БИТОЛА НА ДОФАТ НА ТУРИСТИТЕ – ТУРИСТИЧКИ РАБОТНИЦИ ИЗРАБОТИЈА КОМПЛЕТЕН ГРАДСКИ ВОДИЧ
Сакам да кажам - ново
Битола добива комплетен градски водич за туристи кои ќе одлучат во претстојната сезона да го посетат градот и околината. Битолскиот градски водич чија промоција ќе се одржи вечерва, содржи нова печатена брошура на 36 страници со информации корисни за туристите, мапа од градот и националниот парк Пелистер, разгледница, а изработена е и веб страница „Bitola city guide“ со многу дополнителни информации и значајни настани распоредени календарски. Креатори на ваквиот туристички водич се двајцата туристички работници со долгогодишно искуство Горан Пинза, лиценциран туристички водич и менаџер по туризам и угостителство и Горан Спировски вработен во туристичка агенција, како и Здружението „Дојди, види, уживај“ кое организира тури на Пелистер. „Целта на водичот е поедноставување на престојот на туристите во Битола. На градот му фали туристички инфо центар , простор каде кога ќе стигне туристот може да се информира што може да посети во зависност од неговиот интерес – дали тоа ќе биде автосалонот во Крлино, културните знаменитости како Хераклеја, рафтинг низ река во Мариово, со џип да се искачи до езерата на Пелистер или друго. Водичот заедно со брошурата и веб страницата на едно место кажуваат што се може да се види во Битола“, вели Пинза. Новата брошура е испечатена и ќе може да се најде бесплатно на педесетина локации низ Битола. Информациите на 36 страници поделени се на категории, од хотели, приватно сместување, кафетерии, ресторани. Во средината има печатена мапа од центарот на градот, од Хераклеја до Старата чаршија со означени бројки кој објект каде се наоѓа, а од задната страна е мапа на Националниот парк Пелистер со означени патеки на движење, тежина на искачување и должина. Брошурата ќе ги потсети корисниците и на старите добри навики зашто содржи и разгледница од Битола која за време на престојот ќе можат да ја пратат во местото од каде доаѓаат. „Во брошурата има три во едно – информации за места што треба да се видат, мапа на движење и разгледница“, велат креаторите. Изработена е и апликација која бесплатно може да се спушти на мобилните телефони со туристичката понуда на градот. „Ова е единствен комплетен водиш за Битола во кој е ставен акцент на топ 10 места кои треба да се посетат во градот и Националниот парк, а делумно го опфаќаме и Регионот. Сакаме да покажеме дека имаме прекрасна местоположба каде за наполн час ги имаме Крушево, Преспа и Охрид, па туристите можат да остануваат на подолг период “, вели Пинза. На водичот работеа професионалци од различни области, а и фотографиите се авторски, а не преземани од интернет. Лани Битола имаше најдобра туристичка сезона во последните години со оглед на големиот број на повратници кои го посетија родното место по ковид-кризата, а зголемен беше и бројот на попатни посетители од Турција, Полска, Израел и други места. Ж. ЗДРАВКОВСКА...
ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ПРЕДАВАМ НА МЛАДИ СИЛИ, РЕЧЕ РИСИМА РИСИМКИН НА СПЕКТАКУЛАРНИОТ КРАЈ НА 20. ФЕСТИВАЛ СО ФРАНЦУСКАТА ТРУПА НА МУРАД МЕРЗУКИ
Сакам да кажам - пред 1 час
Моето дете Танц фест пред две години наполни 18 години, годинава 20, и сметам дека е време да оди во рацете на млади сили, рече синоќа уметничката директорка на фестивалот, Рисима Рисимкин, најавувајќи дека се повлекува од организацијата на фестивалот, на затворањето на 20. издание во полната сала на Македонскиот народен театар (МНТ). Танц фест Скопје е еден од најомилените настани на македонската публика, кој 20 години носи светски кореографи, реномирани театарски компании, прогресивни автори, исклучителни танчари, овозможувајќи еден од ретките моменти да бидеме привилегирани со пристап до светски релевантна култура. Синоќешното затворање на јубилејното издание на Танц фест беше една ретко емотивна, топла уметничка вечер, во која публиката со долги овации ги поздрави и Рисимкин, и Бранко Чобанов, икона во 50-годишното постоење на Францускиот културен центар во Скопје кој заминува во пензија, и танчарите од француската театарска група „Кафиг“ со танцовиот перформанс „Мозаик“ на Мурад Мерзуки, еден од најзначајните светски кореографи. Сцена од „Мозаик“. (Фото: Ѓ. Личовски) Мерзуки важи еден од најзначајните кореографи со светско реноме, а француската влада му ја довери кореографијата на официјалната церемонија на отворањето на Олимписките игри 2024 во јули, насловена „Танцот на игрите“. Гостувањето на трупата „Кафиг“ беше дел и од прославата на 50 години постоење на Францускиот институт во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски) Директорот на Францускиот институт Иго Бештел и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер потсетија на основањето на Институтот, како најстара странска културна институција во земјава, како и на сите гостувања на француски уметници во земјава. Двајцата дипломати со посебен пиетет му се заблагодарија на Бранко Чобанов од амбасадата, кој е многу повеќе од нивен официјален преведувач, за сѐ што има сторено за француско-македонските односи, најавувајќи го и неговото заинување во пензија. „Мозаик“ беше совршено финале на јубилејното издание на Танц фест. Танцувајќи на електронска, ориентална, класична и хип- хоп музика, петмината танчари изведуваа лелеави танци инпирирани од брејк-денс, докажувајќи ѝ и на македонската публика каков творец-алхемичар е Мерзуки. Со кореографски спремен поклон и танцување до крај, танчарите заслужија искрени и долги овации од публиката. Уметничкиот преплет, насловен „Мозаик“ ги содржи најдобрите дела од неговиот репертоар. „Ова е крај на 20. Танц фест Скопје, но почеток на следното издание во рацете на Матеа Мијановиќ, Адријана Данчевска, Дејан Битровски и Анастасија Данчевска. Се надевам дека и следните 20 години ќе ги следите“, рече Рисимкин. Б. НЕСТОРОСКА...
Е ПА, АЈ ФИРОМ ДА ГО ВРАТИМЕ
Сакам да кажам - пред 15 часа
1 Кусо траеше славата на новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова. Само три-четири часа. Истите државници, дипломати и официјални лица што напладне ѝ честитаа за историскиот избор на прва жена на претседателската функција на Република Северна Македонија, потоа испратија пораки дека се многу загрижени, разочарани и вознемирени затоа што во свечената заклетва таа не го користеше уставното име Република Северна Македонија. Не верувам дека претседателката е толку наивна, па не можела да претпостави дека нејзиниот избор при давањето заклетва да не го користи уставното име на државата ќе предизвика лавина реакции од земјите на ЕУ. Реакциите стасаа и од САД, што по 27 години успеаја да го решат спорот со Грција со Преспанскиот договор и да обезбедат стабилност барем на оваа точка во регионот. Не верувам дека ни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, чијашто кандидатка беше професорката од Правниот факултет во Скопје, не знае дека си има работа со организирани држави. Толку организирани, што веднаш реагираа само што грчката амбасадорка демонстративното ја напушти собраниската седница. Толку им требаше. Едно станување од столче на грчки амбасадор. Впрочем, Гордана Сиљановска-Давкова како кандидатка и на претходните претседателски избори уште на првиот митинг на 31 март 2019 во Охрид изјави: „Ќе дојде одговорен претседател, ќе дојде одговорен парламент што ќе ја почитува опозицијата и државнички ќе се однесува, ќе дојде нов состав на Уставен суд што ќе го брани Уставот. Тогаш ние еден ден со една уставна промена, важна, ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост“. И така, првиот ден од мандатот претседателката го почна со меѓународен скандал. Штета. Веќе си ги троши деновите, а претходно и таа и партијата што ја предложи ветуваа дека ќе ја менуваат преговарачката рамка за ЕУ. Ветуваа и дека ќе го менуваат Договорот за добрососедство со Бугарија. Место да ја имаме Грција како сојузник во процесот за пристапување кон ЕУ, бидејќи откако е потпишан Преспанскиот договор барем таа не нѐ блокираше за ЕУ, тие веднаш се скараа со оваа земја. Се фатија со чистење на ланскиот снег. И палат пожар кај што почнала да расте шума. 2 И така, сега пак ќе си си го трошиме времето, енергијата и капацитетите во битка во која на Грција ништо нема да ѝ фали, само ние ќе губиме. Затоа што и Сиљановска-Давкова и Мицкоски даваа ветувања што не се кадарни да ги исполнат. Немаат што да понудат во меѓународната политика, па сега ќе нѐ палат со популизам. Од популизам ќе офајди само ВМРО-ДПМНЕ. Го паметиме периодот кога по грчкото вето за НАТО во 2008, Никола Груевски во име на патриотизмот ја ограби и ја зароби државата. И во сегашното раководството на ВМРО-ДПМНЕ има луѓе што добро памтат како се нафатираа по 2008. Би било наивно да се мисли дека тие ќе го заборават фајдето што лично го имаа од тој башибозук. 3 Не можам да верувам дека Мицкоски не ја сфати ни суптилната порака на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис дека и тој лично не се согласува со Договорот од Преспа, а „особено со одредниците ‘македoнска нација’ и ‘македонски јазик’“, но го прифатил Договорот „во рамки на континуитетот на државата и препознав дека и покрај моето несогласување морам да го почитувам“. Најголемата придобивка од Преспанскиот договор, покрај приемот во НАТО, беше токму признавањето на македонската нација и македонскиот јазик. И сега тоа што го кажува Мицотакис отприлика звучи вака: Сакаш да се тепаме? Придавката „северна“ ти е проблем? Тогаш избери што ти е поважно: името, јазикот, или нацијата? Притоа, сите три во едно не влегуваат во пакетот. Тоа е завршена работа, заверена во ОН. Ако не, па ај ФИРОМ да го вратиме. Па после пак ќе преговараме уште 50 години за Македонија. Американците нека ни пратат нов Нимиц. И да си ги извадиме од фиоките ливчињата на кои Грците ни удираа печати наместо во пасош. А Мицкоски му одговара – и мене не ми се допаѓа, и тебе не ти се допаѓа, па ај да одиме на суд. На кој суд? На оној во Хаг, каде што Македонија ја доби пресудата во 2011 против Грција затоа што ја прекршила Времената спогодба од 1995 кога стави вето за НАТО. Правдата е на наша страна. Спорот беше бесмислен. Ама се преговараше под покровителство на ОН. На Мицкоски му е совршено јасно дека каде што има сила нема правдина. Ама така му чини, оти уште ни се свежи сеќавањата колку и како додека бевме блокирани и изолирани ќар имаше само врхушката на ВМРО-ДПМНЕ. 4 Нема правда ни во тоа што ни го направи ЕУ со поддршката што ѝ ја даде на Бугарија со ветото за Македонија, кое во суштина го има непризнавањето на македонскиот јазик и македонската нација – идентитетот, што е носечката греда на Преспанскиот договор. Да си го испорачаше ЕУ ветеното почнување преговори по Преспанскиот договор, оваа тема ќе беше депласирана и ВМРО-ДПМНЕ немаше да може пак да ѝ ја вади маста. Тоа ќе беше историја. Или, што би рекол Мицотакис, „во рамки на континуитетот на државата“. 5 Христијан Мицкоски изјави дека иако во институциите и документите Република Македонија е веќе заменета со новото уставно име, тој и понатаму нема да изговара „северна“. Вели: И додека давам изјави или се обраќам и јас, а очекувам тоа да биде начин на однесување и на претседателката Сиљановска“. Претседателката во инаугуративниот говор два пати му се заблагодари на математичарот Мицкоски дека ако не бил тој, ни таа немало да биде избрана. Бидејќи во истиот говор таа многу инсистираше на моќта на жените во политиката, витезот Мицкоски не додржа па јавно ни се пофали што очекува од неа. Оти си жена, има да ме слушаш. Да се знае кој е газда во куќата. 6 Дома ќе ни се јуначат, за ЕУ баш им е гајле, оти и тие таму не знаат каде ќе тераат по јунските избори за Европскиот парламент, ама баш ме интересира колку ќе бидат јунаци од вмровската власт, кога ќе се појават во НАТО. Еве кај е јули, ќе има Самит во Вашингтон, ќе се слави 75- годишнината од Алијансата. Таму ќе се соберат 32 шефови на држави и влади. Меѓу нив, ако Мицкоски ја пушти да излезе од дома, ќе биде и нашата претседателка Сиљановска-Давкова. Можеби таму ќе ѝ успее да го стане од столчето и Мицотакис, како што во Скопје ја стана грчката амбасадорка. Среде Вашингтон да им ја расипе роденденската забава на Американците. Еден од меморандумите што Грција како обврска од Преспанскиот договор треба да го ратификува во Парламентот е и договорот за чување на македонското небо со авиони на грчкото воено воздухоловство. Верувам дека на Сиљановска ВМРО-ДПМНЕ веќе ѝ обезбедила повеќе умни луѓе што ќе ја советуваат, па белким ќе им текне наместо грчки, да побараме небото да ни го чуваат турски авиони. Кога ќе јавнеш на бранот на популизмот, безброј генијални идеи ќе излезат. Со толку освоени гласови и комотно мнозинство во Собранието, наместо да се фатат да ги решаваат проблемите поради кои беа избрани, ќе нѐ замајуваат со прашања што се веќе затворени. АУДИО ВЕРЗИЈА – AUDIO PODCAST Sakam Da Kazam · Е ПА АЈ ФИРОМ ДА ГО ВРАТИМЕ (E PA AJ FIROM DA GO VRATIME) – 17 05 2024 Добивајте ја колумната директно во Вашето сандаче Внесете ја Вашата е-маил адреса... * Се согласувам со политиката на приватност Внесете валидна е-маил адресаЕмаил адресата е веќе регистрирана!The security code entered was incorrectЛинкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса......
29-ГОДИШНА ХОЛАНЃАНКА ДОБИ ДОЗВОЛА ДА БИДЕ ЕВТАНАЗИРАНА ЗАШТО СТРАДА ОД МЕНТАЛНИ ПРОБЛЕМИ
Сакам да кажам - пред 16 часа
Дваесет и деветгодишна Холанѓанка доби дозвола да биде евтаназирана врз основа на неподносливо ментално страдање и очекува да го заврши својот живот во следните недели. Зораја тер Бик го добила одобрението за асистирано умирање по три и полгодишен процес според закон усвоен во 2002. Нејзиниот случај предизвика контроверзи во Холандија бидејќи барањето за асистирано умирање поради психијатриски болести во Холандија е невообичаено, иако бројките се во пораст. Во 2010 имало два вакви случаја, што скокнало на 138 во 2023. Тер Бик вели дека разбира зошто случаите како нејзини се контроверзни. „Луѓето мислат дека кога си ментално болен не можеш да мислиш правилно, што е навредливо. Во Холандија го имаме овој закон повеќе од 20 години и постојат стриктни правила“, изјави Тер Бик. Според холандските закони, за да се одобри асистирано умирање потребно е едно лице да трпи неподносливо страдање без можност за подобрување. Тие мора да бидат целосно информирани и компетентни да донесат таква одлука. Тер Бик почнала да чувствува проблеми уште во младоста. Имала хронична депресија, анксиозност, траума и неодредено нарушување на личноста. Исто така ѝ бил дијагностициран аутизам. Одела на интензивни третмани и примала разни лекарства. „Во почетокот на третманот чувствуваш надеж и мислиш дека ќе бидеш подобро, но како што одминува, почнуваш да губиш надеж. По десет години веќе немаше што да се проба и знаев дека не можам да се носам со мојот сегашен живот“, кажа Тер Бик. Помислувала да изврши самоубиство, но вели дека тоа лошо би влијаело врз нејзиното семејство. „Три години бев на листата на чекање за асистирано умирање и ниеднаш не се премислив. Страв ми е, но решена сум да го направам тоа“, вели Тер Бик....
ЌЕ ЈА БЛОКИРАМЕ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ АКО НЕ СЕ ПОЧИТУВА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ВЕЛИ МИЦОТАКИС
Сакам да кажам - пред 16 часа
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска кажа дека ако Македонија го прекршува Преспанскиот договор ќе бидат загрозени амбициите на земјата за членство во ЕУ. Зборувајќи на настан од кампањата за изборите за Европскиот парламент, Мицотакис додаде дека трите меморандуми за соработка поврзани со Преспанскиот договор нема да бидат ратификувани во грчкиот парламент ако новата влада во Скопје не го почитува договорот. „Ако некои веруваат дека може да не го почитуваат договорот, тие треба да сфатат дека нивниот пат до Европа ќе остане затворен, и меморандумите нема да бидат ратификувани ако нема согласност со она што го предвидува договорот“, изјави Мицотакис. Вчера, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар за состав на Влада Христијан Мицкоски вели дека Преспанскиот договор е дел од македонските институции, Уставот и законите, но дека негово основно човеково право е како ќе ја нарекува државата. Тој вели дека кога ќе дава изјави ќе го користи терминот Македонија, а истото го очекува и од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Мицкоски смета дека на тој начин не се прекршува Договорот од Преспа....
ОСУМ ДЕНА КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ТАТКОТО ШТО НАПАДНА УЧЕНИК И НАСТАВНИЧКА ВО БИТОЛСКО УЧИЛИШТЕ
Сакам да кажам - пред 17 часа
Домашен притвор во траење од осум дена му е изречен на таткото на ученик кој во Основното училиште „Даме Груев“ во Битола пред два дена нападна друг ученик и наставничка за време на настава, соопшти Основното јавно обвинителство Битола. Таткото е осомничен за кривично дело насилство, а против него и мајката е поведена постапка. „Двајцата сопружници на 15 мај влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие. Го фатил детето за уво, го стапнал на ногата и го тегнел, а за тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не може да му помогне и да го одбрани ученикот. Со насилството двајцата предизвикале чувство на несигурност и вознемиреност кај другите ученици, кои од страв кога заминале осомничените барале наставничката да ги заклучи во училницата за да не се вратат“, соопшти Обвинителството. Според полицискиот билтен, Р. М. (48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Р. Л. и Н. Л., родители на негов соученик. Истиот ден, М. Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од Р. Л. и Н. Л.. Од училиштето не сакаа да го коментираат настанот зашто се работи за малолетни деца. Пред еден месец, во битолската полиција 28-годишната Х. Т., професорка од Средното медицинско училиште, пријавила дека во школото била нападната од нејзината кошека Ј. Н. Ж. ЗДРАВКОВСКА...
