поставена камерата, речиси сите возачи ги застануваат возилата за да ја покријат регистарската табличка. Можеби ќе ве интересира 📽 ВОЗАЧИ ВО ХОЛАНДИЈА СИ ГИ КРИЈАТ КОЛИТЕ СО ИЗОЛИР ТРАКИ… плусинфо 17/05/2024 📽️ БЕЗ НЕРВОЗИ, ПЦОСТИ, ГУЖВИ… Еве како во Швајцарија… плусинфо 16/05/2024 Многумина користат селотејп, додека други ставаат кеси за да ги сокријат своите таблички. View this post on Instagram A post shared by Informer.motor (@informer.motor)...
ВНИМАНИЕ, ДРАКОНСКИ КАЗНИ ВО ГРЦИЈА Не палете цигара во автомобил, ќе ве чини 1.500 евра!
+Инфо - пред 21 часа
Казната за пушење во возило во Грција доколку во него има дете под 12 години изнесува 1.500 евра и одземање на возачка дозвола. Српските медиуми објавија список од казните за сообраќајни прекршоци кои се на сила во последните шест години, а кои можат да ви го пореметат летниот одмор. Најлошото е што во Грција веќе не постои можност некоја од изречените сообраќајни казни да се намали на половина од износот доколку ја платите во рок од десет дена. Еве ја листата: 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евра Брзина во населено место до 20 км/ч – 100 евра Поминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија – 700 евра Неносење појас – 350 евра Непрописно паркирање – од 40 до 80 евра Користење на мобилен телефон при возење – 100 евра Српските туристи на социјалните мрежи предупредуваат и дека во Грција е зголемен бројот на радари после граничниот премин Богородица(Евзони) и пред излезот за Солун. А, доколку казната уште не ја евидентирале грчките власти, тоа не значи дека сте се спасиле. Како што се вели на веб-страницата nikana.gr: Можеби ќе ве интересира ОД 2020 ГОДИНА СЕ ЧЕКА НА МЕМОРАНДУМИТЕ, А ЕУ ОД НАС БАРА… плусинфо 16/05/2024 🎥 ВО ГРЦИЈА ЗАБЕЛЕЖАНА СИНА АЈКУЛА Допливала дури до… плусинфо 16/05/2024 „Грците не можат да ви испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа сè уште е во системот и нема да ви биде простено, туку ќе треба да ја платите. Во ЕУ постои регистар на сообраќајни прекршоци и постои голема веројатност казната да ви биде наплатена веднаш штом ќе влезете во ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ“. Грција ги усогласи своите закони со ЕУ и кога се во прашање децата. Правилото за соодветно седиште важи за оние помлади од 12 години, но и ако детето е понисоко од 135 сантиметри. Ако дете веќе има 12 години или е високо најмалку 135 сантиметри доволен е безбедносен појас. А какви се актуелните сообраќајни казни во Македонија? Возење под дејство на алкохол – од 250 до 400 евра Брзина во населено место до 20 км/ч – 45 евра Поминување на црвено светло – 300 евра Некористење појас – 20 евра Непрописно паркирање – 45 евра Користење на мобилен телефон при возење – 45 евра Дневно возење без дневни светла – 35 евра Во соседна Бугарија казните се следните: Возење под дејство на алкохол – од 255 до 510 евра Брзина до 20 km/h – од 10 до 180 евра Поминување на црвено светло – 25 евра Неносење појас – 25 евра Непрописно паркирање – до 102 евра Користење на мобилен телефон при возење – 25 евра Ако преку ден немате средно светло, односно дневни светла – 25 евра...
ФИЦО Е САМО ПОЧЕТОК, ВО ОПАСНОСТ СЕ СИТЕ ШТО НЕ СЕ ВКЛОПУВААТ ВО АГЕНДАТА НА ЗАПАДОТ Руските политичари упатија предупредување
+Инфо - пред 21 часа
Руски политичари и официјални лица сугерираат дека украинските разузнавачки служби, со клучна поддршка од Запад, би можеле да стојат зад атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо. Тие предупредуваат дека е малку веројатно дека ова ќе биде последен случај од ваков вид и дека секој што не се вклопува во агендата промовирана од Запад е веројатна мета – без разлика на нивната позиција! Руската телевизија RTVI побара мислење од руските парламентарци и политиколози за тоа кој би можел да биде мотивот и причините за нападот врз Роберт Фицо. Претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума, Леонид Слуцки, предупредува дека е индикативна реакцијата на украинските интернет корисници на обидот за убиство на Фицо. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 – Опсегот на чувства и мислења се движи од радост до ликување. Затоа, овде не може да се исклучи сценариото за обид за убиство од политички причини со елементи од украинската тематика – смета Слуцки. Членот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума, Марија Бутина (Единствена Русија) вели дека засега е на ниво на хипотези, но може да се следи логиката на украинска вмешаност во атентатот на словачкиот претседател кој отворено ги изразуваше своите ставови дека е против испраќањето воена помош за Украина во војната со Русија. – Факт е дека никој од европските лидери сега не е безбеден, без разлика на нивната позиција, бидејќи треба да се сфати дека секоја нивна постапка што е во спротивност со желбите на „Украинците“ сега може да се сфати како одреден „карт бланш“ за да се манифестираат, вклучително и политичко насилство – смета Бутина. Голем број западњаци, додава Бутина, „во нашите непријателски земји“ сега се обидуваат да го негираат тоа, но всушност станува збор за насилни дејствија против државните лидери. – Ова бара детална истрага. Европските лидери треба да знаат дека ја отворија Пандорината кутија. Малку е веројатно дека ова ќе биде последен случај од ваков вид. На Фицо, секако, би му посакала здравје, а Европејците паднаа во дупката што им ја ископаа на другите – посочува Бутина. Можеби ќе ве интересира ФИЦО СЕ СЕЌАВА НА СÈ Претседателот на Словачка го посетил… плусинфо 17/05/2024 АТЕНТАТОРОТ НА ФИЦО ГО ПОДГОТВУВАЛ НАПАДОТ НЕКОЛКУ ДЕНА… плусинфо 16/05/2024 Заменик-претседателот на Државната Дума, член на Комитетот за безбедност Михаил Шеремет (Единствена Русија) е убеден дека зад атентат на Фицо стојат украински специјални служби кои сакаат да ги заплашат сите разумни западни политичари кои одбиваат да го спонзорираат воениот конфликт во Украина и „терористичкиот режим на Зеленски“. Од друга страна, рускиот политиколог Константин Калачев смета дека 71-годишниот писател Јурај Чинтула, кој го застрела Фицо, не бил ангажиран од ниту една политичка сила, иако истрагата допрва треба да ја открие вистината за нападот на словачкиот премиер. – Најверојатно гледаме уште една манифестација на „комплексот Херострат“ – објаснува Калачов. „Комплексот Херострат“ е термин кој се користи за опишување на оние кои бараат јавно признание по секоја цена, непочитувајќи ги законите и прифатените норми на однесување. Тој потсетува дека унгарскиот истражувачки новинар Саболч Пањи на Фејсбук открил објава од 2016 година каде Цинтула ја поддржува паравоената националистичка група Словенски Бранци, како и негова фотографија со членови на групата. – Значи, се чини дека „писателот“ воопшто не е „либерал“, туку е екстремен десничар. Во овој случај, работите се уште поконфузни. Меѓутоа на 71 година може само да посакате своја „минута на слава“. Некој прави харакири и влегува во историјата. Некој пука во политичар. Така Чинтула би можел да стане светски познат писател чии книги ќе се продаваат „како алва“. Додека е во затвор, не само што ќе доживее 15 минути слава, туку ќе испише и книжевна историја. А ако нешто напише во затвор, тогаш интересот и комерцијалниот успех се практично загарантирани. Очигледен самотник, можеби со психички нарушувања поради непрепознатливост – анализира Калачов. Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан на 15 мај додека се поздравуваше со присутните по владиниот состанок во местото Хадлова на околу 150 километри северозападно од Братислава. Во Фицо пукаше 71 писател Јурај Чинтула кој беше веднаш уапсен....
БАКАРОТ ДОСТИГНУВА РЕКОРДНИ ЦЕНИ, МАКЕДОНИЈА ГУБИ СЕКОЈ ДЕН Земјава лежи на бакар, а годишно е зијан повеќе од 200 милиони евра
+Инфо - пред 21 часа
Во период кога бакарот достигнува рекордно високи цени на светските берзи, Македонија не може да се пофали со големо производство на овој значаен метал, иако земјава изобилува со него. Цената веќе надмина десет илјади долари за тон, особено поради високата побарувачка поттикната од европскиот план за зелена транзиција. Додека ЕУ стимулира производство на бакар, од друга страна, Македонија во моментов има само еден рудник за бакар „Бучим – Боров дол“ и според проценките во него се произведуваат само 8.000 тони бакар годишно. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 Во меѓувреме, според актуелните геолошки истражувања, единствено инвестицијата за рудник за бакар во Иловица може да се пофали со огромно количество од металот, од кое директна придобивка би имале граѓаните и државата. Во наоѓалиштето за бакар Иловица, утврдени се околу 500 милиони тони руда, односно 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има 410.000 тони бакар. Па така, пресметките, но и планот на инвеститорот предвидуваат просечно годишно производство на над 16.000 тони бакар во Иловица. Доколку ова се преведе во бројки, рудникот во Иловица, на инвеститорот „Еуромакс ресоурсес“, ќе биде во топ 3 извозни компании во Македонија, со приближно двесте милиони евра просечен извоз во година. Според количините на руда што ги поседува, рудникот се предвидуваше да работи околу 23 години. На овој начин, значајните приливи на девизни средства во државава во голема мерка ќе помогнат во одржувањето на билансот на плаќање во услови на трговски дефицит поради повисокото ниво на увоз во однос на извозот, со што ќе се придонесе до ублажување на инфлаторните притисоци, зголемувањето на девизните резерви и до помагањето за одржувањето на стабилноста на националната валута. Можеби ќе ве интересира ОТШТЕТНОТО ПОБАРУВАЊЕ ЌЕ БИДЕ ВО МИЛИЈАРДИ ЕВРА Последно… плусинфо 19/04/2024 КОЛКУ СКАПО ЌЕ ЧИНИ РАЗВРСКАТА ЗА ИЛОВИЦА? Судбината на… плусинфо 12/04/2024 Инвестицијата во моментов е блокирана, а на ова ѝ претходеа низа спорни одлуки на домашните институции. „Еуромакс ресоурсес“ неколкупати повикуваше да не се носат дневно-политички одлуки за вака крупна инвестиција, особено доколку при процесот на одлучување политичарите се водат од организираните протести, кои според многумина имаат сомнителна позадина, каде изостанува мотивот за заштита на животната средина. Во едно од последните интервјуа, поранешниот претседател на Македонската асоцијација на рударството, Николајчо Николов, истакна дека главен проблем за блокадата на инвестицијата е отпорот на еколошките друштва и променливите одлуки и мислења на државните органи. – Нашата држава мора поконкретно и појасно да ги решава спорните прашања околу рудниците (Иловица Штука, Казан Дол и др.) за што би придонело и отворањето на евентуално ново министерство. Сметам дека државата треба да оформи релевантни стручни групи од рударството и земјоделството кои со аргументи и бројки ќе покажат што е исправно, а на тој начин и ќе помогнат за правилен став на политичките чинители во државата и правците за развојот на земјата во овие дејности – потенцира Николов за Локално.мк. Инвестицијата во рудникот, која тежи над 350 милиони евра за само првите две години од изградбата на рудникот, освен од металуршките инженери, доби поддршка и од дел од локалното население, кое во неа гледа спас во борбата со нискиот животен стандард и иселувањето од Струмичко. Дел од жителите ја поддржаа и граѓанската иницијата „И здравје и работа“, која повика да се носат храбри и визионерски одлуки за граѓаните да имаат надеж. – Македонија сигурно не, ако продолжат лошите политики во однос на развојот на рударската индустрија во земјава и одењето по паметот на мала група луѓе кои работат против интересите на државата и нејзините граѓани. Само рудникот „Иловица – Штука“ има проценети резерви од 410.000 тони бакар. Последната цена по која се продаваше еден тон бакар на светските берзи е 10.090 американски долари… Математиката е јасна и само 2 отсто, а секако дека е многу повеќе од тоа, тоа се многу за државата и за општините на кои се неопходни секој денар за нови водоводи, канализации, улици, училишта и градинка, а преку тоа и запирање на сѐ позасиленото иселување од земјава бидејќи веќе некое време ништо не мрда од мртва точка, напишаа на Фејсбук од иницијативата „И здравје и работа“....
НАПАД НА СИНАГОГА ВО ФРАНЦИЈА Полицијата го убила напаѓачот
+Инфо - пред 21 часа
Француската полиција уби вооружен маж кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи. – Националната полиција во Руан рано утринава неутрализираше вооружен поединец, кој очигледно сакаше да ја запали синагогата во градот, објави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин на Икс. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите. Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињаол изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок. Според локалните извештаи, полицијата била повикана околу 6:45 часот откако бил забележан чад како се крева од синагогата. Можеби ќе ве интересира ПУКАЊЕ ВО СТОКХОЛМ Оружен инцидент во близина на амбасада… плусинфо 17/05/2024 🎥 ДРАМА НА НЕБОТО НАД КРИМ Стотици дронови го „продупчија“… МИА 17/05/2024 Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, еден од полицајците го застрелал мажот кој бил вооружен со нож и железна шипка. Градоначалникот рече дека пожарникарите се на терен и го контролираат пожарот за да не избие посериозен пожар во синагогата. Освен вооружениот напаѓач, се чини дека нема други мртви или повредени, додаде тој. Франција, како и остатокот од Западна Европа, забележа пораст на антисемитизмот откако Хамас го нападна јужен Израел во октомври минатата година што доведе до војната во Газа. Претходно оваа недела, осквернавен беше споменик во Париз со кој им се оддава почит на 3.900 мажи и жени кои помогнале да се спасат Евреите за време на нацистичката окупација на Франција во Втората светска војна. На споменикот беа оставени отпечатоци од раце во црвено. Франција ја има најголемата еврејска заедница по Израел и САД, како и најголемата муслиманска заедница во Европа....
