28.000 студенти и се „заканија“ на Арсовска со протест, доколку нема решение за автобускиот превоз
Макпрес - пред 5 часа
Универзитетско студентско собрание при УКИМ бара од Арсовска и ЈСП итно нормализирање на јавниот превоз во Скопје Од: Универзитетско студентско собрание при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје До: Данела Арсовска, Градоначалничка на Град Скопје и Јавно сообраќајно претпријатие Скопје- Скопје УЛТИМАТУМ: ИТНО ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА РЕДОВНИ ЛИНИИ, ВРАЌАЊЕ ВО НОРМАЛНА ФУНКЦИЈА НА ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ И ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВИ И ЕФИКАСНИ ТРАНСПОРТНИ РЕШЕНИЈА Почитувани, Г-ѓа Данела Арсовска- Градоначалник на Град Скопје и Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, по спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот. Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз (нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки), која секојдневно го нарушува студенскиот стандард, Ви го доставуваме следниот У Л Т И М А Т У М Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје и градоначалник на град Скопје г-ѓа Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студенскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Универзитетското студентско собрание ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје. Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници. Конкретно, барањата се следните: · Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit; · Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје; · Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница) · Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии; · Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт; Доколку не можете да ги исполните ветувањата дадени во програмата, но и силните барања на граѓаните на вашиот Град, оставката секогаш е отворена опција....
Бројот на кибер-закани се зголемува пред „црниот петок“
Макпрес - пред 5 часа
Кибер-криминалците извршија повеќе од 38 милиони „фишинг напади“ оваа година претставувајќи се како големи компании, банки и технолошки продавници. Украдените податоци од платежните картички активно се продаваат на дарк веб форумите, а цените се движат од 70 до 315 долари, објави компанијата „Касперски“. -Додека купувачите во потрага по најдобри зделки се подготвуваат за „црниот петок“, истражувачите на нашата компанија набљудуваат како кибер-криминалците и измамниците се подготвуваат да го искористат овој интерес и да се обидат да украдат лични информации и пари, како и да шират измама преку измамнички понуди дизајнирани да привлечат клиенти, се наведува во извештајот и се додава дека во периодот од јануари до ноември, решенијата на компанијата блокирале 38.473.274 „фишинг напади“ поврзани со онлајн купувања, платежни системи и банки. Од нив, 44 проценти се однесуваат на користење на банкарски услуги како мамка, што е зголемување за речиси четвртина во однос на истиот период лани. Еден начин е, исто така, измамниците да се претставуваат како големи трговски синџири, на пример „Амазон“ или „Волмарт“, испраќајќи погрешна е-пошта со тврдење дека нудат ексклузивни попусти. Овие мејлови содржат линкови до лажни веб-локации кои изгледаат како вистински, често со суптилни грешки како што се погрешни правописи или малку изменети домени. Жртвите кои се обидуваат да купат нешто на овие сајтови обично завршуваат без пари...
Стојаноски: Министерството за одбрана ќе ги награди припадниците на армијата кои беа вклучени во гаснењето на пожарите
Макпрес - пред 5 часа
„Министерството за одбрана ќе ги награди сите припадници на Армијата кои што беа вклучени во гаснењето на пожарите бидејќи тоа е една хумана дејност која што навистина бара еден поттик од институциите кога во вакви природни непогоди и појави се случуваат и кога се ангажира Армијата истите тие кои што се јавуваат на првата линија да бидат наградени, тоа се случувало во минатото таа пракса и ќе продолжи“, рече Стојаноски денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет. Стојаноски исто така најави дека сите припадници на Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите, и ги истакна средствата кои се предвидени во буџетот за 2025 година. „Од буџетот кои што доаѓа пред нас и за кои што ќе го изгласаме за 2025 година, тоа покачување најверојатно ќе биде од минимум 10%. За модернизација во Министерството за одбрана предвидени се 380% повеќе, за интеграција во НАТО 13% повеќе, за други градежни објекти 177% повеќе, за разни трансфери 157% повеќе што значи дека овој буџет од аспектот на Министерството за одбрана ќе биде историски највисок и за 20% повеќе од тој што е во 2024 година“ рече Стојаноски. Тој нагласи дека буџетот за 2025 година од аспект на Министерството за внатрешни работи буџетот за плати ќе биде повисок за 24,3% повеќе. „За реформи во полицијата за 240% повеќе поради тоа што сакаме да направиме една ефикасна полициска управа која што ќе одговара на потребите на граѓаните, основни плати за стоки и услуги во полиција за 42% повеќе, бидејќи патни и дневни расходи ќе се зголемат, комунални услуги, материјали и тековно одржување“ објасни Стојаноски....
Бојковска: Следува ревизија во Фондот за иновации, СДС финансирале проекти со пари на граѓаните за полнење на нивните џебови
Макпрес - пред 5 часа
„Ве молам во делот на Фонд за иновации и технолошки развој да не ми зборувате за криминали. 3 милиони евра најден криминал во ФИТР, 3 милиони евра најдени проекти коишто сте финансирале со државна помош со пари на граѓаните. За различни видови на вкусна вода, за не знам различни летачки магариња, за рецепт за пица, за хулахопки, за концепт на кафе, за фирми блиски до еден град до вашиот поранешен лидер итн. “ , говореше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска на денешната Комисија за финансии и буџет на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. Бојковска јасно даде до знаење дека во делот на ФИТР ќе следува детална ревизија. Напомена дека Битиќи и самиот знае што се случувало по однос на финансирање на проекти, но посочи дека ќе остави институциите детално да го решат овој случај. „Се согласувам дека во наредниов период институциите ќе имаат многу работа. Така да во делот на ФИТР знаете и многу повеќе и детално што всушност е финансирано таму и надлежните ќе ги отворат овие информации“ , децидна беше Бојковска....
Петрушевски до опозицијата: Нула одговорност, нула резултати – тоа е вашето наследство
Макпрес - пред 5 часа
На денешна Комисија за финансии и буџет на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025, реплика даде и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Петрушевски изрази доза скептицизам кон амандманите, укажувајќи дека кога ваков предлог доаѓа од поранешен носител на функцијата вицепремиер за економски прашања. ,,Ако овој амандман беше предложен од лице кое не било вицепремиер за економски прашања, тогаш неговите намери и аргументи ќе беа искрени и реални. Колку домашни компании досега имаа можност да воведат нови технолошки решенија и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот?“, кажа Петрушевски. Петрушевски додаде, дека ова е клучен фактор за одржлив економски раст, а уште повеќе се истакнува бидејќи таквата практика не е новитет, туку функционира веќе со децении во Македонија. „И мене ме интересира, заради кредибилитетот на поднесувачите на овој амандман, да добијам одговор: Кои беа ефектите од средствата кои досега како држава ги инвестираме, а кои се буџетски средства на граѓаните на Република Македонија? Обврзани сме за нивно рационално трошење,“ изјави Петрушевски. Петрушевски се осврна и на контролата на средствата кои се насочуваат кон Фондот за иновации и технолошки развој. „Неизбежно е да се постави прашањето како поранешниот вицепремиер за економски прашања дозволил да нема соодветен начин на контрола врз трошењето на тие средства, за да дојдеме до ситуација, според ревизорски извештај, преку 60, не шест, туку преку 60 проекти или 3,2 милиони евра буџетски средства да завршат на фиктивни и непостоечки проекти“, истакна Петрушевски. Петрушевски потсети дека задачата на вицепремиерот за економски прашања не е само да организира прес-конференции и да се фали колку средства се обезбедени, туку да обезбеди контролирање на нивното трошење и следење на ефектите од тие инвестиции. „Колку домашни компании имале можност да воведат нови технолошки решенија? Затоа што е клучен фактор за економскиот раст. А сите знаеме колкав беше економскиот раст во изминатиот период“, заклучи Петрушевски....
Велковски: Младите заминуваат од државата заради системот, ВМРО-ДПМНЕ ќе изгради функционален систем
Макпрес - пред 5 часа
„Најгорливо прашање како да се намали трендот на иселување на младите од државата. Јас би тргнал од демографската политика. Демографијата како целина значи голем проблем кој треба да го решаваме, важно е да се воспостави систем на мерки кои ќе значат прво забавување на темпото на ваквата демографија која ја имаме за жал во моментов. Не само Македонија тоа е слика и на Балканот и во Европа, доколку ги погледнеме статистиките“ , изјави заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски на вечерашното гостување на поткастот „ВМРО ДПМНЕ Зборува“. Велковски додаде дека со низа на мерки и активности може да се подобри ситуацијата. Дополнително истакна дека станува збор за прашање кое со заеднички напор со останатите чинители ќе се направи намалување на трендот на иселување на младите од државата. „Меѓутоа со сет на мерки и активности сметам дека може да тргнеме кон подобрување на ваквата ситуација. Ако не се превземат сет на мерки нема да зборуваме за детски градинки, ќе зборуваме претпоставувам за домови за стари лица доколку не превземеме одредени чекори. Затоа сме исправени пред предизвикот да ова прашање го отвориме, го разговараме од сите сфери, заедно со останатите министерства која треба дадат предлози и решенија. Заеднички ќе се вложиме како држава со сет на мерки кои се предвидени во програмата“, дециден беше Велковски. Велковски посочи дека младите не заминуваат од државата заради потребата од средства, туку дека системот е главниот виновник. Истакна дека младите сакаат ред и вреднување на нивниот глас од страна на државата. „Како би ги спречиле младите да не заминуваат од нашата држава? Младите од Македонија не заминуваат заради средства, заминуваат затоа што во државава немаше систем, немаше квалитет на живот. Не сакаат да чекаат за пасош еден месец, младите сакаат систем, ако е законски 15 дена за тоа време и да го добијат документот. Таква е динамиката на животот, младите сакаат ред и мислам дека од главните причини што заминуваат во светот е затоа што има систем се почитува нивниот глас“, додаде Велковски. Велковски ја истакна потребата од градење на систем кој ќе им овозможи на младите да имаат доверба во државата. Да се изгради функционален систем кој младите ќе го препознаат и ќе им даде сигурност да се градат и развиваат во нашата држава. „Треба да го промениме тоа, ќе се направи систем каде ќе се почитуваат сите работи, системот да опстои. Мора да градиме држава на систем, само така Македонија ќе ја видиме успешна и подобра а младите ќе го препознаат тоа и ќе бидат дел од нашата држава“, заклучи Велковски....
УЕФА: Службена победа на Романија против Косово и казни за двете страни
Макпрес - пред 5 часа
Со службен резултат 3:0 за домашната репрезентација. Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска го регистрираше натпреварот од Лигата на нации меѓу Романија и Косово, кој не се доигра на 15 ноември откако косовските фудбалери го напуштија теренот во Букурешт поради скандирање од трибините. Косовските фудбалери се повлекоа во соблекувалната во петтата минута од судиското надополнување при резултат 0:0, додека домашните навивачи скандираа „Косово е Србија“ и „Србија, Србија“. Како што попладнево објави УЕФА, Дисциплинската комисија на раководното тело на европскиот фудбал одлучи да го регистрира натпреварот со резултат 3:0 за Романија, бидејќи играчите на косовската репрезентација го напуштиле теренот и се одговорни за тоа што натпреварот не се играше до крај. Фудбалскиот сојуз на Косово е казнет со 6.000 евра поради недолично однесување на тимот. Воедно, Фудбалскиот сојуз на Романија е казнет со 50.000 евра, како и еден натпревар без присуство на домашна публика поради расистичко или дискриминаторско однесување на навивачите, истакнување провокативни политички пароли, фрлање предмети на теренот и палење факели. Романската страна е казнета и затоа што навивачите користеле ласер, ги блокирале приодите и се однесувале недолично при интонирањето на националните химни....
Второ реми на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони
Макпрес - пред 5 часа
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ремизираа вечера во Битола во дуелот со данскиот тим Фредериција, одигрувајќи 29-29 во рамки на 8 коло во групата А во Лигата на шампиони. Со вечерашното реми и четвртиот освоен бод, актуелниот македонскиот првак остана на шестото место на табелата кое носи пласман во нокаут фазата во елитното клупско натпреварување. Еурофарм Пелистер од самиот почеток на дуелот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола беше во резултатска негатива која на полувремето изнесуваше 13-16, но многу поангажирано го отвори вториот дел и откако во 45 минута го израмни резултатот (22-22), две минути подоцна капитенот Филип Кузмановски му донесе и прво водство на битолскиот тим (24-23). Натпреварот влезе резултатски израмнет во последната минута (29-29), но Еурофарм Пелистер не успеа да го реализира завршниот напад и со тоа втор пат за три недели да го совлада данскиот вицепрвак. Богдан Радивојевиќ со седум и Кузмановски со пет голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер, додека голманот Никола Митревски запиша пет одбрани. Во следното 9 коло ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе му гостуваат на лидерот на табелата Веспрем на 28 оовој месец....
Форбс: Реал останува највреден фудбалски клуб во светот
Макпрес - пред 5 часа
Мадридски Реал трета година по ред ја предводи листата на највредни фудбалски екипи во светски рамки, покажува истражувањето на специјализираниот финансиски магазин Форбс. Според Форбс, вредноста на актуелниот европски првак се проценува на 6,6 милијарди долари. Веднаш зад Реал е Манчестер јунајтед чија вредност порасна на 6,5 милијарди долари, откако британскиот милијардер Џим Ретклиф годинава стана малцински член на хартиите од вредност на клубот, поради продажбата на делови од акциите на американското семејство Глејзер. Ретклиф треба да преземе 28,9% од сопственоста на клубот од Манчестер до крајот на тековната календарска година. На листата на Форбс следуваат Барселона (5,6 милијарди долари), Ливерпул (5,4 милијарди долари), Манчестер Сити (5,1 милијарди долари), Баерн Минхен (5 милијарди долари), ПСЖ (4,4 милијарди долари), Тотенхем (3, 2 милијарди долари), Челзи (3,1 милијарди долари) и Арсенал (2,6 милијарди долари)....
Претседателот на Претставничкиот дом: Женските и машките тоалети во Капитол ќе се користат за полот за кој се наменети
Макпрес - пред 5 часа
Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Мајкл Џонсон денеска изјави дека сите женски и машки тоалети во Капитол ќе се користат само по полот за кој се наменети. Конгресменката од републиканците Ненси Мејс предложи тоа да биде услов откако пред неколку недели беше избрана првата трансродова членка на Претставничкиот дом, демократката Сара Мекбрајд (34). „Важно е да се напомене дека канцеларијата на секој конгресмен има свој тоалет, а одделни машки и женски тоалети се достапни низ целиот Капитол“, рече Џонсон. Претходно оваа недела, претставничката Ненси Мејс, верен сојузник на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, предложи резолуција со која ќе им се забрани на трансродовите жени да користат женски тоалети во Капитол....