ДАНЕЛА НАЈАВИ ДЕКА УТРЕ ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ ИАКО ТЕНДЕРОТ ПРОПАДНА, НЕ КАЖУВА КАКО И СО КОГО Е СКЛУЧЕН ДОГОВОР
Сакам да кажам - пред 18 часа
Градоначалничката Данела Арсовска вчера на својот фејсбук профил напиша дека на 18 мај во Скопје ќе се прска против комарци. В сабота рано наутро ќе се реализира првата авионска дезинсекција, а ако врне ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови. Арсовска во објавата, во која ги обвинува медиумите дека шират лажни вести оти се доцни со прскањето откако пропадна тендерот, не кажува кој ќе го врши прскањето, кога е склучен договорот и колку чини. Град Скопје имаше договор за прскање против комарци за 2022 и 2023 година, за оваа година требаше да распише нов тендер и да склучи нов договор за набавка на средства за прскање и аеро клуб кој ќе прска со авион. Но, таков тендер Градот сè уште нема склучено. САКАМДАКАЖАМ.МК утрово испрати прашања до Град Скопје за тоа кој ќе го врши авионското прскање и врз основа на кој договор, со оглед дека тендерот е пропаднат. Вечерва, три и пол часа по објавувањето на текстот, од Град Скопје стигна следниов кус одговор: „Во однос на јавната набавка за дезинсекција, истата не е поништена, се отпочнува со авионско прскање по склучен договор додека за терестријалното постапката е во тек поради превисока доставена понуда. Сите податоци се јавно достапни на ЕСЈН системот на Бирото за јавни набавки“. Принтскрин од страната на Бирото за јавни набавки за поништениот тендер за прскање против комарци.Според јавните податоци на веб страната на Бирото за јавни набавки, каде институциите имаат обврска да ги објавуваат сите тендерски постапки, тендерот на Град Скопје за превентивна дезинсекција против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје за 2024 година е поништен. Постапката е поништена на 30 април бидејќи, како што стои во објаснувањето, не е поднесена ниту една понуда или ниту една понуда не е прифатлива. Нов тендер за авионско прскање и набавка на средство нема распишано. На 15 мај, Град Скопје распиша тендер за терестична апликација на средство за уништување на возрасни форми на комарци и терестична апликација на средство за уништување на ларви од комарци. Овој тендер е само за прскање од земја, не и со авион, како што се најавува дека ќе се прска утре. Тендерот трае до 22 мај, до тогаш фирмите може да поднесуваат понуди. Според податоците на Бирото за јавни набавки, Град Скопје во мај и јуни 2022 склучил договори за постапката за прскање против комарци за две години. Првиот договор е склучен на 29 април со Друштво за воздушен транспорт „Аероклуб Скопје“ ДОО Чучер Сандево и е во вредност од 32.339.850 денари или 520.000 евра. Вториот договор е склучен на 19 мај со Центарот за јавно здравје во вредност од 549.120 денари и третиот договор на 21 јуни е со фирмата која го набавува средството за прскање, „Приматекс Бранка“ ДООЕЛ во висина од 32.096.446 денари или околу пола милион евра. СКОПЈЕ ОБРАСНА СО ТРЕВА, ДОЦНИ И ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ОТИ ПРОПАДНА ТЕНДЕРОТ – ФОТОГАЛЕРИЈА А. АНТЕВСКА...
ПАЛЕВСКИ ЌЕ БИДЕ СПРОВЕДЕН ВО СУД ПРВО ДА СЕ ИЗЈАСНИ ЗА ПРИТВОРОТ КОЈ МУ БЕШЕ ОДРЕДЕН ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД БЕГСТВО
Сакам да кажам - пред 18 часа
Осомничениот за убиства Љупчо Палевски со прекар Палчо, кој се товари дека лани во ноември ги киднапирал и свирепо ги убил Вања Ѓорчевска (14) од Скопје, ќерка на негови пријатели, како и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, прво ќе биде спроведен до Кривичниот суд за да се изјасни за мерката притвор. Тој завчера беше екстрадиран од Истанбул во Скопје, со комерцијален авиолет. Таа му е одредена по убиството, поради опасност од бегство, во време кога тој беше веќе избеган од Македонија во Турција. Но, негово законско право е пред судијата за претходна постапка да каже дали се согласува со мерката притвор и да даде свои аргументи. Дури потоа Палевски ќе дава исказ, односно ќе биде распрашуван од јавниот обвинител кој ја води истрагата, ако не се одлучи да се брани со молчење. Кога ќе заврши оваа фаза, ќе може да се пишува обвинението, бидејќи останатите осомничени се веќе испрашани, собрани се сите материјални докази и во тој дел истрагата е завршена. Истрагата кажа дека има мотив за ѕверството, тоа е од користољубие. Но, следи сослушувањето на Палевски што ќе каже за двата настана. „Судија на претходна постапка во координација со надлежниот Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод на осомниченото лице за негово изнесување во однос на околностите во предлогот на Јавниот обвинител за определување на мерката притвор, а за донесеното решение јавноста ќе биде благовремено известена“, кажа денеска Основниот кривичен суд Скопје. ПАЛЕВСКИ СЛЕТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО КОМЕРЦИЈАЛЕН ЛЕТ, ПОД ПОСЕБНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОД ТУРСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО АВИОНОТ С. К. ДЕЛЕВСКА...
ОВАА САБОТА БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО МУЗЕИТЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА
Сакам да кажам - пред 19 часа
Утре (18 мај) влезот во музејските институции во земјава ќе биде бесплатен, во чест на Меѓународниот ден музеите, соопшти Министерството за култура. Мотото на годинашното одбележување е „Музеи за едукација и истражување“. „Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во образованието и се афирматори на темите што денес силно го засегаат светот, а кои чекаат да бидат истражени и споделени“, велат од Министерството. Меѓународниот ден на музеите традиционално се одбележува секоја година на 18 мај со цел промоција на значењето на музејските институции во современото општество. Денот посветен на музеите е востановен од Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ со седиште во Париз и се одбележува од 1977....
ПОРАДИ ЛУДАТА БУГАРСКА БЛОКАДА НА МАКЕДОНИЈА ПАЃА ПОДДРШКАТА ЗА ЕУ, РЕЧЕ ЕДИ РАМА НА ФОРУМ ВО ТИРАНА
Сакам да кажам - пред 19 часа
Со блокадата на Македонија ќе се постигне да падне поддршката за ЕУ, рече албанскиот премиер Еди Рама за Бугарија, но и за другите земји-членки на ЕУ, кои користат билатерални прашања за да го блокираат процесот на проширување, објави порталот Солуција.мк. Рама денеска учествуваше на Лидерскиот состанок во Тирана, организиран од Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција, во соработка со Белградскиот центар за безбедносни политики и фондациите Отворено Општество и Рокфелер. „Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни!” рече Рама заклучувајќи дека политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски: „Ова е најантиевропска политика што може да се замисли, ова е најстрашен пристап кон нашата иднина и долгорочно ова е еднакво штетно и опасно и за нив, не само за нас. Ова е лудо! Целосно лудо! Што значи ова? Дека сега за секоја земја која сака да се зачлени, може да се појави друга и да каже – а, не, прво да видиме кој беше овде прв, кога од мајмуни станавме луѓе, дали бевме ние или вие”, рече Рама и продолжи: „Падот на поддршката кон ЕУ е резултат токму на ова срање! Национализмот ја киднапираше ЕУ и ЕУ станува жртва на националистичките пориви на земјите, една, па друга. Решението е просто – не може билатералните прашања да блокираат! А ако некоја земја сака да глуми дека некое билатерално прашање е европско, тогаш мора да има барем уште една што ќе ја поддржува. Не може 26 земји да кажат – ова е билатерално прашање, една да тврди дека е европско, и наеднаш тоа да стане европско. Наместо Бугарија да рече, добро ние имаме проблем со Северна Македонија (иако јас не им го разбирам проблемот, искрено), ама ајде да го оставиме настрана, а преговорите и трансформацијата на земјите да течат, тие блокираат. Зошто ги блокирате самите преговори? Зошто блокирате реформи? Лудо! Одвратно!”. Рама кажа дека дека е опасно кога минатото станува повлијателно од иднината, и додаде: „Истово се случи со Константинопол, додека Грците се занимаваа дали ангелите имаат секс, султанот ги освои. Така и ние сега, се занимаваме дали ангелите имаат секс, во регион во кој баш и нема ангели, а опасностите се тука“. На настанот, заедно со Рама зборуваа и Весела Чернева, заменичка-директор на Европскиот Совет за надворешни односи, Мајлинда Брегу, генерална секретарка на Советот за регионална соработка и Даниела Шварцер, членка на француско-германската група за реформи на ЕУ, а модератор беше претседателот на Солуција, Никола Димитров....
ОСВОЈУВАЊЕ НА ХАРКИВ НЕ Е ЦЕЛ НА РУСИЈА, КАЖА ПУТИН
Сакам да кажам - пред 20 часа
Владимир Путин изјави дека освојување на Харкив не е дел од моменталните планови на Русија, туку руските сили дејствуваат во овој регион за да се создаде тампон зона која би ја направила Русија побезбедна. „Сите воени операции во Украина се одвиваат според план“, кажа Путин додека е во посета на Кина. Руските сили изненадувачки отворија нов фронт минатиот петок кога извршија прекуграничен напад во североисточна Украина. Тие во меѓувреме зазедоа десетина погранични села и влегоа во градот Вовчанск, оддалечен пет километри од границата. Шефот на украинската војска Олександр Сирски изјави дека руските сили ја проширија зоната на активни борби за речиси 70 километри откако упаднаа во харкивскиот регион. Иако украинскиот претседател Зеленски кажа дека фронтот е стабилизиран, Сирски очекува борбите да се засилат и да се преселат и во северниот регион Суми. „Руските сили напредуваа десет километри во еден дел во регионот Харкив, но ситуацијата сега е стабилизирана“, рече Зеленски. Според Институтот за проучување војна, руските трупи имаат освоено територија од 278 квадратни километри од 9 до 15 мај, најмногу во една операција од средина на декември 2022....
ПРАИЗВЕДБА НА „ПАРОВИ“ ОД АНА РИСТОСКА-ТРПЕНОСКА, ВО РЕЖИЈА НА ИВАНА АНГЕЛОВСКА ВО СКОПСКИ ДРАМСКИ ТЕАТАР
Сакам да кажам - пред 20 часа
Праизведбата на текстот „Парови“ по текст на Ана Ристоска-Трпеноска, во режија на Ивана Ангеловска премиерно ќе се изведе утре (18 мај) во Драмски театар во Скопје. Директорката на Драмски, Викторија Рангелова-Петрова, на денешната прес-конференција кажа дека оваа институција отсекогаш им давала простор и поддршка на македонските драматурзи и млади режисери, а тоа продолжува и со оваа поставка на „Парови“. Ристоска-Трпеноска рече дека текстот е за пет парови, дисфункционални парови. „Со ‘Парови’ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ“, рече драматургот. Според режисерката Ангеловска, „Парови“ е претстава за човековата потреба за љубов, за поврзаност, но и за потребата да бидеш осамен, да бидеш оставен, за копнежот по љубов. Во претставата играат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Jасмина Василева, Димитрија Доксевски, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Лазар Христов, Ања Митиќ и Нина Елзесер. Сценограф е Костантин Трпеноски, музички соработник е Ади Имери, костимографи се Раде Василев и Ратка Џамбазовска-Коцев. Б. НЕСТОРОСКА...
СПОДЕЛЕТЕ ИСКУСТВА И ПРОБЛЕМИ СО КУЧИЊА СКИТНИЦИ
Сакам да кажам - пред 20 часа
Речиси сите општини во Македонија имаат проблем со кучиња скитници. Дневните билтени на Министерството за внатрешни работи се полни со пријави од граѓани каснати и повредени од улично куче. Споделете го вашето искуство и помогнете ни во откривање на причини и решенија за големиот број кучиња скитници на улиците, како и во притисокот кон надлежните институции за трајно решавање на проблемот. За да го споделите вашето искуство, пополнете го овој формулар (податоците што ќе ги внесете се доверливи и безбедни и вашата анонимност ќе биде зачувана ако така сакате):...
СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР ФИЦО Е СТАБИЛНО И ПОЧНАЛ ДА ЗБОРИ, ОРБАН ВЕЛИ ДЕКА Е МЕЃУ ЖИВОТОТ И СМРТТА
Сакам да кажам - пред 21 часа
Словачките лекари ќе се состанат в понеделник за да ја проценат здравствената состојба на премиерот Роберт Фицо и ќе разговараат за негово евентуално префрлање од Банска Бистрица во Братислава. Фицо останува во стабилна, но многу сериозна состојба и може да збори по малку, изјави идниот словачки претседател Петер Пелегрини два дена по атентатот што ја шокираше Европа. Словачкиот премиер беше застрелан неколкупати во гратчето Хандлова и оттогаш лежи во болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран. Ова беше првиот атентат врз политички лидер во Европа по повеќе од 20 години и укажа на големите поделби кои постојат не само во Словачка, туку и на целиот континент. Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Фицо се наоѓа меѓу животот и смртта. „Дури и ако заздрави, Фицо нема да може да се врати на работа со месеци. Ова се клучни времиња. Пред нас се изборите за Европскиот парламент и американските избори кои можат да го одлучат курсот на мирот и војната во Европа“, изјави Орбан....
ПРИЛЕПЧАНКА ИЗМАМEНА ПРЕКУ ТЕЛЕФОН, ПЛАТИЛА 6 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ВНУКА Ѝ ДА НЕ ОДИ В ЗАТВОР ЗА ЛАЖНА СООБРАЌАЈКА, МВР АПЕЛИРА СИТЕ ВАКВИ ПОВИЦИ ПРВО ДА СЕ ПРИЈАВАТ НА 112 ИЛИ 192
Сакам да кажам - пред 22 часа
И покрај апелите од СВР Битола до граѓаните да не веруваат во телефонски јавувања дека нивни блиски направиле сообраќајна несреќа, измамниците и понатаму продолжуваат со истата финта да ограбуваат битолчани и прилепчани. Последна жртва во мрежата на измамниците е 76-годишна прилепчанка, која платила 380.000 денари (околу 6.100 евра) за да не оди в затвор внуката која наводно направила сообраќајна несреќа и удрила дете мигрант. Според полицискиот билтен, прилепчанката пријавила дека била измамена од машко лице кое на 15 мај телефонски ѝ се јавило, претставувајќи се како полициски инспектор и ѝ кажало дека нејзината внука во сообраќајна несреќа во Охрид удрила дете мигрант. Тој ѝ кажал дека родителите на детето бараат пари, а ако не им даде, нејзината внука ќе оди в затвор 10 години. Така, прилепчанката се согласила да даде пари кои следната вечер во нејзиниот дом ги подигнала жена. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Неколку дена претходно, СВР Битола соопшти дека до нив стасуваат пријави од измамени граѓани за наводни сообраќајни несреќи во кои учесници се блиски членови на нивните семејства, па за да ги спасат да не одат в затвор, измамниците бараат да платат големи суми пари. СВР Битола апелираше до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112 и 192 или во најблиската полициската станица. Вакви измами граѓаните имаа пријавено и во ноември 2022 година, а тие зачестија во последно време. Ж. ЗДРАВКОВСКА...
РАДИОВОДИТЕЛ ГИ ПОВИКА СВОИТЕ СЛУШАТЕЛИ ДА ГО УБИЈАТ БЕЛГИСКИОТ ПРЕМИЕР ДЕ КРО
Сакам да кажам - пред 22 часа
Белгискиот премиер Александер де Кро поднесе жалба против радиоводител кој ги повикал своите слушатели да го убијат. „Новинарот ги повика слушателите да го направат тоа, без разлика на обезбедувањето околу премиерот и го спомна нападот на словачкиот премиер Роберт Фицо“, изјави портпаролот на Де Кро, Баренд Лејтс. Фицо беше застрелан во средата и откако беше опериран, се наоѓа во стабилна, но многу сериозна состојба, кажаа словачките власти. Кон него пукаше 71-годишен маж, кој е обвинет за обид за убиство. „Повикување на насилство е казниво. Поднесена е жалба во полицијата во Варегем. Премиерот ја продолжува својата кампања за федералните избори на 9 јуни“, изјави Лејтс. Радиото „Варегем1“, кое се емитува во белгиската провинција Западна Фландрија, објави дека го суспендирала водителот кој ја дал спорната изјава, за која потоа се извинил. „До сите оние кои размислуваат да го застрелаат Алекдандер де Кро, но не се осмелуваат поради обезбедувањето околу тој тип: гледате дека е можно да се пука во премиер. Затоа ќе ви кажам: само напред“, рекол водителот....
ПОЛИЦИЈАТА УБИ МАЖ КОЈ САКАЛ ДА ЗАПАЛИ СИНАГОГА ВО ФРАНЦУСКИОТ ГРАД РУЕН
Сакам да кажам - пред 23 часа
Француската полиција уби вооружен маж кој сакал да запали синагога во северозападниот град Руен. Тој носел нож и кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманан. „Нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку целиот град е во шок“, изјави градоначалникот на Руен, Никола Мајер-Росињол. Полицијата била повикана откако околу 6:45 часот бил забележан чад како излегува од синагогата. Кога пристигнале полицајците, еден од нив застрелал маж кој бил вооружен со нож и метална шипка. „Пожарникарите се обидуваат да го стават огнот под контрола. Се чини дека нема други жртви освен напаѓачот“, додаде Мајер-Росињол. Во Франција, како и во остатокот од Западна Европа, е забележан пораст на антисемитизмот откако во октомври почна војната помеѓу Израел и Хамас....
НАУЧНИЦИТЕ ОТКРИЛЕ ОДАМНА ИСЧЕЗНАТ РЕЧЕН РАКАВ НА НИЛ КОЈ ВЕРОЈАТНО БИЛ КОРИСТЕН ЗА ГРАДЕЊЕ НА ПИРАМИДИТЕ ВО ЕГИПЕТ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Научниците веруваат дека можеби ја решиле мистеријата како биле изградени 31 пирамида во Египет пред повеќе од 4.000 години, вклучувајќи го и светски познатиот комплекс Гиза. Истражувачки тим од Универзитетот на Северна Каролина откри дека пирамидите најверојатно биле изградени долж одамна изгубен древен ракав на реката Нил, кој сега е скриен под пустина и обработливо земјиште. Долги години, археолозите мислеа дека древните Египќани го користеле блискиот воден пат за транспорт на материјали, како што се камените блокови, потребни за изградба на пирамидите на реката. „Досега никој не беше сигурен за локацијата, обликот, големината или за близината на овој мегаводен пат до местото каде што се наоѓаат пирамидите“, изјави еден од авторите на студијата, професорот Еман Гонеим. Истражувачите користеле радарски сателитски снимки, историски карти, геофизички истражувања и испитувања на седиментот за да го мапираат речниот ракав, за кој веруваат дека исчезнал поради голема суша и песочни бури пред илјадници години. Тимот успеал да проникне во површината на песокот и со помош на радарска технологија да произведе снимки од скриени обележја. „Меѓу тие обележја беа закопани реки и антички градби кои се наоѓаат во подножјето на местото каде што лежи огромното мнозинство на древните египетски пирамиди“, рече Гонеим. Тимот утврдил дека речниот ракав наречен Ахрамат бил долг 64 километри и широк меѓу 200 и 700 метри и тука биле сместени 31 пирамида градени пред 4.700 до 3.700 години. „Откривањето на овој исчезнат речен ракав може да објасни зошто имало толку многу пирамиди меѓу Гиза и Лишт во она што денес е негостопримлив дел од Сахара“, кажа Гонеим....
