Официјално: Гилеспи е замената за повредениот Нибо во Милано
Екипа - пред 14 часа
Олимпија Милано го официјализираше веќе договорениот трансфер на Фреди Гилеспи, со што италијанскиот првак очекува да ги реши проблемите на центарската позиција. Џош Нибо требаше да биде главен адут под обрачите, но словенечкиот репрезентативец веќе имаше две повреди поради кои пропушти важни натпревари за Милано. „Манекените“ беа во потрага по нов центар, а изборот падна врз Гилеспи, кој беше без ангажман откако лани си замина од редовите на Црвена Звезда. Тој вечерва го потпиша договорот со важност до јуни 2025 година, но останува да се види од каква помош ќе биде на италијанскиот тим, ако се знае дека во Евролигата, како член на Баерн Минхен и на Црвена Звезда има одиграни вкупно 62 средби, со скромни бројки од 3,5 поени и 4,3 скокови по натпревар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Добри вести за Партизан пред дербито со Црвена звезда
Екипа - пред 1 ден
Кошаркарите на Партизан во четврток ќе го одиграат првото вечно дерби сезонава против Црвена Звезда, по серијата од шест порази во Евролигата. „Вечниот“ дуел се игра во четврток на 21. ноември од 20 часот во „Белградска арена каде домаќините ќе бидат „црвено-белите“. Како што информираат српските меидуми, Тајрик Џонс, Марио Накиќ и Вања Маринковиќ треба да се вратат во тимот против тимот на Јанис Сферопулос. Центарот на Партизан поради болки во рамото го пропушти дуелот во Бар против Морнари во АБА лигата, а патувањето за Црна Гора не започна превентивно. Истиот извор додава дека во тимот ќе се врати и капитенот Вања Маринковиќ, кој имаше грч во грбот поради студот во „Белградска Арена“, како и Марио Накиќ. Во дербито нема да игра Балша Корпивиќ, кој е на располагање на Светислав Пешиќ и на српската репрезентација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Џонатан Мотли има нов клуб
Екипа - пред 2 дена
Џонатан Мотли има нов тим, а тоа не е ниту Црвена звезда ниту Хапоел Тел Авив. Американскиот центар во последните недели беше предмет на голема сага. Тој самоиницијативно го напушти Хапоел, а требаше да ја засили Црвена Звезда. Сепак, сето тоа не се случи, а според добро информираните американски новинари, Џонатан Мотли се вратил во развојната лига во НБА: Мотли реши да ги спакува работите и да го напушти тимот на Хапоел поради војната во Израел. Ова не им се допадна на челниците на Хапоел кои ја обвинија Црвена Звезда дека влегува во преговори со Мотли. Сепак, српскиот клуб ги демантираше обвинувањата на израелскиот клуб дека имало преговори со Мотли. Подоцна се појави информација дека Реал Мадрид е заинтересиран, но тоа не се оствари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Илија Најдоски: На Балканот лигите треба да бидат со 10 клуба, за да се концентрира квалитетот!
Екипа - пред 1 ден
Македонската фудбалска легенда и освојувач на европската шампионска круна со Црвена Звезда, Илија Најдоски, во разговор за српски „Журнал“ истакнува дека црвено-белите имаат сили низ следниот период да забележат далеку подобри резултати во Лигата на шампионите. Црвена Звезда по првите четири натпревари нема ниту еден бод, по поразите од Бенфика, Интер, Монако и Барселона, но сега на „Маракана“ доаѓа Штутгарт, против кој тим се очекува позитивен резултат. „Често на пријателите кои имаат огромни очекувања им кажувам дека голем успех е пласманот во Лигата на шампионите. Сте го виделе Бодо Глимт како игра во Европа, многу е тешко да исфрлиш таков тим. Секој бод сега вреди злато и ќе биде поттик за иднината. Не е лесно да се справиш со тимови како Барселона, Монако и Интер, кои лесно ја решаваат играта во своја полза врз основа на нивниот индивидуален квалитет“ – вели Најдоски, и дополнува: „На хартија нема лесни противници. Јавноста сака да фаворизира, но и да бара победи против силни тимови. Верувам во црвено-белоите, Маракана може да биде исклучително важна против Штутгарт и ПСВ. Секако, потребно е да се надополнат сите недостатоци кои беа видливи на претходните натпревари. Се враќаат и важни играчи, кои се повредија претходниот месец. Црвена звезда може да бодови, но мора да го даде својот максимум и да даде се од себе од првата до последната минута“. Најдоски прави и компарација од времето кога тој дојде до европската титула во генерацијата заедно со Панчев, Савичевиќ, Просинечки, Михајловиќ… „Сосема е различно. Гледам многу поранешни играчи го спомнуваат бројот на странци. Мислам дека играта е подобрена, сега во секој голем клуб имаш голем број на странски фудбалери. Забележавте дека има голема разлика во посетеноста на натпреварите кога доаѓа еден од великаните во Европа во однос на домашното првенство. Потребно е многу за да се направат радикални промени. Ќе биде поинтересно за многу екипи, но првенствено за гледачите, доколку се биде сконцентрирано во неколку клубови“. Каков систем би применил во домашните лиги да се зголеми квалитетот на првенствата на Балканот? „Постои популарна приказна за намалување на бројот на тимови, јас сум поддржувач на таква идеја. Во Македонија од 16 се намали на десет и дванаесет и веќе се видливи промени. Имате неколку екипи кои се борат за титулата, се игра систем од три круга и секој може да победи секого. Ваквите промени многу би му помогнале на српскиот фудбал. Црвена звезда дома игра против клубови каде што триумфира со четири-пет гола разлика, а потоа ги чека Барселона, тоа е голема разлика“ – вели македонската фудбалска легенда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Навивачите на Звезда со специјални маици на дербито со Партизан во Евролигата
Екипа - пред 20 часа
Црвена звезда и Партизан во четврток од 20 часот ќе го одиграат првото вечно дерби сезонава во Евролигата. Навивачката група на Црвена звезда ги повика црвено-белите навивачи да дојдат на натпреварот против Партизан во специјални маици, бидејќи четврток е годишнина од трагичната смрт на навивачот на Црвена звезда, Марко Ивковиќ: „Ѕвездаши, Делии… 21.11. играме евролигашко дерби во Арена. На тој ден пред точно десет години во Истанбул животот го загуби нашиот брат Марко Ивковиќ. Ги повикуваме сите да дојдат на дербито облечени во маички посветени на него! Да се потсетиме дека времето не значи ништо кога се работи за луѓе како нашиот Марко и како што одминуваат годините уште повеќе го споменуваме и паметиме“, се вели во објавата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Еуфорија во Белград: Илјадници од рана зора во ред за билети за Ц. Звезда-Партизан (ФОТО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Кошаркарите на Црвена Звезда во четврток од 20 часот во белградската Арена ќе го пречекаат својот вечен ривал Партизан, во рамки на 11. коло од Евролигата, за која продажбата на билетите започна утринава, привлекувајќи големо внимание од навивачите. Фановите веднаш се упатија да ги обезбедат своите влезници, а според фотографиите од настанот интересот за првото кошаркарско вечно-дерби во оваа сезона, кое има големо значење за двете екипи. Партизан моментално се наоѓа на 16. позиција на табелата во Евролигата со скор од осум победи и два порази, додека Црвена Звезда е на 10. место со пет победи и исто толку порази. „Продажбата на билети започнува денес во просториите на Спортското друштво Црвена Звезда од 10 часот. Клубот ја известува јавноста дека продажбата на поединечни билети за овој натпревар ќе се врши исклучиво со сезонска или членска карта на КК Црвена Звезда, најмногу две карти по лице“, се наведува во соопштението на клубот. Овој натпревар се очекува со нетрпение, бидејќи покрај големото ривалство, ќе има значајно влијание врз позициите на табелата на двете екипи во Евролигата. View this post on Instagram A post shared by KK Crvena zvezda Meridianbet (@crvenazvezdakk)...