ТАМПОН ЗОНА ИЛИ ОФАНЗИВА? Путин има големи планови за Харков, следните недели се клучни
+Инфо - пред 21 часа
Претстојат клучни недели за руската војна во Украина, а рускиот претседател Владимир Путин планира да го затегне обрачот кај Харков, анализира Би-Би-Си. Се смета дека со своето навлегување во градот Вовчанск Русите сакаат да создадат тампон зона за да ги одвратат Украинците да напаѓаат преку граница. Украина знаеше дека Русија планира летна офанзива, но не од каде ќе започне. Тоа стана јасно на 10 мај со нападите во вториот по големина украински град. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Тампон од 10 до 15 километри Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна изјави дека „стратешката намера на руските трупи е… опкружување на Харков како регионален центар“ и „тие не само што би создале тампон зона од 10-15 километри во длабочина, втуку и да 1 дадат на Русија опција подоцна да го нападне Харков“. Русија би можела да планира дополнително прекугранично туркање кон северниот град Суми, на северозапад. Шефот на украинската војска, Кирило Буданов, верува дека таму чека „мала група сили“ подготвена да дејствува. Со предвоено население од 1,4 милиони, Харков по својата економска важност за Украина е веднаш позади Киев и Дњепар. Премногу е блиску до границата за да има доволно воздушна одбрана и постојано е под смртоносно руско бомбардирање од балистички и ремоделирани противвоздушни ракети и бомби. „Да можеа, ќе го освоеја Харков“ Според рускиот воен аналитичар Анатолиј Матвијчук од тинк-тенк Институтот за проучување на војната ако Русија можеше да го освои Харков, тоа ќе се покаже како „пресвртница“ во војната и тешко ќе го погоди индустрискиот потенцијал на Украина. Тоа изгледа многу малку веројатно. Украинските и западните коментатори се убедени дека Русија нема ресурси да го стори тоа. Ако беа потребни 80.000 руски војници за да го заземат уништениот источен град Авдиивка минатиот февруари, за многу поголем град како Харков ќе бидат потребни бројки што Русија ги нема. Можеби ќе ве интересира НЕ ОТСЛУЖИЛ НИ ВОЕН РОК…Путин прекрши неколку… плусинфо 16/05/2024 ДАЛИ Е ОВА ПОРАКА ДО ПУТИН? Прва изјава на Шојгу по смената… плусинфо 16/05/2024 Џек Ватлинг од Кралскиот институт за Обединети услуги верува дека главната цел на летната офанзива е „проширување на рускиот притисок во Донбас“ со цел да се прекинат линиите за снабдување и потоа да им се даде на нивните сили рута и на север и на југ. Што сака Путин? Додека рускиот лидер ги следи придобивките на теренот, има знаци дека Кремљ би можел да биде подготвен да се врати на мировните преговори прекинати пред две години. – Отворени сме за дијалог во врска со Украина, но таквите преговори мора да ги земат предвид интересите на сите земји вклучени во конфликтот, вклучително и нашите – изјави рускиот лидер за кинеската државна новинска агенција Ксинхуа. Половина милион Руси на фронтот, Украина кубури со луѓе Во Киев веруваат дека руската сила во Украина сега брои повеќе од половина милион. Тоа ја остави војската на Украина без екипаж, но и без оружје, при што Владимир Путин сега посветува околу 8,7 отсто од целокупното економско производство на Русија (БДП) на одбраната и безбедноста. Но, засилувањата кои чекаат над северната граница се само 20.000 пријавени, а за сите извештаи на плановите на Кремљ да мобилизираат уште 300.000 Руси, нема докази за такво нешто. А сепак Русија сè уште има голема нумеричка предност. Висок украински генерал рече дека соодносот бил дури 10 спрема еден. Слична предност е пријавена во однос на школките. Украина неодамна потпиша закон со кој се намалува старосната граница за мобилизација за две години на 25 години, а тоа би можело да го зголеми бројот на нејзината војска за пријавени 100.000....
ПУКАЊЕ ВО СТОКХОЛМ Оружен инцидент во близина на амбасада на Израел
+Инфо - пред 22 часа
Шведската полиција приведе неколку лица и блокира голема област во Стокхолм откако патролата слушнала сомнителни истрели. Полицијата ја блокира областа помеѓу мостот Диргарден во главниот град, Нобеловиот парк и црквата Оскар. Во оваа област е лоцирана Амбасадата на Израел. Можеби ќе ве интересира НАПАД НА СИНАГОГА ВО ФРАНЦИЈА Полицијата го убила напаѓачот плусинфо 17/05/2024 ТОВАРЕН ВОЗ ИЗЛЕТА ОД ШИНИТЕ КАЈ ВОЛГОГРАД Властите велат… МИА 14/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 „Во врска со истрагата која е во тек, сознанијата го потврдуваат сомнежот дека имало пукање“ – објави полицијата на својата веб-страница. Шведската новинска агенција ТТ соопшти дека полицијата одбила да коментира дали има врска меѓу инцидентот и израелската амбасада....
🎥 ДРАМА НА НЕБОТО НАД КРИМ Стотици дронови го „продупчија“ пристаништето
+Инфо - пред 22 часа
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека повеќе од 100 украински беспилотни летала се уништени или пресретнати ноќеска во напади на југозапад на руската територија и на полуостровот Крим. Министерството соопшти дека армијата неутрализирала 51 дрон над Крим, 44 над регионот Краснодар, шест над регионот Белгород и еден над регионот Курск. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Во текот на ноќта, поморската противвоздушна одбрана и патролни бродови на Црноморската флота уништија шест поморски беспилотни летала во водите на Црното Море. Руската армија редовно објавува дека одбила ноќни напади на украински беспилотни летала, но ретко се наведува толкава бројка, јавија западни медиуми. Можеби ќе ве интересира НАПАД НА СИНАГОГА ВО ФРАНЦИЈА Полицијата го убила напаѓачот плусинфо 17/05/2024 АТЕНТАТОРОТ НА ФИЦО ГО ПОДГОТВУВАЛ НАПАДОТ НЕКОЛКУ ДЕНА… плусинфо 16/05/2024 Гувернерот на Белгородската област, која граничи со Украина, претходно денеска објави дека мајка и четиригодишно дете загинале при напад со беспилотно летало врз селото Октјабарски. На социјалните мрежи е споделено видео на кое женски глас вели: -Нашето пристаниште е крената во воздух. Too fckin’ bad, babe. https://t.co/Ggjo2MbCL4 — Hiking Fellina – 🇺🇸🇺🇦🇨🇦🇬🇧 (@StKytti) May 17, 2024...
НЕТАНЈАХУ ДА НЕ ЈА ПРОДЛАБОЧУВА ХУМАНИТЕРНАТА КРИЗА Земјите од Г7, без САД, го предупредија Израел да ја запре офанзивата во Рафа
+Инфо - пред 23 часа
Министрите за надворешни работи на 13 земји со писмо предупредија дека Израел не треба да почне голема воена офанзива во градот Рафа во Појасот Газа и бараат и поголема помош за палестинското население, објави денеска германскиот весник „Зидојче цајтунг“. Писмото на четири страници, од 15 мај, адресирано до израелскиот министер за надворешни работи го потпишаа сите земји од Г-7 освен САД. Во него министрите го истакнаа правото на Израел на самоодбрана и ги осудија терористичките напади на Хамас и другите исламистички групи на 7 октомври минатата година. Можеби ќе ве интересира „НИКОЈ НЕМА ДА НÈ СПРЕЧИ“ Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата… плусинфо 15/05/2024 „ВЕДНАШ ПРЕКИНЕТЕ!“ Европската Унија му се закани на Израел плусинфо 15/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Во писмото се повикува Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи сè што е во нејзина моќ за да ја ублажи разорната и продлабочена хуманитарна криза во Појасот Газа. „Зидојче цајтунг“ посочува и дека шефовите на дипломатијата бараат Израел да ги отвори сите гранични премини кон палестинската енклава за испорака на помош, вклучително и преминот Рафа на границата со Египет. Писмото го потпишаа министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 – Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија и Канада, како и нивните колеги од Австралија, Данска, Финска, Холандија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Шведска....
ШОЛЦ, МАКРОН И МЕЛОНИ МУ ПИШАА НА КУРТИ Не сакаме нефункционално Косово
+Инфо - пред 1 ден
Германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони во писмо до премиерот Албин Курти потврдија дека предлогот на претставникот на ЕУ, Мирослав Лајчак, за формирање Заедница на српски општини (ЗСО) претставува „цврст модел, внимателно дизајниран со помош на европски правници и експерти, заснован на постојната најдобра практика во Европа“. Приштинските медиуми јавуваат дека европската тројка лидери порачуваат дека постои ризик Косово да не ја добие потребната поддршка за членство во СЕ, доколку не започне со формирање на ЗСО. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 „За жал, чекорите што ги предлагате не се однесуваат на итната потреба од решителни чекори кон формирањето на Заедницата и ризикуваат дополнително да го поткопаат дијалогот што го води ЕУ. Прво, нацрт-статутот што го презентираше специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак не е само „џентлменски предлог“ туку тоа е солиден модел, внимателно дизајниран со помош на европски правници и експерти, заснован на постојните најдобри практики во Европа, како и уставната и правната рамка на Косово. Уште еднаш нагласуваме дека не сакаме нефункционално Косово“, се наведува меѓу другото во писмото. Можеби ќе ве интересира „ЗАЕДНИЦА НА СРПСКИ ОПШТИНИ КОЈА НЕ ГО КРШИ УСТАВОТ НА… плусинфо 16/05/2024 ТРОЈЦА СРБИ ОБВИНЕТИ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА НА КОСОВО… МИА 15/05/2024 Лидерите на трите земји нагласуваат дека ЗСО, како што е предложена од ЕУ, „во никој случај не е споредлива со Република Српска“. „Второ, поднесувањето на овој нацрт до експертите на Советот на Европа не би бил неопходен одлучувачки чекор, бидејќи нивното мислење нема да биде правно обврзувачко. Тоа може да се постигне само со испраќање до Уставниот суд на Косово, за да да биде прифатлив за тој суд, како што беше објаснето во Брисел, во дијалогот што ја води ЕУ, нема правни пречки да се направи овој чекор на општините, не е ниту соодветна ниту применлива, поради актуелните околности во овие општини“, се продолжува во одговорот на европската тројка до косовскиот премиер. Писмо било испратено еден ден пред писмото на Владата да биде упатено до претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос, во кое се наведува дека Владата подготвува нацрт на статутот на Заедницата на српски општини, што ќе биде испратен до Уставниот суд на Косово до крајот на мај.с...
ПО АТЕНТАТОТ НА ФИЦО Полскиот премиер добил закана по живот
+Инфо - пред 1 ден
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека добил закани по животот непосредно по атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо. Туск на платформата Х напиша дека вчера се случувале многу работи, а неговата објава содржи коментар објавен и на социјалната мрежа во кој се вели дека Словаците им дале пример на Полјаците што да прават со Туск доколку одлучи да не ја реализира инвестицијата на голем аеродром во централниот дел на земјата. Можеби ќе ве интересира ОРБАН ДОБИ НЕОЧЕКУВАН СОЈУЗНИК Застанаа заедно против… Панорама 12/04/2024 ПОЧНА НОВА ЕРА НА ВОЈНИ ВО ЕВРОПА! Полскиот премиер Туск… МИА 29/03/2024 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Полскиот веб-сајт Wp.pl денеска објави, повикувајќи се на извор од Државната служба за заштита, органот задолжен за заштита на важни личности во Полска, дека заштитата на Туск ќе биде зголемена по атентатот на Фицо, пренесуваат британските медиуми. Врз Фицо вчера беше извршен атентат кога постар човек го застрела пет пати, по што премиерот беше опериран и сега е во стабилна состојба. Атентатот врз Фицо предизвика бран од меѓународни осуди и повици за смирување на политичките тензии во Словачка....
НОВАТА ВЛАДА ЌЕ ГО РЕПРЕГОВАРА ДОГОВОРОТ СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ Во првите 100 дена ќе објавиме инвестиција во енергетиката, најави Мицкоски
+Инфо - пред 1 ден
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар, Христијан Мицкоски денеска изјави дека автопатот кон Охрид треба да биде завршен до крајот на 2026 година, а за договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции – да се раскине или да се репреговара. Одговарајќи на новинарски прашања пред затворењето на Самитот Македонија 2025, Мицкоски најави дека во првите сто дена новата влада ќе објави гринфилд инвестиција во енергетиката, вредна 400 – 500 милиони евра. Се работи, рече тој, за приватен капитал, за голем играч со исклучително големи европски финансиски институции во акционерската структура. Обртот на компанијата би била околу 80 – 100 милиони евра по основа на продадена електрична енергија и истргувани зелени сертификати, а договорот со неа е завршен. Според Мицкоски, ќе се произведува околу еден терават час електрична енергија што е една третина од производството на РЕК Битола. Можеби ќе ве интересира МИЦКОСКИ ИНСИСТИРА НА МАКЕДОНИЈА „Катимерини“ објави дека… плусинфо 16/05/2024 ЗОШТО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ БАРА ДУРИ 4.000 РАБОТНИЦИ? Вишок… Рада Исовска Маневска 16/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 – За договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции. Едната е да се раскине договорот и да се оди на арбитража, да платиме стотици милиони евра и да немаме автопат, а втората е да се оптимизира договорот за што веќе имаме почетни разговори, со што би се забрзал и реализирал проектот. Ние сме повеќе за прагматичниот пристап, граѓаните да добијат автопат, но оптимиран, но ваков каков што е, потпишан од оваа влада, за жал, е во одерена мерка неприменлив поради големите правни проблеми, проблеми со експропријација и технички проблеми. Мојата порака е дека како идна влада сакаме да градиме, а не да рушиме – истакна Мицкоски. Во врска со осигурувањето на автомобилите, тој го повтори ставот дека не е добро државата да ги диктира пазарните услови. – Пристапот каде државата ќе ги диктира пазарните услови по мене не е добар. Ценам дека владата треба да овозможи амбинет во кој бизнисот ќе се чувствува комотно да води бизнис, а политичарите да водат политика. Треба да ги видиме сите детали. Информациите со кои располагаме и кои доаѓаат од институциите се дека се случува буквално грабеж во Македонија. Повеќе од 85 отсто од буџетскиот дефицит планиран за цела година веќе е потрошен. Мислат дека на тој начин ќе ја отежнат работата на новата влада, но како многу пати досега, се преигруваат – рече Мицкоски....