ШЕРОН СТОУН И КОЛЕГИТЕ ПОБАРАА КЕВИН СПЕЈСИ ПАК ДА ПОЧНЕ ДА ГЛУМИ ОТКАКО БЕШЕ ОСЛОБОДЕН ОД ОБВИНЕНИЈАТА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ВРЗ ЧЕТВОРИЦА МАЖИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Шерон Стоун, Стивен Фрај и Лијам Нисон побараа на Кевин Спејси да му се дозволи повторно да глуми. Актерот не е активен од 2017, откако беше обвинет за недолично сексуално однесување. Спејси минатата година беше прогласен за невин за сите обвиненија за сексуален напад врз четворица мажи помеѓу 2001 и 2013, а во 2022, американскиот суд ја отфрли тужбата за сексуален напад против него. Изјавите за поддршка беа дадени од колегите актери за „Телеграф“, поттикнати од документарен филм на Канал 4. Во филмот „Спејси разоткриен“ кој беше емитуван во почетокот на месецов, има сведоштва на неколку мажи. Двократниот оскаровец Спејси ги негираше обвинувањата за несоодветно однесување во документарецот. „Ја преземам целосната одговорност за моето однесување и моите постапки во минатото. Но, не можам и нема да преземам одговорност или да му се извинувам на некој што измислил работи за мене или претерани приказни за мене“, рекол Спејси во интервју за документарецот. Актерката Стоун изјави за весникот: „Едвај чекам да го видам Кевин повторно на работа. Тој е генијалец. Тој е толку елегантен, забавен и дарежлив, знае повеќе за нашиот занает отколку повеќето од нас”. Поддршка даде и писателот, актер и водител Стивен Фрај, велејќи дека Спејси често бил „несмасен и несоодветен“, но дека „да се посвети цел документарец на обвинувања кои едноставно немаат врска со кривични дела, како тоа може да се смета за пропорционално и оправдано?“. Фрај рече дека репутацијата на Спејси е уништена, додавајќи: „Сигурно е погрешно да се продолжи да се нарушува репутацијата врз основа на силата на тврдењето и реториката наместо на доказите? Освен ако не пропуштам нешто, мислам дека тој ја плати цената.” Ова влијаеше и на Лиам Нисон, а актерот напиша: „Кевин е добар човек и човек со карактер. Лично кажано, на нашата индустрија ѝ е потребен и многу ни недостига“. Писма за поддршка напишаа и оскаровецот Ф. Мареј Абрахам и Сер Тревор Нан, кој беше режисер на две претстави во кои играше Спејси во театарот „Олд Вик“ во Лондон. Спејси, кој освои Оскар за „Вообичаено осомничени“ во 1996 и во 2000 за „Американска убавина“, беше отпуштен додека го снимаше хитот на Нетфликс „Куќа од карти“ бидејќи се појавија обвинувања против него во 2017. Претходно овој месец, Спејси го доби и случајот на граѓанско судење поради обвинението дека сексуално нападнал маж. Човекот тврдеше дека бил нападнат во 2008 и, како резултат на тоа, „претрпел психолошка штета и финансиска загуба“....
ШЕРОН СТОУН И КОЛЕГИТЕ ПОБАРАА КЕВИН СПЕЈСИ ПАК ДА ПОЧНЕ ДА ГЛУМИ ОТКАКО БЕШЕ ОСЛОБОДЕН ОД ОБВИНЕНИЈАТА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД ВРЗ ЧЕТВОРИЦА МАЖИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Шерон Стоун, Стивен Фрај и Лијам Нисон побараа на Кевин Спејси да му се дозволи повторно да глуми. Актерот не е активен од 2017, откако беше обвинет за недолично сексуално однесување. Спејси минатата година беше прогласен за невин за сите обвиненија за сексуален напад врз четворица мажи помеѓу 2001 и 2013, а во 2022, американскиот суд ја отфрли тужбата за сексуален напад против него. Изјавите за поддршка беа дадени од колегите актери за „Телеграф“, поттикнати од документарен филм на Канал 4. Во филмот „Спејси разоткриен“ кој беше емитуван во почетокот на месецов, има сведоштва на неколку мажи. Двократниот оскаровец Спејси ги негираше обвинувањата за несоодветно однесување во документарецот. „Ја преземам целосната одговорност за моето однесување и моите постапки во минатото. Но, не можам и нема да преземам одговорност или да му се извинувам на некој што измислил работи за мене или претерани приказни за мене“, рекол Спејси во интервју за документарецот. Актерката Стоун изјави за весникот: „Едвај чекам да го видам Кевин повторно на работа. Тој е генијалец. Тој е толку елегантен, забавен и дарежлив, знае повеќе за нашиот занает отколку повеќето од нас”. Поддршка даде и писателот, актер и водител Стивен Фрај, велејќи дека Спејси често бил „несмасен и несоодветен“, но дека „да се посвети цел документарец на обвинувања кои едноставно немаат врска со кривични дела, како тоа може да се смета за пропорционално и оправдано?“. Фрај рече дека репутацијата на Спејси е уништена, додавајќи: „Сигурно е погрешно да се продолжи да се нарушува репутацијата врз основа на силата на тврдењето и реториката наместо на доказите? Освен ако не пропуштам нешто, мислам дека тој ја плати цената.” Ова влијаеше и на Лиам Нисон, а актерот напиша: „Кевин е добар човек и човек со карактер. Лично кажано, на нашата индустрија ѝ е потребен и многу ни недостига“. Писма за поддршка напишаа и оскаровецот Ф. Мареј Абрахам и Сер Тревор Нан, кој беше режисер на две претстави во кои играше Спејси во театарот „Олд Вик“ во Лондон. Спејси, кој освои Оскар за „Вообичаено осомничени“ во 1996 и во 2000 за „Американска убавина“, беше отпуштен додека го снимаше хитот на Нетфликс „Куќа од карти“ бидејќи се појавија обвинувања против него во 2017. Претходно овој месец, Спејси го доби и случајот на граѓанско судење поради обвинението дека сексуално нападнал маж. Човекот тврдеше дека бил нападнат во 2008 и, како резултат на тоа, „претрпел психолошка штета и финансиска загуба“....
СПОДЕЛЕТЕ ИСКУСТВА И ПРОБЛЕМИ СО КУЧИЊА СКИТНИЦИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Речиси сите општини во Македонија имаат проблем со кучиња скитници. Дневните билтени на Министерството за внатрешни работи се полни со пријави од граѓани каснати и повредени од улично куче. Споделете го вашето искуство и помогнете ни во откривање на причини и решенија за големиот број кучиња скитници на улиците, како и во притисокот кон надлежните институции за трајно решавање на проблемот. За да го споделите вашето искуство, пополнете го овој формулар (податоците што ќе ги внесете се доверливи и безбедни и вашата анонимност ќе биде зачувана ако така сакате):...
ВО ДИК СЕ ПРАВИ ИЗБОРЕН ИНЖИНЕРИНГ ЗА МЕНУВАЊЕ НА БРОЈКИТЕ ВО СОБРАНИЕТО, ОБВИНУВА ПРЕМИЕРОТ ЏАФЕРИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Техничкиот премиер Талат Џафери обвини дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на одредени приговори за изборните резултати и прегласување, и дека на ваков начин се прави обид за изборен инжинеринг за менување на бројките во Собранието и изигрување на волјата на граѓаните. На прес-конференција во Владата, тој ги повика сите институции да постапуваат согласно закон без партиски директиви од која било страна. „Како премиер на Владата на Република Северна Македонија и одговорен за успешноста на изборниот процес на претседателските и парламентарните избори имам добиено извештај од учесниците во изборниот процес за вознемирување во однос на обиди за изборен инжинеринг со вонинституционален меѓупартиски договор за гласање и надгласување во ДИК во врска со симптоматичните приговори поднесени од страна на учесниците на изборите”, рече Џафери на денешната прес-конференција во Владата. Според извештаите, додаде Џафери, овие претензии се изборен инженеринг и имаат за цел менување на соодносот на бројките во Собраието преку политички договор на маса. „Кредибилноста на изборите и на демократскиот процес прифатени и поздравени од сите партии и од меѓународната заедница сега е во рацете на Управниот суд и јас ги поканувам сите институции да постапат согласно закон, без партиски и политички директиви од која било страна и да го штитат кредибилитетот на изборниот процес до крај без да фрлат дамка на волјата на граѓаните изразена на изборите”, кажа Џафери. Во меѓувреме течат роковите за тужби до Управниот суд за изборните резултати по парламентарните избори по прифаќањето на приговорите од страна на ДИК што го отвори патот за прегласување на шест избирачки места во петтата и на едно избирачко место во шестата изборна единица. Рокот на Управниот суд, во кој треба да одлучи дали се прифаќаат приговорите на ДИК за прегласување во седум избирачки места истeкува утре на полноќ....
МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ИМА 61 ПРАТЕНИК ВО СОБРАНИЕТО
Сакам да кажам - пред 1 ден
Лидерот на ВМРО-ДМПНЕ и мандатар на новата Влада, Христијан Мицкоски, вели дека три пратеници се приклучиле кон нивната коалиција и сега имаат 61 пратеник. Кои се тие не сакаше да каже, но рече дека многу скоро ќе се знае. „ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Твоја Македонија’ ги заврши разговорите со неколку од пратениците коишто не се дел од коалицијата, и можам да кажам дека во моментот успешно консолидиравме 61 пратеник. Не можам да зборувам во однос на деталите, но многу скоро од денеска ќе ги дознаете деталите имајќи предвид дека состојбата е чувствителна. Со задоволство можам да кажам дека имаме консолидирано точно 61 пратеник, но тоа нема да нè повлече од разговорите со идните потенцијални коалициони партнери како што е коалицијата ‘Вреди’“, кажа Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на Самитот Македонија 2025. Мицкоски е оптимист дека ќе обезбедат и две третини во Парламентот заедно со останатите опозициски партии со кои преговаат да бидат дел од идната влада. ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори освои 58 пратеници, а досегашната владејачка партија СДСМ 18. ДУИ ќе има 19 пратеници во новиот собраниски состав, албанската коалиција ВЛЕН (Вреди) 13 пратенички места, а Левица и ЗНАМ по 6 пратеници. Мицкоски уште вечерта по завршување на изборите и објавувањето на првичните резултати кажа дека нема да коалицира со ДУИ, туку со албанскиот опозициски блок. Денеска работните групи на двете партии ја одржаа нивната прва средба за преговорите за составот на идната влада....
ДА СЕ ВИДИМЕ ЗА 10-15 ГОДИНИ, НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА Е ОТСУТЕН ПОРАДИ СМРТ, РЕЧЕ МАСИН НА ОТВОРАЊЕТО НА ИЗЛОЖБАТА КОЈА ГО ПРЕПОЛНИ ДАУТ ПАШИН АМАМ
Сакам да кажам - пред 1 ден
За 10-15 години посакувам да се видиме на ова или некое слично друго место. Немој некој да биде отсутен ради болест или смрт, нема шанси, рече синоќа во свој стил сликарот Мирослав Масин, на отворањето на големата изложба со 150 дела во објектот на Националната галерија на Македонија (НГМ) Даут пашин амам. Харизматичниот скопски урбан лик собра личности од сите профили и генерации на својата изложба во чест на 40 години творештво. Даут пашин амам беше преполн од една поинаква, убава, уметничка енергија. Пред отворањето сите свечено го дочекаа Масин на влезот на Даут пашин амам, каде е поставен автомобил насликан од неговите четки. Вратите беа отворени во 20:10 и гостите влегоа во салата предводени од уметникот Масин. Директорката на НГМ, Дита Старова-Ќерими рече дека оваа изложба не е само прослава на уметноста, таа претставува и почит кон креативноста, страста, искреноста, доследноста и визијата на уметникот чии дела оставиле неизбришлива трага на македонската ликовна сцена. Пред отворањето сите свечено го дочекаа Масин на влезот на Даут пашин амам, каде е поставен автомобил насликан од неговите четки. (Фото: СДК.МК) „Патувањето на Мирослав Масин како уметник е придружено со едно длабоко истражување, но и непоколеблива посветеност. Преку неговите слики, тој нѐ кани во свет каде боите танцуваат, емоциите зборуваат, а имагинацијата нема граници. Но, надвор од платното, наследството на Мирослав Масин се протега надалеку и нашироко. Тој не е само сликар; тој е раскажувач, филозоф и светилник на инспирација за генерациите што доаѓаат. Боемот и вечен вљубеник во уметноста Масин, ужива со секој миг посветен на креативност, во секоја размисла, инспирација, внатрешна конфронтација и секако секој потег на четката врз платното“, рече Старова-Ќерими. Изложбата „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ содржи 141 слики и цртежи и 9 објекти, како автомобил, 2 пијана, музичли инструменти. Кураторка е Маја Чанкуловска. Таа кажа ова е негова 66. изложба по ред, на која ѝ претходеа изложби во голем број градови низ Македонија, во земјите од поранешна Југославија, како и низ Европа. Изложени се дела од сите фази во 40-годишното творештво на Масин. (Фото: Ѓ. Личовски) Со тоа, рече Чанкуловска, Масин се вбројува во редот на нашите најзначајни културни амбасадори. „Изложбата е приказн на уникатен сликовен ракопис на автор кој 40 години ги руши стереотипите“, рече Чанкуловска. НЕМАМ ДЕН РАБОТЕН СТАЖ, КАКО МЛАД БЕШЕ ТЕШКО, НО ДЕНЕС УЖИВАМ ВО ТЕШКОТИЈАТА, ВЕЛИ МАСИН ПРЕД ГОЛЕМАТА ИЗЛОЖБА ВО ДАУТ ПАШИН АМАМ Б. НЕСТОРОСКА...
ПРЕСПАНСКИОТ Е ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИНСТИТУЦИИ, АМА НИЕ ЌЕ СИ ВИКАМЕ МАКЕДОНИЈА, ВЕЛИ МИЦКОСКИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар за состав на Влада Христијан Мицкоски вели дека Преспанскиот договор е дел од македонските институции, Уставот и законите, но дека негово основно човеково право е како ќе ја нарекува државата. Тој вели дека кога ќе дава изјави ќе го користи терминот Македонија, а истото го очекува и од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Мицкоски смета дека на тој начин не се прекршува Договорот од Преспа. „Преспанскиот договор е дел од македонските институции, од македонскиот Устав и законите. Многу пати во минатото сме кажале дека тоа е реалност. Комуникацијата во македонските институции останува согласно Уставот и законите, но мое основно човеково право е како ќе ја нарекувам мојата држава. И додека давам изјави или се обраќам, и јас, а очекувам тоа да биде начин на однесување и на Сиљановска, да се користат термините Македонија и придавката ‘македонски’, бидејќи на тој начин, според нашето толкување на Преспанскиот договор, нема негово прекршување. Ја користам оваа прилика до нашите пријатели од Грција – да престанеме со закани, опструкции и враќање назад во минатото, да гледаме во иднината. Ова се документи кои се дел од правото. Ако тие мислат дека сме го прекршиле Преспанскиот договор, постои Меѓународен суд за правда, може да почнат процес па таму ќе ги вкрстиме и едните и другите аргументи. Не би сакал до тоа да дојде. Повикувам на добрососедски и пријателски односи“, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на Самитот Македонија 2025. Во врска со заклетвата на инаугурацијата на Сиљановска-Давкова, Мицкоски рече дека била достоинствена. „Очекував честитка од јужниот сосед за убедливиот триумф, но за жал, добивме политички мускули“, вели Мицкоски. Мицкоски повика на добрососедски и пријателски односи со Грција и апелира да нема веќе закани, опструкции и враќање назад во минатото, туку двете страни да гледаат кон иднината. Рече и дека наскоро очекува средба со грчкиот премиер со кој би разговарал за економијата, туризмот, образованието,… „Ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ да ги повтори грешките од минатото, бидете сигурни дека тоа нема да го направиме. Немаме намера на нивните политички мускули да одговориме со преименување на автопатите и аеродромите или да градиме споменици. Не очекувам односите меѓу двете држави да се темелат на политички мускули, очекувам да имаме одлични меѓусоседски односи, ценам дека ВМРО-ДПМНЕ и тамошната влада предводена од Нова Демократија имаат свој став поврзан со Преспанскиот договор, бидејќи ниту на едните, ниту на другите ни се допаѓа тој договор“, кажа Мицкоски....
МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ДЕМИРИ НЕ ГЛЕДА НИШТО СПОРНО ШТО ЌЕ ВРАБОТИ ЛИЦА БЕЗ СООДВЕТНО ОБРАЗОВАНИЕ НА ТОКСИКОЛОГИЈА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Министерот за здравство Илир Демири вели дека скандалите кои во последниов период се случуваат на Клиниката за токсикологија се политички инструирани и дека досега тој не можел да зборува за тоа, бидејќи во тек била предизборната кампања. Тој најави дека сите 18 медицински работници кои досега работеле со договор за дело ќе добијат приоритет при вработувањето, а конкурсот ќе биде објавен наскоро. Демири на 14 мај го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, откако тој одби да потпише вработувања на 18 лица среде изборен период. Повеќето од тие лица оделе на работа иако им биле истечени договорите. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) на 2 мај соопшти ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на Клиниката. „Ако некој има договор и е дел од здравствениот систем една година, кој сум јас да го му прекратам договорот. Ние имаме 1.390 здравствени работници со договор за дело и што би се случило кога би се прекинале таквите договори“, вели Демири. МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА Д-Р ДАНИЛ ПЕТРОВСКИ За Демири не е ништо спорно тоа што некои од овие лица не биле адекватни за работата што ја вршеле, како што минатиот месец предупредија вработени од Клиниката. „Ова прашање сте требале да го поставите 2023, кога овие лица биле примени на работа. Јас ќе се ангажирам овие лица кои се со договор за дело, да бидат приоритет при вработување на конкурсот кој ќе се отвори наскоро после изборите“, им одговори денеска Демири на новинарите, по посетата на Клиничката болница во Тетово на промоцијата на муралот кој е насликан на зградата од Хируршкото и Гинеколошкото одделение. Во целата оваа состојба што се случува Демири гледа политички притисоци врз него. „Договорите не можеа да се продолжат кога има врзан потпис. Јас пред изборите го замолив директорот Петровски кој беше на разговор кај мене, да постапува според законските обврски. Директорот тоа одби да го направи. Кој го именувал тој директор и зошто му текнало после 15 месеци дека овие лица не се адекватни и зошто се чекало толку време за да ги пријават? Сето ова апсолутно е политички инструирано“, рече министерот за здравство. Демири уште на 22 април најави дека ќе го разреши д-р Петровски. Претходно, со писмо и со прес-конфереција, вработени од Клиниката како и доктори со долгодишно искуство реагираа дека економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно бутка да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа. З. АНДОНОВ...
СО ПЕРФОРМАНСОТ „ТАЈЖАМ НА СМИЛЕВСКИ“ СЕ ОТВОРА НОВАТА НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА „СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС“ СО СЕДИШТЕ ВО РОДНАТА КУЌА НА ДАМЕ ГРУЕВ ВО СМИЛЕВО
Сакам да кажам - пред 1 ден
Со перформансот со перформансот „Тајжам на смилевски“, од 17 мај започнува првото издание на манифестацијата „Смилевски конгрес“ во организација на истоимената нова национална установа која ќе функционира под Министерството за култура, а ќе има седиште во родната куќа на војводата Даме Груев во Смилево. Целта на установата и на манифестацијата е децентрализација на културата и уметноста, како и поддршка и ревитализација на маргинализирани, а културолошки и историско важни, локални заедници, рурални места и природни ресурси. „Преку автентични концепти, нашата установа се бори за промоција и заживување на културната меморија и традиција низ активна современа култура. Нашата институција ќе поддржува, промовира и продуцира авторски и современи домашни и странски проекти и автори“, вели в. д. директорот на установата Влатко Деловски. Со почеток во 19,30 часот во Смилево, перформансот „Тајжам на смилевски“ е на истражувачкото студио за храна со готвење во живо на Гоце Николовски, Борче Василевски, Анастасија Трајковска, Александра Николовска и Сашо Алушевски. Во рамки на дводневната програма, на 17 и 18 мај ќе има музички концерти на „Љубојна“, „Пијан Славеј“, Дина Јашари, Филип Букршлиев, а ќе гостуваат и „Џими Барка Експириенс“ од Словенија. Музичките настани ќе бидат збогатени со уметнички инсталации и видеоарт од гости од Лерин, Грција, арте повера, светлечки инсталации, танцов перформанс, фотографии и друго. Влезот за настаните е слободен, а за Смилево од Битола двата денови се организирани бесплатни автобуси. „Смилево е родно место на Даме Груев и тука се одржал Смилевскиот конгрес, каде се одлучувало за дигање на Илинденското востание. Не случајно, нашата културна револуција започнува тука, во родната куќа на Даме Груев, која воедно е седиште на националната установа. Дамјан во една прилика беше рекол: ‘Со тоа што имаме со тоа ќе работиме’, па така и ние! Има доста работи што немаме и ни фалат, но затоа имаме силен дух, знаење и културен опит“, рече Деловски. Ж. ЗДРАВКОВСКА...
