ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада
Фактор - пред 8 часа
Добивај вести на Viber НАСКОРО ЌЕ ИМА ДОГОВОР ЗА ВЛАДАПретседателoт на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на новинарско прашање за преговорите за формирање Влада рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.„Јас верувам дека следната недела преговорите ќе бидат завршени. Тимовите интензивно работат на владината програма, но истовремено верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите.", рече Таравари.Таравари е оптимист дека финален договор за формирање Влада ќе биде постигнат до петок.ПАЛЕВСКИ ПОБАРАЛ АДВОКАТОсновен суд се произнесе околу Љупчо Палевски Палчо кој беше екстрадиран од Турција.Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со осомниченото лице Љ.П. кое на 15.05.2024 година беше екстрадирано од Р. Турција и пренесено во Истражниот затвор Скопје, Основен кривичен суд ја информира јавноста за следново. „Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставно официјално известување за екстрадицијата на осомничениот за кој веќе е определна мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, како и барање за ангажирање на адвокат кој ќе го застапува во текот на постапката. Судот, во рамки на Законските одредби ги издава сите дозволи поврзани со истражната постапка која е во надлежност на Основно јавно обвинитeлство – Скопје и добиените барања ги доставува до предложените адвокати за нивно понатамошно постапување.ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ВЕЛИ ДЕКА НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО „БЕХТЕЛ И ЕНКА“Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на вчерашниот ден на новинарско прашање за проектот на Коридорот 8 истакна дека се разгледува можноста за раскинување на договорот со конзорциумот Бехтел и Енка, велат од Европскиот фронт.„Европскиот фронт смета дека раскинувањето на договорот за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата и од витално значење за економскиот развој на земјата е неприфатлив и невозможен чин. Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот Бехтел и Енка.Оценуваме дека ваквиот став е обид да се минимизира големата работа и најголемиот проект во историјата на државата што досега прогресивната и проевропската Влада го реализираше.ЧИТАЈТЕ УШТЕСкопјани велат дека цената за такси-превозот е неосновано висока, затоа што во меѓувреме основниот трошок за гориво се стабилизирал и не е така висок како за време на енергетската криза. Остваруваат ли најдобрите пет компании членки на Стопанската комора над една милјарда евра профит заедно. Колку тежат нашите бизнисмени? Колку време е во комората Бранко Азески и дали и тој самиот некогаш се обидел да се оствари со своја бизнис компанија.„Лидл Северна Македонија“, според податоците кои „Фактор“ ги провери во Централниот регистар, во 2023 веќе имал 95 вработени во земјата и нивниот број за една година се зголемил за 46 отсто.Компанија за дизајнирање и принтање на кеси и фолии за амбалажа за прехранбени и други производи кои секојдневно ги гледаме и купуваме во маркетите се најде во Топ-5 листата на фирми од Велес со најголема добивка во Велес.Можностите за инвестиција стануваат се подостапни за македонските стартап компании на кои им е неопходно финансирање за развој на производ или услуга која може брзо да се скалира и да генерира висок раст за краток временски период.Главниот словенечки заемодавач Нова Љубљанска банка соопшти дека има намера да лансира целосно готовинска доброволна јавна понуда за преземање на австриската Адико банка која има силно присуство на Балканот.Берзанскиот билтен е секогаш полн со информации за состојбата на македонскиот топ бизнис, и за тоа кој е кој на домашната деловна сцена, но пртитоа треба да се има предвид дека оттука можеме да ги согледаме податоците само за домашните котирани акционерски друштва.Намалување на бројот на барања за лекување во странство, ама и пад на бројот на испратени граѓани на лекување во странство регистрирал Фондот за здравствено осигурување на Македонија во текот на минатата година....
ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција
Фактор - пред 9 часа
Добивај вести на Viber Словачки политичар добил закани по живот. Лидерот на опозициската Прогресивна Словачка (ПС) Михал Симецка поднел кривична пријава поради смртните закани што ги добиле неговата партнерка, ќерката и тој самиот, потврдија за словачката новинска агенција ТАСР во прес-службата на ПС.Симецка објави дека добил неколку „конкретни и драстични“ смртни закани од „одредени луѓе“.Тој верува дека повеќето политичари, новинари и јавни функционери кои го изразуваат своето мислење се соочуваат со смртни закани.Пред два дена, словачки писател на возраст од 71 години пукаше во премиерот Робер Фицо, кој со повреди заврши во болница. Напаѓачот рекол дека не се сложува со политиката на Фицо. Потоа, закани добил и полскиот премиер Доналд Туск....
СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот
Фактор - пред 9 часа
Добивај вести на Viber Се судрија возови во Белград, а има и повредени. Во подземниот тунел меѓу Вуков споменик и мостот Панчевац во Белград во 18 часот и 30 минути се судриле патнички и товарен воз, пренесува Н1.Властите информираат дека до судирот на товарниот и патничкиот воз дошло во тунелот на длабочина од 400 метри од влезот кај мостот Панчевац. На местото на настанот се 17 пожарникари со пет возила, полиција и екипи на итната помош.Од Итната помош за Танјуг потврдија дека дошло до судир и дека на терен се испратени сите расположливи екипи, но уште нема прецизни информации за бројот на повредени и нивната состојба....
УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска
Фактор - пред 10 часа
Добивај вести на Viber НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили.Армијата на Украина се соочува со намалена жива сила и недостатокот достигнал „критична точка“, па украински официјални лица побарале од САД и НАТО да помогнат во подготовката на уште 150.000 новобранители.НАТО може да испрати воени инструктори во Украина за „брза“ и „квалитетна“ подготовка на украинските сили кои треба да ја одбијат руската офанзива ова лето, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на извори запознaeни со темата. Според нив, украински воени лица сега поминуваат обука во Европа, на полигони за обука во Германија и Полска. Нивното испраќање таму како и нивното враќање преку Лавов и Киев одземало многу време.Пренесувањето на обуката во Украина ќе им дозволи на инструкторите побрзо да собираат информација за новините на линијата на фронтот и на соодветен начин да ја адаптираат програмата за обука, наведуваат изворите за „Њујорк тајмс“.„Ипраќањето инструктори на НАТО во Украина „се чини неизбежно“, истакна началникот на Генералштабот на вооружените сили на САД Чарлс К. Браун помладиот.Според него, такви дејства сега „би ги ставиле под закана животите на инструкторите“, па украинските сили треба да избираат: да користат средства за противвоздушна одбрана за заштита на војниците на НАТО или на критички важната инфраструктура“.Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон го отвори прашањето за испраќање на војска во Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. foto Facebook/NATO...
ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници
Фактор - пред 10 часа
Добивај вести на Viber Израелските војници пронашле тела на тројца заложници. Телата се пронајдени во операција во текот на ноќта што ја реализирале армијата и Израелската безбедносна агенција Шин Бет.Тројцата биле на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на кибуцот Реим утрото на 7 октомври лани, од каде потоа побегнале во областа Мефалсим.Портпаролот на ИДФ, контраадмирал Даниел Хагари изјави дека терористите од палестинската група Хамас ги убиле таму, а нивните тела ги донеле во Газа. Роднините на заложниците организираа повеќе протести, со барање израелските власти да се договорат со Хамас за ослободување на заложниците. Хамас лани на 7 октомври го нападна Израел, а потоа израелската армија почна со операција во Газа за уништување на Хамас. foto IDF...
РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?
Фактор - пред 11 часа
Добивај вести на Viber Aлбанскиот премиер Еди Рама ја коментираше блокадата на Бугарија за Македонија. Вели дека тоа придонесува да се намалува поддршката за членство во Европската Унија(ЕУ). „Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни”, изјави Рама. Тој кажа дека политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски.„Ова е најантиевропска политика што може да се замисли, ова е најстрашен пристап кон нашата иднина и долгорочно ова е еднакво штетно и опасно и за нив, не само за нас. Ова е лудо! Целосно лудо! Што значи ова? Дека сега за секоја земја која сака да се зачлени, може да се појави друга и да каже – а, не, прво да видиме кој беше овде прв, кога од мајмуни станавме луѓе, дали бевме ние или вие”, порача албанскиот премиер. Според него, национализмот ја киднапираше ЕУ и ЕУ станува жртва на националистичките пориви на земјите, една, па друга. Рама кажа дека решението е просто – не може билатералните прашања да блокираат. Албанија и Северна Македонија чекаат почеток на преговори со ЕУ. Прво имаше блокада од Франција, а потоа за земјава стигна и блокада од Бугарија која бара Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот, па потоа да почне преговори. foto Facebook/Edi Rama...
ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?
Фактор - пред 11 часа
Добивај вести на Viber Фирмите во Србија вработиле 3.300 луѓе преку отворениот пазарот на труд „Отворeн Балкан“. Сепак, тоа не е доволно и затоа Србија планира увоз на работници и од други држави. Српскиот претседател Алексaндар Вучиќ на Самитот на лидерите од Западен Балкан што се одржува во Црна Гора кажа дека ќе им требаат уште работници. „Договорот за формирање заеднички пазар на труд во рамките на иницијативата Отворен Балкан има добар ефект врз Србија, бидејќи досега 3.300 луѓе ја искористиле оваа можност и се вработиле во Србија“, рече Вучиќ.Србија формално сè уште има стапка на невработеност од 8,9 или 9 отсто....
АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
Фактор - пред 12 часа
Добивај вести на Viber Бранко Азески од Стопанската комора денеска ја искоментира најавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека од некоја држава договорил заем од 1 милијарда евра.„Господ да е на помош на тој што ќе донесе нови пари во Македонија“, вели првиот човек на Стопанската Комора, Бранко Азески. Доколку овие пари влезат во земјава, треба да се искористат само за продуктивни цели.Мицкоски не откри од каде ќе земе заем, само рече дека е од европска држава која нуди добри услови и дека наскоро ќе биде соопштено во јавноста. Дали Унгарија е земјата од која Македонија ќе добие заем, Мицкоски не потврди....
УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков
Фактор - пред 12 часа
Добивај вести на Viber Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија во моментов не планира да го окупира украинскиот град Харков.Путин додаде дека одговорноста за она што се случува во правец на Харков е на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека Русија е принудена да создаде санитарна безбедносна зона затоа што украинската армија гранатира станбени делови на Белгород.„Русија го разнесе командното место на бригадата на украинската армија скриено во шумата кај селото Стара Водолага во Харковската област“, тврди руското Министерство за одбрана. Со губењето на командното место на 302-та бригада, Украина наводно останала без централизиран систем за управување со силите за противвоздушна одбрана во целиот регион.Некои воени блогери неофицијално објавија дека во нападот се убиени околу 35 офицери во штабот и уште 20 војници кои го обезбедувале објектот во близина на Харков, а новодно експлодирал и магацинот за муниција.Вооружените сили на Украина утрово нападнаа неколку цели со беспилотни летала камикази во близина на рускиот пограничен град Белгород, а во нападот загинаа една жена и нејзиниот четиригодишен син. Веста ја потврди гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. фото принтскрин...
ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија
Фактор - пред 13 часа
Добивај вести на Viber Tирана реагира откако српски политичари го коментираа собирот на Албанци во Атина каде беше и премиерот Еди Рама. Министерството за надворешни и европски работи на Албанија го повика амбасадорот на Србија во Тирана, Слободан Вукчевиќ „да даде појаснување за изјавата на вицепремиерот Александар Вулин во врска со средбата на албанскиот премиер Еди Рама со албанската дијаспора во Грција“.Вулин, изјави дека „голема Албанија можат да ја спречат само Србите и српскиот свет“ и дека Грците треба „да размислат за тоа“. Вулин исто така изјави дека премиерот на земјата во која се наоѓа „жолтата куќа“, на местото каде што на Србите се вадеа и продаваа органи, мораше да биде многу повнимателен и да ги избира зборовите кога зборува за злосторства.Албанскиот портал „Сот“ наведе дека албанското МНР очекува итно појаснување од српскиот амбасадор, за „ваквите повторени штетни изјави да не влијаат на меѓудржавните односи“.Рама неодамна имаше средба со Албанците во Грција. Овој настан, кој предизвика нови тензии во грчко-албанските односи, а Рама го окарактеризира како приватна посета. Србија се лути затоа што грчката преставничка Дора Бакојани го поддрша Косово за влез во Советот на Европа....
ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните да направат увид во Годишните даночни пријави (ДЛД ГДП), кои веќе се поставени на системот а се однесуваат за остварени приходи во 2023 година. Секој кој е регистриран на системот ППД - (ujp.gov.mk)има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2024 година, да ја потврди или доколку истата не ја прикажува точната слика за износот на остварен доход и платени даноци, да ја коригира пријавата!По истекот на овој законски рок, потврдените и Годишните даночни пријави кои не се потврдени, ниту се коригирани ќе се сметаат за конечни, додека коригираните даночни пријави ќе треба да се одобрат од страна на службено лице од Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2023 година.Кај обврзниците во чија ДЛД ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава(PDF документот). Обврзниците во чија ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот.Управата за јавни приходи, апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и се уште не се регистрирани на системот е – Даночни услуги, за да ги исполнат своите обврски за пријавување и плаќање на данок, истото да го сторат во најкраток можен рок.За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход , плаќање и поврат на данок можете да се обратите на [email protected]....
АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески денеска се сретна со Мајк Зафировски, еден од основачите на „Македонија 2025“.Азески рече дека економскиот раст е доста слаб сите овие години. Најави дека ќе го поттикнат менаџерството. Азески нагласи дека е потребно запирање на сивата економија. Заеднички ќе лобираат за владеењето на правото. Идната година на самитот ќе ги поканат и другите земји од Западен Балкан. Зафировски рече дека секогаш е добро да се работи со комората и дека дигитализацијата е многу важна. Додаде дека има шанса земјата да се движи напред....
ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber Претседателoт на Алијансата за Албанците и еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари на новинарско прашање за преговорите за формирање Влада рече дека се очекува преговорите да завршат следната недела.„Јас верувам дека следната недела преговорите ќе бидат завршени. Тимовите интензивно работат на владината програма, но истовремено верувам дека од понеделник ќе почне и поделбата на ресорите.", рече Таравари.Таравари е оптимист дека финален договор за формирање Влада ќе биде постигнат до петок.„Во моментов е многу позитивна атмосфера, има разбирање од двете страни и многу сум оптимист дека до петок, ќе го имаме финален договор за идната влада“, изјави Таравари.Во однос на случувањата во Управниот суд за донесување на решението за прегласување, Таравари рече дека претседателот на Управниот суд врши притисок врз судиите. „Од утрото имам информации дека има вонреден притисок од претседателот на Управниот суд кој врши притисок врз судиите кои треба да го одработат предметот за прегласување. Посакувам и се надевам дека судијата мисли дека судијата може да биде одговорен за сите, вклучително и за судијата, доколку продолжат да вршат притисок", рече Таравари, додавајќи дека судиите треба да одлучуваат непристрасно и правично.На крајот Таравари додаде дека ДУИ е навикната да го има судот со него и под контрола.„ДУИ е научена да има свој суд и под своја контрола, и се што се одлучува во Речица да одлучи и судијата. Сметам дека претседателот на Судот треба да мисли дека по 15 јуни ќе има нова Влада и не е нормално да се врши притисок врз судиите да ја донесат одлуката", рече Таравари.ВМРО-ДПМНЕ вчера најави дека имаат 61 пратеник....
Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber Која е клучната вредност на брендот на Светскиот трговски центар (WTC) во зајакнувањето на регионалната трговија и привлекувањето инвестиции во Западен Балкан?Во текот на изминатите две години работејќи за Здружението на Светскиот трговски центар (WTCA), бев сè повеќе импресиониранa од трансформациската моќ што ја носи лиценцирањето на WTCA и нејзиното влијание врз глобалната трговија, деловните иновации и економскиот раст. Тоа беше видливо при моите посети на нашите локации, каде што разговарав со локални закупци, главно мали и средни претпријатија од различни сектори. Бев сведок на развојот на нивната конкурентност преку пристап до неистражени пазари, алтернативни добавувачи, дистрибутери и партнери ширум светот и растење на меѓународно ниво заедно со матичниот Светски трговски центар (WTC) - благодарение на закупот на канцелариски простор во објектот WTC.Со оглед на тоа што не сме организација за франшиза, запознав различни модели и концепти на WTC бизнис. Имателите на лиценца на WTCA споделија инспиративни успешни приказни со мене, нагласувајќи дека успеале да ја развијат својата основна дејност со рекордна брзина, без оглед на секторот од кој доаѓаат и дека исто така имаа позитивно влијание врз растот на локалната заедница. Општинските и државните функционери со кои се сретнав во различни прилики го потврдија фактот дека градовите каде што се развива СТЦ често стануваат највлијателни центри и пристапни точки за глобалната трговија и можностите за инвестирање.Отворени сме и транспарентни, бизнис-ориентирани, аполитични, мултикултурни, модерни и влијателни во менувањето на економската средина на одреден град и регион. Потпирајќи се на силата на најдоверливиот светски бренд WTC, WTCA може да придонесе за конкурентноста на економиите на Западен Балкан и во европски и во глобален контекст на нивниот пат кон регионалниот економски простор, најдинамичната регионална иницијатива. Убеден сум дека можеме да им помогнеме на економските актери во Белград, Подгорица, Сараево, Тирана итн. и целиот регион на Западен Балкан да го прошират меѓународниот кредибилитет и деловната доверба, како и да станат поотпорни на постојаните промени на пазарот за да можат да ги надминат долгорочните економски предизвици.На кој начин WTCA планира да го прошири своето присуство во Европа и Западен Балкан во наредните години и за кој тип на институции и компании ова најмногу се однесува?Секоја компанија или институција која се стреми да се развива на меѓународно ниво може да има корист од престижниот бренд WTC. Додека приватните инвеститори се водени не само од можниот успех во финансиска смисла, туку и од создавањето на некакво наследство за локалната заедница, јавните институции го препознаваат концептот на WTC како докажано средство за зајакнување на економскиот раст и зголемување на вработеноста.Стратешките документи на WTCA јасно нагласуваат дека најангажираните членови се најголемата вредност на нашата организација. Покрај компонентата за недвижен имот, тие исто така обезбедуваат целосен опсег на трговски услуги (т.е. проценки на пазарот, програми за влез на пазарот, обука за актуелни теми како што се одржливост, различни трговски состаноци со насочена B2B конекција итн.) и го промовираат нашиот бренд ширум светот. Сето ова ја прави мојата работа, во движење низ Европа и Западен Балкан, полесна и значително попродуктивна.Со цел да ја зајакнеме нашата видливост и досег, соработуваме и со истакнати меѓународни организации. Во средината на мај, ќе присуствувам на состанокот на Меѓународниот комерцијален форум за Европа на Советот на аеродромот (ACI) во Инсбрук, каде што ќе презентирам примери од нашата најдобра практика на европските аеродроми, а во октомври ќе се сретнам со најголемите играчи во недвижностите секторот на EXPO REAL во Минхен, меѓу другото, разговараше за придобивките од членството во нашата организација во однос на користењето на брендот WTC како начин за намалување на неискористената фаза на ненаселени деловни згради.Иако изгледите за европската економија во 2024 година оставаат простор само за внимателен оптимизам, ние добиваме апликации за членство од Германија и Шпанија до Босна и Херцеговина и Црна Гора и од приватниот и од јавниот сектор, како и од јавно-приватно партнерство. Ова потврдува дека е вистинскиот момент економиите од Западен Балкан да соработуваат со WTCA за промовирање на нивниот економски потенцијал и достигнувања во подобрувањето на инвестициската и деловната клима во изминатите две децении. Без оглед на предизвиците што остануваат во наредните години, членството во WTCA може да помогне во проширувањето на нивните трговски патишта и хоризонтите на странски директни инвестиции.Кои се очекувањата на Асоцијацијата на светски трговски центри за 2024 година во однос на растот на бројот на членови и подобрување на деловните можности за нив?WTCA заедницата секоја година со гордост пречекува нови членови од целиот свет. Во својата 55-годишна историја, таа навистина се докажа како мрежа на взаемна поддршка со растечка перспектива дури и во најпредизвикувачките времиња. Во првиот квартал од 2024 година забележавме зголемен интерес за членство во Индија, Бразил и низ европскиот континент, особено во земјите од Западен Балкан.Во улога на лидер за развој на бизнисот WTCA за Европа, ја презедов одговорноста за „отворање врати“ во 50 европски земји и пазари за нашите членови да се поврзат и да управуваат со нови пазари во доверливо опкружување. Континуирано ги идентификувам проектите за локален развој чии цели се усогласени со нашата глобална мисија за поттикнување меѓународни деловни врски и трговија. Еден од многу важните аспекти е што проектот што го носи брендот WTC ја има целосната поддршка од локалната самоуправа и бизнис заедницата, како и тоа што може да придонесе за просперитет на локалната заедница.За да илустрирам како ние во WTCA инспирираме раст и го зајакнуваме бизнисот, би сакала да напоменам дека на маргините на овогодинешниот Светски економски форум во Давос, ја споивме нашата најнова членка од Индија со повеќе лиценци (лиценци за WTC Шамшабад, Висахапатнам, Хосур и Genome Valley) со WTC Lugano, нашата долгогодишна членка од Швајцарија, со цел да се истражат можностите за заедничко дејствување. Во април учествувавме на годишната конференција на Економскиот форум Делфи и ја искористивме оваа исклучителна меѓународна платформа за мрежно поврзување за да разговараме со градоначалникот на Атина како можеме да ги здружиме силите и да го охрабриме започнувањето на нов комерцијален проект WTC во грчкиот главен град, пазар каде уште не сме присутни. Ќе ги промовираме уникатните вредности на WTCA на нашите водечки регионални и глобални собири оваа година.Европската WTCA заедница се подготвува за првиот Отворен ден на инвеститорите на 10 јуни во германскиот град Дрезден. Дали тоа ќе биде можност за воспоставување нови врски со германски компании и кои се главните теми и цели на таа средба?Без разлика дали сте градски претставник, инвеститор во недвижнини или бизнис лидер, премиерниот отворен ден на инвеститорите на WTCA под слоганот „Отклучете го потенцијалот на WTC“ под покровителство на WTC Dresden ќе претстави вредна перспектива за иднината на глобалната трговија и многуте придобивки на WTCA лиценца.Учесниците на Денот на инвеститорите ќе добијат корисни сознанија за богатата историја и глобалниот досег на деловната мрежа WTCA и кохерентни увиди од серија презентации од експерти на WTC. Експертите ќе посочат како лиценцата WTCA воведува вистинска револуција на европскиот пазар на недвижности и ги претвора обичните згради во динамични меѓународни деловни центри кои привлекуваат светски компании, постигнуваат повисоки стапки на изнајмување и поттикнуваат иновации и инвестициски текови. Од друга страна, преку 50 европски делегати на WTCA од различни сектори – од Даблин и Ротердам до Лисабон и Ереван – со нетрпение очекуваат да создадат нови деловни врски со бизнис заедницата во Саксонија и да ги споделат своите искуства со поширока група потенцијални инвеститори од Светскиот трговски центар.Од моја професионална гледна точка, вистинската работа започнува по Денот на инвеститорите, кога има работни посети низ Германија, чија цел е да се поддржат носителите на одлуки од јавниот и приватниот сектор и да се претстават начините на кои може да се реализира WTCA лиценцата. целосниот потенцијал на нивните развојни проекти . Во време на бројни структурни предизвици со кои се соочуваат европските економии, можноста за стекнување и освојување конкурентска предност во атмосферата на доверба што ја обезбедува WTCA станува позначајна од кога било.пр објава...
ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber Скопјани велат дека цената за такси-превозот е неосновано висока, затоа што во меѓувреме основниот трошок за гориво се стабилизирал и не е така висок како за време на енергетската криза. Според податоците на глобалната платформа Numbeo, просечната цена на такси превозот во Скопје е еден од најевтините во однос на другите главни градови. Помеѓу набљудуваните градови, најдобри цени се во Скопје, каде за возење ќе платите речиси половина помалку од Загреб. Од она што можеше да се провери, нема значителен раст кај приходите кај скопските такси-компании во 2023, а кај некои од нив дури има и намалување. Пад има и кај бројот на вработени кај некои. Најголеми приходи имаат „Глобал“, „Каммео“, „Рива“, „АС Вардар“ и „Теникс“.Кај голем број такси служби возачите се самовработени, а приходот е наменет само за неколкумина вработени во логистиката. Се смета дека голем број од таксистите немаат регулирани дозволи за работа.Во Скопје има 2.700 таксисти, според бројот на лиценци издадени од Град Скопје. Од Асоцијацијата на авто-такси превозници, во која се членови компаниите кои имаат свои возила и кои вработуваат таксисти, велат дека состојбата со такси превозот е лоша поради нелојалната конкуренција. Голем е бројот диви таксисти, кои не плаќаат никакви давачки кон државата и возат со стари и нееколошки возила. И покрај големиот број издадени лиценци, во Скопје попладне, а особено навечер не може да се најде слободна кола.Советот на Град Скопје во 2022 го усвои барањето на таксистите за формирање на нови тарифи и цени. Со одлуката се формираа три тарифи за такси превоз во зависност од тоа колку е цената на горивото. Операторите се правдаа дека превозот не зависи само од горивото. Поскапена била работната сила, деловите за возилата, тука е и нелојалната конкуренција. Првиот економски удар такси компаниите го почувствуваа во пандемијата, а со енергетската криза тој се зголеми. Голем број од такси компаниите ставија клуч на врата.Минатата година со 1.556 такси возила се превезени 14.341.000 патници на ниво на Македонија, од кои 12.749.000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1.592.000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Таксистите извозиле вкупно 55.793.000 километри, од кои 47.487.000 низ градските улици, додека во превозот меѓу градовите се остварени 8.306.000 километри. Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици. Во периодот за кој е водена статистиката таксистите потрошиле 184 тони бензин, 2.752 тони дизел и 2. 239 тони автогас.Во продолжение приходите за 2023 на најпопуларните такси-компании во Скопје.Извор: Централен регистар...
OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица – маж и жена кои се осомничени дека во група извршиле грубо насилство врз дете родено 2009 година, со што сториле кривично дело – Насилство согласно член 386 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.„Двајцата сопружници, на 15 мај, влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие. Го фатил детето за уво, го стапнал на ногата и го тегнел, а за тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не може да му помогне и да го одбрани ученикот. Со насилството двајцата предизвикале чувство на несигурност и вознемиреност кај другите ученици, кои од страв кога заминале осомничените барале наставничката да ги заклучи во училницата за да не се вратат“, соопштија од ОЈО. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување куќен притвор за осомничениот татко. Предлогот беше прифатен и на осомничениот му е определена притворска мерка....
В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse Life Прв до врв“ – најмасовното планинско искачување во регионот, во организација на здружението за спорт и рекреација „ПРВ ДО ВРВ“ и Шпаркасе Банка АД Скопје, како главен спонзор. На овој традиционален спортски настан на Водно ќе се натпреваруваат 4.000 велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам, e-bike (електрични планински велосипеди) и Summit Run (team-building трка за компании), што е досега и рекорден број учесници. Настанот започнува во 9:00 ч. со пристигнување и подготовка за старт. Во 9:45 ч. почнува стартот на велосипедски трки, додека во 10:00 ч. стартот на трката во планинско трчање. По пристигнување на учесниците на врвот на Водно, во 10:30 ч. започнува традиционалниот пикник со музичка програма со диџеј Вито и бендот „Session Selection“, а веднаш потоа ќе следува и церемонија на прогласување на најдобрите. Главниот покровител на настанот, Шпаркасе Банка, ќе има интерактивен „лаунџ корнер“, како и награди за посетителите, а обезбеди и награден фонд во износ од 1.000 ЕВРА што ќе ги освојат и ќе ги поделат сите оние што ќе урнат еден од шесте рекорди во трките за планинско трчање, друмски велосипедизам и планински велосипедизам, и кај мажите и кај жените. Годинава новитет се новите медали воведени за различни возрасни категории, и тоа: деца до 12 години, деца до 16 години, возрасни од 40-49, возрасни од 50-59, возрасни од 60-69 и возрасни 70+. Шпаркасе Банка АД Скопје, преку платформата Sparkasse LIFE, е интензивно фокусирана на промоција на спортот и на здравите животни навики, и во тој правец, веќе втора година по ред, е главен спонзор, a манифестацијата го носи називот „Sparkasse LIFE ПРВ ДО ВРВ“. Преку платформата „Sparkasse Life“, Шпаркасе Банка продолжува интензивно да поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред. Банката останува посветена на визијата да биде водечка по квалитетот на банкарските услуги, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените. Воедно, им посакува среќа на сите пријавени учесници и им порачува да веруваат во себе и во силата на тимот како предуслов за успех, а оттаму да си заминат со убави спомени и со нови пријателства. пр објава...
Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber И оваа година Гранд Скопје останува главен поддржувач на Конференцијата за недвижности Скопје како еден од најистакнатите и активно ангажирани чинители во урбанистичкото планирање што ги следи современите архитектонски трендови. Посветеноста за поттикнување на развој и иновации на пазарот на недвижности, не само во Македонија туку и на меѓународно ниво, е главниот мотив за Гранд Скопје и оваа година да биде Prime Sponsor на Конференцијата за недвижности и преку своите врвни експерти да ја претстави успешната приказна на инвеститорот МГ Фешн токму преку комплексот Гранд Скопје. Докажано искуство во градското урбанистичко планирање е причина што Гранд Скопје е главен поддржувач на панел дискусијата насловена „Урбанизација и урбано планирање“ во Рамки на Конференцијата. Преку својот извонреден пример „Новото обележје на градот“, Гранд Скопје пред присутните ќе претстави како урбаното планирање влијае на долгорочниот развој на градот. Во фокус на станбено-деловниот комплекс Гранд Скопје е редефинирањето на урбаната слика на центарот на градот. Чувствувајќи ги потребите на граѓаните за квалитетен градски живот, покрај премиум домување, во рамки на комплексот е предвиден нов урбан парк на површина од близу 7.500 м2 што е приближна големина на Плоштадот Македонија. Паркот ќе содржи разновидно парковско зеленило налик на светските урбани паркови во кое жителите и посетителите ќе уживаат во оаза на спокој среде раздвижениот градски пејзаж. Покрај тоа, Град Скопје директно го поддржа и панелот насловен „Канцелариски згради“ на кој професионалците кои работеа на проектот ќе ги споделат трендовите, како и искуствата за успешно справување со предизвиците што ќе одговорат на променливите потреби на компаниите. Гранд Скопје подготвува и ексклузивно изненадување за присутните на Конференцијата, но и сите заинтересирани за инвестирање во иднината и во домување со ознака за квалитет, удобност и безбедност. пр објава...
Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни предлози,аи во двата случаи обвинет е струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за поставување на некомпетентни директори на училишта во струшко.Во прашање се две дела - несовесно работење во службата и фалсификување исправа, а поврзани со работата на училишта на територијата на општина Струга. Мерко во првиот случај поставил директорка со фалсификувани дипломи, а во вториот случај назначил за директор лице кое го нема потребното искуство.Во првиот предмет обвинети се четири лица. Првообвинетата – наставник по француски јазик во основно училиште во Велешта употребила три лажни јавни исправи како вистинити, кои ги искористила за полагање стручен испит во Државниот испитен центар. „Останатите тројца – градоначалник на општина Струга, директор и помошник-директор на училиштето ги прифатиле фалсификуваните документи во постапката за полагање стручен испит, вработување како наставник, но и за назначување на првоосомничената за в.д. директор на училиштето во периодот од 19.04.2022 до 06.09.2023 година.Во вториот предмет, обвинет е градоначалникот на општина Струга за кривично дело – Несовесно работење во службата од 353-в, бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основно училиште во селото Подгорци именувал лице кое не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основно образование. Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11.11.2022 до 25.04.2023 година“, објави Обвинителството....
Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber Силк Роуд Банка АД Скопје неодамна го модифицираше станбениот кредит за клиентите физички лица се со цел да понуди станбен кредит со најповолни услови на пазарот. Имено, клиентите на банката ќе може релаксирано да инвестираат во свој, нов конфорен дом, користејќи ги новите услови со 3.75% фиксна каматна стапка за 10 години со полиса за животно осигурување. На тој начин се овозможува сигурност во отплатата и заштита на целото семејство во период од максимум 30 години. Дополнително, во преостанатиот период каматната стапка е променлива и изнесува 5,5%. Станбениот кредит на Силк Роуд банка е наменет за физички лица кои се во редовен работен однос и пензионери и истиот може да се користи за купување на стан/куќа, како и за рефинансирање изложеност во други банки по основ на станбен кредит. Максималниот износ за кредитниот производ е 400.000 евра, а клиентите добиваат и грејс период од 12 месеци, ниска стапка на вкупни трошоци и без надоместок за проценка. Исто така, кредитот е со намалено учество од 15% и без надомест за ликвидација со сопствени средства. За сите заинтересирани кои купуваат недвижност во тек на градба, Силк Pоуд банка има развиена соработка со бројни, реномирани градежни компании од земјата. Со оваа поволна понуда за станбени кредити на Силк Роуд банка, новиот дом за сите потенцијални корисници може да стане реалност, и тие да ја почнат новата фаза од нивниот поквалитетен живот. Повеќе информации за кредитот клиентите можат да добијат на официјалната веб-страница на банката, да се обратат во најблиската експозитура на банката, како и на телефонскиот број 02 32 51 900.ПР објава...
ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber Основен суд се произнесе околу Љупчо Палевски Палчо кој беше екстрадиран од Турција.Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со осомниченото лице Љ.П. кое на 15.05.2024 година беше екстрадирано од Р. Турција и пренесено во Истражниот затвор Скопје, Основен кривичен суд ја информира јавноста за следново. „Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен суд Скопје е доставно официјално известување за екстрадицијата на осомничениот за кој веќе е определна мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, како и барање за ангажирање на адвокат кој ќе го застапува во текот на постапката. Судот, во рамки на Законските одредби ги издава сите дозволи поврзани со истражната постапка која е во надлежност на Основно јавно обвинитeлство – Скопје и добиените барања ги доставува до предложените адвокати за нивно понатамошно постапување.Дополнително, судија на претходна постапка во координација со надлежниот Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод на осомниченото лице за негово произнесување во однос на околностите во предлогот на Јавниот обвинител за определување на мерката притвор, а за донесеното решение јавноста ќе биде благовремено известена“, известуваат од Основен кривичен суд Скопје....
Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“! Од 16 мај до 16 јуни, нашата метропола ќе пулсира во ритамот на фузијата на литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот, умешно комбинирани и споени во богатата програма на првото издание на настанот што е во организација на „Литература.мк“. Главната мисија на фестивалот е да ѝ понуди на публиката квалитетна содржина, но и да даде поддршка на авторите од сите области на културата. – „Видик“ е остварување на нашата долгогодишна визија и желба да направиме фестивал за литература, музика... култура. Да ја пополниме онаа празнина со настан што ќе ги спои сите аспекти на уметноста, односно да направиме фузија на литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот, дизајнот... Со овој фестивал даваме културно освежување на Скопје и на домашната сцена, оддавајќи им почит на нашите истакнати уметници, музичари, автори и креативци, но и поттикнувајќи ги новите таленти, кои се дел од нашата креативна заедница. Верувам дека со „Видик“ ќе отвориме нови културни видици. Ве поканувам на едномесечна (интензивна) дружба и уживање со сите сетила, месец на инспирација и креативно издигнување – изјави Дарко Фиданоски, коосновач на „Литература.мк“, на отворањето што се одржа вчеравечер (16 мај), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Првата фестивалска вечер публиката уживаше во лирскиот спој на поезијата и музиката. Настанот почна со промоција на поемата „Коњски житија“ на поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски, што е во издание на „Арс Ламина“. Промотор на делото, кое ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во ракопис во 2022 година, беше Венко Андоновски, а настанот го модерираше Оливера Ќорвезироска.– Кога почнав да го пишувам делото „Коњски житија“, не планирав тоа да биде поема. Прво се родија неколку песни, кои претпоставував дека ќе ги соберам во стихозбирка. Но, како што напредуваше пишувањето, сфатив дека песните треба да почекаат за некоја друга книга или форма. Долго истражував и за приказните за коњи, споменати и опеани во книгата. Имено, застапени се најпознатите коњи од фолклорот, историјата и културата, од античко до денешно време. Најстариот коњ за кој можев да најдам запис е коњот на Сидарта (потоа Буда), коњот Кантака, па сè до коњот од стриповите за Таличниот Том... Истражував како најадекватно да ги претставам коњите и сфатив дека најдобро ќе звучи да раскажуваат во прво лице, тие (коњите) да „говорат“ за своето време, за своите јавачи и сопственици... Истовремено сакав да најдам начин како нивните искази да бидат релевантни за денешницата. Така, има низа теми што сè уште нè засегаат сите, критика на аномалиите на општеството, екологијата и друго... Многу сум благодарен на издавачката куќа „Арс Ламина“, што имаше прекрасен усет да ја (ре)објави оваа поема. Претходно, првото издание беше промотивно, само во неколку парчиња, и не можеше да се најде во Скопје. Но, со оваа публикација, книгата веќе е достапна до сите читатели. Ми претставува голема чест и задоволство што книгата ја промовираме на почетокот на фестивалот „Видик“, кому му посакувам многу успех, многу убави и инспиративни настани во прекрасниот простор на „Литература.мк“ – рече Анчевски, кој на денот на промоцијата го прослави својот 70-ти роденден, што беше одбележано со аплауз од 70 секунди. За книгата, промоторот Венко Андоновски рече: „Постојат дела што дури откако ќе се појават и ќе станат единица мерка за жанрот и за книжевноста, во нас предизвикуваат студен страв што се изразува со прашањето: ’Како сме можеле да живееме без ова дело досега?‘ Такви дела се ’Тешкото‘ (Конески), ’Пиреј‘ (Петре М. Андреевски), ’Црнила‘ (Коле Чашуле), ’Диво месо‘ (Горан Стефановски), ’Дениција‘ (Петре), ’Света песна‘ (Анте)... Такво дело за мене е и поемата ’Коњски житија‘ на Зоран Анчевски. Бравурозно и неповторливо. Единица мерка за оние што доаѓаат во македонската книжевност, без разлика дали сакаат да галопираат или да каскаат низ неа... ’Коњски житија‘ е вистински дијамант на нашето поетско творештво.“ Во продолжение на вечерта настапи скопската група „Акварела“ (Aquarela) во состав: Јани Костурски (вокал), Маја Капсарова (бас гитара) и Ѓоле Грујовски (гитара). Тие ги изведоа најубавите боса нова стандарди. Симболично, името на „Акварела“ означува океанско-сина боја, што истовремено е и наслов на еден од најпознатите џез-стандарди од Латинска Америка – „Aquarela do Brasil“ од Ари Баросо... во тон со музиката што ја негува оваа група – бразилски џез и боса нова. Програмата на „Видик“ продолжува, вечерва, во 21 часот, со концертот на џез-групата „Парусион груп“, во состав: Ѓоле Грујовски (гитара), Јован Цветковиќ (пијано), Дионис Стратров (бас), Петар Колевски (кларинет и саксофон) и Михаил Парушев (тапани). Во продолжение проследете ја целата програма на „Видик“. https://www.literatura.mk/vidik*пр-објава...
„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Тој беше министер за финансии, а тие, Бранимир Јовановиќ и Рилинд Кабаши соработуваа со него во неговиот кабинет. Се бореа за повисоки даноци за богатите и за повеќе права на работниците. Потоа патиштата ги однесоа на различни страни..., но пријателството останува. Сега повторна средба, во Виена. „Една народна мудрост вика дека ‚без другари не се оди ни на свадба, а со добри другари не се плаши да одиш во војна'“. Со Бране и Рилинд, не се плашев од ниту една битка“, напиша ексминистерот за финансии Драган Тевдовски на својот фејсбук профил....
Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Министерството за внатрешни работи објави дека терористот Бесим Красниќи е екстрадиран од Косово. Тој беше познат како еден од кондовската група која пред две децении се закануваше со напад на Скопје, а во меѓувреме доби затворска казна од 28 години. Сега, како што информира МВР, е спроведен во КПУ Идризово.„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (17.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го завршија процесот на екстрадиција од Косово во Република Северна Македонија на Бесим Красниќи (44), кој се бараше со меѓународна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување на казна затвор за сторени кривични дела разбојништво, тешки дела против општата сигурност и казнување за подготвување во врска со кривично дело тероризам“, извести МВР.Основниот суд во Урошевац пред десетина дена соопшти дека му изрекол мерка притвор во траење од 40 дена на македонски државјанин, кој е уапсен од косовската полиција на 3 мај, врз основа на меѓународна потерница, издадена на барање на Северна Македонија.Агим Красниќи, Бесим Красниќи, Сехат Рамадани и Фадиљ Точи беа уапсени во Урошевац. Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) добило известување од косовските колеги. Браќата Красниќи и нивните соработници од кондовската група пред, речиси, две децении беше страв и трепет во Скопско.На веб страницата на македонското МВР, во делот за потраги, објавени беа меѓународни потерници за сите четворица. Красниќи и Рамадани се во бегство од февруари во 2020 година, кога не се вратија во штипскиот затвор по слободен викенд, иако имаа да издржат уште околу три години од вкупно 15 години затвор. Бесим Красниќи, брат на Афим, пак, се бараше за издржување на вкупно 28 и пол години затвор за серија на кривични дела, Фадиљ Точи треба да издржи 41 година и 7 месеци за 10 кривични длеа....
ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Двајца советници од советничката група на СДСМ во Советот на општина Кисела Вода, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ.Станува збор за советници од политичките партии ЛДП и ДС кои беа во советничка група со СДСМ. Тие сега ја напуштија советничката група на СДСМ.Оваа информација ја објави самиот градоначалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кој им изрази благодарност на двајцата советници.„Благодарност до Јане Петковски и Елизабета Стефковска што ги препознаа победничките политики кои носат подобра иднина за нашите жители. Да живее Македонија, порача градоначалникот на Кисела Вода“, Орце Ѓорѓиевски.https://www.facebook.com/reel/429705893021973...
„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во текот на вчерашниот ден на новинарско прашање за проектот на Коридорот 8 истакна дека се разгледува можноста за раскинување на договорот со конзорциумот Бехтел и Енка, велат од Европскиот фронт.„Европскиот фронт смета дека раскинувањето на договорот за најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата и од витално значење за економскиот развој на земјата е неприфатлив и невозможен чин. Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот Бехтел и Енка.Оценуваме дека ваквиот став е обид да се минимизира големата работа и најголемиот проект во историјата на државата што досега прогресивната и проевропската Влада го реализираше.Договорот со Бехтел и Енка е потпишан според сите законски одредби, коректен е од секој аспект и никој не може да ја оцрни неговата содржинска исправност и бенефитот што неговата реализација и го носи на државата.Јавно прашуваме, дали е ист ставот против Коридорот 8 и на албанската опозиција “Вреди”, губитниците на парламентарните и претседателските избори?!Досега во овие неколку дена не нарекоа “македонски албанци“, рекоа дека нема уставни измени, дека нема европска перспектива, дека Охридскиот договор ќе биде суспендиран и дека опозицијата што ги изгуби изборите нема ниеден услов за формирање на идната Влада.Дали и лидерите на албанската опозиција ги делат овие ставови?“ велат оттаму....
УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Матурската прослава на деветоодделенците од основното училиште „Владо Милиќ“ во Доња Горица, Црна Гора денеска тргна целосно наопаку кога децата ја запалија училишната зграда додека палеа факел. Во пожарот за среќа нема повредени.Директорката на училиштето „Владо Милиќ“ Ивана Милиќ за црногорските медиуми изјави дека освен големата штета која допрва треба да се утврдува, во пожарот во училиштето нема повредени.„Штетата допрва ќе се утврдува“, кратко прокоментира Милиќ за „Вијести“.Таа за новинарите пред училиштето изјави дека инцидентот се случил околу десет часот.„На палењето на факелот учествуваа сите ученици од деветто одделение“, рече Милиќ.Како што може да се види на неколку видеа кои кружат на социјалните мрежи, децата панично бегале колку што подалеку од училиштето додека пламените јазици го зафатиле покривот на образовната институција. Според видеото, најисплашени биле учениците од пониските одделенија кои при евакуацијата со неверување гледале во чадот кој се протегал на неколку метри до небото. На теренот имало пет екипи од пожарникариВршителот на должноста командант на Службата за заштита и спасување Подгорица Здравко Блечиќ за новинарите изјави дека на местото на настанот излегле пет екипи со 15 пожарникари. „Пожарот зафатил дел од покривот и површина од 40 до 50 метри квадратни. Пожарникарите имаа проблеми со приближувањето и пристапот до овој дел од училиштето, но со помош на чуварот кој беше многу брз, успеаја“, изјавија Блечиќ.Тој рече дека штетите во училиштето се големи.„Влажноста и употребената вода може да предизвикаат штети и во училниците. Очекуваме пожарот целосно да биде изгаснат за околу 15 минути“, рече Блечиќ.Фото: Принтскрин/Инстаграм...
„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Модерните агротехнички и вински практики и иновативни модели во лозарството, како и мерки за намалување на влијанието на климатските промени, беа во фокусот на стручното предавање што го организираше Винарската визба „Тиквеш“ во М6 Едукативниот центар. Ова стручно предавање е дел од Винската летна школа која се одржува во рамки на Регионалнатамеѓувладина иницијатива за рурална соработка (The Regional Rural Development Standing Working Groupin South Eastern Europe- SWG), а се организира со поддршка на ИАК Консалтинг и Универзитетот Газенхајм од Германија. На Винската летна школа учествуваат студенти по лозарство, претприемачи во винската индустрија, владини експерти и професионалци од областа на производството и маркетингот на вино и винскиот туризам од земјава, но и од Албанија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Република Српска и Косово. За најновите современи практики во управувањето со лозовите насади, вклучувајќи ги и агро-техничките мерки за справување со климатските промени и најсовремените методи за заштита и контрола зборуваше Александра Ристова, раководител на одделот за управување со лозови насади во ВВ „Тиквеш“, споделувајќи ги искуствата на винарницата за воведување на најновите техники за прецизно лозарство и користење на модерни дигитални алатки базирани на вештачка интелигенција, кои значајно влијаат на подигнување на квалитетот на целокупниот процес на создавање врвновино. Таа посочи дека примената на напредни дигитални решенија е резултат на дологодишната визија за најсовремено менаџирање на лозовите насади која се имплементира со поддршка на водечкиот промотор на иновации во лозарството Џовани Бигот. Енологот Никола Кузмановски на предавањето ги претстави напредните технологии за производство на вино, сегмент во кој ВВ „Тиквеш“ реализираше сериозни инвестиции во нова технологија, а зборуваше и за првото органско вино кое компанијата го произведе на лозовите насади во Лепово.Во рамките на стручното предавањесе обрати и Светозар Јаневски, претседател на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“ кој испрати порака до младите учесници дека доколку сакаатда успеат треба да се стремат кон извонредност и да работат со страст. Тој истакна дека е важно да поседуваме визија и постојанода се стремиме да воведуваме промени и да имплементираме нови иновативни решенија, посочувајќи дека „Тиквеш“ ќе продолжи да го споделува своето искуство и знаење за да помогне во зајакнување на перформансите на регионалната винска индустрија. На стручното предавање, учесниците имаа можност да се информираат и за процесот на воведување ЕСГ стандарди во ВВ „Тиквеш“, како и за чекорите што ги презема винарницата за целосна трансформација во зелена винарница, прва во регионот. Покрај стручното предавање, присутните беа во посета и на лозовите насади во Лепово, а ја посетија и ВВ „Тиквеш“ во Кавадарци. Во рамките на Винската летна школа, учесниците ќе се здобијат сознаења од областа на лозарството и винарството,базирани на најновите сознанија, техники и иновации. Предавањата се организирани во два модули: Меѓународен вински маркетинг и промоција на винскиот туризам и Климатски промени во лозарството и енологијата. Винската летна школа се одржува од 14 до 18 мај 2024 година....
АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра
Фактор - пред 17 часа
Добивај вести на Viber Казната за пушење во возило во Грција доколку во него има дете под 12 години изнесува 1.500 евра и одземање на возачка дозвола. Дел од медиумите во соседна Србија објавија список од казните за сообраќајни прекршоци кои се на сила во последните шест години, а кои можат да ви го уништат летниот одмор доколку планирате да летувате во таа држава. Најлошото е што во Грција веќе не постои можност некоја од изречените сообраќајни казни да се намали на половина од износот доколку ја платите во рок од десет дена. Еве ја листата:Возење под дејство на алкохол – од 78 до 1.200 евраБрзина во населено место до 20 км/ч – 100 евраПоминување на црвено светло на семафор и претекнување преку полна линија – 700 евраНеносење појас – 350 евраНепрописно паркирање – од 40 до 80 евраКористење на мобилен телефон при возење – 100 евраСрпските туристи на социјалните мрежи предупредуваат и дека во Грција е зголемен бројот на радари после граничниот премин Богородица(Евзони) и пред излезот за Солун.А, доколку казната уште не ја евидентирале грчките власти, тоа не значи дека сте се спасиле. Како што се вели на веб-страницата nikana.gr:„Грците не можат да ви испратат казна на домашна адреса, но следниот пат кога ќе влезете во Грција, доколку казната не е истечена, таа сè уште е во системот и нема да ви биде простено, туку ќе треба да ја платите. Во ЕУ постои регистар на сообраќајни прекршоци и постои голема веројатност казната да ви биде наплатена веднаш штом ќе влезете во ЕУ, секаде каде што прекршокот е направен во рамките на ЕУ“.Грција ги усогласи своите закони со ЕУ и кога се во прашање децата. Правилото за соодветно седиште важи за оние помлади од 12 години, но и ако детето е понисоко од 135 сантиметри. Ако дете веќе има 12 години или е високо најмалку 135 сантиметри доволен е безбедносен појас.Овој медиум направил анализа на казните и во Македонија, но и во Бугарија.Тие се следниве:Возење под дејство на алкохол – од 250 до 400 евраБрзина во населено место до 20 км/ч – 45 евраПоминување на црвено светло – 300 евраНекористење појас – 20 евраНепрописно паркирање – 45 евраКористење на мобилен телефон при возење – 45 евраДневно возење без дневни светла – 35 евраВо соседна Бугарија казните се следните:Возење под дејство на алкохол – од 255 до 510 евраБрзина до 20 km/h – од 10 до 180 евраПоминување на црвено светло – 25 евраНеносење појас – 25 евраНепрописно паркирање – до 102 евраКористење на мобилен телефон при возење – 25 евраАко преку ден немате средно светло, односно дневни светла – 25 евраИзвор: Мондо.рс...
ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber Порталот РАСФФ, кој предупредува и информира за небезбедна храна во Европската унија, наведува дека Швајцарија информирала дека пратката мелена пиперка од Србија содржи нелегална количина на микротоксин тенуазонска киселина и токсин алтернарија.И покрај тоа што дозволеното ниво на овие отрови е околу 10.000 микрограми на килограм, Швајцарците во примерокот пронашле 15.102 микрограми.Земањето мостри од оваа пиперка беше извршено на 18 септември минатата година, при што беше забележано дека овој зачин има потенцијален ризик, но не е дефинирана опасност по здравјето.Курир.рс...
Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber Воспитувачи, психолози, педагози, дефектолози како и родители учеа од д-р Ранко Рајовиќ за техниките за негување на интелектуалните способности на децата на еднодневниот семинар што го организира Бимилк по повод одбележување на светскиот ден на семејството. Експертот за детски развој, д-р Рајовиќ пред присутните на семинарот ги изнесе основите на системот за учење NTC (Никола Тесла Центар) со којшто се интегрираат иновативни детски активности и игри дизајнирани да го оптимизираат развојот на мозокот за време на клучниот период од раѓање до околу десет години. Д-р Ранко Рајовиќ го истакна значењето на играта како внатрешен нагон на детето, клучен елемент на програмата NTC, која стимулира сложени моторни активности, фини моторни вештини и когнитивен развој. „Програмата NTC нуди целокупен пристап за негување на детскиот потенцијал“, истакна д-р Ранко Рајовиќ. „Преку три фази на имплементација, кои опфаќаат еволуциски поддржувачки активности, класификации на мислата и дивергентно и конвергентно размислување, децата се вклучуваат во учење засновано на игра што го подобрува и сензомоторниот и когнитивниот развој“. Семинарот не само што ја олесни размената на знаење, туку и ја нагласи важноста на колективните напори на една компанија во обликувањето на посветла иднина. За организаторот на настанот, компанијата Бимилк ова е начин да се вложи во вработените, но и во воспитувачите и педагозите, за да создадат средини кои го негуваат потенцијалот на новите генерации. Со здружување на родителите и воспитувачите, БИМИЛК има за цел да негува мрежа за поддршка посветена на целокупниот развој на децата, отворајќи го патот за просперитетна заедница. „На 15 мај, Меѓународниот ден на семејството, ја славиме основната улога на семејството во нашето општество. Одбележувањето на овој ден треба да ја подигне свеста за значењето на вредностите кои се негуваат и развиваат во рамки на семејството и како тие потоа се рефлектираат на општественото живеење. Прифаќајќи ги иновативните пристапи во образованието, ние вложуваме во нашите вработени кои се родители, но и во воспитувачите од заедницата, за да создадат средини кои го негуваат потенцијалот на новите генерации. Со здружување на родителите и воспитувачите, се надеваме дека ќе поттикнеме соработка и споделување знаење за доброто на нашата заедница. Вработените за нас се семејство, најважната алка во успехот на Бимилк“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во БИМИЛК....
БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber Загреб, 9 мај 2024 – Родителството, несомнено, е најважната и најубавата животна улога, проследена со голем број предизвици со кои се соочуваат мајките и татковците од раѓањето на бебето. Таа улога е толку драгоцена со сите свои предизвици, што, иако акцентот за грижата и за негата околу новороденото бебе, главно, е на страната на мајката, сѐ повеќе се согледува важноста на татковците, па се истакнува значењето на нивното активно учество во развојот на бебето од неговото раѓање. Татковците на некој посебен начин се поврзуваатсо новороденото бебе, па со своето присуство создаваат нераскинлива поврзаност,која трае цел живот. Сето ова беа темите на овогодишната Бекутанова работилница за родители, која се одржа во прекрасната Magnolia Slastice, со познати татковци и со голем број мајки. Сѐ за најубавата улога во животот, татковската улога, ни раскажаа Стјепан Вукадин, Фабијан Павао Медвешек и д-р Натко Бек, заедно со д-р Диана Пужевски, со модераторот Мирна Медаковиќ Степинац и со специјалниот гостин Тарик Филиповиќ, кој по раѓањето на својот син покажа неизмерна доверба во „Бекутан“ и стана негов горд бренд-амбасадор.Колку е важна, но и најубава улогата на татко нагласи Тарик Филиповиќ, првиот бренд-амбасадор на „Бекутан“: „Велат дека е лесно маж да стане родител, но треба многу повеќе за да стане ТАТКО! Фигурата која јас ја паметам како најголем морален и човечки авторитет и пример. Сето пропуштено при растењето на детето тешко можеш да го надоместиш, а детето кога ќе стане возрасен човек, ќе памети многу од она што не си го пропуштил. И тоа неретко го формира како личност и го насочува понатаму во животот. Но, со сета должна почит спрема нас татковците и спрема нашите татковци, мојот наклон оди за едната и единствена – МАЈКАТА!“Значењето и важноста на рамнотежата во родителствотоги нагласи д-р Натко Бек: „Сите ниеправиме грешки, но и учиме од грешките и се трудиме да го направиме најдобротово дадениот момент. Важно е да се едуцираме и да увидуваме каде грешиме бидејќи тоа нѐ правиподобри татковци! Важен е балансот во родителството.Татковците и мајките треба рамноправно да учествуваат во растењето на детето од неговото раѓање.“„Овогодишната Бекутанова работилница ја имаше темата за улогата на татковците во растењето на децата од првите денови, со акцент врз предизвиците што ги носи родителството, а во контекст на поттикнување позитивно и рамноправно родителство. ’Бекутан’, како и секогаш, е во чекор со времето, па покани и познати татковци за да ги споделат своите искуства со породилното отсуство, но и за да кажат збор-два за поврзувањето со своите деца. Сите беа согласни дека улогата на таткото во растењето на детето е неизмерно важна“, изјави реномираниот педијатар д-р Диана Пужевски. Овој настан предизвика интерес од хрватските медиуми. Во продолжение ќе споделиме и неколку објави од портали во Хрватска:https://diva.vecernji.hr/lifestyle/svatko-moze-postati-otac-ali-ne-moze-svatko-biti-tata-22460https://www.gloria.hr/gl/mini/tarik-filipovic-o-ulozi-zivota-lako-je-biti-otac-ali-treba-puno-vise-da-bi-bio-tata-15459247https://roditelji.story.hr/Za-mame-i-tate/Stvaran-zivot/a23862/poznati-tate-o-ocinstvu-na-becutanovoj-radionici-za-roditelje.htmlhttps://miss7mama.24sata.hr/roditelji/svatko-moze-postati-otac-ali-ne-moze-svatko-biti-tata-16677...
ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber На листата на десетте најбарани криминалци во светот од страна на американското ФБИ, една личност се издвојува од останатите. Насмеана и нашминкана, Ружа Игњатова изгледа уредно дури и по сопствена налог. Оваа германска државјанка со бугарско потекло е единствената жена во оваа неславна група, но како и останатите бегалци, таа користи неколку имиња. Најпозната е по алијасот Ружа Пламенова или доктор Ружа Пламенова, како и скратената верзија „Ружа П. Пошироката јавност е попозната по прекарот кој некогаш ја импресионираше - Crypto Queen.Ружа Пламенова Игњатова оркестрирала измама вредна неколку милијарди долари. Таа беше основач на VanCoin, бугарска компанија која продаваше наводни криптовалути. Наводно, заедно со советникот и колега Френк Шнајдер, им наложила на потенцијалните инвеститори да ги префрлат своите инвестициски фондови на сметките на нејзината компанија, за да можат да купат специјални пакети на компанијата VanCoin. Благодарение на неколку вакви измами, се проценува дека Игњатова со помош на својата компанија заработила повеќе од четири милијарди долари.Измамничката се нарече себеси крипто кралица и ја рекламираше нејзината компанија Vancoin како профитабилен ривал на Биткоин на растечкиот пазар на криптовалути. Само 16 месеци подоцна, Игнатова се качи на авион во Софија за Атина, а потоа исчезна, бидејќи оттогаш никој не ја видел. Властите тврдат дека Vancoin била пирамидална шема која измамила луѓе од повеќе од четири милијарди долари.„Игнатова и нејзините партнери ги измамиле жртвите од милијарди долари тврдејќи дека Ванкоин ќе биде „убиецот на биткоинот“. Всушност, ванкоините беа целосно безвредни. Нивните лаги беа дизајнирани со една цел - да ги натераат обичните луѓе ширум светот да предајте ги нивните тешко заработени пари“, рече јавниот обвинител на Њујорк Демијан Вилијамс.Откако украла огромна сума пари, исчезнала без трага и се уште е во бегство. ФБИ, за да ја пронајде, нуди награда од 250.000 долари за секој што има повеќе информации за нејзиното место на живеење.Во февруари 2018 година беше поднесено обвинение со кое Игњатова се товари за неколку точки - меѓу другото, перење пари, како и заговор за измама со хартии од вредност.Нин.рс...
НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber Наместо повик до стручните служби за пронајдена неексплодирана граната, граѓани кои ја пронашле истата ја оденеле во полициска станица. Како што информираат од Центарот за управување со кризи, согласно информации добиени од регионалниот центар за управување со кризи - Штип вчера во 12.30 часот во полициската станица во Берово било однесено неексплодирано убојно средство, за кое се претпоставува оти потекнува од Првата светска војна. Веднаш било преземено од страна на пиротехничар од ДЗС - Берово за негово уништување, појаснуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).- Ваквата постапка можеби изгледа правилна, но тоа е само делумно, зашто е контактирано со Полицијата и сепак од безбедносен аспект, е несоодветна. Граѓаните заради своја безбедност и на околината околу нив, треба да постапуваат согласно безбедносните препораки при вакви случаи. Кога ќе пронајдат какви било неексплодирани убојни средства или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку едноставно да се јават на 112 во ЦУК. Ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи од страна на професионалци - пиротехничари, безбедно за нив и за сите во нивната околина - апелираат од ЦУК....
Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber Фото: Градска.мкКуќарките што беа поставени на скопскиот плоштад за Нова година таму беа изложени до април. Потоа беа отстранети, но за кратко време повторно беа вратени. Градоначалничката Данела Арсовска денеска на социјалните мрежи даде објаснување за ваквиот потег кој ги збуни скопјани.„Куќарките не се на градот туку на Јавното претпријатие Паркови и зеленила, а во функција за Отворените денови на 23 скопски средни училишта кои во следните неколку дена на Плоштадот Македонија ги запознаваат полуматурантите од градот и земјата со образовните програми и профили кои ги нудат.“, напиша Арсовска денес претпладне.Таа порача дека овие тие не се „новогодишни“, туку дека ќе се користат по потреба.„Куќарките не се новогодишни, еве сега се поставени во пролет дали тоа ги прави пролетни?Ги повикуваме медиумите да проверат низ останатите градови каде од Нова година па Велигден и до денес сеуште не се поместени куќарките кои се поставени, за да нема перцепција дека за Скопје има хајка за истото!Ајде секој ден ќе си читаме лажни вести, малициозни манипулации и напади како и во изминатите две години. Ама за другите од било која гарнитура не смеете збор да пишете. “Како и до сега.”, дополни градоначалничката....
