Volkswagen ќе се ориентира кон плаг-ин хибридните возила
Car Club - пред 16 часа
ShareTweetShareВо изјава за Bloomberg, Thomas Schafer кој е на чело на брендот Volkswagen изјави дека „купувачитe сега сакаат плаг-ин хибридни возила“. Volkswagen неодамна одлучи да ги паузира плановите за изградба на фабрика за електрични автомобили во Германија. Оваа фабрика требаше да чини 2 милијарди Евра. Сепак, Volkswagen не се откажува од електричните возила – плановите за изградба на гига-фабрики во Шпанија и Канада и понатаму се во тек. Сепак, барањата на купувачите се менуваат, а со тоа и плановите на производителите. Во неодамнешно интервју за Bloomberg, шефот на Volkswagen брендот Thomas Schaefer изјави дека „купувачите сега сакаат плаг-ин хибриди, вклучувајќи ги оние во Кина и САД“. И ова воопшто не нè изненадува, со оглед на тоа дека плаг-ин хибридите се одличен компромис меѓу перформансите и ефикасноста на целосно-електричните возила и практичноста на возилата со конвенционални мотори. Плановите на Volkswagen веќе се трансформираат во реалност. Новите Passat и Tiguan веќе дебитираа со плаг-ин хибридни погони, а со неодамнешното освежување надграден плаг-ин хибриден погон доби и Golf. ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: Renault Rafale E-Tech 4×4 300 HP е плаг-ин хибриден SUV со малку магија од Alpine
Car Club - пред 17 часа
ShareTweetShare1.2-литарскиот турбо-бензинец со три цилиндри соработува со батерија со капацитет од 22 kWh и заден електромотор за вкупно 300 коњски сили, но и автономија на струја до 100 километри. Додека Alpine работи на сопствениот спортски електричен кросовер, не значи дека не може да сподели дел од својата експертиза и со матичниот бренд. Резултат на соработката е Renault Rafale E-Tech 4×4 300 HP. Ајде да си ја олесниме работата и да го скратиме ова име и се задржиме на Rafale 4×4 300. Досегашната изведба на хибридниот Rafale комбинираше 1.2-литарски турбо-бензинец со стартер-генератор и електромотор вграден во менувачот – за вкупно 200 коњски сили. Сега, со трет електромотор поставен на задната оска, знаменосецот на Renault добива погон на сите четири тркала и вкупно 300 коњски сили. Од Renault кажуваат дека спринтот до 100 километри на час трае 6.4 секунди, но и дека благодарение на батеријата со капацитет од 22 kWh, автономијата на струја достигнува одлични 100 километри, додека севкупната автономија е рамно 1000 километри. На купувачите ќе им бидат достапни две нивоа на опрема. Првото ниво се вика Esprit Alpine и добива еден куп Alpine-брендирани додатоци, но и големи 20-инчни тркала, итн. Скалило повисоко е Atelier Alpine верзијата која добива специјална сатен-сина Summit Blue боја, 21-инчни тркала, но и адаптивна суспензија која користи камера за да го снима патот пред автомобилот и да ги прилагоди амортизерите. Renault Rafale E-Tech 4×4 300 HP ќе биде достапен од оваа есен. ShareTweetShare...
Porsche Driving Experience 2024 – Прв контакт со насилниот Cayenne Coupe Turbo E-Hybrid GT Package!
Car Club - пред 1 ден
ShareTweetSharePorsche Driving Experience повторно во Македонија, а ѕвезда на овогодинешното возење беше новиот Cayenne Coupe Turbo E-Hybrid with GT Package со безмалку неверојатни 740 коњски сили! Времето очигледно не е идеално – но нема лош ден за возење Porsche. Ергелата на Porsche Driving Experience повторно во Македонија – овој пат со значителен новитет. Покрај 718 Boxster S, Macan S и 911 во две изведби – Targa GTS и Turbo S – во понудата годинава го имаме и новиот Cayenne Coupe Turbo E-Hybrid со GT Package. Со со неодамнешното освежување, постоечкиот плаг-ин хибриден Cayenne доби зголемена моќност за околу 10 проценти, но зголемената моќност не едноставно зголемување на притисокот на турбополначите – 4-литарскиот твин-турбо V8 добива сериозни надградби за да испорачува 599 коњски сили и соработува со 176-коњски електромотор кој пак се напојува од нов батериски модул со капацитет од 25.9 kWh. Резултат на сето тоа? Импресивни 739 (да заокружиме на 740, може?) коњски сили и 950 Nm вртежен момент, кои пак го забрзуваат големиот Cayenne до 100 километри на час за само 3.6 секунди и му овозможуваат да постигне 305 километри на час. Забрзувањето е насилно и неуморно, а големиот SUV се движи како да не тежи повеќе од 2.5 тони. Секоја реакција на притискањето на педалата за гас е инстантна бидејќи електромоторите ја пополнуваат „празнината“ пред да земат воздух големите турбини на 4-литарскиот твин-турбо V8 и додека вашите внатрешни органи го менуваат распоредот, големиот SUV веќе постигнал брзина за која би нè имало во дневниот печат. Од друга страна, плаг-ин хибридниот SUV се движи со леснотија која успешно ја сокрива неговата маса. Од свиок во свиок, Cayenne Turbo GT (да скратиме малку) се однесува како моќен (и голем) хот хеч, без никакво навалување во свиоци ниту некакво колебање. Закони на физиката? Пфф… По Cayenne Coupe влегуваме во Macan S кој благодарение на неговиот 2.9-литарски твин-турбо V6 располага со 380 коњски сили – безмалку точно двојно помалку од големиот Cayenne. Но Macan изненадува со неговата агилност и подготвеност. Macan секогаш одлично се трансформира од урбан спортски SUV во комфорен крстосувач на автопат, но неговиот вистински талент е кога ќе го префрлите во Sport, ќе го фатите „за роговите“ и ќе почнете да бркате свиоци. Одговорно тврдиме дека не постои подинамичен и подиректен SUV од Macan. Поврзано: Имате малку време од еден до друг авионски лет? Porsche ќе ве префрли со 911 GT3 RS! Следен на распоредот? 728 Boxster S, секако. Ако Boxster го наречеме „вовед во Porsche“, ќе додадеме – па може ли воведот да е подобар? Малиот Boxster е најстариот модел во тековната понуда на Porsche, па затоа е и нај-аналогниот автомобил на германскиот бренд. И токму тој аналоген карактер го прави да биде супер-интересен. Наменет за оние кои навистина уживаат во возењето. 2.5-литарскиот турбо-боксер јасно (и гласно) го назначува своето постоење, а какофонијата од звуци која доаѓа од задниот дел треба да се слушне за навистина да се доживее. Конечно пристигнуваме до 911. Прво седнуваме во 911 Targa GTS. Да, временските услови не беа баш за Targa, но во секој случај беа за GTS. Ако ние се прашуваме, токму 911 GTS е моделот кој треба да се избере. Неговите 430 коњски сили се (ахам) повеќе од доволни – за што сведочи и спринтот до 100 километри на час за само 4.3 секунди. На самиот крај, повторно во 911 Turbo S. Знаменосецот на „цивилната“ палета на 911 едноставно доминира. Ставот ги најавува перформансите, а перформансите се запрепастувачки. Моќниот 3.8-литарски твин-турбо шест-цилиндерски боксер испорачува 650 коњски сили и 800 Nm вртежен момент, а погонот на сите четири тркала гарантира дека тие перформанси можат да се искористат во помалку или повеќе секакви услови – денешниов ден беше доказ за тоа. 911 Turbo S буквално лансира до 100 километри на час, до кои пристигнува за само 2.7 секунди. И продолжува да забрзува. И продолжува… И сè така, сè до неговите максимални 330 километри на час. За жал, тие не успеавме денес да ги искусиме, но можеби еден ден, на некое парче германски аутобан… Поврзано: ПРЕМИЕРА: Porsche Taycan Turbo GT има повеќе од 1100 коњски сили! Секој Porsche Driving Experience е прослава на брзината, на луксузот и на автомобилскиот хедонизам. Поканата – дури и накратко – да уживаме во сè она што значи Porsche со задоволство ја прифативме и искрено се заблагодаруваме на Porsche Македонија за оваа можност. ShareTweetShare...
Pininfarina го дизајнираше ексклузивниот Morgan Midsummer
Car Club - пред 1 ден
ShareTweetShareЗа изработката на каросеријата на Midsummer се потребни 250 работни часови а производството е ограничено на само 50 примероци. Автомобилот доаѓа со два мали аеро екрани наместо класично ветробранско стакло, а 19-инчните ретро тркала помагаат во подобрувањето на аеродинамиката со дозволување на помазен проток на воздух преку страните на автомобилот. Обликувањето на каросеријата не е единствениот процес кој одзема многу време, бидејќи нанесувањето на дрвените површини во внатрешноста трае повеќе од 30 часа. Техничките спецификации околу моќноста не се откриени, но ако се водиме според донаторското возило Morgan Plus Six, може да претпоставиме дека се работи за агрегатот B58 на BMW. Станува збор за 3-литарски турбо-полнач со 335 коњски сили и осумстепен автоматски менувач. Иако цената на Midsummer не е официјално објавена, сите примероци се веќе продадени. Производството започнува оваа година, а јавното деби ќе се одржи во јули на фестивалот на брзина во Goodwood. ShareTweetShare...
Во салонот на Audi е изложен електричниот Q4 e-tron
Car Club - пред 2 дена
ShareTweetShareВо салонот на Audi во Скопје од неодамна е изложен целосно-електричниот Q4 e-tron – првиот модел на Audi базиран на MEB платформата наменета за електрични возила. Во зависност од изведбата, Q4 e-tron може да се добие со 170, 204 или 299 коњски сили. Првите две верзии се со погон на задните тркала, додека најмоќниот Q4 50 e-Tron е со погон на сите четири тркала, забрзува до 100 километри на час за 6.2 секунди и постигнува максимални 180 километри на час. Основниот модел е со батерија од 52 kWh, додека помоќните две изведби се со батерија од 77 kWh. Со новите Q4 e-Tron и Q4 e-Tron Sportback, Audi воведе нова дизајнерска насока. Дизајнот на Q4 e-tron е нагласено футуристички, но истовремено се со помеки линии. Тркалата се „избркани“ кон краевите на автомобилот а надвисоците се кратки. На предниот дел доминира „маската“ која ги спојува предните светла, поклопецот каде би стоела маската на ладилникот и страничните отвори на воздух, додека на задниот дел вниманието оди кон едноделниот светлосен елемент. MEB архитектурата овозможува просторна кабина – батериите се поставени во подот, па Q4 e-Tron може да се пофали со багажник со капацитет од 520 литри. Кај овие автомобили дебитира и новиот систем на надградена реалност на Audi. Овој систем не само што проектира информации на хед-ап дисплеј, туку може да постави „стрелки“ за навигација онаму каде возачот треба да сврти. Системот симулира огромен, 70-инчен екран поставен 10 метри пред возачот. На централната конзола е поставен нов, 11.6-инчен MMI мултимедијален екран кој е насочен кон возачот, а стандардно ќе се вградува 10.1 инчен дисплеј, како и 10.25-инчен панел со инструменти пред возачот. Новиот Audi Q4 e-Tron доаѓа и со напреден систем за полнење. Од Audi кажуваат дека со пристап до доволно брз полнач, со само 10 минути полнење ќе се добијат дополнителни 208 километри автономија. Поврзано: ПРЕМИЕРА: Audi го освежи A3 и го претстави и робустниот A3 Allstreet ShareTweetShare...
Caterham ги покажа најновите Seven 485 и Seven 485 CSR
Car Club - пред 2 дена
ShareTweetShareПоследното и конечно издание на Seven 485 користи 2-литарски четирицилиндричен Ford Duratec мотор со 228 коњски сили. После 10 години постоење на пазарот, производстото на Caterham Seven завршува со последните модели 485 Final Edition. Компанијата ќе направи само 85 единици екслузивно за европскиот пазар, односно 60 примероци од Seven 458 и 25 примероци од Seven 485 CSR. Двете верзии доаѓаат со Ford Duratec 2-литарски мотор со четири цилиндри кој произведува 228 коњски сили и 205 Nm вртежен момент. Caterham ги нуди последните Final Edition во една од петте премиум бои, со сатенски црни ленти и црни беџови. Секој од нив има целосно обложена внатрешност, карбонска табла, единствена регистарска табличка, како и Final Edition брендирање кое е видливо на повеќе места на возилото. Иднината на Caterham, како и кај повеќето спортски производители е во електрификацијата. Брендот веќе го најави електричниот концепт Project V, а за истиот се очекува и сериска производна верзија. ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: Новата Opel Frontera доаѓа со електричен и хибриден погон!
Car Club - пред 3 дена
ShareTweetShareOpel неодамна ги објави првите детали за Frontera, но денес на официјалната премиера откри дека ќе доаѓа во конфигурација со 5 или 7 седишта и ќе може да се добие со електричен или хибриден погон. Opel пред неколку седмици веќе ни ги покажа првите фотографии од новата Frontera, но денес ги имаме сите детали. Новата Opel Frontera доаѓа со интересна гама на погонски опции. Хибридната изведба ќе се нуди во две конфигурации, обете придвижувани од 1.2-литарски турбо-бензинец кој соработува со лајт-хибридна компонента. Во зависност од конфигурацијата, бензинецот ќе испорачува 100 или 136 коњски сили, а од електромоторот ќе добие уште дополнителни 28 коњски сили. Електромоторот е интегриран во шест-брзинскиот автоматски менувач со двојна спојка, а силата се пренесува кон предните тркала. Од друга страна, Opel не ги објави деталите околу електричната Frontera Electric, но можеме да претпоставиме дека во понудата ќе се најдат 156-коњскиот електромотор во комбинација со батерија со капацитет од 54 kWh, како и верзијата со 113 коњски сили и помала батерија со капацитет од 44 kWh која дебитираше кај новиот Citroen C3. Инаку, Opel објави дека Frontera ќе може да се добие во две конфигурации – стандарната Frontera и повисоко-опремента Frontera GS. Обете верзии ќе можат да добијат дополнителни пакети на опрема. Интересно, Opel објави дека Frontera ќе може да се добие во конфигурација со 5 или 7 седишта. Верзијата со 5 седишта има багажник со капацитет од над 450 литри, односно дури 1600 литри со преклопена задна клупа. Кабината е целосно-дигитализирана, а од Opel најавуваат и грст практични детали и додатоци наменети за семејните корисници. Поврзано: Opel ги претстави новите Combo, Vivaro и Movano Веќе имаме информации дека новата Frontera ќе пристигне во Македонија по крајот на летниот период. ShareTweetShare...
Porsche се подготвува да го претстави првиот хибриден 911
Car Club - пред 3 дена
ShareTweetShare„Богохулие“ или очекуван технолошки напредок? Porsche заврши со тестирањето на новиот хибриден 911 – премиерата е закажана за 28-ми Мај! Кога со 996 генерацијата, Porsche премина од воздушно на водено ладење кај незаменливиот 911, таканаречените „пуристи“ реагираа. Што ли ќе се случи кога Porsche за прв пат ќе го електрифицира 911? „За прв пат во 61-годишната историја на нашата икона, инсталираме хибриден погонски систем во 911. Овој иновативен Performance Hybrid го прави 911 уште подинамичен“ – вели Френк Мозер, потпретседателот Моделската Линија 911 и 718. „Не оставивме ништо на случајот за време на развојот и ги тестиравме новите 911 под секакви услови низ целиот свет. Од температури под нулата, па сè до огромна жештина како што беше случајот за време на последните фази на тестирање во Дубаи. Без разлика дали е со високо погонско оптеретување во услови на планинските премини или во сообраќајот на урбаната средина, новиот 911 ги совлада и најтешките предизвици. Сè на сè, нашите инженери и тест возачи реализираа повеќе од пет милиони тест-километри.“ – додаде тој. Тестирањето и тјунингот на Nurburgring Nordschleife отсекогаш имало посебно значење за време на развојот на 911. Во текот на тестирањето на перформансите, бренд-амбасадорот на Porsche – Јорг Бергмајстер – го комплетираше кругот за 7:16.934 – 8.7 секунди побрзо од соодветната верзија на претходниот модел. Тест возилото беше опремено со стандардни гуми, плус аеро пакетот со фиксно задно крило кој е достапен како опција и кој обезбедува зголемена потисна сила при високи брзини. „Новиот 911 стана значително побрз на патеката“ – вели Бергмајстер – „Имаме повеќе потисна сила, значително повеќе моќ, а Performance Hybrid претставува голема предност.“ ShareTweetShare...
Пристигна освежениот Volkswagen Touareg
Car Club - пред 4 дена
ShareTweetShareОсвежениот голем SUV на Volkswagen пристигна во салонот на германскиот бренд во Скопје. Најголемата и највоочлива измена е во предницата која е целосно редизајнирана со нова маска на ладилникот, нов браник, како и нов светлосен потпис и нови IQ.LIGHT HD LED предни светла. Овие нови светла имаат повеќе од 38.000 LED елементи кои супер-прецизно ја проектираат светлината. Освежувањето продолжува и кон добива задниот дел кој добива целосно-редизајниран светлосен потпис со LED елемент во целата ширина на задницата. Новитет е и осветлената VW значка која свети во црвена боја и за прв пат се нуди на модел на Volkswagen во Европа. Кабината го добива новиот Innovision Cockpit кој комбинира дигитален инструмент панел со Discover Pro Max инфозабавен систем, и оваа комбинација ќе биде дел од стандардната опрема. Надграден е системот за гласовна контрола, а од Volkswagen кажуваат дека новите материјали во кабината се најлуксузни досега. Кабината добива и технолошки освежувања во форма на USB-C приклучоци со моќност од 45 вати за брзо полнење на паметни телефони. Меѓу другото, ќе добиете и Travel Assist, Park Assist Plus со далечинско управување, Trailer Assist, Night Assist како и нов сензор за товар на кровот кој работи за да ја подобри стабилноста кога има нешто на кровот на големиот SUV. Овој систем соработува со системот за контрола на стабилноста и суспензијата која има активна контрола на навалувањето. Во однос на моторите, Touareg ќе се нуди со 3-литарски V6 турбодизели кои испорачуваат 230 коњски сили и 500 Nm, односно 282 коњски сили и 600 Nm, како и 3-литарски V6 турбо-бензинец со 335 коњски сили и 450 Nm вртежен момент. Достапни се и две плаг-ин хибридни верзии кои исто така користат 3-литарски V6 турбо-бензинец. Едната е со системски 386 коњски сили, додека на самиот врв е Touare R eHybrid кој комбинира 3-литарски твин-турбо V6 со електромотор и батерија со капацитет од 14.1 kWh за да испорача вкупно 462 коњски сили. Врвниот Touareg R eHybrid забрузва до 100 километри на час за само 5.1 секунда. Поврзано: ID.3 GTX е првиот електричен хот хеч на Volkswagen ShareTweetShare...