„АЛКАЛОИД“ ДОБИ ДВЕ ПРИЗНАНИЈА ЗА СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Сакам да кажам - пред 1 ден
„Алкалоид“ доби две признанија по повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 Април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, соопшти компанијата. „Алкалод“ е наградена за најдобар правен субјект кој реално и стручно придонел во сопствениот развој инвестирајќи и имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени, и за правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени. „Добиените признанија се најдобар доказ за напорите што ги вложува ’Алкалоид’ во градењето безбедна и здрава работна средина. Ова за нас претставува мотив повеќе и во иднина да продолжиме со напорна работа и со надминување на предизвиците преку континуирано унапредување на воспоставениот систем за безбедност и здравје при работа и преку примена на светски етаблираните практики, кои се со цел заштита на вработените“, рече на настанот членот на УО на „Алкалоид“, Ќире Ицев. Настанот беше организиран под покровителство на стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа....
МИ СЕ ИСПОЛНИ ЖЕЛБАТА ДА ДОЈДЕМЕ НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА СОФИСКАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ПРЕД ИЗВЕДБАТА НА „ВАЛКИРА“ НА 18 МАЈ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Најдобрите оперски пејачи од Софиската опера и балет, цел Оркестар и цела техничка екипа доаѓаат во Скопје, за изведбата на операта „Валкира“ која ќе се изведе на 18 мај во Националната опера и балет (НОБ) на 52. Мајски оперски вечери (МОВ). Почетокот на претставата е закажан во 18 часот, има три чина и се најавува дека ќе заврши до 23 часот. Претставата е во режија на Пламен Карталов, член на Бугарската академија на науките, оперски менаџер и професор, кој 16 години е директор на Софиската опера и балет. Ќе диригира Еван Алексис Крист од САД. Меѓу солистите во „Валкира“ се Маријана Цветкова, Мартин Илиев, Ангел Христос, Гергана Русекова, Цветана Бандаловска и Станислава Момекова. Карталов на денешната прес-конференција рече дека му се исполнила дамнешна желба да дојде Софиската опера и балет на Мајските оперски вечери. Од циклусот Вагнерови опери поставени кај нив, „Валкира“ е најпопуларна и затоа со голема радост ја претставуваат во Скопје. Говорејќи за творештвото на Вагнер, Карталов рече дека композиторот говорел дека повеќе ги сака актерите отколку оперските пејачи. „Таква е и неговата музика, Оркестарот не свири, зборува. Оркестарот ја создава врската меѓу музиката и сцената“, рече Карталов. Според диригентот Еван-Алексис Крист, на секој љубител на операта ќе му се допадне оваа драма, најмногу поради музиката, но и поради историските аспекти. „Последниве три години имав можност да соработувам со маестро Карталов, кој навистина има голема имагинација и креативност да создава прекрасни сцени од музички аспект. Имавме проби изминативе пет недели и тој постојано зборуваше за светлото и за музиката, како да ја прилагодиме и како да ја искористиме. Ќе видите колку бугарските оперски пејачи имаат неверојатни гласови, прекрасни гласовни способности. Имаат богата традиција, исто како и вие овде, и сметам дека навистина ќе ви се допадне“, рече диригентот. Директорот на НОБ, Васо Ристов рече дека „Валкира“ е спектакл и дека претставата е речиси распродадена, а уметничкиот директор на Операта, Орце Ицковски кажа дека македонската публика ќе има привилегија за првпат да го слушне во целост ова дело на Вагнер. Директорката на Бугарскиот културно информативен центар во Скопје, Антонија Велева, најави дека НОБ во септември ќе гостува во Софија. СОФИСКАТА ОПЕРА И БАЛЕТ ДОАЃА СО ЧЕТИРИ КАМИОНИ ОПРЕМА ЗА „ВАЛКИРА“ НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ Б. НЕСТОРОСКА...
ШЈИ И ПУТИН ГО ОСУДИЈА ОДНЕСУВАЊЕТО НА САД И КАЖАА ДЕКА ЗАЕДНО ГИ БРАНАТ ПРИНЦИПИТЕ НА ПРАВДА И ДЕМОКРАТИЈА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Шји Џинпинг и Владимир Путин го осудија агресивното однесување на САД и ветија дека ќе ги продлабочат веќе блиските одбранбени и воени врски на нивните земји. Откако државниот секретар на САД Ентони Блинкен беше во Кина минатиот месец во обид да ја убеди да ги намали односите со Москва, Шји сигнализираше дека Пекинг и Москва делат заеднички став за низа важни прашања, вклучително и за Украина и дека ќе се спротивстават на притисокот на западот. „Денешните кинеско-руски односи се тешко стекнати и двете страни треба да ги негуваат и развиваат“, му кажа Шји на Путин, кој денеска пристигна во дводневна посета на Кина. Во заедничката изјава се изразува загриженост за американските напори за нарушување на стратешката нуклеарна рамнотежа, што претставува закана и за Русија и за Кина, како и за плановите на САД за развој на високопрецизни ненуклеарни оружја. Путин ја опиша соработката на Русија и Кина како еден од главните стабилизирачки фактори на меѓународната сцена. „Заедно ги браниме принципите на правда и демократски светски поредок заснован врз меѓународното право“, кажа Путин. Во поглед на Украина, Шји рече дека се согласиле дека политичко решение на кризата е вистинската насока и дека се противат на одолжувањето на конфликтот, што би можело да премине во неконтролирана фаза....
РОДИТЕЛИ ВЛЕГЛЕ ВО ШКОЛО ВО БИТОЛА И НАПАДНАЛЕ СОУЧЕНИК НА НИВНОТО ДЕТЕ И НАСТАВНИЧКА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Двајца родители на ученик во битолско училиште за време на наставата физички нападнале друг ученик, како и настaвничката, соопштија од СВР Битола. Според полицискиот билтен, вчера Р. М. (48) од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Р. Л. и Н. Л., родители на негов соученик. Истиот ден, М. Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од Р. Л. и Н. Л.. Од СВР Битола велат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот. Неофицијално дознаваме дека училиштето во кое се случил наставот е „Даме Груев“ во Битола. Ж. ЗДРАВКОВСКА...
ШТИПЈАНЕЦ СО КОЛА ЈА РАЗБИЛ ОГРАДАТА И ПАДНАЛ ВРЗ ПОКРИВОТ НА КУЌА ДОДЕКА СПИЕЛЕ СТАНАРИТЕ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Рано утринава околу 2 часот, на улицата Стојан Рибата во Штип автомобил марка ‘хјундаи‘ движејќи се по удолнината на оваа еднонасочна улица излетал од патот, ја разбил железната ограда и треснал во покривот на куќа во која станарите спиеле. Во СВР Штип ја потврдуваат несреќата и велат дека нема повредени. „Во целата несреќа сме имале голема среќа, затоа што мислиме дека оградата спречила возилото да падне во спалните на нашите две семејства. Нè разбуди силна експлозија. Во првиот шок помисливме дека е бомба. Силниот тресок бил од ударот во железната ограда која буквално нè спаси“,велат станарите од куќите кои се под нивото на оваа стрмна улица во Штип. Направена е само материјална штета. Без повреди поминал и возачот Т. Р. (39) од Штип кој бил сам во автомобилот. Портпаролката на СВР Штип Гордана Панајтова вели дека против него ќе бидат поднесени соодветни пријави. Т. ЈОВАНОВСКИ...
КУЌАРКИТЕ ОД НОВА ГОДИНА ПАК ВРАТЕНИ НА ПЛОШТАД, ГРАД СКОПЈЕ НЕ КАЖУВА ЗОШТО
Сакам да кажам - пред 1 ден
Пак се вратени новогодишните куќарки на Плоштад Македонија. Денеска камиони од јавните претпријатија на Град Скопје ги поставуваа куќарките на плочникот, кои беа тргнати пред еден месец. Од Град Скопје не добивме одговор на нашето прашање зошто повторно се поставуваат куќарките и зошто пред еден месец беа отстранети кога сега пак се враќаат. ДУИ имаше митинг на Плоштадот Македонија 21 април, пет дена откако беа тргнати куќарките. (Фото: Фејсбук) Куќарките беа тргнати на 15 април. Оттогаш на Плоштадот Македонија се одржа само митингот на ДУИ на 21 април. Друг настан немаше. Куќарките беа поставени на Плоштадот пред Нова година, и четири месеци стоеја празни и затворени. ГРАД СКОПЈЕ ГИ ТРГНА НОВОГОДИШНИТЕ КУЌАРКИ ОД ПЛОШТАДОТ А. АНТЕВСКА...
ГЛУТНИЦА КУЧИЊА НАПАДНАЛА СКОПЈАНЕЦ ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, БЕГАЈЌИ ПАДНАЛ И СЕ ИСКРШИЛ
Сакам да кажам - пред 1 ден
38-годишен скопјанец бил нападнат од глутница кучиња во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и додека бегал да се спаси од нив, паднал и се искршил. За среќа, во близина на нападот е Ургентниот центар, па веднаш бил згрижен таму. „На 15.05.2024 во 01.12 часот во СВР Скопје, И.С. (38) од Скопје пријавил дека во кругот на Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје бил нападнат од кучиња скитници и при обид да побегне паднал и се здобил со повреди констатирани во Ургентниот центар во комплексот“, кажаа од МВР. Истиот ден, во полиција биле пријавени уште пет други напади од кучиња скитници. Во Кичево, 65-годишничка била касната од куче скитник. Во Крива Паланка бил каснат 75-годишник. Во скопски Карпош од куче скитник настрадала 29-годишничка. Во Чаир, куче скитник каснало малолетник и во Ѓорче Петров настрадал 19-годишник....
МИЦОТАКИС ВЕЛИ ДЕКА ГРЦИЈА НЕМА ДА ГИ РАТИФИКУВА МЕМОРАНДУМИТЕ ЗА СОРАБОТКА СЀ ДОДЕКА НЕ БИДАТ УБЕДЕНИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ЦЕЛОСНО ГО ПОЧИТУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис вели дека Грција нема да ги ратификува трите меморандуми за соработка, потпишани со македонската влада, сè додека, како што кажа тој, Скопје целосно не го испочитува Договорот од Преспа. „Нема да ги ратификуваме меморандумите сè додека не сме апсолутно убедени дека другата страна ги почитува сите одредби од Договорот од Преспа“, изјави Мицотакис за грчката телевизија „Скај“. Мицотакис ја даде изјавата откако опозициската Сириза ги поднесе на ратификација во грчкиот парламент трите меморандуми и откако новата македонска претседателка Гордана Сиљановска-Давкова кажа само „Македонија“ при инаугурацијата во македонскиот парламент. „Јас предупредив со јасна изјава новата влада во Скопје дека секое отстапување од имплементацијата на договорот сигурно ќе има сериозни последици за нашите односи со Северна Македонија и исто така за европскиот пат на земјата“, додаде тој. Тој смета дека ако ги ратификува меморандумите, Грција ќе ги изгуби средствата што ги има на располагање за врши притисок врз Македонија за да го почитува Договорот од Преспа. Трите потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на Радарот за воздухопловни операции (FIR) Скопје. Тие се дел од обврските на Грција преземени со потпишувањето на Преспанскиот договор, а кои веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент....
НА ПРАГОТ СМЕ НА ГРАЃАНСКА ВОЈНА, ПРЕДУПРЕДИ СЛОВАЧКИОТ МИНИСТЕР ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ПРЕМИЕРОТ ФИЦО
Сакам да кажам - пред 1 ден
Словачкиот премиер Роберт Фицо е во стабилна, но сериозна состојба откако вчера беше застрелан неколкупати, објавија лекарите од болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран. Словачкиот вицепремиер Томаш Тараба синоќа кажа дека Фицо веќе не е во животна опасност. „Во текот на ноќта лекарите успеаја да ја стабилизираат состојбата на премиерот. За жал, таа и натаму е многу сериозна, зашто повредите се сложени“, рече министерот за одбрана Роберт Калиник. Властите го опишаа обидот за атентат како политички мотивиран и ги обвинија медиумите и социјалните мрежи за ширење на говор на омраза. „Сакам да ги повикам јавноста, новинарите и политичарите да престанат да шират омраза и поделби. На прагот сме на граѓанска војна. Емоциите се природно високи, но би било многу лошо да се разгори оваа и онака опасна ситуација“, изјави министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток. Фицо, кој претходно беше премиер во три наврати, се врати на власт по изборите во септември откако водеше кампања во која изразуваше проруски ставови и ветуваше дека Словачка веќе нема да праќа воена помош во Украина. Фицо имал само 25 години кога комунистите ја изгубија власта во тогашната Чехословачка. Тој само што ги завршил студиите по право и станал член на Комунистичката партија кога се распаднал целиот поредок за кој бил обучуван. Млад и талентиран, Фицо се придружил на партијата која ги наследи комунистите и бил избран за пратеник во 1992. Откако најголем дел од 1990-тите ги поминал во Стразбур работејќи во Европскиот суд за човекови права, Фицо во 1999 формирал партија која ќе доминира во словачката политика во следните децении. Смер-СД, која произлезе од авторитарната партија Движење за демократска Словачка, финансирана од олигарси, освои само 13,5% гласови на изборите во 2002. Ова порасна на 29% четири години подоцна, кога Фицо ја формираше својата прва влада. Фицо беше во својот трет премиерски мандат во 2018 кога Словачка ја потресе убиството на истражувачкиот новинар Јан Куцијак и неговата свршеница. Две недели подоцна, Фицо поднесе оставка, а Смер доживеа тежок пораз на изборите во 2020. Откако ја изгубија власта, Фицо и неговите политички сојузници се најдоа под истрага за корупција и злоупотреба на власта. Фицо дури беше уапсен во април 2022, но обвинувањата против него потоа беа отфрлени. И покрај сѐ, Фицо лани се врати на власт и почна да спроведува мерки што не му се допаднаа на Брисел, како смена на раководството на елитната полициска единица, отфрлање на независните медиуми, донесување нов кривичен законик за да се олеснат казните за корупција и закани дека невладините организации со странско финансирање ќе бидат означени како странски агенти, по примерот на Русија и Грузија....
АТЕНТАТОРОТ НА СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР ФИЦО Е ПИСАТЕЛ СО ЕКСТРЕМИСТИЧКИ СТАВОВИ ПОВРЗАН СО ПРОРУСКА ПАРАВОЕНА ГРУПА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Седумдесет и едногодишниот Јурај Цинтула, кој вчера пукаше во словачкиот премиер Роберт Фицо и тешко го рани, изјавил дека го направил тоа зашто не се согласувал со политиката на владата, особено со предложеното укинување на државната телевизија. Неколкумина сведоци кажаа дека Цинтула се доближил до Фицо и му се обратил, по што испукал пет куршуми, од кои три го погодиле. Словачките медиуми објавија дека Цинтула е писател и поет од гратчето Левице, основач на книжевниот клуб „Виножито“, кој работел како обезбедување во трговски центар и бил поврзан со проруската група „Словенски бранци“. Последното се потврдува од објави на Фејсбук до кои што дојде унгарскиот истражувачки новинар Саболч Пањи. Тие го покажуваат Цинтула како симпатизер и поддржувач на оваа паравоена група, за која е познато дека има врски со Кремљ. „Словенски бранци“ беше обвинета за обид за регрутирање на млади мажи низ Словачка. Цинтула со членови на паравоената група „Словенски бранци“ (Фото; Фејсбук) Во објава од 2016, Цинтула е снимен како држи говор до членови на групата облечени во маскирни униформи. Во текстот под фотографијата Цинтула им дава поддршка на самоорганизирани милиции на кои „треба да им се дозволи да ги штитат жителите, земјата, традицијата и културата од мигрантите кои доаѓаат надвор од Европа“. Како писател, Цинтула објавил три збирки поезија и два романа, а во еден од нив ја напаѓа словачката ромска заедница. Во 2015 станал член на Друштвото на писатели на Словачка, иако во последните години се обидувал да се дистанцира од него. Цинтула работел за приватна фирма за обезбедување, а пиштолот со кој го застрелал Фицо го поседувал со дозвола....
ДЕСНИЧАРОТ ВИЛДЕРС ДОГОВОРИ ФОРМИРАЊЕ ВЛАДА ШЕСТ МЕСЕЦИ ПО ПОБЕДАТА НА ИЗБОРИТЕ ВО ХОЛАНДИЈА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Речиси шест месеци откако победи на парламентарните избори во Холандија, антиисламскиот популистички лидер Герт Вилдерс постигна договор за формирање влада со уште три партии. Засега не е донесена одлука кој ќе биде премиер, но тоа нема да биде Вилдерс, кој претходно се откажа со цел да се формира коалиција. „Имаме договор и сега ќе го доставиме во парламентот“, изјави лидерот на крајнодесничарската Партија на слободата (ПВВ). Ако договорот биде прифатен, партијата на Вилдерс ќе формира влада заедно со конзервативно-либералната ВВД, центристичката Нов социјален договор и со Граѓанско движење на земјоделците. Партијата на слободата изненадувачки освои една четвртина гласови на изборите во ноември откако се откажа од некои свои радикални политики, како забрана на Коранот и џамиите. Сепак, разговорите за формирање коалиција на четири партии пропаднаа во февруари, по што Вилдерс се откажа од амбицијата да биде премиер. Нов фаворит за оваа функција е 67-годишниот Роналд Пластерк, кој се откажа од кариерата на професор и молекуларен биолог за да влезе во политиката....
ПАЛЕВСКИ СЛЕТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО КОМЕРЦИЈАЛЕН ЛЕТ, ПОД ПОСЕБНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОД ТУРСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО АВИОНОТ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Љупчо Палевски, првообвинетиот за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, слетал на скопскиот аеродром вечерва околу 19.30 часот. Се очекува по напуштањето на аеродромот ТАВ, тој да биде однесен директно во затворот „Шутка“. Неофицијално, стигнал со комерцијален лет, сепариран од другите патници, со посебно организирано обезбедување од турската полиција. На Палевски веднаш му стапува мерката притвор од 30 дена, што му е одредена претходно. Во притворскиот затвор во Шутка месец ипол била спремна посебната соба за Палевски. Тој ќе биде под посебно обезбедување, во засебна ќелија преку која се доаѓало преку посебен ходник. Првин ќе биде прегледан од лекар за да не има повреди, односно ќе му се направи детален медицински преглед. Потоа ќе биде стрижен од бербер, по што ќе му биде даден затворски комбинезон. Храната ќе му биде посебно проверувана, а еднаш во денот на одредена минутажа ќе шета на сам, на посебен отворен простор врзан за засебната ќелија. Нема да јаде и да се шета со другите притвореници, од безбедносни причини, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од затворот. На прашање дали ќе му бидат дозволени посети, надлежните во затворот велат: „Секако, се што ќе биде дозволено од Основниот кривичен суд Скопје, ќе му биде овозможено на екстрадираното лице. Ништо повеќе, ништо помалку“. Љупчо Палевски со прекар Палчо, е првоосомничен во групата дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември и Панче Жежовски од Велес на 22 ноември. Ѓорчевска е убиена па закопана близу Скопје, а Жежовски близу Велес. Тоа утро, Ѓорчевска била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата, ѝ биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење и ставена во гепек. Киднаперите претходно вечерта од таткото биле информирани дека Ѓорчевска ќе оди на училиште сама и кога ќе излезе. Девојчето било киднапирано со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа била убиена со пиштол. Палевски избега, но на 5 декември беше уапсен во Турција. Тој се екстрадира за истрага за кривични дела Грабнување и Убиство, која ја води Скопското обвинителство. За двата свирепи случаја се осомничени уште 5 лица. Тројца од нив (В. М., В. К. и Б. В.) се осомничени за двете убиства и киднапирања, таткото на Ѓорчевска е осомничен за киднапирање на ќерка си, додека С. Д. е осомничен дека му помогнал во бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски. Тројца од нив се во притвор. Сите осомничени кои ги гледале и присуствувале на свирепите убиства, дале идентични изјави во истрагата, како за убиецот, така и за двата настана, од почеток до крај. С. К. ДЕЛЕВСКА...
