Претседателот на Никарагва Даниел Ортега предложи уставни измени за зголемување на надлежностите
Бизнис вести - пред 50 минути
Претседателот на Никарагва Даниел Ортега предложи уставни измени за зголемување на надлежностите 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, предложи уставна реформа за проширување на овластувањата на претседателот над другите столбови на моќта, јавија британските медиуми, повикувајќи се на официјален документ. Втора цел на реформата е да се зголеми претседателскиот мандат од пет на шест години и официјално да се промени статусот на потпретседателот – функција која моментално ја извршува 79-годишната сопруга на Ортега, Росарио Муриљо – во „копретседател“. Мандатот на пратениците во Националното собрание под контрола на владата (парламентот на Никарагва), исто така, ќе биде зголемен од пет на шест години, се наведува во документот што го видел Ројтерс. Муриљо, која е во брак со Ортега од 1979 година и станаа потпретседателка во 2017 година, се претвори во заштитно лице на владата, бидејќи самиот Ортега ретко се појавува во јавноста. Со години наназад се шпекулира дека претседателот е во лоша здравствена состојба. Предлогот предвидува и проширување на државната контрола врз медиумите со цел „да се спречи нивното потчинување на странски интереси“. Никарагва веќе има таканаречен закон за кибер криминал, според кој секој што ќе биде прогласен за виновен за објавување лажни вести на социјалните мрежи или во вестите може да биде затворен до четири години. Предлогот за реформи му дозволува на претседателот да и нареди на војската да се вклучи во „поддршка“ на националната полиција на земјата кога е потребно. Тој, исто така, ќе ги овласти воените и полициските службеници „привремено“ да заземаат позиции во извршната власт „кога тоа го бара највисокиот интерес на нацијата“. Предлогот вчера беше испратен на разгледување во Собранието и се очекува во најкраток можен рок да биде разгледан и одобрен. Британските медиуми потсетуваат дека од 2018 година владата на Ортега спроведува сериозна репресија врз политичките противници, затворајќи луѓе кои ја критикуваат владата. Меѓутоа, тоа води до контрареакции и воведување санкции од меѓународната заедница, вклучително и САД и Европа. сд/фото:ЕПА . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Касаноф: Очекувам континуитет на американската политика кон Западен Балкан
Бизнис вести - пред 1 час
Касаноф: Очекувам континуитет на американската политика кон Западен Балкан 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Вашингтон во последните три децении води континуирана политика кон Западен Балкан и очекувам така да остане, изјави заменикот на помошник државниот секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф. „Би сакал да нагласам дека постои силен континуитет во нашата политика кон Балканот во последните 30 години. Очекувам дека овој континуитет, околу основните цели што ги имаме за овој регион, ќе продолжи“, рече Касаноф во интервју за Хина . Тој изјави дека САД се загрижени за влијанието на Русија врз целиот регион и дека поради тоа соработуваат со земјите од Западен Балкан за да се спречат дезинформациите. Американскиот функционер нагласи дека Вашингтон во моментов гледа „реална можност“ за значителен напредок на земјите од Западен Балкан на патот кон евроатлантските интеграции. Во таа насока, тој го истакна планот за раст од шест милијарди евра на ЕУ за регионот, што е условен од спроведувањето на реформите, бидејќи, како што рече, може значително да придонесе за тие земји и „нивните жители да го почувствуваат тоа“. Тој предупреди дека „тоа не е период што вечно ќе трае“ и дека сегашниот поволен момент мора да се искористи. „Целта овде е регионот да се оддалечи од наследството од војните од 1990-тите и навистина да успее да сврти страница од злата на етнонационализмот“, нагласи Касаноф. Во однос на Босна и Херцеговина, Касаноф истакна дека главната цел на САД е зајакнување на суверенитетот, територијалниот интегритет и мултинационалниот карактер на оваа земја. Вашингтон ќе ги „искористи сите достапни алатки, вклучително и санкции“ против оние кои „работат спротивно на тие цели“, отворено се залагаат за отцепување и го игнорираат Дејтонскиот договор, рече Касаноф. Тој смета дека политиката на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е штетен за безбедноста на Босна и Херцеговина, бидејќи, како што рече, ги блокира реформите потребни за ослободување на земјата од европскиот план за раст, што пред се ќе биде од корист за луѓето таму. Касаноф, кој го замени Габриел Ескобара, чиј мандат истече на крајот на мај, не сакаше да шпекулира дали ќе остане на функцијата по 20 јануари, кога на чело на сцена стапува администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. сд/фото:МИА архива . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад
Бизнис вести - пред 1 час
Српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ – Пратениците и советниците од опозицијата утринава повторно го блокираа влезот во зградата во која се наоѓаат судот и обвинителството во Нови Сад, јави Бета. Полицискиот кордон повторно е поставен пред зградата на судот, и е двојно поброен од вчера. Полицијата е во полна опрема за разбивање демонстрации. И во внатрешноста на зградата видливи се полициски сили. Опозициските политичари направија човечки синџир пред кордонот и се држат за рака. Тие го поставија и знамето на Србија. Дел од вработените во судот и обвинителството денеска дошле порано на работа, за да се обидат да ја избегнат блокадата на зградата. јт/Фото: Н1 . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Биткоинот за првпат го надмина прагот од 95.000 долари
Бизнис вести - пред 1 час
Биткоинот за првпат го надмина прагот од 95.000 долари 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ – Биткоинот за прв пат ја премина границата од 95,000 долари, сè уште поттикнат од „ефектот на Трамп“, бидејќи пазарот очекува пофлексибилно законодавство и економски политики кои би биле поволни за него под новата американска влада. Криптовалутата со најголема пазарна капитализација го премина тој праг околу 01:24 часот по Гринич, поставувајќи ново рекордно високо ниво од 95,004,50 долари пред да се тргува за 94,907 долари малку подоцна. По победата на Доналд Трамп на 5 ноември, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 35 проценти. Откако го надмина својот рекорд од март, на 10 ноември, дигиталната валута ја зголеми вредноста над 80,000 долари, а на 13 ноември надмина 90,000 долари. јт/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
На синот на норвешката принцеза му е одреден еднонеделен истражен притвор
Бизнис вести - пред 1 час
На синот на норвешката принцеза му е одреден еднонеделен истражен притвор 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ – На синот на норвешката принцеза Мете-Марит, Мариус Борг Хојби, му беше одреден еднонеделен притвор под обвинение за силување. Во понеделникот полицијата го уапси Хојби (27), кој е син на норвешката принцеза и посинок на престолонаследникот Хакон, под сомнение дека имал сексуални односи „со некој кој бил без свест или поради други причини не можел да се спротивстави на тој чин“. Адвокатот на Хојби, Ејвинд Братлиен, рече дека неговиот клиент е невин и дека се противи на превентивниот притвор. Судот одлучи рочиштето да се одржи зад затворени врати. По тој повод се огласи и престолонаследникот Хакон кој рече дека случајот ги погодил сите во семејството. „Ова се сериозни обвиненија со кои сега се соочува Мариус, и секако мислиме на сите оние кои се повредени“, изјави Хакон за норвешката јавна телевизија НРК додека беше во официјална посета на Јамајка. Полициската истрага се уште е во тек, а датум за судење не е одреден. Полицијата соопшти дека Хојби се соочува и со обвинувања за насилство врз други жени и употреба на дрога. На 4 август тој е осомничен за физички напад врз жена со која бил во врска. Во подоцнежната изјава за медиумите, Хојби призна дека и нанел телесна повреда додека бил под дејство на кокаин и алкохол и дека и го оштетил станот. Хојби нема кралска титула и не е во линијата на кралското наследство. паг/Фото: Јаху . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Министерката Јаневска и амбасадорот Ле Риголер денеска ќе потпишат Анекс на Меморандумот за соработка за изучување на францускиот јазик
Бизнис вести - пред 1 час
Министерката Јаневска и амбасадорот Ле Риголер денеска ќе потпишат Анекс на Меморандумот за соработка за изучување на францускиот јазик 21/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Министерката за образование и наука Весна Јаневска и францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер денеска ќе потпишат Анекс на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Република Франција, со кој дополнително се поттикнува изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем. Настанот во Клубот на пратениците во Скопје, ќе го отвори Иго Бештел, советник за соработка и култура и Директор на Францускиот институт во Скопје, соопшти МОН. Предвидено е и доделување награда на најдобриот франкофонски ученик. . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Зеленски: Крим мора да и се врати на Украина по дипломатски пат
Бизнис вести - пред 1 час
Зеленски: Крим мора да и се врати на Украина по дипломатски пат 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ – Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Крим, полуостровот кој Русија го анектираше во 2014 година, ќе мора да и биде вратен на Украина преку дипломатски канали, а не преку воена сила. Во интервју за „Фокс њуз“, снимено во Украина додека бил во воз, Зеленски нагласи дека Украина не може да си дозволи да изгуби толку многу животи што би биле потребни за воена опсада на Крим. – Веќе спомнав дека сме подготвени дипломатски да го вратиме Крим, рече Зеленски и додаде дека Украина „не може законски да признае кој било окупиран дел од Украина како руски“. Тој рече дека не е сигурно дека Крим може „да се врати со оружје“. Од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, руските трупи окупираа околу една петтина од територијата на Украина и прогласија анексија на четири украински провинции, иако Москва целосно не контролира ниту една од нив. Зеленски предложи формула за мир и предлог за неговиот „план за победа“ врз основа на повлекување на руските трупи од Украина. јт/Фото: ЕПА . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Хил: Србија јасно се врти кон Запад
Бизнис вести - пред 1 час
Хил: Србија јасно се врти кон Запад 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил,синоќа како гостин на телевизијата Њузмакс Балканс оцени дека „Србија очигледно се врти кон Запад“ и дека „сака да верува дека САД и Србија добро се разбираат“, дека тие работат заедно на прашања „не само меѓу двете земји, туку и со другите земји“. Хил рече дека е исклучително важен и фактот што Србија ја поддржува Украина во борбата против руската инвазија и дека тоа „многу ја разјасни ситуацијата во последните години“. „Мислам дека Србија е на вистинскиот пат и ние секако ги споделуваме и поддржуваме аспирациите на Србија за членство во Европската унија“, рече Хил, кој на амбасадорската позиција беше назначен од администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден. Прашан за можна промена на американската политика кон Србија, со оглед на промената на власта, Хил рече дека изборите во САД се одржуваат на секои четири години и дека Америка „често ги менува“ владите, но дека Србија и САД, според неговото верување, имаат „некои заеднички интереси кои не се менуваат со администрацијата“. „Мислам дека ги насочивме американско-српските односи во многу позитивна насока и очекувам тие да станат уште подобри“, рече Хил. паг/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за економска и научна соработка
Бизнис вести - пред 2 часа
Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за економска и научна соработка 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Северна Кореја и Русија потпишаа протокол за соработка по состаноците за трговија, економија, наука и технологија во Пјонгјанг, објави севернокорејскиот државен медиум КЦНА. Според руското Министерство за природни ресурси, земјите се согласиле да го зголемат бројот на чартер летови по состанокотПомеѓу јануари и септември, бројот на туристи кои патувале меѓу Русија и Северна Кореја изнесувал повеќе од 5,000 луѓе, а повеќе од 70 отсто од нив патувале со авион. Се очекува зголемените чартер летови да полетуваат не само од источниот регион на Русија во близина на Северна Кореја, туку и од поголемите руски градови во други области, објавија руските медиуми, повикувајќи се на Министерството. Пјонгјанг и Москва ги засилија дипломатските и економските размени во изминатите неколку години, што кулминираше со посетата на Путин на Северна Кореја во јуни, кога лидерите на земјите се договорија за заеднички одбранбен пакт. Растечките одбранбени врски меѓу земјите предизвикаа меѓународна тревога, при што Вашингтон, Киев и Сеул ја осудија Северна Кореја за испраќање воена опрема и повеќе од 10,000 војници во Русија за да ја поддржи нејзината војна против Украина. паг/Фото: ЕПА . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Американскиот Сенат го блокираше нацрт-законот за стопирање на продажбата на оружје на Израел
Бизнис вести - пред 2 часа
Американскиот Сенат го блокираше нацрт-законот за стопирање на продажбата на оружје на Израел 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Американскиот Сенат го отфрли предлог-законот за суспендирање на продажбата на оружје на Израел, што беше поднесен поради загриженоста за кршењето на човековите права на Палестинците во Газа. Седумдесет и девет од 100 сенатори гласаа „против“ резолуцијата со која би се суспендирала продажбата на тенковска муниција на Израел, додека 18 сенатори гласале „за“, а еден воздржан, објавија британските медиуми. Сите гласови „за“ дојдоа од демократите, додека гласовите „против“ беа и од демократите и од републиканците. Доколку предлог законот беше одобрен, тоа ќе претставуваше голем пресврт во повеќедецениската поддршка што американскиот Конгрес му ја дава на Израел, кој со години е најголемиот примател на американска воена помош. сд/фото:МИА архива . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
САД: Израел постигна важни цели во Либан
Бизнис вести - пред 2 часа
САД: Израел постигна важни цели во Либан 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ – Американската влада синоќа соопшти дека Израел постигнал некои важни цели во својата борба против милицијата Хезболах во Либан и оти може се ближи крајот на војната, пренесе ДПА. – Она што го видовме е дека Израел постигнува голем број важни цели, рече портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер синоќа на брифинг во Вашингтон. – Видовме дека Израел, во текот на последните неколку месеци, навистина е доста ефикасен во расчистувањето на инфраструктурата на Хезболах блиску до границата, поради што веруваме дека сме на позиција во која можеме да постигнеме дипломатско решение, додаде Милер. Ова ќе им овозможи на либанските вооружени сили да патролираат во пограничната област за да го спречат Хезболах да се врати таму. Американскиот посредник за Блискиот Исток Амос Хохштајн во моментов се обидува да ги унапреди разговорите за прекин на огнот на терен. Хохштајн вчера пристигна во Израел, каде што треба да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху, јавуваат медиумите. Хохштајн, кој беше во Бејрут, се очекува да го претстави американскиот нацрт-договор за прекин на огнот што ќе стави крај на тековната војна меѓу Израел и милицијата Хезболах во Либан. Тој денеска треба да се сретне со Нетанјаху. Хезболах, наводно, го смета американскиот нацрт како основа за понатамошни преговори. Хохштајн, кој посредуваше во преговорите меѓу завојуваните страни, вчера рече дека разговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах постигнале дополнителен напредок по средбата со претседателот на либанскиот парламент, Набих Бери, кој преговара во име на Иран – кој ја поддржува милитантна група. – Денешниот состанок се надоврза на вчерашниот состанок и постигнат е дополнителен напредок, рече Хохштајн. Со недели во медиумите кружат детали за американски предлог за прекин на огнот. Според либански безбедносни извори, американскиот предлог предвидува Израел и Хезболах првично да ги прекинат непријателствата на 60 дена. Во овој период, израелската војска треба да се повлече од Либан, а либанските вооружени сили треба да бидат распоредени долж границата. Доколку се одржи прекинот на огнот, по 60 дена ќе се очекува Израел и Либан да одржат преговори за целосно спроведување на резолуцијата 1701 на ОН. Со Резолуцијата само на либанската армија и мировните трупи на ОН им се дава овластување на за областите јужно од реката Литани, на околу 30 километри од де факто границата со Израел. јт/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Ерупција на вулкан во Исланд
Бизнис вести - пред 2 часа
Ерупција на вулкан во Исланд 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Вулкан во близина на главниот град на Исланд доцна синоќа еруптираше по десетти пат во последните три години, исфрлајќи големи количества лава и чад, соопшти државната метеоролошка служба. Додека магмата се акумулирала под земја, властите предупредија на неизбежна вулканска активност на полуостровот Рејкјанес, околу 30 километри југозападно од главниот град Рејкјавик, каде што последната ерупција заврши на 6 септември. Заспани 800 години, геолошките системи во областа беа повторно активирани во 2021 година и оттогаш еруптираа почесто, а последната е шеста досега во 2024 година. Блискиот рибарски град Гриндавик, дом на речиси 4,000 жители, пред наредбата за евакуација минатиот декември, останува главно напуштен поради повремената закана од течењето лава. Исландските власти подигнаа бариери за да ги пренасочат тековите на стопените карпи подалеку од градот, како и од инфраструктурата како што се блиската електрана и Сината лагуна, бања со хотели и големи природни базени. Научниците предупредија дека Рејкјанес веројатно ќе доживее повторени вулкански експлозии со децении, можеби дури и со векови. Сепак, не се очекува дека ерупциите ќе предизвикаат нарушување што беше забележано кога вулканот Ејафјалајокул еруптираше во 2010 година, ширејќи облаци од пепел низ Европа и приземјувајќи околу 100,000 летови ширум светот. Исланд, со речиси 400,000 жители, се наоѓа на границата меѓу евроазиските и северноамериканските тектонски плочи, што го прави сеизмичко жариште со гејзери, извори на топла вода и десетици вулкани. паг/Фото: Х . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Нема да се објавува извештајот за истрагата за Мат Гец, кандидадот на Трамп за нов главен обвинител на САД