📷 ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025 Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата – предуслови за забрзан економски раст
+Инфо - пред 1 ден
Дигитализацијата, како една од приоритетните области на делување и платформата за забрзан економски раст на Македонија2025, беше една од темите во фокусот на вториот ден од Самитот што се одржува во Скопје. Токму во насока на значително продлабочување на соработката во областа на дигиталната трансформација, во рамки на Самитот беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонија2025, Центарот за дигитална трансформација „ГоДигитал“, Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), „ВИЗА Југоисточна Европа“ и „Клириншка куќа – Клириншки интербанкарски системи АД Скопје“ (КИБС). Целта од ова партнерство е да се овозможи конкретна поддршка на домашните мали и средни претпријатија во имплементацијата на нови дигитални технологии и производи. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 Претседавачот на Одборот на директори на Македонија2025, Мајкл Чкламовски, изрази големо задоволство од воспоставувањето на оваа соработка потенцирајќи дека: „Македонија2025 е целосно посветена на поддршка на Центарот за дигитална трансформација – ГоДигитал. Веруваме дека креирањето на екосистем за дигитална трансформација ќе придонесе кон засилување на конкурентноста и иновативноста на македонската економија”. На официјалното потпишување на меморандумот присуствуваше и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија Н.Е. Вероник Улман, која во оваа прилика изјави: „Швајцарија е силно посветена на поддршката на земјата во нејзиниот пат кон одржлив економски развој. Преку нашата развојна програма ги поддржуваме процесите на дигитална трансформација на микро, малите и средни претпријатија, со фокус на агробизнисот и одржливиот активен туризам. Го поддржуваме и ИКТ секторот и веруваме дека ова ново партнерство создава нови деловни можности за ИКТ компаниите во земјата”. За Горан Анастасовски од КИБС „оваа иницијатива претставува значајна можност за едукација на кадарот во малите и средни претпријатија, а се надеваме и јавната администрација“, со што реално ќе се поттикне процесот на дигитализација во земјата. Можеби ќе ве интересира МОЖЕН Е ЕКОНОМСКИ РАСТ ОД 5% Потребни се дигитализација,… МИА 15/05/2024 УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 Во фокусот е… плусинфо 14/05/2024 Потсетувајќи дека формирањето и поддршката за „ГоДигитал“ од страна на Македонија2025 е дел од стратешката определба на организацијата за нејзино поголемо вклучување во процесот на дигитализација на општеството, со посебен акцент на малите и средни претпријатија, членот на Одборот на директори на Македонија2025 Васко Кроневски истакна: „Целата поддршка која ја дава Македонија2025, преку ресурси и експертиза, е насочена иницијално да го постави и да го креира екосистемот на консултанти и компании кои ќе нудат иновативни решенија, кои ќе овозможат дигитализација на компаниите каде што тие ќе бидат имплементирани, истовремено работејќи сето тоа да биде одржливо на долг рок“. Искажувајќи задоволство од воспоставувањето на новото партнерство, извршната директорка на Македонија2025 проф. Никица Мојсоска Блажевски оцени дека „со здружување на нашите ресурси и напори заедно ќе придонесеме кон побрза дигитализација барем во еден дел од општеството, конкретно на бизнисите“. Таа најави дека набрзо очекува приклучување и на други организации и компании кон оваа иницијатива. Инаку, покрај дигитализацијата, во фокусот на вториот ден од годинешниот Самит на Македонија2025 беше и темата за начините за справување со корупцијата како еден од предусловите за забрзан развој, а значајно внимание привлече и панел-сесијата за ефикасните стратегии за привлекување инвестиции во новата глобална ера. На вториот ден од Самитот, на сесијата посветена на демократија и слобода на говор се обрати Крис Павловски, основач на „Рамбл“ и член на Одборот на директори на МК2025, еден од најуспешните Македонци во дијаспората, со големи инвестиции во домашната економија. Дискусиите во овој дел од Самитот се насочени и кон креирање на нови стратегии за градење прилагодливи синџири за снабдување во услови на глобални нарушувања, околу предизвиците и перспективите за натамошен раст на автомобилската индустрија, за начините на искористување на дигиталните здравствени иновации за подобри медицински услуги во Југоисточна Европа, како и за значењето на податоците и нивната анализа во успехот на бизнисите. Конференцискиот дел од годинешниот Самит на Македонија 2025, на кој учество зедоа над 50 говорници во 12 панел-сесии и на кој присуствуваа над 500 претставници од домашни, регионални и компании од дијаспората, експерти и лидери, ќе биде затворен со обраќање на потенцијалниот мандатар за состав на новата влада Христијан Мицковски....
КИРИЛ ПЕТКОВ ИМАЛ СТРАШНА СООБРАЌАЈКА Еден загинал, повреден е и неговиот возач
+Инфо - пред 1 ден
Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајка во која учествувал автомобилот на поранешниот премиер на Бугарија и лидер на „Продолжуваме со промената“ Кирил Петков, јавуваат бугарските медиуми. Сообраќајката се случила во 17.30 часот кај селото Аксаково, во близина на Варна. Петков не е повреден. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Несреќата била предизвикана од ненадејно излетување на другиот автомобил во која патувале две лица на возраст од 60 години. Во автомобилот на Петков патувале четири лица. Можеби ќе ве интересира БОРИСОВ МУ СЕ ДОДВОРУВА НА ПЕТКОВ Сакам да направиме влада,… плусинфо 13/04/2023 БОРИСОВ СО МИНИМАЛНА ПРЕДНОСТ ЌЕ ГО ПОБЕДИ ПЕТКОВ Водечките… плусинфо 03/04/2023 Возачот на цивилниот автомобил починал на лице место. Две лица се повредени и тие се пренесени во болницата „Света Ана“ во Варна. Еден пациент е 58-годишна жена со комбинирана траума и е во тешка состојба. – Се уште не можеме да кажеме дека нејзиниот живот е надвор од животна опасност – соопштиле од болницата. Другиот повреден е возачот на 37-годиниот возач на Петков....
МАЗУТОТ ПОЕВТИНУВА Цената на бензините и на дизелот останува иста
+Инфо - пред 1 ден
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од полноќ се намалува само малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,072 ден/кг и сега ќе изнесува 42,935 ден/кг. 18/05/2024 18/05/2024 18/05/2024 Од ноќеска на полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: -моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар) Можеби ќе ве интересира ЛЕБОТ И БРАШНОТО НЕМА ДА ПОСКАПАТ Мелничарите најавуваат… МИА 31/12/2022 -моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар) -дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар) -масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар) -мазут М-1 НС 42,935 (денари/килограм) Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17 мај 2024 година. Оттаму додаваат дека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени....
ВТОРАТА ОПЕРАЦИЈА ТРАЕЛА 5 ЧАСА Нема добра прогноза за состојбата на Фицо
+Инфо - пред 1 ден
Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо се уште е сериозна и рано е да се каже дали ќе закрепне, изјави денеска неговиот заменик Роберт Калинак, ден по атентатот. – За жал, сè уште не можам да кажам дека победуваме во напорите да го спасиме животот на Фицо, ниту дека прогнозите се позитивни бидејќи последиците од повредите предизвикани од четирите прострелни рани се такви што одговорот на телото на нив ќе продолжи да биде многу тежок – рече министерот Калинак. Можеби ќе ве интересира 🎥 ПУКАВ ВО ПРЕМИЕРОТ Атентаторот не се согласувал со… плусинфо 15/05/2024 УЖАСЕН ОБИД ЗА АТЕНТАТ Мицкоски го осуди нападот врз… плусинфо 15/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Миријам Лапуникова, директорка на Универзитетската болница „Рузвелт“ во Банска Бистрица, каде што се лекува Фицо, изјави дека на 59-годишниот премиер му била извршена петчасовна операција во која учествувале два медицински тима за санирање на повеќе прострелни рани. – Во овој момент успеавме да ја стабилизираме неговата состојба, но сепак е многу сериозна. Тој ќе биде задржан на интензивна нега – изјави таа....
АТЕНТАТОРОТ НА ФИЦО ГО ПОДГОТВУВАЛ НАПАДОТ НЕКОЛКУ ДЕНА Соседите откриваат зошто му бил лут на премиерот
+Инфо - пред 1 ден
Јурај Цинтула (71), осомничен за атентатот на словачкиот премиер Роберт Фицо, наводно го подготвувал нападот неколку дена, пред во средата во Хандлова да го застрела словачкиот премиер и тешко да го рани. Напаѓачот на премиерот Фицо е обвинет за обид за убиство од одмазда против заштитено лице. Според локалните медиуми, Цинтула се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Тоа што од одмазда нападнал службено лице, односно заштитено лице, ќе биде отежнувачки околности кои можат да одлучуваат за конечната висина на казната. Неговиот сосед во местото Левица каде што атентаторот живеел во изминатите 40 години, вели дека последен пат го видел Цинтула во понеделникот и кај него не забележал никакви промени. – Го познавам со децении. Ако нешто планирал, немаше никакви знаци. Но, не можам да знам што има во неговата глава – изјави соседот за словачките медиуми. Тој откри дека двајцата повремено разговарале за политика и дека Цинтула изразил гнев поради, како што сметал, зголемените напади врз слободата на говор под водство на Фицо. -Но, никогаш не би помислил дека тој е способен за такви постапки. Никогаш не зборуваше за насилство. Немам објаснување зошто го направил тоа што го направил – вели соседот на напаѓачот. Словачкиот министер за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток го опиша пукањето како политички мотивиран атентат. Министерот потврди дека атентаторот дејствувал сам и дека претходно учествувал во антивладини протести. Според словачките медиуми, тој е основач на книжевен клуб, поранешен вработен во обезбедување, кој претходно објавил видео снимки во кои повикува да се прекине насилството, откако и самиот бил нападнат во трговскиот центар каде што работел. Словачкиот портал Новине ја објави изјавата што Цинтула ја дал на полицијата веднаш по апсењето. Можеби ќе ве интересира ДРАМА НА НЕБОТО НАД КРИМ Стотици дронови напаѓаа цели, меѓу… МИА 17/05/2024 ФИЦО МОРА НА УШТЕ ЕДНА ОПЕРАЦИЈА Нови информации за… плусинфо 16/05/2024 – Не се согласувам со политиката на Владата. На крајот на краиштата, медиумите се ликвидирани. Зошто е нападната РТВС (Радио телевизија на Словачка), зошто е разрешен судијата Мазак? – наводно рекол Цинтула. Мазак е поранешен претседател на Судскиот совет, кој неодамна беше разрешен. Неколку сведоци изјавија дека атентаторот прво му довикал на Фицо: „Робо, дај ми ја раката“, а кога Фицо му пришол и му ја подал раката, Цинтула го застрелал. Тој, наводно, пукал пет пати, а три куршуми го погодиле премиерот. Синот на Цинтула за порталот Актуалити потврдил дека неговиот татко легално поседува пиштол. Но, тој негирал дека некогаш спомнал дека планира напад врз Фицо. – Немам поим што имал намера татко ми, што планирал, зошто тоа се случило – рекол тој. На прашањето дали татко му го мрази премиерот, тој одговорил: – Ова ќе ви го кажам – не гласаше за него. Можеби имал краток спој, не знам. Тој е малку повеќе темпераментен, но никогаш не бил на психијатар – рекол синот на атентаторот. По нападот во Хандлова во кој беше застрелан, словачкиот премиер со хеликоптер е префрлен во болницата во Банска Бистрица каде му е извршена операција и неговата состојба е тешка. На видеото кое се појави на социјалните мрежи, осомничениот вели дека атентатот го извршил затоа што не се согласувал со потезите на владата на Фицо во претходните месеци. По пукањето, полицијата го уапсила. Полицијата го пребарала автомобилот со кој напаѓачот дошол во Хадлова и во него, како што пренесува телевизијата, го пронашла неговиот мобилен телефон. Возилото потоа било запленето од инспекторите. Дел од словачките медиуми повикувајќи се на неименувани извори, наведуваат дека Јурај Цинтула пред полицијата изјавил дека нападот го планирал неколку дена однапред. Наводно планирал да го повреди премиерот, но не сакал да го убие. Тој повеќе од 30 години легално го поседувал пиштолот со кој пукал во премиерот . Медиумите пренесуваат дека Цинтула рекол дека е „горд“ на тоа што го направил....