БОЛНИЦИТЕ ПОЛНИ СО СКРШЕНИЦИ ПРИ ПАД ОД ТРОТИНЕТ, ЛАНИ ИМАЛО И 52 СООБРАЌАЈКИ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Одделенијата за ортопедија во болниците низ земјава се полни со пациенти кои добиле скршеници при пад од електричен тротинет. Тротинетите се движат со недозволена брзина од 50 километри на час, иако максимално дозволената е 25 км на час, па затоа падот од нив е доста сериозен. Како што затоплува времето така се поголем број луѓе го користат тротинетот како превозно средство, а со тоа расте и бројот на повредените. Последниве неколку години, откако електричните тротинети почнаа да се користат и изнајмуваат, ортопедите секојдневно се соочуваат со пациенти кои се повредиле при пад и сообраќајни несреќи. „Во последните неколку години е зголемен бројот на пријави на Ургентен центар од повреди при пад од тротинет. Најчести фрактури кои се случуваат од пад од тротинет се фрактура на клучната коска, на клавикулата, на надлактица и на шаката. Се случува да дојдат и со фрактури на колк, но и на главата, па тие повреди барале и интерхируршки третман на други клиники. Во последниве години е многу проширена нивната употребата и затоа апелирам возачите да користат кацига и да возат на пропишани локации и претпазливо“, вели д-р Александар Трајановски, директор на Универзитетска Kлиника за Tрауматологија, Oртопедски болести, Aнестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ). Само во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје од почетокот на годинава, за 4 месеци на Ортопедскиот оддел се третирани 23 пациенти со скршеници од тротинети. Раководителот на одделот д-р Зоран Несторовски вели дека најчесто станува збор за повреди на горните екстремитети, клучна коска, рамо, подлактица, надлактица, шака… Тој вели дека има и пациенти кои се примаат со скршеници кои не се возачи на тротинет, туку пешаци кои настрадале од ударот на тротинет, на тротоар или на автобуска станица. ВНИМАВАЈТЕ СО ТРОТИНЕТИТЕ, ВО 2019 ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНАЛО, ЛАНИ ДВАЈЦА БИЛЕ ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ЗА 2,5 ГОДИНИ ИМАШЕ 90 СООБРАЌАЈЌИ СО ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ, СО НИВНОТО ИЗНАЈМУВАЊЕ МОЖЕ ДА НАСТАНЕ УШТЕ ПОГОЛЕМ ХАОС, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ЦУК, АНГЕЛОВ Возачите на тротинети возат без правила, кога им одговара се моторно возило, кога им одговара се пешаци. – (Фото: К. Попов) Во Министерството за внатрешни работи се води евиденција за сообраќајните несреќи во кои учествувале возачи на тротинети. Нивниот број расте од година до година. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во 2021 се случиле вкупно 26 сообраќајни незгоди од кои 11 возачи на тротинет добиле тешки телесни повреди и 15 возачи телесни повреди. Во текот на 2022, се случиле вкупно 35 сообраќајни незгоди од кои 6 возачи добиле тешки телесни повреди и 29 возачи телесни повреди. Лани имало 52 сообраќајни незгоди со тротинет, од кои 14 возачи добиле тешки телесни повреди и 38 возачи телесни повреди. Според податоците на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот во 2019 едно лице загинало при управување со тротинет. ПАРИЗ СТАНА ПРВИОТ ГЛАВЕН ГРАД ВО ЕВРОПА КОЈ ГО ЗАБРАНИ ИЗНАЈМУВАЊЕТО ЕЛЕКТРИЧНИ ТРОТИНЕТИ ДНЕВНО ИМА 2.000 ИЗНАЈМУВАЊА НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ТРОТИНЕТИ ВО СКОПЈЕ, ДЕСЕТИНА СЕ УНИШТЕНИ Во голем број европски градови се отвори дебатата дали треба да се забрани изнајмувањето тротинети, токму поради големиот број сообраќајни несреќи. Париз минатата година стана првиот град кој го забрани изнајмувањето на тротинети откако на референдум дури 90 отсто од граѓаните ја поддржаа забраната. Од лани летото и во Скопје почнаа да се изнајмуваат електрични тротинети, како проект на приватна фирма. Тогаш директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов предупреди дека воведувањето на опцијата за изнајмување електричен тротинет може да доведе до уште поголем хаос во сообраќајот, зашто оние кои ги изнајмуваат ретко ги почитуваат законските прописи од оваа област. За управување тротинет постојат сообраќајни правила односно кој, како, кога и каде може да управува електричен тротинет: Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години Возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци.се забранува движење со тротинет на коловоз Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 километри на час, а по тротоар и пешачка патека, не смее да се движи со брзина поголема од 6 километри на час Ако двајца или повеќе возачи на електричентротинет се движат во група, должни се да се движат еден позади друг Возачот на електричен тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото односно не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото и не смее да води животни Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото. Иако треба, нема санкција. Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото. На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната страна и светло со црвена боја на задната страна. Не успеавме да дојдеме до податок колку од возачите на тротинет се казнети за непочитување на сообраќајните правила. А. АНТЕВСКА...
ПРЕМИЕРОТ ФИЦО ВЕЌЕ НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ ПО ВЧЕРАШНИОТ АТЕНТАТ, КАЖА СЛОВАЧКИОТ ВИЦЕПРЕМИЕР
Сакам да кажам - пред 2 дена
Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност откако вчера беше застрелан неколкупати во обид за атентат, изјави вицепремиерот Томаш Тараба. „Операцијата помина добро и се очекува на крајот Фицо да преживее“, кажа Тараба. Министерот за одбрана Роберт Калинак синоќа изјави дека Фицо го оперирале неколку часа по пукањето во малиот град Хандлова и дека тој се бори за живот. Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток го опиша нападот како политички мотивиран и ги обвини медиумите и социјалните мрежи за ширење говор на омраза, што довело до атентатот. „Премиерот беше застрелан одблиску. Еден куршум му поминал низ стомакот, а вториот погодил зглоб“, кажа Тараба. Властите сѐ уште официјално не го објавија идентитетот на напаѓачот, кој беше уапсен на самото место. Според непотврдени информации, станува збор за 71-годишен жител на село во централна Словачка, кој е писател и политички активист. Фицо беше застрелан пред локалниот центар за култура додека заминуваше од владина седница и нападот се случи на денот кога парламентот ја почна расправата за укинување на јавниот радиодифузен сервис РТВС, против што илјадници луѓе протестираа во изминатите недели. Фицо се врати на власт по изборите во септември, предводејќи популистичко-националистичка коалиција. Ова е неговиот четврти премиерски мандат досега....
НЕМАМЕ ДОБРИ ВЕСТИ, ПРЕМИЕРОТ ФИЦО Е КРИТИЧНО, КАЖАА СЛОВАЧКИТЕ ВЛАСТИ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Словачкиот премиер Роберт Фицо и натаму е на операција и се бори за живот откако денеска беше застрелан неколкупати во градот Хандлова. „Здравствената состојба на Фицо е многу сериозна. Ситуацијата е лоша. Во моментов немам добри вести“, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калинак. Тој додаде дека операцијата за спас на Фицо трае веќе три и пол часа. „Она што се случи денеска е стигма што ќе нѐ прогонува долго време. Се надеваме дека премиерот Фицо е доволно силен за да се справи со оваа траума“, кажа Калинак. Министерот за внатрешни работи Матуш Шутај-Ешток изјави дека напаѓачот пукал пет пати и дека Фицо е во критична состојба. „Првичната истрага заклучи дека мотивот на нападот е политички. Идејата за нападот се родила по претседателските избори“, рече Шутај-Ешток. Педесет и деветгодишниот Фицо, кој лани се врати на власт, беше застрелан пред локалниот центар за култура нешто по 14:30 часот, додека заминуваше од владина седница. Тој прво беше префрлен во локалната болница, а потоа со хеликоптер беше превезен во соседниот град Банска Бистрица. Словачките медиуми објавија дека Фико има рани на стомакот и рака и дека при доаѓањето во болницата бил свесен. Нападот го извршил 71-годишен маж, жител на едно село во централна Словачка, кој беше уапсен на самото место. Тој порано бил чувар во еден трговски центар, напишал три збирки поезија и бил член на Друштвото на писатели на Словачка. „Немам идеја какви биле намерите на татко ми и што планирал“, изјави синот на атентаторот....
ПАЛЕВСКИ ЌЕ БИДЕ СМЕСТЕН ВО ОДВОЕНА ЌЕЛИЈА ВО ШУТКА, НЕМА ДА СЕ ГЛЕДА СО ОСТАНАТИТЕ ПРИТВОРЕНИЦИ, ЌЕ ШЕТА САМ НА ПОСЕБЕН ПРОСТОР И ЌЕ ЈАДЕ САМ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Љупчо Палевски, првообвинетиот за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, најверојатно во Скопје ќе пристигне вечерва со авион од Истанбул. Надлежните ниту ја потврдуваат, ниту ја негираат информацијата, велат можеби ќе дојде вечерва, а можеби утре. Од МВР, надлежни да го спроведат транспортот заедно со полицијата од Турција, велат ќе известат штом ќе дојде, но од безбедносни причини не кажуваат кога. Не знаат ни во затворот „Шутка“ во Скопје кога ќе дојде Палевски, кој треба право таму да биде однесен, а не пред суд. Веднаш му стапува мерката притвор од 30 дена, што му е одредена претходно. На 30 април Министерството за правда соопшти дека Турција дозволи екстрадиција на Палевски. Во притворскиот затвор во Шутка месец и пол била спремна посебната соба за Палевски. Тој ќе биде под посебно обезбедување, во засебна ќелија преку која се доаѓа преку посебен ходник. Првин ќе биде прегледан од лекар за да не има повреди, односно ќе му се направи детален медицински преглед. Храната ќе му биде посебно проверувана, а еднаш во денот на одредена минутажа ќе шета на сам, на посебен отворен простор врзан за засебната ќелија. Нема да јаде и да се шета со другите притвореници, од безбедносни причини, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од затворот. На прашање дали ќе му бидат дозволени посети, надлежните во затворот велат: „Секако, сè што ќе биде дозволено од Основниот кривичен суд Скопје, ќе му биде овозможено на екстрадираното лице. Ништо повеќе, ништо помалку“. Љупчо Палевски со прекар Палчо, е првоосомничен во групата дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември и Панче Жежовски од Велес на 22 ноември. Ѓорчевска е убиена па закопана близу Скопје, а Жежовски близу Велес. Тоа утро, Ѓорчевска била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата, ѝ биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење и ставена во гепек. Киднаперите претходно вечерта од таткото биле информирани дека Ѓорчевска ќе оди на училиште сама и кога ќе излезе. Девојчето било киднапирано со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа била убиена со пиштол. Палевски избега, но на 5 декември беше уапсен во Турција. Тој се екстрадира за истрага за кривични дела Грабнување и Убиство, која ја води Скопското обвинителство. За двата свирепи случаја се осомничени уште 5 лица. Тројца од нив (В. М., В. К. и Б. В.) се осомничени за двете убиства и киднапирања, таткото на Ѓорчевска е осомничен за киднапирање на ќерка си, додека С. Д. е осомничен дека му помогнал во бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски. Тројца од нив се во притвор. На 25 април, Врховниот суд му ја преиначи мерката притвор во куќен притвор на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски. Сите осомничени кои ги гледале и присуствувале на свирепите убиства, дале идентични изјави во истрагата, како за убиецот, така и за двата настана, од почеток до крај. С. К. ДЕЛЕВСКА...
ПАЛЕВСКИ СЛЕТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО КОМЕРЦИЈАЛЕН ЛЕТ, ПОД ПОСЕБНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОД ТУРСКАТА ПОЛИЦИЈА ВО АВИОНОТ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Љупчо Палевски, првообвинетиот за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, слетал на скопскиот аеродром вечерва околу 19.30 часот. Се очекува по напуштањето на аеродромот ТАВ, тој да биде однесен директно во затворот „Шутка“. Неофицијално, стигнал со комерцијален лет, сепариран од другите патници, со посебно организирано обезбедување од турската полиција. На Палевски веднаш му стапува мерката притвор од 30 дена, што му е одредена претходно. Во притворскиот затвор во Шутка месец ипол била спремна посебната соба за Палевски. Тој ќе биде под посебно обезбедување, во засебна ќелија преку која се доаѓало преку посебен ходник. Првин ќе биде прегледан од лекар за да не има повреди, односно ќе му се направи детален медицински преглед. Потоа ќе биде стрижен од бербер, по што ќе му биде даден затворски комбинезон. Храната ќе му биде посебно проверувана, а еднаш во денот на одредена минутажа ќе шета на сам, на посебен отворен простор врзан за засебната ќелија. Нема да јаде и да се шета со другите притвореници, од безбедносни причини, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од затворот. На прашање дали ќе му бидат дозволени посети, надлежните во затворот велат: „Секако, се што ќе биде дозволено од Основниот кривичен суд Скопје, ќе му биде овозможено на екстрадираното лице. Ништо повеќе, ништо помалку“. Љупчо Палевски со прекар Палчо, е првоосомничен во групата дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември и Панче Жежовски од Велес на 22 ноември. Ѓорчевска е убиена па закопана близу Скопје, а Жежовски близу Велес. Тоа утро, Ѓорчевска била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата, ѝ биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење и ставена во гепек. Киднаперите претходно вечерта од таткото биле информирани дека Ѓорчевска ќе оди на училиште сама и кога ќе излезе. Девојчето било киднапирано со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа била убиена со пиштол. Палевски избега, но на 5 декември беше уапсен во Турција. Тој се екстрадира за истрага за кривични дела Грабнување и Убиство, која ја води Скопското обвинителство. За двата свирепи случаја се осомничени уште 5 лица. Тројца од нив (В. М., В. К. и Б. В.) се осомничени за двете убиства и киднапирања, таткото на Ѓорчевска е осомничен за киднапирање на ќерка си, додека С. Д. е осомничен дека му помогнал во бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски. Тројца од нив се во притвор. Сите осомничени кои ги гледале и присуствувале на свирепите убиства, дале идентични изјави во истрагата, како за убиецот, така и за двата настана, од почеток до крај. С. К. ДЕЛЕВСКА...
ПАЛЕВСКИ ЌЕ БИДЕ СМЕСТЕН ВО ОДВОЕНА ЌЕЛИЈА ВО ШУТКА, НЕМА ДА СЕ ГЛЕДА СО ОСТАНАТИТЕ ПРИТВОРЕНИЦИ, ЌЕ ШЕТА САМ НА ПОСЕБЕН ПРОСТОР И ЌЕ ЈАДЕ САМ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Љупчо Палевски, првообвинетиот за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски, најверојатно во Скопје ќе пристигне вечерва со авион од Истанбул. Надлежните ниту ја потврдуваат, ниту ја негираат информацијата, велат можеби ќе дојде вечерва, а можеби утре. Од МВР, надлежни да го спроведат транспортот заедно со полицијата од Турција, велат ќе известат штом ќе дојде, но од безбедносни причини не кажуваат кога. Не знаат ни во затворот „Шутка“ во Скопје кога ќе дојде Палевски, кој треба право таму да биде однесен, а не пред суд. Веднаш му стапува мерката притвор од 30 дена, што му е одредена претходно. На 30 април Министерството за правда соопшти дека Турција дозволи екстрадиција на Палевски. Во притворскиот затвор во Шутка месец и пол била спремна посебната соба за Палевски. Тој ќе биде под посебно обезбедување, во засебна ќелија преку која се доаѓа преку посебен ходник. Првин ќе биде прегледан од лекар за да не има повреди, односно ќе му се направи детален медицински преглед. Храната ќе му биде посебно проверувана, а еднаш во денот на одредена минутажа ќе шета на сам, на посебен отворен простор врзан за засебната ќелија. Нема да јаде и да се шета со другите притвореници, од безбедносни причини, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од затворот. На прашање дали ќе му бидат дозволени посети, надлежните во затворот велат: „Секако, сè што ќе биде дозволено од Основниот кривичен суд Скопје, ќе му биде овозможено на екстрадираното лице. Ништо повеќе, ништо помалку“. Љупчо Палевски со прекар Палчо, е првоосомничен во групата дека ги организирал грабнувањата и дека лично со пиштол ги убил Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември и Панче Жежовски од Велес на 22 ноември. Ѓорчевска е убиена па закопана близу Скопје, а Жежовски близу Велес. Тоа утро, Ѓорчевска била грабната на излегување од дома, во влезот на зградата, ѝ биле врзани рацете и нозете, била ставена во вреќа за спиење и ставена во гепек. Киднаперите претходно вечерта од таткото биле информирани дека Ѓорчевска ќе оди на училиште сама и кога ќе излезе. Девојчето било киднапирано со цел да се изнудат пари од нејзината мајка, а набрзо потоа била убиена со пиштол. Палевски избега, но на 5 декември беше уапсен во Турција. Тој се екстрадира за истрага за кривични дела Грабнување и Убиство, која ја води Скопското обвинителство. За двата свирепи случаја се осомничени уште 5 лица. Тројца од нив (В. М., В. К. и Б. В.) се осомничени за двете убиства и киднапирања, таткото на Ѓорчевска е осомничен за киднапирање на ќерка си, додека С. Д. е осомничен дека му помогнал во бегството на првоосомничениот Љупчо Палевски. Тројца од нив се во притвор. На 25 април, Врховниот суд му ја преиначи мерката притвор во куќен притвор на таткото на убиената Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски. Сите осомничени кои ги гледале и присуствувале на свирепите убиства, дале идентични изјави во истрагата, како за убиецот, така и за двата настана, од почеток до крај. С. К. ДЕЛЕВСКА...
71-ГОДИШЕН МАЖ ПУКАЛ ВО СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР ФИЦО, МОТИВОТ НЕ Е ПОЗНАТ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Седумдесет и едногодишен маж, жител на село од централна Словачка, го извршил нападот врз словачкиот премиер Роберт Фицо, кој се наоѓа во животна опасност откако попладнево бил застрелан со три куршуми во градот Хандлова. Мотивот на нападот не е познат. Полицијата кажа дека напаѓачот пукал од пиштол што легално го поседувал. Претседателката на Словачка, Зузана Чапутова, изјави дека атентаторот е уапсен и го опиша пукањето како напад врз демократијата. Педесет и деветгодишниот Фицо, кој лани се врати на власт, беше застрелан пред локалниот центар за култура нешто по 14:30 часот, додека заминуваше од владина седница. Тој прво беше префрлен во локалната болница, а потоа со хеликоптер беше превезен во соседниот град Банска Бистрица. Словачките медиуми објавија дека Фико има рани на стомакот и рака и дека при доаѓањето во болницата бил свесен. Словачката влада објави дека Фицо е во животна опасност и дека следните часови ќе бидат клучни. Фицо минатата година по четврти пат стана премиер на Словачка, која е членка на ЕУ и НАТО. За време на тридецениската кариера, Фицо се движеше од прозападните до националистичките позиции што се спротивставуваат на политиките на ЕУ и САД. Во текот на кампањата за ланските избори изразуваше проруски ставови и кажа дека Словачка веќе нема да праќа воена помош во Украина....
