„Суперхикс“ ќе одржи два анплагд концерти во Домот на културата “Билјана Беличанец”
Република - пред 23 часа
Суперхикс го најавија првиот анплагд концерт закажан за 8 декември и веднаш се распродаде со брзина која е можеби невидена за македонските бендови, но затоа во духот на дарежливоста Суперхикс ќе ги отворат своите срца и на втор концерт два дена подоцна на втор анплагд концерт кој ќе се одржи исто така во Домот на културата “Билјана Беличанец” во скопска Кисела вода. И за овој втор концерт влезниците кои што се пуштени во продажба по симболична цена од 500 денари се во ограничен број поради просторните капацитети на салата, така што сите љубители на добра рок Н рол лекција добро би било да побрзаат да си обезбедат билетчиња за себе и за своите партнери, затоа што Рок музиката е најдобра кога се консумира најмалку во двојка. “Не сме дедо мраз, ама исполнуваме желби По распродадениот прв концерт, објавуваме ВТОР – Суперхикс акустичен концерт и изложба (30 години постоење) Покрај акустичниот концерт ќе се постави и изложба на меморибилиа во изложбениот салон на домот. 10.12.2024 година Дом на култура Билјана Беличанец-Кисела Вода (кино сала) Старт 20.00ч. Влезници во ограничен број 500 мкд Не пропуштајте!” -стои во соопштението за јавност упатено од ПР службата на бендот. Билетите за настанот може да се набават на сл. линк тука. Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....
Скопјанец приведен откако полицијата му влезе во подрум
Курир - пред 21 часа
Домот за култура „Билјана Беличанец“ Премиера на претставата „Секогаш последни“...