VW ID.3 Pro S добива поголема моќност и побрзо полнење
Car Club - пред 4 дена
ShareTweetShareСамо една година после дебито на фејслифтираниот VW ID.3, Volkswagen реши да го освежи електричниот хечбек уште еднаш. VW ID.3 Pro S доби помоќен електричен мотор со 231 коњски сили (27 повеќе од претходно), додека останатите модели ги добија најновиот инфозабавен систем и намаленото време на полнење. Зголемувањето на моќноста се добива стандардно во Германија, а на останатите европски пазари возилата може да се надградат дополнително. Ефикасноста на електричниот мотор е подобрена и сега комбинираниот опсег според WLTP изнесува 559 километри (13 повеќе од претходно). Пакетот батерии од 77 kWh на ID.3 нуди функција за претходна климатизација на батеријата, односно постигнување на оптималната температура пред самото полнење. Во внатрешноста, ID.3 Pro S го доби новиот 12,9-инчен екран на допир кој веќе се најде во поновите членови на линијата на VW. Екранот има помалку копчиња и работи на најновиот инфозабавен систем со поедноставени менија, попаметен гласовен асистент IDA и интегриран ChatGPT. VW ID.3 Pro S е веќе достапен за нарачка во Германија, а набрзо ќе следува и во останатите европски земји. ShareTweetShare...
Толту Моторс најавува пристигнување на нови модели од Wey и Ora
Car Club - пред 7 дена
ShareTweetShareКинескиот гигант Great Wall во своето портфолио има многу различни брендови и модели, а застапникот за Македонија – Толту Моторс – најавува пристигнување на неколку нови модели. Генералниот застапник на брендовите Great Wall и Haval – Толту Моторс – најавува дека наскоро јавноста ќе има можност во живо да се запознае со моделите на Way 03 и 05, како и електричниот Ora 3. Way и Ora се брендови во групацијата на Great Wall кои веќе некое се присутни на европскиот пазар. Тимот на Толту Моторс во текот на минатиот месец веќе имаше можност да се запознае со моделите и според нив, пристигнувањето на новите модели нашиот пазар е резултат на нивната посветеност кон иновација и квалитет, сè со цел да ги задоволат потребите на клиентите. Моделите Way 03 и Way 05 се врвни примери за современи автомобили, со уникатен дизајн и напредни технологии кои ќе ви обезбедат безбедност, комфор и задоволство при возењето. Тие се врвен избор за сите кои го бараат перфектно соединение помеѓу луксуз, перформанси и функционалност. Малиот Ora 3 пристигнува како симбол на елеганција и иновација во светот на електричните возила. Со својот напреден дизајн и високи перформанси, Ora 3 е идеален избор за сите кои го ценат одржливото возење и модерниот стил. Толту Моторс ќе ги сподели датумите кога моделите ќе бидат достапни за возење, каде што нивните стручни тимови ќе бидат на располагање за секакви прашања и совети. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Great Wall. Извор: PR Толту Моторс ShareTweetShare...
Кабриолетот Bentley Batur има 750 коњски сили!
Car Club - пред 7 дена
ShareTweetShare Производството на специјалната верзија на Batur со отворен покрив и W12 мотор е ограничено на само 16 примероци. Bentley Batur се појави во 2022 година, а сега моделот добива и отворена-кабрио верзија. Таа претставува еден од последните автомобили кои го користат моторот со дванаесет цилиндри. Станува збор за најмоќнота веерзија на W-12 досега, со неверојатни 750 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент. За да се спушти или подигне покривот на кабриолетот потребни се само 19 секунди, без разлика дали Batur е паркиран или се движи со брзина до 48 км/ч. Bentley го нуди автомобилот ексклузивно со две седишта и тркала од 22 инчи со различен дизајн. Цената не е објавена, но претпоставуваме дека најверојатно ќе биде над 2,1 милиони долари, цена по колку се продаваше сега веќе распродаденото Batur купе. ShareTweetShare...
Грамофонот Technics SL-1200M7B е направен во соработка со Lamborghini!
Car Club - пред 8 дена
ShareTweetShareБрендираната верзија на диџејскиот грамофон Technics 1200MK7 дополнително доаѓа со плоча на која се снимени различни ноти на познатиот V12 на Lamborghini. Дизајнот на грамофонот останува ист, но додаден е графички приказ со Y-тематиката на италијанскиот производител во принтови со црвена, жолта или зелена боја. Освен тоа, на долниот дел врз карбонската позадина гордо е поставено логото на Lamborghini. Специјалната плоча што доаѓа со секој SL-1200M7B е нешто на кое дефинитивно не сме навикнати. На винилот се снимени V-12 звуците на моторот од шест Lamborghini модели: 400GT, Miura и Countach, Diablo, Murciélago и Revuelto. Нема информации колку ќе чини ова специјално издание на грамофонот на Technics, ниту пак колку модели ќе бидат изработени. Ако се земе во предвид дека итерацијата MK7 врз која е направен чини нешто помалку од илјада евра, сигурни сме дека M7B ќе биде значително повеќе од тоа. ShareTweetShare...
Kia пушти тизер за новиот EV6!
Car Club - пред 8 дена
ShareTweetShare Kia ги објави првите официјални фотографии на фејслифтираниот EV6. За останатите ќе треба да почекаме веројатно неколку недели. Првично може да забележиме дека значителни промени има направено на предниот дел, особено кај ултра тенките дневните светла кои се паметно инкорпорирани во браникот и решетката. Од позади се гледа и суптилно ревидираната LED лента за задните светла. Иако се уште нема фотографија од внатрешноста, очекуваме фејслифтираниот EV6 да го добие најновиот инфозабавен систем на Kia. Тоа вклучува 12,3-инчен дигитален дисплеј на возачот, 12,3-инчен централен екран на допир како и помал екран на допир од 5,3 инчи за контролите за климатизација, кој се наоѓа измеѓу првите два. Покрај овие промени, освежениот EV6 треба да добие и нова, поголема батерија од 84 kWh. ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: BMW M4 CS – Малку поцивилизиран CSL!
Car Club - пред 8 дена
ShareTweetShareНовиот M4 CS е поставен над M4 и М4 Competition во хиерархијата на M-дивизијата, но истовремено е под супер-скапиот и ексклузивен CSL. Но ако сме искрени, разликите меѓу M4 CS и M4 CSL и не се толку големи. Прво и основно – исто како M4 CSL, и M4 CS има 550 коњски сили. Плус, исто како M4 CSL, и M4 CS добива карбонски кров, карбонски поклопец на моторот, преден сплитер, предни отвори за воздух, капаци за страничните ретровизори, карбонски заден дуфизер и карбонски заден спојлер. Добива и лесни М тркала кои можат да бидат обвиени во супер-спортски пневматици. Разликите? Најголемата разлика е во погонот – M4 CSL се добива само со заден погон, додека новиот M4 CS може да се добие со погон на сите четири тркала. Нема да ги добиете оние супер-секси карбонски седишта кои се вградуваат во M4 CSL, но затоа ќе добиете задни седишта и звучна изолација. Резултат? M4 CS е 20 килограми полесен од M4 Competition, додека M4 CSL е полесен цели 108 килограми. Како што веќе напоменавме, моторот испорачува иста моќност како и моторот кој се вградува во M4 CSL. Сепак, моторот не е идентичен – во суштина, моторот кој се вградува во M4 CS е истиот кој се вградува и во „обичниот“ М4, но со одредени доработки и згоелем притисок во турбините. Моторот испорачува 550 коњски сили при 6250 вртежи во минута и моќни 620 Nm вртежен момент од само 2750 во минута. Силата ја испорачува кон сите четири тркала преку 8-степен автоматски менувач, а резултат на сето тоа е спринт до 100 километри на час за 3.4 секунди и максимални 302 километри на час. Поврзано: Rimac и BMW Group објавија стратешко партнерство! Нарачките се веќе отворени. ShareTweetShare...
Dahler го тјунираше моќниот BMW M3 CS
Car Club - пред 10 дена
ShareTweetShareДоколку сметате дека фабричкиот BMW M3 CS не е доволно брз, германскиот тјунер Dahler има решение за вас. Ретко кој би се осмелил да модифицира машина како што е BMW M3 CS, но сепак, инженерите од Dahler го направија токму тоа. Покрај подобрените перформанси, германскиот тјунер изврши и суптилни визуелни промени. Стандардно, 3-литарскиот шестцилиндарец со два турбо полначи испорачува 543 коњски сили и 649 Nm вртежен момент. Со тјунирање на софтверот, овие бројки се зголемуваат до 630 коњски сили и 740 Nm. Опционално се нуди карбонски воздушен довод, како и издувен систем од нерѓосувачки челик кој го заменува стандардниот титаниумски систем. Стандардниот BMW M3 CS наскоро ќе добие и купе изведба во форма на M4 CS. Тоа подразбира зголемена моќност во однос на стандардните M4 и M4 Competition, како и присуство на неизбежните карбонски додатоци. ShareTweetShare...
Во првите три месеци од 2024, во Македонија се продадени 1712 нови автомобили!
Car Club - пред 10 дена
ShareTweetShareСпоред (неофицијални, секако) податоци кои пристигнаа до нас, во првите три месеци од 2024 се продадени вкупно 1712 нови автомобили – дури 35% повеќе од истиот период минатата година. Податоците до кои стигнавме пристигнуваат од CE Auto преку BestSellingCarsBlog. За жал, немаме официјални податоци од македонските импортери, па затоа и овие бројки ги земаме со одредена резерва – но бројките се интересни. Според CE Auto, пазарот на нови возила во Март 2024 е поголем за цели 41.4% проценти во однос на истиот месец минатата година, додека Февруари 2024 бил подобар за импресивни 69% во однос на истиот месец во 2023. Во Јануари биле продадени 420 нови возила, во Февруари 971 ново возило додека во Март биле продадени 741 возило. Вкупниот резултат е одлични 1712 нови возила во првите три месеци од годинава. Бројките се интересни. Најпродавано возило во Март била Fiat Panda со 55 продадени примероци, додека зад неа е Renault Clio со 42 продадени возила. На третото место е Skoda Octavia со 33 продадени автомобили. На четвртата позиција е Hyundai Tucson со 30 автомобили, додека на петтото место е Kia Sportage со 26. Интересно, најпродаван нов автомобил во 2024 досега е токму Kia Sportage со вкупно 85 продадени возила, додека на второто место е Dacia Duster со 76. На третото место е Renault Clio со 75. На четвртата позиција е Skoda Octavia со 74 продадени возила, а топ 5 ги заокружува Seat Ibiza со 59 продадени возила. Извор: CE Auto преку BestSellingCarsBlog.com. ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: Новиот 12Cilindri го носи најмоќниот 12-цилиндерски мотор во историјата на Ferrari!
Car Club - пред 14 дена
ShareTweetShare6.5 литри, 12 цилиндри во V-конфигурација, 830 коњски сили и 678 Nm вртежен момент. 12Cilindri го носи најмоќниот атмосферски V12 во историјата на Ferrari! Името е едноставно затоа што е добиено по срцето на овој нов ѕвер на Ferrari – името го носи по атмосферскиот V12 поставен зад предните тркала. 12Cilindri (значи токму 12 Цилиндри, а се изговара Додичи Чилиндри) е претставен како купе и како спајдер и го носи најмоќниот атмосферски V12 во историјата на Ferrari. Како што напоменавме, 12Cilindri е придвижуван од 6.5-литарски атмосферски V12, доработен да испорачува импресивни 830 коњски сили при стратосферски 9250 вртежи во минута (а врти до 9500), како и моќни 678 Nm вртежен момент при 7250 вртежи во минута. Силата се пренесува кон задните тркала преку 8-брзински автоматски менувач со двојна спојка, а сето тоа резултира со спринт до 100 километри на час за само 2.9 секунди, лансирање до 200 километри на час за помалку од 7.9 секунди и максимална брзина која надминува 340 километри на час. Ferrari продолжува со храбрите, импресивни дизајни – и тоа не е воопшто различно ниту кај 12Cilindri. На предниот дел препознаваме инспирација од незаменливата 365 Daytona благодарение на формата на предните светла и црниот елемент меѓу нив. Профилот е остар и должината го нагласува огромниот V12, додека од Ferrari напоменуваат дека дизајнот е пософистициран во однос на 812 Superfast и се фокусира на чисти линии и мускулести пропорции. Ние… Ние би се согласиле. Интересен ни е и задниот дел, особено кај купето. Дизајнот го истакнува карактерот на 12Cilindri, а широкиот заден дел ги потенцира перформансите. Големиот, контрастен црн заден елемент наметнува естетика која досега не сме ја виделе кај Ferrari – наметнува доза на футуризам која едноставно изгледа добро. Браво! Поврзано: Ferrari 296 GTB на Novitec има 856 коњски сили! Во кабината доминираат спортскиот управувач и спектакуларните седишта. На средината на централната конзола е 10.25-инчен инфозабавен дисплеј, додека позади управувачот препознаваме огромен 15.6-инчен дисплеј наменет за возачот, каде се прикажуваат сите информации околу возењето. Истовремено, патникот добива свој 8.8-инчен дисплеј (и не сме сигурни колку ни се допаѓа овој тренд, но тоа е тоа), а дел од опремата е премиум аудио уред од Burmester со 15 звучници. Цените (во Италија) започнуваат од 395.000 Евра за купето, односно 435.000 Евра за верзијата со отворен кров. Но како кај секое Ferrari, таа цена е само „почеток на преговорите“. Кога ќе додадете ова или она, таа цена лесно се зголемува за неколку стотици илјади Евра. ShareTweetShare...
ТЕСТ: Geely Atlas Pro 1.5T 4WD MHEV – Самоуверен настап на кинескиот гигант
Car Club - пред 14 дена
ShareTweetShareGeely иако за прв пат се појавува во Македонија, сепак не е непознато име на нашите простори. Всушност, Geely е најверојатно „најпознатиот непознат“ кинески производител – па каков е првиот контакт со автомобил на овој гигант? Секако, дискусијата ќе ја започнеме со едно мало објаснување – кои се всушност Geely? Приказната на Geely започнува во 1986-тата година од минатиот век, но вистинскиот влез на автомобилскиот пазар се случува во 1997 кога се основа Geely Auto. И изминативе (скоро) 30 години, Geely растеше и растеше и стигна да биде еден од најсериозните „играчи“ кои доаѓаат од Кина, но истовремено и еден од најсериозните играчи на глобалната автомобилска сцена. Зошто? Па одговорот е едноставен. Geely не е само Geely. Geely е сопственик на Volvo, Lynk & Co, Polestar и Zeekr, од неодамна е сопственик и на Lotus, Proton и Smart, а воедно е еден од најголемите акционери во Daimler и поседува 17% од Aston Martin. Машала портфолио, нели? Резултат на тоа портфолио? Geely глобално вработува над 130.000 луѓе и минатата година произвел вкупно 2.79 милиони возила. Ова не е микро-производител. Ова е сериозен играч. Резервиран, воздржан дизајн Океј – и сето тоа нè носи до автомобилот за кој ќе зборуваме денес – Atlas Pro. Првиот контакт со Atlas Pro e интересен, бидејќи Atlas Pro воопшто не наликува на кинески автомобил. Би рекле дека дизајнот е резервиран, дури и малку конзервативен. Преовладуваат чисти и едноставни линии и мазни површини, а сето тоа резултира со ненаметлив, допадлив дизајн кој нема брзо да изгледа застарено. На предниот дел вниманието го задржува широката предна решетка на која централно е поставено логото на Geely. Околу неа се поставени тенките, дискретни предни LED светлосни групи додека во долниот дел од браникот се забележуваат отворите за воздух и дискретните декоративни елементи. Декоративниот елемент од браникот продолжува во сличен декоративен детаљ во долниот дел од вратите. Профилот е исто така чист и некомплициран, но препознаваме остро-извајана карактерна линија која го прави профилот на Atlas Pro поинтересен и визуелно го двои дизајнот на „долен дел“ и „горен дел“. На задниот дел вниманието оди кон задните светлосни групи кои се споени со хромиран декоративен елемент, како и кон изненадувачки храбриот заден спојлер. Во долниот дел од задниот браник забележуваме завршетоци на издувниот систем и заштитни панели. Да, Atlas Pro има и некакви теренски амбиции. Сè на сè – Atlas Pro изгледа ненаметливо и неговиот дизајн нема никого да навреди. Подзамижете малку и ќе препознаете дискретна врска со „браќата“ од Volvo, особено во предниот дел. Ставот на Atlas Pro е самоуверен и достоинствен – не „брка“ никого, туку привлекува со својата едноставност. Дали имаме некакви забелешки на дизајнот? Не ни се допаѓа непотребното „издигнување“ на хромираниот декоративен елемент под стаклата меѓу Ц и Д столбот, а сметаме и дека целата каросерија би можела да е нијанса пониска. Практична и комфорна кабина со многу, многу опрема Одиме внатре. Ја отвораме возачката врата и нè пречеукува привлечна кабина. На прв поглед, дизајнот е можеби малку застарен – но сè што е потребно е тука. Пред возачот се поставени дигиталните инструменти, додека на централната конзола доминира огромниот дисплеј наменет за инфозабавниот уред. Мултимедијалниот уред функционира прилично брзо, но ќе забележиме дека нема вградена Android Auto и Apple CarPlay поддршка. За целосна интеграција со паметен телефон се користи EasyCon апликацијата, која во суштина ја обезбедува оваа функционалност. Под мултимедијалниот уред се поставени кратенки до некои од функционалностите, додека на централниот гребен меѓу возачот и совозачот се рачката за автоматскиот менувач и селекторот за режим на возење. Ергономијата е воглавно во ред, со мала забелешка на можностите за нагодување на управувачот – тој се нагодува по висина и длабочина, но би посакале уште некој сантиметар можност за нагодување по длабочина. Сепак, лесно се наоѓа комфорна и прегледна возачка позиција. Прегледноста е малку ограничена кон задниот дел, но тоа лесно се компензира со сензорите за паркирање и одличната 360-степенска камера. Инаку, во кабината преовладува чувство на солидност. Повеќето материјали кои ќе ги допрете се прилично квалитетни, а немаме забелешка ниту на финалната обработка – тука Geely лесно се носи со најдиректните конкуренти. За возачот и совозачот има сосем доволно простор, а низ кабината има и многу места за одлагање дребулии. На задната клупа – повторно – многу простор и комфорно седење. Патниците добиваат централен наслон со вграден држач за чаши, засебни контроли за вентилацијата кон задната клупа, загревање на седиштата и два USB-приклучоци. Приказната за практичноста ја привршуваме со багажниот простор – багажникот е со капацитет од 378 литри – океј, не е најголемиот во класата, но формата е правилна а петтата врата е голема, па лесно ќе внесете и поголеми предмети. Секако, вреди да се напомене дека Geely игра на истата карта на која играат и повеќето останати кинески производители – а таа карта се вика Многу Многу Опрема. Па така, покрај кожните седишта, добиваме и двозонски клима уред, 360-степенска камера, греење на предните и на задните седишта, едно чудо сензори, одличен систем за асистирано возење на автопат кој едноставно функционира, Keyless влегување и стартување, па и многу, многу повеќе. 1.5-литарски турбо-бензинец, 177 коњски сили, погон на сите четири тркала Пред да зборуваме за возните својства, ајде да зборуваме за погонот. Под предниот поклопец се крие 1.5-литарски турбо-бензинец со три цилиндри развиен во соработка со Volvo. Турбо-бензинецот испорачува 177 коњски сили при 5500 вртежи во минута и солидни 255 Nm вртежен момент во корисен опсег од 1500 па сè до 4000 вртежи во минута. Погонот има и лајт-хибридна компонента, а силата ја пренесува кон сите четири тркала преку 7-степен DCT автоматски менувач со двојна спојка. Секако, возењето е примарно на предните тркала, но кога системите ќе забележат пролизгување дел од силата се пренесува и кон задната оска. Geely Atlas Pro е еден од ретките кој нуди погон на сите четири тркала – повеќето кинески конкуренти нудат само погон на предните тркала. Во нормален режим на работа, одзивот на педалата за гас е малку задушен со цел да се подобри ефикасноста. Во Sport бензинецот реагира значително поподготвено. Резултат на сето ова? Респектабилни перформанси и повеќе од прифатлива потрошувачка. Забрзувањето до 100 километри на час трае 9.9 секунди, додека максималната брзина е 200 километри на час. Потрошувачката? Со оглед на димензиите и моќта на моторот, би рекле дека 8.5 литри на 100 изминати километри во градски услови на возење е повеќе од добро. Лесен за управување, комфорот на прво место. А каков е Atlas Pro зад управувачот? Комфорот е на прво место – ова не е SUV за „бркање кривини“, ова е SUV кој е развиен да биде комфорен и релаксиран во возењето и да Ве однесе онаму каде сакате со минимален напор. Суспензијата успешно ги впива нерамнините од нашите улици и само остри несовршености пренесуваат несакани вибрации во кабината. Серво-управувањето е лесно, па лесно се маневрира со големиот SUV и во градски услови. На отворен пат имаме забелешка на пневматиците кои стануваат бучни како што се зголемува брзината. На автопатска брзина од околу 120 километри на час бучавоста од пневматиците е прифатлива, но возете значително побрзо од тоа и станува малку непријатно. Заклучок? Добредојде Geely! По сето ова, каде го поставуваме Atlas Pro? Вистината е дека големиот SUV на Geely е докажан продукт кој веќе се продава на многу пазари ширум светот. Благодарение на ненаметливиот дизајн (каде е очигледно шведското влијание), Atlas Pro е лесен за прифаќање, а кога на тоа ќе ги додадеме и ефикасниот турбо-бензинец, погонот на сите четири тркала и богатата опрема – станува јасно зошто Geely одлучи токму со Atlas Pro да дебитира во регионот, па и во Македонија. На самиот крај, лесно доаѓаме до заклучокот дека Atlas Pro е целосен, комплетен продукт каде вниманието е посветено и на поголемите, но и на поситните нешта. Останува само да кажеме – добредојде Geely! Спецификации Модел: Geely Atlas Pro 1.5T 4WD MHEV Мотор: 1.5-литарски турбо-бензинец, 3 цилиндри Моќност: 177 коњски сили / 5500 вртежи во минута Вртежен Момент: 255 Nm / 1500 вртежи во минута Менувач: Автоматски со двојна спојка, 7 брзини 0-100 км/ч: 9.9 секунди Максимална Брзина: 200 километри на час Должина: 4544 mm Ширина: 1713 mm (без странични ретровизори) Висина: 1831 mm Тежина: 1705 килограми Меѓуоскино Растојание: 2670 mm Багажен Простор: 378 литри Потрошувачка: 8.5 литри на 100 километри (измерена, градска) Цена на тестираниот модел: Geely Atlas Pro 1.5T 4WD MHEV – 32.490 Евра Повеќе Информации: Geely Македонија Фотографии ShareTweetShare...