Бизнис вести - пред 2 часа
Нема да се објавува извештајот за истрагата за Мат Гец, кандидадот на Трамп за нов главен обвинител на САД 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Етичкиот комитет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера одлучи, со гласовите на републиканските конгресмени, да не дозволи објавување на извештајот за истрагата на комисијата за Мет Гејц, кого новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше за функцијата главен обвинител во САД. Според изјавата на главната претставничка на Демократската партија во Етичкиот комитет, Сузан Вајлд, одлуката беше донесена по долга седница, зад затворени врати. Како што рече, ниту еден републиканец не им се придружил на демократите во барањето да се објави извештајот. Дека немало меѓупартиски договор потврди и претседателот на Комитетот, републиканецот Мајкл Гест, кој рече дека средбата траела два часа. Етичкиот комитет се состои од еднаков број републикански и демократски претставници. Гејц до неодамна беше претставник на републиканците во Претставничкиот дом и беше член на најдесничарското крило на неговата партија. Трамп го избра за државен обвинител, за да изврши чистка во Министерството за правда од оние за кои верува дека ги злоупотребиле своите овластувања за да се пресметаат со него, неговите сојузници и конзервативците. Номинацијата на Гејц ги изненади, но и ги вознемири самите републиканци и се постави прашањето дали тој може да ја помине верификацијата и во Сенатот со оглед на истрагата поврзана со неговите наводни сексуални престапи. И Гејц се впушти во мисија да ја добие довербата на републиканските сенатори, а вчера имаше средба и со нив, исто така, зад затворени врати. сд/фото:ЕПА . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Премиерот на Мали разрешен откако ja критикуваше воената власт
Бизнис вести - пред 2 часа
Премиерот на Мали разрешен откако ja критикуваше воената власт 21/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ – Премиерот на Мали Чогел Кокала Маига е разрешен откако го критикуваше начинот на кој воените власти се справуваат со транзицијата кон цивилно владеење. Генералниот секретар на претседателскиот кабинет, Алфусејни Диавара, синоќа ја објави одлуката на националната телевизија, наведувајќи дека „должностите на премиерот и на членовите на владата се прекинати“. Потегот доаѓа по изјавите на Маига на митингот во Бамако во саботата, кога тој ја обвини хунтата за еднострано и неодредено одложување на процесот на транзиција што првично требаше да почне на 26 март. Маига, исто така, изрази фрустрација поради недостигот на дебата за ова прашање, тврдејќи дека е оставен да се потпира на медиумските извештаи за да се информира, пренесе ДПА. Додека воениот водач Асими Гоита претходно вети дека изборите ќе се одржат во февруари, тие планови оттогаш беа одложени „од технички причини“ без да се обезбеди нова временска рамка. Гоита беше меѓу бунтовниците што ја соборија владата во 2020 година, а потоа стана привремен претседател по друг државен удар во 2021 година. Потоа објави 24-месечен распоред за транзиција, почнувајќи од март 2022 година за враќање на Мали во цивилна управа. Владата допрва треба да објави кој ќе го замени Маига на премиерската функција. јт/Фото: Фејсбук . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Германскиот Бундестаг му донира на македонското Собрание безбедносни скенери
Бизнис вести - пред 2 часа
Германскиот Бундестаг му донира на македонското Собрание безбедносни скенери 21/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Во Собранието денеска ќе има примопредавања на безбедносни рентген скенери од Бундестагот за законодавниот дом. Како што информираат од собраниската прес-служба, примопредавањето е цел на средбата на претседателот Африм Гаши и генералната секретарка Марина Димовска со експерти од германскиот Бундестаг и со претставници на НДИ, како и со амбасадорките на Германија и на Швајцарија, Петра Дрекслер и Вероник Улман. фф/са/Фото: МИА Архива . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Одбележување на Светскиот ден на филозофијата по 21-ви пат
Бизнис вести - пред 2 часа
Одбележување на Светскиот ден на филозофијата по 21-ви пат 21/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија по 21. пат ќе го одбележат Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, востановен од УНЕСКО, започнувајќи од 2005 година се одбележува на третиот четврток од месец ноември и низ целиот целиот свет се одржуваат предавања, дебати, дијалози, средби со истакнати филозофи, меѓународни симпозиуми, изложби, филозофски кафеа итн. . . Всушност, првично, во 2002 година, УНЕСКО го прогласува 21 ноември за Меѓународен ден на филозофијата, за да по три години (во 2005) се фиксира датумот како флуктуирачки и се преименува прославата како Светски ден на филозофијата. Во државава одбележувањето започнува во 2004 година, на иницијатива на тогашниот претстедател на Филозофското друштво на Македонија, Владимир Давчев (1962-2021). Низ годините, во рамките на настанот се организирани бројни симпозиуми посветени на одредени филозофи (Лок, Хегел, Дарвин, Шопенхауер, Хјум, Протагора. . . ), како и на важни современи теми („Филозофијата и образованието“, „Филозофија и политика“, „Слободата и современоста“, „Филозофијата и мирот“, „Промислување на пандемиите“, „Филозофската мисла во Македонија“. . . ). Организаторите и оваа година нудат програма со мноштво настани. Секако, централен дел ќе биде симпозиумот посветен на големиот германски филозоф, Кант: 300 ГОДИНИ КАНТ, со што нашата земја се придружува на пригодното светско одбележување на оваа значајна годишнина. На симпозиумот ќе учествуваат петнаесет (15) истакнати филозофи и истражувачи, поделени во три сесии. Во првата сесија (21 ноември, 12:30 – 15:00), свои излагања ќе имаат: проф. д-р Мирко Ѓошевски, проф. д-р Иван Џепароски, д-р Стивен Фридман (САД), проф. д-р Радомир Виденовиќ (Србија) и Љубомир Гајдов. Наредниот ден (22 ноември, петок) ќе се одржат уште две сесии. Во утринската сесија (10:00 – 12:30) ќе учествуваат: проф. д-р Марија Тодоровска, д-р Бошко Караџов, проф. д-р Јасмина Поповска, проф. д-р Сања Дејановиќ (Канада) и д-р Марија Тодороска; додека во последната сесија (13:00 – 15:30) ќе настапат: проф. д-р Куштрим Ахмети, проф. д-р Сенка Анастасова, Моника Наумоска, д-р Самуел Колономос Садикарио и д-р Игор Поп Трајков. Настанот традиционално по осми пат ќе го отвори квартет гитари на студентите од Факултетот за музичка уметност во класата на проф. м-р Дарко Багески, коишто ќе изведат пасажи од Жизмонти, Пиацола, Крајдлер и една традиционална македонска адаптација. Исто така, од тековната филозофска продукција, ќе биде промовиран 35. број на „Филозофска трибина“ (промотор: м-р Александар Богатинов). Свечениот дел од чествувањето ќе кулминира си доделувањето на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2024 година, којашто ќе му биде врачена на проф. д-р Мирко Ѓошевски. нд/са/Фото: Плакат . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
„Иновации во претприемништвото” – панел дискусија во ФИТР
Бизнис вести - пред 2 часа
„Иновации во претприемништвото” – панел дискусија во ФИТР 21/11/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА По повод „Глобалната недела на претприемништво” што се одбележува од 18 до 24 ноември, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска организира панел дискусија „Иновации во претприемништвото”. Панел дискусијата, како што најавија од ФИТР, ќе собере на едно место млади и успешни претприемачи кои имаат започнато иновативни бизниси, корпоративни иноватори и технолошки лидери, како и инвеститори кои финансираат иновативни стартапи. Фокусот на панел дискусијата, што ќе се одржи во просториите на ФИТР, е мотивирање на младите претприемачи да иновираат, да размислуваат надвор од рамката, на создавање средина коа ги негува креативноста и истражувањата, го поддржува преземањето ризик и обезбедува алатки и ресурси за раст и разво на идеите. – Иновациите претставуваат клучен двигател за успех, а охрабрувањето на младите претприемачи да ги прифатат може значително да влиае на развоот на домашната економија. Преку дискусија, размена на искуства и идеи, ќе ги поттикнеме младите претприемачи да го преземат следниот чекор и да започнат со реализациа на нивната бизнис идеа. Истовремено, панел дискусијата претставува одлична можност да се претстават активности, идеи и проекти кои придонесуваат кон креирање на успешна претприемничка заедница, наведуваат од ФИТР во најавата за панел дискусијата. са/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Во МАНУ работилница „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“
Бизнис вести - пред 2 часа
Во МАНУ работилница „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“ 21/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Истражувачкиот центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ при МАНУ и Институтот за социолошки, политички и правни истражувања при УКИМ, денеска организираат работилница на тема „Посебноста на македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза“. На работилницата обраќања ќе имаат Катица Ќулавкова на тема „Оспорувањето на јазилниот идентитет како политички говор на омраза“, Ганка Цветанова за „Македонското прашање во контекст на политичкиот говор на омраза“, Елеонора Серафимовска и Маријана Марковиќ за „Трансгенерациската политичка траума на македонскиот народ како резултат на негирањето на посебноста на македонскиот јазик и политичката легитимност на македонската нација“, Соња Миленковска за „Прагматичните теории и дискурсите на моќ“, Милка Димитровска за „Говорот на омраза кон македонскиот јазик: помеѓу правото и политиката“, Марјан Марковиќ за „Македомските дијалекти во бугарската пропаганда“ и Давор Јанкулоски за „Македонскиот јазик во печатото на КПГ (1950–1970)“. Работилницата ќе се одржи во амфитеатарот на МАНУ со почеток во 11 часот. са/Фото: принтскрин . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
На проф. д-р Мирко Ѓошевски ќе му биде врачена наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2024 година
Бизнис вести - пред 2 часа
На проф. д-р Мирко Ѓошевски ќе му биде врачена наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2024 година 21/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2024 година, денеска на Светскиот ден на филозофијата, ќе му биде врачена на годинашниот добитник проф. д-р Мирко Ѓошевски. Наградата, како што соопшти Филозофското друштво на Македонија, ќе му биде врачена на Ѓошевски во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје. Филозофското друштво на Македонија годинава по вторпат ги доделува наградите „Константин Философ“: за животно дело и за филозофска книга на годината. Конкурсот за наградите „Константин Филозоф“ беше распишан на 27 март 2024, а пријавувањето на кандидатите на наградата за животно дело траеше до 1 октомври, додека пак за наградата за филозофска книга номинирањето ќе се одвива до 15 јануари 2025 година. Комисијата за доделување на наградите, во состав: проф. д-р Радомир Виденовиќ, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет во Ниш (претседател), проф. д-р Слободанка Марковска, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје и проф. д-р Анета Маркоска Чубриновска, вонреден виш истражувач на Универзитетот Кентербери во Крајстчерч, Нов Зеланд (членови) донесе едногласна одлука добитник на наградата за животно дело за 2024 да биде проф. д-р Мирко Ѓошевски. Во образложението Комисијата детално ги потенцира трите суштински одредници за оваа награда истакнати во Конкурсот: (1) вкупниот опус на филозофот во филозофското творештво, (2) филозофското образование и, (3) афирмација на филозофијата во земјата и во странство. Комисијата, меѓу другото, посочува и дополнителни увиди:- Проф. д-р Мирко Ѓошевски е методичен, систематичен, посветен и трпелив филозофски и културен деец. Тој оди по патот што го започна неговиот ментор, проф. д-р Митко Илиевски, незаборавниот македонски Сократ, кој им беше пример на многу генерации студенти. Доделувањето на наградата „Константин Философ“ на проф. д-р Мирко Ѓошевски покажува дека постојаноста, посветеноста и упорноста се значајни за подемот и доблеста на филозофското творештво во полза на поединецот и колективот, студентите и Институтот, како и за севкупното функционирање на општеството во целина, се посочува меѓу другото во образложението на Комисијата. Мирко Ѓошевски (1948) е припадник на, условно кажано, втората генерација македонски филозофи. Магистерската теза ја брани на Филозофскиот факултет во Белград (1987), додека докторската дисертација на Филозофскиот факултет во Скопје (1994). Целокупната своја професионална кариера ја поминува на Катедрата/Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, каде што ги предава фундаменталните филозофски дисциплини: Онтологија, Теорија на познание и Методологија, како и неколку други предмети. Автор е на четири филозофски книги, како и на голем број статии, огледи и студии, објавени во релевантни домашни и меѓународни списанија, зборници, годишници. . . Професорот Ѓошевски е раководител на Институт за филозофија (2009–2013), претседател на Филозофското друштво на Македонија (2007–2011). са/Фото: Филозофското друштво на Македонија . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Презентација на активности за заштита од пожари во Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце
Бизнис вести - пред 2 часа
Презентација на активности за заштита од пожари во Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце 21/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Во Куманово денеска ќе бидат презентирани реализираните активности за заштита и превенција од пожари во општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце и придобивките од нив овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2, спроведен од Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија. На настанот, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, ќе присуствуваат министерот Златко Перински, директорот на Центар за развој на Североисточен плански регион Младен Протиќ, командирот на ТППЕ Куманово Деан Илиевски, претседателот на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, градоначалниците на општините Липково и Ранковце, Еркан Арифи и Борче Спасовски, и в. д. градоначалникот на Општина Старо Нагоричане Бобан Цветановски. са/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Во Владата донаторска конференција „Ромите и пријателите“
Бизнис вести - пред 2 часа
Во Владата донаторска конференција „Ромите и пријателите“ 21/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Кабинетот на министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030 ќе организира Донаторска конференција под наслов „Ромите и пријателите“. Како што соопшти кабинетот на министерот, на конференцијата ќе присуствуваат амбасадори, меѓународни организации и преставници од Владата. Во рамките на настанот, кој ќе се одржи во Влада во свечана сала, Кабинетот ќе го претстави планот за работа за наредниот период, со акцент на клучните иницијативи и проекти за подобрување на социјалната и економската положба на ромската заедница. нд/са/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан
Бизнис вести - пред 2 часа
Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан 21/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), денеска и утре организираат Конференцијата за борба против корупцијата во Западен Балкан. Воведни обраќања на отворањето на конференцијата ќе имаат амбасадорката Анџела Агелер и заменик-претседателот на Владата за политки и добро владеење Арбен Фетаи. Амбасадата на САСД соопшти дека дводневната регионална конференција има за цел да поттикне мултисекторска регионална мрежа на „лидери во борбата против корупцијата“ — професионалци од владата, судството, граѓанското општество и бизнис секторот посветени на борбата против корупцијата. На конференцијата ќе учествуваат претставници од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Црна Гора. са/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво – Mentor Awards 2023
Бизнис вести - пред 2 часа
Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво – Mentor Awards 2023 21/11/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Агенцијата за поддршка на претприемништвото во рамките на одбележувањето на Европската недела на претприемништво, денеска организира Избор на најдобар ментор за 2023 година – Mentor Awards 2023, којшто има за цел да го препознае и награди најдобриот ментор. Како што наведуваат организаторите, настанот е организиран како дел од програмата на Агенцијата и има за цел да го препознае и награди придонесот на менторите кои со своето искуство и поддршка ги инспирираат младите претприемачи и играат важна улога во нивниот развој и успех. Стандардизираните менторски услуги се дел од програмската активност на Агенцијата со поддршка од Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA). Во текот на Европската недела на претприемништво, Агенцијата досега реализирала низа активности за поттикнување на претприемачкиот дух. Во рамки на програмата, директорката на агенцијата, Даниела Димовска и заменик-министерот за економија Марјан Ристески во понеделникот го посетија СУГС „Лазар Танев“, при што имаа продуктивна средба со директорот на училиштето Небојша Вуковиќ. Било разговарано за идните можности за развој и подобрување на образовниот процес во угостителството, како и за поддршка на младите професионалци во оваа важна област. Учениците имале и можност да се запознаат со програмите и обуките што Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги нуди за развој на претприемнички вештини, како и да добијат информации за новите обуки кои ќе се реализираат во следниот период. Во текот на истиот ден, претставници на АППРМ го посетиле и СУГС „Арсени Јовков“, каде се запознале со идните правници и економисти во нашата држава. Посетата вклучувала и интерактивни сесии со учениците, при што споделиле свои идеи за уникатни и креативни бизниси. Денеска се предвидени и активности со организациите од невладиниот сектор, кои работат на полето на унапредување на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија. Како дел од одбележувањето на Европската недела на претприемништво, претставници од Агенцијата денеска ќе ги посетат и фирмите „Винарија Чифлик“ од Битола и „СВАРОГ“ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој. Покрај тоа, претставниците на Агенцијата за поддршка на претприемништвото ќе остварат средба со Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Северна Македонија, со цел да биде договорена идна соработка. нд/са/Фото: АППРМ . Извор: МИА 2024-11-21 korisnik...
