Утрово блокиран и новосадскиот суд, пратеници влегоа во институцијата
Република - пред 22 часа
Во Нови Сад од утрово се во сила силни безбедносни мерки по вчерашните протести кои продолжија и денеска. Пред судот се претставници и советници на опозицијата Мариника Тепиќ, Борислав Новаковиќ, Павле Грбовиќ, Борко Стефановиќ, Александар Јовановиќ Ќута, Радивоје Јововиќ, Миран Погачар, Младин Цвијетиќ и други. Тие во еден момент го развиориле знамето на Србија и направиле човечки синџир пред судот. Претставникот на Еколошкото востание Александар Јовановиќ Ќута за ТВ Нова од Нови Сад изјави дека „ова е воена состојба што ја објави Вучиќ“, алудирајќи на полицискиот кордон лоциран на Стариот Савски мост во Белград. Неговиот колега од опозицијата Срѓан Миливојевиќ им се обрати на полицајците и рече дека „во четврток ќе почнат да ги читаат имињата на инспекторите кои незаконски апселе граѓани со пиштоли фантомки“. „Ќе им ги дадеме имињата на партнерите од цивилизираниот свет, не заборавајте дека таквите мерки имаа ефект. Порака за обвинителството – нека си одат сите“, рече тој. Срѓан Миливојевиќ и другите влегле во судот преку излезната врата и сега се внатре со полиција, пишува порталот 021. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Момчето-убиец од Белград доби статус на оштетен
Независен - пред 18 часа
Момчето-убиец од Белград доби статус на оштетен 20/11/2024 13:20 Ирина Боровиќ, бранителот на Миљана и Владимир Кечмановиќ, родителите на момчето кое изврши масовно убиство во училиштето, изјави дека малолетникот од денеска има статус на жртва во судската постапка против неговите родители. Како што беше кажано, момчето убиец добило статус на оштетен бидејќи неговите родители биле обвинети за кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице, на негова штета, кое дело им е пријавено во проширен обвинителен акт. Боровиќ изјави дека одбрана за тоа кривично дело дале Миљана Кецмановиќ и Владимир Кечмановиќ. Адвокатот Мирослав Живковиќ ги спореди Владимир Кечмановиќ и Радиша Блажиќ, таткото на Урош Блажиќ, кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и Дубона, и изјави дека двајцата не покажале емпатија. Како што пренесуваат белградските медиуми, Владимир Кечмановиќ негираше дека сторил кривично дело злоупотреба и запуштање на малолетно дете, за што тој и неговата сопруга беа обвинети од Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој одби да одговори на прашањата на обвинителите и адвокатите. Следното судење е закажано за 9 декември. Обвинителството го прошири обвинителниот акт со кој Владимир Кечмановиќ се товари за кривично дело тешко дело против општата безбедност, а мајката за кривично дело недозволено држење и носење оружје. Миљана Кечмановиќ во судот пристигна од слобода, додека нејзиниот сопруг беше изведен надвор од притвор, каде што се наоѓа од апсењето на 3 мај минатата година. Проширеното обвинение уследи по распитот на малолетниот извршител на убиството К.К.Во овој случај родителите на момчето Владимир и Миљана Кецмановиќ и инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ се на судење. Поврзани содржини Блокади на Савски и Бранков мост во Белград и на судот во Нови Сад, Вучиќ го свика Советот за национална безбедност 20/11/2024 12:11 За Марија Габриел се најде функција – шефица на институтот „Робер Шуман“ на ЕПП 20/11/2024 11:11 Утрово блокиран и новосадскиот суд, пратеници влегоа во институцијата: „Ова е воена состојба што ја прогласи Вучиќ“ 20/11/2024 09:11 Грција под 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати 20/11/2024 09:11 Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд 19/11/2024 19:11 Трет меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ од 22- 24 ноември во Белград 19/11/2024 15:11 Радев повика на разум: Шампиони сме по кризи, ни треба влада 19/11/2024 15:11 Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад 19/11/2024 11:11 Најчитани Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Зошто кинеските електрични автомобили се поевтини? Јапонците ги расклопија и открија 13/11/2024 20:36 Средба во Влада утре во врска со поранешно „Фени“ најави кавадаречкиот градоначалник Јанчев 14/11/2024 16:09 Скопјани утрово смрзнаа по постојките – автобус ни за лек 18/11/2024 09:50...