Cupra ги претстави освежените Leon и Formentor
Car Club - пред 15 дена
ShareTweetShareСо освежувањето, спортскиот хечбек и самоуверениот SUV на Cupra добиваат затегнат, поагресивен дизајн, надградени кабини и помоќни погонски опции! Најважните измени на екстериерот на двата автомобили на Cupra е токму на предниот дел – тие добиваат целосно редизајнирана „ајкулеста“ предница со Cupra лого на поклопецот на моторот. „Ајкулестата“ предница на Formentor и Leon всушност го дефинира агресивниот изглед, додека ликот го дополнуваат триаголните Matrix LED предни светла и длабокиот отвор за воздух кај обата модели. Сличен светлосен потпис го дефинира и задниот дел, а достапни се и нови мат бои – Century Bronze и Enceladus Grey. Слична еволуција добива и кабината, за која од Cupra кажуваат дека комбинира спортски дух со одржливост и цела гама на дигитални технологии и квалитетни материјали. Препознаваме редизајнирана централна конзола, спортски седишта обвиени во рециклирани материјали или вештачка кожа. Дигитализацијата е во возачкиот фокус, секако – па целосно нов дигитален интерфејс е имплементирн во дигиталниот кокпит, како и нов 12.9-инчен инфозабавен дисплеј и (верувале или не!) осветлен слајдер за регулирање на гласноста. Кај обата автомобили може да се добие и хај-фај аудио уред со 12 звучници развиен во соработка со експертите од Sennheiser Mobility, кој треба да испорача врвно аудио-искуство. Кај освежените модели е достапна гама на мотори кои користат различни технологии – тука се TSI бензинците како и E-TSI бензинците со лајт-хибридна компонента. Cupra не ги изоставува ниту TDI дизелите, но особен фокус дава на новата генерација eHybrid плаг-ин хибриден погон кој добива системски 272 коњски сили и нуди автономија до 100 километри на електрична енергија, како и можност за брзо полнење со моќност до 50 kW. Поврзано: ПРЕМИЕРА: Cupra Born VZ е првиот електричен хот хеч на Volkswagen групацијата Интересно, Cupra нуди и нов 2-литарски турбо-бензинец кој сега испорачува 333 коњски сили – но го нуди само кај Cupra Formentor и Cupra Leon Sportstourer, но не и кај „обичниот“ Cupra Leon. Овој бензинец најверојатно се комбинира само со погон на сите четири тркала, па затоа се нуди само кај Formentor и Leon Sportstourer. ShareTweetShare...
ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила, првиот е веќе поставен!
Car Club - пред 17 дена
ShareTweetShareЕВН и Макпетрол најавуваат соработка која е веќе започната – двете компании ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила, а првиот е веќе поставен на бензинската станица на Макпетрол во Визбегово! Прилично сериозен чекор кон електрификацијата во Македонија – ЕВН и Макпетрол ќе постават вкупно 10 брзи DC полначи низ државата. Првиот полнач е веќе поставен на бензинската станица на Макпетрол во Визбегово и веќе е во употреба за потребите на електричните возила. „EВН ги направи најраните напори за развојот на електромобилноста во Македонија. Во последните 7 години поставивме околу 40 полначи за електрични возила на јавни површини во 17 градови низ земјата. Нашите напори продолжуваат со силен фокус на брзото полнење, како главен предуслов за олеснета мобилност на електричните возила на подолги дестинации. Соработката со Макпетрол ни е многу важна – споделуваме сродни вредности, а преку нивната широко распространета мрежа на пумпи низ државата успеваме да се приближиме поблиску до корисниците“ – изјави Волфганг Маиер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Во 2022 година, на бензинската станица на Макпетрол близу граничниот премин „Богородица“ беше поставен полнач за електрични возила, исто така во соработка со ЕВН. На оваа локација веќе е поставена и фотонапонска централа која произведува електрична енергија од обновливи извори. Инаку, новите полначи се со DC конектори од типот CCS со моќност од 150kW и се наменети за брзо полнење на едно или две електрични возила. Моделот е меѓу најефикасните во својата класа, и според неговите спецификации овозможува брзо и лесно полнење со времетраење од 30-40 минути во зависност од типот на возилото. „Поставувањето 10 брзи полначи ќе придонесе во развојот на електромобилноста во земјава и ќе нè приближи до модерните форми на транспорт. Особено е значајно што овој проект го реализираме партнерски, заедно со ЕВН. Ваквите соработки се исклучително значајни, ако не и пресудни, за реализирање на зелената иднина на Македонија“ – вели Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор на Макпетрол. ShareTweetShare...
Трофеј за Иџе на првиот настап со новото Ferrari!
Car Club - пред 18 дена
ShareTweetShareИгор Стефановски Иџе викендов го имаше првиот настап со новиот тркачки автомобил – и стигна до третата позиција во неговата класа! Во Категорија 1 во која се натпреварува Иџе, конкуренцијата е навистина моќна – но тоа не го спречи македонскиот автомобилски ас да има одличен прв настап со новото Ferrari 488 Challenge Evo. Тој на RechbergRennen трката која се одржа викендов во Австрија дојде до третата позиција во својата категорија, односно постави време од 2:02.571 и 2:01.642, односно вкупно време од 4:04.213. Браво Иџе! Му честитаме за одличниот прв настап и се надеваме дека така ќе продолжи! ShareTweetShare...
Луис Хамилтон игра видео игри од своето детство
Car Club - пред 18 дена
ShareTweetShareЛуис Хамилтон се потсеќа на тинејџерските носталгии со играње на оригиналниот Sony PlayStation. Во видеото подолу, тој ни кажува што играл кога бил дете, а ги открива и сеќавањата за неговите први конзоли за видео игри. ShareTweetShare...
ВЕЧЕРНО КИНО: Lotus Evija X на Nürburgring
Car Club - пред 21 дена
ShareTweetShareEvija на Lotus го постави третиот најбрз круг досега на една од најпознатите тркачки патеки во светот. Хиперавтомобилот ја помина патеката за 6 минути и 24 секунди, време поспоро само од Volkswagen ID.R (6 минути и 5 секунди) и Porsche 919 Evo (5 минути и 19 секунди). Специјалната Evija X развива 2011 коњски сили и сè уште ја користи истата шасија и целосно карбонско тело како стандардниот автомобил. ShareTweetShare...
Aston Martin го освежи DBX707
Car Club - пред 21 дена
ShareTweetShareСпортско-луксузниот SUV добива нов ентериер, нова технологија и нова рекалибрација на шасијата. Бидејќи Aston Martin го претстави DBX707 во 2022 година, за годинава немаше потреба од поголеми визуелни измени. Тука се новите нијанси на каросериските бои (Epsilon Black, Helios Yellow, Sprint Green, Malachite Green, Aura Green и Podium Green), рачките на вратите, новите ретровизори со интегрирани камери и новите бои за опционалните 23-инчни тркала. Во кабината е вграден новиот инфозабававен систем од 12,3 инчи кој поддржува безжично поврзување со Apple CarPlay и Android Auto. Покрај тоа, сега има повеќе опции за персонализација и нови материјали како што се сјајниот чаден даб, сјајната титаниумска мрежа и фурнирите од карбонски влакна. Аудио системот со 14 звучници и моќност од 800W сега е вклучен во стандардната опрема, но опционално може да се надгради на уште попремиум аудио Bowers & Wilkins систем со 23 звучници и 1600W. Под хаубата се наоѓа твин-турбо 4-литарски V8 мотор кој произведува 707 коњски сили и 900 Nm вртежен момент, чија моќност се префрла преку деветстепениот автоматски менувач и системот за погон на сите тркала. Со максимална брзина од 310 км/час, DBX707 останува еден од најбрзите сериски SUV во светот. Хардверот на шасијата останува непроменет (вклучувајќи ја адаптивната воздушна суспензија и стандардните карбон-керамички сопирачки), но инженерите на Aston Martin повторно ги калибрираа електронските амортизери и воздушните пружини што резултираше со попрецизна контрола на каросеријата. Производството и испораката на ажурираниот DBX707 ќе започне во вториот квартал на 2024 година, а цените ќе бидат објавени поблиску до лансирањето на пазарот. Поврзано: Фејслифтираниот Aston Martin Vantage добива драстично зголемена моќност ShareTweetShare...
Ова е целосно новиот Mini Aceman!
Car Club - пред 22 дена
ShareTweetShareНовиот електричен модел на брендот ја пополнува дупката во гамата измеѓу Cooper и Countryman. Првично, Aceman ќе биде понуден во две варијанти – E и SE. Првата доаѓа со електричен мотор со 184 коњски сили, батерија од 42,5 kWh и максимален опсег на возење до 310 километри, додека втората има 218 коњски сили, батерија од 54,2 kWh и опсег на возење до 405 километри. Гледан од надвор, лесно е да се претпостави дека се работи за модел на Mini. Дневните LED и задните светла можат наизменично да менуваат три режими на работа со различна графика. Рамните рачки на вратите и закосеното задно стакло додаваат на неговиот аеродинамичен профил, додека мат-црните прагови му даваат поцврст лик. Во внатрешноста, доминира OLED екранот со дијаметар од 9,5 инчи кој функционира на оперативниот систем Mini OS 9. Физичките копчиња се враќаат во мода, па производителот се реши да задржи група основни прекинувачи под екранот за контрола на менувачот, копчето за сопирање-поаѓање, паркирната сопирачка и радиото. Цената за Aceman не е објавена, а производството е планирано да започне подоцна оваа година. ShareTweetShare...
JE Design го тјунираше Cupra Formentor
Car Club - пред 22 дена
ShareTweetShareБлагодарение на китот за подигнување на шасијата и гумите за сите терени, Cupra Formentor станува сериозно off-road возило. Теренскиот Formentor позајмува елементи од спортскиот бодикит на JE Design кој е веќе достапен, но со неколку измени. Браниците се монтирани директно на каросеријата со видливи завртки, давајќи му дополнителен акцент на грубиот изглед. Возилото користи посебни 18-инчни тркала со Yokohama гуми за сите терени. За да одговара на пошироките браници, од JE Design вградија и дополнителни разделници. Растојанието од подлогата е исто така зголемено, и тоа за 3 cm благодарение на комплетот за подигнување. Дополнително, покривот добива практичен багажник кој е споен со две LED шипки за подобрено осветлување, додека виолетовите мат акценти околу каросеријата додаваат малку боја воцелото сивило. Погонската единица останува непроменета, ако не го сметаме погласниот специфичен звук што сега го дава новиот издувен систем со четири цевки. Cupra Formentor All-Terrain останува како еднократен концепт проект, иако од JE Design велат дека постои можност да го пуштат во производство доколку има доволно интерес од страна на клиентите. ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: Lamborghini Urus SE е плаг-ин хибриден супер-SUV со 800 коњски сили!
Car Club - пред 23 дена
ShareTweetShareНајмоќниот Urus досега комбинира 4-литарски твин-турбо V8 со батерија и електромотор за да располага со вкупно 800 коњски сили и да катапултира до 100 километри на час за само 3.4 секунди! Моќниот 4-литарски твин-турбо V8 кој веќе се вградува во Urus е оптимизиран за работи заедно со електричниот погон. Само бензинскиот мотор испорачува 620 коњски сили и 800 Nm вртежен момент, додека електромоторот испорачува дополинтелни 192 коњски сили и 483 Nm вртежен момент. Електромоторот се напојува до батерија со капацитет од 25.9 kWh, а заедно овозможуваат автономија од повеќе од 60 километри на електрична енергија. Но не сме тука да зборуваме за возење на струја. Тука сме да зборуваме за перформансите. Urus SE е најмоќниот Urus досега и располага со 800 коњски сили и 950 Nm вртежен момент. Сето тоа резултира со катапултирање до 100 километри на час за 3.4 секунди, до 200 километри на час за 11.2 секудни. Максималната брзина е „само“ 312 километри на час. Urus SE добива и неколку козметички и технолошки надградби. Забележуваме редизајниран преден поклопец и редизајниран преден браник со поголема решетка и нови LED светла. Тука е ревидираниот заден дел со црн дел кој ги спојува задните светла. Според Lamborghini, ова е за да се постави директна врска меѓу Urus и тековните супер-автомобили на италијанскиот бренд. Urus SE е поставен на огромни 23-инчни тркала, обвиени во P Zero пневматици развиени во соработка со Pirelli. Кабината добива нов, 12.3-инчен инфозабавен уред и нови отвори за уредот за вентилација. Препознаваме и редизајнирани седишта и некои нови материјали. Urus SE е веќе достапен за нарачка. Поврзано: Novitec Esteso e нов тјунинг пакет за Lamborghini Urus ShareTweetShare...
Новите Vito Tourer и V-Class пристигнаа во салонот на Mercedes-Benz
Car Club - пред 23 дена
ShareTweetShareНавидум слични, но во суштина прилично различни – во салонот на Мак Аутостар пристигнаа новите Vito Tourer и V-Class. Mercedes-Benz има долга историја со таканаречените комбиња – и таа традиција продолжува и со новите Vito Tourer и луксузниот V-Class. Всушност, ако Vito Tourer е наменет за секојдневен транспорт на луѓе (и тоа во завиден комфор, сепак зборуваме за Mercedes-Benz), тогаш V-Class заслужено е дел од Класната номенклатура на Mercedes-Benz. Кај V-Class доминираат луксузот и комфорот и таму и возачот и патниците ќе уживаат во врвни фотелји, ќе добијат дополнителна опрема во насока на практичноста и ќе патуваат како во вистински Mercedes. И ако Vito (па и Vito Tourer) е замислен да биде верен и доверлив соработник и да најде свое место во различни деловни опкружувања, тогаш V-Class е замислен да биде луксузен транспорт за скапи хотели, казина, аеродроми и луксузни резорти. Не би имале проблем да патувате во овој Mercedes-Benz, нели? ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: Електричниот Mercedes-Benz G-Class го има сиот вртежен момент на светот!
Car Club - пред 23 дена
ShareTweetShareЗа прв пат во историјата, G-Class станува целосно-електрична – и благодарение на 4 електромотори и безмалку 1200 Nm вртежен момент достапни „од нула“, подготвена е да го помрдне светот! На самиот почеток – бидејќи токму тоа е најважно – ајде да зборуваме за погонот. Под металната кожа на Mercedes-Benz G580 with EQ Technology (да, тоа е целото име и презиме) се кријат четири електромотори. Секој од нив испорачува по 145 коњски сили, за вкупно 580 коњски сили и – уште поважно, би рекле – неверојатни 1164 Nm вртежен момент. Сето тоа овозможува катапултирање до 100 километри на час за 4.7 секунди, но и до максимална (електронски ограничена) брзина од 180 километри на час. Вртежниот момент се испорачува инстантно – а тоа ветува импресивни перформанси како на асфалт, така и кога ќе го снема. A кога ќе снема асфалт, доаѓаат до израз вистинските таленти на електричната Ге-Класа. Моќниот електричен SUV може да се искачува по странични стрмнини со агол до 35 степени, оддалечен е од подлогата цели 250 милиметри и може да помине низ вода длабока 85 сантиметри. Аголот на пристапување е 32 степени, додека аголот на заминување е 30.7 степени. Може да се искачи по нагорнини со максимален агол од 45 степени! Интересно, електричната G-Class добива и дво-брзински менувач кој е наменет да функциони како редуктор, а добива и G-Turn функционалности за вртење во место – како тенк. Електромоторите овозможуваат целосно „виртуелно“ фунцкионирање на заклучување на диференцијалите бидејќи секој мотор може индивидуално да се контролира. Секако, тука е и неизбежната адаптивна суспензија и сите играчки кои се потребни за непречена теренска доминација – сепак зборуваме за G-Class. Поврзано: Новиот Mercedes-AMG GT43 доаѓа со четири цилиндри Инаку, батеријата која го задвижува овој електричен теренски суперхерој е со капацитет од 116 kWh. Според официјалните информации кои пристигнаа од Mercedes-Benz, очекуваната автономија на електрична енергија е до 473 километри, измерени според WLTP, секако. Со лансирањето на G580 with EQ Technology (немало ли да биде полесно да се вика едноставно G580 EQ?), Mercedes-Benz лансира и специјална Edition One изведба која добива дополнителна опрема и ексклузивни дизајн детали. Цените во Германија ќе започнуваат од 142.000 Евра за стандардната изведба, односно 192.000 Евра за Edition One. ShareTweetShare...