„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber Остваруваат ли најдобрите пет компании членки на Стопанската комора над една милјарда евра профит заедно. Колку тежат нашите бизнисмени? Колку време е во комората Бранко Азески и дали и тој самиот некогаш се обидел да се оствари со своја бизнис компанија. Денеска може и сами да го видите целото интервју со првиот човек на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески во поткастот на Фактор, „Бизнис Муабети“. Нашиот колега Мишко Иванов, без влакана на јазикот го прашуваше Азески за сите теми, но ниту Азески не се возджа од коментари. Една од многубројните теми на кои се дискутираше беше и прашањето кој краде, или уште поинтересно кој не краде кај нас. - Мислам дека и асистентките крадат од спајалиците. Ако секој ден крадат по една спајалица ќе го рушат системот. Секако симболично кажано. Ако во хотел секој ден се краде по една вилјушка, ќе се распадне хотелот. Епа сега, една држава да се краде од буџетот 32 години, на немилосрден начин, и да не може тоа да се спречи... – вели Азески. Иванов и Азески разговараа на многу теми, меѓу кои и какви акции биле преземени во времето на распаѓањето на Југославија, каде меѓу другото ги начнаа темите комуњар, вмро-вец... Политичките теми секако се неизбежни во разговори со личност која важи за главен претставник на бизнис заедницата на Македонија. - Ако размислувам на темата како обичен граѓанин, би рекол дека обидот во еден мандат да се решат две клучни прашања, и со Грција и со Бугарија, е тешка грешка. За тој терет да го изнесе само една партија. Дали е храбро да загинеш, не знам – вели Азески. Меѓу другото Азески укажува на кој начин би можела нашата земја да се развива во иднина. - За Македонија, најдобро решение е да се преземе германскиот случај, во кој ќе се направи заедничка влада на сите партии, во кои ќе се подделат одговорностите и правата, без да се заборават сите аномалии кои биле во претходниот период и кои треба да бидат санкционирани – вели Азески. Во свој препознатлив стил Азески со конкретни одговори на сите прашања. Целото интервју може да го гледате на Јутуб каналот „Бизнис муабети“, но и на нашиот сајт, каде соговорниците продискутираа и на темата олигархија, или моќта на олигарсите во нашата земја, за кои често се споменува дека ги диктираат политичките одлуки. Слушнете што точно кажа Азески.Фото: Принтскрин/Јутуб...
ИЛИЈА ДИМОВСКИ БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ДУИ И АХМЕТИ: Требаше да размислува кога водеше процеси кои го исклучија македонскиот народ, преговараа сами за македонски прашања
Фактор - пред 19 часа
Добивај вести на Viber Илија Димовски во гостување на тв емисија, јасно ги кажа границите кои според него ги премнале ДУИ и Али Ахмети.„ДУИ требаше да размислува, кога беше стимуланс на одредени процеси во Македонија, ги подбутнуваше а некои и ги водеше кои што го исклучи македонскиот народ , тие одлучуваа за мене. Некои од нас и ги знаат релациите на ДУИ со грчката држава, со бугарската држава, при креирање на одредени политики. Јас се чувствувам разочаран од тоа што дел од албанските политичари си поиграа на две нивоа со македонскиот народ. Првото на ниво дека преговараа лично сами, без легитимитет за македонски прашања, второ, манипулираа пед Македонците со тоа! мене не ми треба Али Ахмети да ми каже ека он ми го гарантирал и немал проблем со македонскиот идентитет, јазик и тоа. Но имам проблем ако Али Ахмети оди без знаење на македонската држава во некој друг град и преговара за македонското име, јазик, идентитет и тн.“ рече тој....
ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите
Фактор - пред 19 часа
Добивај вести на Viber Компаниите Peakside Capital и Generali Investments го продадоа хотелот Austria Trend во Љубљана на српската компанија Агромаркет, пренесува СТА.Фондот Generali Adriatic Value, со кој управува Generali Investments, во своето портфолио ги има, меѓу другото, деловните згради во Љубљана Тиволи Центар и Стеклени Двор и трговскиот центар Аркадија во Домжале.Хотелот со четири ѕвезди, кој Generali Adriatic Value Fund го купи во 2019 година од австриската компанија CA Immo, се наоѓа на северната обиколница на Љубљана. Според веб-страницата, има 214 соби и 12 апартмани, ресторан, фитнес центар, велнес центар, конференциски центар и подземна гаража, пишува Форбс Србија.Агромаркет е во сопственост на српскиот бизнисмен Душан Мојсиловиќ, кој веќе е мнозински сопственик на Љубљанската семенарна, а за што кон крајот на минатата година веќе го извести телото за заштита на конкуренцијата во таа држава. Кој е Душан Мојсиловиќ?Душан Мојсиловиќ е еден од најбогатите Срби, а на последната листа на најбогати во регионот, весникот Недељник неговото богатство го процени на речиси 800 милиони евра. Пошироката јавност не го познава, бидејќи ретко се појавува во медиумите.Како што напиша ИнфоКГ, која го прогласи за најмоќен крагуевчанец, Мојсиловиќ е роден во 1960 година во Крагуевац. Дипломирал за земјоделски инженер, а го основал Агромаркет во 1991 година.Компанијата е производител, еден од водечките увозници, претставници и дистрибутери на широко портфолио на производи кои ги задоволуваат потребите на клиентите од Западен Балкан.Освен што ги претставува брендовите на водечките светски производители на пестициди, Агромаркет е и мнозински акционер на Галеника Фитофармација и сопственик на ПИК Јужен Банат. Освен во Србија, има регистрирани фирми и во Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.Агромаркет има и своја фондација која ја финансираше изградбата на дневниот центар за лица со посебни потреби „Вера“ кој беше отворен кон крајот на минатата година во Крагуевац.Бонитет.комФото: Booking.com...
Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова
Фактор - пред 19 часа
Добивај вести на Viber Министерот за надворешни работи Јоргос Гарапетритис во свој коментар за инаугурацијата на Гордана Силјановска Давкова како нов претседател на Македонија рече дека грчката Влада реагирала со „исклучително брзи рефлекси“.На само неколку часа по инаугурацијата на новата претседателка на Северна Македонија се активираа претседателката на Европската комисија, претседателот на Европскиот совет, портпаролот на Европската унија, НАТО и многу земји и ова благодарение на грчката надворешна политика, која со брзи рефлекси успеа да го интернационализира прашањето и ќе продолжиме со тоа, рече утрово грчкиот МНР, јави дописничката на МИА од Атина.Шефот на грчката дипломатија ова го искоментира во Парламентот како одговор на пратеничко прашање од партијата Победа.- Договорот од Преспа е договор што има огромни проблеми, но претставува меѓународно право кое мораме да го почитуваме бидејќи согласно Уставот е над секоја друга законска одредба, рече Герапетритис....
БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците
Фактор - пред 20 часа
Добивај вести на Viber Главниот словенечки заемодавач Нова Љубљанска банка соопшти дека има намера да лансира целосно готовинска доброволна јавна понуда за преземање на австриската Адико банка која има силно присуство на Балканот.„НЛБ моментално нема акции во Адико и има намера да стекне значително мнозинско учество во Адико со лансирање на понудата“, изјавија од словенечката банка при поднесувањето на понудата до Љубљанската берза во средата.Понудата за преземање од НЛБ ги таргетира сите издадени акции на Адико за сума од 20 евра (21,75 американски долари) по акција на основа на дивиденда, соопшти банката.Понудената цена на акцијата подразбира премија од 22,15 отсто наспроти шестмесечната волуменски пондерирана просечна цена на акцијата од 16,37 евра. Тоа подразбира и премија од 4,99 отсто во однос на цената на затворање на берзата заклучно со 15 мај 2024 година, последниот трговски ден пред објавувањето на НЛБ за лансирање целосна понуда за преземање на Адико и премија од 32,01 отсто во однос на цената на затворањето на акцијата, од 15,15 евра на 22 март 2024 година, последната цена на затворање на акцијата пред објавувањето на Agri Europe Cyprus Limited на 25 март 2024 година дека има намера да објави делумна тендерска понуда за акции во Адико.Согласно австрискиот Закон за преземање, понудата за преземање на Агри Европа Кипар за 17 отсто од акциите во Адико ќе биде објавена помеѓу 13 и 16 мај, објави австриската комисија за преземање минатиот месец. Агри Европа Кипар е во сопственост на српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ.Адико банка произлезе од источноевропскиот бизнис на пропаднатиот австриски заемодавач Хипо Алпе Адриа и беше купена од фирмата за приватен капитал Advent International и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) во 2014 година. Адико, која беше котирана на Виенската берза во 2019 година, е активна во Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија.На почетокот на април, Alta Pay Group на српскиот бизнисмен Давор Мацура рече дека купила 30 отсто од Адико банка, планирајќи да стане еден од водечките играчи во банкарскиот сектор во поранешна Југославија.Покрај обезбедувањето на НЛБ Групацијата со поголем обем и способност во четири од нејзините постоечки земји на присуство - Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, преземањето на Адико ќе и овозможи на НЛБ да влезе и во соседна Хрватска, која е најголема економија во овој регион и единствениот пазар во кој моментално не е присутна НЛБ, рече во поднесокот генералниот директор на НЛБ, Блаж Бродњак.НЛБ соопшти дека под услов меморандумот за оваа понуда да биде објавен во догледно време и Agri Europe Cyprus Limited да ја објави делумната понуда што ја објави во март во согласност со правилата според Законот за преземање на Австрија, понудата на НЛБ ќе се квалификува како конкурентна понуда на делумната тендерска понуда на Агри. Во таков случај, сите акционери на Адико кои ја прифаќаат делумната тендерска понуда на Агри пред објавувањето на меморандумот за понуда за понудата објавена од НЛБ можат да се повлечат од нивната соодветна изјава за прифаќање на делумната тендерска понуда на Агри до четири трговски дена пред крајот од периодот на прифаќање на делумната тендерска понуда на Агри и ги понудуваат своите акции на Адико во понудата што ја објави НЛБ, се додава.Адико на својата веб-страница вели дека од 30 април, негов најголем поединечен акционер бил Агри Европа Кипар со 9,99 отсто, следен од DDM Invest III AG (Швајцарија) со 9,90 отсто, Alta Pay Group со 9,63 отсто, со седиште во САД Wellington Management Group LLP со 8,85 отсто и ЕБОР со 8,40 проценти.Акциите на Адико во четвртокот на Виенската берза се тргуваа за 4,99 отсто повисоко за 20 евра до 13.24 часот по средноевропско време. Акциите на НЛБ во исто време на Љубљанската берза се тргуваа за 2,26 отсто поскапо, за 113 евра.Извор: SeeNews...
„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив
Фактор - пред 20 часа
Добивај вести на Viber Укинување на патните трошоци за собраниските пратеници ќе биде една од заложбите на пратениците на „Левица“ во новиот мандат, иако ова веќе се обидоа и не успееа во истото. - Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“.Наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци - пишува во соопштението испратено од партијата Левица до медиумите. - На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица - патните трошоци да бидат укинати - посочува пратеникот Борислав Крмов.За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог - закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС.Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци....
„ОРКЕСТРИРАН НАПАД ВРЗ СКОПЈЕ ИАКО ПРВИ ПРСКАМЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ“: Градоначалничката со фото докази за другите општини
Фактор - пред 20 часа
Добивај вести на Viber По бројните написи во медиумите, но и поради нападите од бројни политички претставници упатени кон градот Скопје и градоначалничката Данела Арсовска, како за прскањето против комарци, така и за неискосеното зеленило, со реакција се јавија од градот. Од таму со фотодокази посочија и убаво објаснија дека иако градот меѓу првите ја организирал постапката за прскање против комарци, за разлика од други градови каде се прска во сред лето, а тоа низ медиумите се пренесува со глорификации, за град Скопје се пишува со најлоши коментари. - По неоснованите напади и лажните вести за дезинсекцијата во Скопје граѓаните да бидат спокојни бидејќи истата се реализира согласно можноста и временските услови на 18.05, но за дезинформациите јавноста мора да ја информираме тука бидејќи друг начин немаме.Иако сме меѓу првите кои спроведуваат прскање против комарци годинава, сепак има оркестриран напад врз Скопје, а за сите други општини се молчи иако дел сеуште ни постапки немаат отпочнато - стои на Фејсбук страната на градоначалничката Данела Арсовска. Притоа во објавата се пренесени и принтскринови од медиуми во кои се пренесува кога прскаат дургите општини низ Македонија, особено општини каде градначалници се пред се претставници од ВМРО-ДПМНЕ.- Прилог доказ кога вршеле прво прскање останатите општини во Македонија и тоа ЈУЛИ до СЕПТЕМВРИ, а никој јавно и медиумски не креирал хистерија. Градот Скопје спроведува мерки во согласност и рамки на роковите предвидени со Закон.Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 18.05.2024 година (Сабота) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.Се замолуваат засегнатите кои во изминатите неколку дена подгреваа тензии со дезинформации, со цел наштетување на Градот Скопје, да ги информираат граѓаните дека градот Скопје е меѓу првите во Македонија кои навремено ја врши дезинсекцијата во согласност со тоа кога го дозволуваат временските услови за истото бидејќи кога времето е нестабилно и врнежливо истото не се спроведува - се посочува во објавата. Еве што точно постави на Фејсбук градоначалничката:Фото: Принтскрин/Фејсбук...
TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда
Фактор - пред 20 часа
Добивај вести на Viber На ден 10.5.2024 година, ТТК Банка АД Скопје успешно го финализираше процесот на зголемување на основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда. По минатогодишниот пионерски подвиг на ТТК Банка АД Скопје на македонскиот финансиски пазар, ова е второ зголемување на основната главнина со средства на Банката преку издавање обични акции, по пат на приватна понуда. Успешната реализација е потврда за посветеноста на Банката за постигнување одржлив раст и зајакнување на нејзината финансиска отпорност. „Со задоволство го објавуваме успешното завршување на втората скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда. Тоа е доказ за нашиот здрав деловен модел, стратешка визија и оперативен капацитет. Благодарни сме за довербата што ни ја дадоа акционерите и инвеститорите, препознавајќи ги можностите за раст и спроведување на долгорочниот развоен план на ТТК Банка АД Скопје. Зголемениот акционерски капитал ќе овозможи Банката да продолжи со стратешките иницијативи за раст и иновации, да ја прошири својата понуда на производи и услуги и да ја зајакне својата пазарна конкурентност“- изјави проф. д-р Драгољуб Арсовски, претседател на Управниот одбор на ТТК Банка АД Скопје. Преку оваа емисија на акции, Банката го зголеми својот почетен капитал (основна главнина) за износ од 67.587.000 денари. Вкупниот капитал, по извршената скрип емисија на 67.587 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари, изнесува 1.033.173.000 денари, со што дополнително се зајакна билансот на состојбата на Банката. Зголемувањето на основната главнина на Банката е запишано во Централниот регистар на РСМ на ден 9.5.2024 година, а на ден 10.5.2024 година е извршен упис во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Врз основа на одлуките донесени од страна на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје, одржано на 29.3.2024 година, беше утврдено дека, за постојните акционери, исплатата на делот за распределба на дивидендата во акции ќе биде сразмерна со учеството на нивните акции во дотогашната основна главнина. За поединечни акционери кои, според висината на номиналната вредност од една акција и ограничувањата на регулаторните тела, не можат да се стекнат со акции од новата емисија, дивидендата е исплатена во паричен износ. Делот за исплата на дивиденда во паричен износ е веќе исплатен на платежните сметки на акционерите. Акцијата на ТТК Банка АД Скопје е една од најценетите, најтргуваните и високо вреднувани акции од страна на инвеститорската јавност. Оваа втора скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда ја потврдува посветеноста на ТТК Банка АД Скопје кон обезбедување иновативни решенија за своите акционери, обезбедување нови можности и придобивки од нивните инвестиции во Банката на долг рок, како и создавање дополнителна вредност за нив. ТТК Банка АД Скопје ќе продолжи континуирано да создава одржлива вредност и да обезбедува оптимални финансиски решенија за своите клиенти и заедницата. ПР објава...
