ДЕНЕСКА Е СВ. АПОСТОЛ ПЕТАР: Царицата Евдоксија му изгради црква и во неа ги положи веригите во кои беше окован
Денешен - пред 1 час
Денеска е 16 јануари (според стар стил) и се слави Св. апостол Петар заради веригите во кои што беше окован. Овој ден се споменува заради веригите во коишто свети Петар беше окован од беззакониот Ирод и кои при појавата на ангелот во затворот паднаа од него (Дела 12, 7). Овие вериги христијаните ги чуваа колку заради споменот на великиот апостол, толку и заради нивната исцелителна моќ, зашто мнозина болни се исцелуваа допирајќи се до нив (како од ризата на апостолот Павле; Дела 19, 12). Ерусалимскиот патријарх, свети Јувеналиј, овие вериги ѝ ги даде на царицата Евдокија, прогонетата жена на царот Теодосиј Помладиот, а таа ги преполови и едната половина ѝ ја испрати на црквата на Светите апостоли во Цариград, а другата на својата ќерка, царицата Евдоксија, жената на Валентијан во Рим. Евдоксија му изгради црква на свети апостол Петар и во неа ги положи овие вериги заедно со оние во коишто апостолот беше окован пред да најде смрт од царот Нерон....
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостол Петар
Денешен - пред 1 час
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 јануари. Денеска е Св. апостол Петар. На овој ден се спомнува апостол Петар заради оковите во кои беше ставен во времето на Ирод и од кои беше ослободен на чудесен начин. Христијаните ги чуваа овие окови заради чудата што се случуваа преку нив. Во петтиот век царицата Евдокија еден дел од оковите испрати во Цариград, во црквата на Светите Апостоли, а другиот дел го прати во Рим на Евдоксија, жената на западниот римски цар Валентинијан Трети. Евдоксија изгради црква и во неа ги положи оковите. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Блажен Јулијан Маунор. На денешен ден умрел мисионерот Јулијан Маунор. Тој околу 43 години патувал низ Бретања проповедувајќи го Евангелието Христово. За бретонскиот народ, Јулијан бил добар татко. Бил познат по својата понизност, молитва и христијански морал. Им помагал на болните и ги ослободувал опседнатите. Исцрпен од работата, бил прогласен од народот за светец и апостол, а црквата во времето на папата Пио Дванаесетти тоа го потврдила. Бретања и денеска во верски поглед, е една од најдобрите француски покраини....
Маск ги повика Германците да заборават на „вината од минатото“
Денешен - пред 3 часа
Време е Германија „да ја надмине“ својата „вина од минатото“, рече Илон Маск на митингот на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) во саботата, само два дена пред 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц. Оттогаш реакциите продолжуваат. „Бидете горди на Германија и што сте Германци. Ова е многу важно. Знаете, во ред е да се гордееш што си Германец. И во ред е да се гордееш со германската култура, германските вредности и да не се изгубиш во некој вид мултикултурализам кој разводнува сѐ. Знаете, сакаме да доживеете различна култура кога одите во различни земји. Тоа е уникатно, и посебно и добро. И дека германската влада презема активности за да ги заштити своите граѓани и да го обезбеди здравјето и благосостојбата на германскиот народ“, рече Илон Маск на митингот Алтернатива за Германија (AfD). Маск ја пофали „историјата на германскиот народ која опфаќа илјадници години“ и рече дека читајќи го Јулиј Цезар за Германците, сфатил дека тие се „моќни воини“. „Мислам дека, искрено, има премногу фокус на вината од минатото и мораме да продолжиме понатаму. Знаете, децата не треба да се обвинуваат за гревовите на нивните родители, а камоли нивните баби и дедовци, можеби дури и нивните прабаби и прадедовци. И треба да бидеме оптимисти и возбудени за иднината на Германија. И тоа е навистина мојата порака: бидете оптимисти, бидете возбудени и зачувајте ја германската култура и заштитете го германскиот народ“, рече Маск, повикувајќи на повеќе „самоопределување“ од европските земји и помалку потпирање на Брисел. Според Политико, истакнати личности од екстремната десница во Германија долго време ја осудуваат инаку пофалената „erinnerungskultur“ или „култура на сеќавање“ како создавање на општество вкоренето во вината за злосторствата извршени од нацистите, тврдејќи дека тоа го уништува германскиот дух. Екстремната десница често зборува за „култ на вина“ во земјата. Со децении, различни личности се бореа против културата на меморијата – но обично на маргините на политиката. Она што е ново е дека пораката сега доаѓа од врвот на американската моќ, при што Маск, бунтовен милијардер и доверлив човек на Доналд Трамп, нуди поддршка за некои од најекстремните гласови во германската политика. Еврејските групи во Германија и пошироко изразија бес поради изјавите на Маск. „Сеќавањето и признавањето на мрачното минато на земјата и нејзиниот народ треба да биде централно во обликувањето на германското општество. Неуспехот да се стори тоа е навреда за жртвите на нацизмот и јасна опасност за демократската иднина на Германија“, напиша на Икс, Дани Дајан, претседател на Јад Вашем, израелскиот центар за сеќавање на холокаустот. Полскиот министер: Престанете да купувате „Тесла“ Негодување од поддршката на Илон Маск за АфД изрази и полскиот министер за туризам, Славомир Нитрас, кој повика на бојкот на производите на компанијата „Тесла“. „Нема оправдување за кој било здрав Полјак да продолжи да купува Teslas. Неопходен е сериозен и силен одговор, вклучително и бојкот на потрошувачите“, изјави Нитрас за полските медиуми. Зборовите на Маск, пишува Политико, особено одекнаа во Полска – која беше првата земја нападната од силите на Адолф Хитлер на почетокот на Втората светска војна. Полска загуби околу шест милиони луѓе во војната – од кои половината беа Евреи. Многумина загинаа во нацистичките логори како Аушвиц. Милиони други беа заробени и одведени на принудна работа....
ВУЧИЌ: Во следните 10 дена ќе донесеме одлука дали ќе одиме на избори
Денешен - пред 3 часа
По вонредната седница на српската влада, кон јавноста се обрати Александар Вучиќ кој ги изнесе своите ставови за блокадите, но и ги кажа можните решенија по оставката на Вучевиќ. „Процедурата е следна, продолжуваме со констатирање на неговата оставка во Собранието и потоа почнува рокот од 30 дена за избор на нова Влада или распишување избори. Ќе ја почнам процедурата и нема да избегнувам консултации, иако знам дека ќе добивам само навреди од оние кои некому ласкаат и немаат поддршка од народот. Отворен сум и за двете опции, или за избори или за состав на новата Влада. Благодарение на неодговорното однесување на некои, загрозена е стабилноста и граѓанскиот мир на Србија. Некои поддржуваат насилство на секој можен начин. Во Србија ќе се воспостави ред, а Србија ќе ги зачува стабилноста и мирот“, рече Вучиќ и додаде: „Во следните 10 дена ќе донесеме одлука дали ќе одиме на избори или не. Ова не го очекувавме, бидејќи сè се одвиваше добро до синоќешниот инцидент, што според мене е необјасниво. Наскоро, како еден од основачите на Движењето, ќе се појавам во Нови Сад и ќе му се обратам на народот, бидејќи бегање од кој било во мојата земја не ми паѓа на памет“. Вучиќ ги повика граѓаните да се воздржат од насилство кажувајќи дека е згрозен граѓанскиот мир во Србија. Тој изјави дека моментално главната цел во државата е да се задржи стабилноста и дека тој лично ќе се бори за тоа. „Владата е во технички мандат, ќе донесе неколку одлуки, но суштински мораме да избереме влада или да одиме на избори. 45-60 дена се за изборна кампања, значи изборите би можеле да ги имаме за 75 дена. Толку многу ја сакаат демократијата, референдум и избори, сè може само да не биде нешто демократски, ако може некој на сила. Не може на сила. Можеби и може, но тогаш некој мора да изврши злосторство пред тоа. Е тогаш може. Морате да ме убиете, инаку поинаку нема да прифатам. Кога сме ние тоа оделе да спречуваме политички собир? Кога тоа се случувало? Како што се случи во Раковица. Кои сте вие за тоа да го забранувате? Што сте си замислиле? Државата е трпелива, но тоа не значи дека е можно да ги уништувате животите на другите луѓе. Нашата главна задача е зачувување на целосната стабилност. Лично ќе се ангажирам. Ќе се обидеме да продолжиме да го правиме сето она што го правевме. Ова нанесе голема штета на нашата економија. Кога беше во пикот, имаше 16.750 луѓе – која е целта на блокадата на Автокоманда? Нашата победа значи стабилност и сигурна иднина на Србија“....
ЕСМ до РКЕ доставило барање за зголемување на трошокот за гориво за речиси 13%
Денешен - пред 4 часа
Можно е поскапување на парното греење. ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика доставило барање за зголемување на трошокот за гориво за речиси 13%. До крајот на оваа недела треба да биде закажана седница на која ќе се разгледува ова барање. ЕСМ го поништи и претходно објавениот повик за набавка на гас за месец февруари. Од компанијата велат дека причина за тоа била понудената цена. „Не беше извршен избор за најповолен понудувач затоа што не беше постигната таргетирана цена со која ќе се остварат пониски трошоци при производство на топлинска енергија кај регулираниот производител“ велат од ЕСМ. Минатата година со стартот на грејната сезона беа набавени количини за три месеци. Сега, тоа се прави на месечно ниво. Од РКЕ велат дека барањето на ЕСМ никако не значи дека цената би се зголемила за 13 отсто, онолку колку што и е зголемен трошокот за набавка на приропден гас на ЕСМ. Засега не можат да кажат конкретно дали и колку би се зголемила цената на парното греење во главниот град, но извесно би било тоа да изнесува неколку проценти....
ПУТИН: Без пари и куршуми од Запад, Украина е готова за месец и половина или два
Денешен - пред 4 часа
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека речиси тригодишниот конфликт во Украина ќе заврши за „два месеци“ или помалку доколку Западот престане да го поддржува Киев. Нема да постојат еден месец ако снемаат пари и, во широка смисла, куршуми. Се би било готово за месец и половина или два, изјави Путин во интервју за руската државна телевизија. Според него, разговорите со Украина се можни, но не и со нејзиниот претседател Володимир Зеленски, за кого смета дека е „нелегитимен“. „Ако сака да учествува во преговорите, ќе назначам луѓе да учествуваат во преговорите“, рече Путин, нагласувајќи дека Зеленски е „нелегитимен“ бидејќи неговиот претседателски мандат истекол за време на воената состојба....
Над 800 000 евра исплатени на 206 лица кои не доаѓале на работа во ПИОМ
Денешен - пред 4 часа
Придонесите од вработените не можат да ги покријат трошоците за пензии. Трошокот за еден пензионер го покриваат скоро две вработени лица. Државниот завод за ревизија утвдува низа пропусти во работењето на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Според нивниот извештај, приходите на ПИОМ од година во година растат, но тоа наместо да ја намали, ја зголемува буџетската дупка бидејќи паралелно растат и социјалните трансфери. Во 2023-та Фондот има рекордни приходи од наплатени придонеси од над 63 милијарди денари, а сепак истата година дефицитот од над 30% е покриен од државниот буџет. Но, финансиите не се единствените слабости во работењето на ПИОМ. Ревизорите откриле и фиктивни вработувања и спорни награди. На платниот список на Фондот се пронајдени 206 лица кои земале плата, а за кои не постои потврда дека оделе на работа. Над 800.000 евра исплатил Фондот за пензиско за 206 лица ангажирани со договор на дело за кои државната ревизија не нашла евиденција дека биле присутни на работа. Договорите биле од два месеца до една година, а во нив немало ниту обврска да доставуваат извештаи за сработеното. По основ на награди за вработени кои „постигнуваат особени залагања“ во 2023-та исплатени се 2,5 милиони денари, но според ревизорите за овие пари не постојат соодветни и веродостојни документи. Покрај ова, според ревизорите ПИОМ со години се соочува со недостаток на стручен и обучен кадар во клучните сектори, подрачните единици, ИТ секторот и одделението за внатрешна ревизија. Според ревизорите претходната влада го прекршила Изборниот законик со носењето на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани само два месеци пред распишување на претседателските и парламентарните избори. Спротивно на членот 8-а од Изборниот законик во предизборниот период се исплатиле речиси 2 милијарди денари. Сметката на фондот ја празнат и извршителите, кои повлекуваат пари за пензионери кои имаат долгови. По овој основ 18 извршители повлекле над 4 милиони денари во 2023та. Извршената ревизија во подрачните единици на Фондот пак покажала дека ниту еден објект не ги исполнува основните хигиенски услови за работа, натписните табли се уништени, недостасува стручен кадар, а ревизорите објавија и слика од несоодветните услови во кои се чуваат предметите кои не се заштитени ниту од влага, кражба или поплава....
ДРАМА ВО ЗАГРЕБ: Унгарија водеше со 4 голови, Хрватска победи со гол во последната секунда
Денешен - пред 4 часа
Ракометарите на Хрватска ќе играат во полуфиналето на Светското првенство 2025, откако во драматичниот натпревар со Унгарија успеаја со голот на Шипиќ да слават со 31:30. Ракометарите на Родригез имаа за што да жалат, имаа плус четири во 54-та минута, а Хрватите во ниту еден момент не се откажуваа. Хрватите добро го започнаа натпреварот, но потоа Унгарија ја презеде контролата и речиси до 29-та минута го контролираше резултатот. По нерешените 5;5, дојде до пад во играта на,,коцкестите”, па така избраниците на Родригез со расположениот Бартуш на голот, како и со добрите организирани напади, направија серија од 3:0. Унгарија кон средината на првиот дел имаше плус три, 8:5, потоа во еден момент дојде на плус четири, 10:6, а како што се доближуваше крајот на полувремето Хрватите се враќаа во игра. Домаќинот ја подобри одбраната, даде неколку брзи гола, па така Хрватска направи пресврт. Избраниците на Сигурдсон најпрво израмнија на 15:15, а во последната минута ја презеде предноста, поведе со 16:15. Иако Хрватска можеше да замине на полувреме со минимална предност, сепак, Унгарија тоа не го дозволи, по 30 минути игра резултатот беше нерешен, 16:16. Репрезентацијата на Унгарија за неколку минути игра во вториот дел успеа да се одлепи на 19:17, имаше шанса да ,,побегне” на плус три, но повторно им дозволи на домаќините да направат камбек. Во 38-та минута беше 20:20 и двете репрезентации никако не можеа да направат исчекор. Од 38-та минута, па до 48-та, Хрватска беше без реализација и за тој период Унгарија успеа да се одлепи на 24:21. Овие ,,плус три” беа достижни за Хрватска, но Унгарија возврати со иста мера, во последните десет минути влезе со предност од 27:24, имаше и плус четири, но Хрватите не се предаваа, Сигурдсон направи промена на голот, го замени Кузмановиќ со Пешиќ, кој фати неколку топки и домаќините во последната минита израмнија на 30:30. Останаа уште триесетина секунди, ракометарите на Унгарија не реализираа, а во последните десет секунди Шипиќ стави крај на големата драма за голема радост на трибините во ,,Арена Загреб”....
МИТЕВА: Поважни одлуки од 46та владина седница за подобар квалитет на живот за граѓаните и за зајакнување на економијата
Денешен - пред 4 часа
На денешната 46та владина седница, донесовме низа важни одлуки кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на животот на сите вас, да ја зајакнеме нашата економија и да ја подобриме транспарентноста. Одлука број 1 е Економска мерка: Се усвоија двата договори за кредитната линија од 250 милиони евра наменета за бизнисот со што средствата ќе станат оперативни. Ова ќе претставува позитивен импулс за компаниите, со исклучително поволни услови, рок на отплата до 15 години, 3 години грејс период и каматна стапка од 1,95%. Се надеваме на пројавување на голем интерес. Одлука 2 се однесува на Зајакнување на системот најавните набавки како дел од Реформската агенда каде се предвидени повеќе реформи во делот на управувањето со јавните финансии. Европската комисија повеќе години во извештаите за напредокот го критикува пречестото користење електронски аукции и истото го посочува како битен недостаток во системот на јавните набавки. За таа цел Владата ја разгледа Информацијата за обврската за намалување на процентот на електронски аукции во јавните набавки во 2025 година да се намали до најмногу 40% од бројот на објавените постапки и ги задолжи и им препорача на сите органи на државната управа да преземат мерки за намалување на бројот на електронски аукции во јавните набавки. Конечно, како дел од нашата постојана заложба за навремено постапување се однесува и денешната одлука со која Владата го утврди и го доставува до Собранието полугодишниот законодавен преглед со предлози на закони и други акти по кои одлучува Собранието и истиот согласно динамиката вклучува 60 законски решенија произлезени од Програмата за работа на Владата. Почитувани граѓани, транспарентноста и отчетноста се сржта на работата на нашата влада, нашата примарна цел е да ве доближиме Вас до одлуките што ги носиме. На овој начин, точно знаете што прави вашата влада за да го подобри вашиот секојдневен живот. Ве охрабрувам да останете информирани за нашата работа и да ги споделите со нас вашите размислувања, бидејќи вашиот глас игра клучна улога во обликувањето на нашите политики!“...
Карлсон тврди дека Блинкен притискал за војна обидувајќи се да го убие Путин
Денешен - пред 7 часа
Американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин. – Тони Блинкен (поранешен државен секретар на САД) толку силно притискаше за вистинска војна, обидувајќи се да го убие Путин, на пример. Она што го направи администрацијата на Бајден беше обидот да го убие Путин“, рече Карлсон во интервју со новинарот Мет Таиби. „Што е лудост. Лудо е дури и да ти текне такво нешто. Па зошто го направија тоа? Затоа што хаосот е штитот што ги штити“, додаде Карлсон. Карлсон не обезбеди никаков доказ за да го поддржи ова тврдење за администрацијата на Бајден, која управуваше со САД од 2021 до 2025 година, додека војната на Кремљ против Украина се интензивираше. JUST IN: 🇺🇸🇷🇺 Tucker Carlson says the Biden administration “tried to kill” Russian President Putin. pic.twitter.com/BH0AsGIplz — BRICS News (@BRICSinfo) January 28, 2025...