Chery ќе произведува автомобили во Барселона!
Car Club - пред 24 дена
ShareTweetShareКинескиот гигант Chery објави дека потпиша договор со компанијата EBRO од Шпанија да произведува автомобили во фабриката во Барселона. Фабриката која е предмет на договорот порано беше на Nissan. Јапонскиот бренд ја затвори фабриката во 2021 и тогаш беа изгубени околу 1600 работни позиции. Chery планира во фабриката да произведува модели од понудата на брендот Omoda. Колку за потсетување, Chery FX кој ние го возевме минатата година на други пазари се продава под името Omoda 5, а веќе е претставена и целосно-електрична верзија која најверојатно ќе се произведува во Барселона. Доминантен акционер во договорот е шпанската компанија EBRO. Според најавеното, EBRO EV Motors ќе произведува свои возила во заедничката фабрика, а производството ќе започне во последната четвртина од годинава. Според најавеното, покрај Chery Omoda 5, во фабриката ќе се произведуваат уште два модели на EBRO, базирани на технологии и платформи од Chery. Производството ќе започне во две фази – на самиот почеток автомобилите само ќе се склопуваат во фабриката, за наскоро да започне заварување, фабрање и финално склопување во фабриката. Компаниите најавуваат дека ќе инволвираат локални добавувачи за одредени чекори од производството. Chery настапува прилично самоуверено, особено ако земеме предвид дека по Германија, Шпанија е втората земја во Европа по број на произведени возила. „Го гледам овој чекор како потврда за посветеноста на Chery кон Европа. Оваа одлука докажува дека Chery е тука за да остане.“ – изјави Jochen Tueting, директор на Chery Europe. Инаку, ова е втор голем чекор на кинески автомобилски бренд кон производство во Европа. BYD веќе најави дека ќе гради фабрика за производство на електрични автомобили во Унгарија a BYD Dolphin е избран за овогодинешен Best Buy Car of Europe според AUTOBEST жирито. ShareTweetShare...
Новиот Taycan го наелектризира Скопје – Македонска премиера на знаменосецот на електричната гама на Porsche
Car Club - пред 24 дена
ShareTweetShareВчеравечер своја македонска премиера имаше освежениот Porsche Taycan, кој во врвната Turbo GT изведба има повеќе од 1100 коњски сили! Македонска премиера на освежениот Porsche Taycan. Знаменосецот на електричната гама на Porsche неодамна доби темелно освежување, нови батерии и поефикасни и помоќни мотори – и веќе пристигна и кај нас! Сите три верзии на Taycan добија освежување – тука е „обичниот“ Taycan, но и повеќенаменскиот Taycan Cross Turismo и практичниот Taycan Sport Turismo. Во зависност од конфигурацијата која ќе ја одберете, Taycan има батерија со капацитет до 105 kWh, но добива и можност за уште помоќно полнење и тоа до максимални 320 kW. Според WLTP мерењата, Taycan ќе може да помине до 678 километри со едно полнење на батериите – зголемување за цели 175 километри, односно 35%. Ако имате пристап до доволно брз полнач, Taycan може да се наполни од 10 до 80% за само 18 минути – безмалку 20 минути пократко од претходникот – и покрај поголемата батерија! Основниот Taycan забрзува до 100 километри на час за само 4.8 секунди – цели 0.6 секунди побрзо од претходно. Врвниот Taycan Turbo S катапултира до 100 километри на час за 2.4 секунди – 0.4 секунди побрзо од претходно. Подобреното забрзување се должи на зголемената моќност – основниот Taycan сега има 80 коњски сили повеќе. Taycan Turbo S? Безмалку 200 коњски сили повеќе – односно вкупно 952 коњски сили! На самиот врв на понудата е лудиот Taycan Turbo GT. Кај него, погонот испорачува 790 коњски сили, односно дури 1108 коњски сили во Launch Control режим – а тие бројки го прават Taycan Turbo GT најмоќното Porsche на сите времиња. Воедно, Taycan Turbo GT е и најбрзо-забрзувачкиот Porsche во историјата на брендот – 100 километри на час пристигнуваат за само 2.3 секунди, односно 2.2 секунди со Weissach пакетот. Ако тоа не е доволно да ви ја одлепи кожата од лицето, тогаш што е? Во однос на естетските корекции, Taycan добива нови HD Matrix предни светла со надградена оптика, додека на задниот дел Porsche ознаката е интегрирана во светлосниот елемент. Достапни се и неколку нови бои, а Turbo и Turbo S моделите добиваат Turbonetic детали кои дополнително ќе ги издвојат од остатокот од гамата. Поврзано: Porsche Driving Experience 2024 - Прв контакт со насилниот Cayenne Coupe Turbo E-Hybrid GT Package! Кабината добива нов дисплеј со поедноставен кориснички интерфејс, но и нов прекинувач кај управувачот наменет за поедноставно и поинтуитивно користење на системите за асистенција. Од Porsche напоменуваат дека Apple CarPlay е интегриран во инфозабавниот ситем и доаѓа со можност за прикажување на видео на централниот или на совозачкиот дисплеј. Достапни се и нови пакети на материјали за ентериерот, меѓу кои и две опции во кои не се користи кожа. Наместо кожа се користи високо-напреден Race-Tex и специјални текстилни материјали. Новиот Taycan веќе може да се погледне во салонот на Porsche во Скопје! ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: Opel го откри грандиозниот нов Grandland!
Car Club - пред 24 дена
ShareTweetShareНовиот знаменосец на Opel е првиот модел на германскиот производител изграден врз STLA Medium платформата – а тоа ветува врвен електричен погон со автономија до 700 километри, како и ефикасни хибридни погони, супер-современи технологии и беспрекорно возачко искуство. Целосно-електричниот Grandland ќе се нуди со батериски модул со 73 kWh или 98 kWh, a STLA Medium платформата е поставена врз 400-волтна архитектура. Ова овозможува брзо DC полнење со моќ до 160 kW, но и автономија до 700 километри. Секако, тука се и верзиите со мотори со внатрешно согорување – докажаниот 1.2-литарски турбо-бензинец ќе се комбинира со 48-волтна хибридна технологија, а за понатаму е најавена и плаг-ин хибридна верзија која ќе може да помине до 85 километри со полни батерии. Инаку, новиот Grandland е вистински исчекор за германскиот бренд. Зошто? Ако Opel ги најави своите амбиции уште пред неколку години, за потоа да ги потврди и да ги бутне скалило нагоре со лансирањето на новата Astra, тогаш со новиот Grandland пристапот на Opel постигнува кулминација. Доминираат чисти површини и остри линии – од предниот дел со карактеристичниот Vizor и новиот светлечки Opel Blitz, преку едноставниот профил кој суптилно го прекршуваат контрастни линии, па сè до задниот дел со широкиот одноделен светлосен елемент, тенките задни светлосни групи и осветленото Opel име – дизајнот на Grandland е полн погодок! Слично е и во кабината, каде едноставно доминира огромниот 16-инчен инфозабавен систем. Покрај него, кабината добива и надграден хед-ап дисплеј и хај-тек AGR седишта со електрични странични ѕидови, вентилација и масажа. Всушност, Grandland е изграден од високо-технолошки решенија – на пример, тука се новите Intelli-Lux Pixel Matrix HD предни светла кои имаат повеќе од 50.000 LED елементи (поточно, 51.200, по 25.600 на секоја страна) за врвно осветлување со супер-прецизна дистрибуција на светлината. Поврзано: Opel ги претстави новите Combo, Vivaro и Movano Сега за сега нема официјални информации кога ќе пристигне Grandland на пазарот, но очекуваме тоа да се случи до крајот на годината. ShareTweetShare...
ТЕСТ: Toyota C-HR 1.8 Hybrid E-CVT 2WD Cult – Очекуваниот избор
Car Club - пред 25 дена
ShareTweetShareНовиот C-HR веќе се појави на нашите страници, но сега сме зад управувачот на верзија со 1.8-литарски хибриден погон и 140 коњски сили – токму верзијата која очекуваме да биде најпопуларна кај нашите купувачи. Пред само неколку седмици го возевме новиот C-HR во неговата врвна конфигурација – онаа со 2-литарски хибриден погон со безмалку 200 коњски сили, i-AWD погон на сите четири тркала и GR Sport опрема. Денес ќе зборуваме за еден малку поинаков C-HR – малку помалку опрема, нијанса послаб хибриден погон, но значително поприфатлива цена. Ајде повторно да зборуваме за C-HR! 1.8-литарски хибриден погон со 140 коњски сили Бидејќи веќе зборувавме за дизајнот на новиот C-HR, сега повеќе внимание ќе посветиме на погонот. Под кожата на овој C-HR се крие најновата генерација на добро-познатиот 1.8-литарски самополнечки хибриден погон на Toyota. Погонот комбинира 1.8-литарски атмосферски бензинец кој работи на Аткинсонов циклус со електромотор и батерија. Бензинецот испорачува 90 коњски сили при 5200 вртежи во минута и 142 Nm при 3600 вртежи во минута, а со него соработува електромоторот кој испорачува дополнителни 95 коњски сили и 185 Nm вртежен момент. Електромоторот се напојува од мала литиум-јонска батерија со капацитет од 4.08 kWh. Вкупната, системска моќност е одлични 140 коњски сили, кои овозможуваат забрзување до 100 километри на час за 10.2 секунди и максимални 170 километри на час. Toyota ветува комбинирана потрошувачка од 4.6 литри на 100 изминати километри, односно 4.9 литри на 100 изминати километри на отворено – а тоа е многу слично до она кое ние го измеривме. За време на неколкудневното тестирање потрошувачката едвај надмина 5.5 литри на 100 километри во град, односно под 5 литри на отворен пат. Поврзано: Новата, втора генерација на Toyota C-HR пристигна во Македонија Хибридниот погон многу лесно и многу често вози на електрична енергија. Toyota многу добро знае што прави и калибрацијата е навистина во насока на врвна ефикасност и економичност, а од друга страна електромоторот дава одлична „дополнителна мотивација“ кога силно ќе ја притиснете педалата за гас. Уште еднаш ќе го пофалиме и новиот E-CVT бесстепен автоматски менувач – јапонците продолжуваат да работат на овој менувач и се забележува напредокот во однос на намалување на бучавоста која е карактеристична за ваквите менувачи. Дизајн воден од несекојдневните форми и решенија Инаку, ова е и понатаму C-HR. Дизајнот и понатаму го има главниот збор – вонземската естетика на супер-препознатливиот кроосвер на Toyota е водена од несекојдневните форми и можеби малку контроверзните решенија. Но нема сомнеж – ова е C-HR, а неговата купеовска форма го прави да изгледа како малку да лебди над асфалтот. Секако – и тука ги забележуваме комплексните површини и храбрите линии. C-HR може да изгледа како сакате, но сигурно нема да изгледа здодевно. Да, C-HR GR Sport е подинамичен, но дури и кај „обичниот“ C-HR свое влијание имаат големите светлосни елементи, купеовската форма и скриените рачки од вратите. Детали има многу и интересна игра е да пробате да ги откриете сите. Комфорен и неутрален зад упраувачот Оваа верзија доаѓа и со помали тркала, но и со „помесести“ пневматици во однос на C-HR GR Sport – и би рекле дека иако не ни се допаѓаат колку што ни се допаѓаа големите тркала кај GR Sport, сепак позитивно влијаат на комфорот. Едноставно, поголемите пневматици поубаво ги впиваат нерамнините од нашите улици, без притоа премногу негативно да влијаат на управувањето. Поврзано: ТЕСТ: Toyota C-HR 2.0 Hybrid AWD-i GR Sport - Еден меѓу многуте! Лесното електрично серво-управување и понатаму е прецизно, но ќе напоменеме дека не се пренесуваат скоро никакви информации од подлоата. C-HR не се навалува премногу во свиоци, ниту пак е наклонет кон надуправување – но вистината е дека највеќе му прилега опуштено, смирено возење каде се влече највеќе од хибридниот погон. Современа кабина со сите потребни технологии и многу опрема На автопатски брзини, во кабината е тивко – тука повторно ќе ја напоменеме подобрената калибрација на E-CVT менувачот. Сепак, би посакале малку повеќе звучна изолација за рафинираноста да е уште поизразена. Инаку, во кабината е комфорно и прегледно (освен кон задниот дел, но тоа е цената која мора да се плати за дизајнот, а затоа е тука и паркинг-камерата) и квалитетот на финалната обработка е беспрекорен. Пред возачот се поставени дигиталните инструменти, додека на централната конзола се наоѓаат мултимедијалниот уред и физичките контроли за клима-уредот. Како што напоменавме кога го возевме C-HR GR Sport, на предните седишта има навистина многу простор, но на задната клупа е малку потесно. Багажникот е поголем во однос на оној кај C-HR GR Sport – таму беше со капацитет од 364 литри, тука има нијанса поголеми 388 литри. Немаме замерки ниту на опремата – C-HR дури и во основното ниво на опрема ги има сите релевантни системи за активина и пасивна безбедност, а тука се и мултимедијалниот уред, паркинг-камерата, адаптивниот темпомат, 17-инчните тркала, LED предните светла и многу, многу повеќе. Убедени сме дека токму оваа конфигурација ќе биде најпопуларна кај македонските купувачи По сето ова, се наметнува еден важен заклучок – а заклучокот е дека Toyota нуди избор. Сакате поспортски, подинамичен и помоќен C-HR? Тука е C-HR со 2-литарски хибрид во GR Sport изведба. Сакате посмирен, поефикасен па би рекле дури и порационален и попрактичен C-HR? Тука е C-HR во Cult варијанта со 1.8-литарскиот хибрид. Поврзано: Новата, втора генерација на Toyota C-HR пристигна во МакедонијаНовиот 1.8-литарски хибриден погон е помоќен и поефикасен од порано, а тоа резултира со автомобил кој е поопуштен и порафиниран за возење, а згора на тоа и поекономичен – и токму затоа сме убедени дека токму оваа конфигурација ќе биде очекуваниот избор за повеќето купувачи на C-HR. И нема да згрешат. Спецификации Модел: Toyota C-HR 1.8 Hybrid E-CVT 2wd Cult Мотор: 1.8-литарски атмосферски бензинец, 4 цилиндри + електромотор Моќност: 140 коњски сили Вртежен Момент: 185 Nm / 3600 вртежи во минута Менувач: Автоматски безстепен CVT Забрзување 0-100 км/ч: 10.2 секунди Максимална Брзина: 170 километри на час Должина: 4362 mm Ширина: 1832 mm (со странични ретровизори) Висина: 1558 mm Тежина: 1430 килограми Меѓуоскино Растојание: 2640 mm Багажен Простор: 388 литри Потрошувачка: 5.6 литри на 100 километри (измерена, градска) Цена на основниот модел: Toyota C-HR 1.8 Hybrid 2WD City – 32.590 Евра Цена на тестираниот модел: Toyota C-HR 1.8 Hybrid 2WD Cult – 33.990 Евра Повеќе Информации: Toyota.com.mk Фотографии ShareTweetShare...
Буба Клуб Македонија наполни 14 години!
Car Club - пред 25 дена
ShareTweetShareКлубот на фанови и сопственици на незаменливата Volkswagen Буба наполни 14 години и заедно со своите пријатели го прослави роденденот. Буба Клуб Македонија, заедно со своите пријатели од Македонија и регионот – но и со поддршка од Порше Македонија – викендов го прослави својот 14-ти роденден. Клубот зад себе има богата историја, со учество на многу настани како во Македонија, така и во регионот и низ Европа, но и многу настани организирани на домашен терен. Заедно со своите автомобили и своите гости викендов го прославија роденденот а нашиот град го направија поубаво, пошарено и попријатно место. Им го честитаме роденденот и им посакуваме уште многу настани и многу дружење во иднина! ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: Porsche Cayenne GTS напаѓа со 4-литарски твин-турбо V8 и 500 коњски сили!
Car Club - пред 25 дена
ShareTweetShareНовите Cayenne GTS и Cayenne Coupe GTS добиваат надграден твин-турбо V8 кој сега е уште помоќен, но и компоненти од моќниот Turbo GT за врвни спортски перформанси и беспрекорни прецизност и динамика. Ако ние се прашуваме, GTS-изведбите се златната средина кај сите модели на Porsche. Токму тоа го очекуваме и со новите Cayenne GTS и Cayenne Coupe GTS. Најважниот новитет најверојатно е надградениот 4-литарски твин-турбо V8 кој сега испорачува моќни 500 коњски сили и 660 Nm вртежен момент – 40 коњски сили и 40 Nm повеќе од досегашниот Cayenne GTS. Секако, силата се пренесува кон сите четири тркала преку 8-брзинскиот Tiptronic S автоматски менувач и Porsche Traction Management системот. Токму овој систем е преземен од Turbo GT и има засебно ладење, што пак овозможува конзистентни перформанси при поагресивно возење. Од Turbo GT се преземени и компоненти во предната оска, кои овозможуваат поагилно управување. Дополнително, суспензијата е пониска за 10 милиметри, Сето тоа се комбинира и со подобрените перформанси – 100 километри на час пристигнуваат за 4.4 секунди, додека максималната брзина е 275 километри на час. Инаку, GTS изведбите на Cayenne и Cayenne Coupe ќе ги препознаете по суптилните спортски детали. Моќните SUV модели добиваат предни отвори за воздух кои се уникатни за GTS, затемнети светла и GTS значки. Интересни се завршетоците на издувниот систем кои се во темно-бронзена боја, а севкупниот впечаток го надополнуваат црните детали од Sport Design пакетот и одличните 21-инчни RS Spyder Design тркала. Cayenne GTS Coupe добива и панорамски стаклен кров како и адаптивен заден спојлер. Поврзано: Porsche Driving Experience 2024 - Прв контакт со насилниот Cayenne Coupe Turbo E-Hybrid GT Package! Нарачките се веќе отворени, а првите примероци ќе бидат испорачани веќе ова лето. ShareTweetShare...
