Горан Костовски ќе биде кандидат на Левица за градоначалник на Аеродром?
Лидер - пред 19 минути
Советникот во општина Аеродром, Горан Костовски, на социјалните мрежи познат по псевдонимот Чиз, е најсериозен кандидат на Левица во трката за градоначалник во оваа општина на претстојните локални избори – дознава Радио Лидер од висок партиски извор. Нашиот извор брифира дека Костовски е фаворит во бастионот на Левица, како млад и креативен човек, широко присутен на социјалните мрежи но и во медиумите.– Кај младите во Аеродром, Костовски со својот рејтинг дури го засенува и лидерот Апасиев. – вели нашиот извор. Во изминатиот период во огранокот на Левица во Аеродром имаше големи турбуленции откако партијата ја напуштија браќата од Пука Козметика и претходната кандидатка за градоначалник Весна Кираџиева.Сепак, според многумина од Левица Аеродром, токму Костовски е човекот кој може да се наметне како обединувачки фактор и да ја врати партијата на старите патеки.– СДСМ е навистина слаб во Аеродром, така што ако не победи ВМРО-ДПМНЕ, шанса имаме само ние. Токму Чиз е човекот кој може да привлече гласови и од ДПМНЕ, но и од СДСМ. – вели нашиот извор.Сега се е во рацете на партискиот лидер Димитар Апасиев, кој треба да пресече дали ќе му ја даде довербата да го води Аеродром на човекот кој може да биде закана и за неговото столче....
Благодарност до пријателските држави за помошта по трагедијата во Кочани
Лидер - пред 59 минути
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во свое лично име, изрази длабока благодарност до сите пријателски држави кои пружија несебична помош по трагедијата во Кочани. Таа нагласи дека нивната поддршка во моментите на национален шок и болка, предизвикани од природната катастрофа, беше клучна за спасување на животи и ублажување на последиците од несреќата. „Ангажманот на медицинските тимови, авионите и хеликоптерите за итна интервенција, отворањето на здравствените установи и активирањето на европскиот механизам за цивилна заштита, испратија недвосмислена порака дека во овие тешки моменти не сме сами. Тие ја делеа болката со нас и нивната поддршка стана заеднички лек”, рече Сиљановска-Давкова.Во благодарноста, претседателката нагласи дека оваа хуманитарна солидарност ќе остане врежана во колективната меморија на народот и ќе биде спомнута како пример на вистинско пријателство. Благодарност на претседателката Сиљановска-Давкова за изразеното сочувство од светските лидери за трагедијата во КочаниМакедонија со благодарност ја прими помошта од следните држави:Република СрбијаРепублика БугаријаРепублика ТурцијаХеленската РепубликаКралството ШпанијаРепублика АвстријаУнгаријаРепублика ХрватскаКралството БелгијаИталијанската РепубликаРепублика ЛитванијаРепублика СловенијаКралството ШведскаРепублика ПолскаДржавата ИзраелРепублика ЧешкаОбединетото КралствоСојузна Република ГерманијаГолемото Војводство ЛуксембургКралството НорвешкаРоманијаРепублика АлбанијаБосна и ХерцеговинаКралството ХоландијаРепублика ФинскаФранцуската РепубликаЕвропската УнијаСиљановска-Давкова потврди дека оваа помош е незаменлива и ќе остане во сеќавањето на македонскиот народ како симбол на меѓународна солидарност и пријателство.Извор: Канал 5...
Илон Маск ќе се повлече од челното место во ДОГЕ, се враќа на своите бизниси
Лидер - пред 1 час
Илон Маск наскоро ќе се повлече од позицијата на шеф на Одделот за ефикасност на владата на САД (ДОГЕ). Ова го брифираат извори блиски на американскиот претседател Доналд Трамп. Американскиот портал Политико пренесува дека оваа одлука е резултат на договор помеѓу Трамп и Маск. Според договорот милијардерот ќе се врати на своите приватни бизниси.Илон Маск постави 48-часовен ултиматум на федералните службеници во САД ДОГЕ е основана за да ја намали администрацијата и да ги елиминира неефикасните владини агенции. Таа ќе продолжи со својата работа по заминувањето на Маск, иако официјални потврди од Белата куќа или од Маск не се дадени.Оваа одлука одговара на претходните најави за Маск да се фокусира повеќе на своите компании и иновации, иако неговото влијание на владините реформи во САД беше значително во периодот на неговото водство.Извор: Миа...
Муцунски: Македонија заслужува јасен пат и напредување врз основа на заслуги
Лидер - пред 2 часа
Македонската Влада останува посветена на реформите што ги вети, иако свесна дека тие не можат да се спроведат преку ноќ. Ова го нагласи министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во неговото обраќање во Брисел. Тој говореше на тема „Проширувањето на ЕУ во новата ера: Перспективата на Македонија“. Муцунски истакна дека Македонија заслужува рационално решение за деблокирање на пристапниот процес, со цел напредување врз основа на заслуги.Тој објасни дека Владата ќе продолжи со ангажман со Брисел и Бугарија за изнаоѓање на решение кое ќе обезбеди непречен напредок. Решение без блокирања на преговорите со прашања за идентитетот, историјата и јазикот. Муцунски нагласи дека Македонија заслужува модел во кој ќе знаеме јасно каков е нашиот пат и како ќе се движиме напред. Со оглед на значителните промени што државата ги направи во име на европската интеграција, вклучувајќи ја и промената на знамето, валутата и името.Министерот го потенцираше значењето на планот за раст на ЕУ и реформската агенда. Тие се важни алатки за поттикнување на земјите од регионот да продолжат со напредок на европскиот пат. Тој изрази благодарност до Европската Унија за покажаната солидарност по трагедијата во Кочани.Муцунски исто така посочи дека земјите членки на ЕУ треба да бидат посветени на одржување на кредибилитетот на процесот на проширување. Додаде дека ветото поради билатерални прашања ги забавува интеграционите процеси. Исто така се нарушува легитимитетот на целиот процес на проширување.Муцунски изјави дека Македонија ќе продолжи со својата целосна посветеност на европските стандарди. И ќе се фокусира на решавање на проблемите како што се корупцијата и владеењето на правото.Извор: Миа...
Пронајдено 14-годишното девојче од Петровец
Лидер - пред 2 часа
14-годишното девојче М.Б. од село Петровец беше пронајдено вчера од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба. Девојчето, кое на 31.03.2025 беше пријавено за исчезнато од нејзината мајка, било пронајдено безбедно во градот.14-годишно девојче исчезнало во Скопско, полицијата трага по неа Полицијата информира дека малолетничката била во добра состојба, а случајот е завршен по нејзиното пронаоѓање. Властите се уште немаат детали за околностите на нејзиното исчезнување, но се утврдуваат сите факти во случајот.Полицијата изрази благодарност за брзата реакција на граѓаните и надлежните служби кои беа вклучени во потрагата.Претходно, мајката на девојчето, М.Б., пријавила дека нејзината ќерка М.Б. (14) се оддалечила од дома и оттогаш не е во контакт со неа.По пријавата, полициските службеници од Полициското одделение Петровец веднаш презедоа мерки за пронаоѓање на девојчето.Извор: Слободен печат...
Над 3.000 жртви во катастрофалниот земјотрес во Мјанмар – хунтата прогласи примирје
Лидер - пред 3 часа
Во разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Мјанмар, досега се извлечени телата на над 3.000 загинати лица, а бројот на повредени надмина 4.500, јави државната телевизија МРТВ. Хунтата привремено го запира огнотВладејачката хунта денеска објави примирје во граѓанската војна за да се олеснат спасувачките операции и доставата на хуманитарна помош. Според соопштението, прекинот на огнот ќе трае до 22 април, но армијата предупреди дека ќе преземе „неопходни мерки“ доколку вооружените опозициски групи извршат напади или се прегрупираат.Драматични спасувачки операции по земјотресСпасувачките тимови денеска успеаја да извлечат тројца преживеани од урнатините, пет дена по земјотресот. Сепак, повеќето операции резултираат со пронаоѓање на безживотни тела, а бројот на жртвите веројатно ќе продолжи да расте. Огромна хуманитарна кризаМјанмар веќе се соочуваше со длабока хуманитарна криза поради граѓанската војна. ОН проценуваат дека над три милиони луѓе се внатрешно раселени, а повеќе од 20 милиони биле во потреба од помош дури и пред катастрофата.(ВИДЕО) Чистач на прозорци го преживеа разорниот земјотрес на работното местоЗемјотресот бил силно почувствуван и во соседен Тајланд, каде што исто така е пријавена материјална штета.Извор: Миа...
Полициски службеник од Охрид фатен со дрога на работното место – поднесена кривична пријава
Лидер - пред 4 часа
Полициски службеник А.М. од Охрид доби кривична пријава од Министерството за внатрешни работи. Toј е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. Според соопштението од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, при рутински преглед во стражарската куќарка на објектот „Вила Бела“, каде што А.М. бил ангажиран на работни задачи, биле пронајдени предмети со остатоци од бела прашкаста материја.Полициски службеник кој одбил тестирање за дрогаПолицаецот бил повикан да направи тест за присуство на наркотици во Институтот за судска медицина во Скопје. Иако доктор од Итната медицинска помош потврдил дека е во добра здравствена состојба, тој одбил да соработува и да се подложи на испитување. Полицаец од МВР фатен со дрога, ја чувал дома во скопски КарпошПокрај кривичната постапка, против А.М. е покрената и дисциплинска постапка, а веќе е суспендиран од работното место.Извор: Курир...
Мицкоски и Филипче ќе одржат средба утре во Владата
Лидер - пред 5 часа
Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, утре ќе одржат средба во 14:00 часот во Владата. Средбата е договорена по претходните јавни изјави и иницијативи од двете страни. Целта е размена на ставови по актуелни политички и општествени теми.Мицкоски и Филипче ќе седнат на иста маса заради трагедијата во Кочани!? Очекувањата се дека на состанокот ќе се разговара за прашања поврзани со политичката состојба во земјата, реформските процеси и можностите за соработка меѓу Владата и опозицијата.Детали за темите на разговор и исходот од средбата се очекуваат по нејзиното одржување.Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми. Од тоа што можев да разберам во јавноста е дека Филипче има некаков предлог, план. Тој може да го соопшти тој план преку прес-конференција, но, доколку цени дека и мене претходно треба да ме информира и запознае, јас сум секогаш тука. Сериозните теми бараат сериозен пристап“, рече претходно премиерот Христијан Мицкоски.Извор: Курир...
Трагедија во Крива Паланка: Убиен 84-годишен старец, телото закопано во близина на неговиот дом
Лидер - пред 6 часа
Уапсени три лица осомничени за убиство на 84-годишниот Љ.С. од селото Луке, кој на 29 март беше пријавен за исчезнат. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Крива Паланка во 18:25 часот ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С.Ф. (19) и С.Ф. (44). Уапсени се сите од истото село.Доживотен затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева По претходна истрага, телото на исчезнатиот старец било пронајдено закопано во непосредна близина на неговиот дом. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.Властите продолжуваат со истрагата, а по целосно документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.Извор: Република...
