Производителите на ориз од кочанско стравуваат за откупот, 13.000 тони чекаат за откуп
Нетпрес - пред 2 дена
Проблематичен е годинава откупот на оризот во кочанскиот регион. Кочанските проиозводители сметаат дека со неодамнешното воведување на субвенцијата од 6 денари за килограм предадена оризова арпа не се решава најважното прашање како да се зголеми откупот туку по најавата за ваквата субвенција земјоделците добија пад на откупните цени за онолку колку што нив ќе им даде државата. Според грубите проценки на претставници на земјоделците, во моментов во кочанско за откуп има останато околу 60% од ожнеаниот ориз или околу 13 илјади тони на арпа. Загриженоста на земјоделците е голема бидејќи оризовата арпа им стои по амбарите во период кога вообичаено изминатите години околу декемви и јануари се откупувале и извезувале најголемите количини на кочански ориз. Производителите остануваат на ставот дека оризот треба да се откупува по 35 денари за килограм, аа ситните сорти, и по 40 денари за килограм за крупните сорти на ориз иако во моментов откупната цена е падната и под онаа што официјално се пресмета како производна од 27 денари за килограм и тие сега треба да предаваат со загуба. Производителите ги поздравуваат одлуките на владата за откуп на околу 3 илјади тони на ориз за стоковите резерви кои иако не го решаваат целосно произблемот ќе помогнат да се убалжи кризата и да се намали притисокот од заостанаиот ориз а за догодина аплеираат законск да се уреди откупот на оризот слично како и кај тутунот....