Lamborghini ги претстави специјалните All-Terrain верзии од веќе-лудиот Huracan Sterrato
Car Club - пред 28 дена
ShareTweetShareИталијанскиот производител планира да направи само 12 Sterrato All-Terrain возила, со четири различни дизајни. Lamborghini на овогодишната Milan Design Week претстави ограничена серија на својот модел Huracan Sterrato наречена едноставно – All Terrain. Достапни се четири варијанти со уникатни комбинации на бои: Neve, Sabbia, Bosco и Terra. Покрај нив, сите возила имаат соодветен мат црн покрив како и мат црни елементи низ долниот дел на екстериерот. Секое од 12-те возила е создадено во програмата Ad Personam на Lamborghini Centro Stile. Внатрешноста изобилува со елементи со темен хром, карбон, алкантара, уникатна Sterrato графика и плочка Ad Personam што го означува името на варијантата. „Концептот Sterrato се покажа од моментот кога беше првпат претставен, поддржан не само со освоените награди, медиумите и клиентите, туку и од неговиот голем комерцијален успех во продажбата“, рече главниот комерцијален и маркетинг и директор на Lamborghini, Федерико Фоскини. Како и по обичај со лимитираните верзии на Lamborghini, сите 12 возила се веќе продадени. ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: Citroën ги објави првите фотографии и детали од целосно-новиот C3 Aircross
Car Club - пред 29 дена
ShareTweetShareНовиот француски кросовер ја дели платформата со веќе-претставениот Citroen C3, но доаѓа со значително поробустен изглед и за прв пат во сегментот нуди опција со седум седишта. C3 Aircross е особено важен за францускиот производител – супер-практичниот кросовер е вториот-најпродаван модел на брендот и веќе брои стотици илјади задоволни и лојални купувачи. Со оглед на популарноста на овој сегмент во Европа, не е воопшто изненадувачко дека Citroën му посвети многу, многу внимание на новиот C3 Aircross. Однадвор SUV, одвнатре – дневна соба. Храбри зборови. Citroën ја започна премиерата на новиот C3 Aircross со фактот дека новиот кросовер ја дели платформата со новиот C3, но и дека го дели неговиот дизјанерски идентитет и филозофијата за просторна кабина и врвен комфор. Дополнително, најавуваат дека имаат амбиции да „го размрдаат“ пазарот со компетитивно ценовно позиционирање. Целосно-новиот C3 Aircross помина низ радикална промена и наметнува целосно нов пристап кон сегментот – не само што добива посамуверен карактер, туку добива и значително повеќе простор во кабината и можност за до седум седишта. Дизајнот е препознатлив – очигледна е семејната врска со C3, но C3 Aircross е уште посамоуверен и би рекле дури, нијанса подинамичен. Спoред Citroën , C3 Aircross е најголем во класата – C3 Aircross е подолг цели 240 милиметри од својот претходник и сега е долг цели 4.29 метри. Во однос на погон, Citroën најавува гама на бензински, хибридни и електрични опции – и можеме да претпоставиме дека тука се зборува за 1.2-литарскиот PureTech со 100 коњски сили, односно 136 коњски сили во лајт-хибридна варијанта, како и електричниот погон кој беше претставен кај e-C3 кој испорачува 113 коњски сили и автономија до 320 километри. Не би ја исклучиле ниту опцијата C3 Aircross да го добие помоќниот електричен погон кој комбинира батерија со капацитет од 54 kWh и електромотор кој испорачува 156 коњски сили. За жал, Citroën не објави фотографии од ентериерот на новиот C3 Aircross, но можеме да претпоставиме дека кабината ќе биде слична на онаа кај новиот C3 – а тоа значи иновативни решенија и материјали, како и комфор кој ќе биде на самиот врв во сегментот. Сепак, Citroën се вистински експерти кога станува збор за комфорот во возењето. Повеќе информации ќе имаме наскоро – Citroën најави дека сите детали ќе бидат објавени пред почетокот на летото. ShareTweetShare...
Nissan подготви технолошко и визуелно освежување за Qashqai
Car Club - пред 30 дена
ShareTweetShareЕден од најпопуларните модели на Nissan добива лик инспириран од електричната Ariya. Nissan одлучи да ја нагласи семејната врска меѓу Qashqai и целосно-електричната Ariya – и би рекле дека одлуката е во вистинската насока. Освежениот Qashqai добива значително помодерен, пофутуристички лик. Од Nissan кажуваат дека предната решетка е инспирирана од заштитните облеки кои ги носеле древните јапонски војници, а околу решетката забележуваме драстично-редизајнирани дневни светла и скриени светлосни групи. Профилот не е значително изменет, но добиваме нови 18, 19 или 20-инчни тркала, а позначителни измени препознаваме на задниот дел – задните светлосни елементи добиваат нова графика, браникот добива нови декоративни елементи, итн. Визуелните измени се комплетираат со новите бои, а Nissan објави дека Qashqai доаѓа и со N-Design изведба која добива заштитни елементи во боја на каросеријата и специјални 20-инчни тркала. Интересни се и измените во кабината. Новиот Qashqai добива целосно-нов инфозабавен уред кој е развиен во соработка со Google, односно е базиран на Android опративниот ситем – всушност, многу слично на оперативниот систем кај Renault Austral. Ова ветува целосна интеграција со сервисите кои ги нуди технолошкиот гигант – како на пример, одлична интеграција со Google Maps за врвна навигација. Секако, воведени се и нови, поквалитетни и полуксузни материјали, а многу внимание е посветено и на осветлувањето во кабината. Понудата на погонски опции и понатаму е базирана на лајт-хибриди и фул хибриди. Според Nissan, унапредениот Qashqai Mild Hybrid ќе троши само 6.2 литри бензин на 100 изминати километри (според WLTP), додека e-Power погонот кој всушност користи мал турбо-бензинец како генератор на електрична енергија троши 5.1 литар бензин на 100 изминати километри. ShareTweetShare...
GranCabrio Folgore е нов електричен спортски кабриолет на Maserati
Car Club - пред 31 дена
ShareTweetShareСпортскиот GranCabrio Folgore има впечатлив дизајн и погонска група од три мотори со моќност до 829 коњски сили. Моделот ги следи стапките на верзијата со мотор со внатрешно согорување, со оптимизиранa аеродинамика која вклучува нов преден браник и ревидирана решетка. Мекиот покрив може да се спушти за 14 секунди при брзина до 50 км/час и истиот ќе биде достапен во пет бои – Nero, Blue Marine, Titan Grey, Greige и Granata. Во кабината се поставени 12,2-инчна дигитална инструмент табла, 12,3-инчен инфозабавен систем и 8,8-инчен комфорен дисплеј. Останатата опрема вклучува стандарни грејачи на седишта, аудио систем Sonus и дигитален часовник. Внатрешноста опционално може да биде опремена со Econyl – одржлив материјал кој е направен од рециклирани рибарски мрежи и теписи. Пакетот батерии од 92,5 kWh ги напојуваат трите мотори (еден напред и два позади), кои достигнуваат максимална моќност до 829 коњски сили и 1350 Nm вртежен момент. GranCabrio може да забрза до 100 км/час за 2,8 секунди и да достигне максимална брзина до 290 км/ч. Според WLTP, планираниот опсег се движи од 419 до 447 километри, а времето за полнење за поминат опсег до 100 километри изнесува само 5 минути, доека за полнење на батеријата од 20 до 80% изнесува импресивни 18 минути. ShareTweetShare...
Alfa Romeo Milano го менува името, ќе се вика Junior
Car Club - пред 32 дена
ShareTweetShareОткако претставници на италијанската влада реагираа на името Milano, Alfa Romeo одлучи дека малиот кросовер ќе се вика Junior. Италијанската влада реагираше на името Milano на новиот мал кросовер на Alfa Romeo. Поточно, реагираше дека не смее да го носи името Milano ако не се произведува во Италија, а бидејќи малиот кросовер ќе се произведува во фабриката на Stellantis во Тиши, Полска… Проблем. Всушност, целата работа стана интересена откако Adolfo Urso, Министер за Индустрија и Направено во Италија излезе со изјава дека „Автомобил кој се вика Milano не може да се произведува во Полска бидејќи има закон кој кажува дека не смее да се давааат индикации кои би ги ставиле во заблуда купувачите“. Што значи тоа? Па господинот Урсо сака да каже дека купувачите би се излажале и би помислиле дека кросоверот на Alfa Romeo се прави во Милано. Alfa Romeo денес објави дека ќе воскресне име од својата историја и дека новиот кросовер ќе го носи токму тоа, воскреснато име – па така, Alfa Romeo Milano станува Alfa Romeo Junior. Од Alfa Romeo напоменуваат дека иако веруваат дека постоечкото име ги задоволува сите законски обврски, сепак има проблеми кои се значително поважни од името на еден нов автомобил, па затоа одлучиле да го сменат името од Milano во Junior, во духот на промовирање заедничко разбирање. На самиот крај, во своето официјално соопштение, Alfa Romeo ѝ се заблагодарува на владата на Италија за бесплатната реклама. ;) ShareTweetShare...
СУПЕР-ТЕСТ: Volkswagen Golf GTE 245 DSG – 100 километри за 80 денари?
Car Club - пред 32 дена
ShareTweetShareКако што се покачуваат температурите, така се подобрува и ефикасноста на плаг-ин хибридниот погон на нашиот Golf GTE – па ајде да поразговараме за трошоците? Претходно: СУПЕР-ТЕСТ: Volkswagen Golf GTE 245 DSG – Како е да се живее со плаг-ин хибрид во Македонија? Почеток на Април, а температурите се веќе изненадувачки високи. Како што се покачуваат температурите, така се подобрува и ефикасноста на погонот на нашиот плаг-ин хибриден Volkswagen Golf GTE. Па всушност, каква е математиката? Изминатиов период, потрошувачката на електрична енергија на нашиот Golf GTE опадна драстично, а автономијата се зголеми. Ако пред само два месеци просечно трошеше 22-23 kWh на 100 изминати километри, сега просечната потрошувачка (строго во градски услови на возење) е намалена на 16.8 kWh на 100 изминати километри и автономијата лесно надминува 50 километри на електрична енергија. Да ги земеме предвид цените во моментот на објавување на овој текст. На таканаречената „евтина струја“ 1 kWh чини 1.7522 денари. Дополнително, на тоа додаваме уште 2.3 денари надоместок за пренос и дистрибуција, па на целата сума пресметуваме уште 18% ДДВ. Доаѓаме до сума од 4.78 денари за киловат-час. Со потрошувачка од 16.8 kWh на 100 изминати километри, доаѓаме до трошок од 80.33 денари на 100 километри – односно, како вашиот автомобил да троши помалку од 1 литар бензин „на сто“. Секако, оваа пресметка е валидна само доколку цело време возиме на струја и ако цело време полниме на ниска тарифа. Но во реалноста – доколку имате можност за полнење во домашни услови и поминувате помалку од 50-тина километри на ден за бензинскиот мотор воопшто да не се активира – оваа „математика“ е сосем возможна. Интересна математика, нели? ShareTweetShare...
Bentley ја покажа специјалната S Black Edition на Bentayga
Car Club - пред 32 дена
ShareTweetShareСпецијалниот модел е достапен со 4-литарски твин-турбо V8 и 3-литарски хибриден V6 мотор. Bentley го опишува Bentayga S Black Edition како највпечатлив SUV произведен до сега. Уште на прв поглед тој се издвојува од другите верзии благодарение на различните црни детали. За дополнителен ексклузувитет, специфициран е и посебен бодикит. S Black Edition има 4-литарски V8 со двоен турбо полнач, 542 коњски сили и 770 Nm вртежен момент со чија помош тој достигнува максимална брзина до 290 км/ч. Моделот исто така доаѓа стандардно со електронско управување на сите тркала, спортска суспензија и активниот Bentley Dynamic Ride систем. Покрај верзијата со внатрешно согорување, Bentley S Black Edition е достапен и во хибридна варијанта. Моделот користи 3-литарски TFSI V6 бензинец со 456 коњски сили и електромотор за дополнителни 134 коњски сили. Тој достигнува 100 км/ч за 5,3 секунди, додека неговата максимална брзина изнесува 254 км/ч. Во внатрешноста на уникатниот теренец се приметува луксузната Beluga кожа, контрастните шевови и извезениот знак „S“ на седиштата. Тука се и карбонските детали на инструмент таблата и централната конзола. Стандардно е достапен новиот пакет Dark Chrome, а опционално се достапни три аудио системи, меѓу кои се издвојува оној на Naim. ShareTweetShare...
Официјално ги доделивме наградите Златно Тркало за 2024
Car Club - пред 35 дена
ShareTweetShareВчеравечер на свечен, гала настан, официјално ги доделивме наградите за Најпосакувани Автомобили во Македонија за 2024. Вчеравечер ги доделивме јубилејните, петти награди Златно Тркало за Најпосакуван Автомобил во Македонија. Овогодинешното издание покрај тоа што беше јубилејно, беше и големо – вкупно 14 автомобили се натпреваруваа во 5 категории, а по бројните гласања токму нашата публика ги одбра победниците. Оваа година повторно го доделивме и признанието кое го даваме на македонци кои оставаат траг во автомобилската индустрија ширум светот и Македонија ја ставаат на глобалната автомобилска мапа. Оваа година добитник на признанието е Томе Јованоски, македонец кој е Exterior Chief Designer во Jeep и кој веќе со години ја остава својата трага во автомобилската индустрија. Иако Томе не можеше да присуствува, тој нè поздрави нас и гостите преку видео, а во негово име наградата ја презема неговата сестра, Јованоска Гордана. Секако, главниот фокус беше повторно кон автомобилите-победници. Оваа година беа направени повеќе од 21.000 гласања во пет различни категории. Новата Corsa ги освои вашите гласови и со 47.53 проценти од гласовите во категоријата ја прогласивте за Најпосакуван Градски Автомобил. Наградата ја прими господинот Драган Јовев, бренд менаџер на Opel за Македонија. Со освоени 29.49% од гласовите во категоријата, за Најпосакуван Семеен Автомобил го избравте големиот, плаг-ин хибриден SUV на Mazda – новата Mazda CX-60. Наградата ја прими господинот Жарир Филип Хамдан, главен директор на Стар Моторс, Мазда Македонија. Големиот Volkswagen ID.7 освои 31.22% од гласовите во својата категорија и е избран за Најпосакувaн Електрифициран Автомобил. Наградата ја прими господинот Александар Цветковски, бренд менаџер на Volkswagen во Македонија. Поврзано: СУПЕР-ТЕСТ: Volkswagen Golf GTE 245 DSG - Како е да се живее со плаг-ин хибрид во Македонија? Признанието за Најпосакуван Премиум Автомобил отиде кај Audi Q8. Големото Coupe-SUV на Audi освои 46.20% од гласовите во својата категорија, а наградата ја прими Г-ѓа Весна Бошнаковска, бренд менаџер на Audi во Македонија. И конечно, главната награда, признанието за Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија, заслужено оди кај новата Porsche Panamera. Со освоени 39.90% од дадените гласови, новата Panamera се наметна како доминантна во својата категорија и вие, нашите читатели ја избравте за Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија. Изборот Златно Тркало го организираме ние, во соработка со нашите колеги од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk. Кон крајот на секоја година формираме листа на нови автомобили кои се пристигнати на нашиот пазар во период од една година и потоа на листата на гласање се наоѓаат модели кои овластените импортери ќе ги номинираат. Кога ќе започне гласањето, токму вие – нашата публика ги одбирате победниците. Со доделување на наградите, официјално заврши овогодинешниот циклус, а веќе од денес започнува следниот циклус каде повторно – заедно со вас – ќе ги барама најпосакуваните автомобили во Македонија. ShareTweetShare...
Македонска премиера на новиот Volvo EX30!
Car Club - пред 35 дена
ShareTweetShareНовиот EX30 е најмалиот и најевтиниот електричен SUV на брендот, но истовремено е и автомобилот со најбрзо забрзување до 100 километри на час во историјата на шведскиот бренд – и од денес е достапен во Македонија! EX30 стартува нова ера за шведскиот бренд – и тоа поради повеќе причини. EX30 е првиот автомобил на Volvo кој е развиен да биде исклучиво-електричен, а со тоа воведува и сосем нов пристап на дизајн и развој. EX30 е достапен во три различни конфигурации – Single Motor Standard Range, Single Motor Extended Range и Dual Motor Performance. Основната верзија е со еден мотор, погон на задните тркала и батерија со капацитет од 51 kWh. Оваа конфигурација овозможува автономија до 440 километри во градски услови на возење. Скалило погоре е верзијата со истиот мотор, но поголема батерија со капацитет од 69 kWh. Оваа верзија може да помине до 660 километри во градски услови. Двете верзии имаат по 272 коњски сили и 343 Nm и достигнуваат 100 километри на час за 5.7, односно 5.3 секунди. На самиот врв е изведбата EX30 Dual Motor Performance, која (како што и самото име кажува) има два електромотори, а и оваа верзија ја користи поголемата батерија со капацитет од 69 kWh. Оваа конфигурација располага со вкупно 428 коњски сили и 543 Nm вртежен момент и забрзува до 100 километри на час за 3.6 секунди (побрзо од било кој друг модел во историјата на Volvo), а батеријата овозможува автономија до 590 километри во градски услови на возење. Инаку, тука се сите безбедносни системи кои се очекуваат кај Volvo, додека дизајнот е сосем нов и радикално поинаков од сите други модели на шведскиот бренд кои досега сме ги возеле. Преовладуваат чисти и остри површини, со дефинирани линии и одлучни, самоуверени детали. Кабината е типична за Volvo – преовладуваат шведскиот минимализам и технолошкиот максимализам – EX30 е темелно современ автомобил. Цените во Македонија започнуваат од 37.990 Евра за основната варијанта, додека EX30 Dual Motor Performance во врвно ниво на опрема ќе чини нешто над 50.000 Евра. Поврзано: Volvo го произведе последнoто возило со дизел мотор ShareTweetShare...
Mercedes EQS доби фејслифт
Car Club - пред 36 дена
ShareTweetShareEQS доби некои дизајнерски решенија од S-класата, како што се предната решетка и класичниот украсен амблем на хаубата. Од надворешноста се видливи минимални промени, односно останува доминантен контроверзниот јајцевиден облик. Колку и да се обидоа од Mercedes да го доближат изгледот на EQS до S-класата, можеме слободно да кажеме дека сепак не успеаа во тоа. Внатрешноста останува главно непроменета. Перниците во задниот дел сега имаат контрастни шевови и парчиња од Nappa кожа а задните седишта се малку поудобни благодарение на додадената пена на потпирачите за грб. Во дискретно ревидираната каросерија се наоѓа и надградена батерија со употреблив капацитет од 118 kWh наместо претходните 108,4 kWh. Тука е и подобреното враќање на енергијата преку новиот софтвер за регенеративниот систем за сопирање. Една неодамнешна студија покажа дека EQS губи речиси половина од својата вредност по само 12 месеци. Останува да видиме дали освежената верзија ќе го продолжи негативниот тренд на моделот. ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: Alfa Romeo го претстави новиот Milano!