Зголемени цените во Собранието, Владата и Клубот на пратеници
Денешен - пред 8 часа
Една од првите мерки што ги презедовме по преземањето на функцијата беше ставање ред во Секторот за угостителство, во кое затекнавме безредие од сите аспекти. Нецелосна евиденција на приходи и расходи, испорачани, но ненаплатени услуги, ниски и непазарни цени, нетранспарентен избор на добавувачи, работење по неутврдени критериуми, беа само дел од недостатоците на работењето кои ги идентификувавме, соопшти Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата на Македонија. „Во насока на усогласување со законските процедури, елиминирање на нелојалната конкуренција и отстранување на другите аномалии, првенствено почнавме со редовна наплата на услугите, а одлучивме да ги покачиме и цените во бифеата и ресторанот во републичкото Собрание и во Владата, како и на цените во бифето на Клубот на пратеници. Со оваа мерка ги елиминиравме привилегиите кои до тогаш ги уживаа избраните функционери. Нашата одлучност веќе дава резултати. Во периодот 1.01.2024 – 1.07.2024, вкупниот приход од угостителските услуги кои ги нудиме изнесувал 73.257 денари, додека во вториот дел од годината, од 1.07.2024 – 31.12.2024, приходите пораснаа на неверојатни 1.139.245 денари, односно по примената на мерките, наплатата е зголемена за дури 1455 % во споредба со претходно. Споредбено со истиот период, остварените приходи од владиниот ресторан во првата половина од 2024 година, изнесувале 11.620 денари, а од 1.07.2024 до крајот на годината, остварен е приход од 308.358 денари. Зачудувачки факт е дека во дел од објектите каде СОЗР нуди угостителски услуги, во првата половина од 2024 година, воопшто не бил остварен приход. Таков е случајот со три бифеа на републичкото Собрание, бифето во Клуб на пратеници, а според извештаите, не се јадело и пиело, ниту во ресторанот во Собрание, каде ставката за остварен приход е нула денари. Наспроти ова, од 1.07.2024 година до крајот на 2024 година, вкупниот приход во сите посочени угостителски објекти, изнесувал 638.053 денари. Во три пак владини бифеа, во првата половина од 2024 година, остварен бил вкупен приход од 15.380 денари, додека во втората половина од годината во истите објекти, остварен е приход од 61.105 денари. Извесно е дека сето ова се должи на нашето законско работење, редовната наплата на испорачаните услуги, како и на покачувањето на цените, а не на зголемената побарувачка. Овие бројки не се само статистика, туку јасен показател за ефективноста на нашите мерки и домаќинското работење. Несомнено дека зголемената наплата ја потврдува исправноста на нашиот пристап и ни дава уверување дека работиме во вистинска насока. Ова е доволен доказ за нашата одлучност да создадеме систем во кој нема да има привилегирани, а ќе се применуваат цени соодветни на пазарот, што е во интерес на сите вклучени страни. Ова не е само финансиски успех, туку и доказ дека работиме одговорно и домаќински. Во следниот период, со цел да ги заштитиме вработените од можни несакани ситуации, какви што имало во минатото и да спречиме евентуални малверзации, планираме да воведеме наплата исклучиво преку банкарска картичка. Со овој чекор ќе го зголемиме нивото на сигурност, ќе ја елиминираме потребата за рачна наплата и ќе создаде поголема транспарентност. Продолжуваме со нашата решителност да поставиме темели за одржлив и ефикасен модел кој ги елиминира привилегиите и ги применува пазарните цени. Планираното воведување на наплата исклучиво со банкарски картички ќе ја подобри сигурноста и транспарентноста, кое ќе гарантира стабилно и безбедно функционирање на системот во насока на домаќинско работење и кое ќе услови одржливост на Секторот за угостителство“, велат од СОЗР....
БОЖИНОВСКА: Чест ми е да го применам меѓународното искуство од работа во 20 држави во областа на енергетиката
Денешен - пред 8 часа
Во своето вчерашно гостување на поткастот „ВМРО – ДПМНЕ зборува“, министеркатаБожиновска истакна дека има работено во 20 држави во Европа и секогаш работела согласно законските норми на тие држави. Токму затоа и претставува чест да го примени целото свое искуство и да ја постави законската рамка во областа на енергетиката со кои ќе се постават основите како ќе се движи Македонија во идниот период. На прашањето зошто го прифатила предизвикот да биде министер за енергетика, таа истакна: „Енергетиката е многу комплексна наука и има различни сегменти, како што кажавте ова е Министерство не само за енергетика туку и рударство и минерални суровини. Тоа се две децении знаење, комуникација, но тоа беше од другата страна, од приватниот сектор. Меѓутоа се што работите во приватниот сектор значи дека мора да ги исполнувате легислативите и нормите кои ги пропишува секоја држава“, кажа Божиновска. Според министерката Божиновска, но и други експерти од земјата и регионот, Министерство за енергетика требало многу порано да биде направено, а парламентарното мнозинство направила добра одлука што формирала Министерство за енергетика, како и останатите земји во регионот. Енергетиката, рударството и минералните суровини се од огромно значење за секоја економија и сите држави и во Европската унија и во соседството имаат вакви министерства. Министерката Божиновска зборувајќи за своето образование откри дека по завршување на средно училиште на англиски јазик заминала на четиригодишни додипломски студии во Прага. По комплетирањето на студискиот престој во Чешка, Божиновска заминува на студии по меѓународен бизнис на Кралскиот универзитет во Холандија. На Кралскиот универзитет своето образование го стекнува од реномирани професори од кои некои биле и добитници на Нобелова награда. Во текот на својата богата професионална кариера, таа постојано го надоградувала своето знаење преку посета и учество на голем број меѓународни размени, семинари, конгреси и конференции во изминатите 20 години....
Божиновска на средба со Германската стопанска комора АХК
Денешен - пред 8 часа
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со претставници на германската стопанска комора (AHK Македонија). На средбата на која присуствуваше директорката на АХК, Антје Ванделт и заменик германскиот амбасадор, Јан-Аксел Фос, се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетската транзиција. Министерката Божиновска ја истакна важноста на партнерството со Германија во процесот на премин кон обновливи извори на енергија и декарбонизација. Таа ги презентираше тековните активности, вклучувајќи го новиот Закон за енергетика кој стапува на сила оваа година, како и плановите за зголемување на инвестициите во соларни и ветерни капацитети. Антје Ванделт ја нагласи заинтересираноста на германските компании за инвестирање во зелени проекти во Македонија, особено во секторите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Тие ја истакнаа важноста на стабилната регулаторна рамка и транспарентните процедури за привлекување на странски инвестиции. Воедно ја информираше министерката и го најави делегациското патување на тема: „Децентрално снабдување со енергија преку сопствени фотоволтаик системи“, кое ќе се одржи оваа година и ќе овозможи воспоставување на соработка помеѓу германски и македонски стопанственици. Двете страни се согласија дека зајакнувањето на соработката во енергетскиот сектор ќе придонесе за економски раст. Министерката Божиновска ја изрази својата благодарност за поддршката од германските партнери и ја потенцираше посветеноста на Владата за создавање поволна бизнис-клима за странските инвеститори. Оваа средба претставува продолжение на досегашната успешна соработка меѓу Македонија и Германија во областа на енергетиката. Во декември минатата година, министерката Божиновска учествуваше на стручната конференција за декарбонизација организирана од АХК Македонија, каде што беа разгледани можностите за проширување на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во регионот. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на реализација на стратешките цели за енергетска транзиција и одржлив економски развој, во тесна соработка со меѓународните партнери....
МИЦКОСКИ: Немало разговори за 20% да се смени со „албански јазик“, не сум бил против Коридорот 8, но бев против Преспанскиот
Денешен - пред 8 часа
Немало такви разговори, вели премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја изјавата на министерот за здравство Арбен Таравари, кој во гостување на ТВ21 тврдеше дека во рамките на мандатот на оваа влада албанскиот јазик веќе нема да стои во Уставот како јазик кој го зборуваат 20%, туку македонски јазик и албански јазик. Верувам дека во овој мандат… Службени јазици во Македонија ќе бидат македонскиот јазик и не јазикот на „20%“ од оние што живеат во Македонија, туку албанскиот јазик, рече Таравари. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски ја коментираше и втората изјава од гостувањето на Таравари во емисијата дека како што премиерот бил против Коридорот 8 и против Преспанскиот договор, но ги прифатил, на крај ќе ги прифати и уставните измени. Мислам дека не е тоа така кажано, како што вие го цитирате. Не сум бил против Коридорот 8, да сум бил против Преспанскиот договор и да точно е откако на насилен пат се носеа пратеници да гласаат за уставните измени и откако сето тоа стана реалност, уште во опозија пред 4-5 години реков не можеме да ја игнорираме реалноста. Никогаш не сум бил против Коридорот 8, тоа што вие го цитирате не беше така кажано од господинот Таравари, но во ред, повторно ќе кажам, во духот на растурање пердувите ќе се обидеме да ги фатиме и јас категорично ве демантирам дека така беше кажано. Кога станува збор за уставните измени, можеме да зборуваме за нив, но истовремено може да зборуваме за други работи кои ние ги бараме и кои што се дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ позади кои застана повеќе од половина милион граѓани. Јас немам намера ниту милиметар да се поместам од тоа што сум го кажувал, го кажувам сега и ќе го кажувам во иднина. Барам решение, достоинствено решение. Имаме достоинствено решение, а тоа се уставни измени со одложено дејство, повелете да разговараме, рече Мицкоски....
Таравари на свој трошок бил во САД, обезбедил покана преку пријатели
Денешен - пред 8 часа
Еден од лидерите на ВЛЕН и министер за здравство, Арбен Таравари информира дека на свој трошок бил во САД, како дел од посетата по повод инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. -Јас во САД отидов во сабота и стигнав во недела. Во вторник наутро тргнав назад. Значи два работни дена не бев тука. Цело време бев во комуникација за се што се случува тука. сметам дека и министерот понекогаш има право да оди на патување каде што смета дека е важно за него. Јас сум министер, но, истовремено сум и претседател на партија. Имам пријатели во САД кои што ми обезбедија покана. Планот беше инаугурацијата на Трамп да биде надвор, дури имаше и обезбедено седиште во тие 2000 планирани кои беа предвидени, но, поради временските услови се одржа внатре. Имав прилика да видам како се слави, не успеавме во сите настани, но бев на инаугурациски појадок, вечера, како и балот. Атмосферата е фантастична, кажа Таравари во емисијата „24 анализа“. Како што истакна министерот, не бил дел во владината делегација. Истакна дека половина Вашингтон бил блокиран и немал можност да се види со премиерот Христијан Мицкоски. -Ова беше приватна посета. Не е користен ниту денар од службените патувања. Сам платив превоз и хотел, појасни Таравари. Таравари информираше и дека оваа сабота повторно ќе патува во САД за да присуствува на молитвениот доручек на Трамп. Покрај тоа, најави и посета на неколку клиники со кои се надева на соработка. „Ќе посетам три клиники со кои што се обидувам да направам соработка за нашите пациенти да добиваат второ мислење од лекари во САД. Тоа ќе биде за пациенти со потешки болести кои ќе имаат можност сите материјали и резултати да им ги испратат на лекарите во САД и потоа преку онлајн средба да добијат второ мислење“, изјави Таравари. Тој најави и дека во февруари годинава ќе бидат потпишани уште два договори со САД кои ќе донесат бенефиции на македонското здравство....
МОЈСОВСКИ И КАЕВСКИ НА СУД: Процесот за злоупотреба на спортските ваучери од почеток
Денешен - пред 8 часа
По промена на судечкиот совет, во Основниот кривичен суд Скопје денеска повторно започна судењето за злоупотреба на спортските ваучери за кое се обвинети 12 лица меѓу кои поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски. Сите 12 обвинети, на денешното рочиште изјавија дека не се чувствуваат виновни. Воедно, дел од одбраната денеска побара постапката да се прекине, имајќи ги предвид измените во Законот за спорт со кои, според нив, не постои правен основ за каква било злоупотреба. Според обвинителството, освен предлог на нови докази сѐ останато треба да се одбие и постапката да продолжи. Промената на судечкиот совет следува откако судијката Ценета Бегтовиќ беше избрана за членка на Судскиот совет. Наместо неа, процесот ќе го води судијката Фросина Стојаноска. Обвинети за „злоупотреба на службена положба“ и за „несовесно работење“ се поранешните директори на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Наташа Смилевска, Бејтула Емини, Дриљон Леши, Мијази Елмазов, Иван Миновски, Даниел Каров и Сашо Поповски. Тие денеска изјавија дека не се чувствуваат виновни. Дел од одбраната на обвинетите на денешното рочиште поднесоа прочистена листа на докази, а дел побараа да добијат препис од материјалните докази на обвинителството, за кои посочија дека не ги добиле. -Со цел да може да подготвиме одбрана, потребно ни е да ни дадете препис од сите писмени докази наведени во листата на докази од страната на обвинителството, особено извештајот и анализа на Државниот завод за ревизија, конечниот извештај на ДЗР и двете известувања на УЈП. Без ова не сме во состојба да поставиме прашање на нашиот технички поддржувач, а со тоа реално и врз основа на закон да ја подготвиме нашата одбрана, посочија од одбраната. Воедно, адвокатот Петре Шилегов, бранител на Каевски, побара од судот да ја прекине постапката или обвинителство да го повлече предлогот поради измените во Законот за спорт. -Судот да ја прекине постапката или обвинителство да го повлече предлогот, имајќи предвид дека по поднесувањето на овој обвинителен предлог и по отпочнување на постапката на 12.8.2024 година Собранието на РСМ носи измени и дополнувања на Законот за спорт при што го укинува членот 14г што претставува правен основ за да зборуваме за каква било злоупотреба, рече тој. Во врска на барањето за препис од доказите, Обвинителка Лидија Раичевиќ се произнесе дека тие предлози се апсолвирани на првичната расправа, односно, дека доказите се доставени, на што дел од одбраната посочија дека биле вклучени во процесот непосредно пред расправата и ги немаат. -Другите предлози од колегите претставуваат пример како е дојдено време да се ослободиме од лоши тактики на поднесување на предлози кои се апсолвирани на главните расправи, пред да се смени судечкиот совет, тогаш најголемиот дел од бранителите побараа препис од доказите и запознавање со содржината на истите и тоа е сторено, рече таа. Во однос на предлогот на адвокатот Петре Шилегов, за прекин на постапката, таа рече дека не е ништо друго, туку, како што рече, само показател дека се трошело време и се вложиле сериозни амбиции да се покаже максимум напор постапката да престане. -Овде се работи за цитиран член кој што претставува опис за пропуст од друг закон, друга материја, која што во развојот и еволуцијата на материјата која што го третира тој закон, може да претрпи не само нумерички, туку организациони, идеолошки, стратешки начини на постапување, финансирање, но тоа не значи дека тоа значи декриминализација на делото затоа што она што е тежиштето на ова кривично дело е дејствието на извршување, а бланкетната норма која што важела во време на извршување на кривичното дело е ориентир по кој што се препознаваат елементите на истото, образложи таа. Раичевиќ посочи дека освен предлогот на нови докази, сѐ останато да се одбие и постапката да продолжи. За Шилегов, ова образложение е несоодветно, а суштината за кривичните дела „злоупотреба на службената положба“ и „несовесни работење“ кои им се ставаат на товар во правната теорија се дела кои што не можат да егзистираат сами од себе. -Тие не дефинираат конкретно инкриминирано поведение, туку ги даваат основите на описот, што сѐ може да биде инкриминирано дејствие, но, притоа, инкриминарноста ја бараат во прекршување на други членови од позитивното материјално право, рече тој. Судот одлучи да се произнесе по однос на ова на следната главна расправа. Додека, во однос на барањето за видео и тонско снимање, кое не беше овозможено денеска, судот донесе решение главната расправа да продолжи во судница 1 на 14 март 2025 година....
Почина пациент со Ковид-19 од Куманово
Денешен - пред 8 часа
Човек од Куманово на возраст над 60 години починал од Ковид-19. Тој имал и други здравствени проблеми и бил вакциниран со две дози, а последната вакцина ја примил пред повеќе од три години. Според извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во последната недела потврден е само еден нов случај од Струга. „Во текот на минатата недела тестирани се вкупно 341 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на Ковид. Регистриран e еден нов позитивeн случај, еден помалку во однос на минатата недела, кога имаше два позитивни случаи. Евидентирани се 3 оздравени лица“, соопштија од ИЈЗ. Во јануари годинава, досега се регистрирани 14 заболени, што е значително повеќе од декември, кога имаше само шест случаи....
СТОЈКОВСКИ: Повеќето од пациентите на Онкологија ја примаат потребната терапија
Денешен - пред 9 часа
Повеќето од пациентите кои се третираат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, ја примаат потребната терапија, рече денеска директорот на клиниката, Игор Стојковски, најавувајќи дека дел од лекови очекуваат во најкраток можен рок да дојдат, можеби во текот на утрешниот ден, а за други лекови работеле заедно со директорот на Фондот на обезбедување на донација. – Една брза постапка, што ќе може да бидат во најбрз временски рок. Само да потенцирам дека повеќето од пациентите што се третираат на универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија, ја примаат потребната терапија, хемо, радиотерапија и биолошка терапија. Недостасуваат лекови за дел од третманот за околу 40 до 60 пациенти во моментов. Верувам дека во најбрз временски рок ќе ја обезбедиме таа терапија. Од околу пет илјади новорегистрирани пациенти на клиниката, над 95 проценти ја примаат соодветната терапија. Дефектура настана поради зголемен број на пациенти и кратка дефектура од еден лек, но пациентите се префрлаа на друг лек, што сега во моментов е во дефектура, појасни Стојковски. Првиот човек на клиниката подвлече дека со добро и соодветно планирање, ќе ги направат сите напори да ги има сите лекови во секое време. Директорот на ФЗО, Сашо Клековски рече дека во петок треба да бидат одобрени годишните планови и многу брзо после тоа треба да се има капацитет за спроведување на редовната годишна набавка. Како што претходно информираа за МИА дел од пациентите на Онкологија, има недостиг од лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Стравуваат дека за брзо време може да ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“. МИА...
