Ќе има Ел Класико финале, Барса го победи Атлетико во Мадрид! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 22 минути
Барселона со 1-0 го победи Атлетико Мадрид на Ванда Метрополитано и се пласира во финалето од Купот на Шпанија каде што ја чека најголемиот ривал, Реал Мадрид. Во првиот полуфинален дуел меѓу Барса и Атлетико имаше дури осум голови, но денеска во Мадрид само еден. Тој го постигна Феран Торес во 27. минута по асистенција на Ламин Јамал. Барселона до крајот на мечот успеа да ги одбие налетите на Атлетико Мадрид и се пласираше во финалето. А финалниот дуел од купот оваа сезона ќе биде спектакуларен, тоа ќе биде Ел Класико меч меѓу Реал Мадрид и Барселона. LAMINE YAMAL WITH A WORLD CLASS BALL TO FERRAN TORRES TO OPEN THE SCORING IN THE COPA DEL REY SEMIFINAL 😮💨 pic.twitter.com/RHOMWjIfT3 — ESPN FC (@ESPNFC) April 2, 2025...
Ливерпул го доби „Мерсисајд“ дербито и ја зголеми предноста на врвот! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 35 минути
Ливерпул со 1-0 го победи Евертон во големото градско дерби, Манчестер Сити со 2-0 славеше над Лестер, најубедлива беше Астон Вила која со 3-0 победи кај Брајтон. Црвените со гол на Диого Жота во 57. минута го совладаа Евертон со 1-0 и на осум кола до крајот му победнаа цели 12 бодови на второпласираниот Арсенал. Манчестер Сити со голови на Грилиш Мармуш во првиот половина час од натпреварот, го совлада Лестер со 2-0. Астон Вила со убедливи 3-0 победи на гостувањето кај Брајтон, а сите погодоци паднаа во вториот дел. Рашфорд, Асенсио и Мален беа стрелци на головите. Засилувањата кои пристигнаа во јануари. Њукасл со 2-1 го победи Брентфорд, со истиот резултат Ипсвич победи на гостински терен кај Борнмут, немаше победник на дуелот меѓу Саутемптон и Кристал Палас, дуелот заврши 1-1....
Без победник во првиот дел од миланското полуфинале! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 49 минути
Милан и Интер одиграа 1-1 во првиот полуфинален дуел од Купот на Италија, патникот во големото финале ќе се решава во реванш натпреварот. По мирното прво полувреме, двата гола беа постигнати во вториот дел. Во втората минута од второто полувреме Абрахам даде гол за водство на Милан од 1-0. Течеше 67. минута кога Чалханоглу реализираше за 1-1. Во другото полуфинале Болоња славеше со 3-0 на гостински терен кај Емполи, таму работата се чини дека е завршена. 🚨🇮🇹 GOAL | AC Milan 1-0 Inter | Tammy Abraham TAMMY ABRAHAM OPENS THE SCORING FOR AC MILAN !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/IzdX8K20hO — Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 2, 2025 🚨🇮🇹 GOAL | AC Milan 1-1 Inter | Calhanoglu CALHANOGLU HAS EQUALIZED FOR INTER !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/hOl9MRnbkG — Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 2, 2025...
Штутгарт го исфрли Лајпциг од купот и оди во финале! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 час
Штутгарт со 3-1 го победи Лајпциг и се пласира во финалето од Купот на Германија каде ќе игра против Арминија Билефилд. Домаќините поведоа уште во петтата минута кога Штилер постигна гол, со водство од 1-0 за Штутгарт заврши и првото полувреме. Во 57. минута Волтемаде зголеми на 2-0, а пет минути подоцна Шешко даде гол за Лајпциг и намали на 2-1. Гостите се вратија во игра. Но, во 73. минута Левелинг погоди за 3-1, што беше и конечен резултат. Штутгарт во финалето ќе игра против третолигашот Арминија Билефилд која синоќа го шокираше Баер Леверкузен. ANGELO STILLER WITH A STUNNER FOR STUTTGART IN THEIR DFB POKAL SEMIFINAL MATCH AGAINST RB LEIPZIG 🤯 WHAT A HIT!! pic.twitter.com/KkWl76tfEg — ESPN FC (@ESPNFC) April 2, 2025...
Инцидент на жешкото дерби: Мурињо физички го нападна тренерот на Галатасарај! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 час
Сериозен инцидент се случи на дербито меѓу Фенербахче и Галатасарај кое се играше во рамките од Купот на Турција, во главната улога беше кој друг ако не, Жозе Мурињо. Галатасарај победи со 2-1 на теренот на Фенербахче, па нервозата во домашниот табор беше голема. Во финишот од мечот настана мешаница која траеше повеќе време. А еден дуелите беше меѓу двата тренери. Жозе Мурињо за нос го фати тренерот на Галатасарај Окан Бурук кој падна како покосен. Coach of Fenerbahce Jose Mourinho physically assaulting Okan Buruk that’s the coach of Galatasaray!! Never seen something like this in all my years of watching football. Disgrace.pic.twitter.com/MY2nb1jaqt — Buchi Laba (@Buchi_Laba) April 2, 2025 Португалецот овој скандалозен однос сигурно ќе добие голема казна од Фудбалската федерација на Турција....
Пиротехниката забранета во салите - клубовите ќе плаќаат казни и до 10.000 евра!
Спорт 1 - пред 2 часа
Неодамнешната стравична несреќа во Кочани, каде што во пожар во дискотека загинаа 59 лица, а повеќе од 200 беа повредени, иницира итна промена во законските акти и целосна забрана за пиротехника во затворен простор, нешто што со години наназад многумина го бараа особено на спортските натпревари во сала. Со промените во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, кои вчера беа усвоени од парламентарците, употребата на пиротехника во затворено е целосно забранета, а се предвидени ригорозни казни за прекршителите. Физичкото лице кое ќе запали факел или било што друго што спаѓа во пиротехника (вклучувајќи ги и петардите) на лице ќе добие казна од 200 до 250 евра. Драматично поголема казна ќе биде за правното лице, во овој случај спортскиот колектив што се јавува како организатор на настанот, кој се соочува со парична казна помеѓу 5.000 и 10.000 евра. Одговорното лице, пак, или во спортот извршните директори на клубовите ќе мора да платат санкција од 250 до 500 евра. Ова дефинитивно би требало да донесе ред на спортските арени на затворено, каде што во минатото сме биле сведоци на пиротехнички спектакли кои потоа правеле проблеми на актерите на теренот, но и на сите други присутни во салите. Со ова треба да се спечи потенцијалната можност за нова катастрофа, каква што за среќа досега немало во арените, без разлика што најголем дел од нив (ако не и сите) ниту од далеку не ги исполнуваат безбедносните услови запишани во законите, особено во делот за заштита од пожари....
ЕХФ одлучи: Партизан и АЕК ќе играат во Бугарија и тоа рано во денот!
Спорт 1 - пред 2 часа
Ракометниот реванш од четвртфиналето во Европскиот куп меѓу Партизан и АЕК кој не се одигра во Србија, ќе се игра во Бугарија. Во првиот меч АЕК победи со 27-22, а на реваншот гостинските ракометари се исплашија од пиротехниката на навивачите на Партизан, па не искочија да го играат натпреварот. Дуелот беше одложен. Се шпекулираше дека мечот би можел да се игра во Скопје, но ЕХФ денеска пресече и решено е да се игра во бугарскиот град Шумен на 7 април, со почеток од 11 часот....
Партизан шокиран од ТСЦ, ист(и) фудбалер(и) шутираа по двапати во пенал-рулетот! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 2 часа
Партизан и ТСЦ Бачка Топола одиграа меч со луда пенал серија во која шутираа и фудбалери кои веќе имаа шутнато, на крајот црвено-белите загубија и испаднаа од купот. ТСЦ Бачка Топола се пласираше меѓу четирите најдобри во српскиот куп благодарение на една пенал серија каква што ретко се гледа. Натпреварот во регуларниот дел беше 0-0, мрежите мируваа. Натпреварот беше рамноправен. Пеналите мораше да го одлучат победникот. За да се дојде до победникот се шутираа дури 13 пенал серии, се свртеа сите фудбалери, па некои од играчите мораше да шутираат и по двапати. Од Партизан промашија тројца фудбалери, од Бачка Топола не реализираа само двајца. Пенал серијата заврши со 10-9 за гостите....
Борозан шоу за триумф на Вардар над Алкалоид!
Спорт 1 - пред 3 часа
Вардар со убедлива победа од 34-26 над Алкалоид го почна плејофот од ракометната Суперлига, Вуко Борозан беше незадржлив за момците на Кире Лазаров. Црвено-црните во голем стил тргнаа во плејофот, Алкалоид не можеше да најде решение за Вуко Борозан кој одигра фантастичен меч, беше нерешлива енигма за противникот полнејќи ја неговата мрежа. Натпреварот почна со минута молк за жртвите од големата несреќа во Кочани. Почит за нив беше дадено и во 59. минута кога целата сала стана и аплаудираше за 59. жртви кои го загубија животот во страшниот пожар. Вардар стартуваше моќно во натпреварот, поведе со 3-0, но Алкалоид успеа да се врати и да поведе со 6-5. Сепак вардарци повторно се кренаа и ја вратија предноста од три гола разлика, но противникот не даваше домаќинот да се одлепи. На одморот се замина со водство од 15-13 за Вардар. Во второто полувреме Вардар имаше тотална контрола на резултатот, не му даде на Алкалоид да се понадева дека може да извлече нешто од овој натпревар. Победникот беше решен далеку пред крајот на натпреварот, а конечниот резултат гласеше 34-26. Вуко Борозан беше најефикасен на мечот постигнувајќи девет голови иако не ги играше последните 20 минути, голем допринос за победата имаше и голманот Мигел Еспиња со 14 одбрани. Кај Алкалоид најефикасен беше Мартин Серафимов со осум голови....