Car Club - пред 37 дена
ShareTweetShareAlfa Romeo има нов најмал автомобил – а тоа е новиот кросовер кој го носи името Milano! А зошто е важен Milano? Меѓу другото, новиот кросовер е воедно и првиот целосно-електричен модел на Alfa Romeo! Милано е возбудлив, иновативен и храбар град, и секогаш гледа нанапред – и токму затоа е инспирација за новиот модел на Alfa Romeo. За Alfa Romeo, Милано е извор на неисцрпна инспирација, а новиот Milano е вистински Alfa Romeo, во урбан костум. А костумот на Milano е несекојдневен и динамичен. На предниот дел вниманието оди веднаш кон централно-поставеното Scudetto лого на Alfa Romeo, но и широките, повеќеслојни предни светла и длабокиот преден браник. Профилот е динамичен благодарение на мускулестите форми, но и издвоениот кров. Задниот дел влече инспирација од Giulia Zagato и најзабележливиот дел е токми големиот лак кој се протега од едниот до другиот крај и во кој се кријат светлосните елементи. Достапни ќе бидат неколку различни погонски опции – има две целосно-електрични опции, основната со 156 коњски сили или Veloce со одлични 240 коњски сили, како и хибридна верзија со 136 коњски сили, погон на предните тркала или Q4 погон на сите четири тркала. Можноста купувачите самите да изберат била водечка за дизајнерите и инженерите на Alfa Romeo. Milano Veloce добива и поширока трага, надградена суспензија и сопирачки и поцврсти стабилизатори. Добива и механички, само-заклучувачки диференцијал – сè во насока на подобро и подинамично управување. Milano Electrica користи компактна батерија со капацитет од 54 kWh, која пак овозможува автономија од над 400 километри, но и брзо време на полнење – помалку од 30 минути за полнење од 10 до 80%. Секако, Milano добива и грст нови технологии – од специјалниот систем за навигација наменет за електричната верзија, па сè до системите за асистенција и новиот виртуелен асистент кој користи ChatGPT. Кабината на Milano е типична за Alfa Romeo – спортска, динамична и привлечна. Веднаш ги забележуваме новите дигитални инструменти, но и централно-поставениот мултимедијален уред и спортските седишта кои изгледаат одлично. Дизајнерите на Milano се особено горди на деталите – како на пример отворите за вентилација кои се во форма на детелинка со четири листа. Поврзано: Alfa Romeo Milano го менува името, ќе се вика Junior Нарачките за специјалните Milano Electrica Speciale и Milano Hibrida Speciale ќе бидат отворени во Италија уште утре, а наскоро ќе започнат и во останатите европски земји. ShareTweetShare...
Rimac и BMW Group објавија стратешко партнерство!
Car Club - пред 38 дена
ShareTweetShareRimac Technology и BMW Group денес го објавија своето долгорочно, стратешко партнерство. Целта на соработката меѓу Rimac и BMW е заедно да создадат иновативни решенија во полето на батерии со висок напон, наменети за одредени електрични возила. Двете компании имаат различни, но комплементарни експертизи кои се надоградуваат на креативен и продуктивен начин. Стратегијата за електрификација на BMW Group е во насока на надградување на водечката позиција во сегментот на премиум електрична мобилност и германската групација во ова партнерство носи повеќе од 15 години искуство кога станува збор за батериите и електричните погони. Истовремено, Rimac Technology е Tier 1 добавувач кој е специјализиран за електрификација на автомобилскиот сектор. Портфолиото на Rimac вклучува батериски модули, е-оски, електроника и софтверски решенија. Истовремено, продуктите на Rimac Technology се целосно независно развиени и нудат висок степен на прилагодување. Партнерството меѓу BMW Group и Rimac Technology е еден од знаците за транзицијата која Rimac Technology ја прави од добавувач на решенија со високи перформанси кон добавувач кој може да испорача голем волумен на продукти. Со оглед на растот кој се случува во сегментот, каде го препознаваме и новиот Rimac Campus, Rimac Technology е компанија која е подготвена да испорача проекти и решенија на највисоките автомобилски стандарди. Инаку, Rimac веќе има историја со BMW – првиот проект на Мате Римац всушност беше целосно-електричен BMW E30. Rimac веќе соработува со огромни имиња од автомобилската индустрија – покрај тоа што компанијата на Мате Римац е сопственик на Bugatti, Rimac соработува и со Aston Martin, Hyundai, Kia, Jaguar, Koenigsegg, итн. Поврзано: ПРЕМИЕРА: BMW M4 CS - Малку поцивилизиран CSL! ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: Opel ја претстави новата Frontera
Car Club - пред 38 дена
ShareTweetShareOpel го воскресна името Frontera, а новиот SUV настапува самоуверено благодарение на експресивниот и храбар дизајн, врвната практичност и ефикасните погонски опции. „Со својата комбинација на робустен дизајн, просторност, паметни решенија и ефикасни погони, нашата нова Opel Frontera ќе биде привлечна за широк дијапазон на купувачи кои сакаат да се издвојат од толпата. Frontera е идеално погодена за урбаната и суб-урбаната околина а истовремено нуди освежувачко искуство за нашите купувачи.“ – изјави Florian Huettl, главниот извршен директор на Opel. Секако, сите се сеќаваме на робустната Frontera која низ две генерации се продаваше од 1991 па сè до 2004. Секако, новата Frontera е значително посовремена интерпретација на дефиницијата на урбан SUV – но тоа не ја прави ништо помалку интересна. Како сите модели на Opel, новата Frontera ќе се нуди со неколку различни погонски опции – тука е целосно-електричната варијанта, но тука се и конвенционалните мотори со 48-волтна хибридна технологија. Од Opel напоменуваат дека без разлика која погонска опција ќе ја изберат, купувачите ќе уживаат во возењето благодарение на специфичното нагодување на шасијата – инженерите од Риселсхајм посветиле многу внимание на калибрацијата и типичните Opel возачки карактеристики. Инаку, Frontera е повторно Opel – без никакво двоумење. Исправената предна силуета, Vizor маската и знакот на Opel се веднаш-препознатливи, а широкиот преден дел го нагласува робустниот став на автомобилот. Профилот е самоуверен, со нагласени предни и задни крила, но и препознатлив Ц-столб, додека на задниот дел вниманието го привлекуваат „двокатните“ задни светлосни групи, гордото име Frontera на поклопецот од багажникот и заштитните панели. Модерниот изглед продолжува и во кабината, каде препознаваме спој на паметен дизајн и практичност. Секако, тука е целосно-дигиталниот Pure Panel кој е препознатлив за Opel, кој всушност комбинира два 10-инчни екрани – еден за возачот, еден за мултимедијалните функционалности. Opel воведува и нов систем за поврзување со мобилен телефон – откако ќе се поврзе преку специјална апликација, телефонот на корисникот може да стане панел за управување со инфозабаваниот систем, но и да прима насоки од командите на управувачот. Поврзано: Opel ги претстави новите Combo, Vivaro и Movano Предните седишта добиваат Intelli-Seat опција за уште подобрен комфор, а визуелно привлекуваат со контрастните шевови и интересните, привлечни материјали. Frontera добива и безжичен полнач за мобилен телефон, два USB конектори во предниот дел и уште два наменети за задните седишта и многу други интересни и практични додатоци. Од Opel се особено горди и на просторноста – со исправени задни седишта, Frontera нуди багажен простор од 460 литри, кој расте на импресивни 1600 литри со преклопени задни седишта. Доколку нарачате и кровни носачи, на кровот ќе можете да ставите уште дополнителни 200 килограми товар. Opel не објавува кога ќе започне продажбата на новата Frontera, но очекуваме да пристигне во салоните во текот на оваа година. ShareTweetShare...
Opel ги претстави новите Combo, Vivaro и Movano
Car Club - пред 39 дена
ShareTweetShareKомбињата на Opel добија нов изглед, редизајниран кокпит и освежени електрични погонски единици. Електричните верзии на лесните комерцијални возила на Opel продолжуваат да нудат водечки опсег на возење. Пример за тоа е новиот Movano Electric, кој според WLTP1 ќе може да помине до 420 километри со едно полнење. Моделите нема да бидат достапни само со електричен погон и мотори со внатрешно согорување – покрај Opel Vivaro HYDROGEN, и новото Movano исто така ќе ја збогати алтернативната палета со ќелии на водород. Покрај надворешниот дизајн, дополнителени измени претрпеа и ентериерите на новите Opel Combo, Vivaro и Movano. Најдобро опремените верзии на освежените кабини доаѓаат со нови инфозабавни системи со екрани на допир со големини до 10 инчи и безжична поддршка за Apple CarPlay и Android Auto. Од технолошки поглед, новиот Combo има приспособлива матрична светлечка технологија, а новото Movano овозможува автоматско возење на второ ниво. Во зависност од моделот, достапни се до 21 најсовремен систем за помош на возачот, со цел да се олеснат долгите работни и деловни патувања, како и маневрирањето низ улиците. Како и обично, со цел да се исполнат сите комерцијални барања, тројката лесни комерцијални возила е достапна во различни должини и каросериски варијанти. ShareTweetShare...
Peugeot Sport доби специјално еко-признание од FIA
Car Club - пред 39 дена
ShareTweetShareСо сè поголемиот фокус даден на еколошката страна на тркањето, ваквите резултати стануваат сè поважни – а Peugeot е првиот производител во WEC натпреварите кој добива престижна еко-награда токму од FIA. Исто како и Fédération internationale de l’Automobile (Меѓународната федерација на автомобили – FIA), групацијата Stellantis работи напорно неколку години на глобалните влијанија врз животната средина. Како дел од оваа заложба, на Peugeot Sport му беше доделен еколошки сертификат со три ѕвездички од FIA и со тоа Peugeot e првиот производител на автомобили на светскиот шампионат на трките за издржливост на FIA кој го доби ова признание. Еколошката акредитација со три ѕвезди ја доделува FIA на организации кои се залагаат за заштита на животната средина, намалување на емисијата на јаглерод и воспоставување одржливи практики во автомобилскиот свет. Ова признание доаѓа по ригорозниот процес на евалуација управуван од FIA, кој разгледува голем број различни критериуми. Најновата сертификација на Peugeot Sport е дел од целокупната глобална политика на групацијата Stellantis кога станува збор за енергетска транзиција. Откако ја доби Low Carbon Award (Наградата за ниска емисија на јаглероден диоксид) на WEC, Peugeot Sport дополнително ја истакна важноста на развивање на своите еколошки иницијативи. Ова признание на FIA, совршено се вклопува во стратегијата на групацијата Stellantis за намалување на стакленичките гасови, утврдена во планот „Dare Forward“ кој има за цел да се постигне јаглеродна неутралност до 2038 година. FIA го истакна воспоставувањето и спроведувањето на план за намалување на стакленички гасови, како и оптимално управување со потрошувачката на енергија и осветлувањето. Но, Stellantis Motorsport не застанува тука и веќе ја планира следната ревизија… Поврзано: ВОЗЕВМЕ: Во Кан го возевме новиот електричен Peugeot E-3008!За да ги постигне своите цели, Stellantis Motorsport се ангажира со сите свои соработници да дискутираат и разменуваат идеи за климатските предизвици: што им помага на сите да разберат повеќе за нивното лично влијание и глобалното влијание на нивниот спорт. Свеста за овие работи е особено висока во мотоспортот, бидејќи спортот е на врвот кога станува збор за развој на добри практики и намалување на емисиите, како и еволуција на технологии насочени кон поодржлива мобилност. Jean-Marc Finot кој е Stellantis Motorsport Senior VP изјави – „По добивањето на оцената од FIA со три ѕвездички за нашата активност во 2023 година, наградата за ниска емисија на јаглерод за Peugeot Sport во WEC и наградата за одржливост на DMSB на Opel Corsa e-Rally Cup, денес се стекнуваме со уште едно важно еколошко признание што претставува гордост за целиот Stellantis Motorsport. Овие сертификати го нагласуваат нашиот ангажман и придонес во рамките на планот “Dare Forward” на Stellantis Group, каде што мотоспортот е истакнат момент. Сето ова е важно за нашите сегашни и идни партнери, кои се поистоветуваат со нашите напори со цел за подобрување на сопствените еколошки перформанси и обврски. Сите заедно го даваме нашиот придонес за развојот на безбедна и обновлива мобилност, поради што сме сите тука“. ShareTweetShare...
Renault го освежи популарниот Captur
Car Club - пред 43 дена
ShareTweetShareСубкомпактниот теренец на Renault доби очекуван фејслифт на средината од својот животниот циклус. Освежениот Captur има нови фарови со целосна LED технологија и изменет браник, додека остатокот од каросеријата останува прилично непроменет. Моделот исто така го добива ажурираниот амблем на Renault и се нуди со 14 комбинации на бои, како и нови тркала кои се движат од 17 до 19 инчи. Новото ниво на опременост Esprit Alpine го заменува веќе непостоечкото RS Line како нов предводник на гамата. Тоа визуелно се разликува од останатите во браникот, сјајните црни акценти и специфичните 19-инчни алуминиумски тркала. Дигиталниот кокпит на фејслифтираниот Captur е надграден со нова 10,25-инчна дигитална група на инструменти и 10,4-инчен екран на допир кој работи на најновиот Android Automotive 12 софтвер на Google. Тука се и приклучоците USB-C, безжичното полнење, амбиенталното осветлување и опционалиот аудио систем Harman Kardon со девет звучници. Поставата на моторските единици е истата од претходникот. Почетниот турбо 1-литарски TCe мотор со три цилиндри со 90 или 100 коњски сили е поврзан со шест-брзински мануелен менувач. Помоќниот турбо 1,3-литарски TCe со благ хибриден систем и 140 коњски сили е поврзан со шестстепен мануелен менувач, односно со автоматски менувач на уште помоќната верзија со 160 коњски сили. Најефикасната верзија се состои од атмосферскиот 1,6-литарски мотор со два електромотори и батерија од 1,2 kWh, со чија помош тој испорачува комбинирани 145 коњски сили. Како и неговиот претходник, малиот теренец ќе се произведува во фабриката на Renault во Ваљадолид во Шпанија. Цените ќе бидат објавени во наредните недели, а моделот ќе биде достапен на европските пазари од април годинава. Поврзано: ПРЕМИЕРА: Renault 5 E-Tech е електричен Ренолуционер! ShareTweetShare...
Suzuki Vitara доби уште еден фејслифт
Car Club - пред 43 дена
ShareTweetShareЈапонскиот производител одлучи да го освежи тековниот европски модел со мали промени во надворешниот изглед. Новата Vitara изгледа препознатливо уште на прв поглед. Редизајнираниот преден браник сега изгледа почисто благодарение на потенките дневни светла и изоставувањето на светлата за магла. Тука е и новата решетка и поголемиот централен довод за воздух со црна завршница. Во кабината додаден е нов инфозабавен систем со 9-инчен екран на допир и истиот е компатибилен со Apple CarPlay и Android Auto. Од безбедносните системи вклучени се: поддршката за запирање со двоен сензор, системот за следење на возачот, адаптивната контрола на патувањето, препознавањето на сообраќајни знаци и помошта при задржување во лента. Опциите за погонот остануваат непроменети, вклучувајќи ги благите хибриди со мануелниот 1.4-литарскиот бензински мотор и целосно хибридните единици со 1.5-литарскиот мотор кој е поврзан со шестстепен автоматски менувач. Освежената Suzuki Vitara ќе пристигне во европските салони зпочнувајќи од јуни годнаваа, а цените ќе бидат објавени поблиску до лансирањето на пазарот. ShareTweetShare...
Започна со работа салонот на Geely во Скопје
Car Club - пред 44 дена
ShareTweetShareНов бренд на македонскиот пазар – од неодамна е отворен салонот на Geely и веќе се изложени два модели на кинескиот гигант. Geely е вистински гигант. Покрај тоа што е еден од најголемите акционери во Daimler, Geely е сопственик на Volvo, Lotus, Smart, Polestar, Zeekr и уште неколку други брендови. Кинеската корпорација веќе успешно се продава на европскиот пазар, а откако лансираше во регионот, од неодамна е присутен и кај нас. Салонот на Geely е дел од новиот Chevahir Mall Skopje и се наоѓа веднаш на влезот во новиот шопинг-центар. Изложени се два модели – поконвенционалниот Atlas Pro, како и новиот Coolray. Atlas Pro е поконвенционален SUV, со препознатлива SUV-форма и многу, многу опрема. Atlas Pro доаѓа опремен со нов, супер-модерен 3-цилиндерски лајт-хибриден турбо-бензинец со зафатнина од 1.5 литри кој испорачува 177 коњски сили и вртежен момент од 255 Nm. Силата ја пренесува кон сите четири тркала преку 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Atlas Pro е достапен само во една, целосно опремена изведба и цената во моментот на објавување е промотивни 32.500 Евра. Особено интересен новитет е Coolray. Новиот SUV на Geely има задача да ги привлече помладите купувачи – а тоа го прави со поагресивниот, посамоуверен дизајн, но и богатата опрема и многуте спортски детали. Coolray е задвижуван од 4-цилиндерски турбо-бензинец каде перформансите се на прво место – па тој испорачува 172 коњски сили и 290 Nm вртежен момент, кои ги пренесува кон предните тркала преку 7-брзински DCT менувач со двојна спојка, кои пак овозможуваат спринт до 100 километри на час за 7.6 секунди. Coolray чини 28.500 Евра. Поврзано: ТЕСТ: Geely Atlas Pro 1.5T 4WD MHEV - Самоуверен настап на кинескиот гигант Инаку, компанијата-застапник на Geely во Македонија – Delfino Mobility Group – ветува исклучителни услови за поддршка и гаранција, како и свој сервисен центар за поддршка и одржување на возилата. Наскоро ќе имаме можност и самите да ги тестираме возилата на Geely па ќе ги пренесеме и нашите впечатоци. ShareTweetShare...
SEAT најавува дека најдоброто допрва доаѓа!
Car Club - пред 45 дена
ShareTweetShareИзвршниот директор на SEAT најавува дека најдоброто од шпанскиот бренд допрва доаѓа – а сето тоа е поддржано од одличните резултати кои беа постигнати минатата година и најавените инвестиции во освежени и нови модели. Шпанскиот бренд кој е дел од Volkswagen групацијата минатата седмица ги објави резултатите од 2023, но истовремено ја најави и својата стратегија за годините кои доаѓаат. Според пресметките, минатата година SEAT постигна оперативна добивка од рекордни 625 милиони Евра – зголемување од скоро неверојатни 592 милиони Евра, со оглед на постигнатите 33 милиони Евра во 2022. „Зад себе оставаме година во која SEAT S.A. ги објави најдобрите финансиски резултати во својата 73-годишна историја, осигурувајќи се дека нашата компанија продолжува на својот пат кон попрофитабилна иднина“ – рече Вејн Грифитс, извршен директор на SEAT и CUPRA и додаде – „2023 година беше година на огромни контрасти за автомобилската индустрија, како и за нашата компанија, бидејќи продолживме да се движиме низ морето на несигурност додека ја претрпевме најголемата трансформација во нашата историја“. „Во 2023 година, SEAT S.A. направи голем чекор на своето патување на трансформација: имавме за цел да направиме значително подобрување и тоа е она што успеавме да го направиме. Постигнавме рекорди на сите времиња во промет, оперативна добивка и оперативен готовински тек. Ова совршено ги одразува позитивните ефекти од растот на обемот на марката CUPRA и обновувањето на обемот на марката SEAT, како и важноста на напредокот што го постигнавме со нашата програма за подобрување на перформансите“ – рече Дејвид Пауелс, потпретседател за финансии и ИТ во SEAT. С.А. По многуте гласини дека Volkswagen групацијата планира да го згасне SEAT брендот и јасните изјави со кои челниците ги негираа ваквите гласини, шпанскиот бренд недвосмислено најавува дека се враќа онаму каде припаѓа. SEAT веќе најави сериозни инвестиции кои ќе резултираат со подобрени плаг-ин хибридни автомобили, но и освежување за Arona, Ibiza и Leon кое покрај естетските, ќе вклучува и технички и технолошки надградби. Се најавува и освежување за Ateca, што воопшто не е изненадувачки со оглед на популарноста на овој SUV. Поврзано: Cupra оди во Америка!„Го враќаме брендот SEAT таму каде што припаѓа, продолжувајќи го двоцифрениот раст од минатата година со нови инвестиции во брендот и неговите модели. Исто така, разгледуваме што можеме да испорачаме во електричниот свет под брендот SEAT. Кога станува збор за SEAT, ви ветувам дека најдоброто допрва доаѓа“ – додаде Вејн Грифитс. ShareTweetShare...
