Во Скопје денеска ќе се одржи првиот „Dog Fest”
Бизнис вести - ново
Во Скопје денеска ќе се одржи првиот „Dog Fest” 18/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Сите љубители на кучиња денеска имаат можност да се дружат на првиот „Dog Fest” што ќе се одржи во Скопје. Настанот ќе почне во 12 часот и ќе трае до 16 часот, а организаторите најавуваат забавни игри за милениците и едукација на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња. „Dog Fest” ќе се одржи во „Hera Happy friendly dogs”, спроти црквата Пантелејмон во Долно Нерези. Целта на настанот е да се подигне свеста за милениците и за одговорното сопствеништво. – Добредојдени се сите сопственици заедно со нивните кучиња, а влезот е бесплатен, велат организаторите. бак/ев/ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-18 Zoran Popov...
Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“
Бизнис вести - ново
Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“ 18/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле низ скопските улици со намера да ја подигнат свеста за машкото здравје и превенцијата од рак на простатата како дел од глобалното движење „The Distinguished Gentlmens Ride“ што се одржува во 959 градови низ светот. Годинава, на светско ниво ќе учествуваат 90. 000 мотоцикли од 105 држави. Скопје е дел од ова движење од 2016 година, а еден од организаторите Игор Стефановски во изјава за МИА, вели дека се горди што веќе девет години ова движење опстојува во нашата држава. Годинава, се очекува низ скопските улици да продефилираат околу 170 учесници, меѓу нив и доктори, професори, личности од јавниот живот, кои, како и секоја година, ќе донираат средства за фондацијата „Мовембер“ во Лондон за борба против рак на простатата. – Форматот на овогодинешното Скопско издание на „The Distinguished Gentlmens Ride“, останува истоветен како и претходните едиции, односно 170-те учесници за стартна позиција повторно ќе го имаат строгиот центар на градот (точната локација ја знаат само учесниците и организаторот поради безбедносни причини). Блескавиот караван и оваа година ќе се движи по улиците и булеварите низ централното градско подрачје, со обид да ја пренесе пораката за преглед и превенција од ракот на простата. Овогодинешното Скопско издание повторно предизвика огромна заинтересираност кај учесниците, а бројката од близу 170 дотерани мотоциклисти го собори минатогодишниот рекорд. Оваа година, Скопската едиција на „The Distinguished Gentlmens Ride“ ги надмина градските и државните граници, па така на Скопските џентлмени им се придружуваат Господа и Дами и од останатите градови од Македонија, а повторно ги очекуваме и гостите од Косово, вели Стефановски за МИА. Учесниците на дефилето ќе бидат облечени во елегантен дрес код – палто, вратоврска, елек, елегантни чевли и кацига за безбедност. Глобалното движење почна во Синдеј во 2012 година на иницијатива на Марк Хава кој заедно со своите пријатели продефилира низ улиците на градот во чест на неговиот пријател кој починал од рак на простатата. Оттогаш движењето станува секоја година помасовно. Од основањето на „The Distinguished Gentlmens Ride“ досега собрани се 50,2 милиони долари на светско ниво кои се донираат во институции и болници кои се фокусирани на борбата за заштита на машкото здравје и борбата против рак на простатата. бак/ев/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-18 Zoran Popov...
Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот
Бизнис вести - пред 45 минути
Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот 18/05/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Најуспешните жени менаџерки од земјава и регионот ќе бидат наградени денеска на манифестација што по 28-ми пат ја организара „Марили“. Годинава, ќе бидат наградени и ќе добијат статуетка „Жена водилка“ 13 менаџерки, од кои 10 се од земјава, а три од Србија и Хрватска. Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на мецосопранот Александра Коцевска и придружникот на пијано, Глигор Гелебешев. – Целта на манифестацијата, покрај ревијалниот карактер е поттик за идните млади генерации, особено девојки, да се охрабрат, да веруваат во себе, и со знаење, постојано надградување и чесност да чекорат бодро низ сите животни предизвици и да успеваат на сите полиња. Секако, нивната борба за родова рамноправност во општетсвото и бизнисот да им биде водилка низ животниот век , за бидат пример и поттик за генарациите кои доаѓаат по нив, наведуваат од „Марили“. Манифестацијата „Избор на најуспешни жени“ преку својот Марили Бизнис Клуб спојува над 150 жени менаџери кои соработуваат, се вмежуваат, охрабруват, организираат хуманитарни настани, но и ги поттикнуваат младите девојки и жени да влезат и да се остварат во бизнис сферата. Годишните лауреатки се Катерина Бошевска – генерален директор на ЕОS Македонија и EOS Косово, Жанета Бадаровска Ѓорѓиевска – генерален менаџер на Камел 98 – Виница, Евгенија Ѓорѓиеска – извршен менаџер на Ламинати КОМ Доо – Прилеп, Цветанка Илиева – генерален менаџер на Бистро Груп ДОО – Гевгелија, Ирена Јакимова – генерален менаџер на Инспирит Коучинг- Скопје, Јелисавета Георгиева Јовевска – потпретседател на СКСМ, Клаудија Лутовска – генерален менаџер на Сеттим Консалтинг – Битола, Марија Патриклиска – менаџер за човечки ресурси ЕАМ ДОО – Штип, Маја Наумовска Савеска – директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД – Скопје, Весна Ставрова генерален менаџер на ПЗУ Аптека „Сара Фарм“ – Скопје, Сања Путица – менаџер за односи со јавност и инвеститор во Атлантска пловидба д. д – Хрватска, Дариа Шуриќ – генерален менаџер на DarMell – Хрватска и Зорана Пејчиќ – генерален менаџер и претседател на ИО на Дунав Реосигурување – Србија. „Марили“ денеска го организира и третиот регионален бизнис форум посветен на екологијата, здравата храна и циркуларната економија. Тема на годинашниот „Марили Бизнис форум“ е „Екологија и здрава храна – фактори за одржлив развој“. Модераторите, како и панелистите кои доаѓаат од македонски и регионални компании, во три панел сесии ќе се обидат да дадат одговори на многу прашања и да понудат нови идеи и решенија. Вовед во сесите ќе биде анализата за „Климатските промени и зеленото кредитирање од перспектива на Народната банка“. Првата панел сесија е насловена „Циркуларна економија – нови бизнис модели и практики, втората е посветена на „Здрава храна – тренд или предуслов за здрав живот и економски развој, а третата е насловена „Автоматизација и дигитализација во областа на човечките ресурси“. са/ев/Фото: Марили . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-05-18 Zoran Popov...
Изгласана новата Влада на Хрватска
Бизнис вести - пред 10 часа
Изгласана новата Влада на Хрватска 17/05/2024 СВЕТ По десетчасовна дискусија, хрватскиот Сабор ја изгласа третата влада на Андреј Пленковиќ, поранешен и иден премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ). За Владата формирана од ХДЗ со десничарското движење Татковина, а во која нема претставник на српското национално малцинство гласаа 79 пратеници, 61 беа против, а еден воздржан. На денешната седница присуствуваа 141 пратеник. Новата влада наместо досегашните 16 министерства ќе има 18, а три ќе му припаднат на Татковинското движење кое ги доби министерствата за земјоделство, економија и новооснованото министерство за демографија. Владата ќе има седум потпретседатели, од кои еден е од ДП. Пленковиќ синоќа до Собранието го достави списокот на министри и програмата на новата влада, во која беше наведено дека приоритетите на новата влада се успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска. Меѓу другото, како цели се наведени растот на просечната плата од сегашните 1. 250 евра на 1. 600 евра и поттикнување на отворање на 125. 000 работни места. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Тројца странски туристи и еден Авганистанец убиени од вооружени лица во Авганистан
Бизнис вести - пред 10 часа
Тројца странски туристи и еден Авганистанец убиени од вооружени лица во Авганистан 17/05/2024 СВЕТ Тројца странски туристи и еден Авганистан се убиени денеска од вооружени лица во централен Авганистан, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи. Портпаролот на полицијата изјави дека четири лица се уапсени. Светските агенции наведуваат дека не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот. рп/Фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Села: Треба да се почитува волјата на народот и за Влада да преговараат мандатар со победник
Бизнис вести - пред 10 часа
Села: Треба да се почитува волјата на народот и за Влада да преговараат мандатар со победник 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села изјави дека со приговорите до ДИК се прави изборен инженеринг од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Вреди за да се намали бројот на пратеници на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, во која учествува и крилото на партијата АА што тој ја предводи. -Дека се работи за изборен инженеринг, тоа е повеќе од јасно. Ако се види во кои изборни места се поднесени жалби и каде се повторува, повеќе од јасно е дека се направи изборен инженеринг и закрупнување на македонските политички сили, ВМРО и СДСМ заедно со Вреди ги повторуваат изборите во изборното место во родното место на Билал Касами. Во изборно место каде Вреди има победено со 3 на 1 наспроти „Европскиот фронт“ и каде што немаат никаков доказ за да се повтори, рече Села во интервју за емисијата „Трилинг“ на ТВ24. Според него, треба да се почитува „демографската реалност во Македонија“ и дека право да состави Влада има мандатарот и победникот на изборите. Народот на 8 мај, како што рече, гласаше за „Европскиот фронт“ да преземе одговорности и да биде на власт, а „за друг гласаше кој да биде во опозиција“. -Погрешна е дефиницијата победник со победник и нема логика бидејќи победникот од македонската страна е дефиниран со Устав и со закон, добива мандат. Дефиницијата треба да биде мандатар со победник и да преговараат за да состават Влада, за да се испочитува демографската реалност. За да има стабилност и да одиме напред, треба да се испочитува волјата на втората по ред етничка заедница во државава, која не е мала, туку е 30 отсто наспроти 54 отсто колку што се Македонците, според последниот попис на населението, рече Села. На прашањето како коалицијата „Европски фронт“ ќе се однесува како идна опозиција, одговори дека тоа е желба на Мицкоски, но дека треба да се почитува желбата на граѓаните. -Како последица на тоа како ќе биде решено, и ние ќе се однесуваме сразмерно на тоа што ќе биде решено. Не сакам да коментирам желби. Од друга страна, уште од ДИК не се објавени мандатите крајни, кој колку има, уште господинот Мицкоски не е мандатар, зборувам од формално-правен аспект, додаде Села. Според него, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го почнала мандатот со „дипломатски инцидент“. Тоа не е добро за државата, рече, зашто повторно се отвораат проблеми со соседите наместо да се напредува кон ЕУ, а по изборот на таа функција „ личнитеставови повеќе не се важни“. Смета и дека Јован Митревски, претседателот на Собранието, требало „да инсистира да се почитува Уставот на Северна Македонија“ за време на свечената заклетва. Во врска со најавата на Сиљановска-Давкова во кампањата дека ќе ги помилува обвинетите во случајот „27 април“, Села не се согласува и одговори дека тоа би било голема грешка затоа што „тие луѓе заслужено се таму каде што се и не треба да има помилување на такви луѓе кои си зеле за право да го уценат уставниот поредок на државата“. хс/са/ Фото: Принтскрин / Трилинг . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Во Санкт Петербург седум повредени при експлозија на муниција од Втората светска војна
Бизнис вести - пред 10 часа
Во Санкт Петербург седум повредени при експлозија на муниција од Втората светска војна 17/05/2024 СВЕТ Седум војници се повредени денеска во експлозија на муниција од Втората светска војна на територијата на Академијата за воени комуникации во Санкт Петербург, именувана по маршалот на Советскиот Сојуз С. М. Буџоно, соопшти прес-службата на воениот округ во тој град. Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила при чистење на подрумот, при истовар на ѓубре во контејнерот, кога детонирала муниција од Втората светска војна, пренесуваат руските медиуми. Сите повредени се пренесени во медицинската установа на Министерството за одбрана на Русија. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
Бизнис вести - пред 10 часа
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати 17/05/2024 СВЕТ Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вечерва изјави дека причина за судирот на патничкиот и товарниот воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, во кој нема жртви е човечки фактор. Српскиот министер за за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека 13 патници се повредени, од кои четворица се пренесени во Ургентниот центар. „Гарнитурата на Беовоз помина низ заштитното светло и удри во товарниот воз кој чекаше дозвола да се движи кон станицата Овча“, изјави Весиќ. Дачиќ пред новинарите изјави дека во несреќи како оваа често има жртви и дека е вистинска среќа што во денешниот судар нема загинати и сите патници се симнале од возот. „Најважно е дека нема загинати“, изјави Дачиќ за новинарите. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Здружението на судии изразува загриженост за изјавите на поединци со кои директно или индиректно се врши притисок врз судиите
Бизнис вести - пред 10 часа
Здружението на судии изразува загриженост за изјавите на поединци со кои директно или индиректно се врши притисок врз судиите 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Здружението на судии во врска со денешната реакција на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се наведува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување. -Припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување. Таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите, посочуваат од Здружението на судии. Во соопштението се оценува дека обвинувањата кон претседателот на Управниот суд се неосновани и даваат целосна поддршка на колегите од овој суд. -Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и европскиот просперитет на земјата, наведуваат од Здружението на судии. ев/са/ФОТО: МИА Архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Ердоган: Црноморската иницијатива за жито спречи глад во Африка
Бизнис вести - пред 10 часа
Ердоган: Црноморската иницијатива за жито спречи глад во Африка 17/05/2024 СВЕТ Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека без спроведување на црноморската иницијатива за жито во многу земји во Африка ќе имало глад, објавија турските телевизии ТРТ-Хабер и Си-Ен-Ен-Турк. Тој говореше на настан на турската земјоделска банка Зираат, најавувајќи многу нови мерки за поддршка на земјоделците во Турција. Ердоган посочи дека во 21 век главната борба меѓу земјите „ќе биде за земја, вода и храна“, а знаците на овој процес, како што рече, веќе се видливи. „Да не беше црноморската иницијатива за жито реализирана благодарение на напорите на Турција, ќе имаше глад во многу региони, а особено во африканските земји, рече тој, додавајќи дека Турција не дозволи ситуацијата да излезе од контрола и обезбеди безбеден транспорт на вкупно 33 милиони тони жито низ неговите теснеци. Ердоган ги критикуваше западните земји за нивната политика во Африка, каде што, како што рече, поради минералите, Западот „ги раселува луѓето, започнува граѓански војни, ги поддржува диктаторите, организира државни удари“. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва
Бизнис вести - пред 11 часа
Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва 17/05/2024 СВЕТ Шведската полиција денеска соопшти дека ја зголемила безбедноста околу израелскиот имот во Шведска, по пукањето претходната ноќ во близина на Израелската амбасада во центарот на Стокхолм. „Поради сомнително пукање во близина на Израелската амбасада во Стокхолм, полицијата презеде безбедносни мерки (за да го заштити) израелскиот и еврејскиот имот и нивните интереси низ целата земја“, се вели во соопштението. Шведска полициска патрола рано утринава околу 02:00 часот слушнала истрели во близина на израелското дипломатско претставништво. Полицијата ја опколи областа и рано утрината изврши серија претреси во различни населби на Стокхолм. Отворена е истрага поради тешко кршење на законот за оружје. Неколку лица се приведени и пуштени по распит. „Внимателно ја следиме тековната шведска истрага за пукањето пред Израелската амбасада во Стокхолм“, напиша израелскиот амбасадор во Шведска, Жив Нево Кулман на платформата Икс. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
Бизнис вести - пред 11 часа
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви 17/05/2024 СВЕТ Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е „посветен“ на враќање на преостанатите заложници дома, откако претходно денеска беше објавено дека израелските сили ги пронашле телата на тројцата заложници киднапирани од палестинската милитантна група Хамас. Тој истакна дека неговото срце е „скршено“ од веста дека се пронајдени телата на Јицак Гелерентер, Амит Бускил и Шани Лук, пишува „Тајмс оф Израел“. „Мојата сопруга Сара и јас тагуваме со семејствата. Ќе ги вратиме сите заложници – и живи и мртви. Им честитам на нашите храбри сили кои со решителна акција ги вратија нашите синови и ќерки дома“, рече Нетанјаху. Претходно денеска портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари изјави дека се пронајдени телата на тројцата заложници киднапирани на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на кибуцот Реим утрото на 7 октомври, од каде биле однесени во областа Мефалсим. Хагари вели дека таму биле убиени од членови на Хамас, а нивните тела потоа биле префрлени во Газа. Меѓу пронајдените тела на заложниците е и телото на германско-израелската државјанка Шани Лук (22), која стана симбол на бруталниот напад на Хамас на музичкиот фестивал. Војската ги идентификуваше другите две тела на 28-годишната Амит Бускила и 56-годишниот Јицак Гелерентер. рп/Фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Стопанска комора и Македонија 2025: Имаме заедничка визија – да создадеме посилни бизниси и подобро деловно опкружување
Бизнис вести - пред 16 часа
Стопанска комора и Македонија 2025: Имаме заедничка визија – да создадеме посилни бизниси и подобро деловно опкружување 17/05/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска, по средбата со раководството на Македонија 2025, уште еднаш повика на обединување меѓу сите релевантни фактори во државата, но и на заедничко, практично делување за економски просперитет. Повторно укажа на потребата од подигнување на степенот на владеењето на правото и на пазарната економија, како и на запирање на сивата економија, но ја потенцира и важноста од подобрување на образовниот систем. Најави прецизни, јасни акции и заеднички проекти со бизнисот од дијаспората, а врвен приротет, рече, ќе биде дигитализацијата на општеството. Потребни се, рече Азески, професионализам, упорност, прифаќање на добрите искуства, регионализација и инкорпорирање во интеграциските системи. Според него, имаме доволно искуство и знаење, но грешката е во тоа што земјава цело време се потпирала на надворешни решенија. Северна Македонија, додаде, мора да биде самоуверена дека може да стане држава од европски, светски тип. -Самоувереноста, одговорноста и вербата во себе се трите волшебни зборови што и се потребни на државата за да успее во наредниот период. Дајте уште еднаш да се обединиме на заедничка платформа и заеднички приоритет за да направиме нешто подобро за државата. Мислам дека имаме доволно искуство и знаење, а Стопанската комора ќе го води процесот што го почна и ќе биде упорна да докаже дека тоа е можно со многу професионализам, упорност, одбивање на лошите и прифаќање на добрите нешта и регионализација, инкорпорирање во интеграциските системи кои ќе создадат за компаниите и бизнисите поголем простор за развој и за покажување на својата способност, истакна Азески, одговорајќи на новинарски прашања по работната средба со раководството на „Македонија 2025“. Пред две години, потсети, Комората понуди платформа која беше поддржана од 314 најрелевантни субјекти. -Сега е време на имплементација и треба да издржиме на тој пат. Тоа значи дека мора да се работи итно на воведување односно инсталирање на правната држава. Таму каде што не можеме треба да побараме поддршка од западните партнери. Треба да се работи на воспоставените пазарни принципи и секој да почне да се однесува одговорно во извршувањето на своите активности, рече Азески. Со дијаспората, дополни, ќе се работи на заеднички проекти кои се од круцијално значење за државата. -Ќе се работи и со инвеститори кои можат да го поттикнат економскиот раст што е доста слаб во изминативе 30 години. На едукативен план ќе го зголемиме енормно учеството за менаџери на извршни позиции на реномираните институции во Америка како би го поттикнале домашното менаџерство да придонесе и да се вклопи во меѓународните стандарди. Тука веќе имаме искуство од Македонија 2025 кое е значајно и ќе го искористиме во натамошниот период, рече Азески. Според извршната директорка на Македонија 2025, Никица Мојсовска Блажевски, соработка со домашниот бизнис е голема. -Македонија 2025 и Стопанската комора делат многу силна јасна заедничка визија, идеологија, а тоа е да имаме посилни бизниси, да имаме подобро деловно опкружување и да создадеме атмосфера во која бизнисите ќе растат, ќе отвораат нови работни места, ќе растат платите, а со тоа и државата ќе оди напред и ќе стигнеме до она што е посакувана дестинација на секој од нас, а тоа е повисок животен стандард, рече Мојсовска Блажевски. На денешната средба во Комората е договорена конкретна соработка во делот на професионалниот развој, подобрувањето на образовниот систем, дигитализацијата и поддршката на дијаспората, односно искористување на капацитетот, знаењето, контактите, можностите за лобирање на дијаспората во насока на побрз економски развој-Сите се согласуваме дека ставки на економски раст под 5 проценти нема да не однесат до посакуваната дестинација. Значи, заедно треба сите да работиме да постигнеме економски раст над 5 отсто и што е можно побрзо да го зголемиме животниот стандард. Така ќе привлечеме, се надевам, и наши од дијаспората да се вратат тука да живеат, да работат, да инвестираат, меѓутоа исто така и сите ние да живееме подобро и да имаме подобар квалитет на животот, подвлече Мојсовска Блажевски. мч/дма/фото/видео: МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-05-17 Zoran Popov...
Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР
Бизнис вести - пред 16 часа
Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес ја посети Хеликоптерската единица за посебни намени и Хеликоптерската единица за полициски намени кои функционираат во рамки на Одделот за воздухопловни единици, соопшти МВР. Во рамки на посетата од страна на раководството, министерот беше запознаен со структурата, делокругот на работа, како и специфичните проблеми со кои се соочени како на краток, така и на долгорочен план, а беа презентирани и опремата и хеликоптерите со кои располага Министерството за внатрешни работи. – Во моментот Одделот е целосно подготвен да одговори на различни предизвици како што се гасење на пожари, спасувачки мисии, превоз на ВИП личности, носење на подвесен товар, како и медицински транспорт. Главен проблем е недостатокот на пилотски и технички кадар кој е многу специфичен и редок на пазарот на труд и што е можно поскоро треба да се преземат сериозни мерки и реформи во насока на надминување на овој проблем со цел да не се доведе во прашање функционирањето и постоењето на оваа многу важна организациска единица. Исто така, хеликоптерите кои ги поседува МВР се технички застарени и сè потешко станува нивното сервисирање, поради што неминовна е потребата од сериозна набавка на нови хеликоптери со што ќе се направи и унификација на флотата заради поефикасно и поекономично функционирање во иднина, согласно меѓународните стандарди и технолошки дострели кои наоѓаат широка примена во современото полициско постапување. Од тие причини потребно е да се направи темелна анализа и да се преземат соодветни стратешки чекори насочени кон долгорочно зајакнување и зголемување на полициските капацитети во овој дел, истакна министерот Тошковски од денешната посета. са/дма/Фото: МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Во Берово реализирана голема еколошка акција „Генералка викенд“
Бизнис вести - пред 16 часа
Во Берово реализирана голема еколошка акција „Генералка викенд“ 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Во Берово денеска се реализираше голема еколошка акција „Генералка викенд“. Целта на спроведената акција, како што информираше градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, е зголемување на еколошката свест преку поголема одговорност и сериозна грижа за животната средина од страна на институциите. -Акцијата е организирана преку заедничко партнерство на Општина Берово, Пивара Скопје, ПАКОМАК и МЕН ЕНД МАУНТЕН, а се вклучија и волонтери на „Црвен крст“ на Македонија. Во акцијата се вклучија училишта и институциите на локално ниво. Се чистеше на повеќе локации во градот, при што сите заеднички барем малку придонесовме за поздрава и позелена иднина. Целта на акцијата е да се собере што е можно повеќе отпад и да се подигне свеста на населението кон грижа за животната средина, истакна Пекевски. За самите учесници вакците акции иако се ретки се вистинска можност за реализирање теренски иницијативи за подобрување на екологијата во градот. -Сметам дека оваа акција за чистење е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест, за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина, истакна учесник во акцијата, Еколошката акција „Генералка викенд“ е поддржана и од општествено одговорни компании: EVN, Нула отпад, Мак Стил, Бучим, БИ Милк, Костал и Шпаркасе Банка. вс/мд/Фото: МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на ОН
Бизнис вести - пред 16 часа
Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на ОН 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации. На средбата, упатувајќи честитки за изборот на претседателката Сиљановска Давкова, координаторката на ОН, Дуџак, ја истакна одличната институционална соработка, на сите нивоа и области, во реализацијата на активностите и проектите поддржани од меѓународната организација, соопшѕо кабинетот на Сиљановска Давкова. Претседателката изрази задоволство од исклучителниот придонес на Обединетите Нации во нашата европска интеграција и континуираната поддршка за земјата и за граѓаните. Taa ги истакна приоритетите на својот мандат кои во голем дел се совпаѓаат со активностите на агенциите на Обединетите Нации кои се спроведуваат или се планираат во земјава. Двете соговорнички разговараа за спроведувањето на рамката за соработка 2021-2025, како главен стратешки документ што ја утврдува работата на системот на ОН во земјава, а во согласност со националните развојни приоритети, меѓународните човекови права, обврските за родова еднаквост и Агендата 2030. са/дма/Фото: Кабинет на Претсеадтел на РСМ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?
Бизнис вести - пред 16 часа
В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“? 17/05/2024 МАРКЕТИНГ, ПРЕТПРИЕМНИШТВО В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse Life Прв до врв“ – најмасовното планинско искачување во регионот, во организација на здружението за спорт и рекреација „ПРВ ДО ВРВ“ и Шпаркасе Банка АД Скопје, како главен спонзор. На овој традиционален спортски настан на Водно ќе се натпреваруваат 4.000 велосипедисти, планинари и рекреативци, како и професионални спортисти во планинско трчање, планински и друмски велосипедизам, e-bike (електрични планински велосипеди) и Summit Run (team-building трка за компании), што е досега и рекорден број учесници. Настанот започнува во 9:00 ч. со пристигнување и подготовка за старт. Во 9:45 ч. почнува стартот на велосипедски трки, додека во 10:00 ч. стартот на трката во планинско трчање. По пристигнување на учесниците на врвот на Водно, во 10:30 ч. започнува традиционалниот пикник со музичка програма со диџеј Вито и бендот „Session Selection“, а веднаш потоа ќе следува и церемонија на прогласување на најдобрите. Главниот покровител на настанот, Шпаркасе Банка, ќе има интерактивен „лаунџ корнер“, како и награди за посетителите, а обезбеди и награден фонд во износ од 1.000 ЕВРА што ќе ги освојат и ќе ги поделат сите оние што ќе урнат еден од шесте рекорди во трките за планинско трчање, друмски велосипедизам и планински велосипедизам, и кај мажите и кај жените. Годинава новитет се новите медали воведени за различни возрасни категории, и тоа: деца до 12 години, деца до 16 години, возрасни од 40-49, возрасни од 50-59, возрасни од 60-69 и возрасни 70+. Шпаркасе Банка АД Скопје, преку платформата Sparkasse LIFE, е интензивно фокусирана на промоција на спортот и на здравите животни навики, и во тој правец, веќе втора година по ред, е главен спонзор, a манифестацијата го носи називот „Sparkasse LIFE ПРВ ДО ВРВ“. Преку платформата „Sparkasse Life“, Шпаркасе Банка продолжува интензивно да поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред. Банката останува посветена на визијата да биде водечка по квалитетот на банкарските услуги, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените. Воедно, им посакува среќа на сите пријавени учесници и им порачува да веруваат во себе и во силата на тимот како предуслов за успех, а оттаму да си заминат со убави спомени и со нови пријателства. 2024-05-17 Toni Ivanoski...
Таравари: Наредна недела ќе има договор за нова влада
Бизнис вести - пред 16 часа
Таравари: Наредна недела ќе има договор за нова влада 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари очекува до крајот на идната недела да се постигне договор околу идната влада. Тој на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека, владее позитивна атмосфера помеѓу работните групи на ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ. – Се надевам дека до крајот на идната недела ќе имаме завршен договор со програма на Владата и со распределба на ресори, односно кој и каде ќе биде како министер. Ние како претседатели на партии сме имале две средби, понатаму интензивно работат работните групи, се надевам до понеделник ќе излеземе со заедничка програма, а до петок ќе имаме завршен договор меѓу ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ, практично договор за нова влада, изјави Таравари. Тој испрати и порака до претседателот на Управниот суд кого јавно го посочи дека вршел притисок врз судиите при одлучувањето во предметите поврзани со изборните нерегуларности. – Јас би му испратил порака на претседателот на судот да размисли дека не е убаво да се врши притисок врз судиите. Времето кога можеа да вршат притисоци веќе помина и ќе има нова влада којашто нема да дозволува вакви притисоци врз одлуките, рече Таравари и појасни дека судот треба да донесе правична одлука. згм/сст/фото МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Санчез: Шпанија ќе ја признае Палестина само во заедничка акција со други земји
Бизнис вести - пред 16 часа
Санчез: Шпанија ќе ја признае Палестина само во заедничка акција со други земји 17/05/2024 СВЕТ Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска изјави дека Мадрид ќе ја признае палестинската држава само како дел од заедничката акција со другите земји. Во интервју за ТВ станицата „Ла Секста“, Санчез ги негираше и информациите дека Мадрид ќе ја признае Палестина на 21 мај, пренесуваат британските медиуми. Тој претходно изјави дека очекува Мадрид да ја признае Палестина до јули и верува дека наскоро ќе има „критична маса“ во ЕУ што ќе принуди неколку членки да заземат ист став. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на крајот на април изјави дека неколку земји од Европската унија имаат намера да ја признаат Палестина како независна држава до крајот на мај. Во март, Шпанија, Ирска, Малта и Словенија најавија дека ќе работат заедно за признавање на палестинската држава. Меѓу членките на ЕУ, независноста на Палестина ја признаваат и Бугарија, Унгарија, Кипар, Малта, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Шведска. Во моментов, Палестина е призната како независна држава од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации. сд/фото:МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Нови 44 случаи на голема кашлица, вкупната бројка на заболени достигна 597
Бизнис вести - пред 16 часа
Нови 44 случаи на голема кашлица, вкупната бројка на заболени достигна 597 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Од 10 до 16 мај пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица во државава, со зголемување од трипати споредено со претходниот седмодневен период. Заклучно со 16 мај во државава се регистрирани вкупно 597 случаи на голема кашлица, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од новите 44 случаи, пријавени се во рамките на епидемијата во Скопје – 39, па четири случаи од Куманово и еден од Прилеп. Возраста на заболените се движи од три месеци до 77 години, а најголем број случаи се од возрасната група од пет до девет години. Од новите 44 случаи, пет се хоспитализирани. – Дистрибуцијата по пол покажува дека 283 лица се од машки пол, а 314 од женски, пишува во извештајот на ИЈЗ. Од Институтот потсетуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово. Од 18 јануари до 16 мај, дадени се вкупно 47. 982 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица. бд/дма/Фото: МИА архива, ИЈЗ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Андријана Нелкова – Чучук избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика
Бизнис вести - пред 17 часа
Андријана Нелкова – Чучук избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика 17/05/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Андријана Нелкова – Чучук, член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) е избрана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика (ERRA – Energy Regulators Regional Association) со мандат од 2024 до 2026 година, информираат од РКЕ. Оттаму додаваат дека регулатори од 47 земји, од пет континенти учествувале на редовното годишно собрание на кое Нелкова – Чучук е изгласана за претседател на Регионалната асоцијација на регулатори за енергетика ЕRRА. Лидерската функција на Нелкова – Чучук доаѓа по извршување на два последователни мандати како член на претседателството на ERRA. сст/дма/ . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-05-17 Zoran Popov...
Азески: Ако е дадена согласно нашите заложби и во интерес на бизнисот, ќе ја поддржиме изјавата на Мицкоски за „Бехтел и Енка“
Бизнис вести - пред 17 часа
Азески: Ако е дадена согласно нашите заложби и во интерес на бизнисот, ќе ја поддржиме изјавата на Мицкоски за „Бехтел и Енка“ 17/05/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Се надевам дека вчерашната изјава на Мицкоски за „Бехтел и Енка“ е дадена во согласност со нашите заложби за континуитет на правните договори што ги склучила претходната влада и ако се работи за подобрување во интерес на бизнисот, ние ќе ја поддржиме таа работа, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко Азески. Одговорајќи на новинарски прашања по работната средба со раководството на „Македонија 2025“, Азески информира дека „Бехтел и Енка“ се нови членки на Стопанската комора. -Тие беа тука да се зачленат. Разговаравме. Во разговорот беше спомнато дека во пикот на активностите ќе им требаат 4 000 луѓе, ќе бидат ангажирани на сите четири делници на кои ќе работат. Во нашето соопштение тоа беше прецизно истакнато. Тоа значи дека имаат дел работници, дел треба да обезбедат. Имаат време кога ќе е пикот и мислам дека тоа е само една најава. Што се однесува до изјавата на Мицкоски дека ќе има ревизија на договорот, се надевам дека таа е дадена во согласност со нашите заложби за континуитет на правните договори што ги склучила претходната влада и ако се работи за подобрување во интерес на бизнисот, ние ќе ја поддржиме таа работа. Ако не, бараме да се остане на она што е, истакна Азески. Секој што ќе дојде, напомена, ќе биде соодветно пречекан во Комората. -Штом некој решил да дојде, значи дека има потреба за тоа. Ќе ги поддржиме, тие се значајни компании, меѓутоа, ако има проблеми во имплементацијата, ќе процениме каде и што е потребно да направиме. Главно, ќе бидат поддржани компаниите што работат во согласност со законите, ќе бидат санкционирани тие што не работат во согласност со законите и прават прекршоци, рече Азески. Во врска со вчерашната најава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и иден мандатар Христијан Мицкоски за поволен заем од една милијарда евра, претседателот на Комората потенцира дека државата може да се задолжува, но парите треба да се искористат продуктивно. -Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари во Македонија. Али тие пари мора да бидат употребени за продуктивни нешта. Тоа е ставот на Стопанската комора како најголема бизнис асоцијација. Значи, можат и може државата да се задолжува во наредниот период, но само за продуктивни цели. Овие искуства што ги имавме досега не обврзуваат и зборуваат дека на тоа треба да се опстане, подвлече Азески. Мицкоски вчера изјави дека за договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции – да се раскине или да се репреговара. -За договорот со „Бехтел и Енка“ има две опции. Едната е да се раскине договорот и да се оди на арбитража, да платиме стотици милиони евра и да немаме автопат, а втората е да се оптимизира договорот за што веќе имаме почетни разговори, со што би се забрзал и реализирал проектот. Ние сме повеќе за прагматичниот пристап, граѓаните да добијат автопат, но оптимиран, но ваков каков што е, потпишан од оваа влада, за жал, е во одерена мерка неприменлив поради големите правни проблеми, проблеми со експропријација и технички проблеми. Мојата порака е дека како идна влада сакаме да градиме, а не да рушиме, рече Мицкоски. мч/дма/фото/видео: МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-05-17 Zoran Popov...
Претставничкиот дом сака да го казни Бајден за запирање на испораката на оружје за Израел
Бизнис вести - пред 17 часа
Претставничкиот дом сака да го казни Бајден за запирање на испораката на оружје за Израел 17/05/2024 СВЕТ Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон со кој ќе се санкционира администрацијата на претседателот Џо Бајден доколку продолжи да ја блокира испораката на оружје за Израел за војната во Газа. Предлог-законот беше одобрен синоќа со 224 гласа „за“ и 187 „против“, а доколку помине и во Сенатот, ќе го намали буџетот на Министерството за одбрана, Стејт департментот и Советот за национална безбедност доколку Бајден не ја испорача стопираната пратка. Законот, чиј текст ја осудува одлуката на Бајден да ја блокира испораката на бомби во Израел, беше поддржан од 16 членови на Демократската партија. сд/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Постојана и посветена женска поддршка: одржано првото HalkMatinèe во организација на Халкбанк
Бизнис вести - пред 18 часа
Постојана и посветена женска поддршка: одржано првото HalkMatinèe во организација на Халкбанк 17/05/2024 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Во исклучително мотивирачка и позитивна атмосфера и со стотици присутни се одржа првата забава HalkMatinèe што помина во знакот на поддршка на женската финансиска независност и рамноправност. „Three Kitchen & Bar“ беше местото што ги собра сите оние што ја поддржуваат идејата за поддршка на женското претприемништво и финансиската независност на жената. Пред присутните беа презентирани промотивниот пакет на Халкбанк наменет за жени претприемачи, новите дизајни на бизнис-картички за жени Mastercard и креациите од втората едиција на „Фустани со џебови“. А, освен тоа, беше воден и инспиративен разговор со Јана Клопчевска, Александра Бела Белчева и Ивона Трајановска, кои како успешни претприемачки ги споделија личните искуства, предизвиците и успесите во водењето на сопствените бизниси. Уникатните креации – фустани со џебови на македонските модни креатори/-ки Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Наталија Терзија и Марјан Бебекоски беа изложени и достапни за продажба, а сите средства собрани од продажбата ќе бидат донирани во интервентниот фонд на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Останатите фустани, кои се дел од оваа донациска активност, сè уште може да се погледнат и да се купат со само неколку клика на: https://portret.digital/product-category/shop/. Погледнете дел од атмосферата на првото издание на HalkMatinèe: 2024-05-17 Toni Ivanoski...
Израел бара од ИЦЈ да го отфрли барањето на ЈАР за повлекување од Појасот Газа
Бизнис вести - пред 18 часа
Израел бара од ИЦЈ да го отфрли барањето на ЈАР за повлекување од Појасот Газа 17/05/2024 СВЕТ – Израел денеска пред Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) ја бранеше офанзивата врз Рафа, истакнувајќи дека дејствува во самоодбрана против борците на Хамас и побара од судијата да го отфрлат барањето на Јужна Африка да се нареди повлекување од Појасот Газа. Претставникот на израелското Министерство за правда Гилад Ноам го оцени случајот на Јужна Африка, кој го обвинува Израел за кршење на Конвенцијата за геноцид како „целосно одвоена од фактите и околностите“. ЈАР вчера побара од ИЈЦ да му нареди на Израел да ја прекине воената операција во Појасот Газа и веднаш да ги повлече трупите од енклавата. Пред сослушувањето на Израел десетици произраелски демонстранти протестираа пред ИЈЦ, покажувајќи фотографии на заложниците кои Хамас ги киднапира на 7 октомври минатата година и побараа нивно ослободување. ми/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?
Бизнис вести - пред 18 часа
Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8? 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО СООПШТЕНИЕ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Бизнис вести - пред 18 часа
Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон 17/05/2024 ПРЕТПРИЕМНИШТВО • Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на Цементарница УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. • Производството запира доколку филтрите не работат Технолошкиот процес оневозможува работа на погонот без работа на филтрите. • Цементарница УСЈЕ не влијае врз зголемување на присуството на PM10 честички во воздухот Паралелното мерење на амбиенталниот воздух (PM10 честички) во кругот на Цементарница УСЈЕ не покажува меѓузависност со состојбите со амбиенталниот воздух измерени на други мерни станици, надвор од цементарницата. • Работењето на компанијата постојано е следено од страна на Државниот инспекторат за животна средина • Кога печките на Цементарница УСЈЕ работат, тие работат 24 часа Цементарница УСЈЕ поради технолошки и деловни причини работи во текот на целото денонокие. Печките или работат континуирано (24 часа) или не работат. • Производството на цемент е поинтензивно лете, отколку зиме Поради поголемата сезонска побарувачка на цемент, производството е поголемо лете, отколку зиме. Цементарница УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи, медиумите во кое и да е време да ја посетат компанијата и да добијат одговори за сите прашања од интерес. Контакт e-mail: [email protected] 2024-05-17 Toni Ivanoski...
Oтворена 52 Концепт – продавницата што ја редефинира високата мода
Бизнис вести - пред 18 часа
Oтворена 52 Концепт – продавницата што ја редефинира високата мода 17/05/2024 МАРКЕТИНГ, ПРЕТПРИЕМНИШТВО Новоотворената 52 concept store во трговскиот центар Рамстор во Скопје е комбинацијa на врвни брендови и исклучителен дизајн со кои се влегува во светот на луксузната мода и креативните иновации. Овој внимателно создаден простор ги обединува најпрестижните имиња во модната индустрија, поставувајќи нов стандард за луксузна малопродажба. Во срцето на 52 концепт продавница се наоѓа исклучителна колекција од Dsquared, храбра софистицираност која се среќава со урбаната елеганција. Колекцијата на Dolce & Gabbana е синоним на безвременска префинетост, каде што традицијата и модерноста се спојуваат беспрекорно. Во 52 concept store се изложени сегменти од најновите колекции, а секое парче раскажува приказна за италијанското мајсторство и богатото културно наследство. Од иконските принтови до извонредната кројка, Dolce & Gabbana нуди врвно модно искуство. Во продавницата има внимателно селектирано модно ќоше со рафинирана едноставност на Brunello Cucinelli, а романтичните креации на Valentino додаваат нота на висока модна драма, нудејќи парчиња кои се безвременски и модерни. „Нашата концепт продавница не е само продажен простор, туку дестинација за врвно луксузно шопинг искуство. Со внимателно направената селекција на парчиња од водечките светски брендови, наша цел е на нашите клиенти да им понудиме уникатно и незаборавно шопинг искуство. Соединувајќи ја уметноста, културата и иновацијата, нашата продавница е модна дестинација која го отсликува духот на Париз, Милано и Њујорк и во која високата мода и стил се на пиедестал – велат од менаџментот на 52 concept storе. За модните ентузијасти и сите вљубеници во високата мода, во концепт продавницата на располагање им стои лична стилистка која ќе им помогне да се одлучат меѓу парискиот шик на Saint Laurent, острите и урбан кул дизајни на Alexander Wang, познат по својот невообичаен пристап кон модата, спој на уличен стил со софистицираност, Whimsical и женствените парчиња на Zimmermann додаваат австралиски шарм и лежерната елеганција на Isabel Marant во бохо стил, совршен за модерната жена која бара и удобност и стил. На располагање се и прекрасниот избор на обувки на Le Silla и Giuseppe Zanotti, секој пар е ремек-дело на италијанското мајсторство. Од зашеметувачки високи потпетици до елегантни рамни чевли, овие брендови нудат различни опции кои се бонусот на секој моден изглед. За пролетните свечености и матурските вечери, има неограничени комбинации кои ќе внесат авантура и елеганцијата на свечените фустани кога ќе се искомбинираат со чантите Jacquemus, креирајќи еден свеж и модерен изглед кој ќе остане безвременски 52 concept storе се наоѓа во приземјето на трговскиот центар Рамстор и работи секој ден. 2024-05-17 Toni Ivanoski...
Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели и Школата на млади лидери на претседателот Иванов со заеднички проект
Бизнис вести - пред 19 часа
Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели и Школата на млади лидери на претседателот Иванов со заеднички проект 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Во Кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов синоќа се одржа промоција на програмата Мастер предавања за претприемничка извонредност, поддржана од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели (WBAF), партнер на Г20 Глобалното партнерство за финансиско вклучување. Иванов и извршниот претседавач на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели, Бајбарс Алтунташ пред присутните поддржувачи, пријатели и алумнисти на Школата зборуваа за соработката која во 2018 година е прогласена за најдобар општествено одговорен проект во Европа во 2017 година од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели. -Во контекст на одличната досегашна соработка и најавата на програмата која заеднички ќе се спроведува, како и во насока на можностите за идни заеднички проекти, се потпиша и Меморандум за соработка меѓу Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели и ко-организаторите на Школата, Кабинетот на поранешниот претседател Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите и Алумни асоцијацијата на Иванов школа за млади лидери (ИСЛАА). Иванов рече дека за постигнувањата на неговата иницијатива Школа за млади лидери зборуваат учесниците на програмата кои преку стекнувањето нови лидерски вештини и знаења се подготвуваат за успеси во нивниот професионален и приватен живот. -Во текот на годината кога се одбележува 15-години Школа за млади лидери, се организира оваа ексклузивна програма за стартап и претприемништво поддржана од Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели со која им се овозможува на младите учесници и алумнисти на Школата за млади лидери да ги надградат своите знаења и вештини за снаоѓање во бизнис околината, информира Кабинетот на Иванов кој најави дека свеченоста по повод 15 години од Школата за млади лидери ќе се одржи на 12 октомври 2024 година во Охрид. Алтунташ нагласи дека со здружување за патување кон трансформација и зајакнување, ова партнерство го симболизира спојот на стручност, страст и посветеност кон негување на потенцијалот на младите умови и негување на култура на лидерска извонредност. Програмата за претприемничка извонредност се организира по повод 15-годишнината на Школата за млади лидери, а е наменета само за алумнистите, односно учесниците на претходните школи. Програмата ќе се спроведе од 8 – 30 јуни 2024 година и ќе има сесии во живо и онлајн. Учесниците ќе имаат несекојдневна прилика да научат за напредни и сеопфатни стратегии за стартап прилагодени за основачи на стартап компании кои го почнуваат своето финансиско патување од почеток до излез, со стекнување суштинско знаење и алатки за да се справат со предизвиците и да ги оптимизираат можностите во секоја фаза на нивниот бизнис. Предавачи на програмата ќе бидат искусни експерти кои ќе споделат практични пристапи, иновативни техники и студии на случај од реалниот свет за да ги поттикнат учесниците како претприемачи да постигнат одржлив раст, да обезбедат инвестиции, да управуваат со ризикот и на крајот да ја максимизираат вредноста по излегувањето. мч/дма/фото: Кабинет на поранешниот претседател Ѓорге Иванов . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Белгискиот Универзитет во Гент ја прекина соработката со три израелски институции
Бизнис вести - пред 20 часа
Белгискиот Универзитет во Гент ја прекина соработката со три израелски институции 17/05/2024 СВЕТ – Белгискиот Универзитет во Гент (UGent) ги прекинува врските со три израелски образовни и истражувачки институции поради тоа што повеќе не се усогласени со политиката за човекови права на Универзитетот, изјави ректорот Рик Ван де Вале. – Прекинати се врските со Технолошкиот институт Холон, Истражувачкиот институт МИГАЛ Галилеја и Центарот Волкани, што врши земјоделски истражувања. Во моментов ги оценуваме тие три партнери како (многу) проблематични според тестот за човекови права на Универзитетот во Гент, за разлика од позитивната оценка што ја дадовме на овие партнери на почетокот на нашата соработка, посочи Ван де Вале. Тој додаде дека соработката е прекината поради поврзаност со израелските министерства и поддршката на армијата во операциите во Појасот Газа. Пропалестински демонстранти во Гент протестираа против израелската воена офанзива во Газа и окупираа делови од Универзитетот од почетокот на мај. Демонстрантите ја поздравија одлуката на Универзитетот во Гент, но ја оценија само како прв чекор. Тие најавија дека ќе продолжат со блокада на делови од образовната институција „додека Универзитет не ги прекине врските со сите израелски институции“. ми/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Израел ќе биде сослушан пред ИЦЈ
Бизнис вести - пред 21 часа
Израел ќе биде сослушан пред ИЦЈ 17/05/2024 СВЕТ – Сослушувањето на Израел пред Меѓународниот суд на правдата (ИЦЈ) е закажано за денеска, еден ден откако заврши сослушувањето во Јужна Африка за барањето за дополнителни мерки поради израелските напади врз Газа и Рафа. Јужноафриканскиот амбасадор во Холандија, Вуси Мадонсела изјави дека Јужна Африка се вратила во Судот за да „направи сè што може за да се запре геноцидот“, кој, според него, речиси ја „избришал Газа од картата“ и „ја шокирал совеста на човештвото“. Тој додаде дека Израел, на кого ИЦЈ прво му нареди да спроведе мерки за спречување на геноцидни акти, „намерно ги прекршил обврзувачките наредби на Судот“ со ескалација на нападите врз Палестинците. – Сериозноста на нападот бара итни и брзи судски постапки за зачувување на правата на палестинскиот народ, обврска што Јужноафриканската Република ја сфаќа сериозно, наведе Мадонсела и во завршниот збор ги наведе трите привремени мерки што ЈАР ги бара од ИЦЈ како „исклучително итни“. Првиот е итен прекин на израелската воена операција во Газа, вклучително и Рафа, и повлекување од преминот Рафа. Вториот е Израел да ги ослободи претставниците на ОН и другите тела кои обезбедуваат хуманитарна помош за Газа и да обезбеди непречен пристап за мисиите за утврдување факти, истражителите со меѓународни мандати и новинари за документирање и зачувување на доказите на теренот. Третата привремена мерка е Израел да поднесе отворени извештаи до ИЦЈ за сите мерки за спроведување на одлуките во рок од седум дена од датумот на наредбата. ми/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Утре и задутре „Графити фест“ во Куманово
Бизнис вести - пред 21 часа
Утре и задутре „Графити фест“ во Куманово 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Во Куманово во урбаната месна заедница „Панче Пешев“ утре и задутре со почеток во 12 часот ќе се одржи шестиот „Графити фест“, најавија организаторите, „Форма Куманово“. На фестивалот ќе цртаат уметници од повеќе држави, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Турција, Хрватска Словенија, Германија. Организаторите велат дека се обидуваат на секој начин да го разубават градот и да поттикнат да се развие оваа современа уметност и дел од урбаната култура. Младен Трендевски од „Форма Куманово“ ги повика кумановци да го проследат „Графити фест“, на кој покрај уметници-цртачи, ќе има и целодневна музичка програма на која ќе настапат македонски диџеи, ќе има промотивни штандови и забава за сите генерации. Цртачите ќе цртаат на слободна тема на површини во урбаната заедница. Шаренилото од бои и контрасти ќе го разбие сивилото во градот, сметаат организаторите. – Сите ќе творат на свој начин, фестивалот има ревијаен карактер, изјави Трендевски. Организаторите сметаат дека полека јакне свеста кај населението за зачувување на изработените мурали во Куманово. Изминатиов период беа исцртани површини на булеварот „Октомвриска револуција“, на неколку локации, меѓу училиштата „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“, населба Гоце Делчев, скоро цело градско подрачје во Куманово, во повеќе урбани заедници. Уметниците исцртаа мурали посветени на великанот Блаже Конески, репрезентативецот Столе Димитриевски, на Гоце Делчев, на хероите од „Диво Насеље“, на Бобан Трајковски. . . – Нè радува што граѓаните го препознаваат нашиот труд, кажа Трендевски. За годинашниов фестивал, „Графити фест“ „Форма Куманово“ доби поддршка од бизнис заедницата од државата. ам/мд/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Саборот ќе гласа за новата хрватска влада
Бизнис вести - пред 21 часа
Саборот ќе гласа за новата хрватска влада 17/05/2024 СВЕТ – Хрватскиот Сабор денеска ја избира новата влада на мандатарот Андреј Пленковиќ, која ќе брои 18 членови, меѓу кои и тројца министри од Движењето Татковина. Владата во Парламентот ќе ја претстави Пленковиќ, кому ова му е трет мандат по ред на чело на извршната власт. Покрај членовите на Владата од Движењето Татковина, од кои дел се поранешни членови на ХДЗ, извршната власт останува непроменета кога станува збор за личности. Во Програмата на новата влада од 2024 до 2028 година се истакнати пет приоритети – успешна, витална, праведна, одржлива и суверена Хрватска. ми/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
СПМ: СДСМ со Заев и Ковачевски со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба
Бизнис вести - пред 21 часа
СПМ: СДСМ со Заев и Ковачевски со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО СООПШТЕНИЕ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Анкети во Грција: Предност на Нова демократија во пресрет на европските избори
Бизнис вести - пред 21 часа
Анкети во Грција: Предност на Нова демократија во пресрет на европските избори 17/05/2024 СВЕТ – Меѓу 25 и 26,5 отсто е рејтингот на грчката владејачка партија Нова демократија во пресрет на европските избори на 9 јуни и е стабилна на првата позиција, со предност од 13 до 15 проценти пред опозициската СИРИЗА, според истражувањата на јавното мислење во Грција, спроведени од агенциите „MRB“ и „Pulse“ за грчките телевизии „Опен“ и „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Споредбено со европските избори во 2019 година, кога, Нова демократија победи со 33 отсто, СИРИЗА беше втора со 23,7 проценти, а ПАСОК освои 7,7 отсто, сега, првите две партии се со намален рејтинг, додека третата партија е во подобра позиција. На прашањето дали ќе гласаат на евроизборите, 74 отсто од анкетираните на едната и 83,5 проценти од другата анкета одговориле позитивно. Анкетата на „Pulse“ за „Скај“ била спроведена помеѓу 13 и 15 мај 2024 година со учество на 1. 104 гласачи, додека пак истражувањето на „MRB“ за „Опен“ од 10 до 14 мај со анкетирани 1. 100 лица. ср/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Најмалку четворица загинати во невремето во Хјустон
Бизнис вести - пред 21 часа
Најмалку четворица загинати во невремето во Хјустон 17/05/2024 СВЕТ – Четири лица загинаа во Хјустон, во американската сојузна држава Тексас, во силно невреме што предизвика големи материјални штети и бројни проблеми во енергетскиот систем. За жал имаме четворица загинати, истакна градоначалникот на Хјустон, Дон Витмајер. Според него невремето оштети деловни објекти во центарот на градот, дека повеќе од 800. 000 семејства останале без електрична енергија. Училиштата и факултетите во градот, кој има околу 2,4 милиони жители, денеска ќе бидат затворени. ми/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Основачот на Hart.mk, Драган Јаневски, го посети седиштето на Pininfarina Segno во Равена
Бизнис вести - пред 23 часа
Основачот на Hart.mk, Драган Јаневски, го посети седиштето на Pininfarina Segno во Равена 17/05/2024 МАРКЕТИНГ, ПРЕТПРИЕМНИШТВО Основачот и извршниот директор на Hart.mk, Драган Јаневски, неодамна го посети седиштето на Pininfarina Segno, во Равена, Италија, каде што се сретна со менаџерот за меѓународна продажба, Андреа Тритапепе, како и со Мартина Барбато од истиот оддел на италијанската компанија. Hart.mk е македонски партнер на Pininfarina Segno, новото поглавје во приказната на дизајнерската куќа Pininfarina основана во Торино во 1930 година, посветено на инструменти за пишување и аксесоари. На средбата се разговарало на повеќе теми, со фокус на идните перспективи на соработката меѓу Pininfarina Segno и Hart.mk. При посетата на мануфактурата и нејзиниот изложбен салон, Драган Јаневски имал можност одблизу да се запознае со реализацијата на проектот Pininfarina Segno, роден од визија, уникатен во својата категорија, за да креира нови, свежи искуства и перспективи во сферата на пишувањето, во смисла на дизајнот, технологијата, материјалите и функционалноста. Италијанските домаќини говореле за пасијата на компанијата за пронаоѓање креативни таленти, истражувања и иновации, и за вистинската грижа за квалитетот на изработката и доловувањето на чувството „Made in Italy“, односно за верноста на наследството на Pininfarina, засновано на синтагмата „well made“: „Инструментите за пишување од колекцијата Pininfarina Segno се мали ремек-дела дизајнирани да остават неизбришлива трага низ времето. Изработени рачно, еден по еден, од најквалитетни материјали како што се алуминиум и фино оревово дрво, овие инструменти за пишување гарантираат внимание посветено на деталите по кои непогрешливо се познаваат италијанските производи. Ние ја дефинираме Pininfarina Segno како лабораторија за развивање извонредност вдахновена од уверувањето дека дизајнот може да го подобри животот на секого, претставувајќи уникатно патешествие на креирање искуство без преседан, ново поглавје во приказната родена 1930 година. Овие имагинативни и извонредно изработени инструменти за пишување се инспирирани од италијанското културно наследство и сопствената посветеност на Pininfarina на интелигентниот и иновативен дизајн на производи, процес кој во Pininfarina Segno го нарекуваме „дизајнерски ракопис“. Доказ се неколку признанија и меѓународни награди што сме ги добиле досега, како Red Dot Award 2017 (добиена за стилусот Pininfarina Aero), Red Dot Award 2021 (за Pininfarina PF TWO Fountain Pen), European Product Design Award 2021 (за Forever FILUM), Good Design Award 2023 (за Forever Modula), Green Good Design Award (за B1 Digital Business Card).“ Говорејќи за идниот правец на компанијата, Андреа Тритапепе и Мартина Барбато го запознале гостинот од Hart.mk со перспективите на престижните партнерства на Pininfarina Segno на полето на меѓународниот дизајн од највисока класа, вклучително со брендови како Maserati, Rolls-Royce, Oracle Red Bull Racing. „Снагата на овие партнерства лежи во заедничките визија и вредности: од континуираната потрага по извонредност во секој детал, до совршената рамнотежа меѓу традиционалното артизанство и иновативните техники. За оваа цел е креирана и посебна дивизија. Тука би ги издвоила соработката со Maserati, каде што амбициозната цел е да креираме префинета серија инструменти за пишување, инспирирана од накитот на четири тркала под знакот на култниот тризабец. Соработката која е во континуиран развој ја прошируваме и со раѓање на нови производи, истражувајќи различни полиња на бизнисот, секогаш во чекор со еволуцијата која брендот Maserati ја доживува последниве години. Тука е и Rolls-Royce, за кој креираме уникатни пенкала, и по формата и по функцијата, дизајнирани да се истакнат во однос на сите претходни Rolls-Royce пенкала, со својата евокативна и истовремено високо модерна естетика. За Hyundai Korea развиваме уникатни стилуси креирани ад хок за корисниците на новиот Genesis G80. Резултатот е ексклузивен инструмент за пишување кој комбинира иновација и динамизам со шарм на безвременска елеганција. Неколку возбудливи лиценцирани соработки преставуваат важен дел од главниот бизнис на Pininfarina Segno на полето на врвниот канцелариски прибор и аксесоари, преку партнерство со влијателни брендови. Како што беше лимитираната едиција за Светско првенство во фудбал 2022 на ФИФА, специјалната Star Wars едиција или новото официјално партнерство со Oracle Red Bull Racing.“ Pininfarina, глобалната икона на италијанскиот стил, позната по извонредната способност да создава безвременска убавина, од своето основање во 1930 година еволуираше од артизанска компанија до глобална групација, претставувајќи го врвот на автомобилскиот стил, со консолидирано присуство во дизајнот на производи и експерименталниот дизајн. Можеби најпозната по своето долготрајно партнерство со Ferrari на дизајнирањето луксузни патнички и тркачки автомобили, Pininfarina дизајнира и згради, супер јахти, луксузни часовници, кожни производи, велосипеди, инструменти за пишување. Проектот Pininfarina Segno не е само дизајнерско студио посветено на светот на пишувањето и односните аксесоари во кој се развиваат артефакти родени од креативноста на Pininfarina, туку е уште и „опсерваторија на креативноста“, добро упатена во селекцијата и маркетингот на брендови кои заслужуваат поголема видливост и изложеност за својата извонредна иновативност, креативност и визија, ускладени со темелните вредности на Pininfarina. Врвот од металната легура ETHERGRAF® е заштитен знак на стилусите Pininfarina Segno, а е инспириран од специјалната техника на сребрениот молив користен од Леонардо да Винчи. Создаден во соработка со водечките италијански истражувачи, тој пишува благодарение на оксидацијата што се предизвикува со триењето меѓу хартијата и врвот од ETHERGRAF®. 2024-05-17 Toni Ivanoski...
Остин ќе се сретне со Донг во Сингапур
Бизнис вести - пред 23 часа
Остин ќе се сретне со Донг во Сингапур 17/05/2024 СВЕТ – Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин се очекува да се сретне со кинескиот колега Донг Џун на конференција во Сингапур во текот на овој месец, објавија американските медиуми повикувајќи се на неименнуван американски официјален претставник. Тоа ќе биде прва значајна средба меѓу двајцата во изминатите две години, иако Остин и Донг телефонски разговараа минатиот месец. Во меѓувреме, портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател изјави дека САД веруваат дека Кина ефикасно ја реконструирала руската одбранбена индустриска база, нарекувајќи ја „длабоко проблематична“ и истакнувајќи оти Вашингтон ќе преземе соодветни мерки по ова прашање кога тоа ќе биде неопходно. Изјавата на Пател уследи по средбата помеѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин, кои најавија „нова ера“ во партнерството меѓу двата најмоќни американски ривали. Тие ги нарекоа САД хегемон од Студената војна што предизвикува хаос низ целиот свет. ми/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Делови од Нова Каледонија се надвор од државна контрола
Бизнис вести - пред 23 часа
Делови од Нова Каледонија се надвор од државна контрола 17/05/2024 СВЕТ Области на пацифичката територија на Нова Каледонија „се надвор“ од државната контрола, изјави денеска претставник на француската влада, најавувајќи нови безбедносни распоредувања по неколкудневното смртоносно насилство. „Ќе пристигне засилување. . . за да ги контролираме областите што не се под наша контрола во изминатите денови “, изјави на брифинг високиот комесар на Републиката во Нова Каледонија, Луј Ле Фран. Вонредна состојба беше воведена на францускиот архипелаг откако противењето на планот на Париз за промена на правилата за гласање таму прераснаа во подметнување пожар, грабежи и насилство, при што загинаа пет, а стотици беа повредени. Како дел од вонредната состојба, приведени се околу 200 од околу 5. 000 „бунтовници“, соопштија француските власти. Едно лице осомничено за убиство им се предаде на властите, рече Ле Фран на денешниот брифинг. Немирите започнаа кога француските пратеници ги одобрија плановите да им се дозволи на оние кои се преселиле на територијата пред најмалку 10 години да гласаат на локалните избори. зш/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Тринаесет министри за надворешни работи бараат Израел да ја прекина офанзивата врз Рафа
Бизнис вести - пред 1 ден
Тринаесет министри за надворешни работи бараат Израел да ја прекина офанзивата врз Рафа 17/05/2024 ЕКОНОМИЈА, СВЕТ Министрите за надворешни работи на 13 земји со писмо предупредија дека Израел не треба да почне голема воена офанзива во градот Рафа во Појасот Газа и бараат и поголема помош за палестинското население, објави денеска германскиот весник „Зидојче цајтунг“. Писмото на четири страници, од 15 мај, адресирано до израелскиот министер за надворешни работи го потпишаа сите земји од Г-7 освен САД. Во него министрите го истакнаа правото на Израел на самоодбрана и ги осудија терористичките напади на Хамас и другите исламистички групи на 7 октомври минатата година. Во писмото се повикува Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху да направи сè што е во нејзина моќ за да ја ублажи разорната и продлабочена хуманитарна криза во Појасот Газа. „Зидојче цајтунг“ посочува и дека шефовите на дипломатијата бараат Израел да ги отвори сите гранични премини кон палестинската енклава за испорака на помош, вклучително и преминот Рафа на границата со Египет. Писмото го потпишаа министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 – Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Јапонија и Канада, како и нивните колеги од Австралија, Данска, Финска, Холандија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Шведска. ми/фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински беспилотни летала при ноќни напади
Бизнис вести - пред 1 ден
Министерство за одбрана на Русија: Неутрализирани повеќе од 100 украински беспилотни летала при ноќни напади 17/05/2024 СВЕТ – Министерството за одбрана на Русија соопшти дека повеќе од 100 украински беспилотни летала се уништени или пресретнати ноќеска во напади на југозапад на руската територија и на полуостровот Крим. Министерството соопшти дека армијата неутрализирала 51 дрон над Крим, 44 над регионот Краснодар, шест над регионот Белгород и еден над регионот Курск. Во текот на ноќта, поморската противвоздушна одбрана и патролни бродови на Црноморската флота уништија шест поморски беспилотни летала во водите на Црното Море. Руската армија редовно објавува дека одбила ноќни напади на украински беспилотни летала, но ретко се наведува толкава бројка, јавија западни медиуми. Гувернерот на Белгородската област, која граничи со Украина, претходно денеска објави дека мајка и четиригодишно дете загинале при напад со беспилотно летало врз селото Октјабарски. зш/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Во Скопје утре прв „Dog Fest”
Бизнис вести - пред 1 ден
Во Скопје утре прв „Dog Fest” 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Во Скопје утре ќе се одржи првиот „Dog Fest”, настан замислен како дружба за сите љубители на кучињата. Целта е да се подигне свеста за милениците и за одговорното сопствеништво. Настанот ќе почне во 12 часот и ќе трае до 16 часот, а организаторите најавуваат забавни игри за милениците и едукација на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња. „Dog Fest” ќе се одржи во „Hera Happy friendly dogs”, спроти црквата Пантелејмон во Долно Нерези. – Добредојдени се сите сопственици заедно со нивните кучиња, а влезот е бесплатен, велат организаторите. бак/ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Шпанија не дозволи брод со оружје за Израел да се закотви во Картагена
Бизнис вести - пред 1 ден
Шпанија не дозволи брод со оружје за Израел да се закотви во Картагена 17/05/2024 СВЕТ – Шпанија не дозволи брод што носи оружје за Израел да се закотви во југоисточното пристаниште Картагена, изјави синоќа министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес. Тој потврди дека бродот „Мариана Даница“ (Marianne Danica) кој превезува оружје во Израел побарал дозвола да се закотви во Картагена на 21 мај. Албарес истакна дека забраната за шпанските пристаништа е во согласност со политиката на Мадрид да не го извезува своето оружје во Израел од почетокот на војната во Појасот Газа. – Одбивме да дадеме дозвола за закотвување и тоа ќе биде конзистентна политика со секој брод што превезува израелско оружје, а сака да се закотви во шпански пристаништа, посочи Албарес. Додека шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека бродот превезува речиси 27 тони експлозивен материјал од Мадрас, Индија. ми/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
САД одобрија потенцијална продажба на воена опрема на Украина во вредност од 100 милиони долари
Бизнис вести - пред 1 ден
САД одобрија потенцијална продажба на воена опрема на Украина во вредност од 100 милиони долари 17/05/2024 СВЕТ – Стејт департмент одобри потенцијална продажба на американска воена опрема за Украина во вредност од 100 милиони долари, соопшти Пентагон. Во соопштението се истакнува дека Стејт департментот и одобрил на Украина потенцијалната продажба на опрема за копнено надгледување од НАТО, како и за поддршка и друга опрема за таа програма во висина од 250,2 милиони американски долари. Главен продавач на воена опрема ќе биде американската одбранбена компанија „Нортроп Граман“ (Nortrop Graman). ми/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-17 Zoran Popov...