Мицкоски се огради од ставовите на Додик изнесени на Светосавската академија
Денешен - пред 9 часа
Милорад Додик ја злоупотреби свечената Светосавска академија со тоа што во говорот испрати анти ЕУ и анти НАТО пораки, оценува премиерот Христијан Мицкоски. Тој се огради од ставовите на претседателот на Република Српска, кој синоќа од Скопје порача дека ЕУ е лицемерна, не останало ништо од европските вредности и Европа ја изгубила конкурентската способност, па затоа требало да се свртиме кон себе за да градиме живот во мир и сигурност. „ Во делот на содржината на говорот којшто се однесува на анти ЕУ, анти НАТО и слично, категорично го отфрлам и апсолутно не се согласувам. Навистина не очекував дека ќе го злоупотреби тој настан со испраќање на такви пораки. Сепак, тоа беше свечена академија, а не место каде што се упатуваат ваков тип на политички пораки“, рече Христијан Мицкоски....
ИНЦИДЕНТ НА АКТЕРОТ САШКО КОЦЕВ: Со автомобил удрил полицаец и заминал, тој тврди дека не знаел оти лицето било полицаец
Денешен - пред 9 часа
Актерот Сашко Коцев синоќа со неговиот автомобил во центарот на Скопје повредил полицаец, извести МВР. Според МВР, околу 19.15 часот, во Скопје, на подрачјето на Центар, С. К., управувајќи возило „фолксваген“, не застанал на знакот за запирање даден од полициски службеник кој извршувал службени дејства, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Коцев за порталот Плусинфо негира. Тој изјави дека на лицето кое му пришло и му наредило да си замине, му поставил прашање за тоа кои се тие што ја затвораат улицата. Според неговите зборови, лицето му одговорило „Сега ќе видиш кој сум“, а потоа стоело пред возилото. – Во моментот, моето дете почна да плаче поради стравот, а јас само ја подигнав ногата од кочницата и возилото се придвижи дека е автоматик. Јас не возев 200 па да сум удрил или повредил некого. Кога возилото полека се придвижи лицето се поттргна и јас си продолжив да возам. Информацијата што ја прочитав на некои портали беше невистина. Немав никаква намера да повредам или да прегазам некого – ни изјави Коцев....
МИЦКОСКИ: Имам 17 советници од кои 4 со полно работно време и плата од 90.000 денари, а останатите со хонорар од 60.000 денари
Денешен - пред 9 часа
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата. -Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60.000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, коишто се во Владата, и тие имаат месечен хонорар од 90.000 денари, рече претседателот на Владата одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција. Мицкоски ја прифати забелешката на новинарите за необјавувањето соопштенија од владините седници и, како што рече, „ќе се потрудиме веднаш по оваа прес-конференција сите соопштенија што недоставуваа да ги објавиме на страната на Владата“....
БУГАРСКИ БРОД ГО ОШТЕТИЛ КАБЕЛОТ ВО БАЛТИЧКО МОРЕ: Од БМФ велат дека тоа е можно, но дека не се работи за саботажа
Денешен - пред 10 часа
Бугарската компанија БМФ, сопственик на бродот Вежен, што беше запленет од шведските власти поради оштетување на подводен кабел во Балтичко Море, демантираше дека се работи за саботажа, тврдејќи дека инцидентот е предизвикан од екстремно лошо време. Шведските власти запленија брод, што пловеше под знамето на Малта, откако во неделата бил оштетен подводниот кабел меѓу Летонија и Шведска. – Можно е бродот да го оштетил кабелот, но во никој случај не верувам дека се работи за саботажа или некаква акција на нашата екипа, изјави директорот на компанијата БМФ, Александар Калчев. Тој додаде дека капетанот на Вежена во моментот на инцидентот пријавил дека временските услови на морето се екстремно лоши, а бурниот ветер предизвикал пад на сидрото, што можело да го оштети кабелот. Подводниот кабел беше оштетен само еден месец откако НАТО почна мисија во Балтичко Море како одговор на неколку инциденти. Бугарската Влада соопшти дека системот за автоматска навигација покажува дека бродот поминал врз кабелот. БМФ е најголемата и најстара бугарска бродоградба компанија, но во декември 2023 година беше вмешана во уште еден скандал откако ирските власти го запленија нејзиниот брод Верила, кој превезуваше 300 килограми кокаин. Компанијата се огради од инцидентот, а ирските власти уапсија тројца морнари. фото: МИА архива...
АКЦИИ ВО МАРКЕТИТЕ ПРЕД БОЈКОТОТ: Посетете нè уште денеска и зграпчете ги најдобрите понуди на производи по ниски цени
Денешен - пред 10 часа
По најавите за бојкот на големите маркети низ Македонија в петок на 31 јануари, дел од нив веќе почнаа со акции за граѓаните. Еден од големите синџири на маркети КАМ, на социјалните мрежи објави дека граѓаните треба да побрзаат да купат производи, по како што велат многу ниски цени, објави Прес 24. – Посетете нè и пронајдете ги вашите омилени производи по неверојатно ниски цени! Побрзајте! Количините се ограничени, а понудата важи додека траат залихите. Не пропуштајте ја шансата да заштедите! Посетете нè уште денес и зграпчете ги најдобрите понуди!, стои во објавата на КАМ на социјалната мрежа Фејсбук. Како што веќе објавивме, в петок е најавен голем бојкот на големите маркети поради зголемувањето на цените на производите. „Повикуваме на масовен бојкот в петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања,“ велат организаторите на бојкотот на социјалните мрежи. Освен во Македонија и во Босна и Херцеговина граѓаните најавија бојкот на супермаркетите и продавниците за 31 јануари, а слични повици има и во Црна Гора. Хрватска која веќе организираше протести за големите цени во маркетите е инспирација за овие повици на граѓаните од регионов....
МИЦКОСКИ: Имам разбирање за граѓаните за бојкотот на маркетите кои на шпекулативен начин прават обиди за високи профити
Денешен - пред 10 часа
Имам лично разбирање за оваа акција на граѓаните и тука не треба да имаме никаква дилема, бидејќи од самиот почеток зборувам за однесувањето на поединци во овој бизнис и дека на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат високи профити. Институциите, пазарните инспекторати ја следат ситуацијата и навремено реагираат. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на повикот на бојкот на маркетите во петок, кој се шири по социјалните мрежи. Инаку, ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обзнани дека ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите. -Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на забеганоста на дел од маркетите и состојбата во која без никаков индикатор кој предизвикува инфлација тие нечовечно да ги зголемуваат цените и да учествуваат директно во зголемување на сиромаштијата богатејќи се на грбот на граѓаните преку уцена и монопол и општествено неодговорен однос. Истовремено за очекување е владата да подготви сет на мерки како за контрола на растот на цените, да ги истражи овие однесувања на маркетите дали низ годините наназад до денес правеле злоупотреби, даночни ескивирања или други прекршувања на законите и истовремено да ја засили контролата врз нивната работа. Ова дивеење на маркетите мора да престане, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека нема никаква економска причина надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните. -Ваквите навики на трговците толерирани од претходните влади доведоа до тоа во државава да се зголемува сиромаштијата, а на сметка на тоа да се богатат 5-6 сопственици на маркети преку нереални зголемувања на цените и злоупотреба на позицијата во општеството, се наведува во соопштението на партијата....
МИЦКОСКИ: 250 милиони евра се ставаат на располагање на стопанството за инвестиции и развој на домашните компании
Денешен - пред 11 часа
На владина седница која се уште трае беше донесена одлука со која, како и што ветивме, се ставаат на располагање на стопанството сума од 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании. Ова историски досега најголема сума којашто директно се става на располагање на стопанството и преставува прва одлука со ваков износ кој до сега државата го обезбедува за стопанството, домашните компании и фирми и истите тие можат да ги користат овие пари преку давање би рекол за денешните пазарни услови, супер ниска каматна стапка, истакна премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес- конференција со министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска. -Овие пари се од унгарската кредитна линија, а методологијата по која овие пари ќе станат достапни за компаниите е преку Министерството за финансии кое со цел воспоставување на кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва и одобри на Развојната банка, бескаматен заем во износ од 250.000.000 евра. Развојната банка ќе ги стави на располагање на банките учеснички преку Рамковен договор за учество со намена финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски субјекти запишани во Трговскиот регистар. Максималниот рок е оној којшто го зборувавме, до 15 години со вклучен грејс период до 3 години за банките учеснички. Краен датум е 15 години од датумот на потпишување на договорот за задолжување. Банките ќе ги одобруваат кредитите на крајни корисници при што средствата може да се користат за: Инвестиции во основни средства. Крајниот корисник задолжително учествува со минимум 20% од вредноста на инвестицијата. Каматна стапка на годишно ниво си останува 1,95% она што веќе и е познато на македонската јавност, без дополнителни надоместоци за одобрување, управување и предвремена отплата на средствата. Максималниот износ на кредитот ќе биде до 10 милиони евра во денарска противвредност, потенцира Мицкокси. Премиерот изразам благодарност до банките кои изразија интерес да учествуваат во распределбата на овие пари за стопанството. -Министерството за финансии преку Развојната банка ќе го менаџира овој процес. Очекувам значајно влијание за стопанството од овие средства и пари кои доаѓаат во време на криза, предизвици и отежнати глобални услови за домашните компании. Овие 250 милиони евра ќе ги зајакнат компаниите, а крајниот бенефит ќе го имаат граѓаните преку засилен стандард и подобра куповна моќ. Ова ќе обезбеди нови вработувања и сигурна работа за многу компании и неколку илјади нови работни места очекуваме. Вака се грижиме за домашната економија, и на овој начин ја помагаме и домашната економија и иницијатива, затоа што државата мора да служи на граѓаните и Македонија мора да биде повторно ваша....
МИЗРАХИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ако некогаш беше позната флоскулата „слушајте го Венко“, сега е актуелна „слушај Венко“… да ти објаснам!
Денешен - пред 12 часа
Ако некогаш беше позната флоскулата „Слушај го Венко“, сега е актуелна „Слушај Венко“! Да ти објаснам, Врз основ на доставениот извештај на ДЗР за 2021 година, како и материјалите доставени од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, МАЛМЕД и ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, а по барање на Анкетната комисија за скандалот на Клиниката на онкологија, како и исказите на сведоците и/или експертите кои дадоа искази пред Анкетната комисија, а во врска со скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, по пат на дедукција се утврди дека: Д-р. Венко Филипче, како тогашен министер за здравство во критичниот период на кој се однесува и извештајот на ДЗР, не постапил согласно надлежностите од Законот за здравствената заштита, и тоа конкретно: член 17, член 27, член 92-г, член 110, член 226-б, член 226-и и член 295. Исто така не постапил во согласност со Законот за јавни набавки, и тоа конкретно: член 2 т.11, член 76 и член 77 (2 и 5). Не е постапено соодветно на член 4 (1) и член 13 (1, 2, 4) како и член 22 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. По однос на Законот за здравственото осигурување не се постапило согласно членот 59. Ова го истакна, Рашела Мизрахи, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. -Г-дине Филипче, како што и повеќе од добро знаете, заклучоците не се описни, есејни или политички поетски, туку цитираат членови на закони. Па кога зборувате за тоа како ви се правеле хајки и да ве прашам: Хајка ли беше модуларната болница, хајка ли беше набавката на вакцини за ковид од непостоечка фирма во Кина, или епската неспособност да се набават било какви вакцини, хајка ли беше недостатокот на маски за медицинските работници на среде пандемија, немањето кислород или болнички кревети, медикаменти, тестови за ковид, опрема, па дури и онаа која мистериозно исчезнала, хајка ли беа очајничките пораки и барања за помош од хоспитализирани лица по социјални медиуми, здравствените протоколи издадени од речиси секого, колапсот на итната помош, смртноста која не смести речиси на врвот на листата на најнеспособните, хајка ли беа тендерите во четири очи кои ги криевте позади здравствената криза…хајка ли беше сето ова додека релаксирано влеговте без заштитна опрема во хируршка сала среде хируршка интервенција или додека теравте викенди со мотори со екс премиерот, теравте ексклузивни одмори на море итн. На крај на денот, пиар „мајсторчињата“ на опозицијата во обид да го оправдаат неоправдливото, да го скријат она што на нормален човек не му е ни на крај памет да го сокрие и да го амнестираат оној за чија вина или невиност не суди Анкетната комисија туку надлежните органи на прогонот, најдоа и ден за тоа. Токму на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот ја нападнаа претседателката на комисијата во надеж дека нејзините дневни ангажмани нема да и дозволат да ги повтори одамна познатите факти до кој таа комисија дојде. Па по онаа народната петпати повторена лага станува вистина се обидоа да го тргнат гревот од тогашниот министер и вината да ја префрлат на друг. Истата добро позната рецептура на СДС. Така владееја такви се и во опозиција. Одговорноста за Онкологија не е кај Мизрахи, ниту кај актуелните директори на фондот ниту кај актуелниот министер, ниту кај оваа власт. Не Филипче, оваа влада не работи „како до сега“ и не работи на реверс со кршење закони и крадење ампули. А за евентуално утврдениот криминал од страна на надлежните, каде се предадени сите документи, не суди Рашела, парламентот, ниту извршната власт туку судот, колку и да им е ова непознато и несвојствено на СДС. Оваа власт не игра политички – бизнис игри Филипче, и секако не на грбот на граѓаните. Игри нема, но одговори мора да има. Предметите се кај надлежните институции. Апелирам, во интерес на граѓаните час поскоро тие да излезат со свое видување, додава Мизрахи....
ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНСКИОТ БОЈКОТ: Ова дивеење на маркетите со нереални цени мора да престане, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Денешен - пред 12 часа
ВМРО-ДПМНЕ ја поддржува иницијативата за бојкот на маркетите, соопшти партијата. -Сигурни сме дека институциите активно ќе се спротивстават на забеганоста на дел од маркетите и состојбата во која без никаков индикатор кој предизвикува инфлација тие нечовечно да ги зголемуваат цените и да учествуваат директно во зголемување на сиромаштијата богатејќи се на грбот на граѓаните преку уцена и монопол и општествено неодговорен однос. Истовремено за очекување е владата да подготви сет на мерки како за контрола на растот на цените, да ги истражи овие однесувања на маркетите дали низ годините наназад до денес правеле злоупотреби, даночни ескивирања или други прекршувања на законите и истовремено да ја засили контролата врз нивната работа. Ова дивеење на маркетите мора да престане, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека нема никаква економска причина надвор од своеволноста на трговците, која тоа го оправдува освен голиот профит на грбот на граѓаните. -Ваквите навики на трговците толерирани од претходните влади доведоа до тоа во државава да се зголемува сиромаштијата, а на сметка на тоа да се богатат 5-6 сопственици на маркети преку нереални зголемувања на цените и злоупотреба на позицијата во општеството, се наведува во соопштението на партијата. БОЈКОТ И ВО МАКЕДОНИЈА: По Хрватска и Црна Гора и македонските граѓани в петок повикуваат на бојкотирање на продавниците и маркетите...
