Битиќи: Година и пол работевме на Планот за раст, направиме реформски процеси за подобрување на квалитет на животот во државата
Работник - пред 51 минути
ЕкономијаМакедонијаНовости Битиќи: Година и пол работевме на Планот за раст, направиме реформски процеси за подобрување на квалитет на животот во државата 04/05/202404/05/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута „Јас бев изненаден од лагодноста со којашто нашиот политички опонент си замислува дека и покрај тоа што се против Европска Унија очекуваат дека ќе им се даде една милијарда. Во суштина бев на неколку состаноци на Стопанските комори и таму слушнав дека они оделе и викале „не се секирајте ние една милијарда кога ќе дојдеме на власт, ја зимаме и ја даваме на стопанството, и готова е работата“. Веројатно луѓето треба уште еднаш да се разочараат за конечно да сфатат како таа една милијарда може да се добие. Реалноста е дека е направена голема работа. Година и пол се работеше на Планот за раст. Јас еднаш бев учесник на неформалната со Оливер Вархеји во Тирана во којшто буквално сите земји на Западен Балкан велеа дека овие средства не се возможни, 6 милијарди евра, но тоа стана реалност“, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи на Економски подкаст „Планот за раст, реформите предуслов за ЕУ фондовите и социјалните политики“. Повеќе на Слободен Печат About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Битиќи: Година и пол работевме на Планот за раст, направиме реформски процеси за подобрување на квалитет на животот во државата - 04/05/2024 И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки - 04/05/2024 КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати - 04/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Побарале од неа да лази и мука на интервју за работа: Кое Вашето најлошо искуство на интервју за работа (АНКЕТА)
Работник - пред 1 час
НовостиСветот на работникот Побарале од неа да лази и мука на интервју за работа: Кое Вашето најлошо искуство на интервју за работа (АНКЕТА) 04/05/202404/05/2024 Бобан М. Илијевски About Latest Posts Бобан М. ИлијевскиНовинар за работни односи, кариера и човечки ресурси Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all) Побарале од неа да лази и мука на интервју за работа: Кое Вашето најлошо искуство на интервју за работа (АНКЕТА) - 04/05/2024 Слобода без вреднуван труд – малку потешко! - 03/05/2024 Без финансиска безбедност на медиумските работници не можеме да имаме слободни медиуми - 03/05/2024 Време за читање 2 минути 1Непристојни прашања на интервју за работаКое е најлошото прашање/ситуација во кое сте го добиле/во која сте биле на интервју за работа Дали имате деца/планирате да имате деца? Дали би работеле за помалку пари отколку што сега заработувате? Сте имале бизарни тестови (слични на оние на студентката од Британија) Ви го откажале интервјуто во последен момент Прашањето „Дали имате деца?“ можеби е едно од најомразените прашања на разговор за работа, а ако слушнете дека во странство од поединци барале да лазат и мукаат како крави, ќе сфатите дека низата на бизарни и непримерни ситуации на разговорите за работа одат далеку подлабоко од допирањето во приватноста. Во продолжение ќе слушнете приказни од поединци кои ќе ве остават без текст. Лае пристигнала навреме на разговор за работа во една адвокатска канцеларија во Бристол, за да 20 минути подоцна ѝ кажат дека разговорот се откажува за следниот ден. Вознемирена од целата ситуација, таа заминала дома. Подоцна добила порака во која било наведено дека откажувањето било своевиден текст и дека не го положила. Секако, не ја добила работата. За британскиот јавен сервис BBC порачала дека ова искуство ѝ било потполно бизарно и дека ја натерало да отвори свој бизнис. Од ова бизарно искуство сепак излегло нешто добро, нели? Чудни и непримерни интервјуа На разговор за работа на Универзитетот во текот на студиите, од Аиксин и група на луѓе кои аплицирале за иста работа, било побарано да лазат и мукаат како крави. „Тоа траеше околу 3 или 4 минути. Целото тоа време се чувствував изнервирано, беше крајно непристојно“, порачала таа и додала дека постоел притисок од врсниците кои тоа го правеле без приговор. Лицето кое го водело интервјуто рекло дека сакало да види дали кандидатите се „забавни“. Колку години ви преостануваат? Една жена по име Џули ја прашале „колку години од животот и останале?“. Ова е едно од нај-бизарните прашања на интервју на работа, тука ќе се согласиме сите. Дека прашањата одат уште подлабоко, потврдила и една маркетинг менаџерка, која еден моден бренд од Милано ја прашал што има од наследството. Потеклото ви ја одредува платата Една жена од Уганда, која уште како дете дошла во Лондон, се соочила со работодавач кој сакал да ја плаќа на основа на платата во Уганда, наместо на таа во Лондон. Нема потреба да се зборува за тоа дали ја прифатила работата. Изгледа дека прашањето за мајчинството не е резервирано само за балканските простори, па така и жените од Велика Британија често се соочуваат со ова прашање. Доколку имате приказна која сакате да ја споделите со нас, пишете ни на [email protected] Извор: Telegraf Biznis.rs Фото: Freepik Facebook Twitter LinkedIn...
КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати
Работник - пред 5 часа
НовостиСветСветот на работникот КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати 04/05/202404/05/2024 Портал Работник Време за читање 5 минути Медитеранската земја на Европската унија – Шпанија – се издвојува не само по своите чудесни плажи, богата историја, раскошна архитектура и разновидна храна. Во духот на Денот на трудот, кој денес се слави ширум светот, разгледуваме некои позитивни работни практики и иницијативи во Шпанија. Сите го паметиме моментот кога оваа европска земја воведе тридневен одмор за жените кои страдаат од менструални болки. Сега Министерството за здравство на Шпанија објавува дека планираат да го вклучат менталното здравје при работа во нивниот национален систем за епидемиолошки надзор. Белен Гонзалес, координатор на иницијативата, за новинската агенција ЕФЕ изјави дека „работата ги уништува работниците“. Според неа, новата програма има за цел да „извлече заклучоци за количината на психичко страдање што се јавува во врска со работата“, а во исто време „да покаже (со официјални тестови) дека има ментални нарушувања кои произлегуваат од работата“. Досега, стресот на работа (или она што популарно е познато како исцрпеност) не е официјално признаен во Шпанија како можно ментално нарушување, но ова може да биде добар прв чекор. Регистарот што Шпанија сака да го спроведе ќе биде дел од идниот систем за епидемиолошки надзор на земјата, кој вклучува следење на заразни болести, како и на незаразни болести. Според Гонзалес, добиените информации ќе овозможат да се процени кои работни услови влијаат на луѓето и кои групи вработени се најмногу погодени од менталните здравствени проблеми на работа. Во Шпанија, одговорностите во областа на здравството се пренесуваат од централната власт во различни региони, кои имаат свои регионални јавно здравствени системи. Промена на работната култура Надзорот ќе им овозможи на креаторите на политиката подобро да ги разберат причините за психолошките проблеми. „Ќе почнеме да вршиме притисок врз властите да направат промени на работните места и да ги сменат условите за работа, затоа што не праќаме кревки луѓе на работни места, па тие пукаат, туку она што се случува е дека работните места ги кршат работниците. “, предупредува Гонзалес. Според нејзиното мислење, неопходно е „да се смени работната култура и да се бара модел на работа кој нема да има приоритет само на продуктивноста и профитот, туку ќе биде фокусиран на здравјето на работниците“. Министерката за здравство на Шпанија, Моника Гарсија зборуваше на тема ментално здравје. „Знаеме дека има епидемија на психички потреси, но знаеме и дека оваа епидемија потекнува од социјалните проблеми што ги надминуваат четирите ѕида на ова Министерство“. Да потсетиме, во втората половина на минатата година, Парламентот на Шпанија донесе закон со кој им се овозможува на жените кои страдаат од сериозни болки за време на менструалниот циклус да добијат платено боледување во тој период. Боледувањата поради менструација се одобрени само во неколку земји во светот, меѓу нив Јапонија, Индонезија и Замбија, а Шпанија е прва меѓу европските земји. Имено, законот усвоен во Шпанија дозволува право на тридневен „менструален одмор“ со можност за продолжување на пет дена. Како што е објаснето, ќе можат да го користат и жени кои имаат силни грчеви, мачнини, вртоглавици, повраќање за време на менструалниот циклус. За ова отсуство потребно е лекарско уверение, а сметката ќе ја покрие јавниот социјален систем. Колку заработуваат? Од 2024 година, минималната плата во Шпанија е нешто повеќе од 1.300 евра месечно за вработен со полно работно време кој работи 40 часа неделно. Минималната саатница во Шпанија е 8,87 евра. За оние кои земаат 14 плати, минималната месечна плата е 1.134 евра, со две доплати во јули и декември. Според статистичките податоци, просечната плата во Шпанија е 29.100 евра годишно или 2.500 евра месечно. Сепак, во зависност од различни фактори како искуство, локација и индустрија, оваа бројка може да варира. На пример, работниците во Мадрид и Каталонија имаат тенденција да заработуваат повисоки плати од оние во другите области, додека висококвалификуваните индустрии како што се финансиите и технологијата генерално плаќаат подобро од оние со пониско квалификувани. Она што се смета за добра плата во Шпанија зависи од голем број фактори, вклучувајќи ги трошоците за живот, начинот на живот и големината на домаќинството. Меѓутоа, кога се гледаат бројките од веб-страницата Numbe, платата од 30.000 евра или повеќе годишно се смета за добра. Ова ќе ви овозможи да живеете удобно во повеќето делови на Шпанија, со доволно пари за штедење и патување. Извор: Еуправозато Фото: Freepik About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки - 04/05/2024 КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати - 04/05/2024 Бројот на нови работни места во САД се намалил во април - 03/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки
Работник - пред 5 часа
НовостиСветот на работникот И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки 04/05/202404/05/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Македонската дијаспора во Германија се соочува со значителни финансиски предизвици поради високите цени за изнајмување станови за живеење, особено во големите урбани центри, пишува порталот Денар. Според последните извештаи, најниската кирија што може да се најде во градовите како Штутгарт, на пример, започнува од 1.000 евра, додека во помалите населби цените се нешто поповолни, ама не пониски од 700-800 евра месечно. Во последните две години, цените на кириите во Германија значително пораснаа, што посебно ги погодува македонските имигранти со помали приходи. Многумина од нив се принудени да бараат сместување во периферните делови на градовите или во помали населби за да можат да си дозволат покриеност на основните животни трошоци. „Со мала плата е тешко да се најде пристојно сместување. Ние едвај успеавме да најдеме стан за 1,000 евра кој е доволно голем за нашето четиричлено семејство”, изјавува еден Македонец кој живее во близина на Штутгарт и работи како болничар. Ситуацијата не е поинаква ни за другите странски работници во Германија. Високите цени на станбениот простор и ограничената понуда создаваат напнат пазар на недвижности, каде што потрагата по стан може да биде исцрпувачка и долготрајна. Оваа ситуација укажува на потребата од поголема поддршка за имигрантите и подобрување на условите за живеење, со цел да се олесни нивната интеграција и да се обезбеди достоинствен живот за сите граѓани кои придонесуваат кон германската економија. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Битиќи: Година и пол работевме на Планот за раст, направиме реформски процеси за подобрување на квалитет на животот во државата - 04/05/2024 И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки - 04/05/2024 КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати - 04/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Бројот на нови работни места во САД се намалил во април
Работник - пред 21 часа
ЕкономијаНовостиСвет Бројот на нови работни места во САД се намалил во април 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Растот на вработувањето во САД во април се намалил повеќе од очекувањата а намален е и прирастот на платата на годишно ниво. Невработеноста останала речиси на исто ниво како и во март. Аналитичарите сметаат дека иако пазарот на трудот останува под притисок, рано е да се очекува Федералните резерви (Фед, американската централна банка) да започнат со намалување на каматните стапки пред септември. Бројот на работните места во април се зголемил за 175,000, соопштија денеска од Бирото за статистика на Министерството за труд. – Со денешниот извештај за 175.000 нови работни места се гледа дека продолжуваме со големото враќање на Америка. Кога ја презедов функцијата наследив економија пред колапс со најлошата економска криза во векот. Направив план да ја подобрам економијата и сега гледаме како тоа се реализира со повеќе од 15 милиони работни места создадени од моментот кога ја презедов функцијата, изјави претседателот Џо Бајден во соопштение денеска. Според него, САД забележале највисоко ниво на вработување на жените досега, платите растат побрзо од инфлацијата, и невработеноста е под 4 отсто веќе 27 месеци по ред. Од Бирото за статистика укажаа дека стапката на невработеност пораснала од 3.8 отсто во март на 3.9 отсто во април и останува пониско од 4 отсто веќе 27 месец по ред. Платите пораснале за 3.9 отсто во 12-те месеци заклучно април по растот од 4.1 отсто во март. Растот на платите во дијапазон од 3 до 3.5 отсто е соодветно на целното ниво на инфлација на Фед од 2 отсто. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки - 04/05/2024 КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати - 04/05/2024 Бројот на нови работни места во САД се намалил во април - 03/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
7 работи кои емоционално интелигентните луѓе не ги прават на работа
Работник - пред 22 часа
НовостиСветот на работникот 7 работи кои емоционално интелигентните луѓе не ги прават на работа 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање 2 минути Емоционално интелигентните луѓе имаат способност да управуваат со своите емоции и да ја разберат емотивните состојби на другите. Еве седум работи кои обично не ги прават на работа: Не се занимаваат само со себе Емоционално интелигентните луѓе не се самофокусирани. Тие ги разбираат потребите и емотивните состојби на другите и се обидуваат да ги усогласат своите дејства со нивните потреби. Не го занемаруваат чувството на другите Тие се сфатуваат дека чувствата на другите имаат влијание врз работната средина и резултатите на тимот. Затоа, не ги занемаруваат чувствата на другите и се обидуваат да изградат емотивна врска со нив. Не игнорираат емотивни сигнали Емотивно интелигентните луѓе не игнорираат емотивните сигнали кај другите. Тие внимателно ги следат изразите на лицето, тонот на гласот и други не-вербални сигнали за да ги разберат емотивните потреби и реакции на другите. Не користат емотивна манипулација Тие не ја користат својата емотивна интелигенција за да ги манипулираат другите. Се обидуваат да бидат искрени и вистински во своите интеракции со другите, без да ги злоупотребуваат нивните емотивни состојби. Не одбиваат конструктивна критика Емотивно интелигентните луѓе ги прифаќаат вистинските повратни информации и се обидуваат да се подобрат. Тие не ги одбиваат критиките или обвинувањата, туку ги користат како можност за личен раст и развој. Не дозволуваат емоциите да им го затемнат разумот Тие не дозволуваат емотивните состојби да им влијаат на квалитетот на нивната работа или на одлуките кои ги донесуваат. Наместо тоа, ги разбираат своите емотии и се обидуваат да донесуваат објективни одлуки. Не се затвораат во своиот свет Емотивно интелигентните луѓе не се затвараат во своите емотивни состојби, туку се отворени за комуникација и соработка со другите. Тие се обидуваат да изградат отворена и емотивна интелектуална работна средина. Извор: Кариера Фото: Pixabay About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки - 04/05/2024 КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати - 04/05/2024 Бројот на нови работни места во САД се намалил во април - 03/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Кој колку работи во ЕУ – ГРЦИТЕ НАЈМНОГУ ПРЕКУВРЕМЕНИ ЧАСОВИ, а каде се Бугарите
Работник - пред 22 часа
ЕкономијаНовостиСвет Кој колку работи во ЕУ – ГРЦИТЕ НАЈМНОГУ ПРЕКУВРЕМЕНИ ЧАСОВИ, а каде се Бугарите 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Минатата година 7,1 отсто од вработените во Европската унија работеле прекувремено на главната работа, покажуваат податоците на Евростат. Прекувремената работа се однесува на оние работници кои обично поминуваат 49 или повеќе часа неделно на работа. Од земјите на ЕУ, Грција имаше најголем удел на прекувремена работа (11,6 отсто), потоа Кипар (10,4 отсто) и Франција (10,1 отсто). Од друга страна, најниски стапки се забележани во Бугарија (0,4 отсто), Литванија и Летонија (по 1,1 отсто). Притоа, повисока стапка на самовработени лица работеле долги часови (29,3% од вкупните самовработени лица) во споредба со вработените (3,6% од вкупните вработени). Долгите работни часови беа почести меѓу квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството (27,5% од сите квалификувани работници во земјоделството, шумарството и рибарството) и менаџерите (21,9%). Сите други групи на занимања, како што е дефинирано со меѓународната стандардна класификација на занимања (ISCO) во просек изнесувале до 7,3%. Фото: Pixabay About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки - 04/05/2024 КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати - 04/05/2024 Бројот на нови работни места во САД се намалил во април - 03/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Слобода без вреднуван труд – малку потешко!
Работник - пред 23 часа
КолумниНовости Слобода без вреднуван труд – малку потешко! 03/05/202403/05/2024 Бобан М. Илијевски About Latest Posts Бобан М. ИлијевскиНовинар за работни односи, кариера и човечки ресурси Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all) Слобода без вреднуван труд – малку потешко! - 03/05/2024 Без финансиска безбедност на медиумските работници не можеме да имаме слободни медиуми - 03/05/2024 Со 22,500 минималец не се преживува – Потребни им се над 1,000 евра за да го преживеат месецот (ГРАФИКОН) - 02/05/2024 Време за читање 2 минути На еден ден после 1-ви мај (Меѓународниот ден на трудот) е Меѓународниот ден на слободата на медиумите. Овие два празници, според мене, ги врзува едно нешто – трудот. Иако 3-ти мај е во контекст на слободата на медиумите, јас би рекол дека неминовно е во тој склоп да се стави трудот на новинарите и медиумските работници, кој за жал, е потценет. Новинарите и медиумските работници примаат потпросечни плати, а работат ризична професија која е подложна на секакви закани и напади. Податоците на Здружението на новинари на Македонија покажуваат дека минатата година имало 6 напади врз новинари, еден помалку од 2022 година кога имало 7. Ова покажува колку е само ризична нашата професија. Плус новинарите се етикетирани и од страна на политичари, што може уште повеќе да ги зголеми шансите за напад врз нив. Да се вратиме на платите. Некои тврдат дека платите се толку колку што се и дека професијата треба да се работи со љубов, но како да се работи со љубов кога фрижидерот е празен, а сметките се неплатени. Ако очекуваат новинарите и медиумските работници да го работат ова од љубов, а да заработуваат од друго место, тогаш многу грешат, освен ако не очекуваат од нив тоа да им биде хоби. Новинарството бара многу посветеност и време. Тоа не е канцелариска работа „од 9 до 17“, туку е професија која нема работно време. Важни настани може да има и во 5 наутро и во 11 навечер и колегите мора да бидат на терен. Немаме кадар. Насоките по новинарство на факултетите се празни. Никој не е заинтересиран да работи како новинар, и реално, не можеш да го обвинуваш. Очекуваат од него да работи за ситни пари, а да се изложува постојно на ризик. Тоа од младите нека не го очекуваат – ним во голема мера приоритет им се парите и финансиската благосостојба. Слободен новинар/медиумски работник значи финансиски обезбеден новинар/медиумски работник кој има пристојни услови за работа и му се почитуваат правата кои произлегуваат од законите и Општиот колективен договор за приватен сектор. Фото: Freepik Колумната е дело на авторот и во ниеден случај не ги одразува официјалните ставови на редакцијата на порталот Работник Facebook Twitter LinkedIn...