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“
Бизнис вести - пред 1 ден
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“ 17/05/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе реализира работна средба со раководството на „Македонија 2025“ на тема „Големи економски проекти – темели за просперитетна иднина на Македонија“. По средбата, која ќе се одржи во просториите на Комората, предвидени се изјави за медиумите од претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и Мајк Зафировски, еден од основачите на „Македонија 2025“. мд/аа/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-05-17 Zoran Popov...
ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата – предуслови за забрзан економски раст
Бизнис вести - пред 1 ден
ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата – предуслови за забрзан економски раст 16/05/2024 ЕКОНОМИЈА Дигитализацијата, како една од приоритетните области на делување и платформата за забрзан економски раст на Македонија2025, беше една од темите во фокусот на вториот ден од Самитот што се одржува во Скопје. Токму во насока на значително продлабочување на соработката во областа на дигиталната трансформација, во рамки на Самитот беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Македонија2025, Центарот за дигитална трансформација „ГоДигитал“, Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ), „ВИЗА Југоисточна Европа“ и „Клириншка куќа – Клириншки интербанкарски системи АД Скопје“ (КИБС). Целта од ова партнерство е да се овозможи конкретна поддршка на домашните мали и средни претпријатија во имплементацијата на нови дигитални технологии и производи. Претседавачот на Одборот на директори на Македонија2025, Мајкл Чкламовски, изрази големо задоволство од воспоставувањето на оваа соработка потенцирајќи дека: „Македонија2025 е целосно посветена на поддршка на Центарот за дигитална трансформација – ГоДигитал. Веруваме дека креирањето на екосистем за дигитална трансформација ќе придонесе кон засилување на конкурентноста и иновативноста на македонската економија”. На официјалното потпишување на меморандумот присуствуваше и амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија Н.Е. Вероник Улман, која во оваа прилика изјави: „Швајцарија е силно посветена на поддршката на земјата во нејзиниот пат кон одржлив економски развој. Преку нашата развојна програма ги поддржуваме процесите на дигитална трансформација на микро, малите и средни претпријатија, со фокус на агробизнисот и одржливиот активен туризам. Го поддржуваме и ИКТ секторот и веруваме дека ова ново партнерство создава нови деловни можности за ИКТ компаниите во земјата”. За Горан Анастасовски од КИБС „оваа иницијатива претставува значајна можност за едукација на кадарот во малите и средни претпријатија, а се надеваме и јавната администрација“, со што реално ќе се поттикне процесот на дигитализација во земјата. Потсетувајќи дека формирањето и поддршката за „ГоДигитал“ од страна на Македонија2025 е дел од стратешката определба на организацијата за нејзино поголемо вклучување во процесот на дигитализација на општеството, со посебен акцент на малите и средни претпријатија, членот на Одборот на директори на Македонија2025 Васко Кроневски истакна: „Целата поддршка која ја дава Македонија2025, преку ресурси и експертиза, е насочена иницијално да го постави и да го креира екосистемот на консултанти и компании кои ќе нудат иновативни решенија, кои ќе овозможат дигитализација на компаниите каде што тие ќе бидат имплементирани, истовремено работејќи сето тоа да биде одржливо на долг рок“. Искажувајќи задоволство од воспоставувањето на новото партнерство, извршната директорка на Македонија2025 проф. Никица Мојсоска Блажевски оцени дека „со здружување на нашите ресурси и напори заедно ќе придонесеме кон побрза дигитализација барем во еден дел од општеството, конкретно на бизнисите“. Таа најави дека набрзо очекува приклучување и на други организации и компании кон оваа иницијатива. Инаку, покрај дигитализацијата, во фокусот на вториот ден од годинешниот Самит на Македонија2025 беше и темата за начините за справување со корупцијата како еден од предусловите за забрзан развој, а значајно внимание привлече и панел-сесијата за ефикасните стратегии за привлекување инвестиции во новата глобална ера. На вториот ден од Самитот, на сесијата посветена на демократија и слобода на говор се обрати Крис Павловски, основач на „Рамбл“ и член на Одборот на директори на МК2025, еден од најуспешните Македонци во дијаспората, со големи инвестиции во домашната економија. Дискусиите во овој дел од Самитот се насочени и кон креирање на нови стратегии за градење прилагодливи синџири за снабдување во услови на глобални нарушувања, околу предизвиците и перспективите за натамошен раст на автомобилската индустрија, за начините на искористување на дигиталните здравствени иновации за подобри медицински услуги во Југоисточна Европа, како и за значењето на податоците и нивната анализа во успехот на бизнисите. Конференцискиот дел од годинешниот Самит на Македонија 2025, на кој учество зедоа над 50 говорници во 12 панел-сесии и на кој присуствуваа над 500 претставници од домашни, регионални и компании од дијаспората, експерти и лидери, ќе биде затворен со обраќање на потенцијалниот мандатар за состав на новата влада Христијан Мицковски. Повеќе информации за Самитот можете да најдете на официјалната веб-страница: https://www.macedonia2025.com/summit-2024/ За повеќе информации за дејностите на Центарот за дигитална трансформација „ГоДигитал“,посетете ја веб-страницата: https://godigital.mk/ 2024-05-16 Toni Ivanoski...
Недела на женско здравје 2024
Бизнис вести - пред 1 ден
Недела на женско здравје 2024 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО „Здравјето во фокусот на жената“ е меѓународниот симпозиум што ќе се одржува од денеска до недела во рамки на Неделата на женското здравје 2024. Симпозиумот е наменет за специјалисти и специјализанти по гинекологија и акушерство. Учесниците ќе дискутираат за: ХПВ вакцина, вакцинација во бременост, улогата на дебелината во бременоста, презентација на Стандардната оперативна процедура на Центрите за жртви од сексуално насилство. Пред отворањето на симпозиумот ќе се одржи прес-конференција на која ќе се обратат: Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво, Глигор Тофоски, претседател на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари, Ламбе Крстески, матичен гинеколог во општина Шуто Оризари. Согласно податоците од Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување, во Шуто Оризари има 2500 жени кои се здравствено осигурани, но немаат одбрано матичен гинеколог и околу 1000 жени кои не се осигурани и немаат матичен гинеколог. Согласно законските регулативи, во земјава секој поединец без разлика на работниот статус може здравствено да се осигура и со тоа да се стекне со правото на бесплатни здравствени услуги. Организаторот Македонска асоцијација на гинеколози и акушери (МАГО) ја нагласува важноста од редовните превентивни прегледи и рано откривање на здравствените проблеми, како и информирање на сите жени во земјава дека изборот на матичен гинеколог е од клучна важност за редовните превентивни прегледи. мд/аа/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Сончево и топло, до 25 степени
Бизнис вести - пред 1 ден
Сончево и топло, до 25 степени 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. На североистокот ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 20 до 25 степен. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени. Според УХМР, утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето со позначителен пораст на дневната температура. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Повремена претежно попладневна нестабилност со пороен дожд и грмежи, со променлив интензитет, ќе има се до средината на следната недела. мч/аа/фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Почнува манифестацијата „Смилевски конгрес“
Бизнис вести - пред 1 ден
Почнува манифестацијата „Смилевски конгрес“ 17/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Во демирхисарското село Смилево денеска и утре првпат ќе се одржува манифестацијата „Смилевски конгрес“. Се работи за нова национална установа под Министерство за култура, која од оваа година почнува со работа. Манифестацијата е оформена со цел афирмација, претставување и прославување на културното и историското минато на село Смилево, Смилевски конгрес, Даме Груев и нашата земја. Главната програма на манифестација „Смилевски конгрес“ ја сочинуваат две фестивалски вечери. Првата вечер именувана „Омаја“ е насочена повеќе кон традиционалниот аспект на манифестацијата, каде традицијата е во служба на наративот, а никогаш чисто покажување на техника. Првиот мултидисциплинарен настан од фестивалската вечер „Омаја“, во форма на музички и визуелни колоритни творби, ќе се обиде да ги детерминира и да приложи одредена поетика за трите суштински аспекти на проектот: музички, визуелен и изложбен. Вториот дел од фестивалската вечер „Омаја“ замислен како прослава и славење на основањето на манифестацијата ќе биде одбележан преку музички концерт. Некои од уметниците ќе направат музички современ осврт на познатата песна „Смилево славно в оган гори“. Целиот настан, преку ХНУ (истражувачко студио за храна, наука и уметност), ќе биде поддржан со кулинарските способности на некои уметници: уметниците готват специфични рецепти од нивната кујна и кулинарски навики за публиката. R’n’T (rhythm and tangle) „ритам и плетка“ е концептот на втората фестивалска вечер, која повеќе е насочена кон современиот аспект на манифестацијата. Во втората фестивалска вечер ќе настапат меѓународни изведувачи и македонски автори чии фокус е во современиот концепт на авторската уметност со нитки од традицијата, каде традицијата е во служба на наративот а не во чисто покажување на виртуозна техника или директна разголена естетика. Манифестацијата „Смилевски конгрес“ е поддржана од Министерството за култура, Kromberg and Schubert Bitola, Smart Invest Group, De Niro Catering и Pela Rosa. мд/аа/Фото: Фејсбук на „Смилевски конгрес“ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-17 Zoran Popov...
Промовирана публикација „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Северна Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Реп…
Бизнис вести - пред 1 ден
Промовирана публикација „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Северна Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Реп… 16/05/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Кинеските проекти и инвестиции многу често колку што обезбедуваат поддршка и помош, имаат и штета по животната средина, локалните економии, доброто управување и тоа се најчесто теми кои што не се застапени во тие еднострани погледи, наративи претставени од страна на кинеските чинители, истакна Ана Крстиновска од Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА и аквторка на публикацијата „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Северна Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина?”. Публикацијата е направена од Фондацијата Конрад Аденауер, Правниот Факултет „Јустинијан Први”-Скопје и Здружението за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности ЕСТИМА. Крстиновска потенцира дека повеќе анализи од многу земји низ светот покажуваат дека кинеското присуство во земјите во развој вклучително и во државите од Западен Балкан има пет елементи. -Прво, Кина несомнено преку своето присуство го помага економскиот развој на овие држави преку трговија, развој на помош, инвестиции и инфраструктура. Второ, меѓутоа мора да забележиме дека Кина преку сите овие договори и односи во уште поголема мера си помага себеси. Сите договори се насочени кон задоволување на кинеските потреби, приоритети и интереси. Како трето, Кина преку тоа се обидува да стекне сојузници. Значи, државите кои што имаат некаков степен на економска зависност кон Кина се разбира дека ќе имаат поголем поттик да ја поддржуваат Кина во различни меѓународни форуми да обезбедуваат поволни услови за кинески чинители, компании и банки во билатералните односи. Кинеските проекти и инвестиции многу често колку што обезбедуваат поддршка и помош, имаат и штета по животната средина, локалните економии, доброто управување и тоа се најчесто теми кои што не се застапени во тие еднострани погледи, наративи претставени од страна на кинеските чинители, рече авторката на публикацијата. Како четврт елемент, Крстиновска нагласи дека „заедно со економските придобивки, Кина во голема мера ги извезува и своите идеолошки погледи кон светот, своите норми и стандарди во поглед на слободата на говор, односно критикувањето или цензурата на се што може да биде протолкувано како критика за кинеските постапки и активности, го извезува својот начин на управување кое го гледаме во посиромашните и помалку демократските држави и во голема мера ги поддржува авторитарните режими“. И како пет елемент на публикацијата е кинеското присуство во различните држави и придобивките се во голема мера асиметрични. – Значи, станува збор за создавање на економски зависности кои што Кина може во даден момент да ги искористи за постигнување на политички цели и имаме во голема мера еден трансакциски однос кој се воспоставува, рече таа. Крстиновска истакна дека во поглед на трговијата имаме три децении трговски дефицит кој постојано се зголемува. Потенцира дека во моментот увезуваме 17 пати повеќе отколку што извезуваме и извозот во голема мера е нерамномерен од година во година. -Уште позагрижувачко е тоа што во извозот доминираат екстрактивни производи и суровини како што се феролегури и минерални суровини, мермер итн. Иако со години се обидуваме да го зголемиме извозот на земјоделски производи, со исклучок на виното кое што учествува во 1 процент од извозот, немаме некој позначаен успех, односно постојат многу нетарифни бариери на страната на Кина кои оневозможуваат некои поголем извоз на земјоделски производи иако постојано потпишуваме некакви договори тоа во пракса не се остварува, рече таа. Во однос на увозот, Крстиновска истакна дека имаме увоз на стоки со поголема вредност како што се електроника, машини, производи за поширока потрошувачка и тоа се артикли кои ги купуваат и граѓаните и компаниите, бидејќи имаме куповна моќ која е меѓу најниските во Европа. -Имаме компании кои не се многу конкурентни. Во голема мера зависат од увоз на евтини суровини, опрема и машини. Овој аспект има многу важна улога во економијата и доколку Кина би постапила на начин како што постапува со останатите држави во светот, ние би можеле да се најдеме соочени со сериозни проблеми барем на краток и среден рок, за нашите компании и потрошувачите да можат да се снабдат со оние производи кои најчесто ги увезуваме од Кина, рече таа. За присуството на Кина како инвеститор во државава рече дека е маргинално и смета дека не треба да зборуваме за инвестиции кога зборуваме за инфраструктурните проекти, бидејќи Кина не е инвеститор. Потенцира дека Кина обезбедува кредити кои на крајот на денот нашите даночни обврзници ќе мораат да ги вратат. -Во поглед на инвестициите, на крајот на 2022 година Кина учествува со 2,6 проценти од вкупните странски инвестиции во државата, што е отприлика 10 пати помалку од Србија. Имаме тенденција на намалување на овие инвестиции. Договорот за градење на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид, е втор инфраструктурен проект кој се гради со кинески заем, додека првиот е хидроцентрала во браната Козјак. Вкупниот надворешен долг кон Кина на крајот на 2022 година изнесува 479 милиони долари, односно 8,7 проценти од вкупниот надворешен долг и 3 проценти од бруто домашниот производ, истакна авторката на публикацијата Крстиновска. Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македониjа во изјава за медиумите истакна дека целта е тука да ја подигнеме свеста и да ја менаџираме свеста, а не да промовираме прекин на односите затоа што сметаме дека односите и врските со Кина треба да постојат. Но, како што посочи, сепак треба да бидеме свесни дека тоа може да предизвика и одредени проблеми. Браун рече дека треба да имаме предвид дека при пристапувањето кон Европската унија има одредени правила како треба да се справуваме со надворешни проблеми. -Тоа не значи дека треба да се прекинат какви било трговски соработки или да речеме да не го учиме кинескиот јазик оти тој ќе си постои. Но, сепак треба да имаме свесност дека Кина може да влијае на геополитичките односи во регионот. Но, доколку Македонија ги одржува стабилно односите со НАТО во тој случај тогаш нема да има никаков проблем, рече Браун. фф/лв/Фото: МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-05-16 Zoran Popov...