Славен Белупо го елиминира Осиек: Несторовски ќе се бори за трофеј
Спорт 1 - пред 4 часа
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски заедно со неговите колеги од Славен Белупо по пенал-рулет го елиминираа Осиек во полуфиналето на Купот на Хрватска. Натпреварот го одбележаа голем број шанси во текот на регуларниот дел, меѓутоа ниту еден од фудбалерите на двете екипи не беше прецизен, по што победникот мораше да се решава на пенали. Несторовски прв шутираше за Славен Белупо и беше прецизен од белата точка, по што во редовите на Осиек промашија Солдо и Хернани за да му овозможат на ривалот да се пласира во финале. Славен Белупо за титула ќе се бори против победникот од дуелот меѓу Истра и Риека....
Охрид во драматична завршница го скрши Бутел
Спорт 1 - пред 4 часа
Ракометарите на Охрид триумфираа против Бутел со 22-20 по драматична завршница на стартот на плејофот од македонската ракометна Суперлига. Охрид беше одличен во првото полувреме, не грешеше во нападот, а исто така одлично се бранеше за да стигне до водство од 13-8. „Гладијаторите“ беа одлични и на стартот на вториот дел кога стигнаа до предност од осум голови (19-11), меѓутоа Бутел не се предаваше и во драматична завршница намали на 20-21. Сепак, Охрид не згреши во последните секунди и ја обезбеди победата. Најдобри во победничкиот тим беа Гал Цирар со седум голови и Гоце Ојлески со шест погодоци, додкеа Христијан Милошески и Димитар Ѓеоргиевски постигнаа по четири голови за Бутел. Пролет со триумф од 30-23 против Струга го отвори разигрувањето за опстанокот, а најефикасни во победничката екипа беа Стојановски и Андоновски со по шест голови, додека на спротивната страна Ристиќ постигна шест погодоци....
Барди погоди против Трабзонспор, но Бодрумспор испадна од Купот (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 4 часа
Бодрумспор беше поразен во дуелот против Трабзонспор по продолженија со 2-3 во четвртфиналето на Купот на Турција, а македонскиот репрезентативец Енис Барди се запиша во листата со стрелци. Домаќините во третата минута го отворија резултатот преку Банза, но набрзо следеше шок за Трабзонспор бидејќи Сефери израмни на 1-1, а потоа Барди со одличен гол погоди за целосен пресврт (2-1). Трабзонспор, сепак, набрзо го возврати ударот и израмни на 2-2, а победата ја обезбеди дури во 98. минута кога Зубков ги постави конечните 3-2. Enis Bardhi, Trabzonspor'a attığı golden sonra sevinmedi.pic.twitter.com/lLV87THarD — De Marke Sports (@demarkesports) April 2, 2025 Enis Bardhi, Trabzonspor'a attığı golden sonra sevinmedi. pic.twitter.com/JVoBxFMifu — 61saat (@61saat) April 2, 2025...
Македонски и бугарски ветерани ќе одиграат хуманитарен меч за Кочани
Спорт 1 - пред 5 часа
Фудбалските ветерани на Македонија и Бугарија на 27 април во 16 часот на стадионот Спартак во Варна ќе одиграа хуманитарен натпревар за настраданите во пожарот во Кочани. Фондацијата „Националс 94“ го организира настанот во партнерство со општина Варна, а собраните средства ќе бидат донирани за лекување на повредените во пожарот. Еден од фудбалерите кои ќе настапат за Бугарија е легендарниот Христо Стоичков, додека од македонска страна на теренот се очекува да заигра Горан Пандев....
Арсенал почна преговори со еден од најдобрите шпански фудбалери
Спорт 1 - пред 5 часа
Лондонскиот гигант Арсенал планира да ангажира неколку засилувања за следната сезона во која конечно ќе се обиде да ја освои титулата во Премиерлигата по долга пауза. Новинарот Фабрицио Романо објави дека управата на „топчиите“ веќе имала разговори со еден од најдобрите шпански фудбалери, Нико Вилијамс. Вилијамс е на листата со желби на Барселона веќе некое време, а неговата откупна клаузула изнесува 60 милиони евра, но сега во целата приказна се влучи и Арсенал. Арсенал планира набрзо да испрати понуда до Атлетик Билбао, меѓутоа сака најпрво да ги договори условите со Вилијамс....
Консеисао ќе ги пакува куферите: Милан го избрал неговиот наследник
Спорт 1 - пред 5 часа
Сержо Консеисао го презема Милан пред неколку месеци, но на крајот на сезоната се очекува да го напушти италијанскиот гигант, а „Газета дело Спорт“ открива кој е фаворит да го наследи на кормилото на тимот од „Сан Сиро“. „Росонерите“ преговарале со Роберто Де Ѕерби, кој во моментов работи во Олимпик Марсеј, но подготвен е да се врати во Италија, односно да потпише со Милан. Милан има уште две резервни опции, доколку пропаднат преговорите со Де Ѕерби, а наводно станува збор за искусните италијански тренери Масимилијано Алегри и Антонио Конте. Екипата од Милано во моментов е на деветтото место во Серија А со 47 бодови по 30 одиграни меча....
Лавина го затрупа Ивица Костелиќ, Хрватот едвај спаси жива глава!
Спорт 1 - пред 6 часа
Поранешниот хрватски скијач Ивица Костелиќ неодамна се спаси од давење во Улцињ, а сега повторно се соочи со нова опасна ситуација, по што едвај спаси жива глава. Костелиќ бил затрупан од лавина надвор од скијачка патека во австриски Обертаурен, меѓутоа следела брза спасувачка акција во која успешно бил извлечен заедно со уште еден скијач. Во акцијата на спасувачките служби интервенирал и хеликоптер, а заедно со Костелиќ наводно бил присутен и Бенџамин Пихлер. Австриските медиуми пишуваат дека Костелиќ во моментов се наоѓа на одмор во Обертауерн со сопругата и децата....
Барди со прекрасен удар ја „скина“ мрежата на Трабзонспор (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 6 часа
Македонскиот репрезентативец Енис Барди постигна гол против својот поранешен клуб Трабзонспор на стартот на мечот од турскиот Куп. Трабзонспор прв стигна до предност, меѓутоа Бодрум со два погодоци го сврте резултатот во своја корист. Вториот гол беше дело на македонскиот фудбалер, кој испрати силен удар и ја „скина“ мрежата на ривалот. GOL | 🔴🔵 Trabzonspor 1-2 Bodrum FK 🟢⚪️⚽️ 20' Enis Bardhi #ZTK pic.twitter.com/CxdjDyCN2q— A Spor (@aspor) April 2, 2025...
Кој ја мати водата околу струшката сала „Нико Нестор“?
Спорт 1 - пред 6 часа
Деновиве на социјалните мрежи стана вирална објавата за катстрофалната состојба во која се наоѓа спортската сала „Нико Нестор“ од Струга. Во неа беше споменато дека „салата пропаѓа бидејќи не се знае кој е сопственик и кој ја стопанисува“, односно дека правниот субјект „Сојуз на спортови“ кој до сега ја стопанисувал бил под стечај?! Накратко за салата „Нико Нестор“ од Струга. Можеби не е за верување, но истата е спортска арена во која функционираат и се натпреваруваат неколку суперлигашки спортски клубови во ракомет и кошарка. Ако денес влезете во неа ќе ве затекне атмосфера на руина и распад налик на објектите после чернобилската катастрофа. Покрај искршените стакла на страната, честото паѓање на кровните стакла за време на тренинзите и натпреварите, прокиснувањето, дотраената електрична инсталација која колабира на секој половина час ќе ве затекне и одвратна миризба која се шири од санитарните јазли од подтрибинскиот простор и мувла на ѕидовите која се таложела долги години. Подлогата на салата пак, многу стар и дотраен линолеум поставен пред речиси пеесет години, на места до толку деформиран што спортските топке не отскокнуваат воопшто. Чија е спортската сала? На документ истата ѝ припаѓа на СОУ Нико Нестор-Струга“ и Сојузот на спортови Струга, кој е правен наследник на Сојузот за Физичка Култура –СОФК-а, важна спортска организација која во минатото го организираше целокупниот спортски живот во градот и ја организираше популарната Спортска вечер се до 2014 година. Нејзин претседател е Ѓорѓи Чуркоски, а Управниот Одбор е сочинет од : Никола Попоски - Пинг Понг клуб Струга; Здравко Стефаноски - Шаховски куб Стефо Балто Фијат Шате - ФК Влазними Драган Ќелешоски - КК Црн Дрим Владимир Кавај - Едриличарска федерација Никола Таштаноски - ФК Караорман Јован Трпеноски - ЖРК Стружанка Арбен Борова - ОФС Струга Наумче Мојсоски - РК Струга Илија Николиќ - Кајакарски клуб Црн Дрим Гоце Трајаноски - Стрелачки сојуз Ристо Талевски - Тријатлон клуб Титани Здравко Голабоски - Веслачки клуб Црн Дрим Ѓорѓија Стојанов - Џудо клуб Црн Дрим Дел од нив се одзваа на нашето барање за подробни информации за функционирањето на Сојузот со одговор дека до сега никој, никогаш не ги повикал на состанок, а камо ли на годишно Собрание и дека не се запознаени за стопанисувањето со спортската сала бидејќи ниту еднаш не биле свикани да им се даде отчет за финансиското работење Според документите од централниот регистар на Република Македонија Ѓорѓи Чуркоски е пензионер, претседател на Спортскиот Сојуз –Струга, Претседател на пливачкиот клуб Струга, член на неколку управни одбори на спортски клубови и поранешен претседател на ФК Караорман. Според стружани, зад неговото име се поврзани неколку контроверзии кои датираат од време на пандемијата и рестрикциите за движење на населението. „Салата ја користиме претпладне и е ужасна, во секој момент може да ни се случи катастрофа налик на онаа во Кочани. Чувај боже! Вратите се швајцувани со железни мрежи, еден нема да се спаси ако дојде до катастрофа, вели еден професор по Физичко образование. Еден поранешен спортист и репрезентативец пак прашува: Кој го штити Ѓоко Чурка пред законот? Долги години Сојузот наплаќа пари од клубовите кои се уплаќаат на сметката, за потоа да се вели дека сојузот е под стечај? Истиот тој е поврзан и со неправилно финансиско работење во ФК Караорман, од каде што потоа беа наплатени огромни отшети. И сега одеднаш се разбудија заедно со директорката Кети и управата на РК Струга и тврдат дека салата не чини кога тие ја стопанисуваат заедно од 2014 година... И сега прашуваме на кој градоначалник да му се отстапи спортската сала - дали на оној истиот што дозволи наводна спортска сала на брегот на езерото, а испадна салон за свадби и веселби? Или пак на градоначалникот што ја узурпираше зградата на ОУ „Браќа Миладиновци“?, велат длабоко засегнатите стружани. Се обидовме да го контактираме претседателот на Сојузот на Спортови од Струга, г-дин Ѓорѓи Чуркоски и директорката на СОУ Нико Нерстор Струга г-ѓа Кети Јанкоска, но за жал ниту еден од нив не ни одговори на повиците....