ИНДУСТРИЈАТА СО 1,7 ПРОЦЕНТИ ПОВЕЌЕ РАБОТНИЦИ ВО МАРТ
Работник - пред 23 часа
ЕкономијаМакедонијаНовости ИНДУСТРИЈАТА СО 1,7 ПРОЦЕНТИ ПОВЕЌЕ РАБОТНИЦИ ВО МАРТ 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Бројната состојба на работниците во индустријата за една година е зголемена за 1,7 проценти. Тримесечниот раст од јануари до март, а во споредба со минатогодишното тримесечје е 1,9 насто. Или, според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во март 2024, во однос на март 2023 година, изнесува 101.7. А, пак, кварталниот индекс е 101.9. Во секторот рударство и вадење на камен во третиот месец од годинава е забележан годишен раст од 5,6 насто, во преработувачката индустрија од 1,5 и во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – од 0,7 насто. Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи пораст кај енергија за 4,3 проценти, кај капитални производи за 16 и кај трајни производи за широка потрошувачка за 11,5 насто. Пад е евидентиран кај интермедијарни производи, освен енергија за 7,1 и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто. Фото: Pixabay About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки - 04/05/2024 КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати - 04/05/2024 Бројот на нови работни места во САД се намалил во април - 03/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат
Работник - пред 23 часа
НовостиСветСветот на работникот Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање 2 минути Недостигот на работници и високите цени на трудот и материјалите го забавуваат закрепнувањето на градежниот сектор, покажа истражувањето на консултантската куќа Horváth-Group, во која учествуваа повеќе од 30 членови на управните одбори на градежните компании. Порастот на цените на материјалите и постојаните промени на вработените на сите позиции и понатаму претставуваат значаен проблем за 70 отсто од градежните компании, додека дури 82 отсто од испитаниците изјавиле дека ги чувствуваат последиците од недостатокот на работна сила. Проблемот со привлекување и задржување работници Марија Болдор од консултантската компанија Horváth истакнува дека истражувањата покажале дека повисоката плата веќе не е доволна за привлекување и задржување на квалификувани работници неопходни за градежната индустрија. „Компаниите ќе мора да привлечат квалификувани работници со пофлексибилни деловни аранжмани, но нивниот дизајн и имплементација исто така бараат време и ресурси“, вели Болдор. Поради сето ова, учесниците во анкетата од градежниот сектор се внимателни оптимисти за прогнозите за оваа година. И при прогнозираниот раст на продажбата од 5,5 отсто, како и инфлацијата, не се очекува значително закрепнување во секторот. „Тактика на чекање“ Менаџерите на градежните компании го наведуваат обезбедувањето ликвидност како приоритет, а половина од анкетираните дополнително ја споменаа оптимизацијата на трошоците и профитот. Нагласија дека падот на профитабилноста ја спречува индустријата да постигне важни и итно потребни трансформации во рамките на компанијата, поради што иновациите и употребата на одржливи материјали се пониско рангирани на приоритетната листа, како и дигитализацијата. Истражувањето покажало и дека секоја петта градежна компанија била жртва на сајбер напад. „Развојот на бизнисот во градежната индустрија зависи од инвестициското опкружување, кое не е само под влијание на движењата на цените и каматните стапки, туку и многу силни психолошки фактори, како што се загриженоста за цената на недвижностите и неизвесноста за построгите барања за енергија. Многу инвеститори во моментов ја применуваат таканаречената тактика на чекање и гледање, одложување на позначајни инвестиции, што влијае и на остатокот од пазарот“, заклучи Болдор. Извор: Кајгана Фото: Freepik About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки - 04/05/2024 КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати - 04/05/2024 Бројот на нови работни места во САД се намалил во април - 03/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји
Работник - пред 1 ден
ЕкономијаНовостиСвет „ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање 3 минути Нето платите за келнерите се движат од 1.000 до 1.200 евра. Во Австрија, пак, имаат плата од 2.500 до 3.000 евра нето. Иако од 1 мај 2024 година е договорено просечно зголемување на минималната основна плата за 17 отсто за основните угостителски занимања, а истото важи и за сите работодавачи и работници во Хрватска во дејностите сместување и подготовка и послужување храна, ова ќе биде тешко да се спроведе во пракса. Иако Министерството за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика донесе одлука за продолжување на примената на новиот Колективен договор во угостителството, не постои механизам кој ќе обезбеди минималната плата навистина да се зголеми за сите во туризмот. Како што соопштија од хрватската организација на работодавачи со туристички синдикати, зголемувањето на основните бруто плати без надоместоци за вработените во угостителството е договорено во четири класи според сложеноста на работата, од најниско зголемување од 11 на највисоко од 20. проценти. Така, за првите две класи, кои се однесуваат на чистачки, чистачки, портири, носачи на багаж, односно собарки, помошници келнери, помошници готвачи, помошници-рецепционери, помошници-слаткари и слично, договорено е зголемување на бруто платата за 20 отсто и изнесува 840, односно 850 евра. За келнерите, готвачите, слаткарите и рецепционерите договорената сума од 880 евра – зголемување за 16 отсто, а за келнерите специјалисти, специјалистите готвачи и слично – зголемување на минималната бруто плата за 11 отсто и изнесува 980 евра. „Во Хрватска платите во угостителството и туризмот се уште се ниски“ Сега главното прашање е како да се осигура дека сите работодавци ја почитуваат оваа одлука на Министерството за труд. “Тоа ќе биде тешко. Трудовата инспекција нема доволно вработени да посети 70.000 угостители и да провери дали тие ја почитуваат таквата одлука. Таму каде што имаме синдикати, работодавачот не може да ја избегне одлуката и ќе мора на сите да им ја зголеми минималната плата. Но проблемот се сите други угостителски објекти, чии вработени немаат синдикати“, изјави Андриќ за 24сата. Исто така, додава тој, има многу работодавачи во туризмот чии вработени работат на црно. „Во Хрватска платите во угостителството и туризмот се уште се ниски. Нето платите на келнерите се движат од 1.000 до 1.200 евра. Во Австрија, пак, имаат плата од 2.500 до 3.000 евра нето, готвачите во Хрватска се платени од 1.600 на 2.200 евра, а за 3.000 до 4.000 евра ако не ги покачиме платите, ќе се сведеме на тоа дека кај нас ќе работат само луѓе од трети земји многу од нив, а виновни се и агенциите кои ги носат овие луѓе од некое село каде што никогаш не работеле и не го знаат јазикот барем основите на хрватскиот“, вели Андриќ. Извор: Мондо.рс About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки - 04/05/2024 КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати - 04/05/2024 Бројот на нови работни места во САД се намалил во април - 03/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Димитриеска-Кочоска: Младите се иселуваат поради лош живот, ние имаме план како да го сопреме егзодусот
Работник - пред 1 ден
ЕкономијаМакедонијаНовости Димитриеска-Кочоска: Младите се иселуваат поради лош живот, ние имаме план како да го сопреме егзодусот 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека младите се иселуваат поради лошиот живот. Според неа, тие имаат план како да го сопрат егзодусот. „Кога зборуваме за иселување на младите, треба да го гледаме од два аспекти. Едниот аспект е тоа дека денес ни се иселуваат млади деца чии родители имаат сериозни бизниси во државава и не сакаат да останат, и заминуваат, што јасно покажува дека не станува збор веќе за финансиската состојба туку е во прашање нешто сосем друго. И втората група на млади кои што имаат други проблеми од аспект на невработеност, потешко доаѓаат до работни места и во услови, односно во периодот на студирање, катастрофалните услови во студентските домови“, вели Димитриеска Кочоска. Таа вели дека за неа е пострашен вториот проблем, кога се иселуваат млади лица, кои што се добростоечки финансиски и не сакаат да останат во државава. „Тоа пред се е резултатот на нефункционирање на системот, на корупцијата и криминалот“, додава Димитриеска Кочоска. Извор: Лидер About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) И на Македонците во Германија не им е лесно – скоро една плата им оди за плаќање кирија и сметки - 04/05/2024 КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати - 04/05/2024 Бројот на нови работни места во САД се намалил во април - 03/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Жените заработуваат околу 14 отсто помалку од мажите во Србија
Работник - пред 1 ден
НовостиСветСветот на работникот Жените заработуваат околу 14 отсто помалку од мажите во Србија 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Жените заработуваат околу 14,26 отсто помалку од мажите во Србија. Ова го покажало истражувањето на Републичкиот завод за статистика за просечна нето заработка според степенот на квалификации и полот. Во оваа прилика „Мрежата на жените против насилство“ соопштија дека покрај тоа што се помалку платени од колегите мажи со ист степен на образование, жените потешко се вработуваат, побавно напредуваат и се изложени на различни форми на дискриминација. Фото: Freepik About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Димитриеска-Кочоска: Младите се иселуваат поради лош живот, ние имаме план како да го сопреме егзодусот - 03/05/2024 Жените заработуваат околу 14 отсто помалку од мажите во Србија - 03/05/2024 Ампева: „Гласен Текстилец“ даде бесплатна правна помош на 5369 работници - 03/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Ампева: „Гласен Текстилец“ даде бесплатна правна помош на 5369 работници
Работник - пред 1 ден
НовостиПравдаСветот на работникот Ампева: „Гласен Текстилец“ даде бесплатна правна помош на 5369 работници 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање 2 минути Бесплатна правна помош за 5369 работници даде „Гласен текстилец“ во изминатиот период од 365 денови, истакна Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Таа посочи дека оваа бројка е за една година, од 1 мај 2023 до 1 мај 2024 година. Забележува дека пријавите од работниците се однесувале на незаконски откажувања на договорите за вработување, откази за време на боледување и пренамена од неопределено на определено работно време од само еден ден, поради што многу работнички, претежно од текстилниот сектор останаа без работа, но и без опремнина која ги следува. -Да, текстилната индустрија се соочуваше со проблем, меѓутоа, начинот на кој работодавачите го правеа тоа, прекинување на договори, откази и слично, не доликува и не е човечно за некои што работеле по 25 години во дадена фирма. Навистина е проблем, бидејќи се соочуваат со тоа каде сега да најдат работа, поради возраста која што ја имаат. Дополнително, се уште се соочуваме во 21 век со доцнење од неколку плати, а со тоа и немање на здравствено и пензиско осигурување, рече Ампева. Прашана за позитивните исходи од судските рочишта, кои ги покренаа работници, а поддршка им даде „Гласен Текстилец“, Ампева вели дека отворени се 26 судски процеси, а три се мониторирани од страна на „Гласен Текстилец“. -Од кои два се случаи на повреда, кои резултирале со смрт на работно место. Мислам дека дел од тие постапки, ако не отидевме ние да ги мониторираме, ќе завршеа повторно на штета на работниците, изјави Ампева Според неа и анализите кои ги има „Гласен Текстилец“ генерално, работниците се охрабрени да ги бараат своите работнички права, самостојно да пријавуваат во трудовиот синдикат, но реалниот сектор се уште се соочува со исплата на минимална плата, без додаток за смена, прекувремена работа, работа на празник или ден недела како неработен ден. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Жените заработуваат околу 14 отсто помалку од мажите во Србија - 03/05/2024 Ампева: „Гласен Текстилец“ даде бесплатна правна помош на 5369 работници - 03/05/2024 „Да се биде претприемач значи да најдеш начин да направиш нешто, а не да најдеш изговор“ – Втора епизода од поткастот „Гласот на МААА“ - 03/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
„Да се биде претприемач значи да најдеш начин да направиш нешто, а не да најдеш изговор“ – Втора епизода од поткастот „Гласот на МААА“
Работник - пред 1 ден
ЕкономијаМакедонијаНовости „Да се биде претприемач значи да најдеш начин да направиш нешто, а не да најдеш изговор“ – Втора епизода од поткастот „Гласот на МААА“ 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање 3 минути Вториот поткаст на „Гласот на МААА“ на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА) носи наслов „Младите и можностите за претприемништво“. Дали земјава има потенцијали за претприемништво на младите, ако знаеме дека сме лидери со младинска невработеност? Со таа дилема започна вториот поткаст кој го модерираше Ана Зафирова, новинарка и членка на МААА. Заедно со неа во поткастот учествуваат и Моника Ризовска Таневска, претседателка на Women in Tech Macedonia и ко-основач на Ways2Help и Данчо Димков, претприемач, автор на претприемничка литература, основач на неколку компании а, меѓу нив Bizz Bee Solution. Низ своите инспиративни лични приказни соговорниците го приближија претприемничкиот животен пат и искуствата кои ги имале. „Претприемништвото ми помогна за да си го откријам моето „зошто?“. Низ животот има одредени работи што нè трошат, а одредени што нè полнат. Токму претприемничкиот дух ме принуди да се прашам, што е тоа што ми ја дава енергијата и да сфатам дека сум од оние луѓе кои ги исполнуваат работите со кои оставам импакт, кога правам нешто добро. Со Ways2Help им помагаме на социјално загрозени семејства, и тие мали чекори кои ги правиме, ми помогнаа да се спознаам себе си“ – вели Моника Ризоска Таневска.Според Данчо Димков претприемничките вештини се учат, но подготвеноста за преземање ризици е таа која турка напред. Затоа тој ги охрабрува младите да влезат во таа приказна, да не бараат оправдувања и изговори, затоа што кога си млад ризикот е помал и учиш. „Ако сакаш да направиш начин, ќе најдеш начин, ако не сакаш да го направиш, ќе најдеш изговор. Затоа што многу поедноставно е да ја обвинуваме државата или инфраструктурата дека е виновна за нешто, отколку да бидеш претприемач и да најдеш начин како да го совладаш предизвикот. Тоа значи hassle, се обидуваш, заобиколуваш, прекокнуваш проблеми, бараш надворешна помош, со цел да најдеме начин како да ги решиме проблемите и да изградиме подобра заедница за сите нас.“ – вели Димков. За среќа на честите натпревари, хакатони и акцелератори и Ризовска и Димков гледаат „гладна младина“ која сака да создава и да прави убави работи, но се согласуваат околу предизвикот како таа младина треба да се задржи во земјата и да продолжи да создава тука, дома. „Сите настани кои ги организираме со Women in Tech Macedonia, се пополнети во најкус рок значи има интерес и ентузијазам“ споделува Ризовска Таневска. Се надеваат дека тој интерес ќе биде пресретнат и со погодна клима и веруваат дека знаењата кои тие ги имаат ќе им бидат од полза на идните претприемачи кои ќе треба да извршат влијание и ќе направат општествени промени во нашата земја. Ова е вториот од серијалот поткасти на МААА, насловен „Гласот на МААА“ во рамките на проектот „Алумни поттикнуваат волонтерство и воннаставни активности“ и е достапен на следниот линк: The Voice of MAAA, Podcast 2. Младите и можностите за претприемништво – YouTube About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Ампева: „Гласен Текстилец“ даде бесплатна правна помош на 5369 работници - 03/05/2024 „Да се биде претприемач значи да најдеш начин да направиш нешто, а не да најдеш изговор“ – Втора епизода од поткастот „Гласот на МААА“ - 03/05/2024 СКСМ: НA КОМПАНИИТЕ ИМ ТРЕБААТ ПРЕДВИДЛИВИИ ПАЗАРНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ - 03/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
СКСМ: НA КОМПАНИИТЕ ИМ ТРЕБААТ ПРЕДВИДЛИВИ И ПАЗАРНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ
Работник - пред 1 ден
ЕкономијаМакедонијаНовости СКСМ: НA КОМПАНИИТЕ ИМ ТРЕБААТ ПРЕДВИДЛИВИ И ПАЗАРНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање 2 минути Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето, како и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донесе избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија. Од Групација на осигурувањето при Комората сметаат дека Агенцијата за супервизија на осигурувањето со извештаиите кои ги доставува до Комисијата за автомобилска одговорност при Министерство за финансии создава хаос и забуна, дека не ги зема во предвид сите аспект на осигурителниот бизнис, влијае на Комисијата при Министерството за финансии и креира погрешна слика за реалноста на цените за авто осигурување. Членките на Групацијата истакнуваат дека Република Северна Македонија се стреми да стане членка на Европската Унија, но амбиентот за работа на компаниите и начинот на донесување на одлуките влеваат несигурност во работењето на компаниите. РСМ е една од ретките држави каде државата сеуште има функција во утврдување на цената за задолжителната АО и покрај фактот што се работи за пазарна економија. ЕУ секоја година во Извештајот за погресот на земјата, споменува дека оваа државна интервенција е неконзистентна со Европската регулатива и дека цената мора да ја утврдува слободниот пазар, односно да се случи либерализација на овој пазар. За жал, оваа реформа сеуште не е ни отпочната и ингеренциите за утврдување на цената на задолжителната автоодговорност се поделени помеѓу Владата, Комисијата за автомобилска одговорност и компаниите. Со донесената Одлука од страна на Комисијата за автоодговорност се лимитира делот за вршење на дејноста односно трошоците и се воспоставува 100% државна контрола над цените за автоодговорност. Со ова се оддалечуваме и од принципите на Европската Унија и од правилата на пазарната економија. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) „Да се биде претприемач значи да најдеш начин да направиш нешто, а не да најдеш изговор“ – Втора епизода од поткастот „Гласот на МААА“ - 03/05/2024 СКСМ: НA КОМПАНИИТЕ ИМ ТРЕБААТ ПРЕДВИДЛИВИИ ПАЗАРНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ - 03/05/2024 Забрчанец: Слободата не е за потценување - 03/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Без финансиска безбедност на медиумските работници не можеме да имаме слободни медиуми
Работник - пред 1 ден
МакедонијаНовостиСиндикат Без финансиска безбедност на медиумските работници не можеме да имаме слободни медиуми 03/05/202403/05/2024 Бобан М. Илијевски About Latest Posts Бобан М. ИлијевскиНовинар за работни односи, кариера и човечки ресурси Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all) Без финансиска безбедност на медиумските работници не можеме да имаме слободни медиуми - 03/05/2024 Со 22,500 минималец не се преживува – Потребни им се над 1,000 евра за да го преживеат месецот (ГРАФИКОН) - 02/05/2024 СДСМ не дојде да ја презентира својата програма пред работниците - 01/05/2024 Време за читање 3 минути Не може да зборуваме за слобода на медиуми ако немаме финансиски обезбедени новинари и медиумски работници, кои имаат и добри работни услови, но и се безбедни од разни закани и напади е констатацијата која произлезе од разговорот со првиот човек на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Павле Беловски. Според Беловски, во Македонија има над 2,000 новинари кои пополнуваат над 3,000 работни позиции во медиумскиот сектор. „Ова значи дека еден медиумски работник работи и на по две работни места“, вели Претседателот на ССНМ. Најголемиот дел од овие работници се со потпросечни плати, што кај нив уште повеќе ја поттикнува желбата да ја напуштат професијата. Новинарите и медиумските работници често работат и на авторски договори на полно работно време, нешто што е спротивно на Законот за работни односи. „Авторските договори се за ангажирање на уметници за да завршат некоја конкретна работа, а не за ангажирање на новинари на 8-часовно работно време. Оваа пракса мора да престане“, истакна Беловски. Оваа пракса дополнително ја нарушува слободата на медиумските работници, бидејќи нив им е потребен сигурен статус за да можат да бидат слободни. Беловски посочи и дека синдикатот добил репрезентативност во МРТВ, па сега треба да седне со раководството на телевизијата и да разговараат за унапредување на статусот на тамошните вработени. Апелира дека потребно е и сопствениците на приватните медиуми заедно со синдикатот да учествуваат на Економско – социјалниот совет, каде би можеле да преговараат за правата и обврските на вработените, како и да се склучуваат колективни договори на ниво на работодавач, нешто што во моментов во голема мера отсуства поради немањето волја од страна на работодавачите од медиумскиот сектор. Извештајот на „Репортери без граници“ според кој Македонија е рангирана на 36 место и е за две места погоре од минатата година го оценува како подобрување, но вели дека добро е што повеќе нема само оценки, туку се даваат конкретни размислувања во однос на слободата на медиумите. Една од работите што оваа организација ги нотира во Извештајот е дека политичките партии создаваат паралелни медиумски системи „Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создаваат паралелни медиумски системи кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност“, нотира меѓународната организација. Извештајот нагласува и дека треба да се направи јасна дистинкција помеѓу онлајн медиумите кои објавуваат оригинална содржина и оние кои копираат и прават плагијат и констатира дека најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверба. Фото: ССНМ Facebook Twitter LinkedIn...
Забрчанец: Слободата не е за потценување
Работник - пред 1 ден
НовостиПравда Забрчанец: Слободата не е за потценување 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Слободата не е за потценување. Мораме да сме одговорни кон неа затоа што денес е под најголема закана од 2017 година наваму. Да го запаметиме овој извештај, може да е скапоцен и последен од неколкугодишниот демократски раст во низа. Слобода никогаш доволно, но и никогаш не сме имале поголема медиумска слобода. Дали ќе ја зачуваме? Северна Македонија и годинава има напредок на извештајот за медиумски слободи на Репортери без граници. Рангирани сме на 36 место на Индексот за слобода на медиумите за 2024 годин, што е за две места подобор од 38 место лани. Во 2016 бевме на 118 место. Од земјите во регионот Северна Македонија е најдобро оценета, а следат Црна Гора (40), Словенија (42), Хрватска (48), Косово (75), БиХ (81), Србија е на 98-то место и Албанија на 99-та позиција, напиша на социјалните мрежи национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи Марјан Забрчанец. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Забрчанец: Слободата не е за потценување - 03/05/2024 Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите - 03/05/2024 ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад - 02/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите
Работник - пред 1 ден
НовостиПравда Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите 03/05/202403/05/2024 Портал Работник Време за читање 2 минути Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа на 36 место, што е за две места подобор од 38 место претходната година. „Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“, се наведува во извештајот на Репортери без граници. Репортери без граници ја издвојува Аргентина под новиот претседател Хавиер Милеи, која падна за 26 места, од 40 на 66 место и пишува за „спектакуларната мимикрија на руските репресивни методи“ низ Источна Европа и Централна Азија, вклучително и во Србија, каде што „провладините медиуми емитуваа Руска пропаганда, а властите им се закануваат на руските новинари во егзил“. Индексот на слободата на медиумите и натаму го предводи Норвешка, потоа Данска и Шведска, а најлоша е ситуацијата во Еритреја, која го презеде дното на листата од Северна Кореја. Меѓу најлошите десет се и Кина, Иран, Авганистан и Сирија, пишува агенцијата Франс прес. И Босна и Херцеговина падна многу на овогодинешната листа и сега е на 81 место, Србија е уште полошо, на 98 место, Црна Гора е на 40, Хрватска на 48 место, а Словенија на 42. Од земјите на ЕУ, послаб индекс на слободата на медиумите имаат Романија, Бугарија, Кипар и Грција, која според овој критериум е на 88-то место, најлошо во Унијата. Албанија е на 99 место, а Косово на 75, според извештајот. Извор: Макфакс About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Забрчанец: Слободата не е за потценување - 03/05/2024 Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите - 03/05/2024 ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад - 02/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Со 22,500 минималец не се преживува – Потребни им се над 1,000 евра за да го преживеат месецот (ГРАФИКОН)
Работник - пред 1 ден
ЕкономијаМакедонијаНовости Со 22,500 минималец не се преживува – Потребни им се над 1,000 евра за да го преживеат месецот (ГРАФИКОН) 02/05/202402/05/2024 Бобан М. Илијевски About Latest Posts Бобан М. ИлијевскиНовинар за работни односи, кариера и човечки ресурси Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all) Со 22,500 минималец не се преживува – Потребни им се над 1,000 евра за да го преживеат месецот (ГРАФИКОН) - 02/05/2024 СДСМ не дојде да ја презентира својата програма пред работниците - 01/05/2024 До идната Влада: Престанете да ги ставате работниците во ситуација да се борат за основните работнички права - 30/04/2024 Време за читање 1 минута На 68 % од испитаниците месечно им се потребни над 1,000 евра за да ги покријат основните месечни трошоци. Анкетата која ја спроведе порталот Работник преку фејсбук страната на која одговорија 738 испитаници покажува дека на повеќе од половина од нив (68 %) потребни им се над 1,000 евра за да ги покријат основните месечни трошоци. 23 % посочиле дека потребни им се од 700 до 1,000 евра, 7 % од 500 до 700 евра и само на 2 % од 300 до 500 евра за да го преживеат месецот. Текстот продолжува после графиконот: Со 22,500 минималец не се преживува – Потребни им се над 1,000 евра за да го преживеат месецот (ГРАФИКОН) Графикон by Работник Мк Овие податоците укажуваат на два клучни аспекти. Прво, речиси никој од испитаниците не може да преживее со минималната плата која сега изнесува 22,500 денари (369 евра) и второ, се потврдува она што го тврдам во колумните – на најголемиот дел од луѓето им се потребни над 1,000 евра само за основните месечни трошоци. Според ССМ, минималната синдикална кошница за едно четиричлено семејство во април изнесувала 60,212 денари и била за 1,214 денари повисока отколку во март годинава кога изнесувала 58,998 денари. Доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, во месец април му требале 75,787 денари за да го преживее месецот. Фото: shutterstock, VAKS-Stock Agency Facebook Twitter LinkedIn...
ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад
Работник - пред 1 ден
НовостиСветСветот на работникот ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад 02/05/202402/05/2024 Портал Работник Време за читање 7 минути Во светот вообичаена практика е повеќето работи да се вршат во работно време од 9 до 17 часот, пет дена во неделата. И ние секоја година го славиме Први мај поради работниците од Чикаго кои се бореа за „трите осмици“ – 8 часа работа, 8 часа одмор и 8 часа културно образование. Сепак, повеќе од 120 години подоцна, условите за работа се многу различни, особено поради развојот на технологијата, па се поставува прашањето дали тие осум часа дневно треба да ги работиме или пет дена во неделата. Затоа многу компании решија да пробаат нов начин на работа – четиридневна работна недела. Работата би се работела еден ден помалку, но за истите пари. Идејата е да се намали бројот на состаноци, а вработените да бидат повеќе фокусирани на индивидуалната работа. Поддржувачите на овој режим веруваат дека тоа е иднината на продуктивноста на работниците и балансот помеѓу приватниот и работниот живот. Тие се убедени дека тоа би донело поголемо задоволство кај вработените, што дополнително ја зголемува продуктивноста. Синдикатите ширум Европа ги повикуваат локалните власти да воведат четиридневна работна недела, но само неколку земји сериозно ја разгледале оваа идеја. Белгија – пионер на скратена работна недела Белгија беше првата во Европа што воведе четиридневна работна недела во својот закон. Во февруари 2022 година, белгиските работници побараа право на четиридневна работна недела, без одбивања од платите. Новиот закон стапи на сила во ноември 2023 година, дозволувајќи им на вработените да одлучат дали ќе работат четири или пет дена. Но, тоа не значи дека ќе работат помалку, туку едноставно дека треба да ја „кондензираат“ целата работа во четири дена во неделата. Желбата беше да им се овозможи на граѓаните полесно да ги спојат работата и времето поминато со семејството. Од друга страна, не сите ја прифатија оваа идеја со цело срце. Така, некои работници би морале да работат подолго за да ги завршат сите обврски, а оние што работат во смени немаат можност да работат ниту еден ден помалку. Германскиот експеримент Германија веќе го држи рекордот во Европа за најкратка просечна работна недела од 34,2 часа. Сепак, синдикатите бараат дополнително намалување на работното време и се чини дека тоа би можеле да го постигнат, иако тоа е поврзано со недостигот на квалификувана работна сила во таа земја. Во февруари 45 германски компании почнаа да ја тестираат четиридневната работна недела во експеримент кој ќе трае шест месеци. Иницијативата вклучува само компании кои можат да се прилагодат на пократка работна недела. Според истражувањето на Форса, 71 отсто од Германците би сакале да работат еден ден помалку. Седумдесет и пет проценти од луѓето мислат дека тоа би било пожелно, а 59 проценти веруваат дека потфатот е остварлив. Откако ќе заврши судењето, ќе се одлучи дали мерката ќе се воведе на национално ниво. Португалска проба По примерот на другите земји, и Португалија реши да го испроба овој концепт. Минатиот јуни 39 приватни компании се обединија со непрофитната групација „4 Day Week Global“, а планот е да го следат моделот 100:80:100 – 100 отсто од платата, 80 отсто од времето и да ја задржат 100 отсто продуктивноста. . Бидејќи 72 отсто од луѓето во таа земја работат 40 часа неделно, Португалија е трета најдолга работна недела во Европа, покажуваат податоците на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој). Британците беа „исклучително успешни“ Британските компании имаа шестмесечен пробен период на четиридневната работна недела, а сега се планира тоа да биде трајно решение. Експериментот беше опишан како „исклучително успешен“. Повеќе од 60 компании и повеќе од 3.300 вработени учествуваа во програмата предводена од истражувачи од универзитетите во Кембриџ и Оксфорд, како и од Бостонскиот колеџ. Околу 92 отсто од компаниите решиле да ја задржат четиридневната работна недела. Како и во Португалија, ќе се следи моделот 100:80:100. Слични програми треба да започнат во САД и Ирска. Шпанија тестира пократок работен ден Левичарите ја иницираа оваа идеја, а првиот чекор беше барем да се скрати работниот ден, без да се намалат платите. Целта беше да се утврди дали продуктивноста може да се подобри. Фирмите аплицирале да добијат помош од државниот фонд од 10 милиони евра, но мора да смислат начини како да ги зголемат ефектите од нивната работа. Мерките треба да се спроведат во рок од една година, додека компаниите мора да учествуваат во програмата најмалку две години. Во текот на првата година државата делумно треба да ги плати трошоците за плата. Во судењето можат да учествуваат само вработени со полно работно време. Исланд – еден од лидерите Од 2015 до 2019 година, Исланд го спроведе најголемиот пробен период од 35 или 36-часовна работна недела, во кој беа вклучени околу 2.500 луѓе. Експериментот беше успешен и доведе до голема промена во таа земја – речиси 90 отсто од работоспособното население го намали работното време или доби некои други бенефиции. Утврдено е дека го намалува стресот и исцрпеноста на работа и го подобрува балансот помеѓу работата и животот. Мислењата се поделени во Шведска Не беа сите оптимисти како во Исланд. Сличен експеримент, одржан во 2015 година, наиде на различни реакции во Шведска. Предлогот беше да се работи шест часа на ден со целосна плата, но не на сите им се допадна тоа што губат пари за време на пробниот период. Дури и некои левичарски партии сметаа дека воведувањето на таков концепт е прескапо. Од друга страна, позитивни резултати се забележани на ортопедското одделение во Универзитетската болница, бидејќи околу 80 лекари и медицински сестри преминале на работното време од 6 часа дневно, а биле ангажирани нови кадри за да се надополни изгубеното време. Медицинскиот персонал реагираше позитивно, но експериментот наиде на големи критики, поради што не беше обновен. Сепак, некои компании, како „Тојота“, одлучија да го задржат намаленото работно време за своите вработени. Во таа фирма пред 10 години го намалија бројот на работни часови на механичарите. Извор: Еуправозато About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад - 02/05/2024 ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување - 02/05/2024 СПМ: Прв пат во историјата имаме министер кој јавно проговори за малите плати во МВР, даваме безрезервна поддршка на Тошковски - 02/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
СПМ: Прв пат во историјата имаме министер кој јавно проговори за малите плати во МВР, даваме безрезервна поддршка на Тошковски
Работник - пред 1 ден
МакедонијаНовостиСиндикат СПМ: Прв пат во историјата имаме министер кој јавно проговори за малите плати во МВР, даваме безрезервна поддршка на Тошковски 02/05/202402/05/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Синдикат на полиција во Македонија јавно ја дава својата безрезервна поддршка на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение: Прв Министер за внатрешни работи кој јавно проговори за зголемување на професионалноста во Полицијата. Прв Министер за внатрешни работи кој јавно проговори дека платите во МВР се на дното споредбено со другите професии. Прв Министер за внатрешни работи кој јавно прозва дека професијата Полицаец е една од најпотценетите професии. Прв Министер за внатрешни работи кој јавно призна дека за да имаме достоинствен полицаец истиот мора да има достоинствена плата. Прв Министер за внатрешни работи кој јавно изјави дека е потребна итна реорганизација и промена на систематизацијата. Министре Панче Тошковски, како Синдикат на полиција во Македонија поаѓајќи од фактот што токму за тоа се залагаме како Синдикат и од причина што јавно проговоривте за состојбата на платите во Полицијата дека се мали и недостоинствени, како Синдикат ЈА ДАВАМЕ БЕЗРЕЗЕРВНО НАШАТА ПОДРШКА. Сметаме дека во иднина ќе останете доследен и за многу брзо време ќе почнете да го остварувате кажаното. Уште еднаш се додека се борите за враќање на ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ ВО ПОЛИЦИЈАТА, ја имате нашата подршка. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување - 02/05/2024 СПМ: Прв пат во историјата имаме министер кој јавно проговори за малите плати во МВР, даваме безрезервна поддршка на Тошковски - 02/05/2024 ЛЕВИЦА ПРЕД КСС ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА ТРУДОВА ПРОГРАМА - 01/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
Работник - пред 1 ден
НовостиПравдаСветот на работникот ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување 02/05/202402/05/2024 Портал Работник Време за читање 6 минути Поради делумно постапување по решението со опомена на ЈЗУ Универзитетска клиника за токсикологија во Скопје според закон и понатамошното евидентирано присуство на оваа клиника на здравствени работници и здравствени соработници без договори за вработување, ќе биде издадено решение за забрана на нивно присуство, согласно законските правила, информираше денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска. На 30 април, извршен бил контролен инспекциски надзор на оваа клиника, по изминати рокови за постапување од наложените мерки со решение издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 5 април. Имало увид во документи од страна на медицинскиот директор и организацискиот директор и исписот од електронскиот систем за евиденција на работното време и контрола на пристап до просториите, односно присуство во просториите на јавните здравствени установи во периодот по приемот на решението, од 19 април до денот на контролниот инспекциски надзор 30 април. Единаесет здравствени работници и соработници во решението од ДСЗИ кои биле без никаков договор за вработување, откако договорите им истекле на 31 декември лани и понатаму се евидентирале во електронскиот систем за евиденција на работното време и контрола на пристап до просториите. Со евиденцијата на присуство во просториите на јавните здравствени установи не било постапено по точка 1 од решението. Постапено било само по точка 4 – медицинскиот директор на Клиниката побарал од претседателот на УО да свика состанок, тој ги поканил членовите и денеска била закажана седница, а според добиените информации, морало да се постапува по решението издадено од страна на ДСЗИ. – Првото решение беше решение за опомена, ова сега ќе биде решение за забрана. Доколку не ја почитуваат забраната ќе одиме со казни. Казните треба да ги провериме во Законот колку изнесуваат, тие ќе бидат секако парични казни коишто ќе се однесуваат и на медицинскиот и на организацискиот директор и на установата, појасни Младеновска, одговарајќи на новинарски прашања. Министерот за здравство Илир Демири на 22 април на прес-конференција најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Токсикологија, Данил Петровски. Тој рече дека пред извесен период бил прашан од новинар за состојбата на Клиниката за токсикологија каде, како што му било кажано, 18 вработени не примиле плата четири месеци и дека во истата институција има за жал и навреди на национална основа. Демири посочи дека тој ден потпишал решение со кое бара длабоко истражување од надлежните институции во врска со вработувањата во јавното здравство. Истиот ден, претходно, лекари алармираа за хаос што се случува на Токсикологија, особено, како што рекоа, откако била назначена организациската директорка. Доктор Нико Беќаровски тогаш истакна дека Клиниката веќе неколку години е на маргините, во рок за шест години се сменети пет директори, додавајќи дека од 12 февруари, клиниката има нова организациска директорка, дипломиран економист, со која се соочувале со отпор и несоработка. Во неколку наврати, додаде, било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. – Од директорката се инсистира да бидат примени сите 18, кои претходно беа примени со договор на дело, а на кои им истече договорот. Ставот на лекарскиот колегиум, е, дека немаме потреба од толкав број нови примања, рече тој. На новинарско прашање, тој одговори дека меѓу 18-те лица за кои директорката Бесија Иљази барала да се вработат со договор на дело, имало и болничар кој пред неполн месец вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици, со чиста урина. Беќаровски подвлече дека немаат комуникација со директорката, бидејќи, како што рече, таа не го знаела македонскиот јазик. Тој рече дека имал обиди со неа да разговара на англиски. Комуникацијата, додаде Беќаровски, била преку преведувач, кој бил дел од тие 18 лица, па докторот рече дека не знаат дали точно се пренесувало тоа што го зборувале и обратно, дали точно им се преведува нејзиното говорење. Организациската директорка на клиниката даде изјава за медиуми истиот ден, но, само на албански јазик. На прашањето зошто организациската директорка на Токсикологија не даде изјава на македонски јазик, туку само на албански, додека новинарите беа на Клиниката за токсикологија, министерот кажа дека самиот рекол да не се даваат изјави. – Оти ако ме забележувате, колку сум воздржан во тоа што го кажувам. Ако има потреба, ќе даде и со преведувачи, одговори Демири на новинарско прашање. На 26 април, прашан за болничарот кој требало да биде суспендиран, Демири рече дека голема неправда е направена на Токсикологија, затоа што не е обезбедена согласност од страна на менаџментот за обезбедување на договорите за работа за 18-те вработени кои четири месеци работат во Клиниката, а не добиваат економски надомест. – Јас кажав тоа што имам забележано и за што имам факти и тоа е изјава дадена во јавноста, меѓутоа сме во предизборие, во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниедна законска процедура. Чекам да дојде извештајот на инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на пет дена менаџментот на институцијава да најде решение за 18-те луѓе кои се вработени таму, кои работат, а не добиваат економски надомест, изјави Демири. Рече дека не се точни наводите дека економската директорка доаѓала на работа четири часа. – Според моите сознанија, економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката. Проверено е, рече Демири. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад - 02/05/2024 ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување - 02/05/2024 СПМ: Прв пат во историјата имаме министер кој јавно проговори за малите плати во МВР, даваме безрезервна поддршка на Тошковски - 02/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
ЛЕВИЦА ПРЕД КСС ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА ТРУДОВА ПРОГРАМА
Работник - пред 3 дена
НовостиСветот на работникот ЛЕВИЦА ПРЕД КСС ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА ТРУДОВА ПРОГРАМА 01/05/202402/05/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Денес, на 1-ви мај, на денот на трудот – празникот на организираниот труд, #Левица ја претстави својата програма пред Конфедерацијата на слободни синдикати во Република Македонија. Нашата програма почнува и завршува со работникот како столб на општеството кој 33 години е политички заборавен и постојано експлоатиран. Наместо работните интереси, во државата владеат интересите на олигархијата. Предвидуваме најсуштински и структурални промени на трудовата и финансиската политика која ќе ја врати моќта на одлучување во рацете на работникот. Левица била и секогаш ќе биде ваша Партија – Партија на Тудот, на широките работнички маси. На претставувањето на програмата присуствуваа членот на Президиумот и носител на ИЕ 2, Амар Мециновиќ и координаторот на трудовиот сектор Александар Димитријевиќ. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) СПМ: Прв пат во историјата имаме министер кој јавно проговори за малите плати во МВР, даваме безрезервна поддршка на Тошковски - 02/05/2024 ЛЕВИЦА ПРЕД КСС ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА ТРУДОВА ПРОГРАМА - 01/05/2024 Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права - 01/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права
Работник - пред 3 дена
НовостиСветСиндикат Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права 01/05/202401/05/2024 Портал Работник Време за читање 5 минути Членовите на синдикатот се препукуваат со турските полицајци додека маршираат за време на прославите на Денот на трудот во Истанбул, Турција, среда, 1 мај 2024 година. Работниците и активистите во азиските престолнини и европските градови излегоа на улиците во средата за да го одбележат Први мај со протести поради зголемените трошоци за живот и, како што истакнаа „лошите“ владини политики. Сите бараат поголеми работнички права. Првомајските настани им дадоа на многумина можност да изразат општи економски поплаки или свои политички барања. Полицијата во Истанбул приведе десетици луѓе кои се обидоа да стигнат до централниот плоштад Таксим, пркосејќи на владината забрана за прослава на Денот на трудот на овој плоштад. Владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган донесе одлука со која на плоштадот Таксим се забранети собири и демонстрации од безбедносни причини, но некои политички партии и синдикати ветија дека ќе маршираат на плоштадот, кој има симболична вредност за работничките синдикати. Во 1977 година, неидентификувани вооружени лица отворија оган на прославата на Први мај во Таксим, предизвикувајќи стампедо и убивајќи 34 луѓе. Во средата, полицијата подигна барикади и ги затвори сите патишта што водат до централниот плоштад во Истанбул. Јавниот превоз во областа исто така беше ограничен. Само мала група претставници на синдикатот добија дозвола да влезат на плоштадот и да положат венец на споменикот во спомен на жртвите од инцидентот во 1977 година. Членовите на синдикатот во судир со турските полицајци додека маршираат за време на прославата на Денот на трудот во Истанбул, Турција, среда, 1 мај 2024 година. Интервентната полиција уапсила 30-тина членови на левичарската Народноослободителна партија кои се обиделе да ги пробијат бариерите, пишува АП.Во Индонезија работниците изразија гнев поради новиот закон за кој рекоа дека ги крши нивните права и им штети на благосостојбата и побараа заштита за работниците мигранти во странство и зголемување на минималната плата. „Околу 50.000 работници од Џакарта, Богор, Депок, Тангеранг и Бекаси се очекува да се приклучат на првомајските маршеви во главниот град, рече Саид Икбал, претседател на Конфедерацијата на индонезиските синдикати. Парламентот на Индонезија минатата година ја ратификуваше владината регулатива со која се заменува контроверзниот закон за отворање работни места, но критичарите велат дека тој сепак е од корист за бизнисите. Законот требаше да ја намали бирократијата како дел од напорите на претседателот Јоко Видодо да привлече повеќе инвестиции во земјата. Работниците мигранти и членовите на Корејската конфедерација на синдикати маршираат за време на митингот за работничките права на мигрантите во Сеул, Јужна Кореја, недела, 28 април 2024 година. Во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, илјадници демонстранти скандираа, вееја знамиња и извикуваа про-работнички слогани на почетокот на нивниот митинг во средата. Организаторите рекоа дека нивниот собир првенствено имал за цел да ги засили критиките за, како што ја нарекоа, антиработничката политика на конзервативната влада предводена од претседателот Јун Сук Јеол. „Во изминатите две години под владата на Јун Сук Јеол, животите на нашите работници паднаа во очај“, рече во својот говор Јанг Кјунг-су, шеф на Корејската конфедерација на синдикати, која го организираше собирот. „Не можеме да ја игнорираме владата на Јун Сук Јеол. Ние самите ќе ги истераме од власта“, додаде тој. И Синдикатот на Босна и Херцеговина (БиХ) и Синдикатот на металците на ФБиХ, ја започнаа првомајската протестна прошетка во Сараево. Собирот започна пред зградата на Парламентарното собрание на БиХ, а потоа продолжија со пешачење, едниот кон седиштето на Делегацијата на ЕУ, другиот кон Владата на ФБиХ. Демонстрантите птсетуваат дека на 21 март 2024 година Босна и Херцеговина доби зелено светло за почеток на преговорите за членство во Европската унија и дека овој важен момент беше во фокусот во изминатата година, додека другите процеси во земјата останале во сенка. Затоа, едно од нивните барања е намерата за учество во преговарачкиот процес, посочувајќи ја потребата од усогласување на домашното законодавство со директивите на ЕУ, меѓу другото, преку зголемување на минималната плата. За подобра позиција се борат и синдикалците во Бања Лука кои се собраа во паркот Младен Стојановиќ. Претседателите на гранковите синдикати собрани од Сојузот на синдикати на Република Српска ги изнесоа своите барања. Тие бараат нов систем на плати, почетен коефициент според работните места за стручно оспособување помножен со најниската плата, плата за секое работно место, топол оброк и годишен одмор, кои се право на секој работник. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) ЛЕВИЦА ПРЕД КСС ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА ТРУДОВА ПРОГРАМА - 01/05/2024 Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права - 01/05/2024 Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада - 01/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада
Работник - пред 3 дена
МакедонијаНовостиСиндикат Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада 01/05/202401/05/2024 Портал Работник Време за читање 3 минути Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, побара Сојузот на синдикати на денешниот протест организиран по повод Меѓународниот ден на трудот. Пред републичкото Собрание претседателот на Гранскиот Независен синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев порача дека е потребно враќање на работниците во земјава, ставајќи акцент на младите кои континуирано се иселуваат. Од друга страна, претседателот на Независниот синдикат за образование и науки, Томислав Гиевски истакна дека работниците не смеат во ниту еден момент да се откажат од своите барања. -Ние заслужуваме и мора да добиеме превоз, храна и почитување на колективните договори. Зарем работникот не заслужува да им биде платен превозот како на господата во Влада што седат, само нивните автомобили трошат гориво?!. Ќе продолжиме со истиот притисок и најважно не смееме да се откажеме затоа што ќе ја изгубиме битката, изјави Гиевски. Синдикатите побараа и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов рече дека работниците од новиот состав на власта очекуваат да ги почитуваат посочените барања. -Денеска сме тука да им кажеме на тие што ќе седнат во удобните фотељи дека не може да се одлучува за нас, без нас, дека ние работниците бираме и потоа очекуваме од нив да ги почитуваат нашите барања. Да им порачаме да не се грижат само за себе, да не го злоупотребуваат европското знаменце кога е на штета на работниците, а за 24 часа да се изгласаат 78 проценти зголемени плати, тие да уживаат, а ние да патиме, истакна Трендафилов. Пред Стопанска комора се обрати потпретседателот на ССМ, Иван Пешевски, кој посочи дека секој час некој работник го губи животот на работното место, дека младите не можат да се одлучат на семејство со договорите на дело и дека платите на работниците не се доволни за пристоен живот. -Да знаат газдите и власта дека се лопови на сите наши браќа и сестри кои што не гледаат од странство, кои си заминаа поради егзистенцијални причини затоа што немаа леб на своите деца да им дадат, одете прошетајте слушнете ги реалните проблеми на овие луѓе, на оние кои ве ставија во вашите фотелји, и што треба да ве гласаат прашајте ги за проблемите, а не да кажувате кој што направил или не направил, посочи Пешевски. Протестот заврши пред пред Владата каде присутните претставници на синдикатите ги повторија барањата About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права - 01/05/2024 Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада - 01/05/2024 Левица во пресрет на 1 Мај: ,,Работници, вие сте столбот на општеството, поддршка за вашите права и синдикатите” - 30/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
СДСМ не дојде да ја презентира својата програма пред работниците
Работник - пред 3 дена
МакедонијаНовостиСиндикат СДСМ не дојде да ја презентира својата програма пред работниците 01/05/202401/05/2024 Бобан М. Илијевски About Latest Posts Бобан М. ИлијевскиНовинар за работни односи, кариера и човечки ресурси Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all) Со 22,500 минималец не се преживува – Потребни им се над 1,000 евра за да го преживеат месецот (ГРАФИКОН) - 02/05/2024 СДСМ не дојде да ја презентира својата програма пред работниците - 01/05/2024 До идната Влада: Престанете да ги ставате работниците во ситуација да се борат за основните работнички права - 30/04/2024 Време за читање 1 минута Секоја посебно, трите опозициски политички партии ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Левица денеска ги презентираа своите програми пред раководството и членовите на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија на Свечената Првомајска Академија. СДСМ и останатите партии не присуствуваа, иако беа поканети. На прес – конференција со Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, Претседателот на КСС, Благоја Ралповски им се заблагодари на политичките партии кои прифатија да учествуваат на Академијата. Се одлучивме да го одбележиме на овој начин 1-ви мај затоа што во изминатиот период се создаде еден хаос во работните односи, па затоа сакаме да го расчистиме со оние политички партии кои претендираат да дојдат на власт. Денеска беше разговарано за непочитувањето на колективните договори, која е наша прва определба за која од 2017 преку десетици протести постојано ја баравме. Се почитуваат само делумно, па затоа денеска побаравме од политичките партии да дојдат тука и да ги отворат своите програми и нивната работа која ќе ја пренесат во Владата, за да знаеме дали да очекуваме ваков хаос или работите ќе се вратат на свое место, рече Ралповски. На средбите се разговараше и за други работнички теми, но акцент се стави на понудата на политичките партии. Министерот Велковски посочи дека имаме добри закони, но дека треба да се почитуваат, додавајќи дека откако е технички министер има дијалог со сите засегнати страни. Facebook Twitter LinkedIn...