„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена
Фактор - пред 21 часа
Добивај вести на Viber Берзанскиот билтен е секогаш полн со информации за состојбата на македонскиот топ бизнис, и за тоа кој е кој на домашната деловна сцена, но пртитоа треба да се има предвид дека оттука можеме да ги согледаме податоците само за домашните котирани акционерски друштва. Како и да е, април донесе зголемена пазарна капитализација на сите околу стотина котирани компании, и тоа за 2,5 проценти во однос на еден месец претходно, а бројките говорат дека на сите котирани компании таа во моментов тежи 4,4 милијарди евра. Или, толку пари би се зеле одеднаш доколку во исти момент се продадат сите акции на сите домашни котирани акционерски друштва. А, Берзата секогаш ги објавува и првите десет најтргувани акционерски друштва според нивната пазарна капитализација, што значи дека во таа десетка можеби не се оние со најголема пазарна капитализација, но тоа се најтргуваните АД кои имаат највисока вредност на своите акции. Како и да се, првата петорка се дефинитивно највредните и најмоќните во домашниот бизнис. Првата позиција и за април ја држи Комерцијална банка, најголемата банкарска институција во државава, со над 670 милиони евра пазарна капитализација. Таа акција е убедливо најтргувана и убедливо една од најрастечките хартии од вредност на домашниот пазар на капитал. Веднаш после нејзе е „Телеком“, со над 658 милиони евра пазарна капитализација. Тоа говори дека толку пари би морал да искешира некој евентуално моќен инвеститор, доколку би сакал да ги купи одеднаш сите акции на Македонскиот телеком, а кој инаку, е во доминантно странска сопственост. Или, според пазарната капитализација, меѓу овие две акциоерски друштва се води на некој начин „мртва трка“, барем според состојбата за април оваа година. Одлична пазарна капитализација има и НЛБ Банка, исто така со доминантен странски, словенечки сопственик, но со акција која е исклучително интересна за инвеститорската јавност. Таа банка е на трета позиција, со пазарна капитализација од 566 милиони евра. Веднаш зад неа е пазарната капитализација на фармацевтскиот гигант „Алкалоид“, која за април изнесува над 474 милиони евра. Акцијата на „Алкалоид“ е убедливо во врвот на најтргуваните и најбрзорастечки акции на домашната бизнис сцена, а секако, главната основа за тоа е одличниот и стабилен бизнис перформанс, кој прави инвеститорската јавност секогаш да бара акција повеќе од оваа компанија. Во големата петорка со пазарна капитализација влегува уште и Стопанска банка Скопје, со пазарна капитализација од близу 446 милиони евра, што говори дека најстарата и една од најуспешните банки во земјава е и тоа како атрактивна во оние кои сакаат да инвестираат во домашните хартии од вредност. Нафтениот гигант „Макпетрол“ има пазарна капитализација од 134 милиони евра, по него е градежната домашна компанија во одлична кондиција „Гранит“, со капитализација од близу 66 милиони евра, а по него е УНИБанка, чија пазарна капитализација изнесува 64 милиони евра. „„Реплек“ има пазарна капитализација од 46 милиони евра, додека, пак, ТТК банка, доколку сите нејзини акции се продадат одеднаш, би се платиле 23 милиони евра. Н.Н.Ф....
„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно
Фактор - пред 22 часа
Добивај вести на Viber „Лидл Северна Македонија“, според податоците кои „Фактор“ ги провери во Централниот регистар, во 2023 веќе имал 95 вработени во земјата и нивниот број за една година се зголемил за 46 отсто.Според билансот кој го проверивме, „Лидл“ иако уште не работи активно во малопродажбата, прикажал трошоци за вработените од 208.638.695 денари (3.420.000 евра) во текот на минатата година. Тоа значи дека германскиот малопродажен ланец на еден вработен во Македонија месечно трошел во просек по точно 3.000 евра. Не е познато колку од оваа сума е за нето плати, придонеси, обуки, бонуси, К-15 и слично. „Лидл“ уште во 2021 започна да објавува огласи во Македонија за повеќе од десетина слободни работни позиции за архитекти, градежни инженери, ИТ-специјалисти и за бизнис-консултанти. Пред околу еден месец, во компанијата биле вработени 37 лица. „Денес, им посакавме добредоје на 37 нови колеги и чекаме уште нови во претстојниот период да станат дел од нашето постојано растечко семејство Лидл. Тие ќе се приклучат на нашите тимови за продажба, синџир на снабдување, логистика, човечки ресурси, набавки, ИТ и сметководство, финансии и даноци“, беше објавено тогаш на профилот на „Линкдин“.„Лидл“ во Македонија прикажува расходи од 519.964.849 денари (8.520.000 милиони евра), што претставуваат инвестициски трошоци и тие се зголемиле за 34 отсто. Откако е во Македонија има вложено во имот од 17,85 милиони евра. Активата која ја има на располагање за трошење е 80 милиони евра.Има приходи од само 7.979.389 денари (околу 130.000 евра), што е разбирливо бидејќи маркетите не се отворени. Има обврски кон добавувачи од 950.000 евра и „трошоци на продадени производи“ од 1,35 милиони евра. Ова може да се поврзе со објавата на „Лидл“ дека од откупните центри за овошје и зеленчук лани имало продажби во маркетите во Србија и Бугарија.„Извозот што ќе го реализираме преку Лидл Северна Македонија до крајот на 2024 година само во овие две земји е вреден повеќе од 2 милиони евра или четирикратен раст во однос на минатата година.Вкусот на македонското овошје и зеленчук го направивме достапен за потрошувачите на Лидл во Србија, Бугарија, Романија, Полска, Чешка, Словачка и Германија. Од април 2023 година до март 2024 година се извезени над 3.600 палети со овошје и зеленчук. Во рамките на календарската 2024 година, со нашите локални добавувачи планираме извозот на овошје и зеленчук да достигне 4.500 палети“, изјави изминатиот период Стефан Георгиев, директор на одделот за набавки во Лидл Северна Македонија.А.К....
ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони
Фактор - пред 22 часа
Добивај вести на Viber Слатки по кои „полуде“ цел свет се дело на познатиот Мишел Ферер. Човекот кој го создаде царството на бонбоните почина пред девет години, а зад себе остави добро познати слатки. Нутела, бонбони тик-так, бонбони Фереро Рошер и познатото јајце Киндер се дело на овој Италијанец.Мишел беше еден од најбогатите слаткари во светот и водечко име во италијанската кондиторска индустрија. Правењето слатки е семејна традиција долга осум децении. Традицијата е пренесена низ три генерации, и оттука сè започна.Почетокот на компанијатаИсторијата и приказната за познатото семејство Фереро, кое изгради вистинско чудо и слатка империја, датира од 1946 година. Историјата на „Групата Фереро“ е приказна за упорниот семеен дух и успех низ три генерации. Браќата Пјетро и Џовани Фереро работеа заедно во мала семејна слаткарница за да создадат производи што ќе го дефинираат името Фереро. Пјетро беше двигател на иновативноста и креативноста што подоцна ќе му ја пренесе на својот син, Микеле Ферер.Пјетро бил познат по својата љубов кон експериментирањето и пријателите го нарекувале „научник“. Тој секогаш се обидуваше да најде нови вкусови и текстури за да ги изненади и воодушеви клиентите во италијанскиот град Алба, каде што сè започна.Од локални почетоци до меѓународна славаСемејството Фереро беше првиот италијански производител по Втората светска војна што отвори производствени погони и канцеларии во странство во овој сектор, претворајќи ја компанијата во вистински меѓународен играч.Нивната меѓународна експанзија започна сериозно во 1956 година, кога беше отворена голема фабрика во Германија. Кратко време подоцна, втората меѓународна локација на компанијата Фереро беше отворена во Франција и оттогаш нејзиниот раст е сè побрз. Фереро сега има присуство во Европа, Северна и Јужна Америка, Африка, Австралија и Југоисточна Азија. Сè уште семејна компанија, сега во својата трета генерација, Фереро продолжува да расте, најмногу помогната од своето наследство, експертиза и светски познатите деликатеси.Креатори на светски познати слатки„Ferrero Group“ денес е една од најголемите светски компании за слатка пакувана храна со преку 35 омилени брендови. Она по што се најпознати и во кое цел свет ужива со години се 'Kinder', 'Ferrero Rocher', 'Nutella' и 'Tic Tac' кои се продаваат во повеќе од 170 земји.Сепак, она по што се најпознати и што ги направи најпознати е чоколадниот намаз, Нутела, кој го има речиси во секој дом. Исто така, Нутела често се споменува како еден од највпечатливите симболи на глобализацијата.Приказната за НутелаСè започна по Втората светска војна. Чоколадото во тоа време беше многу скапо и никој не можеше да си го дозволи, барем не во Италија. Семејството Фереро имало своја чоколадна формула, која најмногу вклучувала лешници, бидејќи Алба била полна со лешници. Визијата на семејството беше: „Како да направиме нов рецепт со помалку какао и висока хранлива вредност на лешниците“. Секако дека успеале во тоа, а познатиот рецепт се нарекува многу едноставно - 'Супер крема'.Потоа, 20 години подоцна, се појави идејата малку да се подобри овој рецепт, бидејќи беа развиени нови технологии и нови методи. Така Мишел Фереро ги интегрираше сите овие новитети со веќе постоечкиот рецепт и создаде вистинско чудо. Нутела е создадена во 1964 година, истата година кога се роди неговиот син, кој често сака да се пошегува дека има братче во семејството, што е токму Нутела.Семејната империја, со која Мишел Фереро управуваше со децении, а со која сега управува неговиот син Џовани, порасна толку многу што магазинот Форбс ја процени на 43 милијарди долари. Тоа го стави Џовани Ферер на 26-то место на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот.Компанијата на семејството Фереро е многу таинствена, а причината е, наводно, да се внимава на шпионажата од конкурентите. Никогаш нема одржано прес-конференција и не дозволува медиумите да ги посетат нејзините објекти. Производите на Ferrero се направени со машини дизајнирани од внатрешен инженерски оддел.- Компанијата Фереро во 2014 година ја купи компанијата Олтан Груп, најголемиот производител на лешници во светот. - Го купи и британскиот производител на чоколади Торнтонс во јуни 2015 година за 112 милиони фунти. - Во 2016 година, Ferrero SpA ги купи белгиските брендови на бисквити Delacre и DeliChoc од United Biscuits. - Го купи и производителот на чоколади Fannie May од 1-800-Flowers.com во март 2017 година. Договорот беше склучен на 30 мај 2017 година, а Фереро плати 115 милиони долари за него.Курир.рс Фото:Принтскрин јутјуб...
Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ
Фактор - пред 22 часа
Добивај вести на Viber Стартап филозофијата е многу специфична – од тоа како им пристапувате на бизнисот, обврските, одговорностите, до тоа колку сте посветени и подготвени да одговорите на сите задачи кои ви ги носи водењето на вашата стартап компанија, вели директорот на Telekom Srbija Venture Fond, Давор Сакач со кога разговаравме за актуелностите во стартап еко системот и развојот на овој сектор во ера на вештачка интелигенција и роботика. Со оглед на тоа што балканскиот регион претрпува брза трансформација, кои сектори или индустрии кои се во развој ги гледате како особено ветувачки за инвестиции и како планирате да ги искористите овие можности? Сакач: Секако не би го одвојувал регионот на Западен Балкан од глобалната слика во овој момент кога зборуваме за новите технологии што се во фокус – тоа секако се вештачката интелигенција (ВИ), машинското учење, роботиката, биотехнологијата, медицинската технологија. Во согласност со тоа, и ние како фонд го следиме тој тренд, така што повеќе од половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ, но и на другите области на кои се темели понатамошниот развој на индустриската револуција 4.0. Важно е да се напомене дека TS Ventures Fond е основан од страна на групацијата Телеком Србија, која ја предводи дигиталната трансформација во регионот и е убедлив лидер на пазарите на Западен Балкан. Така што, ние како Фонд ја следиме стратегијата на понатамошниот развој и ширењето на Телеком Србија која, меѓу другото, се базира на имплементацијата на дигиталните услуги. Со какви уникатни предизвици и можности се среќавате кога ги оценувате потенцијалните инвестиции во регионот на Балканот и како соодветно ја прилагодувате вашата инвестициска стратегија? Сакач: Кога разговараме за стартапите, она што секогаш се појавува како тема е зрелоста на нивниот бизнис, разбирањето на деловните предизвици, подготвеноста на тимовите да се шират и да го разберат глобалниот бизнис. Важно ни е уште во таа рана фаза да процениме колкав е потенцијалот за раст, развој и ширење на нивниот бизнис, по што ќе процениме дали ќе инвестираме или не. Основачите на стартап компаниите мора да нè yбедат со своите досегашни резултати и показатели дека имаат многу јасна визија и разработен детален бизнис план. Дали би можеле да споделите забележителна успешна приказна од вашите инвестиции во балкански стартапи, истакнувајќи некои конкретни фактори кои придонеле за нивниот раст и успех на овој пазар? Сакач: За само две години од постоењето на Фондот можам да кажам дека постигнавме невозможни резултати, поточно нешто што не е забележано досега на овие простори. Инвестиравме во 11 стартапи и го забележавме првиот излез. Имено, инвеститор од Блискиот исток направи аквизиција на еден наш стартап. Потоа, дури 5 стартапи кои се базираат на ВИ технологија имаат огромен потенцијал да станат „unicorns“, a четири стартапи, после нашите инвестиции, успеаја да подигнат големи нови рунди инвестиции од страна на меѓународни фондови. Како Телеком Србија фонд придонесува за поттикнување на иновациите и претприемништвото на Балканот, и каква поддршка нудите на стартапите во регионот освен финансиските инвестиции? Сакач: TS Ventures Fond е првиот корпоративен фонд за ризичен капитал во овој дел од Европа кој настана како резултат на новите стратегии на Телеком Србија – како одговор на актуелните предизвици со кои се соочуваат телекомуникациските оператори глобално – а тоа е, како да се пронајдат нови начини за добивање приходи и профит. Дополнително, кога зборуваме за основањето на еден ваков Фонд, важно е да се каже дека TS Ventures секако претставува еден од клучните столбови на трансформација на традиционалните телеком оператори во телеком компании на иднината. Што се однесува до поддршката, ние функционираме така што од стартап компаниите се очекува да работат сосема независно, бидејќи нè убедиле во својата зрелост поради што и сме одлучиле да инвестираме во нив. Но секако дека секогаш можат да сметаат на нас и на нашиот меѓународен тим стручњаци и експерти кои им помагаат да продолжат кон својата цел – зголемување на бројот на корисници и отворање нови пазари. Имајќи го предвид вашето долгогодишно искуство во регионалниот стартап екосистем, како гледате на улогата на ризичниот капитал што се развива во регионот во следната деценија и кои стратешки иницијативи предвидувате да ги спроведете за понатамошно катализирање на растот и иновациите во рамките на овој динамичен пазар? Сакач: Приказната околу ризичниот капитал се интензивираше во последните пет години, и во тој поглед нашиот регион е многу стабилен. Затоа во наредните десет години очекуваме целиот тој ризичен капитал дополнително да се развие и унапреди така што стартап компаниите од овие простори ќе можат и локално да затвораат нови рунди финансирање. Исто така очекуваме големи „излези“, а тоа значи дека парите ќе се вратат во локалниот екосистем така што основачите на стартап компаниите или ќе го започнат новиот бизнис од почеток (ќе основаат нова стартап компанија за развој на некои нови идеи) или ќе инвестираат во други перспективни стартап компании како ангели-инвеститори. Во Скопје бевте присутен како еден од учесниците на Longest Pitch Marathon. Какви се вашите впечатоци од презентираните проекти и од средбите со претставниците на македонскиот стартап сектор? Сакач: Впечатоците се сјајни. Пријатно сум изненаден од сето тоа што имав прилика да го видам од страна на организаторите и стартап компаниите кои учествуваа. Стартап филозофијата е многу специфична – од тоа како им пристапувате на бизнисот, обврските, одговорностите, до тоа колку сте посветени и подготвени да одговорите на сите задачи кои ви ги носи водењето на вашата стартап компанија. Затоа, секогаш ми е драго кога се среќавам со тие нови генерации претприемачи и сведочам колку сите заедно сме напредувале во односот кон бизнисот. Исто така, задоволство е да се среќаваме и да разменуваме што повеќе искуства и знаења на ниво на Западен Балкан. На тој начин, со заеднички сили го унапредуваме и зајакнуваме комплетниот стартап екосистем во регионот....