Универзитетoт во Белград: Да се повлечат измените на Законот за високо образование од собраниска процедура
Бизнис вести - пред 16 часа
Универзитетoт во Белград: Да се повлечат измените на Законот за високо образование од собраниска процедура 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Универзитетот во Белград изрази длабока загриженост во врска со најавените законски, организациски и системски промени во областа на високото образование и најави дека инсистира пред нивно можно спроведување да се спроведе широка стручна и јавна дискусија, за да се избегнат, како што наведуваат, далекусежни негативни последици за домашните високообразовни институции, но и за целото општество. Додаваат дека доколку не им бидат прифатени барањата ќе бидат принудени да преземат соодветни мерки кои меѓу другото може да опфатат и привремен прекин на работата. „На овој начин не само што се девалвира работата на Националното тело за акредитација и обезбедување на квалитет во високото образование, туку и сите универзитети во Србија (и државни и приватни) се ставени во изразито нерамноправна положба. Не треба да се занемари дека трошоците за акредитација се многу високи, така што секој циклус на акредитација претставува тежок удар за буџетите на факултетот“, се вели во соопштението потпишано од ректорот на БУ Владан Ѓокиќ. Од Универзитетот сметаат дека предложената измена на Законот за високо образование треба да се повлече од собраниска процедура, бидејќи нејзиното донесување и спроведување би ги урнало темелите на националниот систем на високо образование. Најавеното субвенционирање на странски универзитети – ослободување од процесот за акредитација во Србија, како и субвенционирањето на студентите, за разлика од долгогодишното недоволно инвестирање во високото образование, се примери, како што наведуваат, за дискриминаторски третман што повикува на ја доведуваат во прашање уставноста на предложените амандмани, но е и потенцијален генератор на класни и социјални нееднаквости во општеството. зш/ . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Велика Британија одби да ги коментира извештаите дека Украина користела крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ против цели во Русија
Бизнис вести - пред 16 часа
Велика Британија одби да ги коментира извештаите дека Украина користела крстосувачки ракети „Сторм Шедоу“ против цели во Русија 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Велика Британија одби да ги коментира извештаите дека Украина користела крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ против цели на руска територија. Портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер рече дека неговата канцеларија нема да коментира извештаи или оперативни информации. Засега Украина исто така не ги коментираше медиумските извештаи. Претходно „Блумберг“ објави дека Украина за прв пат истрелала британски крстосувачки ракети „Сторм шедоу“ на руска територија, повикувајќи се на анонимен западен функционер. Британското издание „Телеграф“ објави дека жителите на селото Марино во руската област Курск пронашле фрагменти од проектил „Сторм Шедоу“. Велика Британија претходно соопшти дека Украина може да користи крстаречки ракети на украинска територија. Владата во Киев веќе неколку месеци се обидува да добие дозвола од САД да изврши удари врз воени цели на територијата на Русија. мс/фото: ЕПА . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
„Форд“ ќе укине 4.000 работни места во Европа
Бизнис вести - пред 16 часа
„Форд“ ќе укине 4.000 работни места во Европа 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ – Компанијата „Форд моторс“ (Ford Motors) денеска соопшти дека ќе го намали бројот на вработени во ЕУ и Велика Британија за 4,000 до крајот на 2027 година. Намалувањето на бројот на вработените, како што наведе компанијата е поради состојбата на економијата и притисокот од зголемената конкуренција, како и помалата продажбата на електрични возила од очекуваното. „Форд моторс“ посочи и дека и Германија ќе се соочи со откази, но оти тоа ќе биде реализирано во консултација со претставниците на вработените. Компанијата најави дека ќе го намали и работното време на работниците во фабриката во Келн, каде што ги произведува електричните возила Капри и Експлорер. ми/фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Донација за домот за деца без родители „11 Октомври“: Радост и нови можности од средствата собрани на годинешната Детска трка на Виталиа
Бизнис вести - пред 16 часа
Донација за домот за деца без родители „11 Октомври“: Радост и нови можности од средствата собрани на годинешната Детска трка на Виталиа 20/11/2024 ФИНАНСИИ Виталиа и оваа година продолжува со својата традиција на поддршка за заедницата преку донации. Со средства собрани од годинешната Детска трка, компанијата обезбеди помош за домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје, носејќи радост и создавајќи нови можности за младите корисници на оваа институција. Донацијата вклучува училишни материјали, но и опрема која ќе ја подобри секојдневната функционалност на домот. Обезбедени се нови фрижидер, шпорет, компјутер, принтери и друга неопходна опрема, која значително ќе го олесни животот на децата и вработените во институцијата. Средствата за оваа донација се собрани благодарение на учесниците и поддржувачите на Детската трка организирана од Виталиа. Оваа спортска и општествено одговорна иницијатива, која ќе се одржува секоја година, има за цел не само да ги промовира спортот и здравите навики кај најмладите, туку и да придонесе за подобра иднина на децата на кои им е најпотребна поддршка. „Детската трка е повеќе од спортски настан – таа е мост кој ги обединува заедницата, семејствата и компаниите во заедничка мисија за поддршка на најмладите. Горди сме што преку оваа иницијатива успеваме да донесеме значајни промени во животот на децата од домот ’11 Октомври’“, истакнуваат од Виталиа. Ваквите активности се дел од посветеноста на Виталиа за подобрување на благосостојбата во заедницата. Преку донации, промоција на здравата исхрана и поддршка за младите, компанијата продолжува да биде пример за колективна одговорност и позитивно влијание. „Секое дете заслужува можности и позитивни примери кои ќе ја градат нивната самодоверба и ќе ги поттикнат кон успех. Со оваа донација не само што обезбедуваме материјални добра, туку вложуваме и во нивната иднина“, додаваат од компанијата. Со оваа донација, Виталиа уште еднаш потврдува дека заедницата и грижата за најмладите се во срцето на нејзината мисија. 2024-11-20 Toni Ivanoski...
Кац: Израел ќе инсистира на правото да дејствува против Хезболах
Бизнис вести - пред 17 часа
Кац: Израел ќе инсистира на правото да дејствува против Хезболах 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ – Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека неговата земја ќе инсистира на правото воено да дејствува против Хезболах врз основа на секој договор за завршување на судирот во Либан. – Услов за секое политичко решение во Либан е зачувување на разузнавачките способности и права (на израелската армија) да дејствува и да ги штити граѓаните на Израел од Хезболах, истакна Кац. Неговата изјава уследи по посетата на специјалниот пратеник на САД, Амос Хохштајн на Либан. Тој денеска во Бејрут се сретна со претседателот на либанскиот Парламент, Бабих Бери. Хохштајн треба да допатува во Израел, а за утре е предвидена средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Хохштајн гледа „реална можност“ за завршување на конфликтот помеѓу Израел и Хезболах откако либанската Влада и Хезболах се согласија со американскиот предлог за прекин на огнот, иако има некои отворени прашања. Но, тој не посочи кои се тие прашања. Либанските официјални лица кои посредуваат меѓу Израел и Хезболах повикаа на враќање на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, со која заврши војната помеѓу двете страни во 2006 година. Според Резолуцијата 1701, екстремистите на Хезболах и израелските сили треба да се повлечат од тампон зоната во јужен Либан и таму да патролираат мировници на ОН и либански војници. Според либанското Министерство за здравство, во израелските напади и борби во Либан загинале повеќе од 3,500 луѓе, а повредени се 15,000. Речиси 1,2 милиони луѓе, четвртина од населението на Либан, се раселени за време на војната. На израелска страна, 87 војници и 50 цивили, меѓу кои и странски работници, загинаа во напади со ракети и беспилотни летала. Хезболах почна да го гранатира Израел еден ден по нападот на палестинскиот Хамас на јужна израелска територија на 7 октомври минатата година, што ја предизвика војната во Појасот Газа. ми/фото: ЕПА . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
СЗО: Северот на Газа е „пекол“ во здравствена смисла
Бизнис вести - пред 17 часа
СЗО: Северот на Газа е „пекол“ во здравствена смисла 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис, ја опиша здравствената состојба на северот на Газа како „целосен пекол“. Таа изјави дека здравствените работници работат во крајно тешки услови, а потребите за медицинска помош секојдневно растат поради интензивните израелски напади. Харис нагласи дека здравствената ситуација бара итна интервенција за да се спречи хуманитарна катастрофа. ссм/фото: архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Села: Со уставните измени да се тргне и одредбата за 20 отсто за употребата на албанскиот јазик
Бизнис вести - пред 17 часа
Села: Со уставните измени да се тргне и одредбата за 20 отсто за употребата на албанскиот јазик 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Зијадин Села, претседател на Алијансата на Албанците денеска одржа прес-конференција во Собранието на која од премиерот Христијан Мицкоски побара со уставните измени да се укине и законската одредба за граѓаните кои се над 20 отсто односно за употребата на албанскиот јазик. Села кажа дека го „предвизвикува“ Мицкоски по неговото интервју за косовската телевизија во која тој кажува дека нема ништо против албанскиот јазик. -Мислам дека е дојдено времето еве уште еднаш да го тестираме. Јас овој прес го свикав за да јавно го повикувам, оваа негова изјава да не биде само изјава за да изгледа симпатичен пред Албанците, туку да седнеме, да иницираме уставни измени, и така ние треба да ги направиме уставните измени во врска со деблокирање на патот кон ЕУ, а истовремено да се укине таа срамна дефинција која постои во Уставот, а тоа е јазикот кој го зборуваат над 20 отсто од граѓаните и кој е различен од македонскиот јазик. А во Уставот треба да стои, тоа е наша кауза како АА, албанскиот јазик, рече Села. Ако нема ништо против ниту тој , ниту други на кои се повикува, а претпоставувам дека има авторитет кон пратениците на ВМРО ДПМНЕ, па заедно со нив можеме да ги достигнеме бројките, и ако нема ништо против да го укинеме онаа дефиниција и во Уставот да стои албанскиот јазик. За Уставниот суд, рече дека го повикува да размисли каква одлука ќе донесе бидејќи, според него, не треба да се игра со етничките прашања. ев/са/Фото: Принтскрин . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Поради недостиг на гориво, редуциран автобускиот превоз во Скопје
Бизнис вести - пред 17 часа
Поради недостиг на гориво, редуциран автобускиот превоз во Скопје 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како ѓто рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани. – Одговорот е едноставен, нема нафта. Утрово возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1,200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча. Најави дека е можно утре воопшто да не сообраќаат автобусите доколку во теков на денов не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие. Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ денеска преку соопштение апелираат до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. – Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението. Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси. – Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението. Од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ велат дека не е точна информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот. – Информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот, одговорно тврдиме дека не е така туку потребна е реформа во јавниот градски превоз. Ние сме последната дејност каде што нема покачување, немаме волшебно стапче да ги надоместиме загубите. Со покачувањето на цената ќе можеме да работиме рентабилно, но и нашите корисници ќе добијат понови еколошки климатизирани автобуси, се вели во соопштението од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш денеска ги повика сите жители на протест, кој е закажан за в петок, 22 ноември. – Очекуваме преку протестот да ја пренесеме пораката до Градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, информира Дудуш. мд/вј/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Поради недостиг на гориво, редуциран автобускиот превоз во Скопје
Бизнис вести - пред 17 часа
Поради недостиг на гориво, редуциран автобускиот превоз во Скопје 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како ѓто рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани. – Одговорот е едноставен, нема нафта. Утрово возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1,200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча. Најави дека е можно утре воопшто да не сообраќаат автобусите доколку во теков на денов не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие. Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ денеска преку соопштение апелираат до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. – Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението. Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси. – Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението. Од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ велат дека не е точна информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот. – Информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот, одговорно тврдиме дека не е така туку потребна е реформа во јавниот градски превоз. Ние сме последната дејност каде што нема покачување, немаме волшебно стапче да ги надоместиме загубите. Со покачувањето на цената ќе можеме да работиме рентабилно, но и нашите корисници ќе добијат понови еколошки климатизирани автобуси, се вели во соопштението од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш денеска ги повика сите жители на протест, кој е закажан за в петок, 22 ноември. – Очекуваме преку протестот да ја пренесеме пораката до Градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, информира Дудуш. мд/вј/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Светска банка: Западниот Балкан мора да вложи милијарди за заштита од климатските промени
Бизнис вести - пред 18 часа
Светска банка: Западниот Балкан мора да вложи милијарди за заштита од климатските промени 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Во следните пет до десет години, шесте земји од Западен Балкан мора да инвестираат 37 милијарди долари во програми кои ќе обезбедат справување со климатските промени доколку сакаат да го заштитат своето население и да избегнат штети кои можат значително да влијаат на нивниот економски раст, предупреди денеска Светската банка (СБ). Во редовниот извештај за климатските промени и развој поврзани со Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово, Светска банка посочува дека овие инвестиции ќе ги ублажат ефектите од шоковите и стресот поврзани со климатските промени. Во Извештајот се посочува дека таквите инвестиции во адаптацијата носат тројна корист од избегнати загуби, забрзан економски потенцијал и зголемени социјални и еколошки заеднички придобивки со поврат проценет на околу четири долари за секој инвестиран долар. Аналитичарите на СБ процениле дека штетите предизвикани од климатските промени би можеле да ја намалат економијата на Босна и Херцеговина, односно нејзиниот бруто домашен производ (БДП) за дури 14 отсто до 2050 година. Само оваа земја мора да смета на фактот дека ќе треба да инвестира дури 6,8 милијарди долари во заштита од климатските промени во наредната деценија. Документот на СБ е објавен по разорните поплави кои погодија делови на Босна и Херцеговина во октомври, при што загинаа 27 жители, а прелиминарните проценки покажуваат дека материјалната штета е над 100 милиони евра. – Климатските промени не се само еколошки предизвик, туку и директна закана за економската стабилност, јавното здравје и социјалната благосостојба на Босна и Херцеговина, рече Кристофер Шелдон, шеф на канцеларијата на Светска банка за Босна и Херцеговина и Црна Гора, предупредувајќи дека неодамнешниот поплавите се доказ за опасните последици од климатските промени. Со оглед на тоа што поплавите претставуваат над 90 проценти од штетите поврзани со климата, извештајот на СБ ја истакна потребата од решенија засновани на природата, како што се обновување на поплавните рамнини и зачувување на тресетите за да се зголеми отпорноста и да се поттикне економскиот раст. Навремените инвестиции во адаптација на климатските промени, особено во инфраструктурата за заштита од поплави, можат во голема мера да ја заштитат економијата и во исто време да ја намалат загубата на БДП, а истовремено да обезбедат отворање нови работни места и зголемување на трговските можности. – Проекциите покажуваат дека секое евро потрошено за адаптација на климатските промени постигнува поврат до десет евра, што укажува на големите економски придобивки од ваквите иницијативи, се наведува во извештајот. Светска банка нè потсетува на неопходноста од транзиција кон намалување на емисиите на јаглерод преку производство на енергија, односно достигнување на нула емисии до 2050 година. Ова вклучува напуштање на производството на електрична енергија од јаглен, зголемување на производството на енергија од обновливи извори, како што е сонцето и ветер и подобрување на енергетската ефикасност во бројни сектори. ссм/фото: архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Холандија ќе ангажира приватни безбедносни фирми во Северното Море поради руските закани
