„Форд“ ќе укине 4.000 работни места во Европа
Бизнис вести - пред 15 часа
„Форд“ ќе укине 4.000 работни места во Европа 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ – Компанијата „Форд моторс“ (Ford Motors) денеска соопшти дека ќе го намали бројот на вработени во ЕУ и Велика Британија за 4,000 до крајот на 2027 година. Намалувањето на бројот на вработените, како што наведе компанијата е поради состојбата на економијата и притисокот од зголемената конкуренција, како и помалата продажбата на електрични возила од очекуваното. „Форд моторс“ посочи и дека и Германија ќе се соочи со откази, но оти тоа ќе биде реализирано во консултација со претставниците на вработените. Компанијата најави дека ќе го намали и работното време на работниците во фабриката во Келн, каде што ги произведува електричните возила Капри и Експлорер. ми/фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Форд укинува 4.000 работни места низ Европа
Работник - пред 7 часа
НовостиСветСветот на работникот Форд укинува 4.000 работни места низ Европа 21/11/202421/11/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Форд објави дека кратење на работните места ќе има во следните три години, пренесува Sky News. Ова е само последно во низата производители на автомобили што најавија намалување на работните места. Прво тоа го направи германскиот Фолксваген, потоа Нисан, а неодамна Џенерал Моторс. Форд ги објави плановите за укинување на 4.000 работни места низ Европа, вклучително и 800 во Велика Британија. Производителот на автомобили вели дека намалувањата се потребни како дел од планот за зајакнување на конкурентноста во услови на бавна транзиција кон иднината на целосно електрични автомобили. Форд објави дека кратење на работните места ќе има во следните три години, пренесува Sky News. Ова е само последно во низата производители на автомобили што најавија намалување на работните места. Прво тоа го направи германскиот Фолксваген, потоа Нисан, а неодамна Џенерал Моторс. Author Recent Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Штрајкуваат над 50.000 поштари во Канада поради ниски плати - 21/11/2024 Марков: Владата со историски чекор, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството, 3,850 за медицинските сестри - 21/11/2024 Форд укинува 4.000 работни места низ Европа - 21/11/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
СОНК беше дел од работилница за решавање на работни конфликти
Работник - пред 16 часа
МакедонијаНовостиСиндикат СОНК беше дел од работилница за решавање на работни конфликти 20/11/202420/11/2024 Портал Работник Време за читање помалку од минута Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков: Изминативе два дена,во организација на Solidarity center од САД, во Охрид се одржа тренинг работилница со синдикални лидери на СОНК, на тема: Медијација за синдикални лидери-алатка за успешно решавање на конфликти. Одличните обучувачи, преку практични вежби, покажаа како може многу полесно да се надминат конфликтните ситуации кои произлегуваат од синдикалната работа. Учесниците на обуката, задоволни од стекнатите знаења, убедени се дека ќе бидат подготвени за поедноставно решавање на споровите во работната средина. Author Recent Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Штрајкуваат над 50.000 поштари во Канада поради ниски плати - 21/11/2024 Марков: Владата со историски чекор, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството, 3,850 за медицинските сестри - 21/11/2024 Форд укинува 4.000 работни места низ Европа - 21/11/2024 Facebook Twitter LinkedIn...
Познат хрватски ланец на ресторани бара 30 хостеси за да ја „подигнат“ атмосферата!
Работник - пред 16 часа
НовостиСветСветот на работникот Познат хрватски ланец на ресторани бара 30 хостеси за да ја „подигнат“ атмосферата! 20/11/202420/11/2024 Портал Работник Време за читање 1 минута Компанијата Глобал Фуд која управува со синџирот Мекдоналдс во Хрватска објави неколку тендери на кои бара најмалку 30 хостеси за работа во Сплит, Загреб, Риека, Кукуљанов, Сесвете, Десинац, Вукова Горица, Јежево, Задар, Пореч, Шибеник, Ровињ и Пула. Тие велат дека просечната нето плата е приближно 1.290 евра со сите додатоци, плус дополнителни 560 евра нето од повремени награди годишно. Тоа во просек се вкупно околу 1.340 евра нето месечно. Во описот на работното место стои дека бараат „лице задолжено да создаде добра атмосфера за гостите во ресторанот, ова е работа за комуникативни и отворени луѓе кои се наоѓаат во динамична средина на гостинската област“, пишува Даница.хр. Мекдоналдс бара и неколку стотици работници во ресторани, чувари и студенти. На последниот ден од декември минатата година „Глобал фуд компани“ или „Мекдоналдс“ имаше 46 ресторани и дури 2.378 работници, што е за околу 430 луѓе повеќе од истиот ден лани. Просечната нето плата лани била околу 1.080 евра. Минатата година Мекдоналдс во Хрватска оствари 188 милиони евра приход (35 отсто повеќе) и 20 милиони евра нето добивка (89 отсто повеќе). Фото EPA/GUILLAUME HORCAJUELO Author Recent Posts Портал Работник Latest posts by Портал Работник (see all) Штрајкуваат над 50.000 поштари во Канада поради ниски плати - 21/11/2024 Марков: Владата со историски чекор, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството, 3,850 за медицинските сестри - 21/11/2024 Форд укинува 4.000 работни места низ Европа - 21/11/2024 Facebook Twitter LinkedIn...