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ СО НАЈБРЗА МРЕЖА Најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата
+Инфо - пред 1 ден
Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Под насловот „Премостување на јазот – влез во новата дигитална ера“, присутните на Конференцијата добија можност да дознаат повеќе за современите предизвици во телекомуникацискиот свет и безбедното навигирање низ него. Според однапред предвидената агенда, на конференцијата се одржаа три панели посветени на управување со спектарот и мониторинг, сајбер безбедноста, регулаторните прашања и пристап до широкопојасен интернет, кои се во контекст на најновите инспиративни области во електронските комуникации. Дополнително, беа истакнати и нови анализи и заклучоци за состојбата во полето на телекомуникациите во земјата кои покажуваат интересни трендови. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Постојаните инвестиции на домашните оператори кон подобрување на инфраструктурата и на целосната услуга придонесоа за зацврстување на мрежата и приклучок кон глобалните стандарди и мрежни брзини. Директорот на АЕК, Јетон Акику, напомена дека Македонија поставува пример за прифаќање и успешна имплементација на новите технологии, што го потврдува и фактот дека нашата 5Г мрежа е најдобра во регионот и една од најдобрите на континентот. Можеби ќе ве интересира КOЛКАВИ НАДОМЕСТОЦИ ЗЕМААТ ВЛАДИНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО… Рада Исовска Маневска 29/04/2024 МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЈА ЗАДРЖУВА ЛИДЕРСКАТА ПОЗИЦИЈА… плусинфо 31/10/2023 Мерењата покажаа дека двата најголеми оператори во земјата достигнуваат максимални 5Г брзини од 1 гигабит во секунда и просек од 240 мегабити во секунда во градовите и 100 мегабити во секунда на патиштата во нашата земја, што ја рангира нашата национална 5Г мрежа пред оние во Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија, Косово… Што се однесува до општиот перформанс на мобилната мрежа, мерењата покажаа дека домашните оператори стабилно напредуваат и на ова поле. Анализата на АЕК ја оцени мрежата на Македонски Телеком со вкупно 637,7 индексни поени, што е највисокиот резултат помеѓу операторите во земјата, следен од А1 Македонија со 618,8 индекс поени. Оценувањето се врши според глобално прифатениот стандард Network Performance Score (NPS), која претставува метрика што го мери целокупниот перформанс на мрежата. Слична ситуација покажуваат и мерењата на перформансот на мобилниот интернет. На патиштата, Македонски Телеком има оцена од 40 наспроти 36 на А1 Македонија, потоа кај малите општини е 100,9 за Македонски Телеком наспроти 92 на А1 Македонија, а кај големите општини мобилниот интернет на Телеком е оценет со 158,7, додека А1 Македонија забележа 142,9 индекс поени. Минатата година сме имале 1.920.403 активни корисници во мобилна телефонија. Кај интернет услугите има раст, и тоа како на мобилните, така и на вкупните. Вкупниот број на корисници со пристап до интернет (без да се вклучат тие со пристап преку мобилен телефон) е 521.918, или околу 20.000 повеќе отколку во 2022 година. Заедно со пристапот до интернет и преку мобилни телефони, бројката достигнува до 1.489.288. Како и да е, оваа бројка е за седумдесетина илјади поголема отколку во 2022 година. Во пракса, имаме сѐ помасовно користење паметни телефони и телекомуникациски пакети коишто по автоматизам вклучуваат интернет....
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ПРОТИВ КОМПАНИЈАТА „МЕТА“ Ќе се испитува дали малолетниците се безбедни на Фејсбук и на Инстаграм
+Инфо - пред 1 ден
Европската комисија (ЕК) денеска започна постапка против компанијата Мета за да процени дали компанијата, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, го прекршила Законот за дигитални услуги во областите поврзани со заштитата на малолетниците. ЕК е загрижена дека системите на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи ги и нивните алгоритми, можат да поттикнат зависност во однесувањето кај децата, како и појава на таканаречен „ефектот на зајачка дупка“ која се карактеризира со преплавување на корисниците со слична содржина доколку покажат интерес за одредена тема. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Покрај тоа, ЕК е исто така загрижена за методите за гаранција и проверка на возраста воведени од Мета. Можеби ќе ве интересира ПРИСТИГААТ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КРЕДИТОТ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА… МИА 10/05/2024 ИТАЛИЈА ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ „РАЈАНЕР“ Авиопревозникот… плусинфо 18/04/2024 Законот за дигитални услуги има за цел да спречи нелегални и штетни активности на Интернет и ширење на дезинформации, како и да обезбеди безбедност на корисниците, да ги заштити основните права и да развие фер и отворена средина за интернет платформите. – Денеска започнуваме официјална постапка против Мета. Не сме убедени дека направи доволно за да ги исполни обврските од Законот за дигитални услуги за ублажување на ризиците од негативни ефекти врз физичкото и менталното здравје на младите Европејци на своите платформи на Фејсбук и Инстаграм – изјави европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон. Во соопштението на ЕК се објаснува дека постапката против Мета се однесува на тоа дали компанијата ги исполнила своите обврски според Законот за дигитални услуги во однос на проценката и ублажувањето на ризиците предизвикани од дизајнот на онлајн интерфејсот на Facebook и Instagram, кој може да ги искористи слабостите и неискуството на малолетници и предизвикуваат зависно однесување и/или го засилуваат „ефектот на зајачка дупка“. Ваквата проценка, се истакнува, е неопходна за сузбивање на можните ризици за остварување на основното право на физичка и ментална благосостојба на децата, како и за почитување на нивните права....
НЕ ИМ БИЛО ПОБАРАНО МИТО, АМА ЗАБАВУВАЛЕ ПРОЦЕСИТЕ ЗА ДАВАЊЕ РАБОТНИ ДОЗВОЛИ Германските инвеститори се пожалија и на недостигот на стручен кадар
+Инфо - пред 1 ден
Германските компании во земјава ја оценуваат бизнис климата како добра или многу добра, но има тренд на благо намалување на планираните инвестиции, а една од причините за тоа е недостигот на стручни кадри. Анкетата спроведена меѓу германските инвеститори и компании членки на Македонско- германското стопанско здружение покажува дека 37% од нив изјавиле дека имаат намера да ги намалат планираните тековни инвестиции, 33% да ги остават на исто ниво, а 30% да ги зголемат инвестициите. Доколку овие податоци се споредат со минатите години може да се забележи дека има мало намалување во однос на инвестициите. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 – Еден од одлучувачките фактори е се поголемиот недостиг на стручни кадри. Дури 70% од германските компании во земјава сметаат дека недостигот на стручни кадри е еден од најголемите ризици, а недостигот на стручни кадри се одразува врз тековното производство и на намалување на планираните тековни инвестиции. 57% сметаат дека и трошоците на работењето се еден од факторите за ризик, а 47% сметат дека влијае и економско-политичката ситуација – истакна Антје Ванделт, директорка на АХК на денешната прес-конференција во Скопје. Сепак, како што беше посочено на прес-конференцијата, земјава останува атрактивна локација за инвестирање на германските компании за што говори податокот од анкетата дека 69% од компаниите изјавиле дека повторно би инвестирале во земјава. Германските инвеститори во земјава бараат продолжување на дијалогот со надлежните институции во земјава, консултации пред да се донесат законски измени кои би влијаеле врз нивното работење, зголемување на ефикасноста на администрацијата и завршување на инфраструктурните проекти. Можеби ќе ве интересира ЗОШТО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ БАРА ДУРИ 4.000 РАБОТНИЦИ? Вишок… Рада Исовска Маневска 16/05/2024 ИМАВМЕ КВАЛИТЕТЕН СОСТАНОК, ДЕЛ ОД БАРАЊАТА ГИ ИМА ВО… плусинфо 30/04/2024 – Иако е рано за Нова Година, ние би сакале да ги доставиме нашите новогодишни желби до новата Влада, а тоа се продолжување на отворениот дијалог, консултации со економските тела како коморите и економските здруженија пред да се носат законски измени кои би се одразиле врз работењето на компаниите, зголемување на ефикасноста во делот на административните процеси, како што се издавањето на дозволи за престој, дозволи за работа и поголема транспарентност во нивните процеси, како и продолжување и завршување на веќе започнатите инфраструктурни проекти – рече Ванделт. Според Македонско- германското стопанско здружение, досега германските инвеститори во земјава немаат добиено директна понуда да дадат мито, но она со коешто се соочиле во работењето е дека некои процеси многу се пролонгираат, како на пример процесот на вадење работни дозволи за странци или други дозволи што им се потребни на компаниите, а за кои немаат конкретен одговор, односно не знаат зошто одлуката не е донесена, зошто се одбиени….. Во однос на рецесијата во Германија и како таа ќе се одрази врз земјава, според Ванделт, Македонија може да профитира од тоа затоа што германските компании ги префрлаат своите производни капацитети во други држави. – Можеме да кажеме дека едноставно во Германија дојде до рецесијата поради тоа што се префрла производството од Германија, така што директно можеме да кажеме дека Македонија може да профитира од рецесијата во Германија, односно германските компании бараат други пазари каде што можат да ги префрлат своите цели производни процеси. Тоа и се случува. Затоа имаме и големи реинвестиции од страна на скоро сите германски инвеститори коишто се во земјата и сега засега тоа се одвива многу позитивно. Наша проценка е дека тоа и во иднина ќе продолжи така – да се префрла се повеќе производството наваму – нагласи Ванделт. Во земјава има повеќе од 200 германски компании кои вработуваат над 20.000 вработени и имаат важен удел во инвестициите во земјава. Во 2023 година има и нови германски инвеститори, но и голем дел од компаниите реинвестирале во државата....
„БИДЕТЕ СПРЕМНИ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ ДО 2027 ГОДИНА“ Вархеји се сретна со лидерите од Западен Балкан
+Инфо - пред 1 ден
Нема оправдување Западен Балкан да не биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година, им рече еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Талат Џафери, Александар Вучиќ, Еди Рама, Албин Курти, Бојана Кришто и Милојко Спајиќ на самитот во Котор во Црна Гора, пишува Дневни Аваз. Вархеjи рече дека Планот за раст на ЕУ е реалност, чија реализација е веќе започната. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 – Се чини дека регионот не само што го чувствува тоа, туку и разбира и дава резултати – рече тој. Тој додаде дека Планот нуди сериозна понуда за регионот и дека „затоа е многу среќен што слуша дека Балканот е оптимист“. Тој вели дека следната Европска комисија „треба да биде проширена Европска комисија“. Можеби ќе ве интересира „СУВЕРЕНА И САМОУВЕРЕНА СЛОВАЧКА“ Изјавите на Фицо кои… плусинфо 16/05/2024 „ВЕДНАШ ПРЕКИНЕТЕ!“ Европската Унија му се закани на Израел плусинфо 15/05/2024 – Проширена, која би имала нови членови до крајот на мандатот. Сосема сум сигурен дека, со сето она што го направивме во овој мандат, Западен Балкан ќе биде дел од тоа проширување – рече Вархеји, а потоа продолжи: – Со алатките што ги имаме, до 2027 година Западен Балкан ќе добие исто или споредливо ниво на помош како сегашните корисници на нашиот фонд, тоа значи дека ќе достигне 90 проценти од интензитетот на помошта… Нема да има оправдување за Западен Балкан да не биде подготвен до 2027 година за влез во ЕУ – додаде тој. Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан кој исто така приуствува на Самитот на лидерите на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор изјави дека му се допаѓа Планот за раст на ЕУ. – Целта е луѓето, стоките и услугите да се движат безбедно, поевтино и побрзо од порано. Убавината на Планот за раст е што пораката е јасна за секој учесник – работете ја вашата работа и не барајте некој друг да направи нешто прво, за вие да ја завршите вашата работа – рече О’Брајан. ЕУ планира 6 милијарди евра помош за Западниот Балкан, од кои 850 милиони евра се наменети за Македонија, а првата пратка за Македонија се очекува овој септември....
ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ПРОТИВ КОМПАНИЈАТА „МЕТА“ Ќе се испитува дали малолетниците се безбедни на Фејсбук и Инстаграм
+Инфо - пред 1 ден
Европската комисија (ЕК) денеска започна постапка против компанијата Мета за да процени дали компанијата, која е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, го прекршила Законот за дигитални услуги во областите поврзани со заштитата на малолетниците. ЕК е загрижена дека системите на Фејсбук и Инстаграм, вклучувајќи ги и нивните алгоритми, можат да поттикнат зависност во однесувањето кај децата, како и појава на таканаречен „ефектот на зајачка дупка“ која се карактеризира со преплавување на корисниците со слична содржина доколку покажат интерес за одредена тема. 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 Покрај тоа, ЕК е исто така загрижена за методите за гаранција и проверка на возраста воведени од Мета. Можеби ќе ве интересира ПРИСТИГААТ 50 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КРЕДИТОТ ОД 100 МИЛИОНИ ЕВРА… МИА 10/05/2024 ИТАЛИЈА ОТВОРИ ИСТРАГА ПРОТИВ „РАЈАНЕР“ Авиопревозникот… плусинфо 18/04/2024 Законот за дигитални услуги има за цел да спречи нелегални и штетни активности на Интернет и ширење на дезинформации, како и да обезбеди безбедност на корисниците, да ги заштити основните права и да развие фер и отворена средина за интернет платформите. – Денеска започнуваме официјална постапка против Мета. Не сме убедени дека направи доволно за да ги исполни обврските од Законот за дигитални услуги за ублажување на ризиците од негативни ефекти врз физичкото и менталното здравје на младите Европејци на своите платформи на Фејсбук и Инстаграм – изјави европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон. Во соопштението на ЕК се објаснува дека постапката против Мета се однесува на тоа дали компанијата ги исполнила своите обврски според Законот за дигитални услуги во однос на проценката и ублажувањето на ризиците предизвикани од дизајнот на онлајн интерфејсот на Facebook и Instagram, кој може да ги искористи слабостите и неискуството на малолетници и предизвикуваат зависно однесување и/или го засилуваат „ефектот на зајачка дупка“. Ваквата проценка, се истакнува, е неопходна за сузбивање на можните ризици за остварување на основното право на физичка и ментална благосостојба на децата, како и за почитување на нивните права....