Бизнис вести - пред 18 часа
Холандија ќе ангажира приватни безбедносни фирми во Северното Море поради руските закани 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Холандија планира привремено да ангажира дополнителен персонал и опрема од приватни компании за да ја зајакне безбедноста во нејзиниот дел од Северното Море, соопшти холандското Министерство за одбрана. Одлуката доаѓа откако холандската воена разузнавачка агенција објави извештај минатата година во кој се вели дека инфраструктурата на Холандија во Северното Море, како што се гасоводи и турбините на ветер, била цел на руска саботажа. -Оваа мерка има за цел да ја пополни празнината додека два нови повеќенаменски бродови не бидат прифатени во морнарицата, што се очекува во 2026 година, рече портпаролот на Министерството. Агенцијата не прецизираше со кои компании разговарала, ниту дали разговарала само со холандски или европски компании. Претходно оваа недела, два подводни комуникациски кабли со оптички влакна во Балтичкото Море беа отсечени, вклучително и кабел што ги поврзува Финска и Германија, што предизвика сомневања за саботажа. мс/фото: ЕПА . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Путин е подготвен со Трамп да преговара за мир во Украина
Бизнис вести - пред 18 часа
Путин е подготвен со Трамп да преговара за мир во Украина 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ – Претседателот на Русија, Владимир Путин е подготвен да разговора за примирје со Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, потврдија пет руски неименувани извори за Ројтерс, пренесува ХИНА. Но, Путин ја отфрла можноста за територијални отстапки и бара Киев да се откаже од амбицијата за членство во НАТО. Петмина актуелни и поранешни руски претставници наведуваат дека Кремљ би можел да се согласи на замрзнување на конфликтот на сегашните линии на фронтот. Тројца извори тврдат дека Путин е отворен за преговори за прецизно разграничување на четирите источни украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Москва овие региони ги смета за своја територија иако руската армија контролира само 70 до 80 отсто, што не ја спречи илегално да ги анектира. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев нема да се согласи на примирје додека сите руски војници не ја напуштат украинската територија, што за американските генерали е амбициозен план. ми/фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Пресуда на Кривичниот суд: Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на малолетничка
Бизнис вести - пред 18 часа
Пресуда на Кривичниот суд: Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на малолетничка 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Основниот кривичен суд Скопје попладнево ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривични дела Трговија со малолетно дете, Силување и Прикажување порнографски материјали на малолетник. Се работи за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва. Судот соопшти дека сите 13 обвинети се виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и на сите им се изречени затворски казни, „имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности“. -С. Д. на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д. С. , и Д. Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т. И. , С. Н. на казна затвор од 4 години, А. Ф. , Б. Ф. , А. З. , Т. Л. , Р. В. , на казна затвор од 1 години 6 месеци, К. Т. , на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б. К. му изрече условна осуда од две години затвор која нема да се реализира доколку следните пет години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. На првите пет осудени лица Судот им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката. Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата. -Како што беше кажано и за време на изреката на пресудата: Станува збор за кривично-правена постапка кој во текот на главната расправа, по предлог на Јавниот обвинител, но и заради одредбите од ЗКП, со оглед дека оштетената во периодот на сторување на кривичното дело била малолетна, беше затворена за јавноста. Но, согласно добиените решенија од Врховниот суд на РСМ, со кои на претставници на медиумите им беше дозволено снимање и фотографирање на расправа, како и заложбите на Кривичниот суд за поголема отвореност и транспарентност на постапките, а притоа имајќи го предвид и јавниот интерес за конкретниот предмет, денешната објава на пресудата беше отворена за јавноста во делот на изреката и беше дозволено снимање и покрај своеволната одлука на дел од обвинетите да ја напуштат судницата за време на снимањето. Додека пак при објава на диспозитивот на пресудата, јавноста беше исклучена, пред се, заради заштита на податоците за жртвата, а имајќи ја предвид и судската праска на Европскиот суд за човекови права, појаснува Основниот кривичен суд по објавувањето на пресудата. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во јануари годинава го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со тогаш четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби. Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво консумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето. Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор. хс/ев/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Ердоган: Турција е подготвена за евентуално повлекување на американските сили од Сирија
Бизнис вести - пред 18 часа
Ердоган: Турција е подготвена за евентуално повлекување на американските сили од Сирија 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Турција е подготвена за можноста Соединетите Американски Држави да ги повлечат своите воени сили од северна Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, враќајќи се од Бразил, каде што присуствуваше на самитот на Г-20, пренесе турската државна телевизија ТРТ Хабер. Ердоган изрази надеж дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе ја исполни својата реторика за завршување на војните, оценувајќи дека тоа може да создаде нова клима за мирно решавање на конфликтите во регионот. – Се надеваме дека ќе бидеме сведоци на настани кои ќе ги оправдаат нашите позитивни очекувања и ќе ги елиминираат проблемите на еден начин, рече тој. Во однос на можноста администрацијата на Трамп да ги повлече американските сили од Сирија, Ердоган истакна дека Турција е подготвена за таков потег, нагласувајќи дека националната безбедност останува приоритет. – Одлучни сме да ставиме крај на тероризмот. Немаме апсолутно никаква толеранција за организации надвор од нашите граници кои претставуваат закана за нашата национална безбедност, подвлече тој, нагласувајќи дека Турција ќе продолжи да се бори против тероризмот. Ердоган додаде дека Турција е подготвена како за евентуално повлекување на САД од Сирија, така и за моменталната реалност. „Националната безбедност за нас е над сѐ“, рече тој, дополнувајќи дека земјата води неопходни разговори со Русија за подобрување на состојбата во Сирија. ссм/фото: архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Министерот Муцунски на состанок на ЦЕИ: Фокус на ЕУ проширувањето, регионалната соработка и поддршката за Украина
Бизнис вести - пред 18 часа
Министерот Муцунски на состанок на ЦЕИ: Фокус на ЕУ проширувањето, регионалната соработка и поддршката за Украина 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Тирана, кој се одржа во рамките на албанското претседавање со иницијативата. Фокусот на состанокот беше ставен на проширувањето на Европската Унија во светло на новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици се рефлектираат како на регионалната, така и на глобалната безбедност и стабилност, соопшти МНРиНД. Министрите ја потврдија улогата на ЦЕИ како важна платформа за ефективно решавање на регионалните предизвици и зајакнување на соработката во областите од заемен интерес. Муцунски во обраќањето нагласи дека регионалната соработка е клучен модел за поттикнување на процесот на европска интеграција, кој е од суштинско значење за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој истакна дека одложувањето на процесот на проширување може сериозно да го наруши кредибилитетот на Европската Унија во регионот. – Стравот од уште еден потенцијално долг и непредвидлив процес само дополнително ја зголемува фрустрацијата кај нашите граѓани. Со многу непознати околу обемот и времето на претстојните пристапувања, секое понатамошно одложување би имало катастрофално влијание врз кредибилитетот на ЕУ во регионот, потенцира министерот Муцунски. Министерот се осврна и на улогата на ЦЕИ, важноста на регионалната соработка, силното партнерство во рамките на НАТО Алијансата и поддршката за Украина. – Целосно сме посветени на интензивирање на соработката, не само на меѓувладино и парламентарно ниво, туку и помеѓу нашите невладини организации, младите, научните институции, деловните заедници и локалните власти, додаде Муцунски, акцентирајќи ја потребата од заеднички напори за натамошно зајакнување на соработката во рамките на ЦЕИ. са/Фото: МНРиНД . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Сан Марино, Кјара Кардоња
Бизнис вести - пред 18 часа
Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Сан Марино, Кјара Кардоња 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Кјара Кардоња, новоименуваната амбасадорка на Република Сан Марино, со седиште во Министерството за надворешни работи на Сан Марино, информираат од нејзиниот кабинет. На церемонијата на предавање на акредитивните писма претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи дека дипломатските односи меѓу двете држави се воспоставени пред само пет години и дека амбасадорката Кaрдоња е прв именуван амбасадор од оваа земја, изразила надеж дека нејзиното именување ќе придонесе за зајакнување и за продлабочување на пријателските односи и на соработката меѓу двете земји, како на билатерален, така и на меѓународен план. -Мојата земја е целосно заинтересирана за унапредување на севкупната соработка со Сан Марино и за воспоставување поактивна политичка комуникација со интензивирање на контактите на највисоко ниво“, истакнала претседателката додавајќи дека постои подготвеност за јакнење и на билатералната парламентарна димензија на соработка базирана на заедничка определба за поддршка на демократијата, индивидуалните слободи и останати вредности на живеење, за натамошно развивање на заедничките вредности и поголема меѓусебна блискост. Таа нагласила дека можностите коишто постојат за проширување на односите меѓу двете земји на полето на политиката, економијата и туризмот, треба да се продлабочат во интерес на двете држави. Особено би сакала да го потенцирам нашиот интерес за интензивирање на економските врски меѓу бизнисите во двете земји. Верувам дека активностите, коишто ги презема сегашната влада за постојано подобрување на инвестициската и вкупната деловна клима во земјава, ќе создадат широко поле на нови можности за економска поврзаност помеѓу нас, рекла претседателката Сиљановска Давкова. Амбасадорката Кардоња во обраќањето истакнала дека двете републики се блиски и тоа не само од географски аспект и во тој контекст посочи дека и за двете земји европската интеграција претставува приоритетна цел, при што нагласила дека нејзината држава го избра патот на здружување, а нашата држава е кандидат за членство во Европската Унија. -Во свет, кој сѐ повеќе е насочен кон зачувување на националните идентитети, а истовремено е повикан на меѓусебна поврзаност, Европа е нашата заедничка иднина, закрилничка што ја зајакнува сувереноста на нашите држави, и им овозможува со одлучност да се справат со современите предизвици. Обемот на кризите што го засегаат светот, и големината на другите учесници, бараат сѐ погласни и заеднички одговори. Ова е уште поважно за земји со мала територијална распространетост, рекла амбасадорката Кардоња. Таа додала дека европскиот културен простор е збир на идентитети, јазици и култури, кои иако различни, имаат заедничка матрица на традиции и легитимни аспирации. Амбасадорката на Сан Марино ја истакнала и соработката на двете земји во рамките на мултилатерални структури и механизми, избирајќи ја силата на дијалогот, демократијата и почитувањето на другите. Претседателката Сиљановска Давкова на новоименуваната амбасадорка на Сан Марино ѝ посакала многу успех во извршувањето на нејзината одговорна дипломатска мисија. сст/са/фото кабинет на претседател . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Тошковски: Заедничката соработка и партнерството продолжуваат, вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција
Бизнис вести - пред 18 часа
Тошковски: Заедничката соработка и партнерството продолжуваат, вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во полицискиот центар во Ѓорче Петров остварил работен состанок со германскиот амбасадор, Петра Дрекслер и претставник на германската интервентна полиција каде била предадена донација за потребите на интервентната полиција. МВР соопшти дека Тошковски истакнал дека вкупната донација што се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град. – На средбата беше разгледан и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет. Министерот Тошковски на крај уште една изрази голема благодарност и силна подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението. цр/са/Фото: МВР . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Меџити потпиша договор за грант од швајцарска амбасада во висина од три милиони евра, со цел забрзување на процесот на собирање на отпад
Бизнис вести - пред 18 часа
Меџити потпиша договор за грант од швајцарска амбасада во висина од три милиони евра, со цел забрзување на процесот на собирање на отпад 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска, со регионалниот директор на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Матео Коланџели, потпиша договор за грант од швајцарската влада во вредност од три милиони евра, со цел забрзување на процесот на собирање на отпад во државата. Како што посочи Меџити, со Договорот којшто значи институционална поддршка и корпоративно управување, се очекува да биде олеснет процесот на собирање отпад и ќе придонесе за развој кон наредна фаза, односно рециклирање на отпадот. – Потпишувањето на Договорот значи помош за институционална поддршка и корпоративно управување, со цел да се забрза и олесни процесот на собирање отпад во државата и да одиме во наредна фаза рециклирање и решавање на овој долгогодишен проблем на нашите граѓани во државата, рече Меџити. Директорот на ЕБОР, Коланџели, во своето обраќање посочи дека животната средина на Западен Балкан е главен фокус на Европската банка за обнова и развој, истакнувајќи дека ова е прва инвестиција од ваков вид. – Ова е прва инвестиција од ваков вид, каде со поддршка во управувањето со цврст отпад се опфатени 45 општини од различни региони во земјата, додека над милион луѓе ќе имаат директна корист. Навистина сме горди на она што го правиме заедно со нашите партнери и фокусирани сме кон ефикасно и брзо спроведување на оваа инвестиција. Како што знаете, наш фокус е животната средина на Западен Балкан, вклучително и оваа земја, така што доста ќе се занимаваме во идниот период со оваа тема, со цел да ги зајакнеме капацитетите на оваа земја и во рамките на нашата стратегија која што ќе биде изготвена за 5 години која ќе биде работена со вашата Влада. Досега инвестиравме многу, околу 3 милиони евра, околу 200 илјади евра за нови проекти и ќе продолжиме и понатаму за подобрување на инвестициите во оваа област и подобрување на животната средина во вашата земја, посочи Коланџели. На денешното потпишување на Договорот, во Министерството за животна средина и просторно планирање беше присутна и амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, која посочи дека со овој грант граѓаните директно ќе можат да ги видат придобивките во пет региони во земјава, нагласувајќи дека потфатите кои што ќе бидат направени ќе бидат целосно безбедни и во согласност со регулативите и законодавството на Европската унија. – Швајцарија навистина придонесува за развој на животната средина. Ќе бидат опфатени пет региони, каде што граѓаните ќе можат да ги видат придобивките и дека ние навистина правиме нешто во врска со ова. Кога патувам низ вашата прекрасна земја, луѓето многу често велат дека треба да направиме нешто во врска со ова и еве дојде време за тоа. Затоа Швајцарија реши да помогне и да придонесе за развојот на животната средина во овие пет региони. Исто така, покрај државата сакаме да ги вклучиме и другите чинители како „Пакомак“ со којшто сакаме да го подобриме рециклирањето и да го намалиме пакувањето, со цел да се зголеми свеста кај граѓаните да го намалат отпадот којшто го прават или рециклираат истиот. Со оваа техничка помош ќе помогнеме исто така и за депонијата во Русино, како и во другите пет региони каде што работиме, со цел да креираме нова средина. Сите овие потфати кои што ќе ги направиме ќе бидат целосно безбедни и во согласност со регулативите и законодавството на Европската унија, посочи Улан. ра/ев/Фото: МИА . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Бројот на кибер-закани се зголемува пред „црниот петок“