„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог
Фактор - пред 22 часа
Добивај вести на Viber За професорката Мирјана Најчевска, состојбата што сега ја реализираат политичарите од Грција претставува гфлагрантно кршење на договорот од Преспа.„Ова е флагрантно кршење на договорот од Преспа.Еден акт се нарекува договор затоа што го склучиле две страни кои презеле одредени обврски.Во договорот нема одредби со кои се условува постапувањето на било која од страните.Или се почитува или не.Мене ми се допаѓа договорот од Преспа (за разлика од договорот со Бугарија кој е исклучително лош).Ама ај да престанеме да се посипуваме со пепел и да се поставиме како договорна страна, а не како некој кому му уделуваат милостина.Ајде да пробаме вака, се додека Грција не ги потпише протоколите ние нема да ги почитуваме одредбите кои се однесуваат на употребата на името Северна Македонија“...
ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна
Фактор - пред 22 часа
Добивај вести на Viber Компанија за дизајнирање и принтање на кеси и фолии за амбалажа за прехранбени и други производи кои секојдневно ги гледаме и купуваме во маркетите се најде во Топ-5 листата на фирми од Велес со најголема добивка во Велес.„Прва Кинга“ (1-ва Книга) е компанија која со приход од 3,83 милиони евра направи добивка од безмалку 1 милион евра, работејќи за прехранбената индустрија. Растот на добивката по една година е 69 отсто. Печатницатата од велешко Башино заедно со уште две подружници во самиот град Велес имала 30 вработени во 2023. Фамилијарниот бизнис е во сопственост на Маринела Андовска Ѓошева, Теодора Андовска Лепојевиќ и Ангел Андовски.На првото и второто место се во последно време најголемите велешки компании - странскиот инвеститор за автомобилски системи Маркарт Македонија и „Брако“ на „Фероинвест“. Сепак, во однос на една година претходно нивната добивка е повеќе од преполовена.Странската гринфилд инвестиција „Маркарт“ е супортер во глобалната автомобилска индустрија, а воедно оваа компанија е и најголем вработувач во Велес. Некогашниот гигант од машинската индустрија „Брако“ доживеа реинкарнација под диригентската палка на познатиот домашен бизнисмен Кочо Анѓушев.На третото и петтото место се две компании на Перо Колевски - фармата за производство на сточна храна „Овчеполка“ и кланицата „Агриа“. Првата освен по одгледување свињи, е позната и по производство на сточна храна и концентрати за прехрана на добиток, а втората е „производител“ и продавач на свинско месо.Треба да се спомене и тоа што и двете друштва добиваат редовни субвенции од Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој од по неколку стотина илјади евра. Може да се заклучи дека во Велес и натаму доминираат индустријата и земјоделството како двигатели на локалната економија. А.К.Извор: Централен регистар...
НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома
Фактор - пред 22 часа
Добивај вести на Viber Намалување на бројот на барања за лекување во странство, ама и пад на бројот на испратени граѓани на лекување во странство регистрирал Фондот за здравствено осигурување на Македонија во текот на минатата година. Сепак, и покрај тоа што има помалку пациенти кои се поддржани за лекување во странство, средствата кои се исплатени за нивно лекување се поголеми во споредба со 2022 година за 10 милиони денари. Согласно нивниот последен годишен извештај, доставен во Собранието, лани биле примени 307 барања за лекување во странство, за 40 помалку од 2022 година. Од нив, 243 биле пратени на лекување, што е за 21 пациент помалку од претходната година. Од Фондот во извештајот појаснуваат дека осигурениците чии барања за лекување во странство биле одбиени од комисијата поради тоа што не биле исцрпени сите можности за лекување во здравствените установи во земајва. Во извештајот се забележува дека најчести болести за кои се испратени сограѓани за лекување во странство се очните болести, па следува детска кардиохирургија, неврохирушки болести, па ОРЛ, детска хирургија, уролошки и хематолошки проблеми. Најчеста дестинација каде се упатуваат пациентите налекување е Труција, каде се вршат неврохируршки интервенции, интервенции од областа на Клиниката Т.О.А.Р.И.Л. Од друга страна кај пациенти со покомплексни заболувања најчести дестинации се западноевропските земји кои имаат пософстицирана технологија и високо ниво на стручност, неопходно за лекување. Извештајот покажува дека лани за лекување во странство ФЗО исплаило 335.486.538 денари ИЛИ 5,5 милиони евра за вкупно 243 случаи. Притоа е потрошена поголема сума од 2022 година, кога за лекување во странство биле искористени 325.171.378 денари за 264 пациетни. Просечно трошокот по пациент изнесувал 1.380.603 денари, додека во 2022 тоа било 1.231.710 денари. П.О....
„И ПОТОА СДСМ И ПРЕДАВНИКОТ ЗАЕВ СЕ ЧУДАТ КАКО ДОБИВАМЕ АЗИЛ ВО УНГАРИЈА, ШВЕДСКА, УНГАРИЈА“: Груевски распали по изјавата на Игор Југ
Фактор - пред 22 часа
Добивај вести на Viber Откако Игор Југ во подкаст емисијата на новинарот Кристијан Ландов, кажа дека му било понудено да го намести Груевски за настаните од 27 април.„СВЕДОЧЕЊЕ НА ИГОР ЈУГ КАКО АДВОКТОТ АЛЕКСАНДАР МИХАЈЛОВСКИ СЕ ОБИДЕЛ ДА ИЗНУДИ ЛАЖНА ИЗЈАВА ПРОТИВ МЕНЕ ВО ЗАМЕНА ЗА НЕГОВО ОСЛОБОДУВАЊЕВчера илзезе јавно сведочење дека водачот на самонаречените “реформатори” во 2016 година адвокатот Алек Михајловски, подоцна познат и како адвокат на Орце Камчев, нарачувал лажно сведочење против мене со цел да бидам обвинет како нарачател и организатор на настаните од 27 април 2017 година, или командна одговорност како што беше цитирано.Истото го направил преку адвокатот Саво Коцарев, кај Игор Југ, што вчера во емисија на еден подкаст самиот го објави, а снимката од тоа е подолу во линк.Игор југ е човек кој не крие дека и дотогаш и потоа има јавно и отворено изразени негативни ставови за мене, па и негова претпоставка е дека токму заради тоа тој изгледал како “плодна почва” за соработник за градење на лажно и конструирани обвинение.Со Игор Југ може да се каже дека не се познавам, ако под познанство не се смета присуство во иста сала, настан, или фотографија со партиски член некаде на негово барање и слични ситуации во кои немало суштинско разговор или дискусија.Прв пат дознав за него од медиумите одкога беше уапсен по настаните од 27 април 2017 година и лажно обвинет дека сакал да изврши убиство. Мојот тогашен коментар на Телма ден по настаните кај новинарот А.Чомовски беше дека луѓето што се најдоа во Собраниската сала, доколку сакале да убијат некого, можеле тоа да го направат речиси непречено, но не го направија, затоа што немале таква цел и намера, и тоа го мислам и денес.Од она што имам разбрано тој бил член на ВМРО-ДПМНЕ, а од неговото сведочење вчера разбрав дека бил учесник во настаните пред хотелот Панорама во 2004 година, кога поголем број поддржувачи на Љубчо Георгиевски се обидуваа да ја попречат седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ по настаните за кои веќе во објавите на фб неодамна пишував.Тој вчера објави дека како што кажа ниту ме сакал, ниту ме сака, ниту ќе ме сака во иднина, што секако е негово легитимно право, како и на секој друг, кон некој од политиката да има и кон други да нема подршка и доверба.Како и да е, во неговите објави и ставови, независно дали со некои од нив се согласувам или не, тој покажа цврст карактер и храброст, како што тоа беше вчера кога како директно сведоштво јавно обелодени како всушност функционирал политичкиот прогон кон мене. Прогон кој и тој и те како го почуствува и сеуште го чувствува на својот грб. Од неговата изјава се гледа како, односно со какви не демократски методи и жестоки уцени биле или се правеле обиди за врбување лажни сведоци, како се правеле обиди за “тргување” со изнудување на лажни сведочења со ослободувања од прогон, или тешка тортура ако не се прифати понудата. Нешто на што повеќемина подлегнаа, но како што гледаме не секој.И потоа СДСМ и криминалецот и предавник на македонските национални интереси Зоран Заев, како и ним блиските се чудат зошто во странство, на пример во Шведска, во Унгарија, во Грција и во други земји добиваме без проблем политички азил заради политички прогон.Мислат дека другите држави преку своите разузнавачки и дипломатски служби немаат информации од повеќе извори за тоа што се случуваше во Македонија, и мислат дека тие можат секого да излажат и да стават во заблуда.Познато е дека самонаречените реформатори, чии поединци во раководството за своите валкани активности земаа пари од потпретседателот на бугарската влада Каракачанов, од една значајна амбасада во Скопје и од братот на Зоран Заев -Вице, во тоа време активно работеа на овој план и секако некој им беше дал таква моќ, да од потенцијалните лица таргетирани за обвинение, можеа да ги заштитат оние кои ќе се согласен да се приклонат кон нив, односно ако дадат, невистинити признанија или лажни изјави против мене и луѓето од моето опкружување во периодот 2016-2017 година, што некои луѓе го направија.Вакви ситуации имаше многу. Делумно преку реформаторите, а уште повеќе од обвинителите и извршителите на СЈО/ОЈО, кои отворено им сугерираа на осомничените дека ако дадат изјава каква што ним им треба за да конституираат случај, а кој нема врска со реалноста, ќе бидат ослободени или ќе поминат со нешто лесно, а ако не дадат требало да мислат дека нивните семејства и деца ќе останат без нив подолго и дека ќе им биде уништена кариерата, бизнисот и животот, потенцирајќи колку години затвор ги очекува, иако немаат вина.Тоа се моменти кога луѓето се пред избор, помеѓу страдање заради неоправдан прогон кон нив или страдање заради одбивање да конструираат вина на друг и тој да страда без вина.Досега голем број лица ми имаат лично кажано за исти или слични ситуации кои доаѓале или од обвинителите, или од врвот на власта тогаш, или како во случајот од претставник на самонаречените реформатори, кои како што кажав на тој начин и прибираа провзаници меѓу другото.Сепак, иако голем број ми се повериле мене или на мои блиски со молба тоа да не го објавам за да немаат последици, ова е прв случај на јавно сведочење и тоа од лице кое со повеќе текстови досега јавно и тоа прилично жестоко ме критикувал низ годините наназад и јавно кажува дека е против мене.Се потсетувам и на онаа снимка што излезе пред 3-4 години во која тогашниот директор на фондот за здрваство Ден Дончев кажуваше некому дека договорил “лоша изјава за Груевски” пред јавен обвинител од поранешниот министер Никола Тодоров, што колку што досега ми е познато не се реализира од страна на Тодоров, но таа снимка е на иста линија со оваа, бидејќи покажува дека висок функционер на власта за кој подоцна излезе видео снимка како зема пари од некого во канцеларија, изнудувал изјава од поранешниот министер за здравство против мене, иако истрагите не биле негова надлежност.Останува да видиме дали новата власт во доаѓање ќе сака и ќе им храброст да отвори случај против поголем број поединци обвинители во обвинителството, политичари и владини функционери од власта во заминување, т.н. “реформатори” и други структури кои учествувале во креирање и изнудување лажни обвиненија и кои биле учесници во лажни монтирани конструкции на лажни обвиненија и лажни сведоци.Доволно е само да ги повикаат сите обвинети, осомничени и сведоци, или поканети да бидат сведоци и да дадат изјави и информации во случаите на политичкиот прогон од 2017 година наваму, и ќе сватат дека имаат многу работа, многу матерјал за расчистивање со некои не професионални и партиски мотивирани лица од правосудниот систем но и адвокати, судии и други егземплари од таков тип, а најмногу носителите на највисоки функции во тогашната влада и владејачка партија на чело со Зоран Заев и лицата кои му беа канал за комуникација за нарачка на обвиненија и пресуди.Јас ги охрабрувам да го направат тоа, не само заради расветлување на случувањата во минатите години, туку и за да не дозволат истото да им се случи ним по извесен број години, кога нештата ќе се променат.ВМРО-ДПМНЕ во деведесетите години на некој начин премолчено направи една генерална амнестија на злосторствата од поединци на комунистичкиот режим, но таа неказнивоста подоцна се врати со нови прогони и нечовечко однесување од нивните наследници.Тоа е предуслов за реални реформи во обвинителството и правосудниот систем, и казнивновост за направеното зло на разни структури инспиратори, спроведувачи или било како вплеткани во политичките прогони.Еве го подолу сведоштвото од каде е инспириран овој текст“, напиша тој на фејсбук....
СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот
Фактор - пред 22 часа
Добивај вести на Viber Многумина реагираат на цените на такси услугите во Скопје. Меѓутоа се чини дека сепак меѓу поевтините цени за такси услуги плаќаме токму кај нас, бидејќи во другите земји на Балканот и пошироко, цените се драстично повисоки.*Цените се изразени во евраСпоред податоците на глобалната платформа Numbeo, просечната цена на такси превозот во Загреб е 0,90 евра по километар, вклучувајќи две евра за поаѓање. Во однос на цените за возење, Загреб е најблиску до Љубљана (1,09 евра по километар) и Белград (0,82 евра по километар), при што љубљанските таксисти наплаќаат нешто пониска почетна цена (1,95 евра), а белградските таксисти малку повисока (2 , 30 евра). Загреб има најповолна тарифа за чекање, а таа во просек изнесува седум евра на час. Во Љубљана се плаќа приближно 17 евра, а во Белград 10,24 евра.Помеѓу набљудуваните градови, најдобри цени се во Скопје, каде за возење ќе платите речиси половина помалку од Загреб. Покрај Скопје, значително поевтини од Загреб се и Подгорица, Варшава и Сараево (од 0,60 до 0,77 евра по километар).За возење во Будимпешта (1,14 евра по километар) и Прага (1,19 евра по километар) ќе платите малку повеќе отколку во Загреб. Цените се значително повисоки во западноевропските метрополи. Во Берлин просечната цена е 2,36 евра за километар, а во Виена 1,61 евро за километар. Во исто време, тарифите за поаѓање и чекање се неколкукратно повисоки.На глобално ниво, возењето такси е најскапо во Цирих, каде што ќе платите неверојатни 4,40 по километар со 7,70 евра за почеток. Еден час чекање ќе ве чини астрономски 88 евра.Од друга страна, најповолно ќе поминете во главниот град на Филипини, Манила, каде за возење ќе платите само 0,23 евра за километар, а еден час чекање ќе ве чини само 2,4 евра.Тпортал.хр...
Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи
Фактор - пред 23 часа
Добивај вести на Viber Можностите за инвестиција стануваат се подостапни за македонските стартап компании на кои им е неопходно финансирање за развој на производ или услуга која може брзо да се скалира и да генерира висок раст за краток временски период. Една од најпопуларните алатки за привлекување инвестиции е преку одржување на т.н. pitch, односно кратка презентација на бизнис идејата која ја оценуваат заинтересираните инвеститори. Неодмна во Скопје се одржа најдолгиот „pitch“ маратон, на кој се претставија над 50 стартапи. „LongestPitchMarathon 2024 беше вистинско освежување за македонската стартап заедница. Над 55 стартапи и нешто повеќе од 200 гости ја искористија можноста да се запознаат и започнат разговор со еминентни инвеститори“, вели Сања Митровска која го организираше настанот.Стартапите имаат можност за директен разговор со сите инвеститори, а истовремено и тие кои се заинтересирани да вложат капитал во брзорастечки компании добиваат знаење и искуство од успешни инвестори кои ги откриваат специфичните предности и предизвици за инвестирање во еден стартап. „Позитивните искуства и пофалните коментари што ни пристигнуваат од гостите, инвеститорите и стартапите е уште една мотивација, одговорност и обврска да продолжиме со нашата мисија и со заеднички сили и иницијативи да ги пронајдеме сите македонските еднорози, а веќе сме сигурни дека ги има“, смета Митровска. Еднорозите се стартапи кои достигнуваат пазарна вредност од над 1 милијарда евра. Ваков вид на компании веќе се пробија во нашето непосредно опкружување, и сега се прават напори да се појави и првиот македонски „еднорог“. „Динамичната и возбудлива атмосфера беше воодушевувачка глетка во просторијата каде се одржуваа директните средби помеѓу инвеститорите и стартапите, како и на „Startup Alley“ каде стартапите ги пречекуваа инвестиорите и одговараа на нивните прашања“, потенцира Митровска, со високи очекувања за лансирање на некој од стартапите на глобално ниво.Х.С....