ДОСТА ЛАЖЕ! Мајката на Коста одговори на прашањето за нејзината ДНК на чаурата
+Инфо - пред 1 ден
Во Вишиот суд во Белград, мајката на момчето кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“, Миљана Кецмановиќ, ја негираше вината и го предизвика гневот на родителите кои нејзиното излагање го коментираа со зборовите „Не можам да слушам литературни дела“ и „Доста е од лажење“, објави српски Мондо. Мајката на момчето убиец, која вчера ја негираше вината пред Повисокиот суд во Белград и се обиде да каже колку ѝ е жал за масакрот што нејзиниот син го изврши на 3 мај минатата година во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, ги шокираше сите присутни во судницата со одговор на прашањето од каде е нејзината ДНК на чаурата пронајдена во училницата по историја каде што малолетниот убиец пукал во децата од неговото одделение. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 – Пуштете ја вашата фантазија – арогантно одговорила мајката на момчето на конкретно прашање, не сакајќи да открие како го оставила силниот биолошки материјал на чаурата, како одговор на шпекулациите дека лично го полнела оружјето. Инаку, мајката на момчето убиец по професија е експерт за ДНК и давала вештачење во бројни судски предмети. Обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград ја товари за кривично дело недозволено поседување оружје и муниција. – На почетокот на нејзиното излагање, односно на изнесуањето на одбраната, таа се обиде, како и нејзиниот сопруг на претходните судења, да глуми жртва и да покаже сочувство за членовите на семејствата на убиените деца, работниците од обезбедувањето. Таа дури и изрази сочувство пред судот, но колку во нејзините зборови ја чувствуваат искреноста родителите кои ги загубија своите најблиски, најдобро говори тоа што еден од татковците гласно рекол „Не можам да ги слушам овие литературни дела“, станал и заминал од судницата – открил изворот. За време на нејзиното излагање од судницата еден по друг излегувале таткото на убиената Ангелина Аќимовиќ, Анѓелко, како и татковците на Андријана Дукиќ, Дана Дукиќ и Мара Анѓелковиќ. Иако не сакале да зборуваат за причините за напуштањето на судницата само полчас откако почна изјавата на мајката на момчето убиец, изворот открива дека биле револтирани од тоа што мајката, како и нејзиниот сопруг претходно, се обидува целосно да ја отфрли секоја вина за најгрозоморното злосторство во историјата на Србија што го извршил нивниот 13-годишен син. Можеби ќе ве интересира „ЗАЕДНИЦА НА СРПСКИ ОПШТИНИ КОЈА НЕ ГО КРШИ УСТАВОТ НА… плусинфо 16/05/2024 ПОЧИНА МАЈКАТА НА ОСОМНИЧЕНИОТ ДЕЈАН ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА?… плусинфо 15/05/2024 Оние кои останале да следат ја напуштиле судницата вознемирени. Адвокатката Зора Добричанин Никодиновиќ, која ги застапува семејствата, по денешното судење изјави дека атмосферата била тешка за сите жртви. – Среќни се сите кои не се во судница бидејќи атмосферата е болна и тешка. Се изведува одбраната на обвинетата, која ќе продолжи и на следното рочиште. Тешко е кога на едната страна го имате семејството на момчето кое е одговорно за убиствата, а од друга страна убиените родители, ранети деца, сестрата на Драган Влаховиќ, кои бараат одговори на прашањата, а не ги добиваат – изјави адвокатката по судењето. Покрај болната и тешка атмосфера во судницата за сите жртви, вчерашното судење наводно го одбележала и бурна расправа меѓу адвокатите кои ги бранат родителите на момчето убиец и обвинителите кои го застапуваат обвинението. – По излагањето на одбраната на мајката на момчето убиец, адвокатите ѝ поставија прашања, но двајцата обвинители протестираа што прашањата сугерираат да дава различни одговори од она што го кажа во одбраната, а се однесува на делот на нејзината одбрана за стрелачкиот тренинг на момчето на стрелиштето на кое го одвел татко му – објаснува соговорникот. Обвинителите, додава тој, неколкупати интервенирале поради незаконски прашања на одбраната, но и родителите на убиеното девојче. – Родителите на убиеното девојче останаа во судницата, но во еден момент ни тие не можеа да останат смирени за она што го зборуваа мајката и нејзините адвокати, па рекоа дека е доста со лагите – откри соговорникот. Претходно, таткото на момчето убиец ја негираше вината и при презентацијата наводно инсистирал дека „тие се угледно семејство“ и дека не треба да оди „во затвор за нешто што не го направил“. Продолжението на судењето е закажано за 21 мај кога мајката на момчето убиец треба да продолжи да одговара на прашањата на родителите на жртвите и на ранетите бидејќи одби да одговори на прашањата на нивните адвокати, застапници....
НЕ ОТСЛУЖИЛ НИ ВОЕН РОК…Путин прекрши неколку непишани правила кога назначи нов министер за одбрана
+Инфо - пред 1 ден
Пред да замине за Пекинг, Путин го потпиша указот за назначување на новиот министер за одбрана Андреј Белоусов. Со назначувањето на Белоусов за министер за одбрана, Путин прекрши неколку досегашни непишани, но затоа многу постојани правила. Белоусов е роден московјанин. Путин досега избегнуваше да назначува московјани на толку важни позиции. Можеби ќе ве интересира ДАЛИ Е ОВА ПОРАКА ДО ПУТИН? Прва изјава на Шојгу по смената… плусинфо 16/05/2024 ДОБРИ СОСЕДИ, ПРИЈАТЕЛИ И ПАРТНЕРИ Си Џинпинг го пречека… плусинфо 16/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Второ, Белоусов нема никаква врска со војската, не отслужил ни воен рок. Досега министрите за одбрана доаѓаа од воениот или безбедносниот систем. 65-годишниот Андреј Белоусов е економски експерт. Уште во 2013 година беше назначен за советник на Путин за економски прашања. На функцијата министер за одбрана дојде од позицијата прв вицепремиер....
РАСТ ОД 10,8% НА ДОГОВОРЕНИТЕ РАБОТИ НА ГРАДЕЖНИЦИТЕ ВО СТРАНСТВО Работеле во Германија, Црна Гора, Бугарија, БиХ и во Албанија
+Инфо - пред 1 ден
Во периодот јануари – март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 158.247.000 денари, што е за 10,8% повеќе во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој период, домашната градежната оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 49.822.000 денари, што е за 16,4% повеќе од истиот период лани. Можеби ќе ве интересира ЗОШТО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ БАРА ДУРИ 4.000 РАБОТНИЦИ? Вишок… Рада Исовска Маневска 16/05/2024 ИУТЕ ИМА 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА ДОБИВКА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ… плусинфо 15/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Во првиот квартал годинава македонските градежници работеле во Германија, Црна Гора, Бугарија, БиХ и Албанија....
РАСТ ОД 10,8% НА ДОГОВОРЕНИТЕ РАБОТИ НА ГРАДЕЖНИЦИТЕ ВО СТРАНСТВО Работеле во Германија, Црна Гора, Бугарија, БиХ и Албанија
+Инфо - пред 1 ден
Во периодот јануари – март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 158.247.000 денари, што е за 10,8% повеќе во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој период, домашната градежната оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 49.822.000 денари, што е за 16,4% повеќе од истиот период лани. Можеби ќе ве интересира ЗОШТО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ БАРА ДУРИ 4.000 РАБОТНИЦИ? Вишок… Рада Исовска Маневска 16/05/2024 ИУТЕ ИМА 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА ДОБИВКА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ… плусинфо 15/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 Во првиот квартал годинава македонските градежници работеле во Германија, Црна Гора, Бугарија, БиХ и Албанија....
366.000 ЕВРА СОБРАНИЕТО ПОТРОШИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ Најмногу се опарила пратеничката Јадранка Поцкова која зела 12.200 евра
+Инфо - пред 1 ден
Собранието лани за патни трошоци на пратениците потрошило повеќе од 366.000 евра, објави агенцијата Мета.мк. Некои од пратениците добивале и по 1.000 евра месечно за патни трошоци од и до своето место на живеење. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Најмногу пари за гориво и патарини лани биле исплатени на Јадранка Поцкова, пратеничка од Струмица од ВМРО-ДПМНЕ. Таа добила 12.200 евра, што значи месечно на платата што ја добивала, на сметката ѝ легнувале уште дополнителни 1.000 евра. Можеби ќе ве интересира ДОБИЈА ПОКАЧУВАЊЕ ОД 78%, СЕГА ПЛАЧАТ ЗА УШТЕ 15% Платите… Рада Исовска Маневска 28/02/2024 СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ ЌЕ ГО ЗАТВОРАТ НАЈГОЛЕМИОТ ПРИВАТЕН… плусинфо 07/02/2024 Зад неа е пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Дајанчо Ефтимов од Струмица,на кого Собранието лани му исплатиле 11.512 евра, и пратеничката од СДСМ Љубица Спасова од Струмица која за гориво и патарини добила 11.328 евра. Пратеникот од СДСМ, пак, Миле Талевски од Прилеп за патни трошоци зел 10.637 евра, а Драгица Ѓавочанова од СДСМ, исто така од Прилеп – 9.663 евра. Во 2022 година, пак, на Поцкова за патни трошоци ѝ биле исплатени над 14.000 евра, што е највисока сума од сите пратеници. Високо котира и Жаклина Лазаревска од СДСМ, од Охрид, на која ѝ биле исплатени 13.500 евра, додека Мирче Аџиоски од Струга, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, зел 14.400 евра....
НАПИШАЛА СОСТАВ ЗА ЕДНИОТ МАСАКР, ЈА УБИЛЕ ВО ДРУГИОТ „Сите се криви“, забележала Кристина од гимназијата во Младеновац
+Инфо - пред 1 ден
Средношколка напишала состав за жртвите од масакрот кој го изврши момчето Коста Кецмановиќ во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, а била убиена во масакрот кој го изврши Урош Б. само ден подоцна во градот Младеновац. Српските медиуми успеале да дојдат до школската писмена задача на Кристина Пантиќ(19) на тема „Во какво општество живееме?“. Кристина го напишала текстот утрото по масакрот на 3 мај, а била убиена вечерта на 4 мај. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Вежбанката во која Кристина Паниќ го напишала своето видување на општеството во кое живее, нејзината соученичка Александра пред само два дена им ја донела на родителите Зорица и Саша Паниќ во Дубон. Еве го нејзиниот напис: Можеби ќе ве интересира „НЕ МОЖЕМЕ ДА ГИ СЛУШАМЕ ОВИЕ ЛИТЕРАТУРНИ ДЕЛА!“ Родители… плусинфо 15/05/2024 КОСТА К. ПАДНАЛ ВО ДЕПРЕСИЈА ПО ГОДИШНИНАТА ОД МАСАКРОТ… плусинфо 13/05/2024 „Кога си сам, го оставаш телефонот, го исклучуваш телевизорот и сè друго што ти го одвлекува вниманието од страна, дали некогаш си се запрашал во какво општество живееш? На кои луѓе се угледуваш? Кој е човекот кој ти го одвлекува вниманието? Дали сè што ти е смешно и интересно е навистина така? Имам уште многу прашања, но на сите мои прашања, твојот одговор веројатно е: „Не знам“, или имаш празен поглед како да не гледаш ништо лошо во тоа. И на сите ни е така додека не се случи нешто лошо. Тогаш сите ја гледаме грешката и знаеме да покажеме со прст кон некого, а всушност сите сме виновни. Кога нешто ќе се акумулира отповеќе, мора некаде да се скрши, едноставно кажано, некоја капка мораше да се прелее преку чашата. Денес родителите ги запоставуваат децата поради нивните кариери, поважно им е да имаат куќа на три ката и луксузен живот наместо добро воспитано дете. А изговорот постојано се појавува: „Морам да обезбедам сè за детето“. Не, на детето му требаат татко и мајка кои ќе му зборуваат за сè. Не му треба скап телефон и гардероба за да има убав живот. Децата во Африка живеат среќно без сето тоа. Денешните деца немаат кој да им го исклучи телевизорот или телефонот кога гледаат филмови и серии кои промовираат алкохолизам, зависност од дрога, криминал и неморал. Затоа и пропаѓаме како општество, бидејќи децата нè гледаат нас како пример во сето ова. До вчера го гледавме училиштето како најбезбедна институција за едно дете, а денес веќе се плашиме да испратиме дете во него. Некој вчера планирал семеен ручек после училиште, некој да учи географија за да си ја подобри оценката, некој да игра игра со другарите… А некој сакал да го чека своето дете пред училиштето, да го гушне и да го бакне, но не го направил тоа никогаш повеќе. Секој момент со нив стана само спомен на тие деца. Верувам дека тагата и болката на семејствата на починатите студенти се огромни и никогаш во животот не би сакал да ја почувствувам таа болка. Треба да се разговара со децата! Ниту една казна нема да може да им ги врати овие кутри деца на нивните родители кои, ниту виновни, ниту одговорни, настрадаа. Коста К. е пример за запоставено дете. Родителите, интернетот, социјалните мрежи, учениците на училиште… Сите се криви. Сите имале влијание врз ова дете кое го извршило ова монструозно злосторство. Ова е знак дека треба да се разбудиме, бидејќи ова е само почеток на катастрофа ако нешто не се направи. Србија денеска плаче, осум ангели нè напуштија затоа што не се разбудивме на време“....
РАСТ ОД 10,8% ДОГОВОРЕНИТЕ РАБОТИ НА ГРАДЕЖНИЦИТЕ ВО СТРАНСТВО Работеле во Германија, Црна Гора, Бугарија, БиХ и Албанија
+Инфо - пред 1 ден
Во периодот јануари – март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 158.247.000 денари, што е за 10,8% повеќе во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој период, домашната градежната оператива во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 49.822.000 денари, што е за 16,4% повеќе од истиот период лани. Можеби ќе ве интересира ЗОШТО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ БАРА ДУРИ 4.000 РАБОТНИЦИ? Вишок… Рада Исовска Маневска 16/05/2024 ИУТЕ ИМА 2,2 МИЛИОНИ ЕВРА ДОБИВКА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ… плусинфо 15/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 Во првиот квартал годинава македонските градежници работеле во Германија, Црна Гора, Бугарија, БиХ и Албанија....