Де Роси ќе преземе екипа од Премиерлигата
Спорт 1 - пред 6 часа
Легендарниот Даниеле Де Роси наскоро би можел да добие нов ангажман, односно да преземе тим од Премиерлигата. Поранешниот фудбалер и тренер на Рома е подготвен да работи во англиската лига и веќе одржал разговори со еден од клубовите. Де Роси ги учел методите на работа на Пеп Гвардиола, а новинарите на „Газета дело Спорт“ пишуваат дека е подготвен да ги примени во Вулверхемптон. Вулверхемптон во моментов се наоѓа на 17. место во лигата со 29 освоени бодови од 30 меча....
Челси доби три засилувања пред дербито со Тотнем
Спорт 1 - пред 7 часа
Челси и Тотнем ќе се соочат во 30. коло од англиската Премиерлига в четврток од 21 часот, а екипата од „Стемфорд бриџ“ доби одлични вести пред натпреварот. Тренерот Енцо Мареска ќе добие три засилувања за дербито против Тотнем, односно по повредата се враќаат Кол Палмер, Нони Мадуеке и Николас Џексон. „Сините“ во моментов се на четвртата позиција во Премиерлигата со 49 бодови, додека Тотнем се наоѓа на 14. место со 34 поени....
Ла Лига бара од Судот веднаш да ја поништи регистрацијата на Олмо!
Спорт 1 - пред 7 часа
Војната меѓу Барселона и Ла Лига трае со месеци поради регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор, а сега пристигнаа нови вести од Шпанија. Ла Лига објави дека Барселона не ги исполнила барањата, односно финансиските извештаи. Во документот се открива дека последните 100 милиони евра кои ги добил каталонскиот гигант од продажба на ВИП-седиштата на новиот стадион за следните 20 години не се правилно регистрирани. Шпанската лига поради тоа бара од Судот веднаш да ја поништи регистрацијата за Олмо, а тоа дефинитивно би бил голем удар за Барселона која се бори за титулата. Според извори од Барселона, раководството на гигантот е мирно и ја очекува конечната одлука на Судот, која треба да биде изречена на 7 април....
Перез разговарал со неколку тимови за враќање во Ф1
Спорт 1 - пред 7 часа
Мексиканскиот возач Серхио перез откри дека разговарал со неколку тимови за враќање во Формула 1 од следната сезона, откако претходно се раздели со Ред Бул. Перез замина од Ред Бул на крајот на минатата сезона, по трката во Абу Даби, поради лошите резултати. „Од трката во Абу Даби ме контактираа неколку екипи. Сезоната почна, па некои работи ќе бидат појасни во следните месеци. Кога ќе видам кои ми се опциите, ќе одлучам за враќање во Формула 1“, кажа Перез....
Телеком Србија ги превзема НЕТ ТВ и Тотал ТВ
Спорт 1 - пред 7 часа
Групацијата Телеком Србија го заврши преземањето на НЕТ ТВ Плус од компанијата United Group, која емитува програма за дијаспората, како и на сателитската телевизија Тотал ТВ во Србија и Северна Македонија. Корисниците во дијаспората преку услугата на НЕТ ТВ отсега ќе имаат повеќе од 150 нови канали (вкупно 362 телевизиски канали) со најатрактивни спортски, филмски, сериски, информативни и забавни содржини од портфолиото на Телеком Србија. Гледачите на НЕТ ТВниз Европа и светот, во новата понуда, ќе можат да уживаат во богати спортски содржини во рамките на Arena Sport каналите. На корисниците ќе им бидат достапни и каналите со најнови домашни серии и филмови, како што е каналот Superstar TV, каналите на RTS, како и најпопуларните регионални и локални канали од Србија и регионот. Покрај поголемиот број канали, корисниците на НЕТ ТВ ќе бидат воодушевени и од значително збогатената понуда на домашни серии и филмови во видео клубот, односно услугата VoD. Дополнителна поволност за корисниците на НЕТ ТВ во Германија, Швајцарија и Австрија е и можноста да станат корисници на мобилните услуги на MTEL, под исклучително поволни услови, кои услуги се скроени согласно потребите на нашите луѓе кои живеат во дијаспората. Постоечките корисници на услугата НЕТ ТВ не треба да ја менуваат опремата и начинот на плаќање останува ист како досега. Телеком Србија, како водечка телекомуникациска групација на Западен Балкан, ја зајакна понудата на сателитска телевизија со преземањето на Тотал ТВ. Почнувајки од април корисниците на Тотал ТВ ќе можат да гледаат бројни канали кои што ги нуди Телеком Србија. На овој начин сите домаќинства кои следат телевизиска програма преку Тотал ТВ ќе уживаат во најдобрите спортски содржини ширум светот на Arena Sport каналите,кои отсега ќе ги емитуваат и содржините од Sport Klub, како и најатрактивните домашни серии и филмови кои се прикажуваат на SUPERSTAR TV каналите. „Со аквизицијата на Тотал ТВ и НЕТ ТВ, компанијата Телеком Србија ја потврди својата лидерска позиција во доменот на дистрибуција на мултимедијални содржини како во Србија и регионот, така и во дијаспората“, изјави генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ и додаде: „Отсега, сите корисници кои гледале телевизиски програми преку Тотал ТВ во Србија и Северна Македонија, како и преку НЕТ ТВширум светот, ќе имаат на располагање значително поголем број на ТВ канали, а посебно би ги истакнал оние кои нудат најдобра спортска и сериска содржина, Arena Sport и Superstar TV. Верувам дека сите наши корисници ќе уживаат новите содржини и дека бројот на корисници на нашите услуги во Србија, регионот но и во дијаспората во иднина ќе расте”. Телеком Србија ќе продолжи да инвестира во мултимедијални содржини, да го одржи и подобри квалитетот на своите услуги за да обезбеди беспрекорно корисничко искуство за своите корисници ширум светот....
Анчелоти помина два ипол часа во судница: Сè е во ред!
Спорт 1 - пред 8 часа
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше присутен на почетокот на судењето за затајување на данок во Шпанија. Еден од најдобрите стратези во светот е обвинет дека ја оштетил државата за милион евра во период од 2014 до 2015 година. Анчелоти помина два ипол часа во судница во Мадрид пред да излезе пред новинарите и да им каже дека сè е во ред и потоа замина со својот автомобил. Обвинителите бараат затворска казна до четири години и девет месеци за 65-годишниот тренер, но Анчелоти веќе ги негираше сите обвинувања. „Веќе ја платив казната, парите се кај нив, а сега адвокатите разговараат за решение на случајот. Да видиме што ќе каже судијата“, кажа Анчелоти во март. Други спортисти, исто така, имаа проблеми со затајување на данок во Шпанија, меѓутоа ниту еден од нив не заврши во затвор....
Финалниот турнир во одбојкарскиот Куп ќе се одржи во Радовиш
Спорт 1 - пред 8 часа
Вкупно осум одбојкарски екипи, односно четири во машка и четири во женска конкуренција ќе се соочат за пехарот во Купот на Македонија, а дуелите ќе се одржат во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш. Финалниот турнир ќе го организира Одбојкарската федерација и општина Радовиш, а куп-програмата ќе почне на 3 април со полуфиналните средби во машка конкуренција. Бранителот на пехарот Штип УГД во првото полуфинале од 16 часот ќе се соочи со Работнички 71&22, додека Струмица 47&72 во вториот полуфинален меч, од 19 часот, ќе ги измери силите со велешки Борец. Женските полуфинални дуели се предвидени за 4 април (петок). Наковски Волеј и Фит Фан Волеј се првата полуфинална двојка, која игра од 17 часот, додека второто полуфинале во кое се соочуваат Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ е закажано од 20 часот. В сабота, 5 април во салата „25. Мај“ во Радовиш ќе се одиграат финалните натпревари. Од 16 часот ќе почне финалето во женска конкуренција, додека за 19 часот е закажан мечот за трофејот кај мажите. Сите натпревари од финалниот турнир од Купот на ОФМ ќе имаат директен пренос на националниот сервис. КУП НА ОФМ 2025 ПОЛУФИНАЛЕ МАЖИ, ЧЕТВРТОК (03.04.2025) ШТИП УГД – РАБОТНИЧКИ 71&22 16:00ч. СТРУМИЦА 47&72 – БОРЕЦ 19:00ч. ПОЛУФИНАЛЕ ЖЕНИ, ПЕТОК (04.04.2025) НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 17:00ч. РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 20:00ч. ФИНАЛЕН ДЕН, САБОТА (05.04.2025) ФИНАЛЕ ЖЕНИ 16:00ч. ФИНАЛЕ МАЖИ 19:00ч....