САД: Доживотен затвор за мигрант за убиство на американска студентка, Трамп често го споменуваше
Макпрес - пред 5 часа
Мигрант од Венецуела е осуден во сојузната држава Џорџија на доживотен затвор без можност за условно ослободување за убиството на студентката Лејкен Рајли, случај што новоизбраниот претседател Доналд Трамп го споменуваше за време на кампањата ветувајќи крај на илегалната имиграција. Хозе Ибара, нелегален имигрант од Венецуела, од судија во Атина, Џорџија беше осуден поради убиството кое го извршил на 22 февруари 2024 година, кога Рајли, студентка во школо за медицински сестри во универзитотот Аугуста, џогирала околу кварталот апартмани каде недалеку живеел и Ибара. Додека трчала, таа била пресретната од Ибара (26) кој ја грабнал во шумата и потоа со камен ја удрил во главата. Пресудата за убиство и други кривични дела доаѓа по повеќемесачната антиимигрантска кампања на избраниот претседател Доналд Трамп дека од Јужна Америка во САД доаѓаат „илјадници силувачи и убијци“. Иако случајот на Ибара е еден од ретките, напливот на имигранти на јужната граница стана проблем во САД во текот на владеењето на актуелниот претседател Џо Бајден а по релаксирањето на правилата за добивање азил кога тој дојде на власт во 2020 година....
Во Белорусија повеќе од 1.600 луѓе се уапсени поради нивните антивоени ставови и поддршка за Украина
Макпрес - пред 5 часа
Повеќе од 1.600 луѓе се уапсени во Белорусија поради нивната солидарност со Украина, објавија денеска активисти за човекови права. Најмалку 1.671 граѓанин на Белорусија се приведени поради нивниот антивоен став или за изразување солидарност со Украина, а најмалку 200 од нив се осудени на затворски казни од една до 25 години, под обвинение за екстремизам и заговор против држава, се вели во извештајот на Центарот за човекови права – „Весна“ (Пролет). Покрај апсењата, осудите и затворските казни, во извештајот се наведува дека многумина биле мачени, држени во нехумани услови и парично казнети. Некои беа подложени на принуден психијатриски третман. Најмалку 12 Украинци во Белорусија се осудени и осудени на затворски казни под обвинение за екстремизам и наводни врски со украинските безбедносни агенции, изјави украинскиот дипломат и поранешен амбасадор во Белорусија Игор Кизим. Белорусија има 1.084 километри граница со Украина, а двете земји имаат долгогодишни културни и историски врски. Многумина на југот на Белорусија имаат роднини преку границата. Белоруските власти го засилија притисокот врз дисидентите пред претседателските избори во јануари, на кои Лукашенко сака да обезбеди седми мандат. Министерството за внатрешни работи вчера почна со вежби против немири, сигнал од владата дека нема да толерира протести. Повеќе од 65.000 луѓе беа уапсени на масовните протести во 2020 година кога ја оспоруваа победата на Лукашенко на претседателските избори. Главните опозиционери или се затворени или ја напуштиле земјата. Активистите за човекови права тврдат дека Белорусија држи околу 1.300 политички затвореници...
Николоски на средба со ЕБОР: Владата е решителна да ги заврши проектите во патната и железничката инфраструктура
Макпрес - пред 5 часа
Поддршката за капиталните проекти и унапредувањето на инфраструктурата, беа теми на разговор на денешната средба на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски со делегација од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) предводена од Матео Колањели, регионален директор на Банката за Западен Балкан. На средбата, информираат од Министерство за транспорт, се разговараше за финансиската поддршка за реализација на капиталните проекти со посебен фокус на изградба на автопатот Скопје - Блаце, изградба на брза пруга на Коридорот 10 како и доизградба на пругата на Коридорот 8. Николоски ја потенцираше решителноста на Владата за реализација на овие проекти и нагласи дека е од големо значење вклученоста на ЕБОР во подобрување и рационализација на проектите на ниво на изводливост, со цел утврдување на најсоодветните варијанти за нивна изградба. На средбата, исто така, се разговараше и за динамиката за изградба на проектите, при што Николоски истакна дека во периодот што следи, Владата ќе ги забрза постапките за реализација. -Денешната средба со ЕБОР беше конструктивна и во насока на изнаоѓање заеднички решенија се со цел да изградиме квалитетен автопат, притоа тој да биде со реални цени, а не како што било планирано претходно и секако да нема штета по буџетот и граѓаните. Работната група работи на изнаоѓање на нова траса и очекувам во скоро време да имаме нова поевтина траса од претходно понудената, истакна Николоски по средбата. Додаде дека земјава е силно посветена на регионалното поврзување и економскиот развој и во таа насока има силна волја во завршување на крупните инфраструктурни проекти...
Бајден стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД, наполни 82 години
Макпрес - пред 5 часа
Американскиот претседател Џо Бајден денеска наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД. Бајден денеска немал јавни должности. Тој се врати во вторникот вечерта од патувањето во Јужна Америка, каде што учествуваше и на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро. Семејството, пријателите и колегите, вклучително и првата дама Џил Бајден и поранешниот американски претседател Барак Обама, му го честитаа роденденот на Бајден на социјалните мрежи....
Ристовски и Мукаетов им посакаа успех на македонските ракометарки на ЕП
Макпрес - пред 5 часа
Министерот за спорт Борко Ристовски и претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) Живко Мукаетов денеска ги посетија македонските репрезентативки кои предводени од селекторот Кристијан Грчевски се подготвуваат во Скопје за претстојното Европско првенство. На заедничката средба, Ристовски и Мукаетов им посакаа успешен настап на македонските ракометарки на Европското првенство кое од 28 ноември до 15 декември ќе се одржи во Швајцарија, Австрија и Унгарија. За македонските ракометарки ова ќе биде седмо учество на завршниот континентален турнир. Избраничките на Грчевски се дел од групата А во рамки на која во Дебрецин ќе играат против Шведска, Турција и Унгарија....
Британски медиуми: Украина истрела британски проектили со голем дострел врз цели во Русија
Макпрес - пред 5 часа
Украина за првпат истрела проектили „Сторм шедоу“ доставени од Велика Британија кон Русија, објавија денеска британските медиуми. Потегот на украинските сили е откако Киев доби зелено светло од Лондон за употреба на тој вид оружје. Неколку проектили биле лансирани против најмалку една руска воена цел, објави Фајненшл тајмс, цитирајќи неименуван западен претставник. Тајмс соопшти дека владини извори ја потврдиле употребата на ракетите со голем дострел за првпат. Во извештајот, цитирајќи руски канали, се вели дека 12 од проектилите биле истрелани во Курск, пограничен регион делумно под контрола на украинските сили, денеска попладне. Гардијан објави дека Велика Британија и дала дозвола на Украина да ги користи ракетите во Русија како одговор на распоредувањето на севернокорејските трупи на границата. Радиодифузерите Скај Њуз и Би-Би-Си, исто така, јавија за употреба на ракетите. Кабинетот на премиерот Кир Стармер во Даунинг стрит и Министерството за одбрана одбија да ги потврдат извештаите кога беа контактирани од локални и странски медиуми. Запрашан денеска во парламентот за извештаите, секретарот за одбрана Џон Хили рече дека „не може да навлегува во други оперативни детали“. Тој развој на настаните се случува откако Украина почна да користи ракети со голем дострел ATACMS што ги доби од САД, а за чие користење неодамна доби дозвола од американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден, да гаѓа цели во Русија. Во меѓувреме, Бајден одобри САД да испратат нагазни мини во Украина, за што известуваат и светските медиуми. САД го засилија испраќањето воена помош за Украина за да го забават постојаниот напредок на руските сили на бојното поле. Војната во Украина започна во февруари 2022 година, со инвазијата на таа земја од страна на руските трупи. Русија сега контролира околу 17 отсто од територијата на Украина...
Запленети две вили во Тирана во сопственост на сопругата на Илир Мета, Моника Круемади и нејзината мајка
Макпрес - пред 5 часа
По барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, а по налог на Специјалниот суд, запленети дел од имот во сопственост на сопругата на Илир Мета, Моника Круемади и нејзината мајка Фатиме Круемади. -Специјалниот суд за борба против организиран криминал и корупција денеска одлучи да заплени дел од имотот на пратеничката Моника Круемади и нејзината мајка Фатима Круемади. Станува збор за две вили во местото „Селита“ во Тирана, со површина од 898 квадратни метри, двете со површина од по 449 квадратни метри, објави судот. Се додава дека по спроведувањето на налогот на Специјалниот суд, од страна на судската полиција запленетиот имот е ставен во регистрите на Државната агенција за катастар, за што се известени и сопствениците на имотот. Мета и Круемади, кои се во процес на развод, се обвинети од СПАК дека при вршење на должноста во минатото биле вмешани во корупција, перење пари и непријавување имот. Во една прилика Мета изјава рече дека тој нема никаков имот и оти дека се е на име на Моника, а по од првото пријавување во СПАК тој поднесе барање за развод, по што престојуваше во просториите на неговата Партија на слободата. По налог на СПАК, Мета беше уапсен на 21 минатиот месец. Два дена подоцна му беше изречена мерка затворски притвор. Вчера Специјалниот апелациски суд му го отфрли барањето за поблага мерка и тој остана во затворот „313“ во Тирана, кој се смета за затвор со висока безбедност. Судот го отфрли и барањето на Круемади, на која, поради здравствени причини, судот и има изречено мерка „обврска за јавување“...
Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за Законот за данок на солидарност
Макпрес - пред 5 часа
Уставниот суд на денешната седница донел одлука да поведе постапка за оценување на уставноста на Законот за данок за солидарност.Судот изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото. Според дискусијата и аргументите во оваа насока со донесувањето на Законот нарушена е правната сигурност на компаниите кои оствариле профит над 615 000 000 денари во 2022 година, со тоа што во септември 2023 година е донесен закон кој им наложува задолжителен вонреден данок на солидарност на веќе одданочениот профит од претходната година. Во расправата уставните судии изразија сомнеж дека станува збор за Закон кој произведува повратно дејство, што е во спротивност со членот 52 од Уставот. Судот го имаше во предвид фактот дека ретроактивноста и нејзиниот исклучок е дозволен само кога станува збор за тековни постапки, но во случајот засегнатите субјекти ги окончале односите со плаќањето на данок во 2022 година. Судот во оваа фаза оценува дека со донесувањето на таков вид на данок, компаниите се ставени во нееднаква положба и дека Законодавецот направил упад во уставно загарантирано право на сопственост,како и упад во слободата на пазарот и претприемништвото. Иако Законодавецот во јавноста презентирал дека спорниот Закон се носи за да се усогласи со Регулатива 2022 на ЕУ, Уставниот суд, изразува сомнеж дали станува збор за усогласување, бидејќи ЕУ регулативата се однесува на вонредно одданочување на компании од енергетскиот сектор, кои оствариле значително зголемен приход како резултат на кризата, што не може да се спореди со субјектите кои се опфатени во Законот за данок на солидарност во Република Северна Македонија, бидејќи во законското уредување е предвиден критериум, а тоа е 615 000 000 денари, без оглед на тоа со каква дејност тој профит бил остварен. Кога станува збор за аргументот на солидарноста, Законодавецот напоменува дека овој данок се плаќа во услови на непредвидлкиви и неповолни економски околности и е заснован на принципите на правичност, еднаквост и пропорционалност, според кој секој е должен да учествува во намирувањето на јавните расходи, согласно своите економски можности. Во расправата одредени уставни судии изразија сомнеж во овие аргументи на Законодавецот, со оглед на фактот дека суштината на солидарноста е да се подели товарот од сите, пропорционално, правично, а не селективно само на одредени субјекти, што може да води кон дискриминација. Во расправата беше посочено дека законодавецот не ја почитувал и уставната обврска за vacatio legis, односно пропуштил да даде аргументи и образложение за исклучокот од овој уставен принцип кој го применил во конкретниот закон. На ова Решение за поведување на постапка, судијата Добрила Кацарска најави издвоено мислење. По одржување на седницата, претседателот на Судот Дарко Костадиновски одржа брифинг со новинарите, на којшто истакна дека сега следува втората фаза на постапката, испитување на уставноста. -На следната седница треба да го утврдиме нацртот на решението кое го донесовме денеска и потоа се обраќаме до доносителите на Законот за да дадат свое мислење. Што се однесува до одлуката, се знае кои се можностите и тие се утврдени со нашиот Акт, Судот може да укине, да поништи акт или во специфични ситуации да ја запре постапката. Не би сакал и неможам да прејудицирам ништо, сепак станува збор за одлука која ќе ја носат сите судии, рече тој. На прашањето која опција е поверојатна, дали укинување или поништување и кои ќе бидат ефектите, Костадиновски кажа дека кога станува збор за укинување, значи дека во иднина не може да да се примени ниту донесе идентичен закон, додека поништувањето подразбира да се поништат последиците кои настанале од укинатиот закон, односно поништувачката одлука значи како таков закон да не ни постоел. На прашањето кога би можело да се очекува одлука, претседателот Костадиновски објаснувајќи ги процедурите во постапката изрази мислење дека тоа би можело да биде на почетокот на следната година...
Трамп го избра Мет Витакер за американски амбасадор во НАТО
Макпрес - пред 5 часа
Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го избра Мет Витакер за нов американски амбасадор во НАТО. Витакер беше вршител на должноста јавен обвинител за време на првиот мандат на Доналд Трамп. „Мет е силен воин и лојален патриот, кој ќе се погрижи интересите на САД да се унапредат и бранат“. „Мет ќе ги зајакне односите со нашите сојузници во НАТО и ќе застане цврсто пред заканите за мирот и стабилноста - тој ќе ја стави Америка на прво место“, нагласи Трамп во соопштение....
Европската обвинителка од Хрватска поради случајот Берош-Петрач побара заштита
Макпрес - пред 5 часа
Европската обвинителка од Хрватска во Канцеларијата на европскиот јавен обвинител (ЕППО) Тамара Лаптош побарала заштита од ЕППО. Нејзиното барање за заштита е поврзано со случајот Берош-Петрач. УСКОК на 15 ноември ги уапси сега веќе поранешниот министер за здравство Вили Берош, шефот на загрепската Клиника за неврологија и член на управниот одбор на загрепска поликлиника, Крешимир Ротим и претприемачот Сашо Поздер под сомнение за корупција. ЕППО поведе истрага против Берош и уште седум лица....