Ешток: Извршителот на обидот за атентат врз словачкиот премиер Фицо дејствувал сам
Бизнис вести - пред 1 ден
Ешток: Извршителот на обидот за атентат врз словачкиот премиер Фицо дејствувал сам 16/05/2024 СВЕТ Извршителот на обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо дејствувал сам, изјави министерот за внатрешни работи, Матус Шутај Ешток. Според него, напаѓачот учествувал во протестите против владеењето на Фицо. Есток потврди дека обидот за атентат бил политички мотивиран. паг/Фото: ЕПА . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-16 Zoran Popov...
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
Бизнис вести - пред 1 ден
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“ 16/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Управниот суд на Република Северна Македонија попладне во 17:30 часот ќе одржи јавна расправа по предметот оформен по поднесената тужба од Коалицијата „Вреди“ за Парламентарните избори 2024 година. Тужбата, според информации на МИА, се однесува на одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за гласањето во долна Бањица, гостиварско. – Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 16. 05. 2024 година со почеток во 17:30 часот во судница бр. 1, ќе се одржи јавна расправа по предметот УРП. бр. 86/2024, оформен по поднесената тужба од Коалицијата Влен на Парламентарните избори 2024 година, против Решение бр. УП1 бр. 10-14 од 14. 05. 2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, стои во соопштението на веб страницата на Управен суд. Државната изборна комисија ќе ги чека решенијата на Управниот суд, но, исто така, утре ќе треба да почне да се подготвува за прегласувањето што треба да се одржи во среда на 22 мај. До ДИК беа поднесени 27 жалби за гласањето на парламентарните избори, но дел од нив беа групни. Оттаму посочуваат дека тие внимателно ги разгледувале сите приговори, а усвоиле само седум односно таму каде што има основи и каде што е евидентно дека податоците во доверливиот материјал не се согласуваат со податоците од записникот, а тоа е во избирачките места Желино, Струга, Охрид и по две во Доленени и Крушево. ар/лв/ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-16 Zoran Popov...
Зурабишвили: Законот за „странско влијание“ што го одобри Парламентот на Грузија е неприфатлив
Бизнис вести - пред 1 ден
Зурабишвили: Законот за „странско влијание“ што го одобри Парламентот на Грузија е неприфатлив 16/05/2024 СВЕТ Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили денеска изјави дека законот за „странско влијание“, што го одобри Парламентот оваа недела и критичарите го опишаа како закана за слободата на говорот, „е неприфатлив“. Зурабишвили остро ја критикуваше владејачката партија Грузиски сон – Демократска Грузија за „протуркување на законот“, што според многумина е закана за амбициите на Грузија за членство во ЕУ. „Тоа е неприфатливо бидејќи одразува пресврт во односот на Грузија кон граѓанското општество, кон медиумите и кон препораките на Европската комисија, кои не соодветствуваат на нашата декларирана политика за европска интеграција“, рече таа. Голем број демонстранти ги блокираа улиците во главниот град Тбилиси и се собраа пред Парламентот откако пратениците го одобрија законот во вторникот и покрај силните критики од САД и ЕУ. Зурабишвили, која се повеќе е во несогласување со владејачката партија, вети дека ќе стави вето на законот, но Грузискиот сон има доволно мнозинство за да го отфрли. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-16 Zoran Popov...
Јавна расправа на Управениот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
Бизнис вести - пред 1 ден
Јавна расправа на Управениот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“ 16/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Управниот суд на Република Северна Македонија попладне во 17:30 часот ќе одржи јавна расправа по предметот оформен по поднесената тужба од Коалицијата „Вреди“ за Парламентарните избори 2024 година. Тужбата, според информации на МИА, се однесува на одлуката на ДИК за гласањето во долна Бањица, гостиварско. – Управниот суд ја известува јавноста дека на ден 16. 05. 2024 година со почеток во 17:30 часот во судница бр. 1, ќе се одржи јавна расправа по предметот УРП. бр. 86/2024, оформен по поднесената тужба од Коалицијата Влен на Парламентарните избори 2024 година, против Решение бр. УП1 бр. 10-14 од 14. 05. 2024 година на Државната изборна комисија на РСМ, стои во соопштението на веб страницата на Управен суд. Државната изборна комисија ќе ги чека решенијата на Управниот суд, но, исто така, утре ќе треба да почне да се подготвува за прегласувањето што треба да се одржи во среда на 22 мај. До ДИК беа поднесени 27 жалби за гласањето на парламентарните избори, но дел од нив беа групни. Оттаму посочуваат дека тие внимателно ги разгледувале сите приговори, а усвоиле само седум односно таму каде што има основи и каде што е евидентно дека податоците во доверливиот материјал не се согласуваат со податоците од записникот, а тоа е во избирачките места Желино, Струга, Охрид и по две во Доленени и Крушево. ар/лв/ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-16 Zoran Popov...
Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата
Бизнис вести - пред 1 ден
Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата 16/05/2024 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Охрид беше домаќин на 20-тото издание на Меѓународната регулаторна конференција за телекомуникации во организација на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК). Под насловот „Премостување на јазот – влез во новата дигитална ера“, присутните на Конференцијата добија можност да дознаат повеќе за современите предизвици во телекомуникацискиот свет и безбедното навигирање низ него. Според однапред предвидената агенда, на конференцијата се одржаа три панели посветени на управување со спектарот и мониторинг, сајбер безбедноста, регулаторните прашања и пристап до широкопојасен интернет, кои се во контекст на најновите инспиративни области во електронските комуникации. Дополнително, беа истакнати и нови анализи и заклучоци за состојбата во полето на телекомуникациите во земјата кои покажуваат интересни трендови. Постојаните инвестиции на домашните оператори кон подобрување на инфраструктурата и на целосната услуга придонесоа за зацврстување на мрежата и приклучок кон глобалните стандарди и мрежни брзини. Директорот на АЕК, Јетон Акику, напомена дека Македонија поставува пример за прифаќање и успешна имплементација на новите технологии, што го потврдува и фактот дека нашата 5G мрежа е најдобра во регионот и една од најдобрите на континентот. Мерењата покажаа дека двата најголеми оператори во земјата достигнуваат максимални 5G брзини од 1 гигабит во секунда и просек од 240 мегабити во секунда во градовите и 100 мегабити во секунда на патиштата во нашата земја, што ја рангира нашата национална 5G мрежа пред оние во Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија, Косово… Што се однесува до општиот перформанс на мобилната мрежа, мерењата покажаа дека домашните оператори стабилно напредуваат и на ова поле. Анализата на АЕК ја оцени мрежата на Македонски Телеком со вкупно 637,7 индексни поени, што е највисокиот резултат помеѓу операторите во земјата, следен од А1 Македонија со 618,8 индекс поени. Оценувањето се врши според глобално прифатениот стандард Network Performance Score (NPS), која претставува метрика што го мери целокупниот перформанс на мрежата. Слична ситуација покажуваат и мерењата на перформансот на мобилниот интернет. На патиштата, Македонски Телеком има оцена од 40 наспроти 36 на А1 Македонија, потоа кај малите општини е 100,9 за Македонски Телеком наспроти 92 на А1 Македонија, а кај големите општини мобилниот интернет на Телеком е оценет со 158,7, додека А1 Македонија забележа 142,9 индекс поени. Минатата година сме имале 1.920.403 активни корисници во мобилна телефонија. Кај интернет услугите има раст, и тоа како на мобилните, така и на вкупните. Вкупниот број на корисници со пристап до интернет (без да се вклучат тие со пристап преку мобилен телефон) е 521.918, или околу 20.000 повеќе отколку во 2022 година. Заедно со пристапот до интернет и преку мобилни телефони, бројката достигнува до 1.489.288. Како и да е, оваа бројка е за седумдесетина илјади поголема отколку во 2022 година. Во пракса, имаме сѐ помасовно користење паметни телефони и телекомуникациски пакети коишто по автоматизам вклучуваат интернет. 2024-05-16 Toni Ivanoski...
Гордан Јандроковиќ реизбран за претседател на хрватскиот Сабор
Бизнис вести - пред 1 ден
Гордан Јандроковиќ реизбран за претседател на хрватскиот Сабор 16/05/2024 СВЕТ Гордан Јандроковиќ од владејачката централно-десничарска партија Хрватска демократска заедница (ХДО) по трет пат е избран за претседател на хрватскиот Сабор. Никој од неговите 11 претходници не го постигна тоа во 34 години постоње на хрватскиот Сабор. Со назначувањето на Јандроковиќ за претседател, беше завршено конституирањето на 11. Сабор откако Хрватска стана независна во 1990-тите. На изборите на 17 април, ХДО освои 61 мандат во 151-члениот хрватски Сабор, но го нема потребното мнозинство за да добие мандат за формирање влада и мора да преговара со коалициските партнери. Следуваше главната опозициска Социјалдемократска партија со 42 мандати, Патриотското движење освои 14, десничарскиот Мост 11, а зелено-левичарската платформа Можем – 10 мандати. Во Саборот влегуваат уште три помали партии. На претставниците на малцинствата им се загарантирани осум пратенички места, а на дијаспората три. Јандроковиќ е избран со 144 гласа „за“ и 6 „против“. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-16 Zoran Popov...
За германските компании бизнис климата во земјава е добра, благ тренд на намалување на планираните инвестиции, главен ризик стручниот кадар
Бизнис вести - пред 1 ден
За германските компании бизнис климата во земјава е добра, благ тренд на намалување на планираните инвестиции, главен ризик стручниот кадар 16/05/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Германските компании во земјава ја оценуваат бизнис климата како добра или многу добра, но има тренд на благо намалување на планираните инвестиции, а една од причините за тоа е недостигот на стручни кадри. Анкетата спроведена меѓу германските инвеститори и компании членки на Македонско- германското стопанско здружение покажува дека 37 проценти од нив изјавиле дека имаат намера да ги намалат планираните тековни инвестиции, 33 проценти да ги остават на исто ниво, а 30 проценти да ги зголемат инвестициите. Доколку овие податоци се споредат со минатите години може да се забележи дека има мало намалување во однос на инвестиците. – Еден од одлучувачките фактори е се поголемиот недостиг на стручни кадри. Дури 70 проценти од германските компании во земјава сметаат дека недостигот на стручни кадри е еден од најголемите ризици, а недостигот на стручни кадри се одразува врз тековното производство и на намалување на планираните тековни инвестиции. Педесет и седим проценти сметаат дека и трошоците на работењето се еден од факторите за ризик, а 47 проценти сметат дека влијае и економско-политичката ситуација, истакна Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, надлежна и за Албанија и Косово на денешната прес-конференција во Скопје. Сепак, како што беше посочено на прес-конференцијата, Северна Македонија останува атрактивна локација за инвестирање на германските компании за што говори податокот од анкетата дека 69 проценти од компаниите изјавиле дека повторно би инвестирале во земјава. Германските инвеститори во земјава бараат продолжување на дијалогот со надлежните институции во земјава, консултации пред да се донесат законски измени кои би влијаеле врз нивното работење, зголемување на ефикасноста на администрацијата и завршување на инфраструктурните проекти. – Иако е рано за Нова Година, ние би сакале да ги доставиме нашите новогодишни желби до новата Влада, а тоа се продолжување на отворениот дијалог, консултации со економските тела како коморите и економските здруженија пред да се носат законски измени кои би се одразиле врз работењето на компаниите, зголемување на ефикасноста во делот на административните процеси, како што се издавањето на дозволи за престој, дозволи за работа и поголема трнаспарентност во нивние процеси, како и продолжување и завршување на веќе започнатите инфраструктурни проекти, рече Ванделт. Според Македонско- германското стопанско здружение, досега германските инвеститори во земјава немаат добиено директна понуда да дадат мито, но она со коешто се соочиле во работењето е дека некои процеси многу се пролонгираат, како на пример процесот на вадење работни дозволи за странци или други дозволи што им се потребни на компаниите, а за кои немаат конкретен одговор, односно не знаат зошто одлуката не е донесена, зошто се одбиени. . . . . Во однос на рецесијата во Германија и како таа ќе се одрази врз земјава, според Ванделт, Северна Македонија може да профитира од тоа затоа што германските компании ги префрлаат своите производни капацитети во други држави. – Можеме да кажеме дека едноставно во Германија дојде до рецесијата поради тоа што се префрла производството од Германија, така што директно можеме да кажеме дека Македонија може да профитира од рецесијата во Германија, односно германските компании бараат други пазари каде што можат да ги префрлат своите цели производни процеси. Тоа и се случува. Затоа имаме и големи реинвестиции од страна на скоро сите германски инвеститори коишто се во земјата и сега засега тоа се одвива многу позитивно. Наша проценка е дека тоа и во иднина ќе продолжи така – да се префрла се повеќе производството наваму, нагласува Ванделт. Во земјава има повеќе од 200 германски компании кои вработуваат над 20 илјади вработени и имаат важен удел во инвестициите во Северна Македонија. Во текот на 2023 година има и нови германски инвеститори, но и голем дел од компаниите реинвестирале во државата. бак/лв/Фото: МИА . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-05-16 Zoran Popov...
Наумовски: Користењето на новата додавка на државното име во документите е избрзано и предвреме
Бизнис вести - пред 1 ден
Наумовски: Користењето на новата додавка на државното име во документите е избрзано и предвреме 16/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Поранешниот вицепремиер за евроинтеграции и амбасадор и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски денеска во изјава за медиумите истакна дека новата додавка на името на државата треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. По денешната панел-дискусија и промоција на публикацијата „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Дали Република Северна Македонија е ранлива на економски притисок од Народна Република Кина?”, Наумовски посочи дека некои аспекти на имплементацијата на Преспанскиот договор се направени предвреме и избрзано штом, како што рече, земјава ги нема отворено преговорите за членство со ЕУ и нема отворено ниту едно поглавје. – Имено, доколку детално се анализираат одредбите, ќе видиме дека претходната Влада на СДСМ отиде и предалеку со имплементацијата на Преспанскиот договор во внатрешната употреба и документите кои се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, односно некои одредби кои што требаше да бидат имплементирани постепено согласно отворањето на поглавјата за приговорите со Европската унија беа имплементирани избрзано. Доколку ја направиме анализата, ќе видиме дека самиот договор предвидува постепено имплементирање на додавката во документите согласно отворањето на поглавјата, односно новата додавка треба да се употребува во документите во рок од пет години од отворањето на соодветното поглавје. Ние ги немаме отворено преговорите за членство со Европската унија и немаме отворено ниту едно поглавје, што значи дека некои аспекти на имплементацијата се направени предвреме и избрзано, рече Наумовски. Според поранешниот вицепремиер Наумовски, избегнувањето на претседателката Гордана Сиљановска Давкова да го каже целосното уставно име на државата во нејзината свечена изјава не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор. -Она што професорката Сиљановска Давкова го направи, според мене, не претставува никакво прекршување на Преспанскиот договор, туку ние сме доведени во ситуација да го толкуваме Преспанскиот договор од гледна точка на Грција. Она што било претходно направено, таа избрзана и предвремена имплементација, според мене, било погрешно. Можеби е добро да се направи детална анализа што всушност треба да значи внатрешната употреба на Преспанскиот договор и како таа да се употребува понатаму. За очекување беше дека нашите соседи нема да го игнорираат овој потег, меѓутоа сметам дека ние би требало малку подлабоко да гледаме на ова прашање, односно да видиме дали во суштина некои одредби од т. н Преспански договор се прекршени или не, и што всушност значи неговата примена во документите што се однесуваат исклучиво за внатрешна употреба, рече Наумовски, потенцирајќи дека ставот на Сиљановска Давкова по ова прашање бил јавно деклариран уште во нејзината предизборна кампања и таа останала доследна на она што го ветувала на граѓаните. фф/лв/Фото: МИА Архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-16 Zoran Popov...