ДЗР: Придонесите од плата на Фондот за ПИО во 2023 г. не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии
Денешен - пред 12 часа
Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (Фонд ПИО) за 2023 година во која заклучува дека наплатените придонеси од плата на Фондот и во 2023 година не се доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии. Со извршената ревизија е изразено неповолно мислење за вистинито и објективно прикажување на финансиската состојба и резултатите од финансиските активности, како и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Во ревизорскиот извештај е утврдено дека не е извршено евидентирање на имотот во деловните книги на постојаните средства добиени по основ на стечајни постапки за кое Фондот има сопственост или пренесено право на користење, дека не е целосно спроведен пописот на средствата и обврските и дека е извршено бришење на отпишаните движни ствари од сметководствената евиденцијата, без одлука на Влада и без спроведување на постапка за нивно уништување или отуѓување. Воедно е утврдено дека Фондот не располага со податоци за вкупно наплатените средства од акцизи и целосноста на наплатените приходи по овој основ, на сметката за уплата и распределба на придонеси на крајот на секоја година остануваат парични средства за кои дел се неидентификувани уплати на придонес и за истите не се создадени можности да се користат за исплата на пензии. Утврдено е дека е склучен договор за закуп на деловен простор на 20 години без спроведена соодветна постапка, како и слабости во спроведувањето на постапките и реализацијата на договорите за јавни набавки, во начинот на доделување и исполнетоста на условите за сместување во становите при домовите за живеење на корисниците на пензија со кои стопанисува Фондот и во безбедноста и сигурноста на ИТ системот. -Во јуни 2022 година по спроведен јавен конкурс и постапка, со Одлука на Управниот одбор именуван е директор на Фондот на која Владата нема дадено согласност, што не е во согласност со Законот за ПИО и влијае на начинот на извршениот избор. Во март 2023 година, по девет месеци, од страна на Владата донесено е Решение за недавање согласност на одлуката на УО од јуни 2022 година за именуваниот директор на Фондот од страна на УО што влијае на квалитетот на раководењето и работењето како и на начинот на реализација на правата и должностите на директорот утврдени со закон, се вели во извештајот од ДЗР. Во текот на 2023 година, се додава, спроведенa e набавкa за тековно одржување и изведување на градежно занаетчиски работи на деловни објекти на Фондот во централата, филијалите, деловниците и пензионерските домови за кои склучени се договори и анекси кон договорите во вкупен износ од 35.883 илјади денари за која ревизорите утврдиле слабости во нејзиното спроведување и реализација. -За позициите за кои била понудена минимална цена, во текот на реализација на договорот не се извршени нарачки. Договорот се реализирал за само неколку работни позиции кои во споредба на понудите на останатите економски оператори кои биле оценети како неприфатливи, кои за истите позиции имале од 2 (два) до 22 (дваесет и два) пати пониски цени, се посочува во извештајот. Се нагласува дека Фондот во континуитет се соочува со недостиг на кадровски капацитети на стручен и обучен кадар во секторите клучни за дејноста, подрачните единици, во Секторот за ИТ и во одделението за внатрешна ревизија, што значително влијае на квалитетот на извршувањето на дејноста и работењето на Фондот. -Во текот на 2023 година ангажирани се 206 физички лица со договор на дело за период од 2 до 12 месеци, за кои Фондот има обезбедено согласности од Министерството за финансии, за извршување на работни задачи согласно систематизацијата на работни места, за кои се исплатени средства во износ од 50.377 илјади денари. Ревизорите укажуваат дека не постои евиденција за присуство на ангажираните лица поради што постои можност од исплата на парични средства на лица кои не биле присутни на работните места и не ги извршувале работните обврски. Во договорите не е предвидена обврска ангажираните лица да доставуваат извештаи за извршената работа, што не обезбедува уверување во однос на исполнувањето на нивните работни задачи и обврски за кои се ангажирани при што поголем дел од договорите не се потпишани од страна на извршителите, велат од ДЗР. Кај делот кој се однесува на внатрешните контроли во подрачните единици (ПЕ), како што посочуваат од ДЗР, ревизорите утврдиле состојби кои влијаат на квалитетното извршување на работните обврски на Фондот и тоа не ажурност во работењето и постоење на стари и не решени предмети од пред повеќе години, не функционалност на системот за евиденција на работното време, не соодветна распределба на работните обврски помеѓу вработените и лицата по договор за дело, поголем обем на работа кај одредени ПЕ и потреба од нови вработувања. Покрај тоа речиси кај сите ПЕ е утврдена состојба на не соодветни хигиенски услови за работа во деловните простории и уништени натписни табли на Фондот, потреба од реконструкции на објектите кои во најголем дел се користат заедно со ФЗО. Утврдено е дека предметите се чуваат во несоодветни услови и постојат можности за нивно оштетување од кражба, влага и поплави и уништени предмети, како и дека има слаба комуникација и координација на ПЕ со Централата во Скопје. Ревизорите утврдиле слабости и во делот на функционирањето на воспоставените внатрешни контроли во процесот на обработка на пензиските досиеја и исплата на пензиските примања, кој се одвива преку воспоставениот електронски систем што влијае на навременоста и точноста на постапката на пресметка и исплата на пензиските примања. Дополнително покрај состојбите опишани во основот за неповолно мислење за финансиските извештаи, ревизорите го идентификувале клучнотo ревизорско прашање кое се однесува на дефицитот на средства со кој се соочува Фондот во континуитет. -Приходите од наплатен придонес од плата за пензиско и инвалидско осигурување во 2023 година се зголемени за 13 отсто во однос на претходната 2022 година и изнесуваат 63.340.987 илјади денари со учество од 65,74 отсто во вкупно остварените приходи. Оствареното зголемување на приходите во 2023 година и понатаму не е доволно за покривање на расходите за социјални бенефиции кои исто така секоја година бележат раст, посочуваат од ДЗР. Нагласуваат дека процентот на средствата кои се одвојуваат од Буџетот на државата до 2018 година континуирано се зголемува, од 2019 година бележи тренд на намалување. Во 2023 година учеството на трансферираните средства од Буџетот на државата учествува со 32,6 отсто. Во декември 2023 година бројот на осигурениците изнесува 573.372 лица додека бројот на пензионери изнесува 337.814 лица односно соодносот пензионери/осигуреници изнесува 1:1,70 и бележи мало намалување во однос на 2022 година кога изнесувал 1:1,71. Во делот на останати прашања ревизорите ја истакнуваат состојбата во врска со донесениот Закон за финансиска поддршка на социјално ранливите категории на граѓани во декември 2023 година со кој е извршена исплата и тоа на: корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители кои се евидентирани на гарантирана минимална помош, корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари. -Не оспорувајќи ги заложбите за доделување на финансиска помош на оваа категорија на граѓани, ревизорите истакнуваат дека донесувањето на овој закон кога е извесно дека ќе се спроведат редовните избори за избор на претседател на Република Северна Македонија закажани на 24.04.2024 година, распишани со Решение на Собранието на 14.02.2024 година, како и избор на пратеници во Собранието, распишани на истиот датум и закажани избори на 08.05.2024 година, за кои се исплатени средства на корисниците на пензија во предизборниот период од месец февруари до април 2024 година во вкупен износ од 1.243.322 илјади денари е во колизија со барањата на член 8-а од Изборниот законик согласно кој не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, посочуваат од ДЗР. Ревизорите, како што велат, укажуваат дека согласно одредбите од членот 8-а од Изборниот законик, исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории по распишувањето на изборите на 14.02.2024 година требало да престане да се исплатува се до завршување на изборот на претседател на Република Северна Македонија и избор на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија. Исплатата на средствата се вршела преку разделите на МТСП, Фондот и МОН од кои по денот на распишувањето на изборите спротивно на барањето на член 8-а од Изборниот законик исплатени се средства во износ од 1.750.549 илјади денари. Фото: Принтскрин...
ДОАЃА ВЛАЖЕН БРАН: Утре во текот на ноќта, како и в четврток, ќе има врнежи од дожд кои на некои места во Македонија ќе бидат поројни
Денешен - пред 12 часа
Во среда и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има врнежи од дожд кои најпрвин во западните делови ќе бидат наместа поројни, соопшти УХМР. Во четврток наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има врнежи кои краткотрајно ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. В петок и сабота ќе биде стабилно, а од недела повторно се очекуваат врнежи. Фото: МИА архива...
АЗИЛАНТИ ОД ИТАЛИЈА ВО АЛБАНИЈА: Брод на морнарицата донесе 49 мигранти од Бангладеш, Египет, Брегот на Слоновата Коска и Гамбија
Денешен - пред 12 часа
Брод на италијанската морнарица со 49 мигранти денеска пристигна во Албанија каде ќе се обработуваат нивните барања за азил. Италијанското Министерство за внатрешни работи не ја прецизираше националноста на мигрантите кои беа донесени во пристаништето Шенѓин, 66 километри северозападно од Тирана, но италијанските медиуми јавија дека се од Бангладеш, Египет, Брегот на Слоновата Коска и Гамбија. Италија склучи договор со Албанија според кој мигрантите пресретнати на море можат да бидат префрлени во Албанија додека ја чекаат одлуката за нивните барања за азил. Сепак, овој процес наиде на пречки во Италија, бидејќи италијанските судови претходно одбиваа да дозволат депортација на мигранти во Албанија, сметајќи дека земјите на потекло на мигрантите не се безбедни за нивно враќање. На крајот, највисокиот суд во Италија пресуди дека судиите не можат да одлучуваат кои земји се безбедни за депортација. Мигрантите кои ќе добијат азил ќе бидат префрлени во Италија, додека оние на кои нема да им биде одобрен азил ќе бидат депортирани од Албанија. Договорот за преместување на барателите на азил во земја надвор од Европската унија беше поздравен во некои земји кои, како Италија, се соочуваат со висок број на миграции, но активистите за човекови права го критикуваа договорот како опасен преседан. Фото: ЕПА...
ШВЕДСКА: Утрово уапсен маж кој со автомобил удрил во ограда пред Амбасадата на Русија во обид за влезе во забранета зона
Денешен - пред 12 часа
Шведската полиција утринава уапсила 45-годишен маж пред руската Амбасада во Стокхолм, откако со автомобилот удрил во ограда во обид да влезе во забранетата област, јавува шведскиот Афтонбладет. -Еден човек удрил со својот автомобил во оградата на амбасадата. Тој сè уште беше на местото на настанот кога стигнавме, изјави Даниел Викдал, портпарол на регионалната полиција во Стокхолм. Мажот сега е осомничен за обид за тешко неовластено влегување. -Се сомневаме дека се обидел да влезе во областа со пробивање на оградата со својот автомобил, но не успеал во намерата, рече Викдал. фото:ЕПА...
НЕВРЕМЕ ВО ИТАЛИЈА: Поплавени се делови од Фиренца, најпогодени се областите Олтрарно и Галуцо, во Џенова се урна ѕид од зграда
Денешен - пред 12 часа
Невреме повторно ги зафати италијанските провинции Тоскана и Лигурија, а делови од Фиренца се поплавени, јавија денеска италијанските медиуми. Според локалната полиција, најпогодени се областите Олтрарно и Галуцо. Невремето предизвика штети и во Лигурија, особено во Џенова, каде што се урна ѕид од зграда, поради што пожарникарите ја пребараа областа за да проверат дали има затрупани луѓе. Фото: АНСА...
УРБАНИ АКЦИИ И УРБАНА ГЕРИЛА: „Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци“ и „Покриен газ никој не го плука“
Денешен - пред 12 часа
Со уметничка акција поставена на улица „Македонија“ во Скопје, Урбани уметнички акции – Урбана герила на Центарот за современи уметности денеска го одбележува Европскиот ден за заштита на личите податоци – 28 јануари. – Оваа уметничка акција е посветена на борбата за заштита на личните податоци бидејќи секојдневно сѐ повеќе наши граѓани се жртви на злоупотреба на нивните лични податоци. Во полесните случаи, ефектите од злоупотребени, односно кражбата на личните податоци, се сведуваат на пренатрупаност преку е-маил, „Вибер“, СМС и слични пораки на електронските уреди, но, во посериозните случаи, граѓаните, за жал, остануваат со празни банкарски сметки, исплаќаат разни претплати за што никогаш не се согласиле, а во екстремни случаи поради злоупотреба на нивните податоци, враќаат брзи кредити, се потенцира во денешното соопштение на Центарот за современи уметности. Идејата на акцијата „Не ги п(р)остирајте вашите лични податоци – Покриен газ никој не го плука“, како што се појаснува во соопштението, е преку визуелно допадлив уметнички јазик изразен во едноставна, но, ефикасна урбана акција претставена преку гигантски гаќи и спружени алишта со испечатени лични документи, „да обрнеме внимание особено на повозрасните генерации сериозно да ги сфатат заканите и проблемите што произлегуваат од недоволната и несоодветната заштита на личните податоци“. – Преку оваа акција користејќи го едноставниот народен јазик и острата мисла на народниот творец раскажана во едноставната синтагма, сакаме да потсетиме дека еднакво како што ги криеме „срамните“ делови на нашето тело, треба да ги криеме и нашите лични податоци. На овој начин сакаме да влијаеме на јавноста и на граѓаните да ја развијат свеста и да ја разберат сериозноста на потребата за чување на сопствените лични податоци. Акцијата е наш придонес во одбележувањето на Европскиот ден за заштита на личните податоци – 28 јануари. На овој начин ја одбележуваме годишнината од донесувањето на Конвенцијата на Советот на Европа за заштита на личните податоци, првиот правно обврзувачки меѓународен документ во областа на заштитата на личните податоците, што има за цел да ја подигне свеста и да ги промовира добрите практики за заштита на приватноста и заштита на личните податоци. Овој датум се одбележува секоја година од сите земји членки на Советот на Европа, како и од институциите на ЕУ, се истакнува во соопштението. Акцијата e поставена на улица „Македонија“ во близина на Спомен куќата на Мајка Тереза. – Урбаната акција е дело на групата Урбани уметнички акции – Урбана герила на Центарот за современи уметности. Акцијата е дел од проектот „Лажни вести – предупредувајќи ги сограѓаните“ поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global, се појаснува во соопштението. Фото: Центар за современи уметности...
СРПСКИОТ ПРЕМИЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Заедно со Вучевиќ паѓа и целата влада, оставка и од градоначалникот на Нови Сад
Денешен - пред 12 часа
Српскиот премиер Милош Вучевиќ, кој денеска поднесе неотповиклива оставка, изјави дека останува на функцијата се додека не се избере нов премиер, а дотогаш целата влада ќе биде во оставка и ќе работи во технички мандат. – Ќе ја работам својата работата додека не се избере нов претседател на владата. Во овој момент целата влада е во технички мандат, со оставката на премиерот „паѓа“ целиот кабинет, паѓа фигуративно, практично целата Влада е во оставка, рече тој. – Ќе ја вршиме работата професионално и одговорно додека не се избере нова влада или додека не се донесе некоја нова или поинаква политичка одлука, рече Вучевиќ на прес-конференција. Српскиот премиер Милош Вучевиќ, кој денеска поднесе оставка на функцијата, изјави дека трагедијата во Нови Сад кога се урна настрешницата на Железничката станица фрли огромна сенка врз сите достигнувања на владата и оти Србија од тој момент останала заглавена во таа несреќа. – Она што фрли голема сенка врз минатата година, но секако и врз мандатот на оваа влада, беше трагичниот настан во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, голема трагедија, рече Вучевиќ, потсетувајќи дека тогаш загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени. И од тој момент Србија како да е заглавена во таа несреќа, додаде Вучевиќ. – За жал, уште еднаш видовме политички злоупотреби на оваа трагедија и обиди некој да ја капитализира катастрофата, некој политички да капитализира од загубата на човечки животи, рече Вучевиќ. Српскиот премиер денеска соопшти дека одлуката за оставка ја донел по синоќешните настани во Нови Сад кога беа нападнати студенти. Тој информира рече дека утрово имал долг и содржаен разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ и додаде дека Вучиќ ја прифатил неговата одлука и аргументите. Вучевиќ соопшти и дека и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка. – Мислам дека со тоа ја покажуваме одговорноста на оние кои се избрани да бидат одговорни, рече Вучевиќ на вонредната прес-конференција во Владата на Србија. Тој истакна дека политичарите треба да прифатат одговорност и да покажат дека се подготвени да помогнат во намалувањето на тензиите во општеството....
БОЈКОТ И ВО МАКЕДОНИЈА: По Хрватска и Црна Гора и македонските граѓани в петок повикуваат на бојкотирање на продавниците и маркетите
Денешен - пред 13 часа
Трендот што започна пред неколку денови во Хрватска, потоа и во Црна Гора, а имаше најава и во Босна и Херцеговина, продолжува и во Македонија, каде преку социјалните мрежи се праќа повик за бојкот на продавниците има и во нашата земја. Организаторите повикуваат граѓаните в петок 31 јануари 2025 година да се воздржат од купување и користење услуги на маркетите, со цел да испратат јасна порака до одговорните за оваа економска состојба. „Повикуваме на масовен бојкот в петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања“, гласи пораката што се упатува на социјалните мрежи. Пораката за бојкотот, која на социјалните мрежи се споделува со фотографија, гласи: „Попусто попусти, кога цените се исти“....
ЧИБИШЕВ: Пациентите на Онкологија беа жртва на негрижа, сега има обиди аферите од минатата власт да се користат за оправдувања
Денешен - пред 13 часа
Скандалите од Клиниката за онкологија сè уште ја потресуваат македонската јавност. Пациентите биле жртва на негрижа од страна на минатата власт, а аферите кои беа обелоденети сега се користат за некакво оправдување за избегнување на одговорност. Пациентите, нивните семејства, вработените ја знаат вистината, а официјалните извештаи постојат и сведочат за реалната, застрашувачка слика. КУРИР стапи во контакт со проф. д-р Андон Чибишев, кој беше прво стручно лице кое веднаш по обелоденување на аферата излезе со анализа во јавноста. -Мојот коментар ќе го започнам со мои зборови кои ги кажав само 10 дена после обелоденувањето на аферата „Онкологија“ во емисија кај почитуваниот Љупчо Цветановски: „Аферата Онкологија е најгрозоморната и најтраорна афера во историјата на македонското здравство“. Аферата му нанесе смртоносен удар на здравството од кој и денес после скоро една ипол година последиците сè уште се чувствуваат. Довербата во јавното здравство која и онака беше на најниско ниво дополнително е изгубена, пациентите се во очај и неверување и се почесто спасот го бараат во странство, а во Македонија плаќаат здравствено осигурување. Од оваа временска дистанца може слободно да кажам дека овој невиден скандал ќе го обременува и ќе го обструира здравствениот систем во целина уште долго време затоа што ќе остави длабоки и тешко решливи последици кои најмногу ги погодуваат пациентите, а потоа ќе го отежнат патот кон решавање на проблемот, вели Чибишев за КУРИР. Чибишев коментира дека недостигот на лекови и потребен медицински материјал на оваа Клиника ќе трае и ќе биде тешко за неколку месеци да се реши. -За мене не постои оправдување за настанатата ситуација во која се давале скапи и неопходни лекови “под рака”, не се санкционирале вработени за кои имало докази дека ја злоупотребуваат довербата која им е дадена, не се обелоденувале извештаите од инспекциите кои ги правеле соодветните служби во Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување . Така агонијата и „ бонбона“ бизнисот си врвел и понатаму и траел со години, како во поговорката “ кучињата лаат, караванот си врви“. На крајот, проблемот нема да го решат жалопојќи и обвинувања од типот дека сега има нова власт и таа треба тоа што еден неодговорен го направил, 100 одговорни да го решат за неколку месеци, посочува директорот на Токсикологија, доктор Чибишев. Чибишев во изјава за КУРИР оценува дека овој скандал не се решава за неколку месеци, потребно е време, трпение, знаење, енергија, чесност, соработка на сите нивоа и соодветна поддршка од надлежните државни институции. -Одговорните лица од Клиниката за Онкологија, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување ја имаат поддршката од јавноста тоа да го направат. Уверен сум дека наскоро ќе имаме стабилен здравствен систем и подобра здравствена грижа за сите, посочи Чибишев....
СДСМ: Со месеци нудиме конкретни решенија за пониски цени, власта не не послуша, сега и кај нас се најавуваат бојкоти на маркетите
Денешен - пред 13 часа
Владата и ВМРО-ДПМНЕ и директно Мицкоски се целосно виновни што трендот од регионот за бојкотирање на маркетите се пренесува и кај нас. Во моментот се најавуваат бојкоти на маркетите од страна на граѓаните по социјалните мрежи. Ова се истакнува во соопштението од СДСМ, во кое натаму се додава: Неспособноста и немањето желба на Мицкоски да се справи со ненормалниот раст на цените, лажните ПР кампањи за кошничките и негрижата за граѓаните, доведуваат до тоа граѓаните сами да се справуваат со проблемот. СДСМ со месеци апелираше и нудеше конкретни решенија за проблемот со цените. Наместо ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати веќе проверените мерки со кои СДСМ се бореше со ценовните шокови, тие решија да го остават проблемот и да го менаџираат со лажни кошнички. Резултатот го гледаме денес, осиромашени граѓани кои треба да бираат кој од основните производи да го купат. Повикуваме на тоа Владата итно да донесе мерки за заштита на граѓаните кои ги нуди СДСМ. Време е Мицскокси да сфати дека треба да работи во итерес на граѓаните, економската состојба е крајно алармантна. СДСМ – Центар за комуникации со јавноста...
МИЦКОСКИ: Народот јасно кажа што мисли за договорот – смената на името не беше за НАТО, туку и за членство во ЕУ, а каде сме сега?