Британската војска повлекува застарени бродови, хеликоптери и беспилотни летала
Макпрес - пред 5 часа
Британската војска повлекува пет застарени воени бродови, како и десетина хеликоптери и десетици беспилотни летала како дел од програмата за мерки за заштеда и намалување на трошоците, објави денеска министерот за одбрана Џон Хили. Тој им порача на пратениците дека овие мерки може да доведат до заштеда од половина милијарда фунти во следните пет години, објави денеска „Политико“. Целта на овие мерки е да се олеснат „финансиските притисоци“, иако Хили додаде дека ОК останува посветена на исполнување на целта за трошење 2,5 отсто од БДП за одбрана. Тој посочи дека повлекувањето на застарената опрема е неопходно бидејќи Британија се свртува кон транзиција кон нови капацитети за да ги подготви своите вооружени сили за иднината....
Бразил и Кина потпишаа 37 договори поврзани со иницијативата „Појас и пат“
Макпрес - пред 5 часа
Бразил и Кина денеска потпишаа 37 договори во областа на земјоделството, технолошката соработка, трговијата, инвестициите, инфраструктурата, енергетиката, рударството, како и други, кои се поврзани со кинеската иницијатива „Појас и пат“, соопшти денеска бразилското претседателство. Договорите ги потпишаа претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва и претседателот на Кина, Си Џинпинг, за време на денешната државна посета на Си на Бразил. Тие потпишаа протоколи поврзани со „синергија“ поврзана со кинеската иницијатива „Појас и пат“, на која бразилското претседателство минатиот месец објави дека Бразил нема да се приклучи....
Вердер се одјави од Икс поради Илон Маск
Макпрес - пред 5 часа
Германскиот фудбалски клуб Вердер објави денеска дека се повлекува од социјалната мрежа Икс поради „изливи на омраза“, кои како што наведе, се зголемиле откако платформата ја презеде американскиот милијардер Илон Маск. „Откако Илон Маск ја презеде платформата, под превезот на слободата на изразување, на неа значително се зголеми бројот на пораки со омраза насочени кон малцинствата, ултрадесничарски пораки и теории на заговор. Радикализацијата на платформата ја предводи лично Илон Маск со своите најави. Речиси ништо повеќе не е забрането на таа платформа, алгоритмите и контролата се апсолутно зли. Исто така, Илон Маск ја користи оваа мрежа како политичко оружје, што се виде и на неодамнешните претседателски избори во САД“, објави Вердер. Клубот од Бремен ги повика своите 600.000 следбеници да се претплатат на социјалната мрежа Bluesky, каде отсега ќе објавуваат пораки. Вердер е вториот германски прволигаш кој ја напушти социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, откако минатата недела истото го направи и Сент Паули....
НОМАГАС го затвори тендерот за избор на изведувач за гасоводот со Грција
Макпрес - пред 5 часа
НОМАГАС АД Скопје денеска го затвори тендерот за избор на изведувач на градежни работи за изградба на гасоводната интерконекција со Грција откако истече крајниот рок за прием на понудите. На тендерот се јавија пет компании од кои една е домашна, две се италијански компании и по една српска и турска. -Тендерската постапка беше отворена, а компанијата која ќе биде избрана ќе има рок од две години за изградба на македонскиот дел од интерконекторот, во должина од 67 километри. Се очекува до крајот на годината да биде финализиран изборот, како и потпишувањето на потребните договори, со компанијата која ќе ги изведува градежните работи, со што, според очекувањата, изградбата ќе започне напролет, посочуваат од НОМАГАС. Средствата за изградба на интерконекторот се обезбедени преку кредити и грантови од меѓународни финансиски институции, меѓу кои 28,9 милиони евра од Европската инвестициска банка, 44 милиони евра Европската банка за обнова и развој, 9,9 милиони евра инвестициски грант преку ВБИФ, како и 100 проценти грант за техничка помош преку програмата ВБИФ за надзор, инспекциско тело и административна помош за НОМАГАС АД Скопје. -Проектот е еден од најзначајните инфраструктурни зафати во енергетскиот сектор, како во државата, така и во регионот, кој треба да обезбеди алтернативен извор на природен гас и диверзификација на снабдувањето. Гасоводот ќе овозможи не само транспорт на природен гас, туку и водород, со што ќе се придонесе кон транзицијата кон зелена енергија и исполнување на европските стандарди, велат од НОМАГАС....
Игор Ѓоргоски е нов началник на униформираната полиција во СВР Велес
Макпрес - пред 5 часа
Игор Ѓоргоски е нов началник на униформираната полиција во СВР Велес, информира попладне портпаролот на велешката полиција, Биљана Ѓаковска. Тој доаѓа на местото на Енис Тутуќ, досегашен началник на униформираната полиција во СВР Велес. Ѓоргоски својата кариера ја започнал во Армијата во 2001 година како професионален војник во 3-тиот баталјон на ВВ и ПВО, каде во 2003 година се стекнал со чин водник-командир на ракетно одделение Стрела 10 М-заменик командир на вод. Во 2005 година со преземање од АРМ во МВР бил распореден како полицаец во ПС за ОДГ Богородица, а од 2012 година бил распореден во СВР Велес, ПС ОН Велес како дежурен и извршувал работни задачи како лице за прифат-сменоводител. Во 2014 година кариерата ја продолжил како виш инспектор во оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал до крајот на 2015 година кога бил распореден на работно место заменик командир во ПС ОН Велес.Од 2019 година е заменик командир во ПС за БПС при СВР Велес, од каде сега ја превзема фунцијата началник на одделение на полиција при СВР Велес...
Премиерот на Словачка Роберт Фицо во посета на Србија
Макпрес - пред 5 часа
Премиерот на Словачка Роберт Фицо ќе престојува во официјална посета на Србија, при што ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Фицо и Вучиќ по заедничката средба, ќе ги водат пленарните состаноци на делегациите на двете држави. Предвидени се и изјави за медиумите, по што ќе се одржи тркалезна маса „Србија-Словачка“ на која ќе присуствуваат Вучиќ и Фицо....
Словачка планира да распише тендер за изградба на нова нуклеарна централа во средината на 2025 година
Макпрес - пред 5 часа
Словачка планира кон средината на 2025 година да распише тендер за изградба на нова нуклеарна централа со цел да ја задоволи растечката потрошувачка на електрична енергија со изградба на нови капацитети, соопшти денеска словачкото Министерство за економија. Во соопштението се наведува дека новата нуклеарна централа ќе има моќност од околу 1.700 мегавати (MW). Се нагласува дека победникот на тендерот ќе биде објавен во април 2027 година, а изградбата би можела да започне во 2032 година. Пробната работа на нуклеарната централа е планирана за 2038 година, а целосната работа во 2040 година. Се проценува дека трошоците би можеле да изнесуваат околу 10 милијарди евра....
Двајца 18 годишни средношколци приведени поради напад врз ученик од истото училиште
Макпрес - пред 5 часа
СВР Тетово информира дека попладнево приведени се двајца средношколци на 18 години поради напад врз ученик од истото училиште. Нападнатиот ученик е малолетен, а поради повредите бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош. -Денеска (20 ноември) во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир. Веднаш е постапено по пријавата и утврдено е дека повеќе ученици во училиштето физички нападнале малолетник од с.Селце, ученик во истото средно училиште, кој поради здобиените повреди бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош, додека полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца од учесниците во нападот и тоа Е.Б.(18) и Л.Ц.(18) двајцата од с.Мала Речица, ученици во истото училиште, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот....
Во Турција запленети околу 3,2 милиони таблети Каптагон
Макпрес - пред 5 часа
Околу 3,2 милиони таблети Каптагон се запленети во јужна Турција на границата со Сирија, соопшти турската полиција. Сирија важи за главен производител на дрогата Каптагон од групата амфетамини (фенетилин). Полиција не прецизира дали запленетата дрога била намената за турскиот наркопазар. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека во првите девет месеци од годината во Турција запленети се 9,9 милиони таблети Каптагон. Тој додаде дека во истиот период запленети се и 25 тони метамфетамини....
Мојсова-Чепишевска: Во стиховите на Петре М. Андреевски се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината
Макпрес - пред 6 часа
Петре М. Андреевски внесе нов бран во македонската книжевност. Неговата збирка „Дениција“ се смета за „златна книга“ на модернизмот и за химна на љубовта. Во неговите стихови се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината. Тој вели „кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“. Тој успева многу суптилно, преку портретот на саканата, да го даде и пејсажот на татковината, изјави универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска. Со настанот „Песна за неговата песна“, денеска Културно информативниот центар – Скопје ја одбележа деведесетгодишнината од раѓањето на македонскиот класик Петре М. Андреевски. Пред почетокот на настанот, Мојсова-Чепишевска за МИА изјави дека токму Петре М. Андреевски бил главната тема на нејзината докторска дисертација, а фокусот на денешниот разговор се поетските слики кои Петре М Андреевски ги остава како аманет. Таа е авторка на првата книга за неговата поезија, „Лицето на зборовите“, објавена пред точно дваесет години. -Ова е настан по повод 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски. Јас премногу добро го познавам творештвото на Петре М. Андреевски, бидејќи тој беше мојата главна тема на докторската дисертација. Докторирав на неговото поетско творештво и потоа излезе една книга која што годинава одбележува 20 години, насловена „Лицето на зборовите“. Ние денеска сакаме преку разговор да видиме кое е тоа лице на зборови, односно кои се тие поетски слики кои ги остава Петре М. Андреевски како аманет, додаде Мојсова-Чепишевска. Мојсова-Чепишевска за МИА: Во стиховите на Петре М. Андреевски се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината Според Мојсова-Чепишевска, Петре М. Андреевски внесе еден нов бран во македонската книжевност. На пример, како што подвлече, неговата збирка „Дениција“ која излезе во 1968 година, се смета дека е „златна книга на модернизмот“ и дека е химна на љубовта. -Мислам дека многу поети пишуваат на темата љубов, меѓутоа никој така не ја опеал љубовта, како збирката „Дениција“ на Петре М Андреевски. Петре е и извонреден раскажувач. Тој ги понел сите таленти од своите баби и од дедо, но најмногу од своите баби и успева да создаде прозно творештво насловено „Пиреј“. Мислам дека секој од нас во својата библиотека, но и во својата меморија, треба да ги има „Дениција“ и „Пиреј“, рече Мојсова-Чепишевска. Таа потсети и на неговото творештво за деца „Касни, порасни“ - лектира за второ одделение. -Во неговите стихови се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината. Тој вели „кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата македонска држава“. Тоа не е патриотизам низ флоскули, туку патриотизам кој што бие во градите. Тој успева многу суптилно, преку портретот на саканата, да го даде и пејсажот на татковината, појасни Мојсова-Чепишевска. Во централниот дел на настанот, универзитетската професорка Мојсова-Чепишевска даде осврт на поетското творештво на Андреевски. Во разговорот, Мојсова-Чепишевска заедно со писателот Иван Антоновски ја препрочитаа поезијата на Петре М. Андреевски и дадоа ново согледување на некои аспекти што досега не беа афирмирани пред пошироката јавност. Мојсова-Чепишевска за МИА: Во стиховите на Петре М. Андреевски се прелева љубовта кон жената и љубовта кон татковината Делови од творештвото на Андреевски одекнаа со актерска изведба на Димитрина Мицкоска-Трајкоска, а пред присутните беа прикажани и архивски видео материјали на коишто говори самиот Андреевски. Петре М. Андреевски се вбројува меѓу најдаровитите и најпопуларните македонски поети и раскажувачи на XX век, а се има пројавено и како драмски автор и есеист. Покрај најпопуларните – поетската книга „Дениција“ (1968) и романот „Пиреј“ (1980), меѓу позначајните негови дела се вбројуваат и поетските: „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999), збирката раскази „Сите лица на смртта“ (1994) и романите „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997) и „Тунел“ (2003). Автор е и на култната книга за деца „Касни – порасни“....
Универзитетoт во Белград: Да се повлечат измените на Законот за високо образование од собраниска процедура
Макпрес - пред 6 часа
Универзитетот во Белград изрази длабока загриженост во врска со најавените законски, организациски и системски промени во областа на високото образование и најави дека инсистира пред нивно можно спроведување да се спроведе широка стручна и јавна дискусија, за да се избегнат, како што наведуваат, далекусежни негативни последици за домашните високообразовни институции, но и за целото општество. Додаваат дека доколку не им бидат прифатени барањата ќе бидат принудени да преземат соодветни мерки кои меѓу другото може да опфатат и привремен прекин на работата. „На овој начин не само што се девалвира работата на Националното тело за акредитација и обезбедување на квалитет во високото образование, туку и сите универзитети во Србија (и државни и приватни) се ставени во изразито нерамноправна положба. Не треба да се занемари дека трошоците за акредитација се многу високи, така што секој циклус на акредитација претставува тежок удар за буџетите на факултетот“, се вели во соопштението потпишано од ректорот на БУ Владан Ѓокиќ. Од Универзитетот сметаат дека предложената измена на Законот за високо образование треба да се повлече од собраниска процедура, бидејќи нејзиното донесување и спроведување би ги урнало темелите на националниот систем на високо образование. Најавеното субвенционирање на странски универзитети - ослободување од процесот за акредитација во Србија, како и субвенционирањето на студентите, за разлика од долгогодишното недоволно инвестирање во високото образование, се примери, како што наведуваат, за дискриминаторски третман што повикува на ја доведуваат во прашање уставноста на предложените амандмани, но е и потенцијален генератор на класни и социјални нееднаквости во општеството....
Не само ЈСП, и Комунална Хигиена има проблем со нафта, дел од камионите не собираат смет
Макпрес - пред 6 часа
Проблемот со јавниот градски превоз во Скопје и малиот број на автобуси кои сообраќаат низ градот е поради недостигот на гориво. Нема дистрибуција на нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг, вели за МИА Миќо Стојановски од ССМ ЈСП Скопје. -Причина за тоа е меѓусебниот однос меѓу градоначалничката Данела Арсовска, претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески и Советот на Град Скопје и одлуките кои ги носат. Имаше најава од Град Скопје дека ќе се нормализира дотурот на нафта за ЈСП, но тоа не се случува. Проблеми со нафта има и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје поради што само дел од камионите собираат смет. Затоа сите синдикати на јавните градски претпријатија планираме од понеделник да одржиме заеднички состанок на кој ќе одлучиме какви мерки ќе преземеме, изјави Стојановски за МИА....
Лабина Митевска добитник на Еуримаж награда за меѓународни копродукции
Макпрес - пред 6 часа
Македонската продуцентка и актерка Лабина Митевска е добитник на годинашната Еуримаж награда за меѓународни копродукции од „Еуримаж“ и Европската филмска академија. Лабина Митевска е еден од основачите на семејната продуцентска куќа „Сестри и брат Митевски“ од Скопје. Оваа награда, според жирито, ѝ се доделува на Лабина Митевска како почит кон дарбата на една семејна продукција, страстно посветена на европската кинематографија. - Се наградува мајсторската изработка на високо квалитетна кинематографија постигната преку бројни извонредни меѓународни копродукции кои се гордост на фондот Еуримаж, се вели во соопштението. Еуримаж наградата за меѓународни копродукции ја доделува Европската филмска академија во соработка со „Еуримаж“ заедно со фондот за поддршка на културата на Советот на Европа. Наградата, како што се наведува, ја потврдува клучната улога на копродукциите во зајакнувањето на меѓународната размена и претставува награда од национален интерес за македонската кинематографија. - Да се добие оваа награда е потврда на повеќегодишниот, повеќедеценискиот труд на највисоко професионално ниво. Ова е доказ за изградената врвна репутација на Лабина Митевска како бескомпромисен борец за филмската уметност, за почитта која ја ужива од колегите во Европа, без дамка во својата кариера и пример за професионалност и посветеност. Наградата се доделува од најистакнатите и најзначајните филмски асоцијации во Европа и воедно се награда и за македонската кинематографија, изјавија од продукцијата Од продукцијата посочуваат дека копродукциите се неминовност за филмската продукција во Европа и Лабина во својата забележителна продуцентска кариера има остварено успешна соработка со доверливи соработници од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Франција, Белгија, Германија, Шведска, Данска, Турција, Романија. Потенцираат дека речиси сите филмски проекти на кои има работено и како мнозински и како малцински копродуцент се избрани во селекциите на трите најголеми филмски фестивали Берлин, Венеција, и Кан и се наградувани и прикажувани ширум светот. - Нека светлината на оваа награда биде патоказ во овие мачни времиња низ кои проаѓаат филмските професионалци во Македонија и потврда дека со чесност, посветеност, одговорност и многу многу труд сѐ е можно. Оваа награда е уверение дека и припаѓаме на Европа кога работиме европски, изјави Лабина Митевска Лабина Митевска ќе биде почесен гостин на гала приемот на 37. Европски филмски награди на 7 декември во Луцерн, каде лично ќе ја прими доделената награда. Церемонијата на Европските филмски награди е овозможена од Европската филмска академија и Европски филмски награди Продукција гГмбХ. Сестрите и братот Лабина, Теона и Вук успешно ја почнаа работата на нивната продуцентска куќа во 2001 година. Лабина е високо почитувана актерка од балканскиот регион, која ја започнува својата кариера во „Пред дождот“(1994) на Милчо Манчевски, награден со „Златен лав“ во Венеција и номиниран за Оскар. Лабина е извршен директор на продукцијата, нејзината сестра Теона е режисер и нивниот брат Вук, сликар и скулптор, работи како сет дизајнер и автор на анимации. Филмовите на „Сестри и брат Митевски“ продукција го вклучуваат нивниот прв филм „Вета“ (2001), краткометражен филм кој ја доби Специјалната награда на жирито на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, проследено со „Како убив светец“ (2004), нивниот прв игран филм, кој имаше премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам и освои бројни други награди вклучувајќи ја и главната награда за игран филм на Кросинг Јуроп (Crossing Europe) филмскиот фестивал во Линц, Австрија. „Јас сум од Титов Велес“ (2007) беше поканет на Берлинскиот филмски фестивал, Сараевскиот филмски фестивал, Торонто филмскиот фестивал, Пусан фестивалот како и селекцијата АСИД (ACID) на Канскиот фестивал и на уште 80 други фестивали. Беше дистрибуиран во 15 земји и освои над 20 награди. „Жената која ги избриша своите солзи“ (2012) со Викторија Абрил ја имаше својата премиера на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал и беше прикажан на уште 40 други фестивали. „Кога денот немаше име“ (2017) исто така имаше премиера во Берлин, како и „Господ постои името и е Петрунија“ (2019), каде ја доби наградата на Екуменското жири, која се дополни со други 30 меѓународни награди – вклучувајќи ја и ЛУКС (LUX), наградата на публиката на Европскиот Парламент во 2019. „Најсреќниот човек на светот“ (2022) ја имаше својата премиера на Венецијанскиот филмски фестивал, како и во Торонто филмски фестивал и освои една дузина награди. „Дваесет и еден до крајот на светот“ (2023) е најновиот филм на продуцентската куќа, кој имаше премиера исто во Венеција. Оваа година Лабина Митевска работи на „Скејтањето не е за девојчиња“ (2024) на Дина Дума, кој беше развиван на Канскиот Синефондасион (Cannes Cinéfondation) и „Мајка“(2024), со Нооми Рапас (Noomi Rapace), најновиот филм на нејзината сестра Теона Стругар Митевска. Лабина Митевска има продуцирано девет филмови со поддршка на Еуримаж, од кои шест се како мнозински продуцент: „Јас сум од Титов Велес“, „Жената која ги избриша своите солзи“, „Кога денот немаше име“, „Господ постои името и е Петрунија“, „Најсреќниот човек на светот“ и „Скејтањето не е за девојчиња“. Како малцински копродуцент беше вклучена во следниве филмови поддржани од Еуримаж: „Сиераневада“ од Кристи Пују, „Дивата круша“ од Нури Билге Џејлан и „Празникот на трудот“ на Пјер Жалица. Лабина Митевска е членка на Европската филмска академија и е национален претставник на ЕАВЕ (Европски аудиовизуелни претприемачи). Во 2014 година беше дел од Продуценти во подем на ЕФП (Европска Филмска Промоција) на Канскиот филмски фестивал. Од 2022 година Лабина е дел од продуцентскиот тим на белгиската филмска компанија „Ентр Шиан е Лу“ (Entre Chien et Loup)...
Во Виена почна Година на демократијата
Макпрес - пред 6 часа
Во главниот град на Австрија официјално почна Година на демократијата и Виена сега е европска „престолнина на демократијата“, соопшти Канцеларијата на Град Виена во Белград. Титулата ја доделува организацијата „Европска престолнина на демократијата“, а Виена, како и Барселона вторпат ја добива наградата. Во процесот на селекција, Виена победи седум градови кандидати и во следните дванаесет месеци интензивно ќе се занимава со темата демократија и учество на граѓаните во одлучувањето. - Титулата европска престолнина на демократијата е признание за заложбите на Виена на полето на демократијата и учеството на граѓаните во демократските процеси, но претставува и задача доследно да се продолжи и развива овој пат. Демократијата не се зема здраво за готово! Тоа е заеднички проект што треба да го обновуваме од ден на ден, истакна градоначалникот Михаел Лудвиг. Во рамките на годината на демократијата ќе се обезбедат посебни средства за реализација на одредени проекти. Ќе бидат достапни 300.000 евра, а најавена е и изработка на „Демократската стратегија на Виена“ со учество на граѓанскиот сектор. Предвидени се и настани за меѓународна размена на различни модели на демократија. Дополнително, фокусот во голема мера ќе биде ставен на темата „Лажни вести“...
Кривична пријава за рудникот „Саса“ и одговорното лице заради загадување на животната средина
Макпрес - пред 6 часа
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Кочани, поднела кривична пријава против правно лице – рудник од Македонска Каменица и против К.Б.К.(57) од Велика Британија, со дозвола за привремен престој во Македонска Каменица, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животната средина и природа“ по член 218 и „загадување на добиточна храна и вода“ по член 223 од Кривичниот законик. Во периодот од 01.08.2024 до 04.08.2024, соопштија денеска од МВР, при процесот на флотација, од правното лице во река Каменичка, која се влева во акумулацијата Калиманци, испуштени се отпадни води, односно тешки метали (цинк, олово, кадмиум и жива) во двојно поголеми количини од дозволените, со што на подолг рок предизвикале опасност по животинскиот и растителниот свет во Каменичка река и акумулацијата Калиманци. - Од правното лице, истиот период во Каменичка река и езерото Калиманци е испуштен и акутен токсин цијанид, од чие присуство во езерото Калиманци е предизвикано акутно труење на рибите. Со вештачење со наод и мислење на Институтот за сточарство и рибарство, а врз основа на извештаи од лабараториско испитување на примероци вода од лабараторија е констатирано присуство на штетни и опасни материи во водата- тешки метали, а констатирано е и присуство на акутен токсин цијанид во смртоносна доза, а кој е причинител на труењето на рибите, појаснуваат во соопштението од МВР....
Секулов: Фокусот на претставата „Без крв“ е дека љубовта може да ги исцели раните, а простувањето е само мал дел од неа
Макпрес - пред 6 часа
Претставата „Без крв“ не е за извршување одмазда. Таа има само еден фокус, а тоа е дека љубовта може да ги исцели раните. Простувањето е само мал дел од љубовта. Тоа е почетна точка на љубовта и е пасивна. Ти можеш да простиш, но другиот може да не ти прости. Во случајов станува збор за љубов, која се раѓа и само таа може да ги исцели раните. Ова е основната цел на овој спектакл, порача на денешната прес-конференција драматургот Александар Секулов, по повод македонска премиера на оваа претстава, која ќе се одржи вечерва во во Албанскиот театар. Претставата „Без крв” е дел од репертоарот на 49 издание на театарскиот фестивал „МОТ”. Станува збор за копродукциска соработка која е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на Драмскиот театар Пловдив и Народниот театар „ Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес. Претставата е изработена според истоимениот роман на Алесандро Барико. Преводот на романот е на Тоља Радева, авторската адаптација е на Александар Секулов, драматург е Сашо Димоски, сценската верзија и режијата се на Диана Добрева, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Раде Василев и Елена Вангеловска. Кореографијата е на Олга Панго, а преводот на македонски е од Ана Батева. -Претставата не е за извршување на одмазда, туку има само еден фокус, а тоа е дека љубовта може да ги исцели раните. Не е само простувањето. Простувањето е мал дел од љубовта. Тоа е почетна точка на љубовта и е пасивна. Ти можеш да простиш, но другиот може да не ти прости. Во случајов станува збор за љубов, која се раѓа и само таа може да ги исцели раните. Ова е основната цел на овој спектакл, рече Секулов на прес-конференцијата. Според Секулов, токму злосторството, одмаздата и простувањето водат кон љубовта. -Злосторството, одмаздата и простувањето водат кон љубовта и ние сметаме дека тоа сме го прикажале на еден уверлив начин и силно се надеваме дека ќе дојдете да ја погледенете претставата, бидејќи само таа ќе ве увери во тоа што го говорам, додаде тој. Драматургот Сашо Димоски на денешната прес-конференција информираше дека „Без крв“ е дел од двегодишниот меѓународен проект „Манифест“ на Драмски театар - Пловдив и Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов – Џинот“ – Велес. Според Димоски, станува збор за еден исклучителен настан во светот на уметноста. Тој рече дека заедно со колегите од Бугарија ги надминуваат сите препреки и покажуваат дека јазикот на уметноста, на театарот и на длабокото човечко разбирање може да не направи подобри. -После долг временски период покажавме дека заедно со нашите колеги од Бугарија можеме да работиме, да создаваме, да ги надминуваме сите препреки и да покажеме дека јазикот на уметноста, јазикот на театарот и јазикот на длабокото човечко разбирање може да не направи секогаш пдобори, пред се за себеси, а со тоа и со сите оние со кои кои живееме и се трудиме да развиваме подобар свет, рече Димоски. Тој додаде дека позади овој проект стои исклучително посветена работа на двете екипи, која претставува комбинација на уметници кои работат и во Бугарија и во нашата држава. Како што рече, заедничкот проект „Манифест“ докажува дека само со длабоко разбирање и со исклучување на границите на човековото битисување во уметноста, можеме да правиме разлики, но истовремено можеме да ја покажеме сопствената индивидуалност, во насока на креирање на моќни и автентични универзално разбирливи светови, кои навистина се од светски рамки. -Оваа претстава е исклучителна, бидејќи таа сама по себе генерира и презентира сосема нов театарски жанр. Токму во кокетирањето со различните типови дискурс кои театарот ги подразбира, стигнавме до создавање на едно неверојатно, автентично ументичко дело, кое почивајќи на романот на Александро Барико отвора прашања кои како цивилизација, но и како поединци, не засегаат сите нас, појасни Димоски. Тој напомена оти се надева дека романот „Без крв“ наскоро ќе биде објавен и на македонски јазик. -Романот „Без крв“ за жал се уште го немаме на македонски јазик. Се надевам дека за брзо ќе го има на македонски јазик, бидејќи станува збор за еден исклучителен текст, новела, која веќе има и своја театарска, но и филмска адаптација, додаде Димоски. Во претставата играат Маргита Гошева, Васил Зафирчев, Константин Еленков, Патриција Пандева, Исидор Јованоски, Филип Христовски, Красимир Василев, Георги Вачев, Кети Борисовска, Симеон Алексиев, Елена Кабасакалова, Катрин Гачева, Златко Шарков, Филип Василевски, Елена Димитрова....
Алкараз: Ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот
Макпрес - пред 6 часа
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се осврна на крајот на кариерата на сонародникот Рафаел Надал. - Она што ќе го паметам за Надал е страста со која го живееше тенисот. Својот последен турнир го одигра со неверојатна страст. Имав среќа што играв со него, тренирав со него... помалку отколку што би сакал. Ако мојата кариера е дури половина добра од онаа на Рафа, ќе бидам повеќе од среќен. Мојот сон отсекогаш бил да станам број еден во светот и да освојам Грен слемови. Голем дел од овој сон постоеше благодарение на Рафа Надал. Се сеќавам како победуваше кога бев мал. Тогаш помислив дека еден ден ќе бидам јас таму, изјави Алкараз за „The Tennis Letter“. Шпанската репрезентација синоќа загуби од Холандија (1:2) во четвртфиналето на Дејвис купот. Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Надал...
