Ѓоко Поповски излегува на слобода по 9 години затвор
Република - пред 1 час
Со одлука за делумно помилување потпишана од македонската претседателка, Гордана Сиљановска Давкова Ѓоко Поповски излегува на слобода по 9 години затвор Македонија 02.04.2025 Скриншот Поранешниот помошник на министерот за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски, излегува на слобода по 9 години поминати во затвор. Одлуката за делумно помилување е потпишана од македонската претседателка, Гордана Силјановска Давкова, со што Поповски е ослободен од понатамошно издржување на остатокот од казната. Поповски беше осуден во предметите „Триста“ и „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), поврзани со злоупотреби во јавните набавки. Во одлуката за помилување се наведува дека се делумно ослободува од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од затворската казна. Еден од симболите на случајот „Тенк“ — луксузниот „Мерцедес“, за кој Поповски беше осуден, сè уште е во сопственост на Службата за општи и заеднички работи при Владата. Претходната влада предводена од СДСМ најавуваше продажба на возилото, со образложение дека е луксузно и скапо за одржување, но тоа не беше реализирано. Поповски излегува на слобода по долгогодишна затворска казна, а јавноста останува поделена околу одлуката за негово делумно помилување. ѓоко поповски помилување //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Повторно прегазен пешак на „Партизанска“: Жена завршила во болница со тешки повреди
Република - пред 1 час
Повторно прегазен пешак на „Партизанска“: Жена завршила во болница со тешки повреди Хроника 02.04.2025 Денеска (02.04.2025) во 15:58 часот, во СВР Скопје од ГОБ „8 Септември“ е пријавено дека кај нив е донесена 68-годишната З.А. од Скопје, која била тешко повредена во сообраќајна несреќа на булевар „Партизански одреди“ во Скопје. Несреќата се случила кога во жената удрило патничко возило „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот В.Ј. од Скопје. На повредената жена и биле констатирани тешки телесни повреди, по што веднаш била префрлена во болница за укажување лекарска помош. прегазен пешак //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Метју Витакер ќе биде новиот амбсадор на САД во НАТО
Република - пред 2 часа
Метју Витакер ќе биде новиот амбсадор на САД во НАТО Свет 02.04.2025 Facebook/U.S. Mission to NATO Метју Витакер, поранешен вршител на должноста генерален обвинител во првата администрација на Доналд Трамп, синоќа беше потврден од Сенатот за нов амбасадор на САД во НАТО. За неговата нова функција гласаа 52 сенатори, додека 45 се изјаснија „против“. Иако има ограничено искуство во надворешна политика, Витакер на сослушувањето изјави дека ќе се залага членките на НАТО да ги зголемат своите одбранбени трошоци и ја истакна посветеноста на САД кон алијансата. Тој го поддржа принципот на „мир преку сила“ и рече дека обврската на САД кон НАТО, особено преку Член пет, е „цврста како железо“. Вети дека ќе ги повика сојузниците да трошат најмалку пет отсто од БДП за одбрана и постави прашање дали политичарите даваат вистински обврски или само празни ветувања. Витакер беше номиниран од Трамп по неговата победа во 2024 година, а претходно служеше како шеф на кабинетот на поранешниот генерален обвинител Џеф Сешнс и како федерален обвинител на Ајова. (МИА) Метју Витакер НАТО сад //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Најкремливата торта на светот без печење и јајца
Република - пред 2 часа
Најкремливата торта на светот без печење и јајца Кујнски тефтер 02.04.2025 Ви предлагаме домашен десерт со сладок и кремлив фил на база на шлаг. За приготвување на овој десерт нема да ви требаат повеќе од 20 минути, а неговиот вкус е божествен и совршен за пролетните денови. Состојки:350 мл вода150 г бисквити500 мл слатка павлака за шлаг100 г шеќер во прав500 г сирење маскарпоне150 г бело чоколадо150 г чоколаден крем20 г млечно чоколадо Приготвување:Сипете вода во чинија, па кратко потопувајте ги бисквитите и редете ги на днот на калап. Потоа, во друг сад ставете слатка павлака и матете, па додајте шеќер во прав и матете додека се згусне и добиете шлаг. Додајте сирење маскарпоне и продолжете да матите со миксер, па поделете ја смесата на два дела. Во првиот дел сипете стопено бело чоколадо, па убаво промешајте, а потоа, нанесете половина од смесата врз наредените бисквитите и убаво израмнете со шпатула. Ставете уште еден ред бисквити потопени во вода. Потоа, во другиот дел од шлагот, ставете чоколаден крем и промешајте за да се соедини убаво. Нанесете половина од смесата врз вториот ред бисквити и израмнете, па повторно наредете бисквити потопени во вода. Потоа, намачкајте дел од смесата со шлаг и чоколаден крем и наредете уште еден ред бисквити, па нанесете го преостанатиот дел од смесата и одозгора изрендајте млечно чоколадо. Ставете го колачот во фрижидер два часа, да се стегне. Во продолжение погледнете ги деталните упатства за приготвување на овој вкусен десерт Извор: Убавина и здравје торта //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Мјанмар погоден од нов силен земјотрес
Република - пред 2 часа
Мјанмар погоден од нов силен земјотрес Свет 02.04.2025 скриншот Мјанмар нау Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот брег на Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт. Земјотресот се случил на оддалеченост од околу 142 километри од градот Јангон, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од десет километри. Минатиот петок, земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Мјанмар. Загинаа повеќе од 3000 луѓе, повеќе од 4.520 беа повредени, а повеќе од 400 се водат како исчезнати, според владејачката воена хунта во земјата. земјотрес Мјанмар //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Илон Маск ќе се повлече од челното место во ДОГЕ
Република - пред 2 часа
Илон Маск ќе се повлече од челното место во ДОГЕ Свет 02.04.2025 Freepik Илон Маск наскоро ќе се повлече од позицијата на шеф на Одделот за ефикасност на владата на САД (ДОГЕ). Ова го брифираат извори блиски на американскиот претседател Доналд Трамп. Американскиот портал Политико пренесува дека оваа одлука е резултат на договор помеѓу Трамп и Маск. Според договорот милијардерот ќе се врати на своите приватни бизниси. ДОГЕ е основана за да ја намали администрацијата и да ги елиминира неефикасните владини агенции. Таа ќе продолжи со својата работа по заминувањето на Маск, иако официјални потврди од Белата куќа или од Маск не се дадени. Оваа одлука одговара на претходните најави за Маск да се фокусира повеќе на своите компании и иновации, иако неговото влијание на владините реформи во САД беше значително во периодот на неговото водство. Извор: Миа Илон Маск сад //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Храна со речиси нула калории: Можете да ја јадете без грижа на совест
Република - пред 2 часа
Храна со речиси нула калории: Можете да ја јадете без грижа на совест Здравје 02.04.2025 Freepik Здравиот начин на живот и слабеењето не мора да значат откажување од сите омилени грицки. Всушност, постојат голем број на нискокалорични закуски кои можат да ве заситат, да ви дадат енергија и да го задоволат вашиот апетит помеѓу оброците, без да ви ја нарушат фигурата. Ви претставуваме листа на најздрави и највкусни грицки кои содржат 100 калории или помалку. Храна со речиси нула калории Аспарагус Пет големи стебленца аспарагус содржат околу 20 калории, 2,2 g протеини, 3,9 g јаглени хидрати и само 0,1 g масти. Ако додадете холандски сос или друг прелив, внесот на калории се зголемува. Млада соја Порција од околу 100 g содржи 63 калории, 4,7 g протеини, 6,3 g јаглени хидрати и 2 g масти. Соја сосот како прелив додава дополнителни калории. Ракчиња Порција од 4 многу големи, 6 големи или 7 средни ракчиња содржи околу 85 калории, 20 g протеини, 0,5 g масти и 0 g јаглени хидрати. Пржењето на масло значително ја зголемува калориската вредност. Малини 100 g малини содржат 50 калории, 1,4 g протеини, 12,1 g јаглени хидрати и без масти. Совршена овошна закуска! Јагоди Порција од околу 6 средни јагоди (100 g) содржи 36 калории, 0,7 g протеини, 9,3 g јаглени хидрати и 0 g масти. Додавањето шлаг или шеќер може да го уништи ова нискокалорично задоволство. Ананас Половина шолја сецкан, свеж ананас (100 g) содржи 57 калории, 14,3 g јаглени хидрати и без маснотии. Конзервираниот ананас има повисоко ниво на шеќер. Киви Една и половина кива содржи 61 калории, 1,4 g протеини, 14,9 g јаглени хидрати и 0,7 g масти. Покрај тоа, тој е богат со витамин Ц – дури и повеќе од портокалите. Целер Две средни стебленца целер имаат само 14 калории, 0,7 g протеини, 3 g јаглени хидрати и 0,2 g масти. Најдобро е да се јаде со хумус, кој дава дополнителна хранлива вредност. Мини моркови Погодни за ужина бидејќи не бараат лупење, а можат и да се печат. Порција од 10 мини моркови има 41 калорија, 1,2 g протеини, 8,2 g јаглени хидрати и нема масти. Варено јајце Едно варено јајце содржи околу 70 калории, 6 g протеини, 10 g масти и 0 g јаглени хидрати. Пополнет и практичен избор. Грчки јогурт Незасладениот грчки јогурт содржи околу 100 калории на 100 g, заедно со 11 g протеини, 12 g јаглени хидрати и 0 g масти. Одлично за појадок или лесна вечера. Црвен грав Гравот често е дел од плановите за исхрана бидејќи дава чувство на ситост. Порција од 100 g има 85 калории, 4,6 g протеини, 15,4 g јаглени хидрати и 0,4 g масти. Црвено јаболко Девет парчиња црвено јаболко (околу 100 g) содржат 53 калории, 12,3 g јаглени хидрати, без масти и протеини. Тие можат да бидат уште повкусни со додавање на цимет. Лубеница Во сезона, лубеницата е вистинско освежување. Порција од 200 g има само 42 калории, 13 g јаглени хидрати и нема масти или протеини. Не е ни чудо што диетите со лубеница се толку популарни. Овие намирници не само што се нискокалорични, туку и богати со хранливи материи, што ги прави совршен избор за секој кој е загрижен за своето здравје, својата фигура или едноставно сака да се храни здраво. Извор: Убавина и здравје калории //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Додик: Директоратот на Интерпол ја прифати жалбата на Србија, нема црвена потерница
Република - пред 3 часа
Додик: Директоратот на Интерпол ја прифати жалбата на Србија, нема црвена потерница Балкан 02.04.2025 predsjednikrs.rs Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вечерва на социјалната мрежа Х објави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го информирал дека Директоратот на Интерпол ја прифатила жалбата на Србија и дека е одбиено барањето на Судот на Босна и Херцеговина за распишување црвена потерница по него и претседателот на Собранието на РС, Ненад Стевандиќ. „Благодарност до претседателот на Србија, Александар Вучиќ за поддршката и јасната и принципиелна комуникација со Интерпол“, напиша Додик. „Благодарам на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, како и на претседателите на сите други земји кои испратија жалба, разбирајќи ја политичката позадина на судскиот прогон на кој сум изложен“, рече Додик. //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Страшевски: На Кешишев не му е страв да зборува пред Палчо, туку си прави драма
Република - пред 3 часа
Страшевски: На Кешишев не му е страв да зборува пред Палчо, туку си прави драма Хроника 02.04.2025 Ниту му е страв на Кешишев ниту некогаш имал страв од Палевски туку си прави драма онака како што му е посочено да кажува, смета адвокатот Јовица Страшевски откако денеска неговиот штитеник беше отстранет од судница. На Палчо му треба време до задутре да се запознае со исказот на Кешишев Ова сценарио е уште еден циркус за да продолжи судењето. Зошто бараше Палевски да излезе од судењето. Зошто не се соочи со него. Ниту Велибор ниту Кешишев кажуваат дека биле таму ама чуле ама не виделе. Како можеш да чуеш ама да не видиш. Едниот зборува еден исказ, другиот друг. Јасно се гледа дека двајцата се монтирани и го зборуваат она што им го наметнал, смета Страшевски. Јовица Страшевски љупчо палевски - палчо //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Победа на РК Вардар за своите фанови и за настраданите во Кочани
Република - пред 3 часа
Победа на РК Вардар за своите фанови и за настраданите во Кочани Ракомет 02.04.2025 Победа на РК Вардар во скопското дерби со Алкалоид 34-26. Вардарци го имаа водството во текот на целиот меч а тимот на Кире Лазаров како да изгледаше уморен од мечот во ЕХФ купот. Голманот Фереира имаше своја вечер во моментите кога гостите се доближуваа резултатски а Борозан со своите “бомби” од далечина ја воодушеви публиката и потсети на старите денови. Ова беше вистинско дерби на две од трите најдобри екипи во Македонија. Одлична атмосфера во “Јане Сандански”, а приходот од влезниците ќе биде дониран за настраданите во пожарот во Кочани. Ова е важна победа за вардарци пред клучните дуели во Автокоманда и Битола во продолжението на плеофот и борбата за титулата. На крајот на мечот, поточно во 59-тата гледачите аплаудираа и скандираа “Кочани, Кочани”. РК Алкалоид РК Вардар //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Се продава Соравиа со која оперира Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ
Република - пред 3 часа
Се продава Соравиа со која оперира Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ Македонија 02.04.2025 Извршителот Андреја Буневски по барање на доверител за спроведување на извршување од над 930 илјади евра, ја стави на продажба деловната зграда „Соравија“ во строгиот центар на Скопје. Овој објект беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата „Соравија инвест“, што го поседува овој објект. Станува збор за доверителот „Прва инвестициона банка“ од Бугарија засновано на извршна солемизација на договор за залог од 2.9.2022 година против должникот „Соравија инвест“. Јавното наддавање на недвижниот имот на „Соравија“ е закажано за 24 април и за него се бара почетна цена 1.377.978.526 денари или околу 22,4 милиони евра, под која недвижноста не може да се продаде на првото јавно наддавање. Може да се наддаваат само лица кои претходно положиле гаранција во висина од една десетина од утврдената вредност на недвижноста, односно во износ од 137.797.853 денари или околу 2,2 милиони евра. Најповолниот понудувач е должен да ја уплати сумата во рок од 15 дена, или во спротивно ќе се закаже нова продажба. дрин ахмети ДУИ Соравија //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди јапонскиот остров Кјушу
Република - пред 4 часа
Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди јапонскиот остров Кјушу Свет 02.04.2025 Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јапонскиот остров Кјушу, покажуваат податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 76 километри југоисточно од градот Мијаконојо и 54 километри југо-југоисточно од градот Ничинан, на длабочина од 14 километри. Засега нема информации за потенцијални жртви или штети. земјотрес јапонија //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
ЗНАМ: Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем
Република - пред 4 часа