Македонски кошаркар ги избра најдобрите навивачи – Грците му се пред Делии и Гробари!
Спорт 1 - пред 9 часа
Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс, кој настапува за Париз баскет, една од најголемите сензации во Евролигата оваа сезона, гостуваше во подкастот „Американос24“, каде што откри каде му било најпријатно да игра, а притоа се осврна и на атмосферата кај вечните ривали во Србија. Американецот со наш пасош доби задача да ги рангира најгласните и најимпресивните навивачи против кои играл од почетокот на сезоната, а во својот избор вклучи четири клубови. Тој на четвртото место го стави Жалгирис, а на третата позиција Фенербахче. Посебно се осврна на дуелот со турскиот клуб, истакнувајќи дека атмосферата била напната, а публиката постојано вршела притисок врз судиите. „Тоа беше вистинска битка до самиот крај. По мечот дури му испратив порака на еден од нивните кошаркари за да му кажам дека за првпат слушнав навивачи како ми го скандираат името и ми упатуваат коментари. Неочекувано искуство, бидејќи обично тоа не се случува“, откри Шортс. На второто место ја издвои Црвена звезда, потенцирајќи дека атмосферата во „Штарк арената“ не била во полн ек кога играле против Партизан, но дека мечот со Звезда бил сосема поинакво искуство. „Кога излеговме на загревање, трибините веќе беа во транс. Се завртев околу себе и си помислив: ‘Ова е нешто поинакво, сосема различно’“, изјави американскиот плејмејкер. На врвот на неговата листа се најде Панатинаикос. „Салата беше реновирана, изгледаше модерно и чисто. Не сум најголем фан на ЛЕД-паркетот, но кога почна натпреварот, тоа веднаш го заборавив. Навивачите беа неверојатни, особено во завршницата. Беше вистинска лудница!“, заврши Шортс....
САМИР МАНЕ – ПРВИОТ МИЛИЈАРДЕР ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ЛИСТАТА НА FORBES
Спорт 1 - пред 9 часа
ПРЕСТИЖНИОТ МАГАЗИН ЈА ПРОЦЕНУВА НЕГОВАТА ИМОТНА СОСТОЈБА НА 1.4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ За првпат, еден претприемач од Западен Балкан се најде на реномираната листа на најбогати луѓе во светот што ја објавува магазинот Forbes. Самир Мане, основач и претседател на BALFIN Group, се рангира на 2.356-тото место во светот, со проценета нето вредност од 1.4 милијарди американски долари. Ова претставува највисока проценка на имотна состојба досега доделена на еден претприемач од регионот од страна на престижната економска публикација која ја објавува листата од 1987 година. „Во друг дел од Европа, Албанија оваа година го добива својот прв милијардер – Самир Мане, кој изгради богатство од 1,4 милијарди долари преку инвестиции во трговски центри, продавници за електроника и луксузни недвижности низ Балканот,“ наведува Forbes. Мане го започнал својот претприемачки пат во 1993 година, основајќи ја BALFIN Group, која подоцна ќе прерасне во една од најголемите и најдинамични инвестициони групации во регионот. Денес, групацијата има активности не само на Балканот, туку и на меѓународно ниво, со значајни инвестиции во Австрија, САД и Канада. Компаниите на BALFIN Group во Македонија Во Македонија, BALFIN Group има силно и диверзифицирано присуство преку неколку значајни компании и инвестиции: Нептун – водечки синџир за продажба на електроника и бела техника. East Gate Mall – најмодерен трговски и lifestyle центар во Скопје, симбол на урбана трансформација. Skopje East Gate (SEG) – голем проект со мешана намена кој вклучува станбени, деловни и трговски содржини. Овие инвестиции не само што создаваат работни места и ги внесуваат глобалните стандарди, туку и значително придонесуваат кон модернизацијата и развојот на македонскиот пазар. Според Forbes, денес постојат над 3.000 милијардери во светот со заедничко богатство од 16.1 трилиони долари – највисока вкупна вредност досега. Само три земји сочинуваат повеќе од половина од вкупниот број: САД (813), Кина (450) и Индија (205). Во Европа, Германија е на врвот со 171 милијардер. Вклучувањето на Самир Мане во листата на Forbes не претставува само личен успех, туку и симбол на растечката економска сила и потенцијал на регионот. Неговата приказна е доказ дека со визија, посветеност и доверба во Балканот – може да се создаде глобален успех....
ОТСЕГА СИТЕ СПОРТСКИ СОДРЖИНИ СЕ НА АРЕНА СПОРТ
Спорт 1 - пред 9 часа
Компанијата Телеком Србија успешно го реализираше купувањето на одредени права, лиценци и друг имот поврзан со каналите на Sport Klub за територијата на Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) од компанијата United Group. Со реализацијата на оваа трансакција, сите љубители на спортот во Северна Македонија добиваат можност да ги следат сите спортски натпревари на едно место – на телевизиските канали Арена Спорт. Иако и досега гледачите на Арена Спорт уживаа во богата понуда на најпрестижни спортски натпревари, сега таа листа е комплетирана и Арена Спорт станува место за следење на најгледаните преноси од најпопуларните светски натпревари и спортови. Најдобрите европски фудбалски лиги (англиска, шпанска, италијанска, германска и француска), најдобрата кошарка (НБА, Евролига, АБА лига), најдобрите тенисери на денешницата, се на едно место, е сценарио кое претходно беше незамисливо за сите љубители на спортот. Секако, не треба да се заборави дека најатрактивните натпревари во ракомет, одбојка, ватерполо, боречки вештини, трките во Формула 1 и Мото ГП, како и голем број специјализирани канали и емисии, сега се сите на иста адреса - телевизијата Арена спорт. Изразувајќи го своето задоволство што љубителите на спортот конечно ќе ги имаат сите спортски содржини на едно место, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, изјави: „Во спортска смисла, би рекол дека ова е, пред сè, победа за сите љубители на спортот. Важно е да се истакне дека „Арена Спорт“ ќе им обезбеди на гледачите невиден опсег на спортски содржини кои ќе бидат достапни за корисниците на Телеком Србија и за сите останати. На овој начин, Арена Спорт станува синоним за спортот во Северна Македонија и регионот и сите се надеваме на нови успеси за нашите спортисти за чии успеси ќе сведочиме на Арена каналите. Исто така, ова е нова ера за Арена Спорт, која ќе стане еден голем профитен центар и значително ќе ги рационализира цените на странските спортски содржини, притоа обезбедувајќи дополнителни приходи од маркетинг. Како и досега, гледачите на Арена Спорт ќе имаат можност да ги следат најдобрите домашни и регионални спортови, како и натпреварите на репрезентациите. Арена Спорт ќе отвори повеќе нови канали и ќе вложи дополнителни продукциски напори со цел да им овозможи на корисниците најдобро искуство за следење спортски преноси во живо и специјализирани емисии....
Старт за мерак од ракометниот плејоф - Вардар го пречекува Алкалоид!
Спорт 1 - пред 10 часа
Возбудувањата во македонскиот ракометен шампионат продолжуваат вечерва со дербито меѓу Вардар и Алкалоид, со кое официјално стартува плеј-офот. Натпреварот во „Јане Сандански“ носи големо внимание, бидејќи се соочуваат две екипи со високи амбиции, подготвени за нова борба за титулата, а вардарци ќе ја имаат предноста на домашен терен, каде што се очекува солидна поддршка од трибините. Црвено-црните влегуваат во завршната фаза од шампионатот со два бода, исто како и нивниот вечерашен ривал, Алкалоид, кој во последните сезони го зголемува своето влијание на македонската ракометна сцена. Во првата фаза од лигата, Вардар го освои второто место, додека Алкалоид заврши како третопласиран. Пред нив е Пелистер, кој има бод повеќе и утре ќе го започне плеј-офот со дуел против Тиквеш. Покрај дербито во Скопје, денешната програма нуди уште еден плеј-оф натпревар, во кој Бутел ќе се соочи со Охрид....
Британска тенисерка се онесвести на терен – ја изнесоа со инвалидска количка (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 10 часа
Британската тенисерка, Франческа Џонс (24), се онесвести на теренот за време на мечот од Купот Колсанитас во Богота, па мораше да биде изнесена со инвалидска количка. Натпреварот беше прекинат во третиот сет, при резултат 5-3 во корист на Аргентинката Хулија Риера, која ја доби победата со предавање на противничката. Причината за колапсот сè уште не е позната. Џонс, која е 129. на светската ранг-листа, е родена со реткиот синдром ектодермална дисплазија, поради кој има два прста помалку на раката и три на ногата. Иако докторите ѝ прогнозирале дека нема да може професионално да се занимава со тенис, таа успешно ја гради својата кариера и настапува на светската сцена. Несреќниот момент се случи додека сервираше во одлучувачкиот сет. По инцидентот, организаторите на турнирот ѝ посакаа брзо закрепнување. Видеото може да го видите ТУКА....
Вардар доби (по)лесен противник за пласман во финалето од Купот!
Спорт 1 - пред 10 часа
Екипата на Вардар ќе ги одмери силите со Брера во полуфиналето на Купот на Македонија, откако на денешната ждрепка во ФФМ беа одредени полуфиналните двојки во ова натпреварување. Најтрофејниот македонски клуб ќе има можност да атакува на својот шести трофеј и тоа против тимот кој важи за објективно најлесен противник во оваа фаза. Во второто полуфинале, актуелниот шампион Струга ќе се соочи со водечката екипа оваа сезона, Шкендија. Полуфиналните дуели ќе се играат во два натпревари – првите мечеви се закажани за 9 април, а реваншите ќе се одиграат на 23 април. Вардар со пет освоени трофеи во Купот останува најуспешен клуб во ова натпреварување, но последниот пехар го освои пред речиси две децении (2007 година). Од останатите полуфиналисти, само Струга сè уште нема триумф во ова натпреварување....