Левица во пресрет на 1 Мај: ,,Работници, вие сте столбот на општеството, поддршка за вашите права и синдикатите”
Работник - пред 3 дена
НовостиСветот на работникот Левица во пресрет на 1 Мај: ,,Работници, вие сте столбот на општеството, поддршка за вашите права и синдикатите” 30/04/202430/04/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Во пресрет на 1 Мај, Левица, како единствена Партија на трудот, дава поддршка на утрешните протести организирани од синдикатите во Република Македонија, стои во сооштението на партијата. „Организираниот труд е искрата во модерното време во кое владее профитот како главен двигател на политичките текови кои создаваат богатство за малкумина потиснувајќи го мнозинството. Оваа држава ја одбраниле и изградиле работниците, а ја ограбиле великопоседниците. Левица има најопсежна и суштинска програма за трудовата политика, како ваша Партија – партија на работничкиот народ. Ни треба суштинска промена, не лажна козметика, и тоа: – 6 часовно работно време; – Укинување на договорите на определено време; – Зголемување на минималната плата на 2/3 од утврдената синдикална потрошувачка кошница; – Задолжителна исплата на платите до секој седми во тековниот месец; – Задолжителна дупла дневница за работа за викенди и празници; – Повторно учество на работниците во Управните одбори на претпријатијата; – Проширување на дефиницијата за професии со бенифициран стаж за трудово интензивни професии; – Здравствено осигурување и во случај на неисплатени плати и неплатени придонеси од страна на работодавците; – Воведување на дополнително татковско отсуство, за новородено дете и многу други мерки кои ќе го вратат вашето достоинство. Работници, вие сте столбот на општеството и без вас не може ништо! Пробудете се и зграпчете ја политичката моќ назад во свои раце!“ About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада - 01/05/2024 Левица во пресрет на 1 Мај: ,,Работници, вие сте столбот на општеството, поддршка за вашите права и синдикатите” - 30/04/2024 Работниците незадоволни, закажан протест утре пред Влада - 30/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
До идната Влада: Престанете да ги ставате работниците во ситуација да се борат за основните работнички права
Работник - пред 3 дена
КолумниНовости До идната Влада: Престанете да ги ставате работниците во ситуација да се борат за основните работнички права 30/04/202401/05/2024 Бобан М. Илијевски About Latest Posts Бобан М. ИлијевскиНовинар за работни односи, кариера и човечки ресурси Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all) Со 22,500 минималец не се преживува – Потребни им се над 1,000 евра за да го преживеат месецот (ГРАФИКОН) - 02/05/2024 СДСМ не дојде да ја презентира својата програма пред работниците - 01/05/2024 До идната Влада: Престанете да ги ставате работниците во ситуација да се борат за основните работнички права - 30/04/2024 Време за читање 2 минути По повод 1-ви мај – Меѓународниот ден на трудот, работниците, секој на свој начин, ќе го искажат својот револт против лошите политики и прекршувањата на работничките права. Синдикатите, како нивни предводници, дел ќе протестираат, а дел ќе бараат од политичките партии да ги исполнат своите ветувања во изборните програми. По некаква коинциденција, овој свет празник за работниците се паѓа на неколку дена пред вториот круг на претседателските избори и редовните парламентарни избори, па со тоа и работниците се во ситуација да ги истакнат своите барања пред оние политички партии кои би ја предводеле идната Влада. Сите политички партии, помалку или повеќе, во своите програми имаат заложби кои директно или индиректно ги засегаат работниците. Некои ветуваат 1,100 евра просечна плата и 600 евра минимална, други ветуваат отворање на нови 50,000 работни места, трети велат минималната плата да изнесува 2/3 од синдикалната потрошувачка кошничка која изнесува 1,000 евра. Дел од нив нудат и мерки кои би ја стимулирале продуктивноста на работниците и со тоа раст на платите, а некои имаат и подетални програми за тоа што би направиле во различни сегменти од трудот. Сѐ е тоа во ред, но истите тие ветувања треба да се остварат. А, искуствата од минатото велат дека партиите не се држат до своите ветувања. Да се надеваме дека тоа ќе се смени, бидејќи ако не се случи тоа, одливот на работна сила во високоразвиените земји ќе се зголеми уште повеќе и Македонија ќе стане земја на пензионери и партиски војници. Дури и оние чесни и работливи луѓе во јавниот сектор ќе си заминат. Како човек кој е директно вклучен во следењето на процесите во сферата на работните односи, им порачувам на политичките партии кои ќе дојдат на власт да не дозволат работниците повеќе да се борат за основните работнички права, туку да работат на унапредување и модернизирање на работните односи. Facebook Twitter LinkedIn...
Работниците незадоволни, закажан протест утре пред Влада
Работник - пред 3 дена
МакедонијаНовостиСиндикат Работниците незадоволни, закажан протест утре пред Влада 30/04/202430/04/2024 Портал Работник Време за читање 2 минути Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот – 1. мај. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов во отворено писмо до јавноста посочува дека работничкото движење во Македонија е исправено пред сериозен предизвик поради, како што наведува, односот на креаторите на политиките кои покажаа дека водат грижа исклучиво за себе и за своите интереси, а не водат грижа за работниците, работничките права и работничките интереси. – Денеска, работниците во Македонија се соочуваат со се поголем притисок за нивната егзистенција поради високите трошоци за живот и ниските плати. Синдикатите покажаа дека можат напорно да работат во интерес на нивните членови и во интерес на работниците. Синдикатите покажаа дека секој сам може да постигне резултат, но имаме можност сплотени да покажеме одлучност во работничката борба, онака како што вашите и нашите членови очекуваат и онака како што работниците очекуваат од нас, наведува тој во писмото повикувајќи го членството на протест. Трендафилов посочува дека на 1. мај работниците имаат можност и шанса да покажат дека се незадоволни и дека сите тие кои претендираат да ја водат државата треба да го слушнат гласот на работниците. – Имаме можност да го покажеме нашето, работничкото незадоволство и заедно да излеземе на голем работнички протест на 1 Мај, особено поради можноста, пораките, нашите и работничките барања да ги упатиме на неколку денови пред парламентарните избори до сите тие кои претендираат да ја водат Државата. Како Претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија ве замолувам да покажеме одлучност во борбата, борбата која е заедничка, за подобро утре и за подобри работнички права, наведува Трендафилов. На протестот очекува на ССМ да му се придружат и членови на други синдикати и граѓани. На Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, протестот ќе започне во 11 часот од пред Работничкиот дом до Собрание – Стопанска комора – Влада. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Левица во пресрет на 1 Мај: ,,Работници, вие сте столбот на општеството, поддршка за вашите права и синдикатите” - 30/04/2024 Работниците незадоволни, закажан протест утре пред Влада - 30/04/2024 Мицкоски: Дел од економските проекти во Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се предлози од бизнис заедницата, ќе ја направиме Македонија просперитетна држава за сите - 30/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Мицкоски: Дел од економските проекти во Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се предлози од бизнис заедницата, ќе ја направиме Македонија просперитетна држава за сите
Работник - пред 4 дена
ЕкономијаМакедонијаНовости Мицкоски: Дел од економските проекти во Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се предлози од бизнис заедницата, ќе ја направиме Македонија просперитетна држава за сите 30/04/202430/04/2024 Портал Работник Време за читање 2 минути Денеска со Стопанската комора Северо – Западна Македонија имавме навистина еден квалитетен состанок.Состанок на кој што можевме да разговараме за економската програма која што е составен дел на Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите кои што ги имаше Стопанската комора се содржани во самата програма Платформа 1198 бидејќи како што кажа претседателот на Комората, ова не е прва состанок, имавме неколку состаноци претходно, и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората.Мислам дека сето она кое што е реално, кое што можеме да го оствариме ние го опфативме во самата предизборна програма и цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата.Секако секој совет од реалниот сектор, секој совет кој што доаѓа од бизнис заедницата кој што се темели на реални искуства за нас е добре дојден. Човек учи додека е жив, не смееме да бидеме луѓе кои што нема да прифаќаат совети и ќе престанат да учат.Јас сум барем човек кој што сака континуирано да разговара и низ еден дијалог сите заеднички да дојдеме до она што е за нас заедничка цел, а тоа е да имаме држава просперитетна, држава која што вистински ќе биде европска по сите параметри. Држава која што граѓаните ќе остануваат, а не да се селат. И Македонија која што ќе биде држава за сите, подеднакво буквално за сите. И држава во која што ќе можеме сите да бидеме среќни.Благодарност до Комората, благодарност до претседателот кој што навистина секогаш кога сме имале состанок, состанокот бил во еден конструктивен амбиент, пријателски, амбиент во кој што можеме да извлечеме максимум, а потоа и сето тоа да го примениме. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување - 02/05/2024 СПМ: Прв пат во историјата имаме министер кој јавно проговори за малите плати во МВР, даваме безрезервна поддршка на Тошковски - 02/05/2024 ЛЕВИЦА ПРЕД КСС ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА ТРУДОВА ПРОГРАМА - 01/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Битиќи: Патриотски ќе одиме кон повисоки плати и пензии, кон „Едно општество за сите“
Работник - пред 4 дена
ЕкономијаМакедонијаНовости Битиќи: Патриотски ќе одиме кон повисоки плати и пензии, кон „Едно општество за сите“ 30/04/202430/04/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута „Ова зад мене е Спомен-костурницата, симбол на прогресивното и мултикултурно Куманово, темелот на АСНОМ-ска Македонија. Градот кој во 2015 година го потресе трагедија која беше одраз на еден режим кој сакаше да ја скрши Македонија. Сеќавањата сè уште остро нè потсетуваат и опоменуваат на тие мрачни времиња кога ВМРО-ДПМНЕ ја држеше заробена државата во мрак исполнет со стравови“, вели во видео обраќање од Куманово, Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2. Тој нагласува дека СДСМ седум години градеше општество на соживот, меѓусебно разбирање и почитување на различностите, притоа предупредувајќи дека „наследниците на режимот бараат повторно да се издигнат од пепелта, нивната шовинистичка политика повторно надвиснува над Македонија“. Битиќи предупредува дека со ВМРО-ДПМНЕ и неговиот национализам постои опасност државата да се врати во периодот кога имаше поделби на етничка и религиозна основа. „Со ВМРО-ДПМНЕ и нивниот национализам може само да се вратиме во времето кога вештачки се обидуваа да креираат поделби и раздори на етничка и религиозна основа. На овие парламентарни избори, секој глас за нив, е глас за времињата налик на тие од 11 години режим. Но наспроти нив, стоиме ние, СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, со кои, патриотски, а не националистички, ќе одиме кон повисоки плати, повисоки пензии и пред сè, кон Едно општество за сите“, вели Битиќи. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) ЛЕВИЦА ПРЕД КСС ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА ТРУДОВА ПРОГРАМА - 01/05/2024 Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права - 01/05/2024 Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада - 01/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања
Работник - пред 4 дена
НовостиПравдаСветот на работникот Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања 30/04/202430/04/2024 Портал Работник Време за читање 2 минути Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања. Тие се собраа денеска во паркот пред интерни клиники, со цел, како што рекоа, да го дигнат гласот и да кажат, дека не се откажуваат од нивните барања. Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти, истакна дека ситуацијата останува непроменета. – Сѐ уште нема здравствено осигурување за овие лекари, сѐ уште Министерството за здравство не излезе со конкретни мерки и планови за подобрување на состојбата, но и решавање на горчливиот проблем во однос на покачување на платите и трајни вработувања. Сега засега, за да можеме да овозможиме функционирање на клиниките, ќе продолжиме да доаѓаме на нашите работни места, излегувајќи во пресрет на пациентите. Сѐ до формирање на новата влада и новиот кабинет. Алармираме кон новиот министер, дека првиот прием треба да биде во врска со нашите барања и нивно решавање, нагласи таа, повторувајќи дека е ова многу важно, за младите, особено медицинските лица, да не заминуваат од државава. Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања фото миа На новинарско прашање, таа одговори дека за празниците ќе бидат на дежурства, затоа што, во спротивно би имало проблеми во обезбедувањето здравствени услуги на клиниките. За празнична работа, добивале некое покачување на дневница, но, не празнична дневница како што добиваат вработени лекари. Поддршка им даде професор доктор Маргарета Балабанова Стефанова, која, како што самата рече, 42 години била наставник на кадри кои произлегуваат од клиниките. Таа рече дека за неа, како претставник од фелата, е незамисливо, ова што се случува со судбината на овие млади лекари, да помине без реакција. – Овој проблем мора да се реши, неопходни се решавање на проблемите на актуелните приватни специјализанти, соодветна кадровска политика, национална програма за здравство, што ќе го почитува квалитетот, подвлече таа. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) ЛЕВИЦА ПРЕД КСС ЈА ПРЕТСТАВИ СВОЈАТА ТРУДОВА ПРОГРАМА - 01/05/2024 Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права - 01/05/2024 Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада - 01/05/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Македонија воведе 72 часовна недела, а Црна Гора го намалува работното време на 35 часа
Работник - пред 4 дена
ЕкономијаСветСветот на работникот Македонија воведе 72 часовна недела, а Црна Гора го намалува работното време на 35 часа 30/04/202430/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Министерката за труд и социјална политика на Црна Гора, Наида Никшиќ, денеска највила дека државата ќе го намали работното време на седум часа до крајот на оваа година. Таа за Радио Црна Гора рекла дека социјалните приходи во иднина ќе бидат поправични, нема да биде укинат Фондот за ПИО, но дека ќе биде реформиран, пренела РТЦГ. Никшиќ истакнала дека сите анализи покажале дека најголема неправда им е направена на пензионерите кои работниот век го поминале во различни држави, како и дека 3,500 пензионери од различни Југословенски држави примаат пензии кои кога ќе се соберат се пониски од просечната. Извор: b92.net Фото: Reshetnikov_art/Shutterstock About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања - 30/04/2024 Македонија воведе 72 часовна недела, а Црна Гора го намалува работното време на 35 часа - 30/04/2024 МАЈХОШЕВ: РАБОТНИЦИТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ДОВОЛНО СВОИТЕ ПРАВА, ИМА ЧЕСТИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - 30/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
МАЈХОШЕВ: РАБОТНИЦИТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ДОВОЛНО СВОИТЕ ПРАВА, ИМА ЧЕСТИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ
Работник - пред 4 дена
НовостиПравдаСветот на работникот МАЈХОШЕВ: РАБОТНИЦИТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ДОВОЛНО СВОИТЕ ПРАВА, ИМА ЧЕСТИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ 30/04/202430/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Работничките права се кршат, не се почитуваат докрај. Работниците не ги знаат доволно своите права од причина што често се менува Законот за работни односи и тука е улогата на синдикатот. Синдикалното движење на некој начин е ослабнато, синдикатите не се само еден вид на поддржувачи, туку и контролори на тоа како се почитуваат законите во сферата на трудовата легислатива, вели за МИА Андон Мајхошев, универзитетски професор по трудово право на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Во видео разговор снимен во прес-центарот на МИА во Штип во пресрет на Меѓународниот ден на трудот, Мајхошев вели дека работничките права се кршат во приватниот сектор, но и во јавниот сектор каде државата се јавува како работодавач, иако, како што вели, многу помалку. Повеќе на Макпрес About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Македонија воведе 72 часовна недела, а Црна Гора го намалува работното време на 35 часа - 30/04/2024 МАЈХОШЕВ: РАБОТНИЦИТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ДОВОЛНО СВОИТЕ ПРАВА, ИМА ЧЕСТИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - 30/04/2024 Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање. 60 години за жени, 62 за мажи - 30/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање. 60 години за жени, 62 за мажи
Работник - пред 4 дена
НовостиПравда Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање. 60 години за жени, 62 за мажи 30/04/202430/04/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута На денешниот протест на пензионерите во Штип, даде поддршка и Носителот на ИЕ3, пратеникот Борислав Крмов. Крмов првенствено ја посочи незавидната ситуација во која се наоѓаат македонските пензионери. ,,Имаме тука ситуација да таа додатна помош од социјалата којашто ја добиваат, сега, всушност, им е скратена. Власта се фали дека наводно им помогнала. Пензионерите јасно и гласно кажаа: значи, покачување линеарно на сите од 3500 денари до 5000 денари! Минимална пензија од 18.000, дури и 20.000 денари. Они живеат со 12.000 ден. И сега на тие 12.000 земале по 2000 – 3000 ден. од социјалата како допуна, како помош и сега тоа е скратено на пола! Замислете, тие пензионери со тие примања немаат ни за храна! Нив, нивните деца им плаќаат сметки и храна, за да преживеат. Јас и како пратеник во ИЕ3 имав апсолутна поддршка за пензионерите за сите нивни барања”. Левица во својата програма има мерки за подобрување на квалитетот на живот на пензионерите. ,,Според Програмата на Левица, минималната пензија е две – третини од просечната плата; државни пензионерски домови за пензионерите и намалување на годините за пензионирање 60 години – за жени и 62 години – за мажи”, потенцираше пратеникот Крмов.https://we.tl/t-p9XVXPOSia About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања - 30/04/2024 Македонија воведе 72 часовна недела, а Црна Гора го намалува работното време на 35 часа - 30/04/2024 МАЈХОШЕВ: РАБОТНИЦИТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ДОВОЛНО СВОИТЕ ПРАВА, ИМА ЧЕСТИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - 30/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
КСС утре ќе одржи Свечена Првомајска Академија
Работник - пред 4 дена