Денешен - пред 13 часа
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски изјави дека неговото физичко следење од страна на службите додека бил лидер на опозицијата била класична злоупотреба на државните ресурси и дека, како што вели, нема никаква разлика од прислушкувањето преку злоупотреба на државни ресурси за што луѓе лежат во затвор. -Што е разликата помеѓу злоупотреба на државните ресурси и прислушкување и физичко покривање, исто така, со злоупотреба на државните ресурси на претседател на најголема политичка партија во опозиција во тој момент? Што е разликата? Нема разлика, за ова луѓе во затвор се, за ова луѓе се во затвор. Тоа што врз основа на наводна информација добиена од информатор била составена белешка која потоа врз основа на процедурата на агенцијата служела како алиби за да може институционално да биде следен истакна дека не е во ред, а тоа се потврдува и со тоа што МВР не била информирана. Врз основа на тоа што успеав да го видам и да го слушнам од луѓето со коишто комуницирам, а тие се вработени во агенциите коишто се занимаваат со безбедност, тогаш можам да заклучам дека станува збор за внатрешна процедура во која што се користат ресурси на овие агенции коишто најчесто постапуваат по принципот на добиена информација, без да има материјални докази, истакна Мицкоски во гостување во емисијата „360 степени”. Премиерот Мицкоски воедно појаснува зошто смета дека неговото следење било, како што потенцира, класична злоупотреба на државни ресурси. -Тоа за мене не е во ред и ќе ви кажам и зашто. Затоа што ако јас сум финансирал, инспирирал вооружена формација којашто во тој момент претставувала опасност за правниот поредок и Уставот на Македонија, а тоа го констатирала една од овие две агенции, тогаш логично е таа агенција да го информира Министерството за внатрешни работи. Прашањето е зошто не го информирала? Ќе го дадам и одговорот. Затоа што тој период кога таа агенција го констатирала ова преку информација добиена од свој извор, не го информирала министерот бидејќи во тој период министер е техничкиот министер Наќе Чулев. Затоа што не е точно. Затоа што ќе се констатирало класична злоупотреба, вели Мицкоски. Во однос на евроинтеграциите тој посочи дека се уште не сме земја членка на Европската Унија бидејќи претходната Влада го сменила името за влез во НАТО и ЕУ, прифаќајќи секакви договори кои им биле ставени на маса, бидејќи како што вели, тие мислеле дека на тој начин ќе им се прости криминалот кој што го правеле. -Народот јасно кажа што мисли за договорот кој што тогаш беше на маса. Нормално ли беше она тегнење на пратеници во рамките на Парламентот да гласаат тогаш? Тоа е во рамките на духот на НАТО Алијанса и ЕУ вредностите? Прашањето не беше за преименување на името за НАТО, туку беше и за членство во ЕУ. Каде сме сега? Јас и вие разговараме за таа тема, а не треба да разговараме, бидејќи треба да сме членка во ЕУ. А мене таа 2018 година некои од тие европски политичари ми велеа дека сме фронтранери за 4 до 5 години ќе бидеме членка на ЕУ. Поминаа тие пет години минатата година, а каде сме ние во чекална….Виновни се овие кои што претходно ја водеа македонската влада што прифаќаа се што ќе им биде ставено на маса, мислејќи дека на тој начин криминалот и растурањето дома, ќе им бидат простени, рече Мицкоски. Фото: МИА Архива...
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче како министер дозволи башибозук, сега се правда, во паника и заглавен до гуша во скандалот на Онкологија
Денешен - пред 13 часа
Филипче во паника и заглавен до гуша во скандалот со Онкологија бледо и бесрамно се обидува да се правда. Филипче како министер за здравство дозволи системски башибозук и непочитување на 60 тина законски одредби, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Филипче треба да признае и да се извини затоа што не воспоставил систем, немало регистар, немало следливост на онколошката терапија, немало ништо освен системски хаос. Филипче знае и фактите го потврдуваат тоа дека тие оставија долг од 12 милиони евра на Клиниката за онкологија, како и по неколку онколошки кризи меѓу кои и онаа познатата од септември 2023 година. Филипче во паника се обидува да го брани профитот на веледрогериите кои ги уценуваат здравствените институции со години. Со години веледрогеријата Д-р Пановски книжи енормни заработки и ги уценува Фондот за здравствено осигурување и Министерството за здравство. Тоа е истата онаа веледрогерија сопственост на таткото на блиска соработничка на Венко Филипче. Тоа се истите оние веледрогерии кои преку уцените до здравствените институции ги крадат и во џеб на поединци ги ставаат парите на сите граѓани, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Јавното обвинителство не треба да молчи и треба да постапи во случајот со Онкологија. Филипче треба да знае дека бегање од одговорност нема да има“ – велат од владејачката партија....
ВРЕМЕ: Променливо и магливо во котлините со многу сончеви периоди на повисоките места и планините и температура до 14 степени
Денешен - пред 13 часа
Во Берово утрово е измерена најниска температура од -4 степени, соопшти УХМР. Следат Битола и Прилеп со -3, -2 во Струмица, Тетово и Штип, -1 Крива Паланка, 0 Скопје-Петровец, Охрид, Претор, 1 Демир Капија, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Велес, 2 Виница, Попова Шапка 3 Гевгелија, 4 Маврови Анови и 5 степени во Крушево. Висината на снежната покривка измерена утрово во 7 часот е 36 см на Попова Шапка, 26 Маврови Анови и 5 см Битола. Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди особено на повисоките места и планините, а по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени, во Пелагонија до некој степен над нулата. Во Скопје променливо облачно, магливо и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени. Фото: МИА Архива...
СИЉАНОВСКА: Македонистиката нека зрачи и кон вашите универзитети и училници и нека сјае како зраците на македонското знаме
Денешен - пред 13 часа
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео-порака се обрати на свеченото отворање на Петтата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што од денеска, под нејзино покровителство, се одржува на далечина. Во своето обраќање, претседателката Сиљановска-Давкова ја истакна суштинската вредност на македонскиот јазик како темел на македонскиот ентитет и идентитет, нагласувајќи ја неговата моќ да отвора нови хоризонти и да освојува нови универзуми. Таа упати искрени честитки за сета вложена енергија и посветеност во организацијата на зимската школа, која се одликува со богати програмски содржини и висококвалитетна настава, реализирана од реномирани предавачи и лектори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. „Петтата зимска школа е расадник на светската македонистика преку која студентите, професорите, научните истражувачи, македонистите, филолозите, културолозите од странските универзитети во светот, имаат можност да ја растат и да ја развиваат македонистиката, да ги усовршуваат македонскиот јазик, литература и култура“, истакна претседателката, изразувајќи задоволство што македонистиката е стабилна, студиозна и аргументирана наука со долга традиција и врвни резултати. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова: Имам чест да се обратам на ова големо македонистичко собрание од 100-тина македонисти од целиот свет, од 18 земји, амбасадори на импресивната мисија на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Семинарот, потомок на древната Охридска книжевна школа на Свети Климент, студиозно ја развива македонистичката наука во светот и кај нас, преку летни школи, зимски школи (на далечина) меѓународни научни конференции во Охрид, и преку лекторати по македонистика на универзитетите во странство. Чест е да се биде покровителка на Петтата зимска школа на УКИМ, којашто е репрезент на врвната филологија и културологија. Чест е да се биде репрезент на најстариот, најреномиран државен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, носител на фундаменталната и стожерна мисија во високото образование и науката во Македонија, каде што го градев мојот академски пат како професорка и научна истражувачка. Чест е да се говори пред македонистички „океан“ како овој колосален собир. Импресивна е бројката на досегашни учесници на летните и зимските школи, на меѓународните конференции на Меѓународниот семинар на УКИМ – над 4 300 учесници од 70 земји, а фасцинантен е огромниот интерес за македонистиката во светот за кој сведочи досега рекордна бројка од 100-тина учесници на оваа Петта зимска школа (на далечина). Одлично е што постои континуитет меѓу летните школи на Семинарот во Охрид и зимските школи што се одржуваат на далечина, во согласност со најновите можности со кои и денес, сите заедно – македонствуваме: јазично, книжевно и културолошки. Петтата зимска школа е расадник на светската македонистика преку која студентите, професорите, научните истражувачи, македонистите, филолозите, културолозите од странските универзитети во светот, имаат можност да ја растат и да ја развиваат македонистиката, да ги усовршуваат македонскиот јазик, литература и култура. И со задоволство можам да кажам дека македонистиката е стабилна, студиозна и аргументирана наука со долга традиција, врвни резултати до кои се доаѓа преку студиозен раст и развој, развој во кој стожерно значење има Меѓународниот семинар при УКИМ. Во таа грандиозна мисија, во тој раскошен македонистички „мозаик“, кој секојдневно расте, значајна улога имате вие, почитувани и драги македонисти од сите континенти, кои од денес отворате нова страница во историјата на македонистиката. И повторно, од денес, македонистиката ќе биде облагородена и „позлатена“ со македонистичко „семе“, коешто ќе биде „посеано“ насекаде кон светот, та како светлина ќе зрачи и ќе ја осветли оваа прекрасна и свечена македонистичка седмица во која 100-тина македонисти раскошно ќе ја растат и ќе ја развиваат македонистиката и ќе пратат моќно македонистичко послание кон светот. Послание со пораки за развој на македонистиката како наука, како извор на мудрословија, цитати, препеви, реплики, стихови, преку „океан од стихови“ на древна култура којашто праќа драгоцени книжевни, културолошки, благородни, благопожелни, мирољубиви пораки кон светот, како и пораки за развој на соработка во високото образование, науката, културната дипломатија – како врвни цивилизациски и хуманистички придобивки. Зимската школа на Меѓународниот семинар – нема граници, не познава бариери, гради мостови на соработка, научна и културна размена, пријателство и културна дипломатија. Почитувани македонисти, Македонскиот јазик е суштина на македонскиот ентитет и идентитет. Македонската реч, уметничка и научна – отвора нови хоризонти и освојува нови универзуми. Македонскиот мелос, фолклорот, историјата, археологијата – се нашите скапоцени и непресушни извори што ги споделуваме со вас. Честитки за сета вложена енергија во подготовките на Петтата зимска школа со богати програмски содржини и квалитетна настава којашто ја одржуваат реномирани предавачи и лектори на УКИМ. Ректорката на УКИМ, директорката на Меѓународниот семинар при УКИМ и Советот на Семинарот, на најубав начин, успеаја да го кренат Семинарот на највисоко ниво. Како покровителка на летните и зимските школи на Меѓународниот семинар при УКИМ, изразувам поддршка на афирмацијата на македонистиката во светот и кај нас, како што државниот врв и институциите јасно ја искажуваат својата поддршка кон дејноста на Меѓународниот семинар при УКИМ. Сите ние треба да вложиме дел од себе, најубавиот дел од себе, како што се македонскиот јазик, македонската традиција, книжевност, уметност, култура, музика, фолклор и да ги покажеме пред светот како врвна вредност. Повторно сме заедно почитувани македонисти иако сега на далечина ќе ткаете голем македонистички мозаик налик везот на везилката ни. Ви благодарам што ја развивате македонистиката преку мостови на оваа прекрасна мрежа на соработка. Летните и зимските школи на Меѓународниот семинар при УКИМ се извор на љубов и почит кон јазикот, литературата, науката и културата – што е срцевина на зборот филологија, но и знак за човекољубие и космополитизам. Македонистичката мрежа е чиста сончевина. Нека зрачи и кон вашите универзитети и училници, и кон вашите срца и нека сјае како зраците на македонското знаме. Во својство на покровителка, чест ми е да ја прогласам за отворена Петтата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и да ви посакам успешна и плодна работа. Сиљановска-Давкова: Со Коперникански чекори за полско-македонска соработка Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, за време на престојот во Република Полска, го посети Јагелонскиот универзитет во Краков, една од најстарите европски високообразовни институции, основана во 14 век. Таа вчера оствари средба со македонистите и славистите од Полска, каде беше запознаена со историјатот и работата на Лекторатот по македонски јазик, со интересот на полските студенти за изучување на македонскиот јазик, како и со нивните активности за промоција на македонскиот јазик и култура. Македонистите ја нагласија својата соработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, како и своите заложби за културна и образовна размена меѓу двете земји. – Да бидете на еден од најстарите европски универзитети, Универзитет што настанал во 14. век и тој да е полн со живот, е навистина коперниканска инспирација, изјави Сиљановска-Давкова. Таа нагласи дека ќе се заложи за интензивирање на соработката, отворање на културен центар и поддршка за преводи и заеднички проекти. – Саатот зад мене ги покажува основачите на овој универзитет и она што го чув, мене ми дава за право да ветам дека навистина нам ни е потребен еден огромен полско-македонски исчекор во соработката, посочувајќи дека дури четири универзитети, некои од нив во сите степени на образование, други во определен степен на образование, се занимаваат не само со славистика, туку и со македонистика. Јас како покровителка на меѓународниот семинар за македонски јазик и култура, ветувам дека ќе сторам се за да се интензивира соработката. Неколкупати чув дека е потребно да се отвори Културен центар. Значи да продолжиме со преводите од полски на македонски и обратно, да ги стимулираме заедничките проекти, меѓу кои и проект врзан за децата бегалци. Тоа отвора една друга ера, да чуете исто така за антрополошки истражувања, за истражувања, да речеме, на македонците – муслимани – е навистина нешто што ветува. Значи, јас од срце им благодарам на полските слависти, македонисти, за она што го сториле досега, за ширењето на македонскиот јазик и за македонската култура и предлагам да ја релативизираме далеченина, со Коперникански чекори да тргнеме напред, бидејќи навистина мислам дека во светот како место за разбирање, релативизирање на јазиците, градење на заедничка култура, ова место овде – Јагелонскиот универзитет, но и луѓето кои дојдоа од другите полски универзитети – многу ветува. Покрај Коперник, меѓу угледните поранешни студенти на универзитетот се и шефови на држави, кралот Јован III Собиески, папата Јован Павле Втори и полскиот претседател Анджеј Дуда. Четворица нобеловци се поврзани со универзитетот, сите во литературата: Иво Андриќ и Вислава Шимборска, кои студирале таму, и Чеслав Милош и Олга Токарчук, кои предавале на таа институција. Сиљановска – Давкова го го посети музејот „Колегиум Мајус“ и се потпише во книгата на впечатоци. Таа подари дрворез со македонски мотиви, додека од универзитетот доби репродукција на Јагелонскиот глобус. Фото: МИА...
МИЦКОСКИ: Историски највисока поддршка за домашните фирми – имаат на располагање 250 милиони евра евтини кредити
Денешен - пред 14 часа
Денеска очекувам Владата да донесе одлука на домашните компании да се стават на располагање 250 милиони евра евтини кредити, по супер евтина каматна стапка од 1.95 што претставува историски највисока поддршка за домашните компании, вели премиерот Христијан Мицкоски. -Ова значи посилна економија, нови инвестиции, нови работни места! Така Македонија станува повторно ваша!, пишува Мицкоски на Фејсбук. Инаку, откако ќе помине договорот на Влада, ќе треба да се потпише договор со банките и со тоа практично парите стануваат оперативни за бизнис секторот. Компаниите ќе треба да имаат минимум 20 отсто сопствено учество, а максималниот износ што можат да го добијат е 10 милиони евра. Фирмите ќе ги добијат парите со каматна стапка од 1,95 проценти, грејс период од три години и 12 години рок на отплата....
КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска се слави Преподобен Гаврил Лесновски, роден и живеел во Македонија во 11 век
Денешен - пред 1 ден
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 15 jануари. Денеска е Преподобен Гаврил Лесновски. Тој бил родум од Македонија, Словен по потекло, од село Осиче, паланечко. Живеел во 11 век. Свети Гаврил бил монах пустиножител. Се подвизувал 30 години во Лесновската планина близу Кратово, откако претходно изградил црква и основал манастир. Во манастирот се вратил пред својата смрт. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Тома Аквински. Бил роден во 1225 година во дворецот Аквино, во јужна Италија. Се одлучил за доминиканскиот ред, но неговите родители се спротивставиле на неговата одлука. Храбро ги совладал сите препреки и станал доминиканец. Бидејќи бил многу талентиран, поглаварите го испратиле кај учителот Алберт Велики. Тома станал врвен учител, напишал многу теолошки дела и станал еден од најголемите теолози во црквата. Умрел во 1274 година, во Фоса Нуова, покрај Рим. На свети Тома му се молат студентите....
СВ. ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ: Ликот на светецот од Осечко Поле е многу присутен во живописот на црквите од североисточна Македонија
Денешен - пред 1 ден
Свети Гаврил Лесновски живеел кон крајот на XI и почетокот на XII век. Потекнувал од Осечко Поле. Неговите родители биле богати но долго време немале деца па времето го минувале во плач и молитви упатени кон Бога да ги дарува со пород. Потоа Господ ги дарувал со машка рожба. Сакале детето да им биде образовано поради што кога пораснало го дале да се школува. Кога пораснал родителите сакале да го оженат, му нашле девојка „од добар и царски род“, но тој повеќе сакал да се посвети на Бога. Се случило токму на свадбата починала невестата, а Гаврил побарал одобрение од родителите да го напушти родниот дом. И откако тоа се случило на сон му се јавил ангелот Господов и му рекол да оди во Осечко Поле и да изгради црква посветена на Пресвета Богородица. Гаврил се вратил кај родителите им го раскажал сонот, а тие му дале богатство по што тој ја изградил црквата и ја живописал. Потоа пак се вратил во Лесновскиот манастир од каде што со согласност на игуменот отишол во една шума во близината на Злетово и тука времето го минувал во пост и молитви. Тука многу луѓе „кои доаѓаа кај светиот се излекуваа од разните болести, а многу се спасија и од бесовите. Многу луѓе доаѓаа кај него да се лекуваат“. Житието натаму раскажува дека Гаврил по напуштањето на овој скит отишол во местото Луково во некоја мала шума за која никој не знаел и тука минал извесно време. Се случило еднаш тука да дојде еден овчар и да ги види неговите молитви упатени кон Бога. Овчарот го замолил да му помогне на стадото кози кое било болно поради неговите гревови. Гаврил нашол вода во една дупка од камен, ја прекрстил и му ја дал на овчарот да ги попрска козите. Тие веднаш оздравеле, а овчарот многу му бил благодарен. Оттука Гаврил заминал во некоја далечна и тешко достапна планина и се сместил во некоја пештера во местото наречено Облов Врв, тука минал 30 години и тука починал. Никој не знаел каде починал поради што мислеле дека се преселил на друго место. По извесно време светецот му се јавил на сон на некој Русин по име Јосиф кој живеел во градот Средец и му заповедал да појде на местото наречено Облов Врв, да ги земе моштите и да ги пренесе во Лесновскиот манастир. Така, според житието, моштите на Свети Гаврил стигнале во Лесновскиот манастир за подоцна пред налетот на исламот да бидат пренесени во Трново, во црквата „Свети Апостоли“ на Трапезец. Подоцна манастирот што тој го основал и што го носи неговото име станал важен книжевен центар. Ликот на Свети Гаврил Лесновски е многу присутен во живописот на црквите од североисточна Македонија, а за проучувањето на неговите портрети важно е откривањето на живописот во лесновската црква од времето на нејзината обнова по 1341 година. Манастир „Свети Архангел Михаил“ и „Св. Гаврило Лесновски“ Во селото Лесново, Злетовско, во 1341 година, од страна на деспот Оливер, врз темелите на постара црква била подигната црква посветена на св. архангел Михаил. Црквата го носела и името на св. Гаврил Лесновски. Во пролошкото житие на св. Гаврил Лесновски од 1330 година пишува дека црквата ја подигнал Гаврил посветувајќи му ја на св. архангел Михаил. По смртта на Гаврил и чудата што се случувале над неговиот гроб, пред сè исцелувањето болни, манастирот станал познат по името на светителот-пустиножител па добил две имиња и на архангел Михаил и на пустиножител Гаврил. Подоцна овој манастир станал центар на словенската писменост познат како Лесновски книжевен центар. Живописот на црквата е завршен во 1347-48 година во времето кога Јован Оливер ја добил титулата деспот. Од фреските во црквата оставаат впечаток ликовите на св. Гаврил Лесновски, св. Јоаким Осоговски, св. Прохор Пчињски, композицијата „Успение Богородичино“, ретките сцени инспирирани од Псалмите Давидови итн. Резбаниот иконостас изработен од 1811-1814 година е дело на резбарската тајфа на Петре Филипович Гарката. (Подготви Марко Китевски)...