Бизнис вести - пред 19 часа
Бројот на кибер-закани се зголемува пред „црниот петок“ 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Кибер-криминалците извршија повеќе од 38 милиони „фишинг напади“ оваа година претставувајќи се како големи компании, банки и технолошки продавници. Украдените податоци од платежните картички активно се продаваат на дарк веб форумите, а цените се движат од 70 до 315 долари, објави компанијата „Касперски“. -Додека купувачите во потрага по најдобри зделки се подготвуваат за „црниот петок“, истражувачите на нашата компанија набљудуваат како кибер-криминалците и измамниците се подготвуваат да го искористат овој интерес и да се обидат да украдат лични информации и пари, како и да шират измама преку измамнички понуди дизајнирани да привлечат клиенти, се наведува во извештајот и се додава дека во периодот од јануари до ноември, решенијата на компанијата блокирале 38,473. 274 „фишинг напади“ поврзани со онлајн купувања, платежни системи и банки. Од нив, 44 проценти се однесуваат на користење на банкарски услуги како мамка, што е зголемување за речиси четвртина во однос на истиот период лани. Еден начин е, исто така, измамниците да се претставуваат како големи трговски синџири, на пример „Амазон“ или „Волмарт“, испраќајќи погрешна е-пошта со тврдење дека нудат ексклузивни попусти. Овие мејлови содржат линкови до лажни веб-локации кои изгледаат како вистински, често со суптилни грешки како што се погрешни правописи или малку изменети домени. Жртвите кои се обидуваат да купат нешто на овие сајтови обично завршуваат без пари. мс/фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Шеф на украинската дипломатија Сибиха: Мораме да го принудиме Путин да склучи мир, а не да го бараме тоа од него
Бизнис вести - пред 19 часа
Шеф на украинската дипломатија Сибиха: Мораме да го принудиме Путин да склучи мир, а не да го бараме тоа од него 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да биде принуден да склучи мир, а не да се бара тоа од него. „Последниот масовен руски воздушен напад беше одговорот на Путин на сите оние кои неодамна го посетија и го повикаа. Путин јасно стави до знаење дека сака војна и продолжува да зборува со јазикот на ултиматумите. Треба да го принудиме да склучи мир, а не да го бараме тоа од него“, нагласи украинскиот министер на заедничката прес-конференција со австрискиот колега Александар Шаленберг во Виена. Според него, Русија продолжува со бруталните напади врз енергетскиот систем на Украина, а последниот таков напад бил еден од најголемите. „Руски ракети дури беа насочени кон нашите нуклеарни постројки. Ова е важно да се нагласи, бидејќи е создаден реален ризик од нуклеарен инцидент“, рече Сибиха, пренесува Укринформ. Шаленберг изјави дека Русија намерно го ескалира конфликтот, вклучувајќи ги севернокорејските трупи, но исто така ја користи енергијата како оружје, не само во Украина. „Австрија директно го почувствува тоа пред неколку дена откако Гаспром го прекина снабдувањето со гас на австриската ОМВ, но нашата заедничка задача е да се спротивставиме на притисокот и уцената. Истото важи и за руската нуклеарна уцена, промената на нуклеарната доктрина и неодамнешните закани, кои треба да се гледаат како уцена, Русија повеќепати ја користеше оваа тактика за да ги исплаши Украина, Европа“, предупреди шефот на австриската дипломатија. Сибиха и се заблагодари на Австрија за поддршката на меѓународното право и мировната формула на претседателот на Украина Володимир Зеленски, како и за хуманитарната и финансиската помош за Украина. Тој изрази надеж дека следната сојузна влада на Австрија „ќе продолжи со конструктивниот дијалог за доброто на нашиот народ“. Сибиха денеска е во посета на Австрија. Тој во Виена ќе разговара и со генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, за руските напади врз украинскиот енергетски систем, особено врз објектите за нуклеарна енергија. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, судењето продолжува на 25 ноември
Бизнис вести - пред 19 часа
Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, судењето продолжува на 25 ноември 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција. Сведок Стефан Димковски на почетокот од сведочењето рече дека учествувал во основање на политичката партија „Десна“, а со Палевски се познава од 2017-2018 година преку политички активности. -До 2021 година одев почесто во партијата, од 2021 година имав приватни проблеми и ретко одев, рече сведокот. Прашан дали Палчо му се јавил на 1 декември 2023 година, одговори да. -На Телеграм ми се јави. Јас бев во Струмица, само што ги однесов децата во градинка, отидов на сервис да менувам зимски гуми и добив повик од Љупчо Палевски во 15 за 9. „Што правиш, можеш ли да дојдеш да ме земеш од Белград, дојдов на прегледи и нешто да завршам за партијата“? Реков дека ќе дојдам, да завршам само со сервисот, образложи сведокот. Продолжи, „ми рече да го земам од Белград и да го вратам во Македонија. Во Белград стигнав во 15:30 попладнето на први. Ми пушти адреса каде да го најдам. Го земав во центарот на Белград“. Прашан каде и кога тргнале, одговори дека тргнале да се враќаат кон Скопје. -Тргнавме веднаш да се враќаме назад за Скопје, имаше гужва, ми требаше многу време да излеземе од Белград, некаде Велика Плана застанавме на ручек. Ми кажа дека оди во Белград да договори нешто за годишнина од партијата и прегледи да прави. Разговаравме за децата, проблеми со кичмата. Потоа зборевме за активностите во партијата, дека требало да се активира, рече тој. Од Велика Плана, на враќање, тргнавме по патот за Скопје, пред Ниш ми кажа дека треба да застанеме во Ниш. Разговараше со Васко, адвокатот и затвори, тогаш разбрав дека е со Васко. Не знам зошто разговарал со него, само ме информираше дека разговарал со Васко. Потоа рече изгледа ќе треба да преспиеме тука, некој човек што требало да се види му закажал во за 8:30 часот утредента, рече сведокот. Потоа посочи дека останале во хотел во Ниш и кога седеле на тераса, како што рече му соопштил дека му е резервирано во понеделник во Турција да го примат за операција за кичмата. -И ми вика изгледа ќе треба да ме враќаш назад за Белград, затоа што од таму имало лет во сабота, вика после состанокот, да ме вратиш назад. По 15 минути ми вика, а што да дремеме овдека, зошто од тука, ако не си изморен, или ќе се менуваме, за 5-6 саати џитни ме во Турција. Ајде вика, жити Бога немој по аеродроми да одам со торби, Истанбул е голем град, ќе ме однесеш до еден Турчин, знае македонски, ќе ме оправа по клиники, рече сведокот, дополнувајќи дека поефтина варијанта му било да го однесе до Турција. Прашан дали на граничните премини спрема Бугарија и Турција имале проблем, одговори не. Кога стигнале во Турција, според сведочењето, се сместиле кај турчин со име Усеин, кој го нашол Палевски. -Вртеше по пријатели да најде бесплатно сместување по хотели, не му успеваше, како што го разбрав отпосле преку лицето Велибор се сместивме во една куќа, плати, рече сведокот. Прашан дали додека се возеле до Турција, забележале нешто невообичаено кај обвинетиот Палевски, во смисла на неговото однесување, сведокот одговори не. -На повеќе наврати ми го побара телефонот, се јави, еднаш немаше батерија, потоа во Пловдив се загубивме, испаднавме на лош пат, застанавме и кога добив интернет побара да се јави на Влатко Кешишов. Отидов до тоалет, не знаев што разговарале, рече тој. Прашан зошто Палевски одлучил да се смести во куќа, а не во хотел, одговори дека му испаѓало дека треба да плати 800 евра. -Поефтино му беше да земе стара куќа под наем за 150 евра. Куќата беше изнајмена за три месеци. Операцијата му беше закажана во Истанбул за понеделник, затоа сакаше поефтин смештај, беше кус со пари, рече сведокот. Во продолжението од сведочењето рече дека на 3,12. 2023 после доручекот си заминал. -На доручекот ме информираше, го видов блед, абе, вели, „го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа у Скопје што одело на училиште. Епа ми го лепат мене“. Вели, „вчера влегле у штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче“, раскажа сведокот. Дополни дека на негово прашање каква врска има партијата со девојчето, одговори дека комбето го нашле во партијата. Сведокот посочи дека биле сместени во Баликесир, и откако си заминал Љупчо останал во градот. -Откако го оставив се шетав, сѐ по пат како што одеше се шетав и вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел. Кога се вратив вечерта во хотелот, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, „што е ова, да не го местат“. Кога го видов министерот Оливер Спасовски што кажува, се онесвестив во хотелот. Се слушнав со Палевски го прашав што е ова што те потенцираат тебе. Тогаш ми кажа ова е тешка местенка и од тогаш се изгуби комуникацијата, рече сведокот. Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил. -Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил, цитираше сведокот. Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно. -Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто, рече сведокот. На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта. Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“. Претходно денеска сведочеа познаници на Палчо, сведоците Ерол Османи и Ламбе Бучков. Воедно, на денешното рочиште судот информираше дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ. Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за прв пат денеска се запознава со изјавата и допрва ќе треба да се види за што станува збор. На следното рочиште закажано за 25 ноември 2024 се предвидени сведоците Игор Јанушев, Зоран Абаз и Љупчо Мицевски. Досега, на изминатите рочишта сведочеа мајката на Вања, ќерката на Жежовски и нејзиниот сопруг, како и повеќе лица вклучени во истрагата за двете убиства, меѓу кои инспектори и членови на политичката партија „Десна“. На последното рочиште беше сослушано семејството на таткото на Вања. На првото одржано рочиште обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни. Според обвинението, тие заедно испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Додека, грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје. Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година. Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено. Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска. Судењето продолжува на 25 ноември 2024 година. ар/ев/ФОТО: МИА Архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери
Бизнис вести - пред 19 часа
Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО По повод Светски ден на детето, во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Северна Македонија денеска во свечена сала се одржа владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината”, каде што децата заедно со премиерот и министрите разговарале за следните теми: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека денеска ги имал најважните соговорници од неговото неколкумесечно претседателствување со Владата, тоа се децата. -Овој ден е посветен на подигнување на свеста за правата на децата низ светот и на промоција на благосостојбата на најмладите. Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина која го поттикнува нивниот развој и благосостојба. Овој ден има длабоки корени во историјата на човековите права. На овој датум во 1959 година, Обединетите Нации ја усвоија Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена Конвенцијата за правата на детето – најшироко ратификуван договор за човекови права во историјата. Овие документи не се само правни рамки, туку и морален водич за тоа како треба да се однесуваме кон нашите најмлади и најранливи членови на општеството. Денес сме тука за да ја потврдиме нашата заедничка обврска, секое дете има право на грижа, образование, здравствена заштита и заштита од секоја форма на насилство и злоупотреба, рече тој. Потенцира дека зборовите на хартија не се доволни туку, како што рече, потребни се дела. -Нашата мисија е да ги претвориме овие предизвици во можности за промени. Инвестиции во образованието; Пристап до здравствена заштита; Заштита од злоупотреба и насилство. Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: Да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; Да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; Да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки. Нека овој ден не биде само потсетник, туку и пресвртна точка, рече премиерот Мицкоски. Претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер на прес-конференција дека било интересно да се сослушаат тие деца кои искажувале интересни предлози и ставови и мислења за сето она што им е важно во сегашноста, но исто така ќе влијаат и во нивната иднина. -Денес всушност имавме можност да сослушаме 45 деца на возраст од 13 до 17 години, од ширим цела земја коишто ги споделија своите ставови, своите размислувања и своите идеи околу три теми коишто се од голема важност за денешнината, а тие се климатксите промени и вегетацијата на животната средина, потоа втората тема беа напредните технологии и нивнто влијание, технолигија на типот на вештачката интелегенција и третата промена беа демографските промени и нивнито влијание. Беше интерсно да се сослушаат тие деца коишто навистина се произнесиа со многу интересни предлози и ставови и мислења за сето она што име важно во сегашност, но исто така ќе влијаат и во нивната иднина. И нависитна беше убаво да се чуе нивното мислење и начинот на којшто на тоа мислење добија одговор од страна на премиерот , претседателот на Владата и останатите министри. Па ние веруваме дека ова ќе биде почеток на еден многу интересен дијалог, рече тааМилер потенцира дека ќе се потрудат да им помогнат на децата да ги остварат нивните визии и нивните ставови за иднианта. фф/ев/Фото: Влада . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација за децата со атипичен развој од Кисела Вода
Бизнис вести - пред 19 часа
Бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација за децата со атипичен развој од Кисела Вода 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Децата со атипичен развој од Кисела Вода ќе добиваат бесплатна стручна поддршка од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет на Скопскиот универзитет. Градоначалниот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, деканот на Филозофскиот факултет на УКИМ, проф. д-р Оливер Бакрески, и Институтот за специјална едукација и рехабилитација, денеска потпишале меморандум за соработка. Договорено е во сензорните соби во основните училишта во општината да се одвива стручна пракса на студентите и наставниот кадар од Институтот, што ќе овозможи поддршка, згрижување и стручна помош за децата со атипичен развој вон наставата и во попладневните часови. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакнал дека Кисела Вода е една од водечките општини во државава „која максимално е посветена на детската и социјална заштита, со посебен фокус на заштитата на лицата со попреченост“. -Во рамките на оваа соработка ќе има стручна пракса со студентите и наставниот кадар од Институтот при што ќе се користат сензорните соби кои ни се комплетно опремени. Целта на оваа соработка е да им овозможиме на родителите поддршка и згрижување на децата со атипичен развој вон наставата и во попладневните часови и да им овозможиме стручна помош од страна на стручни лица, изјавил градоначалникот. Како што информира Општина Кисела Вода, Ѓорѓиевски посочил дека во изминатиот период се опремени шест сензорни соби во основните училишта во општината, реализирани се многу едукативни настани, како и трибина во партнерство со Македонското научно здружение за аутизам и стручно-научен конгрес со Центарот за психофизичко здравје „Гаспар“ од Скопје, со кој од септември годинава на жителите на општината им е овозможен пристап до дефектолошки, логопедски и психолошки индивидуални третмани. хс/сст/Фото: Општина Кисела Вода . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Шаленберг: Народот на Украина заслужува мир, но не наметнат и не диктиран од други
Бизнис вести - пред 19 часа
