Владата треба да реши за солидарниот данок – Ќе се враќаат ли 50 милиони евра кај фирмите?!
Express - пред 2 дена
Уставниот суд од Владата утре треба да го добие мислењето за тоа што сметаат дека треба да се прави со Законот за солидарен данок, со кои оние кои добро заработија во време на криза, беа повеќе оданочени, објави Телма. Од Судот го чекаат мислењето, па потоа ќе носат одлука. Во игра се три опции. Едната е да се укине, што би значело во идина да не може да се применува, ниту да се донесе идентичен закон. Втората опција е да се поништи, во овој случај државата ќе треба да ги врати парите од данокот. Третата е да се запре постапката, но ова како што соопштија на брифингот во уставниот суд пред извесно време се применува многу ретко. На прашањето до Владата кое е нивното мислење за овој закон, одговорија дека се бара решение кое нема да да биде на штета на државата и на бизнисот, а кога ќе го утврдат мислењето ќе ја информираат јавноста. Поранешната претседателка на Уставен суд, Добрила Кацарска е токму за опцијата да се запре постапката. Со ова таа не го поддржува мнозинството за да се води постапка и во издвоеното мислење објавено пред неколку дена, предлага дека единствената одлука на Судот сега ќе биде запирање, затоа што законот имал еднократна намена, завршил и не постои во правниот систем. За овој закон до Уставниот суд беа поднесени повеќе иницијативи. Ставот на повеќето судии, разгледувајќи ги, е дека има елементи на нарушување на уставноста, бидејќи со данокот се повредува владеењето на правото, тој е ретроактивен, а ретроактивноста е забранета и лошо е толкувана директиванат на ЕУ на која се повикува овој закон. Законот за солидарен данок се донесе во сепрември во 2023 година. Се оданочија околу 150 фирми. Тие платија дополнителен данок на државата и се собраа околу 50 милиони евра. Кога се креираше законот, во време на претходната влада, се соопшти дека станува збор за еднократно решение во вонредни услови, а парите кои ќе се соберат ќе бидат за антикризни мерки и за најранливите категории во државава. Според, послендите најави од Уставниот суд седницата на која ќе се расправа за уставноста на законот треба да се одржи на почетокот на февруари....