ДЕНЕСКА Е СВ. ГАВРИЛ ЛЕСНОВСКИ: Основал манастир на Лесновската планина, кај Кратово, а црквата ја посветил на св. Архангел Михаил
Денешен - пред 1 ден
Денеска е 15 јануари (според стар стил) и се слави Св. Гаврил Лесновски. Свети Гаврил Лесновски живееше во XI век. Се роди во Осиче, крај Крива Паланка. Потекнуваше од семејство на богати и благородни родители кои долго време беа бездетни, та синот им се јави како Божјо благоволение кон нив, по многуте молитви и солзи. Детето доби добро образование, и со Божја помош ги изучи „сите писанија“, и тоа на многу јазици, а Евангелието не го испушташе од рацете. Кога порасна, родителите му најдоа девојка од добар род, за да се ожени со неа. Тој тоа не го сакаше и му се молеше на Бога да го запази девството. Девојката умре пред да се земат, а Гаврил наследувајќи од родителите големо богатство, се замонаши. Основа манастир на Лесновската планина, близу до Кратово, а црквата ја посвети на светиот Архангел Михаил. Собра монаси, постави игумен и таму го остави сиот свој имот. Тој самиот се оддалечи во планината во отшелнички живот. Се подвизуваше со сеноќни бденија и деноноќни молитви и претрпе многу искушенија од демоните. Бог, во одговор на неговата вера, љубов и подвиг, уште во текот на животот го удостои со дар на чудотворење. На тоа место поживеа 30 години, а потоа се врати во манастирот каде што и почина, на 15 јануари. Триесет години по неговото упокојување, му се јави на сон на еден руски монах по име Јосиф, кој се подвизуваше во Софија, па тој заедно со софискиот митрополит отидоа во Лесновскиот Манастир и ги најдоа моштите на светителот, та ги поставија за целивање во црквата. Од моштите постојано се источуваа разни чуда и многу луѓе добија исцеление. Кога Балканот беше нападнат од Турците, бугарскиот патријарх, ги пренесе моштите во столицата на тогашното царство, во Трново, каде што останаа до 1393 година, кога Трново паѓа под турска власт, и потоа им се губат трагите....
ТАРАВАРИ ЗА ТВ 24: Онколошка терапија ќе има најдоцна до четврток, се зголемува и капитацијата за матичните лекари од 75 на 100 денари
Денешен - пред 1 ден
Министерот за здравство Арбен Таравари, во 24 анализа рече дека биолошката терапија која недостасува на Онкологија ќе биде достапна до крајот на оваа недела. За недостигот на лекови, Таравари изјави дека не чувствува политичка одговорност. Тој ексклузивно за Тв 24 најави и дека од оваа година ќе се зголеми капитацијата за матичните лекари од 75 на 100 денари. „Количината на биолошката терапија годинава беше повеќе од минатата. Лекови имало повеќе од минатата година, меѓутоа побарувачката на пациентите е порасната. Без да направиме регистар на пациенти кои се третираат нема да имаме точна предвидливост за идната година затоа и ни се случува овој момент, се случува неколку пациенти да не може да се третираат“, изјави Таравари. Според него, за да се намали бројот на луѓе заболени од некаков вид на карцином потребно е да се работи превенција. „Со зголемувањето на капитацијата кај матичните лекари, ќе побараме од нив да работат на превентивни. Значи ако е ризична група за карцином на дојка жена од 40 или 50 години, ќе бараме тие да инсистираат сите жени во таа категорија да одат на контрола, исто и за канцерот на простата кај мажи од 40 до 50 години“, рече министерот и додаде дека редно време е и нашата држава да инвестира во превентивни програми....
Свечена Светосавска академија вечерва во Скопје
Денешен - пред 1 ден
Пораките за единство доминираа, а политичките пораки не изостана. Црковниот, политичкиот врв и други бројни гости присуствуваа на Свечената Светосавска академија којашто се одржа вечерва во Скопје, на националниот ден на Србите во Македонија. Српскиот патријарх и архиепископот охридски и македонски дојдоа заедно. Пред присутните во Македонскиот народен театар се обрати само поглаварот на СПЦ, Порфириј. Според познавачите на црковните состојби, токму посетата на поглаварот од Србија е добра прилика за да се резимира до каде е МПЦ-ОА на патот до целосна и потполна автокефалност во православниот свет, откако СПЦ го даде томосот пред три години. Доживеавме да се собереме и заедно ние архиереите на двете цркви, а истовремено и една црква, заедно со високите државни претставници на Македонија, Србија, Црна Гора и Република Српска и претставниците на тукашните српски организации, драгите браќа и сестри скопјани и жителите на другите места и градови, да прославиме 850 годишнина од раѓањето на Свети Сава, кажа Порфириј, патријархот на Српската православна црква. Свое обраќање имаше и премиерот Мицкоски. Со Србија делиме исти вредности, рече Мицкоски, посочувајќи дека европските интеграции се наш заеднички стремеж и важен сегмент во заедничките односи. Заедно се движиме по патот кон Европската Унија, со разбирање дека нашите народи заслужуваат стабилност, развој и интеграција во современиот свет, но и сестрано почитување на нашето. Она што сме, што сме биле и што ќе продолжиме да бидеме. Иако некако ние на тој пат поради поедини срамни одлуки на политички елити, како да заборавивме на овие вредности, кажа Мицкоски. Сите гости, политичари од соседството, но и други високи претставници ги пречека вицепремиерот и министер за односи помеѓу заедниците – Иван Стоиљковиќ. Им посака топло добредојде и од говорницата, а откри дека постои идеја презентирана од претседателот на Република Српска, Додик, за централната свеченост на празникот Свети Сава да се одржува секоја година во Македонија. 0...
МИЦКОСКИ ЗА ДИРЕКТОРОТ НА АНБ: Сите тези дека не исполнува услови за НАТО сертификат паднаа во вода, тој има вонсериски резултати досега
Денешен - пред 1 ден
Во гостувањето на МТВ, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски беше запрашан за кадровските решенија со акцент на именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност. „Неспорен факт е дека Бојан Христовски во моментот е носител на сертификат за безбедност кој што е од највисок вид. Не само кај нас како држава, туку и во рамките на НАТО. Тој сертификат го поседуваат 36 луѓе, меѓу кој сум и јас, 12 вработени во ДБКИ и луѓето кои што работат во НАТО мисијата во Брисел. Тој сертификат го поседува Бојан Христовски“, одговори премиерот Мицкоски и дополни дека овој сертификат се издава под строгите правила и мониторинг на НАТО алијансата. „Не може вработени во НАТО периметарот, кој што го поседуваат овој сертификат издаден од истата институција да не се мониторирани од самата НАТО структура. Апсолутно, со сето ова сите оние тези во јавноста дека тој не исполнува услови за безбедносен сертификат или не знам што, паѓаат во вода“, заклучи Мицкоски. „Само во изминатите неколку недели откако е именуван, односно неколку месеци таму каде што е, покажал вонредни резултати заедно со нашите стратешки партнери во разбивање на три многу сериозни терористички ќелии во државата. Прашањето е зошто во минатото не биле сузбиени“, рече Мицкоски и посочи дека како премиер може да суди врз основа на квалитетот на извршување на работните задачи за кои може да се рече дека се вонсериски во овој момент....
СИЉАНОВСКА НА 80. ГОДИШНИНАТА ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА АУШВИЦ: Ниту едно зло не смее да се заборави
Денешен - пред 1 ден
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на одбележувањето на 80. годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и логор за истребување Аушвиц-Биркенау, во предградието на полскиот град Освиенцим, близу Краков. Во изјава за медиумите, претседателката Сиљановска-Давкова оцени дека присуството на одбележувањето во Аушвиц претставува можност за колективна епифанија и освестеност за тежината на стореното зло. Потсетувањето на холокаустот е клучно за никогаш да не се повтори. „Не смее да има дете, млад човек, возрасен што не знае за холокаустот. Не смее да има, бидејќи меморијата понекогаш, ако не се негува или ако не се храни може и да ја снема, или може да се извитопери во нешто друго. Сè почнува со проблематизирање, најпрво на бројките, па на процесите и настаните и на крајот некој можеби ќе помисли дека може да се избрише злото. Не, ниту едно зло не треба да се избрише, ниту едно зло не смее да се заборави“, изјави Претседателката. Претседателката потсети и на трагичната судбина на македонските Евреи, кои завршиле во логорот Треблинка и повика да се воспостави традиција на организирани посети на логорот. „Тие се дел од нашиот идентитет и треба да воспоставиме традиција на посета на Треблинка за да им оддадеме почит, за почитта да стане дел од нешто што ќе го практикуваме и ќе потсетуваме велејќи дека не само што не веруваме дека такво нешто ќе се случи, туку ќе покажеме дека додека сме живи и оние по нас никогаш, никој не смее да дозволи такво нешто да се случи. Комеморацијата во Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“ започна со поздравни обраќања и сведоштва на преживеаните, а во рамки на комеморативниот настан се обратија претседателот на Светскиот еврејски конгрес, Роналд Лаудер и директорот на Меморијалниот центар и музеј „Аушвиц-Биркенау“, Пјотер Цивински. Со читање молитви и палење свеќи, присутните им оддадоа почит на жртвите на холокаустот пред вагонот од товарен воз, поставен пред главната капија на логорот Аушвиц II-Биркенау, како симбол на одбележувањето на годишнината. Во рамки на комеморацијата беше приредена пригодна музичка програма во која настапија истакнати музичари, композитори, пијанисти и диригенти од Германија, Полска и Чешка, со еврејско потекло. На комеморативниот настан, кој се одржа на Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот, присуствуваа педесетина шефови на држави и Влади од целиот свет, високи владини претставници, претставници на меѓународни организации, како и преживеани лица од Аушвиц. Аушвиц денес претставува синоним на холокаустот, теророт, геноцидот и злосторствата од Втората светска војна. Германските нацисти во овој логор убиле околу 1,1 милион луѓе главно Евреи, но и Полјаци, Роми, советски воени затвореници и луѓе од други националности. Во 1945 година војниците на Црвената армија на Советскиот сојуз, од Аушвиц ослободиле околу седум и пол илјади преживеани лица....
МИЦКОСКИ ЗА ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА: Апсолутно ќе побарам средба, но остануваме на нашите позиции
Денешен - пред 1 ден
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју на МРТ во однос на македонското членство во ЕУ и конечното формирање на политичка влада во Бугарија истакна дека македонската Влада останува на своите позиции дека членството треба да се исполни според постигнувања, не според билатерални спорови, а тој е подготвен да разговара за надминување на проблемот со бугарските власти. „Немам проблем да иницирам средба со Бугарија, ние сме соседи и логично е да иницираме таква средба, да се запознаеме, колеги сме, соработуваме, заедно сме во НАТО. Апсолутно ќе побарам средба“, потенцираше премиерот Мицкоски. Премиерот Мицкоски додаде дека на таа средна треба да се види дали можеме да ги надминеме разликите околу тоа како ние го гледаме патот на Македонија до полноправно членство во Европската Унија и како тие го гледаат. „Тука е разликата генерално, затоа што ние секако за иста тема имаме различни гледишта. Ние имаме наша стратегија, суштината една, а тоа дали нас после две децении ќе ни биде дозволено да го почнеме процесот на преговори и истиот да се вреднува според постигнување, а не билатерални спорови. Да видиме дали тука можеме да се најдеме, па потоа да бараме решение за се останато“, изјави премиерот Мицкоски....
МИЦКОСКИ: Карактерот на средбите во САД беше на највисоко ниво досега
Денешен - пред 1 ден
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото гостување на МТВ говорејќи околу посетата на САД по повод инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп истакна дека карактерот на средбите остварени за време на оваа посета беше на највисоко ниво досега. „Делегацијата беше најскромна што е можно и ако ги споредите со делегации во минатото, навистина е најскромна што е можно. Квалитетот на средбите е највисок споредено со било кога. Зборам ако се земе во предвид карактерот на посетата содржината, но и луѓето со коишто имав средби и тоа се покажува и докажува не само за време на посетата, туку и периодот потоа“, истакна Мицкоски. Тој додаде дека за него лично преставува огромна чест што процесот на инаугурацијата го следеше заедно со претседателот на Републиканската партија на САД кој во хиерархијата во моментов е втор човек по влијание, веднаш после претседателот Трамп. „За мене претставува чест што овој процес го следев заедно со претседателот на Републиканската партија, којшто патем речено, ме покани следната моја посета којашто и како државник, но и како претседател на партија ќе се случи во САД да заедно имаме состанок што за мене, би рекол за една малку бројна држава како нашата, па би рекол и географски, геостратешки ќе има можност да оствари една таква комуникација“, потенцираше Мицкоски. Тој исто така додаде дека на реализираните средби во Вашингтон се зборуваше за продлабочување на билатералната соработка со САД, инвестирање во нашата земја, како и амбицијата да бидеме дел од европското семејство. „Во Вашингтон ние зборувавме за значајноста на Македонија како држава во регионот, зборувавме за нашите амбиции како Влада, за нашите проекти, зборуваме за продлабочување на билатералната соработка САД, можноста за инвестирање кај нас, се разбира евроинтегративниот пат и нашата амбиција да бидеме дел од европското семејство, предизвиците со коишто сме се соочувале и со коишто се соочуваме. Така што мислам дека немаме втора шанса за прв впечаток, а најдобро е да имате прв впечаток кога една администрација го започнува својот мандат“, потенцираше Мицкоски и додаде: „Создаваме навистина силни врски, пријателства кои што верувајте се многу значајни за иднината на државата.“ За тоа дали очекува од тимот околу американскиот претседател поддршка за евроинтегративниот пат на Македонија во ЕУ, премиерот Мицкоски одговори дека апсолутно очекува поддршка и во таа насока се сите овие средби. „Апсолутно, токму тоа и го кажувам дека очекуваме конкретна поддршка со вистински политички потези, па да видиме. Ако не пробаме нема да знаеме. Наше е да пробаме, да одиме насекаде во светот да бараме поддршка, да создаваме пријатели, да создаваме сојузници. Тоа е нашата цел“, заклучи Мицкоски...
МИЦКОСКИ: Омилена веледрогерија на минатата власт под екстремно високи цени заработувала милиони од Онкологија, ќе реагира и ЈО
Денешен - пред 1 ден
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на МТВ рече дека проблемот со Онкологија ќе се реши во текот на неделата, потенцирајќи дека завршува времето на злоупотреби каде омилената веледрогерија на минатата власт заработувала на лекови по екстремно високи цени на грбот на пациентите. „Има во државата закони кои што мора да се почитуваат и процедури кои што мора да бидат запазени. Јас апсолутно се согласувам со вас дека секој осигуреник мора да добие правилна медицинска нега“, дециден е премиерот Мицкоски. „Како опозиција често пати зборувавме за случајот во Онкологија и за сето она кое што таму се случувало, како лековите биле аплицирани, дали тие лекови биле воопшто третирани на начин на кој што треба да бидат третирани, дали сето тоа биле злоупотребувано. Знаете дека имаше анкетна комисија во рамките на парламентот, тогаш пратеникот Рашела Мизрахи излезе со извештај, според некои информации кои што јас ги имам дел од тие наводи веќе ги третира Обвинителство. Така што да почекаме резултатот од сето тоа кое што во минатото го зборувавме каков ќе биде“, вели тој. На прашањето зошто не се подготвени како власт да преземат нешто, туку постојано се навраќаат во минатото, Мицкоски рече: „Не ние мораме тоа да го констатираме, бидејќи тој проблем сега го решаваме. Нас најлесно ќе ни беше да продолжиме по принципот „како до сега“, односно една омилена веледрогерија на претходната Влада, да ја негуваме и третираме како тоа што го правеше претходната Влада, да добиваме лекови на реверс кои што три до четири пати повеќе ќе ги плаќаме, без соодветна тендерска процедура, па сето тоа потоа да се враќа. Или да спроведеме законска тендерска процедура во која што снабдувачите на ваков тип на лекови ќе обезбедат за пациентите. И тоа го правиме, веднаш по вчитувањето на буџетот и веднаш по распределбата во рамки на здравствените институциите сите овие процедури се запазени и во текот на оваа недела сето тоа ќе биде решени и надминат. И за прв пат нема повеќе да има реверси, нема повеќе да има злоупотреби.“ За договорот со „Пановски“ вреден 2,3 милиони евра за лекови за биолошка терапија што во декември го склучил актуелниот директор на Клиниката за онкологија, премиерот коментира дека оваа веледрогерија, најверојатно, и во иднина ќе добива тендери зашто соработува со светска компанија која произведува вакви лекови, но дека разликата е што сега не се земаат лекови на реверс....