Евролига се прошири надвор од Европа – прими и трет тим од АБА-лигата!
Спорт 1 - пред 11 часа
Евролигата од наредната сезона ќе добие нов член и тоа трет претставник од АБА лигата – тимот на Дубаи. Официјалната потврда сè уште се чека, но сопственикот на италијанскиот клуб Виртус Болоња, Масимо Занети, откри дека договорот е постигнат. Тој на прес-конференција изјави дека Дубаи ќе игра во најсилното европско клупско натпреварување од следната сезона. „Во моментов многу се зборува за НБА, но Евролигата останува најважното натпреварување. Ќе има многу можности за ова натпреварување, особено бидејќи од следната сезона Дубаи ќе игра во Евролигата“, изјави Занети. Дубаи сезонава дебитираше во АБА лигата и моментално е на третото место со биланс 20-5. Тимот веќе има респектабилен состав со играчи како Дејвис Бертанс, Клемен Препелич, Авуду Абас и Данило Анѓушиќ. Очекувањата се дека влезот во Евролигата ќе привлече уште поголеми имиња. Во медиумите неодамна се шпекулираше за доаѓањето на Дарио Шариќ, кој наводно го одбил Реал Мадрид поради Дубаи, но неговиот агент, Мишко Ражнатовиќ, ги демантираше тие информации. Тимот неодамна го продолжи договорот со тренерот Јурица Големац, што дополнително ја зацврстува стабилноста пред настапот во новото натпреварување. Оваа година Фајнал фор на Евролигата ќе се одржи во Абу Даби, што се поклопува со проширувањето на натпреварувањето во регионот....
Анчелоти седна на обвинителна клупа – Шпанците го судат за измама!
Спорт 1 - пред 11 часа
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, денеска пристигна во шпанскиот суд на почетокот на судењето за наводна даночна измама. Според шпанските обвинители, еден од најуспешните фудбалски тренери на сите времиња ја измамил државата за еден милион евра во 2014 и 2015 година. Тие бараат затворска казна до четири години и девет месеци по две точки од обвинението, тврдејќи дека 65-годишниот стратег користел фиктивни компании за прикривање на приходите. Анчелоти ги негира сите обвинувања. Италијанецот е рекордер со пет титули во Лигата на шампионите – три со Реал Мадрид и две со Милан. Тој е и единствениот тренер што освоил шампионски титули во петте најсилни европски лиги: Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција. Анчелоти го предводеше Реал од 2013 до 2015 година, а на кормилото се врати во 2021 година....
Роналдо ќе „изгори“ уште еден тренер: Пиоли пред отказ од Ал Наср
Спорт 1 - пред 12 часа
Италијанскиот стручњак Стефано Пиоли се наоѓа пред отказ од Ал Наср поради несогласувања со првата ѕвезда во екипата Кристијано Роналдо. Проблемите почнале во вториот дел од сезоната, а поради нив, Пиоли сега нема никаква контрола на соблекувалната. На последните два натпревара од првенството, Пиоли го извади Роналдо од игра во второто полувреме, прво во 70., а потоа во 61. минута што предизвика гнев кај португалскиот репрезентативец, како и кулминација на тензијата меѓу нив двајца. Можно е разделбата меѓу Пиоли и Ал Наср да се случи веднаш, но и на крајот од сезоната, имајќи предвид дека тренерска смена во овој момент нема да му донесе ништо на Ал Наср бидејќи екипата нема шанси за шампионската титула. Поради конфликт со Роналдо, Ал Наср претходно ги избрка Руди Гарсија и Луис Кастро. Претставниците на Пиоли веќе почнале преговори со италијански клубови за евентуален ангажман на нивниот клиент, а најверојатна дестинација за него во моментов е Рома бидејќи Клаудио Раниери ќе си замине на крајот од сезоната....
Вестбрук ги загуби нервите - тргна да се тепа со навивач (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 12 часа
Ветеранот Расел Вестбрук беше трагичар на Денвер на дуелот со Минесота, но малку недостасуваше да направи уште поголема глупост, по завршувањето на натпреварот. Додека трчаше кон соблекувалната, плејмејкерот слушна погрдни зборови од еден од навивачите и се врати за да докаже некои работи. Американските медиуми информираат дека сакал да се пресмета, но во последен момент бил спречен голем инцидент. pic.twitter.com/cJ2z9EFnJo — Rob Perez (@WorldWideWob) April 2, 2025 Вестбрук е еден од најдобрите играчи во НБА на сите времиња, рекордер е по бројот на трипл дабл натпревари, но во Денвер игра крајно променливо и Мајк Мелоун не може целосно да се потпре на него....
Евротип програма за лојалност
Спорт 1 - пред 12 часа
Бидете дел од новата програма за лојалност на Евротип, преку која ќе имате можност да користите ексклузивни поволности, привилегии и понуди. Со секоја уплата на тикет, користете ја вашата Евротип клуб картичка, собирајте поени и одберете вредни производи од КС маркетот. Вашата лојалност и доверба заслужуваат награда. Со Евротип добивате секогаш повеќе. Сите потребни информации околу програмата за лојалност ќе ги пронајдете на следниов линк https://ksgroup.mk/loyalty/...
Земјотрес во светскиот тенис: Медведев од мај ќе игра за Франција!?
Спорт 1 - пред 12 часа
Некогашниот прв светски рекет Евгениј Кафелников предизвика бура во Русија откако објави дека Данил Медведев од идниот месец ќе игра под француско знаме. Многумина помислија дека се работи за првоаприлска шега, но информацијата подоцна ја презедоа врвните руските медиуми, без да посочат дека станува збор за такво нешто. Покрај Медведев, за Франција во иднина треба да игра и новата тениска сензација во женска конкуренција Мира Андреева што дополнително ја возбуди руската тениска и спортска јавност. Информацијата за Медведев и Андреева дојде еден ден откако Дарија Касаткина објави дека ја напушта Русија и во иднина ќе настапува како Австралијка. По тој повод се огласи и претседателот на Тениската федерација на Русија, Шамил Тарпишчев кој рече дека 20-тина тенисери и тенисерки од Русија почнале процедура за промена на државјанството. Тој тоа го изјави пред 1 април што дополнително дава значење на објавата на Кафелников. Дека тука навистина има нешто, доказ е тоа што и Медведев и Андреева живеат во Франција, тој одамна, а таа, бидејќи е помлада, од пред неколку години. Базата на двајцата е Кан на Азурниот брег каде имаат одлични услови за тренинг, а воедно ги исполнуваат условите за добивање француско државјанство....
Слот се откажал од Ван Дајк, замената стигнува од Баер
Спорт 1 - пред 13 часа
По седум години на Енфилд, холандскиот репрезентативец Вирџил ван Дајк најверојатно ќе го напушти Ливерпул претстојното лето. Раководството на клубот долго време се обидуваше да постигне согласност за продолжување на соработката, но не успеа во тоа и искусниот стопер ќе биде слободен да си бара нова средина. Најлошо е тоа што тој, како и Трент Александер Арнолд, ќе си оди без оштета поради што Ливерпул ќе остане без десетици милиони евра. Потрагата по негова замена веќе почнала, а според информациите од Англија, изборот паднал на фудбалер на Баер, Пјерo Хинкапи. Еквадорецот игра во Бундеслигата од 2021 година, а сезонава запиша 37 настапи во сите натпреварувања и постигна три гола и две асистенции....
Аморим: Требаше да го победиме Нотингем Форест
Спорт 1 - пред 13 часа
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим не можеше да го објасни поразот на неговиот тим од Нотингем Форест. „Ѓаволите“ беа поактивен тим и создадоа повеќе шанси, но не успеаја да постигнат барем еден гол. Аморим е категоричен дека неговиот тим не само што не заслужил да загуби, туку требало да и да победи. „Го контролиравме натпреварот, но знаевме дека противникот може да постигне гол од ништо. Имавме добри акции, но во последната третина од теренот нешто недостасуваше, последното додавање, прецизен удар... Без тоа не може да се постигне гол. Цела сезона е таква за нас, имаме многу удари, го притискаме противникот, а сепак не успеваме да победиме. Требаше да победиме на овој натпревар, за нерешен резултат не сакам ни да зборувам“, рече Аморим. Јунајтед остана на 13. позиција на табелата и тешко дека ќе успее до крајот на сезоната да стигне до топ-10....
Еден натпревар - куп рекорди на Јокиќ
Спорт 1 - пред 14 часа
Одамна е јасно дека Денвер Нагетс без Никола Јокиќ се потпросечна екипа која би се борела за место во плејаутот, но и покрај тоа, српскиот ас продолжува да импресионира со своите настапи и да ги изненадува дури и своите најголеми фанови. Така беше и на мечот против Минесота кој Денвер минимално го загуби, но на него Јокиќ оствари еден куп рекорди. Листата на остварувања само од денешниот дуел е импресивна. На натпреварот со Минесота, тој постави рекорд по постигнати поени сезонава во НБА и личен рекорд во најсилната светска кошаркарска лига (61). Потоа, се израмни со Шекил Онил по бројот на натпревари со над 50 поени (3), а на теренот помина 53 минути, исто така најмногу во својата кариера. Неговиот трипл дабл е прв со 60+ поени на еден центар во историјата на НБА и со најмногу постигнати поени. Досега рекордот го држеа Џејмс Харден и Лука Дончиќ кои имаа трипл дабл со 60 поени. Јокиќ е прв играч по Мајкл Џордан со 60+ поени за 50+ минути на теренот, но и прв кој загубил, а притоа остварил трипл дабл со 60+ поени. Се израмни со Вилт Чембрлен по бројот на трипл дабл натпревари на играч на центарската позиција во една сезона (31) во историската вечер во која стана прв кошаркар со 60+ поени, 10+ скокови, 10+ асистенции и 5+ погодени тројки. Освен ова, Јокиќ стана петти центар во историјата на НБА со 800 тројки, по Карл Ентони Таунс, Брук Лопез, Никола Вучевиќ и Ал Хорфорд....