Дачиќ по седницата на Советот за национална безбедност: Протестите немаат врска со политика, туку со насилство
Макпрес - пред 6 часа
Безбедносната ситуација во Србија е стабилна, но оптоварена со бројни надворешни и внатрешни предизвици, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ по денешната седница на Советот за национална безбедност со која претседаваше претседателот Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Дачиќ рече дека на седницата се разговарало за геополитичките предизвици со кои се соочува Србија, како и за безбедносната состојба во регионот. „Ситуацијата во светот, и покрај тоа што е нестабилна, сè повеќе води кон тоа дека треба да се подготвиме за секакви случувања на ситуацијата. Тоа значи дека треба да обезбедиме доволно резерви и капацитети за да може Србија да да опстанеме во смисла на функционирање на животот, но и да водиме успешна надворешна политика која ќе ни овозможи да не трпиме последици од конфликти на геополитички план, рече Дачиќ. Тој рече и дека на седницата се разговарало и за безбедносната состојба на Косово, која, според Националниот совет за безбедност, е оптоварена со екстремистичката политика на властите во Приштина со цел да ги протераат Србите од таа област. Говорејќи за последните протести во Србија, Дачиќ рече дека Уставот и законите дозволуваат мирни јавни собири, но дека нема да се толерира нарушување на јавниот ред и мир и загрозување на функционирањето на државните институции, особено напади врз полицијата. -Ова нема врска со политички ставови, туку со насилство, ќе бидат поднесени кривични и прекршочни пријави за секој кој ќе употреби насилство, ќе уништи државен и општествен имот и ќе ги загрози животите на полицијата, односно функционерите. Државата ќе биде посилна од сите предизвици, додаде Дачиќ. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по седницата на Советот за национална безбедност изјави дека Владата ќе направи се за да ја зачува безбедноста на граѓаните на Србија во сложени геополитички околности. -Со членовите на Советот за национална безбедност разменив информации за безбедносната состојба во Србија, а разговаравме и за актуелните настани, како кај нас така и во светот. Во овие сложени и не лесни геополитички превирања ќе дадеме се од себе да ја зачуваме безбедноста и сигурноста на нашите граѓани и нашата Србија, напиша Вучиќ на социјалната мрежа Инстаграм...
Путин е подготвен со Трамп да преговара за мир во Украина
Макпрес - пред 6 часа
Претседателот на Русија, Владимир Путин е подготвен да разговора за примирје со Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, потврдија пет руски неименувани извори за Ројтерс, пренесува ХИНА. Но, Путин ја отфрла можноста за територијални отстапки и бара Киев да се откаже од амбицијата за членство во НАТО. Петмина актуелни и поранешни руски претставници наведуваат дека Кремљ би можел да се согласи на замрзнување на конфликтот на сегашните линии на фронтот. Тројца извори тврдат дека Путин е отворен за преговори за прецизно разграничување на четирите источни украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Москва овие региони ги смета за своја територија иако руската армија контролира само 70 до 80 отсто, што не ја спречи илегално да ги анектира. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев нема да се согласи на примирје додека сите руски војници не ја напуштат украинската територија, што за американските генерали е амбициозен план....
По САД уште три земји ја запреа работата на своите амбасади во Киев
Макпрес - пред 6 часа
По САД кои привремено ја запреа работата на амбасадата во Киев поради информациите за можен воздушен напад врз украинскиот главен град денеска, истото го сторија и Шпанија, Италија и Грција. Преку е-маил испратен до шпанските граѓани во Украина, шпанската амбасада во Киев соопшти дека „поради зголемениот ризик од воздушни напади низ Украина, тие нема да даваат услуги во текот на денот и барањата може да се поднесуваат преку е-пошта“. Амбасадата, исто така, ги советуваше шпанските граѓани во Киев да „преземат екстремни безбедносни мерки, да ги следат сите препораки на локалните власти и да имаат засолниште на располагање во секое време“. Од италијанската амбасада соопштија дека како мерка на претпазливост ја затвораат амбасадата во Киев за посетители. Од безбедносни причини, и Грција одлучи да го стори истото. Грчката амбасада во своето соопштение ја повика јавноста да избегнува непотребни патувања и да остане на безбедни локации. Разузнавачките податоци укажуваат на комбиниран напад со беспилотни летала и ракети врз главниот град и не се верува дека е поврзан со руската промена во нуклеарната доктрина вчера. Конзуларното одделение на американскиот Стејт департмент претходно денеска објави дека американската амбасада во Киев ќе биде затворена во среда, на 20 ноември, по извештаите за потенцијален голем воздушен напад и ги повика вработените и американските граѓани во Киев да се евакуираат на безбедно место во случај на воздушна тревога...
Јелена Танасковиќ, директорката на Железничката инфраструктура на Србија поднесе оставка
Макпрес - пред 6 часа
Јелена Танасковиќ, в. д. директорка на Железничката инфраструктура на Србија, поднесе оставка поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица, а уште две беа тешко повредени, јави дописникот на МИА од Белград. Од мај 2024 година, Јелена Танасковиќ ја извршува функцијата в.д директор на Железничката инфраструктура на Србија. Во претходниот мандат на Владата на Србија, Танасковиќ ја извршуваше функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Пред тоа, од 2020 до 2022 година, таа беше државен секретар во Министерството за заштита на животната средина, додека во периодот од 2018 до 2020 година беше државен секретар во Министерството за финансии. Таа беше и градски секретар за финансии на Град Белград од 2017 година. Да потсетиме, претходно денеска оставка поднесе и министерот за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера изјави дека поради трагедијата во Нови Сад очекува оставки во Владата и на други места и мерки од обвинителството што е можно поскоро. На 5 ноември, четири дена по падот на настрешницата на железничката станица „Нови Сад“, оставка поднесе и поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ....
Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на 14 годишно девојче
Макпрес - пред 6 часа
Основниот кривичен суд Скопје попладнево ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривични дела Трговија со малолетно дете, Силување и Прикажување порнографски материјали на малолетник. Се работи за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва. Судот соопшти дека сите 13 обвинети се виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и на сите им се изречени затворски казни, „имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности“. -С.Д. на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. на казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б.К. му изрече условна осуда од две години затвор која нема да се реализира доколку следните пет години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. На првите пет осудени лица Судот им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката. Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата. -Како што беше кажано и за време на изреката на пресудата: Станува збор за кривично-правена постапка кој во текот на главната расправа, по предлог на Јавниот обвинител, но и заради одредбите од ЗКП, со оглед дека оштетената во периодот на сторување на кривичното дело била малолетна, беше затворена за јавноста. Но, согласно добиените решенија од Врховниот суд на РСМ, со кои на претставници на медиумите им беше дозволено снимање и фотографирање на расправа, како и заложбите на Кривичниот суд за поголема отвореност и транспарентност на постапките, а притоа имајќи го предвид и јавниот интерес за конкретниот предмет, денешната објава на пресудата беше отворена за јавноста во делот на изреката и беше дозволено снимање и покрај своеволната одлука на дел од обвинетите да ја напуштат судницата за време на снимањето. Додека пак при објава на диспозитивот на пресудата, јавноста беше исклучена, пред се, заради заштита на податоците за жртвата, а имајќи ја предвид и судската праска на Европскиот суд за човекови права, појаснува Основниот кривичен суд по објавувањето на пресудата. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во јануари годинава го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со тогаш четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби. Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво консумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето. Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор....
Тошковски: Вредна германска донација за зголемување на капацитетите на интервентната полиција
Макпрес - пред 6 часа
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во полицискиот центар во Ѓорче Петров остварил работен состанок со германскиот амбасадор, Петра Дрекслер и претставник на германската интервентна полиција каде била предадена донација за потребите на интервентната полиција. МВР соопшти дека Тошковски истакнал дека вкупната донација што се состои од 120 сетови „анти траума“ за одржување на јавен ред и мир во прва фаза и поддршка за специјализирани возила за ЈРМ, дополнителна опрема и обуки во втора фаза значително ќе го зајакнат капацитетот на оперативното функционирање на оваа единица и ќе придонесе кон зголемување на безбедноста на жителите на главниот град. - На средбата беше разгледан и планот за обуки за следната година кои оваа единица ги изведува со поддршка на германската амбасада со цел зголемување на својот оперативен капацитет. Министерот Тошковски на крај уште една изрази голема благодарност и силна подготвеност за понатамошна соработка, поддршка и продлабочување на заедничките односи со цел надградување на капацитетите на министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението...
Јаневска: Го слушаме гласот на младите и правиме промени за поквалитетно образование
Макпрес - пред 6 часа
По повод одбележувањето на Светскиот ден на детето, министерката за образование и наука Весна Јаневска на Владина средба на високо ниво предводена од децата, истакнала дека промените што ги прави Министерството за образование и наука имаат цел поквалитетно образование „како најважното барање на секоја средба со различни младински организации“. -Гласот на младите се слуша во Министерството за образование и наука. Tие се вклучени во креирањето на образовните политики и во носењето на одлуки кои засегаат, истакнала Јаневска на средбата организирана под слоганот „Слушнете ја иднината“ која годинава е со фокус на климатската и еколошка криза, напредните технологии и демографските промени. Како што соопшти МОН, Јаневска посочила дека училиштата, во рамки на наставните и воннаставни активности, спроведуваат различни активности вклучително и практична работа, кои ја подигнуваат свесноста на учениците за важноста од заштита на животната средина и влијанието на климатските промени. Преку капитални инвестиции, кои се во тек во 36 училишта, тие се трансформираат во современи и енергетски ефикасни објекти, дел добиваат нови фасади и екосистеми за греење, што е една од мерките за почист воздух и помало загадување. Поврзано со влијанието на напредните технологии врз децата, Јаневска посочила дека технологијата нуди многу можности, но секогаш можностите доаѓаат заедно со ризици. „Затоа планираме етапно воведување на вештачката интелигенција во образованието. Паралелно, предвидено е над 95 отсто од наставниците до крајот на 2027 година да бидат високо обучени за дигитални вештини. Оптимизацијата на училишната мрежа, освен што ги решава предизвиците поврзани со демографските промени, решава и дел од предизвикот за надминување на дигиталниот јаз, зашто наместо неколку деца да учат во полураспаднато рурално училиште, ќе се овозможи да учат во соседно, подобро опремено училиште, каде ќе имаат можност за дигитално описменување, истакнала Јаневска. Додала и дека преку темата за медиумска писменост, учениците стекнуваат вештини како да препознаваат и како да постапуваат во ситуации што можат да водат до злоупотреби на нивните лични податоци, со сајбер-малтретирање, онлајн предатори и изложеност на несоодветни содржини при користењето на напредните технологии. Јаневска посочила и дека Владата и Министерството за образование и наука се залагаат за поголемо вклучување на СТЕМ образованието (наука, технологија, инженерство и математика) како подготовка на учениците за иднината водена од напредни технологии...
Муцунски на состанок на ЦЕИ: Фокус на ЕУ проширувањето, регионалната соработка и поддршката за Украина
Макпрес - пред 6 часа
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) во Тирана, кој се одржа во рамките на албанското претседавање со иницијативата. Фокусот на состанокот беше ставен на проширувањето на Европската Унија во светло на новите геополитички околности и руската агресија врз Украина, чии последици се рефлектираат како на регионалната, така и на глобалната безбедност и стабилност, соопшти МНРиНД. Министрите ја потврдија улогата на ЦЕИ како важна платформа за ефективно решавање на регионалните предизвици и зајакнување на соработката во областите од заемен интерес. Муцунски во обраќањето нагласи дека регионалната соработка е клучен модел за поттикнување на процесот на европска интеграција, кој е од суштинско значење за поддршка на мирот, безбедноста и економскиот развој на континентот. Тој истакна дека одложувањето на процесот на проширување може сериозно да го наруши кредибилитетот на Европската Унија во регионот. - Стравот од уште еден потенцијално долг и непредвидлив процес само дополнително ја зголемува фрустрацијата кај нашите граѓани. Со многу непознати околу обемот и времето на претстојните пристапувања, секое понатамошно одложување би имало катастрофално влијание врз кредибилитетот на ЕУ во регионот, потенцира министерот Муцунски. Министерот се осврна и на улогата на ЦЕИ, важноста на регионалната соработка, силното партнерство во рамките на НАТО Алијансата и поддршката за Украина. - Целосно сме посветени на интензивирање на соработката, не само на меѓувладино и парламентарно ниво, туку и помеѓу нашите невладини организации, младите, научните институции, деловните заедници и локалните власти, додаде Муцунски, акцентирајќи ја потребата од заеднички напори за натамошно зајакнување на соработката во рамките на ЦЕИ...
Сеул: Северна Кореја и испорачала дополнително оружје на Русија
Макпрес - пред 6 часа
Северна Кореја неодамна и испорачала дополнителни артилериски системи на Русија за употреба во Украина, а неколку илјади севернокорејски војници распоредени во Русија почнаа да учествуваат во борбите, соопшти денеска јужнокорејската разузнавачка агенција (НИС). На брифинг во парламентот, Националната разузнавачка служба соопшти дека Северна Кореја во Русија извезла самоодни топови со калибар од 170 милиметри и повеќе ракетни системи со калибар од 240 милиметри, рече пратеникот Ли Сеонг Квеун. Ли изјави за новинарите дека агенцијата оценила дека оружјето е тип на артилерија што не се користи од руската војска, па Северна Кореја најверојатно испратила персонал за да ги обучи руските сили како да го користат и одржуваат. НИС соопшти дека околу 11.000 севернокорејски војници, по обука во североисточна Русија, биле префрлени во руската област Курск кон крајот на октомври, која украинските сили ја нападнаа во август, рече Ли. Тој изјави дека НИС објави дека севернокорејски војници се распоредени во единиците на руските поморски и воздушни сили и оти некои од нив веќе почнале да се борат заедно со Русите на фронтот. Минатата недела руските канали на Телеграм објавија фотографии на кои наводно се прикажани севернокорејски самоодни хаубици Коксан со калибар од 170 мм на железница во Русија. „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на проценки на украинските разузнавачки служби, во неделата објави дека Северна Кореја во последните недели испратила во Русија околу 50 домашни самоодни хаубици со калибар од 170 мм и 20 повеќекратни ракетни системи со калибар од 240 мм. Артилериските системи се најновото конвенционално оружје за кое се верува дека Северна Кореја и го доставила на Русија, а минатиот месец НИС соопшти дека Северна Кореја испратила повеќе од 13.000 контејнери со артилерија, проектили и друго конвенционално оружје во Русија од август 2023 година...