ЗАСТРЕЛАН И РАНЕТ СЛОВАЧКИОТ ПРЕМИЕР РОБЕРТ ФИЦО, СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Словачкиот премиер Роберт Фицо (59) е застрелан и ранет о стомакот, јавија локалните медиуми. Фицо бил застрелан додека ја поздравувал толпата пред центарот за културна заедница во градот Хандлова, каде што се одржа владин состанок, се вели во извештаите. „Денеска имаше атентат врз Р. Фицо. Тој е погоден со повеќе куршуми и моментално е во животна опасност. Во овој момент тој е превезен со хеликоптер во Банска Бистрица, бидејќи траело предолго да се стигне до Братислава поради потребата од акутна процедура. Следните неколку часа ќе одлучат“, беше соопштено на официјлниот фејсбук профил на Фицо еден час по атентатот. Според новинарите од местото на настанот, се слушнале неколку истрели. Словачкиот лидер е однесен во болница, а неговиот напаѓач е приведен од полицијата. Хандлова е околу 180 км североисточно од главниот град Братислава, а владиниот состанок беше дел од турнејата низ регионите на земјата по доаѓањето на власт кон крајот на минатата година. Сведок изјави за веб-страницата „Деник Н“ дека слушнала три или четири истрели и го видела Фицо како паѓа на земја. Видела рани на главата и градите. По атентатот, најголемата опозициска партија во Словачка го откажа планираниот протест против реформите на владиниот јавен радиодифузен сервис закажан за вечерва. Словачката претседателка Зузана Чапутова напиша на Х: „Целосно шокирана од денешниот брутален напад врз премиерот на Словачка Роберт Фицо, што го осудувам најостро можно. Му посакувам многу сила во овој критичен момент и брзо закрепнување“. Фицо минатата година по четврти пат се врати како премиер на Словачка, која е членка на Европската унија и НАТО. За време на тридецениската кариера, Фицо се движеше меѓу проевропските мејнстрим и националистичките позиции што се спротивставуваат на политиките на Европската унија и САД. Тој, исто така, покажа подготвеност да го промени курсот во зависност од јавното мислење или променетата политичка реалност....
ПО ЖАЛБА НА СКОПЈАНКА, СУДОТ ВО СТРАЗБУР ПРЕСУДИ ДЕКА ПОСВОЕНИТЕ ДЕЦА ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ БИОЛОШКИ РОДИТЕЛИ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Европскиот суд за човекови права и слободи во Стразбур донесе пресуда во корист на скопјанката Митревска, која од надлежните македонски институции не можела да добие информации во врска со нејзиното посвојување, за нејзините биолошки родители, нејзиното родено име и датумот и местото на раѓање. Со нејзината жалба се аргументираше повреда на член 8 од Европска конвенција за заштита на човекови права со кој се гарантира правото на почитување на приватен и семеен живот. Како што велат од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во врска со постапката на Митревска пред судот во Стразбур, оваа пресуда е од особено значење бидејќи упатува на правото на секој да знае кои се биолошките родители, како и да се има пристап до информации поврзани со здравјето, што севкупно е вклучено во опфатот на приватниот живот. Оттаму, велат од МЗМП, последиците кои оваа пресуда ќе ги наметне ќе предизвикаат итна и неодложна промена на Законот за семејство. „Станува збор за случајот на г-ѓа Митревска, која е посвоена уште додека била дете, на непрецизиран датум во постапка за целосно посвојување. Таа од надлежни институции побарала определени информации, како: нејзиното родено име, место на раѓање и информации за нејзините биолошки родители. Овие информации и биле потребни поради медицински и здравствени причини. Но, информациите никогаш не и биле дадени поради добиени образложувања дека завршените посвојувања се сметаат за службена тајна. Со пресудата, Судот упатува на прешироко поставената одредба од член 127-а на Законот за семејство со која е предвидено дека сите информации во однос на целосно посвојување претставуваат службена тајна. На овој начин Судот со пресудата потврдува дека индивидуалните околности на апликантката да го знае нејзиното потекло особено нејзиниот интерес да добие информации поврзани со нејзиното здравје, не се земени предвид од страна на македонските власти“, велат од МЗМП Од Македонското здружение на млади правници велат дека Законот за семејство утврдува дека целосното посвојување ги прекинува правата и одговорностите помеѓу посвоеникот и поранешното семејство, и информации за посвојувањата претставуваат службена тајна, но Законот за посвојување пак од своја страна, не содржи одредби во врска со тајноста на информациите поврзани со посвојувањето. Понатаму, тие објаснуваат дека Законот за општа управна постапка го воспоставува принципот на пропорционалност во управните постапки преку кој обезбедува заштита на правата и правните интереси на инволвираните страни, додека Кривичниот законик предвидува казни за јавно објавување на информации класифицирани како службена тајна. „Во линија на вака поставената законска рамка, праксата е одбивање на секој заинтересиран кој бил посвоен да пристапи кон евиденцијата и информациите за спроведено посвојување, што беше потврдено и со одлуката на Уставен суд да не поведе постапка за уставна оцена на членот 123-а од Законот за семејство со кој се наметнува тајноста на податоците. На овој начин, со пресудата на ЕСЧП во предметот Митревска против Северна Македонија, уште еднаш се враќа вниманието на Конвенцијата за правата на детето што е дел од нашиот правен поред, како и на Конвенцијата за заштита на децата и соработка во однос на посвојувањето меѓу државите, и се истакнува важноста од зачувување на идентитетот на детето и обезбедување пристап до информации во врска со неговото потекло“, велат од МЗМП....
ВО ЗАТВОРОТ К`ШАЊЕ СЕ ОБЕСИ ПРИТВОРЕНИКОТ КОЈ СИ ГИ УБИ СЕСТРАТА И ВНУКОТ ВО КУМАНОВСКИ ГАБРЕШ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Шеесет и седумгодишниот Д. Ѓ. од кумановското село Габреш, кој е осомничен за двојно убиството сестра си и внукот и обид за убиство на другиот внук, бил пронајден мртов во притворското одделение во Казнено-поправната установ Куманово – затвор К`шање. Д. Ѓ. се обесил, откако со чаршаф се врзал за кревет на кат, додека во притворската келија имало уште еден притвореник кој спиел. Според извори од истрагата, самоубиството се случило завчера околу 17 часот, а безживотното тело го пронашол командирот кој вршел редовна обикола во Одделението. Од МВР го потврдија случајот, но не сакаа да дадат повеќе информации, со образложение дека станува збор за самоубиство. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Куманово, велат дека тие ги презеле потребните дејствија, откако од затворот К’шање било пријавено дека притворено лице си го одзело животот. „Јавен обвинител изврши увид во ќелијата, сослушано е лице кое било со него, како и управните служби на затворот, прегледани се камерите, а телото е предадено на обдукција. Сега го чекаме обдукцискиот наод и врз основа на него ќе следат другите дејствија“, изјави обвинителката Теута Рамандани од ОЈО Куманово. Д. Ѓ. во притвор го чекал судењето за двојно убиството и обид за убиство, кое требало да започне откако ќе заврши истрагата, бидејќи се работело за обемен предмет. Двојното убиство кое го изврши Д. Ѓ. се случи на 21 февруари годинава во селото Габреш, кога по расправија со двајцата внуци и сестрата извадил пиштол кој го поседувал со дозвола пукал кон нив. Во пукањето се убиени мајката и едниот син, а тешко бил повреден другиот син. „Во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д. Ѓ. (67) затоа што во село Габреш, Кумановско, поради нерасчистени имотно-правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д. Р. (63), и нејзините синови Ж. Р. (36) и Т. Р. (38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д. Р. и Т. Р., додека Ж. Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово. Увидот е во тек“, соопшти тогаш СВР Куманово. Жители од селото тогаш кажуваа Д. Ѓ. бил добар човек кој се вратил од Германија и многу помагал и се грижел за семејството на сестрата, но постојано имал проблеми со внуците, по што се случила трагедијата. С. НИКОЛИЌ...
СЕЛАТА БОЗОВЦЕ И ВЕШАЛА НА ШАР ПЛАНИНА ПРВПАТ ЌЕ ДОБИЈАТ КОНТЕЈНЕРИ ЗА ДА НЕ СЕ ФРЛА СМЕТОТ НА ДИВИ ДЕПОНИИ И ВО РЕКИТЕ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Селата кои се наоѓаат во повисоките предели на Шар Планина немаат свои депонии за одложување на отпадот, па тој завршува во планинските долови или се фрла директно во потоците и реките кои тука минуваат. Овој еколошки проблем стана уште поголем кога Шар Планина беше прогласена за Национален Парк. Со цел да се заштити природата и да се исчисти планината од дивите депонии кои се формираат кај секое планинско село, денеска започна акцијата наречена „Генералка викенд“. Во акцијата се вклучени волонтери, АРМ, специјалната единица ЕБР, вработени во НП „Шар Планина“, тетовските комуналци и ЦУК, кои почнаа да го отстрануваат сметот кај селата Вешала и Бозовце. „Во наредниве три дена спроведуваме специјална акција на Шар Планина во која ќе чистиме кај селата Вешала и Бродец. Компанијата ‘Саубмахер‘, која управува со отпадот во Тетово, потоа ќе постави контејнери за тамошните жители да имаат каде да го одложуваат отпадот и да не го фрлаат на диви депонии. Акцијата во другите општини ќе се одвива од 17 до 19 мај“, изјави Гордана Софија од австриско-македонската организација „Мен енд маунтен“, која е организатор на „Генералка викенд“. Од НП „Шар Планина“ редовно го потенцираат проблемот со одложувањето на сметот во високопланинските села. Бидејќи ниедно од овие села нема регуларна депонија за отпад, ниту има контејнери, селаните отпадот го фрлаат каде што ќе стигнат, а најчесто во речните корита. „Откако ќе ги исчистиме дивите депонии кај Бозовце и Вешала, компанијата ‘Саубмахер‘ треба да постави контејнери и еден период нема да го наплатува подигањето на сметот за да се стимулираат селаните да го фрлаат сметот во контејнерите и да видат што значи чиста животна средина. Во наредниот период контејнери треба да се постават и во другите села. Минатата година во фокусот на НП ‘Шар Планина‘ беше чистењето на планинарските патеки, кога собравме над 1.000 вреќи смет, а оваа година сме насочени кон отстранување на сметот од планинските села“, вели Ибраим Дехари, директорот на НП „Шар Планина“. Акцијата „Генералка викенд“ започна во 2021 и е најголемата еколошка акција во нашата земја и во Западен Балкан. Сега во неа се вклучени 20.000 волонтери, 81 општина, 350 училишта и над 400 други здруженија и организации. З. АНДОНОВ...
НА ГАРАЖНОТО МЕСТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА УСТАВНИОТ СУД КАЦАРСКА ОСТАВЕНИ КРЕВЕТ И НОЖ
Сакам да кажам - пред 2 дена
На гаражното место на претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска се најдени оставени импровизиран кревет и кујнскиот нож. Станува збор за подземна гаража на зграда во скопската општина Центар. Од МВР велат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот. „Вчера во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло“, велат од МВР....
РУСИТЕ ВЛЕГОА ВО ГРАДОТ ВОВЧАНСК, ЗЕЛЕНСКИ ГИ ОТКАЖА СИТЕ ПАТУВАЊА ПОРАДИ ОФАНЗИВАТА ВО ХАРКИВСКИОТ РЕГИОН
Сакам да кажам - пред 2 дена
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги откажа сите патувања во странство поради влошување на ситуацијата на североистокот на земјата, каде што руската пешадија влегла во пограничниот град Вовчанск. Освојувањето на градот оддалечен пет километри од границата би претставувал најзначаен успех на руската војска откако во петокот почна офанзива во регионот Харкив и отвори нов фронт. Овој напад ги растегна веќе ослабнатите украински сили во пресрет на нова руска офанзива што Киев ја очекува во следните недели. „Ситуацијата е крајно тешка. Непријателот зазема позиции на улиците на Вовчанск. Полицијата останува во градот и помага во евакуацијата на жителите“, изјави шефот на локалната полиција Олексиј Харкивски. Украинската војска претходно соопшти дека се повлекла на поповолни позиции во две области во харкивскиот регион, вклучувајќи го Вовчанск. „Некои руски пешадиски групи влегоа во Вовчанск“, потврди портпаролот на украинското министерство за одбрана Дмитро Лазуткин. Поради ваквиот развој на настаните, Зеленски ги откажа сите меѓународни активности за следните денови. Киев вели дека рускиот напад на североистокот не претставува опасност за самиот град Харкив. Руското министерство за одбрана објави дека руските сили зазеле уште две населени места во Харкив, како и селото Роботине во Запорожје, за кое минатото лето се водеа жестоки борби во украинската противофанзива....
СО 6 ГЛАСА „ЗА” И 5 „ПРОТИВ” УТВРДЕНА Е КАНДИДАТСКАТА ЛИСТА ЗА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ ОД ВРХОВНИОТ СУД, СО СУДИИТЕ ЦВЕТАНКА ПЕРИЌ И ИСАМЕДИН ЛИМАНИ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Судскиот совет по долга расправа дали се крши Уставот на штета на мнозинската заедница Македонци, сепак се подели и со гласот на судијката Лорета Георгиева, изгласа дека врховниот судија Исамедин Лимани може да се кандидира за член на Судскиот совет, на местото на судијката Мирјана Радевска која си даде оставка по ланските скандали во Советот. Ако биде избран Лимани за член, ќе се наруши правичната застапеност во Судскиот совет, сметаа тие кои гласаа против кандидатската листа со Лимани во неа. За избор на член на Судскиот совет од Врховниот суд, утврдена е кандидатска листа од двајца кандидати, тоа е врховната судијка Цветанка Периќ и колегата Исамедин Лимани. Судијата Ивица Николовски, кој има издвоено мислење, претходно кажа дека има правна пречка Лимани да биде на кандидатската листа за избор на член на Судскиот совет од редот на Врховниот суд. „Член 104 од Уставот, но и во Законот за Судски совет изрично кажува дека Судскиот совет се состои од 8 судии, од кои 3 се од редот на заедниците”, кажа Николовски. Николовски смета дека се нарушува правичната застапеност во Судскиот совет. Бројот 3 не може да биде 4, смета тој. Тој им покажа извештаи од претходен избор кога во Врховниот суд била направена општа листа, но и посебна листа, на која се кандидирале врховни судии. „Дали би било убаво ние судиите од мнозинската заедница да се кандидираме на посебната листа на немнозинските заедници? Кога ќе оди во пензија наш колега од немнозинската заедница, убаво е да му го фатиме местото на некој судија ние што сме од мнозинската заедница?”, праша членот на Судскиот совет Ивица Николовски. Претседателот на тричлената комисија Сашко Георгиев, пак, смета дека националната припадност не е пречка да се кандидира Лимани за член на Судскиот совет. Тој цитираше закон дека секој судија од Врховниот суд има право да се кандидира за член на Судскиот совет. Тој смета дека одредбите во Уставот се само загарантирано право на немнозинските заедници. Тања Чачарова-Илиевска го поддржа судијата Ивица Николовски и членот 104 од Уставот. Рече дека ова уставно решение во целост е преземено во Законот за Судскиот совет. „Прифаќањето на Лимани на општата кандидатска листа, е флагрантно кршење на Уставот. Ќе се наруши составот на Судскиот совет. Јас ќе се држам за овие уставни и законски одредби и сметам дека неговата апликација треба да биде одбиена”, рече таа. Судијата Антоанета Димовска додаде дека врховниот судија Лимани не може да биде на кандидатската листа. Ги зеде за пример колегите Мирсад Суроји и Сашко Георгиев, Албанец и Влав, кои наскоро одат в пензија. „Од каде ќе бираме нивни наследници? Нормално, од редовите на помалите заедници”, рече таа. Селим Адеми не се согласува и кажа дека никаде во огласот немаше забрана Исамедин Лимани да се кандидира. Тој додаде дека не се согласува оти ќе се наруши Бадентеровиот систем, бидејќи ако Лимани од општата листа биде избран за член на Советот, тој нема да гласа по Бадентер, зашто тој е загарантиран за избраните тројца судии од посебните листи за помалите заедници. Миљазим Мустафа кажа дека во Уставот има долна, но нема горна граница за претставување на помалите заедници во Судскиот совет. Судијката Лорета Георгиева кажа дека една е листата во Врховен суд и оти таа е во дилема дали може да му се ограничи на Исамедин Лимани да се кандидира. Taa забележа дека Периќ ќе биде сама на листата и со еден свој глас ќе може да се избере за член на Советот, заборавајќи дека врховниот судија Наќе Георгиев беше сам на изборите и тогаш не и пречеше. И Мирсад Суроји смета дека Судскиот совет не смее да биде пречка, да дискриминира и да прави етнички поделби. Смета дека треба да се прифати кандидатурата на Лимани. Димовска повторно се јави за збор и кажа оти таа е најголем поборник за граѓански концепт, но за жал Уставот е јасен и ја дефинира правичната застапеност. „И како јас утре ќе му кажам на судијата Лимани: ‘Ааа, вие не можете да гласате по Бадентер, не сте од посебна листа!’ Ќе рече јас сум припадник на малцинската заедница, имам право да гласам’. Ќе се наруши цел систем кој го пропишале јасно Уставот и Законот за Судски совет”, рече Димовска. Потпретседателот Ханиф Зендели ги поддржа двете кандидатски листи. Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева пак го прочита Уставот и потенцираше дека амандманот 28, односно членот 104 од Уставот не вели „најмалку тројца судии од припадниците на заедниците” и тоа според неа не е случајно. „Јас се плашам од одговорност ако го прекршам Уставот”, кажа Дамева. Тројца судии се утврдени на кандидатската листа за избор на член на Советот од апелационо подрачје Битола: Александар Камбовски, Александра Поп Стефанија и Татјана Сусулеска. С. К. ДЕЛЕВСКА...
ТАКСИСТ ГО НАЈДЕ СИН МИ МАРКИЈАН ОТИ СОПРУГАТА МУ ЈАВИЛА ДЕКА ВИДЕЛА НА ФЕЈСБУК ОТИ СЕ ИЗГУБИЛ, ВЕЛИ ПОП-ПЕЈАЧКАТА РЕБЕКА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Среќа е што има добри луѓе кои ми го најдоа синот, вели поп-пејачката Ребека Јанковска-Ристески која во неделата на социјалните мрежи објави дека нејзиниот постар син Маркијан кој има 18 години исчезнал од станот. Маркијан боледува од ретката болест туберна склероза и досега не излегувал од дома без придружба. Кога излегол од станот, тој бил дома со татко му, д-р Милан Ристески, кој во тоа време бил во тоалетот и си ја преврзувал повредата на ногата. Жена која Ребека не ја познава, откако ја видела нејзината објава на Фејсбук, му се јавила на сопругот кој е таксист, и тој го пронашол момчето. „Маркијан е дома, добар е, а инаку беше многу исплашен. Среќа што брзо реагиравме и што има добри луѓе кои ни помогнаа. За да го најдеме Маркијан, се вклучи и полицијата и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Една жена која воопшто не ја познавам, а ме следи на Фејсбук, ја видела мојата објава и вклучување во живо и се јавила на својот сопруг кој е таксист, и кога му јавила на сопругот, тој многу брзо го забележал Маркијан, така што за некои 25 минути го најдовме“, вели поп-пејачката која е и основач и претседателка за здружението за лица со ретки болести “Дајте ни крилја“. Во моментот кога синот излегол од станот, Ребека со двата помали синови, близнаците Макариј и Доротеј, биле на роденден кај мајка ѝ. Постариот син и сопругот, кој поради повредата не можел да вози, ја чекале дома да ги земе и да ги однесе на роденденот. „Од дома изглегол додека Милан бил во тоалет, и си ја преврзувал ногата. Вратата беше отклучена затоа што бевме договорени да ги земам јас од паркингот пред нашата зграда. Маркијан излегол самиот, веројатно знаејќи дека јас ќе го чекам. Кога Милан видел дека го нема во ходникот, се обидел да го стаса надолу по скалите, но Маркијан бил побрз од него. Кога стасав на паркингот и кога дознав што се случило веднаш објавив. Сега е добар, смирен, и среќа е што таксистот откако го препознал многу смирено му пришол, го прашал како се вика, па седнале на едно ѕидче и потоа ни се јавија на нас. Стасал од кај нас (близу Педагошката академија) до Католичката црква, доста улици изодел“, вели пејачката. Ребека вели дека е среќна што се случило преку ден и било недела додека улиците биле празни и им е многу благодарна на сите луѓе кои ја споделиле објавата на социјалните мрежи и помогнале да се најде синот. М. ЏАРОВСКА...