МЕГА ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Се бараат работници за над 20 позиции, еве во кои сектори
Фактор - пред 23 часа
Добивај вести на Viber Познатиот синџир маркети „Лидл“ веќе наголемо бара работници во земјава.Се бараат работници за логистика, финансии, увоз, декларации, маркетинг... Објавени се повеќе од 20 работни позиции, за кои огласите важат околу крајот на месецот.Сите огласи може да ги погледнете тука....
ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО- НАУМ, СО УШТЕ ЕДЕН ПОЗДРАВ ДО АЛИ: Не напиша ништо, но со фотографијата кажа сѐ
Фактор - пред 23 часа
Добивај вести на Viber По победата на изборите, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилкоски упати порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети јадејќи бискивити.Сега, откако ВМРО-ДПМНЕ обезбеди 61 пратеник, тој со фотографија дискретно упати поздрав, не споменувајќи го ниту неговото име, ниту партијата, но со сликата кажа сѐ....
„ВМРОИДИТЕ СИ КУПИЛЕ ЧЕТВОРИЦА ПРАТЕНИЦИ НА КВАНТАШКИ“: Се огласи Апасиев за тоа што ВМРО-ДПМНЕ обезбедија 61 пратеник
Фактор - пред 23 часа
Добивај вести на Viber Откако од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека обезбедиле 61 пратеник, се огласи лидерот на Левица, Димитар Апасиев.„Вмроидите си КУПИЛЕ четворица пратеници на Кванташки. Еве да заокружиме на цирка од пола милионче по глава (жива мера)... реално, па шо се два милиона ЕУР за "проевропска коалиција" која потроши 10 милиони у кампања!?Епа, чорба, епа...“ напиша тој на фејсбук....
СЕ АПЕЛИРА НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја зафати нашата територија, позначително ќе ја загрее Атмосферата и ќе ја исполни со енергија. Од друга страна пак, повторно ќе бидеме под влијание на циклон од западна Европа, објави метеорологот Славчо Попоски.„Токму ова од сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела, па се до речиси крајот на следната работна недела ни следува нов период на многу нестабилно време со честа појава на локален пороен дожд, грмежи, силен ветер и со појава на невреме.Локално можна е појава и на посилно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да услови локални поројни поплавувања, бурен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на покрупен град. Секако дека во ваква ситуација се можни и штети, па токму поради ова апелираме на крајна внимателност, особено при појава на силни електричниу празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.Температурите од викендот, како и во почетокот на следната недела позначително ќе се покачат и ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можело да се искачат и до околу 31-32 степени. Во Скопје температурата за време на овој топол бран ќе се искачи до околу 30-31 степени, но и во Скопскиот регион од сабота навечер и ноќта кон недела следува нов период на нестабилно време со честа појава на врнежи, грмежи и локална појава на невреме“, објави тој....
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ИМААТ 61 ПРАТЕНИКЛидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека консолидирале 61 пратеник. „Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник“, изјави денеска Мицкоски.Тој информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во встинска насока.„Успешно консолидираме 61 пратеник, не можам да кажам детали“, изјави Мицкоски.ГРЦИТЕ ПАК РЕАГИРААТГрчките медиуми му забележуваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека и тој го користи оспореното име на државата исто како и претседателката Гордана Силјановска Давкова. „Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на претседателката во однос на Договорот од Преспа. Првиот човек на ВМРО со жесток националистички говор, ќе ги користел термините „Македонија“ и придавката „македонски“ – пишуваат грчките медиуми откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека никој нема да му забрани да ја нарекува државата Македонија бидејќи тоа било негово човеково право.Мицкоски во денешната изјава посочи дека не се прекршувал Догворот од Нивици со користењето на старото име на државата.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за свечената заклетва на претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова која не ја спомена придавката „Северна“ изјави дека таа беше достоинствена и дека очекувал честитка од нашиот јужен сосед, наместо политички мускули.ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ЉУПЧО ПАЛЕВСКИПо екстрадицијата на првиот осомничен од Република Турција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да презема истражни дејствија во предметот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, соопшти обвинителството.„За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден осомничен за помагање при грабнувањето на малолетно лице и еден осомничен за помагање по извршеното кривично дело, истрагата е во завршна фаза.ЧИТАЈТЕ УШТЕПродолжува трендот на неискористување на водите во Македонија. Податоците покажуваат дека во земјава се губат над 60 проценти од водите, наспроти нивното значење.Многу македонски граѓани за годишен одмор во туристичките агенции плаќаат на рати.Дека македонското вино е врвно е одамна познат факт, а се повеќе во тоа се уверуваат и пребирливите странски купувачи.Компанијата „Г'на“ на Горан Митров, познат уште и како кумашин на поранешниот премиер Зоран Заев, се најде на четвртото место по највисоки добивки кај струмичките фирми за 2023.Скопските компании доминираат во најбрзорастечката индустрија - ИТ секторот во најголемите десет остварени добивки од изработка на софтвер и други компјутерски услуги во Македонија за 2023. Сите 10 фирми за програмирање и слични дејности оваа година се скопски.фото Фејсбук/Христијан Мицкоски...
ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Грчките медиуми му забележуваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека и тој го користи оспореното име на државата исто како и претседателката Гордана Силјановска Давкова. „Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на претседателката во однос на Договорот од Преспа. Првиот човек на ВМРО со жесток националистички говор, ќе ги користел термините „Македонија“ и придавката „македонски“ – пишуваат грчките медиуми откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека никој нема да му забрани да ја нарекува државата Македонија бидејќи тоа било негово човеково право.Мицкоски во денешната изјава посочи дека не се прекршувал Догворот од Нивици со користењето на старото име на државата.Се потсетува дека пред неколку дена, и покрај меѓународните реакции, новата претседателка на Северна Македонија, Гордана Силијановска, преку нејзината прес-служба инсистираше дека има „право да го користи името Македонија.Грција се заканува дека Македонија ќе има последици ако не го почитува Договорот од Преспа....
ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Човекот од српскиот град Сомбор кој му се закани на социјалните мрежи на српскиот претседател Александар Вучиќ откако во Словачка човек пукаше во премиерот Роберт Фицо, имал повеќе пријави во полиција. Човекот напиша дека тоа е само проба и дека така ќе му направат и на Вучиќ. Претседателот Вучиќ денеска изјави дека човекот кој беше уапсен поради закани, вршел злосторства секој ден.„Не сум видел таков список, од грабежи, тешки кражби, не знам ни што ми пратија… Реков мајко мила, можно ли е некаде да има и вакви луѓе?“, рече Вучиќ.Полицијата го уапси мажот и тој доби притвор од 48 часа....
ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Закани по живот добил и полскиот премиер Доналд Туск. Ова се случува откако вчера маж пукаше во словачкиот премиер Роберт Фицо.„Словаците ни дадоа пример што да правиме со Доналд Туск ако го саботира централниот аеродром“, е една од смртните закани што стигнаа до Туск. Туск ја објави пораката на социјалната мрежа Х со коментар „Беше уште вчера. Визија на Полска“.Главните уредници на словачките независни медиуми добиваат заканувачки мејлови и пораки од атентатот, словачките власти, иако зборуваат за помирување, како главни виновници за поларизацијата на општеството, говорот на омраза кој на крајот се претвори во насилство и обид за убиство, ги означува опозицијата и медиумите кои не се под контрола на властите.Во Србија, полицијата уапси маж од Сомбор кој се закани на српскиот претседател Александар Вучиќ....
ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека ќе види македонската јавност во наредниот период многу интересни случаи. „Проблемот е што тие сознанија не биле процесуирани, тие сознанија биле ставани под тепих, тие сознанија не биле ефектуирани така како што требало да бидат ефектуирани во рамки на законот. Ќе види македонската јавност наредниот временски период без оглед дали ќе биде Панче Тошковски или ќе биде некој друг на предметната позиција, ќе види многу интересни случаи“, вели министерот.Тошковски во емисијата ClickPlus на ТВ21 изјави дека „сознанија имало и во овој временски период“....
НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Новиот руски министер за одбрана, 65-годишниот Андреј Белоусов е економски експерт и не отслужил воен рок. Белоусов нема никаква врска со војската, не отслужил ни воен рок. Досега министрите за одбрана доаѓаа од воениот или безбедносниот систем. Уште во 2013 година беше назначен за советник на рускиот претседател Владимир Путин за економски прашања. На функцијата министер за одбрана дојде од позицијата прв вицепремиер. Тој го замени Сергеј Шојгу. Инаку, новиот министер вети дека сака да постигне победа во Украина со минимални загуби. фото принтскрин...
ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Има обиди за изборен инжинеринг, вели Талат Џафери од ДУИ. Рече дека има добиено извештаи од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инжинеринг со вон-институционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во Државната изборна комисија (ДИК), во врска со приговорите. „Според извештаите, овие претензии за изборен инжинеринг имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собранието, преку политички договор на маса. Кредибилноста на изборите и на демократскиот процес, прифатен и поздравен од сите партии и од меѓународната заедница, сега е во рацете на Управниот суд. Ги поканувам сите институции да постапат согласно законот, без партиски и политички директиви од која било страна и да го штитат кредибилитет на изборниот процес до крај“, рече Џафери на прес - конференцијата.Има одлука на ДИК да се прегласува во седум избирачки места од две изборни единици по спроведените парламентарни избори на 8 мај.Бујар Османи од ДУИ на средба со амбасадорите деновиве спомена дека има обиди за компромитирање на изборниот процес....
СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Полицијата во Алжир пронајде човек кој исчезнал пред 26 години. Тинејџер кој исчезнал во 1998 година е пронајден жив во текот на викендот во подрумот на домот на неговиот наводен киднапер, само 90 метри од домот на неговото семејство. Омар Бин Омран го спасиле во неделата. Омар, кој сега има 45 години, полицијата го пронашла во подрумот кај соседот. Неговиот киднапер, 61-годишен маж кој живеел сам, е приведен. Семејството на жртвата, наводно, ги известило истражителите откако братот на осомничениот сугерирал дека неговиот брат и сестра биле вмешани во киднапирањето, во објава на социјалните мрежи, додека се карале околу наследството. Националната жандармерија потоа повторно ја отворила истрагата и ја пребарала куќата на човекот сè додека не откриле отвор скриен под сеното на подот.Мајката на Омар, која никогаш не престанала да го бара нејзиниот исчезнат син, едно од нејзините 9 деца, починала во 2013 година. Тоа го потврдил неговиот вујко за алжирските медиуми....
МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за свечената заклетва на претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова која не ја спомена придавката „Северна“ изјави дека таа беше достоинствена и дека очекувал честитка од нашиот јужен сосед, наместо политички мускули.„Ценам како ВМРО-ДПМНЕ, а и тамошната влада предводена од Нова демократија имаат свој став поврзан со Преспанскиот договор, нити на едните ниту на другите ни се допаѓа тој договор“, рече Мицкоски.Мицкоски вели дека за разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции, од македонскиот Устав и закони и комуникацијата во институциите и самите институции остануваат согласно Уставот, но негово основно човеково право е како својата држава ќе ја нарекува пред јавноста и медиумите.„Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда па таму ќе ги вкрстиме аргументите. Не би сакал до тоа да дојде, повикувам на пријателски односи, да се помагаме. А ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ да ги повтори грешките од минатото бидете сигурни дека тоа нема да го направиме“, вели Мицкоски.Мицкоски додаде дека се очекува да биде ратификуван протоколот кој ќе се однесува на економската соработка помеѓу двете држави.„Сакаме да економска соработка и ја користам оваа прилика да ги поканам грчките компании да инвестираат во Македонија, ние сакаме да им посакаме добредојде, како и македонски компании да инвестираат во Грција, така треба да соработуваат партнери. Нема втора можност за прв впечаток, а за жал првиот впечаток од нашиот јужен сосед наместо честитка за убедлив триумф и на ВМРО-ДПМНЕ и на Силјановска видовме на отворена сцена политички мускули“, кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека нема да ги ратификува трите меморандуми кои произлегуваат од Преспанскиот договор откако опозициската СИРИЗА ги достави за гласање во парламентот....
КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Насочете ги сите сили и ресурси на државата кон безбедноста на Русија и нејзиното население, вели чеченскиот лидер Рамазан Кадиров. Кажа дека за време на воените операции, мора да се користат сите сили и средства.„Сите државни средства мора да бидат насочени кон безбедноста на нашата земја и населението. Поради оваа причина, младите, државните службеници и бизнис-елитата – сите во нашата република се вклучени со цел да се обезбедат момците што се борат на територијата на специјалната воена операција“, рече Кадиров, пренесува „Спутник“.Кадиров изјави дека чеченскиот министер за млади, Ахмат Кадиров, предал 10 автомобили и 10 квадрокоптери, кои ќе бидат испратени во зоната за специјални операции.Руските сили го напаѓаат градот Харков. Руската инвазија на Украина почна пред две години и два месеци. Украина со дронови редовно напаѓа цели во Русија....
MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека консолидирале 61 пратеник. „Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник“, изјави денеска Мицкоски.Тој информира дека разговорите со „Вреди“ се водат во встинска насока.„Успешно консолидираме 61 пратеник, не можам да кажам детали“, изјави Мицкоски.Заврши состанокот на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Вреди“ за преговори за формирање коалиција за нова влада што се одржуваше попладнево во седиштете на ВМРО-ДПМНЕ. Состанокот е позитивно оценет. Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов пред два дена најави дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, на која од неодамна припаѓа и неговата партија, наскоро ќе обезбеди вкупно 63-64 пратеници....
ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber По влезот во европската заедница, повеќето земји бележат економски напредок. За две децении 10-те „нови членки“ на Европската Унија(ЕУ) го удвоија својот БДП. Овие 10 земји членки треба дополнително да го намалат јазот во приходите со „старите“ членки во следната деценија. Лани нивните просечни нивоа на приход треба да се искачат на 92 отсто од оние на ЕУ14.„Естонија, Кипар, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка – забележаа раст на куповната моќ изразена во БДП по глава на жител од 51 отсто од просекот на 14-те „стари членки“ во 2004-та, на 79 проценти во 2023 година“, објави еврокомесарот за економија Паоло Џетилони презентирајќи ги пролетните економски перспективи на Унијата за 2024 и 2025 година. Поради силниот пазар на трудот и растот на реалните плати во ЕУ, се очекува приватната потрошувачка да го поттикне економското закрепнување и да ја зајакне куповната моќ....
ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Украина обвини дека Русите заробуваат цивили на север и ги егзекутираат. Украинските власти велат дека имаат информација за првите егзекуции на цивили. „Руски сили заробуваат украински цивили и ја спречуваат нивната евакуација во северниот дел на градот Вовчанск во областа Харков погоден од конфликтот“, изјави министерот за внатрешни работи Игор Клименко.Украинското Министерство за одбрана вчера потврди дека помали руски единици влегле во северните делови на градот, но украинската армија наводно ги спречила да воспостават упориште. Вовчанск е стратешки важен затоа што неговиот пад би го отворил патот за Русите кон Харков, вториот по големина град во Украина, кој има население од над еден милион.Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руските сили секојдневно ги подобруваат своите позиции во сите правци во Украина и руската офанзива се одвива според планот.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека бил во североисточниот град Харков за да се сретне со воени претставници во услови на руска офанзива во регионот. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Иако се очекуваше дека Русија брзо ќе ја порази Украина, сепак тоа не се случи. Украина добива воена помош од Западот....