За Марија Габриел се најде функција – шефица на институтот „Робер Шуман“ на ЕПП
Независен - пред 21 часа
За Марија Габриел се најде функција – шефица на институтот „Робер Шуман“ на ЕПП 20/11/2024 11:05 Марија Габриел и досегашната шефица на Институтот „Робер Шуман“ Дорис Пак Откако генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти дека ја назначил Радмила Шекеринска за втор човек на Алијансата, во истиот ден се најде нова работа за нејзината главна противкандидатка, Бугарката Марија Габриел. Европската народна партија (ЕПП) вчера попладне на Икс соопшти дека Марија Габриел е избрана за претседател на Институтот „Роберт Шуман“. Институтот нуди обука за политичарите од ЕПП преку семинари и конференции, се забележува на веб-страницата на организацијата. Соопштението за функцијата на Габриел сугерира дека одлуката на Руте за Шекеринска (по пошироките консултации на генералниот секретар) бил донесена претходно, а вчера соопштена. Затоа Европската народна партија во истиот ден го обезбеди шефовското место на Габриел во Институтот „Робер Шуман“. И за тоа се потребни претходни договори, а и лобирање. Имнститутот вели дека обуката на политичарите од земјите кои се соседи на ЕУ е важна за формирање на нова проевропска елита со десничарски убедувања. Од 1991 г Институтот ја промовира идејата за обединета Европа и основните вредности на ЕПП преку поддршка на демократската транзиција, развојот на граѓанското општество и партиите поврзани со ЕПП, додаваат од организацијата. Досега, институтот беше предводен од поранешната европратеничка Дорис Пак (Германија). Марија Габриел беше европратеничка, европски комесар, а во 2023 година беше избрана за вицепремиер и министер за надворешни работи на Бугарија и остана на функцијата до март годинава. Поврзани содржини Блокади на Савски и Бранков мост во Белград и на судот во Нови Сад, Вучиќ го свика Советот за национална безбедност 20/11/2024 12:11 Утрово блокиран и новосадскиот суд, пратеници влегоа во институцијата: „Ова е воена состојба што ја прогласи Вучиќ“ 20/11/2024 09:11 Грција под 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати 20/11/2024 09:11 Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд 19/11/2024 19:11 Трет меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ од 22- 24 ноември во Белград 19/11/2024 15:11 Радев повика на разум: Шампиони сме по кризи, ни треба влада 19/11/2024 15:11 Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад 19/11/2024 11:11 Пензионерите во Албанија ќе добијат новогодишен бонус од 100 до 150 евра 18/11/2024 20:11 Најчитани Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Зошто кинеските електрични автомобили се поевтини? Јапонците ги расклопија и открија 13/11/2024 20:36 Средба во Влада утре во врска со поранешно „Фени“ најави кавадаречкиот градоначалник Јанчев 14/11/2024 16:09 Скопјани утрово смрзнаа по постојките – автобус ни за лек 18/11/2024 09:50...