ЗНАМ: Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем Македонија 02.04.2025 Од ЗНАМ велат дека СДСМ и претседателот Венко Филипче немаат кредибилитет и легитимитет за какви било концепти за Македонија. „Оттука, Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем за секое решение“, наведуваат од ЗНАМ. Прашуваат дали како што велат, самопрогласениот лидер на опозицијата со ова бара начин да се наметне како политички фактор во јавноста и да седне на преговарачка маса, имајќи ја предвид очајната состојба на неговата партија. Од ЗНАМ наведуваат дека довчерашниот министер во владите на Зоран Заев, одговорен за длабоките системски грешки во општеството, директно одговорен за трагедијата во Тетово со модуларната болница каде загинаа 14 невини лица, за криминалната набавка на вакцини во времето на ковид кризата, за случајот во Клиниката за онкологија каде што наместо хемотерапија на болните им се даваше физиолошки раствор, директното учество во донесувањето на измените на Кривичниот законик, каде што се амнестираа функционерите од режимот на Груевски, но и високи функционери на СДСМ на чело со неговиот ментор Зоран Заев… „Тој денеска предлага концепт за нов општествен дијалог во Македонија. Македонската јавност не е дементна за да заборави дека директорот на Фондацијата Заев во претходните осум години го промовираше концептот Едно општество за сите, едно за Вицето“, се посочува во реакцијата од ЗНАМ. венко филипче ЗНАМ сдсм //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на изнаоѓање на соодветни законски решенија
Република - пред 4 часа
Јаревски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи на изнаоѓање на соодветни законски решенија Македонија 02.04.2025 На телевизија Алфа во емисијата „За или против“ гостуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кој дискутираше за законското обновување и системското ресетирање на Македонија, за менувањето на законот за јавен ред и мир, воведувањето на драконски казни за присуството на малолетниците во локалите, како и забраната за пиротехника во затворени простори. „Еден од нив е и измените и дополнувањата на Законот за прекршоците за јавниот ред и мир, каде што има повеќе измени коишто би требало да не осигураат дека вакви работи не би можеле повторно да се случат, првично е забраната за користење на пиротехнички средства во затворени простории, има серија измени на глобите за такви потенцијални ризици коишто можат да се случат, проширен е опсегот на прекршоци кои се основа за постапување по законот исто така зголемени и проширени се надлежностите на полицијата“, објасни Јаревски. Во врска со зголемувањето на казните за присуството на малолетници Јаревски додаде дека измените на овој закон посебно ќе важат за сопствениците на локалите и клубовите како и за службите во склоп на локалите кои се задолжени за спроведување на соодветните проверки. „Ги детектира малолетниците коишто ќе бидат отстранети од објектот, но дефинитивно поголема одговорност имаат сопствениците на објектите и службите во рамките на организацијата на локалите коишто навистина треба доследно да си ја вршат својата работата и да ги направат соодветните проверки“, рече Јаревски. Пратеникот истакна дека законот ќе претрпи измени кои ќе наложат соодветните проверки да се извршуваат на секои шест месеци и објасни дека Министерството за транспорт уредно ја спровело својата работа со тоа што за краток период биле извршени соодветни проверки и биле одземени 480 лиценци. „Фрапантно е тоа дека со интензивна работа за еден викенд на администрацијата на Министерството за транспорт успеа да утврдат нерегуларности и потреба од одземање на дури 480 лиценци, она што беше најавено како закон којшто се изготвува се измени со коишто проверките што претходно не беа лимитирани сега ќе треба да се прават секои 6 месеци“, истакна Јаревски. Јаревски објасни дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период будно работела на изнаоѓање на добри и соодветни законски решенија. „Се работи на сите полиња, целокупната регулатива, имаме скрининг каде што се утврдуваат потреби се реагира веднаш, и верувам дека ќе имаме добри законски решенија, речиси сите од колегите од нашата пратеничка група работеа на различни решенија и како што видовте имавме плоден, интензивен, динамичен ден каде што многу решенија беа поминати, образложени и очекувам истата динамика да продолжи со исто темпо“, рече Јаревски. Тони Јаревски //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Тие ја делеа болката со нас – Благодарност до пријателските држави што пружија помош по трагедијата во Кочани
Република - пред 4 часа
Тие ја делеа болката со нас – Благодарност до пријателските држави што пружија помош по трагедијата во Кочани Македонија 02.04.2025 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во свое лично име, изразува најискрена благодарност до сите пријателски држави што во моментите на национална трагедија и шок, предизвикани од кочанската апокалипса, пружија и сè уште пружаат навремена и несебична помош, водени од принципите на солидарност и хуманост. -Ангажманот на нивните медицински тимови, подготвеноста на авионите и хеликоптерите за итна интервенција, отворањето на здравствените установи за повредените граѓани, како и активирањето на европскиот механизам за цивилна заштита, испратија недвосмислена и силна порака дека во најтешките моменти не сме сами. Тие ја делеа болката со нас, а нивната грижа стана наш заеднички лек. Ја почувствувавме силата на вистинското пријателство преку нивната присутност и поддршка, којашто ќе остане врежана во колективната меморија на нашиот народ. Тажно е што низ болката и ненадоместливата загуба ја спознавме суштинската поврзаност со светот и длабокото чувство на припадност, нешто што не требаше да биде плод на трагедија, се наведува во писмената благодарност. Од срце сме им благодарни, никогаш нема да ја заборавиме помошта од: Република Србија Република Бугарија Република Турција Хеленската Република Кралството Шпанија Република Австрија Унгарија Република Хрватска Кралството Белгија Италијанската Република Република Литванија Република Словенија Кралството Шведска Република Полска Државата Израел Република Чешка Обединетото Кралство Сојузна Република Германија Големото Војводство Луксембург Кралството Норвешка Романија Република Албанија Босна и Херцеговина Кралството Холандија Република Финска Француската Република ЕУ Гордана Сиљановска-Давкова Кочани несреќа уреднички печат //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Руте: НАТО е тука да остане
Република - пред 4 часа
Руте: НАТО е тука да остане Свет 02.04.2025 Freepik Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на денешната прес-конференција пред дводневниот Самит на министрите за одбрана истакна дека е убеден дека Алијансата ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од сојузот. – САД повеќепати го потврдија членот 5 од Вашингтонскиот договор, но јасно кажаа дека очекуваат од сојузниците повеќе да трошат на одбраната. Тоа треба да го направиме поради заканите од Русија и од Кина, наведе Руте. Администрацијата на Трамп повеќепати ги повика европските сојузници да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од бруто домашниот производ (БДП) – повеќе од двојно од сегашната цел на НАТО од минимум два проценти од БДП. Руте навести дека одлуката за зголемување на трошоците за одбрана најверојатно ќе биде донесена на следниот Самит на НАТО во јуни. Министрите за надворешни работи на НАТО утре и в петок во Брисел ќе разговараат за зајакнување на одбранбените способности на Алијансата. – Живееме во опасен свет, НАТО мора да биде посилен, поправеден и поспособен за смртоносни напади, посочи Руте. Тој ги поздрави напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина. – Ги поддржувам напорите на САД за праведен и траен крај на војната. Војната мора да заврши на таков начин што (рускиот претседател Владимир) Путин никогаш повеќе нема да се обиде да заземе педа од Украина или дел од територијата на НАТО, потенцира Руте. Тој претходно најави дека сојузниците на НАТО за 2025 година ветиле безбедносна помош за Украина во висина од над 20 милијарди евра, а Командата на Алијансата во германскиот град Визбаден ќе продолжи да ја координира воената помош за Украина и обуката на украинските војници. (МИА) Марк Руте НАТО //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Адвокатот на Кешишев: Палчо му забранувал да оди дома во Штип и на работа во Хрватска
Република - пред 5 часа
Адвокатот на Кешишев: Палчо му забранувал да оди дома во Штип и на работа во Хрватска Хроника 02.04.2025 Игор Ефремов, адвокат на обвинетот Влатко Кешишев тврди дека неговиот клиент не учествувал во никакво грабнување а уште помалку во убиства..Згора на тоа Кешишев бил во ситуација на пониженост во однос на останатите обвинети, немал право на мислење или заклучок. Во периодот помеѓу двете грабнувања посакал да оди во Штип кај семејството, но му било забрането од страна на Палевски а имал понуда да оди во Хрватска на работа но и тоа Палчо не му го дозволил, објасни адвокатот. Според Ефремов, Кешишев е еден вид на заложник на дел од обвинетите и жртва за искористување на нивните потреби. Се докажа дека постапувал по волја на друг и на начин како што му било наредувано.Не ги пријавил бидејќи му било страв и бил во шок и не можел да излегува од канцелариите. Влатко Кешишев Игор Ефремов //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Чашуле: Трендафилов, Дејановски и Пешевски сакаат на грбот на работниците да си ги оправдаат огромните плати
Република - пред 6 часа
Чашуле: Трендафилов, Дејановски и Пешевски сакаат на грбот на работниците да си ги оправдаат огромните плати Економија 02.04.2025 „Преку леб-погача“. На оваа народна поговорка ми текнува кога кога го гледам триото Трендафилов-Дејановски-Пешевски како се обидуваат од петни жили, на грбот на работниците да си ги оправдаат огромните плати кои ги земаат. -Видоа дека новата Влада од првиот ден е посветена на работниците и на покачување на стандардот, па си рекоа „Дајте додека е моментот да искористиме и ние нешто“. Од доаѓањето на власт, првата работа која ја направи Владата беше ребаланс на буџетот за да илјадници луѓе не останат без плати затоа што нивните претходници си правеле математика само до избори анализира Коле Чашуле во неговата емисија „СЕДМИЦА“. Понатаму додава дека Владата го исполнила ветувањето, како и ветувањето за линеарно зголемување на пензиите за 5 000 денари на речиси 300 000 пензионери во земјава. Си дадоа рака со поединечните синдикати за покачување на платите. За девет месеци направија многу повеќе отколку минатата влада за цели 7 години, додава Чашуле. коле чашуле Синдикати //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Легендите на Македонија и Бугарија со меч за Кочани: Хаџиевски тренер, Пандев лидер!
Република - пред 6 часа
Легендите на Македонија и Бугарија со меч за Кочани: Хаџиевски тренер, Пандев лидер! Фудбал 02.04.2025 Македонија и Бугарија уште еднаш ќе си подадат рака, за жртвите во една од најголемите трагедии во Кочани, во која 59 млади животи загинаа во страотен пожар во ноќен клуб. Хуманитарниот фудбалски натпревар ќе се одржи на 27 април на стадионот Спартак во Варна, информира Фондацијата „Национали 94“, која е организатор на настанот во партнерство со општина Варна. Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на настраданите од пожарот кон средината на минатиот месец. На натпреварот за тимот на Бугарија, кој ќе го води селекторот Димитар Пенев со помошникот Красимир Борисов, ќе настапат голем број играчи кои завршија како четврти на СП 1994 година во САД. Тоа се Христо Стоичков, Борислав Михајлов, Емил Кременлиев, Златко Јанков, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Наско Сираков, Даниел Боримиров, Пламен Николов, Бончо Генчев, Ивајло Јорданов, Илијан Кирјаков, Петар Михтарски, Петар Георг Александриков и Георг Крај. кои според бугарските медиуми го потврдија своето учество. Целиот текст на гол.мк Горан Пандев Кочани несреќа //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
Република - пред 6 часа
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата Македонија 02.04.2025 Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче утре во 14 часот ќе имаат средба во Владата. -Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочуваат од Владата. Во изјава за медиумите во Штип, Мицкоски искажа подготвеност за средба со Филипче, кој денеска повика на политички и општествен дијалог. Филипче на прес-конференција рече дека по трагедијата во Кочани граѓаните реагираа со револт и бес, системот не функционира како што треба, а за тоа вина, како што посочи, имаат сите политички партии. Областите каде што треба системски пристап, според Филипче се – образование, здравство, правосудство, животна средина, партизација и политизација. Премиерот Мицкоски, пак, кажа дека ова е сериозна тема за која се разговара. – Доколку има план како што најавија, подготвен сум да го примам на средба пртседателот на СДСМ да го образложи планот, да го слушнеме планот бидејќи се сериозни времиња, јас сум сериозен човек, сериозни работи се во прашање и најмалку што треба да се прави е естрада на јавна сцена. Доколку навистина има план и желба да помогне стојам на располагање во секое време ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ на полноќ, после полноќ, кога ќе каже тогаш да го сослушам неговиот план и да видиме дали во тој план може нешто да се реши. Но, доколку планот опфаќа пристап „Стабри“, како што беше во минатото за време на короната тогаш такви планови не можам да прифатам, изјави Мицкоски. венко филипче Христијан Мицкоски //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Имотно-правните пречки ги кочат енергетските проекти: Министерството за енергетика бара итни решенија
Република - пред 6 часа
Имотно-правните пречки ги кочат енергетските проекти: Министерството за енергетика бара итни решенија Економија 02.04.2025 Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, иницираше состанок со сите релевантни институции за надминување на административните пречки што го кочат спроведувањето на значајни енергетски проекти. На состанокот присуствуваа претставници од АД МЕПСО, Агенцијата за катастар на недвижности, Управата за имотно-правни работи и Министерството за транспорт и врски. Главниот предизвик што го попречува развојот на овие проекти е долгото чекање на решенија за имотно-правни прашања и сложените процедури за упис на државниот имот во Катастарот. Оваа состојба директно го забавува напредокот на повеќе капитални инвестиции, меѓу кои и проектот Милетково, неопходен за стабилноста на електроенергетскиот систем во тој регион. „Проектите од ваков обем не смеат да стојат во место поради долги и неефикасни административни процеси. Ова не е само техничко прашање – ова е прашање на енергетска сигурност и економски развој. Одговорноста на институциите е да обезбедат навремена и координирана работа, за државните инфраструктурни проекти да не чекаат непотребно“, нагласи министерката Божиновска. На состанокот беше договорено засилено меѓуинституционално координирање и утврдување на јасни процедури за забрзување на процесите. Министерството за енергетика, во соработка со надлежните институции, ќе работи на конкретни решенија за да се спречат идни застои и да се обезбеди навремена реализација на сите стратешки енергетски проекти. енергетика сања божиновска //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Убиле старец кој бил пријавен за исчезнат и го закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица
Република - пред 7 часа
Убиле старец кој бил пријавен за исчезнат и го закопале во близина на неговата куќа, уапсени три лица Хроника 02.04.2025 Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С.Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко. Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово. По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. крива паланка полиција убиство //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Четири хороскопски знаци кои се заљубуваат најбрзо!
