Загреб му се реваншираше на Магдебург, Алборг подобар од Колштад
Екипа - пред 14 часа
Ракометарите на Загреб му се реваншираа на тимот на Магдебург за поразот на 20. октомври, и така дојдоа до втората победа во групната фаза во Лигата на шампионите, задржувајќи ги шансите за пласман во следната фаза реални. Хрватскиот тим на крајот славеше триумф со 22-18. Ова беше дијаметрално спротивна партија на онаа во Германија, на која германскиот тим славеше со 36-24. Се чини дека натпреварот во голема мера беше решен во првиот дел, кога Загреб на полувреме замина со предност од 11-7, и таа разлика успеа да ја одржи до самиот крај. Кларица со седум гола беше најефикасен кај домашниот тим. Во истата група, Алборг дојде до четвртиот триумф во ЛШ, откако го совлада тимот на Колштад со 30-28. Алборг дојде до триумф, благодарение на одличната игра во вториот дел, откако во првиот замина со негатива од еден гол. Сепак, како одминуваше времето Алборг ја стигна разликата, направи пресврт и на крајот дојде до победата. Јул со седум голови беше најефикасен кај домашните, додека Сагосен и Алберг кај гостите постигнаа по шест. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Загреб го изненади Магдебург за втор триумф во ЛШ, Алборг му се реваншираше на Клоштад
Спорт 1 - пред 14 часа
Ракометарите на Алборг му се реваншираа на Клоштад за поразот во минатото коло и денеска во рамките од осмата рунда славеа победа (30-28), додека Загреб на свој терен во дуелот со Магдебург стигна до својот втор триумф во ЛШ (22-18). Алборг и Клоштад одиграа еден неизвесен натпревар во кој ниту една екипа во текот на целот натпревар не направи разлика поголема од два гола. Се менуваа во водстовото и домаќините и гостите на неколку пати. Завршницата сепак им припадна на ракометарите на Алборг кои освој триумф стигнаа до девет бода на третата позиција, исто толку има и Нант, но францускиот тим е со натпревар помалку. Предводник на Алборг беше Бустел Јул кој постигна седум гола, додека Сагосен и Елберг на спротивната страна постигнаа по шест. Загреб на свој терен одигра еден од поретките добри натпревари во елитата сезонава и констатно беше во водство против германскиот претставник кој одигра под своето ниво. За Загреб ова беше само втора победа во елитното друштво, но и по овој триујмф Хрватите остануваат последни со четири бода, Магдебург со бод повеќе е една позиција понапред. Лука Кларица со седум гола беше прво во редовите на Загреб, но мора да се истакне фантастичниот настап на голманот Мандиќ кој собра 20 одбрани....