МакедонијаНовостиСиндикат КСС утре ќе одржи Свечена Првомајска Академија 30/04/202430/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија по повод 1-ви мај – Меѓународниот ден на трудот, утре ќе одржи Свечена Првомајска Академија. На истата присуство највиле неколку политички партии кои пред синдикалците ќе имаат можност да ги презентираат своите економски програми. Инаку, поканети биле сите политички партии. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања - 30/04/2024 Македонија воведе 72 часовна недела, а Црна Гора го намалува работното време на 35 часа - 30/04/2024 МАЈХОШЕВ: РАБОТНИЦИТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ДОВОЛНО СВОИТЕ ПРАВА, ИМА ЧЕСТИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - 30/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
ФЗО најави и генерален штрајк, кажаа што ќе го спречи овој потег и дадоа рокови
Работник - пред 4 дена
МакедонијаНовостиСиндикат ФЗО најави и генерален штрајк, кажаа што ќе го спречи овој потег и дадоа рокови 30/04/202430/04/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Вработените во Фондот за здравствено осигурување излегоа на протест. Претседателот на синдикалната организација, Бранко Аџигогов, кажа дека протестот е предупредувачки против Управниот одбор на ФЗО, бидејќи точката за усогласување на платите со Законот за минимална плата е одложена на неодредено време, за после изборите. Тој кажа дека побарале да им се усогласат платите. „Со оглед дека самите најавиле дека до формирање на нова Влада немаат во план да донесат никаква одлука по овие прашања, останува прашањето зошто постои Управниот одбор, би било поетички да си отидат и да се изберат нов. Ако ова до 15 мај не се реши, ние ќе имаме предупредувачки протести во сите градови. Ако на 1.06 не се реши прашањето, тогаш, стапуваме во генерален штрајк“, рече Аџигогов. Тој објасни дека бараат: „усогласување на платите со миниманата, носењето на вредносен бод, разрешување на цел Управен одбор“. „Немаме образложение и не знаеме зошто ова се случи. По толкав штрајк на вработените во ФЗО, а ние сме втора најголема синдикална организација во државната управа, едноставно ова го сфаќаме дека не им е грижа“, додаде Аџигогов. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања - 30/04/2024 Македонија воведе 72 часовна недела, а Црна Гора го намалува работното време на 35 часа - 30/04/2024 МАЈХОШЕВ: РАБОТНИЦИТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ДОВОЛНО СВОИТЕ ПРАВА, ИМА ЧЕСТИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - 30/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Анализа на „Фајненс тинк“ за економските ветувања во изборните програми на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
Работник - пред 4 дена
ЕкономијаМакедонијаНовости Анализа на „Фајненс тинк“ за економските ветувања во изборните програми на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ 30/04/202430/04/2024 Портал Работник Време за читање 15 минути Двете партии во своите програми ветуваат раст на економијата од 5 отсто (ВМРО-ДПМНЕ) односно 5,1 отсто (СДСМ) до 2028 година. Проценките на тинк-тенкот кои, како што се наведува во анализата, се речиси целосно во линија со проекциите на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), дека просечен раст поголем од 4 отсто за претстојниот четиригодишен период е невозможен, дури и под претпоставка да нема нови големи шокови во глобалната економија. Тинк-тенк организацијата „Фајненс тинк“ (Finance Think) во кратка анализа насловена „Став 61“ ги сумира ветувањата во сферата на економијата во изборните програми на двете најголеми политички партии во македонскиот блок – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Анализата на „Фајнанс тинк“ се осврнува на осум економски категории од програмите на двете партии – Раст на економијата, Вработеност, Инвестиции, Плати, Пензии, Социјална помош, Даноци и Субвенции. Во неа се прави директна споредба на ветувања на партиите, со краток коментар сумиран во ставот на тинк-тенкот кој, како што велат оттаму, го темелат на долгогодишната работа на продуцирање научни докази врз база на податоци, чија референција е дадена низ текстот на анализата. Раст на економијата Така, во однос на ветувањата за растот на економијата, во анализата се нотира дека програмата на СДСМ проектира просечен раст на бруто-домашниот производ (БДП) за периодот 2024-2028 година од 5,1 отсто, додека во изборната програма нивниот политички опонент ВМРО-ДПМНЕ е за постепено забрзување на моменталниот раст до 5 отсто во 2008 година. Ова, според „Фајненс тинк“, дава просечен раст на БДП за целиот четиригодишен период од четири отсто. Проценките на тинк-тенкот кои, како што се наведува во анализата, се речиси целосно во линија со проекциите на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), дека просечен раст поголем од 4 отсто за претстојниот четиригодишен период е невозможен, дури и под претпоставка да нема нови големи шокови во глобалната економија. „Под претпоставка на отсуство на значајни нови шокови во глобалната економија – особено шокови на страната на понудата кои може значајно да влијаат врз цените и/или да наметнат ограничувања и блокади во понудата на важни добра во делот на исхраната, енергијата и кај инпутите на клучни индустрии за европскиот континент – Северна Македонија може да постигне раст кој ќе се движи околу потенцијалниот раст од 4-4.5% на среден рок од 3-4 години, што би резултирало со просечен раст од 4% или нешто пониско“се вели во анализата. Програмите на двете политички програми, според „Фајненс тинк“ се прилично воедначени во делот на изворите на растот. И двете партии, се наведува, ја потенцираат амбицијата за поголема додадена вредност, поголема продуктивност и конкурентност на економијата и планираат да ги постигнат преку поголеми инвестиции во човечкиот капитал, поддршка на извозот и јакнењето на извозните капацитети, поддршка на системот на иновации и претприемништво. Сепак, како што забележува анализата, за искористување на овие фактори на економскиот раст, потребно е да бидат земени предвид слабостите на системот, слабата реализацијата на клучни стратегии и стагнацијата кај клучни реформи во изминатиот период. Како пример во последниот сегмент се посочуваат недоволноста на образовните реформи, отсуството на транзиција на работната сила од системот на социјална заштита кон пазарот на труд, произволниот систем на државна помош, компромитациите во системот за поддршка на иновациите и сл. „Двете програми ги акцентираат домашните и странските инвестиции, но програмата на ВМРО-ДПМНЕ повеќе го нагласува фокусот врз привлекувањето странски инвестиции, иако тоа го прави и програмата на СДСМ преку концептот на ‘near shoring’, односно привлекување странски инвестиции кои поради геополитичките фрагментации се селат поблиску до своите фирми мајки“,се наведува во анализата. Земено сумирано, впечатокот на анализата на програмите на двете политички партии во поглед на моделот за економски раст е дека ВМРО-ДПМНЕ скорo исклучиво се потпира на концептот на создавање на нова додадена вредност во економијата, додека за СДСМ покрај создавањето нова вредност и понатаму важна останува редистрибуцијата на веќе создадениот доход. Вработеност Во врска со вработеноста, програмите и на двете политички партии предвидуваат намалување на невработеноста. Разликата во амбициите е мала и изнесува 0,5 процентни поени, односно СДСМ ветува намалување на невработеноста до 2028 година за 7 отсто, додека кај ВМРО-ДПМНЕ овој процент е 7,5 отсто. Ова е еднакво на креирање дополнителни околу 50 000 работни места, што е сосема реалистично за следниот четиригодишен период. Сепак, од „Фајненс тинк“ укажуваат дека за остварување на оваа цел неопходно е соодветно управување со контингентот на невработени лица во земјава, во смисла на потребата за нивна доквалификација, преквалификација, оневозможување потпирање врз системот на социјална помош неограничено долго и оневозможување остварување доходи во сивата економија. „Дополнително, остварувањето на оваа цел е можно само во услови на контролирано потпирање врз странски работници, главно преку програма за увезување работници во сектори за кои работници не може да се обезбедат преку домашниот контингент на расположлива работна сила“се вели во анализата. Во контекст на оваа категорија, во неа се додава дека ветувањето на СДСМ за намалување на работното време од осум на седум часа дневно е целосно неконзистентно со ветувањата за повисок раст и поголема продуктивност кои, како што се додава во анализата, може да се постигнат само со поголем напор и вложување, односно со повеќе работа и работни часови. Инвестиции Во делот на инвестициите, програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува капитални инвестиции од три милијарди евра за целиот мандат, додека програмата на СДСМ од 3,5 милијарди евра. Иако пожелни за раст на економијата, овој контингент на капитални инвестиции, според „Фајненс тинк“, мора да се набљудуваат во контекст на капацитетот на државата во реализацијата на овој тип инвестиции, кои се движат околу 500 милиони евра годишно. „Без отстранување на системските слабости за планирање, приоретизација, технички капацитети за тендерирање и имплементација од страна на институциите, овие ветувања се тешко изводливи“се посочува во анализата. Од „Фајненс тинк“ велат дека капиталните трансфери до општините во обем од 250 милиони евра годишно што ги ветува ВМРО-ДПМНЕ во својата програма би влијаеле позитивно на економскиот раст, но овие трансфери се додава во анализата мора да бидат строго сврзани со капитални инвестиции и со зголемување на наплатата на данок на имот од страна на општините што е нивен важен извор на приход. Плати Како директно ветување платите се споменуваат само во програмата на СДСМ, но не и во ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ. До 2028 година СДСМ ветува просечна плата ќе изнесува 1 100 евра, а минималната 600 евра. Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, пак се спомнува дека платите во јавниот сектор ќе растат со растот на економијата, што може да е индикација дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на сите плати е дека ќе резултираат од растот на економијата, се вели во анализата. Ваквиот став, според тинк-тенкот, е стабилен и конзистентен со принципите на пазарната економија. Од друга страна, ветувањата за конкретен раст на платите, како што е случајот во програмата на СДСМ, кои не се под директна контрола на владата, според „Фајненс тинк“ може да испрати погрешни сигнали за информираниот гласач. Последниот став е стабилен и конзистентен со принципите на пазарната економија. Обврзување кон конкретен раст на платите, кои не се под директна контрола на владата, може да испрати погрешни сигнали за информираниот гласач. „…Неопходно е да се забележи дека растот на платите во последните 2-3 години во голема мера, иако не исклучиво, е последица и на приспособувањата со растот на ценовното ниво“,се посочува во анализата. Пензии Во однос на пензиите, програмата на СДСМ предвидува раст на просечната пензија до 30 000 денари до 2028 година, а на минималната пензија до 20 000 денари. Во однос на моменталната просечна пензија, предвидениот раст изнесува 50 отсто, односно 11 отсто просечен годишен раст. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ, пак, предвидува по 5 000 денари за секој пензионер најдоцна до крајот од првата година, односно раст на пензиите во првата година од 25 отсто. Од „Фајненс тинк“ велат дека остануваат на ставот, искажан во повеќе наврати дека раст на пензиите кој отстапува од формулата за нивно усогласување со растот на просечната плата и растот на цените, ќе ја наруши патеката на стабилизација на Фондот за ПИОМ, којшто помина низ блага реформа во 2018 која ја овозможи таа стабилизација. Социјална помош Социјалната помош, според анализата на тинк-тенкот, е надвор од фокусот во политичките програми и на двете партии, иако СДСМ во својата дава фокус и врз редистрибуцијата на доходот. „Програмата на СДСМ се фокусира врз подобрување на системот на активација на примателите на социјална помош и на јакнење на социјалните услуги, што е соодветен став и е во линија со нашите на наоди во Студија за политиките 31“велат од „Фајненс тинк“. Од друга страна, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека социјалната помош ќе се зголемува, но не се дадени детали како и во колкав износ. Ова анализата го зема како индикација дека таа ќе се усогласува според постојните механизми за усогласување. „Последново е соодветен став кон социјалната помош, иако одредени приспособувања, како на пример, двократното усогласување со растот на цените, или одредени интервенции во делот на помошта за деца, може да обезбедат подобри исходи за животниот стандард“,се додава. Даноци Во врска со даноците, анализата на „Фајненс тинк“ оценува дека СДСМ во линија со своите ставови за редистрибуција на доходот и богатството, предвидува воведување данок на луксуз (богатство), за што не се дадени поконкретни контури, како и разгледување модел за прогресивно оданочување на доходот. Дополнително, СДСМ предвидува данок на доход од 0 проценти на минималната плата. Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ изнесува став за задржување на сегашните даночни стапки и подигнување на прагот за регистрација за ДДВ-обврзник на три милиони денари. Програмата на ВМРО-ДПМНЕ, според анализата, фокусот го поместува врз борбата со сивата економија, како неопходен услов на среден рок да се дојде до поголема даночна база и поголеми даночни приходи. Од „Фајненс тинк“ велат дека целосно се согласуваат со овој став, а го базираат на четири факти: Сивата економија во Северна Македонија е флагрантна со конзервативна проценка од 21,3 отсто од вкупната економија, што е еднакво на неприбрани даночни приходи од најмалку 700 милиони евра годишно, Сивата економија е широко распространета и поприма различни форми од непријавени работници, нецелосно пријавена работа, нецелосно пријавен промет и нецелосно пријавување на доходот на домаќинствата, Сивата економија бара и мерки кои поттикнуваат формализација и мерки за казнување, Поголеми и прогресивни даноци во услови на сива економија и недоволно силни механизми за борба со неа, поттикнуваат даночна евазија и оттука поголемо прибегнување кон сива економија. „Во однос на ветувањето за 0% данок на доход за примателите на минимална плата, укажуваме дека иако обезбедува соодветна прогресивност во оданочувањето, сепак ќе предизвика дисторзија во услови на застапеност на сивата економија кај примателите на минимална плата“,се вели во анализата. Субвенции Во однос на субвенциите програмите и на двете партии, според „Фајненс тинк“ навестуваат генерално придржување кон моменталните модели на субвенции. „Се осврнуваме на две групи субвенции: за земјоделци и за домашни фирми, бидејќи тие се најголемите давања државна помош. Програмата на СДСМ предвидува вкупен износ за земјоделски субвенции од 850 милиони евра (директна финансиска поддршка и поддршка за рурален развој), што е просечен годишен износ од 215 милиони евра, додека соодветниот износ во програмата на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 180 милиони евра. Двата ветени износа се значајно над моменталните остварувања од околу 130 милиони евра. Дури и износите да се зголемат на предвидените нивоа, поважниот аспект на земјоделските субвенции со кој политичките програми не се занимаваат или се занимаваат маргинално (ВМРО-ДПМНЕ) е потребата што побрзо да се напушти моделот на распределба на субвенциите по принцип на инпути (единица површина или грло добиток) и да се премине на принцип на аутпути (квалитет на производството, односно обем на производство по единица површина). Двете програми предвидуваат поддршка на технолошкиот напредок и иновациите во земјоделството, преку понатамошно искористување на програмата ИПАРД“, се наведува во анализата. Во однос на поддршката со државна помош на компаниите, двете програми поголем акцент ставаат на поддршката на домашните компании преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите. СДСМ предвидува задржување на постојното решение со 180 милиони евра државна помош годишно, а со сличен став е и ВМРО-ДПМНЕ, без наведување конкретен износ и со навестување приспособувања на Законот кон поголеми износи и фокус кон извозни компании. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања - 30/04/2024 Македонија воведе 72 часовна недела, а Црна Гора го намалува работното време на 35 часа - 30/04/2024 МАЈХОШЕВ: РАБОТНИЦИТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ДОВОЛНО СВОИТЕ ПРАВА, ИМА ЧЕСТИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - 30/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Пензионерите кои земаат пензии во Комерцијална и Шпаркасе ќе можат да ги подигнат утре
Работник - пред 5 дена
ЕкономијаМакедонијаНовости Пензионерите кои земаат пензии во Комерцијална и Шпаркасе ќе можат да ги подигнат утре 29/04/202429/04/2024 Бобан М. Илијевски About Latest Posts Бобан М. ИлијевскиНовинар за работни односи, кариера и човечки ресурси Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all) Пензионерите кои земаат пензии во Комерцијална и Шпаркасе ќе можат да ги подигнат утре - 29/04/2024 Зошто ВМРО – ДПМНЕ планира да ги стави работниците под Економија? - 29/04/2024 НИ УМИРААТ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА: 15 работници загинале во 2023, речиси 100 биле повредени - 28/04/2024 Време за читање 2 минути Комерцијална и Шпаркасе банка ќе започнат од утре да ги исплаќаат пензиите за април, иако парите од ПИОМ ќе бидат пуштени после 1-ви мај, односно на 2-ри Мај. Другите поголеми банки, сѐ уште немаат информации кога ќе започнат да ги исплаќаат пензиите. Дел од нив пензии не исплатија ни пред Нова година, па тоа предизвика револт кај дел од пензионерите. Во продолжение соопштенија на Комерцијална и Шпаркасе банка: „Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на пензиите за април од вторник 30.04.2024 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од вторник 30.04.2024 година, и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.04.2024 година ќе може да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката. Повеќе филијали и експозитури на Комерцијална банка им овозможуваат на клиентите трансакции преку шалтер до 17 часот, со што бројни шалтери им се достапни со најдолго работно време на пазарот од понеделник до петок. А, секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и повеќе експозитури во Скопје работат од 9 до 12 часот, додека експозитурата во East Gate mall, пак, е отворена до 14 часот.“ – Комерцијална банка. „Ве известуваме дека пензиите за месец април 2024 година ќе се исплаќаат од 30.04.2024 год. (вторник), за сите корисници на пензии со трансакциска сметка на Шпаркасе Банка. Со пензиите ќе можете да располагате веднаш, доколку користите дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Ви препорачуваме да ја користите широката мрежа од 100 банкомати на Шпаркасе Банка кои се достапни во РС Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците. Клиентите кои не користат платежни картички, исто така од 30.04.2024 ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката, без разлика на висината на пензијата. За поголема заштита на Вашето здравје, Ве упатуваме за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.“ – Шпаркасе Банка. Facebook Twitter LinkedIn...