Република - пред 8 часа
Четири хороскопски знаци кои се заљубуваат најбрзо! Астро 02.04.2025 Тоа нема секогаш да ви го кажат гласно. Може дури и да ви честитаат, да пуштат емотикон со плескање во групниот разговор, да се насмевнат на површината… но длабоко во себе – вријат. Некои хороскопски знаци едноставно тешко поднесуваат кога некој друг свети посилно од нив. Тоа не е отворена злоба, туку тивка, горлива завист што тие самите не секогаш знаат како да ја објаснат. Успехот на другите го буди нивниот внатрешен немир, бидејќи ги потсетува на сè што сè уште не постигнале. И тука се двата знака кои астрологијата посебно ги истакнува како најсклони кон тоа чувство: Скорпија Скорпиите се интензивни, амбициозни и исклучително чувствителни на позиции на моќ. Тие не можат да го поднесат чувството да се во сенка – особено ако се работи за некој на кој некогаш гледале со презир. Успехот на другите често ги тера да се сомневаат во сопствениот напредок, дури и ако изгледаат незасегнати однадвор. Тие се завидливи тивко, но длабоко – и ќе се сеќаваат кој бил во центарот на вниманието кога биле изоставени. Девица Девиците се перфекционисти кои анализираат, споредуваат и расчленуваат сè. Кога ќе видат туѓ успех, нивната прва реакција не е „Браво!“, туку „Како не успеав вака?“ или „Мора да има нешто зад тоа…“ Не можат да поднесат кога некој друг добива заслуга за нешто за што вложуваат повеќе труд – барем според нивните стандарди. Нивната завист доаѓа од внатрешното чувство дека никогаш не се доволно добри – така што препознавањето на другите луѓе само ја засилува нивната сопствена несигурност. заљубување хороскоп //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
На Палчо му треба време до задутре да се запознае со исказот на Кешишев
Република - пред 8 часа
На Палчо му треба време до задутре да се запознае со исказот на Кешишев Хроника 02.04.2025 Откако обвинителството заврши со прашањата, судењето продолжи со читање на исказот на Кешишев од страна на судијата Ивица Стефановски, со цел обвинетиот Љупчо Палевски, кој претходно беше отстранет од судењето поради сомневање за влијание на исказот на Кешишев, да се запознае со исказот. На крајот судот ја одложи расправата за 4 април со цел Палевски да има можност да се запознае со содржината и да подготви прашања за Кешишев. Не сакав да го предадам Палчо, рече Кешишев Влатко Кешишев љупчо палевски - палчо //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Американски сенатори ѝ се заканија на Русија со нови санкции
Република - пред 8 часа
Американски сенатори ѝ се заканија на Русија со нови санкции Свет 02.04.2025 Freepik Група од 50 американски сенатори, републиканци и демократи, се заканија со нови санкции против Русија доколку таа не се вклучи во постигнувањето мир во Украина. -Тие санкции ќе бидат воведени доколку Русија одбие да се вклучи во преговори со добра волја за траен мир со Украина, или ако иницира нешто, вклучително и воена инвазија, што го загрозува суверенитетот на Украина по мировниот договор, се вели во соопштението на сенаторите и се додава дека е подготвен нацрт-закон за ова прашање. Нивниот предлог-закон, исто така, предвидува воведување на царини од 500 проценти за стоките увезени од земјите што купуваат руска нафта, гас и ураниум. -Во американскиот Сенат преовладува ставот дека Русија е агресорот и дека оваа страшна војна, заедно со агресијата на Путин, мора веднаш да заврши и да не се повтори, се додава во соопштението. (МИА) Америка русија санкции //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
Република - пред 8 часа
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот Хроника 02.04.2025 МИА архива Вардар денеска во Велес ги поплави двете страни од кејот, а под вода се дрвјата покрај реката во Градскиот парк. За опасноста од излевање на Вардар, како што изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, веќе има дојава до кон Општина Велес и е побарано веднаш да излезат на терен и да извршат правилно и видливо обележување на опасноста. Како што појасни Ангелов, бидејќи се работи за речен тек во урбана средина, надлежноста и обврската во и околу речното корито е на Општина Велес. Инаку во Градскиот парк во Велес, споредено со вчера, Вардар е драстично пораснат, потврдија за МИА велешките кајакари, кои и денеска забрзано се подготвуваат за претстојното Европско првенство. Кајакарот Благојче Гугинов за МИА изјави дека споредено со вчера Вардар во Градскиот парк во Велес е пораснат за околу метар, видливо е дека се поплавени дрвјата на брегот, а и реката денеска е многу побрза од вчера. Инаку вчера Вардар во Велес кај Стар Мост според мерењата на УХМР бил 160, а утрото бил 170 антиметри. Споредено со изминатата недела кога Вардар во Велес беше 86 сантиметри, вчера и денеска нивото на реката е двојно и повеќе пораснато. Како потврда на тоа дека Вардар споредено со вчера е драстичо пораснат говори и податакот од УХМР дека вчера кај Демир Капија, Вардар бил 191, а денеска е на 249 сантиметри. Вардар Велес излеан //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот
Република - пред 8 часа
Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот Македонија 02.04.2025 Апелираме до синдикатот да не ја злоупотребува ситуацијата во државата и да не се обидува да ја извитопери дебатата со нешто кое е еднакво важно и за нас како влада, а тоа е состојбата на работниците, се вели во соопштението на владината прес служба. Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот. Кога прават компарација на плати, да ги потсетиме дека ние како влада бевме против кога платите на функционерите се зголемуваа, а синдикатот тогаш молчеше за своите партиски миленици од СДСМ и ДУИ. Како што молчеа со години додека СДСМ беше на власт, а државата ја уништуваа, ограбуваа и продаваа. Но тоа е зад нас. Ние на овој проблем гледаме како на проблем на тешката и сложена социоекономска состојба во државата, а не на персоналните политички амбиции на дел од раководството на синдикатот. Нивото на дискусија да ги спуштиме сите платите – за нас не е проблем и да ги спуштиме платите, но на работниците тоа нема да им го реши проблемот. Притоа, да потсетиме дека ова е прва влада која донесе одлука за замрзнување на платите на функционерите. Истовремено, за премиер да има иста плата со претседател на синдикат, треба претседателот на синдикатот да победи на избори на првите наредни парламентарни избори, а пред тоа да има договор да се најде на листите на СДСМ. Тогаш, ако го изгласа народот, ќе видиме дали така лесно ќе се откажува од платата. Штом е така подготвен коцкарски да се откаже од својата плата, лошо зборува за него и за блеферската природа на неговата личност. Впрочем, само човек што има многу пари со леснотија може да се откаже од пола плата. Апелираме затоа да внимава, затоа што прави очигледна Фројдова грешка со која покажува дека за него парите не се проблем, зашто преку ноќ, во излив на блеф и партиски мотив, кажува дека е подготвен да се откаже од своите примања. Исто така, сметаме дека проблемот на работниците може да се реши системски и со вистински пристап. Сегашниот пристап на овие луѓе е погубен, и тие играат рулет со нешто кое за нив е обид за политичка кариера и злоупотреба, а за нас е прашање на живот, тоа е животот на работниците. Со сила и со ваква очигледна партиска мотивираност и со малициозен и неразумен пристап, ништо нема да постигнат. Зошто молчеа 7 години? Народот тоа го гледа. И прави разлика. Ние се трудиме и ќе се трудиме да наоѓаме решение за работниците, затоа што тоа е проблем наталожен и на државата и на сите нас. Ние сочувствуваме со тешката состојба и со проблемите на нашиот народ, и од таа наша мисија нема да нè оттргнат партиски мотивирани самонаречени синдикалци кои тераат партиска агенда на партиите СДСМ и ДУИ, против кои збор не зуцнаа цели 7 години и соработуваа со нив, уживајќи во благодетите на синдикалниот живот. Влада синдикат //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
Република - пред 8 часа
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот Хроника 02.04.2025 МИА архива Вардар денеска во Велес ги поплави двете страни од кејот, а под вода се дрвјата покрај реката во Градскиот парк. За опасноста од излевање на Вардар, како што изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, веќе има дојава до кон Општина Велес и е побарано веднаш да излезат на терен и да извршат правилно и видливо обележување на опасноста. Како што појасни Ангелов, бидејќи се работи за речен тек во урбана средина, надлежноста и обврската во и околу речното корито е на Општина Велес. Инаку во Градскиот парк во Велес, споредено со вчера, Вардар е драстично пораснат, потврдија за МИА велешките кајакари, кои и денеска забрзано се подготвуваат за претстојното Европско првенство. Кајакарот Благојче Гугинов за МИА изјави дека споредено со вчера Вардар во Градскиот парк во Велес е пораснат за околу метар, видливо е дека се поплавени дрвјата на брегот, а и реката денеска е многу побрза од вчера. Инаку вчера Вардар во Велес кај Стар Мост според мерењата на УХМР бил 160, а утрото бил 170 антиметри. Споредено со изминатата недела кога Вардар во Велес беше 86 сантиметри, вчера и денеска нивото на реката е двојно и повеќе пораснато. Како потврда на тоа дека Вардар споредено со вчера е драстичо пораснат говори и податакот од УХМР дека вчера кај Демир Капија, Вардар бил 191, а денеска е на 249 сантиметри. Вардар Велес излеан //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Мисајловски: Нека е честит Денот на Првата пешадиска бригада, најмоќна воена формација во Армијата
Република - пред 8 часа
Мисајловски: Нека е честит Денот на Првата пешадиска бригада, најмоќна воена формација во Армијата Македонија 02.04.2025 Фејсбук Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец беше одбележан Денот на Првата пешадиска бригада, објави Министерството за одбрана на фејсбук профилот. Бригадата дава поддршка на граѓаните и институциите при природни катастрофи, епидемии и други опасности. Нејзините припадници активно придонесуваат и во мировните операции предводени од НАТО, ОН и ЕУ за зачувување на безбедноста, стабилноста и мирот. Нивната посветеност и професионализам не само што ја зајакнуваат македонската Армија, туку и поставуваат стандарди на извонредност што инспирираат и мотивираат! Нека е честит Денот на Првата пешадиска бригада! “Чест и сила” – Прва пешадиска бригада, најмоќна воена формација во Армијата, напиша министерот Мисајловски. Нека е честит Денот на Првата пешадиска бригада! Најмоќната и најбројната воена формација која е секогаш подготвена да застане на браникот за зачувување на националните интереси, суверенитетот и интегритетот на Македонија. Бригада која дава поддршка на граѓаните и институциите при природни катастрофи, епидемии и други опасности и чии припадници активно придонесуваат во мировните операции предводени од НАТО, ОН и ЕУ за зачувување на безбедноста, стабилноста и мирот. Нивната посветеност и професионализам не само што ја зајакнуваат македонската Армија, туку и поставуваат стандарди на извонредност што инспирираат и мотивираат! АРМ Мисајловски Пешадија //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Перински: Сирера системот е основа за ефикасност и транспарентност во спроведувањето на политиката за рамномерен развој
Република - пред 8 часа
Перински: Сирера системот е основа за ефикасност и транспарентност во спроведувањето на политиката за рамномерен развој Македонија 02.04.2025 Министерство за локална самоуправа Претставници на министерства, агенции и други институции учествуваат на дводневна работилница наменета за целта, функциите и улогата на СиРеРа електронскиот систем за координација на политиката за рамномерен регионален развој, во кој се внесуваат податоци од институции вклучени во нејзиното спроведување. Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска на отворањето на дводневната работилница, информираше дека Министерството за локална самоуправа посветено работи на обезбедување навремено и системско пополнување на системот и веќе 20 државни институции внесуваат податоци во него, зголемувајќи ја транспарентноста и подобрувајќи ја координацијата на политиката за регионален развој. Нашата цел е да изградиме функционална база на податоци, која ќе овозможи подобра анализа и носење на информирани одлуки. Крајната цел на сите нас е еднаков развој на сите региони во државата, а тоа секако се постигнува со креирање на политики на база на сигурни податоци, што ни ги овозможува овој систем“, порача министерот Перински. Тој посочи дека планирано е во 2026 година, СиРеРа системот да се поврзе со ИФМИС системот, што ќе овозможи автоматско повлекување на податоци. Овој систем, поддржан од Владата на Швајцарија, веќе е вклучен во скрининг процесот на Европската унија за напредокот на нашата држава во Поглавје 22. Со тоа, обврската за редовно пополнување на базата дополнително се зацврстува и станува важен сегмент во процесот на европската интеграција на нашата земја. Перински //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Влада: Со компарации на плати и популистички изливи на агресија се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот
Република - пред 8 часа
Влада: Со компарации на плати и популистички изливи на агресија се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот Македонија 02.04.2025 Република Апелираме до синдикатот да не ја злоупотребува ситуацијата во државата и да не се обидува да ја извитопери дебатата со нешто кое е еднакво важно и за нас како влада, а тоа е состојбата на работниците, се наведува во владиното соопштение. Со обиди за компарации на плати и популистички изливи на агресија само се докажува партиската позадина на дел од раководството на синдикатот. Кога прават компарација на плати, да ги потсетиме дека ние како влада бевме против кога платите на функционерите се зголемуваа, а синдикатот тогаш молчеше за своите партиски миленици од СДСМ и ДУИ. Како што молчеа со години додека СДСМ беше на власт, а државата ја уништуваа, ограбуваа и продаваа. Но тоа е зад нас. Ние на овој проблем гледаме како на проблем на тешката и сложена социоекономска состојба во државата, а не на персоналните политички амбиции на дел од раководството на синдикатот. Нивото на дискусија да ги спуштиме сите платите – за нас не е проблем и да ги спуштиме платите, но на работниците тоа нема да им го реши проблемот. Притоа, да потсетиме дека ова е прва влада која донесе одлука за замрзнување на платите на функционерите, велат од Владата. Од таму поралуваат: Истовремено, за премиер да има иста плата со претседател на синдикат, треба претседателот на синдикатот да победи на избори на првите наредни парламентарни избори, а пред тоа да има договор да се најде на листите на СДСМ. Тогаш, ако го изгласа народот, ќе видиме дали така лесно ќе се откажува од платата. Штом е така подготвен коцкарски да се откаже од својата плата, лошо зборува за него и за блеферската природа на неговата личност. Впрочем, само човек што има многу пари со леснотија може да се откаже од пола плата. Апелираме затоа да внимава, затоа што прави очигледна Фројдова грешка со која покажува дека за него парите не се проблем, зашто преку ноќ, во излив на блеф и партиски мотив, кажува дека е подготвен да се откаже од своите примања. Исто така, сметаме дека проблемот на работниците може да се реши системски и со вистински пристап. Сегашниот пристап на овие луѓе е погубен, и тие играат рулет со нешто кое за нив е обид за политичка кариера и злоупотреба, а за нас е прашање на живот, тоа е животот на работниците. Со сила и со ваква очигледна партиска мотивираност и со малициозен и неразумен пристап, ништо нема да постигнат. Зошто молчеа 7 години? Народот тоа го гледа. И прави разлика, велат од Владата. Ние се трудиме и ќе се трудиме да наоѓаме решение за работниците, затоа што тоа е проблем наталожен и на државата и на сите нас. Ние сочувствуваме со тешката состојба и со проблемите на нашиот народ, и од таа наша мисија нема да нè оттргнат партиски мотивирани самонаречени синдикалци кои тераат партиска агенда на партиите СДСМ и ДУИ, против кои збор не зуцнаа цели 7 години и соработуваа со нив, уживајќи во благодетите на синдикалниот живот, се наведува во владиното соопштение. Влада ССМ //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Недели нè делат од убава вест за доизградбата на новата Клиничка болница во Штип, најави премиерот
Република - пред 9 часа
Недели нè делат од убава вест за доизградбата на новата Клиничка болница во Штип, најави премиерот Македонија 02.04.2025 Фото: МИА Недели нè делат од добра вест за доизградбата на објектот на новата Клиничка болница во Штип, најави денеска премиерот, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на отварање на фабриката „Магна мехатроникс“ во ТИР зоната во Штип. Многу, многу брзо од денеска убава вест за штипјани поврзана со клиничката болница, веќе недели не делат до таа убава вест и очекувам тоа да биде едно пријатно изненадување не само за Штип, туку и за цела источна Македонија, рече Мицкоски. Штипската клиничка болница започна да се гради во 2016 година, но поради проблеми со изведувачот и подизведувачот на објектот беше стопирана нејзината изградба. Премиерот, Мицкоски во неколку наврати нагласи дека доизградбата на објектот на новата Клиничка болница во Штип е еден од приоритети на оваа Влада. //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Европол: Разбиена масовна педофилска мрежа, приведени 79 лица
Република - пред 9 часа
Европол: Разбиена масовна педофилска мрежа, приведени 79 лица Свет 02.04.2025 Facebook/Europol Инспектори од повеќе од 30 земји разбиле огромна педофилска мрежа со речиси два милиони корисници ширум светот и уапсиле 79 лица, соопшти денеска полициската агенција на ЕУ, Европол. Како што пренесе ДПА, 79-те лица не само што се осомничени дека гледале или преземале видеа со сексуална злоупотреба на деца, туку и некои од нив се осомничени дека активно учествувале во злоставување. Платформата, позната како Кидфликс, била отстранета од интернет под раководство на властите во Баварија. Според Европол, ова била една од најголемите светски педофилски мрежи и ја означува најобемната операција против сексуална злоупотреба на деца во Европа досега. Еуропо педофилска мрежа //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Надежите за преживеани се намалуваат, над 2.800 загинати во земјотресот во Мјанмар
Република - пред 9 часа