Надал во транс по голот за финале на Реал (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 14 часа
Еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал е меѓу најпознатите навивачи на Реал и не пропушта можност во живо да го гледа својот омилен клуб. Синоќа се најде на „Бернабе“ да го прослави пласманот во финалето од Копа дел Реј иако Реал добро се намачи за да стигне до конечен триумф. По 90 минути игра, резултатот беше 3-4, па Ридигер ја спаси ситуацијата со гол во 115. минута. the scream, a sigh of relief and then almost passing out THESE ARE THE EMOTIONS OF A MADRIDISTA😭😭😭😭 pic.twitter.com/iUVxdwXQVD — rose (@mimidynamightt) April 1, 2025 По големата тензија и страв од евентуална шокантна елиминација, на Надал му олесна по четвртиот гол, па бурно го прослави пласманот во големото финале....
Тренерот на Сосиедад протестира: Третиот гол постигнат по офсајд, на Реал не му треба судиска помош
Спорт 1 - пред 15 часа
Шефот на стручниот штаб на Сосиедад, Иманол се вклучи во групата тренери кои оваа сезона имаат забелешки на судењето на натпреварите против Реал. Неговиот тим синоќа одигра херојски меч на „Бернабе“ во кој имаше водство од 3-1, но победникот се одлучуваше по продолженија. На крајот беше 4-4, резултат што му одговара на Реал и го носи во финалето од Копа дел Реј. Сепак, Иманол смета дека мадридскиот гигант поминал понатаму со судиска помош, најзабележителна при постигнувањето на третиот гол. „Пред голот, односно корнерот од кој беше постигнат голот, имаше офсајд од Мбапе што судиите не го досудија. Реал Мадрид е голем клуб и не му треба судиска помош. Сигурен сум дека ако имаше ваква ситуација за нас, голот немаше да биде признат“, смета Иманол. Последен пат Сосиедад играше во финале од Копа дел Реј во 2020 година кога го победи својот баскиски ривал Атлетик Билбао со 1-0....
Јокиќ постигна рекорд на кариерата, сѐ му уништи Расел Вестбрук (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 15 часа
Денвер и Минесота приредија спектакл за кој уште долго ќе се зборува во НБА лигата и кој веројатно ќе остане еден од симболите на оваа сезона. Славеа Тимбервулфс со 140-139 по две продолженија, а победникот се одлучуваше во фотофиниш. Блескаше Никола Јокиќ кој оствари рекорд на кариерата со 61 поен, комплетиран со трипл дабл затоа што оствари уште по 10 скока и 10 асистенции, но ни тоа не беше доволно Денвер да го победи својот најтежок ривал во лигата. Сето тоа што го направи Јокиќ, уништи Расел Вестбрук во последните 20-тина секунди. Прво промаши чисто положување при водство на Денвер од 139-138, а потоа, со истекот на времето направи лична грешка на шут за тројка над Александер-Вокер. Кошаркарот на Минесота ги погоди првите две слободни фрлања кои беа доволни за победа на неговиот тим. Russell Westbrook steal Russell Westbrook missed layup Russell Westbrook foul on a 3PA Nickeil Alexander-Walker sinks two FTs to win in 2OT.pic.twitter.com/3xJLjEOuLp — Underdog NBA (@UnderdogNBA) April 2, 2025 Тоа е четврта победа по ред и шеста на последните седум меча за Минесота против Денвер. Не е исклучено овие две екипи да се сретнат и во првата рунда од плејофот бидејќи Денвер во моментов е трет, а Минесота седмопласирана, со идентичен биланс (44/32) како Мемфис кој е шести. Кај Вулфс на овој меч се истакнаа Едвардс со 34 и Рендл со 26 поени. Покрај Јокиќ, во тимот на Денвер, Гордон постигна 30 поени. РЕЗУЛТАТИ Атланта - Портланд 113-127 Милвоки - Феникс 133-123 Њујорк - Филаделфија 105-91 Чикаго - Торонто 137-118 Мемфис - Голден Стејт 125-134 Сан Антонио - Орландо 105-116 Денвер - Минесота 139-140...
Во Лајпциг донеле одлука: Сакаат тренер од Премиер лигата
Спорт 1 - пред 16 часа
Eкипата на Лајпциг неодамна се раздели со тренерот Марко Розе, а според последните информации главниот кандидат за негов наследник е од Премиер лигата. Медиумите во Германија пренесуваат дека стратегот на Кристал Палас, Оливер Гласнер е најсериозниот кандидат да го наследи Розе. Станува збор за тренер кој има искуство и во Бундеслигата бидејќи во минатото работеше во Ајнтрахт Франкфурт и Волфсбург. Со Ајнтрахт го оствари и најголемиот успех за овој тим на меѓународна сцена освојувајќи ја ЛИгата на Европа. Тренерската смена во Лајпциг може да биде важна и за Елиф Елмас кој во овој момент од германскиот тим настапува како позајмен фудбалер во Торино....
Премиер лигата потврди: Се воведува нова ВАР технологија!
Спорт 1 - пред 16 часа
Aнглиската Премиер лига од 12. април со почеток од 32. коло ќе воведе полуавтоматска ВАР технологија за одредување на офсајд. Оваа одлука е веќе донесена откако беше успешно тестирана во ФА Купот. Новата техмологија користи систем на оптичко следење на фудбалерите и топката, овозможувајќи прецизно поставување на виртуелна офсајд линија. Во клучните моменти како постигнување на гол или досудување пенал, системот автоматски испраќа предупредување до ВАР собата. Тие потоа треба да ја потврдат точноста на податоците пред да го известат судијата на терен. Со оваа технологија се намалува времето потребно за носење на одлуката и ја зголемува доследноста на примената на правилата што значи дека веќе не би требало да имаме сомнителни ситуации при повлекувањето линии и полемики околу спорните ситуации. Графичкиот приказ ќе биде достапен на телевизиските преноси и големите екрани на стадионот со што ќе се зголеми и транспарентноста пред навивачите. Semi-automated offside technology will be introduced by the Premier League for Matchweek 32, commencing on Saturday 12 April Read more about the introduction 👇 — Premier League (@premierleague) April 1, 2025...
Реал по којзнае кој пат се крена „од мртвите“ и се пласира во финалето од Копа дел Реј (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 23 часа
Сосиедад пропушти огромна шанса да приреди сензација во Копа дел Реј и да стигне до финалето во ова натпреварување. Во реванш полуфиналниот меч од ова натпреварување, Реал и Сосиедад одиграа нерешено (4-4), но поради триумфот во првиот натпревар во Сан Себастијан со 1-0, во дуелот за титулата оди „кралскиот клуб“. Баскијците беа многу блиску до сензационален успех бидејќи на десетина минути пред крајот водеа со 3-1, пред се поради двата автогола на Алаба (едниот му е припишан на Ојарзабал, но топката на патот кон голот го погоди Австриецот и го промени правецот). Arda Guler is a specialist when it comes to set pieces. Well done Rudiger! pic.twitter.com/y7mzgY3HLh — OB (@madridreligion_) April 1, 2025 За среќа на Реал, само две минути по третиот гол на Сосиедад, Винисиус се проби карактеристично, по левата страна, го програ Белингам, а овој намали на 2-3, за во 86. минута Чуамени по корнерот на Родриго да го постави конечниот резултат кој му одговараше на Реал и го однесе во финалето. Иако се чинеше дека Сосиедад е готов, гостите продолжија да напаѓаат и тоа вроди со плод во петтата минута од судиското надополнување кога Ојарзабал по трет пат го доведе во предност својот тим. По бурниот финиш на основниот дел, продолженијата беа нешто помирни, но на сцена стапи талисманот на Реал, Антонио Ридигер кој во 115. минута го постигна голот вреден пласман во последната фаза од Купот. Мечот за трофејот е на програмата на 26 април во Севиља, а противник на Реал ќе му биде подобриот од утрешниот дуел меѓу Атлетико и Барселона....
Баер елиминиран од третолигаш: Арминија првпат во историјата ќе игра финале во Купот (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Екипата на Арминија Билефелд ја испиша најубавата бајка во европскиот фудбал оваа сезона. Вечерва, германскиот третолигаш на домашен терен го совлада бранителот на трофејот во Купот, Баер со 2-1 и првпат во својата историја обезбеди пласман во финалето од ова натпреварување. Со ова Арминија стана првиот нисколигаш кој елиминирал четири прволигаши во Купот на Германија откако претходно ги совлада уште Хановер, Фрајбург и Вердер. Сите три гола на денешниот натпревар паднаа во првото полувреме. Тах го доведе Баер во водство од 1-0 за потоа Ворл и Гросер да се погрижат за пресврт. „Фармацевтите“ пристигнаа во вториот дел, но не успеаја да се изборат барем за нерешен резултат. Со ова Баер ја загуби едната од двете круни во домашниот фудбал, освоени лани. Му останува да се бори за трофејот во првенството каде заостанува пет бода во однос на лидерот Баерн....
Блескав кам-бек на Сака: Паузираше три месеци, постигна гол по само седум минути (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Букајо Сака предизвика огромна еуфорија кај навивачите на Арсенал откако вечерва на блескав начин го означи својот кам-бек на фудбалските терени. Англискиот репрезентативец беше во аут од крајот на декември поради тешка повреда, а се врати дури денеска, на дуелот против Фулам, во Премиер лигата. Во игра влезе во 66. минута, а веќе во 73. се запиша во листата на стрелци, носејќи му на Арсенал водство од 2-0. Just look at beauty 😍 😍, we missed you Saka pic.twitter.com/onE5SSAqaQ — Arsenal Rep (@Arsenal_rep1) April 1, 2025 Тоа беше негов десетти гол оваа сезона во сите натпреварувања, а шести во Премиер лигата. Враќањето на Сака е прекрасна вест за Арсенал пред двомечот со Реал во Лигата на шампионите, а особено поради денешната повреда на Габриел за кого најверојатно оваа сезона е завршена. Фулам до крајот намали на 1-2, но Арсенал ги однесе трите важни бода со кои остана барем со теоретски шанси за титулата во Премиер лигата. Нотингем Форест го совлада Манчестер Јунајтед со 1-0 и се зацврсти на третата позиција на табелата во Премиер лигата. Стрелец на единствениот гол беше Еланга уште во петтата минута кога го претрча цел терен за да го совлада Онана....
