Реал Мадрид ќе го спасува „фенерџијата“ во Премиерлигата
Екипа - пред 16 часа
Брзислкиот фудбалер Ендрик (18) летово официјално му се приклучи на Реал Мадрид по трансферот од Палмеирас вреден 47,5 милиони евра. Младиот напаѓач во досегашниот дел од сезоната за актуелниот европски клупски шампион одигра само 122 минути во сите натпреварувања и за тоа ограничено време успеа да постигне два гола. Тој го постигна првиот гол на неговото официјално деби за клубот, во победата од 3:0 против Реал Ваљадолид во второто коло од Ла Лига, додека вториот дојде на своето деби во Лигата на шампионите. Тоа беше гол за потврда на славјето од 3:1 против Штутгарт во првото натпреварување. Двата гола ги постигна во самиот финиш на натпреварите, во 94. и 95. минута. Недостатокот на минутажа би можел да доведе до тоа вториот дел од сезоната да го помине на позајмица, па британски Сан го објави овој план, поврзувајќи го со англискиот Саутемптон, кој моментално се наоѓа на последното, 20. место во Премиер лигата. Во досегашните 11 кола постигнаа само седум гола и освоија само четири бода, па дефинитивно во зимскиот преоден рок ќе мора да земат засилувања, ако сакаат да се спасат од најлошото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА...
Реал Мадрид Бразилецот кој долго го чекаше го испраќа во Англија?
Спорт 1 - пред 16 часа
Бразилскиот фудбалер Ендрик ова лето пристигна во Реал Мадрид во трансфер вреден 47.5 милиони евра од Палмеирас, но во редовите на „кралевите“ не добива сериозна минутажа. Младиот напаѓач во досегашниот дел од сезоната собра само 122 минути во сите натпреварувања и постигна два гола. Првиот гол го постигна на офцијалното деби за Реал Мадрид во победата од 3:0 против Реал Ваљадолид во рамките од второто коло во Ла Лига, додека вториот во дебито во Лигата на шампионите. Тој гол беше за потврда од славјето од 3:1 против Штутгарт во првото коло од натпреварувањето. Двата гола Ендрик ги постигнуваше во завршницата од натпреварите (94 и 95 минута). Малата минутажа може да доведе до тоа во вториот дел од сезоната да биде испратен на позајмица. Британскиот „Сан“ сега го поврзува со Саутемптон кој во овој момент се наоѓа на 20. место на табелата. Саутемптон во 11 кола постигна само седум погодоци и освои четири бода, па во зимскиот преоден рок сигурно ќе мора да бара засилувања. Eндрик од натпреварот со Штутгарт кој се одигра на 17 септември не се запиша во листата на стрелци, а не ни асистираше, па позајмица секако би можела да биде добра опција....