Надежите за преживеани се намалуваат, над 2.800 загинати во земјотресот во Мјанмар Свет 02.04.2025 скриншот Мјанмар нау Бројот на загинати од силниот земјотрес во Мјанмар се искачи на 2.886, според владејачката воена хунта, при што повеќе од 4.600 луѓе се повредени, а околу 370 се уште се водат како исчезнати по пет дена. Водачот на Хунтата Мин Аунг Хлаинг денеска изјави дека надежите за пронаоѓање на уште преживеани под урнатините се намалуваат. Дваесет и шестгодишник беше пронајден жив во урнатините на хотел во главниот град Најпидав, а во неговото опоравување наводно биле вклучени турски спасувачки тимови. Вчера една жена беше извлечена од урнатините по повеќе од 90 часа. Хуманитарните организации предупредуваат дека вистинскиот број на исчезнати луѓе може да биде многу поголем отколку што сугерираат официјалните бројки. Лекарите без граници соопштија дека тековниот конфликт, неуспесите во комуникацијата и ограничувањата за пристап го отежнуваат проценувањето на целосниот обем на катастрофата и медицинските потреби, особено во оддалечените области. Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го потресе вториот по големина град во Мјанмар, Мандалај, како и регионот Сагаинг и Најпидау во петокот. Потресите биле почувствувани дури и во Бангкок, оддалечен преку 1.000 километри. земјотрес Мјанмар //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Државна матура ќе се полага во училиштата кои имаат просторни услови, за сите други тестирањето ќе биде на факултетите
Република - пред 9 часа
Државна матура ќе се полага во училиштата кои имаат просторни услови, за сите други тестирањето ќе биде на факултетите Македонија 02.04.2025 Принтскрин од видео Матурантите ќе ја полагаат државната матура во своите училишта под услов тие да ги исполнуваат потребните стандарди за спроведување на испитите. За училиштата кои немаат просторни услови, Државниот испитен центар (ДИЦ) ќе овозможи алтернативни простории врз основа на барања што ќе им ги достават засегнатите училишта. Сојузот на средношколци соопшти дека било прифатено нивното барање матурата да се полага во училишните простории наместо во амфитеатрите на факултетите, освен за оние што немаат услови. Тоа денеска го соопштија претседателот на Сојузот на средношколци, Берин Мухамед, и директорката на ДИЦ, Даниела Јовчевска-Михајловска. Сите училишта кои ги исполнуваат просторните можности, согласно Правилникот за организирање државна матура, што значи метар и половина растојание пред и зад ученикот и од страна, имаат можност да полагаат во големите простории коишто ги имаат во училиштата, а тоа се фискултурните сали или холовите. За останатите училишта, коишто немаат такви можности или не ги исполнуваат просторните услови, државната матура ќе се организира на други локации, поточно на факултетите, изјави Јовчевска-Михајловска. Посочи дека од директорите односно од училишните матурски одбори побарале да ги анализираат просторните услови и да достават до ДИЦ барање доколку не се во можност во своите училишта да организираат матура според Правилникот. За оние кои веќе се изјасниле дека немаат услови, ДИЦ пристапил кон барање решенија за организирање на матурата на факултетите. Како што рече, такви училишта има повеќе во државата, но за разлика од минатите години кога за полагање на матурата во спортски сали на други училишта, тие самите обезбедувале и дотаму превезувале клупи и столчиња, оваа година ќе им бидат обезбедени услови на факултетите каде што се ќе им биде наместено. Рече дека и во оваа година се уште нема да може да се реализира идејата за поставување блокатори за мобилни телефони и за други електронски уреди, но дека како опција останува за во иднина. Средношколскиот лидер Берин Мухамед изјави дека полагањето во амфитеатрите на факултетите ќе важи за сите училишта што немаат просторни услови, а не само од некои градови бидејќи, рече, се шират такви нејаснотии меѓу средношколците. Затоа сакаме да ги информираме подобро средношколците. Побаравме средба со МОН и ДИЦ и по состанокот дознавме дека на сите училишта им се дава можноста да полагаат во нивните простории ако ги исполнуваат условите за полагање, а за оние кои не можат да ги исполнат условите, може од ДИЦ да побараат простори, додаде Мухамед. Двата екстерни испита од државната матура 2024/2025 година ќе се полагаат на 31 мај и 11 јуни. За полагање се пријавени околу 15 000 матуранти. Овој месец матурантите ја работат проектната задача која, заедно со екстерните и интерните испити, е дел од државната матура. ДИЦ веќе ги почнал подготовките за завршниот испит – објавени се тестови од минатите години заедно со точни одговори што им помага на матурантите како подготвителен материјал. Со донесувањето на новиот Закон за средно образование, кој е во собраниска процедура, се очекуваат и новини во полагањето на државна матура односно модели согласно видот на образование (гимназиско, стручно и уметничко). државна матура полагање простории факултет //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Нашмркан му држел пиштол во глава и го терал да му го препише возилото – уапсен охриѓанец за киднапирање и изнуда
Република - пред 9 часа
Нашмркан му држел пиштол во глава и го терал да му го препише возилото – уапсен охриѓанец за киднапирање и изнуда Хроника 02.04.2025 Полициски службеници од СВР Охрид вчера го лишиле од слобода А.И. од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ (чл. 140 ст.1 од КЗ) и „изнуда“ (чл.258, ст.1 од КЗ). Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на 31.03. 2025 околу 21 часот А.И. дошол во домот на пријавителот и со пиштол, под закана го држел и физички го нападнал, барајќи од него да му препише во сопственост патничко возило и да добие вработување во фирмата на пријавителот. При тоа, консумирал и бела прашкаста материја. Откако пријавителот ветил дека ќе ги исполни барањата на А.И., заедно се упатиле кон фирмата на пријавителот, при што тој успеал да побегне и случајот го пријавил во полиција. А.И. е лишен од слобода, а бил извршен и претрес во стан и други простории кои тој ги користи, при што се пронајдени пиштол, кеси со семки од канабис, остатоци од канабис, една дробилка. предмети со остатоци од бела прашкаста материја и друго. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР. изнуда киднапирање охрид //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Мицкоски: Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба и веднаш по изготвувањето ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарската служба насекаде
Република - пред 9 часа
Мицкоски: Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба и веднаш по изготвувањето ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарската служба насекаде Македонија 02.04.2025 Влада Денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан за долгогодишните проблеми со бројот на пожарникари во ТППЕ-Кочани, кои храбро учествуваа во гаснењето на пожарот во дискотеката „Пулс“, каде што загинаа 59 млади луѓе најави дека се изготвува нов Закон за пожарникарска служба, по што веднаш ќе бидат и зајакнати капацитетите на Територијалните противпожарни единица во општините. -Вработувањето во пожарникарските служби е еден од проблемите, коишто директно ги погодува локалните самоуправи. Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба и веднаш по изготвувањето на тој Закон ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарската служба насекаде на целата територија, со приоритет на град Кочани, изјави премиерот Мицкоски. Мицкоски пожарникари //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Тројца пациенти денес се враќаат од Шведска и Грција
Република - пред 9 часа
Тројца пациенти денес се враќаат од Шведска и Грција Здравје 02.04.2025 Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор. Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и Полска по еден пациент. Во Скопје, на Клиниката за токсикологија вчера беше хоспитализиран пациент по враќање од Полска, истиот денеска се пушта на домашно лекување. На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а во Хируршката клиника Св.Наум Охридски 6 пациенти. Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани 5 пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница Систина се хоспитализирани тројца пациенти. Министерството за здравство внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани. грција се враќаат тројца пациенти шведска //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
МНТ ни покажува кои сме, кои сме биле и кои би можеле да бидеме во иднина
Република - пред 9 часа
НИКОЛА КИМОВСКИ, ДИРЕКТОР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР МНТ ни покажува кои сме, кои сме биле и кои би можеле да бидеме во иднина Култура 02.04.2025 Александар Ивановски / Никола Кимовски: Целта на МНТ ќе биде да обезбеди апсолутно лидерство во Македонија Мојата визија е театарот како институција да нѐ доведе до извонредни моменти на заедничка имагинација. Театарот ни овозможува преку заеднички напредок да застанеме на нови места за подобро да се разбереме себеси и светот околу нас. Македонскиот народен театар ни покажува кои сме, кои сме биле и кои би можеле да бидеме во иднина, вели во интервју за „Република“ Никола Кимовски, директор на Националниот театар кој утре, на трети април слави голем јубилеј, 80 години постоење. Во чест на големиот јубелј, МНТ на 3 април (четврток) организира маратон со свои претстави. Поради трагедијата во Кочани, МНТ одлучи премиерата на закажаниот спектакл „Сонцето, колку е блиску Сонцето! Made in MNT“ да ја одложи за наесен. Претставите на 3 април ќе се играат со бесплатен влез, а публиката може да ги подигне на билетарницата на МНТ. Во 10 и во 12 часот ќе бидат одиграни две изведби на детската претстава „Распеана турлитава“. Во 18 часот следуваат „Бели ноќи“, „Мој термин“ од 19:00 часот и „Торонто експрес“ од 21:30 часот. Во рамките на 80 години МНТ, на 5 април во 20 часот на малата сцена, публиката ќе ја гледа „Поетроника“ во новиот суптилен и културолошки значаен проект на Оливер Митковски и Андреја Салпе што вешто ја спојува современата македонска поезија со електронската музика. За јубилејот, целите, визиите и активностите на МНТ разговаравме со Никола Кимовски, генерален директор на Македонски народен театар. Честитки за јубилејот 80 години Македонски народен театар. Иако кратко време сте директор на националната институција, но долго време сте во театарот, што сметате, која е најголемата цел што ја постигнал МНТ во овие 80 години? КИМОВСКИ: Ви благодарам. Особена чест е да се зборува за театарската институција која реализира претстави веќе 80 години. Во однос на Вашето прашање мислам дека најголемата цел во минатото е постигната на 3 април 1945 година со кревањето на завесата во театарот со премиерата на претставата „Платон Кречет“ од Александар Корнејчук, во превод на Блаже Конески, а во режија на Димитар Ќостаров. Истата година, веднаш по ослободувањето, во театарот се вработуваат 60 актери, како и технички, административен и сценски персонал. Со самото тоа, се зaoкружува една долга театарска приказна од минатото и се формира професионална театарска институција која е еден од темелите на културата во Македонија. Велам долга театарска приказна од минатото, бидејќи дел од првите патувачки театри од крајот на 19 и почетокот на 20 век ги водат најпознатите и култни актери во Македонија кои подоцна ќе бидат значаен дел од МНТ. Првата зграда во која работи театарот е изградена во 1913 година и низ разни власти, промени и премрежја оваа зграда работи до 1963 година. Ја основа еден од најреномираните тогашни југословенски/српски комедиографи, Бранислав Нушиќ. Низ разни периоди се играат претстави на српски, македонски и на бугарски јазик – дела од македонски, тогашни југословенски и дела од странски автори (класични и реалистички драми). Цврстите темели на денешниот МНТ се чувствуваат во периодот помеѓу 1941 и 1944 година, кога група актери, режисери и уметници делуваат во рамките на т.н. партизански театар. Дел од нив се: Петре Прличко, Илија Џувалековски, Илија Милчин, Тома Владимирски, Василие Поповиќ-Цицо и други – сите оние автори кои ни го дадоа денес, на оваа современа генерација театарџии – нашиот Македонски народен театар. Кимовски: Најпознатите актери од сите генерации играле и играат на сцената на МНТ / Фото: Александар Ивановски Кои се Вашите визии и цели за иднината на театарот? Какви промени или новитети се во план? КИМОВСКИ: Мојата визија е театарот како институција да нѐ доведе до извонредни моменти на заедничка имагинација. Театарот ни овозможува преку заеднички напредок да застанеме на нови места за подобро да се разбереме себеси и светот околу нас. Македонскиот народен театар ни покажува кои сме, кои сме биле и кои би можеле да бидеме во иднина. Оваа визија би ја исполниле преку програма со која ќе се опфатат претстави од светски ранг, со освежување на сопствената продукцијата, како и преку истражување на прогресивни правци и форми. Оваа програма ќе создаде театар со што е можно поширок спектар на театарски уметници кои секогаш ќе бараат нови перспективи и можности за самофинансирање во продукцијата на нивните проекти. Македонскиот народен театар ќе ја реализира програмата на своите сцени (големата и малата), како и на новата летна сцена „Славиша Кајевски“ која има тенденција да прерасне во нов културен простор не само во самиот театар, туку и како составен дел од програмата на културно-забавниот живот на градот Скопје. Целта на Македонскиот народен театар ќе биде да обезбеди апсолутно лидерство во Македонија. Целокупна работа на оваа институција ќе се обликува од потребите на публиката во нашата држава, а истовремено ќе го следиме и светскиот тренд на модерен театар кој е застапен во националните театри низ целиот свет. Посебен фокус и посебно внимание ќе дадеме на младите преку програми за едукација и со тоа долгорочно тие ќе влијаат во моќта и идниот потенцијал на театарот. МНТ ќе биде наменет и отворен за целата наша држава, а истовремено ќе создава автентичност и препознатливост низ целиот свет. Сево ова би го постигнале со ефективно вклучување на публиката како составен дел од функционирањето на театарот преку разни форми, сцени, едукативни програми и создавање проекти во кои ќе бидат вклучени македонски режисери и драмски автори како и значајни театарски уметници од Европа. На тој начин ќе создадеме театар во кој ќе бидат опфатени сите негови форми и ќе го направиме Македонскиот народен театар флексибилен, разновиден, инклузивен, секогаш отворен за сите – театар за секого. За Вас, кој момент или настан од историјата на МНТ Ви е најважен, или најсуштински, што го прави МНТ она што е денес? КИМОВСКИ: Според мене тоа е претставата „Буре барут“ по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Сашо Миленковски. Тоа е претставата со која започна мојата љубов кон МНТ. Бев многу млад кога за прв пат ја гледав оваа претстава и сѐ уште можам да ја почувстувам страста со која ја гледав секоја наредна изведба. На сцената играат фантастични актери, современа македонска драма, бравурозен режисерски концепт, импозантна сценографија која се менува во секоја наредна сцена, впечатливи костими, одличен избор на музика, прецизно дизајнирано светло и преполн салон публика која веќе напамет ги знае репликите на актерите, смеа и солзи. Тоа е театар, катарза, тоа е суштината, тоа е она што МНТ го прави денес – имаме силен актерски ансамбл, имаме современа сценска технологија која ја буди имагинацијата на секој режисер, сценограф, дизајнер на светло, дизајнер на тон, кореограф, костимограф, композитор, а истовремено имаме и прекрасен салон каде што публиката во голем број може да ужива во нашите претстави. Кои се најголемите предизвици со кои денес се соочува МНТ? КИМОВСКИ: Во светот на културна глобализација, од витално значење е да застанеме гордо меѓу нашите меѓународни колеги како национален театар од светска класа, преку унапредување, зајакнување и освежување на сопствената продукција која успешно ќе нѐ претставува не само пред домашната публика туку и пред меѓународната, а со самото тоа покрај нашите театарски режисери, драматурзи и театарски работници, ќе продолжиме да привлекуваме големи уметници од целиот свет кои ќе работат на создавање значајни дела во Македонскиот народен театар. Затоа од витално значење ќе ни биде зголемување на годишниот буџет за реализирање на проектите кои ги предвидуваме во наредните четири години, морам да истакнам дека имаме одлична соработка со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој оваа година го зголеми буџетот на МНТ за разлика од претходните години со тендеција за негов раст во секоја наредна година, а исто така имаме и големо разбирање од негова страна за заедничко решавање на сите проблеми со кои денес се соочува нашиот театар. Исто така, МНТ се стреми кон приближување до младината за активно размислување на темата култура и театар. Денес работиме со веќе постоечкиот моќен уметнички ансамбл но, и со тенденција за збогатување со нова и млада актерска сила. Искрено се надевам дека во мојот мандат овој ансамбл ќе го збогатам со нов актерски потенцијал, ќе ја отворам вратата на млади режисери, драматурзи и останати театарски уметници кои никогаш не создавале во овој театар, ќе го пополнам секое работно место што недостасува во сценската техника, како и подобро функционирање на целиот театар. Во однос на самиот објект (екстериерот и ентериерот) со години не е извршена сериозна интервенција во насока на санација на зградата, затоа веднаш по моето назначување Македонскиот народен театар спроведува редовно одржување и реконструкција на техничките системи за подобрување на безбедноста, ефикасноста и функционалноста на театарската инфраструктура. Во тек е реализација и реконструкција на фасадното осветлување со нови енергетски ефикасни светилки. Планирана е санација на проодните тераси за заштита од оштетувања. Сценската технологија редовно се сервисира, вклучувајќи осветлување, звучни системи и механички уреди. Ќе се изврши репарација на дизел-агрегатот за резервно напојување, како и реконструкција на системот за осветлување на малата сцена. Ќе се набават нови филтри и антифриз за системот за климатизација, а ќе продолжи редовното одржување на BMS-системот за автоматско управување. Лифтовите и платформите за посетители и лица со оштетена мобилност редовно се сервисираат. Се спроведуваат редовни технички прегледи на дигалки и платформи, како и одржување на системот за противпожарна заштита. Планирана е изработка на проект за реконструкција на фасадата, како и чистење на климатизациските системи и олуците за подобрување на нивната функционалност. Овој план ќе обезбеди подобрени услови за работа, поголема енергетска ефикасност и безбедност на објектот во 2025 година. Посебен предизвик во работата на Македонскиот народен театар ќе биде имплементација на модалитети за самофинансирање. Со овие модалитети се креира