Утрово блокиран и новосадскиот суд, пратеници влегоа во институцијата: „Ова е воена состојба што ја прогласи Вучиќ“
Независен - пред 22 часа
Утрово блокиран и новосадскиот суд, пратеници влегоа во институцијата: „Ова е воена состојба што ја прогласи Вучиќ“ 20/11/2024 09:49 Во Нови Сад од утрово се во сила силни безбедносни мерки по вчерашните протести кои продолжија и денеска. Пред судот се претставници и советници на опозицијата Мариника Тепиќ, Борислав Новаковиќ, Павле Грбовиќ, Борко Стефановиќ, Александар Јовановиќ Ќута, Радивоје Јововиќ, Миран Погачар, Младин Цвијетиќ и други. Тие во еден момент го развиориле знамето на Србија и направиле човечки синџир пред судот. Претставникот на Еколошкото востание Александар Јовановиќ Ќута за ТВ Нова од Нови Сад изјави дека „ова е воена состојба што ја објави Вучиќ“, алудирајќи на полицискиот кордон лоциран на Стариот Савски мост во Белград. Неговиот колега од опозицијата Срѓан Миливојевиќ им се обрати на полицајците и рече дека „во четврток ќе почнат да ги читаат имињата на инспекторите кои незаконски апселе граѓани со пиштоли фантомки“. „Ќе им ги дадеме имињата на партнерите од цивилизираниот свет, не заборавајте дека таквите мерки имаа ефект. Порака за обвинителството – нека си одат сите“, рече тој. Срѓан Миливојевиќ и другите влегле во судот преку излезната врата и сега се внатре со полиција, пишува порталот 021. Поврзани содржини За Марија Габриел се најде функција – шефица на институтот „Робер Шуман“ на ЕПП 20/11/2024 11:11 Грција под 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати 20/11/2024 09:11 Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд 19/11/2024 19:11 Трет меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ од 22- 24 ноември во Белград 19/11/2024 15:11 Радев повика на разум: Шампиони сме по кризи, ни треба влада 19/11/2024 15:11 Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад 19/11/2024 11:11 Пензионерите во Албанија ќе добијат новогодишен бонус од 100 до 150 евра 18/11/2024 20:11 Грција планира да исплати најмалку пет милијарди евра јавен долг во 2025 година 18/11/2024 17:11 Најчитани Откажан концертот на Бисера и Васил Хаџиманов Трио во Филхармонија 13/11/2024 14:10 Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вучиќ сака да биде мирен 12 години, Рама прави компанија со Емиратите, Мицкоски најавува планови 13/11/2024 14:14 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Зошто кинеските електрични автомобили се поевтини? Јапонците ги расклопија и открија 13/11/2024 20:36...
Бугарија и Албанија сакаат забрзана реализација на Коридорот 8
Независен - пред 9 часа
Бугарија и Албанија сакаат забрзана реализација на Коридорот 8 20/11/2024 22:26 Министерот за надворешни работи Иван Кондов во рамки на учеството на министерскиот состанок на земјите членки на Централноевропската иницијатива во Тирана оствари билатерална средба со Игли Хасани, министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија. Од албанска страна било искажано признание за доследната поддршка на Бугарија за процесот на приклучување на Албанија во ЕУ. Министерот Кондов од своја страна му честитал на својот колега за постигнатиот напредок во спроведувањето на европските реформи, вклучувајќи ја и заштитата на правата на националните малцинства. Потврдена била и категоричната заложба на Бугарија и Албанија за забрзана реализација на транспортниот Коридор VIII. На состанокот на ЦЕИ бугарскиот министер за надворешни работи испрати три клучни пораки. Најнапред тој ја нагласил важноста од активна и сеопфатна регионална соработка и добрососедски односи, како и подобрување на поврзаноста во рамките на ЦЕИ и релевантните региони. Во тој контекст упатил повик за напредок во изградбата на Коридорот VIII, кој е од витално значење за зголемување на регионалната поврзаност, економската интеграција и безбедноста. Во контекст на тековната руска воена агресија против Украина, министерот Кондов ставил акцент на конзистентната и непоколеблива поддршка на Бугарија за Украина во сите димензии. Потврдена е