Трилатерална пролетна школа за спречување корупција во високото образование
Бизнис вести - пред 1 ден
Трилатерална пролетна школа за спречување корупција во високото образование 16/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) во соработка со Институтот за развој, истражување и алтернативи (ИДРА) – Тирана и Центарот за слободни избори и демократија (ЦЕСИД) – Белград организира Трилатерална пролетна школа за спречување на корупцијата во високото образование која се одржува од 15 до 18 мај во Охрид. Трилатералната школа е организирана во рамките на проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ и учествуваат 30 студентски лидери и активисти (по 10 учесници од трите земји) како и пет експерти. -Преку Школата студентите имаат можност да стекнат теоретски и практични знаења и вештини за спречување на корупцијата во универзитетите. Раководителот на проектот, Мишо Докмановиќ, на отворањето на Школата го нагласи значењето на регионална соработка во превенцијата на корупцијата како и користењето на новите дигитални алатки кои се развиени преку проектот (четбот) и им се на располагање на студентите, соопшти ИСИЕ. Проектот „Универзитети без корупција во Албанија, Северна Македонија и Србија“ е поддржан со регионален грант на Смарт Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, регионален проект имплементиран од Центарот за промоција на граѓанското општество (ЦПЦД), Центарот за истражување и креирање политики (ЦРПМ) и Институтот за демократија и медијација (ИДМ) и финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Норвешка. хс/са/Фото: Институт за стратешки истражувања и едукација . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-16 Zoran Popov...
Во највисокиот суд на ОН почнува рочиштето за израелскиот воен упат во Рафа
Бизнис вести - пред 1 ден
Во највисокиот суд на ОН почнува рочиштето за израелскиот воен упат во Рафа 16/05/2024 СВЕТ Во највисокиот суд на ОН денеска почнува дводневно рочиште за барањето на Јужна Африка да се запре воената операција во градот Рафа на југот на Појасот Газа, каде што повеќе од половина од жителите на палестинската територија се засолниле од конфликтот. Јужна Африка побара од Меѓународниот суд на правдата (МКС) по четврти пат да нареди итни мерки откако земјата започна судење поради наводите дека воените дејствија на Израел во војната против Хамас се граничат со геноцид. Израел тврди дека Рафа е последното упориште на екстремистичката група Хамас и ги отфрла предупредувањата од САД и другите сојузници дека голема операција во градот би била погубна за цивилите. Јужна Африка побара од судот да му нареди на Израел да се повлече од Рафа, да преземе мерки за да обезбеди непречен пристап на службениците на ОН, хуманитарните организации и новинарите до Појасот Газа и да поднесе извештај во рок од една недела за тоа како се исполнуваат тие барања. На претходните сослушувања, Израел негираше геноцид во Газа и тврдеше дека прави сè за да ги поштеди цивилите, а дека цели само на екстремистите на Хамас, чија тактика е да се кријат во цивилни области, што го отежнува избегнувањето на цивилни жртви. Во јануари, судиите му наредија на Израел да стори сé што може за да спречи смрт, уништување и сите акти на геноцид во Газа, но судскиот совет не нареди прекин на воената офанзива што ја опустоши малата енклава. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-16 Zoran Popov...
Доделување на првите договори за поддршка од новата ИПАРД 3 програма
Бизнис вести - пред 1 ден
Доделување на првите договори за поддршка од новата ИПАРД 3 програма 16/05/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска ќе ги додели првите договори за мерките 1 и 7 од новата ИПАРД 3 програма. Како што соопшти МЗШВ, на настанот ќе се обрати директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заедно (АФПЗРР), Никица Бачовски. дма/са/Фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-05-16 Zoran Popov...
„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство
Бизнис вести - пред 1 ден
„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство 16/05/2024 МАРКЕТИНГ, ПРЕТПРИЕМНИШТВО Отворен настан во Градски Парк за децата, младите, родителите и за сите што сакаат да се спротивстават на врсничкото насилство в сабота (18 мај) ќе се одржи во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Со почеток од 11 часот, на зеленилото популарно познато како „Вембли“ (до езерцето спроти стадионот), позитивната енергија ќе биде одговор на горливиот проблем со булингот. Диџеј Боно, Сашко Коцев, „Биби и Боби“, Лозано, Пајак, Весна Петрушевска со децата од нејзината актерска школа, како и други гости, ќе бидат дел од програмата на оваа забавна дружба што е дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Најмладите, исто така, ќе можат да уживаат и во низа интерактивни содржини и популарни игри. – Пресреќни сме што во текот на оваа наша општествено одговорна активност добивме толку многу поддржувачи. Почнувајќи од децата и младите, од кои добивме впечаток дека им е навистина мило што, конечно, така отворено и толку гласно, се зборува за проблем со којшто тие секојдневно се соочуваат. Секако, тука се и општините, кои ја препознаа вредноста на нашата идеја и активно се вклучија во обезбедувањето услови за учениците да се здобијат со знаења за булингот. Наставниците, стручните служби, како и родителите, исто така, застанаа зад кампањата и помогнаа фокусот на јавноста да се сврти кон врсничкото насилство. За да се реши проблемот со булингот потребна е уште работа и посветеност, но веруваме дека и со позитивната енергија од нашиот настан, ќе придонесеме да се придвижиме во вистинска насока – вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“. На „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучија 24 општини. Претходните месеци, од почетокот на 2024, Берово, Свети Николе, Ново Село, Струга, Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево станаа дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Во 2023 година, пак, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров. За сите 24 општини „Макпетрол“ обезбеди едукативни материјали и работилници предводени од психолог со долгогодишно искуство со проблемот со булингот. Десетици училишта со неколку илјади ученици беа дел од овие образовни средби, а во останатите истите се во тек. Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се најчестите форми на булинг, а токму со нив децата и младите се запознаваат во текот на едукативните средби. Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ќе биде активна и во следниот период. Сите објавени комуникациски материјали, како едукативни спотови, епизоди од анимираната серија „Биби и Боби“, брошури наменети за деца, родители и за наставници и понатаму ќе бидат достапни на социјалните мрежи, како и на вебсајтот kreniglas.mk. На оваа платформа и натаму, секој што имал некакво искуство со булингот, ќе има простор анонимно да ја сподели личната приказна. Дополнително, преку интерактивни тестови, сите можат да препознаат дали биле сторители, жртви или набљудувачи на врсничкото насилство. Стратешкиот приоритет за општествена одговорност „Макпетрол“ го исполнува со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Изминативе години, компанијата се јавува како иницијатор или учесник во активности за поддршка на заедницата. Централен интерес на кампањата „Стоп за булинг“ се младите, односно преку неа се создава поткрепа во соочувањето со проблемот со врсничкото насилство. Значаен дел од општествено одговорните активности „Макпетрол“ и во иднина ќе биде креирањето услови за развој и реализација на потенцијалите на младите генерации. 2024-05-16 Toni Ivanoski...
Во Словачка по атентатот на премиерот, повици за прекин на говорот на омраза
Бизнис вести - пред 1 ден
Во Словачка по атентатот на премиерот, повици за прекин на говорот на омраза 16/05/2024 СВЕТ Властите на Словачка, која е во шок по обидот за атентат врз премиерот Роберт Фицо, со еднствени осуди за тој чин, денеска повикаа да се прекине говорот на омраза. Полицијата соопшти дека сега е последен момент да престанат да се разгоруваат страстите, итно е и да се стави крај на говорот на омраза и растечките тензии и поларизација и да се врати Словачка во кругот на цивилизираните земји каде не се пука кон премиерот или политички неистомисленици. Тие бараат медиумите и социјалните мрежи да ја исклучат опцијата за коментирање на веста за атентатот на премиерот Фица, кој по петчасовна операција синоќа во Банска Бистрица во централна Словачка е во стабилна состојба, но според лекарите, тој се уште е во многу тешка состојба. „Одговорот на омразата не може да биде омраза. Ве молам сите да престанете со нападите и изразите на омраза насочени кон овој или оној политички блок. Од она што се случи и многумина од вас го посеаја, денес се роди бура. И стоиме овде на прагот на граѓанска војна“, апелираше словачкиот министер за внатрешни работи, Матуш Шутај Ешток. Веднаш по атентатот, словачката опозиција го откажа најавениот протест против измените на законот за медиуми, со кои власта по примерот на Унгарија на Виктор Орбан или до неодамна Полска за време на владеењето на правото и правдата на Јарослав Качински, ќе ја преземе контролата врз јавниот ТВ и радио сервисСпоред полицијата, нападот на 71-годишниот Јурај Цинтула врз премиерот Роберт Фицо кога тој отишол да се поздрави со приврзаниците и граѓаните по владината седница во Хандлова бил политички мотивиран. Иако најблиските соработници на премиерот, како неговата „десна рака“ вицепремиер и министер за одбрана Роберт Калињак, повикуваат на воздржаност и итен прекин на говорот на омраза и нападите врз политичарите од власта и опозицијата и заканувачки пораки до медиумите, потпретседателот од словачкиот парламент од партијата СМЕР на Фиц, Лубош Блаха, веднаш ја обвини опозицијата и независните медиуми. „Сите не претворивте во мети, со години ширевте страшна омраза. Толку не мразевте затоа што народот не избра што ни организиравте лов како дивеч. Поради вас премиерот се бори за живот“ им рече тој на опозициските пратеници. Лидерот на коалициониот партнер во владата, радикалната националистичка Словачка народна партија, Андреј Данко, за се ги обвини „либералните медиуми“, кои ги нарече „одвратни свињи“. Невладините организации и претставниците на граѓанското општество подготвија петиција со цврста осуда на атентатот, повикувајќи ги сите без разлика да престанат да придонесуваат за натамошното ширење на омраза и тензии во општеството„Обвинувајќи ја опозицијата, идеолошките и политичките неистомисленици, медиумите или невладиниот сектор започнува спирала на страв, омраза и дополнително насилство“, се вели во петицијата, која досега има 1. 900 потписи. „Не знам дали Словачка се смени, но ние не сакаме ваква Словачка. Да ја запреме. Да се погледнеме во огледало и да си кажеме што е навистина важно“, апелираше вицепремиерот Калињак. Самиот премиер Фицо пред еден месец предупреди дека ваквото вербално насилство и говор на омраза упатени кон словачките службеници кога ги навредуваат на улица и им се закануваат на социјалните мрежи може да завршат со убиство на еден од водечките политичари. „Не претерувам ни милиметар“, изјави тогаш Фицо. На закани и говор на омраза беше изложена и претседателката на Словачка во заминување Зузана Чапутова, која е блиска до проевропската либерална опозиција, која одби да се кандидира за реизбор на неодамнешните претседателски избори токму за да не го разоткрие своето семејство и самата на „лов на вештерки“ во следните неколку години. „Страшно е и заслужува осуда ова што се случи, неколку месеци мораа да ме возат со блиндирано возило“, изјави поранешната премиерка Ивета Радичова од актуелната опозиција. Радичова, која е социолог, потсети дека словачкото општество го потресе нарачаното убиство на младиот истражувачки новинар кој пред неколку години ги разоткри врските на италијанската мафија, словачките тајкуни и тогашната влада на Фицо, Јан Куцијак и неговата свршеница. Поради убиството на Куцијак, во Словачка избија големи протести и премиерот Фицо потоа беше принуден да поднесе оставка, а на вонредните парламентарни избори минатата есен се врати на власт. „Убиството на Куцијак мобилизираше протести и страшно го потресе општеството. Поларизацијата се зајакна и за време на владата на Матович и истрагата за корупција на највисоко политичко ниво (тогашната влада на Фиц). По три години хаос кога се наредени четворица премиери, тим дојде што почна да презема чекори кон ползечката автократија“, изјави Радичова за Чешкото радио. Поранешниот словачки премиер предупреди дека и власта и опозицијата се виновни за ескалацијата на тензиите и омразата во општеството. „Бунтовите на обичните луѓе што ги поттикнуваат политичарите веќе не се во рацете на политичарите“, рече Радичова. Додека светските медиуми го потенцираат факторот на проруските изјави на премиерот Фицо и политичарите од владејачката коалиција и наведуваат дека тој ја прекинал помошта во оружје за Украина, самата Словачка и првиот сосед на Чешка, каде ситуацијата во Словачка е добро позната, поголемо значење се придава на обидите за промена на законите во судството за да се отежне истрагата за корупцијата и поврзаноста на политичарите со мафијата, како и напорот медиумите да се стават под контрола на властите, следејќи го унгарскиот и до неодамна полскиот модел. Кога станува збор за позицијата на Словачка по победата на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо и неговите проруски изјави, поранешниот чешки претседател и пријател на Фицо, Милош Земан, рече дека за него е клучно Фицо да повтори дека ја поддржува Украина во рамките на нејзините меѓународно признати граничи и испраќа хуманитарна и финансиска помош и истиот став дека на Украина мора да и се помогне се залага во Европската унија и не става вето или ја поткопува помошта за Украина, дури и во оружје. „Важно е да се комбинира помошта за Украина со мировните преговори. Оние кои одбиваат преговори ја осудуваат Украина на војна до последниот украински војник, а јас не го сакам тоа“, рече Земан во видео интервју два дена пред атентатот. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-16 Zoran Popov...
Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ
Бизнис вести - пред 1 ден
22.09.2023., Rovinj - Weekend Media Festival 2023. Kakvu organizaciju ljudi neće napustiti – što kaže znanost? Zvonimir Galic, Matija Ruzojcic. Второто и уште поголемо издание на HR.Weekend: Интердисциплинарни теми и најголемите експерти наесен во Ровињ 16/05/2024 МАРКЕТИНГ, ПРЕТПРИЕМНИШТВО Второто издание на исклучително успешниот HR.Weekend ќе се одржи и оваа година во рамките на Weekend.17 од 19 до 22 септември во Ровињ. Ова уште поголемо издание на посетителите ќе им претстави нови, актуелни и посовремени интердисциплинарни теми, како и некои од најголемите светски експерти од различни области поврзани со човечки ресурси. Минатогодишниот и првиот HR.Weekend ги воодушеви сите професионалци за човечки ресурси, менаџери за човечки ресурси, работодавци и претставници на компаниите, а оваа година организаторите носат уште повеќе врвни експерти и предавачи кои ќе разговараат на сеприсутната тема за вештачката интелигенција во контекст на работната средина, деловната страна на човечките ресурси, менталното здравје, автентичноста на организациите, преиспитувањето на постоечките практики за човечки ресурси и на бројни други професионални теми. „Горди сме што минатата година HR.Weekend доби своја сцена на незаменливиот Weekend Media Festival и стана клучна платформа за сите професионалци во областа на човечките ресурси. Од второто издание на HR.Weekend во септември, посетителите можат да очекуваат уште побогата програма, инспиративни врвни експерти и бројни неформални можности за вмрежување. Нашата цел е да создадеме уникатен простор за размена на знаења и искуства, а нема подобар простор од Старата фабрика за тутун во Ровињ и надалеку познатата атмосфера на Weekend Media Festival“, изјави Даниел Акерман (Daniel Ackermann), ко-основач на HR.Weekend. и извршен директор на агенцијата Degordian. Помодерен пристап кон темите за човечки ресурси Организаторите откриваат дека на овогодинешното издание интердисциплинарно ќе се третираат теми од областа на човечкиот потенцијал. Така, еден од најпознатите клинички психолози од Харвард, д-р Марк Шулц (Marc Schulz), ќе зборува за тоа како експертите за човечки ресурси можат подобро да ги разберат односите меѓу вработените, да поттикнат позитивна работна култура и како поединците се развиваат во текот на нивната професионална кариера. Д-р. Шулц, кој во Ровињ го доведоа Algebra MBA Poslovna škola и Planetopia, е исто така коавтор на популарната книга „The Good Life“, која се заснова на најдолгото лонгитудинално истражување за среќата во светот, која е во тек веќе осум децении. Ндиди Масеј (Ndidi Massay), потпретседател за работна култура и иницијативи за различност во CBS Sports, доаѓа од Њујорк на HR.Weekend. Токму таму, Масеј развива, спроведува и мери иницијативи за поразновидна, поправедна и поинклузивна работна средина, за што ќе зборува на вториот HR.Weekend. Овогодинешната програма малку ќе се оддалечи од темите за генерациските разлики со кои заедницата за човечки ресурси интензивно се занимаваше во минатото и ќе се фокусира на подигање на свеста за развојот на програми за сите групи вработени. На овој начин, експертите ќе се занимаваат со потребите за развивање програми за вработени жени во перименопауза-менопауза-постменопауза, како и подготовка на вработените за огромната животна промена, односно пензионирање. Дел од програмата ќе биде посветен на автентичноста, која е проткаена низ целиот овогодишен фестивал. Така, ќе се разговара за тоа колку е важно корпорациите да развиваат сопствени практики, а не да ги усвојуваат моделите на другите корпорации, како и за важноста на автентичното лидерство, односно развивање на сопствен корпоративен идентитет. Организаторите наведуваат дека годинава ќе прикажат што повеќе студии на случај, но и ќе отворат повеќе нови теми како на пример: „Има ли место за психотерапија во контекст на човековиот развој?“ Покрај сето горенаведено, HR.Weekend ќе се занимава и со процесите на реинтеграција на вработените, бидејќи заедницата за човечки ресурси покажа потреба да разговара за програми кои конкретно ја подготвуваат организацијата, но и самите вработени, за враќање на работа по долго отсуство. Затоа, не пропуштајте да присуствувате на најдобрите предавања од областа на човечкиот потенцијал во единствениот викенд во годината. Истовремено забавувајте се, бидејќи не заборавајте, забавата за викенд е најдобрата забава. Сите информации за новото, поголемо и уште подобро издание на HR.Weekend можете да ги најдете овде, но и на профилите на социјалните мрежи Instagram, LinkedIn и Facebook. 2024-05-16 Toni Ivanoski...
„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени
Бизнис вести - пред 1 ден
„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени 16/05/2024 ПРЕТПРИЕМНИШТВО Грижата за вработените и постојаното унапредување на условите за работа, како клучни стратешки цели на „Алкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа. По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото „БЗР од мали нозе – за идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и стручно придонел во сопствениот развој инвестирајќи/имплементирајќи добри практики во безбедни и здрави работни места за своите вработени и за правен субјект кој најмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своите вработени. Во рамките на настанот, кој беше организиран под покровителство на стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа (Здружението за заштита при работа на Општина Битола, Здружението за безбедност при работа „28 Април“ – Скопје и Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА – Скопје), свое обраќање имаше и членот на УО на „Алкалоид“, Ќире Ицев: „Добиените признанија се најдобар доказ за напорите што ги вложува ’Алкалоид’ во градењето безбедна и здрава работна средина. Ова за нас претставува мотив повеќе и во иднина да продолжиме со напорна работа и со надминување на предизвиците преку континуирано унапредување на воспоставениот систем за безбедност и здравје при работа и преку примена на светски етаблираните практики, кои се со цел заштита на вработените“, истакна Ицев. „Алкалоид“ како компанија во чиј фокус се луѓето пред сѐ останува посветена на процесот на континуирана надградба на безбедна и здрава работна средина за сите вработени, изведувачи и посетители. Системот за управување со безбедноста и здравјето при работа, како и примената на највисоките стандарди се вградени во изведувањето на секојдневните операции и активности. Континуираното вложување во унапредување, осовременување и во примена на етаблираните светски практики има цел превенција, намалување и отстранување на ризиците на секое работно место. 2024-05-16 Toni Ivanoski...
Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ
Бизнис вести - пред 1 ден
Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ 16/05/2024 МАРКЕТИНГ, ПРЕТПРИЕМНИШТВО По повод одбележувањето на Светскиот ден на семејството, 15-ти мај, компанијата БИМИЛК, организираше еднодневен голем настан на кој зборуваше познатиот експерт за детски развој д-р Ранко Рајовиќ. На семинарот, на кој присуствуваа родители од БИМИЛК, воспитувачи, психолози, педагози и дефектолози беше прикажана стручноста на д-р Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата преку познатиот систем за учење NTC (Никола Тесла Центар). Вкоренета во најновите откритија на невронауката, програмата за учење NTC интегрира иновативни детски активности и игри дизајнирани да го оптимизираат развојот на мозокот за време на клучниот период од раѓање до околу десет години. Д-р Ранко Рајовиќ го истакна значењето на играта како внатрешен нагон на детето, клучен елемент на програмата NTC, која стимулира сложени моторни активности, фини моторни вештини и когнитивен развој. „Програмата NTC нуди целокупен пристап за негување на детскиот потенцијал“, истакна д-р Ранко Рајовиќ. „Преку три фази на имплементација, кои опфаќаат еволуциски поддржувачки активности, класификации на мислата и дивергентно и конвергентно размислување, децата се вклучуваат во учење засновано на игра што го подобрува и сензомоторниот и когнитивниот развој“. Од своето основање во 2008 година, програмата NTC доби признание во светот, со имплементација во 17 европски земји и акредитација од страна на министерствата за образование во седум држави. Неговата експанзија ја нагласува нејзината ефикасност во поттикнувањето на интелектуалниот раст на децата и е пофалена од едукаторите ширум светот. „На 15 мај, Меѓународниот ден на семејството, ја славиме основната улога на семејството во нашето општество. Одбележувањето на овој ден треба да ја подигне свеста за значењето на вредностите кои се негуваат и развиваат во рамки на семејството и како тие потоа се рефлектираат на општественото живеење. Прифаќајќи ги иновативните пристапи во образованието, ние вложуваме во нашите вработени кои се родители, но и во воспитувачите од заедницата, за да создадат средини кои го негуваат потенцијалот на новите генерации. Со здружување на родителите и воспитувачите, се надеваме дека ќе поттикнеме соработка и споделување знаење за доброто на нашата заедница. Вработените за нас се семејство, најважната алка во успехот на Бимилк“, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во БИМИЛК. Семинарот не само што ја олесни размената на знаење, туку и ја нагласи важноста на колективните напори на една компанија во обликувањето на посветла иднина. Со здружување на родителите и воспитувачите, БИМИЛК има за цел да негува мрежа за поддршка посветена на целокупниот развој на децата, отворајќи го патот за просперитетна заедница. Бимилк како општествено одговорна компанија, ја зема предвид и улогата во едукацијата и развојот на вработените и младите, во пренесување на знаење и вредности и на тој начин активно учествува во создавање здрава, едуцирана и одговорна младина. Ова е дел од проектите кои Бимилк ги создава под платформата „Растеме заедно“ и континуирано ќе продолжи да едуцира за подобра иднина на младите. 2024-05-16 Toni Ivanoski...
Матурантите се натпреваруваа во примена на микропроцесорски системи на Факултетот за електроника и информациски технологии
Бизнис вести - пред 1 ден
Матурантите се натпреваруваа во примена на микропроцесорски системи на Факултетот за електроника и информациски технологии 16/05/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Средношколци од десет средни училишта за техничко образование од земјава, на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје се натпреваруваа во практична примена на знаењата преку употреба на развојни микропроцесорски системи. Натпреварот беше во рамките на проектот „Технологија за тебе“ организиран од ФЕИТ-ФАБЛАБ и Логинг Електроникс, кој вклучи и работилници, каде средношколците претставуваа проекти на кои работеле во текот на училишна година, додека нивните професорите следеа обуки и предавања организирани од ФЕИТ. Целта е промоција на електротехниката преку обезбедувањетехничка и професионална поддршка на учениците и професорите, информираат од ФЕИТ. „Технологија за тебе“ годинава се одржа по петти пат. Оваа традицијата ги спојува потенцијалните студенти со Факултетот и со бизнис заедницата и успешно ги промовира условите за студирање на ФЕИТ. Деканот на ФЕИТ проф. д-р Владимир Атанасовски на настанот гледа како можност да ги мотивираат матурантите да одберат студии на ФЕИТ. Атанасовски информира дека преку промоција на овие активности Факултетот ги презентира лабораториските капацитети и можностите за практична работа пред заинтересираните матуранти. -Со учество на „Технологијата за тебе“ младите се запознаваат со современата опрема во ФЕИТ-ФАБЛАБ и практично преку интердисциплинарен пристап нивната идеја да ја развиваат во прототип. Имаме одлична соработка со стопанството, а со настанот и практично ги спојуваме наставата, науката и нејзината апликација во развојот на прототипови, појаснува Атанасовски. Директорот на Логинг електроникс Златко Крстевски, кој е партнер на проектот од неговото основање пред 7 години потенцираше дека проектот е отворен за нови партнери кои ќе сакаат да вложат во знаењето на средношколците кои покажуваат големи знаења и разбирање за технологијата. -Верував во знаењето што го имаат учениците и знаев дека нема да биде проблем да ја совладаат технологијата, која последните години стана лесно достапна. Ако претходно ја имаа само на факултетот, сега оваа технологија овозможивме да е достапна и во средните училишта. Во соработка со ФЕИТ обезбедивме и поддршка за наставниците, и еве седум години подоцна, денес имавме презентација на ученици кои развиле проекти од паметен град,паметен автомобил, паметна градина. Целта ни е да ги задржиме овие деца тука, да дознаат дека тука има услови да ги творат идеите и да ги реализираат во корист на сите. На нас е да им обезбедиме достапност на опрема, а на професорите да ги заинтересираат да одат на вежбите, и гледаме дека тоа дава резултати, вели Крстевски. За натпреварувачкиот тим Андреј Даневски и Матеј Стојчески од СЕТУ на ГС „Михаило Пупин“ натпреварот отвора нови видици за нивните идни можности. -Натпреварот ми овозможува да ги употребам моите вештини и знаења за забава и натпревар во категории за кои немаме многу можности во нашата држава. Ми овозможи и предвреме да го искусам студентскиот живот на овој кампус и ме убедува сериозно да ја размислам шансата за продолжување на моето образование на овој факултет,потенцира Матеј Стојчески. Тимовите работеа на развој на протипови на автономни возила кои сами се движат и распознаваат бои. -Работите кои ни се дел од натпреварот веќе ги имаме совладано во нашето училиште и од тој аспект ние сме подготвени за ФЕИТ или друг сличен факултет, додава Андреј Даневски. ФЕИТ е единствен факултет во земјава со германска акредитација на додипломските студии и најголем број на научно истражувачки проекти во државата. ад/са/Фото: ФЕИТ . Извор: МИА ВЕСТИ ЛОКАЛНО 2024-05-16 Zoran Popov...
Гервала: Владата на Косово го подготвува својот Нацрт-статут на ЗСО до крајот на мај во Уставниот суд (ДПЛ)
Бизнис вести - пред 1 ден
Гервала: Владата на Косово го подготвува својот Нацрт-статут на ЗСО до крајот на мај во Уставниот суд (ДПЛ) 16/05/2024 СВЕТ Владата на Косово го подготвува Предлог-статутот на Заедницата на српските општини (ЗСО) кој ќе биде испратен до Уставниот суд до крајот на мај, наведе косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервала, во писмо до Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Овој потег на Владата доаѓа пред состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа, на кој членството на Косово во таа организација не беше ставено на дневен ред, бидејќи Франција и Германија побараа од Косово да преземе конкретни чекори за поднесување на Нацрт-статутот на ЗСО до Уставен суд за уставна оцена, пренесе ета. Ваквото барање го одби косовскиот премиер Албин Курти. Но, во писмото испратено на 15 мај, Гервала најави дека до Уставниот суд ќе биде доставен Нацрт-статутот што го подготви Владата на Косово, а не европскиот нацрт презентиран пред партиите минатата година. Според овие тврдења, Владата на Косово работи на нацрт-статутот инспириран од оној на Фондацијата „Фридрих Еберт“. Гервала додаде дека, земајќи ги предвид тие чекори, очекува дека Комитетот на министри ќе има дополнителни причини да го покани Косово да стане 47-та членка на Советот на Европа. На крајот на јануари 2023 година, Фондацијата „Фридрих Еберт“ го објави Нацрт-статутот за основање на ЗСО во согласност со Уставот и правниот систем на Косово. Тој нацрт, кој се состои од седум поглавја и 18 члена, го предвидува начинот на формирање, организациската структура, односите со централните власти, законодавството, буџетот, како и други аспекти на работата на Заедницата, вклучувајќи ги и симболите. Според тој предлог, ЗСО може да има дополнителни овластувања, кои може да се префрлат на централните власти на Косово. Што се однесува до структурата, тој нацрт предвидува дека ЗСО има Собрание, претседател, потпретседател, Совет и Управен одбор на Заедницата. Целите на тоа тело се зајакнување на локалната демократија, овозможување, финансирање или промовирање активности кои го подобруваат учеството на граѓаните и демократската практика, како и застапување интереси важни за локалната демократија. Во документот се предвидува дека ЗСО ќе има статус на правно лице, што, како што се наведува, со законски акт треба да му го додели Владата на Косово. Според документот на германската организација, ЗСО ќе се финансира од придонесите на своите членови, приходите од услугите што ги дава, движен или недвижен имот, трансфери од централни власти, грантови, донации, како и финансиска поддршка од други здруженија и организации, домашни и меѓународни, вклучително и Србија. зш/ . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-16 Zoran Popov...
Вархеји: Планот за раст се реализира, ќе разговараме за приоритети како СЕПА
Бизнис вести - пред 1 ден
Вархеји: Планот за раст се реализира, ќе разговараме за приоритети како СЕПА 16/05/2024 СВЕТ – Планот за раст за Западен Балкан веќе се реализира, а на Самитот ќе разговараме како да ги спроведеме сите приоритети на регионот за оваа година, изјави денеска европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји пред отворањето на Самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија во Котор. Според него, во рамките на споменатите приоритети, најважна е СЕПА (Single Euro Payment Area) односно област на заедничко плаќање во евра. Тој изјави дека сите граѓани и бизнисмени од регионот од првиот ден од следната година ќе имаат придобивки од овој план. Самитот на лидерите на Западен Балкан и ЕУ се одржува под слоганот „Еден регион, заедничка визија“ се одржува во Котор, а учествуваат лидерите од регионот, претставници на ЕУ и САД. ми/фото: МИА архива . Извор: МИА СВЕТ 2024-05-16 Zoran Popov...
Домашната градежна оператива со зголемена работа во странство во првиот квартал
Бизнис вести - пред 1 ден
Домашната градежна оператива со зголемена работа во странство во првиот квартал 16/05/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Во периодот јануари – март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 158 247 000 денари, што е за 10,8 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Во наведениот период, градежната оператива од државава во странство извршила градежниработи во вкупна вредност од 49 822 000 денари, што е за 16,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во првиот квартал годинава македонските градежници бележат договориле и вршеле работа во Германија, Црна Гора, Бугарија,БиХ и Албанија. лв/са/фото: МИА архива . Извор: МИА ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА 2024-05-16 Zoran Popov...