стратегија на долг рок, брзо усвојување на нови знаења и ширење и промена на финансиските основи на институциите. Затоа поголем број на западноевропските земји, веќе одамна, свесно пристапија кон разработка на механизми со кои културните институции и организации се присилени да ја прифатат таквата стратегија, додека во турбулентните средини и земји како што е нашата држава, за жал, постојат примери кога оваа стратегија се наметнува како последица на општа финансиска исцрпеност и недостаток од јавни, но и на други финансиски извори за културата. Конечно, овие модалитети водат кон адаптабилна програма на театарот, зголемување на бројот на публиката и создавање сопствени и разновидни извори на приходи – значи кон одржливост на театарот. Овие модалитети се практично инструменти кои наметнуваат преиспитување на вообичаените програми и начини на работа и насочуваат кон иднината и создаваат нова иновативна стратегија. Во примената на овие модалитети ќе биде вклучен целиот програмско-организационен и раководен персонал на театарот, од кој ќе бидат формирани тимови за секој поединечен модалитет. Овие модалитети ќе се развиваат етапно, а главниот фокус ќе започне со директна имплементација на модалитети за копродукција и гостувања, едукативни програми, донации и организирање на посети во театарот од страна на домашната публиката и туристи. Што е она што би сакале публиката да го запомни од овие 80 години на МНТ? КИМОВСКИ: Мислам дека има повеќе работи, но ќе се обидам да издвојам неколку. Најпознатите актери од сите генерации играле и играат на сцената на МНТ. Поставени се и продолжуваат да се поставуваат најзначајните дела од домашната, југословенската и светската драматургија. Сите најдобри режисери имаат режирано/режираат во МНТ. Повеќето од нив работат низ Балканот и во Европа и ги собираат сите награди, тие се нашите амбасадори на културата. Некои од претставите доживеаја светски премиери. Се играле и се играат претстави со години и децении во преполни сали, за кои се зборува со посебен жар. Дел од Македонскиот народен театар е и еден од најизведуваните македонски драмски автори, Дејан Дуковски, чии дела се преведени на повеќе јазици, се играат низ цел свет и повеќе пати се наградувани. Го имаме и најнаградуваниот актер во историјата на театарската уметност – првенецот, Никола Ристановски. Историјата, меѓу другите, ја одбележуваат и Блаже Конески како лектор, и Коле Чашуле и Живко Чинго како директори и други. Ова е еден мал дел од придонесот кој МНТ го дава за македонскиот театар и култура воопшто. Кимовски: Од посебно значење е дека МНТ по 22 години повторно учествува на овогодишното 70. „Стериино позорје / Фото: Александар Ивановски За жал, трагичниот настан во Кочани ја одложи прославата на значајниот јубилеј. Како симболично ќе биде одбележан 3 април? КИМОВСКИ: Жалосно е тоа што ни се случи во Кочани, сакам да изразам искрено сочувство до семејствата на настраданите и повредените. МНТ беше една од првите институции која во знак на солидарност ги отвори вратите на апартманите и гримјорните за да ги згрижи семејствата кои во тие моменти беа во Скопје и на истите им беше потребна помош. Морам да истакнам дека прославата на значајниот јубилеј 80 години МНТ трае во текот на цела оваа година, со секоја прва проба за нов проект, со секоја премиера, со секое гостување на МНТ надвор од матичната сцена или гостувања на театри во МНТ, со потпишувањето на секој меморандум за соработка, со обновувањето на членството во Европската театарска конвенција (ETC) итн. На 3 април во чест на првото подигнување на завесата на сцената во МНТ ќе се одржи театарски маратон: во 10 и во 12 часот ќе се одигра детската претстава „Распеана турлитава“. Потоа од 18 часот следуваат „Бели ноќи“, „Мој термин“ од 19 часот и „Торонто експрес“ од 21:30 часот. Два дена потоа, на 5 април, во 20 часот, на малата сцена публиката ќе ја гледа и „Поетроника“ на Оливер Митковски и Андреја Салпе. Вратите за публиката ќе бидат отворени, односно билетите ќе бидат достапни гратис. Какви се плановите за оваа година? Спомнавте патувања, гостување на ансамблот на МНТ, премиери… КИМОВСКИ: Програмата во работењето на Македонскиот народен театар ќе опфати четири области на стратешки фокус: продукција, публика, едукација и култура. Преку овие активности ќе се одразат трите главни приоритети: национален дострел, разноликост и развој на талент. Акцентот во 2025 година посебно е ставен на меѓународната соработка, односно гостувања на МНТ надвор од границите, како и гостувања на други театри на сцената во МНТ. Затоа ги реализираме турнеите со претставите „Народен пратеник“ во режија на Егон Савин и „12“ во режија на Синиша Евтимов. Првиот блок гостувања ќе се реализира во април, со настапи во Црногорското народно позориште во Подгорица на 8 и 9 април, како и во Сараево на 11 и 12 април. Во септември ќе се реализира гостување со претставата „Ничија земја“ во Националниот театар во Будимпешта, а наесен 2025 година, претставата „Народен пратеник“ ќе биде изведена во театарот „Иван Вазов“ во Бугарија. Овие гостувања ја промовираат македонската култура и отвораат можности за нови соработки, размена на автори, режисери и актери, како и создавање нови продукциски модели во согласност со современите европски театарски трендови. Кон средината на мај, Народно позориште, Сараево ќе гостува во МНТ со претставите „Сараевскиот трговец“ од Игор Штикс во режија на Мичал Дочекал на 21 мај и „Селска опера“ од Д. Бенедек-П. Бела во режија на Андраш Урбан на 22 мај. Во МНТ ќе гостува и Словенско народно гледалишче, Љубљана со претставата „Докторот“ по текст на Роберт Ајке во режија на Мартин Кушеј, а точниот датум ќе биде договорен меѓу двата театри. Со обновувањето на членството во Европската театарска конвенција (ETC), Македонскиот народен театар повторно станува дел од водечката европска мрежа на јавно финансирани театри. ETC обединува 63 театри од 31 земја и има цел да ја поддржи современата драма, да ја олесни уметничката размена и да ја поттикне културната разновидност во европскиот театарски пејзаж. Еден од најзначајните претстојни настани на кој ќе присуствува Македонскиот народен театар е Меѓународната театарска конференција на ETC, насловена „Thrive Theatre Thrive! Keep the Flame Alive.“ Конференцијата ќе се одржи од 3-7 април во Националниот театар на Грција во Атина. Од посебно значење е дека МНТ по 22 години повторно учествува на овогодишното 70. „Стериино позорје“ со претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин и со врвна актерска екипа. Претставата ќе биде дел од овогодишното „Стериино позорје“, кое ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни 2025 година, под мотото „Создавање историја/менување на иднината“. Покрај МНТ во натпреварувачката програма учествуваат и: Загребачко казалиште младих, Црногорско народно позориште, Атеље 212, Југословенско драмско позориште, Српско народно позориште, Нови Сад и други. Чест е да се биде во друштво на овие театри. Цврсто веруваме дека имаме претстава која може да го достигне највисокото место на овогодишното „Стериино позорје“. Кимовски: „Буре барут“ е претставата со која започна мојата љубов кон МНТ / Фото: Александар Ивановски Во однос на програмата на театарот за 2025 година веќе се во тек пробите за претставата „Варвари“, дело на рускиот писател Максим Горки. Во неа игра огромна актерска екипа од различни генерации, а во режија на Владимир Милчин, еден од најеминентните режисери во нашата земја и надвор од границите, чиј татко е еден од основачите на МНТ, актер, режисер и преведувач на голем број драми и претстави во МНТ. Потоа следи претставата „Сонцето, колку е блиску сонцето“, Мade in MNT! во режија на Дејан Пројковски. Режисерката Нела Витошевиќ ќе ја режија „Три сестри“ според драмата на А. П. Чехов, а по текст на Ана Ристоска-Трпеноска и детската претстава „Земја на заборавените сказни“- автори на овој проект се Симон Трпчески кој по 30 години повторно соработува со МНТ и реномираната писателка Билјана Црвенковска. МНТ подготвува и претстава финансирана од сопствени средства – „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан, во која играат истите како и Гоце Андонов. Темата на претставата е досадата на децата во денешното време, а поентира со тоа што ги охрабрува децата да веруваат во магијата на играта, како и да научат да комуницираат вербално меѓу себе. Програмата на летната сцена „Славиша Кајевски“ започнува на 12 јуни и трае до 21 јуни. Летната сцена оваа година ќе биде реализирана во копродукција со СтереоЛаб, нова онлајн радиостаница што се фокусира на промоција на локалната култура и македонската независна музика. Програмата ќе биде посветена на поддршка на македонската алтернативна сцена и од 12 до 21 јуни, на шест посебни вечери ќе настапат 12 македонски бендови. Бендовите ќе бидат претежно нови и млади состави, но публиката ќе има можност да ужива и во настапи на неколку етаблирани и докажани бендови. Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Александар Ивановски 80 години интервју јубилеј Македонски народен театар Никола Кимовски //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Не сакав да го предадам Палчо, рече Кешишев
Република - пред 9 часа
Не сакав да го предадам Палчо, рече Кешишев Хроника 02.04.2025 Обвинетиот Кешишев од страна на обвинителката Јосифовска беше прашан како разбрал дека убиеното девојче е Вања. Кога се вративме во штабот видов на Фејсбук за исчезнатото девојче. Го прашав што е ова? Не ми одговори ништо. Тогаш сфатив која е убиената. Но дури и тогаш не сакал да го предаде. Не сакав да го предадам, не ми беше јасно, се правдаше Кешишев. Обвинителката Стојковиќ го праша Кешишев дали се надевал на парите што Палевски им ги ветувал. Јас тоа не го сфатив сериозно. Пари не ме ингересираа бидејќи ги правам, одев во Хрватска. По неговото сведочење во судницата се врати Палевски а судијата го читаше целиот исказ на Кешишев. влатко кешишов судење за Вања и Панче //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Почнаа подготовките за Галичка свадба 2025!
Република - пред 10 часа
Почнаа подготовките за Галичка свадба 2025! Култура 02.04.2025 МЗ Галичник/ фејсбук Со гордост и возбуда најавуваме дека започнуваат подготовките за Галичка свадба 2025!, соопштија од МЗ Галичник на својот фејсбук профил. Овогодинешната Галичка свадба ќе се одржи традиционално на празничниот петровденски викенд од 11 до 13 јули во Галичник. Уште еднаш ќе ги отвориме ковчезите за чеиз, ќе се дотераме во свечено свадбарско руво, ќе си накитиме барјак и со три пушки ќе ја најавиме радоста на наште младенци кои својата љубов ќе закитат со венчавка во Галичник. И оваа година доследни на традицијата, ќе ги спасиме од заборав нашите вековни обичаи и со свадбени поворки, песна и ора и ќе направиме уште една незаборавна Галичка свадба! Ги покануваме сите заинтересирани парови кои сакаат да ја крунисаат својата љубов на Петровден и да дадат завет пред Бога да се пријават најдоцна до 20.04.2025 година. Испратете е-пошта на mzgalicnik@gmail.com со наслов „За избор на зет и невеста“ и раскажете ни зошто токму вие сте вистинскиот пар. Предност ќе имаат оние кои: Имаат потекло од Галичник (двајцата или еден од нив) Веќе биле дел од Галичката свадба во друга улога Се активни членови на месната заедница Парови за кои ова ќе биде прв црковен брак Одлуката ќе биде објавена најдоцна до 31.05.2025 година на официјалната веб-страница и Facebook профилот на МЗ Галичник. Ве очекуваме со радост – аирлија нека ни е! Галичка свдба //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Мицкоски: Почна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица
Република - пред 10 часа
Мицкоски: Почна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица Економија 02.04.2025 Влада Денес е посебен ден за сите граѓани кои посакуваат економски раст, стабилност и можности за напредок. Со особена чест и гордост сме собрани тука за да го одбележиме официјалниот почеток на новата фабрика, инвестицијата на „Магна Мехатроникс“ – што ќе биде силен акцелератор на економскиот развој и позитивните промени што ги создаваме во нашата држава, рече денеска Мицкоски. Оваа инвестиција не е само капитален проект, туку вистинска приказна за доверба, партнерство и заедничка визија. Се простира на 18.000 метри квадратни, за што ќе бидат инвестирани околу 40 милиони евра и од презентацијата на претходните говорници можеме да заклучиме дека ќе бидат вработени во самиот пик на инвестицијата повеќе од 600тина лица. Благодарение на оваа фабрика, се отвораат нови работни места, се зголемува индустриското производство и се зајакнува економијата. Нашата земја ја покажува својата подготвеност да биде дом на успешни и конкурентни компании, кои не само што произведуваат, туку и создаваат вредности што ќе се чувствуваат низ генерациите. Како Влада, остануваме посветени на создавање поволна деловна клима, транспарентни услови за инвестиции и поддршка за секој стопанственик кој има визија да вложува и да расте овде. Работиме напорно на подобрување на инфраструктурата, реформи во образованието и создавање квалификувана работна сила што ќе ги задоволи потребите на модерната индустрија. Како македонска влада имавме два успешни би рекол економски квартали, тоа беше третиот и четвртиот квартал од минатата година. За прв пат после подолго време во третиот квартал забележавме раст на бруто домашниот производ од 3%, а во четвртиот квартал дури отидовме и чекор повеќе 3,2% со што се вбројуваме во тие квартали во сме пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам тој тренд да продолжи и во овој прв квартал од оваа година. Од она што можеме да заклучиме, расте просечната плата, имаме и зголемување на пензиите. Правиме се од една руинирана состојба како што ја затекнавме да направиме економија којашто ќе биде конкурентна со европските и светските економии. Сакам да се заблагодарам на инвеститорите кои ја препознаа нашата земја како место со потенцијал и можности. Ви благодарам што им верувате на нашите работници, на нашата економија и на нашата заедница. Ви благодарам што со оваа фабрика носите развој, иновации и подобар живот за многу семејства. Ова е само почеток на една успешна приказна. Уверен сум дека оваа фабрика ќе биде доказ дека тука, кај нас може да биде конкурентен и привлечен секој еден инвеститор којшто ќе развива инвестиции и производство. Со ова, со огромна чест и задоволство, ја прогласувам оваа нова фабрика за отворена! За мене претставува исклучително важна затоа што на факултетот токму тоа што денес тука ќе се произведува, јас го предавам на младите студенти и оние генерации коишто доаѓаат, а тоа е механтрониката. Затоа да заклучам, нека носи успех, просперитет и напредок за сите! вработувања Мицкоски нова фабрика фото //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба, по што ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарските служби, најави Мицкоски
Република - пред 10 часа
Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба, по што ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарските служби, најави Мицкоски Македонија 02.04.2025 Се изготвува нов Закон за пожарникарска служба, по што веднаш ќе бидат и зајакнати капацитетите на Територијалните противпожарни единица во општините, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, прашан за долгогодишните проблеми со бројот на пожарникари во ТППЕ-Кочани, кои храбро учествуваа во гаснењето на пожарот во дискотеката „Пулс“, каде што загинаа 59 млади луѓе. Вработувањето во пожарникарските служби е еден од проблемите, коишто директно ги погодува локалните самоуправи. Се изготвува новиот Закон за пожарникарска служба и веднаш по изготвувањето на тој Закон ќе бидат зајакнати капацитетите на пожарникарската служба насекаде на целата територија, со приоритет на град Кочани, изјави премиерот Мицкоски. Инаку во ТППЕ-Кочани се вработени вкупно 16 пожарникари, а согласно бројот на жители во општините Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци вкупниот број на вработени пожарникари треба да изнесува 33. Во изминатите години товарот околу обезбедување на платите, опремата и возилата е на Општина Кочани, додека останатие две рурални општини Чешиново-Облешево и Зрновци не учествуваат со финансии во функционирањето на ТППЕ-Кочани. пожарникари противпожарна опрема //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Мицкоски: Владата Почнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините
Република - пред 10 часа
Мицкоски: Владата Почнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините Скопје 02.04.2025 Влада Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за усвоената информација на вчерашната седница на Владата, која се однесува на потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз на ЈСП-Скопје и единиците на локалната самоуправа, појасни дека станува збор за донесена одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси. Владата на вчерашната седница донесе одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси. Од тие, 80 ќе бидат наменети за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, а 40 ќе бидат во оваа првична фаза распределени на другите сообраќајни претпријатија во општините, во коишто имаме организиран јавен градски превоз. Врз основа на потребите и проценките, електрични, еколошки автобуси.“, рече Мицкоски. Премиерот Мицкоски напомена Владата прави чекор напред во обезбедувањето на чист воздух и пристојна животна средина за граѓаните. Тоа што е важно е што нема да има загадување, итн. нешто што им е очајно потребно на граѓаните, посебно за време на грејната сезона. Ние цениме како Влада, правиме чекор напред во таа насока. Рековме дека обезбедувањето на пристојна средина за живот на нашите сограѓани, во која што составен дел е и чистиот воздух, за нас претставува императив. Но, тоа е процес којшто побарува многу време. Но, доколку седиме и гледаме дека времето си минува, ние ништо не правиме, не сме проактивни, туку сме реактивни, тогаш нема да дојдеме до решение. Затоа, ние сакаме да бидеме проактивни, да нудиме политики, да креираме политики и да дојдеме до нашата цел, а тоа е пристојна, убава животна средина за нашите сограѓани.“, нагласи Мицкоски. автобуси Мицкоски набавка //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Двајца тешко повредени работници
Република - пред 10 часа