Цијанид во Крива Река има пет пати помалку од дозволените гранични вредности за присуство во вода за пиење
Лидер - пред 6 часа
Компанијата “Булмак 2016“ денес одржа конференција за медиуми во чии рамки на присутните новинари им беа презентирани лабораториските наоди добиени од земените мостри вода веднаш по настанувањето на дефект на водоводна цевка (поставена на околу 2м под земја) на 14.03.2025 година кога истече јамска (подземна) вода во Тораничка Река. На конференцијата кон присутните се обратија г-дин Тони Тоневски, Директор на “Булмак 2016“, г-дин Антонио Антовски, Директорот на Рудник “Тораница“ – Крива Паланка, како и г-дин Љупчо Георгиевски Инженер за животна средина во “Булмак 2016“. Во согласност со добиената “А“ – Интегрирана еколошка дозвола, со бр. УП1-11/3- 762/2016, добиена во Јуни 2019 година, а со важност до Јуни, 2026 година, утврдено е дека подземните природни јамски води од Рудникот “Тораница“ се зафаќаат со цевковод и се пренесуваат до Флотацијата на рудникот за употреба како техничка вода. Дополнително, со дозволата е уредена и процедурата за работа во случај на настанување на евентуални технички проблеми според која, по настанувањето на дефектот на цевководот – пукање на цевка која ја носи јамската вода кон Флотацијата на рудникот, веднаш се преземени сите мерки и запазени се сите протоколи и начини на работа.По писмен пат известен е Државниот Инспекторат за Животна Средина (ДИЖС), со образложение дека е настанат технички проблем. Согласно протоколите за работа, веднаш е сопрен протокот на јамската водата и преминато е кон санирање на дефектот. Целокупното времетраење на излевање на вода како резултат на дефектот се одвивало 30 минути, а истекувањето на вода е целосно сопрено во 7:00 часот. Истечени се околу 300 м3 јамска вода од цевката директно во Тораничка Река (вода од категорија III). Водата од цевководот за јамска вода, освен природни, механички нечистотии (ситни честички и зрна од карпести материјали) мобилизирани од поројниот тек, не содржи никакви хемиски или друг вид супстанци и материи кои се резултат на технолошки процес од Флотацијата на Рудник “Тораница“.Тоа значи дека краткорочното заматување на Крива Река е како резултат на поројот од надојдената вода која со себе влечела земја, песок и кал. Исто така, од една точка – пред вливот на Тораничка Река во Крива Река, согласно протоколите за работа и Законот за Животна Средина земен е примерок од 1,5 литри вода за анализа, кои се понатаму предадени за обработка во акредитираната лабораторија “Еуромак Контрол“.Добиените наоди од лабораториската анализа укажуваат дека нивото на цијанид е пониско од граничните вредности за води од трета класа како што е Тораничка Река.Односно, граничната вредност за цијаниди за води од трета класа (Службен Весник на Р.М бр. 18/1999), изнесува 100 микрограми на литар, а измерената концентрација е помалку од 10 микрограми на литар. За илустрација и за да јавноста и граѓаните бидат смирени, измерената концентрација е пониска од граничната вредност за присуство на цијанид во водата за пиење, која согласно Правилникот за барање за безбедност на квалитетот на водата за пиење, објавен во Службен Весник на Р.М. до број 183/2018 изнесува 50 микрограми на литар. Граничната вредност за арсен за води од трета класа изнесува 50 микрограми на литар, а измерената концентрација на арсен е 0,35 микрограми на литар, вредност која е безбедна и помала од граничната од 10 микрограми на литар утврдена со Правилникот за барање за безбедност на квалитетот на водата за пиење. Во моментот кога се земени примероци од Тораничка Река, на гранична вредност за олово од 30 микрограми на литар за води од трета класа согласно Службен Весник на Р.М. број 18/1999, измерена е вредност од 52,8микрограми на литар.За појаснување – самата јамска вода содржи концентрација на различни минерали кои ги апсорбира од природата (Регион со исклучително многу минерали), параметар кој во вакви природни води (и во ваков Регион) варира од 5 до 100 микрограми на литар. Измерената вредност за присуство на цинк изнесува 514 микрограми на литар, наспроти граничната вредност од 3.000 микрограми на литар утврдена со Правилникот за барање за безбедност на квалитетот на водата за пиење.Граничната вредност за никел за води од трета класа изнесува 100 микрограми на литар, а измерената концентрација е помала, односно 2,5 микрограми на литар. Покрај ова, граничната вредност за манган за води од трета класа изнесува 1.000 микрограми на литар, а измерената концентрација е помала, односно 541 микрограми на литар. Граничната вредност за железо за води од трета класа изнесува 200 микрограми на литар, а измерената концентрација е во рамки на граничната вредност, односно 124 микрограми на литар. Граничната вредност за присуство на жива во води од трета класа изнесува 1 микрограм на литар, додека измерената концентрација е помала од 0,2 микрограми на литар.Дополнително, како дел од редовните активности, “Булмак 2016“ спроведува анализи на водата. Во оваа насока, на 26.03.2025 година земени се мостри вода од две точки – од отпадните јамски води (таложникот на Рудникот), класифицирани како води од трета класа (Категорија III), како и од Крива Река, која е класифицирана во втора класа (Категорија II). Согласно добиените параметри од анализата, СИТЕ измерени вредности од земениот примерок од отпадните јамски води се во НОРМАЛАТА за трета класа вода. Исто така, СИТЕ измерени вредности од земениот примерок од Крива Река се во НОРМАЛАТА за втора класа вода, со исклучок на евидентирано мало зголемување на кадмиум кој не е резултат, не се експлоатира и не се користи во работењето и технолошките процеси на Флотацијата во Рудникот.Добиените наоди укажуваат на тоа дека со тековната работа, “Булмак 2016“ НЕ ПРИДОНЕЛ за загадување на Крива Река ниту пак предизвикал еколошка катастрофа, како што тоа беше прикажано во изминатите денови. Резултатите и од двете спроведени мерења (на денот на техничкиот проблем – 14.03.2025 година и на ден 26.03.2025 година), недвосмислено покажуваат дека доколку навистина имало загадување или еколошка катастрофа на Крива Река, причинител за тоа не е рудникот“Тораница“ и “Булмак 2016“.Дополнително, изричито ПОТВРДУВАМЕ ДЕКА НИТУ ЕДЕН РАБОТНИК во вршењето на работните задачи не придонел кон настанување на техничкиот проблем – пукање на цевката која врши пренос на исклучиво јамска вода што никако не содржи елементи од суровини кои се користат во преработката на рудите во Флотацијата на рудникот. Како дополнување, согласно потврдените информации од риболовното друштво “Мрена“ од Крива Паланка, ниту на 14.03.2025 ниту потоа, не е констатиран помор на риби во Крива Река.Оттука, порачуваме на сите граѓани кои живеат и работат во еко системите на Тораничка Река и Крива Река дека од тековното работење на рудникот “Тораница“ НЕ ПОСТОИ никаква опасност по нивното здравје. Повторно апелираме и бараме сите надлежни органи и институции да постапат во правец на изнаоѓање на вистинските причинители на еколошка катастрофа, доколку се утврди дека таа навистина постои.Остануваме и понатаму достапни за прашања поврзани со нашата работа со цел – точно и навремено информирање на јавноста, велат во соопштението испратено до компанијата....
Трамп ја обедини Азија против себе
Лидер - пред 8 часа
Трговските закани на Трамп ги обединуваат Кина, Јапонија и Јужна КорејаТрамп ја обедини Азија против себе. Во пресрет на најавените царини од американскиот претседател кои би можеле да достигнат 20% и да ги погодат дури и традиционалните сојузници на САД, Кина, Јапонија и Јужна Кореја изразија подготвеност за заеднички одговор. Овие три водечки азиски економии, кои често биле во меѓусебни тензии, сега се приближуваат во одбрана на слободната трговија. Кина се позиционира како лидер на слободната трговијаКинескиот претседател Си Џинпинг ја претстави Кина како „чувар на слободната трговија“, позиција која традиционално ја имаа САД. Министрите за трговија на трите земји на состанок во Сеул договорија тесна соработка и заеднички одговор на новите царини. Тие најавија иницијативи за одржување на „фер и транспарентна трговска средина“.Јапонија и Јужна Кореја меѓу притисокот на САД и КинаТрамп ја обедини Азија против себе. Дури и Јапонија се обидува да балансира меѓу САД и Кина, додека Јужна Кореја е зафатена со внатрешни политички превирања. Сепак, заедничкиот интерес – спротивставување на царинските закани – ги турка кон посилна регионална соработка. Трговскиот сојуз и иднината на CPTPPКина веќе побара членство во Сеопфатниот и прогресивен договор за транс-пацифичко партнерство (CPTPP), но останува блокирана поради тензиите со Тајван. Овој договор, создаден од администрацијата на Обама за да го ограничи кинеското економско влијание, беше напуштен од САД за време на првиот мандат на Трамп.Со сегашната ситуација, улогите на глобалната сцена се менуваат – Кина сега ја обвинува Америка за „вооружување“ на трговијата, иако до неодамна самата ги користеше истите стратегии.Извор: Оф нет...
Палчо во телефонот на Кешишев бил запишан како „Царот“
Лидер - пред 9 часа
„Го слушав се што ќе ми кажеше“ – Палчо во телефонот на Кешишев бил запишан како „Царот“На денешното рочиште на судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведочеше обвинетиот Влатко Кешишев кој одговараше најпрво на прашања на својот адвокат, а потоа и на прашања на обвинителството. Кешишев со уплав од Палевски, се плаши да сведочи во негово присуствоКешишев рече дека му бил послушен на Палчо. Тој во својот исказ кажа дека никогаш не се зборувало за убиства, туку само за грабнување. Рече дека не знаел дека Панче бил убиен, и дека не знаел за Вања, иако видел како Палчо држи пиштол и пука. За Вања, вели, дознал кога се вратиле во партија и кога отворил социјални мрежи кога видел дека се трага по девојче од таа зграда, но Палчо ништо не му одговорил. Кешишев рече дека во неговиот мобилен телефон, Палчо му бил мемориран како „Царот“.Разговор меѓу Обвинителство и КешишевОбвинителство: На 22.11.2023 година кога одите кај местото викано Рудник не го носите вашиот мобилен телефон, така?Кешишев: Да. Го оставив во штабот.Обвинителство: Логично ли беше ако не одите да убивате некого да го оставите вашиот телефон во Скопје, за да не се открие вашето движење и комуникацијата?Кешишев: Никогаш не отидовме да убиваме. Никогаш не се правеа планови за тоа. Се зборуваше само за грабнување. Ми рекоа да го оставам телефонот во штабот, бидејќи имаме мотороли. Никогаш не правевме муабет за убиства. Не пријавив никаде дека се случи убиство. Прво бев збунет, а после не можев да го напуштам штабот.Обвинителство: Во вашиот мобилен телефон кој сте го користеле, Палчо ви е мемориран како „Царот“. Тоа значи дека слушате се што ќе ви каже и нареди Палчо?Кешишев: Да!Обвинителство: Од изготвеното психијатриско вештачење од вешто лице, дадено е мислење дека вие сте психички здрава личност со уредна интелигенција, можам да заклучам дека свесно и доброволно сте ги преземале сите дејствија, така?Кешишев: Не баш свесно, по навика му бев послушен оти ми кажа да седам на страна.Извор: Курир...
Советот на јавни обвинители го отфрли предлогот за разрешување на Коцевски
Лидер - пред 9 часа
Советот на јавни обвинители го отфрли предлогот за разрешување на КоцевскиСоветот на јавни обвинители денеска со шест гласа „за“ го одби предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Само тројца членови гласаа во прилог на негово разрешување. Затворена седница поради дисциплински постапкиПред почетокот на седницата, јавноста беше исклучена од расправата. Советот објасни дека во разгледувањето на предлогот биле изнесени информации за тековни дисциплински постапки против двајца виши обвинители, што наложило да се зачува интегритетот на Коцевски.Владата незадоволна од работата на обвинителотИницијативата за разрешување ја покрена Владата, која смета дека Коцевски предизвикал нарушени меѓучовечки односи и влијаел врз одредени предмети. Сепак, премиерот Христијан Мицкоски минатата недела најави стопирање на постапката, нагласувајќи дека обвинителите треба да имаат простор за работа, особено во истрагата за трагедијата во Кочани. Тој додаде дека разрешувањето на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа. Запира постапката на Владата за разрешување на јавниот обвинител КоцевскиСо оваа одлука, Коцевски останува на функцијата државен јавен обвинител.Извор: Сител...
(ФОТО) Слаба посетеност на протестот организиран од ССМ
Лидер - пред 9 часа
Слаба посетеност на протестот на ССМ: Барање за минимална плата од 500 евраСојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска одржа протест со барање минималната плата да се зголеми од 400 на 500 евра. Иако протестот беше најавен како значаен чекор во синдикалната борба, присуствуваа само околу 100 луѓе. Јавна седница на улицаНаместо во Работничкиот дом, раководството на ССМ заседаваше на улица. Преку јавна седница, одржана во знак на револт пред Собранието, Стопанската комора и Владата, синдикатот го повтори своето барање за покачување на минималната плата. Организатор на протестот беше Слободан Трендафилов, кој истакна дека работниците заслужуваат повисоки примања и подобри услови за живот.Сепак, протестот наиде на слаба заинтересираност и само стотина граѓани на улица како што може да забележите и од сликата во продолжение. Слаба посетеност на протестот организиран од ССМТвитерџиите со реакции за малата бројка на собрани демонстранти. „Дали ова може да се нарече протест“, прашуваат тие.ССМ протест…ако смее ова протест да се нарече. Па јас во маалото да им речам да протестираме за некоја дупка на асфалт, ќе соберам појќе луѓе. Во ова ССМ нешто многу не е во ред. pic.twitter.com/61ulLlbdyZ— Фортификација (@Fortiifikacija) April 2, 2025Ралповски од КСС против ТрендафиловПретседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски, изрази несогласување со протестот.„Сите сакаме 500 евра минимална плата, но она што требаше да го направиме како конфедерација го направивме во овие девет месеци и работите се тргнати од нула“, вели Благоја Ралповски за нашиот медиум.Тој ги потенцираше проблемите со кои се соочувал претходните години, но тогаш ССМ бил пасивен.Ралповски за Радио Лидер: Денешниот протест има нереални барања, во овие девет месеци работите се тргнати од нулаОстанува да се види дали барањата на ССМ ќе бидат разгледани од надлежните институции....
„Секој има право на лош ден, Владата е стабилна“: Мицкоски смирува по кавгата Милошоски – Филков
Лидер - пред 9 часа
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека владината коалиција е стабилна, а јавното препукување меѓу пратеникот од ВМРО-ДПМЕ Антонијо Милошоски и министерот за правда Игор Филков од коалицискиот партнер ЗНАМ, според него, ќе застане, како што вели, на овие два лични ставови. Нивните ставови ги опиша како „лош ден“. Увери дека граѓаните можат да бидат спокојни. Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лицаМицкоски, во одговор на новинарско прашање за препукувањата меѓу Милошоски и Филков рече дека секој има право на лош ден. – Владината коалиција е стабила. Пратеникот Антонијо Милошоски е член на Извршниот комитет на партијата, тој е дел од мојот најблизок периметар. Јас соработката со Антонио Милошоски ја оценувам на највисоко ниво, тој е додадена вредност и во рамки на пратеничката група и во рамки на партијата. Министерот Игор Филков знам со какви проблеми се соочи, знам каква состојба затекна во Министерството за правда, континуирано на дневна основа соработуваме во делот на реформите, кои се многу важни посебно во секторот правда. Но, она што можев да го заклучам, а убеден сум дека сето ова ќе застане на овие два лични ставови е дека секој има право на лош ден, па така јас мислам дека тој лош ден и за едниот и за другиот завршува, рече Мицкоски, по пуштањето на фабриката на „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип.Прашан дали има проблеми со коалицијата Вреди во која е министерот за здравство Арбен Тараври кој предвои едно од крилата во Алијанса за Албанците, рече дека нема такво чувство и оти имаат исклучителна соработка.– Не, немам такво чувство. Напротив, имаме исклучителна соработка. Граѓаните да бидат сигурни, Владата е стабилна, повеќе од две третини неофицијално, а официјално 78 пратеници ја поддржуваат оваа Влада. Граѓаните, според она што го гледам од анкетите даваат поддршка, огромно е позитивното мислење дека и Македонија се движи во позитивна насока и тоа претставува за нас инспирација да продолжиме понатаму да се движиме и да работиме, рече Мицкоски.Извор: Курир...
Муцунски во работна посета на Брисел
Лидер - пред 10 часа
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од денес до петок престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, министерот ќе одржи излагање во Центарот за европски политики (EPC) на тема „Проширувањето на ЕУ во новата ера: македонска перспектива“, и ќе има брифинг со претставници на бриселски тинк-тенкови посветен на тековниот евроинтегративен процес.Муцунски во Брисел: Мора да ги зголемиме капацитетите на нашата одбранбена индустрија Муцунски ќе учествува и на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, што ќе се одржи на 3 и 4 април во седиштето на НАТО. На состанокот ќе се разговара за безбедносните предизвици, поддршката за Украина и подготовките за Самитот на НАТО во Хаг. Освен тоа, ќе се разговара и за јакнење на партнерствата и одбранбените капацитети на Алијансата.Извор: МРТ...
Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица
Лидер - пред 10 часа
Во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип официјално почна со работа „Магна Мехатроникс“, во која треба да се ангажира работна сила од 600 лица. Ова е втора инвестиција на канадската компанија, дел од „Магна Интернационал“, која произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти. Првата е во рамките на ТИРЗ Струга. „Денес е посебен ден за сите граѓани кои посакуваат економски раст, стабилност и можности за напредок. Со особена чест и гордост сме собрани тука за да го одбележиме официјалниот почеток на новата фабрика, инвестицијата на „Магна Мехатроникс“ – што ќе биде силен акцелератор на економскиот развој и позитивните промени што ги создаваме во нашата држава“, вели премиерот Мицкоски.Инвестиција од 40 милиони евраОваа инвестиција не е само капитален проект, туку вистинска приказна за доверба, партнерство и заедничка визија. Се простира на 18.000 метри квадратни, за што ќе бидат инвестирани околу 40 милиони евра и од презентацијата на претходните говорници можеме да заклучиме дека ќе бидат вработени во самиот пик на инвестицијата повеќе од 600тина лица. Нови 600 работни местаБлагодарение на оваа фабрика, се отвораат нови работни места, се зголемува индустриското производство и се зајакнува економијата.Нашата земја ја покажува својата подготвеност да биде дом на успешни и конкурентни компании, кои не само што произведуваат, туку и создаваат вредности што ќе се чувствуваат низ генерациите. Како Влада, остануваме посветени на создавање поволна деловна клима, транспарентни услови за инвестиции и поддршка за секој стопанственик кој има визија да вложува и да расте овде. Работиме напорно на подобрување на инфраструктурата, реформи во образованието и создавање квалификувана работна сила што ќе ги задоволи потребите на модерната индустрија, изјави Мицкоски.Премиерот направи кратка ретроспектива на претходните два квартали. Ги опиша како успешни, а го истакна фактот дека БДП се покачил за 3 отсто.Како македонска влада имавме два успешни би рекол економски квартали, тоа беше третиот и четвртиот квартал од минатата година. За прв пат после подолго време во третиот квартал забележавме раст на бруто домашниот производ од 3%, а во четвртиот квартал дури отидовме и чекор повеќе 3,2% со што се вбројуваме во тие квартали во сме пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам тој тренд да продолжи и во овој прв квартал од оваа година. Од она што можеме да заклучиме, расте просечната плата, имаме и зголемување на пензиите. Правиме се од една руинирана состојба како што ја затекнавме да направиме економија којашто ќе биде конкурентна со европските и светските економии, рече премиерот.На крајот, премиерот се заблагодари на инвеститорите кои ја препознаа нашата земја како место со потенцијал и можности.Извор: Влада...
Кешишев: За Вања ми рекоа да седам на страна и да не се мешам
Лидер - пред 11 часа
Кешишев сведочеше за киднапирањето и убиството на Вања: „Го видов Палчо со пиштол во рака, потоа слушнав истрел“Обвинетиот и сведок Влатко Кешишев тврди дека сите договори за киднапирањата, вклучително и за девојчето Вања Ѓорчевска, биле меѓу Љупчо Палевски и Велибор Манев, а Палевски бил главниот организатор. Кешишев со уплав од Палевски, се плаши да сведочи во негово присуствоПред да ја грабнат Вања од влезот на нејзината зграда во Дебар Маало, Кешишев, Палевски, Манев и Боре Видевски отишле по „Ситроенот“ на веќе убиениот Панче Жежовски, кој бил паркиран во Радишани. „Јас го отворив гепекот. Прв излезе Боре. Велибор носеше вреќа врзана, не се гледаше што има во неа. Вељо и јас седнавме во „Цитроенот“ напред, Боре беше на задното седиште. Палчо беше до подвозникот на Качанички пат, но не го видов. Кога го видовме до „Реното Кангу“ кај подвозникот, тој возеше пред нас. Ја однесовме во Бразда. Таму сè се заврши, сведочи Кешишев“Според неговото сведочење, во колата никој ништо не зборувал.„Излеговме од „Ситроенот“. Палчо ме остави да чувам стража на 20-30 метри, да не наиде некој. Се завртев неколку пати да видам што се случува. Прво разговараа, а за тоа време гепекот беше отворен. Потоа, кога повторно се завртев, видов дека копаат. Последниот пат кога се свртев, Палевски држеше пиштол во рака. Кажувам како што беше. Потоа слушнав истрел, ама некако тапо… Тк, тк… Го затрупавме телото со земја и со стари ќебиња што ги најдовме на буништето.“Кешишев објасни детално на адвокатотСпоред Кешишев, по убиството на Вања, Палевски со средство ВД40 ги избришал двете лопати и копачот, потоа ги ставил во „Кангото“.„Влеговме во „Кангото“ – јас, Боре, а Палчо возеше. На 500 метри ми кажаа да ги фрлам лопатите и копачот на банкината. „Ситроенот“ го управуваше Велибор и беше зад нас. Потоа продолживме до местото каде што требаше да се запали „Ситроенот“.“Кешишев тврди дека дури по враќањето во штабот на партијата дознал дека било грабнато и убиено девојче.„Отидов да правам кафе, тогаш на Фејсбук видов дека се бара дете. Го прашав Палчо што е ова, но тој не ми одговори. Не ми беше јасно за убиствата, а тој не ми одговараше. Се повлеков во собата што ја имав и молчев. Палчо веќе се спремаше за Белград.“На прашањето дали учествувал во копањето дупка во Бразда, Кешишев одговори:„Не, само за закопувањето помогнав, за да се заврши побрзо.“Адвокатот го праша и за оружјето:„Чиј е пиштолот со кој се убиени Панче и Вања, дали знаете?“„Моторолите ги купи Палчо, а пиштолот, како што слушнав овде на судењето, бил на Боре. Јас не можам да тврдам. Сè беше ставено во ранецот на Палчо, а тој секогаш си го носеше со себе.“Судењето продолжува....
„Мислев дека копаме злато“: Кешишев сведочеше за киднапирањата и убиствата
Лидер - пред 11 часа
Кешишев сведочеше за киднапирањата и убиствата: „Мислев дека копаме злато“По отстранувањето на Љупчо Палевски од судницата за да не го плаши и за да може слободно да сведочи, обвинетиот Влатко Кешишев даде свој исказ. Кешишев со уплав од Палевски, се плаши да сведочи во негово присуствоТој изјави дека од 2021 година волонтерски му готвел и чистел на Палевски додека ја формирал партијата „Десна“. Кешишев е и сведок и обвинет во случајот за грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска. Додека јавноста ја бараше Вања, тој ја однесе полицијата на местото каде што била закопана и во детали ги опиша двата настани.На директно прашање од адвокатот, Кешишев призна дека учествувал во копање дупка во Велес.„Вељо копаше, јас фрлав земја. Мислев дека бараме, копаме злато. Молчевме, не разговаравме. Третиот пат кога отидовме, Вељо ме предупреди дека за ова може глави да летаат и дека не смее да се зборува. Четвртиот пат ја довршивме дупката, а Велибор ја поклопи со даски. Се вративме во штабот, му кажавме на Палчо дека сè е во ред, дека дупката има доволна длабочина,“ сведочеше Кешишев.На прашањето дали бил присутен на разговори за теми неповрзани со партијата, тој одговори потврдно.„Да, ги слушав како зборуваат за грабнување. Поминаа околу две години и ништо не се случуваше, мислев дека тоа било само желба и фантазија.“Тој исто така раскажа дека му кажал на Палчо дека го бараат да работи, но овој му рекол дека му треба и дека не може да си замине. Дури и му го донел кучето да го чува.На прашањето кој бил иницијатор за темата за грабнување, Кешишев изјави:„Не знам кој беше иницијатор, но Велибор го почнуваше тој муабет.“Потоа сведочеше за ранецот со опремата за киднапирање, радиостаниците што се гледаат на снимките од камерите на Велибор Манев, и дека во целата операција учествувале четворица: тој, Палевски, Манев и Боре Видевски, кој претходно негираше било каква поврзаност со злосторствата.Според Кешишев, планот бил Панче Жежовски да биде грабнат заради неговото возило.„Првиот пат не успеаја, јас ги чекав во „Реното Кангу“. Вториот пат останав во колата, ги чекав еден час. Се вратија тројцата со зелена „Ситроен“ кола. Запаливме по едно цигаре, тогаш Палчо го фрли мобилниот телефон на Панче во долот, во капините. До мене седна Велибор, а во „Ситроенот“ беа Палчо и Боре,“ раскажа обвинетиот-сведок.По ова, отишле на местото „Рудник“, каде што била ископана дупката.„Чекав. Се врати Вељо и ми кажа да возам за Катланово. Палчо по токи-воки му кажа на Вељо да се паркираме на поголем паркинг. Кога пристигнаа, Палчо го бришеше воланот од траги.“Кешишев тврди дека не го видел Панче Жежовски на паркингот, но дознал од разговорите дека бил во гепекот, завиткан во ќебе.„Кога дојдовме во штабот на партијата во Скопје, тогаш сфатив дека Панче всушност е убиен.“Неговото сведочење, во кое детално признава сè, продолжува за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.Извор: СДК...
Кешишев со уплав од Палевски, се плаши да сведочи во негово присуство
Лидер - пред 11 часа
Судот го отстрани Љупчо Палевски од судницата на барање на обвинетиот Влатко КешишевПред денешното рочиште, адвокатот на обвинетиот Влатко Кешишев, Игор Ефремов, побара од судот да го отстрани Љупчо Палевски од судницата за време на сведочењето на неговиот клиент. Тој истакна дека Кешишев се плаши да говори пред Палевски и дека можно е да не ја каже вистината. Дополнително, Ефремов тврдеше дека Палевски му давал на Кешишев некакви ливчиња за да ги потпише во негово име. На ова реагираше самиот Палевски, негирајќи ги обвинувањата.„Ова се лаги, посебно тоа дека сум давал писма и изјави кои треба да се препишат во мое име. Може да биде свртен и со грб, но битно ми е да слушам што ќе изјави“, рече Палевски. Судијата Ивица Стефановски, повикувајќи се на член 391, став 4 од Законот, донесе одлука Љупчо Палевски – Палчо да биде отстранет од судницата.„На 25.11 Палчо му дал на Кешишев изјава да ја препише и да ја достави до судот додека во комбе се превезувале од затвор кон суд. Со тоа Палчо влијаел врз Кешишев, поради што судот донесе мерка за негово оддалечување од судницата“, образложи судијата.Адвокатот на Палевски, Страшевски, најави дека ќе го напушти судењето во знак на протест.„Јас ќе го напуштам судењето. Ниту е утврден стравот од доктор или вешто лице, но судот носи вакви одлуки што се срамни. Срамот е само на збор кажан, без докази. Ова е само една приказна која, за жал, судот ја прифати. Невозможно е вакво решение да се донесе само врз основа на зборовите на една страна. Во ваква атмосфера, јас како бранител на Палевски не можам да учествувам во хајка и драма што непотребно се прави. Барам да повикаме вешто лице за да утврдиме дали Кешишев има страв да говори пред Палевски, а нема страв да одговара на неговите прашања во постапката“, изјави Страшевски.Судијата Стефановски го предупреди адвокатот дека ќе биде парично казнет доколку го напушти судењето, додавајќи дека во таков случај ќе биде назначен друг адвокат по службена должност.Претходно, Велибор Манев пред судот призна дека Љупчо Палевски го убил Панче Жежовски и го уценувал да молчи.Палевски му пукал во слепоочница на Панче и му се заканувал на Манев: Молчи, имаш убава фамилија, да не го уништуваме пријателството!“...
Нема опасност за жителите од излевањето на Маркова река
Лидер - пред 12 часа
Нема опасност за жителите од излевањето на Маркова река, а водостојот е вратен во коритото, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Од таму додаваат дека еден тим за брз одговор интервенирал со пумпи за извлекување на вода. Истите ќе интревенираат по потреба во текот на денот. „По првичната информација за излевањето на Маркова река во Општина Студеничани, село Батинци, екипата за процена на ризици на Дирекцијата за заштита и спасување одблиску на терен ја следеа состојбата. Директорот Џеват Селами беше во постојана комуникација со екипите на терен, градоначалникот на општина Студеничани, г-дин Азем Садики, директорот на А.Д. Водостопанство, г-дин Филип Филиповски, сѐ со цел да се обезбеди координиран и ефективен одговор. Еден тим за брз одговор интервенираше со пумпи за извлекување на вода. Истите ќе интревенираат по потреба во текот на денот“, се наведуваа во соопштението.(ВИДЕО) Маркова Река се излеа, поплави дел од Батинци Реката поплави неколку куќи магацини и индустриски објекти во селата Студеничани и Батинци. Опфати и дел од булеварот Борис Трајковски кај Пинтија каде исто така имало пријави за поплавени магацини, известува ЦУК.Маркова Река се излеа преку мостот кај Љубош и надојде низводно.Според информациите од лицето за контакт од ЕЛС Студеничани, интервенираат службите на ЕЛС Студеничани со локалните фирми. Исто така на терен има и претставници од ЕЛС Кисела Вода.Во текот на ноќта, на Единствениот број за итни повици 112 добиени се и пријави за поплавени куќи во Горно Лисиче (општина Аеродром).Извор: Плусинфо...
Ралповски за Радио Лидер: Денешниот протест има нереални барања, во овие девет месеци работите се тргнати од нула
Лидер - пред 13 часа
Благоја Ралповски кој доаѓа од Конфедерација на слободни синдикати (КСС) утрово гостуваше во студиото на Радио Лидер. Со него разговаравме на повеќе теми, а се осврнавме на денешниот протест. Ралповски во однос на денешниот протест вели дека нема да присуствува затоа што во овие девет месеци работите се тргнати од нула. „Сите сакаме 500 евра минимална плата, но она што требаше да го направиме како конфедерација го направивме во овие девет месеци и работите се тргнати од нула. Јас дадов предлог до претседателот на Сојуз на синдикати во Македонија. Тоа што ние го имаме во јавниот сектор, тоа што владата ни го даде овие шест месеци да им помогнеме на сојузот пред стопанските договори – да потпишат општ колективен договор во приватниот договор, па нема проблем. Тие што им ветуваат 500 евра, нека им дадат 500 евра. Општиот колективен договор ако се потпише во приватниот сектор со легитимни страни, легитимни работодавачи и легитимен синдикат тогаш тој мора да го почитуваат сите приватни компании во државата“, започнува Ралповски.Што се однесува до денешниот протест тој смета дека има нереални параметри и барања. Нашиот соговорник со различни ставови од претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. „Протестот е легитимно право на секој, особено на синдикалците. Секогаш е добро да се протестира, но треба да се има реални параметри и барања. Низ годините наназад ние протестиравме затоа што се кршеа законите, се кршеа колективните договори, затоа што имаше сериозен притисок, бевме по полиции, министерката Мила Царовска ме апсеше под изговор дека сум снимал разговор. Сериозни притисоци имавме низ годините“, вели Ралповски за Радио Лидер.Тој даде кратка ретроспектива за притисоците низ минатото. Потсетува дека нивните пет години нивните документи седеле заборавени во фиоките.„Во минатото имаше два синдикати. КСС и ССМ. 2017 година кога Мила Царовска популистички ја качи минималната плата, а не го испочитува законот до крај и остави многу луѓе на цедило преку членот 8, тука одлуки се носеја без консензус и кворум. Ние како КСС го користевме механизмот на бојкот. Истото се случуваше и 2018 година, но и 2019 година. Пет години нашите документи седеа по фиоките“, потенцира Ралповски.Инаку, денеска во 12 часот и пет минути Сојузот на синдикатите на Македонија ќе започне протест на кој ќе излезе членството за да го изрази своето незадоволство од ниските плати но и поради односот на Владата во пристапување на решавање на проблемот околу зголемување на минималецот, барајќи 500 евра минимална плата.Синдикатите на протест – бараат покачување на минималецотВаквиот протест наиде на критики затоа што според многумина, вклучувајќи го и Ралповски како претседател на КСС. Протестот организиран од ССМ има нереални барања и нереални параметри.Целата емисија може да ја погледнете ТУКА....
Николоски: Скопје директно го поврзуваме со Париз, нова авионска линија Скопје-Париз (Орли)
Лидер - пред 13 часа
Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово на Меѓународниот аеродором Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродормот Орли до Скопје на авиокомпанијата Изиџет. Линијата ќе се реализира два пати неделно и истата е воведена како резултат на финансиската подршка што ја овозможи Владата преку Министерството за транспорт преку Програмата за воведување на нови дестинации.Согласно договорот, авиокомпанијата Изиџет оваа линија ќе ја оперира од денеска- 2 април па се до 31 декември 2027 година со однапред определен ред на летање. „Ова е уште една можност за подобра комуникaција и поврзување на Македoнија со европските земји и европските метрополи. Париз е атрактивна дестинација за патување, но уште поважно е дека туристи ќе носиме во Македонија. Како Влада создаваме услови со кои привлековме нови авиокомпании во Македонија и резултатите веќе се видливи. Осум нови дестинации од аеродромот во Скопје и две од аеродромот во Охрид се воведени за многу краток период. Го променивме целосно моделот на субвенционирање и наместо за заминување, даваме финансиска подршка за патници во доаѓање затоа што целта е што повеќе луѓе да доаѓаат во Македонија а тоа значи дека ќе користат и други услуги во земјава и ова е стартегија која ја применуваме од самиот почеток и која ни дава конкретни резултати. Веќе преговараме со други авиокомпании и мислам дека сме на добар пат да постигнеме договор за нови дестинации, истакна вицепремиерот Николоски. Линијата Скопје-Париз е дел од договорот за финансиска подршка за воведување на нови авиолинии што го реализира Министерството за транспорт преку јавен повик за субвенционирање.Од Скопје, освен Париз, се воведуваат и линиите кон Дубаи, Штутгарт, Лион, Барселона, Женева и Амстердам, а од Охрид кон Истанбул и Басел.Согласно Програма за финансиска подршка 2025-2027 година донесена од страна на Владата, предвидени се 360 милиони денари за субвенции за воведување на нови авиолинии.Оваа Програма има за цел да да го унапреди авиосообраќајот, да се обезбедат нови дестинации преку поволни услови за патување за граѓаните како и развој на цивилното воздухопловство....
Синдикатите на протест – бараат покачување на минималецот
Лидер - пред 14 часа
Денеска во 12 часот и пет минути Сојузот на синдикатите на Македонија ќе започне протест на кој ќе излезе членството за да го изрази своето незадоволство од ниските плати но и поради односот на Владата во пристапување на решавање на проблемот околу зголемување на минималецот, барајќи 500 евра минимална плата. Протестот предвидено е да почне пред Работничкиот дом по што присутните ќе се упатат пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вчера рече дека владините политики се во погрешна насока и на штета на работниците.Ваквите тврдења на Трендафилов беа демантиарни од синдикалниот лидер, Благоја Ралповски. (ВО ЖИВО) КОЈ ГИ СТИМУЛИРА СИНДИКАЛНИТЕ ПРОТЕСТИ? – Разговараме со синдикалниот лидер Благоја РалповскиСледете ја емисијата каде се разобличија дел од информациите за барања на синдикатите....
(ВО ЖИВО) КОЈ ГИ СТИМУЛИРА СИНДИКАЛНИТЕ ПРОТЕСТИ? – Разговараме со синдикалниот лидер Благоја Ралповски
Лидер - пред 14 часа
КОЈ ГИ СТИМУЛИРА СИНДИКАЛНИТЕ ПРОТЕСТИ? – Разговараме со синдикалниот лидер Благоја Ралповски. Следете во живо...
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на фабрика на „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип
Лидер - пред 1 ден
Премиерот Христијан Мицкоски, ќе присуствува на отворањето на фабриката на странската инвестиција „Магна мехатроникс“ во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип. Овој важен настан ќе се одржи утре, на втори април (среда), со почеток во 11:00 часот.Мицкоски најави нова инвестиција во Штип – „Магна“ отвора 600 работни места Овој нов инвестициски проект кој ќе придонесе за економскиот раст и развој на регионот. Премиерот ќе даде изјава за медиуми во 12:10 часот, каде ќе ги сподели деталите за оваа значајна инвестиција.Проектот „Магна мехатроникс“ ќе создаде нови работни места и ќе обезбеди значителен економски бенефит за општината и државата, со оглед на технолошкиот напредок и развојот на индустријата.Извор: Република...
Путин се сретна со Додик
Лидер - пред 1 ден
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Ова беше нивната 26-та средба, како што информираше Додик на социјалната мрежа Х. Според изјавите од средбата, Путин изразил поддршка за Дејтонскиот мировен договор. Нагласил дека Русија ќе продолжи да се бори за прекин на работата на меѓународните институции, вклучувајќи го и, како што го нарекува, нелегитимниот висок претставник. Управо сам имао састанaк с предсједником Руске Федерације Владимиром Путином, ово је наш 26. сусрет. Путин познаје детаље, укупну ситуацију која се дешава код нас. Занима се за нешто што обичан човјек код нас тамо пита.Русија je веома важна земља за Републику Српску, у оквиру… pic.twitter.com/uLiZWOKqwJ— Милорад Додик (@MiloradDodik) April 1, 2025Додик изјави дека Путин е запознат со ситуацијата во Босна и Херцеговина. Се интересирал за детали околу работите што се случуваат во Република Српска. На средбата присуствувале и други високопрофилни личности. На средбата биле помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков и министерот за наука и технолошки развој на Република Српска, Жељко Будимир.Меѓународна потерница за Додик: Србија протестира против БиХ – Тој е наш граѓанин!Средбата доаѓа во време кога Судот на БиХ распиша потерница за Додик и Ненад Стевандиќ, поради сомневање за напад на уставниот поредок на БиХ.Русија, според изјавите на Додик, продолжува да игра клучна улога во безбедносната ситуација на Балканот. Таа ќе продолжи да се залага за стабилноста и суверенитетот на Република Српска.Извор: Миа...
Амбасадата на САД во Скопје апелира носителите на визи да ги почитуваат американските закони и правила
Лидер - пред 1 ден
Амбасадата на САД во Скопје објави апел за носителите на визи да ги почитуваат законите и правилата на САД. Од Амбасадата истакнуваат дека скринингот на визите продолжува и по нивното издавање.Во објавата на Фејсбук, амбасадата предупредува дека носителите на визи ќе бидат подложени на континуирана проверка. Ако се утврди дека не ги почитуваат прописите, нивните визи ќе бидат укинати и ќе следува депортација. Над четвртина од македонските апликанти за виза во САД биле одбиени во 2022 годинаПокрај тоа, Амбасадата нагласува дека престојот подолго од дозволеното може да резултира со трајна забрана за патување во САД. Оваа изјава следи по претходниот апел од минатата недела, во кој беа потврдени важноста на правилното користење на визите и стриктното почитување на сите услови на кои се однесуваат.Извор: Република...
(ВИДЕО) Маркова Река се излеа, поплави дел од Батинци
Лидер - пред 1 ден
По обилните дождови Маркова Река се излеала и предизвикала поплави во селото Батинци. Поплавени се улици и дел од куќите. Локалните власти и жителите на селото се мобилизирани да го спречат понатамошното ширење на водата.УХМР: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи до петок Механизација е на терен, а целиот напор е насочен кон враќање на водата во коритото на реката. Ситуацијата се следи, а екипи работат на санацијата на последиците од поплавата.Ваквиот развој на настаните резултираше со сериозни поплави во делови од селото, а жителите се соочуваат со тешкотии при справување со штетите. Властите апелираат на внимателност, со цел да се спречат понатамошни штети и ризици за безбедноста на жителите.Извор: ТВ 21...
(ВИДЕО) Инструкторката Сташа најави дека и синдикатите ќе протестираат
Лидер - пред 1 ден
По “спонтаните” протести, каде на последниот пред Собрание видовме повеќе организатори отколку граѓани, утре следува уште еден обид – сега преку синдикатот ССМ, напиша на социјалните медиуми пратеникот Бране Петрушевски. По “спонтаните” протести, каде на последниот пред Собрание видовме повеќе организатори отколку граѓани, утре следува уште еден обид – сега преку синдикатот ССМ. Не е тешко да се поврзат коцките кога имате видео каде однапред се планираат овие сценарија. Но, граѓаните не се наивни. Тие знаат да препознаат што е вистинска борба, а што е обид за партиска режија, напиша Петрушевски на социјални мрежи....
(ВИДЕО) Невреме ги парализира Парос и Миконос – поплави, затворени институции и прекинат сообраќај
Лидер - пред 1 ден
Грчките острови Парос и Миконос се погодени од силно невреме што предизвика поплави, соопштија локалните власти. Во прекин е целиот сообраќај, а училиштата и институциите се затворени. Единствено дозволено е движење на возила на брза помош. Severe flooding in Naousa, Paros, Greece, cars swept away by floods. pic.twitter.com/8plRLLrQOL— Disasters Daily (@DisastersAndI) March 31, 2025 Службата за цивилна заштита испрати предупредување до жителите преку мобилни телефони, повикувајќи ги да не излегуваат надвор, бидејќи невремето предизвикува одрони и дополнителни проблеми.„Катастрофа од библиски размери“: Апокалиптични слики од Грција на милост и немилост на бурата „Даниел“ Breaking 🚨: Severe flooding hits Greece, leaving streets submerged and homes evacuated.Authorities report heavy rainfall overwhelming drainage systems.Rescue operations are underway as residents are urged to stay safe. pic.twitter.com/3hikG5STXM— WorldsQuant (@WorldsQuant) March 31, 2025Во Парикија и Науса на Парос, поројните дождови носеа автомобили кон морето, а пожарникарите успеале да спасат 13 лица. Засега нема информации за исчезнати или повредени. Happening | Massive Destruction in Greece.March 31, 2025Catastrophic flooding ravages Naousa, Paros, Greece, causing massive damage. pic.twitter.com/AcaOi6psFV— Weather Monitor (@WeatherMonitors) March 31, 2025На Миконос поплавите се со помал интензитет, но властите користат багери за отворање ровови и овозможување одвод на надојдените води. Обилните дождови се очекува да продолжат и во текот на денот.Извор: МКД.мк...
14-годишно девојче исчезнало во Скопско, полицијата трага по неа
Лидер - пред 1 ден
На 31.03.2025, околу 22:15 часот, полицијата во Скопје добила пријава за исчезнување на 14-годишно девојче од скопското село Петровец. Според информациите, 42-годишната мајка на девојчето, М.Б., пријавила дека нејзината ќерка М.Б. (14) се оддалечила од дома и оттогаш не е во контакт со неа. По пријавата, полициските службеници од Полициското одделение Петровец веднаш презеле мерки за пронаоѓање на девојчето. Полицијата го истражува случајот и активно трага по исчезнатото дете, со цел да се утврдат причините за нејзиното исчезнување.Исчезна девојче во Штип – повик за помош МВР апелира до сите граѓани кои можат да дадат било какви информации во врска со исчезнатото девојче да се јават на најблиската полициска станица.Извор: Слободен печат...
(ВИДЕО) Во Карпош на булевар пасат кози!
Лидер - пред 1 ден
Не секојдневна случка во главниот град Скопје. Во метрополата, поточно во општина Карпош по булеварот пасат кози. За валвата слика, жестоко реагираат граѓаните на социјалните мрежи. „Скопје 2025 година. Дај некој нека изгаси светло и нека затвори врата позади себе во оваа тажна државичка што се нарекува Македонија“ начпишаа граѓаните на социјалните медиуми....
Лишен од слобода возач кој со „Тојота“ удри велосипедист во Скопје
Лидер - пред 1 ден
Лишен од слобода возач кој со „Тојота“ удри велосипедист во Скопје Полициски службеници од СВР Скопје денеска го привеле 51-годишниот Б.Џ. од Скопје. Тој утринава околу 11:40 часот на улицата „Лазар Личеновски“ со возило „Тојота“ со бугарски национални ознаки удрил во модифициран велосипед со три тркала.Во несреќата повреден е 37-годишниот велосипедист Р.У. од Скопје. Тој бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Трагедија во Скопје: Возач усмрти 78-годишен велосипедистМВР соопшти дека Б.Џ. е лишен од слобода, а неговото возило е привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Извор: Курир...
Владата ќе набави 120 еколошки автобуси – 80 ургентно за ЈСП
Лидер - пред 1 ден
Владата ќе набави 120 еколошки автобуси – 80 ургентно за ЈСПВладата одобри план за набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 ќе бидат итно обезбедени за ЈСП Скопје. Оваа одлука е донесена по разгледување на информацијата од Министерството за транспорт во врска со барањата од локалните самоуправи. Подобрување на јавниот превоз и намалување на загадувањетоСпоред Владата, средствата за оваа набавка се веќе предвидени во буџетот на Министерството за транспорт.– Од вкупно 120 автобуси, 80 се итно потребни за обновување на возниот парк на ЈСП-Скопје, додека останатите 40 ќе се распределат според економската оправданост и потребите на општините – соопшти Владата. Со оваа инвестиција се очекува подобрување на јавниот превоз и намалување на загадувањето на воздухот, што ќе придонесе за одржлив развој и заштита на животната средина.Извор: Скопје1...
Кривична пријава против 10 припадници на ЕБР за злоупотреба на службена положба
Лидер - пред 1 ден
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против десет полициски службеници од Единицата за брзо распоредување (ЕБР). Пријавата е поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Според пријавата, тие незаконски примале надомест за патни трошоци, со што го оштетиле буџетот на МВР за 1.098.120 денари. (ВИДЕО) Тошковски и Мисајловски на заедничка алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“Незаконско присвојување на патни трошоциОдделот за внатрешна контрола утврдил дека пријавените полициски службеници – К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т. – користеле право на патни трошоци врз основа на пријавено место на живеење надвор од Скопје. Сепак, во одредени денови, тие не патувале, но сепак примале парични средства од МВР. Оваа злоупотреба, извршена во периодот од 1 декември 2023 до 17 септември 2024 година, довела до финансиска штета за државниот буџет.Освен кривична пријава и дисциплинска постапка за службеницитеОсвен кривичната пријава, Министерството ќе поднесе и предлог за поведување дисциплинска постапка против осомничените полициски службеници. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ја води истрагата за случајот.Извор: Курир...
„Вашите игри се прочитани“: ВМРО-ДПМНЕ одговори на синдикатите
Лидер - пред 1 ден
Обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ до синдикатитеЧленот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, тврди дека синдикалецот Иван Пешевски заработува трипати повеќе од минималната плата и дека за четири месеци примил колку што е една годишна плата за просечен работник. – Пешевски заедно со приходите од договори на дело, во 2024 и првите два месеци од 2025 година инкасирал 1.3 милиони денари – изјави Манасиевски.Одговорот на синдикатотПрвиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, возврати дека ваквите напади имаат за цел да го спречат зголемувањето на минималната плата. – Владата не сака да ја зголеми минималната плата и затоа не напаѓа. Го повикувам Манасиевски да ми ги даде тие 15.000 денари што, според нив, ги добивам, за да имам 75.000 денари плата – изјави Трендафилов.Тој предложи сите избрани и именувани функционери да работат за 500 евра, под услов веднаш да се изгласа минимална плата од 500 евра за сите работници.Препукувања околу зголемувањето на платитеПреписките меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ССМ се случуваат во момент кога минималната плата се зголеми за 2.200 денари според актуелната методологија. Синдикатот бара дополнителни 5.600 денари, а сега излезе со ново барање – зголемување од 6.000 денари за сите.Минималецот расте за 1800 денари: Синдикатите со предлог за минимална плата од 500 евра, работодавците не попуштаатВладата ја остави можноста за поголемо покачување, но само ако за тоа постои согласност меѓу работниците и работодавачите. Тие нагласија дека буџетот е во лоша состојба и државата не може да субвенционира дополнително зголемување.Во меѓувреме, СДСМ предложи закон за ослободување на компаниите од плаќање придонеси за зголемениот дел од платите, иако во изминатите седум години на власт не го направија тоа, инсистирајќи на почитување на постојната методологија....
Познати нови детали за обезбедувачот на Мицкоски: Снимал и објаснувал доверливи документи – требало да земе 50.000 евра
Лидер - пред 1 ден
Член на обезбедувањето на Мицкоски во притвор – Откриени нови деталиАнгел Самараков, член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, заврши во притвор откако беше фатен во обид да продаде доверливи документи за 50.000 евра. Обезбедувачот на Мицкоски заврши во притвор во ШуткаОбвинителството: Самараков снимал и објаснувал доверливи документиСпоред Обвинителството за организиран криминал и корупција, обезбедувачот на Мицкоски, бил самостоен инспектор во Единицата за лично обезбедување на премиерот, на 30 март во Велес се сретнал со сведок и му покажал службени документи од МВР. Осомничениот му дозволил на сведокот да ги снима документите и му ја објаснувал нивната содржина. Неговата цел, според истрагата, била да добие 50.000 евра. Притвор и можни последициОбвинителството предложи мерка притвор во траење од 30 дена, што беше прифатено од Основниот кривичен суд Скопје. Според член 360 од Кривичниот законик, за кривичното дело „оддавање службена тајна“ е предвидена затворска казна од една до 20 години.МИЦКОСКИ И ТОШКОВСКИ РАСЧИСТУВААТ СО КРИМИНАЛОТ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ: Уапсен член на обезбедувањето на премиерот!Официјално демантирање на поврзаност со ГрчецИако некои медиуми ја поврзаа истрагата со група од Грчец, Обвинителството истакна дека случајот нема никаква поврзаност со тие шпекулации.Со ваквиот потег, премиерот Христијан Мицкоски и министерот Панче Тошковски расчистуваат со криминалот, дури и во „своите редови“. Правдата почнува да важи за сите.Извор: Плусинфо...
Сто пациенти од пожарот во „Пулс“ сè уште на лекување, тројца во критична состојба
Лидер - пред 1 ден
Сто пациенти од пожарот во „Пулс“ сè уште на лекување, тројца во критична состојбаМинистерот за здравство, Арбен Таравари, информираше дека сто пациенти кои се повредени во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ сè уште на лекување во земјава или во странство. Од нив, тројца се во критична состојба. Состојбата на повреденитеОд вкупно 100 хоспитализирани, 20 сè уште на лекување се во клиниките во Македонија, а 80 во странски болници. Денеска се очекува двајца пациенти да се вратат од странство.„Цело време се критични. Бројката на критични пациенти е намалена на тројца, но тоа не значи дека така ќе остане. Кај некои пациенти, за жал, има флуктуација во здравствената состојба,“ изјави Таравари. Рехабилитација на пациентитеДо крајот на неделата се очекува враќање на повеќе пациенти кои се целосно рехабилитирани. За потешките случаи, министерот истакна дека има неколку опции за рехабилитација, вклучувајќи ги болниците „8-ми Септември“, Ковид-центарот, Центарот за рехабилитација во Козле, како и можност за подолгорочна рехабилитација во странство без трошоци за државата.Трагедијата во дискотеката „Пулс“Пожарот во нелегално отворената дискотека „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година, при што загинаа 59 млади лица, а над 190 беа повредени. Со меѓународна помош, најтешко повредените беа транспортирани во европски болници, каде им се пружа нега за изгорениците и вдишаните токсични гасови.Извор: Слободен печат...
Пратениците едногласно изгласаа забрана за пиротехника во затворен простор
Лидер - пред 1 ден
Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мирСо 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани, Собранието го поддржа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Законот беше предложен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и усвоен по скратена постапка. Со ова, се забранува пиротехника во затворен простор, а доколку има следуваат драконски казни. Промени поттикнати од трагедијата во КочаниИзмените се резултат на трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март, во која загинаа 59 млади лица, а околу 200 беа повредени. Пратеникот Тони Јаревски изјави дека измените се неопходни за да се спречат слични несреќи во иднина.Со новите измени: Се забранува користење на експлозивни материи и пиротехнички средства во затворени простории.Се зголемуваат глобите за прекршителите, а за повторен прекршок се предвидува притвор.Полицијата добива зголемени надлежности за превенција и постапување во случај на нарушување на јавниот ред и мир.Паралелно, Министерството за внатрешни работи работи на нов Закон за експлозивни материи за цивилна употреба, со кој детално ќе се регулира оваа област.Тошковски: Пиротехниката во дискотеката ја донел бендот „ДНК“, концертот се одржал „на диво” без договор и пријаваДруги предлог-закони не беа прифатениНа истата седница, не беа прифатени два предлога на Левица:Продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци. Според пратеникот Амар Мециновиќ, ова би помогнало во справувањето со демографската криза.Законска обврска платите во државата да се исплаќаат најдоцна до 5-ти во месецот.И двата предлога беа одбиени од мнозинството....
Николоски: Креираме нов едношалтерски систем и поефикасни постапки за увоз, извоз и транзит на стока
Лидер - пред 1 ден
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска претседаваше со Комитетот за управување со Националниот едношалтерски систем. Комитетот го усови предлог на Законот за едношалтерска околина, нов закон со кој ќе се обезбеди збир на едношалтерски услуги кои ги обезбедуваат 15 институции во делот на увозот, извозот и транзитот на стока.Целта на оваа регулатива е да се олесни трговијата преку рационализација на процесите при апликација и издавање на дозволи, нивната обработка и процесот на царинење на стоките при увоз, извоз и транзит низ државата. Исто така со Законот се постигнува интероперабилност, односно размена на податоци меѓу сите инститиуции на национално ниво, подобра соработка како и координирани активности во рамки на овој систем.Законот има за цел да направи и услогласување со европската регулатива, како и целосно усогласување со нецаринските системи во земјите од ЦЕФТА.Република Македонија е дел од проектот за олеснување на транспортот и трговијата во земјите од Западен Балкан каде една од компонентите е имплементацијатa на овој Нов Национален Едношалтерски Систем што подразбира целосна замена на тековниот систем за управување со дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки со нов систем.Во рамките на оваа активност, Министерството за транспорт преку Проектната единица во рамки на самото министерство е во фаза на подготовна на тендерска документација за нова електронска “Платформа за дозволи” како и хардверска опрема, која се очекува да се распише во месец мај оваа година.Овoj софтвер подразбира дека во иднина сите дозволи за увоз, извоз и транзит како и плаќањето, ќе се одвива по електронски пат на една точка.Погледнете повеќе:...
Обезбедувачот на Мицкоски заврши во притвор во Шутка
Лидер - пред 1 ден
Полицаец од обезбедувањето на Мицкоски во притвор за оддавање службена тајнаАнгел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби 30-дневен притвор под сомнение за кривично дело „оддавање службена тајна“, дознава „Скопје1“. Со ваквата одлука Владата информираат дека борбата против криминалот е неселективна, и тоа што станува збор за член задолжен за обезбедувањето на премиерот е причина плус да се делува строго и според законите.МИЦКОСКИ И ТОШКОВСКИ РАСЧИСТУВААТ СО КРИМИНАЛОТ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ: Уапсен член на обезбедувањето на премиерот! Приведување и истрагаСарамаков беше уапсен во акција на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во МВР. При што беше затекнат во возило „БМВ“ заедно со уште едно лице кое засега не е под истрага. При претресот, кај него бил пронајден ранец со службени материјали од МВР, а од двете лица биле одземени мобилните телефони.„Во рамки на акцијата, извршени се претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата. Полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на МВР, неовластено поседувал службени материјали и ги откривал на трети лица“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Поврзаност со нарко-кланови?Некои медиуми објавија дека материјалите можеби требало да завршат во рацете на лица засегнати од постапувањата на МВР, односно нарко-кланови, но овие информации остануваат непотврдени. Поради тајноста на истрагата, засега не се откриваат детали за документите, нивниот извор и наменетите приматели.Сарамаков е спроведен во затворот во Шутка, каде ќе ја издржува мерката притвор....
Бројот на критични пациенти по пожарот во Кочани се намали на три
Лидер - пред 1 ден
Бројот на критични пациенти по пожарот во Кочани се намали на триМинистерот за здравство, Арбен Таравари, соопшти дека бројот на лица во критична состојба по пожарот во Кочани е намален на три, но нивната здравствена состојба и натаму е сериозна. Состојбата на пациентите„Едниот пациент, којшто беше критичен, сега е многу подобро, и веќе бројката на критични пациенти се намалува на три. Но, тоа не значи дека така ќе продолжи. Кај некои пациенти, за жал, има флуктуација во нивната здравствена состојба,“ изјави Таравари.Од вкупно 193 повредени, во болничко лекување моментално се 100 пациенти. Дваесетмина се хоспитализирани во Македонија, а 80 се лекуваат во странски болници. Враќање на пациенти на домашно лекувањеВо текот на денот, двајца пациенти ќе бидат вратени на домашно лекување – еден од Полска и еден од Белгија.„Имаме најава за враќање на повеќе пациенти до крајот на неделата. Очекуваме да се вратат тие што се целосно рехабилитирани,“ додаде министерот....
За само девет месец Владата овозможи покачување на пензиите од 5000 денари
Лидер - пред 1 ден
Владата на ВМРО-ДПМНЕ го исполнува тоа што го вети во предизборието. На контото на пензионерите утрово веќе стигнаа покачените пензии од 2500 денари. Со ова зголемување, нивното покачување на пензиите од 5000 денари. Се реализира ветенотоПензионерите за девет месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат зголемување од 5000 денари. Ветувањето за покачување на пензиите на Владата од ВМРО-ДПМНЕ се реализира побрзо од ветеното. За само девет месеци нова власт покачувањето ќе биде линеарно, а истото ќе биде по 5000 денари за поединец.(ВИДЕО) Мицкоски за зголемените пензии: Toa што го ветивме, го остваривме Пензионерите со ново зголемување: Од денеска 2.500 денари повисоки пензииНа сметките на над 340.000 пензионери од денеска ќе легнат зголемени пензии за 2.500 денари. Ова е второто линеарно покачување, по првото зголемување во септември минатата година, кое исто така изнесуваше 2.500 денари.Буџетска поддршка за зголемени пензииЗа покачување на пензиите од 5000 денари во тековната година, во Буџетот се предвидени 1,715 милијарди евра.Според премиерот Христијан Мицкоски, ова покачување има за цел да ја намали разликата во примањата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани.„Над 340.000 пензионери во Северна Македонија од денеска добиваат за 2.500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување во септември и сегашната мартовска пензија, за само девет месеци мандат пензионерите добиваат вкупно 5.000 денари зголемување“, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).Владата со мерки за подобар живот на пензионеритеОд Министерството додаваат дека ќе продолжат со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите. „Како Влада и ресорно министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани“, се наведува во нивното соопштение....
Тимови од психолози и психијатри на терен во Кочани – целта е да се надмине колективната траума
Лидер - пред 1 ден
Во Кочани има тимови од психолози и психијатри кои им помагаат на граѓаните за надминување на колективната траума, предизвикана од трагедијата, пишува МРТ. Шест пациенти се вратија во земјаваПетмина пациенти од Србија и еден од Италија, повредени во пожарот во кочанската дискотека, се вратија вчера во земјава. По 24-часовниот лекарски надзор во клиниките, ќе заминат на домашно лекување. И натаму е тешка здравствената состојба на пациентите кои се интубирани. Во домашните клиники нема нови исписи, остануваат 16 пациенти. Генерално, тоа се пациенти на кои им беше направена трансплантација на кожа.„Кај нас се извршени неколку операции со трансплантација на кожа во градската болница и на пластична хирургија, за пациентите кои се наоѓаат во странство во зависност од здравствената состојба и тријажата кога ќе дојдат на конзилијарен преглед ќе видиме дали ќе треба да се направат нови операции или рехабилитација“, вели д-р Игор Мерџановски – директор на Клиника за трауматологија. Подобрена состојбата на двајца пациенти хоспитализирани во СолунСимулациска вежба два месеци пред трагедијатаДва месеца пред да се случи несреќата во Кочани, лекарите имале симулациска вежба со слично сценарио, кое, како што вели доктор Мерџановски, им помогнало, затоа што се обновила координацијата меѓу нив и институциите за спасување цивили во кризни ситуации.„Сценариото беше Ласкарци, имаше пожар, имаше изгорени и повредени пациенти. Најважно ни беше што на таа вежба ги формиравме системите и кризните штабови, кога се случи трагедијата во Кочани ние веќе имавме кризни штабови кои беа оформени и поврзани меѓу себе“, вели д-р Мерџановски.Од овде произлегува дека една од причините за добрата координација е оваа вежба. Но, работата не запира таму. Во меѓувреме, во Кочани има тимови од психолози и психијатри кои им помагаат на граѓаните за надминување на колективната траума. Трагедијата ќе остави длабоки траги кај граѓаните.Лекувањето на повредените од пожарот во Кочани: 91 во странство, 14 на клиники во Македонија, а 8 пуштени домаЗа пациентите кои се на домашно лекување, се грижи тим од пластични хирурзи, кои во кочанската болница им вршат преврски и контроли....
„Денот на шегата“ во Македонија засенет од трагедијата во Кочани – откажани големите настани
Лидер - пред 1 ден
Денеска се одбележува 1 април – Денот на шегата. Ова не е национален празник, но насекаде во светот се прославува како ден кога многумина прават шеги и будалаштини. Вообичено, на овој ден во земјава дефилираат најмладите маскирани во суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, готвачи, лекарки, како и ликови од цртани филмови.Денот на шегата се прославува различно во светот. Во Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат до пладне и оној кој прави трикови после пладне го нарекуваат „априли-ли-ли“ и го исмеваат, додека во Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија и други држави, луѓето се шегуваат цел ден. Во Македонија оваа година нема да се одбележува со големи настани, поради трагедијата во Кочани пред две недели. Сите настани кои традиционално се оддржуваат на овој ден, се откажани.Овој дел се одбележува со разни шеги и практични шеги со задолжителниот извик „Априлилили“....
„Загрижувачка пресуда“: САД ја критикуваа пресудата за Марин Ле Пен
Лидер - пред 1 ден
САД ја критикуваа пресудата со која на Марин Ле Пен ѝ се забранува политичка активностСАД ја критикуваа пресудата за Марин Ле Пен. Соединетите Американски Држави во понеделникот ја критикуваа одлуката со која на лидерката на француската крајна десница, Марин Ле Пен, ѝ се забранува политичка активност во следните пет години поради злоупотреба на средства доделени за нејзините помошници во Европскиот парламент. „Мораме да сториме повеќе како Запад. Наместо само да зборуваме за демократските вредности, мораме да ги живееме“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус.Таа додаде дека исклучувањето на луѓето од политичкиот процес е „особено загрижувачко“. Зошто се забранува кандидирање на Марин Ле Пен?Марин Ле Пен во понеделникот беше прогласена за виновна за злоупотреба на фондовите на ЕУ и осудена на петгодишна забрана за вршење јавна функција, што ќе ја спречи да се кандидира за претседател во 2027 година. Ваквата пресуда би укинала ако поднесе жалба на пресудата. Судот исто така ја осуди Ле Пен на четири години затвор, од кои две условно, како и на парична казна од 100.000 евра.Марин Ле Пен доби забрана за кандидирање на изборите во 2027 годинаЛе Пен, нејзината партија и 24 членови на партијата се обвинети дека пренасочиле повеќе од три милиони евра од Европскиот парламент за плаќање персонал во Франција. Тие тврдат дека обвиненијата се базирани на тесно толкување на улогата на пратеничките асистенти.Доналд Трамп Џуниор во одбрана на Ле ПенНа пресудата преку платформата X реагираше и Доналд Трамп Џуниор, син на поранешниот американски претседател.„Франција ја испраќа Ле Пен во затвор и ја спречува да се кандидира за претседател. Дали се обидуваат да докажат дека Џеј-Ди Венс бил во право?“ – напиша тој, алудирајќи на неодамнешниот говор на американскиот потпретседател на Минхенската безбедносна конференција.Венс тогаш ги обвини европските сојузници за ограничување на слободата на говорот и демократските вредности, како и за непочитување на волјата на граѓаните. Како примери ги наведе одбивањето на германските партии да коалицираат со крајнодесничарската „Алтернатива за Германија“ (AfD), и поништувањето на претседателските избори во Романија, каде што по првиот круг победи крајнодесничарскиот кандидат Калин Џорџески, кому подоцна му беше забрането да се кандидира.Дали левицата се плаши од силна десна опција во Франција?Во Франција со децении постои т.н. „републикански блок“, стратегија во која сите партии се здружуваат против крајната десница за да ги елиминираат нивните кандидати. Сепак, последните години, и покрај оваа стратегија, Националниот собир (поранешен Национален фронт) успеа значително да ја зголеми својата поддршка.Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата за проневера на фондовиЗголемена поддршката на Ле ПенСамата Ле Пен и нејзината партија уживаат голема популарност во анкетите за јавно мислење. Во понеделникот, пред судот, таа ги обвини обвинителите дека бараат нејзина „политичка смрт“ и тврди дека пресудата е дел од заговор за да се спречи Националниот собир да дојде на власт.Ле Пен ќе го задржи своето место во Националното собрание на Франција до крајот на мандатот. Во моментов, таа ја предводи најголемата опозициска партија во парламентот....
(ВИДЕО) Силно невреме на грчкиот остров Парос, водата носи сè пред себе
Лидер - пред 1 ден
Невреме на грчкиот остров ПаросЦелосна забрана за сообраќај е на сила на сите патишта на грчкиот остров Парос поради лошите временски услови во популарната туристичка дестинација, објави грчкиот весник „Катимерини“. Властите во Грција издадоа итна тревога преку системот за итни пораки 112, предупредувајќи ги жителите да избегнуваат патување. За време на забраната, дозволено е да возат само возила за итни случаи. На видео снимката од островското село Науса се гледаат автомобили и канти за ѓубре кои се однесуваат додека улиците се поплавени од поројниот дожд. На Парос 15 лица беа спасени од пожарникари и сограѓани бидејќи останаа заглавени. Две лица се спасени од автомобили кои тонат.Погледнете го видеото од тамошното невреме: Повеќе видеа околу поплавите може да погледнете ТУКА.Количината на дожд што наврна за два часа одговара на количината за три месеци на годишно ниво. Тешка е ситуацијата и на островот Миконос.Екстремните временски услови, карактеризирани со обилни врнежи од дожд и грмежи, се очекува да се интензивираат во источниот дел од земјата, особено да ги погодат островите во Егејското Море. Властите ги повикаа жителите да останат внатре и да бидат внимателни додека невремето напредува.Кикладите се соочуваат со најтешки услови, со црвена предупредувачка шифра на сила до утре наутро, нагласуваат од Владата.Невреме и на МиконосПораки да останат во своите домови додека трае невремето, како и информација за училиштата била испратена и до жителите на Миконос.„Ги повикуваме граѓаните да останат смирени, да ги следат упатствата и да соработуваат со надлежните“, соопштија надлежните на Миконос.Невремето ќе се прошируваНевреме ќе ги зафати и островите во источното Егејско Море, вклучувајќи ги Самос, Икарија и Хиос, од вечерва до вторник навечер. Атика, Тесалија и Евија во вторник навечер ќе бидат поплавени со пороен дожд. Од вторник наутро до раните утрински часови во среда ќе бидат зафатени Додеканезите, додека од вторник навечер до среда наутро невреме ќе ги погоди западниот и јужниот дел на Крит.Невремето денеска се очекува полека да се движи кон север и да го зафати регионот на Халкидики и Солун....
(ВО ЖИВО) ШТО ЗНАЧИ КРАЈОТ НА УСАИД? – Разговараме со Цветин Чилиманов
Лидер - пред 1 ден
ШТО ЗНАЧИ КРАЈОТ НА УСАИД? – Разговараме со Цветин Чилиманов. Каква позадина имаат платените револуции низ повеќето држави?Следете во живо...
Маж од Стојаково пронајден мртов во својот дом – Обдукцијата ќе ја утврди причината
Лидер - пред 2 дена
Во семејниот дом во селото Стојаково, општина Богданци, вчера бил пронајден починат 66-годишниот Б.С., информираа од ОВР Гевгелија. Според првичните информации, лекарскиот преглед не покажал видливи траги на насилство.Трагично откритие: 23-годишник пронајден мртов во неговиот дом во Гази Баба – немало никакви индикации на насилна сме На местото на настанот увид извршила екипа од ОВР Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција за утврдување на точната причина за смртта.Истражните органи работат на расветлување на случајот.Извор: Курир...
УХМР: Нестабилно време со пороен дожд и грмежи до петок
Лидер - пред 2 дена
УХМР најави променливо и нестабилно време во текот на оваа недела. Ќе има повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата, во попладневните и вечерните часови на одредени места ќе има услови за краткотрајно невреме, со обилен пороен дожд кој може да надмине 15 литри на квадратен метар.Во сабота времето ќе се стабилизира, но веќе во недела повторно се очекуваат врнежи. УХМР апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги следат метеоизвестувањата. Извор: Република...
Шкендија жали за жртвите во Кочани и се оградува од навивачки инцидент
Лидер - пред 2 дена
Фудбалскиот клуб Шкендија изрази длабоко жалење за трагедијата во Кочани. Ја осуди и неодговорноста на мала група навивачи кои го нарушија едноминутниот молк за жртвите. (ВИДЕО) СКАНДАЛ: Наместо минута молк за Кочани, во Тетово се пееше за УЧК!На натпреварот против Брера, кој се одигра во Тетово, официјалниот молк во чест на загинатите беше прекинат од одредени навивачи кои довикуваа и пееја песни. Шкендија веднаш реагираше со соопштение, нагласувајќи дека ваквото однесување не го одразува ставот на клубот, ниту на навивачката база во целина. ФФМ со дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради непочитување на минута молкКлубот потсети дека целосно ја почитува одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за оддавање почит на жртвите. Тие истакнаа дека „Балистите“, главната навивачка група, вообичаено стојат на трибината „Маршин Беќири“, но овојпат биле на централната трибина. Од присутните 3-4.000 гледачи, само околу 20 лица покажале несоодветно однесување, додека мнозинството навивачи го изразиле своето незадоволство со свирежи.Шкендија уште еднаш го потенцираше својот непоколеблив став за почит кон загубените животи и сочувство со семејствата на жртвите.Извор: Миа...
(ВИДЕО) БМВ изгоре на влезот во Тетово – пожарот предизвика голема штета
Лидер - пред 2 дена
Автомобил марка „БМВ“ целосно изгоре попладнево на автопатот Скопје-Тетово, во близина на влезот во Тетово. Според првичните информации, возилото било во движење во моментот кога избувнал пожарот, кој најверојатно е предизвикан од технички дефект.(ВИДЕО) Изгоре автомобил на патот Струмица – Дабиле: Причинета голема материјална штета Противпожарните екипи веднаш излегле на терен и интервенирале за да го изгаснат огнот. За среќа, во инцидентот нема повредени лица, но е причинета значителна материјална штета.Надлежните служби работат на утврдување на точните причини за пожарот, а сообраќајот на оваа делница беше кратко во прекин додека траеше интервенцијата. Извор: ТВ 21...
Вучиќ категоричен: Нема да има преодна влада во Србија
Лидер - пред 2 дена
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја отфрли можноста за формирање преодна влада. Тој нагласи дека владејачката Српска напредна странка (СНС) нема волја за таков чекор. Употреба на звучен топ во Белград: ФСБ ќе истражува дали Вучиќ вршел политички терор над демонстрантитеВо гостувањето на ТВ Пинк, Вучиќ откри дека испратил покани до носителите на изборните листи за консултации околу формирањето на новата влада. Според него, пет до шест политички субјекти веќе потврдиле учество во разговорите, кои ќе завршат најдоцна до 5 април. „Ќе разговараме со сите пријавени листи, а потоа ќе чекаме конечна одлука од СНС. Јас не сакам нови избори, но едно е сигурно – преодна влада нема да има“, истакна Вучиќ.Оваа изјава претставува директен одговор на опозициските барања за формирање преодна влада, кои сега, според Вучиќ, се беспредметни.Извор: а1.он...
ФФМ со дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради непочитување на минута молк
Лидер - пред 2 дена
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) отвора дисциплинска постапка против ФК Шкендија поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа. Овој чин претставува недопустливо непочитување кон загинатите и нивните семејства. ФФМ ќе преземе соодветни мерки согласно правилата со што ќе обезбеди вакви недолични постапки никогаш повеќе да не се повторат, се вели во нивното соопштение.За вакви нелуѓе нема место во фудбалот.Нека се огледаат на Шкендија Арачиново, која покажа достоинство и почит кон жртвите и целокупната ситуација во државата. ФФМ пред неколку недели веќе ги испразни трибините со гостински навивачи во Струга поради недолично однесување и тоа ќе важи за сите – без исклучок.Фудбалот мора да остане спорт на почит и достоинство, велат од ФФМ....
МИЦКОСКИ И ТОШКОВСКИ РАСЧИСТУВААТ СО КРИМИНАЛОТ ВО СВОИТЕ РЕДОВИ: Уапсен член на обезбедувањето на премиерот!
Лидер - пред 2 дена
Министерството за внатрешни работи покажува дека нема милост кон криминалците и поднесе кривична пријава за член од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој тргувал со информации и изнудувал пари со тие информации, дознава „Нетпрес“. Станува збор за Ангел Самараков од Велес. Од Владата информираат дека борбата против криминалот е неселективна, и тоа што станува збор за член задолжен за обезбедувањето на премиерот е причина плус да се делува строго и според законите.Во билтенот на МВР стои следнава информација за кривичната пријава и за настанот: „На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ.Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК на 31.03.2025 година ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик“....
Марин Ле Пен ќе поднесе жалба на пресудата за проневера на фондови
Лидер - пред 2 дена
Марин Ле Пен, лидерката на француската крајна десница, ќе поднесе жалба на одлуката на судот. Таа е осудена на четири години затвор, од кои две години се условна казна, соопшти нејзиниот адвокат. Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера – неизвесна политичка иднинаПокрај затворската казна, судот ѝ изрече и петгодишна забрана за вршење јавна функција, како и парична казна во висина од 100.000 евра. Ле Пен е прогласена за виновна за проневера на европски фондови. Нејзиниот правен тим ја оспорува пресудата, нарекувајќи ја „удар за демократијата“.– Марин Ле Пен ќе продолжи да се бори – изјави портпаролот на нејзината партија „Национален собир“.Оваа пресуда доаѓа во пресрет на претседателските избори во Франција, закажани за 2027 година, каде што Ле Пен се смета за еден од главните фаворити.Извор: Република...
Пензионерите од утре со повисоки пензии – на сметките по 2.500 денари повеќе
Лидер - пред 2 дена
Од утре, пензионерите низ целата држава ќе добијат повисоки пензии. На нивните сметки ќе легнат дополнителни 2.500 денари. Ова покачување го опфаќа целиот пензионерски корпус од над 300 илјади лица и е дел од континуираниот раст на пензиите. Со оваа корекција, во изминатите осум месеци пензиите пораснаа за вкупно 5.000 денари, со што се подобрува стандардот на највозрасната категорија граѓани.Повеќе средства за пензии во Буџетот за 2025 годинаЗа исплата на пензиите во тековната година, во Буџетот се предвидени 1,715 милијарди евра. Според премиерот Христијан Мицкоски, ова покачување има за цел да ја намали разликата во примањата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани. Тој нагласи дека Владата останува на политиката на рамниот данок и не ги прифатила предлозите на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд за зголемување на старосната граница за пензионирање, зголемување на ДДВ и воведување променливи даночни стапки.Повисоки плати и за здравствените работнициОсвен пензионерите, зголемување на примањата добиваат и здравствените работници. Нивните мартовски плати ќе бидат повисоки за 15%, а до крајот на мандатот се планира нивно покачување за вкупно 40 до 50 проценти.Овие мерки се дел од стратегијата за подобрување на стандардот на населението, со фокус на социјалните категории и здравствениот сектор.Извор: Република...
(ВИДЕО) СКАНДАЛ: Наместо минута молк за Кочани, во Тетово се пееше за УЧК!
Лидер - пред 2 дена
Наместо минута молк и оддавање почит за 59-те жртви од Кочани меѓу кои и фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров навивачите на Шкендија направија голем скандал. Имено, на денешпниот натпревар од ПМФЛ Шкендија на свој терен ја пречека Брера. Навивачите на домаќините во минутата кога се оддаваше почит на Лазаров, не само што не навиваа, туку пееја и песна посветена на УЧК. Според спортската јавност по ваквиот скандал се очекува екипата на Шкендија да заработи сериозна санкција од Фудбалската федерација на Македонија.Погледнете го видеото: Прволигашките натпревари кои се играат денеска започнаа со минута молк за Кочани, а во чест и на фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров.ТРАГЕДИЈА: Почина Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи!Ваквиот потег наиде на критики од спортска јавност. Популарниот медиум „Макспорт“ даде свој коментар за песната и свирежите.„Дното е допрено“, пишува Макспорт на Фејсбук....
Шест повредени во пожарот во Кочани се враќаат во државава
Лидер - пред 2 дена
Шест повредени во пожарот во Кочани денес се враќат од лекувањето во странство. Пет од нив се од Србија (3 од КБЦ Ниш и 2 од ВМА Белград) и еден од Италија. Тие ќе бидат примени во здравствени установи од кои биле испратени и согласно повредите. Денеска се враќаат уште пет пациенти од странство – состојбата на критичните пациенти останува непроменетаМинистерството за здравство инфомираше дека ги следат и останатите пациенти во странство. Кај дел од нив има подобрување, а неколкумина се уште се интубирани и во потешка здравствена состојба. Шест повредени во пожарот во Кочани денеска се враќаат во државава. Во здравствените установи во државава остануваат 16 пациенти во добра општа состојба. Владата презема мерки за утврдување одговорност.Извор: Експрес...
Малолетник уапсен откако удрил полицаец со мопед – пронајдена и дрога
Лидер - пред 2 дена
Малолетник уапсен откако удрил полицаец со мопед: Инцидент на патот Демир Капија – НеготиноМалолетник е лишен од слобода откако удрил полицаец со мопед, а при преглед во возилото била пронајдена зелена растителна материја. Според СВР Велес, инцидентот се случил синоќа во 19:45 часот, кога полицајци од ОВР Неготино го сопреле малолетникот за контрола. Наместо да се придржува до наредбите, тој го стартувал мопедот и удрил во еден од полицајците. Веднаш бил повторно сопрен, а при прегледот во неговиот мопед била пронајдена дрога.Полицијата презема меркиСо малолетникот бил извршен разговор во полициска станица, во присуство на родител, адвокат и претставник од Центарот за социјални работи Неготино. Јавен обвинител бил известен за случајот, а по документирањето ќе биде поднесен соодветен поднесок. Прилепчанец се обидел да проголта пакетчиња со дрога пред да биде уапсенДруг инцидент – напад во КавадарциВо друг случај, вчера попладне во 16:00 часот, полицијата го уапсила Д.С. (29) од Кавадарци поради напад врз возач и оштетување на возило.Т.С. (62) од село Дреново пријавил дека Д.С. му го попречил патот, агресивно се однесувал, удирал по возилото, го оштетил и физички го нападнал.Д.С. бил задржан во полициска станица, а јавен обвинител бил известен.По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Полицијата продолжува со истрагата за двата случаи....
Марин Ле Пен доби забрана за кандидирање на изборите во 2027 година
Лидер - пред 2 дена
Судот ја прогласи Ле Пен за виновнаФранцускиот суд ја осуди Марин Ле Пен, осум пратеници и 12 соработници од партијата Национален собир за проневера на јавни средства. Марин Ле Пен доби забрана за кандидирање на претседателските избори во 2027 година. Марин Ле Пен прогласена за виновна за проневера – неизвесна политичка иднинаНајзначајната последица од пресудата е петгодишната забрана за вршење јавна функција, со што Ле Пен не може да се кандидира за претседателските избори во 2027 година. Злоупотреба на фондови на Европскиот парламентОбвинението се темели на тоа дека Ле Пен и нејзините соработници ја натерале Европската унија да плати за луѓе кои всушност работеле за партијата, што е спротивно на правилата. Според истрагата:Судот пронашол над 40 фиктивни договориВкупниот износ на злоупотребените средства е над 4,6 милиони евраЕвропскиот парламент проценува дека штетата достигнува 7 милиони евраМеѓународни реакции – Поддршка од сојузницитеСветските десничарски лидери остро ја осудија пресудата.Виктор Орбан, премиерот на Унгарија, на платформата X напиша „Je suis Marine!“Матео Салвини, вицепремиерот на Италија, оцени дека ова е „напад од Брисел“, нагласувајќи дека „нема да се исплашат“Герт Вилдерс, лидерот на холандската екстремна десница, изјави дека е „шокиран од казната“ и верува дека Ле Пен ќе ја добие жалбатаЛе Пен останува без коментар – Жалбата е неизбежнаЛе Пен сè уште не ја коментираше пресудата, но нејзиниот правен тим се очекува да поднесе жалба, што ќе доведе до ново судење. Ле Пен доби забрана да се кандидира во 2027 година, а тоа отвори многу прашања.Пресудата носи големи политички последици и може значително да ја промени динамиката на претседателските избори во Франција....
Директен лет од Скопје до аеродромот „Орли“ во Париз
Лидер - пред 2 дена
Започнува летот од Скопје до ПаризНискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ се враќа на македонскиот пазар со лет од Скопје до Париз. Ваквиот лет ќе се реализира уште од оваа недела. Разлика меѓу досегашниот лет кој е со ВизЕр е дека тој е до аеродромот „Париз Буве“ кој е на 90 километри од Париз, а новиот со ИзиЏет ќе биде до „Орли“ на 20 километри од француската престолнина. Генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт изјави дека во среда на Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе пристигне авион на „Изиџет“. Вечер ги пренесе деталите.– Ќе го пречекаме првиот лет на „Изиџет“ до Меѓународниот аеродром „Скопје“, од аеродромот „Орли“ во Париз, што е важно поради две работи, истакна Курт за весникот ВЕЧЕР. Летниот авио распоред отвора нови можности за патување од Скопје и ОхридСо стапување во сила на летниот авио распоред, од скопскиот и охридскиот аеродром започнаа летови кон 54 редовни дестинации и 10 чартер рути. Од Скопје ќе сообраќаат 16 авиокомпании со 47 редовни линии, додека три оператори ќе реализираат чартер летови. Од Охрид, пак, шест компании ќе летаат кон седум редовни дестинации, заедно со најавен чартер од Манчестер.На 2 април почнува линијата на „Изиџет“ до аеродромот Орли во Париз. Од 3 мај, „Виз Ер“ стартува со нови авиолинии до Барселона и Лион. Претходно, беше воспоставена линија Скопје–Амстердам со „Трансавиа“, додека Охрид доби редовна линија до Истанбул со „Туркиш ерлајнс“.Според ТАВ Македонија, Орли е аеродром управуван од Groupe ADP, членка на истата групација како и ТАВ, што обезбедува добра поврзаност. Новите летови се дел од поширока стратегија за развој во рамки на летниот авио распоред.Моментално од Скопје може да летате со ВизЕр до аеродромот „Париз Буве“ кој е подалеку, на 90 километри од Париз, а со ИзиЏет ќе може да летате до аеродромот Орли кој е на 20 километри од центарот на Париз. Орли е еден од најпрометните аеродроми во светот.Нови дестинацииСе додаваат шест нови авиолинии меѓу кои Барселона и Лион, а се укинуваат три дестинации за летање од македонските аеродромиВладата и министерот Николоски досега ја зголемија листата на дестинации за патување од Скопје.Николоски и Визер во преговори за нови авио-рути: Унапредување на авиосообраќајот и проширување на досегашната соработкаЛетот до Париз е втора новост оваа сезона за летање кон фрнацуско тло, откако е најавен и летот кон Лион. Останува да видиме дали ќе има и останати линии со Изиџет како нискоџубетна компанија....
Собранието од утре продолжува редовно со работа
Лидер - пред 2 дена
По две недели, Собранието од утре продолжува редовно да функционира. Закажани се и комисии и пленарни седници. Одлуката, телата на законодавниот дом да не заседаваат поради трагедијата во Кочани предизвика поделени реакции во јавноста. Дел од граѓаните ова го гледаа како начин за теренски активности за трагедијата. Дел критикуваа дека пратениците не си ја работат работата за којашто се платени и бегаат од одговорност.Собранието, пак, се правдаше дека работата продолжила во други вообичаени форми, преку координации, подготовка и разгледување предлог-законите, како и состаноци на различни нивоа и со теренски активности во Кочани. Во меѓувреме, се отвори и можноста за лидерска средба. Мицкоски и Филипче ќе седнат на иста маса заради трагедијата во Кочани!?Извор: МРТ...
Собранието од утре редовно започнува со работа
Лидер - пред 2 дена
По две недели, Собранието од утре продолжува редовно да функционира. Закажани се и комисии и пленарни седници. Одлуката, телата на законодавниот дом да не заседаваат поради трагедијата во Кочани предизвика поделени реакции во јавноста. Дел од граѓаните ова го гледаа како начин за теренски активности за трагедијата. Дел критикуваа дека пратениците не си ја работат работата за којашто се платени и бегаат од одговорност.Собранието, пак, се правдаше дека работата продолжила во други вообичаени форми, преку координации, подготовка и разгледување предлог-законите, како и состаноци на различни нивоа и со теренски активности во Кочани. Во меѓувреме, се отвори и можноста за лидерска средба. Мицкоски и Филипче ќе седнат на иста маса заради трагедијата во Кочани!?Извор: МРТ...
АХВ: Казнет уште еден нелегален продавач на храна со поминат рок
Лидер - пред 2 дена
По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) презедоа дејствија за откривање на потеклото на истите. Во соработка со Министерството за внатрешни работи беше извршен претрес на дом на возачот на возилото. Пронајдени беа 34 пакети со таканаречени флипс производи и 35 пакети оризови барови со различни вкусови, грицки и други кондиторски производи во количина од 250 килограми. Утврдено беше дека пронајдените производи се со поминат рок и истите, како необезбедени беа одземени од инспекциските служби на АХВ.Производите биле набавени од различни магацини и истите се нуделе и продавале на скопскиот пазар за стари работи во Маџари како и на пазарот во Шуто Оризари во Скопје. Сторителот е казнет со парична казна во висина од 400 евра во денарска противвредност. Издадена е и наредба за уништување на небезбедните производи. Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со спроведување на мерки за сузбивање на нелегална трговија со храна, за која може да пријават и граѓаните на бесплатната телефонска линија за потрошувачи 0800 3 22 22, електронски на info@fva.gov.mk, или лично во Агенцијата....
„Знаев дека мораме да влеземе внатре“: 18-годишниот Христијан Стојанов сведочеше за кобната ноќ во Штип
Лидер - пред 2 дена
Христијан Стојанов – 18-годишниот херој кој спасуваше животи во пожарот во КочаниОсумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е уште еден херој од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој не размислувајќи за сопствениот живот, влегол во пламенот за да спасува луѓе. Стојанов, кој е ученик во Средното текстилно училиште во Штип, за штипската телевизија „ТВ Стар“ зборуваше за своето искуство во ноќта на 16 март – за спасувањето животи, помошта од обезбедувачите, деновите поминати во болница и траумата со која се соочува.„Знаев дека мораме да влеземе внатре“Христијан бил надвор од дискотеката кога го здогледал огнот и веднаш се сетил дека неговиот братучед е внатре. Кога ја видовме глетката пред дискотеката, се погледнавме со мојот близок другар Давид Симонов и знаевме дека треба да влеземе внатре. Не се сеќавам како успеав да ја натопам маицата, но ја ставив на устата и влегов внатре. Се обидувавме да извадиме што повеќе луѓе. Оние кои беа живи не можеа да излезат од чадот што им ги печеше очите. Им подававме рака и ги влечевме надвор. Оние кои беа онесвестени ги носевме пред дискотеката. Надвор имаше луѓе кои немаа храброст да влезат, но ги преземаа повредените и ги носеа настрана, обидувајќи се да ги освестат или да ги однесат во болница – раскажа Стојанов.Не избирал кого да спаси – се борел за што повеќе животиМладиот херој вели дека внатре имало повеќе негови познаници, но во тие моменти не размислувал дали спасува некој што го познава или не. Негова цел била само да извлече што повеќе луѓе.Според него, бројот на загинатите ќе бил уште поголем без обезбедувањето, кое им давало инструкции каде да одат за да ги извлекуваат луѓето.Ни кажуваа од каде да одиме, ни помагаа во целата ситуација – раскажа тој.Кога стигнал пред дискотеката, вратата повеќе не била блокирана. Тоа се случило пред тој да стигне.Неговите блиски не преживеале – „денови по пожарот не можев да заспијам“За жал, некои од неговите блиски другари, кои биле при свест, не издржале.Денови по пожарот не можев да заспијам од глетките што ги видов – вели Стојанов.Тој поминал десет дена во болница во Скопје, каде примал терапија, инфузии и постојано бил на кислородна поддршка.По враќањето од „Пулс“ дома, ми снема воздух. Во болницата во Скопје секојдневно добивав медицинска грижа, а таму работеа и психолози и психијатри со кои разговаравме – раскажа тој.„Горд сум што успеав да спасам животи“И покрај сè што преживеал, Христијан Стојанов е горд на себеси, бидејќи успеал да извлече луѓе кои денес се живи.– Не очекувам ништо за возврат, затоа што во прашање беа човечки животи – завршува тој.Претходно, за спасувачките напори и кобната ноќ во која 59 луѓе го загубија животот, сведочеше и 19-годишниот Јован Костадинов....
ВНИМАВАЈТЕ: Во овој дел на Скопје сексуален манијак напаѓа на сред бел ден!
Лидер - пред 2 дена
Предупредувањето е упатено особено за девојки и жени кои живеат во скопската населба Методија Андонов Ченто каде според објавата на ѕидот на општина Гази Баба сексуален манијак напаѓа сред бел ден, пренесува Експрес. Во предупредувањето се вели дека сексуален манијак облечен во црни тренерки и има качулка на глава напаѓа девојки и жени.Според информациите напаѓал на повеќе улици во оваа скопска населба во близина на автобуската станица каде што завршуваат автобуските линии 45 и 23. ,,ВНИМАНИЕ!!! ОСОБЕНО ЗА СИТЕ ДЕВОЈКИ И ЖЕНИ ОД УЛИЦА ФИНСКА И ОКОЛИНАТА!!! ОД ПОСЛЕДНА 45 НАДОЛУ ВО ЕДНА ОД НАПУШТЕНИТЕ БАРАКИ ОД ЛЕВА СТРАНА ДЕМНЕ МАНИЈАК КОЈ ШТО НАПАЃА И ВО СРЕД БЕЛ ДЕН!ВЕ МОЛАМ ВНИМАВАЈТЕ! НОСИ ЦРНИ ТРЕНЕРКИ И КАПУЉАЧАТА МУ ГО ПРЕКРИВА ЦЕЛО ЛИЦЕ ЗА ДА НЕ МОЖЕ ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ, ОСВЕН НА ФИНСКА БИДЕЈЌИ БАРАКАТА ОД ЗАДНАТА СТРАНА ГЛЕДА КОН САВА МИХАЈЛОВ ДЕМНЕЛ И ТАМУ И НАПАЃАЛ”, стои во објавата на ѕидот на општина Гази Баба....