Шаленберг: Народот на Украина заслужува мир, но не наметнат и не диктиран од други 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Министерот за надворешни работи на Австрија денеска изјави дека народот на Украина заслужува мир, но не наметнат или диктиран од други и дека самите Украинци мора да одлучат кога, како и каде да ги започнат преговорите. „Сакаме тоа веднаш да заврши. И како и секоја војна во историјата, ќе заврши на преговарачка маса. Народот на Украина заслужува мир, но не и наметнат мир. Не мир диктиран од другите“, рече Шаленберг денеска на заедничкиот прес- конференција со неговиот украински колега Андрије Сибих. Тој посочи дека украинскиот народ покажа храброст, илјада и еден ден ја бранеше својата земја, суверенитетот и територијалниот интегритет, а „за тоа е потребно нашето почитување и нашата поддршка“, пренесува украински Интерфакс. „А украинскиот народ е тој што мора да одлучи кога, како и каде да ги започне преговорите. Без Украина не може да има преговори за Украина. За мене ова е основно правило и ние мора да се придржуваме до него“, рече шефот на австриската дипломатија. Тој нагласи дека заедничка цел треба да биде сеопфатен, праведен и траен мир заснован на меѓународното право, а за да се постигне тоа треба да се создаде силна меѓународна коалиција. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Мицкоски: Ги следиме најновите случувања со војната во Украина
Бизнис вести - пред 20 часа
Мицкоски: Ги следиме најновите случувања со војната во Украина 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека одблиску се следат најновите случувања и развој на настани поврзани со и околу војната со Украина и Русија, но дека анализите и проценките не можат јавно да се соопштат. -Одблиску ги следиме најновите случувања и развој на настани. Ги анализираме. Се разбира дека нема јавно да кажеме што е тоа што го анализираме и кои се нашите проценки. Очекуваме час поскоро сето тоа таму да заврши и да се стави крај на оваа војна, на би рекол оваа руска агресија, и да можеме нормално да функционираме и да можеме да се развиваме онака како што посакуваме, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата по свечената седница по повод Светскиот ден на детето. ев/ац/ФОТО: МИА Архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Перу
Бизнис вести - пред 20 часа
Сиљановска Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Перу 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Перу, со седиште во Букурешт, Феликс Рикардо Денегри Боса. На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова, како што соопшти нејзиниот Кабинет, изразила уверување дека идниот развој на односите и соработката меѓу двете земји ќе претставуваат позитивен пример и предизвик за нивно постојано надградување со нови содржини во конкретни области. Посочувајќи дека светот денес се соочува со бројни предизвици, претседателката порачала дека меѓусебната соработка е од суштинско значење не само за просперитетот на двете земји, туку и за градење на посилна меѓународна заедница. -Нашите држави и покрај географската оддалеченост, споделуваат значајни вредности и стремежи за мир, стабилност и развој, поврзани преку заемната посветеност на демократските принципи и правата на човекот, како и преку интересот за зајакнување на културните, економските и образовните врски, истакнала во поздравното обраќање претседателката Сиљановска Давкова. Во своето обраќање амбасадорот на Перу, посочил дека двете држави споделуваат заедничките демократски вредности, промовирање на мирот, економскиот напредок и човековите права, со што придонесуваат не само за јакнење на сопствените држави туку и за глобалната стабилност. Перуанскиот амбасадор ја истакнал мултилатералната соработка и се заблагодари за македонската поддршка на кандидатурите на Перу во меѓународните организации. Посочувајќи го безвизниот режим меѓу двете земји, тој изразил очекување за развој на туризмот во иднина. Амбасадорот ја потенцирал и улогата на малубројната перуанска заедница во земјава во јакнење на меѓусебните врски и зближување на народите. На свечената церемонија, претседателката му посакала на амбасадорот успешно вршење на мисијата и изразила уверување дека со неговото дипломатско искуство ќе придонесе во продлабочување на меѓусебното пријателство. дма/ac/Фото: Кабинет на претседателката Гордана Сиљановска Давкова . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
АХВ: Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид
Бизнис вести - пред 20 часа
АХВ: Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) при спроведен редовен надзор на 18 овој месец во Охрид, од угостителски објект заплениле и нештетно уништиле небезбедна храна (месо и преработки од месо) во вкупна количина од 366 килограми. Со контролата, како што информира денеска АХВ, покрај затекнатата небезбедна храна, утврдени се и недоследности во однос на хигиената кај овој оператор со храна. – За пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му е парична казна од 1000 евра во денарска противвредност и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице. И по однос на утврдените недоследности во поглед на хигиената, дополнително изречена му е истата висина на парична казна, стои во соопштението од АХВ. мд/ац/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Штрајк на над 50.000 поштари во Канада поради ниските плати и лошите услови за работа
Бизнис вести - пред 20 часа
Штрајк на над 50.000 поштари во Канада поради ниските плати и лошите услови за работа 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Повеќе од педесет илјади поштари веќе шести ден штрајкуваат низ Канада поради ниските плати и лошите услови за работа. Поради штрајкот има проблем со испораката на пошта и пакети низ земјата, јавува Би-Би-Си. Синдикатот што ги претставува вработените во Поштата на Канада, главниот поштенски оператор во земјава, соопшти дека преговорите се уште „многу далеку“ од крајот и дека тие се во тек. Поштенските работници бараат повисоки плати и можност да работат викенди со плаќање за прекувремена работа – наместо Канадската пошта да се потпира на надворешни работници. Синдикатот сака зголемување на платите за 24 отсто во следните четири години, што е значително повисоко од зголемувањето од 11,5 отсто предложено од Канадската пошта. Дополнително, темите на преговорите се однесуваат на бенефиции, боледување, услови за работа и безбедност. „Нашите барања се разумни: правични плати, безбедни услови за работа, право на достоинствена пензија и проширување на услугите во јавната пошта“, велат од Синдикатот. рп/Фото: Скриншот од ЈуТјуб . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
ДСЗИ парично ја казнува Детска клиника поради недостатоци во работата
Бизнис вести - пред 20 часа
ДСЗИ парично ја казнува Детска клиника поради недостатоци во работата 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог. Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било дека не е постапено во целост по решението. – Од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од Лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца има обезбедени времени лиценци за работа и не е поднесено барање до министер за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на Клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на Клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца докотори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат, се наведува во соопштението на ДСЗИ. Од страна на установата, а во однос на издаденото решение, постапено било само во делот на внесување на личните податоци и медицинските податоци на пациентите – за извршените здравствени услуги, во интегрираниот здравствен информатички систем „Мој термин“. – Врз основа на наведеното, а согласно член 31 став 1 и 3 ќе биде издаден прекршочен платен налог со предлог за порамнување и тоа: на правното лице ЈЗУ УК за детски болести – Скопје со глоба во износ од 4,000 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице со глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице односно во износ од 1,200 евра во денарска противвредност, појаснуваат од Инспекторатот. Доколку сторителот на прекршокот е согласен на постапката за порамнување и глобите ги плати во рок од осум дена од денот на добивање на платниот налог, како што додаваат, уплаќа половина од погоренаведените износи – 2,000 евра во денари противвредност за правното лице и 600 евра во денари противвредност за одговорното лице, а за уплатата треба да достави доказ до Инспекторот. – Доколку сторителот не е согласен да ја прифати постапката за порамнување или не ги плати изречените глоби, инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, истакнуваат од ДСЗИ. бд/ац/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола
Бизнис вести - пред 21 часа
Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – Судскиот совет на денешната 505. седница ја промени ранг листата на кандидатите за избор на судии за Апелациониот суд Битола, по поднесена жалба од страна на судијата Кирил Јовановски од Основниот суд Битола. Како што беше посочено на денешната седница, поради техничка грешка во пресметката при бодирањето на судијата му биле скратени пет бода, со што наместо 69,54 бода му биле запишани 54,54 бода. Членот на Советот Антоанета Димовска посочи дека судијата во жалбениот навод дополнително вели дека за познавање на англиски јазик треба да добие 15 бода, а не 5 бода, бидејќи, како што навел во жалбата, со пријавата приложил и сертификат за познавање на англиски јазик ниво C1. – За познавање на англиски јазик смета дека треба да добие 15 бода, а не 5 бода, бидејќи со пријавата има приложено сертификат за познавање на англиски јазик ниво Ц1. И тоа е точно, во пријавата има приложено таков сертификат. Третиоt жалбен навод е дека за вкупниот стаж треба да добие 11,33 бода, наместо 11,04 бидејќи до денот на пријавување на огласот имал 11 години 4 месеци и 11 дена работен стаж. Согласно правилникот се сметаат цели години, но сите комисии работиме по ист принцип, за секој месец даваме 01,02, зависно бројот на месеци. Кај кандидатот Кирил Јовановски наместо 54,54 бода треба да биде 69,54 бода, поради техничката грешка при собирањето, рече Димовска. По ваквата одлука на Советот, ранг листата на кандидатите за избор на тројца судии од Апелациониот суд Битола за граѓанска област се менува на начин што судијата Ристо Сотиров останува на првото место со 71,9 бодови, Дејан Крастанов останува на второто место со 69,59 бодови, додека по поднесена жалба на третото место е Кирил Јовановски со 69,54 бодови. На четврто место е Александар Илиевски со 66,96 бодови, а на петтото место Јасмина Шишковска Стојковиќ со 63,05 бодови. Советот на денешната седница утврди престанок на судиска функција на судијката од Основен суд Тетово, Верка Костовска, поради исполнување на услови за старосна пензија. Беа донесени одлуки за престанок на судии поротници од Апелациониот суд Скопје, Основниот суд Делчево и Основниот граѓански суд Скопје, како и беа избрани нови судии поротници за основните судови во Делчево, Крушево и Штип. Поради исполнување на старосна пензија, престанок на функцијата судија поротник во Апелациониот суд Скопје беше донесена за Темјана Ивановска, од Основниот суд Делчево ваква одлука беше донесена за Илија Мишев, Менсуф Алифи, Јасмина Трајановска, Катерина Петровска, Зоран Пегов, Даниела Митевска, Игорче Трајановска и Дејан Поповски, додека од Основниот граѓански суд Скопје ваква одлука беше донесена за Наташа Јосифовска Симоновска. Во Основниот суд Делчево за судии поротници беа избрани Сандра Давитковска, Македонка Поповска, Катерина Петровска, Ивана Давитковска, Валерија Стојменов, Вејнур Амедов, Јаника Манаиловска и Наташа Велкова, од Основниот суд Крушево судиите поротници Васко Јанкуловски и Наташа Ѓорчевска Анчов, додека од Основен суд Штип судиите поротници Игор Тасевски, Кирил Дреслиев, Даниел Милевски, Наташа Николовска,Надица Спасовска, Леона Димова, Добрила Черкезова, Игор Коцев, Маја Цветановска Андонов, Јована Рилак. ра/ев/Фото: МИА . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Блокади на Савски и Бранков мост во Белград и на судот во Нови Сад, Вучиќ го свика Советот за национална безбедност
Бизнис вести - пред 21 часа
Блокади на Савски и Бранков мост во Белград и на судот во Нови Сад, Вучиќ го свика Советот за национална безбедност 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Додека во Нови Сад втор ден по ред траат блокадите и протестите пред судот и обвинтелството, опозицијата во Белград паралелно има протест и блокада на стариот Савски мост, а најавена е и блокада на Бранков мост. Претседателот Вучиќ за денес на пладне најави седница на Советот за национална безбедност, без да го посочи поводот за свикувањето, јави дописникот на МИА од Белград. Во Нови Сад денес се одржува втор ден од блокадатата на судот и обвинитеслтвото со цел да се побара пронаоѓање на одговорните за трагедијата во овој град, како и ослободување на политичарите и активистите кои беа затворени за време и по протестот поради падот на настрешницата на Железничката станица. Блокадата ја одбележаа бројни инциденти. Реагираше и министерката за правда Маја Поповиќ, која блокадата ја оцени како „невиден притисок врз судството во историјата на Србија“. Паралелно во Белград, лидерот на движењето „Крени-промени“, Саво Манојловиќ и градскиот советник на движењето, Александар Јовановиќ, беа приведени утрово на протестот на стариот Савски мост во Белград, каде група активисти се обидоа да го спречат отстранувањето на трамвајските шини од коловозот, во повеќемесечните протести против затворањето и демонтирањето на мостот. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Саво Манојловиќ се обидел да го пробие полицискиот кордон на стариот Савски мост и затоа реагирала полицијата. Од двете страни на мостот беа распоредени полициски кордони опремени за разбивање на демонстрациите. Претседателот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац денеска ги повика граѓаните напладне да се соберат и пред Бранковиот мост за да го одбранат уривањето на стариот Савски мост. Ѓорѓе Микетиќ, активист на иницијативата „Мостот останува“ повика на акција, наведувајќи дека „акцијата е неопходна бидејќи властите околу 4 часот утринава почнаа целосно незаконски да ги отстрануваат шините на стариот Савски мост“. -Она што се случува денеска пред судот и пред обвинителството во Нови Сад и овде на стариот Савски мост е соголување на диктатурата, подвлече Микетиќ. Тој ги повика граѓаните денеска напладне да се соберат на Бранковиот мост и да го блокираат со автомобили, велосипеди и пешки. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека Министерството за внатрешни работи на Србија ги предупредува учесниците на протестните собири дека нема да толерираат нарушување на јавниот ред и мир, загрозување на безбедноста на земјата и државните институции, како и напади врз полицијата. За пладне, како што денес соопштија од Кабиетото на срппкиот претседател Александар Вучиќ закажана е и седница на Советот за нацуоинална бебзбедност, без да се наведе причина за свикување на седницата. об/фото: Скриншот од Х . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Македонски Телеком ја претстави новогодишната кампања со порака за пријателство и толеранција
Бизнис вести - пред 21 часа
Македонски Телеком ја претстави новогодишната кампања со порака за пријателство и толеранција 20/11/2024 МАРКЕТИНГ, ПРЕТПРИЕМНИШТВО Во време кога светот е поделен повеќе од кога било, Телеком ја започнува својата Новогодишна кампања со пораката „Поврзувањето почнува кога бариерите ќе се скршат“. Кампањата инспирира поврзаност, потсетувајќи ги луѓето да се обидат да допрат до другите затоа што, и покрај разликите, сепак можеме да најдеме заеднички јазик. Иако светот е поврзан повеќе од кога било, луѓето се сѐ повеќе поделени, многумина живеат во изолирани „социјални меури“, прифаќајќи ги само оние коишто изгледаат, размислуваат и се однесуваат како нив. Оваа сѐ поизразена поделба ја слабее колективната способност за разбирање и прифаќање на различностите. „Како бренд, ние сакаме да ги поврземе луѓето. Сакаме јасно да ставиме до знаење дека е важно и можно да ги урнеме бариерите коишто нѐ оддалечуваат“, вели Улрих Кленке, Раководител за бренд во Дојче Телеком. „Нашата компанија е посветена на социјална кохезија и на поголема толеранција и на ниту еден начин не толерира омраза и провокации, дискриминација, расизам и екстремизам. Ние се залагаме за она што ги поврзува луѓето, општествата и културите.“. Поврзувањето почнува кога бариерите ќе се скршат Новогодишниот филм е модерна бајка во која се раскажува приказна за две млади девојки, коишто живеат во различни светови, разделени со преграда од стакло. Но, и покрај разделеноста, тие сепак започнуваат блиско пријателство. Нивната детска отвореност и љубопитност триумфираат над невидливите бариери од предрасуди и тензии коишто општеството ги изградило помеѓу нив. Приказната води до еден моќен момент кога девојките разменуваат новогодишни подароци сфаќајќи дека цело време ја имале истата идеја. Едната девојка подарува цигла, а другата камен, симболизирајќи го нивниот заеднички план да го скршат стаклениот ѕид, еднаш и засекогаш. Кога бариерите од стакло се конечно скршени, девојчињата ставаат крај на физичката поделба што воедно претставува и почеток на нивната вистинска врска. Телеком ја емитува својата Новогодишна кампања во десет земји низ Европа: Македонија, Словачка, Австрија, Хрватска, Црна Гора, Германија, Полска, Романија, Чешка и Унгарија. Видео спотот го режираше наградуваниот германски режисер Алекс Фаил, којшто стои зад познатите видео спотови како „The Small Escape“ или „Edekarus“. При снимањето му помагаше Мортимер Хохберг, директор на фотографија. Музиката ја компонираше германското студио Supreme Music. 2024-11-20 Toni Ivanoski...