Двајца тешко повредени работници Хроника 02.04.2025 Вчера во 14.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека во село Делогожда, струшко, при извршување на работни задачи се здобил со повреди С.Г. (63) од Охрид, вработен во фирма од Скопје. Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршен е увид во содејство со трудова инспекција, при што е констатирано дека при изведување на градежни работи околу канализациона мрежа се урнал дел од откоп од земја при што С.Г. се здобил со повреди и бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Струга. Во 17.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека во Општа болница Кавадарци со тешки телесни повреди бил донесен М.С.(55) од село Криволак, неготинско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи во Неготино, како вработен во јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино. повреден работник //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините
Република - пред 10 часа
Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините Скопје 02.04.2025 Влада Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за усвоената информација на вчерашната седница на Владата, која се однесува на потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз на ЈСП-Скопје и единиците на локалната самоуправа, појасни дека станува збор за донесена одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси. Владата на вчерашната седница донесе одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси. Од тие, 80 ќе бидат наменети за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, а 40 ќе бидат во оваа првична фаза распределени на другите сообраќајни претпријатија во општините, во коишто имаме организиран јавен градски превоз. Врз основа на потребите и проценките, електрични, еколошки автобуси.“, рече Мицкоски. Премиерот Мицкоски напомена Владата прави чекор напред во обезбедувањето на чист воздух и пристојна животна средина за граѓаните. Тоа што е важно е што нема да има загадување, итн. нешто што им е очајно потребно на граѓаните, посебно за време на грејната сезона. Ние цениме како Влада, правиме чекор напред во таа насока. Рековме дека обезбедувањето на пристојна средина за живот на нашите сограѓани, во која што составен дел е и чистиот воздух, за нас претставува императив. Но, тоа е процес којшто побарува многу време. Но, доколку седиме и гледаме дека времето си минува, ние ништо не правиме, не сме проактивни, туку сме реактивни, тогаш нема да дојдеме до решение. Затоа, ние сакаме да бидеме проактивни, да нудиме политики, да креираме политики и да дојдеме до нашата цел, а тоа е пристојна, убава животна средина за нашите сограѓани.“, нагласи Мицкоски. автобуси Мицкоски набавка //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
За само 6 месеци Владата ги покачи пензиите линеарно на над 330.000 пензионери за 5000 денари
Република - пред 10 часа
За само 6 месеци Владата ги покачи пензиите линеарно на над 330.000 пензионери за 5000 денари Економија 02.04.2025 За само 6 месеци, Владата ги покачи пензиите на над 330.000 пензионери за 5000 денари, стои во соопштението на владината прес служба. На сметките на пензионерите легна покачувањето на пензиите од 2500 денари. Со ова покачување, вкупното линеарно зголемување на пензиите достигнува 5.000 денари, откако првото зголемување беше со септемвриската пензија и сега со мартовската пензија. Ова е втор раст на пензиите за само 6 месеци. Имено, дека Владата се грижи за пензионерите покажува тоа што уште првата недела од мандатот донесе одлука за линеарно покачување на пензиите на сите пензионери за 5000 денари, со септемвриската и мартовската пензија. Ветивме и исполнивме. Владата ги покачи пензиите за 5000 денари, линеарно за секој пензионер. Владата покажа дека се грижи и работи одговорно и посветено. Пензионерите заслужуваат достоинствен живот и вистинска грижа за нивните потреби. Со ова како Влада го исполнивме едно од ветувањата за најстарата категорија на граѓани и обезбедивме поквалитетен живот за нив. Продолжуваме посветено да работиме за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Влада пензии покачени //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Мицкоски: Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица
Република - пред 10 часа
Мицкоски: Почна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица Економија 02.04.2025 Влада Денес е посебен ден за сите граѓани кои посакуваат економски раст, стабилност и можности за напредок. Со особена чест и гордост сме собрани тука за да го одбележиме официјалниот почеток на новата фабрика, инвестицијата на „Магна Мехатроникс“ – што ќе биде силен акцелератор на економскиот развој и позитивните промени што ги создаваме во нашата држава, рече денеска Мицкоски. Оваа инвестиција не е само капитален проект, туку вистинска приказна за доверба, партнерство и заедничка визија. Се простира на 18.000 метри квадратни, за што ќе бидат инвестирани околу 40 милиони евра и од презентацијата на претходните говорници можеме да заклучиме дека ќе бидат вработени во самиот пик на инвестицијата повеќе од 600тина лица. Благодарение на оваа фабрика, се отвораат нови работни места, се зголемува индустриското производство и се зајакнува економијата. Нашата земја ја покажува својата подготвеност да биде дом на успешни и конкурентни компании, кои не само што произведуваат, туку и создаваат вредности што ќе се чувствуваат низ генерациите. Како Влада, остануваме посветени на создавање поволна деловна клима, транспарентни услови за инвестиции и поддршка за секој стопанственик кој има визија да вложува и да расте овде. Работиме напорно на подобрување на инфраструктурата, реформи во образованието и создавање квалификувана работна сила што ќе ги задоволи потребите на модерната индустрија. Како македонска влада имавме два успешни би рекол економски квартали, тоа беше третиот и четвртиот квартал од минатата година. За прв пат после подолго време во третиот квартал забележавме раст на бруто домашниот производ од 3%, а во четвртиот квартал дури отидовме и чекор повеќе 3,2% со што се вбројуваме во тие квартали во сме пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам тој тренд да продолжи и во овој прв квартал од оваа година. Од она што можеме да заклучиме, расте просечната плата, имаме и зголемување на пензиите. Правиме се од една руинирана состојба како што ја затекнавме да направиме економија којашто ќе биде конкурентна со европските и светските економии. Сакам да се заблагодарам на инвеститорите кои ја препознаа нашата земја како место со потенцијал и можности. Ви благодарам што им верувате на нашите работници, на нашата економија и на нашата заедница. Ви благодарам што со оваа фабрика носите развој, иновации и подобар живот за многу семејства. Ова е само почеток на една успешна приказна. Уверен сум дека оваа фабрика ќе биде доказ дека тука, кај нас може да биде конкурентен и привлечен секој еден инвеститор којшто ќе развива инвестиции и производство. Со ова, со огромна чест и задоволство, ја прогласувам оваа нова фабрика за отворена! За мене претставува исклучително важна затоа што на факултетот токму тоа што денес тука ќе се произведува, јас го предавам на младите студенти и оние генерации коишто доаѓаат, а тоа е механтрониката. Затоа да заклучам, нека носи успех, просперитет и напредок за сите! вработувања Мицкоски нова фабрика фото //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околку мене, порача премиерот
Република - пред 10 часа
Криминалното однесување ќе се санкционира, па и да се најблиските околку мене, порача премиерот Македонија 02.04.2025 Криминалното однесување ќе се санкционира, па дури и да се најблиските околу мене, порача денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, кој денеска во Штип одговораше на новинарско прашање за приведувањето на Ангел Сарамаков кој беше негов телехранител, против кого Обвинителството отвори истражна постапка, поради сомнение дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“. Морате да признаете дека тоа никогаш не било случај во минатото се сеќаваме за многу такви јунаци, коишто беа во близина на претседателите на Влада, коишто палеа и жареа низ Македонија и беа страв и трепет. Јавна тајна беше дека тие се оние коишто во сенка ги вршеа нечистите работи за тогашните претседатели на Влада, не треба да ги споменувам имињата, јавноста ги знае. Јас само како човек сакам да испратам порака до граѓаните дека кој и да е јас во една прилика кажав и брат и сестра да ми е, и Свети ВМРО да е, доколку ја изневери довербата на граѓаните, ја наштети честа и на ВМРО-ДПМНЕ на политичката партија од којашто доаѓам јас, а пред се на Владата и државата ќе биде најжестоко и најостро санкциониран, кој и да е, изјави Мицкоски. Обвинителство вчера отвори истражна постапка против самостоен инспектор, припадник на Единицата за лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“. Тој се сомничи дека сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК, укажува дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со лицата и групата од Грчец, како што во текот на вчерашниот и денешниот ден објавија дел од медиумите. Од ЈОРСМ, информираа дека јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција при ОЈО ГОКК донело наредба за спроведување на истражна постапка против самостоен инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на претседателот на Владата, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“, за кое по член 360 од КЗ е предвидена затворска казна од најмалку една година. Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.3.2025 година на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите, информираа од ЈОРСМ. Ценејќи ги околностите јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите, па на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје му предложи на осомничениот да му определи мерка притвор во траење од 30 дена, кој предлог, како што информираат, бил прифатен од судот. МВР завчера соопшти дека на 30 март по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес. При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода, наведоа од МВР. Сарамаков се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје, потврди за МИА вчера директорот на установата, Бобан Утковски, откако Кривичен му одредил 30 дневен притвор. По апсењето, од Владата нагласија дека истрагата треба да утврди што се случило и потенцираа дека безбедноста на премиерот не е загрозена. криминално однесување санкционира Христојан Мицкоски //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините
Република - пред 10 часа
Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините Економија 02.04.2025 Република Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за усвоената информација на вчерашната седница на Владата, која се однесува на потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз на ЈСП-Скопје и единиците на локалната самоуправа, појасни дека станува збор за донесена одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси. Владата на вчерашната седница донесе одлука за отпочнување на постапка за набавка на 120 автобуси. Од тие, 80 ќе бидат наменети за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, а 40 ќе бидат во оваа првична фаза распределени на другите сообраќајни претпријатија во општините, во коишто имаме организиран јавен градски превоз. Врз основа на потребите и проценките, електрични, еколошки автобуси – рече Мицкоски. Премиерот Мицкоски напомена Владата прави чекор напред во обезбедувањето на чист воздух и пристојна животна средина за граѓаните. Тоа што е важно е што нема да има загадување, итн. нешто што им е очајно потребно на граѓаните, посебно за време на грејната сезона. Ние цениме како Влада, правиме чекор напред во таа насока. Рековме дека обезбедувањето на пристојна средина за живот на нашите сограѓани, во која што составен дел е и чистиот воздух, за нас претставува императив. Но, тоа е процес којшто побарува многу време. Но, доколку седиме и гледаме дека времето си минува, ние ништо не правиме, не сме проактивни, туку сме реактивни, тогаш нема да дојдеме до решение. Затоа, ние сакаме да бидеме проактивни, да нудиме политики, да креираме политики и да дојдеме до нашата цел, а тоа е пристојна, убава животна средина за нашите сограѓани – нагласи Мицкоски. автобуси //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Нова книжарница во Скопје
Република - пред 10 часа
Нова книжарница во Скопје Култура 02.04.2025 Бата прес/ фејсбук Од неодамна издавачката куќа „Бата прес“ отвори книжарница во Скопје. Можете да ги купите нашите книги во деловен центар „Алуминка“, на Бул. „Партизански одреди“ 70, во Карпош 3, во близина на Сити мол. Важно е да ве известиме дека овде можат да се најдат, видат, разгледаат и купат само нашите изданија. Книги од други издавачи немаме, велат од „Бата прес“ Бата прес нова книжарница //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Започнаа подготовките за Галичка свадба 2025!
Република - пред 11 часа
Почнаа подготовките за Галичка свадба 2025! Култура 02.04.2025 МЗ Галичник/ фејсбук Со гордост и возбуда најавуваме дека започнуваат подготовките за Галичка свадба 2025!, соопштија од МЗ Галичник на својот фејсбук профил. Овогодинешната Галичка свадба ќе се одржи традиционално на празничниот петровденски викенд од 11 до 13 јули во Галичник. Уште еднаш ќе ги отвориме ковчезите за чеиз, ќе се дотераме во свечено свадбарско руво, ќе си накитиме барјак и со три пушки ќе ја најавиме радоста на наште младенци кои својата љубов ќе закитат со венчавка во Галичник. И оваа година доследни на традицијата, ќе ги спасиме од заборав нашите вековни обичаи и со свадбени поворки, песна и ора и ќе направиме уште една незаборавна Галичка свадба! Ги покануваме сите заинтересирани парови кои сакаат да ја крунисаат својата љубов на Петровден и да дадат завет пред Бога да се пријават најдоцна до 20.04.2025 година. Испратете е-пошта на mzgalicnik@gmail.com со наслов „За избор на зет и невеста“ и раскажете ни зошто токму вие сте вистинскиот пар. Предност ќе имаат оние кои: Имаат потекло од Галичник (двајцата или еден од нив) Веќе биле дел од Галичката свадба во друга улога Се активни членови на месната заедница Парови за кои ова ќе биде прв црковен брак Одлуката ќе биде објавена најдоцна до 31.05.2025 година на официјалната веб-страница и Facebook профилот на МЗ Галичник. Ве очекуваме со радост – аирлија нека ни е! Галичка свдба //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
По Театарот, инспекцијата ги затвори салите во Центарот за култура и киното „Мис Стон“ во Прилеп
Република - пред 11 часа
По Театарот, инспекцијата ги затвори салите во Центарот за култура и киното „Мис Стон“ во Прилеп Култура 02.04.2025 Википедија Инспекцијата од Дирекцијата за заштита и спасување ги затвори големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и киното „Мис Стон“ кое е во состав на објектот. Салата и киното се затворени за секаков вид манифестации и приредби се додека не се отстранат сите недостатоци од заштитата. Центарот решението го доби во текот на вчерашниот ден. Го добивме решението во кое, меѓу другото, се вели дека нема хидрант, односно тој никогаш комплетно не бил доопремен, нема громобран, не е функционален алармниот систем за пожари, резервниот извор – агрегатот за напојување со струја не е во функција, како и електромоторот за подигнување и спуштање на завесата на сцената во големата сала од „Марко Цепенков“. Освен тоа, инспекторатот констатирал дека некои од излезите од сцената за евакуација се отвораат обратно, ни рече Марија Попова Јованоска, директорка на Центарот за култура „Марко Цепенков“. Салите ќе останат затворени додека не се отстранат недостатоците. Инаку Центарот за култура непречено може да одржува изложби, концерти и настапи во ликовната галерија и во фоајето. Неодамна, по инспекциската контрола вон употреба е ставена зградата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“, каде се најдени 15 безбедносни недоследности и пропусти. Со години Ансамблот и градот бараат да се изгради нов театар. Центарот за култура „Марко Цепенков“ во употреба е ставен во 1979 година. Забрана за користење на објектот Народен театар „Војдан Черодрински“ – Прилеп, како објект за масовни приредби инспекција кино Марко Цепенков Мис Стон Центар за култура //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
„Или-Или“ ја издаде новата збирка раскази „Нешто трето“ од Максим Ристески
Република - пред 11 часа
„Или-Или“ ја издаде новата збирка раскази „Нешто трето“ од Максим Ристески Култура 02.04.2025 Корица на „Нешто трето“ од Максим Ристески, во издание на „Или-Или“ Од печат излезе новиот ракопис од Максим Ристески, збирката раскази „Нешто трето“. По одличниот прием на дебитантскиот роман „Пештера“, авторот на читателите им „подарува“ раскази во кои подеднакво ќе уживаат. Книгата е 236 издание во популарната едиција „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. Расказите на Максим Ристески кријат комплексни светови и длабоки пораки за промените кои се случуваат во духовната стварност, а кои без сомнение ќе бидат предизвикувачки за македонската читателска јавност. Обликувани во јасен, богат и сликовит израз, со обмислени и динамични реченици и внимателно селектиран избор на зборови, расказите од оваа збирка на Ристески се потврда за стилската особеност и дарба на овој раскажувач, кој допрва треба да биде вистински препознаен од критиката и публиката“, вели рецензентката Ана Мартиноска за новата книга на Ристески. Максим Ристески (Скопје, 1973) со пишување се занимава повеќе од 30 години, и како новинар, копирајтер, текстописец, сценарист… Бил музичар, а продолжува да се занимава и со ликовна уметност. „Нешто трето“ му е прва збирка раскази, по романот „Пештера“. Максим Ристески Нешто трето //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Во мобилниот телефон на Кешишев Палчо бил мемориран како „Царот“
Република - пред 11 часа
Во мобилниот телефон на Кешишев Палчо бил мемориран како „Царот“ Хроника 02.04.2025 Бензинот што го купивме беше наменет за палење на „цитроенот“. Пазевме околу да нема дрва, Палчо го посипа со бензин, а Боре фрли чкорче, го опиша Влатко Кешишев моментот на палење на возилото на Жежовски по убиството на Вања. Кога Палевски му се јавил да му каже дека е во Турција, Кешишев му рекол „Овде врие од полиција”. Кога тоа му го кажав веднаш исклучи, се присети Кешишев. Обвинетелката Јосифовска го праша како се согласил да работи без пари како готвач во партијата. Прифатив од патриотски аспект да помогнам колку можам. Јас живеев без пари, но имавме помош од членови, имавме храна и тутун и платени телефони, објасни Кешишев. За дупката кај Велес Кога ми кажа Вељо зошто е дупката и оти никој не смее да знае, оти може да летаат глаави, така разбрав за што е намената. Договорот беше меѓу Палчо и Вељо, тие го одбраа местото. За пиштолот на Палчо Гледав пиштол во седиштето на Десна. Тоа беше пиштолот што подоцна му го одземаа на Палчо во Демир Капија. И таму баравме злато во една пештера. Боре и Вељо влегоа во пештерата а јас и Палчо чекавме на еден ѕид од цемент каде што помунува возот и запалиме цигара. Дојде полиција, го најдоа пиштолот на Палчо, рече, дека е негов. Отидовме во Неготино да даде изјава Палчо и се вративме во Скопје. Тој на прашање на обвинителката дали му е чудно што не носел мобилен со себе за време на двете убиства. Ми рекоа да го оставам мобилниот во штабот бидејќи имаме мотороли. За убиство нилогаш не станало збор. Кога дознав за убиството не пријавив никаде бидејќи не можев да го напуштам штабот, рече Кешишев. Царот Во мобилниот телефон на Кешишев Палчо му бил мемориран „Царот“. Обвинителката го праша: „Дали толку многу го почитувавте?“ Па да, одговори Кешишев. судење за Вања и Панче //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Дурмиши: Реформата на работните односи е инвестиција во праведен и одржлив пазар на труд