Евростат: Барање за азил во земјите-членки на ЕУ во август поднеле 69.270 лица, што е за 24,8 отсто помалку од лани
Макпрес - пред 6 часа
Барање за азил во земјите-членки на ЕУ во август поднеле 69.270 лица, што е за 24,8 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Евростат. Како што е наведено, ова е прво барање за добивање меѓународна заштита во земјите на ЕУ, за кое во август минатата година се пријавиле 92.055 лица. Исто така, имало 6.285 последователни апликации, што е зголемување за 4,6 отсто во однос на август 2023 година, кога имало 6.010 дополнителни апликации. Најмногу азил бараат Сиријците, Авганистанците и Венецуелците. Како што е соопштено, Сиријците испратиле 13.340 први барања, Авганистанците 5.605, а Венецуелците 4.690 барања за азил. Земјите кои примиле 70 отсто од првите барања за азил се Германија, Шпанија, Франција и Италија. Германија добила 18.425, Шпанија 10.580, Франција 10.035, а Италија 9.620. Вкупниот број барања за азил од малолетници без придружба во август 2024 година изнесува 2.980, а најголем број малолетници доаѓаат од Сирија, Авганистан, Египет и Сомалија. Германија, Бугарија, Холандија, Грција и Белгија примија најголем број малолетници без придружба кои првпат побарале азил....
Иницијатива за изучување на францускиот јазик во училиштата во Општина Центар
Макпрес - пред 6 часа
За интензивирање на соработката, особено за промоција на францускиот јазик во училиштата во Центар, разговарале денеска градоначалникот на оваа скопска општина, Горан Герасимовски, и амбасадорот на Франција во државава, Кристоф Ле Риголер. Како што информира Општина Центар, Герасимовски и Ле Риголер имале пријателска и конструктивна средба на која разговарале за интензивирање на соработката помеѓу Северна Македонија и Франција и за застапеност на францускиот јазик во наставата. Засега, во Центар, францускиот се изучува само во ООУ „Димитар Миладинов”. -Договоривме и низа настани и средби со училиштата за негово изучување, со што ќе се зајакне оваа важна иницијатива. Имав можност да изразам голема благодарност за досегашната континуирана поддршка на амбасадата, со надеж дека во иднина ќе оствариме соработка и на локално ниво, преку директен контакт со нивните општини, истакнува Герасимовски. Општина Центар во соопштението наведува дека продолжува со „силна и успешна партнерска врска со Амбасадата на Франција, моќна и влијателна европска држава, чијашто помош и искуства се од непроценливо значење за нас“....
Сајнц ќе вози болид на Вилијамс на постсезонските тестирања во Абу Даби
Макпрес - пред 6 часа
Шпанскиот тркачки возач Карлос Сајнц ќе го вози болидот на Вилијамс на постсезонските тестови во Абу Даби на 10 декември. Сајнц, кој следната сезона ќе го отстапи своето место во Ферари на Луис Хамилтон, ќе му се придружи на Вилијамс како тимски колега на Алекс Албон. Во петокот Вилијамс потврди дека Скудерија ќе му дозволи на Сајнц да започне со тренинзи со својот нов тим веднаш по завршувањето на тековната сезона. - Оваа рана можност им овозможува на Карлос и Вилијамс да почнат да градат врска пред следната сезона. Тест сесијата на патеката „Јас Марина“ ќе му даде на Шпанецот драгоцена можност да започне да се интегрира во неговата нова тимска средина додека го вози FW46 за прв пат, објави Вилијамс. Сајнц ќе го напушти Ферари по завршувањето на актуелниот шампионат од 2025 година ќе вози за Вилијамс....
Приведено лице поради употреба на исправа со невистинита содржина
Макпрес - пред 6 часа
Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Табановце вчера утрото го лишиле од слобода А.С.(38) од село Црнилиште, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. Како што информира денеска МВР, на влез во државата била извршена контрола на патничкото возило „мини купер“ со швајцарски национални ознаки, со кое патувал, при што било констатирано дека ВИН бројот на возилото не се совпаѓа со ВИН бројот во сообраќајната дозвола на возилото. Лицето и возилото биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава...
Германски државјанин уапсен во Русија и обвинет за планирање саботажа на енергетски објекти
Макпрес - пред 6 часа
Руските власти уапсија германски државјанин обвинет дека планирал саботажа на енергетски објекти по наредба од Украина. Федералната служба за безбедност (ФСБ) во денешното соопштение наведе дека го привела германскиот државјанин Николај Гајдук во моментот кога од Полска влегувал во руската ексклава Калининград и запленила половина литар течен експлозив од неговиот автомобил. ФСБ го обвини Гајдук, жител на Хамбург, дека планирал саботажа по наредба на Украинецот Александар Жоров, кој исто така живее во Хамбург. Не е наведено дали Гајдук има и руско државјанство или виза за влез во земјата, ниту кога точно е уапсен, но се наведува дека тој бил вклучен во експлозијата на бензинска пумпа во Калининград во март 2024 година и дека против него е поднесена кривична пријава за терористички напад и шверц на експлозив. Судот нареди Гајдук да биде ставен во истражен затвор до истрага и судење...
Павел се надева дека одлучноста и стилот на Трамп можеби можат да помогнат да се натера Путин на отстапки
Макпрес - пред 6 часа
Чешкиот претседател Петр Павел се надева дека одлучноста и „неодоливиот стил“ на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп можеби можат да помогнат да се натера рускиот претседател Владимир Путин на отстапки и да се отвори простор за дипломатија во војната во Украина, иако патот до мирот ќе биде долг и дека е невозможно да се постигне за 24 часа. „Ако директниот контакт на Доналд Трамп со Владимир Путин би довел до тоа Русија да биде поподготвена на отстапки и да се даде простор на дипломатијата, тогаш тоа би бил голем чекор напред“, вели Павел во интервју за чешкиот таблоид „Блеск“. Тој оцени дека би вредело да се запре војната дури и по цена на неправеден мир, на пример според сценариото на тимот на Трамп за демилитаризирана зона долж сегашната линија на фронтот. „Со право на праведен мир, значи не оној што ќе го награди агресорот, можеби не на денот кога примирјето ќе стапи на сила, туку да создаде можност во иднина да се врати меѓународното право – значи територијален интегритет и суверенитет на Украина на целата нејзина територија“, рече тој. Чешкиот претседател рече дека предуслов е двете завојувани страни прво да почнат да преговараат, а потоа воопшто да прифатат решение. „Мислам дека прво е потребна волја на завојуваните страни за почеток на преговорите и дури потоа можеме да разговараме како да се постигне мир, бидејќи патот до мирот секако ќе биде долг и не може да се заврши за 24 часа“, рече Павел. Во интервјуто што денеска го објави „Блеск“, претседателот на Чешка потсети дека додека украинскиот претседател Зеленски зборува за подготвеност за преговори, Русија го извршува најголемиот воздушен напад досега, чија цел е првенствено инфраструктура, односно цивилни цели. „Намерата е да се парализира Украина како земја која успева да ги обезбеди потребите за живот на своето население и на тој начин да се натера да се согласи на мир под какви било услови“, рече Павел. Чешкиот претседател, исто така, изрази стравување поради првите потези и назначувањето на клучни луѓе во идната американска администрација и предупреди дека тоа води до пресврт и нестабилност, што не е добро за безбедноста во светот, а исто така се покажало дека бизнис стилот во политиката, напорот да се води државата како компанија, едноставно не функционира. „Секоја промена која не носи еволуција, туку револуција предизвикува страв. Некои од изјавите на Трамп, на пример во однос на одбраната, како ќе бидат сменети речиси сите генерали бидејќи не одговараат на идеите на новата администрација, имаат обележје на револуција“, рече чешкиот претседател. Тој предупреди дека светот во оваа геополитичка ситуација не може да си дозволи такви потреси кои предизвикуваат нестабилност....
Спортска опрема за секое училиште – нова ера за младите во Ѓорче Петров
Макпрес - пред 6 часа
Општина Ѓорче Петров е една од двете скопски општини вклучени во пилот проект на Македонскиот олимписки комитет (МОК) за поддршка на училишниот спорт. Во рамки на оваа иницијатива, МОК донирше спортска опрема на училиштата со цел да ги поттикне младите кон физичка активност и здрав живот. Со новата опрема, учениците ќе можат да учествуваат и да уживаат во различни спортски активности, како фудбал, кошарка, ракомет и одбојка, во значително подобрени услови. Оваа иницијатива е насочена кон поттикнување на младите да ги развиваат своите спортски таленти и да создаваат здрави навики. На настанот, кој се одржа во соработка со МОК, беше организирана и обука за наставниците по физичко образование со цел унапредување на наставните спортски активности. Дополнително, планирано е одржување централен спортски настан за наставниците и учениците, што ќе ја зацврсти оваа плодна соработка. „Оваа донација е само почеток на серија активности со кои сакаме да го подигнеме нивото на спортот и физичката активност во општината. Младите се нашата иднина, а нивниот развој и здравје се наш врвен приоритет. Можеби следниот олимпиец ќе потекнува токму од Ѓорче Петров!“ – изјави градоначалникот Александар Стојкоски. Покрај донациите, проектот опфаќа и едукативни активности за наставниците, со цел унапредување на спортските програми и организација на заеднички спортски настани....
Атлетик: Гвардиола ќе го продолжи договорот со Манчестер сити
Макпрес - пред 6 часа
Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола се согласил да го продолжи договорот со „Граѓаните“, објави „The Athletic“. Шпанецот ќе потпише едногодишен договор со опција за продолжување на уште една сезона. Одлуката официјално ќе биде соопштена во наредните денови. На 8 ноември, „Атлетик“ објави дека Гвардиола ќе ја предводи бразилската репрезентација по завршувањето на договорот со Сити. Воедно не беше исклучена и опцијата за продолжување на договорот со англискиот клуб. Договорот на Шпанецот со Манчестер сити истекува идното лето. Граѓаните по 11 кола собраа 23 бода и се на второто место на табелата во Премиер лигата. Тимот ги загуби последните четири натпревари во сите натпреварувања....
Во Скопје возат само 25 автобуси бидејќи ЈСП нема нафта за другите
Макпрес - пред 16 часа
Во Скопје попладнево сообраќаат само 25 автобуси, а останатите се паркирани во автобазите на ЈСП „Скопје“ во Автокоманда и Ѓорче Петров поради недостиг на гориво. Африм Муча, претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ за МИА изјави дека состојбата е многу сериозна, дури и алармантна бидејќи, како ѓто рече, речиси 70 проценти од возилата се паркирани. – Одговорот е едноставен, нема нафта. Утрово возачите беа повикани да дојдат на работа, но тие се во базите во Автокоманда и во Ѓорче Петров заедно со автобусите бидејќи нема нафта и ТНГ. Во моментов мислам дека околу 70 проценти од автобусите на ЈСП се паркирани во базите. Низ градот сообраќаат мал број двосменски автобуси кои имаат наточено нафта пред два дена, како и возилата со ТНГ. За нормално функционирање на ЈСП на дневна основа се потребни 25 тони нафта, што не ја добиваме. Нафтата вообичаено ни ја доставува „Пуцко Петрол“ во базите на ЈСП „Скопје“, но бидејќи должиме поголема сума на пари, деновиве не ни доставуваат нафта. Во ЈСП „Скопје“ работат 1.200 луѓе и нема да дозволиме некој да си поигрува со нивните судбини, рече Муча. Најави дека е можно утре воопшто да не сообраќаат автобусите доколку во теков на денов не им се достави гориво. Посочи дека Независниот синдикат на возачите во ЈСП „Скопје“ од петок ќе одлучи какви натамошни постапки ќе преземе доколку не се среди состојбата во јавното градско претпријатие. Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ денеска преку соопштение апелираат до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. - Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во Градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостатокот на автобуси на ЈСП, се вели во соопштението. Според приватните превозници, за да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Наведуваат дека во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси. - Приватните превозници не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаме верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, ниска цена за изминат километар, со која не можеме да ги покриеме основните трошоци, стои во соопштението. Од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ велат дека не е точна информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот. - Информацијата која беше пласирана во јавноста дека доколку се покачи цената за изминат километар кај приватните превозници ќе значи и покачување на цената на билетот, одговорно тврдиме дека не е така туку потребна е реформа во јавниот градски превоз. Ние сме последната дејност каде што нема покачување, немаме волшебно стапче да ги надоместиме загубите. Со покачувањето на цената ќе можеме да работиме рентабилно, но и нашите корисници ќе добијат понови еколошки климатизирани автобуси, се вели во соопштението од „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“. Градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш денеска ги повика сите жители на протест, кој е закажан за в петок, 22 ноември. - Очекуваме преку протестот да ја пренесеме пораката до Градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица, информира Дудуш. мд/вј/...
Загадувањето и цигарите ја влошуваат состојбата на лицата со ХОББ
Макпрес - пред 16 часа
По повод Светскиот ден за борба против хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), од Клиниката за пулмологија и алергологија денеска апелираа да се подигне свеста и да се реализираат кампањи за одвикнување од пушење. Беше нагласено дека треба да се остават цигарите, а аерозагадувањето беше наведено како дополнителен товар на пациентите со оваа болест. Она што поединци го користат за горење и греење во текот на зимата, поради недоволна свест и немање други финансии, како што беше исткнато, силно придонесува за вакви проблеми. Најавена беше кампања за млади од осмолетки до гимназии за да може да сфатат колку е штетно пушењето, односно консумирање тутун, за белите дробови, за ХОББ, за астма, за канцер на бели дробови... Бидејќи, како што беше посочено, емисијата од цигари е штетна за сите луѓе, а особено е штетна кај младиот организам што се развива и за малиот мозок. Доктор Деска Димитриевска, претседател на Македонското респираторно здружение, кажа дека симптоми на болеста се отежнато дишење, кашлица, и дека луѓето се навикнуваат на нив, како и дека многу доцна се бара помош. Често симптомите биле препишувани на цигари, загаден воздух, изложеност на нешто. Димитриевска подвлече дека не треба да се потценува секоја кашлица, навремено да се бара соодветна помош. - Многу е важно болеста да биде дијагностицирана рано, нагласи таа. Бројот на заболени бил висок, не само во нашата држава. На настанот беше посочено дека болеста претставува голем товар за државата, за здравствениот систем, но и за семејните буџети. Луѓето многу често отсуствувале од работа, како и нивни членови, за да се грижат за нив. Доктор Јагода Стојковиќ нагласи дека пушењето е главен ризичен фактор за развој на болеста. Деведесет и пет отсто од пациентите кои имале ХОББ, се пушачи. - Воздухот, особено во нашиот град, е загаден преку целата година, меѓутоа драматично станува за време на зимските периоди, потсети таа, а тоа имало големо влијание за влошувања кај пациенти со ХОББ. Имале многу повеќе пациенти во амбулантите откако е почнато актуелното загадување деновиве, откако Скопје се најде меѓу најзагадените градови во светот. Таа смета дека родителите може огромно да влијаат врз децата, кога е во прашање консумирањето тутун. Според неа, треба да се укажува на штетното влијание, а не да им се забранува, затоа што тоа може да има спротивен ефект. Доктор Марија Здравеска појасни дека повеќе години како здружение и како клиника, работат за помош на пациенти за одвикнување од пушење. - Апелираме повторно за да се зголеми достапноста на центри што би пружале психолошка поддршка, но и за достапноста на лековите со што би се третирала оваа зависност. Не сите лекови што се потребни, се достапни во моментов во Македонија, децидна беше Здравеска. Директорот на оваа клиника, Оливер Зафировски потсети дека според најновата статистика, со 45 отсто од нашата популација, таа е лидер во консумирање цигари на Балканот. - Тоа е многу висок коефициент на луѓе кои консумираат тутун, истакна Зафировски. Тој советуваше да се остават цигарите, посебно електронските цигари. - Моментално има голем маркетинг дека не се штетни, напротив, последните испитувања укажуваат дека се многу поштетни и од обично консумирање тутун, рече директорот. Тој најави нови проекти во периодот што следува. - Клиниката за пулмологија со која раководам веќе шест месеци ја подобрува својата ефикасност, активно се вклучуваме во најновите третмани и технологии преку што ќе ги подобриме идните потреби на пациентите со пулмонални заболувања. Во периодот што следи најавувам многу нови проекти, вложување во современа опрема, нови оддели и размена на искуства со европски еминентни доктори од оваа област, најави директорот....