Златно Тркало 2024: Победници се Porsche Panamera, Audi Q8, Volkswagen ID.7, Opel Corsa и Mazda CX-60!
Car Club - пред 46 дена
ShareTweetShareЗаврши гласањето за овогодинешното издание на Златно Тркало, а вие ги избравте Најпосакуваните Нови Автомобили во Македонија во пет различни категории! Оваа година славиме и мал јубилеј – ова е петто издание на Златно Тркало, изборот за најпосакуван нов автомобил во Македонија кој го организираме со колегите од Автоплус, CarsByVik и RPM.mk! Годинава се натпреваруваа петнаесет автомобили во пет различни категории, а беа направени вкупно 20.510 гласања! Секако, сето ова ќе кулминира со свечен настан на кој и официјално ќе ги прогласиме победниците – победниците кои ги одбравте токму Вие, нашата верна публика! Најпосакуван Семеен Автомобил – Mazda CX-60 Со освоени 29.49% од гласовите во категоријата, за Најпосакуван Семеен Автомобил го избравте големиот, плаг-ин хибриден SUV на Mazda – новата Mazda CX-60. Големиот SUV не само што одлично ги исполнува семејните обврски, туку истовремено доаѓа со ефикасен и моќен плаг-ин хибриден погон. Најпосакуван Градски Автомобил – Opel Corsa Освежената Opel Corsa пристигна на пазарот со надградени погонски единици, затегнат дизајн и водечки нови технологии во сегментот. Достапна и како целосно-електрично возило, новата Corsa ги освои вашите гласови и со 47.53 проценти од гласовите во категоријата ја прогласивте за Најпосакуван Градски Автомобил. Најпосакуван Електрифициран Автомобил – Volkswagen ID.7 Големата електрична лимузина на Volkswagen е знаменосец на ID-гамата на германскиот бренд. Комбинацијата од врвни технологии, автономија која надминува 600 километри и нов, модерен и ефикасен електромотор беа доволни аргументи за големиот електричен седан да освои 31.22% од гласовите во својата категорија и да биде избран за Најпосакувaн Електрифициран Автомобил Поврзано: Официјално ги доделивме наградите Златно Тркало за 2024Најпосакуван Премиум Автомобил – Audi Q8 Луксузното купе-SUV на Audi ги отелотворува начелата на германскиот бренд – високи технологии, привлечен дизајн, беспрекорен финиш и моќни и ефикасни погонски единици. Големиот Audi Q8 освои 46.20% од гласовите во својата категорија и со тоа заслужено ја добива титулата за Најпосакуван Премиум Автомобил. Најпосакуван Нов Автомобил – Porsche Panamera Новата, трета генерација на луксузниот супер-седан на Porsche ги освои вашите гласови – со 39.90% од дадените гласови, новата Panamera се наметна како доминантна во својата категорија и вие, нашите читатели ја избравте за Најпосакуван Нов Автомобил во Македонија. Им честитаме на победниците, а на вам – сите наши читатели – ви благодариме за поддршката и учеството во изборот! Ви благодариме што нè читате и нè поддржувате! ShareTweetShare...
Среќен 50-ти роденден, Volkswagen Golf!
Car Club - пред 49 дена
ShareTweetShareГерманскиот хечбек по кој името го носи цела една класа на возила токму денес полни 50 години! На 29-ти Март 1974 – пред точно 50 години – започна сериското производство на Golf, во фабриката на Volkswagen во Wolfsburg. Од Volkswagen самите признаваат – никој не знаеше дека овој компактен автомобил кој беше развиен да биде наследник на легендарната Буба, ќе биде најуспешниот Volkswagen и најпродаваниот европски автомобил во историјата. Golf го отсликуваше духот на времето, го даде своето име на цела една класа на автомобили и беше верен придружник на генерации и генерации ширум светот. Верувале или не, досега се продадени повеќе од 37 милиони примероци од Golf – а тоа значи дека повеќе од 2000 купувачи купувале Golf, секој ден, изминативе 50 години. Golf е навистина светски автомобил. Од фабриката во Wolfsburg досега излегоа повеќе од 20 милиони примероци. Останатите 17 милиони примероци се произведени во други фабрики на Volkswagen во Германија, но и во Белгија, Бразил, Кина, Малезија, Мексико, Словачка и Јужна Африка. Истовремено, Golf наметнувал нови стандарди, а технологиите кои биле и се дел од Golf биле типичен пример за прогресивниот германски инженеринг. Низ 8 генерации, Golf секогаш беше директен сведок на своето време, нудејќи различни погонски опции и нови технологии. Од ефикасни и моќни дизели, до спортски турбо-бензинци, па и електричен и плаг-ин хибриден Golf. Германскиот хечбек секогаш имал една јасна мисија – а тоа е да биде сосем доволно автомбоил за сите животни потреби. Среќен роденден, Volkswagen Golf! ShareTweetShare...
Nissan планира да претстави 30 нови модели!
Car Club - пред 49 дена
ShareTweetShareПланот на јапонскиот бренд „The Arc” e да излезе со 30 нови модели на глобално ниво во следните три години. Nissan објави дека ќе лансира пет нови електрични возила во Европа до 2026 година. Првиот модел кој ќе пристигне ќе биде новата Nissan Micra, која ќе биде претставена подоцна оваа година. Таа е базирана на истата технологија што го придвижува ново претставениот Renault 5 E-Tech. Се работи за новата платформа AmpR Small на Ampere групацијата. Следната генерација на Nissan Juke ќе ги користи истите основи и се очекува да биде претставен како ривал на Jeep Avenger во секторот за мали теренци. Во меѓувреме, новиот Leaf очекуваме да биде кросовер кој ќе ја користи AmpR Medium платформата. Другите две електрични возила кои се потврдени за Европа се комбиња. Првото е целосно електричнoто панел комбе Interstar – ривалот на Nissan Ford E-Transit кое ќе се пристигне во втората половина на 2024, а второто ќе биде нов компактен LCV базиран на FlexEVan на Renault. Уште еден нов модел до 2026 година кој е наменет за европскиот пазар до 2026 година е фејслифтираната верзија на најпродаваниот Nissan Qashqai. Nissan најверојатно ќе го искористи ова за да ја претстави третата генерација на својата хибридна e-Power технологија која доаѓа и во Европа. Во споредба со сегашните e-Power модели, погонските единици од третата генерација можат да обезбедат 20 отсто повеќе моќност и 10 отсто зголемена економичност. Амбициозниот план „The Arc” на Nissan е да претстави 30 нови модели ширум светот во следните три години, од кои 16 ќе бидат електрифицирани, а останатите ќе имаат мотори со внатрешно согорување. Nissan исто така работи на нови технологии за батерии и планира значително да ја подобри својата технологија. До 2028 година, кога Nissan планира да лансира електричен SUV со седум седишта, батериите ќе бидат 50 отсто погусти на енергија а брзото полнење ќе се скрати за 50 проценти. ShareTweetShare...
ТЕСТ: Mazda CX-60 E-SKYACTIV PHEV Homurа – Голем, ефикасен и моќен SUV
Car Club - пред 50 дена
ShareTweetShareВеќе добро ја познаваме новата Mazda CX-60, но каква е комбинацијата на големиот SUV со моќен плаг-ин хибриден погон? Големата Mazda CX-60 еднаш веќе се појави на нашите страници. Тоа беше минатата година, кога го возевме јапонскиот SUV во комбинација со неочекувано големиот, моќен и ефикасен 3.3-литарски турбодизел. Тогаш рековме дека дизелот не е мртов – и сè уште стоиме позади тоа – но кога ни се укажа можност да ја пробаме Mazda CX-60 во комбинација со плаг-ин хибриден погон, со задоволство ја прифативме понудата! Ефикасен плаг-ин хибриден погон и повеќе од 300 коњски сили! Плаг-ин хибридната изведба на CX-60 всушност е најмоќната изведба на големиот SUV. Погонот кој се вградува во CX-60 очекувано комбинира бензински мотор со електромотор и батерија. Бензинецот во равенката е 2.5-литарски атмосферец кој испорачува 192 коњски сили при 6000 вртежи во минута и 261 Nm вртежен момент, а тој пак соработува со електромотор кој испорачува дополнителни 175 коњски сили и 270 Nm вртежен момент. Електромоторот се „храни“ од батерија со капацитет од 17.8 kWh, кои овозможуваат официјална автономија од 63 километри на електрична енергија (според WLTP). Ние успеавме да поминеме малку над 50 километри со полни батерии на големиот SUV. „Вкупната математика“ е особено интересна, бидејќи според официјалните податоци, Mazda CX-60 PHEV располага со вкупно 327 коњски сили од 4000 вртежи во минута и одлични 500 Nm вртежен момент. Сето тоа е доволно за импресивен спринт до 100 километри на час за само 5.8 секунди, како и максимални 200 километри на час. Поврзано: Златно Тркало 2024: Победници се Porsche Panamera, Audi Q8, Volkswagen ID.7, Opel Corsa и Mazda CX-60! Истовремено, погонот е исклучително ефикасен. Како што веќе напоменавме, можете да очекувате автономија од околу 50 километри на електрична енергија – сосем доволно за дневните потреби на просечниот возач во Македонија, а кога ќе се испразнат батериите CX-60 PHEV се трансформира во конвенционален хибриден SUV очекувајте потрошувачка која ќе се движи во рамките на 5-6 литри бензин на 100 изминати километри. Вградениот полнач е со моќност од 7.2 kW – па полнењето на батериите трае околу три часа. Дополнително, CX-60 може да се полни и на побрз полнач, со максимална моќост до 22 kW. Електромоторот лесно го движи јапонскиот SUV низ град, без во ниту еден момент да се почувствувате дека „фали“ нешто. Во оној момент кога ќе побарате повеќе перформанси, едноставно ја притискате педалата за гас до крај, се активира и бензинецот и CX-60 катапултира нанапред. CX-60 успешно ја крие масата и компетентно се движи од свиок во свиок. Изненадувачки, CX-60 успева одлично да ја скрие масата – која како да не надминува два тони. Од свиок во свиок, CX-60 ја менува насоката како некој значително полесен автомобил. Суспензијата успева да го одржи овој SUV рамен, дури и побрзи свиоци, а бидејќи платформата е примарно на заден погон, при поентузијастички наредби кон управувачот, можете да очекувате и контролирано надуправување. Управувањето е директно и изненадувачки комуникативно. Во Sport режим управувањето станува уште подиректно, а секое притискање на педалата за гас резултира со самоуверено катапултирање нанапред. Управувањето едноставно влева доверба во можностите на големиот CX-60, а спортските афинитети не го нарушуваат комфорот во кабината. Поврзано: Официјално ги доделивме наградите Златно Тркало за 2024Луксузна и кофморна кабина со многу простор и сите современи технологии Инаку, ова и понатаму е CX-60 – а тоа значи комфорна и (дури би рекле) луксузна кабина обвиена во квалитетна кожа, многу технологии и играчки, и многу, многу простор. Ни се допаѓа одлуката на инженерите на Mazda да не се претерува со „тач“ деталите, туку повеќето работи да се управуваат преку централно-поставен контролер. Секако, не се изоставени модерните технологии – пред возачот има јасен и остар хед-ап дисплеј како и 12-инчен дигитален дисплеј за инструментите. На централната конзола е поставен голем, 12.3-инчен мултимедијален дисплеј наменет за инфозабавните функции, навигацијата и поврзувањето со Apple CarPlay и Android Auto, а CX-60 ги добива и напредните системи за асистенција и безбедност кои Mazda ги има во своето портфолио. И исто како кога ја возевме дизелската Mazda CX-60, ќе истакнеме дека во кабината има многу, многу простор. Благодарение на огромното меѓуоскино растојание од 2870 милиметри, во кабината има многу простор – како на предните седишта, така и на задната клупа. Багажниот простор исто така останува непроменет – отворете ја огромната петта врата и ќе ве пречека капацитет од завидни 570 литри, кои растат на 1726 литри со преклопена задна клупа. Mazda беше суптилна со своите амбиции… А сега? Сега веќе не е толку суптилна. Mazda CX-60 едноставно ни се допаѓа. Толку е лесен заклучокот. Ни се допаѓа дизајнот, ни се допаѓа и погонот, ни се допаѓа и квалитетот. Mazda ги прави работите малку поинаку, а токму најмоќниот погон во портфолиото на CX-60 можеби е најинтересниот. Доколку автономијата од 50-тина километри ги задоволува вашите дневни потреби, тогаш ќе уживате во комфорен, рафиниран и современ (и безмалку) електричен SUV. А за сите оние патувања, тука е моќниот бензинец кој едноставно го отстранува стравот од „а каде ќе полнам“. Mazda одамна суптилно ги покажува своите премиум амбиции – но со CX-60, веќе не го прави тоа толку суптилно. Поврзано: Mazda го продолжува развојот на ротациони моториСпецификации Модел: ТЕСТ: Mazda CX-60 E-SKYACTIV PHEV Homurа Мотор: 2.5-литарски атмосферец, 4 цилиндри во линија, MHEV Моќност: 192 коњски сили / 6000 вртежи во минута Вртежен Момент: 261 Nm / 4000 вртежи во минута Моќност (електромотор): 175 коњски сили Вртежен Момент (електромотор): 270 Nm Системска Моќност: 327 коњски сили Системски Вртежен Момент: 500 Nm Менувач: Автоматски, 8 брзини Забрзување 0-100 км/ч: 5.7 секунди Максимална Брзина: 200 километри на час Должина: 4745 mm Ширина: 2134 mm (со странични ретровизори) Висина: 1680 mm Тежина: 2055 килограми Меѓуоскино Растојание: 2870 mm Багажен Простор: 570 – 1726 литри Потрошувачка: 6.5 литри на 100 километри (измерена, градска) Цена на тестираниот модел: ТЕСТ: Mazda CX-60 E-SKYACTIV PHEV Homurа – 73.500 Евра Повеќе Информации: Mazda.mk Фотографии ShareTweetShare...
Larte Design го стилизираше големиот BMW X6
Car Club - пред 50 дена
ShareTweetShareБодикитот од лесни композитни материјали е создаден за да се истакне робусниот изглед на баварскиот теренец. Промените започнуваат од предниот дел, каде е поставен нов ревидиран браник, поагресивна хауба и затемнети бубрежни решетки. Видливи се и нов сет на ретровизори како и карактеристични странични лајсни. Обликот на задниот браник е сменет, а задниот дифузер е здебелен и сега содржи дополнителни стоп светла. Сјајните црни бандажи во големини од 21 и 23 инчи додаваат на смелиот изглед, а надградбите се заокружуваат со малиот кровен спојлер. Сопствениците на BMW X6 имаат можност да го купат каросерискиот комплет на Larte со стандардна конструкција од базалтни влакна, или дополнително да инвестираат во поскапи делови изработени од карбонски влакна. Секоја од компонентите на комплетот може да се купи посебно, обезбедувајќи флексибилност за прилагодување. ShareTweetShare...
Volvo го произведе последнoто возило со дизел мотор
Car Club - пред 51 дена
ShareTweetShareСо големиот XC90 кој излезе од линијата во фабриката во Торланда во Шведска, Volvo става крај на ерата на дизелот и планира да произведува исклучиво електрични возила од почетокот на 2030 година. Иако глобалната побарувачка за електрични возила се намалува, во Volvo не запираат со отфрлање на застарената дизел технологија. Во 2017 година, Volvo стана првиот голем производител на автомобили кој се обврза постепено да ги укинува возилата кои имаат мотори со внатрешно согорување. Останатите производители на автомобили стратешки не се обврзаа кога очекуваат да ги укинат моторите со внатрешно согорување, а некои и дури отстапија од претходно зацртаните цели. Mercedes-Benz минатиот месец ја отфрли својата прогноза за продажба и сега очекувањата за продажбата на возилата на батерии се помалку од половина од веќе предвидените. Кон крајот на минатата година, Ауди соопшти дека општо го намалува воведувањето на електрични возила. XC90 на Volvo беше клучен за заживувањето на брендот започнувајќи од 2014 година, кога беше претставен како прв автомобил изграден под раководство на Ли Шуфу од кинескиот гигант Geely. Последниот дизелски XC90 нема да биде продаден, туку ќе биде изложен во новиот музеј на Volvo коj се очекува да се отвори следниот месец во Гетеборг. ShareTweetShare...
Opel Astra добива нов лајт-хибриден погон
Car Club - пред 51 дена
ShareTweetShareНовиот лајт-хибриден турбо-бензински мотор ветува подобри перформанси, но и намалена потрошувачка до 14%. Хибридниот погон кој сега може да се добие кај Astra (и караванот Astra ST, кој ние имавме можност да го возиме во Риселсхајм) го комбинира добро-познатиот 1.2-литарски турбо-бензинец со 48-волтна хибридна компонента. Резултат ова се намалена емисија на CO2, како и подобрена економичност во однос на конвенционалниот турбо-бензинец. Opel ветува потрошувачка намалена за 14%, но и можност при градски брзини до 50% од километрите да се поминат на струја. Турбо-бензинскиот мотор и понатаму испорачува 136 коњски сили и 230 Nm вртежен момент, а електромоторот кој е интегриран во шест-брзинскиот автоматски менувач со двојна спојка испорачува 29 коњски сили и 55 Nm вртежен момент. При сопирање, електромоторот ја полни малата батерија поставена под совозачкото седиште. Зошто вакво решение? Многу едноставно – за да не се направи никаков компромис во однос на багажниот простор. Како што рековме, Opel тврди дека овој лајт-хибриден систем е сосем доволно моќен за Astra да може да помине до 50% од километрите поминати во урбани околини на струја. Официјалната потрошувачка спoред WLTP мерењата е 5 литри на 100 изминати километри за Astra, односно 5.1 за Astra ST. Подобрени се и перформансите – Astra Hybrid забрзува до 100 километри на час за рамно 9 секунди и достигнува максимални 210 километри на час. ShareTweetShare...