СО 6 ГЛАСА „ЗА” И 5 „ПРОТИВ” УТВРДЕНА Е КАНДИДАТСКАТА ЛИСТА ЗА ЧЛЕН НА СУДСКИОТ СОВЕТ ОД ВРХОВНИОТ СУД, СО СУДИИТЕ ЦВЕТАНКА ПЕРИЌ И ИСАМЕДИН ЛИМАНИ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Судскиот совет по долга расправа дали се крши Уставот на штета на мнозинската заедница Македонци, сепак се подели и со гласот на судијката Лорета Георгиева, изгласа дека врховниот судија Исамедин Лимани може да се кандидира за член на Судскиот совет, на местото на судијката Мирјана Радевска која си даде оставка по ланските скандали во Советот. Ако биде избран Лимани за член, ќе се наруши правичната застапеност во Судскиот совет, сметаа тие кои гласаа против кандидатската листа со Лимани во неа. За избор на член на Судскиот совет од Врховниот суд, утврдена е кандидатска листа од двајца кандидати, тоа е врховната судијка Цветанка Периќ и колегата Исамедин Лимани. Судијата Ивица Николовски, кој има издвоено мислење, претходно кажа дека има правна пречка Лимани да биде на кандидатската листа за избор на член на Судскиот совет од редот на Врховниот суд. „Член 104 од Уставот, но и во Законот за Судски совет изрично кажува дека Судскиот совет се состои од 8 судии, од кои 3 се од редот на заедниците”, кажа Николовски. Николовски смета дека се нарушува правичната застапеност во Судскиот совет. Бројот 3 не може да биде 4, смета тој. Тој им покажа извештаи од претходен избор кога во Врховниот суд била направена општа листа, но и посебна листа, на која се кандидирале врховни судии. „Дали би било убаво ние судиите од мнозинската заедница да се кандидираме на посебната листа на немнозинските заедници? Кога ќе оди во пензија наш колега од немнозинската заедница, убаво е да му го фатиме местото на некој судија ние што сме од мнозинската заедница?”, праша членот на Судскиот совет Ивица Николовски. Претседателот на тричлената комисија Сашко Георгиев, пак, смета дека националната припадност не е пречка да се кандидира Лимани за член на Судскиот совет. Тој цитираше закон дека секој судија од Врховниот суд има право да се кандидира за член на Судскиот совет. Тој смета дека одредбите во Уставот се само загарантирано право на немнозинските заедници. Тања Чачарова-Илиевска го поддржа судијата Ивица Николовски и членот 104 од Уставот. Рече дека ова уставно решение во целост е преземено во Законот за Судскиот совет. „Прифаќањето на Лимани на општата кандидатска листа, е флагрантно кршење на Уставот. Ќе се наруши составот на Судскиот совет. Јас ќе се држам за овие уставни и законски одредби и сметам дека неговата апликација треба да биде одбиена”, рече таа. Судијата Антоанета Димовска додаде дека врховниот судија Лимани не може да биде на кандидатската листа. Ги зеде за пример колегите Мирсад Суроји и Сашко Георгиев, Албанец и Влав, кои наскоро одат в пензија. „Од каде ќе бираме нивни наследници? Нормално, од редовите на помалите заедници”, рече таа. Селим Адеми не се согласува и кажа дека никаде во огласот немаше забрана Исамедин Лимани да се кандидира. Тој додаде дека не се согласува оти ќе се наруши Бадентеровиот систем, бидејќи ако Лимани од општата листа биде избран за член на Советот, тој нема да гласа по Бадентер, зашто тој е загарантиран за избраните тројца судии од посебните листи за помалите заедници. Миљазим Мустафа кажа дека во Уставот има долна, но нема горна граница за претставување на помалите заедници во Судскиот совет. Судијката Лорета Георгиева кажа дека една е листата во Врховен суд и оти таа е во дилема дали може да му се ограничи на Исамедин Лимани да се кандидира. Taa забележа дека Периќ ќе биде сама на листата и со еден свој глас ќе може да се избере за член на Советот, заборавајќи дека врховниот судија Наќе Георгиев беше сам на изборите и тогаш не и пречеше. И Мирсад Суроји смета дека Судскиот совет не смее да биде пречка, да дискриминира и да прави етнички поделби. Смета дека треба да се прифати кандидатурата на Лимани. Димовска повторно се јави за збор и кажа оти таа е најголем поборник за граѓански концепт, но за жал Уставот е јасен и ја дефинира правичната застапеност. „И како јас утре ќе му кажам на судијата Лимани: ‘Ааа, вие не можете да гласате по Бадентер, не сте од посебна листа!’ Ќе рече јас сум припадник на малцинската заедница, имам право да гласам’. Ќе се наруши цел систем кој го пропишале јасно Уставот и Законот за Судски совет”, рече Димовска. Потпретседателот Ханиф Зендели ги поддржа двете кандидатски листи. Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева пак го прочита Уставот и потенцираше дека амандманот 28, односно членот 104 од Уставот не вели „најмалку тројца судии од припадниците на заедниците” и тоа според неа не е случајно. „Јас се плашам од одговорност ако го прекршам Уставот”, кажа Дамева. Тројца судии се утврдени на кандидатската листа за избор на член на Советот од апелационо подрачје Битола: Александар Камбовски, Александра Поп Стефанија и Татјана Сусулеска. С. К. ДЕЛЕВСКА...
НА 98 ГОДИНИ ПОЧИНА АКТЕРКАТА ГУДРУН ЈУР, ЅВЕЗДАТА НА СЕРИЈАТА „СУПЕРБАБИЧКА“
Сакам да кажам - пред 2 дена
Британската актерка Гудрун Јур, ѕвездата на омилената детска серија од 1980-тите „Супербабичка“, почина на 98 години во својот дом во Лондон. Нејзината изведба на бабичка која добива супермоќи откако случајно е погодена од магичен зрак ѝ донесе огромен број млади фанови. Покрај „Супербабичка“, што оригинално се емитуваше од 1985 до 1987 година, Јур играше во голем број театарски претстави, радиодрами и телевизиски серии. Нејзината внука Кејт Мекнил изјави дека Јур била воодушевена кога во декември беше објавено дека се планира снимање нова верзија на „Супербабичка“. Иако имаше долга кариера, Јур ја доби најзначајната улога дури на 59-годишна возраст. Заснована врз серија книги на Форест Вилсон, серијата ја следи бабичката Смит, која ги користи своите супермоќи за да им помага на жителите на Чиселтон. Серијата се емитуваше во 60-ина држави низ светот, а беше популарна и во Југославија....
ИМА ПОДОБРУВАЊЕ НА СИТУАЦИЈАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ВО ШТИП, ПРИЛЕП И ШУТКА, НО ВО ИДРИЗОВО ВЛАДЕЕ КОРУПЦИЈА, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Има подобрување на ситуацијата во затворите во Шутка, Штип и Прилеп, но ситуацијата во затворот Идризово останува алармантна, се вели во извештајот од периодичната посета на Европскиот комитет за превенција на тортура и нехуман или деградирачки третман или казна (ЦПТ) при Советот на Европа, објавен денеска по посетата во октомври 2023 година. „Ситуацијата во затворот Идризово останува алармантна. Во извештајот се нагласени физичкото злоставување од страна на персоналот и пролонгираната изолација на проблематичните затвореници, високо ниво на насилство меѓу затворениците и нехигиенските и небезбедните услови. Сериозната пренатрупаност во затворениот дел ги влошува овие проблеми. Дополнително, распространетата корупција на персоналот и фаворизирањето го поткопуваат исправното функционирање на затворот и тоа резултира со тоа најобесправените затвореници да бидат држени во најлоши услови“, се вели во соопштението за извештајот. Во извештајот се вели и дека здравствената заштита во затворите останува неадекватна, со недоволно персонал, слаб медицински скрининг на новите затвореници и несоодветно менаџирање на затворениците зависници. ЦПТ смета дека стратешката реформа на затворскиот систем треба да се фокусира на искоренување на корупцијата кај персоналот и професионализација на затворскиот менаџмент преку транспарентни, мериторни и аполитички назначувања, како и осигурување на почитување на хиерархиската поставеност во затворската администрација. Во делот на извештајот за психијатриските установи, ЦПТ забележува дека во двете посетени установи, Демир Хисар и Демир Капија, пациентите генерално се третираат коректно. Но, има критика за Демир Капија, каде што е забележано врзување на пациенти за кревет со метални синџири, што може да се смета како нехуман и деградирачки третман и мора да престане веднаш. Во врска со однесувањето на полицијата со лицата лишени од слобода, ЦПТ вели дека примиле голем број на жалби за злоставување од страна на полицијата при апсењето или испрашувањето во полициските станици. Оттаму, ЦПТ во извештајот ги повикува властите конечно да усвојат кохерентна стратегија за справување со овој феномен....
ИМА ПОДОБРУВАЊЕ НА СИТУАЦИЈАТА ВО ЗАТВОРИТЕ ВО ШТИП, ПРИЛЕП И ШУТКА, НО ВО ИДРИЗОВО ВЛАДЕЕ КОРУПЦИЈА, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗВЕШТАЈ НА СОВЕТОТ НА ЕВРОПА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Има подобрување на ситуацијата во затворите во Шутка, Штип и Прилеп, но ситуацијата во затворот Идризово останува алармантна, се вели во извештајот од периодичната посета на Европскиот комитет за превенција на тортура и нехуман или деградирачки третман или казна (ЦПТ) при Советот на Европа, објавен денеска по посетата во октомври 2023 година. „Ситуацијата во затворот Идризово останува алармантна. Во извештајот се нагласени физичкото злоставување од страна на персоналот и пролонгираната изолација на проблематичните затвореници, високо ниво на насилство меѓу затворениците и нехигиенските и небезбедните услови. Сериозната пренатрупаност во затворениот дел ги влошува овие проблеми. Дополнително, распространетата корупција на персоналот и фаворизирањето го поткопуваат исправното функционирање на затворот и тоа резултира со тоа најобесправените затвореници да бидат држени во најлоши услови“, се вели во соопштението за извештајот. Во извештајот се вели и дека здравствената заштита во затворите останува неадекватна, со недоволно персонал, слаб медицински скрининг на новите затвореници и несоодветно менаџирање на затворениците зависници. ЦПТ смета дека стратешката реформа на затворскиот систем треба да се фокусира на искоренување на корупцијата кај персоналот и професионализација на затворскиот менаџмент преку транспарентни, мериторни и аполитички назначувања, како и осигурување на почитување на хиерархиската поставеност во затворската администрација. Во делот на извештајот за психијатриските установи, ЦПТ забележува дека во двете посетени установи, Демир Хисар и Демир Капија, пациентите генерално се третираат коректно. Но, има критика за Демир Капија, каде што е забележано врзување на пациенти за кревет со метални синџири, што може да се смета како нехуман и деградирачки третман и мора да престане веднаш. Во врска со однесувањето на полицијата со лицата лишени од слобода, ЦПТ вели дека примиле голем број на жалби за злоставување од страна на полицијата при апсењето или испрашувањето во полициските станици. Оттаму, ЦПТ во извештајот ги повикува властите конечно да усвојат кохерентна стратегија за справување со овој феномен....
ЖИЛИЕТ БИНОШ СЕ РАСПЛАКА КОГА Ѝ ЈА ВРАЧИ ЗЛАТНАТА ПАЛМА НА МЕРИЛ СТРИП ВО КАН
Сакам да кажам - пред 2 дена
Публиката на синоќешното отворање на 77. Кански филмски фестивал ја поздрави со долги овации холивудската ѕвезда Мерил Стрип, годинашна добитничка на почесната Златна палма на 77. Кански фестивал. Таа се врати во Кан по 35 години од освојувањето на наградата за најдобра женска улога за „Злобните ангели“, нејзиното единствено појавување на фестивалот досега. Наградата ѝ ја врачи француската актерка Жилиет Бинош. „Го променивте начинот на кој гледаме на жените во светот на филмот“, рече Бинош, која се обидуваше да го контролира своето дишење, додека плачеше за време на говорот. „А сепак не сте премногу сериозни, како мене“. Стрип, во чија долга листа на филмови се и „Крамер против Крамер“, „Мостовите во округот Медисон“, „Надвор од Африка“, „Мама миа!“, им се заблагодари на повеќе личности од нејзината кариера. „Мајка ми, која обично беше во право за сè, ми рече ‘Мерил, мила, ќе видиш. Сè оди толку брзо. Толку брзо’. И навистина е така, освен мојот говор“, рече Стрип. „Го променивте начинот на кој гледаме на жените во светот на филмот“ ѝ рече Бинош на Стрип. (Фото: Гети) Во импресивната кариера, оскаровката Стрип играла и во „Мали жени“ на режисерката Грета Гервиг, која годинава е претседателка на жирито за Златната палма во Кан. На свеченото отворање, француската пејачка Захо де Сагазан ја изведе „Модерна љубов“ (Modern Love) на Дејвид Боуви во чест на црно-белата танцова сцена на Гервиг во „Фрeнсис Ха“. Гервиг весело пееше со неа од своето седиште на сцената и изгледаше видно погодена од настапот на Де Сагаза. Во жирито се и турската сценаристка и фотографка Ебру Џејлан, американската актерка Лили Гледстон, француската актерка Ева Грин, либанската режисерка и сценаристка Надин Лабаки, шпанскиот режисер и сценарист Ј. Бајона, италијанскиот актер Пјерфранческо Фавино, јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда и францускиот актер и продуцент Омар Си. Фестивалот отвори со францускиот филм „Втор чин“ на Квентин Дупио, со Леа Сејду и Луј Гарел. Во конкуренцијата за Златна палма се неколку култни филмаџии, меѓу кои Френсис Форд Копола со „Мегалополис“, Џорџ Милер со „Фуриоза“, Пол Шредер со „Ох, Канада“, како и Џорџ Лукас кој ќе добие почесна Златна палма. Во конкуренцијата се и Кевин Костнер со „Хоризонт, американска сага“, „Видови на добрина“ на Јоргос Лантимос, Жак Одијар со „Емилија Перез“, „Партенопа“ на Паоло Сорентино и „Покров“ на Дејвид Кроненберг. Фестивалот завршува на 25 мај....
ПО ХАРКИВ, УКРАИНА СТРАВУВА ДЕКА РУСИЈА БИ МОЖЕЛА ДА НАПАДНЕ И ВО СЕВЕРНИОТ РЕГИОН СУМИ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Украинската војска објави дека се повлекла на нови позиции во две области во североисточниот регион Харкив, каде што Русија почна офанзива во петокот, при што освои десетина погранични села. Киев во исто време предупреди дека Русија трупа сили на северот близу украинскиот регион Суми. Прекуграничен руски напад во овој регион уште повеќе би ги растегнал украинските сили, откако беше отворен нов фронт во Харкив, што ја натера Украина да испрати засилувања. Русија објави дека вчера го зазела десеттото село во харкивскиот регион, но главна мета на нападот е градот Вовчанск, оддалечен пет километри од границата. Тамошниот шеф на полицијата изјави дека борби се водат во северниот дел на градот. „Во одредени сектори во областите на Вовчанск и Лукјанци нашите единици се повлекоа на поповолни позиции со цел да се избегнат жртви“, соопшти генералштабот на украинската војска. Шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов изјави дека Русија веќе ги употребила сите трупи што ги имала на располагање за операцијата во Харкив, но во следните денови би можела да доведе резервни единици. „Гледаме знаци на стабилизирање на ситуацијата. Непријателот е блокиран на линиите до кои успеал да стигне“, кажа Буданов. Украина не верува дека Русија има доволно сили да го заземе Харкив. Буданов вели дека мали групи на руските сили се стационирани во погранични области близу регионот Суми, но засега не тргнале во акција....
ПУТИН ГО ПОДДРЖУВА КИНЕСКИОТ МИРОВЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА, ВЕЛИ ДЕКА ПЕКИНГ РАЗБИРА ШТО СТОИ ЗАД КОНФЛИКТОТ
Сакам да кажам - пред 3 дена
Владимир Путин изјави дека го поддржува кинескиот план за мирно решавање на украинската војна, додавајќи дека Пекинг има целосно разбирање за тоа што се крие зад кризата. Путин, кој даде интервју за кинеската новинска агенција „Синхуа“ пред посетата на Пекинг следната недела, кажа дека Русија останува отворена за дијалог и преговори за да се стави крај на војната која трае повеќе од две години. „Кинескиот план и понатамошните принципи објавени од претседателот Шји Џинпинг минатиот месец ги земаат предвид факторите зад конфликтот. Позитивно го оценуваме пристапот на Кина кон решавањето на украинската криза. Во Пекинг навистина ги разбираат основните причини на конфликтот и неговото глобално геополитичко значење. А, понатамошните принципи, кои Шји ги изложи во разговорите со германскиот канцелар Шолц, се реалистични и конструктивни чекори кои го надминуваат менталитетот на студена војна“, изјави Путин. Пекинг изложи мировен план со 12 точки пред повеќе од една година, во кој предложи генерални принципи за крај на војната, но не и специфични детали. Планот тогаш наиде на млак прием во Русија и Украина, додека САД кажаа дека Кина се обидува да се наметне како миротворец додека го прифаќа лажниот наратив на Москва и не ја осудува инвазијата. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров минатиот месец го опиша кинескиот план како разумен....
ПОЧИНА НОБЕЛОВКАТА АЛИС МАНРО, МАЈСТОРКА НА КУСАТА ПРОЗА
Сакам да кажам - пред 3 дена
Нобеловката Алис Манро, канадскиот книжевен џин, која стана една од најценетите современи авторки во светот и една од најпочитуваните писателки на куса проза во историјата, почина на 92 години. Портпаролот на издавачот „Пингвин Рандом хаус Канад“ изјави дека Манро, која ја доби Нобеловата награда за литература во 2013, починала во понеделникот дома во Порт Хоуп, Онтарио. Манро со години беше во слабо здравје и често зборуваше за пензионирање, одлука што стана конечна по збирката „Мил живот“ во 2012. Често споредувана со со Антон Чехов, Џон Чивер и неколку други писатели на куси раскази, Манро постигна редок растеж за уметничка форма традиционално поставена под романот. Таа беше првата Канаѓанка која ја доби Нобеловата награда и првата добитничка на наградата исклучиво за куса проза. Повторувајќи го мислењето на многумина претходно, Шведската академија ја прогласи за „господарка на современиот кус расказ“ кој може „да ја смести целата епска сложеност на романот на само неколку кратки страници“. Манро, малку позната надвор од Канада до нејзините доцни 30-ти години, стана и една од ретките писателка на раскази со постојан комерцијален успех. Продажбата само во Северна Америка надмина 1 милион примероци, а Нобеловата награда го крена „Мил живот“ на врвот на листата на бестселери на „Њујорк тајмс“. Други нејзини популарни книги се „Премногу среќа“, „Поглед од Касл Рок“ и „Љубовта на добра жена“....
