Идентификувани 63 осомничени за сексуална злоупотреба на деца на Интернет на Западен Балкан
Нова Македонија - пред 1 ден
Фото: Принтскрин Белградска „Политика“ ја пренесува изјавата на српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека во големата меѓународна акција „Мозаик 2024“, насочена против сексуална злоупотреба на деца на Интернет, на Западен Балкан се идентификувани 63 осомничени за тоа кривично дело, извршени се 59 претреси, а осум жртви се откриени. Во акцијата учествувале и припадници на Службата за борба против високотехнолошкиот криминал на Дирекцијата за технологија, како дел од Европската платформа за борба против организираниот криминал (ЕМПАКТ), соопшти српското МВР. Во рамките на оваа меѓународна акција, на територијата на Србија, Хрватска, Република Српска, Босна и Херцеговина, Унгарија, Словенија, Црна Гора и Македонија, при претресите биле одземени 327 електронски уреди, на кои биле пронајдени материјали создадени со сексуална експлоатација. на деца на Интернет, споделени преку различни апликации и мрежата Peer2Peer, кои понатаму ќе се користат како доказ во кривичната постапка против осомничените. Дачиќ изјави дека акцијата „Мозаик 2024“ е продолжување на успешната регионална и меѓународна полициска соработка во борбата против злоупотребата на децата на Интернет. Во акциите на припадниците на МВР, извршени во повеќе градови во Србија во изминатите денови, поднесени се кривични пријави против шест лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело прикажување, прибавување и поседување порнографски материјал и искористување на малолетници за порнографија....