Lamborghini објави рекордна продажба и профит за 2023 година
Car Club - пред 52 дена
ShareTweetShareСо остварениот приход од 2,66 милијарди евра и профит од 723 милиони евра, 2023 се покажа како најдобра година досега за луксузниот бренд. 2023 година беше најдобрата година за Lamborghini, кога за прв пат беа продадени повеќе од 10.000 возила. Тоа му помогна на брендот да оствари приход од 2.66 милијарди евра – рекордна заработена сума за една година и 12.1 отсто повеќе од 2022 година. „Lamborghini продолжува да урива рекорди, постојано и во различни области, и тоа еден рекорд по друг. Ова значи дека нашите избори и визија беа точни и придонесоа за органскиот раст на компанијата. Оперативниот резултат од 723 милиони евра заедно со оперативната маржа од 27.2% се јасни знаци дека усвоената стратегија е добра” – рече Стефан Винкелман, извршниот директор на Lamborghini. „Во 2023 година повторно забележавме невидени финансиски и деловни перформанси кои не позиционираат како еден од клучните светски играчи во луксузниот сегмент“, рече Паоли Пома, финансискиот директор на Lamborghini. Lamborghini оваа година планира да ја претстави plug-in хибридната верзија на Urus, како и новиот модел што ќе го замени Huracan. Останува да видиме дали трендот на рекордни продажби ќе продолжи и во 2024 година. ShareTweetShare...
Audi го направи последниот R8
Car Club - пред 53 дена
ShareTweetShareПосле две генерации, безброј изведби и модификации, Audi R8 официјално оди во пензија. Последниот примерок на „разумниот“ суперавтомобил излезе од производната линија на фабриката на Audi минатата недела. Се работи за Performance quattro Edition со 5.2-литарски V10 мотор и 612 коњски сили, облечен во жолта „Vegas“ боја. Audi сепак одбра да не го продаде на купувач, туку да го чува во својот официјален музеј во Инголштад, Германија. Од Audi не потврдија дали ќе има директен наследник на R8, но доколку има, голема е веројатноста дека тој ќе биде електричен. Audi планира да го лансира својот последен автомобил опремен со мотор со внатрешно согорување во 2026 година, по што брендот ќе лансира само електрични верзии. ShareTweetShare...
Cupra оди во Америка!
Car Club - пред 53 дена
ShareTweetShareНа годинешната прес-конференција Cupra објави дека ќе атакува на американскиот пазар! Cupra е најмладиот бренд во портфолиото на Volkswagen групацијата, но челниците одлучија токму Cupra да ја добие довербата за проширување кон пазарот во САД. Според најавеното, во Соединетите Американски Држави ќе биде лансирана целосно-електрична верзија на Formentor. Немаме информации дали електричниот Formentor ќе биде базиран врз тековната генерација (која секој момент треба да добие освежување) или пак на следната генерација. Со оглед на тоа дека во моментов Formentor не се нуди во целосно-електрична варијанта, најверојатно ќе биде втората опција. Покрај електричниот Formentor, Cupra најавува и втор, поголем SUV кој ќе се произведува во Мексико. Според Cupra (односно SEAT), овој SUV ќе се продава во одредени држави во САД – највеќе во државите блиску до источниот и западниот брег, како и државите кои имаат најголема изложеност на сонце. Инаку, Cupra има навистина пополнета агенда – годинава треба да биде лансиран електричниот Tavascan, но и хибридниот Terramar кој ќе се нуди со неколку различни погонски опции. За следната година е најавен Raval кој ќе биде основниот модел на шпансиот спортски бренд. ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: Peugeot го претстави новиот 9X8 со кој ќе се натпреварува на Endurance трките!
Car Club - пред 53 дена
ShareTweetShareФранцускиот бренд и годинава ќе се натпреварува во WEC – и денес го претстави новиот, надграден 9X8 кој ќе го има тркачкото деби на 6 Часа Имола во Април! Возилото кое дебитираше минатата година немаше заден спојлер, но годинава 9X8 добива низок заден спојлер кој би требало значително да влијае на аеродинамиката. Истовремено, Peugeot ја напушта стратегијата за гуми со еднаква ширина на предната и на задната оска и новиот автомобил на предните тркала ќе вози гуми со ширина од 29 сантиметри, додека задните тркала добиваат гуми со ширина од 31 сантиметар. Сето ова овозможува автомобилот да има темелно-ревидирана аеродинамика и повеќе потисна сила од горните површини на автомобилот. Техничкиот директор на Peugeot Sport – Olivier Jansonnie – изјави дека „90-95% од површините на автомобилот биле допрени од неговиот тим“. Тој додава дека „од гледиште на гледачите, автомобилот изгледа како да не е сменет и дека има само заден спојлер“ – иако тоа не е така, туку токму дека предизвикот бил да се задржи визуелниот идентитет на автомобилот. Истовремено, бидејќи тежината е преместена кон задниот дел, инженерите на Peugeot можеле да поработат на 2.6-литарскиот твин-турбо V6 и неговиот 7-степен менувач со цел да се подобри доверливоста на погонот – а со тоа тимот да биде уште поконкурентен во иднина. Ние имавме можност да го видиме „стариот“ тркачки автомобил на Peugeot минатата година, кога на покана на францускиот бренд отидовме на 100-годишнината на Le Mans. ShareTweetShare...
Разгледајте и пробајте ги возилата на MG Motor и Chery, тест-караванот патува низ Македонија!
Car Club - пред 56 дена
ShareTweetShareКомпанијата Гранд Ауто најавува MG & Chery караван низ Македонија – следните четири саботи ќе ги претстави моделите на MG Motor и Chery во поголемите градови низ државата. Од Grand Auto информираат дека посетителите ќе можат во живо да се запознаат со моделите на брендовите MG Motor и Chery и во живо да ги испробаат MG ZS, MG HS и електричниот MG 4, како и FX, Tiggo 7 Pro и Tiggo 8 Pro од брендот Chery. Автомобилите на MG и Grand Auto, MG Motor и Chery Ве очекуваат. Караванот ќе ги посети следните градови: 23-ти Март 2024 – Струмица 30-ти Март 2024 – Битола 6-ти Април 2024 – Кичево 13-ти Април 2024 – Охрид Возилата ќе бидат достапни за разгледување и возење од 10:00 до 16:00 часот. ShareTweetShare...
ТЕСТ: BMW 520d M Sport – Дизелот и понатаму е вистинскиот избор!
Car Club - пред 57 дена
ShareTweetShareПред неколку месеци го имавме првиот контакт со новата Серија 5, а сега на наш, домашен терен ја возиме новата лимузина на BMW – и тоа (верувале или не) во дизелска варијанта! Извикани се гласините дека дизелот оди во историјата. Убедени сме во тоа. Сакате некаков доказ? Па еве го, и тоа во форма на огромен баварски седан со еден куп нови технологии и – уште поважно – ознака 520d на задниот дел. Пред само неколку месеци бевме во Србија на интернационална презентација на новата Серија 5. Таму имавме можност да ја возиме електричната изведба со ознака eDrive40 која и покрај не-баш-незначителните 2.2 тони успеваше да забрза до 100 километри на час за само 6 секунди. Покрај електричната, накратко седнавме и зад управувачот на дизелскиот 520d и уште тогаш ни стана јасно дека можеби токму дизелската „Петка“ е поинтересниот избор. Зошто? Ќе се обидеме да објасниме… Формата на Серијата 5 е безмалку купеовска Прво ќе му посветиме малку внимание на дизајнот. Дизајнерската насока во која се движеше BMW во изминативе неколку години не беше по сечиј вкус – но продажните резултати се такви какви што се, а пред фактите и боговите молчат. BMW ги познава своите купувачи и многу добро знае какви автомобили и какви дизајни треба да испорача – и кај Петката не е поинаку. На предниот дел најголемиот дел од вниманието оди кон огромните предни бубрези и хоризонтално-поставените тенки предни светлосни групи. Над бубрезите гордо стои значката на BMW, а во долниот дел од браникот забележуваме широки отвори за ладење на погонската единица, но и за насочување на воздухот и подобрување на аеродинамиката. Профилот е несекојдневен – карактерната линија е ниска, рачките од вратите се скриени во каросеријата а задниот дел дискретно паѓа како што се приближува кон задните светла. Секако, и ова е во насока на аеродинамиката, а сето тоа резултира со безмалку купеовска форма на големиот седан. Од предните кон задните тркала дискретно се издигнува уште една линија која продолжува кон задниот браник, а целиот автомобил изгледа визуелно понизок благодарение на црните елементи во долниот дел од автомобилот и задниот браник. Ако мораме да одбереме, би рекле дека највеќе ни се допаѓа задниот дел. Тенките и широки задни светлосни групи, во комбинација со дискретно-исфрлените задни крила и агресивниот M Sport заден браник резултираат со изненадувачки-доминантен, спортски став. Поврзано: Manhart MH2 560 кој е базиран на BMW M2 има... Погодувате - 560 коњски сили!Луксузна и опулентна кабина со сите нови технологии Одиме внатре, каде нè пречекува луксузна, опулентна кабина. Веднаш (навистина, веднаш) паѓаат во очи спортските седишта обвиени во перфорирана црвена кожа (која сепак е вештачка, a BMW ја нарекува Veganza), кои се супер-контрастни со комбинацијата од сиви и црни материјали во кабината. Се сместуваме во седиштето и лесно наоѓаме комфорна и ниска возачка позиција каква што и заслужува еден ваков спортски седан. Управувачот е дебел, а индустрискиот дизајн на елементите околу возачот наметнува еден сосем поинаков вид на премиум. Секако, пред возачот се поставени дигиталните инструменти (поставени на екран со дијагонала од 12.9 инчи), кои пак се споени со дигиталниот екран (дијагонала од 14.9 инчи) наменет за инфозабавните функции и навигацијата. Под нив на централниот гребен меѓу возачкото и совозачкото седиште е кристалниот контролер за iDrive уредот, како и селекторот за пренос. Околу целата кабина се проткајува современо амбиентално осветлување, а во целата кабина преовладува чувство на квалитет и луксуз. Во однос на технологиите, немаме никакви забелешки. Тука е одличниот систем за надградена реалност кој на екранот пред возачот во реално време проектира насоки за навигацијата, а тука се и безмалку безброј системи за асистенција и паркирање. Немаме никаква забелешка ниту за просторот на задната клупа. Дури и повисоките патници комфорно ќе се сместат и нема да им недостасува простор ниту за нозете, ниту за главите – па комфорно ќе патуваат и кон подалечни дестинации. Во однос на багажниот простор – новата Петка е во рамките на очекувањата за сегментот. Багажникот е достапен преку прилично голем отвор, а на располагање ќе имате капацитет од 520 литри. Доколку е потребно, задната клупа се преклопува со повлекување на рачки поставени во багажникот. Поврзано: Flow Nostokana е најновата арт инсталација на BMW и Esther MahlanguМоќен и ефикасен турбодизел со 197 коњски сили Океј, сега е време да зборуваме за моторот. Да, дизелот. Под предниот поклопец се крие 2-литарски турбодизел со лајт-хибридна компонента кој испорачува вкупно 197 коњски сили при 4000 вртежи во минута и одлични 400 Nm во распон од 1500 па сè до 2750 вртежи во минута. Надолжно поставениот мотор ја испорачува силата кон задните тркала преку Steptronic автоматски менувач со 8 степени на пренос, а резултат на сето тоа е спринт до 100 километри на час за 7.3 секунди и максимални 228 километри на час. И интересното е дека моторот сосем лесно го задвижува големиот баварски седан – и покрај масата од нешто над 1800 килограми. Тоа е особено изразено во Sport режим на работа, каде одизвот на притискање на педалата за гас е подиректен и побрз. Потрошувачка? Возете како сакате, просечната потрошувачка нема да надмине 7.5 литри на 100 изминати километри. На автопат е и значително пониска. Кога сме кај Sport режимот – не само што одзивот на педалата за гас е подобар, туку и управувањето добива повеќе отпор, а со тоа се подобрува прецизноста. Од свиок во свиок, Серијата 5 успешно ги крие димензиите и килограмите и јасно ги истакнува своите гени. Суспензијата не дозволува навалување, а од друга страна влева доверба во можностите на големиот седан. Серијата 5 одлично крстосува на автопат, но во свој елемент е на кривулест пат со долги свиоци И вистината е дека Серијата 5 е комфорен и мирен крстосувач, подготвен лесно да помине стотици и илјадници километри без никаков приговор. Од друга страна, лесно се снаоѓа во градскиот метеж, каде успева безмалку беспрекорно да ги исфилтрира и помалите и поголемите дупки од нашите улици. Но каде е навистина во својот елемент? Би рекле на кривулест пат со долги свиоци, каде може да игра баварски балет од свиок во свиок без воопшто да се вознемири или да изгуби рамнотежа. Беспрекорно контролираната каросерија Ве охрабрува да возите посамоуверено и да ги истражувате границите. А границите? Не е лесно да се достигнат, но во оној момент кога ќе претерате, ќе добиете контролирано надуправување – како што и му прилега на спортски седан. Поврзано: Серијата 4 на BMW добива освежување И сега, зошто сметаме дека дизелот е вистинскиот избор? Па, во основа – ваквиов мотор му прилега на еден ваков седан. Моторот работи исклучително рафинирано и не пренесува никакви вибрации во кабината – како што и очекуваме за еден премиум седан. Од друга страна, моторот е доволно моќен и доволно економичен за безмалку сите потреби и поминување 1000 километри на отворен пат со полн резервоар не би требало да биде никаков проблем. А Серијата 5 припаѓа на отворен пат. Новата Серија 5? Па таа Серија 5! Серијата 5 секогаш била уверлива и секогаш била на самиот врв на својот сегмент. Германските производители се натпреваруваат во тоа кој ќе понуди повеќе технологии, но вистинските гени кога-тогаш излегуваат на виделина. А новата Серија 5? Па таа е Серија 5. Спецификации Модел: BMW 520d M Sport Мотор: 2-литарски турбодизел, 4 цилиндри Моќност: 197 коњски сили / 4000 вртежи во минута Вртежен Момент: 400 Nm / 1500 – 2750 вртежи во минута Менувач: Автоматски Steptronic, 8 брзини 0-100 км/ч: 7.3 секунди Максимална Брзина: 228 километри на час Должина: 5060 mm Ширина: 1900 mm (без странични ретровизори) Висина: 1515 mm Тежина: 1830 килограми Меѓуоскино Растојание: 2995 mm Багажен Простор: 520 литри Потрошувачка: 7.2 литри на 100 километри (измерена, градска) Цена на основниот модел: BMW 520d – 71.700 Евра Цена на тестираниот модел: BMW 520d M Sport – 94.870 Евра Повеќе Информации: BMW.com.mk Фотографии ShareTweetShare...
ПРЕМИЕРА: BMW го најавува новиот iX3 со Vision Neue Klasse X
Car Club - пред 57 дена
ShareTweetShareNeue Klasse X е вториот Neue Klasse концепт кој BMW го претставува и е вториот од вкупно шест Neue Klasse автомобили кои BMW ќе ги лансира во следните три години. Од BMW кажуваат дека дизајнот на Neue Klasse X е смирен во однос на моменталниот дизајнерски јазик на германскиот бренд. Дали е тоа директен одговор на реакциите на публиката и автомобилските новинари кон моменталните дизајни на BMW? Би сакале да мислиме дека е така. Предниот дел на Neue Klasse X е смирен, со тенки вертикални „бубрези“ кои дефинитивно асоцираат на моделите на BMW од минатото – ако се потсетите на BMW 2002, ќе знаете точно што мислиме. Светлата се тенки и комбинираат хоризонтални и дијагонални елементи, додека долниот дел од браникот е широк и длабок. Профилот добива комбинација од чисти и рамни површини, но и забележливо ниски линии со кои BMW сака да ја потенцира динамичноста. Дополнително, напоменуваат дека аеродинамиката е подобрена за 20% во однос на тековните модели на брендот. На задниот дел вниманието оди кон големите задни светла, нагласениот спојлер и длабокиот заден браник. Сè на сè – нам ни изгледа сосем добро и сега навистина нè интересира како ќе изгледа серискиот модел. Концептот е поставен на најновата генерација на електричен погон на BMW – а тоа ветува подобрена автономија за 30%, но и побрзо полнење. Платформата е поставена на 800-волтна архитектура, која пак овозможува навистина брзо полнење. BMW ги потенцира четирите нови „супер-мозоци“ кои самите ги имаат развиено и кои нудат од 10 пати повеќе процесорка моќ. Меѓу другото, овие супер-мозоци (добро де, контролни единици) ќе управуваат со погонот и со автономното возење. Поврзано: Flow Nostokana е најновата арт инсталација на BMW и Esther Mahlangu Во кабината забележуваме копчиња поставени на управувачот (кој BMW го нарекува HyPerson X) со кои ќе се контролираат функционалностите, а iDrive контролерот заминува во пензија. Во ентериерот се користени обновливи материјали, рециклирани пластики и слично – дури 30% од пластиките во кабината се направени од отфрлени рибарски мрежи! Новиот Panoramic Vision систем проектира информации на ветробранското стакло директно во полето на поглед на возачот, а тродимензионалниот хед-ап дисплеј може да проектира информации за навигацијата, асистенцијата во возењето, итн. И што значи сето ова? Во суштина – ова е новиот iX3 (и потенцијално, поконвенционален X3 кој би требало да има и поконвенционален дизајн) кој треба да пристигне следната година. Иднината на BMW изгледа навистина интересно! ShareTweetShare...
VW ID.Buzz GTX е спортски електричен микробус!
Car Club - пред 57 дена
ShareTweetShareПосле лансирањето на ID.3 GTX, ID.4 GTX, ID.5 GTX и ID.7 GTX Tourer, следува најновото спортско издание од линијата GTX на Volkswagen. Како и кај другите GTX модели, ID Buzz GTX добива редизајнирани браници, нова решетка и впечатлива црвена боја. Тука се и ексклузивните 19-инчни тркала, а како опција се нудат и два комплети од 21 инч. Останатите детали кои го издвојуваат од стандардната верзија се долните светла во форма на бумеранг, темните акценти и спортските седишта. ID.Buzz GTX доаѓа стандардно со два мотори и погон на сите тркала. Клиентите можат да изберат од верзијата со стандардно меѓуоскино растојание и батерија од 79 kWh и моделот со подолго меѓуоскино растојание, кој доаѓа со помоќната 86 kWh батерија. Максималната моќност на полнење зависи од батеријата бидејќи помалиот пакет поддржува 185 kW додека надградениот пакет поддржува полнење до 200 kW. На основната батерија и се потребни приближно 25 минути за полнење од 10 до 80 проценти, додека на поголемата и треба нешто помалку од 30 минути. Во внатрешноста, семејниот транспортер добива 12,9-инчен екран на допир, нов опционален head-up дисплеј и осветлени лизгачи остеливи на допир за клима уредот и мултимедијалниот систем. Во моделот со подолго меѓуоскино растојание вграден е најголемиот панорамски покрив досега во возило на Volkswagen и истиот има опција со еден допир да се претвора од непроѕирен во проѕирен и обратно. Вкупната моќност од 335 коњски сили му овозможува на возилото да забрза до 100 км/ч за 6.5 секунди и да достигне максимална брзина до 159 километри на час. Европскиот ID. Buzz GTX ќе се појави во изложбените салони ова лето. Поврзано: ID.3 GTX е првиот електричен хот хеч на Volkswagen ShareTweetShare...