Евролига пак ја казни Звезда и ѝ направи проблем за клучниот меч
Спорт 1 - пред 1 ден
Екипата на Црвена Звезда е казнет со 16 илјади евра и намалување на капацитетот на 80% поради инцидентите што ги предизвикаа навивачите на претходниот меч против Реал Мадрид. Звезда ќе ја „одлежи“ казната на натпреварот против Анадолу Ефес в петок кој е од круцијално значење за белградскиот тим во борбата за пласман во плејофот или плејинот од елитното европско натпреварување. Ова значи дека Звезда нема да игра пред полни трибини во мечот кој мора да го добие за да ги задржи шансите за место во топ-6. Звезда и Анадолу Ефес се израмнети со биланс 18/14 и на делба од шестата до десеттата позиција. Теоретски, белграѓани можат да бидат загрозени и од Партизан и од Олимпија Милано кои имаат две победи помалку, но подобар биланс во меѓусебните пресметки....
Експлозија во Нотингем: Еланга го претрча цел терен за да го совлада Онана (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Неполни пет минути му беа потребни на Нотингем Форест за да дојде до водство во дуелот против Манчестер Јунајтед. Стрелец на голот за водство на третопласираниот тим во Премиер лигата беше поранешниот фудбалер на Јунајтед, Антони Еланга. Шведскиот фудбалер зеде една топка на својата половина и го претрча цел терен, без да додаде на некој од своите соиграчи, пред да го совлада Онана за предност на домашниот тим. 🚨🏴 GOAL | Nottingham Forest 1-0 Manchester United | Anthony Elanga WHAT A GOAL FROM ANTHONY ELANGA !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/jyxPvWSMIk — Tekkers Foot (@tekkersfoot) April 1, 2025 Ако го задржи водството, Нотингем Форест ќе направи голем чекор кон пласманот во Лигата на шампионите, првпат во историјата....
Прва прогноза на ФИБА: Србија прв фаворит за титулата на Еуробаскетот
Спорт 1 - пред 1 ден
Неполна недела по ждрепката за Европското првенство, ФИБА ја објави првата прогноза за тоа кој би можел да ја освои титулата на претстојниот континентален шампионат. Прв фаворит според европската кошркарска организација е Србија што и не е изненадување, имајќи го предвид потенцијалот и квалитетот на нашиот северен сосед чија репрезентација блескаше на Олимписките игри во Париз. We are not kidding around today 😉 Thoughts on Volume 1 of the #EuroBasket Power Rankings? 📊 Click below for the full list — FIBA EuroBasket (@EuroBasket) April 1, 2025 „Единствен начин да ја тргнеме Србија од врвот беше да добие ужасна ждрепка или да мора да патува по континентот пред нокаут фазата. Бидејќи доби пристојна ждрепка и ќе игра во Рига, очекувајте најсилен српски тим... На сите времиња?“, пишува во анализата на ФИБА. Под Србија се наоѓаат Франција, Германија, Грција, Летонија и Словенија. „Орлите“ се наоѓаат во групата А во Рига, со домаќинот Летонија, потоа Естонија, Турција, Чешка и Португалија....
„Спортклуб“ заминува во историјата: Спортските содржини се селат на „Арена Спорт“
Спорт 1 - пред 1 ден
Регионалната спортска телевизија „Спортклуб“ ја загуби „војната“ со „Арена Спорт“, па така со продажбата на српската компанија „СББ“ сите спортски содржини се префрлаат на „Арена“. Спортските содржини од „Спортклуб“ се селат на каналите на „Арена Спорт“ и наскоро ќе треба да добијат канали каде што ќе продолжат да ги следат во иднина, откако стана јасно дека Евролигата, мотоспортовите, тенисот и другите содржини се селат на „Арена“. „Ексклузивна спортска содржина ќе ја водат спортските новинари и коментатотори Небојша Вишковиќ, Дарко Плавшиќ, Иван Лончаревиќ, Бранко Спасојевиќ, Никола Стамениќ, Саша Озмо, Никола Јанковиќ, Јелена Трајковиќ, Владимир Живковиќ и други. Вебпорталот Спортклуб ќе продолжи да работи во рамки на ‘Јунајтед Медија’“, се вели во соопштението. Еден од коментаторите на „Спортклуб“, Гојко Андријашевиќ пред неколку дена го одбјави мечот меѓу Борусија Дортмунд и Мајнц со „Сè што е убаво, има крај“, алудирајќи на преселбата на спортската содржина на „Арена“. „Заврши, почитувани гледачи, моето дружење со вас, по 33 години и над 10.000 преноси. Причината не е заминување во пензија, туку неможност на вистински начин и во вистинска околина да се занимавам со мојата работа. Се гледаме во некој друг формат, ви благодарам за сè“, кажа Андријашевиќ....
Телохранителот на Меси доби забрана за влез на терен од МЛС-лигата
Спорт 1 - пред 1 ден
МЛС-лигата реши да му забрани на телохранителот на Лионел Меси да интервенира на терените затоа што ангажирале друго обезбедување. Поранешниот припадник на специјалните сили на морнарицата, Јасин Чеуко повеќе не може да го штити Меси на теренот, односно ќе смее да биде присутен само во соблекувалните и мешаните зони. ⚡️🤯 Atentos a la TREMENDA VELOCIDAD de Yassine Cheuko, el guardaespaldas de Messi en Inter Miami. pic.twitter.com/gPjmcu4xBU — El Gráfico (@elgraficoweb) October 9, 2024...
Феликс нема да остане во Милан, а не му е сигурна иднината ниту во Челси
Спорт 1 - пред 1 ден
Португалскиот фудбалер Жоао Феликс блесна на почетокот на позајмицата во Милан, но влезе во лоша форма и во моментов делува како големо разочарување во редовите на италијанскиот гигант. Иако имаше шпекулации дека Милан би можел да го откупи, сепак по натпреварот против Наполи (1-2) стана јасно дека Феликс нема да остане во Серија А. Раководството на Милан не е задоволно од настапите на Феликс и реши да го врати во Челси на крајот на сезоната, а иднината на Португалецот не е сигурна ниту во Лондон. Лондонскиот гигант допрва треба да реши што ќе направи со Феликс, односно дали ќе го задржи или продаде во текот на летниот преоден рок....
Познати казните за учесниците во масовната тепачка во НБА-лигата (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Раководството на НБА-лигата суспендира пет кошаркари кои учествуваа во тепачката на мечот меѓу Детроит пистонс и Минесота тимбервулвс. Инцидентот се случи откако кошаркарот на Детроит, Рон Холанд направи прекршок врз ривал, по што следеше вербална пресметка, а потоа и физички инцидент. Кошаркарот на Детроит, Ајзеа Стјуарт ќе биде без плата на два натпревари поради неговото однесување, а Рон Холанд, Маркус Сасер, Наз Рид и Донте ДиВинченцо ќе бидат без плата на еден меч. The Malice in Target Center - the full incident.5 players and 2 coaches were ejected in after a big fight that erupted between the Minnesota Timberwolves and Detroit Pistons. With many replays Including reactions by the players, fans, and staff, and staff.The players that… pic.twitter.com/kZ0SkkfTRj— MrBuckBuck (@MrBuckBuckNBA) March 31, 2025...
Македонските фудбалерки до 19 години ја совладаа Литванија
Спорт 1 - пред 1 ден
Македонската женска репрезентација до 19 години славеше со 1-0 против Литванија во претквалификациите за Европското првенство (ЕП). Девојките стигнаа до победа благодарение на автоголот на Јотвиле Сабаите, која ја погоди сопствената мрежа во 92. минута. Македонија следниот меч го игра против Ерменија на 4 април, а три дена подоцна ќе се соочат со Хрватска....
Алвеш пред три дена излезе од затвор, а сега дозна дека ќе стане татко!
Спорт 1 - пред 1 ден
Жоана Санц, сопругата на поранешниот фудбалер Дани Алвеш, објави на социјалните мрежи дека е бремена, и тоа по само три дена откако Бразилецот беше ослободен од обвинувањата. Тие двајца најпрво се разделија кога полицијата го уапси фудбалерот, а манекенката најави и развот, меѓутоа парот никога не се разведе официјално. Во меѓувреме тие се смирија, а сега Жоана објави прекрасна вест со која го израдува Алвеш. „Не сакав ништо да споделам додека не биде очигледно“, кажа таа....
Салах сè поблиску до С. Арабија, негов нов тим ќе биде Ал Хилал!?
Спорт 1 - пред 1 ден
Раководството на најсилната саудиска лига останува убедено дека Мохамед Салах може да потпише за Ал Хилал, објави британски „Телеграф“. Египќанецот има договор со Ливерпул до крајот на сезоната и во моментов е главна тема поради тоа што не е познато каде ќе ја продолжи кариерата. Салах оваа сезона настапи на 43 натпревари, при што постигна 32 голови и 22 асистенции за Ливерпул во сите натпреварувања....