ЗОШТО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ БАРА ДУРИ 4.000 РАБОТНИЦИ? Вишок кадар нема во земјава, но има компании кои можат да градат автопат квалитетно
+Инфо - пред 1 ден
Конзорциумот „Бехтел и Енка“ чукна на погрешна врата за да обезбеди работници. Треба нив да ги бараат од Владата која им ја даде работата. Комората не може да им понуди работници, туку само квалитетни компании кои под еднакви услови со конзорциумот можат да ја завршат работата на автопатиштата, велат бизнисмени од градежниот сектор и од синдикатите. Стопанската комора вчера соопшти дека претседателот на комората Бранко Азески имал средба со претставници од конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој треба да работи на изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10д. Притоа беше соопштено дека конзорциумот побарал помош за да обезбеди инженерски кадар и општи работници во вкупен број од 4.000 кој, според конзорциумот, ќе биде потребен до завршување на проектот. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 По ова барање се отвора и прашањето со какви референци за стручен и кадровски капацитет конзорциумот ја доби работата на двата коридора, ако сега покрај општи работници бара и квалификуван стручен кадар и инженери за изведба на автопат ни помалку ни повеќе туку 4.000, бројка која тешко може да се најде во земјава. Или што се крие зад ова барање на конзорциумот, ако се знае дека договорот за стратешко партнерство го потпиша со претходната влада, а пратениците на партијата која сега треба да ја формира новата влада, не гласаа за договорот. Претседателот на Здружението за градежништво во Комората, Андрија Серафимовски вели дека комората во овој случај не може да обезбеди работници, туку да понуди фирми кои имаат референци за работа на автопатишта. – Изградбата на автопат е комплексна и неа можат да ја работат само стручни лица и компании кои имаат референци и гаранција дека можат да работат на вакви проекти. Во овој случај, како комора и здружение, ние можеме да им понудиме компании кои со своите вработени и со искуството знаат и можат да работат на изградбата на автопатиштата. Тоа и го понудила Комората. Но, ние како градежни компании бараме да работиме под исти услови како и конзорциумот – вели Серафимовски. За него е нејасно зошто се бараат 4.000 работници за периодот во кој ќе се работи на проектот. – Бројката е висока и за поголеми проекти. На автопатот Кичево – Охрид на пример се работи со 800 – 900 работници. 4.000 работници кои знаат да работат автопат е голема бројка и тешко е да ги обезбедат и поголеми земји од нашата – вели тој. Бизнисмените и синдикатите велат дека слободен градежен кадар во земјава нема, посебно технички и инженерски бидејќи сите што сакаат да работат во градежништвото се вработени, а компаниите имаат отворени огласи за вработување кои тешко ги пополнуваат. Никола Велковски од Здружението за градежништво при Комората вели дека не е паметно од ресурсите на градежните компании да се префрлаат работници во конзорциумот за да се пополнат неговите потреби, бидејќи и нашите градежни компании не успеваат да најдат соодветен кадар за нивните потреби. – И ние се бориме да обезбедиме работници, посебно висококвалификуван кадар. Таков кадар и инженери во земјава нема. Еве јас за мојата фирма барам 2 години висококвалификувани работници, но нема. Што се однесува до општите работници и ние ги обезбедуваме со тешкотии, па затоа ги упатувам „Бехтел и Енка“ да се обратат во Агенцијата за вработување и од ресурсите на невработени да најдат потребен кадар. Ние како компании не можеме да им помогнеме во тоа, туку само владата која треба да одлучи делот од невработените кои не се јавуваат на конкурсите во градежниот сектор да ги понуди да работат или да ги избрише од евиденцијата. Така ќе му помогне и на градежниот сектор во земјава кои има потреба од работници – вели Велковски. Можеби ќе ве интересира НОВАТА ВЛАДА ЌЕ ГО РЕПРЕГОВАРА ДОГОВОРОТ СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“… плусинфо 16/05/2024 НЕ ИМ БИЛО ПОБАРАНО МИТО, АМА ЗАБАВУВАЛЕ ПРОЦЕСИТЕ ЗА… МИА 16/05/2024 Тој додава дека голем проблем за обезбедување инженерски кадар е и тоа што секоја година има сѐ помалку запишани на Градежниот факултет, а оние кои завршуваат не се вработуваат во градежништвото. – Годинава од 120 места на Градежниот факултет се запишале само 70 студенти. Тоа е загрижувачко, но уште позагрижувачко е и тоа што дипломираните градежни инженери потоа не одат во градежништвото туку се преквалификуваат и одат во други сектори, најчесто во ИТ секторот. Оваа појава и досега загрижуваше, но сега кога веќе нема инженерски кадар ќе биде тешко за градежните компании, бидејќи овој кадар е клучен – вели тој. Од Синдикатот за градежништво велат дека и со помош на стопанската комора „Бехтел и Енка“ нема да можат да најдат 4.000 работници бидејќи во земјава веќе нема градежни работници, а уште помалку градежни техничари и инженери за изградба на автопат. – Малите плати и борбата за егзистенција ги натераа нашите работници, градежни техничари и инженери да бараат работа во странство. Згора на ова домашните градежни компании згаснуваат една по една бидејќи не добиваат работа во земјава, а оние кои останаа да работат како подизведувачи на државни проекти наместо тие да бидат изведувачи на работите. Доколку последната голема градежна компанија „Гранит“ ја добиеше работата на коридорите ќе го зголемеше бројот на работници, наместо да се обидува да ги задржи или отпушта. Но, досегашните влади размислуваа поинаку па донесоа странски фирми да работат на изградба на автопатиштата, и ни се случи Кичево – Охрид да се гради со децении, а коридорите 8 и 10д и по една година не се почнати да се градат. Затоа, пак, пари од државната каса одат и за двете странски фирми. На едната веќе 10 години, а за другата една година и покрај што нема направено ниту метар пат, туку истражува. Нашите фирми како подизведувачи во овие големи државни проекти земаат само ронки од огромниот колач, а работниците добиваат ниски плати затоа и си одат од земјава – вели претседателот на синдикатот на градежници Иван Пешевски. Тој смета дека причина за немањето работници за изградба на патните коридори 8 и 10д е и тоа што владата донесе законски измени со кои работниците треба да работат 72 часа во текот на неделата во екстремно лоши услови. – На овие луѓе и плата да им дадеш не знам колку висока нема да можат да работат. Останаа само повозрасни работници кои не можат да работат во екстремни услови, а и да се млади не смееме да дозволиме да работат во вакви услови. Но владата и Уставниот суд кој не поведе постапка за иницијативата одлучија да бидат на страната на странскиот конзорциум, бидејќи за нив е сеедно дали ќе работиш 40 или 72 часа во текот на неделата кои патем и нема да ти бидат платени. Од друга страна домашните компании кои немаат доволно работа се обидуваат на секој начин да ги задржат работниците, посебно техничкиот и инженерскиот кадар. Секој нека се запраша дали со просек на плата од 29.000 денари некој ќе сака да работи како градежен работник – вели Пешевски. За синдикатот е најјасно зошто „Бехтел и Енка“ сега бара помош од Стопанската комора да најдат работници и инженери, бидејќи договорот за стратешко партнерство не го потпиша со Комората, туку со Владата. – Од каде Комората да најде работници? Таа е здружение на компании не е Агенција за вработување. Владата, пак, знаеше дека нема работници, но потпиша стратешки договор кој мислеше веројатно дека ќе го реализира со екстремно ангажирање на работниците и без да размислува што по реализацијата на проектот – вели Пешевски. Конзорциумот „Бехтел и Енка“ лани во март го потпиша договорот за стратешко партнерство со владата во март лани и со него е предвидена изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа – Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10д. Договорот остана тајна за граѓаните иако тежи 1,3 милијарди евра. „Бехтел и Енка“ во регионот има реализирано проекти за изградба на автопатишта во Албанија, Косово, Србија, Хрватска, Турција и Романија. Заедно, „Бехтел и Енка“ имаат изградено повеќе од 28.000 километри автопатишта и патишта, 100 тунели и 26 големи мостови....
ФИЦО МОРА НА УШТЕ ЕДНА ОПЕРАЦИЈА Нови информации за состојбата на словачкиот премиер по вчерашниот атентат
+Инфо - пред 1 ден
Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе биде подложен на уште една хируршка интервенција откако вчера беше застрелан со два куршуми во атентатот во Хандлова. – Состојбата на премиерот Роберт Фицо е стабилизирана по операцијата, но сепак е сериозна – изјави вицепремиерот Роберт Калињак заедно со претставници на болницата Рузвелт во Банска Бистрица. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Според информациите на словачкиот весник Правда, премиерот го чека уште една операција, но неговите лекови можат да направат проблеми. Можеби ќе ве интересира АТЕНТАТОРОТ НА ФИЦО ГО ПОДГОТВУВАЛ НАПАДОТ НЕКОЛКУ ДЕНА… плусинфо 16/05/2024 „СУВЕРЕНА И САМОУВЕРЕНА СЛОВАЧКА“ Изјавите на Фицо кои… плусинфо 16/05/2024 Абдоминалното крварење на Фиц е запрено, но сега мора да му биде извршена и операција на колкот. Полицијата го товари напаѓачот за убиство со умисла, а му се заканува затворска казна од 25 години до доживотен затвор. Напаѓачот, за кој медиумите велат дека е 71-годишниот писател Јурај Цинтула, рече дека е горд на својот чин. Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, вчера беше ранет во атентат во градот Хандлови, 150 километри североисточно од Братислава....
„ЗАЕДНИЦА НА СРПСКИ ОПШТИНИ КОЈА НЕ ГО КРШИ УСТАВОТ НА КОСОВО“ Приштина усвои нацрт-статут и го информираше Советот на Европа
+Инфо - пред 1 ден
Нацрт-статус за Заедницата на српски општини(ЗСО) кој нема да го крши Уставот на Косово ќе биде доставен до Уставниот суд во Приштина до крајот на мај. Косово подготви свој нацрт за ЗСО, а формирањето на оваа заедница е услов за приемот на Косово во Советот на Европа. Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, изјави дека преку писмо го информирала Советот на Европа дека Косово подготвува нацрт статут за формирање „механизам за самоуправување, координација и соработка на општините со српско мнозинство на Косово (ЗСО)“, пренесува Ал Џезира. 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 „Нацртот обезбедува не само целосно почитување на Уставот и законите на Република Косово, туку во исто време спречува неовластени интервенции однадвор, како во општините на Косово, така и низ целата земја“, напиша Гервала на Фејсбук. Нацртот за кој се вели дека е правен во претходен нацрт на Фондацијата „Фридрих Еверт’ предвидува дека ЗСО има Собрание, претседател, потпретседател, Совет и Управен одбор на Заедницата. Можеби ќе ве интересира ДОСТА ЛАЖЕ! Мајката на Коста одговори на прашањето за… плусинфо 16/05/2024 ТРОЈЦА СРБИ ОБВИНЕТИ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА НА КОСОВО… МИА 15/05/2024 Целите на тоа тело се зајакнување на локалната демократија, овозможување, финансирање или промовирање активности кои го подобруваат учеството на граѓаните и демократската практика, како и застапување интереси важни за локалната демократија. Во документот се предвидува дека ЗСО ќе има статус на правно лице, што, како што се наведува, а тоа право со законски акт треба да му го додели Владата на Косово. Според документот на германската организација, ЗСО ќе се финансира од придонесите на своите членови, приходите од услугите што ги дава, движен или недвижен имот, трансфери од централни власти, грантови, донации, како и финансиска поддршка од други здруженија и организации, домашни и меѓународни, вклучително и Србија. Парламентарното собрание на Советот на Европа усвои препорака за прием на Косово во таа организација, а потоа беше соопштено дека конечната одлука се очекува на 17 мај и дека Косово треба да ги обезбеди гласовите на две третини од 46-те членки за прием во Политичкиот комитет на Советот на Европа. Комитетот на министри на Советот на Европа заседава на 16 и 17 мај во Стразбур. Ова тело го дава последниот збор за прифаќање на една земја во советот....
ПРЕД ГРАЃАНСКА ВОЈНА СМЕ, НЕ РАЗГОРУВАЈТЕ Словачка е во опасна ситуација по атентатот на Фицо?!
+Инфо - пред 1 ден
„Сакам да ги повикам јавноста, новинарите и политичарите да престанат да шират омраза и поделби. На прагот сме на граѓанска војна. Емоциите се природно високи, но би било многу лошо да се разгори оваа и онака опасна ситуација“. Ова изјави министерот за внатрешни работи на Словачка, Матуш Шутај-Ешток, а известува Еуроњус. 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 Неговата изјава следува по атентатот на словачкиот премиер, Роберт Фицо, кој е во стабилна, но сериозна состојба откако вчера беше застрелан неколкупати. Властите го опишаа обидот за атентат како политички мотивиран и ги обвинија медиумите и социјалните мрежи за ширење на говор на омраза. Словачкиот вицепремиер Томаш Тараба синоќа кажа дека Фицо веќе не е во животна опасност. Можеби ќе ве интересира ПО АТЕНТАТОТ НА ФИЦО Полскиот премиер добил закана по живот плусинфо 16/05/2024 КИРИЛ ПЕТКОВ ИМАЛ СТРАШНА СООБРАЌАЈКА Еден загинал,… плусинфо 16/05/2024 – Во текот на ноќта лекарите успеаја да ја стабилизираат состојбата на премиерот. За жал, таа и натаму е многу сериозна, зашто повредите се сложени – рече министерот за одбрана Роберт Калиник. Фицо, кој претходно беше премиер во три наврати, се врати на власт по изборите во септември откако водеше кампања во која изразуваше проруски ставови и ветуваше дека Словачка веќе нема да праќа воена помош во Украина. Фицо има само 25 години кога комунистите ја губат власта во тогашната Чехословачка. Тој само што ги завршува студиите по право и станува член на Комунистичката партија кога се распаѓа целиот поредок за кој бил обучуван. Млад и талентиран, Фицо се придружува на партијата која ги наследува комунистите и е избран за пратеник во 1992 година. Откако најголем дел од 1990-те ги минува во Стразбур работејќи во Европскиот суд за човекови права, Фицо во 1999 година формира партија која ќе доминира во словачката политика во следните децении. Смер-СД, која произлегува од авторитарната партија Движење за демократска Словачка, финансирана од олигарси, освојува само 13,5% гласови на изборите во 2002 година. Четири години подоцна поддржаноста расте на 29%, кога Фицо ја формира својата прва влада. Фицо е во својот трет премиерски мандат во 2018 кога Словачка ја потресува убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница. Две недели подоцна, Фицо поднесува оставка, а Смер доживува тежок пораз на изборите во 2020 година. Откако ја губат власта, Фицо и неговите политички сојузници се под истрага за корупција и злоупотреба на власта. Фицо дури е уапсен во април 2022, но обвинувањата против него потоа се отфрлени. И покрај сѐ, Фицо лани се враќа на власт и почнува да спроведува мерки што не му се допаѓаат на Брисел, како смена на раководството на елитната полициска единица, отфрлање на независните медиуми, носење нов кривичен законик за да се олеснат казните за корупција и закани дека невладините организации со странско финансирање ќе бидат означени како странски агенти, по примерот на Русија и Грузија....