Сообраќајот се одвива непречено, на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони
Бизнис вести - пред 21 часа
Сообраќајот се одвива непречено, на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по местимично влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, соопштија денеска од ЈП Македонија пат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. цр/дма/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Герила акција „Моето детство е моја приказна“ за подигнување на свеста за приватноста на децата во дигиталната ера
Бизнис вести - пред 21 часа
Герила акција „Моето детство е моја приказна“ за подигнување на свеста за приватноста на децата во дигиталната ера 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО – По повод Светскиот ден на детето – 20 Ноември, денеска кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк во Скопје е поставена уметничка инсталација на младиот уметник Озбек Ајваз. Таа е симболичен потсетник дека секое дете заслужува приватен и безбеден простор за раст и развој. Уметничката инсталација ќе биде изложена до 15 часот. Ајваз во соработка со Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Македонското здружение на млади правници (МЗМП) организираат герила акција под наслов „Моето детство е моја приказна“. Оваа акција, како што наведуваат, има за цел да ја подигне свеста за значењето на дигиталната приватност на децата и да ги поттикне родителите и општеството на одговорно и свесно однесување кое ќе придонесе кон безбедноста и добросостојбата на младите во онлајн просторот. Акцијата е дел од проектот „Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот,“ финансиран од Европската унија. – Акцијата испраќа силна порака: иако споделувањето на моменти од животот на децата е често со најдобри намери, тоа може да предизвика долготрајни несакани последици по нивната приватност и безбедност. Истражувањата покажуваат дека фотографии и видеа, споделени од родителите на социјалните мрежи, честопати завршуваат на несоодветни места на интернет, изложувајќи ги децата на ризици од злоупотреба на податоците, идентитетски измами и дигитална експлоатација. Според проценките, до 2030 година, милиони деца би можеле да станат жртви на злоупотреба на нивните лични податоци како резултат на прекумерното споделување вакви содржини, се вели во соопштението. Според организаторите, грижата за приватноста на децата во дигиталниот свет е заедничка одговорност. Ги повикуваат родителите да бидат внимателни и информирани при споделувањето на фотографии и податоци за своите деца на социјалните мрежи. Важно е, како што наведуваат, да се разберат потенцијалните ризици кои го следат дигиталниот отпечаток на децата и да се преземат мерки за заштита на детската приватност. – Ги охрабруваме медиумите, граѓаните и институциите да ја поддржат оваа иницијатива и заеднички да ја пренесат пораката за создавање побезбедна и подобра иднина за младите генерации. Само со здружени напори можеме да обезбедиме дека децата ќе растат и ќе се развиваат без страв од нарушување на нивната приватност и злоупотреба на нивните лични податоци, стои во соопштението од Центарот за правни истражувања и анализи и Македонското здружение на млади правници. мд/ац/Фото: Центар за правни истражувања и анализи и Македонско здружение на млади правници . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија
Бизнис вести - пред 21 часа
„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија 20/11/2024 НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА, ПРЕТПРИЕМНИШТВО xnula.mk е новата е-продавница специјализирана за продажба на апарати за домаќинство и фитнес опрема од реномирани и светски познати брендови. Доколку сакате брзо, безбедно и едноставно онлајн купување, кое ќе ви ги донесе најпосакуваните брендови директно до вашиот дом, и притоа ќе ви заштеди време, новата онлајн дестинација xnula.mk, ги нуди сите предности на онлајн купувањето. Тука ќе ги најдете сите детали за производите, услугите и тековните промоции, за уникатно корисничко искуство. „xnula.mk е официјален увозник на Dyson и ги нуди сите новитети и иновативни решенија за вашиот дом. За прв пат во Македонија, ексклузивно во понудата се достапни и брендовите Ninja и Shark како и новитети од Yesoul и Ovicx – водечки брендови за фитнес опрема кои инспирираат здрав и активен животен стил. Наскоро, ќе се приклучат и брендовите Roborock и Dreame, кои ќе ја заокружат нашата палета со напредни решенија за одржување на хигиената во вашиот дом“ – истакнуваат од xnula.mk. Од аспект на услугата, од xnula.mk се водат од трите основни вредности: Комфор и практичност при купувањето, со брза и бесплатна достава до сите дестинации во Македонија. Сигурност и гаранција, преку безбедни начини на плаќање и поддршка по продажбата, со гаранција за сите производи и достапност на резервни делови. Премиум брендови и квалитет: пристап до производи кои се одбрани за да ги задоволат највисоките стандарди во современиот животен стил. Од xnula.mk веруваат дека купувањето треба да биде лесно, безбедно и пријатно – со врвен квалитет, грижа за клиентот и удобност. Нивната мисија е да постават нови стандарди за онлајн шопинг во Македонија и да изградат платформа што ќе се развива и понатаму, следејќи ги најновите трендови. Откријте го светот на напредната технологија и фитнес опрема, која отсега ви е на дофат, брзо и едноставно на xnula.mk . 2024-11-20 Toni Ivanoski...
Од утре повремени врнежи од дожд и снег на планините
Бизнис вести - пред 21 часа
Од утре повремени врнежи од дожд и снег на планините 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од – 1 до 10, а максималната ќе достигне од 2 до 13 степени. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во петок во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни, над 30 литри на метар квадратен. Во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка. дма/црФото:МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Павел се надева дека одлучноста и стилот на Трамп можеби можат да помогнат да се натера Путин на отстапки и да се отвори простор за дипломатија во вој…
Бизнис вести - пред 21 часа
Павел се надева дека одлучноста и стилот на Трамп можеби можат да помогнат да се натера Путин на отстапки и да се отвори простор за дипломатија во вој… 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Чешкиот претседател Петр Павел се надева дека одлучноста и „неодоливиот стил“ на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп можеби можат да помогнат да се натера рускиот претседател Владимир Путин на отстапки и да се отвори простор за дипломатија во војната во Украина, иако патот до мирот ќе биде долг и дека е невозможно да се постигне за 24 часа. „Ако директниот контакт на Доналд Трамп со Владимир Путин би довел до тоа Русија да биде поподготвена на отстапки и да се даде простор на дипломатијата, тогаш тоа би бил голем чекор напред“, вели Павел во интервју за чешкиот таблоид „Блеск“. Тој оцени дека би вредело да се запре војната дури и по цена на неправеден мир, на пример според сценариото на тимот на Трамп за демилитаризирана зона долж сегашната линија на фронтот. „Со право на праведен мир, значи не оној што ќе го награди агресорот, можеби не на денот кога примирјето ќе стапи на сила, туку да создаде можност во иднина да се врати меѓународното право – значи територијален интегритет и суверенитет на Украина на целата нејзина територија“, рече тој. Чешкиот претседател рече дека предуслов е двете завојувани страни прво да почнат да преговараат, а потоа воопшто да прифатат решение. „Мислам дека прво е потребна волја на завојуваните страни за почеток на преговорите и дури потоа можеме да разговараме како да се постигне мир, бидејќи патот до мирот секако ќе биде долг и не може да се заврши за 24 часа“, рече Павел. Во интервјуто што денеска го објави „Блеск“, претседателот на Чешка потсети дека додека украинскиот претседател Зеленски зборува за подготвеност за преговори, Русија го извршува најголемиот воздушен напад досега, чија цел е првенствено инфраструктура, односно цивилни цели. „Намерата е да се парализира Украина како земја која успева да ги обезбеди потребите за живот на своето население и на тој начин да се натера да се согласи на мир под какви било услови“, рече Павел. Чешкиот претседател, исто така, изрази стравување поради првите потези и назначувањето на клучни луѓе во идната американска администрација и предупреди дека тоа води до пресврт и нестабилност, што не е добро за безбедноста во светот, а исто така се покажало дека бизнис стилот во политиката, напорот да се води државата како компанија, едноставно не функционира. „Секоја промена која не носи еволуција, туку револуција предизвикува страв. Некои од изјавите на Трамп, на пример во однос на одбраната, како ќе бидат сменети речиси сите генерали бидејќи не одговараат на идеите на новата администрација, имаат обележје на револуција“, рече чешкиот претседател. Тој предупреди дека светот во оваа геополитичка ситуација не може да си дозволи такви потреси кои предизвикуваат нестабилност. рп/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Mentor Awards 2023 – Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво
Бизнис вести - пред 22 часа
Mentor Awards 2023 – Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво 20/11/2024 МАРКЕТИНГ, ПРЕТПРИЕМНИШТВО Агенцијата за поддршка на претприемништвото во рамките на одбележувањето на Европската недела на претприемништво, утре (21 ноември) во ресторанот Рагуза Руфтоп 360 организира Избор на најдобар ментор за 2023 година – Mentor Awards 2023, кој има за цел да го препознае и награди најдобриот ментор. Настанот е организиран како дел од програмата на Агенцијата и има за цел да го препознае и награди придонесот на менторите кои со своето искуство и поддршка ги инспирираат младите претприемачи и играат важна улога во нивниот развој и успех. Стандардизираните менторски услуги се дел од програмската активност на Агенцијата со поддршка од Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA). Во текот на Европската недела на претприемништво, Агенцијата досега реализираше низа активности за поттикнување на претприемачкиот дух. Во рамки на програмата, Директорката на агенцијата, Даниела Димовска и заменик министерот Марјан Ристески во понеделникот го посетија СУГС „Лазар Танев“, при што имаа продуктивна средба со директорот на училиштето Небојша Вуковиќ. Беше разговарано за идните можности за развој и подобрување на образовниот процес во угостителството, како и за поддршка на младите професионалци во оваа важна област. Во рамките на посетата, учениците имаа можност да се запознаат со програмите и обуките што Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги нуди за развој на претприемнички вештини, како и да добијат информации за новите обуки кои ќе се реализираат во следниот период. Во текот на истиот ден, претставници на АППРМ го посетија и СУГС ,,Арсени Јовков“, каде се запознаа со идните правници и економисти во нашата држава. Посетата вклучуваше и интерактивни сесии со учениците, при што тие споделија свои идеи за уникатни и креативни бизниси. Дополнително, учениците имаа можност да се запознаат со програмските активности што Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги нуди за развој на претприемнички и дигитални вештини, како и да се информираат за новите обуки кои ќе се спроведат во периодот што следува. Во текот на денешниот ден се предвидени и активности со организациите од невладиниот сектор, кои работат на полето на унапредување на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија. Како дел од одбележувањето на Европската недела на претприемништво, претставници од Агенцијата денеска ќе ги посетат и фирмите „Винарија Чифлик“ од Битола и „СВАРОГ“ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој. Покрај тоа, претставниците на Агенцијата за поддршка на претприемништвото утре ќе остварат средба со Миле Бошков, Претседател на Бизнис конфедерација на Македонија, со цел да биде договорена идна соработка. 2024-11-20 Toni Ivanoski...