ДОКТОРИ ОД ОНКОЛОГИЈА ДО ОПОЗИЦИЈАТА: Да бевте толку загрижени, немаше апарати да седат во подрум, немаше да има нефункционални онколошки оддели
Денешен - пред 1 ден
Доктори од Клиниката за радиотерапија и онкологија бараат политиката да ги тргне рацете од клиниката. Во отвореното писмо тие бараат опозицијата да не ја девалвира работата на здравствениот персонал со секојдневните прозивки, пренесува Курир. -Работиме под стрес, секојдневно прегледуваме и по 600 пациенти во амбулантскиот дел, дополнителен стрес ни се секојдневните прозивки од опозицијата која ја поткопува довербата кон здравствениот систем. Овие недобронамерни и веќе прочитани “демагогии” на опозициската партија само ја девалвираат работата како на специјалистите, така и на целиот здравствен персонал и газат врз нашиот труд за ситни политички поени. Веднаш политиката да ги тргне рацете од нашата клиника и да не се злоупотребува оваа состојба, зашто истите предизвици се веќе традиционални и се случуваат неколку години по ред, а целата јавност имаше можност да се увери што досега беше направено, односно ненаправено за клиниката и пациентите. Да биле толку загрижени истите кои денес критикуваат, немаше апарати да седат во подрум, немаше да има нефункционални онколошки оддели и немаше да има нефункционални скрининзи. Да беше нешто помрднато со прст сега ќе зборувавме за нови методи, научни достигнувања, но сега мора подобрување на состојбите од некаде да почне. Судбините на нашите пациенти се наше секојдневие со кое секојдневно сочуствуваме, не ни се потребни политички притисоци, со кои буквално се врши злоупотреба- стои во отвореното писмо на група доктори на Клиниката за онкологија во однос на секојдневните прозивки на опозициски партии....
АПРИЛСКИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО ЈАНУАРИ: Утрово во Москва со плус 3,5 степени е срушен рекордот стар 111 години, евидентиран на 27 јануари 1914 г.
Денешен - пред 1 ден
Во Москва е срушен темепратурниот рекорд евидентиран за 27 јануари 1914 година, откако метеоролошката станица во главниот град на Русија денеска во 6 часот измери 3,5 степени Целзиусови над нулата, изјави Евгениј Тишковец, началник на метеоролошкиот центар Фобос. – Во историјата на редовните метеоролошки мерења во Москва, и покрај дождот, поставен е нов температурен рекорд по 111 години на референтната московска метеоролошка станица ВДМК. Во 6 часот е измерена температура од плус 3,5 степени Целзиусови. Претходнит температурен максимум од 1914 година беше плус 3 степени, изјави Тишковец, пренесува РИА Новости. Тој најави дека температурата ќе продолжи да расте во текот на денот. – Последната недела од јануари во руската престолнина почна со априлско време, а необично топлиот понеделник е почеток на серијата од дневни температурни рекорди, рече Тишковец....
ЗАГРИЖУВАЧКИ НАТАЛИТЕТ: Прво бебе во Демир Хисар, со 6.500 жители, се роди на 14 јануари, градоначалникот го дарува Димитриј
Денешен - пред 1 ден
Колку е опаднат наталитетот и колку е зголемено иселувањето покажуваат и бројките за новороденчиња во општината Демир Хисар, каде според последниот попис од 2021 година има 6.500 жители, а за првото бебе се чекаше половина месец. – Денеска, официјална делегација предводена од градоначалникот Никола Најдовски, го посети првото новороденче – машко за оваа година и им врачи на среќните родители подарок – ваучер во висина од 10.000 денари и златно крвче. Димитриј Пејковски, од село Жван, роден на 14 јануари, 2025 година е првото новороденче за оваа година, се вели во објавата на Општина Демир Хисар. И додека во други општини и градови се бројат секундите од Новата година за да дојде на свет првото бебе, општината Демир Хисар која некогаш имаше двојно повеќе жители, годинава чекаше половина месец за првото новороденче. – Да е здрав и жив Димитриј, му посакувам среќа и безгрижно детство, а со искрени желби оваа година да ни биде плодна, бериќетна и што повеќе да се раѓаат деца во Демир Хисар, се вели во честитката на Најдовски. Демир Хисар е со речиси двојно помалку жители од времето кога наталитетот бил поголем, а иселувањето помало....
СВЕДОШТВА ЗА АУШВИЦ И ХОЛОКАУСТОТ: „Одам на едно многу посебно место, станица која е непозната!“
Денешен - пред 1 ден
На местото на некогашниот нацистички логор Аушвиц-Биркенау попладнево започна комеморацијата по повод 80-годишнината од неговото ослободување. На настанот присуствуваат преживеани од логорот, членови на кралски семејства, како и светски лидери. Церемонијата започна со слајд-шоу на фотографии од логорот Аушвиц, проследено со музика на германско-еврејскиот композитор Џејмс Сајмон, кој бил убиен во Аушвиц. Атмосферата беше тивка и пола со почит, додека фотографиите ја оживуваа трагичната историја. На екраните се задржа сликата на вагон за транспорт, симболично поставен пред 15 години како потсетник на жртвите. Обраќањето го започна Мариан Турски, преживеан од Холокаустот, кој топло ги поздрави своите „содружници во оваа беда“, како што ги нарече оние што го преживеале логорот заедно со него. Мораме да мислиме и на милионите жртви кои никогаш нема да можат да ни раскажат што доживеале или како се чувствувале, рече 98-годишниот Турски. Турски ја преживеал младешката траума од Лоџ гетото, а подоцна бил депортиран во Аушвиц, каде неговиот брат и татко биле убиени. Преживеал два „марша на смртта“ и оттогаш неуморно работи на зачувување на историјата, вклучувајќи го и формирањето на Музејот на историјата на полските Евреи во Варшава. Апсолутно е разбирливо, па дури и очигледно, дека луѓето, медиумите, се обраќаат на нас, оние што преживеавме, за да ги споделиме нашите сеќавања. Но, сега нè има само малкумина. Речиси никој, потенцираше Турски. Тој прочита дел од писмо напишано од поетеса, убиена во логорот, кое гласи: „Одам на едно многу посебно место, станица која е непозната, бидејќи не постои на ниту една карта. Небото над станицата виси како огромен црн капак“. Тој посочи на актуелниот „огромен пораст на антисемитизмот“ во светот, за кој вели дека е она што доведе до холокаустот пред неколку децении. Турски додаде: „Да не се плашиме да разговараме за проблемите што ја измачуваат таканаречената последна генерација“. Церемонијата се одвива во присуство на светски лидери, меѓу кои германскиот канцелар Олаф Шолц, канадскиот премиер Џастин Трудо и британскиот крал Чарлс III, како и македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Инаку, еден од симболите на 80-годишнината од ослободувањето на германскиот нацистички концентрационен и егзекуционен логор Аушвиц е товарен вагон, поставен директно пред главната порта на логорот Аушвиц II-Биркенау. Од 2009 година, овој товарен вагон стои на средина на рампата за растоварување во поранешниот логор Биркенау, на местото каде што СС докторите вршеле селекции на депортираните Евреи, насочувајќи ги повеќето од нив кон нивните смртни казни во гасните комори. Во ваквите товарни вагони, германските нацисти донесоа луѓе овде. Овие вагони ги поврзуваа гетата и скривниците со Местото на смртта,“изјави претходно д-р Пјотр М. А. Цивињски, директор на Музејот на Аушвиц, кој исто така ќе има обраќање попладнево. Овој товарен вагон потекнува од Германија. Помеѓу 1919 и 1925 година, биле произведени повеќе од 120.000 вагони од овој тип. Многу од нив биле користени за депортација на луѓе во Аушвиц, како што потврдуваат документи и архивски фотографии.Товарниот вагон е посветен на сеќавањето на околу 420.000 Евреи од Унгарија, кои биле депортирани во Аушвиц од мај до јули 1944 година. Неговото зачувување било овозможено благодарение на финансиска поддршка од Франк Лоуи, чиј татко, Хуго, бил убиен во логорот. Вагонот, во кој бил Хуго Лоуи, пристигнал на рампата во Биркенау во мај 1944 година. За време на селекцијата, бил сметан за работоспособен, што значело дека може да ја избегне гасната комора. Но кога одбил да го остави пакетот што содржел религиозни предмети — тефилин и талит — на рампата, СС силите го претепале до смрт....
ТЕРЕЗА РЕГУЛА, ЗАТВОРЕНИЧКА ВО АУШВИЦ: Ги потиснав спомените најдобро што можев!
Денешен - пред 1 ден
Преживеаните од Аушвиц, 80 години подоцна со свеќи и положување венци им оддават почит на убиените во логорот на смртта. Тереза Регула е една од нив. Имала 16 години кога била испратена во Аушвиц. Следејќи ги војните и хаосот во светот луѓето и по 80 години од холокаустот не извлекоа никакви заклучоци, раскажува таа “Ужасни работи се случуваат во светот. Не знам дали се подобри или полоши од она што се случи во Аушвиц, но се ужасни. Не знам… Ми се чини дека луѓето не извлекоа никакви заклучоци…” Се сеќавам на првата таква вистинска, силна болка, кога нашите глави, секако, беа избричени. Тогаш беше многу жешко, 4 август. Ги смирив сите овие спомени, ги потиснав најдобро што можев. И навистина, морам да кажам дека успеав во ова во текот на овие години, до денес. Сега сè ми се враќа: различни искуства, различни слики од Аушвиц”, Пред настанот се обрати домаќинот полскиот претседател Анджеј Дуда. Потсети дека во германскиот нацистички концентрационен и истребувачки логор Аушвиц-Биркенау убиени се 1,1 милион луѓе од различни националности, пред сè Евреи, но и Полјаци, Руси и Роми. „Како што добро знаеме, концентрационите логори, а пред сè логорите за истребување како Аушвиц-Биркенау, беа изградени за да се спроведе истребувањето на еврејскиот народ. Тоа беше криминалниот план на Адолф Хитлер и на нацистичка Германија за време на Втората светска војна, рече Дуда. На одбележувањето денеска присуствуваа педесетина државни делегации од целиот свет. Меѓу нив е македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова која ќе го посети и Универзитетот во Краков каде ќе подари дрворез со македонски мотив. Официјалниот дел годишнината помина без говор на политичарите. Говореа само преживеаните од логорот, бидејќи како што соопштија од Музејот Аушвиц – ова е можеби последната поголема комеморација на која тие ќе можат лично да сведочат. Претходно претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека светот никогаш нема да ги заборави шесте милиони „ладнокрвно убиени Евреи и сите жртви на холокаустот“. „Додека исчезнуваат последните преживеани, наша должност како Европејци е да се сеќаваме на тие неописливи злосторства и да го почитуваме споменот на жртвите, посочи Урсула фон дер Лајен. Аушвиц станал симбол на геноцидот извршен од Нацистичка Германија против шест милиони европски Евреи. Логорот е основан во 1940 година во касарната во Аушвиц во јужна Полска. Првите 728 полски политички затвореници пристигнале таму во јуни истата година. Пет години подоцна, соочени со напредокот на советските сили, нацистите принудиле 60.000 исцрпени затвореници да се движат кон запад. Во маршот на смртта голем број затвореници ги изгубиле животите. Нацистите истиот месец ги разнеле гасните комори. Советските сили пристигнале во кампот на 27 јануари каде пронашле 7.000 преживеани. Денот на ослободувањето на логорот е прогласен за ден на сеќавање на холокаустот од страна на Обединетите Нации. Поради инвазијата врз Украина руската делегација три години не добива покана за годишнината во Аушвиц. Одлуката е остро критикувана од Москва која заедно со останатите земји од Советскитот Сојуз го затворија мрачниот логор....
КЛЕКОВСКИ: Шесте онколошки лека што недостигаат ќе бидат обезбедени неделава
Денешен - пред 1 ден
Шесте онколошки лека што недостигаат ќе бидат обезбедени неделава, уверува и денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, откога онколошки пациенти се пожалија дека веќе една недела немаат терапија. Дел од лековите ќе биде обезбеден со донација, а другиот дел со анекси на договорите. „Се разрешуваат проблемите со недостиг на онколошките лекови и ќе бидат многу бргу решени. Сега доаѓам од состанок со директорот на Клиниката. Дел ќе биде решен со донации, кои ќе се реализираат во текот на неделата бидејќи лековите се присутни во Македонија, ги има резерва, а дел ќе биде со анекси на договорите. Тоа го расчистуваме денес и утре со јавните набавки, па мислам дека критичните лекови многу бргу ќе бидат достапни“, рече директорот Клековски. Тој очекува оваа недела да биде одобрено речиси двојно зголемување на условниот буџет, пари со кои ќе се удвои и набавката на некои од критичните лекови. „Од 3-3,5 илјади вијали бројот на лекови ќе се зголеми на 6-7 илјади вијали годишно, со тоа што таму мора да се разгледа и децентрализација на терапијата. Гледаме дел од таблетарната форма да биде на позитивната листа за да може да се подига надвор од Онкологија и ќе бараме начин како дел од биолошката терапија да се доделува надвор од Клиниката за онкологија. Ние имаме онколошки одделенија во ‘8 Септември’, Штип, Битола и во Тетово, кои во овој момент не третираат со биолошка терапија. Или ќе третираат или нема потреба да имаме онколошки одделенија што не работат“, рече директорот Клековски. Според неговите очекувања, состојбата дополнително ќе се стабилизира со регистарот на пациенти, кој треба да обезбеди предвидливост на промените....
Американската амбасада во Скопје упатува до Белата куќа за одговори за тоа колку финансирани проекти се замрзнати
Денешен - пред 1 ден
Повеќе од 72 милиони долари за 22 тековни проекти на УСАИД се замрзнати во Македонија со извршната на наредба на американскиот претседател, Доналд Трамп, за запирање американската помош на 90 дена, во кои Стејт Департментот треба да направи реевалуација на проектите и да реши кои ќе продолжат, а кои не. Телма побара од американската амбасада колку вкупно проекти финансирани со американски даночни пари се ставени на стенд-бај и за колку вкупно средства станува збор, но од таму сите одговори упатија да се бараат од Белата куќа. Како што дознава Телма со долуката засеганати се сите корисници на американска помош во земјава преку проектите кои се имплементираат со помош на УСАИД, Меѓународен републикански институт (ИРИ) и Националниот демократски институт. Од достапните информации на веб страниците на трите организации во земјава може да се види дека УСАИД Македонија во моментов има тековни 22 проекти и тоа во областите подобрување на економската конкурентност, намалување на корупцијата, зголемување на придонесот на граѓаните кон општеството, особено младите, програна за локални работи. УСАИД финансира и шест регионални проекти во висина од околу 130 милиони евра, а во кои е вклучена Македонија. ИРИ пак има еден тековен проект во земјава кој оди под мраз. Според информациите на Телма, сите проекти финансирани со американски пари во земјава се замрзнуваат, односно се што е исплатено како средства до 24 јануари останува, но сите трошоци и исплати направени по тој датум нема да бидат признаени. Исто така сите договори на УСАИД со директно договорените изведувачи на проектите остануваат, но договорите на подизведувачите се под знак прашалник, односно можат да бидат прекинати. Ревидирањето на проектите финансирани од САД засегаат илјадници проекти во целиот свет, кои вкупно чинат милијарди американски долари. Во 2023 висината на помошта на САД за овие проекти изнесуваше околу 60 милијарди долари....
БОЖИНОВСКА БАРА РЕШЕНИЕ: Болници, училишта и комунални претпријатија од незнаење плаќаат струја што е за 50 отсто поскапа
Денешен - пред 1 ден
Министерката за енергетика Сања Божиновска информира дека се бара решение за голем број на институции и комунални претпријатија кои плаќаат за 50 отсто поскапа електрична енергија затоа што ја купуваат од универзалниот снабдувач во краен случај. Станува збор за државни организации на централно и локално ниво кои немаат редовен договор со снабдувач на слободниот пазар, туку ја купуваат од ЕВН, а во тој случај цената на таа електрична енергија е повисока за 50 проценти. Божиновска верува дека причините за тоа се повеќе од незнаење и како што рече, ваквиот феномен е забележан на крајот на минатата година. Има претпријатија кои подолг период на ваков начин трошат струја, иако законски тоа е дозволено само во рок од три месеци. Ние сме свесни за овој проблем. Тоа го забележавме уште на крајот на минатата година. Тоа се непрофитни организации како училишта и болници, но и комунални претпријатија кои имаат енормни сметки за струја. Тие можеби од незнаење и од немање стручен кадар не избрале снабдувач, па купувале од снабдувачот во краен случај. И самите не се запознаени од последиците во непостапувањето, а друга работа е што се оставени на ризик на берзата, вели Божиновска. Министерката додаде дека се прави анализа за колкава количина на енергија станува збор и ќе се направи некоја форма на „пакет“ за овие институции да добијат помала цена за да заштедат на сметки. Сите овие институции би влегле во една „балансна група“ од следниот квартал....
КУЗМАНОВСКА: Пушењето е голем фактор за канцер на белите дробови, а ние сме на врвот на скалата по бројот на пушачи
Денешен - пред 1 ден
Милица Кузмановска од Здружението посветено на пациенти со рак ХЕМА-ОНКО, зборуваше за зголемениот број на пациенти со канцер на бели дробови. Таа рече дека не само аерозагадувањето, туку и дека пушењето е најголем ризик фактор, објавува ТВ 21. „Не би рекла дека е само аерозагадувањето, еден голем фактор за канцер на бели дробови и висок ризик е пушењето. Ние сме пушачка нација, ние сме меѓу првите земји на скалата. Треба малку да се тргне од личната свест, и оние кампањи кои ги спомена министерството за здравсто да ги креира“, рече Кузмановска. Таа вели дека проблемот не е само во недостигот на терапија туку во немањето план за набавка и немање регистер на пациенти. -Немањето на еден специјален регистер за пациенти со рак е всушност проблемот кој што ги предизвикува сите овие понатамошни проблеми во однос на набавката на лекови, меѓутоа и зголемениот број на пациенти со рак. Ние од директорот на Клиниката за онкологија добивме бројка дека оваа година имаме 1.200 нови пациенти со рак на дојка за жал, што е во споредба со минатата година, не двојно поголема бројка, можеби неколкукратно поголема бројка, изјави Милица Кузмановска од Хема Онко. Ана Марјановиќ онколошки пациент вели дека самата информација дека на Клиниката ја нема потребната терапија за пациентите претставува голем стрес кој влијае на нивната здравствена состојба. Посебен стрес доживеала со скандалот на Онкологија пред една и пол година кој ги загрижило и нејзините најблиски. -Канцерот сам по себе е доволен стрес не само за пациентите туку и за оние кои што ги опкружуваат. Тоа е болест која што влијае на најблиското семејство. Постојаните проблеми не помагаат апсолутно во ништо. Стравот го преживеавме сите, го преживеаја и моите деца кои што нели слушаа па одговарав на прашања од типот дали си примила терапија, изјави Ана Марјановиќ, онколошки пациент. Кузмановска и Марјановиќ посочија и на други проблеми а тоа е слабиот капацитет на Клиниката но и недоволниот буџет, покрај постојаниот пораст на бројките на заболени од канцер. Воедно бараат и таблетарната терапија да биде достапна по аптеките бидејќи досега само за да подигна таблети мора да одат на Клиника....