ВООРУЖЕНИ НАПАЃАЧИ ОСЛОБОДИЈА ДИЛЕР НА ДРОГА ВО ФРАНЦИЈА ВО ЗАСЕДА ВО КОЈА ЗАГИНАА ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ
Сакам да кажам - пред 3 дена
Маскирани вооружени напаѓачи направија заседа на затворско комбе во Франција за да ослободат дилер на дрога познат под прекарот Мува, при што се убиени двајца и ранети уште тројца полицајци. Смелиот, планиран напад се случи во девет часот на патарина во Икарвил во северна Франција. Избеганиот затвореник е именуван како Мохамед Амра, 30-годишен дилер на дрога, кој на 10 мај беше осуден за грабеж, а претходно и за киднапирање со смртни последици. Полициски извор од Марсеј кажа дека Амра имал врски со тамошната моќна банда „Блекс“. Снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат најмалку двајца маскирани напаѓачи кои носат пушки како кружат околу џип кој е во пламен. Притоа изгледа дека џипот се забил во предниот дел од полициското комбе. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан изјави дека е покрената голема полициска потрага. „Се користат сите расположливи средства за да се фатат овие криминалци. Мобилизирани се неколку стотици полицајци“, кажа тој. Министерот за правда Ерик Дипонд-Морети изјави дека нападот се случил додека Амра одел на состанок со истражен судија во Руен. Додаде дека двајца од ранетите полицајци се во критична состојба....
МОМЧИЊАТА И МАЖИТЕ СЕ ПОПОДЛОЖНИ НА ТЕШКИ НАСИЛСТВА И САМОУБИСТВА, ВО СКОПЈЕ ОТВОРЕН ПРВИОТ ЦЕНТАР ЗА НИВНА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА
Сакам да кажам - пред 3 дена
Дваесет и четири отсто од момчињата (наспроти 8 отсто од девојчињата од паралелки на македонски наставен јазик) и 21 процент од момчињата (наспроти 2 отсто од девојчиња од паралелки на албански наставен јазик) учествувале во тепачки, два или повеќе пати во изминатите 12 месеци, вели Весна Матевска, програмскa раководителка во Асоцијацијата за здравствена едукација ХЕРА. Асоцијацијата денеска го отвори првиот ММ – Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи, кој ќе нуди бесплатни советувања кои ќе ги спроведуваат психотерапевти и психолози. Според Матевска, ваков тип центри се неопходни во системот за што укажуваат и сите податоци и истражувања направени во изминатите неколку години. Родовата еднаквост, вели таа, се однесува на девојките и момчињата и на жените и мажите. „Родовата еднаквост значи и поддршка и грижа за ментално и физичко здравје за момчињата и мажите. Молкот не е одговор кога момчињата немаат сила да се справат со предизвиците. Токму на тоа укажуваат наодите од меѓународната ХБСЦ студијата посочуваат дека насилството меѓу момчињата во Македонија најчесто се случува во или меѓу групите врсници. Момчињата се далеку понасилни од девојчињата пред сѐ поради отворената поддршка на таквото однесување, кое се доживува како начин на ‘машко’ растење, чија последица може да биде повредување на другите или самоповредување“, кажа Матевска. Според Кирил Тројачанец, кој е психолог и експерт за стрес, општествените очекувања ги притискаат момчињата од најмала возраст да не ги покажуваат своите емоции, што е причина за постојан стрес и ранливо ментално здравје. Тројачанец упати директна порака до момчињата дека молкот не е одговор кога се соочуваат со врсничко насилство. Резултатите од неодамнешното истражување на Националниот младински совет на Македонија, покажувааат дека младите имаат сериозни предизвици со менталното здравје. Податоците од ова истражување се поразителни, вели таа, дури 58% од младите се борат со анксиозност, а 64% се чувствуваат депресивно. Истражувањето на „Реактор“ кажува дека мажите се најголем дел од жртвите на насилни злосторства, како што се тешки напади и убиства, а кои ги вршат други мажи. Понатаму, мажите имаат поголеми изгледи за самоубиство. Според истото истражување младите момчиња и мажи, кои се соочуваат со анксиозност или депресија, чувствуваат страв за споделување на тоа што го мислат или чувствуваат, односно сметаат дека доколку ги споделат проблемите кои им го отежнуваат секојдневието, тоа би ги направило во очите на другите „слаби мажи”. „Ако ова се податоците кои ја опишуваат сликата за менталното здравје на момчињата и мажите кај нас, тогаш јасно е зашто ни е потребен ваков центар за поддршка. Овој центар ќе овозможи безбедна и пријатна средина во која момчињата и мажите отворено ќе зборуваат за своите потреби и ќе побараат поддршка без некој при тоа да ги етикетира. Тие сега ќе имаат свое место во кое отворено ќе може побараат решение за предизвиците и место во кое ќе може момчињата и мажите да добијат поддршка за емоционален раст и развој“, рече Матевска. Психотерапевтите ќе работат по моделот на Австриското здружение Verein Für Männer- und Geschlechterthemen Steiermark, Austria, а со финансиска поддршка од Сојузното министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Австрија. Спортскиот психолог Ленче Алексовска-Величковска смета дека очекувањата што тренерите, соиграчите и навивачите ги поставуваат врз спортистите од една страна може да послужат како мотивирачка сила, поттикнувајќи ги да го постигнат најдоброто од себе, меѓутоа кога очекувањата се преголеми, тие доведуваат до зголемен стрес и анксиозност и насилно однесување. Советувањата ќе се спроведуваат со физичко присуство или преку виртуелни канали на македонски и албански јазик. Просториите се сместени во Младинскиот центар „Сакам да знам” (Елисие Поповски Марко 2, Скопје ). Центарот ќе биде отворен за советувања вторник, среда и четврток од 10 до 17 часот. Термините треба да се закажат на следниов телефoнски број 070/299-026, или на е-пошта: [email protected], како и на Инстаграм профилот man.mind.skopje. Б. НЕСТОРОСКА...
СИРИЗА ЌЕ ГИ ПОДНЕСЕ ЗА РАТИФИКАЦИЈА ВО ГРЧКОТО СОБРАНИЕ ТРИТЕ МЕМОРАНДУМИ СО МАКЕДОНИЈА ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР
Сакам да кажам - пред 3 дена
Грчката опозициска партија Сириза во следниот период ќе ги поднесе за ратификација во Парламентот трите меморандуми со Северна Македонија што произлегуваат од Преспанскиот договор, соопшти портпаролката Вула Кехаја на денешниот брифинг со новинарите, објави МИА. Таа објасни дека ги разгледуваат можностите како ќе го направат тоа и рече дека веројатно ќе биде во форма на законска иницијатива. Трите потпишани меморандуми меѓу двете земји се: Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на Радарот за воздухопловни операции (FIR) Скопје. Тие се дел од обврските на Грција преземени со потпишувањето на Преспанскиот договор, а кои веќе неколку години чекаат да бидат ставени на дневен ред за ратификација во грчкиот Парламент. Таа рече дека Владата на Кирјакос Мицотакис од Нова демократија „избегнува да ги донесе во Парламентот од внатрепартиски причини и за да ја одржи рамнотежата во самата Влада“. „Се истражува и се читаат законските текстови што произлегуваат од Договорот од Преспа и претставуваат она што се нарекува Протоколи или Меморандуми за соработка со соседната земја и во следниот период, веројатно во облик на законска иницијатива, ќе бидат доставени во Парламентот. Но, со големо изненадување и незадоволство ја слушаме Владата и нејзините претставници да најавуваат дека ќе гласаат против или нема да гласаат или дека не се согласуваат со таква иницијатива. Зошто се крие Нова демократија и не се обидува барем сега владината партија да го спаси угледот на Договорот од Преспа, кој во минатото го карактеризираше како предавнички, а сега смета дека треба да го одбрани, но без притоа да го заштити законски?“, рече Кехаја. Од партијата на експремиерот Алексис Ципрас, во време на чија влада беше потпишан Преспанскиот догвор, упатија и прашање до актуелната грчка Влада, зошто, „ако толку многу е вознемирена од ставот на новата претседателка на Северна Македонија, веднаш не ги донесе во Парламентот меморандумите како што налага Договорот од Преспа?“ Владата на Мицотакис „пет години не направи ништо за да го заштити договорот“, а како пример споменува дека сè уште ги нема ратификувано меморандумите, не направила ништо за промената на учебниците, за промена на трговските ознаки на компаниите од соседната земја, но и за промена на сообраќајните табли во Грција. „Не само што не ги ратификуваше трите меморандуми од 2019 година што имаа јасни придобивки за земјата туку не се одржа ниту еден Висок совет за соработка – и покрај предвиденото за еднаш годишно, а беше потпишан само еден меѓудржавен договор наместо да се договорат десетици нови, велат од Сириза. Дополнително ја прашаа грчката Влада и „дали има намера да го покрене прашањето за исфрлање на националистичката ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија, односно сестринска партија на Нова демократија?“. По потпишувањето на Преспанскиот договор на 17 јуни 2018, во Македонија следуваа уставни измени со кои државата доби ново уставно име Северна Македнија. Новото име стапи на сила во февруари 2019. Со договорот се реши 30-годишниот спор со Грција и Македонија стана 30. членка на НАТО....
ГРУЗИСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГО УСВОИ КОНТРОВЕРЗНИОТ ЗАКОН ЗА СТРАНСКИ АГЕНТИ, ПРОТИВ КОЈ ЖЕСТОКО СЕ ПРОТЕСТИРАШЕ
Сакам да кажам - пред 3 дена
Грузискиот парламент денеска го изгласа контроверзниот закон за странски агенти, за кој противниците велат дека е инспириран од Русија и води кон репресија на граѓанското општество. Мнозинството пратеници го поддржа законот, што претходно поттикна политичка криза и масовни и насилни протести во земјата. Во изминатите денови полицијата беше обвинувана дека ги тепа демонстрантите кои се собираа пред парламентот, а инциденти имаше и меѓу пратеници на седниците. Според овој закон, сите невладини организации и независни медиуми кои примаат повеќе од 20% од своите средства од странски донатори ќе бидат регистрирани како организации кои спроведуваат интереси на странски сили. Тие ќе бидат следени од министерството за правда и ќе мора да споделуваат чувствителни информации или ќе добијат парични казни во износ до 9.400 долари. Вашингтон кажа дека законот е инспириран од Кремљ, додека премиерот Иракли Кобахиѕе кажа дека тој е неопходен заради „транспарентност на странското влијание“. Претседателката на Грузија, Саломе Зурабичвили, кажа дека ќе стави вето на законот, но владејачката партија има доволно пратеници во парламентот за да ја надгласа....
МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА Д-Р ДАНИЛ ПЕТРОВСКИ
Сакам да кажам - пред 3 дена
Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, потврди докторот за САКАМДАКАЖАМ.МК. Тој ни рече дека иако е на одмор до 9 мај, ноќеска бил дежурен, бидејќи распоредот за смени бил одамна направен. Денеска добил известување од службите во сметководство дека е разрешен. „Иако сум на одмор, бев дежурен што не се коси со Закон за здравствена заштита, член 216. став 3. Ноќеска во 2:30 дојде новинар да види како дежурам. Не знам колку е законски да бидам разршен додека сум на одмор, и дали министерот има право да ме разреши до формирање на Влада. Ќе се консултирам со адвокат“, ни изјави д-р Петровски. „Медицинскиот директор беше разрешен од вршител на должност директор поради неправилности во работата. Засега нема назначено нов директор на Клиниката за токсикологија“, ни изјавија од Министерството за здравство. Демири уште на 22 април најави дека ќе го разреши д-р Петровски. Претходно, со писмо и со прес-конфереција, вработени од Клиниката како и доктори со долгодишно искуство реагираа дека економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно бутка да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа. Демири на 22 април после прес-конференциите на докторите од Токсикологија и на Иљази, рече дека три недели претходно бил прашан од новинар за состојбата на Клиниката за токсикологија каде, како што му било кажано, 18 вработени не примиле плата четири месеци и дека во истата институција има за жал и навреди на национална основа. „Просто не можев да поверувам, дури мислев и дека е провокација. Многу ми е жал, три недели ја испитав ситуацијата. За жал, констатацијата е вистината. Длабоко сум уверен дека луѓето кои ги користат ваквите испади и навреди не го мислат тоа. Навреди на национална основа. Не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Ќе преземам сериозни мерки, директорот медицински денеска ќе го разрешам од позицијата, иако сме влезени во изборите. За економската директорка Бесија Иљази немам сознанија за прекршок“, рече министерот Демири. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) на 2 мај соопшти ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на Клиниката. Ова следи откако менаџментот на Клиниката не постапил по издаденото решение за опомена со наложени инспекциски мерки. „ДСЗИ изврши контролен инспекциски надзор на Клиниката за токсикологија по издадено решение за опомена со наложени инспекциски мерки кои истото беа должни во рок од три дена да испратат писмено известување дали е постапено по истото решение, меѓутоа такво писмено известување не добивме. Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12.2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението“, рече директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска. ЗДРАВСТВЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЌЕ ИЗДАДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП НА ТОКСИКОЛОГИЈА ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА Б. НЕСТОРОСКА...
МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА ТОКСИКОЛОГИЈА Д-Р ДАНИЛ ПЕТРОВСКИ
Сакам да кажам - пред 3 дена
Министерот за здравство Илир Демири го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, потврди докторот за САКАМДАКАЖАМ.МК. Тој ни рече дека иако е на одмор до 9 мај, ноќеска бил дежурен, бидејќи распоредот за смени бил одамна направен. Денеска добил известување од службите во сметководство дека е разрешен. „Иако сум на одмор, бев дежурен што не се коси со Закон за здравствена заштита, член 216. став 3. Ноќеска во 2:30 дојде новинар да види како дежурам. Не знам колку е законски да бидам разршен додека сум на одмор, и дали министерот има право да ме разреши до формирање на Влада. Ќе се консултирам со адвокат“, ни изјави д-р Петровски. Демири уште на 22 април најави дека ќе го разреши д-р Петровски. Претходно, со писмо и со прес-конфереција, вработени од Клиниката како и доктори со долгодишно искуство реагираа дека економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази не дозволува да се вработат двајца дипломирани биолози и еден болничар, а упорно бутка да се вработат 18 лица на кои им истекоа договорите за дело на 31 декември 2023. Тие кажаа дека Иљази не знае македонски јазик и не може да се разберат со неа. Демири на 22 април после прес-конференциите на докторите од Токсикологија и на Иљази, рече дека три недели претходно бил прашан од новинар за состојбата на Клиниката за токсикологија каде, како што му било кажано, 18 вработени не примиле плата четири месеци и дека во истата институција има за жал и навреди на национална основа. „Просто не можев да поверувам, дури мислев и дека е провокација. Многу ми е жал, три недели ја испитав ситуацијата. За жал, констатацијата е вистината. Длабоко сум уверен дека луѓето кои ги користат ваквите испади и навреди не го мислат тоа. Навреди на национална основа. Не може доктор да мисли така и да се служи со таков речник. Ќе преземам сериозни мерки, директорот медицински денеска ќе го разрешам од позицијата, иако сме влезени во изборите. За економската директорка Бесија Иљази немам сознанија за прекршок“, рече министерот Демири. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) на 2 мај соопшти ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на Клиниката. Ова следи откако менаџментот на Клиниката не постапил по издаденото решение за опомена со наложени инспекциски мерки. „ДСЗИ изврши контролен инспекциски надзор на Клиниката за токсикологија по издадено решение за опомена со наложени инспекциски мерки кои истото беа должни во рок од три дена да испратат писмено известување дали е постапено по истото решение, меѓутоа такво писмено известување не добивме. Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12.2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението“, рече директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска. ЗДРАВСТВЕНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЌЕ ИЗДАДЕ РЕШЕНИЕ ЗА ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП НА ТОКСИКОЛОГИЈА ЗА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА Б. НЕСТОРОСКА...
МАКЕДОНИЈА ИМА НАЈДОБРА 5Г МРЕЖА ВО РЕГИОНОТ И Е НА ВРВОТ ВО ЕВРОПА, НО СЀ УШТЕ Е ЛЕСНА ЦЕЛ ЗА БРЗО СОБОРУВАЊЕ НА МРЕЖИТЕ, БЕШЕ КАЖАНО НА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОХРИД
Сакам да кажам - пред 3 дена
Во услови на забрзан развој на технологиите, безбедноста во електронските комуникации е голем предизвик, а тој проблем најмногу ги засегнува поразвиените држави, беше кажано на 20. Меѓународна регулаторна конференција што во организација на Агенцијата за електронска комуникација (АЕК) се одржува во Охрид. „Кај нас како држава сајбер-нападите се зголемија откако станавме членка на НАТО, што само по себе кажува дека реално кај нас таквите напади се политички. Како мала држава реално добро се справивме со тие напади, особено за време на изборната кампања, имаше најави за зголемен број напади од политичка природа, како што впрочем и беше, но ситуацијата доволно добро беше изменаџирана“, рече директорот на АЕК, Јетон Акику. Како што посочи Акику, акцент на годинешните дискусии се мерењата и конкретните резултати од имплементацијата на 5Г мрежата и прашањето на сајбер-безбедноста. „Она што можам да го истакнам е дека во Македонија има најдобар 5Г во регионот и меѓу надобрите на континентот, со достигнати брзини на двата оператори од над еден мегабит во секунда и просек од околу 300 мегабити на целиот простор во државата“, Акику. Иако регионот ги следи трендовите во областа на електронските комуникации, реално малку доцни зад стандардите во Европа, поради задоцнетиот почетокот во развојот на сферата и реалните економски околности, оценија експертите. „Сите земји во моментов добро напредуваат. И Република Хрватска, која десет години е во ЕУ, сѐ уште не го има остварено европскиот просек во подрачјето на електронските комуникации“, рече Тонко Огуљен, претседавач со Европското тело за регулација на електронските комуникации и претседател на Советот на Хрватската агенција за мрежни активности. Според него, безбедноста на комуникациите е комплексно прашање, со разни можности за закани и злоупотреби, а притоа човекот е можеби најризичниот фактор во безбедносните предзивици. Како што рече тој, независно колку и да се вложува во мрежната безбедност, доволно е некој да почувствува слаба точка, залудни се сите безбедносни препреки. „Она што можеби најголем предизвик за кој сите говорат и интензивно размислуваат во моментов, е примената на вештачката интелигенција во тие негативни насоки, од креирање лажни повици и лажни вести, па сè до генерирање закани. Порано за тоа беше потребно повеќе напор и време, сега тоа е олеснето, постојат стотици начини како да се собори мрежата. Останува како да се справиме со тоа, сметам дека за тоа ќе бидат сѐ повеќе експерти. Тоа е најголем проблем, не само во регионот туку и пошироко. Во регионот тој е и уште поизразен оттаму што платите се пониски, а луѓето кои ќе ги научат вештините можат подобро да се продадат низ светот каде се многу барани. Предизвикот е како нив да ги задржиме“, рече Огуљен. С. ВРЕНЦОВСКА...
ВТОР ВИСОК ФУНКЦИОНЕР НА РУСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА УАПСЕН ЗА КОРУПЦИЈА, ДОМА МУ ПРОНАШЛЕ МИЛИОН ДОЛАРИ
Сакам да кажам - пред 3 дена
Втор висок функционер на руското министерство за одбрана е уапсен под обвинение за корупција, два дена откако Владимир Путин го смени министерот Сергеј Шојгу. По неговиот заменик Тимур Иванов, уапсен е и генерал-полковникот Јури Кузнецов, шефот на главната дирекција за персонал во министерството. Тој е обвинет дека примил исклучително големо мито, за што може да добие до 15 години затвор. При претресот на неговиот дом и друг имот полицијата запленила златни монети, луксузни предмети и над 100 милиони рубли (над милион долари) во готовина, објави Истражниот комитет. Путин викендов направи голема промена во својот кабинет откако го назначи Андреј Белоусов за нов министер за одбрана, функцијата што од 2012 ја држеше негов близок соработник Шојгу. Тој отсега ќе го води моќниот руски Совет за безбедност, чиј досегашен секретар Николај Патрушев стана помошник на Путин, исто како и гувернерот на регионот Тула, Алексеј Дјумин, кој се спомнува како можен иден руски лидер. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, негираше дека Шојгу е деградиран, додавајќи дека неговата нова позиција е многу висока и со широки овластувања....