Република - пред 11 часа
Дурмиши: Реформата на работните односи е инвестиција во праведен и одржлив пазар на труд Македонија 02.04.2025 Министерство за економија Министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, учествуваше и се обрати на конференцијата „Реформа на Законот за работни односи – предизвици и насоки“, која се одржа на 2 април 2025 година во хотел Александар Палас – Скопје. Конференцијата ги собра претставниците на синдикатите, работодавачите, меѓународните организации и експертите од областа за да дискутираат за можните насоки на реформата на законот за работни односи. Во своето обраќање, министерот Дурмиши нагласи дека реформата не е само технички процес, туку одлука за насоката што треба да ја заземе пазарот на трудот во нашата земја. „Не одлучуваме само за текст на закон – туку како сакаме да изгледа пазарот на трудот. Работниот однос не е само договор – туку жив однос што носи сигурност, достоинство и напредок,“ истакна министерот. Тој посочи дека современите предизвици бараат јасен правен систем – флексибилен за работодавачите, правичен за работниците и функционален за државата. „Ниту една реформа не е лесна, но нема успех без храброст, партнерство и заедничка визија. Ова е наша заедничка можност да изградиме силна основа за идните генерации,“ рече Дурмиши. Конференцијата претставува значаен чекор кон сеопфатен процес на реформа на трудовото законодавство, со цел изградба на праведен, модерен и одржлив пазар на труд. Durmi[i zakon za rabotni odnosi //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Мицкоски: Работиме на подобрување на животниот стандард на граѓаните, вработените во МВР добија за 10 отсто повисока плата
Република - пред 11 часа
Мицкоски: Работиме на подобрување на животниот стандард на граѓаните, вработените во МВР добија за 10 отсто повисока плата Македонија 02.04.2025 Влада Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на зголемувањето на платите на полицајците, изјави: „Веќе вработените во Министерството за внатрешни работи добија за 10% повисока плата, на 1 април. Уште едно од ветувањата е реализирано. Пензионерите веќе добија 2.500 денари линеарно зголемување со оние 2.500 од минатата година, го заокружуваме циклусот на 5.000, линеарно зголемување за пензионерите. Вработените во образованието, покрај она зголемување од минатата година, добиваат и оваа година, откако ќе биде потпишан договорот којшто се усогласува на работно ниво, вработените во здравството исто така. Така што континуирано сето она што го правиме е во насока на подобрување на економските перформанси на нашите граѓани и ќе продолжиме во таа насока.“ животен стандард подобрување Христијан Мицкоски //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Мицкоски: Владината коалиција е стабилна
Република - пред 11 часа
Мицкоски: Владината коалиција е стабилна Македонија 02.04.2025 Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека владината коалиција е стабилна, а јавното препукување меѓу пратеникот од ВМРО-ДПМЕ Антонијо Милошоски и министерот за правда Игор Филков од коалицискиот партнер ЗНАМ, според него, ќе застане на, како што вели, на овие два лични ставови. Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за препукувањата меѓу Милошоски и Филков рече дека секој има право на лош ден. Владината коалиција е стабила. Пратеникот Антонијо Милошоски е член на Извршниот комитет на партијата, тој е дел од мојот најблизок периметар. Јас соработката со Антонио Милошоски ја оценувам на највисоко ниво, тој е додадена вредност и во рамки на пратеничката група и во рамки на партијата. Министерот Игор Филков знам со какви проблеми се соочи, знам каква состојба затекна во Министерството за правда, континуирано на дневна основа соработуваме во делот на реформите, кои се многу важни посебно во секторот правда. Но, она што можев да го заклучам, а убеден сум дека сето ова ќе застане на овие два лични ставови е дека секој има право на лош ден, па така јас мислам дека тој лош ден и за едниот и за другиот завршува, рече Мицкоски, по пуштањето на фабриката на „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип. Прашан дали има проблеми со коалицијата Вреди во која е министерот за здравство Арбен Тараври кој предвои едно од крилата во Алијанса за Албанците, рече дека нема такво чувство и оти имаат исклучителна соработка. Не, немам такво чувство. Напротив, имаме исклучителна соработка. Граѓаните да бидат сигурни, Владата е стабилна, повеќе од две третини неофицијално, а официјално 78 пратеници ја поддржуваат оваа Влада. Граѓаните, според она што го гледам од анкетите даваат поддршка, огромно е позитивното мислење дека и Македонија се движи во позитивна насока и тоа претставува за нас инспирација да продолжиме понатаму да се движиме и да работиме, рече Мицкоски. коалција стабилна христијан мицкоски //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Изложба на Елена Димоска Николоска во Ликовната галерија на „Марко Цепенков“
Република - пред 11 часа
Изложба на Елена Димоска Николоска во Ликовната галерија на „Марко Цепенков“ Култура 02.04.2025 На 4 април 2025 /петок/ од 19.00 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата Let’s Talk About Plan(t)s, Baby! (Ајде да си зборуваме за растенија!) од прилепската умeтница Елена Димоска Николоска. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам во годишната програма за работа на Центарот во дејноста визуелни уметности. „Let’s Talk About Plan(t)s, Baby!“ е уметнички проект кој ја истражува убавината и упорноста на природата, наспороти човечката летаргичност и занемарување. Овој проект се фокусира на двa специфични новоизградени објекти во Прилеп, основно училиште и градинка, кои покрај тоа што веќе неколку години се изградени, до сега воопшто не се користени за нивната наменета цел. Наместо со детскиот глас и насмевки, дворовите на овие објекти се исполнети со разновидни растенија. Додека и двата објекти полека се распаѓаат, а многу деца и родители го очекуваат отворањето на овие објекти, природата величествено процветала во отсуството на човечко присуство. Проектот ја истакнува дијаметралната спротивност помеѓу човечкото занемарување и упорната способност на природата да ја пополни празнината. Покрај илустрирањето на човечкото занемарување, проектот покажува како природата наоѓа начин да даде цел на овие напуштени места, трансформирајќи ги во живописни градини и шуми. Дополнително, „Let’s talk about plan(t)s, Baby!“ го потенцира и концептот на игнорирање на „слонот во просторијата“—во овој случај, новите, а веќе остарени, несудени образовни институции. Често, ние луѓето се фокусираме само на она што е директно пред нас, игнорирајќи и прескокнувајќи значајни проблеми кои лежат само малку подалеку од нашата непосредна перцепција. Проектот ги поттикнува гледачите подлабоко да размислат, со тоа што повторно ќе се фокусираат на малите, „убави“ проблеми кои виреат околу она што треба да им биде во главен фокус, но, и да ѝ посветат внимание на природата, почитувајќи ја нејзината непокорлива способност да создаде нешто и таму каде што скоро и да нема ништо. изложба Марко Цепенков //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Поради висок водостој затворен за сообраќај мостот на реката Вардар кај Башино Село
Република - пред 11 часа
Поради висок водостој затворен за сообраќај мостот на реката Вардар кај Башино Село Сервиси 02.04.2025 Фото: МИА архива Сообраќајот на регионалниот патен правец Р1312 на мостот на реката Вардар кај Башино Село ќе биде времено затворен за сообраќај за сите видови на возила поради висок водостој на реката Вардар, соопшти ЈП „Македонијапат“. Зголемен е водостојот на поголемиот дел од реките споредено со априлскиот просек. Мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) утрово во 07:30 часот покажуваат дека е зголемено нивото на Вардар кај Јегуновце, Скопје Железнички мост, Лепенец, Велес и Демир Капија. УХМР регистрира зголемен водостој и на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Берово и Штип, Црна Река кај Новаци… башино село излеана река мости //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски
Република - пред 11 часа
Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски Македонија 02.04.2025 Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За прифаќање на предлогот гласаа тројца, додека шест члена гласа против. Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, рече дека со оглед дека Советот одлуките ги носи со мнозинство, мнозинството дадоа негативно мислење. За прифаќање на предлогот на Владата за разрешување на Коцевски гласаа Кети Петкова, Ардиан Демири и Марјана Илиевска. Претседателката на Советот, Душица Димитриеска, по завршувањето на седница, во изјава за медиумите рече дека целокупната дискусија на членовите на Советот ќе биде објавена во записникот на веб-страната и јавноста ќе има увид. Прашана за најавата на Владата за запирање на постапката, Димитриеска, рече дека нема коментар и дека Советот мислењето ќе го изготви во законски предвидениот рок и ќе го достави до Владата. Советот на јавни обвинители претходно ја исклучи јавноста од точката за разгледување на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Членовите на Советот едногласно го поддржаа предлогот на членот Зорица Павловиќ, која повикувајќи се на член 10 од Законот за совет на јавни обвинители побара да се исклучи јавноста поради, како што кажа, сензитивноста на процесот и за заштита на угледот и интегритетот на јавниот обвинител. Светлана Стојковиќ, го поддржа предлогот, дополнувајќи дека јавноста треба да биде исклучена и поради тоа што во произнесувањето од Коцевски по предлогот за негово разрешување, се изнесени и информации и докази од дисциплинските постапки што се води против двајца јавни обвинители. Расправата, како што нагласија, ќе биде затворена, а јавноста ќе биде вклучена само за гласањето по мислењето за предлогот на Владата за разрешување на Коцевски. Седницата за разгледување на предлогот претходно на два пати беше одложена. Првично беше закажана за 18 март, но беше одложена поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани, а минатата недела, на 26 март беше одложена поради немање на кворум. Согласно законските рокови за разгледување на предлогот за разрешување на Коцевски, Советот треба да го разгледа најдоцна до крајот на неделава, иако Владата објави дека ќе ја прекине постапката. Портпаролката на Владата Марија Митева, на 26 март годинава, изјави дека Владата ќе ја прекине постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО, истото нема да го проследи до Собранието. Да појаснам дека Владата доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО ќе ја запре постапката, односно истото нема да го прати до Собранието, а се разбира Советот на ЈО согласно роковите кои што ги има ќе постапува, изјави Митева. Премиерот Христијан Мицкоски по трагедијата во Кочани изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител Коцевски ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа. Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство кое што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај, рече Мицкоски. Владата на 11 февруари година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години. Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител. Коцевски, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него. љупчо коцевски совет на јавни обвинители //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
„Магна мехатроникс“ отвори фабрика во ТИРЗ Штип, инвестиција од 40 милиони евра и над 600 работни места
Република - пред 12 часа
„Магна мехатроникс“ отвори фабрика во ТИРЗ Штип, инвестиција од 40 милиони евра и над 600 работни места Економија 02.04.2025 фото: МИА Канадската компанија „Магна мехатроникс“ денеска отвори фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Инвестицијата во новиот капацитет со површина од 18.200 метри квадратни изнесува 40 милиони евра и треба да отвори над 600 работни места до 2027 година. Новиот капацитет е втора фабрика на Магна во државава. Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста во присуство на Магна Мехатроникс оцени дека инвестицијата ќе биде силен акцелератор на економскиот развој и позитивите промени во државава. Оваа инвестиција не е само капитален проект, туку вистинска приказна за доверба, партнерство и заедничка визија. Се простира на 18.000 метри квадратни за што ќе бидат инвестирани 40 милиони евра и во пикот на инвестицијата ќе бидат отворени 600 рабитни места. Благодарение на оваа фабрика се отвораат нови работни места, се зголемува индустриското производство и се зајакнува економијата. Нашата земја ја покажува својата подготвеност да биде дом на успешни и конкурентни компании кои не само што произведуваат туку и создаваат вредности што ќе се чувствуваат низ генерациите. Остануваме посветени на создавање поволна бизнис клима, транспернтни услови за инвестиции и поддршка за секој стопанственик кој има визија да вложува тука, рече Мицкоски. Генералниот директор на Магна Мехатроникс Штип, Горан Деспиновски посочи дека ТИРЗ Штип е одбрана за локација за инвестирање по позитивните искуства од нивната фабрика во Струга, каде имаат 1000 вработени и инвестиција од 30 милиони евра, како и добрата инфаструктурата, добрите цени на комуналии, квалификуваната работна сила и поддршката од Владата. Оваа година ќе ја завршиме со 350 вработени, 2026 со 440, а потоа од 2027 година над 600, рече Деспиновски. Претседателот на Магна Мехатроникс Мирорс и Лајтинг Џеф Хант најави дека фокусот ќе биде на производство на бројни мехатронички производи што овозможуваат иновативен пристап за клиентите и подобро искуство во возењето. Како лидери на пазарот на мехатрониката возбудени сме што можеме да продолжиме со развојот на овие проиозводи и тоа ќе го правиме на успешниот темел што веќе го поставивме тука во Македонија, рече Хан. Според Уве Гајсингер, претседател на Магна Европа, со инвестицијата го препознаваат огромниот потенцијал на овој регион. Со обезбедување локации ширум континетот се позиционираме подобро да ги опслужуваме нашите клиенти, да одговориме на барањата на пазарот и да стимулираме иновации во автопмобилската индустрија. Новата фабрика е показател за нашата верба во моќта на соработката, силата на локалчните талентирани луѓе и во важноста на одржливиот развој, изјави Гајсигер. магна странски инвестиции //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски
Република - пред 12 часа
Изјава на премиерот Христијан Мицкоски Македонија 02.04.2025 Изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој присуствува на отворањето на фабриката на компанијата „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип. во живо магна христијан мицкоски //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Ноќва пијан камионџија излета од патот кон Деве Баир
Република - пред 12 часа
Ноќва пијан камионџија излета од патот кон Деве Баир Хроника 02.04.2025 СВР Куманово ноќва приведе две лица, кои возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта. Прво во 23.20 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.М. (37) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека А.М. управувал патничко моторно возило „рено“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,68 промили. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Во 00.20 часот, пак, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.П. (34) од Крива Паланка. Тој на 01.04.2025 во 22.10 часот на магистрален пат Крива Паланка- Деве Баир со товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот. М.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом во Крива Паланка, а било констатирано дека има 1,57 промили алкохол во крвта . Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. излетал од патот пијан возач //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Слушнав дека пиштолот е на Боре, рече Кешишев
Република - пред 12 часа
Слушнав дека пиштолот е на Боре, рече Кешишев Хроника 02.04.2025 Кај Велибор дома имам одено заедно со Палчо, па после и на слава и последниот пат за случајот со Панче. Бев и таа вечер но дата не памтам, го продолжи исказот Влатко Кешишев. Кешишев: Мислев копаме злато, Панче и Вања ги видов на Фејсбук кога сè се заврши Го опиша и ранецот на Палевски како темно син и оти стално си го носел со себе, но оти не знае што има во нето. Ранецот заедно со кесата „мотороли“ го однесов во гаражата, се присети Кешишев. Адвокатот Ефремов го праша што разговарале таа вечер. Разговаравме за Панче, каде живее и како да се пријде до него, одговори Кешишев. Прв неуспешен обид и потоа грабнување Земаа „мотороли“ тројцата и тргнаа кон куќата на Панче. Јас го земав „кангуто“ и чекав долу под патот. Целта беше возилото и оти живее сам и нема никој да го бара и возилото да се искористи за друга намена. Чекав во возилото околу 40 минути. Се вратија и рекоа дека ништо не направиле. Кога по неколку дена обидот беше успешен јас го возев „цитроенот“, а го видов Палевски како попат го фрли мобилнниот на Панче. Јас во нити еден момент не го видов Панче бидејќи беше во гепек. Во штабот кога стигнавме во Скопје ми кажаа дека е убиен и фрлен во дупката, откри Кешишев.. За грабнувањето во Скопје Кешишев раскажа дека целта на грабнување било уцена за пари но оти појма немал за кого се работи. Не знаел ни за која сума се работи. Јас немав право на збор, Палчо ми рече да молчам. Сите договори беа меѓу него и Велибор. Тоа утро со „кангуто“ дојдовме до Радишани каде што беше „цитроенот“. Палчо не остави и ние тргнавме по него до зградата и паркиравме до паркингот. Ми кажаа да седам во колата и да не ја гаснам и тие влегоа во зградата. Ми дадоа „моторола“ и по 10 минути ми кажаа да препаркирам и отворам гепекот. Боре носеше нешто во вреќата. Тргнавме кон местото, возеше Велибор, јас до него, а одзади Боре. Палчо беше напред. Попат не разговаравме кој е во вреќата се додека не стигнавме. Кога стигнавме сите излеговме и Палчо ми рече да одам околу 20 метри да внимавам да не наиде некој. Гепекот беше отворен а јас стоев отстрана и кога се свртев Палчо држеше пиштол. Слушнав истрел, но тап. Ме викнаа да го затрупаме телото. Покривме за кратко со стари работи за да изгледа како буниште. Палчо тогаш ги избриша лопатите и копачот со ВД-40 и ги стави во кангуто во кој влеговме јас и Боре а Палчо возеше. Дојдовме до селото Бразда и ми кажа да ги фрлам лопатите покрај патот. Ги фрлил и продолживме до местото каде што подоцна беше запален „цитроенот“, раскажа обвинетиот Кешишев. По убиството се вратиле во седиштето на партијата и тогаш на Фејсбук видел дека се бара дете. Му ја покажав сликата на Палчо и го прашав: „Што е ова“. Не ми одговори ништо. Тој додаде дека слушнал оти пиштолот е на Боре но не може да потврди. Пиштолот и моторолите беа во ранецот, а ранецот беше секогаш беше со Палчо. влатко кешишов судење за Вања и Панче //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Ралповски: Нема основа за протести, Владата ги исполни барањата и условите за работниците се подобрени