Нов обид за деблокада на процесот за избор на Европската комисија
Бизнис вести - пред 22 часа
Нов обид за деблокада на процесот за избор на Европската комисија 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Лидерите на три групации од т. н. проевропско мнозинство во Европскиот парламент – Европската народна партија (ЕПП), Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералната група „Да ја обновиме Европа“ (РЕ) денеска треба да одржат нова рунда разговори во обид да најдат решение за деблокирање на процесот за избор на новата Европска комисија. Првите луѓе на трите групи, Манфред Вебер од ЕПП, Ираче Гарсија Перез од СД и Валери Ајер од РЕ се состануваа во текот на целиот вчерашен дена, но сепак на последната средба одржана доцна синоќа на успеаја да постигнат конечен договор. Застојот во постапката излезе на повидок минатата недела околу одобрувањето на номинациите на шесте кандидати за потпретседатели на Европската комисија. Нивните кандидатури според првичниот план требаше да бидат одобрувани одделно по завршувањето на сослушувања на секој од нив во вторникот, но трите „проевропски“ партии се договорија да го одложат потврдувањето со цел, како што беше образложено, да се обезбеди „сеопфатен пакет на сите шест номинирани“. Покрај, на шесте кандидати за потпретседатели, на одобрување чека и номинацијата на Оливер Вархеји, кој е предложен за еврокомесар за здравство и благосостојба на животните. ЕПП уште во вторникот изрази резерви околу поддршката за актуелната министерка за еколошка транзиција на Шпанија, Тереза Рибера Родригез од СД, која е предложена за извршна потпретседателка на ЕК за чиста, праведна и конкурентна транзиција и за еврокомесарка за конкурентност. Неа и се забележува за несоодветна реакција при неодамнешните катастрофални поплави во Шпанија, а во овие критики предничи шпанската членка на ЕПП, Народната партија (ПП), која викендов дури најави дека нема да го поддржи изборот на новата Европска комисија, доколку дел од неа биде и Рибера Родригез. Ова беше оценето како обид за префрлање на политичката криза од Мадрид во Брисел, а во исто време шпанските владејачки социјалисти ја обвинија опозициската ПП за „антипатриотско“ однесување. На резервите на ЕПП, СД одговори со најава дека нема да ги поддржи номинациите на кандидатот за извршен потпретседател на ЕК за кохезија и реформи и за еврокомесар за кохезивна политика, регионален развој и градовите, Италијанецот Рафаеле Фито, кој доаѓа од редовите на десничарската алијанса Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), како и на Вархеји, близок до екстремно десничарската група Патриоти за Европа (ПФЕ). За да се деблокира изборот на новата ЕК, ПП му предложи на шпанскиот премиер Педро Санчез да номинира нов кандидат за шпански еврокомесар. ЕПП, сепак, засега не бара замена на Рибера Родригез, но инсистира таа да даде објаснување пред Парламентот на Шпанија, како и да се обврзе дека ќе поднесе оставка доколку се најде на суд под обвиненија за „лошо менаџирање со катастрофалните поплави“. Сепак, извори од Европскиот парламент за бриселскиот портал „Еурактив“ изразуваат оптимизам дека е можно уште денеска да биде постигнат договор за излез од ќорсокакот со изборот на ЕК. Според истите извори, договорот ќе треба го зајакне единството на проевропското центристичко мнозинство во ЕП, кое со децении е предводник на политиката на ЕУ, иако во него нема експлицитно да и се забрани на ЕПП да соработува со екстремно десничарските групации. Дополнително со пакет договорот веројатно на Вархеји ќе му биде одземена надлежноста за репродуктивните права и подготвеноста за пандемијата, на што инсистираат прогресивните сили во ЕП, а би се зголемиле и ингеренциите на парламентарниот Комитет за здравство и на Поткомитетот за одбрана. Ваквиот договор би претставувал предизвик за СД, која би требало да ги прекрши своите „црвени линии“ најавени во текот на кампањата за јунските Евроизбори, дека нема да поддржи избор на тврдокорни десничарски кандидати на одговорни позиции во ЕУ. Но, за да „ја спасат“ Рибера Родригез, социјалдемократите најверојатно ќе мора да го поддржат изборот на Фито и Вархеји. Извор на СД најавија дека на денешната средба нивната лидерка Гарсија Перез ќе изнесе предлог за „пакет договор“, кој потенцијално нема да го содржи нивното претходно барање на Фито да му бидат одземени дел од предвидените надлежности. Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека шпанскиот премиер Санчез изминативе денови разговарал со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен со цел да обезбеди поддршка од ЕПП за изборот на Рибера Родригеза, а во замена СД да ја поддржи номинацијата на Фито. Како дел од „пакет договорот“ се смета и денешната седница на шпанскиот Парламент, на кои Владата и пред се Рибера Родригез ќе одговараат на прашања на пратениците поврзани со владината реакција на поплавите во Шпанија, во кои загинаа најмалку 220 луѓе. Исходот од денешната средба меѓу трите партии од проевропското мнозинство би можел да биде клучен за да се обезбеди избор на Европската комисија навреме, со цел таа да ја преземе должноста на 1 декември. Уште од претходно за утре е закажано заседание на Конференцијата на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на Европарламентот, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи, на кои треба да се изврши конечна евалуација на номинациите и да се прогласи процесот на сослушување на кандидатите за еврокомесари за завршен. Но, за да се случи тоа, треба да заврши постапката за одобрување на сите предложени членови на ЕК од страна на ресорните комитети на ЕП. Сето ова е предуслов за исполнување на планот европратениците на 27 ноември, во рамки на пленарното заседание во Стразбур, да гласаат за избор на Европската комисија во пакет. За да биде избрана, новата Европска комисија треба да добие мнозинство гласови на пратениците што ќе гласаат. Во пресрет на денешната средба на првите луѓе на ЕПП, СД и РЕ, поранешниот претседател на Европската комисија, Романо Проди и екс-еврокомесарот за конкурентност и за внатрешен пазар, услуги, царина и даноци Марио Монти ги повикаа европските лидери да се откажат од ветата за именувањата на Фито и Рибера Родригез. – Во време кога Европа се соочува со огромни предизвици и на Истокот и на Западот, се надеваме дека внатрешните тензии – особено меѓу традиционално проевропските групи, како Европската народна партија (ЕПП) и социјалдемократите – нема да ги засенат квалификациите на Тереза Рибера и Рафаеле Фито, наведуваат во заедничка изјава Проди и Монти, инаку и двајцата поранешни италијански премиери. Според нив, користењето на процесот за избор на Европската комисија за домашните политички пресметки, само го поткопува кредибилитетот на ЕУ и претставува ризик за продлабочување на поделбите, кои потенцијално „би го загрозиле вториот мандат на Урсула фон дер Лајен како претседателка на Комисијата“. – Таквото сценарио ќе ја направи Европа предмет на глобален потсмев во време кога геополитичките промени, особено во САД, бараат посилна и пообединета Европа, истакнаа Проди и Монти, изразувајќи надеж дека „во овој критичен момент кај сите ќе преовладува чувството на одговорност“. сп/Фото: МИА Архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија
Бизнис вести - пред 22 часа
Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Премиерот на Република Косово не кажа ништо посебно, само кажа дека во Северна Македонија нема закон за албанскиот јазик, има Закон за јазиците. Истото и јас го тврдам – дека и до сега немало посебен закон за албанскиот јазик, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. Одговарајќи на новинарски прашања, реакцијата на ДУИ на изјавата на косовскиот премиер Албин Курти, Меџити ја оцени како „хистерична“, спомнувајќи дека партијата на Али Ахмети така реагирала и на укинувањето на балансерот – алатката за вработување во јавната администрација по етнички клуч. -Хистерични се. За да сфатите како реагираат ДУИ на овие работи: министрите на ДУИ во минатата влада имаат дадено писмено мислење во врска со балансерот и сите, до еден, дадоа негативно мислење дека на балансерот му е поминат рокот, дека е несоодветен механизам, и истите тие, кога се укина од Уставниот суд, од судии кои беа избрани од нивното мнозинство, тие излегуваат и протестираат зошто се укинува балансерот. А самите го барале тоа. Значи, луѓето се во паника, немаат визија и никако да се соочат со новата реалност дека се во тешка опозиција, изјави Меџити по отворањето на „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина“. На прашањето дека премиерот Христијан Мицкоски кажал оти „речиси сите земји членки на ЕУ поддржуваат уставни измени со одложено дејство“ и кои се тие земји, првиот вицепремиер не одговори конкретно, но рече дека „тие се во врвот на приоритетите на оваа европски ориентирана влада“. -Работиме секојдневно со нашите стратешки партнери и сум оптимист дека во оваа насока ќе успееме, рече Меџити. Во врска со најавата на пратеникот Ријад Шаќири од коалицијата Вреди „за закон за бранителите на ОНА“, вицепремиерот одговори; „деталите за тоа со него“. хс/ев/ФОТО: Принтскрин . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
ОН: Луѓето во северниот дел на Газа не добиваат речиси никаква помош повеќе од 40 дена
Бизнис вести - пред 22 часа
ОН: Луѓето во северниот дел на Газа не добиваат речиси никаква помош повеќе од 40 дена 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Стефан Дижарик изјави дека поради опструкциите од страна на Израел повеќе од 40 дена, речиси и да не е доставена помош за Палестинците кои се борат за опстанок во северна Газа, јави Анадолија. Дижарик одговараше на прашањата на новинарите за случувањата на Блискиот Исток. Нагласувајќи дека израелските војници го блокирале преминот кон северниот дел на Газа, Дижарик истакна дека жителите од овој регион речиси и да не добиваат помош повеќе од 40 дена и оти хуманитарната ситуација е особено тешка во одделни региони. – Луѓето се борат за опстанок во опколените области во северниот дел на Газа, рече Дижарик, повикувајќи се на информации добиени од Канцеларијата за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА) на ОН. Наведувајќи дека израелските војници продолжуваат да спречуваат помошта да стигне до подрачјата како што се Беит Ханун, Беит Лахија и Џабалија, Дижарик нагласи дека 27 од 31 обид за помош планирани само овој месец се одбиени, а останатите четири се сериозно успорени. – Искрено кажано, сите обиди на ОН да ги поддржат луѓето во опколените области северно од Газа се отфрлени или блокирани, рече Дижарик. Портпаролот на генералниот секретар го сврте вниманието кон гладот што ќе настапи во регионот каде што се затворени сите пекарници и целосно е блокирано снабдувањето со гориво, пренесува Анадолија. јт/Фото: Анадолија . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Средба на Ангеловска-Бежоска со висок претставник на Трезорот на САД: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност
Бизнис вести - пред 23 часа
Средба на Ангеловска-Бежоска со висок претставник на Трезорот на САД: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност 20/11/2024 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска остварила средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која станало збор за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка. Преку оваа средба, како што соопшти Народната банка, била нагласена поддршката од САД за економскиот развој и зајакнувањето на отпорноста и финансискиот интегритет на земјава. На почетокот на средбата била истакната клучната улога на Народната банка во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности. Гувернерката Ангеловска-Бежоска нагласила дека Народната банка преку преземените мерки му овозможи на финансискиот систем да се справи со економските предизвици. Било истакнато и дека Народната банка дејствува како столб на севкупната макроекономска стабилност. Гувернерката Ангеловска-Бежоска и високиот претставник на администрацијата на САД, Тран, ги разгледале можностите за техничка помош и соработка за унапредување на регулативните рамки и финансиската стабилност. -Преку користење на експертизата од оваа важна финансиска институција на САД, Народната банка може уште повеќе да ги зајакне своите капацитети за управување со ризиците, за супервизија и дигитализација на финансиите, коишто се исклучително важни за јакнењето на отпорноста. Преку соработката на двете институции ќе се добие увид и во новите алатки и практики за справување со предизвиците од неизвесното окружување, како и за можностите за пренесување на знаењето и поврзување со светскиот финансиски пејзаж, се наведува во соопштението од Народната банка. дма/сст/Фото: Народна банка . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Муцунски ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ во Тирана
Бизнис вести - пред 1 ден
Муцунски ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ во Тирана 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Министерот за надворешни работи и надворешна трговија ќе учествува на состанокот на министри на надворешни работи на Централно европска иницијатива (ЦЕИ) кој во рамки на албанското претседавање со иницијативата се одржува денеска во Тирана. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, фокусот на темите на состанокот ќе биде ставен на ЕУ проширувањето во новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици се рефлектираат како на регионалната, така и на меѓународната безбедност и стабилност. За време на министерскиот состанок се очекува да биде усвоена Заедничка изјва од страна на сите министри на земјите членки на ЦЕИ, потврда за изборот на нов Генерален секретар на ЦЕИ и утврдување на следната земја претседавач со иницијативата – Република Србија. сст/дма/фото МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Трамп го номинира познатиот др.Оз да ја раководи сојузната агенција Медикер и Медикејд
Бизнис вести - пред 1 ден
Трамп го номинира познатиот др.Оз да ја раководи сојузната агенција Медикер и Медикејд 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека го избрал познатиот лекар Мехмет Оз да ја предводи огромната американска програма за јавно здравствено осигурување – федералната агенција Центри за Медикер и Медикејд(CMS). Оз, познат како „Д-р Оз“, во 2022 година имаше неуспешен обид за кандидирање за американскиот Сенат. Трамп, кој го поддржа во таа трка, рече дека сега тесно ќе соработува со Роберт Кенеди Јуниор, кого го избра да биде секретар за здравство и благосостојба. Новоизбраниот претседател вели дека двајцата ќе се справат со „ индустрискиот комплекс на болести и сите ужасни хронични болести што останаа зад него“, како и да стават крај на „расипништвото и мамењето“. -Нашиот расипан здравствен систем им штети на обичните Американци и го исцрпува буџетот на нашата земја, рече Трамп, додавајќи дека д-р. Оз ќе биде лидер во „промовирање на превенцијата од болести“. Овој 64-годишен хирург е познат како ѕвезда на малите екрани. Повеќе од десет години имаше свое шоу „Д-р Оз шоу“ кое го прослави. Но, неговите здравствени препораки беа критикувани од колегите, а тој исто така беше обвинет за промовирање неефикасни или потенцијално опасни третмани или додатоци во исхраната, особено во врска со Ковид-19. сд/фото:ЕПА . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Иранските власти ја ослободиле студентката која се соблече на универзитетот во знак на протест
Бизнис вести - пред 1 ден
Иранските власти ја ослободиле студентката која се соблече на универзитетот во знак на протест 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ Иранката која на почетокот на ноември се соблече во долна облека на ирански универзитет нема да биде обвинета, објавија иранските власти. Портпаролот на иранското правосудство изјави дека девојчето било згрижено во болница и вратено кај семејството. Нејзиното притворање наиде на меѓународна осуда, а Амнести интернешнал побараа нејзино итно и безусловно ослободување. „Со оглед на тоа што беше испратена во болница и беше откриено дека е болна, таа беше предадена на нејзиното семејство. . . и против неа не беше покрената правна постапка“, рече портпаролот на судството Асгар Јахангир, пренесе Би-Би-Си. Студентската организација објави видео од апсењето, истакнувајќи дека Ахо Дарјаи се скарала со безбедносните агенти затоа што не носела шамија и дека за време на расправаијата се соблекла во долна облека. Иранските власти многу брзо објавија дека Дарјаи е „болна“ и дека била однесена во психијатриско одделение. Ова не е првпат иранските власти да прогласат жена која протестирала против законот за задолжително носење хиџаб за ментално болна. Една жена која побегна од Иран во Канада во 2018 година рече дека нејзиното семејство било под притисок од иранскиот режим да ја прогласи за ментално болна. По Исламската револуција во 1979 година, за жените во Иран стана задолжително покривање на косата и скромно облекување. Пред две години, Курдката Махса Амини почина во полициски притвор откако беше приведена затоа што „правилно не носеше хиџаб“. Се смета дека повеќе од 500 луѓе биле убиени за време на неколкумесечните национални протести во земјата што избувнаа по нејзината смрт. паг/Фото: Икс . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Одбележување на Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест
Бизнис вести - пред 1 ден
Одбележување на Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест 20/11/2024 ВЕСТИ, ЛОКАЛНО Светскиот ден на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) ќе се одбележи денеска, а целта е да се подигне свеста за значењето и социо-економскиот товар на болеста. Од Македонското респираторно здружение посочуваат дека голем број фактори ја предизвикуваат оваа болест но пред се дека тоа се аерозагадувањето и пушењето. – ХОББ е голем проблем на денешницата. Во светот од оваа болест, боледуваат повеќе од 400 000 000 луѓе и за жал, нивниот број постојано се зголемува. Секоја година поради ХОББ умираат по 3,5 милиони луѓе, а преваленцијата и морталитетот се најголеми во неразвиените земји. Голем број фактори ја предизвикуваат оваа болест, пред сѐ аерозагадувањето, пушењето, професионалната експозиција, како и изложеноста на чад од согорување на биомаси и вештачки хемиски материи, истакнуваат од ова здружение. По повод одбележувањето на Светскиот ден во библиотеката на Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје ќе се одржи прес-конференција. Бесплатни прегледи по повод Денот на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) се одржаа и во понеделникот во „Сити мол“ во Скопје. Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Димитар Каркински појасни дека ако се земат предвид светски статистики, во нашата држава би имало минимум 100,000 заболени лица. – За жал, оваа болест е многу честа во Македонија. Најглавна причина за ова е пушењето. Македонија е меѓу првите три земји во Европа по користење цигари и се смета дека 45 отсто од адултната популација во Македонија се пушачи. За жал и самите пациенти не знаат дека имаат хронична опструктивна белодробна болест, т. е. имаат симптоми, ама или не ги препознаваат или ги игнорираат, а тоа го знаеме бидејќи немаме толкав број пациенти кои доаѓаат на прегледи, а во консултации со Фондот за здравство, не се ни издаваат толкав број лекови што би требало да ги примаат овие пациенти, појасни Каркински. бд/бак/Фото: МИА архива . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...
Амбасадата на САД во Киев затворена поради потенцијален воздушен напад врз градот
Бизнис вести - пред 1 ден
Амбасадата на САД во Киев затворена поради потенцијален воздушен напад врз градот 20/11/2024 ВЕСТИ, СВЕТ – Американската Амбасада во Киев е привремено затворена откако добила „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20 ноември“, јави Би-Би-Си. – Поради претпазливост амбасадата ќе биде затворена, а вработените во амбасадата добиваат инструкции да се засолнат, се вели во соопштението. Амбасадата исто така им препорача на граѓаните на САД да се подготват да се засолнат во случај да биде објавена воздушна тревога. Ова не е прв пат амбасадата да ги затвори вратите по предупредувања за потенцијални воздушни напади. Слични предупредувања имаше и за Нова година и околу Денот на независноста на Украина. јт/ . Извор: МИА 2024-11-20 korisnik...