Оваа баба е НАЈПОПУЛАРНАТА МОДНА ИНФЛУЕНСЕРКА во светот: Од село е и не знае што и стои подобро
Време - пред 1 ден
Баба Маргарет Чола од Замбија стана стилска икона и интернет сензација. За се е заслужна нејзината внука која ја облече во мајсторски креации и ја однесе на необични места да позира.Маргарет Чола во светот е позната како „Легендарната Глама“ и моментално ја обожаваат 225.000 следбеници на „Инстаграм“ поради нејзините впечатливи и весело стилизирани фотографии.– Се чувствувам поинаку, се чувствувам ново и живо во оваа облека, на начин каков што досега не сум почувствувала, рекла Маргрет Чола за „BBC“.Серијата фотографии наречена „Granny Series“ започна во 2023 година, а ја создаде нејзината внука Дијана Каумба, стилистка која живее во Њујорк.Идејата ја добила додека била во Замбија да ја одбележи втората годишнина од смртта на нејзиниот татко, личност за која вели дека ја инспирирала нејзината страст за модата бидејќи секогаш бил добро облечен.- Немав што друго да правам, па едноставно реков: „Добро, ако сакаш, ајде да направиме, зошто да не?“ - вели Маргрет Чола.Првиот аутфит на бабата бил сребрен костум, а сега е модна икона- Мислев дека би било убаво да ја облечам Мбуја во висока мода и да ја фотографирам во нејзината природна средина, вели внуката Дијана.Серијата фотографии „Granny Series“ стана популарна во април 2024 година, откако Дијана објави фотографии од нејзината баба во црвен фустан на Адидас, со неколку густи златни ѓердани и блескава златна круна.- Ме изненади што толку многу луѓе ширум светот ме засакаа. Не знаев дека можам да оставам таков впечаток на оваа возраст, вели Маргрет Чола, која не знае точно колку години има бидејќи нема извод од матична книга на родените.Дијана Каумба, која е стилистка од 2012 година, вели дека нејзината баба има „храброст, грациозност и совршено го носи секој изглед“. Сите овие изгледи го отсликуваат нејзиниот максималистички шик стил - кој ја слави радоста на „претерувањето“, еклектичните комбинации, големите и смели избори и спротивставените дезени и бои.Овие фотосесии ги зближија бабата и внуката, а преку нивната посебна врска Дијана дозна многу повеќе за тешкиот живот на баба и. Маргрет Чола пораснала со баба и и дедо, одела на училиште до 12 или 13 години, а потоа поради економски причини морала да се омажи.Имала три деца и на крајот побегнала од тој брак. Таа траума сè уште ја прогонува, но нејзината неочекувана светска слава и даде нова смисла во животот.Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силувањеМаскирани провалници влегле на имотот на Винздор додека принцот Вилијам со семејството спиел...
ГАЛЕРИЈА: 80-годишната Маргарет Чола од Замбија стана интернет сензација и модна икона
Либертас - пред 22 часа
Маргарет Чола, која е во средните 80-тите години и поголемиот дел од својот живот го поминала во рурална Замбија стана стилска икона на интернет сензација – откако се согласи да ја замени облеката со нејзината внука. Чола, која потоа за светот стана позната како legendary glamma – за кратко време стекна 225.000 следбеници на Инстаграм поради нејзините впечатливи и разиграни модни фотографии. „Се чувствувам поинаку, се чувствувам свежо и живо во оваа облека, на начин на кој никогаш порано не сум се чувствувала“, изјави г-ѓа Чола за Би-Би-Си. „Се чувствувам како да можам да го освојам светот! Серијата фотографии Granny е создадена во 2023 година од нејзината внука Дијана Каумба, стилистка од Њујорк. Таа дошла на идејата кога била во посета на Замбија за да ја одбележи втората годишнина од смртта на нејзиниот татко – личноста за која вели дека ја инспирирал нејзината страст за модата бидејќи секогаш се облекувал добро. За време на таа посета, Каумба не ги облекла нејзините внимателно избрани облеки, па одеднаш ја прашала нејзината баба – или „Мбуја“ на јазикот бемба – дали сака да ги проба. „Не правев ништо во тој момент па само реков: „Во ред. Ако тоа е она што го сакаш, ајде да го направиме – зошто да не?“, рече г-ѓа Чола. „Ќе ти недостасувам кога ќе умрам и барем на овој начин ќе се сеќаваш на мене“, одговорила Чола. Бев многу нервозна кога ја објавив првата фотографија. Го оставив телефонот 10 минути и во тие 10 минути имаше 1.000 лајкови“, вели Каумба. „Во април 2024 година, серијата Granny започна – откако г-ѓа Каумба објави серија фотографии од нејзината баба во црвен фустан на Адидас, неколку густи, златни ѓердани и блескава круна со скапоцени камења. „Ме изненади кога слушнав дека толку многу луѓе ширум светот ме сакаат. Не знаев дека на оваа возраст можам да извршам такво влијание“, вели г-ѓа Чола – која не ја знае својата точната возраст бидејќи нема извод од матична книга на родените. Извор: BBC/@legendary glamma...
[ФОТО] Оваа баба е најпопуларната модна инфлуенсерка: Живее во село, нејзината возраст не е позната, а светот „лудува“ по неа
Точка - пред 1 ден
На инстаграм е потпишана како „legendary_glamma“ на и моментално има 225.000 следбеници, а се верува дека има околу 85 години.„Се чувствувам поинаку, се чувствувам како нова и енергична во оваа облека, на начин каков што не сум се чувствувала досега“, вели Маргрет Чола за „BBC“. Започна со серија интересни фотографии уште во 2023 година, а сè беше идеја на нејзината внука која дошла да ја посети од Њујорк. Со оглед на тоа дека во Замбија донела многу работи кои немала време да ги облече, решила да ѝ ги даде на баба ѝ, која ги облекувала, а таа ја фотографирала и така сè станало вирално. „Немав што друго да правам, па едноставно реков: „Во ред. Ако сакаш да го направиме тоа, ајде да го направиме, зошто да не“, вели Маргарет. Нејзиниот прв костум беше сребрен, додека серијата фотографии на кои бабата позира во црвен фустан станаа најпопуларни во април оваа година. „Бев изненадена од тоа што толку многу луѓе ширум светот ме засакаа. Не знаев дека можам да оставам толкав впечаток на оваа возраст“, изјави Маргарет. Маргарет ниту самата не знае во какви сè комбинации позирала. Од зелена маичка со мотиви од американскиот фудбал, во комбинација со црвен фустан стилизиран како здолниште во боите на знамето на Замбија, како знак на почит кон шеесетте години независност на државата, до синиот, црн и зелен горен дел, во комбинација со златни ѓердани во облик на змија и алки – тоа беа стајлинзите кои го „освоија“ интернетот. Сцената која ги освои сите беше онаа кога Маргарет се појави со коза украсена со нејзините омилени бисери....