Рама: Албанија размислува за целосна забрана на ТикТок или Снепчет
Макпрес - пред 16 часа
По крвавиот настан, во кој беше усмртено 14-годшно момче од негов врсник и растот на врсничкото насилство, албанската Влада денеска најави ограничувања во користењето на социјалните мрежи од страна на малолетници или целосна забрана на ТикТок или Снепчет. - Три дена и возрасни и деца се шокирани од убиството на 14-годишен ученик со нож од друг тинејџер. Целата динамика на трагедијата ја истакнува трајната закана со која живеат сите семејства кои воспитуваат деца во денешниот свет, каде што социјалните мрежи, а особено ТикТок или Снапчет, секојдневно ги внесуваат нашите деца во нивните лавиринти од најмала возраст, рече албанскиот премиер Еди Рама. На прес-конференцијата по владиниот состанок, Рама додаде дека „гарантирањето на безбедноста на децата е приоритет над приоритетите, но вистинските одговори не се толку едноставни во овие предизвикувачки услови“. - Нашата дилема како Влада е дали и ние треба да се обидеме да одиме во насока на поставување филтри, а всушност од сите досегашни искуства во Европа или пошироко дознаваме дека нивната ефикасност е сè уште многу ниска, нагласи тој. Во меѓувреме, според него „врсничкото насилство и случаи на малтретирање во онлајн светот на деца и тинејџери само се зголемуваат“. - Размислуваме да преземеме драстична мерка за целосно затворање на ТикТок и зошто да не и Снепчет на територијата на Република Албанија. Решивме ова да го ставиме на широка расправа во сите родителски заедници каде што сите училишта ќе бидат ангажирани под раководство на Министерството за образование да донесат одлука, што е можно подемократска, за ваков голем и комплексен проблем по содржина и сопствено решение, рече Рама. Најави дека како влада во соработка со Обединети Арапски Емирати предвидено е инсталирање дигитален систем, со кој „ќе се контролира секој агол“. - Ќе ги контролираме училниците, училиштата и улиците, секој агол, преку дигитален систем за што работиме со Владата на ОАЕ. Наскоро ќе го претставиме јавно и ќе почнеме да работиме на негова имплементација, која се стремиме да ја завршиме во рок од 20 месеци, додека чекор по чекор училиштата ќе бидат опремени со овој систем, посочи Рама. Во Албанија неколку години во сила е одлуката за забрана за користење мобилни телефони за време на наставата....
Пресврт: Кешишов го смени првичниот исказ, вели дека Палчо не ја убил Вања
Макпрес - пред 16 часа
На расправата за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Основен кривичен суд Скопје денеска сведочеше Стефан Димковски, лицето кое го превезе обвинетиот Љупчо Палевски од Белград до Турција. На денешното рочиште беше соопштено дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ. Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за првпат денеска се запознава со изјавата и дека допрва ќе треба да се види за што станува збор. Сведок Стефан Димковски на почетокот од сведочењето рече дека учествувал во основање на политичката партија „Десна“, а со Палевски се познава од 2017-2018 година преку политички активности. -До 2021 година одев почесто во партијата, од 2021 година имав приватни проблеми и ретко одев, рече сведокот. Прашан дали Палчо му се јавил на 1 декември 2023 година, одговори да. -На Телеграм ми се јави. Јас бев во Струмица, само што ги однесов децата во градинка, отидов на сервис да менувам зимски гуми и добив повик од Љупчо Палевски во 15 за 9. „Што правиш, можеш ли да дојдеш да ме земеш од Белград, дојдов на прегледи и нешто да завршам за партијата“? Реков дека ќе дојдам, да завршам само со сервисот, образложи сведокот. Продолжи, „ми рече да го земам од Белград и да го вратам во Македонија. Во Белград стигнав во 15:30 попладнето на први. Ми пушти адреса каде да го најдам. Го земав во центарот на Белград“. Прашан каде и кога тргнале, одговори дека тргнале да се враќаат кон Скопје. -Тргнавме веднаш да се враќаме назад за Скопје, имаше гужва, ми требаше многу време да излеземе од Белград, некаде Велика Плана застанавме на ручек. Ми кажа дека оди во Белград да договори нешто за годишнина од партијата и прегледи да прави. Разговаравме за децата, проблеми со кичмата. Потоа зборевме за активностите во партијата, дека требало да се активира, рече тој. Од Велика Плана, на враќање, тргнавме по патот за Скопје, пред Ниш ми кажа дека треба да застанеме во Ниш. Разговараше со Васко, адвокатот и затвори, тогаш разбрав дека е со Васко. Не знам зошто разговарал со него, само ме информираше дека разговарал со Васко. Потоа рече изгледа ќе треба да преспиеме тука, некој човек што требало да се види му закажал во за 8:30 часот утредента, рече сведокот. Потоа посочи дека останале во хотел во Ниш и кога седеле на тераса, како што рече му соопштил дека му е резервирано во понеделник во Турција да го примат за операција за кичмата. -И ми вика изгледа ќе треба да ме враќаш назад за Белград, затоа што од таму имало лет во сабота, вика после состанокот, да ме вратиш назад. По 15 минути ми вика, а што да дремеме овдека, зошто од тука, ако не си изморен, или ќе се менуваме, за 5-6 саати џитни ме во Турција. Ајде вика, жити Бога немој по аеродроми да одам со торби, Истанбул е голем град, ќе ме однесеш до еден Турчин, знае македонски, ќе ме оправа по клиники, рече сведокот, дополнувајќи дека поефтина варијанта му било да го однесе до Турција. Прашан дали на граничните премини спрема Бугарија и Турција имале проблем, одговори не.Кога стигнале во Турција, според сведочењето, се сместиле кај турчин со име Усеин, кој го нашол Палевски. -Вртеше по пријатели да најде бесплатно сместување по хотели, не му успеваше, како што го разбрав отпосле преку лицето Велибор се сместивме во една куќа, плати, рече сведокот. Прашан дали додека се возеле до Турција, забележале нешто невообичаено кај обвинетиот Палевски, во смисла на неговото однесување, сведокот одговори не. -На повеќе наврати ми го побара телефонот, се јави, еднаш немаше батерија, потоа во Пловдив се загубивме, испаднавме на лош пат, застанавме и кога добив интернет побара да се јави на Влатко Кешишов. Отидов до тоалет, не знаев што разговарале, рече тој. Прашан зошто Палевски одлучил да се смести во куќа, а не во хотел, одговори дека му испаѓало дека треба да плати 800 евра. -Поефтино му беше да земе стара куќа под наем за 150 евра. Куќата беше изнајмена за три месеци. Операцијата му беше закажана во Истанбул за понеделник, затоа сакаше поефтин смештај, беше кус со пари, рече сведокот. Во продолжението од сведочењето рече дека на 3.12.2023 после доручекот си заминал. -На доручекот ме информираше, го видов блед, абе, вели, „го знаеш ли девојчето што е исчезнато, тоа у Скопје што одело на училиште. Епа ми го лепат мене“. Вели, „вчера влегле у штаб, имало претрес, пет души биле уапсени, што имам јас со тоа девојче“, раскажа сведокот. Дополни дека на негово прашање каква врска има партијата со девојчето, одговори дека комбето го нашле во партијата. Сведокот посочи дека биле сместени во Баликесир, и откако си заминал Љупчо останал во градот. -Откако го оставив се шетав, сѐ по пат како што одеше се шетав и вечерта кога се стемни се сместив во еден хотел. Кога се вратив вечерта во хотелот, мои пријатели почнаа да ми праќаат линкови, „што е ова, да не го местат“. Кога го видов министерот Оливер Спасовски што кажува, се онесвестив во хотелот. Се слушнав со Палевски го прашав што е ова што те потенцираат тебе. Тогаш ми кажа ова е тешка местенка и од тогаш се изгуби комуникацијата, рече сведокот. Прашан дали додека бил заедно со Љупчо, тој споменал дека сака да патува во Минск, одговори дека Палевски кажал дека можеби ќе треба да размислува за политички азил. -Не знам што ми смислил Оливер Спасовски, можеби опција е да барам политички азил, цитираше сведокот. Прашан дали во разговорот на појадок Палевски му кажал дека го бара полиција, одговори негативно. -Немам таква информација, мислам дека не ми кажа такво нешто, рече сведокот. На прашања од Обвинетиот Љупчо Палевски, сведокот одговори дека Палчо нормално се пријавил во куќата во Турција, со својот пасош и дека не го приморувал да одат по споредни патишта. Прашан дали верува дека однесувањето на Палевски прејудицира дека е виновен, тој одговори „Јас ако некој ми лепи таква работа и јас би бил блед“. Претходно денеска сведочеа познаници на Палчо, сведоците Ерол Османи и Ламбе Бучков. Воедно, на денешното рочиште судот информираше дека е доставена изјава од обвинетиот Влатко Кешишов со која го менува својот првичен исказ. Неговиот адвокат, Игор Ефремов, по судењето изјави дека и тој за прв пат денеска се запознава со изјавата и допрва ќе треба да се види за што станува збор....
Мицкоски: Ги следиме најновите случувања со војната во Украина
Макпрес - пред 16 часа
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска изјави дека одблиску се следат најновите случувања и развој на настани поврзани со и околу војната со Украина и Русија, но дека анализите и проценките не можат јавно да се соопштат. -Одблиску ги следиме најновите случувања и развој на настани. Ги анализираме. Се разбира дека нема јавно да кажеме што е тоа што го анализираме и кои се нашите проценки. Очекуваме час поскоро сето тоа таму да заврши и да се стави крај на оваа војна, на би рекол оваа руска агресија, и да можеме нормално да функционираме и да можеме да се развиваме онака како што посакуваме, рече Мицкоски на прес-конференција во Владата по свечената седница по повод Светскиот ден на детето....
Мицкоски: Не очекувам никакви тензии во земјава по пораките кои доаѓаат од лидерот на ДУИ Ахмети
Макпрес - пред 16 часа
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски не очекува никакви тензии по пораките и изјавите на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој на новинарското прашање за дали очекува тензии, кусо одговори „не, не очекувам“. Прашан за коментар за изјавата на лидерот на ДУИ, Ахмети за Законот за јазици, а кој бара да интервенира и Влада од соседството, премиерот Мицкоски ја оквалификуваше како „шокантна“. -Да интервенира кај уставните судии кој тој ги избрал, да бидам попрецизен, да интервенира Владата на Косово на уставните судии коишто тој заедно со СДСМ ги избрале. Шокантно, вели Мицкоски...
Мицкоски со оптимизам дека ќе има договор со банките за кредитите за унгарскиот заем
Макпрес - пред 16 часа
Траат преговорите со банките. Сега се префрлени во Министерството за финансии. Ќе има договор. Јас сум оптимист, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со унгарскиот заем. За кредити од унгарскиот заем ќе можат да аплицираат сите компании - мали, средни и големи. Мицкоски не сакаше да ги коментира наводите за уставните измени средбата на бугарскиот претседател Румен Радев и претседателката Гордана Сиљаовска Давкова. -Подобро одговорот во кабинетите на двајцата претседатели да го побарате, рече Мицкоски....