Прв синдикат, основан пред еден век, во близина на хотелот „Гранд“ , членувале шивачки, бербери, чевлари…
Работник - пред 5 дена
МакедонијаНовостиСиндикат Прв синдикат, основан пред еден век, во близина на хотелот „Гранд“ , членувале шивачки, бербери, чевлари… 29/04/202429/04/2024 Портал Работник Време за читање 4 минути Во април 1923 година, во Штип бил основан првиот синдикат на ниво на град. Синдикалната организација во Штип ги обединила следниве подружници (секции): шивачки, берберски, чевларски, столарски, пекарски и др. Седиштето на Синдикатот било во просторија близу хотелот „Гранд”, каде што се читала револуционерна литература и се договарале наредните активности. Првите организирани активности на Синдикатот во градот биле во април 1924 година, кога го организирал првиот штрајк на шивачките и на чевларските работници, а Први мај за првпат бил одбележан со голем првомајски протест Организираниот синдикален живот во Штип има едновековна традиција и неговата појава, всушност, е израз на борбата за социјална правда и за подобрување на економско-социјалната положба на работниците во градот и пошироко. Во април 1923 година, во Штип бил основан првиот синдикат на ниво на град. Синдикалната организација во Штип ги обединила следниве подружници (секции): шивачки, берберски, чевларски, столарски, пекарски и др. Седиштето на Синдикатот било во просторија близу хотелот „Гранд”, каде што се читала револуционерна литература и се договарале наредните активности. Прв претседател на Синдикалната организација во Штип бил Тодор Аџитомов. Првите организирани активности на Синдикатот во градот биле во април 1924 година, кога го организирал првиот штрајк на шивачките и на чевларските работници, а Први мај за првпат бил одбележан со голем првомајски протест. По тој повод, на 16 април годинава, во Штип беше промовирана монографијата „100 години синдикално движење во Штип – 1923-2023” од авторите проф. д-р Андон Мајхошев од Правниот факултет и проф. д-р Оливер Цацков од Факултетот за образовни науки при УГД – Штип. Промотори на студијата беа проф. д-р Лазар Јовевски и проф. д-р Билјана Тодорова. – Повод да ја напишеме монографијата е да го одбележиме едновековното постоење на синдикалното живеење и дејствување во Штип. Во книгата, синдикалното и работничкото движење се опишани во три историски периоди: 1918-1944 (периодот меѓу двете светски војни), 1945-1990 (социјалистичкиот период) и 1991-2023 година (транзицискиот период). Бидејќи станува збор за долг период, наидовме на историски празнини и историски дисконтинуитет. Сите текстови и научни трудови што претходно биле пишувани за Синдикатот, се однесувале на кратки периоди, кои немале историска поврзаност во континуитет. Морам да истакнам дека во нашето истражување наидовме на проблеми како, на пример, недостиг на литература и историски документи од одделни временски периоди. Овој проблем го премостувавме преку пронаоѓање живи учесници во одредени настани, кои автентично ни ги опишуваа настаните, особено настаните по 1950 г. Истражувачка база ни беа книгите, списанијата и весниците од роднокрајното одделение на Националната библиотека „Гоце Делчев” – Штип и документите депонирани во Државниот архив на Македонија – регионално одделение во Штип – вели проф. Мајхошев. Рецензентите, а воедно и промотори на книгата, проф. д-р Лазар Јовевски и проф. Билјана Тодорова, на промоцијата истакнаа дека книгата има непроценлива историска и научна вредност, бидејќи во неа темелно и научно се опишани најважните историски периоди во развојот и предизвиците на синдикализмот во Штип, засновани на историски факти и вистини и дека книгата има огромно значење и историска вредност за градот и за синдикалните состојби, гледано низ историско-хронолошка рамка. Книгата содржи 383 страници на кои има: 100 фотографии од сите историски периоди; селектирани оригинални документи на органите и телата на Синдикатот во Штип, штрајкувачките одбори; прилози за составот на органите на Општинскиот, Околискиот и на Регионалниот синдикален совет во Штип, во периодот од 1955 до 2023 година; прегледи на одржаните штрајкови и протести по претпријатијата, установите и годините на нивно одржување, како и 20 табели од кои може да се видат тенденциите на одредени општествено-економски и социјални процеси и појави во Штип и во државава. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Македонија воведе 72 часовна недела, а Црна Гора го намалува работното време на 35 часа - 30/04/2024 МАЈХОШЕВ: РАБОТНИЦИТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ДОВОЛНО СВОИТЕ ПРАВА, ИМА ЧЕСТИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - 30/04/2024 Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање. 60 години за жени, 62 за мажи - 30/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Меѓународна организација на трудот: Жештините годишно убиваат 19.000 работници во светот
Работник - пред 5 дена
НовостиСветСветот на работникот Меѓународна организација на трудот: Жештините годишно убиваат 19.000 работници во светот 29/04/202429/04/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Климатските промени создаваат низа опасности кои можат да влијаат на 70 отсто од светската работна сила, заклучува Меѓународната организација на трудот (МОТ) во својот најнов извештај. Според проценките на организацијата, годишно 19.000 луѓе ширум светот умираат поради изложеност на прекумерна топлина на работното место. Поради екстремната топлина и ултравиолетовите зраци, кои можат да предизвикаат здравствени проблеми како што се кардиоваскуларни болести и рак на кожата, работниците во земјоделството и другите сектори кои вклучуваат подолго работење. Според проценката на организацијата, 2,4 од вкупно 3,4 милијарди работници ќе бидат изложени на прекумерна топлина во текот на нивниот работен век. Работниците на отворено се исто така изложени на загадување на воздухот и пестициди. Загадувањето на воздухот убива 860.000 луѓе годишно, а пестицидите се одговорни за 300.000 смртни случаи на работното место годишно. Според извештајот на МОТ, тековно важечките стандарди за безбедност и здравје треба да се прилагодат за подобро да ги одразуваат опасностите од работните средини. Со оглед на ова, организацијата го поздрави германското законодавство кое им обезбедува на работниците заштитна облека од ултравиолетово зрачење, а во исто време признаваат некои форми на рак на кожата како професионална болест од 2015 година. Како што предупреди Манал Ази, член на групата за заштита при работа на МОТ, климатските промени веќе создаваат значителни дополнителни здравствени ризици за работниците, и од клучно значење е да се внимава на овие предупредувања. Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, кој го славиме денес, се фокусира и на последиците од климатските промени за работата и работниците, вклучително и прекумерната топлина, пишува „СЕЕ.биз.еу“. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Македонија воведе 72 часовна недела, а Црна Гора го намалува работното време на 35 часа - 30/04/2024 МАЈХОШЕВ: РАБОТНИЦИТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ДОВОЛНО СВОИТЕ ПРАВА, ИМА ЧЕСТИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - 30/04/2024 Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање. 60 години за жени, 62 за мажи - 30/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
ЧАШАТА СЕ ПРЕЛЕА И ВО ФЗО Вработените утре на протест ќе бараат да се разреши Управниот одбор и повисоки плати
Работник - пред 5 дена
МакедонијаНовостиСиндикат ЧАШАТА СЕ ПРЕЛЕА И ВО ФЗО Вработените утре на протест ќе бараат да се разреши Управниот одбор и повисоки плати 29/04/202429/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Вработените во Фондот за здравство утре во 11 часот ќе излезат на предупредувачки протест поради незадоволството кај работниците за не усогласувањето на платите со растот на минималната плата, соопшти синдикатот на УПОЗ. Вработените покрај усогласувањето на платите со минималната плата, бараат да се донесе вредносен бод и да се зачуваат тие плати што ги имаат вработените и веднаш да се разреши целиот Управен одбор на Фондот, а новите членови веднаш да донесат одлука со која ќе се заштитат вработените во фондот за здравство. Доколку не се исполнат нивните барања вработените најавуваат штрак и блокада на ФЗОМ. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Македонија воведе 72 часовна недела, а Црна Гора го намалува работното време на 35 часа - 30/04/2024 МАЈХОШЕВ: РАБОТНИЦИТЕ НЕ ГИ ЗНААТ ДОВОЛНО СВОИТЕ ПРАВА, ИМА ЧЕСТИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ - 30/04/2024 Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање. 60 години за жени, 62 за мажи - 30/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Од ноќеска на полноќ не се менува само цената на ЕУРОСУПЕР БС-95
Работник - пред 5 дена
ЕкономијаМакедонијаНовости Од ноќеска на полноќ не се менува само цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 29/04/202429/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Одлука со која од ноќеска на полноќ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 отсто денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. -Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,107 ден/кг и сега ќе изнесува 46,661 ден/кг, соопшти Комисијата. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) ЧАШАТА СЕ ПРЕЛЕА И ВО ФЗО Вработените утре на протест ќе бараат да се разреши Управниот одбор и повисоки плати - 29/04/2024 Од ноќеска на полноќ не се менува само цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 - 29/04/2024 Грција воведува шестдневна работна недела - 29/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Зошто ВМРО – ДПМНЕ планира да ги стави работниците под Економија?
Работник - пред 5 дена
НовостиСветот на работникот Зошто ВМРО – ДПМНЕ планира да ги стави работниците под Економија? 29/04/202429/04/2024 Бобан М. Илијевски About Latest Posts Бобан М. ИлијевскиНовинар за работни односи, кариера и човечки ресурси Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all) Зошто ВМРО – ДПМНЕ планира да ги стави работниците под Економија? - 29/04/2024 НИ УМИРААТ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА: 15 работници загинале во 2023, речиси 100 биле повредени - 28/04/2024 Кампањите си течат, работниците плачат и молат за плата, но караванот си врви - 27/04/2024 Време за читање 5 минути „Сето ова се прави со консултација со сите засегнати. Тоа што ќе биде бенефит од ваквата реформа е дека со ваков зафат, на едно место сите партнери во тој дијалог, разговорите би биле поредовни, подинамични и со поголем и побрз ефект“, рекоа од ВМРО – ДПМНЕ. ВМРО – ДПМНЕ во својата изборна програма „Платформа 1198“ предвидува реорганизација на министерствата. Со оглед на тоа дека порталот Работник е специјализиран за работните односи и трудот, испративме прашања до партијата зошто сметаат дека Трудот, кој досега беше во Министерство за труд и социјална политика, планираат да биде дел од Економија. Ги прашавме и како во тој случај би функционирал Економско – социјалниот совет, кој сега е дел од МТСП. Од ВМРО – ДПМНЕ во одговорот ни посочија дека во својата програма посветиле огромно внимание на реорганизација на министерствата и институциите. Според нив, ова се прави за да може подобро и конкретно да се одговори на предизвиците на денешницата, а притоа да се намали бројот на јавни институции и укинувања на позиции како заменици директори и број на членови на управни одбори за да нема залудно трошење. „Главната реформа, односно онаа којашто веројатно ве интересира е реорганизацијата на министерствата за економија и тоа што е сега Министерство за труд и социјална политика. Мора да се објасни целата трансформација на министерствата за да не се добие слика дека само трудот се ‘преместува’“, рекоа од ВМРО – ДПМНЕ. Имено, ВМРО – ДПМНЕ планира од Економија да се изземе делот за енергетика, рударство и минерални суровини затоа што тоа е многу важен дел за развојот на државата и ќе прерасне во министерство. Спортот ќе добие свое министерство, а делот за млади од сегашната Агенција за млади и спорт ќе се припојат во идното Министерството за социјална политика, демографија и млади. „Веќе забележувате дека во тоа министерство го нема делот за труд. Ресорот труд ќе влезе во Министерството за економија, а од таму ќе се издвои туризмот и ќе биде дел од Министерството за култура. Министерството за информатичко општество и администрација ќе биде Министерство за дигитална трансформација. Вака поставен систем сметаме дека ќе даде реален одговор на современието“, рекоа од партијата. Подетално објаснето, реорганизацијата која секторот Труд го преместува од Министерството за труд и социјална политика во Министерството за економија се прави за да бидеме во тек со современите трендови, велат од ВМРО – ДПМНЕ. „До сега Економија се занимаваше со капиталот и инфраструктурата, а трудот, односно работниците беа сместени во делот на социјалната категорија. И тоа било одговор на потребите, поради огромната невработеност и распаднат економски систем во и по транзицијата, трудот се сметаше за социјална категорија“, велат од таму. Состојбите денес, според ВМРО – ДПМНЕ, со странските директни вложувачи кои решиле да останат и отвораат нови работни места, налагаат на трудот повеќе да не се гледа како на социјална категорија. „За жал и со иселувањето на работоспособното население, со падот на невработеноста преку овие состојби, реалноста е дека на трудот повеќе не може да се гледа како на социјална категорија. Трудот не е социјална категорија туку е реален учесник во економијата, заедно со капиталот и инфраструктурата“, вела од партијата. Со делот Труд, сиот сектор, па и делот Економско – социјален совет се „селат“ во Економија. Така, објаснуваат од таму, на едно место ќе бидат капиталот, стопанствениците, трговијата и трудот, како економски важен сегмент. „Сето ова се прави со консултација со сите засегнати. Тоа што ќе биде бенефит од ваквата реформа е дека со ваков зафат, на едно место сите партнери во тој дијалог, разговорите би биле поредовни, подинамични и со поголем и побрз ефект“, рекоа од ВМРО – ДПМНЕ. Сето ова, на крајот, како што велат од партијата, треба да резултира со подобро и побрзо исполнување на целта, а тоа е враќање на достоинството на Македонија, надминување на незадоволствата, создавање на една Македонија која нема да тоне во сиромаштија, туку за една достоинствена и горда Македонија во која ќе се врати предвидливоста, но со едни реални чекори да се достигнат вредностите на семејството во коешто природно припаѓаме. Facebook Twitter LinkedIn...
Грција воведува шестдневна работна недела
Работник - пред 5 дена
НовостиСветСветот на работникот Грција воведува шестдневна работна недела 29/04/202429/04/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Oд 1 јули годинава стапува на сила одредбата за шестдневна работна недела, а не мора да ја почитуваат компании и стопанства чија работа не е континуирана, односно кои и досега не работеле пет дена неделно. Шро се однесува на ограничувањата, работниците на шестиот работен ден не смеат да работат подолго од 8 часа и не се дозволува прекувремена работа. Во случај компаниите или зејмоделските стопанства да имаат петдневни ноќни смени (00:00-06:00), тогаш шестиот ден не смеат да работат ноќна смена. Изменетиот закон за работа не само што ја предвиде шестдневната работна недела, туку овозможи работен ден кој трае максимално 13 часа, за да се легализира комбинацијата од постојана и дополнителна работа. Оваа реформа на законот ги наведе критичарите да потсетат на еврпопската Директива за работно време, според која вработените во седумдневниот период не треба да работат подолго од 48 часа, вклучувајќи ги и прекувремените саати. Новиот закон е донесен една деценија подоцна откако европските кредитори барале од земјата да воведе шестдневна работна недела, за да излезе од економска криза. Грците на референдум во 2015 година убедливо рекоа не на пакетот мерки кој го предложија кредиторите. Извор: N1 Фото: Pxhere About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Грција воведува шестдневна работна недела - 29/04/2024 Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија - 28/04/2024 ХИГИЕНИЧАРКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита - 28/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
Работник - пред 5 дена
НовостиПравдаСветот на работникот Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија 28/04/202428/04/2024 Портал Работник Време за читање 2 минути Приватните специјализанти во вторник за време на паузата повторно ќе се соберат на Клинички да потсетат дека не отстапуваат од нивните барања. Покрај повисоки плати од сегашните речиси минимални 26.000 денари и здравствено осигурување тие бараат и системски решенија и вработувања по систематизација. Испратија порака до сите политичари, кој и да дојде на власт во носењето одлуки да бидат вклучени и здруженијата на младите лекари за да директно се слушнат нивните проблеми и потреби. -Носењето одлуки зад затворени врати, за ние потоа да дознаваме во службен весник е апсолутно погрешна политика. Треба постојано да бидат во контакт со сите здруженија на лекари, пациенти, најразлични форми на здравствени работници со цел да се носат правилни одлуки. Покачување на платите мора да има и тоа многу брзо, бидејќи станува збор за егзистенција и преживување на овие луѓе. Но мора да има и системски решенија. Мора да има нови вработувања по систематизација, изјави д-р Александра Георгиева, претседател на ЗЛС и приватен специјализант. -Овие наши барања се релативно скромни за еден доктор кој вложил повеќе од една деценија во високо образование. Одговорноста е голема за работните задачи што по некоја логика не би требало да кореспондира со законски минималната плата. Јас се надевам дека нашите идни лидери ќе го земат ово проблем во предвид и ќе изнајдат решение, изјави д-р Славе Тошевски, приватен специјализант. Приватните специјализанти една недела не ги извршуваа работните задачи. Штрајкот го ставија во мирување, за да помогнат на постарите колеги во работењето на клиниките, каде има 400-тини млади лекари кои сами си ја плаќаат специјализацијата. Пововината од нив паралелно учат германски и шведски и сериозно размислуваат да си заминат од Македонија. Според податоците на македонското лекарско друштво годишно околу 250 доктори си заминуваат во странство. Извор: Сител About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Грција воведува шестдневна работна недела - 29/04/2024 Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија - 28/04/2024 ХИГИЕНИЧАРКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита - 28/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
ХИГИЕНИЧАРКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита
Работник - пред 5 дена
ЕкономијаНовостиСвет ХИГИЕНИЧАРКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита 28/04/202428/04/2024 Портал Работник Време за читање 4 минути Работниците во домаќинството спаѓаат во категоријата на оние кои се најподложни на различни форми на трудова експлоатација. Со оглед на тоа што нивната работа се одвива во приватноста на домаќинството, таа често останува незабележана и потценета, па дури ни социјално не се препознава како вистинска работа. Со недоволна законска регулатива, нејасни услови за вработување и отсуство на писмени договори (или постоење на лажни договори) со работодавачот, ова вработување претставува типичен пример за несигурна работа. Оваа ситуација дополнително создава амбиент во кој работниците имаат небезбедни работни услови, се заведени во врска со платите и динамиката на плаќањето, имаат продолжено работно време (кое често е неплатено) и недостаток на заштита на основните работнички и човекови права, се вели во истражувачката студија „Позиција и Предизвици’ на работник за чистење и нега во Србија’. Податоците се собрани преку длабински интервјуа на крајот на минатата година, а сите испитаници беа жени од Србија, главно постари од 50 години. – Кај нас, работата во домаќинството и грижата што ја вршат жените се најмалку призната форма на трудова експлоатација. Ваквите работници често се соочуваат со значителен проблем поврзан со предолгото работно време, како по бројот на работни часови, така и по бројот на работни денови неделно. Без разлика дали се занимаваат со оваа работа со полно работно време, дали само го надополнуваат домашниот буџет со повремено работење, за нив постои висок степен на социјална ранливост и нееднаквост – се наведува во студијата која се занимава со феноменот на работа и ја истражува работата. услови во домаќинството. Иако чистачите и негувателките сочинуваат значителен дел од неформалната работна сила, ниту во Македонија во моментов нема официјална евиденција со точниот број на луѓе кои работат на овие работни места. Тие припаѓаат на голема група услужни дејности, кои во најголем број случаи се вршат неформално. – Има многу малку студии кои се занимаваат со позициите, правата и предизвиците на работниците во оваа сфера, особено во работата за чистење и нега. Дополнително, нема официјални записи кои се занимаваат со статистички податоци што би ни го откриле бројот на луѓе кои работат во овој сектор – вели Јована Чвориќ од Иницијативната група за развој Секонс. Таа додава дека и покрај зголемената професионализација на работата во домаќинството, таа останува во доменот на слабо платена таканаречена женска работа, која главно ја вршат ранливи категории девојки или жени кои се, на пример, самохрани мајки или доаѓаат од ранливи средини. – Исто така, оваа работа е често невидлива, непризнаена и општествено непризнаена, како и правно недоволно регулирана – додава таа. Студијата покажа дека давателите на чистење и нега користат различни методи за барање работа, но најмногу се потпираат на упатувања и лични контакти. Помладите претпочитаат да користат онлајн платформи. Економските причини се важен мотиватор за жените да бараат вработување во секторите за домаќинство и нега. Дополнително, потребата од флексибилна работа, како и социокултурните фактори влијаат на жените да ги изберат овие работни места. – Најчеста причина за незадоволството на работниците во овој сектор е отсуството на писмен договор за вработување со кој би се регулирал односот меѓу клиентот и работникот и би се овозможил работниците да ги уживаат правата и придобивките од работниот однос. Немаат здравствено, пензиско и инвалидско осигурување, како и без платено боледување или годишен одмор. Нивото на заработка во голема мера влијае на благосостојбата на работниците, а на долгорочната посветеност на работата влијае и квалитетот на односот меѓу работниците и клиентите, како и нивната перцепција за вредноста на нивната работа – се наведува во студијата. со информација дека плаќањето за работа е редовно, а начинот на плаќање зависи од начинот на извршување на услугата. Повеќето од интервјуираните истакнаа дека клиентите (и агенциите) генерално се придржуваат до условите од усниот договор, но има исклучоци кога се бараат задачи кои првично не биле договорени. Извор: Курир.рс About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија - 28/04/2024 ХИГИЕНИЧАРКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита - 28/04/2024 Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите - 28/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите
Работник - пред 5 дена
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите 28/04/202428/04/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Србија се соочува со сериозен дефицит на квалификувани работници во автосервисите, а според проценките недостасуваат меѓу 30.000 и 40.000 занаетчии од сите профили. Овој проблем не е специфичен само за нашите соседи, туку е присутен и во цела Европа, каде автомеханичарите и каросериските работници се едни од најдефицитарните професии. Побарувачка за механичари и машинисти Една од најбараните групи занимања се механичарите и машинистите, каде што работодавачите бараат речиси 300 мајстори од овој профил во канцеларијата за труд. Интересно е што многу работодавци се подготвени да ги вработат овие работници и без претходно искуство, а понудените плати се движат од 70.000 до над 150.000 динари. Овој податок укажува на голема побарувачка за овој профил на работници и можности за добро платена работа дури и за оние без искуство. Проблеми со незаконската работа Еден од проблемите со кои се соочува оваа индустрија е незаконското вршење на сервисирање возила. Неофицијално, се проценува дека околу половина од автосервисите се диви, што создава сериозни проблеми и од аспект на фер конкуренција и од еколошки аспект. Имено, сервисерите на автомобили имаат обврски во однос на отстранувањето на опасниот отпад, како што е моторното масло, а незаконското извршување на овие работи може да има штетни последици за животната средина. Извор:Makfax About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) ХИГИЕНИЧАРКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита - 28/04/2024 Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите - 28/04/2024 И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери - 28/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
НИ УМИРААТ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА: 15 работници загинале во 2023, речиси 100 биле повредени
Работник - пред 6 дена
Несреќи при работаНовостиСветот на работникот НИ УМИРААТ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА: 15 работници загинале во 2023, речиси 100 биле повредени 28/04/202428/04/2024 Бобан М. Илијевски Содржина Toggle Скопје предничи пред другите градови по бројката на несреќи при работаГрадежништвото „одзело“ најмногу животиНедостатокот на информации оневозможува да се увидат причините за несреќитеНајмногу се гине во петокАприл е месецот на повредите, септември на смртните случаиНајголемиот број од загинатите биле на возраст од 35 – 44 годиниСите се мажи… About Latest Posts Бобан М. ИлијевскиНовинар за работни односи, кариера и човечки ресурси Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all) НИ УМИРААТ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА: 15 работници загинале во 2023, речиси 100 биле повредени - 28/04/2024 Кампањите си течат, работниците плачат и молат за плата, но караванот си врви - 27/04/2024 СОНК бара нападите врз наставниците да се третираат како напади врз службено лице - 27/04/2024 Време за читање 8 минути Ако се земе предвид прогнозата на Меѓународната организација на труд која предочува дека 4 % од БДП-то во сиромашните земји одат во компензации на повреди при работа, во нашиот случај, како што велат од МЗЗПР, повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика од 2021 за Бруто домашниот производ кој тогаш изнесувал 11.7 милијарди евра, директните загуби би биле некаде околу 468.000.000 евра. 15 работници загинале, а 93 се повредиле на своите работни места во 2023 година, покажува новиот Извештај за несреќи при работа кој по повод 28 април – Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа го презентираше Македонското Здружение за заштита при работа. Антрфиле: Инаку, денеска во чест на загинатите МЗЗПР со поддршка на Општина Аеродром, компаниите Кнауф Радика АД, Дебар, Комфи Ангел од Прилеп и социјалниот партнер Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, во паркот на ул. Пандил Шишков, Општина Аеродром посади 15 дрвца – бројот на новите садници го отсликува бројот на загинатите на работните места во текот на 2023 година. „Во 2023 година успеавме да забележиме јавно објавени во електронските и печатените медиуми, како и искомуницирани до нас како Македонско здружение за заштита при работа вкупно 93 несреќи при работа. Би сакале да потенцираме дека оваа бројка е конзервативна и во голема мера не го отсликува вистинскиот број на потешки несреќи на работно место“, стои во извештајот на МЗЗПР. Податоците кои успеале да ги приберат и систематизираат покажуваат дека во 2023 година имало 15 несреќи при работа со фатални последици. Стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 2,16, односно на секои 100,000 вработени, 2-јца вработени загинале на работните места во 2023 година, посочува извештајот и додава дека оваа стапка на смртност е во благ пад во споредба со 2022, кога изнесувала 3,17. Кај повредите при работа пак, стапката во 2023 година изнесувала 13,42, што покажува дека на секои 100,000 вработени, потешко се повредуваат околу 13 до 14 вработени. И тука има пад во споредба со минатата година, кога стапката изнесувала 21,21. Скопје предничи пред другите градови по бројката на несреќи при работа Податоците во извештајот на МЗЗПР покажуваат дека најмногу се гине во Скопје. Таму во 2023 година се случиле 3 несреќи со смртен исход и 30 повреди при работа. По него следуваат Битола и Прилеп. Градежништвото „одзело“ најмногу животи „Во 2023 година, најмногу несреќи има во Преработувачката индустрија – 29, по што следуваат Градежништвото и Јавна управа и одбрана – 22. Најголем број на несреќи кои резултирале со смрт има во дејностите на Градежништво – 7, Дејностите на домаќинства како работодавачи – 3 и Преработувачката индустрија и Рударство по 2“, стои во извештајот на МЗЗПР. Дејностите на домаќинства како работодавачи, како што се објаснува во извештајот, во голем дел ги опфаќаат земјоделските работи на своите имоти. „Доколку овие лица се регистрирани како земјоделци, тогаш голем дел од повредите би се препишале на дејноста земјоделство. Најголемиот број на несреќи во оваа дејност се случиле со земјоделска машина – трактор, при вршење на земјоделски работи, транспорт или при учество во сообраќај. Исто така, градежните зафати врз објектите од домаќинството каде што имаше зголемен број на повреди и смртни случаи, покажува дека дејностите во домаќинствата се една од најчестите причини за настанување на несреќи при работа“, се вели во извештајот. Во извештајот се наведува и дека поради тоа што во различни дејности постојат различни инспекциски служби кои се надлежни за увид на несреќите при работа, постои можност за разлика во бројките за несреќи кои ги водат различните институции. Недостатокот на информации оневозможува да се увидат причините за несреќите Од МЗЗПР во извештајот потенцираат дека поради потребата од детална истрага и анализа за да се утврдат вистинските причинители за секоја повреда или смртен случај, не се во можност да направат соодветна класификација. „Најчесто од нашите извори (медиумите) немаме целосни податоци за причинителот на повредата или целосен и точен опис на настанот. Ова ќе можеме да го класифицираме во моментот кога за извори на податоци ќе имаме релевантни податоци согласно одредена методологија за водење на податоците за несреќи.“ Најмногу се гине во петок Со оглед на тоа што МЗЗПР објавува податоци кои се однесуваат на сите дејности согласно Националната класификација на дејностите (НКД), постои изедначеност на несреќите по денови. Поради тоа, несреќи при работа има и во сабота и недела. „При оваа анализа утврдено е дека најголем број на смртни случаи имало во петок – 7, по 2 понеделник, четврток и сабота. Исто така, најголем број на повреди имало во петок, додека во другите денови од неделата бројката се движи помеѓу 11 и 14 повредени.“ Април е месецот на повредите, септември на смртните случаи Анализата на МЗЗПР на несреќите при работа, по месеци, покажува дека истите најмногу се случиле во април – 18. Бројот на смртни случаи пак, најголем е во септември – 3, додека февруари и август се без регистрирани смртни случаи. Заклучокот на здружението е дека несреќите за кои во минатите години предничеле летните месеци, во 2023 година се во благ пад, додека во другите месеци бројката е прилично изедначена. Најголемиот број од загинатите биле на возраст од 35 – 44 години Според податоците на МЗЗПР, најголем број несреќи – 20, се случиле на лица на возраст помеѓу 35 – 44 години. „Најголем број на несреќи со фатален исход – 5 има во категорија од иста возраст од 35 до 44 години. Но и во категориите од 18 до 64 години се забележува дека таа бројка е слична со категоријата 35 – 44 години, односно несреќите се случуваат и на искусните работници, како и на помладите и по неискусни“, стои во извештајот. Се напоменува дека за голем број на несреќите немаат податоци за возраста. Сите се мажи… Согласно податоците на здружението, и оваа година поголемиот број на повреди и смртни случаи спаѓаат во категоријата мажи. Од вкупно 108 несреќи, 6 од нив спаѓаат во категоријата жени, што е повеќе од 2022 година кога биле забележани 4 повреди кај жените работнички. Во извештајот на МЗЗПР објавена е и табела во која се споредуваат податоците на здружението, Државниот инспекторат за труд и Институтот за јавно здравје. Од МЗЗПР нагласуваат дека целта на извештајот е поттикнување на оние кои учествуваат во овој процес да вложат максимален напор кон добивање на усогласени податоци за реалната состојба во областа на водење евиденции во сферата на безбедноста и здравјето при работа. Ако се земе предвид прогнозата на Меѓународната организација на труд која предочува дека 4 % од БДП-то во сиромашните земји одат во компензации на повреди при работа, во нашиот случај, како што велат од МЗЗПР, повикувајќи се на податоци од Државниот завод за статистика од 2021 за Бруто домашниот производ кој тогаш изнесувал 11.7 милијарди евра, директните загуби би биле некаде околу 468.000.000 евра. „Можеби ова е единственото логично објаснување зошто Македонија и понатаму, покрај сѐ, е таму каде што е и зошто не може да излезе од бедата во која се наоѓа“, констатираат од МЗЗПР. Facebook Twitter LinkedIn...
И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери
Работник - пред 6 дена
ЕкономијаНовостиСвет И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери 28/04/202428/04/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Во 2019 година, пензионерите во Хрватска можеа да работат со скратено работно време, 20 часа неделно, а сепак го добиваат целиот износ на пензијата. За големата потреба на работодавачите (и) од пензионери говори и податокот дека има се повеќе огласи кои нудат работа исклучиво на пензионери, пишува Н1 и пренесува Пословни дневник. На пример, еден трговски синџир деновиве преку огласи бара пензионирани продавачи на десетина локации во Загреб. Уште еден трговски синџир бара и пензионери, мотивирајќи ги со следнава покана: „Ако сакате да работите со луѓе, вие сте срдечна и вредна личност која сака да им го направи шопинг искуството на нашите клиенти пријатно и опуштено, тогаш оваа позиција е за вас“. Пред две години, Хрватската служба за вработување (ЦЕС) отвори посебна веб-страница за вработување на пензионери. На пензионерите во моментов им се нудат 703 работни места. Од нив најмногу вработуваат продавачи – 212, а чистачи – 137. И специјализираните портали за огласување работни места како MojPosao или Posao.hr имаат посебни делови за работни места наменети за пензионери. Различни компании, како некои компании за обезбедување, на видни места на нивните веб-страници објавуваат дека вработуваат пензионери. Извор: Б92 About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери - 28/04/2024 Во оваа држава повеќе нема да се работи 45 часа неделно - 27/04/2024 „Бисер Балкански“ ечеше на промоцијата на новата генерација полицајци - 27/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Кампањите си течат, работниците плачат и молат за плата, но караванот си врви
Работник - пред 6 дена
КолумниНовости Кампањите си течат, работниците плачат и молат за плата, но караванот си врви 27/04/202427/04/2024 Бобан М. Илијевски About Latest Posts Бобан М. ИлијевскиНовинар за работни односи, кариера и човечки ресурси Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all) Кампањите си течат, работниците плачат и молат за плата, но караванот си врви - 27/04/2024 СОНК бара нападите врз наставниците да се третираат како напади врз службено лице - 27/04/2024 Пред прагот на екстремна сиромшатија – „Земам на заем пари за да го преживеам месецот“ - 25/04/2024 Време за читање 3 минути Според она што го велат дел од синдикалците, речиси 5,000 работници во Македонија немаат добиено плати за неколку месеци. 1,800 од нив се вработени во „Национални шуми“. Моите информации велат дека тие ни во петокот не зеле плата, иако директорот најави дека очекува токму во текот на тој ден да биде пуштена платата за февруари. Пред два дена, за потребите на медиумот каде што сум дописник од Македонија, разговарав и со еден од вработените во „Национални шуми“ кој е на минимална плата од 22,500 денари која речиси три месеци ја нема земено. На човекот воопшто не му се зборуваше. Беше крајно разочаран и бесен за тоа што е оставен без пари и мора да се позајмува за да може да преживее. Рече дека месечно му се потребни 600 до 700 евра за да ги покрие само основните трошоци. Плус, вработените немаат ни здравство, па дел од неговите колеги кои требало да се оперираат или да извршат некој медицински преглед, морале да одложат оти немаат пари за да платат приватно. Со исти проблеми се соочуваат и дел од вработените во приватниот сектор. Неодамна од Здружението „Гласен Текстилец“ за порталот Локал Актив рекоа дека има случаи каде што работници се вработени на нула месеци. Тоа значи дека работодавачот може да ги отпушти веднаш, без да има причина за тоа. Дури во еден од случаите, лицето добило отказ на сред улица. Работодавачот му рекол да му ги предаде сите работни алатки на лицето кое го довел со него. Иако Законот за работни односи не предвидува на колкав период треба да биде договорот, сепак ваквите постапки воопшто не се етички. Со самото ова, работниците кои ќе се најдат во вакви или слични ситуации остануваат и без плата и без здравствено осигурување. Да се вратиме на вработениот во „Национални шуми“. Тој ми рече и дека 20 години не бил со неговото семејство на одмор и дека одењето на пет дена во некој од туристичките центри во Македонија за него е мисловна именка, додека одењето во некоја од соседните држави е непоимливо. Инаку, според податоците на Евростат, 50 % од Македонците не можат да си дозволат годишен одмор. И додека работниците мака мачат да преживеат, изборните кампањи си тераат без проблем, а ветувањата фрчат, или што би се рекло кучињата лаат, караванот врви. Никој од актуелните властодршци не застана да се осврне кон работниците. Ветуваат минимални плати од 600 евра, просечни од 1,100, а луѓето не можат да ги земат ни платите од 360 евра, кои можат да им обезбедат храна само десетина дена во месецот. Facebook Twitter LinkedIn...
Во оваа држава повеќе нема да се работи 45 часа неделно
Работник - пред 6 дена
НовостиСветСветот на работникот Во оваа држава повеќе нема да се работи 45 часа неделно 27/04/202427/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Чиле оваа недела започнал постепено да ја крати работната недела од сегашните 45 часа на 40. Во петокот, во оваа Јужноамериканска држава на сила стапил закон за 40 часовна работна недела. На почетокот таа ќе биде скратена од 45 на 44 часа. Во април 2026 ќе се намали на 42 часа, и, конечно, во 2028 на 40 часа. Платите на работниците ќе останат исти. „Овој закон е добар за земјата, работниците и компаниите“, рекла министерката за труд Џанет Џара за радио станицата Cooperativa, пренесува Индекс. „Моментално имаме голем број на изостанувања од работа поради замор, психички болести поради преработеност и двојните оптоварувања на жените“, додала таа. Чиле е земја со најдолго работното време од земјите кои се членки на ОЕЦД. Извор: b92.net Фото: Shutterstock/Quality Stock Arts About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Во оваа држава повеќе нема да се работи 45 часа неделно - 27/04/2024 „Бисер Балкански“ ечеше на промоцијата на новата генерација полицајци - 27/04/2024 Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград - 27/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
„Бисер Балкански“ ечеше на промоцијата на новата генерација полицајци
Работник - пред 6 дена
НовостиСветот на работникот „Бисер Балкански“ ечеше на промоцијата на новата генерација полицајци 27/04/202427/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута „Македонијо – ти си Бисер Балкански“ – во еден глас пееја новите 508 полициски службеници. Во Центарот за обука во Идризово, се одржа свечена промоција на генерацијата 2023-2024-та година, кои ја завршија едногодишната обука. Од нив 416 се мажи, а 92 жени. На церемонијата прусуствуваа, техничкиот премиер, министерот за внатрешни работи и дополнителниот заменик министер. Извор: Алфа About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Во оваа држава повеќе нема да се работи 45 часа неделно - 27/04/2024 „Бисер Балкански“ ечеше на промоцијата на новата генерација полицајци - 27/04/2024 Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград - 27/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
СОНК бара нападите врз наставниците да се третираат како напади врз службено лице
Работник - пред 6 дена
НовостиПравдаСветот на работникот СОНК бара нападите врз наставниците да се третираат како напади врз службено лице 27/04/202427/04/2024 Бобан М. Илијевски About Latest Posts Бобан М. ИлијевскиНовинар за работни односи, кариера и човечки ресурси Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all) СОНК бара нападите врз наставниците да се третираат како напади врз службено лице - 27/04/2024 Пред прагот на екстремна сиромшатија – „Земам на заем пари за да го преживеам месецот“ - 25/04/2024 Што се параправници во работните односи? Разговор со Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ - 24/04/2024 Време за читање 1 минута Пред пет дена ученик претепа наставничка во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Скопје. Тој нападнал повеќе деца на голем одмор, па кога дежурната наставничка по географија се обидела да ги раздели, тој ја турнал земја, ја удирал по глава и ѝ го фрлил мобилниот телефон на подот. Наставничката добила лекарска помош од Итната медицинска помош, таа се жалела на повреди на главата и вознемиреност. Ученикот и претходно правел слични проблеми, станува збор за дете без родители, пренесоа медиумите. Инаку, детето е на возраст од 14 години и е згрижено во групен дом и истото не може кривично да одговара. Нападот врз наставничката изнуди и реакција од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, чиј претседател Јаким Неделков преку фејсбук статус го осуди насилството. „Бараме измени на законските решенија во правец на заштита на просветните работници и секој напад врз наставник да се третира како напад врз службено лице на работно место“, напиша Неделков. Тој побара и да се зголемат казните за сторителот и неговиот родител – старател. „Сите заедно , сите чинители во воспитно-образовниот процес да работиме на враќање на достоинството на просветните работници“, додаде Неделков. Facebook Twitter LinkedIn...