Бањаја призна: Победив само поради падот на Маркез! (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Франческо Бањаја ја запиша првата победа во сезоната, откако Марк Маркез доживеа пад во деветтиот круг од трката во Тексас. Бањаја ја искористи грешката на ривалот и успеа да запише победа, но сега призна дека триумфирал само поради падот на Маркез и немал шанси да го стигне доколку се тркале до крајот. „Откако видов дека падна, моја цел беше да направам разлика во однос на останатите ривали. Свесен сум дека победив само поради падот на Маркез. Тој беше побрзо од сите, а јас едвај се обидував да го одржувам темпото“, кажа Бањаја. Así fue la caída de Marc Márquez en Texas pic.twitter.com/KqSHZXJIEO— MARCA (@marca) March 30, 2025...
Милан ќе се засили со поранешен спортски директор на Јувентус
Спорт 1 - пред 1 ден
Поранешниот италијански шампион Милан сè уште бара нов спортски директор, а медиумите пишуваат дека изборот паднал на Фабио Паратичи. Паратичи се прослави во Јувентус, а потоа работеше и во Тотнем, но сега би можел повторно да работи во Италија, односно во Милан. Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио објави дека Паратичи очекува да се врати на работа по долгата пауза, која следеше поради суспензија....
Вокер му држеше лекции на Феликс: Додај ја топката, овде никој не е Меси (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Милан загуби од Наполи со 1-2 и така продолжи со лошите резултати под водство на тренерот Сержо Консеисао, но едно видео привлече внимание на навивачите. Искусниот дефанзивец Кајл Вокер му држеше лекции на еден од најскапите фудбалери во светот, Жоао Феликс. „Додај ја топката, овде никој не е Меси“, му кажа Вокер на Феликс пред почетокот на второто полувреме. Kyle Walker to Joao Felix: “Just pass the ball, no one here is Lionel Messi”pic.twitter.com/zP1Y3w263r— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) April 1, 2025...
Ред Бул го претстави специјалниот болид за трката во Јапонија (ВИДЕО)
Спорт 1 - пред 1 ден
Ред Бул го претстави новиот болид за трката за Големата награда на Јапонија. Ова ќе биде последна домашна трка на Хонда како партнер на Ред Бул. Болидот РБ21 во Јапонија ќе излезе во бела боја, со цел да ѝ се оддаде почит на Хонда, а исто така дизајнот потсетува на јапонското знаме. Трката во Јапонија е трета во сезоната во Формула 1, а ќе се вози наредниот викенд. Aura level... 💯#F1 || #JapaneseGP 🇯🇵 pic.twitter.com/oJfbeQylob — Oracle Red Bull Racing | オラクル・レッドブルレーシング (@redbullracing) April 1, 2025...
Јуве штотуку го назначи Тудор за нов тренер, а веќе работи на ангажман на негов наследник!
Спорт 1 - пред 1 ден
Игор Тудор со победа против Џенова стартуваше на клупата на Јувентус, но италијанските медиуми пишуваат дека клубот работи за ангажман на тренер кој би бил назначен од новата сезона. Тудор со Јувентус потпиша договор до крајот на сезоната, па клубот во него гледа привремено решение. Тој веќе е искусен тренер и сигурно сака и подолго да се задржи во клубот, но раководството има поинакви планови. Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус сака да го врати Антонио Конте. Конте во моментов е тренер на Наполи, но не е задоволен од раководството на тој клуб. Кога Наполи маршираше кон титулата, тие му го продадеоа Квича Кварацхелија, без да донесат соодветна замена. Тоа се одрази на резултатите, Наполи во изминатиот период загуби многу бодови. Тие се уште се во трка за Скудетото, но шансите им се помали за разлика од претходно. Јувентус не е единствениот клуб кој се интересира за Конте, за него има интерес и од Милан, а дури се споменува и Интер....
Барселона добива големо засилување за дербито со Атлетико Мадрид
Спорт 1 - пред 1 ден
Бразилскиот фудбалер Рафиња по пауза од два натпревари повторно се враќа во редовите на каталонскиот гигант Барселона. Новинарот Фабрицио Романо објави дека Барселона добива големо засилување за дуелот против Атлетико Мадрид. Бразилецот оваа сезона настапи на 42 меча за Барселона, а притоа постигна 27 голови и 20 асистенции во сите натпреварувања. Дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Барселона е закажан за утре од 21.30 часот....
Андов го објави списокот на фудбалерки за натпреварите со Летонија и Косово
Спорт 1 - пред 1 ден
Селекторот на женската фудбалска репрезентација на Македонија, Александар Андов го објави списокот на фудбалерки на кои ќе смета за престојните натпревари. Македонија на почетокот од април ќе одигра мечеви против Летонија и Косово во рамките од продолжението на Лигата на нации за пласман на СП 2027. На 4 април од 15 часот сме домаќини на Летонија, а четири дена подоцна гостуваме во Приштина кај Косово со почеток од 14 часот. На списокот на Андов се најдоа следните фудбалерки: ГОЛМАНИ: Евгенија Велјановска - Скопје 2014 Викторија Панчурува - Тиверија Брера Кристина Павлоска - Раднички Крагуевац, Србија ОДБРАНА: Сара Коларовска - Скопје 2014 Ане Бошеска - Тиверија Брера Павлинка Николовска - Тиверија Брера Мила Панева - Скопје 2014 Лимани Ихмете - Германија Викторија Недева - Тиверија Брера Елена Панеска - Олимпија, Словенија Бојана Петкова - Полска СРЕДЕН РЕД: Маријана Нацева - Дортмунд, Германија Теона Голабовска - Тиверија Брера Хава Мустафа - Љуботен Александра Марковска - Љуботен Симона Мајер - Израел Ленче Андрееска - Турција Рабија Дервиши - Скопје 2014 Наташа Андонова - Мадрид, Шпанија НАПАД: Јилза Максути - Турција Гентијана Рочи - Финска Меланија Грозданова - Истатов Јована Павловска - Полска Во воведното коло на групата 6 од сегментот Ц, Македонија беше поразена од Косово на домашен терен со 4:0....
Македонското пливање се обедини - нов претседател е Сашо Лазаровски!
Спорт 1 - пред 1 ден
Конечно завршија долгогодишните битки за превласт во македонското пливање, тоа продолжува во мирни води, обединето со еден претседател, Сашо Лазаровски. Долги години македонското пливање беше разединето, постојано со паралелни федерации, едната на Александар Маленко, другата на останатите. На поделбите им дојде крајот, одржано е изборно Собрание кое ги обедини сите. На изборното Собрание за нов претседател на Националната пливачка федерација едногласно беше избран Сашо Лазаровски. Изборот на новиот претседател го поздрави и министерот Борко Ристовски кој беше и иницијатор за обединување на луѓето од пливањето. „Сакам да ги поздравам сите што ја прифатија мојата иницијатива за обединување во пливањето и да го повторам тоа што го кажав на состаноците со претставниците од двете страни. А, тоа е дека по изборот на новиот претседател на Национална пливачка федерација, Министерството за спорт ќе посредува и директно ќе помага во решавање на проблемите што беа натрупани во овој спорт и дека во најбрз можен рок сметката на федерацијата ќе биде одблокирана. Не смееме да дозволиме поделбите да одат на штета на пливањето, на пливачите и на сите деца што се занимаваат со овој спорт“, рече министерот Ристовски....
Пеп ги потврди лошите вести за повредата на Халанд!
Спорт 1 - пред 1 ден
Во финишот од сезоната кога Манчестер Сити води голема битка за местата кои водат во Лигата на шампионите, ќе продолжат тоа да го прават без нивниот најдобар напаѓач. Повредата на Халанд не е наивна и тој ќе биде во аут меѓу еден и два месеци. „Докторите ми рекоа дека Ерлинг Халанд ќе биде надвор од теренот меѓу пет и седум недели“, вели Пеп Гвардиола. „Се надевам дека ќе се приклучи кон крајот на сезоната и ќе биде подготвен за Светското клупско првенство“....
„Ибра се фалеше дека е газда во соблекувалната на Интер, а потоа му дојде Фиго“
Спорт 1 - пред 1 ден
Поранешниот играч на Интер, Луис Хименез открива една пикантерија од соблекувалната кога во тимот биле и Златан Ибрахимовиќ и Луис Фиго. Познато е дека Ибрахимовиќ има високо его и ужива да се фали, но овојпат Швеѓанецот бил поразен. „Еден ден Ибрахимовиќ влезе во соблекувалната и се прогласи за газда бидејќи наводно заработувал најмногу од сите“, вели Хименез. „Брзо потоа влезе Фиго, го слушна и само го погледна со криво око, без да каже ниту еден збор. Ибрахимовиќ веднаш повлече рачна и призна: „Добро, Фиго има малку повеќе пари од мене, но за неколку години ќе го престигнам“....
Белингем не мрда од Реал: Уште 10-15 години ќе го носам белиот дрес!
Спорт 1 - пред 1 ден
Џуд Белингем вели дека не планира да го напушти Реал Мадрид и веројатно до крајот на кариерата ќе игра во кралскиот клуб. Белингем веднаш по доаѓањето во Реал Мадрид се промовираше како многу значаен фудбалер за тимот и веќе е недопирлив. „Реал Мадрид е перфектниот клуб за мене“, вели Белингем. „Среќен сум во Мадрид и мислам дека во наредните 10-15 години ќе го носам белиот дрес“....
Роналдо пред сензационален трансфер и тоа на само – еден месец!
Спорт 1 - пред 1 ден
Португалската фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо, би можел на само еден месец да го напушти својот актуелен клуб, Ал Наср, за да игра за јужнокорејски Уљсан на претстојното Светско клупско првенство. Португалецот има договор со саудискиот тим, кој истекува ова лето, а УЕФА ја одложи летната трансфер сезона за да им овозможи на клубовите да се засилат пред почетокот на Светското клупско првенство. Оваа одлука отвора можност за некој од тимовите, како што е Улсан, да го донесе Роналдо на еден месец. Роналдо оваа сезона одигра 34 натпревари за Ал Наср, постигна 27 голови и запиша четири асистенции. На Светското клупско првенство учествуваат 32 екипи, кои ќе бидат поделени во осум групи во почетната фаза....