„ЗСО КОЈА НЕ ГО КРШИ УСТАВОТ НА КОСОВО“ Приштина усвои нацрт-статут и го информираше Советот на Европа
+Инфо - пред 1 ден
Нацрт-статус за Заедницата на српски општини(ЗСО) кој нема да го крши Уставот на Косово ќе биде доставен до Уставниот суд во Приштина до крајот на мај. Косово подготви свој нацрт за ЗСО, а формирањето на оваа заедница е услов за приемот на Косово во Советот на Европа. Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, изјави дека преку писмо го информирала Советот на Европа дека Косово подготвува нацрт статут за формирање „механизам за самоуправување, координација и соработка на општините со српско мнозинство на Косово (ЗСО)“, пренесува Ал Џезира. 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 „Нацртот обезбедува не само целосно почитување на Уставот и законите на Република Косово, туку во исто време спречува неовластени интервенции однадвор, како во општините на Косово, така и низ целата земја“, напиша Гервала на Фејсбук. Нацртот за кој се вели дека е правен во претходен нацрт на Фондацијата „Фридрих Еверт’ предвидува дека ЗСО има Собрание, претседател, потпретседател, Совет и Управен одбор на Заедницата. Можеби ќе ве интересира ТРОЈЦА СРБИ ОБВИНЕТИ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА НА КОСОВО… МИА 15/05/2024 УЧЕНИК ПРЕТЕПАЛ НАСТАВНИК Втор ваков инцидент за неколку… плусинфо 15/05/2024 Целите на тоа тело се зајакнување на локалната демократија, овозможување, финансирање или промовирање активности кои го подобруваат учеството на граѓаните и демократската практика, како и застапување интереси важни за локалната демократија. Во документот се предвидува дека ЗСО ќе има статус на правно лице, што, како што се наведува, а тоа право со законски акт треба да му го додели Владата на Косово. Според документот на германската организација, ЗСО ќе се финансира од придонесите на своите членови, приходите од услугите што ги дава, движен или недвижен имот, трансфери од централни власти, грантови, донации, како и финансиска поддршка од други здруженија и организации, домашни и меѓународни, вклучително и Србија. Парламентарното собрание на Советот на Европа усвои препорака за прием на Косово во таа организација, а потоа беше соопштено дека конечната одлука се очекува на 17 мај и дека Косово треба да ги обезбеди гласовите на две третини од 46-те членки за прием во Политичкиот комитет на Советот на Европа. Комитетот на министри на Советот на Европа заседава на 16 и 17 мај во Стразбур. Ова тело го дава последниот збор за прифаќање на една земја во советот....
„ЗСО КОЕ НЕ ГО КРШИ УСТАВОТ НА КОСОВО“ Приштина усвои нацрт-статут и го информираше Советот на Европа
+Инфо - пред 1 ден
Нацрт-статус за Заедницата на српски општини(ЗСО) кој нема да го крши Уставот на Косово ќе биде доставен до Уставниот суд во Приштина до крајот на мај. Косово подготви свој нацрт за ЗСО, а формирањето на оваа заедница е услов за приемот на Косово во Советот на Европа. Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, изјави дека преку писмо го информирала Советот на Европа дека Косово подготвува нацрт статут за формирање „механизам за самоуправување, координација и соработка на општините со српско мнозинство на Косово (ЗСО)“, пренесува Ал Џезира. 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 „Нацртот обезбедува не само целосно почитување на Уставот и законите на Република Косово, туку во исто време спречува неовластени интервенции однадвор, како во општините на Косово, така и низ целата земја“, напиша Гервала на Фејсбук. Нацртот за кој се вели дека е правен во претходен нацрт на Фондацијата „Фридрих Еверт’ предвидува дека ЗСО има Собрание, претседател, потпретседател, Совет и Управен одбор на Заедницата. Можеби ќе ве интересира ТРОЈЦА СРБИ ОБВИНЕТИ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА НА КОСОВО… МИА 15/05/2024 УЧЕНИК ПРЕТЕПАЛ НАСТАВНИК Втор ваков инцидент за неколку… плусинфо 15/05/2024 Целите на тоа тело се зајакнување на локалната демократија, овозможување, финансирање или промовирање активности кои го подобруваат учеството на граѓаните и демократската практика, како и застапување интереси важни за локалната демократија. Во документот се предвидува дека ЗСО ќе има статус на правно лице, што, како што се наведува, а тоа право со законски акт треба да му го додели Владата на Косово. Според документот на германската организација, ЗСО ќе се финансира од придонесите на своите членови, приходите од услугите што ги дава, движен или недвижен имот, трансфери од централни власти, грантови, донации, како и финансиска поддршка од други здруженија и организации, домашни и меѓународни, вклучително и Србија. Парламентарното собрание на Советот на Европа усвои препорака за прием на Косово во таа организација, а потоа беше соопштено дека конечната одлука се очекува на 17 мај и дека Косово треба да ги обезбеди гласовите на две третини од 46-те членки за прием во Политичкиот комитет на Советот на Европа. Комитетот на министри на Советот на Европа заседава на 16 и 17 мај во Стразбур. Ова тело го дава последниот збор за прифаќање на една земја во советот....
🎥 ВО ГРЦИЈА ЗАБЕЛЕЖАНА СИНА АЈКУЛА Допливала дури до пристаништето во Глифада
+Инфо - пред 1 ден
Во плиткиот дел на пристаништето во Глифада во близина на Атина забележана е сина ајкула (Prionace glauca), како плива меѓу закотвените чамци. Станува збор за млада ајкула која најверојатно залутала во плиткото море во потрага по храна, а набрзо потоа се вратила во длабочината на морето. 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 Фејсбук страницата „Грчка инфо“ објави видео од необичниот посетител во грчкото пристаниште кој привлече внимание меѓу минувачите и туристите. Можеби ќе ве интересира ОД 2020 ГОДИНА СЕ ЧЕКА НА МЕМОРАНДУМИТЕ, А ЕУ ОД НАС БАРА… плусинфо 16/05/2024 📷 ГО ИСКИНА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР НА ПАРЧИЊА Грчки пратеник… МИА 15/05/2024 Сината ајкула е вид од фамилијата Carcharhinidae. Се населува во длабоките води на умерените и тропските океани. Овој тип на ајкула е наведен како речиси загрозен. Има многу остри триаголни заби распоредени во неколку редови во устата. Достигнува должина од 3 и 4,5 метри и тежина од околу 150 килограми. Оваа ајкула живее на отворено море, но плива и до брегот. Често плива под површината, но може да се види и при дното. Го населува Средоземното Море, но и Атлантскиот Океан долж европскиот брег на северот на Норвешка. Сините ајкули ретко напаѓаат луѓе....
ДВЕ НОВИ ПРИЗНАНИЈА ЗА „АЛКАЛОИД“ Голем придонес за безбедноста и здравјето на своите вработени
+Инфо - пред 1 ден
Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа. По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и стручно придонел во сопствениот развој инвестирајќи/имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени и за правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени. 17/05/2024 17/05/2024 17/05/2024 Можеби ќе ве интересира АЛКАЛОИД ЗАБЕЛЕЖА РАСТ НА ПРОДАЖБАТА ОД 13% Компанијата во… плусинфо 29/04/2024 „АЛКАЛОИД“ Е НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВАЧ ЗА 2023 ГОДИНА… плусинфо 18/04/2024 Во рамките на настанот, кој беше организиран под покровителство на стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа (Здружението за заштита при работа на Општина Битола, Здружението за безбедност при работа „28 Април“ – Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА – Скопје), свое обраќање имаше и членот на УО на „Алкалоид“, Ќире Ицев: – Добиените признанија се најдобар доказ за напорите што ги вложува „Алкалоид“ во градењето безбедна и здрава работна средина. Ова за нас претставува мотив повеќе и во иднина да продолжиме со напорна работа и со надминување на предизвиците преку континуирано унапредување на воспоставениот систем за безбедност и здравје при работа и преку примена на светски етаблираните практики, кои се со цел заштита на вработените – истакна Ицев. „Алкалоид“ како компанија во чиј фокус се луѓето пред сѐ останува посветена на процесот на континуирана надградба на безбедна и здрава работна средина за сите вработени, изведувачи и посетители. Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа, како и примената на највисоките стандарди се вградени во изведувањето на секојдневните операции и активности. Континуираното вложување во унапредување, осовременување и во примена на етаблираните светски практики има цел превенција, намалување и отстранување на ризиците на секое работно место....
ЕКСПЛОЗИЈА ВО ДИЗЕЛДОРФ Во несреќата загинаа 3 лица
+Инфо - пред 1 ден
Три лица загинаа, а 16 се повредени во синоќешната експлозија на киоск лоциран во станбена зграда во германскиот град Дизелдорф. Двајца од повредените се во животна опасност, соопштија надлежните служби. Можеби ќе ве интересира ПРЕВЕЗУВАЛ МИГРАНТИ И УДРИЛ ВО ЅИД Потерата по шверцер… плусинфо 16/05/2024 ХОРОР ВО ГЕРМАНСКИОТ ГРАД ХАЛЕ Баба ја пронашла мртва… плусинфо 13/05/2024 Противпожарната служба соопшти дека киоскот целосно изгорел, а пожарот го зафатил и првиот кат од станбената зграда. Пожарот подоцна бил изгаснат. Истрагата за причините за пожарот е во тек, соопшти германската полиција....
ДАЛИ Е ОВА ПОРАКА ДО ПУТИН? Прва изјава на Шојгу по смената од министер за одбрана
+Инфо - пред 1 ден
Сергеј Шојгу, поранешниот министер за одбрана на Русија, на чие место претседателот Владимир Путин го назначи економистот Андреј Белоусов, во првата јавна изјава по смената зборуваше за напредувањето на руската армија во Украина Скај њуз пренесува дека Шојгу рекол дека руската армија „напредува во сите правци“ во Украина. Можеби ќе ве интересира ДОБРИ СОСЕДИ, ПРИЈАТЕЛИ И ПАРТНЕРИ Си Џинпинг го пречека… плусинфо 16/05/2024 КРАДЕЛ ОД ЉУБОВНИЦАТА Американски војник затворен во Русија… плусинфо 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 Британската телевизија наведува дека изјавата на Шојгу е во спротивност со вчерашната најава на властите во Киев дека руските сили се „делумно потиснати“ од позициите во близина на Вовчанск, град во регионот Харков кој трпи напади од североисточниот правец на границата со Русија. Скај њуз објави дека Шојгу, кој сега ќе биде секретар во Советот за безбедност на Руската Федерација, бил настрана за време на неодамнешните промени во руската влада нарачани од шефот на државата Путин, но дека тој заедно со шефот на Кремљ отпатува во посета на Кина....
„СУВЕРЕНА И САМОУВЕРЕНА СЛОВАЧКА“ Изјавите на Фицо кои предизвикаа контроверзии
+Инфо - пред 1 ден
„Робо, дојди овде“, му извикал на словачкиот премиер напаѓачот пред да пука во него. Писателот Јурај Цинтула(71) проба да го убие Роберт Фицо, но не успеа. Тој вели дека не се согласувал со политиките на Фицо. По петчасовна операција, словачкиот премиер утринава е во свесна состојба со прострелни рани во градите, стомакот и раката. Фицо е познат по своите изјави дека Словачка не треба да му доставува оружје на Киев. Неговото искачување на врвот на политиката во земјата е проследено со повеќе интересни изјави за Украина, за суверенитетот, за ЕУ и НАТО, изјави кои одекнаа во интернационалните медиуми изминатите години. 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 За суверенитетот на земјите – Нашите партнери во странство се научени дека што и да побараат од Словачка, автоматски ќе го добијат. Но, ние сме суверена и самоуверена земја. – Сè додека сум на чело на словачката влада, никогаш нема да се согласам дека една земја треба да биде казнета затоа што се бори за нејзиниот суверенитет. – Украина не е суверена, независна земја, Украина е под апсолутно влијание на Соединетите Американски Држави – и во ова ЕУ прави огромна грешка, не сакајќи да има суверен поглед на Украина и само се согласува со она што го велат САД. „А што очекуваат, Русија да го излезе од Крим, Донбас и Луганск?“ – Кажувам јасно и гласно: војната во Украина не започна вчера или минатата година. Се започна во 2014 година кога украинските нацисти и фашисти почнаа да убиваат руски државјани во Донбас и Луганск. – Мора да има некаков компромис. Што очекуваат, Русите да го напуштат Крим, Донбас и Луганск? Тоа е нереално. – Буквално е шокантно да се види како Западот постојано греши во проценката на ситуацијата во Русија. – Русија целосно воено ги контролира окупираните територии, Украина не е способна за никаква значајна воена контраофанзива, (и) таа стана целосно зависна од финансиската помош од Западот со несогледливи последици за Украинците во годините што доаѓаат. – Позицијата на украинскиот претседател е разнишана, додека рускиот претседател ја зголемува и ја зајакнува својата политичка поддршка. Ниту руската економија ниту руската валута не пропаднаа, (и) антируските санкции ја зголемија внатрешната самодоволност на оваа огромна земја. „Украина е меѓу најкорумпираните земји“ – Украина е меѓу најкорумпираните земји во светот и прекумерната финансиска поддршка ја условуваме со гаранции дека европските пари (вклучувајќи ги и словачките) нема да бидат проневерени. – Ако стратегијата е да продолжиме да фрламе пари таму, 1,5 милијарди евра месечно без никаков резултат, а ние да си ги скратиме сопствените ресурси? Впрочем, имаме огромни проблеми, а народните пари се во тешка состојба. – Можеме да го истуриме целото оружје на светот, сите пари таму и Русија никогаш нема да биде победена воено. На ред се 2023 и 2024 година и ќе видите дека Русија ќе почне да ги диктира условите за решавање на овој конфликт. – Ќе поддржам нула воена помош за Украина… Итно запирање на воените операции е најдоброто решение што го имаме за Украина. ЕУ треба да се промени од снабдувач на оружје во миротворец. Можеби ќе ве интересира ФИЦО МОРА НА УШТЕ ЕДНА ОПЕРАЦИЈА Нови информации за… плусинфо 16/05/2024 ФИЦО, ЃИНЃИЌ, ШИРАК, ТАЧЕР… Словачкиот премиер е… Панорама 16/05/2024 „Словачко вето за Украина“ Украина може да каже: „Сакаме да влеземе во НАТО.“ Ова ќе биде нивна сопствена одлука. Ние велиме дека нема да ги ратификуваме документите за пристапување на Украина во НАТО во парламентот затоа што на Словачка ѝ треба неутрална Украина. Интересите на Словачка ќе бидат загрозени доколку Украина стане членка на НАТО. – Ќе му кажам украинскиот премиер Денис Шмигал дека сум против членството на Украина во НАТО и дека ќе ставам вето. Тоа би било само основа за Третата светска војна, ништо друго. – Јас сум против членството на Украина во НАТО и ќе ставам вето. Ако Украина беше во НАТО, таму постојано ќе се поттикнуваат некои конфликти, а штом ќе се случи судир меѓу Русија и земја членка на НАТО, ќе имаме светска војна. – Во иднина можеме да замислиме дека Украина има најблиска можна соработка со Европската унија, вклучувајќи го и членството. Но, за тоа треба да исполни услови какви што ги исполнија сите други земји кои се стремат кон членство. – На пример, сите знаеме дека Украина спаѓа меѓу најкорумпираните земји во светот и постојниот владин режим е далеку од демократските стандарди. „Немаме никаква врска со војната во Украина“ – Украина не е земја членка на НАТО. Словачка нема никаква врска со војната во Украина и дозволете ми да испратам јасна порака до цела Словачка: кој и да побара од нас што било, словачки војник никогаш нема да стапне покрај словачко-украинската граница. – Атмосферата на комбинираниот состанок на претставниците на ЕУ и НАТО за Украина, одржан во Париз во февруари беше тотално воинствена: да се продолжи војната по секоја цена и да се направи сѐ за војната да продолжи. Бев многу изненаден што не се кажа ниту еден збор за некаков мировен план или мировна иницијатива. Да, можам да потврдам дека има земји кои се подготвени да испратат војници во Украина. Исто така, има земји кои велат „никогаш“ на тоа, а Словачка е една од нив. И има некои земји кои велат дека таквите идеи заслужуваат разгледување За санкциите против Русија – На Украина треба да ѝ се помогне, но јас би тврдел дека помошта се дава на начин кој нема ефект. Во моментов плаќаме 1,5 милијарди евра месечно од Европската Унија. На Русите им воведуваме санкции… До кога треба да трае ова? – Да биде јасно, нема да гласам за какви било санкции против Русија, освен ако на маса немаме анализа за нивното влијание врз Словачка. За санкциите во спортот – Никогаш не би мешал политика и спорт. Зошто се повредуваме себеси со тоа? – Замислете дека имате спорт, каде апсолутни лидери се од Русија и Белорусија. Им забранувате од натпреварот, а некој кој инаку би имал минимална веројатност за победа продолжува и победува. Која е вредноста на тој златен медал тогаш? – Никогаш во животот не би ги спречил спортистите да се натпреваруваат. Нека покажат дека имаат се што е потребно за победа. За вистината – Ако не можеме да ја кажеме вистината на бриселската маса дека, на пример, антируските санкции не функционираа, дека натамошното уништување на Украина и убивањето Украинци не води никаде, дека фанатичното спроведување на Зелениот договор ги убива нашите економии , дека 20.000 жртви во Појасот Газа не можат да се занемарат само затоа што ги предизвикува Израел, ние сме на лизгава патека која може да биде не само политички, туку и економски деструктивна за Европа....