Република - пред 12 часа
Ралповски: Нема основа за протести, Владата ги исполни барањата и условите за работниците се подобрени Македонија 02.04.2025 Facebook / Blagoja Ralpovski Претседателот на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски, утрово гостуваше во ,,Утринско еспресо“ на Радио Лидер, и ги изнесе своите ставови во однос на денешниот протест од страна на ССМ, притоа додавајќи дека не гледа причина за протестирање од нивна страна. Ралповски подвлече дека во последните 9 месеци, остварен е значителен напредок во јавниот сектор, како во образованието, така и во здравството и јавната администрација, со потпишување на историски договори и значајни зголемувања на платите. Тој додаде дека со оглед на истите тие постигнати резултати, не постои оправдување за протести, бидејќи сите претходни барања се исполнети, а во однос на приватниот сектор, тој посочи да се постигне општ колективен договор и изрази подготвеност за соработка во овој процес. Работите се тргнати од нула и многу е направено во овие 9 месеци. Јас дадов предлог до претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, тоа што го имаме ние во јавниот сектор, тоа што Владата како најголем работодавач ни го даде низ овие 6 месеци, тргнувајќи образование, здравство, јавна администрација итн. Еве да им помогнеме пред Сојузот на стопански комори или пред стопанските комори да дојдеме да си потпишат и општ колективен договор во приватниот сектор, па нема проблем тие што им ветуваат 500 евра нека им дадат 500 евра, има начин како да се издејствуваат тие 500 евра – изјави Ралповски. Ралковски истакна дека Општиот колективен договор во приватниот сектор, ако е потпишан со легитимни страни, мора да се почитува од сите приватни компании и според тоа актуелниот договор важи само за јавниот сектор, односно за субјекти финансирани од државниот буџет. Општиот колективен договор ако се потпише во приватниот сектор, со легитимни страни, легитимни работодавачи, легитимен синдикат, тогаш тој мора да го почитуваат сите приватни компании во државата. Ова што го имаме ние, е општ колективен договор за јавен сектор за оние што се под буџет – вели Ралповски. Ралковски истакна дека, по доаѓањето на власт на новата владејачка гарнитура, уште во јуни и јули, беа повикувани на состаноци поради наталожените проблеми, при што беше пренесено дека финансиската состојба е изразито тешка, со празна државна каса и сериозни дефицити. Тој изрази неверување во однос на фактот што, и покрај извесното подобрување на ситуацијата, Владата организирала нов состанок во септември за повторно разгледување на барањата во областа на образованието, здравството и јавната администрација, со цел да се утврди што конкретно може да се реализира во контекст на подобрените услови. При доаѓање на власт на оваа нов владејачка гарнитура, уште од јули месец, ние бевме повикувани на состаноци затоа што баравме затоа што имавме наталожено проблеми. Јас сеуште не можам да верувам она што се случи, дека самата Влада во септември месец не повика повторно на состанок и праша, ,,Кои се вашите барања? – кажа Ралповски. Ралповски истакна дека, и покрај бројните предизвици и неприлики, остварени се значајни подобрувања. Тој објасни дека во образованието се реализирани зголемувања на платите, додека во здравствениот сектор беше постигнато историско ниво на 10% нивелирање на коефициентите, што доведе до значително покачување на платите на најниско платените, кои сега веќе не се под минимална плата, туку над неа. Ралповски објасни дека дополнително, имаше зголемување на платите и во останатите сектори на јавниот сектор, вклучувајќи ги и полицајците. Тој смета дека, во контекст на финансиските потешкотии на државната каса, имале значителна среќа да оствариме барем дел од нашите барања, приближно 70%-80%. Во сите тие прилики неприлики ние добивме, зголемување во образованието, добивме историско со маса на пари од 10% нивелирање на коефициентите во здравство, каде што се подигнаа платите на најниско платените и сега веќе нема под минимална плата, туку се над минимална плата. Во целата она претходна година, имавме една голема среќа на таа беспарица што се случуваше во државната каса, да ние го добиеме барем дел од нашиот колач, не кажувам 100% но 70-80% – истакна Ралповски. Ралповски истакна дека, по потпишувањето на историски договори во образованието и здравството, од 1 април ќе бидат реализирани значајни зголемувања на платите, вклучувајќи и 7% зголемување во образованието и повторно покачување во здравството. Тој појасни дека платите во јавниот сектор, кои во минатото беа под минималната плата, сега се зголемени за 50 евра над минималната, а полицијата добива зголемување од 10-15%, а за други сектори се преговара за дополнителни 5-7%. Ралповски смета дека со оглед на постигнатите резултати, не постои причина за протест, бидејќи сите претходни барања за испочитување на законите и колективните договори се исполнети. Потпишавме историски договори во образование, образованието од 1 април 7% е зголемена платата, потпишавме историски договори во здравството повторно од 1 април се зголемуваат платите во здравството. Се усогласија во јавниот сектор, полицијата ќе добие 10-15%. Разговараме за оние што не можат да се усогласат, има дополнителни 5-7% покачување, со преговорите заради Кочани. Сега доаѓаме за 50 евра над минималната плата и ние сме синдикат кој што е претежно во 95% во јавниот сектор, не знам за што би протестирале. Ние протестиравме во минатото, да не викнат да разговараме, да се испочитуваат законите, да се испочитуваат колективните договори, еве сега тоа го имаме на маса, сведоци се и колегите од ССМ. Е сега приватниот сектор, тука сме да им помогнеме, нема проблем, нека повикаат сите заедно пред стопанска комора – заклучи Ралповски. Благоја Ралповски КСС протести во Србија //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Два сина и татко уапсени за убиство на 84-годишен маж од село Луке
Република - пред 13 часа
Два сина и татко уапсени за убиство на 84-годишен маж од село Луке Хроника 02.04.2025 фото: архива Вчера во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко, соопшти МВР. Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово. По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР. исчезнато лице луке убиство //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Луда ноќ во Штип: Пијан 40-годишник без положен испит удрил во паркирано возило и избегал
Република - пред 13 часа
Луда ноќ во Штип: Пијан 40-годишник без положен испит удрил во паркирано возило и избегал Хроника 02.04.2025 Ноќва околу 00.20 часот во Штип, полициски службеници од ПС БПС Штип го лишиле од слобода Е.А.(40) од Штип. Тој околу 22.40 часот во Штип со патничко возило „сеат“ со штипски регистерски таблички удрил во паркирано возило и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од страна на полициски службеници, Е.А. е пронајден и лишен од слобода, а било констатирано дека има 1,77 промили алкохол во крвта и дека нема положен возачки испит. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти МВР. безобѕирно возење пијан возач штип //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Сиљановска-Давкова: Осумте децении работа на НУУБ ,,Св. Климент Охридски – Битола се долго духовно патување, посветен труд за зачувување и збогатување на библиотечниот фонд
Република - пред 13 часа
Сиљановска-Давкова: Осумте децении работа на НУУБ ,,Св. Климент Охридски – Битола се долго духовно патување, посветен труд за зачувување и збогатување на библиотечниот фонд Култура 02.04.2025 Кабинет на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во своето обраќање, таа ја истакна длабоката духовна и културна вредност на библиотеката, опишувајќи ја како „тврдина на идентитетот“ и „свемир на знаење“. Осврнувајќи се на улогата на библиотекарите, ги нарече „храбри чувари на пишаниот збор“ кои се бореле против заборавот, цензурата и варварството низ историјата. Таа нагласи дека и покрај напредокот на технологијата и дигиталниот свет, книгата останува темел на мислата и културното издигнување. Претседателката, како библиофилка, сподели лична и емотивна приказна поврзана со признанието што ѝ беше врачено вчеравечер – момент што ѝ ги разбуди спомените на првата награда добиена уште во детството, токму за „најверна читателка“, признание коешто ја прејудицирало нејзината трајна сродност со книгите. Во своето излагање таа оддаде почит и на делото на Горан Стефановски, потенцирајќи ја неговата способност да го опише духот на времето и да ги отвори вратите кон суштинските прашања на современото општество. Вљубена сум во книгите, во прашање е доживотна фатална врска меѓу мене и книгите“ рече претседателката, испраќајќи силна порака за љубовта кон читањето. На крајот, таа го честиташе јубилејот, изразувајќи уверување дека библиотеката ќе продолжи да биде светилник на знаењето, дом на книгата и место каде што се гради иднината преку мудроста од минатото. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска- Давкова. Уште еднаш, пред да го честитам прекрасниот празник, да кажам дека над секоја прослава има сенка врзана со трагедијата. Тоа е нешто што сите не засега и цел живот ќе го носиме. Со особена чест ја прифатив поканата да бидам дел од овој историски настан – одбележување 80 години постоење на Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” – Битола. За мене, осум децении не се само цифра, тоа е едно долго духовно патување, еден посветен труд за негување на културата, зачувување и збогатување на библиотечниот фонд, период на подеми, соочување со предизвиците на новото време. Сите знаеме дека шокот беше наречен Интернет, но како што телевизијата не го уби радиото, така ни новите технологии не можат да ја уништат книгата. Книгата беше и останува запис за нашето постоење и опстојување, потреба за учење и знаење, човечка комуникација на повисоко ниво, уметничко изразување на мислите, чувствата и ставовите, култивирање на научната реч. За мене библиотеката е духовен и културен архив, доказ за нашето човечко битисување, национално битисување, пренесен преку моќта на Гутенберговата цивилизациска иновација. Книжната и библиотечната цивилизациска светлина не смее да се замрачи! Библиотеката, за мене, е море на духовна храна, непресушен извор на идеи, поттикнувач на умот, стимул на креативниот дух. Таа е, за нас, тврдина на македонскиот идентитет, култура и меморија, свемир на знаење. Библиотеката јас ја гледам како татковина на книгите, а тие се душата на нашиот народ. Пред да допатувам во прекрасната Битола и да влезам во оваа обновена, реновирана и разубавена зграда на Офицерскот дом, којшто и минатиот пак реков и сега ќе повторам, плени со хармонијата на надворешноста и внатрешноста, дознав дека проф. д-р Александар Стерјовски на Библиотеката ѝ подарил 13 стари книги што некогаш ги добил од битолчани. Тоа е не само вреден подарок и оставштина, туку и израз на доверба во оваа институција, ризница на пишаниот збор, со книжевен фонд од над 600.000 библиотечни единици. Признавам, како страстен библиофил или библиофилка, која со книгата се дружи сиот живот, го почитувам вашето книжно богатство, коешто е истовремено и наше, национално благо. Чувајќи ги книгите, Вие го чувате и негувате и македонскиот идентитет. Убаво е да му оддадеме почит на најстарото, најбројното и најпочитуваното, велам јас, битолско семејство, семејството на книгите, што преживеало многу битки и премрежја. Ние овде гарантираме за неговиот живот и во следните 80 години, а дигитализацијата ќе му ги отвори портите кон вечноста. Не можам, а да не кажам неколку збора за посветените чувари на библиотеката – библиотекарите: најблиските и најпосветените вљубеници во книгата и убавиот збор. Тие се бореле и ги бранеле книгите во драматичните настани поврзани со библиотеките. За жал, библиотеките биле мета на бројни напади на Варвари, на фашисти, на нацисти, на авторитарни системи и лидери, преплашени од слободоумните мисли поопасни и од најсилното оружје. Историјата на библиотеките, не случајно открива бројни приказни врзани за субверзивната дистрибуција на забранетите, а мене омилените книги, до читателите ширум светот. Тие придонесувале и се уште придонесуваат за ширењето за бунтот меѓу читателската публика гладна за напредна, револуционерна мисла. Вечерва, веќе чув, а сакам и јас да повторам, се одбележува и делото на големиот писател Горан Стефановски, битолчанец по потекло. На светот Горан му кажа дека е горд што покрај неговата куќа поминува Виа Игнација и оти тоа цивилизациско наследство не може никој да му го одземе ниту оспори. Горан ни остави многу книги, драми и стихови, а една негова реченица заслужува, според мене, посебно внимание, тој вели: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност“. Нека оваа Горанова мисла биде поттик да не се откажуваме од целите, плановите, идеалите, зошто во спротивно остануваме ни ваму, ни таму, заглавени во меѓупросторот или јас правнички велам, во интеррегнумот. Би сакала да споделам со вас уште неколку зборови за суштината, за важноста на библиотеките. „Полесно е да се оди на Интернет, отколку да се оди в библиотека. Но, промената од ,,без библиотеки” кон постоењето на библиотеки беше многу поголема промена од она што го видовме со развојот на Интернетот“, ќе рече Ноам Чомски. „Што имаме без библиотеки? Ни минато, ни иднина. Не треба да се палат книгите за да се уништи една култура. Само натерајте ги луѓето да престанат да читаат “. Да ве потсетам, вака предупредуваше Реј Бредбери, авторот на романот „Фаренхајт 451“, што сигурно го имате во библиотеката. Затоа да сториме сè луѓето што повеќе да читаат, да ја приближиме книгата особено до најмладите, тоа е актуелно деновиве, да им создаваме читачки навики, да им читаме книги од најрано детство, да им подаруваме книги, да ги наградуваме со книги. Денешните награди за вашите членови кои се, сигурна сум, пасионирани читатели, и тоа од сите возрасти, е потвра дека вие си ја знате добро ваша мисија и цел. Дозволете ми да кажам дека верувам во вас и вашите идеи и проекти врзани за книгите. Прочитав дека и јас ќе добијам признание, дека ќе ми доделите признание. Можеби трчам предвреме, но сакам да кажам дека со ова признание ќе ме вратите во детството кога бев најсреќна држејќи ја в раце наградата за најверна читателка на книги, во една мала библиотека во моето училиште. Читајќи, научив како да се разберам подобро себе си, но и другите. Читањето ми стана, искрено кажувам, неизбежна потреба и нужност. Повторувам, бев и сè уште сум ненаситна за книги. Вљубена сум во книгите, во прашање е доживотна фатална врска меѓу мене и книгите. Нека е честит јубилејот! Да живеат книгите, да ни е вечна Националната установа Универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски” -Битола. Библиотека Битола јибилеј Сиљановска Давкова //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...
Николоски: Скопје директно го поврзуваме со Париз, нова авионска линија Скопје-Париз (Орли)
Република - пред 13 часа
Николоски: Скопје директно го поврзуваме со Париз, нова авионска линија Скопје-Париз (Орли) Економија 02.04.2025 Министерство за транспорт Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово на Меѓународниот аеродором Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродормот Орли до Скопје на авиокомпанијата Изиџет. Линијата ќе се реализира два пати неделно и истата е воведена како резултат на финансиската подршка што ја овозможи Владата преку Министерството за транспорт преку Програмата за воведување на нови дестинации. Согласно договорот, авиокомпанијата Изиџет оваа линија ќе ја оперира од денеска- 2 април па се до 31 декември 2027 година со однапред определен ред на летање. Ова е уште една можност за подобра комуникaција и поврзување на Македoнија со европските земји и европските метрополи. Париз е атрактивна дестинација за патување, но уште поважно е дека туристи ќе носиме во Македонија. Како Влада создаваме услови со кои привлековме нови авиокомпании во Македонија и резултатите веќе се видливи. Осум нови дестинации од аеродромот во Скопје и две од аеродромот во Охрид се воведени за многу краток период. Го променивме целосно моделот на субвенционирање и наместо за заминување, даваме финансиска подршка за патници во доаѓање затоа што целта е што повеќе луѓе да доаѓаат во Македонија а тоа значи дека ќе користат и други услуги во земјава и ова е стартегија која ја применуваме од самиот почеток и која ни дава конкретни резултати. Веќе преговараме со други авиокомпании и мислам дека сме на добар пат да постигнеме договор за нови дестинации – истакна вицепремиерот Александар Николоски. Линијата Скопје-Париз е дел од договорот за финансиска подршка за воведување на нови авиолинии што го реализира Министерството за транспорт преку јавен повик за субвенционирање. Од Скопје, освен Париз, се воведуваат и линиите кон Дубаи, Штутгарт, Лион, Барселона, Женева и Амстердам, а од Охрид кон Истанбул и Басел. Согласно Програма за финансиска подршка 2025-2027 година донесена од страна на Владата, предвидени се 360 милиони денари за субвенции за воведување на нови авиолинии. Оваа Програма има за цел да да го унапреди авиосообраќајот, да се обезбедат нови дестинации преку поволни услови за патување за граѓаните како и развој на цивилното воздухопловство. авионска линија париз //=esc_url( home_url() ); ?>//=esc_attr( get_bloginfo( 'name', 'display' ) ); ?> //=get_permalink()?>//=the_title();?>...