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
Работник - пред 7 дена
НовостиПравдаСветот на работникот Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград 27/04/202427/04/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Пожарот избувнал на валјакот на фирмата „Еде про“. Засега не се знае степенот на повредите. Пред три години се случи експлозија во магацин со ракетно гориво, при што загинаа двајца работници, а 16 други беа повредени. Во експлозија во ноември 2008 година, три лица беа повредени, од кои едно потешко, а две полесно. Потоа експлодираше смесата за полнење против градежна ракета, покривот на објектот беше урнат, а околни објакти беа оштетени. Компанијата се занимава со производство на делови за ракети, ракетни турбомотори и гориво. „Еде про“ се занимава со истражување, развој, производство, трговија и модернизација на сегашно оружје и одбранбена опрема, но и за цивилни потреби. Истрагата е во тек. зш/фото Илустрација Пиксабеј . Двајца работници се повредени денеска, од кои едно потешко, во пожар во фабрика за погонски системи за ракети „Еде про“ во Лештани кај Белград, јави Радио-телевизија на Србија (РТС). Пожарот избувнал на валјакот на фирмата „Еде про“. Засега не се знае степенот на повредите. Пред три години се случи експлозија во магацин со ракетно гориво, при што загинаа двајца работници, а 16 други беа повредени. Во експлозија во ноември 2008 година, три лица беа повредени, од кои едно потешко, а две полесно. Потоа експлодираше смесата за полнење против градежна ракета, покривот на објектот беше урнат, а околни објакти беа оштетени. Компанијата се занимава со производство на делови за ракети, ракетни турбомотори и гориво. „Еде про“ се занимава со истражување, развој, производство, трговија и модернизација на сегашно оружје и одбранбена опрема, но и за цивилни потреби. Истрагата е во тек. Фото: Pixabay About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград - 27/04/2024 ЌЕ ФРЧАТ ОТКАЗИ: Еден од најголемите трговски ланци во Европа затвора 16 стоковни куќи - 27/04/2024 НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади - 27/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади
Работник - пред 7 дена
ЕкономијаНовостиСвет НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади 27/04/202427/04/2024 Портал Работник Време за читање 4 минути Во периодот јануари-март 2024 година, во ХЗМО во Хрватска биле осигурени просечно 1.655.379 лица, што е годишен пораст од 2,7 отсто. Најголем придонес во вкупниот пораст во набљудуваниот период имаат странските државјани, односно работниците од трети земји (43,8 отсто). Според статистиката на HZMO, во просек имало 71.700 странци или 36 отсто повеќе во споредба со периодот јануари-март 2023 година. Ова е во согласност со нашите очекувања дека растот на вработените ќе го предводи вработувањето на странци. Во првите три месеци од 2024 година, CES прими над 62.000 барања за работни дозволи за работници од трети земји, од кои над 51.000 добија позитивно мислење. Очекуваме дека бројот на примени барања за прв пат би можел да надмине 200.000“, пишува аналитичарот на Рајфајзен банка, Петар Бејук. Вреди да се напомене дека дел од зголемувањето на бројот на осигуреници е генериран од враќањето на дел од пензионерите на скратено работно време. Според расположливите статистички податоци, во првите два месеци од 2024 година во просек имало 27.698 пензионирани работници, што претставува зголемување во однос на истиот период од претходната година за речиси 17 отсто. Од друга страна, податоците од OVI (Индексот за слободни работни места е месечен индекс на онлајн огласите за огласи за вработување развиен во Загребскиот економски институт во соработка со порталот МојПосао) укажуваат на пад на побарувачката за работа во првиот квартал за 5,1 отсто на на годишна основа, што е најголемо намалување во последните три години. Горенаведеното може да укаже дека пазарот на труд е на врвот на позитивните трендови. Но, за поконкретни заклучоци потребно е да се почекаат податоците од следните квартали“, пишуваат аналитичарите на Рајфајзен банка. Годишниот раст на бројот на осигуреници во март го предводи градежната индустрија со стапка на раст од 8,4 отсто (+11.250 осигуреници), по што следат ИТ секторот и деловните услуги (во кои, според НКД, спаѓаат професионалните, научни и технички дејности, информации и комуникации и административни и помошни услужни дејности) со годишен раст од 5,3 отсто (+11.546 осигуреници), како и услужните дејности (трговија, транспорт и складирање, сместување и активности за подготовка и послужување храна) со годишен раст од 3,6 отсто (+15.442 осигуреници). Индустријата (без градежништвото) додаде 1.515 осигуреници (+0,5 отсто на годишно ниво, 3,4 отсто од вкупниот пораст), а повеќе од 60 отсто се однесуваат на преработувачкиот сектор. Индустријата учествува во структурата со речиси 18 отсто од вкупниот број на осигуреници. Јавниот сектор (јавна администрација и одбрана; задолжително социјално осигурување, образование и здравствена заштита и дејности на социјална заштита) забележа пораст од 1.181 лице или 0,3 отсто (2,7 отсто од вкупниот пораст) и учествува со речиси 22 отсто од сите осигуреници. . Вреди да се напомене дека во градежништвото и ИКТ (+3,6 отсто на годишно ниво, учество во вкупниот број од 3,7 отсто) трендот на позитивни годишни промени е присутен од 2015 година. Во стручните, научните и техничките дејности (+5 , 4 отсто годишно, учество од 6,7 отсто) и административните и помошните услужни дејности (+6,7 отсто годишно, учество од 3,5 отсто) позитивните годишни промени продолжуваат континуирано од март 2021 година. Од друга страна, финансиските активности бележат континуиран годишен пад на бројот на вработени од почетокот на 2015 година, што е последица на консолидација и структурни промени во таа дејност“, заклучуваат аналитичарите на Рајфајзен. Извор: Тпортал About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) ЌЕ ФРЧАТ ОТКАЗИ: Еден од најголемите трговски ланци во Европа затвора 16 стоковни куќи - 27/04/2024 НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади - 27/04/2024 На над 30 турски компании претставени потенцијалите за инвестирање во ТИРЗ - 27/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
ЌЕ ФРЧАТ ОТКАЗИ: Еден од најголемите трговски ланци во Европа затвора 16 стоковни куќи
Работник - пред 7 дена
ЕкономијаСветСветот на работникот ЌЕ ФРЧАТ ОТКАЗИ: Еден од најголемите трговски ланци во Европа затвора 16 стоковни куќи 27/04/202427/04/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Познатата германска компанија Галерија Карштад Кауфхоф ќе затвори 16 стоковни куќи низ земјава, додека околу 1.400 работници ќе останат без работа. Групата стоковни куќи на почетокот на јануари поднесе барање за стечај Тоа е трет стечај во последните три и пол години. Стечајниот администратор на компанијата Стефан Денхаус неодамна објави дека 450 вработени во седиштето на компанијата во Есен ќе останат без работа. Претприемачот Бернд Бец и американскиот инвеститор Ричард Бејкер ја презедоа Galeria Karstad Kaufhof и сакаат да задржат повеќе од 70 од 92 продавници. Галеријата Карштад Кауфхоф е втората по големина група стоковни куќи во Европа. Во својот врв, компанијата имаше 131 локација низ Европа и 18.000 вработени. Формирана е во 2018 година со спојување на два познати германски синџири на стоковни куќи Galerija Kaufhof и Karštad. Германските медиуми јавуваат дека во моментов има 12.800 работници кои со месеци се плашат за своите работни места поради банкрот. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград - 27/04/2024 ЌЕ ФРЧАТ ОТКАЗИ: Еден од најголемите трговски ланци во Европа затвора 16 стоковни куќи - 27/04/2024 НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади - 27/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
На над 30 турски компании претставени потенцијалите за инвестирање во ТИРЗ
Работник - пред 7 дена
ЕкономијаМакедонијаНовости На над 30 турски компании претставени потенцијалите за инвестирање во ТИРЗ 27/04/202427/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Позитивната деловна клима за инвестирање, брзи и ефикасни процедури и постапки за реализација на инвестиции, како и пристап до квалификувана работна сила се клучни за турските инвеститори во земјава. Своето позитивно искуство од инвестирање во ТИРЗ пред повеќе од 30 турски компании го споделија менаџерите на турската компанија Пурпласт и на новиот инвеститор во ТИРЗ, компанијата Шахтерм. На настанот во организација на Стопанската комора на Бурса директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ги претстави инвестициски можности во Македонија како и можностите за турските компании, а свое обраќање имаа и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски како и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса. Повеќе на Независен About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади - 27/04/2024 На над 30 турски компании претставени потенцијалите за инвестирање во ТИРЗ - 27/04/2024 Правдата за 69-те работнички истерана до крај - 26/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Правдата за 69-те работнички истерана до крај
Работник - пред 7 дена
НовостиПравдаСветот на работникот Правдата за 69-те работнички истерана до крај 26/04/202426/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Фејсбук статус на Кристина Ампева, “Гласен Текстилец”: ⚖️🇲🇰 Правдата за 69те работнички од СО-НИ Кавадарци ја истеравме до крај.✊️ Долг е патот до правдата, но сепак е прооден.Со упорност и истрајност рамо до рамо со работничките, докажавме дека постои правда во Македонија. 🇲🇰⚖️❗️Следно да им се исплатат платите кои им се должат, наместо трошоци тие да плаќаат од 20.000 евра како што беше првичната пресуда.Честитки до нивната адвокатка Danica Milkova за истрајноста во оваа постапка и покрај сите закани и притисоци.✊️🇲🇰Гласен Текстилец и Гласен Синдикат ќе бидат секогаш до работниците во борбата за нивните права! About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади - 27/04/2024 На над 30 турски компании претставени потенцијалите за инвестирање во ТИРЗ - 27/04/2024 Правдата за 69-те работнички истерана до крај - 26/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Наскоро исплата на априлските пензии
Работник - пред 7 дена
ЕкономијаМакедонијаНовости Наскоро исплата на априлските пензии 26/04/202426/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Исплатата на априлската пензија се очекува на втори мај, со оглед дека први мај е неработен ден. Некои од банките пензијата најаверојатно ќе исплатат и пред празникот. Пензијата беше покачена за 5 проценти, а следното покачување се очекува веќе во септември. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Правдата за 69-те работнички истерана до крај - 26/04/2024 Наскоро исплата на априлските пензии - 26/04/2024 Ристески: Има недостасток на работници, а оние кои ги „увезуваме“ исчезнуваат - 26/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
„Нашите компании им плаќаат пат на работниците од Непал до тука, а тие потоа заминуваат во западниот свет“, вели Трендафилов
Работник - пред 8 дена
МакедонијаНовостиСиндикат „Нашите компании им плаќаат пат на работниците од Непал до тука, а тие потоа заминуваат во западниот свет“, вели Трендафилов 26/04/202426/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Слободан Трендафилов од ССМ во „DailyClick“ ги коментираше случувањата со работниците во Непал. Имаше случаи во изминатите месеци пријави дека исчезнале работници од Непал. „Што правиме ние? Фирмите кои бараат работници им плаќаат пат од Непал до тука, и тие тука остануваат 2-3 дена, и потоа заминуваат по Германија и во другиот западен свет. Потоа се жалеа дека не можеле да ги најдат. Ние не сме робовладетелско општество и не им ги одземаме пасошите или да ги затвораме навечер за да не избегаат. Во Србија две имаше случаи кога буквално во кафез ги држеа работниците од Непал, Индија и Пакистан. Случајот со Албанија требаше да биде доволен показател дека тие не доаѓаат тука да работат, туку сме само попатна станица за кон побогатите европски земји“, рече Трендафилов. Извор: ТВ21 About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Ристески: Има недостасток на работници, а оние кои ги „увезуваме“ исчезнуваат - 26/04/2024 „Нашите компании им плаќаат пат на работниците од Непал до тука, а тие потоа заминуваат во западниот свет“, вели Трендафилов - 26/04/2024 Нови 1. 000 работни места – Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на „Шахтерм“ во ТИРЗ - 26/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Ристески: Има недостасток на работници, а оние кои ги „увезуваме“ исчезнуваат
Работник - пред 8 дена
МакедонијаНовостиСиндикат Ристески: Има недостасток на работници, а оние кои ги „увезуваме“ исчезнуваат 26/04/202426/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Марјан Ристески претседател на КСОМ заедно со Слободан Трендафилов од ССМ се гости на DailyClick на ТВ21. Разговараме за ситуацијата со работниците во државата. Ристески вели дека ситуацијата со работници во Македонија е загрижувачка и дека почнуваат да се увезуваат од други земји, но и тие ги снемува. „Работниците се освестуваат, треба да бидат солидарни и да ја почитуваат волјата. Созреваат затоа што нема повеќе работници, и работодавачот ќе мора да го цени работникот. Донесоа одлука за увоз на работници, за жал и тие што доаѓаат ги снемува, исчезнуваат и никој не знае каде се“, изјави Ристески. Извор: ТВ21 About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Наскоро исплата на априлските пензии - 26/04/2024 Ристески: Има недостасток на работници, а оние кои ги „увезуваме“ исчезнуваат - 26/04/2024 „Нашите компании им плаќаат пат на работниците од Непал до тука, а тие потоа заминуваат во западниот свет“, вели Трендафилов - 26/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Нови 1. 000 работни места – Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на „Шахтерм“ во ТИРЗ
Работник - пред 8 дена
ЕкономијаМакедонијаНовости Нови 1. 000 работни места – Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на „Шахтерм“ во ТИРЗ 26/04/202426/04/2024 Портал Работник Време за читање 2 минути Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија. Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 м2. Ова е прва од двете фази на реализација на инвестицијата.Потпишувањето на договорот следи само 4 месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција. Потпишувањето на договорот е во рамки на посетата на Турција на делегација на ТИРЗ предводена од Деспотовски во рамки на која е предвидена и презентација на инвестициските можности пред турски компании. На потпишувањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса. Инаку компанијата “Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција. Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) „Нашите компании им плаќаат пат на работниците од Непал до тука, а тие потоа заминуваат во западниот свет“, вели Трендафилов - 26/04/2024 Нови 1. 000 работни места – Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на „Шахтерм“ во ТИРЗ - 26/04/2024 Оваа девојка била одбиена за работа: Дали би ја вработиле? - 26/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Оваа девојка била одбиена за работа: Дали би ја вработиле?
Работник - пред 8 дена
НовостиСветот на работникот Оваа девојка била одбиена за работа: Дали би ја вработиле? 26/04/202426/04/2024 Портал Работник Време за читање 2 минути Дваесетгодишната Еш Патнам аплицирала за работа во познатиот американски ланец на продавници. Бидејќи добила автоматски генерирано одбивање по пат на електронска пошта во која не била наведена причината поради која било одлучено дека не била добар кандидат за позицијата, Еш одлучила лично да се соочи со менаџерот на продавницата за да добие јасен одговор. Во видеото кое оваа девојка го споделила на социјалните мрежи, чие чело и слепоочници се истетовирани и има пирсови на носот и усните, навела дека смета оти е одбиена поради нејзиниот изглед и дека не разбира како младите да најдат работа кога ги одбиваат за обични, почетни работни позиции. Иако менаџерот на продавницата ѝ рекол дека била одбиена поради тоа што нема доволно искуство, Еш и понатаму смета дека пресуден фактор бил нејзиниот изглед и мноштвото тетоважи кои не ѝ го покриваат само лицето, туку и вратот, деколтето и рацете. На нејзиниот Инстаграм профил стои и дека е на Only Fans, а има и експлицитни фотографии на профилот, па останува недоречено дали тоа можеби е причината поради која не ја добила работата. Еш ПатнамФото: Instagram/Ash Putnam „Го мразам тоа што моите тетоважи се голем одлучувачки фактор за тоа дали ќе добијам работа или не. Само затоа што имам тетоважи не значи дека нема да бидам добар работник“, рекла во видеото, пренел Њујорк пост. Речиси третина од Американците имаат тетоважи, пренел Форбс. Според истражувањето на Пју Рисерч Центар кое го пренел Форбс, тетовирањето станало толку популарно што се очекува до 2030 година заработката на во оваа индустрија да достигне до 3,9 милијарди долари. Глобалниот пазар на тетовирање бил проценет на 1,89 милијарди долари во 2022 година и се очекува дека ќе порасне на 2 милијарди оваа година, пренесува Фортун Бизнис Инсајтс. Од друга страна, Елајд Маркет Рисерч предвидува дека глобалната индустрија за отстранување на тетоважи која била проценета на 478 милиони долари во 2019, ќе вреди дури 796 милиони долари до 2027 година. Правниот журнал на универзитетот Принстон се посветил на дискриминацијата на работните места поради тетоважите. Дошле до заклучок дека, според сегашното законодавство, на работодавачите им е дозволено да ги користат тетоважите како основа за одбивање на кандидатот, а можат да бараат од него да ги покрие своите тетоважи додека е на работа. Извор: Telegraf Biznis.rs Фото: Shutterstock, Instagram/Ash Putnam About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Нови 1. 000 работни места – Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на „Шахтерм“ во ТИРЗ - 26/04/2024 Оваа девојка била одбиена за работа: Дали би ја вработиле? - 26/04/2024 Младите претпримачи бараат од партиите поголема поддршка - 26/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Младите претпримачи бараат од партиите поголема поддршка
Работник - пред 8 дена
НовостиСветот на работникот Младите претпримачи бараат од партиите поголема поддршка 26/04/202426/04/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Унијата на млади претприемачи „Феникс Рајзинг“ иницираше подготовка на Декларација за поддршка на младите претприемачи. Имено, станува збор за јавен документ за афирмација на младите претприемачи во Македонија. Имајќи предвид дека сме во ек на предизборна кампања за парламентарните избори, оваа Декларација е понудена до сите политички подмладоци и партии кои се дел од изборниот процес. Декларација обработува повеќе важни теми за младите претприемачи и стартап бизниси:Државата да биде гарантор за доделување на кредити со 1% каматни стапки за млади претприемачи; Усогласување и хармонизација на домашното законодавство со ЕУ политиките во делот на млади претприемачи;Ослободување на младиот претприемач – управител на бизнис од плаќање на придонеси; Поддршка на саем за млади претприемачи; Ваучер систем за поддршка на млади претприемачи;Поголем фокус на предметот „Претприемништво“ во средните училишта и др. „Иако декларацијата сама по себе не е обрзувачка, сепак претставува еден повик за поголема поддршка на младите претприемачи во Македонија. Во ек на предизборие сме, кога партиите многу ветуваат, а ние сакаме повеќе да се зборува за младите, за нивните идеи, иновации и секако, поддршката на нивните бизниси“, вели Ивона Трајановска, претседателка на Унијата. Инаку, Унијата на млади претприемачи постои повеќе од една година и претставува асоцијација која обединува 66 домашни бизниси кои делуваат во различни области. Унијата овозможува нивна промоција, поддршка, вмрежување на национално и меѓународно ниво, застапување на нивните интереси и слично. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Оваа девојка била одбиена за работа: Дали би ја вработиле? - 26/04/2024 Младите претпримачи бараат од партиите поголема поддршка - 26/04/2024 ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија - 26/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија
Работник - пред 8 дена
НовостиСветСветот на работникот ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија 26/04/202426/04/2024 Портал Работник Време за читање 2 минути Во првата половина од минатата година во Србија биле отворени дури 400 фризерски и козметички салони, додека во цела 2022 година биле отворени околу 500 салони за убавина. Србија е голема земја па сосема логично е дека потребата за фризери и козметичари да е на високо ниво. Тука дури се кубури со работници кои го познаваат овој занает. Според податоците на Агенцијата за деловни регистри (АПР), со оваа шифра на дејност се регистрирани околу 14.000 претприемачи. Дополнително, според статистичките податоци, отворањето фризерски и козметички салони е една од најпопуларните занимања кај претприемачите помлади од 35 години и го зазема второто место, веднаш по програмирањето, пишува Курир. Инаку, платата на фризер во Белград е над 120.000 динари месечно, односно 60 илјади денари. – Неколку пати разговарав со мојот фризер кој се среќава со тинејџери кои сакаат да го научат овој занает. Платата никогаш не е помала од 100.000 динари односно 50 илјади денари, а работа секогаш има. Планирам да одам на факултет и да научам занает од кој моментално можам да заработам добри пари. Нема доволно работници, а нема недостаток на работа – вели студент од Белград и додава: – Мојот фризер работеше во салон како почетник, а потоа отвори свој салон и одлично заработува. Има толку многу работа што не може да успее да ги види своето друштво и семејството. Обично машките фризури се закажуваат два дена однапред. Без миење на косата наплаќа 600 динари (300 денари), а до неодамна изнесуваше 500 динари (250 денари). Вели дека наскоро ќе побара помош токму поради тие гужви затоа што не може сам да стигне до таму. Бизнис започнал на 20 години и повеќе од доволно му е да живее вели тој. Извор: Ало.рс About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Младите претпримачи бараат од партиите поголема поддршка - 26/04/2024 ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија - 26/04/2024 Висока плата, бесплатен стан, големи бонуси – Хрватска им нуди брда и планини на здравствените работници од Македонија - 26/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Висока плата, бесплатен стан, големи бонуси – Хрватска им нуди брда и планини на здравствените работници од Македонија
Работник - пред 8 дена
ЕкономијаНовостиСветот на работникот Висока плата, бесплатен стан, големи бонуси – Хрватска им нуди брда и планини на здравствените работници од Македонија 26/04/202426/04/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Освен проблемите во угостителскиот сектор каде што бројот на келнери, готвачи и шанкери е секогаш под просекот, Хрватска сега се соочува со сериозен дефицит на медицински кадар. За да го пополнат овој празен простор, властите во Хрватска нудат атрактивни пакети на лекарите, вклучувајќи високи и примамливи плати, бонуси, но и станови. „Лекарите кои се одлучуваат да работат во Хрватска можат да очекуваат конкурентни плати. Владата ги признава напорите на медицинскиот кадар и се обидува да ги задржи талентираните професионалци. Дополнително, лекарите добиваат бонуси за својата ангажираност и придонес кон здравствениот систем. Хрватската влада им нуди на лекарите станови или помош за наоѓање на живеалиште. Ова е важен аспект, особено за странски лекари кои се преселуваат во земјата“, пишуваат хрватските медиуми. Повеќе на Денар About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија - 26/04/2024 Висока плата, бесплатен стан, големи бонуси – Хрватска им нуди брда и планини на здравствените работници од Македонија - 26/04/2024 Велковски на средба со здружението „Мобилност“: Лицата со попречености во последните 7 години биле оставени на маргините - 25/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Пред прагот на екстремна сиромшатија – „Земам на заем пари за да го преживеам месецот“
Работник - пред 8 дена
НовостиПравдаСветот на работникот Пред прагот на екстремна сиромшатија – „Земам на заем пари за да го преживеам месецот“ 25/04/202425/04/2024 Бобан М. Илијевски About Latest Posts Бобан М. ИлијевскиНовинар за работни односи, кариера и човечки ресурси Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all) Пред прагот на екстремна сиромшатија – „Земам на заем пари за да го преживеам месецот“ - 25/04/2024 Што се параправници во работните односи? Разговор со Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ - 24/04/2024 Следната Влада мора да обезбеди квалификувана работна сила и да го реши проблемот со сивата економија - 24/04/2024 Време за читање 2 минути „Позајмувам пари од пријатели и роднини за да можеме да го преживееме месецот. Сопругата работи сезонски, нема редовни примања, а јас работам за минимална плата“, рече еден од 1,800-те вработени во ЈП „Национални шуми“ кои немаат земено плата за февруари и март и немаат здравствено осигурување. Тие речиси еден месец, односно од 1 април се во целосен штрајк, кој според Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање – СГИП чии што членови се, нема да запре сѐ додека не се исплатат платите. Вработениот, кој сакаше да остане анонимен поради страв од отказ, рече дека на неговото семејство му се потребни 600 до 700 евра месечно за да ги покрие основните трошоци. За него, одењето на петдневен одмор во некои од македонските туристички дестинации е мисловна именка. „20 години не сме отидени на одмор. Едвај го преживуваме месецот, на одмор воопшто не ни текнува“. Директорот на ЈП „Национални Шуми“, Валентин Груевски во изјава рече дека причината поради која не се исплатени платите се финансиските тешкотии со кои претпријатието се соочило минатата година, но и во текот на овогодишниот зимски период. „Јас се надевам дека платата за февруари ќе биде пуштена утре, додека платата за март очекувам да биде пуштена на почетокот на сезоната“, рече Груевски. За новите 355 вработувања, за кои од СГИП рекоа дека се дел од проблемот поради кој нема плати, Груевски рече дека тие вработени и претходно работеле сезонски во претпријатието и дека нивното вработување не е проблем. „Од синдикатот бараа да ги вработиме на полно работно време, и сега тоа претставува проблем, што е малку нелогично“, рече Груевски. Тој додаде дека ЈП „Национални Шуми“ во последните шест години нема вработено ниеден нов работник. Facebook Twitter LinkedIn...
Велковски на средба со здружението „Мобилност“: Лицата со попречености во последните 7 години биле оставени на маргините
Работник - пред 9 дена
НовостиПравда Велковски на средба со здружението „Мобилност“: Лицата со попречености во последните 7 години биле оставени на маргините 25/04/202425/04/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Во рамките на средбите со здруженија на граѓани министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски оствари средба со Здружението „Мобилност“ Скопје. Лицата со попречености во последните 7 години биле оставени на маргините во системот. За жал повеќе од 7 години никој не ги слушнал нивните барањa, беше истакато на средбата. -Не се откажуваме од барањето за подобар систем на заштита. Во државата услугата персонални асистенти воопшто не е развиена сразмерно во сите општини – велат од Мобилност. -Во иднина заедно ќе работиме да се подобри законскиот систем и овие лица да имаат пристап до зголемени права и можности. Системски решенија се најдобрата мерка која може да ја оставиме зад нас, потенцираше Велковски. Инаку, во државата нема Регистар за лица со попреченост кој би довел до креирање на паметна социјална политика. Стручните служби во наредниот период мора да работат на на вака база на податоци. About Latest Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Велковски на средба со здружението „Мобилност“: Лицата со попречености во последните 7 години биле оставени на маргините - 25/04/2024 Пред изборите партиите го слушнаа бизнисот, сега стопанствениците очекуваат исполнување на ветеното - 25/04/2024 ССМ и КСОМ заедно на протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“ - 25/04/2024 Facebook Twitter LinkedIn...