Царинска управа: Запленет автомобил, пиротехнични и распрскувачки материјали, цигари, лекови и фалсификати
Макпрес - пред 16 часа
Царинските службеници во текот на минатата недела откриле повеќе обиди за криумчарење разна стока. Во три случаи, како што денеска соопштија од Царинската управа, запленети се еден автомобил и комплет регистарски таблички, а за македонски државјани е поднесена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки што се плаќаат при увоз на возило. Запленети се пиротехнични и распрскувачки материјали, цигари и тутун за пушење, лекови, гасни пиштоли, опрема за мотоцикли, употребувани гуми, девизи, облека, парфеми, фалсификати и друга стока. Првиот случај е откриен од страна на мобилни царински тимови на регионалниот пат Росоман – Прилеп при контрола на патничко возило марка „Volvo S40“ со унгарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. При контролата е утврдено дека лицето не поседувало ниту сообраќајна дозвола, ниту царински документи за возилото. Како што стои во соопштението, возилото е запленето, а против лицето е поведена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило. Другите два случаи се откриени на излез на граничниот премин Делчево при контрола на автомобили со македонски регистарски таблички управувани од македонски државјанини. При контролите се откриени комплет таблички и сообраќајни дозволи. Во двата случаи, возилата биле пуштени во слободен промет без претходно да бидат спроведени пропишани царински постапки и без да бидат платени увозни давачки, поради што против двете лица се поведени прекршочни постапки. Царинските службеници на граничен премин Јажинце спречиле обид за криумчарење на 3.312 пиротехнични и распрскувачки материјали. Истите се пронајдени при контрола на автомобил, управуван од македонски државјанин, кој се обидел производите да ги внесе во државата во багажниот простор од возилото. Производите се запленети, а против лицето ќе се поднесена кривична пријава до надлежно Јавно Обвинителство заради сторено кривично дело недозволено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материјали. На излез од државата на граничниот премин Ќафасан, при контрола на автомобил се запленети 60 гасни пиштоли, 3.200 зрна дијаболи, како и осум рамки за гасни пиштоли. Против возачот, македонски државјанин, се додава во соопштението од Царинската управа, ќе биде поведена соодветна постапка. - Од страна на мобилните царински тимови, при контрола на камион натоварен со употребувани гуми од Швајцарија наменети за фирма од Скопје и пријавени за увозно царинење запленети се 90 употребувани гуми, кои не биле опфатени со царинските документи. Против увозникот е поведена прекршочна постапка, соопштија од Царинската управа. Запленети се и 61 парчиња делови и опрема за мотоцикли, што се откриени од царински службеници при контрола на автомобил на влез во државата на граничниот премин Табановце. Против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Царински службеници на излез од државата на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на чекираниот багаж на германски државјанин откриле 538 парфеми. Непријавените парфеми се запленети, а против патникот е поведена прекршочна постапка. Запленети се и 22 штеки цигари, и 2900 грама тутун за пушење, по извршена контрола на патник на излез од државата на Меѓународен Аеродром Скопје. Делото е откриено при контрола на патник со македонско и бугарско државјанство, а истиот поседувал и британски документи. - 103 парчиња облека се откриени при контрола на автомобил кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи биле пронајдени во кеси сместени во багажникот и пред задното седиште. Истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка, се подвлекува во соопштението и се додава дека 32 парчиња облека, 10 пара обувки, алати и 20 литри вино, се откриени при контрола на камион кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи се пронајдени на горниот кревет во кабината на камионот. Истите се запленети, а и истите се привремено задржани. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. Во два одделни случаи откриени се и девизни прекршоци. Првиот случај е откриен на излез од државата на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на турски државјанин кој патувал за Истанбул. Во чантата на лицето се откриени 17.100 американски долари за кои немало потврда за внесување на ефективни парични средства издадена од царинските органи при влез во државата. Согласно закон на лицето му биле вратени девизни средства во противвредност на 10.000 евра, износ што нерезиденти можат слободно да го изнесат од државата, а останатите се привремено задржани. Вториот случај е откриен од страна на мобилните царински тимови на граничниот премин Богородица на излез од државата. При личен претрес на патник, македонски државјанин, во џебот од јакната биле пронајдени 6.700 евра, за коишто не поседувал документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, вратени му се 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а останатите се привремено задржани. За сторениот девизен прекршок во двата случаи ќе биде поведена прекршочна постапка. При контрола на стока со потекло од Грција, а наменета за увозник од Гевгелија пријавена за увозно царинење во царинска испостава Гевгелија, откриени се две илјади килограми (80 вреќи по 25 килограми) полипропилен гранулат, што не биле опфатени со царинските документи. Непријавената стока е запленета, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка. При контрола на автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево, откриени се 27 кутии лекови со вкупно 104 таблети (Arimeidex од 1mg и Clomiphen Citrate /anfarm od 50mg), и 230 ампули (Test-Enanthate 250mg/ml, Masteron Е 200mg/ml, Masteron 100ml/mg, Test-mix 250ml/mg). Лековите се запленети, а против патникот ќе биде поведена соодветна прекршочна постапка. Мобилните царински тимови при контрола на стока со потекло од Кина која била наменета за увозник од Скопје и пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3, заплениле 1.235 играчки и детски возила со ознаки на заштитени трговски марки. Производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и истовремено е поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност...
Мицкоски за назначувањето на Лутник: Македонската економија има пријатели во најмоќната економија на светот
Макпрес - пред 16 часа
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски очекува позитивни моменти од меѓудржавната соработка на земјава и САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп го назначи Хауард Лутник за секретар за трговија во американската Влада, изјави денеска премиерот одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција по седницата на Владата под слоганот „Слушнете ја иднината“ по повод Светскиот ден на детето. Тој очекува дека Лутник ќе даде дополнителна вредност на американската, светската, а со тоа и на македонската економија. -Да, се сеќавате кога господинот Хауард Лутник беше овде во Скопје во Владата. Разговараме за многу теми имаме лично пријателство. Очекувам секако само позитивни моменти од нашата идна меѓудржавна соработка како стратешки партнери. Јас сум убеден дека тој ќе донесе додадена вредност не само во американската економија туку и во светската, тоа ќе значи позитива и за македонската економија. Нормално честитав и очекувам само додадена вредност. Се сеќавате кога беа гости тука во Владата имаше и такви коишто тоа не баш позитивно го коментираа. Добро е што како Влада имаме пријатели во најмоќната економија во светот а тоа американската економија, го имаме првиот човек кој ја води најмоќната економија во светот со повеќе од 28, 29 трилиони бруто-домашен производ и како што кажав убеден сум дека тоа може да донесе само позитивни вести за македонските претприемачи, но и за македонските граѓани, изјави премиерот. Претседателот на Владата, дополни дека и сега има голем број американски компании што веќе се присутни со свои инвестиции тука, коишто вработуваат македонски граѓани, произведуваат македонски производи кои се применуваат на американскиот пазар. - Но и во иднина имаме голем број партнерски односи кога станува збор за план за американски инвестиции тука кај нас. Така што јас навистина сум оптимист и треба да внесеме оптимизам и да гледаме напред, да не ги гледаме со метафорична иронија на сите овие работи, изјави претседателот на Владата....
Комити бараат смена на раководството на Вардар, незадоволни се од однесувањето на Неделковски
Макпрес - пред 16 часа
Здружението за промоција на спортски активности 35 години Вардарци Скопје кое ги застапува навивачите на „црвено-црните“ Комити , побараа смена на актуелното раководство на ФК Вардар. Новиот сопственик на клубот Атила Бижен Жалили, за извршен директор на Вардар го назначи Миленко Неделковски, додека за неизвршни членови во раководството се именувани Владо Петровски, Александар Кузмановски и Борче Крстовски-Илиоски. Комити се незадоволни од односот кон нив на Миленко Неделковски - Ние никогаш не сме кажале дека имаме стереотипи кон одредени личности, затоа што и ние се бориме со стереотипи цело време. Ние само сметаме дека Неделковски не е за тоа место во Вардар. Не е достоен да биде директор во Вардар. Ние стоиме зад тоа дека на чело на Вардар треба да биде човек кој не го поларизира општеството и не ги политизира нештата во фудбалот и спортот, туку човек кој обединува. Затоа што на Македонија и Вардар им требаат само обединување, изјави Милорад Миленковски од „35 години Вардарци Скопје“. Сепак треба да се нагласи дека во договорот потпишан при предавањето на мнозинскиот (85 %) пакет на акции, Комити управувањето му го доделија на новиот сопственик. - Моравме да го предадеме клубот на друг сопственик, бидејќи финансиската состојба беше независна, а добивме и уверување дека работите ќе се средат. Можеби немаме извршна моќ да ги менуваме внатре работите, но ние сме гласот на ФК Вардар и за секој проблем во клубот ние сме тука да алармираме, додаде Миленковски. Според него можно е во блиска иднина сметката на ФК Вардар да биде одблокирана. Неговите пресметки се дека долгот на Вардар е помеѓу два и три милиони евра....
Српскиот министер за внатрешна и надворешна трговија поднесе оставка
Макпрес - пред 16 часа
Министерот за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ денеска поднесе оставка од функцијата, поради трагедијата во Нови Сад во која загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени при пад на настрешница, јави дописникот н МИА од Белград. Како што пренсео српските медиуми, во текстот на оставката испратена до српскиот премиер Милош Вучевиќ, Момировиќ наведува дека поднесува оставка од функцијата министер за внатрешна и надворешна трговија и дека му е благодарен на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за довербата и наградата. Како што изјави Момировиќ, „тој е секогаш тука за него и за Србија“. Пред Момировиќ, на 5 ноември, оставка поднесе Горан Весиќ од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Република Србија, поради притисокот на јавноста по уривањето на настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 14 лица, а еден им подлегна на повредите. Уште две лица се во болница во тешка состојба. Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека „уште утре“ се очекуваат нови оставки во врска со несреќата во Нови Сад...
Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема
Макпрес - пред 16 часа
По одлуката на Вашингтон да му дозволи на Киев да користи западно оружје со долг дострел за напади врз цели на територијата на Русија и обновената руска нуклеарна доктрина, опасноста од ескалација е максимално зголемена, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во следните недели и месеци, додаде тој, Будимпешта ќе мора да вложи максимално дипломатско искуство и ресурси за да не биде вовлечена во конфликтот во Украина. Орбан претпладне одржа седница на Советот за одбрана. „Со победата на претседателот Трамп на претседателските избори во САД, мирот или барем прекинот на огнот се чинеше опиплив, но провоената влада сè уште е на власт во Америка веќе два месеци. Практично, тоа значи дека Украинците вчера истрелаа ракети со долг дострел на руска територија, а Русите одговорија со усвојување на обновена нуклеарна доктрина. Го слушнав извештајот на Советот за одбрана. „Опасноста од ескалација на војната никогаш не била толку голема“, рече Орбан....
УЈП: Обврска на трговците е да ги прикажат попустите за „Black Friday“ во фискалните и при секоја трансакција да издадат фискална сметка
Макпрес - пред 16 часа
Управата за јавни приходи (УЈП) во пресрет на најавениот Black Friday викенд упати препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги да ги изразат и наведат при издавање на сметката. Пресметаниот данок на додадена вредност треба да биде наведен во сметката со новосоздадената цена. - Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги, а за кои плаќањето се извршува готовински, должни се да поседуваат фискален систем на опрема (ФСО), задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет и на видно место, да постават соопштение со кое го информираaт купувачот на доброто за неговата обврска да побара фискална сметка, стои во соопштението. Од УЈП потсетуваат дека потрошувачите при купувањето се должни да побараат фискална сметка и да ја чуваат по напуштањето на местото на прометот поради контрола. - Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници кои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки, потенцираат од УЈП...
Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери
Макпрес - пред 16 часа
По повод Светски ден на детето, во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Северна Македонија денеска во свечена сала се одржа владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината”, каде што децата заедно со премиерот и министрите разговарале за следните теми: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени. Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека денеска ги имал најважните соговорници од неговото неколкумесечно претседателствување со Владата, тоа се децата. -Овој ден е посветен на подигнување на свеста за правата на децата низ светот и на промоција на благосостојбата на најмладите. Светскиот ден на детето е и потсетник дека треба да работиме заедно за да создадеме свет во кој сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина која го поттикнува нивниот развој и благосостојба. Овој ден има длабоки корени во историјата на човековите права. На овој датум во 1959 година, Обединетите Нации ја усвоија Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена Конвенцијата за правата на детето – најшироко ратификуван договор за човекови права во историјата. Овие документи не се само правни рамки, туку и морален водич за тоа како треба да се однесуваме кон нашите најмлади и најранливи членови на општеството. Денес сме тука за да ја потврдиме нашата заедничка обврска, секое дете има право на грижа, образование, здравствена заштита и заштита од секоја форма на насилство и злоупотреба, рече тој. Потенцира дека зборовите на хартија не се доволни туку, како што рече, потребни се дела. -Нашата мисија е да ги претвориме овие предизвици во можности за промени. Инвестиции во образованието; Пристап до здравствена заштита; Заштита од злоупотреба и насилство. Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа, нашата цел е: Да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината; Да поддржуваме политики што гарантираат социјална заштита за сите деца, особено за најранливите; Да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки. Нека овој ден не биде само потсетник, туку и пресвртна точка, рече премиерот Мицкоски. Претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер на прес-конференција дека било интересно да се сослушаат тие деца кои искажувале интересни предлози и ставови и мислења за сето она што им е важно во сегашноста, но исто така ќе влијаат и во нивната иднина. -Денес всушност имавме можност да сослушаме 45 деца на возраст од 13 до 17 години, од ширим цела земја коишто ги споделија своите ставови, своите размислувања и своите идеи околу три теми коишто се од голема важност за денешнината, а тие се климатксите промени и вегетацијата на животната средина, потоа втората тема беа напредните технологии и нивнто влијание, технолигија на типот на вештачката интелегенција и третата промена беа демографските промени и нивнито влијание. Беше интерсно да се сослушаат тие деца коишто навистина се произнесиа со многу интересни предлози и ставови и мислења за сето она што име важно во сегашност, но исто така ќе влијаат и во нивната иднина. И нависитна беше убаво да се чуе нивното мислење и начинот на којшто на тоа мислење добија одговор од страна на премиерот , претседателот на Владата и останатите министри. Па ние веруваме дека ова ќе биде почеток на еден многу интересен дијалог, рече таа Милер потенцира дека ќе се потрудат да им помогнат на децата да ги остварат нивните визии и нивните ставови за иднианта....
АХВ: Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид
Макпрес - пред 16 часа
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) при спроведен редовен надзор на 18 овој месец во Охрид, од угостителски објект заплениле и нештетно уништиле небезбедна храна (месо и преработки од месо) во вкупна количина од 366 килограми. Со контролата, како што информира денеска АХВ, покрај затекнатата небезбедна храна, утврдени се и недоследности во однос на хигиената кај овој оператор со храна. - За пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му е парична казна од 1000 евра во денарска противвредност и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице. И по однос на утврдените недоследности во поглед на хигиената, дополнително изречена му е истата висина на парична казна, стои во соопштението од АХВ...
Марков: Владата со историски чекор, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството, 3,850 за медицинските сестри
Макпрес - пред 16 часа
Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа како треба да се работи за медицинските работници. Потпишаниот Анекс на Колективниот договор во здравството трајно ги решава проблемите на медицинските работници. Вчера владата донесе историска одлука, со која се предвидува повисока плата за сите вработени во здравството со нето износ 2,450 денари. Ова ги опфаќа сите вработени во јавните здравствени установи од технички и среден медицински персонал до лекари и администрација. Особено важно е тоа што средниот медицински персонал или медицинските сестри ќе добијат нето покачување од 3,850 денари. Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата. Ова покачување на платите во овој сектор е само вовед во демонстрацијата на заложбите и вреднувањето на здравствените работници кое ќе трае во тек на целиот мандат на оваа Влада. Конечно вработените во здравството нема да се молат за покачување или валоризација на нивната работа, затоа што планот за зголемување за текот на целиот мандат изнесува над 40%. Имено, со овие покачувања, во 2024-та година средствата за плати во здравството се покачуваат за 10%. Дополнителни 5% покачување на платите се предвидени за 2025-та година, 5 до 7% за 2026-та година, уште 5 до 7% во 2027 година и 7 до 10% во 2028-та година. Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи за здравствените работници и здравството. Парите наместо за матни тендери, сега одат за подобри услови за вработените и пациентите....