подготвеноста да се поддржи последователното закрепнување на Украина, како билатерално, така и во согласност со целите на Украина за интеграција во ЕУ. Трето, шефот на бугарската дипломатија ја потврдил „силната поддршка на Бугарија за политиката на проширување на Европската унија“ во согласност со принципот на сопствени заслуги. Бугарија, рекол тој, ќе продолжи активно да ја поддржува европската перспектива на сите земји кандидати и да ги охрабрува да напредуваат во клучните области како што се владеењето на правото, добрососедските односи, заштитата на човековите права и целосното почитување на позициите и решенијата во рамките на Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Поврзани содржини Вее во Србија: Снег ги покри патиштата (видео) 20/11/2024 19:11 Светска банка: Западниот Балкан мора да вложи милијарди за заштита од климатските промени 20/11/2024 16:11 Момчето-убиец од Белград доби статус на оштетен 20/11/2024 13:11 Блокади на Савски и Бранков мост во Белград и на судот во Нови Сад, Вучиќ го свика Советот за национална безбедност 20/11/2024 12:11 За Марија Габриел се најде функција – шефица на институтот „Робер Шуман“ на ЕПП 20/11/2024 11:11 Утрово блокиран и новосадскиот суд, пратеници влегоа во институцијата: „Ова е воена состојба што ја прогласи Вучиќ“ 20/11/2024 09:11 Грција под 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати 20/11/2024 09:11 Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд 19/11/2024 19:11 Најчитани Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Грците доаѓаат на грчко гиро во Битола 20/11/2024 15:37 Средба во Влада утре во врска со поранешно „Фени“ најави кавадаречкиот градоначалник Јанчев 14/11/2024 16:09 Скопјани утрово смрзнаа по постојките – автобус ни за лек 18/11/2024 09:50...
Вее во Србија: Снег ги покри патиштата (видео)
Независен - пред 12 часа
Вее во Србија: Снег ги покри патиштата (видео) 20/11/2024 19:37 На планината Тара во Србија падна големо количество снег, но и на Златибор. Големо количество снег падна во месноста Калуџерски бар на Тара, а како што можете да видите на видеото, снегот сè уште вее. На коловозите има снег, па на возачите им се препорачува да возат внимателно. Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно денеска предупреди дека во Србија во попладневните часови се очекува нагло опаѓање на температурата, со врнежи од дожд кои ќе преминат во снег и лапавица. Во пониските предели на централна, западна и јужна Србија ќе се формира снежна покривка до пет сантиметри, а во ридско-планинските од 10 до 15 локално и повеќе. View this post on Instagram A post shared by Regionalna informativna novinska agencija (RINA) (@_rina.rs) Поврзани содржини Бугарија и Албанија сакаат забрзана реализација на Коридорот 8 20/11/2024 22:11 Светска банка: Западниот Балкан мора да вложи милијарди за заштита од климатските промени 20/11/2024 16:11 Момчето-убиец од Белград доби статус на оштетен 20/11/2024 13:11 Блокади на Савски и Бранков мост во Белград и на судот во Нови Сад, Вучиќ го свика Советот за национална безбедност 20/11/2024 12:11 За Марија Габриел се најде функција – шефица на институтот „Робер Шуман“ на ЕПП 20/11/2024 11:11 Утрово блокиран и новосадскиот суд, пратеници влегоа во институцијата: „Ова е воена состојба што ја прогласи Вучиќ“ 20/11/2024 09:11 Грција под 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати 20/11/2024 09:11 Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд 19/11/2024 19:11 Најчитани Селин Анил Октај, директорка на „Дајмонд мол“: Новите брендови и уникатните содржини ќе бидат вистинско освежување на пазарот 14/11/2024 11:09 „Гаспром“ не сака да го плати долгот и ќе ја запре испораката за гас за Австрија 15/11/2024 22:42 Вратете им го убавиот вкус: Еве што да правите со горчливите ореви 15/11/2024 15:51 Грците доаѓаат на грчко гиро во Битола 20/11/2024 15:37 Средба во Влада утре во врска со поранешно „Фени“ најави кавадаречкиот градоначалник Јанчев 14/11/2024 16:09 Скопјани утрово смрзнаа по постојките – автобус ни за лек 18/11/2024 09:50...