ДОБРИ СОСЕДИ, ПРИЈАТЕЛИ И ПАРТНЕРИ Си Џинпинг го пречека Путин со највисоки државни и воени почести
+Инфо - пред 1 ден
Кинескиот лидер Си Џинпинг во четвртокот го пречека рускиот претседател Владимир Путин со серенада од воениот оркестар и повеќекратен воен поздрави пред Големата сала на народот во Пекинг, најавувајќи го почетокот на дводневната државна посета чија цел е да се нагласи блискиот однос меѓу двајцата лидери. Според Си-Ен-Ен оваа посета е особено симболична за Путин бидејќи ова е прво патување во странство откако минатата недела тој влезе во новиот претседателски мандат. Посетата е и знак за поддршката на Си Џинпинг за Путин и нов знак за продлабочување на врските. 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 За време на разговорите во четвртокот наутро, кинескиот претседател рече дека кинеско-руските односи „го издржале тестот на променливиот меѓународен пејзаж“ и треба да бидат „негувани“ од двете страни, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи. – Кина е подготвена да соработува со Русија за да останеме добри соседи, добри пријатели и партнери кои си веруваат еден на друг, да продолжиме да го зајакнуваме трајното пријателство меѓу двата народи и заеднички да продолжиме со националниот развој и ревитализација, да продолжиме да поддржуваме еднаквост и правдата во светот – изјави Си Џинпинг. Путин ја поздрави „практичната соработка“ на двете земји, укажувајќи на нивната рекордна билатерална трговија минатата година и истакнатоста на Кина како економски партнер на Русија, пишува рускиот државен медиум ТАСС. Рускиот претседател рече дека енергетиката, индустријата и земјоделството се меѓу приоритетите на соработка меѓу двете пријателски земји. Пречекот на Путин на црвениот тепих во Пекинг доаѓа еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски преку неговата канцеларија објави дека ќе ги прекине сите претстојни меѓународни посети додека неговите војници се бранат од новата руска офанзива во североисточниот регион Харков. Можеби ќе ве интересира ДАЛИ Е ОВА ПОРАКА ДО ПУТИН? Прва изјава на Шојгу по смената… плусинфо 16/05/2024 КРАДЕЛ ОД ЉУБОВНИЦАТА Американски војник затворен во Русија… плусинфо 16/05/2024 Кси го пречека Путин под зголемен притисок од САД и од Европа да се осигура дека растечкиот извоз на Кина во Русија од почетокот на војната не ги поддржува воените напори на Кремљ. Си-Ен-Ен објави дека се очекува двајцата лидери да разменат мислења за Украина, како и за конфликтот во Газа, како и да разговараат за проширување на трговските, безбедносните и енергетските врски. Кинескиот лидер Си Џинпинг изјави денеска дека тој и рускиот колега Владимир Путин се согласиле за потребата од „политичко решение“ за војната во Украина, по разговорите меѓу двајцата претседатели во Пекинг. – Двете страни се согласуваат дека политичкото решение за украинската криза е правилна насока – изјави Си за медиумите заедно со Путин на заедничката прес-конференција што ја емитуваше Руската телевизија. Пред самото патување, Путин, во интервју за кинескиот државен медиум Ксинхуа, го поздрави „невиденото ниво на стратешко партнерство“ меѓу двете земји. Тој изјави дека двете земји имаат за цел „да ја зајакнат надворешната политичка координација“ и да ја продлабочат соработката во „индустријата и високата технологија, просторот и мирновременската употреба на нуклеарната енергија, вештачката интелигенција, обновливите извори на енергија и другите иновативни сектори“. Се очекува Си и Путин да потпишат и серија билатерални договори, соопшти Кремљ. Тие ќе прослават и 75 години дипломатски односи на „гала забава“, јавуваат кинеските државни медиуми....
10 ЧЛЕНКИ ГО УДВОИЈА БДП ПО 20 ГОДИНИ ОД ВЛЕЗОТ ВО ЕУ Дали е тоа добра вест за земјите од Западен Балкан?
+Инфо - пред 1 ден
Десет земји кои станаа членки на ЕУ пред 20 години изминативе две децении се развиваа многу побрзо од просекот на Унијата и успеаја речиси двојно да го зголемат својот БДП по глава на жител, покажуваат податоците на Европската комисија. Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка – забележаа раст на куповната моќ изразена во БДП по глава на жител од 51% од просекот на 14-те „стари членки“ во 2004 година на 79% во 2023 година. 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 – Врз основа на нашите 10-годишни проекции, овие 10 земји членки треба дополнително да го намалат јазот во приходите со „старите“ членки во следната деценија. Во 2033 година, нивните просечни нивоа на приход треба да се искачат на 92 отсто од оние на ЕУ14 – изјави еврокомесарот за економија Паоло Џетилони презентирајќи ги пролетните економски перспективи на Унијата за 2024 и 2025 година. Тој додаде дека ваквите податоци се многу добра вест за земјите од Западниот Балкан, како и за Грузија, Молдавија и Украина, кои „работат на пристапување кон ЕУ“. Во однос на економските предвидувања за наредниот период на ниво на цела ЕУ, Џентилони порача дека „по тешката 2023 година“ економската активност зајакна во првото тримесечје од годинава, по што во наредните квартали се очекува „забрзување на економскиот моментум“, што ќе доведе до годишна стапка на раст на ниво на ЕУ од еден отсто во оваа и 1,6% во 2025 година. Според него, благодарение на силниот пазар на трудот и растот на реалните плати во ЕУ, се очекува приватната потрошувачка да го поттикне економското закрепнување и да ја зајакне куповната моќ. – Инфлацијата дополнително се намали од почетокот на годината и треба да продолжи да се намалува, достигнувајќи ја целта на ЕЦБ во текот на 2025 година. Коефициентот на буџетскиот дефицит во ЕУ треба да продолжи да опаѓа во 2024 година, додека стапката на долгот малку ќе се зголеми во 2025 година – рече еврокомесарот за економија. Во првиот овогодишен квартал намалувањето на стапката на инфлација беше поголемо од очекуваното и достигна 2,6%, за дополнително да падне на 2,4% на крајот на април. Така, прогнозите за ЕУ се инфлацијата од ланските 6,4 да се намали на 2,7% на крајот на годинава и на 2,2% во декември 2025 година. На ниво на Еврозоната се очекува стапката на инфлација од ланските 5,4% да се намали на 2,5% следната и на 2,1% на крајот на 2025 година. Можеби ќе ве интересира ОВА ЛЕТО ДОАЃААТ ПРВИТЕ ПАРИ ОД ПЛАНОТ ЗА ЕКОНОМСКИ РАСТ НА… МИА 07/05/2024 УШТЕ ВАЖИ ИЗРЕКАТА „ДОЛЖЕН СИ КАКО ГРЦИЈА“ Оваа земја со… плусинфо 22/04/2024 Кога станува збор за буџетскиот дефицит, по неговото значителното намалување во текот на 2022 година, тој лани порасна од 3,4 на 3,5% од БДП, како последица на влошените економски услови и растот на трошоците за камати. За оваа година, според Џентилони, се предвидува буџетскиот дефицит да се намали на 3,0% од БДП, а следната година на 2,9% од БДП. По рекордното ниво на долгот од 92% од БДП во 2020 година, лани тој се сведе на 83%, по што се очекува да остане на исто ниво и во текот на годинава, по што би уследил негов мал раст во текот на 2025-та на 83,4% од БДП, како резултат на повисоките трошоци за негово сервисирање и очекуваниот понизок номинален економски раст. Неодамнешното намалување на каматните стапки на глобално ниво се очекува да резултира и со олабавување на монетарната политика на ЕУ, па така почнувајќи од јуни се предвидува постепено намалување на основната камати од сегашните 4 на 3,2% до крајот на годинава, за потоа да следи нејзин дополнителен пад до 2,6% до крајот на 2025 година. Пролетната прогноза на ЕУ предвидува и глобален економски раст од ланските 3,1%, на 3,2 % годинава, па до 3,3% во 2025 година. Сепак, според Џентилони, и покрај очекуваните позитивни економски резултати и „подобрувањето на сликата за европската економија во следните две години“, негативните ризици и несигурноста остануваат зголемени, пред се поради војните крај „границите на ЕУ“ и на Блискиот Исток. Џентилони нагласи дека ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток предизвика нестабилност на цените на нафтата од почетокот на годината, а врз нивниот раст дополнителни влијание имаше и овогодишниот економски раст на Кина и на САД, што беа поголеми од очекуваните. Од друга страна, цените на гасот беа само маргинално повисоки од оние во текот на зимата и многу под нивното есенско ниво, додека цените на бензините се очекува да растат во просек на 31 евро за мегават час во 2024 и 35 евра за мегават час во 2025. – Како такви, цените на енергијата не се очекува да бидат силната дезинфлациска сила каква што беа во блиското минато – заклучи Џентилони....
ФИЦО БИЛ ПОГОДЕН СО ДВА КУРШУМИ, ЕДНИОТ МУ ПОМИНАЛ НИЗ СТОМАКОТ Лекарите 5 часа се бореле за неговиот живот
+Инфо - пред 1 ден
Цели 5 часа траела операцијата на словачкиот премиер Роберт Фицо кој вчера беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Атентатот се случил кога Фицо отишол меѓу насобраниот народ. Вицепремиерот Томаш Тараба потврди за Би-Би-Си дека животот на Фицо повеќе не е во опасност. 16/05/2024 16/05/2024 16/05/2024 Тој рече дека едниот куршум поминал низ стомакот, а другиот го погодил зглобот. -Во текот на ноќта лекарите успеаја да ја стабилизираат состојбата на премиерот, а во овој момент се водат дополнителни активности за подобрување на неговата состојба – изјави министерот за одбрана Роберт Калињак, обраќајќи се на јавноста пред болницата. Можеби ќе ве интересира ФИЦО МОРА НА УШТЕ ЕДНА ОПЕРАЦИЈА Нови информации за… плусинфо 16/05/2024 „СУВЕРЕНА И САМОУВЕРЕНА СЛОВАЧКА“ Изјавите на Фицо кои… плусинфо 16/05/2024 Директорката на болницата во Банска Бистрица каде е хоспитализиран словачкиот премиер соопшти дека лекарите 5 часа се бореле за неговиот живот и дека сега неговата состојба сега е стабилна – Пациентот имаше повеќе прострелни рани. Операцијата траеше 5 часа. Неговата состојба во моментов е стабилизирана, но многу е сериозна – изјави директорката на болницата во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова. Напаѓачот што изврши атентат врз словачкиот премиер е уапсен на лице место. Словачките медиуми објавија дека и се работи за 71-годишниот Јурај Цинтула, словачки писател. Атентаторот на распит рекол дека пукал во премиерот затоа што не се согласувал со политиката на владата. Цинтула е основач на Литературниот клуб Духа и член на Друштвото на словачки писатели....