ДРИН АХМЕТИ: Али Ахмети не ми помага воопшто во бизнисите
Денешен - пред 1 ден
Бизнисменот Дрин Ахмети во интервјуто за „Република“ вели дека неговиот чичко Али Ахмети не му помага воопшто во бизнисите. На прашањето колку Али му помага во бизнисите во Македонија тој одговори: -Нула. На нашиот коментар дека се чини дека е полесно да се работи кога на ваша страна го имате можеби најмоќниот човек во земјата, Али Ахмети влијаел на неговото воспитување како дете, кога не ни знаел дека тој е важна личност. -Не. Со кој може сите врати да ви се отворат. Луѓето овде во нашата земја, за жал, сè уште имаат негативно расположение кон бизнисот. Сега, верувам дека вие доаѓате од централно десничарски медиум и повеќе го цените бизнисот отколку социјализмот. Значи, нема да навлегувам во политика или филозофија, но ако можете да наведете една личност, компанија, субјект со кој чичко ми ме поврзал или вршел притисок да ми помогне, било кој субјект, можете да кажете дека беше овој, оној, нема ништо такво. Никој, никогаш. Да, тој влијаеше на моето воспитување како дете затоа што го користев како пример каков треба да биде еден човек а не политичар. Кога бев дете, не знаев дека тој е важна личност. Не знаев. Кога растев, сфаќав дека ако си важен човек, не одиш наоколу да им кажуваш на луѓето дека си важен, туку едноставно си, го знаеш тоа и си достигнал ниво на самопотврдување и не ти треба да се пофалиш со тоа. Тоа е една од најважните лекции што ги научив од него. Но, што се однесува до мојот бизнис, една и пол година сите ме истражуваат. Не најдоа ниту една врска меѓу мене и него бидејќи нем...
Зaпреа американските пари за невладините во Македонија
Денешен - пред 1 ден
Амбасадата на САД од утрово ги информира сите невладини и други организации што веќе имаат добиено, па речиси и реализирано проекти во Македонија – да запрат со реализацијата и ништо да не исплаќаат, во согласност со извршната наредба на новиот претседател Доналд Трамп кој ја замрзна странската помош за сите земји, oсвен за Израел и Египет на 90 дена. Ваквото барање беше студен туш за сите што веќе работат со амбасадата, бидејќи очекувањата беа дека наредбата ќе се однесува за новите проекти, а не за тековните, објавува Република. Ова практично е првата последица од новата администрација на САД, а очекувањата се дека ќе има повеќе, откако Трамп ќе почне да се справува со негативниот трговски биланс што го има со Европа, а можно е и македонски граѓани да бидат погодени од депортациите, иако засега нема такви информации. Генерално, помошта на САД во Македонија се менаџираше преку проекти на амбасадата и преку агенцијата УСАИД, а беше фокусирана на владеење на правото, на сајбер безбедноста, на животната средина, на развој на демократијата, подобрување на конкурентноста, на борба против корупцијата и за поголемо граѓанско учество. Само за судскиот систем САД дадоа речиси половина милијарда долари помош, што беше повод амбасадорката Ангела Агелер да се пожали во една прилика дека „зборувањето не е без пари“, односно дека се потрошени многу пари во јакнење на независноста на правосудството, а довербата во него сѐ уште е многу ниска. САД даваа помош и за пандемијата (околу милион и пол долари), а вкупно од 1993 година, од кога работат на овој начин со Македонија, дадоа помош од речиси една милијарда долари, надвор од воената. Иако на удар на наредбата се главно невладини организации и медиуми, преку УСАИД помош добиваа и владини и други институции. Упатството што во петокот го објави државниот секретар Марк Рубио, издадено до сите дипломатски и конзуларни претставништва, бара од вработените да издаваат „наредби за стопирање на работата“ за речиси сите „постојни награди за странска помош“ и тоа веднаш. Според оценката на „Политико“, кој прв ја објави веста, се чини дека тоа оди подалеку од неодамнешната извршна наредба на претседателот Доналд Трамп, која му наложи на Министерството да ги паузира грантови за странска помош на 90 дена во очекување на разгледување од секретарот....
НИКОЛОСКИ: На постојните 9 авио дестинации, работиме да воведеме уште најмалку две до три нови линии
Денешен - пред 1 ден
Работиме проект за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром, а исто така работиме на воведување на најмалку уште две до три авиолинии, изјави вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој додаде дека очекува оваа политика на финансиска подршка да го зголеми квалитетот и бројот на патници на домашните аеродроми. “Многу сум горд на оваа работа бидејќи направивме целосна промена на политиките на поддршка на субвенционирање. Претходно за жал двата аеродроми тонеа неколку години, а пред тие години беа шампиони во регионот. Од ситуација на шампиони дојдовме до ситуација да тонат, но мислам дека се повторно ќе го вратат стариот сјај. Имаме 9 нови авиолинии за само пет месеци од кога ја почнавме оваа процедура. Работиме проект кој што многу брзо очекувам да излезе во јавноста за реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром како и таму би се подобриле условите за работа. Работиме на најмалку уште две до три авиолинии кои што очекувам да излеземе со околу 12 и да го заокружиме овој период што ќе е дополнителен квалитет и патници во Македонија. Дел од тие линии се атрактивни и за дијаспората. На пример линијата Истанбул Охрид е многу атрактивна за дијаспората и за Австралија и за северноамериканскиот континент бидејќи веќе се продаваат авионски карти Торонто-Охрид или Њујорк -Охрид или Вашингтон -Охрид или Сиднеј -Охрид. Исто така и линијата за Женева беше нешто што долго време ја бараше македонската дијаспора, така што мислам дека ќе имаме позитвни ефекти”- изјави вицепремиерот Николоски во интервјуто за БлумбергАдриа....
Телефонски разговор на Мицкоски со британскиот државен секретар
Денешен - пред 1 ден
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со Дејвид Лами британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој, информираат од Владата. Соговорниците разменија мислења за актуелните состојби, економската и политичка соработка. Премиерот Мицкоски ја истакна заложбата за потесна соработка со Обединетото Кралство на заеднички проекти кои ќе донесат економски и политички бенефит за граѓаните. Постои простор за интензивирање на пријателските односи и за заеднички проекти во инфраструктурата, енергетиката и економската размена. Се разговараше за повеќе прашања од регионален контекст, при што беше истакната заложбата на македонската страна за водење на политика на дијалог и заедничка соработка за зацврстување на меѓусебните односи....
МИЗРАХИ: Бесрамен прес на Филипче за да се одбрани профитот на веледрогериите
Денешен - пред 1 ден
Венко Филипче како поранешен министер за здравство во владата на СДС, а сега како претседател на СДС продолжи да тоне во калта уште подлабоко, рече на денешната прес-конференција пратеничката Рашела Мизрахи. Филипче денеска на прес-конференција побрза да се правда, но несмасно. Заглавен до гуша во скандалот Онкологија неговиот прес е безмалку бесрамен. Филипче директно или индиректно во неговото неработење дозволи системски башибозук и непочитување на шеесетина законски одредби. Тоа се шеесетина дејствија спротивни на законите. Тоа се шеесетина дејствија со директно влијание по животите на пациентите. Господине Филипче, се чини дека во паниката во која се наоѓате го заборавивте и се надевам дека го заборавивте, а не дека не го познавате Законот за здравствена заштита, па оттаму и вашата прес-конференција на која ме прозивате е во тотален хаос. Господине Филипче, извештаите од институциите доставени до Министерството за здравство во периоди од 6 месеци се согласно член 110 од Законот за здравствена заштита и се доставуваат од директорот на установите. Стручните комисии господине Филипче ги формира министерот и немаат никаква врска со шестмесечните извештаи, инаку тие се согласно членот 226 б, ако ве интересира. Да ве потсетам, господине Филипче дека согласно членот 295 надзор врз здравствените институции врши министерот и оттука следи неговата директна одговорност. Да ве потсетам исто така господине Филипче дека за време на анкетната комисија вие некако на ништо не се сеќававте, затоа сакам директно да ве прашам: Дали единствената цел на вашата прес-конференција беше само срамно да се брани профитот на веледрогериите кои ги уценуваат здравствените институции со години? Тоа се истите оние веледрогерии кои преку уцените до здравствените институции ги крадат и во џеб на поединци ги ставаат парите на сите граѓани. Господине Филипче треба час поскоро да признаете наместо да се давите во кал дека немало воспоставен систем, дека немало регистар, дека немало следливост на онколошката терапија, дека немало ништо освен системски башибозук. Ако господинот Филипче не сака да верува во фактите ние ќе го потсетиме дека тие оставија долг од 12 милиони евра на Клиниката за онкологија, како и по неколку онколошки кризи меѓу кои и онаа познатата од септември 2023 година. Го информираме Филипче дека денес институциите ги адресираат и веќе работат на отстранување на недостатоците кои претходната влада на СДС и тој како министер во истата ги оставија под зад себе, истакна Мизрахи. Филипче мора да сфати дека ако тој како министер за здравство и претходната влада предводена од СДС мислеа барем малку на пациентите немаше да ја имаме состојбата што ја оставиле зад себе денес. Господине Филипче бегање од одговорност нема да има! Порача Мизрахи....
НИКОЛОСКИ: Очекувам над 85 % реализација на капиталните расходи годинава, ни претстои силен економски раст
Денешен - пред 1 ден
Реализацијата на капиталните расходи оваа година ги проектираме на над 85 % за што сметаме дека ќе ја засили економијата и ќе влијaеме врз растот на брутодомашниот производ. Градежништвото ќе земе замав пред се заради проектите што ги реализира државата во делот на патната и железничката инфраструктура, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервјуто за БлумбергАдриа. Тој потенцираше дека главен фокус на Владата оваа година ќе биде најголем економски раст во регионот преку реализација на планираните инфраструктурни проекти. “Очекувам оваа година да отвориме фронт за работа за 67 километри автопат, што за држава како Македонија е прилично солидна бројка во една година. Исто така очекувам оваа година Македонија да биде прва во регионот во делот на економскиот раст, тука пред се градежништвото ќе зема значаен дел и не мислам само на градежната оператива која што е од приватниот сектор, туку се она што го стимулира државата пред се во делот на изградба на автопатиштата, магистралните патишта, понатаму реконструкција на железницата, така што навистина ќе има големи проекти оваа година” -истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски Тој најави ревизија на сите потрошени средства за капитални расходи на средината на годината за сите буџетски корисници, со тоа што ќе се примени систем за награди за сите кои успешно ги реализирале планираните средства. “Главна наша заложба е успешна реализација на капиталните расходи, но исто така ќе направиме пресек во месец јуни и да видиме како оди реализацијата. Ќе одиме на принцип на наградување, односно ресорите кои добро ќе ги реализираат капиталните расходи ќе имаат можност да добијат и дополнителни средства на сметка на оние кои нема да ги реализираат, бидејќи клучно е да имаме добра реализација на капиталните расходи во споредба со оние од 69,6 % од минататa година”-додаде вицепремиерот Николоски....
ФИЛИПЧЕ: Мицкоски треба час поскоро да побара средба со бугарскиот премиер Жељазков за што има моја целосна поддршка
Денешен - пред 1 ден
Претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче го поддржува премиерот Христијан Мицкоски дека час поскоро треба да побара средба со бугарскиот премиер Росен Жељазков за да се расчисти дали можат да се добијат некакви дополнителни гаранции во однос на ветото за преговорите со ЕУ. – Еден од аргументите е дека нема политичка Влада во Софија. Еве сега има и апсолутно го поддржувам премиерот да побара час поскоро средба со политичката влада и премиерот во Бугарија, за и тој дел конечно се расчисти. За да видиме дали можеме или не можеме да добиеме некакви дополнителни гаранции. Ќе го поддржиме, повторувам, кој било подобар предлог. Апсолутно, која било форма на дополнителни гаранции, меѓутоа нека се случи час поскоро, бидејќи времето поминува. Албанија и Црна Гора со крупни чекори одат напред, изјави денеска на прес-конференција во седиштето на партијата Филипче. Ние (претходните влади на СДСМ), кажа тој, направивме максимум што можеше. – Сметам дека јасно е потврден идентитетот, македонскиот јазик – веќе потпишавме договор со ЕУ, но легитимно е да бара Владата дополнителни гаранции, рече Филипче. Според него, ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Влен дошле на власт со една силна кампања, посебно ВМРО-ДПМНЕ напаѓајќи ги договорот за добрососедство со Бугарија, заклучоците од францускиот предлог итн, потсетувајќи дека за ниту еден од овие документи за време на гласањето во Собранието не биле против. -Правеа кампања, силна психоза и излегуваа од салата, рече Филипче. ФОТО: МИА Архива...
ФИЛИПЧЕ: Јас додека бев министер за здравство имаше лекови на Онкологија, а сега против мене се води политичка хајка
Денешен - пред 1 ден
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција соопшти дека до Обвинителството доставил шестмесечни квартални извештаи за работата на Клиниката за онкологија, како и од експертските работни групи од времето кога тој бил министер. Побара одговори од ВМРО-ДПМНЕ, од пратеничката Рашела Мизрахи која ја водеше Комисијата за онкологија, како и поранешниот министер за здравство Фатмир Меџити зошто се криеле овие извештаи. Од Обвинителството очекува извештаите да бидат анализирани, но и да се истражи кој и зошто ги криеле. Филипче тврди дека додека бил министер за здравство лекови на Онкологија имало, вклучувајќи ја и Ковид кризата. Според него, вистината за Клиниката за онкологија која треба да ја знае јавноста е директно поврзана со Анкетната комисија која ја водеше Рашела Мизрахи, нарекувајќи ги лажни тврдењата дека не постојат извештаи за работењето. – Мизрахи, од тогаш до денес, тврди дека јас имам одговорност во тој случај. Да ја потсетам јавноста, обвинувањето беше дека како тогашен министер за здравство, сум требал да водам сметка за тоа што биле обврски на Министерството за здравство кон Клиниката за онколигија и обратно, а се однесува на редовните шестмесечни извештаи за работата на Клиниката и стручните комисии. Сите извештаи добро и уредно пополнети и заверени беа доставени. Дури и во најтешките ковид времиња, кога имаше рестрикции во движења ниту еден онколошки пацинет и тоа пациентите го знаат, не беше оставен без терапија. Сето тоа било редовно сработувано во Министерството за здравство, рече Филипче. Мизрахи, додаде тој, тврди дека такви извештаи немало од Клиниката кон Министерството, дека немало стручна контрола од стручините комисии и сите овие изминати месеци. – Има ли нешто позлобно од тоа да се прикрива вистината во еден таков грозоморен случај за политички поени, па згора на се, да се кријат докази од истражните органи, рече Филипче. На прес-конференцијата, Филипче ги покажа извештаите велејќи дека се од сите години кога бил министер, како и од сите стручни комисии по области согласно експертизата на која работат на Онкологија. Побара одговори од Комисијата и од Мизрахи, но и од поранешниот министер за здравство Фатмир Мезити, дали, како и зошто овие извештаи биле криени. – Дали е точно дека на барање на истражните органи, кои водат постапка за овој случај, овие извештаи не им биле доставени? Ги прашувам директно дали намерно се криеле извештаите за да ме вовлечат и да ме обвинат во скандалот? Откако овие извештаи беа доставени до мене јас ги доставив до Обвинителството и очекувам нормално да бидат земени и анализирани во рамки на постапката која таму се води, и очекувам да биде анализирано како и зошто биле криени, рече Филипче. Извештаите, како што рече претседателот на СДСМ и поранешен министер за здравство, кажа дека ги добил благодарение на чесни вработени во Министерството за здравство. Според Филипче, против него се води политичка хајка. Очекува, како што вели, ВМРО-ДПМНЕ и Рашела Мизрахи итно да излезат и да и се извинат на целата македонска јавност што ја донесоа јавноста во заблуда и го оцрниле неговото име, но исто така очекува обвинителството да се изјасни за овој дел од скандалот. На новинарско прашање, ако во извештаите стоело дека лекови има, а од друга страна пациенти тврделе дека нема терапија за нив, зошто како министер за здравство не се посомневал дека нешто не е во ред, Филипче рече дека во негово време лекови имало „во секој момент за секого и во најтешките ковид времиња“. За тоа дали ќе понесе одговорност откако во јавноста излегоа информации од вештачењата за несоодветно лекување на Клиниката за онкологија, тој покажа на извештаите. – Еве ја мојата одговорност во делот на обврските како министер за здравство во Министерството за здравство, за тоа за што бев обвинуван дека недостасувало, еве сега го прикажувам во јавноста дека не недостасувало и дека го имало редовно тогаш како извештај, како стручни комисии и нема да се мешам или да коментирам никаква работа во делот на обвинителството или во работата сега на стручната работа на лекарите сега. Да почекаме да видиме што ќе излезе од тоа, рече Филипче. На новинарско прашање, не откри дали и претходно имал средба со истражните органи во врска со случајот со Онкологија. Фото: МИА...
ПОЕВТИНИ ГОРИВА ОД ПОЛНОЌ: Цената на бензините се намалува за еден денар, на дизелот за 1,5 и 2 денари за нафтата за домаќинства
Денешен - пред 1 ден
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,86 % во однос на одлуката од 20.01.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,341%, кај дизелот за 3,439%, кај екстра лесното масло се намалуваат за 3,649% и кај мазутот намалување е за 2,054%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8331%. Од 28.1.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 45,631 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 45,631 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 28.1.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени....