Убиецот на Зоран Ѓинѓиќ изработува погребни венци во затвор
А1он - пред 1 ден
Поранешниот командант на Единицата за специјални операции (ЕСО), Милорад Улемек Легија (56), кој беше осуден за убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, во затвор почна да се занимава со градинарство, а изработува и погребна опрема. Добивај вести на вибер Милорад Улемек работи со некои други осуденици во познато погребално претпријатие од Пожаревац и таа работа му е платена, дознава српски „Информер“. – Легија се занимава со монтажа на венци за погребалното друштво со кое управата на затворот „Забела“ склучила договор. Оваа работа му е лесна бидејќи се занимава и со сликарство. За време на престојот зад решетки завршил и обука за примена на основни уметнички техники, а може секојдневно да присуствува и на ликовната секција. Покрај семејството, на гости кај него доаѓа и професор по сликарство. Поранешниот легионер станал и градинар, па така заедно со другите затвореници од „Алкатраз“ во просторот на строго чуваниот затвор средува трева, цвеќиња и садници – открива добро упатен извор од затворот во Пожаревац. Од погребалното друштво потврдија дека имаат договор со „Забела“, но не прецизираа какви украси прават затворениците. Легија напиша две книги во затвор. Тој преку својот адвокат побара да биде условно пуштен, наведувајќи дека веќе одлежал половина од казната. – Додека ја издржуваат казната, повеќе од 20 години Улемек и Бранко Берчек немаат ниту една дисциплинска повреда. Тие дури учествуваат во сите достапни програми за ресоцијализација, максимално ги почитуваат правилата и персоналот на институцијата, ги негуваат семејните односи, што самата институција го нагласува во своите извештаи што ги доставува до судот на секои две години. Ова покажува дека имплементираните програми се успешни и дека истото однесување може да се очекува и за време на условниот отпуст. Законот ги зема предвид овие факти. Сакам да напоменам дека на неодамнешниот Саем на книгата Улемек имаше над дваесет наслови од вкупно 29 книги што ги напиша. Станува збор за книгите „Самурај 2“ и „Кучиња на војната“, трилогијата Либија, Сирија, Украина – наведе во барањето адвокатот на Улемек, Александар Ковачевиќ. Но, пред неколку дена Вишиот суд во Белград го одби барањето на Легија за условно ослободување, со образложение дека тој не одлежал две третини од казната. Легија во своето барање се повика на стариот закон според кој би можел да биде ослободен по отслужување на половина од казната, односно 20 години затвор....
Легија во затвор прави погребална опрема!
Република - пред 2 дена
Милорад Улемек Легија (56), поранешен командант на Единицата за специјални операции кој беше осуден за убиство на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, прави погребна опрема и се занимава со градинарство во затвор. Милорад Улемек работи со некои други осуденици во погребално претпријатие од Пожаревац, а за таа работа е платен. – Легија активно се занимава со монтажа на венци за тоа погребално претпријатие, со кое раководството на затворот „Забела“ склучило договор. Оваа работа му е лесна бидејќи се занимава и со сликарство. За време на престојот зад решетки завршил и обука за примена на основни уметнички техники, а може секојдневно да присуствува и на ликовната секција. Покрај семејството, на гости кај него доаѓа и професорот по сликарство. Поранешниот легионер станал и градинар, па така заедно со другите затвореници од „Алкатраз“ во просторот на строго чуваниот затвор средува трева, цвеќиња и садници – открива „Информер“ . Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира....