ФАКТОР НА ДЕНОТ: ССМ излезе на протест со барање за минималец од 500 евра, но и зголемување на другите плати
Фактор - пред 2 часа
Добивај вести на Viber ССМ ПРОТЕСТИРАШЕ СО БАРАЊЕ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 500 ЕВРАOд Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) денеска на протест побара од пратениците во Собранието, од работодавачите во Стопанската комора и од Владата, да ја зголемат минималната плата на 500 евра, а останатите плати за 100 евра. Рекоа дека доколку тоа не се случи, може да има генерален штрајк и протести. „Конечно работниците излегоа на улица да бараат плата. Нападите кои ги упатуваат кон нас се само поради тоа што бараме достоинствени плати за достоинствен живот“, рече Слободан Трендафилов од ССМ. НОВО РОЧИШТЕ ЗА ДВОЈНОТО УБИСТВО, СВЕДОЧЕШЕ КЕШИШЕВВо телефонот на обвинетиот Влатко Кешишев, првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски бил запишан како „царот“. Ова денеска беше кажано на новото судско рочиште. Влатко Кешишев посочи дека Палевски и Велибор Манев биле одговорни за плановите, а тој не бил присутен за време на договорите. Се разговарало за грабнувања, но не и за убиства. Според Кешишев идејата за грабнување од конкретната зграда била на Палевски. Обвинетиот кажа дека не ги познавал Ѓорчевска и Жежовски, ниту таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.СЕ ВРАТИЈА ПАЦИЕНТИ ОД ГРЦИЈА И ШВЕДСКАМинистерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и Полска по еден пациент.УТРЕ ЌЕ ИМА СРЕДБА МИЦКОСКИ - ФИЛИПЧЕСредба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче ќе има утре во Владата, во 14 часот. „Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче“, велат од Владата.Во изјава за медиумите во Штип, Мицкоски искажа подготвеност за средба со Филипче, кој денеска повика на политички и општествен дијалог.Лидерот на СДСМ рече дека прво треба да оствари тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски бидејќи, како што рече, тој прв подал рака и рекол дека средбата е прифатлива. Подоцна би дошла предвид и средба со лидерите на парламентарните партии. ЧИТАЈТЕ УШТЕВладата повторно ќе ги поддржи печатените медиуми преку субвенции со кои ќе покрива дел од трошоците за печатење и дистрибуција на весниците. Јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2025 година е објавен на нивната веб страна и истекува утре.Очекуваната оперативна добивка на годинава е речиси 0,65 милиони евра. Во финансискиот план е предвиден раст на приходите за 10 отсто во услови на раст на оперативните трошоци од 3 отсто. Голем број на фирми не можат извесен период да ја исплатат платата за своите вработени, затоа што сметководителите имаат системски проблем со модернизацијата во Управата за јавни приходи.Покрај задолжувањето со унгарскиот кредит, како и задолжувањата кои се прават на домашниот пазар преку издавање на обврзници, Владата ќе се задолжува и кај една од домашните банки, или конкретно кај Шпаркасе банка, една од петте најголеми банки во земјава, која е во странска сопственост. Поскапените услуги на Агенцијата за катастар на недвижнини во текот на 2024 од граѓаните и другите субјекти од фелата и овозможиле во текот на ланската година да собере неверојатно високи 13,33 милиони евра од наплата. Во случај на пожар во затворен простор, потребно е да се направат неколку постапки со цел тој да се угуши, да не направи големи штети и да не предизвика човечки жртви....
ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЌЕ ИМА НА 24 АПРИЛ: „Соравиjа“ оди на продажба преку извршител!
Фактор - пред 3 часа
Добивај вести на Viber Извршителот Андреја Буневски по барање на доверител за спроведување на извршување од над 930 илјади евра, ја стави на продажба деловната зграда „Соравија“ во строгиот центар на Скопје.Овој објект беше во фокусот на јавноста поради контроверзниот процес на промена на сопственичката структура на компанијата „Соравија инвест“, што го поседува овој објект. Станува збор за доверителот „Прва инвестициона банка“ од Бугарија засновано на извршна солемизација на договор за залог од 2.9.2022 година против должникот „Соравија инвест“.Јавното наддавање на недвижниот имот на „Соравија“ е закажано за 24 април и за него се бара почетна цена 1.377.978.526 денари или околу 22,4 милиони евра, под која недвижноста не може да се продаде на првото јавно наддавање....
ЈА СТАВАМ ГЛАВАТА ВО ТОРБА: Слободан Трендафилов откри колку изнесува неговата плата
Фактор - пред 3 часа
Добивај вести на Viber Платата моја е 60.000 денари, рече Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во интервју во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.„Поединци во ВМРО-ДПМНЕ кажуваат дека со 60.000 денари, претседателот на ССМ се луксузира, не знам што прави. За 60.000 денари си ја ставам главата во торба за борба за подобри плати на работниците“, објасни тој. ССМ денеска протестираше и бара минимална плата од 500 евра, но и сите други плати да се зголемат за 100 евра....
СЕ РАЗГОВАРАЛО ЗА ГРАБНУВАЊА, НО НЕ И ЗА УБИСТВА: Во телефонот на Кешишев, Палевски бил запишан како „Царот“
Фактор - пред 4 часа
Добивај вести на Viber Во телефонот на обвинетиот Влатко Кешишев, првоосомничениот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, Љупчо Палевски бил запишан како „царот“. Ова денеска беше кажано на новото судско рочиште. Влатко Кешишев посочи дека Палевски и Велибор Манев биле одговорни за плановите, а тој не бил присутен за време на договорите. Се разговарало за грабнувања, но не и за убиства. Според Кешишев идејата за грабнување од конкретната зграда била на Палевски. Обвинетиот кажа дека не ги познавал Ѓорчевска и Жежовски, ниту таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Убиствата на Вања и Панче се случија кон крајот на 2023 година....
ЗНАМ: Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем
Фактор - пред 4 часа
Добивај вести на Viber Од ЗНАМ велат дека СДСМ и претседателот Венко Филипче немаат кредибилитет и легитимитет за какви било концепти за Македонија.„Оттука, Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем за секое решение“, наведуваат од ЗНАМ. Прашуваат дали како што велат, самопрогласениот лидер на опозицијата со ова бара начин да се наметне како политички фактор во јавноста и да седне на преговарачка маса, имајќи ја предвид очајната состојба на неговата партија.Од ЗНАМ наведуваат дека довчерашниот министер во владите на Зоран Заев, одговорен за длабоките системски грешки во општеството, директно одговорен за трагедијата во Тетово со модуларната болница каде загинаа 14 невини лица, за криминалната набавка на вакцини во времето на ковид кризата, за случајот во Клиниката за онкологија каде што наместо хемотерапија на болните им се даваше физиолошки раствор, директното учество во донесувањето на измените на Кривичниот законик, каде што се амнестираа функционерите од режимот на Груевски, но и високи функционери на СДСМ на чело со неговиот ментор Зоран Заев…„Тој денеска предлага концепт за нов општествен дијалог во Македонија. Македонската јавност не е дементна за да заборави дека директорот на Фондацијата Заев во претходните осум години го промовираше концептот Едно општество за сите, едно за Вицето“, се посочува во реакцијата од ЗНАМ.Во 14 часот утре во Владата ќе се сретнат премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Инаку, Филипче бара и лидерска средба. По пожарот во Кочани со 59 жртви, Филипче бара лидерска....
(ВИДЕО) ЈА СНИМИЛЕ АГОНИЈАТА ДОДЕКА БИЛЕ ПОД УРНАТИНИ: Две девојчиња и нивната баба се спасени во Мјанмар
Фактор - пред 4 часа
Добивај вести на Viber Две девојчиња и нивната баба со часови биле заробени под урнатините во Мјанмар по земјотрес од 7.7 степени и ја снимиле агонијата низ која минале. Таткото на девојчињата мислел дека тие се мртви. На снимката се гледаат две девојчиња на возраст од 13 и 16 години и нивната раскрвавена баба во простор исполнет со урнатини по силниот земјотрес што го погоди Мјанмар во петокот. Тие останале заробени додека бегале од нивниот стан на шестиот кат во вториот по големина град во земјата, Мандалеј – во близина на епицентарот на земјотресот – и трчале кон скалите за итни случаи.Загинаа над 3.000 луѓе и нивните тела се извлечени. 2 girls and their grandmother keep calm while trapped under rubble in the Myanmar earthquake. They've been rescued, but many are still missing.My heart aches imagining their terror—the crushing weight, the desperate gasps for air during Myanmar's devastating earthquake. But… pic.twitter.com/QZTaybBTYj— Yelisaveta Petrov (@YelisavetaPaUSA) March 31, 2025...
ДОЛГА Е ЛИСТАТА НА ЗЕМЈИТЕ КОИ ПОМОГНАА ПОСЛЕ ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Сиљановска-Давкова се заблагодари на сите
Фактор - пред 5 часа
Добивај вести на Viber Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, во име на македонските граѓани и во свое лично име, изразува најискрена благодарност до сите пријателски држави што во моментите на национална трагедија помогнаа по пожарот во Кочани, каде настрадаа 59 луѓе. „Ангажманот на нивните медицински тимови, подготвеноста на авионите и хеликоптерите за итна интервенција, отворањето на здравствените установи за повредените граѓани, како и активирањето на европскиот механизам за цивилна заштита, испратија недвосмислена и силна порака дека во најтешките моменти не сме сами. Тие ја делеа болката со нас, а нивната грижа стана наш заеднички лек. Ја почувствувавме силата на вистинското пријателство преку нивната присутност и поддршка, којашто ќе остане врежана во колективната меморија на нашиот народ. Тажно е што низ болката и ненадоместливата загуба ја спознавме суштинската поврзаност со светот и длабокото чувство на припадност, нешто што не требаше да биде плод на трагедија. Од срце сме им благодарни“, се вели во благодарницата на Сиљановска ДавковаОд кабинетот на Претседателката велат дека никогаш нема да ја заборавиме помошта од:Република СрбијаРепублика БугаријаРепублика ТурцијаХеленската РепубликаКралството ШпанијаРепублика АвстријаУнгаријаРепублика ХрватскаКралството БелгијаИталијанската РепубликаРепублика ЛитванијаРепублика СловенијаКралството ШведскаРепублика ПолскаДржавата ИзраелРепублика ЧешкаОбединетото КралствоСојузна Република ГерманијаГолемото Војводство ЛуксембургКралството НорвешкаРоманијаРепублика АлбанијаБосна и ХерцеговинаКралството ХоландијаРепублика ФинскаФранцуската РепубликаЕУПовеќето повредени се вратени во земјава откако добија здравствена грижа и нега во странство....
МИЦКОСКИ И ФИЛИПЧЕ ЗАКАЖАА СРЕДБА: Утре во Владата ќе разговараат за важни прашања
Фактор - пред 6 часа
Добивај вести на Viber Средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче ќе има утре во Владата, во 14 часот. „Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче“, велат од Владата.Во изјава за медиумите во Штип, Мицкоски искажа подготвеност за средба со Филипче, кој денеска повика на политички и општествен дијалог.Лидерот на СДСМ рече дека прво треба да оствари тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски бидејќи, како што рече, тој прв подал рака и рекол дека средбата е прифатлива. Подоцна би дошла предвид и средба со лидерите на парламентарните партии....
СЕ УРНА ТАВАН НА ГРАДИНКА: Три деца се повредени во Босна
Фактор - пред 6 часа
Добивај вести на Viber Во Босна и Херцеговина(БиХ) се урна таван на градинка, по што три деца се однесени во болница и пуштени дома, бидејќи се здобиле со полесни повреди. Во градинка во Козарска Дубица во северозападна Босна денеска се урнал таванот. На Фејсбук се појавија фотографии на кои се гледа целата соба и мебелот покриен со урнатини, вклучително и големи парчиња, а инцидентот го потврди и градоначалникот Игор Саваковиќ, објави Феникс.„Се случи во спалната. Децата беа таму“, изјави Саваковиќ за „Независне новине“, објаснувајќи како парчиња гипс паднале врз едно дете, но тоа нема сериозни повреди. Локалната новинарка Јелена Пралица, која ја објави снимката од градинката, ја придружува објавата со коментар дека зградата на општината неодамна била реновирана додека никој не се грижи за условите во кои престојуваат децата....
ИНФЛАЦИЈА ВО ЕВРОЗОНАТА: Франција е најдобра, но кои земји се со најлош резултат?
Фактор - пред 6 часа
Добивај вести на Viber Во февруари инфлацијата во Хрватска беше 4,8 отсто на годишна основа. Франција е најдобра со годишна инфлација во март од само 0,9 отсто. За споредба, Словенците во март забележаа годишна инфлација од 2,2 отсто. Во март Германија забележа инфлација од 2,3 отсто, Италија 2,1 отсто, а Ирска 1,8 отсто, пишува Даница.хр.Годишната инфлација во еврозоната се очекува да биде 2,2 отсто во март, што е помалку од февруари, објави во вторникот Евростат. Гледајќи ги главните компоненти на инфлацијата во еврозоната, се очекува услугите да имаат највисока годишна стапка во март (3,4 отсто наспроти 3,7 отсто во февруари). Потоа следат храната, алкохолот и тутунот (2,9 отсто наспроти 2,7 отсто). Хрватска е во првите три земји со највисока годишна инфлација во март од 4,3 отсто, заедно со Естонија и Словачка, кои бележат иста стапка....
Намалена каматна стапка на безготовински трансакции
Фактор - пред 6 часа
Добивај вести на Viber Единствената картичка на пазарот со загарантиран поврат на средства со секоја направена безготовинска трансакција на продажно место во земјава и странство, и единствената картичка со која и кога пазарувате - заштедувате, во неколку месечниот промотивен период добива уште поголема вредност, овозможувајќи им на оние кои ја поседуваат опуштено пазарување и правејќи ја најдобриот пријател на нивниот џеб. Имено, од почетокот на април па сè до 31 јули годинава, НЛБ Банка ја намалува каматната стапка на трансакциите направени со НЛБ haPPy картичката. Намалената каматна стапка која во промотивниот период изнесува 8,9% се однесува на сите безготовински трансакции направени со НЛБ haPPy картичката на ПОС терминали, но и при он-лајн пазарување. За потсетување, НЛБ haPPy картичката е кобрендирана револвинг кредитна картичка од програмата на Mastercardсо меѓународна важност која може да се користи секојдневно. Со НЛБ haPPy, за секоја трансакција направена на продажно место клиентите на Банката добиваат поврат на средства до 12% од износот на трансакцијата во рамките на партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити која брои преку 250 трговци и над 1.000 продажни локации,во повеќе од 25 различни дејности. Клиентите добиваат загарантиран cashback и надвор од партнерската мрежа на НЛБ Банка и Неп Лојалити во висина од 0,6% од прометот реализиран на продажни места во земјата и во странство. Програмата за лојалност ги обединува водечките трговски брендови во Македонија чиј продажен асортиман во најголема мера ги задоволува секојдневните потреби, па така сосема доволно е клиентот да ја поседува кобрендираната НЛБ haPPy картичка во својот паричник. Минималниот месечен износ за отплата на картичката изнесува 5% од вкупните доспеани обврски, а НЛБ Банка овозможува бескаматен грејс период за отплата на средствата до 45 дена. Прочитајте повеќе на www.happycard.mk и аплицирајте за НЛБ haPPy картичките во која било од експозитурите на НЛБ Банка низ државата или во продажните салони на Нептун Македонија....
НАДОЈДЕ ВАРДАР КАЈ ВЕЛЕС: Поплавени се двете страни на кејот
Фактор - пред 7 часа
Добивај вести на Viber По обилните дождови, кејот во Велес е поплавен. Реката Вардар денеска го зголеми својот водостој и предизвика поплави во Велес, потопувајќи ги двете страни од кејот и делови од Градскиот парк. Според директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, надлежните веќе се известени за опасноста од излевање на реката. Тој нагласи дека Општина Велес има обврска веднаш да реагира, да изврши теренски увид и да постави соодветни обележувања за потенцијално загрозените подрачја.„Станува збор за урбано подрачје, каде што одговорноста за управување со реката и околината ѝ припаѓа на општината. Потребни се итни мерки за заштита“, изјави Ангелов.Маркова река вчера се излеа во Батинци. Деновиве имаме врнежи од дожд, а според најавите и следните денови ќе врне....
Имотно-правните пречки ги кочат енергетските проекти – Министерството за енергетика бара итни решенија
Фактор - пред 7 часа
Добивај вести на Viber Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, иницираше состанок со сите релевантни институции за надминување на административните пречки што го кочат спроведувањето на значајни енергетски проекти. На состанокот присуствуваа претставници од АД МЕПСО, Агенцијата за катастар на недвижности, Управата за имотно-правни работи и Министерството за транспорт и врски. Главниот предизвик што го попречува развојот на овие проекти е долгото чекање на решенија за имотно-правни прашања и сложените процедури за упис на државниот имот во Катастарот. Оваа состојба директно го забавува напредокот на повеќе капитални инвестиции, меѓу кои и проектот Милетково, неопходен за стабилноста на електроенергетскиот систем во тој регион. „Проектите од ваков обем не смеат да стојат во место поради долги и неефикасни административни процеси. Ова не е само техничко прашање – ова е прашање на енергетска сигурност и економски развој. Одговорноста на институциите е да обезбедат навремена и координирана работа, за државните инфраструктурни проекти да не чекаат непотребно“, нагласи министерката Божиновска. На состанокот беше договорено засилено меѓуинституционално координирање и утврдување на јасни процедури за забрзување на процесите. Министерството за енергетика, во соработка со надлежните институции, ќе работи на конкретни решенија за да се спречат идни застои и да се обезбеди навремена реализација на сите стратешки енергетски проекти....
ПОЖАР ВО ВЕЛЕС: Се запалил автобус во населбата Превалец
Фактор - пред 7 часа
Добивај вести на Viber Преку бројот за итни повици 112, попладнево е пријавен пожар во автобус во велешката населба Превалец, во близина на капијата позната како „Ќиро Ќучук“.Според информациите, во возилото нема луѓе, а пожарот е зафатил задниот дел од автобусот, информира директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов....
БУГАРСКИОТ ПРАТЕНИК ПЕЈКОВ: По 1.500 евра ќе бидат префрлени на 18 семејства на починати и повредени во Кочани
Фактор - пред 8 часа
Добивај вести на Viber По 1.500 евра ќе бидат префрлени на 18 семејства на починати и повредени во трагедијата во Кочани, најави бугарскиот пратеник Манол Пејков на неговиот Фејсбук профил. Тој објави каде биле распределени дел од парите кои тој ги собра за настраданите во Кочани. По консултации со Кризниот штаб во Кочани, бил составен список од 18 семејства кои претрпеле најголеми загуби, а на 15 од нив веќе им се префрлени по 1.500 евра од донациите.Пејков најави и дека се задржани околу 13.000 евра за поддршка на жртвите на кои им е потребен подолг третман.Досега, преку сметка и PayPal, биле собрани вкупно 39.952 евра од 624 донации. Од нив, 22.500 евра веќе се исплатени, 4.500 евра ќе бидат префрлени штом се отворат сметките, а останатите средства ќе се користат за понатамошна помош.Во Кочани загинаа 59 луѓе во пожар во дискотеката Пулс. Министерството за здравство денеска информираше дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска....
ПРЕСТИЖНИОТ МАГАЗИН ЈА ПРОЦЕНУВА НЕГОВАТА ИМОТНА СОСТОЈБА НА 1.4 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ
Фактор - пред 8 часа
Добивај вести на Viber За првпат, еден претприемач од Западен Балкан се најде на реномираната листа на најбогати луѓе во светот што ја објавува магазинот Forbes. Самир Мане, основач и претседател на BALFIN Group, се рангира на 2.356-тото место во светот, со проценета нето вредност од 1.4 милијарди американски долари. Ова претставува највисока проценка на имотна состојба досега доделена на еден претприемач од регионот од страна на престижната економска публикација која ја објавува листата од 1987 година. „Во друг дел од Европа, Албанија оваа година го добива својот прв милијардер – Самир Мане, кој изгради богатство од 1,4 милијарди долари преку инвестиции во трговски центри, продавници за електроника и луксузни недвижности низ Балканот,“ наведува Forbes. Мане го започнал својот претприемачки пат во 1993 година, основајќи ја BALFIN Group, која подоцна ќе прерасне во една од најголемите и најдинамични инвестициони групации во регионот. Денес, групацијата има активности не само на Балканот, туку и на меѓународно ниво, со значајни инвестиции во Австрија, САД и Канада. Компаниите на BALFIN Group во Македонија Во Македонија, BALFIN Group има силно и диверзифицирано присуство преку неколку значајни компании и инвестиции: Нептун – водечки синџир за продажба на електроника и бела техника. East Gate Mall – најмодерен трговски и lifestyle центар во Скопје, симбол на урбана трансформација. Skopje East Gate (SEG) – голем проект со мешана намена кој вклучува станбени, деловни и трговски содржини. Овие инвестиции не само што создаваат работни места и ги внесуваат глобалните стандарди, туку и значително придонесуваат кон модернизацијата и развојот на македонскиот пазар. Според Forbes, денес постојат над 3.000 милијардери во светот со заедничко богатство од 16.1 трилиони долари – највисока вкупна вредност досега. Само три земји сочинуваат повеќе од половина од вкупниот број: САД (813), Кина (450) и Индија (205). Во Европа, Германија е на врвот со 171 милијардер. Вклучувањето на Самир Мане во листата на Forbes не претставува само личен успех, туку и симбол на растечката економска сила и потенцијал на регионот. Неговата приказна е доказ дека со визија, посветеност и доверба во Балканот – може да се создаде глобален успех....
Total TV станува дел од Телеком Србија – што значи ова за постоечките корисници?
Фактор - пред 8 часа
Добивај вести на Viber Согласно претходно потпишаните договори, сателитската ТВ услуга EON SAT (Total TV) е продадена од страна на United Group на Телеком Србија а.д. Како компанија која се грижи за своите корисници, Total TV д.о.о. Скопје има за цел на јасен и транспарентен начин да ја информира јавноста за оваа транзиција. Иако процесот сè уште не е целосно завршен, корисниците на сателитската услуга сега практично стануваат корисници на компанијата Телеком Србија. Од 3 април, корисниците ќе добијат повеќе од 90 нови канали. На барање на новиот сопственик, редоследот на каналите ќе се прилагоди на програмската шема на Телеком Србија - нивните канали ќе бидат поставени први, а потоа ќе следуваат каналите кои не се во сопственост на оваа компанија. За време на преодниот период, Total TV ќе продолжи да дава целосна поддршка за процесот со цел да се обезбеди непречен и лесен премин. Техничката и корисничката поддршка ќе бидат достапни преку посебен контакт-центар на бројот 023063000, сè додека префрлувањето кон Телеком Србија не биде целосно завршено....
ФИЛИПЧЕ САКА СРЕДБА СО МИЦКОСКИ: Кажа за што би зборувале на лидерската средба
Фактор - пред 8 часа
Добивај вести на Viber Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги објави темите за кои сака да се разговара на лидерската средба. Лидерот на СДСМ рече дека прво треба да оствари тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски бидејќи, како што рече, тој прв подал рака и рекол дека средбата е прифатлива. Подоцна би дошла предвид и средба со лидерите на парламентарните партии. Според Филипче, потребно е да се направи нова форма на политички и општествен дијалог во кој ќе се вклучат сите политички партии и други чинители во општеството со цел да се изготви стратегија врз основа на која државата ќе функционира повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении. Образование, здравство, правосудство, заштита на животната средина и партизацијата во институциите се петте области кои лидерот на СДСМ, Венко Филипче, најави дека би биле во фокусот на лидерската средба.„Системот очигледно на многу места не функционира како што треба, јавните сервиси немаат прерформанс каков што граѓаните навистина заслужуваат и за тоа вина имаме сите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии на Албанците и останатите партии. Сметам дека, слушајќи го овој аларм и барањата од граѓаните, потребно е да се направи еден систем, една нова форма на политички и општествен дијалог во кој ќе се вклучат сите политички партии пред сè најголемите и секако други чинители во општеството со цел да се изготват стратешки документи врз основа на кои ќе се направи стратегија врз основа на која државата ќе функционира повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении – многу повеќе од мандатот на која било влада и партија или коалиција која ќе ја води. Во некои области очигледно мора да знаеме каде одиме“, изјави Филипче. По пожарот во Кочани во март каде загинаа 59 луѓе, Филипче бара да се одржи лидерска средба. Попладнево е соопштено дека утре во 14 часот Мицкоски и Филипче ќе се сретнат....
ТРЕНДАФИЛОВ: Минимална плата од 500 евра или генерален штрајк и протести
Фактор - пред 9 часа
Добивај вести на Viber Oд Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) денеска на протест побара од пратениците во Собранието, од работодавачите во Стопанската комора и од Владата, да ја зголемат минималната плата на 500 евра, а останатите плати за 100 евра. Рекоа дека доколку тоа не се случи, може да има генерален штрајк и протести. „Конечно работниците излегоа на улица да бараат плата. Нападите кои ги упатуваат кон нас се само поради тоа што бараме достоинствени плати за достоинствен живот“, рече Слободан Трендафилов од ССМ. Тој им се обрати на пратениците со „непочитувани“, додавајќи дека се дојдени пред Собранието да побараат од нив да донесат одлука минималната плата да изнесува не помалку од 500 евра и да се зголемат сите останати плати за 100 евра.„Денеска дојдовме тука ние што одлучуваме во синдикатите дека платите се мизерни, вашите сега 79 проценти зголемени плати не ги заслужувате и затоа дојдовме тука поради фактот што вие не одлучувате за нас, ние ќе одлучиме за вас“, изјави Трендафилов.Владата донесе одлука минималната плата да се зголеми за 1.812 денари. фото МИА...
КАКВА Е СОСТОЈБАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Тројца се враќаат од Грција и Шведска, ова се деталите
Фактор - пред 9 часа
Добивај вести на Viber Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска. Согласно протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен надзор.Во Србија остануваат хоспитализирани 23 пациенти, Бугарија 14 паценти, Турција 10 пациенти, Грција 8 пациенти, Словенија 4 пациенти, во Унгарија, Хрватска, Шпанија, Австрија и Литванија се хоспитализирани по 3 пациенти, во Италија и Полска по еден пациент.Во Скопје, на Клиниката за токсикологија вчера беше хоспитализиран пациент по враќање од Полска, истиот денеска се пушта на домашно лекување. На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а во Хируршката клиника Св.Наум Охридски 6 пациенти. Во ГОБ 8 Септември се хоспитализирани 5 пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница Систина се хоспитализирани тројца пациенти.Министерството за здравство внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјата и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани....
Galaxy Tab S10 FE серијата носи интелигентни искуства во преден план со премиум, разновиден дизајн
Фактор - пред 9 часа
Добивај вести на Viber Samsung Electronics денес ги најави Galaxy Tab S10 FE и Galaxy Tab S10 FE+, нудејќи нови влезни точки во Galaxy екосистемот со премиум таблет дизајн. Опремен со најголемиот екран досега во Galaxy Tab S FE серијата и потесни рамки кои го прошируваат екранот, Galaxy Tab S10 FE+ овозможува забавно и имересивно доживување при гледање – од забава до учење и секојдневни задачи. Интелигентните функции на Samsung им овозможуваат на корисниците полесно да завршат повеќе задачи, додека потенкиот дизајн им помага да ја изразат својата креативност и продуктивност во движење.„Новата серија Galaxy Tab S10 FE носи напредно мобилно AI искуство и поврзан екосистем на Samsung до уште повеќе корисници на таблети, сè уште нудејќи врвни перформанси и дизајн,“ изјави Чангте Ким (Changtae Kim), извршен потпретседател и раководител на New Computing R&D тимот во Mobile eXperience Business на Samsung Electronics. „Уверени сме дека тенките рамки и големите екрани, заедно со цела низа функционални подобрувања, ќе ги инспирираат луѓето да прават повеќе, создаваат повеќе и откриваат повеќе.“Неверојатна јасност на поголем, живописен екранКомбинирајќи го наследството на Galaxy Tab S серијата со тенки рамки, Galaxy Tab S10 FE+ со 13.1-инчен екран[i] нуди имересивна забава на екран кој е речиси 12% поголем од претходниот FE+. Глатките слики овозможени од стапка на освежување од 90Hz и новите нивоа на видливост до 800 нити HBM кај Galaxy Tab S10 FE серијата обезбедуваат оптимално искуство при гледање видеа и играње игри. Vision Booster автоматски ја прилагодува светлината и видливоста, дури и во променливи надворешни услови, додека емисијата на сина светлина е безбедно намалена за да се минимизира заморот на очите – исполнувајќи ги сите индивидуални потреби при гледање.Моќни перформанси во пренослив дизајнGalaxy Tab S10 FE серијата ја зголемува продуктивноста при работа или учење и овозможува брзо и беспрекорно играње без прекини. Подобрените перформанси им овозможуваат на корисниците лесно да се префрлаат помеѓу повеќе апликации додека се креативни, овозможувајќи подобар мултитаскинг. А при сликање на секојдневните моменти во училница или на работно место, новата 13MP задна камера со висока резолуција овозможува јасни и живописни фотографии.Овие разновидни искуства – од продуктивна работа до беспрекорна забава – ги следат корисниците каде и да одат. Сега повеќе од 4% полесен од својот претходник, Galaxy Tab S10 FE е уште полесен за носење, додека целата Galaxy Tab S10 FE серија нуди практично складирање и мобилност дома, на факултет, на работа и каде било – благодарение на својот тенок дизајн. Проектирани за издржливост и отпорност на надворешни влијанија, уредите од FE серијата имаат иста IP68 заштита како најновата Galaxy Tab S10 серија.Напредни функции кои го ослободуваат целосниот потенцијалНадоврзувајќи се на наследството на Samsung за обезбедување премиум искуства низ целиот Galaxy екосистем, Galaxy Tab S10 FE+ и Galaxy Tab S10 FE се првите модели од FE серијата кои доаѓаат опремени со најсовремени AI можности, поттикнувајќи ја продуктивноста на корисниците.·Омилената функција на фановите Пребарување со заокружување со Google (Circle to Search with Google)[ii] ви овозможува да пребарувате сè што гледате на таблетот без да менувате апликации. Брзо добијте ги потребните информации, преведете текст од екранот или добијте помош за домашна работа со објаснувања чекор по чекор – сето тоа на еден голем екран.·Функциите во Samsung Notes, како Solve Math[iii] за брзо пресметување од ракопис и текст, и Handwriting Help[iv] за лесно средување на белешките, го прават запишувањето белешки полесно од кога било – овозможувајќи им на корисниците да останат фокусирани во моментот.·AI асистентите се активираат веднаш со едно притискање на Galaxy AI Key[v] на Book Cover тастатурата. Дополнително, AI асистентите можат да се прилагодат според преференциите на корисникот за поперсонализирано искуство.·Подобрениот Object Eraser[vi] им овозможува на корисниците лесно да отстранат несакани објекти од фотографии, со автоматски предлози за брзо и едноставно уредување.·Новата функција Best Face[vii] обезбедува совршени групни фотографии со избирање и комбинирање на најдобрите изрази и карактеристики.·Fункцијата Auto Trim[viii] ги оживува најдрагоцените моменти преку селектирање на најдобрите делови од повеќе видеа и нивно беспрекорно спојување во кратки видео-компилации.·Серијата Galaxy Tab S10 FE претставува совршен канвас за креативност со однапред инсталирани апликации и алатки[ix] како LumaFusion[x], Goodnotes[xi], Clip Studio Paint[xii] и други, заедно со популарни апликации како Noteshelf 3[xiii], Sketchbook и Picsart[xiv].За уште поинтуитивно AI искуство, FE серијата беспрекорно се интегрира со другите уреди од Samsung Galaxy екосистемот. Слично како кај Galaxy Tab S10 серијата, корисниците добиваат сеопфатен преглед на состојбата дома преку Home Insight виџет табла и функцијата 3D Map View. Сумираните известувања за состојбата на уредите поврзани преку SmartThings им нудат спокој на корисниците, дури и кога не се дома.Безбедност по ваша меркаКако и секој Galaxy уред, серијата Galaxy Tab S10 FE е заштитена со силна безбедносна платформа – Samsung Knox – повеќеслојна безбедносна платформа од одбранбена класа на Samsung Galaxy, дизајнирана да ги заштити критичните информации и да се бори против ранливости преку end-to-end хардверска заштита, детекција на закани во реално време и колаборативна одбрана.ДостапностПочнувајќи од 3 април, Galaxy Tab S10 FE и Galaxy Tab S10 FE+ ќе бидат достапни на одбрани пазари и ќе се нудат во три бои: сива, сребрена и сина[xv]. За повеќе информации за серијата Galaxy Tab S10 FE, посетете: https://www.samsung.com/mk/tablets/.[i] Измерено дијагонално, 13,1" во полн правоаголник и 13,0" со заоблените агли. Вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли.[ii] Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата, јазикот, моделот на уредот. Потребна е интернет врска. Корисниците можеби ќе треба да ги ажурираат апликациите за Android и Google на најновата верзија. Работи на компатибилни апликации и површини. Резултатите може да варираат во зависност од визуелните совпаѓања. Точноста на резултатите не е загарантирана.[iii]Функцијата Solve Math работи на уредот и не бара интернет конекција, но бара најавување на сметката на Samsung. Неточното препознавање на ракопис може да доведе до неточни пресметки. Достапно само на уреди поддржани со пенкало S Pen.[iv] Функцијата Handwriting Help работи на уредот и не бара интернет конекција, но бара најавување на сметката на Samsung.[v] Book Cover тастатурата и Book Cover Slim тастатурата се продаваат одделно. Потребна е мрежна врска за користење на Bixby или Gemini. За да започне Gemini со помош на копчето Galaxy AI, Google Assistant треба да се ажурира на Gemini.[vi] Резултатите може да се разликуваат врз основа на сликите и предметот што се обидувате да го отстраните.[vii]Точноста на резултатите не е загарантирана.Функцијата Best Face е достапна само за фотографии направени со вклучена функција Motion Photo. Функцијата не генерира нови фацијални изрази, туку избира од рамки во видео клипот Motion Photo.Може да препознае до пет луѓе по слика и да предложи до три алтернативи по лице.[viii] Максималната должина по клип е 90 минути. Максималната должина на комбинираните клипови е 180 минути. Максималниот број на клипови за користење по видео проект е 60. Точноста на резултатите не е загарантирана.[ix] Достапноста на апликацијата и условите за користење може да се разликуваат во зависност од земја и регион.[x] Апликацијата LumaFusion е претходно вчитана како стаб, барајќи од корисниците да кликнат на иконата и да го завршат купувањето од Galaxy Store. Сите корисници на уреди Galaxy можат да добијат попуст од 50% при купување од Galaxy Store и да добијат 1-месечна бесплатна претплата за Creator Pass. Промоцијата за попуст од 50% ограничена до 30 ноември 2025 година.[xi] Апликацијата Goodnotes бара одделно преземање од Galaxy Store и доаѓа со едногодишна бесплатна целосна верзија. По истекот на периодот на бесплатната целосна верзија, потребно е дополнително купување за продолжување со користење. Достапноста на апликацијата и условите за користење може да се разликуваат во зависност од земјата и регионот.[xii] Потребно е членство за Clip Studio Paint. Апликацијата Clip Studio Paint е однапред инсталирана на одредени пазари. Може да се преземе и од Galaxy Store и доаѓа со 6-месечен бесплатен пробен период за корисници кои ја користат за прв пат. По истекот на бесплатниот период, потребна е претплата на месечен или годишен план за да се продолжи со користење. Достапен е и 20% попуст при првата претплата..[xiii] Апликацијата Noteshelf 3 бара одделно купување за надградба на Premium план. Достапен е 30% попуст на надградбата, но само преку Galaxy Store.[xiv] Апликациите Picsart и Sketchbook бараат одделно преземање од Google Play Store. Дополнителни функции може да бараат посебно купубање.[xv] Достапноста на боите и моделите може да се разликува во зависност од земјата, регионот или операторот.*Пр објава...
АКО ТРАМП ВОВЕДЕ ЦАРИНИ: Погоден би бил потенцијално повеќе од половина од германскиот извоз во САД
Фактор - пред 10 часа
Добивај вести на Viber Новите реципрочни американски царини на претседателот Трамп најверојатно ќе го намалат германскиот извоз во САД за помалку од три проценти. Институтот ifo ги симулираше овие „реципрочни“ царини, т.е. случај кога САД ги зголемуваат тарифите за производите според износот што нивните трговски партнери го наплатуваат за соодветните американски производи.Доколку ЕУ не преземе контрамерки, германскиот извоз би паднал за 2,4 отсто.„Потенцијално повеќе од половина од германскиот извоз во САД се погодени“, вели експертот за трговија на ifo, Лисандра Флах.„Сепак, ефектот на реципрочните царини врз Германија би бил значително помал од рамната американска тарифа од 20 проценти“, вели Флах. Тоа е затоа што тарифниот јаз меѓу САД и ЕУ е релативно мал и изнесува 0,5 проценти. Со рамни американски царини од 60 отсто за Кина и 20 отсто за остатокот од светот (вклучувајќи ја и ЕУ), германскиот извоз во САД ќе се намали за околу 15 отсто, покажаа претходните симулации на Институтот Ифо.Без оглед на економските ефекти, Флах смета дека новата тарифна политика на американскиот претседател е многу проблематична: „Планираното зголемување на царините означува пресвртница и е фронтален напад врз глобалниот економски поредок заснован на правила. На овој начин Трамп поткопува речиси 80 години мултилатерализам“, вели експертот за ИФА.Доколку ЕУ успее да преговара за намалување на меѓусебните царини на двете страни, тоа би имало позитивни ефекти, според симулациите.„Ако ЕУ преговара за целосно реципрочни тарифи со САД, а Трамп беше подготвен соодветно да ги намали тарифите, создавањето на германската вредност ќе се зголеми“, вели Флах.„Нашите резултати ја истакнуваат важната улога на преговорите во спречувањето на штетните ефекти од трговската војна“.Пресметките се засноваат на моделот за тргување ifo. Моделот ги зема предвид тарифните и нетарифните бариери.Опфаќа 141 земја и 65 економски сектори, со повеќе од 90 отсто од создавањето на глобалната вредност.Дополнително, симулациите користат сеопфатни тарифни информации на ниво на производ за да ги пресметаат тарифните разлики помеѓу Соединетите Држави и нивните трговски партнери.Феникс магазин/Хина...
ОТСЕГА СИТЕ СПОРТСКИ СОДРЖИНИ СЕ НА АРЕНА СПОРТ
Фактор - пред 10 часа
Добивај вести на Viber Компанијата Телеком Србија успешно го реализираше купувањето на одредени права, лиценци и друг имот поврзан со каналите на Sport Klub за територијата на Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) од компанијата United Group. Со реализацијата на оваа трансакција, сите љубители на спортот во Северна Македонија добиваат можност да ги следат сите спортски натпревари на едно место – на телевизиските канали Арена Спорт. Иако и досега гледачите на Арена Спорт уживаа во богата понуда на најпрестижни спортски натпревари, сега таа листа е комплетирана и Арена Спорт станува место за следење на најгледаните преноси од најпопуларните светски натпревари и спортови. Најдобрите европски фудбалски лиги (англиска, шпанска, италијанска, германска и француска), најдобрата кошарка (НБА, Евролига, АБА лига), најдобрите тенисери на денешницата, се на едно место, е сценарио кое претходно беше незамисливо за сите љубители на спортот. Секако, не треба да се заборави дека најатрактивните натпревари во ракомет, одбојка, ватерполо, боречки вештини, трките во Формула 1 и Мото ГП, како и голем број специјализирани канали и емисии, сега се сите на иста адреса - телевизијата Арена спорт. Изразувајќи го своето задоволство што љубителите на спортот конечно ќе ги имаат сите спортски содржини на едно место, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, изјави: „Во спортска смисла, би рекол дека ова е, пред сè, победа за сите љубители на спортот. Важно е да се истакне дека „Арена Спорт“ ќе им обезбеди на гледачите невиден опсег на спортски содржини кои ќе бидат достапни за корисниците на Телеком Србија и за сите останати. На овој начин, Арена Спорт станува синоним за спортот во Северна Македонија и регионот и сите се надеваме на нови успеси за нашите спортисти за чии успеси ќе сведочиме на Арена каналите. Исто така, ова е нова ера за Арена Спорт, која ќе стане еден голем профитен центар и значително ќе ги рационализира цените на странските спортски содржини, притоа обезбедувајќи дополнителни приходи од маркетинг. Како и досега, гледачите на Арена Спорт ќе имаат можност да ги следат најдобрите домашни и регионални спортови, како и натпреварите на репрезентациите. Арена Спорт ќе отвори повеќе нови канали и ќе вложи дополнителни продукциски напори со цел да им овозможи на корисниците најдобро искуство за следење спортски преноси во живо и специјализирани емисии.ПР објава...
„СЛУШНАВ ИСТРЕЛ, ПУКАЊЕ, АМА НЕКАКО ТАПО“: Кешишев со детали за убиството на Вања - дека е малолетничка дознал откако се завршило
Фактор - пред 11 часа
Добивај вести на Viber Судење за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски продолжи денеска со сведочењето на Влатко Кешишев, кој е исто така обвинет во случајот за убиствата на Вање и Панче. Пред почетокот на сведоштвото, беше побарано првообвинетиот за случајот, Љупчо Палевски да ја напушти судницата за да може Кешишев да зборува.Тој во судот објасни дека во партиајта се согласил да работи без пари од патриотски причини, и појасни дека заедно со другите обвинети копале дупка за која сметале дека бараат злато. Потоа кажа дека знаел дека ќе биде таа наменета за негативни настани. Обвинителите го прашаа како се согласил да работи без пари кога имал големо искуство како готвач во Германија, Швајцарија, Хрватска. На ова Кешишев посочи дека прифатил од патриотски аспект да помогне колку може.Обвинителите прашаа и за копањето дупки во Велес, на што Кешишев кажа дека не нашле злато и дополни „на почетокот кога почанвме да копаме, до одредена длабочина, не разговаравме ништо, само работевме. Додека не стигнавме до одредена длабочина. Кога ми кажа Вељо за што е таа дупка, односно која и е намената ми кажа дека за тоа не смее никој да знае, ми рече дека за ова може глави да летаат“. За денот на убиството на Вања, Кешишев сведочеше дека го видел Љупчо Палевски-Палчо со пиштол во рака на местото каде Вања беше убиена и закопана. Кешишев посочи дека откако слушнал звук на истрел, го викнале да помогне во закопувањето на убиеното 14-годишно девојче. Кешишев тврдеше дека не знае колку пари се планирале да се бараат за Вања, и истакна дека му напоменал на Палчо дека не се потребни такви работи, додавајќи дека сепак договорот бил меѓу Палчо, Вељо и Боре. Според сведочењето на Кешешиев, планот го правеше Палчо. Тој би задолжен да ја помеси колата до пред скалите (на зградата каде живееше Вања) и да го отвори гепекот и да седи на совозачко седиште. - Тогаш и јас имав моторола, јас Палчо и Вељо. Ми кажаа да го отворам гепекот. Јас тогаш излегов, го отворив, Вељо дојде прв носеше вреќа, ја стави во гепекот и отидовме. И отидовме до Бразда и тука заврши се - кажа Кешишев, додавајќи дека возел Велибор Манев кого тој го нарекува Вељо. Позади нив седел Боре Видевски (каратистот). Палевски им се придружил кај позвожњакот кај Качанички пат. - Никој ништо не прозборе додека не стигнавме до местото. Кога стигнавме, излеговме сите од колата од ‘цитроенот’, Палчо од ‘кангуто’, и тој ми кажа да одам едно 20 метри да внимавам ако наиде некој бидејќи долу под патот имаше викендица со лозје, со црвени блокови, немачкана, и ми кажа да стојам на тоа растојание да гледам да не наиде некој. Па едно 3-4 пати се свртев да видам што се случува, првиот пат ги видов кога разговара,а а гепекот беше отворен, не знам што разговарале беа одалечени. Повторно кажувам не се правдам, не напаѓам никого туку кажувам како што беше. Чекав таму, они разговараа. И после кога се свртев работеа, копаа. И последниот пат кога се свртев видов дека Палчо држеше пиштол во рака. Кажувам како што беше. И потоа слушнав истрел пукање-тап, тап ама некако тапо. Како неприслушно. На крај ме викнаа да го ззатрупаме телото и не го видов беше покриено со земја. Се покри се за кратко време, ставивме стари работи кои ги најдовме таму, се што имаше фрлено. Тогаш Палчо ги избриша лопатите, една лопати и ашов и еден копач со ВД 40. Ги ставивме во ‘кангуто’, позади јас и Боре, а Палчо возеше со ‘кангуто’. Вељо го возеше ‘цитроенот’. Излеговме на патот на селото Бразда, на едно 500 метри ми кажа да ги фрлам лопатите и копачите во една банкина покрај патот, каде што имаше капини. Јас ги фрлив, он полека возеше, и продолжив со ‘кангуто’ до местото каде што се запали ‘цитроенот’ - раскажуваше Кешишев. На прашањето на адвокатот Игор Ефремов кога станал свесен дека станува збор за мало девојче, Кешишев посочи дека тоа било откако пристигнале во седиштето на партијата. - Кога го запаливме ‘цитроенотот’ се вративме во штабот, Велибор и Боре тргнаа кон Велес, Палчо остана сам во студиото, јас отидов во кујната да правам кафе и тогаш видов на ФБ дека се бара дете. Кога влегов ја покажав сликата од телефонот на детето, а Палчо не ми одговори ништо. ‘Што е ова?’, го прашав и не ми одговори ништо. Jас се повлеков во кујната и таму имав кревет, спиев таму. Кога отиде во Белград не знам, не разговаравме, не ми беше јасно ништо што се случи. Доволно ми беше што видов на слика дете, на ФБ - рече Кешишев. Фото: Вангел Тануровски...
Невладини здруженија ги поздравија законските измени против родовата идеологија
Фактор - пред 11 часа
Добивај вести на Viber Невладини организации го пофалија владеачкото мнозинство, откако пратениците синоќа ги донесоа измените во Законот за учебници за основно и средно образование по скратена постапка, како и измените во Законот за основно образование, исто така, по скратена постапка, со кои се толкува одново родовата идеологија.Од „Родителски совет“ упатија посебна благодарност до пратеникот Антонио Милошоски со реакција дека родовата идеологија се исфрла од образованието„Родителски фронт изразува најдлабока благодарност до сите пратеници кои синоќа во македонското Собрание ги изгласаа измените на Законот за основно образование и измените на Законите за учебници за основно и средно образование.Доаѓаат локални избори, време за соочување и пресметки. Во тој контекст, повторуваме, РФ ќе ја поддржи секоја концепција која ги дели и респектира нашите вредности и нашите заложби!Предлог Законот за изменување на Законот за основното образование ги засилува мерките за заштита на правата и благосостојбата на учениците, вклучувајќи ја грижата за нивната физичка безбедност, ментално и физичко здравје, како и забрана на дискриминација или неоправдано одделување при запишување и формирање паралелки. Исто така, се нагласува улогата на училишниот инклузивен тим во обезбедување еднаков пристап до образование и превенција на дискриминација, додека училиштата се обврзуваат да промовираат здравствени информации базирани на научни сознанија, почитување на разликите, човековите права и еднаквост меѓу половите, во соработка со родителите и училишниот совет. Овие измени имаат за цел, да создадат поддржувачка и инклузивна образовна средина за сите ученици, но и да дадат законска основа за поддршка на родителите во одлучувањето за содржините прифатливи за децата“, гласи реакцијата на „Родителски совет“Од „Коалиција за заштита на децата“ пак излегоа со соопштение дека „Системот се менува, без да се потхранува“.со посебна благодарност до Милошоски за прочистување на Законот од основно образование од родовата идеологија. „Големиот број трагични случувања од изминативе два месеца се сведок дека системот ни е трул и е потребна длабока промена, почнувајќи од искоренување на сопствениот придонес кон хранењето на тој систем. Непромислените ставови "ќе ми завршат работа од партија", "имам врски во болница", "ќе му ја подмачкам раката", "ќе се јави тато" и сл. се еден од главните проблеми на овој промашен систем, кој самите го создадовме - кој повеќе кој помалку, а поради кој, за жал, жртви паднаа нашите деца. Додека СДСМ беа на власт, гледавме како поединци-активисти и невладини организации од шарениот ЛГБТИ+ спектар директно и тајно работат и влијаат на менување на законите - закони кои се обврзани сите граѓани да ги почитуваат.Затоа во овие 3 години од нашата работа, оние кои нѐ следат можат да посведочат дека работиме сосема отворено и транспарентно, без криења и целосно натпартиски, односно поддршка даваме само за заложбите на оние кои се трудат да ги заштитат децата и правата на родителите, без разлика на која партија припаѓаат. Сите наши испратени ургирања, дописи, поддршки, реакции, остварени официјални состаноци и сл. јавно ги објавуваме за информирање на граѓаните и не ги доставуваме по линија на "врски", туку професионално на официјалните адреси на чинителите на политичкиот живот во Македонија. Го раскинуваме тој болен верижен начин на делување и потхранување на трулиот систем.Согласно на тие наши ставови, го објавуваме нашето Писмо за поддршка испратено до пратеникот и потпретседател на Собранието на Р. Македонија г-динот Антонијо Милошоски за неговите заложби за прочистување на Законот од основно образование од родовата идеологија. Иако сметаме дека сѐ уште постојат можности за унапредување на Законот и отстранување на потенцијални проблематични делови, како што се недефинираните термини "различности" и "еднаквост меѓу половите", сепак ја поздравуваме најновата позитивна промена“, се огласија од здружението....
„Магна“ во Штип почна со работа
Фактор - пред 11 часа
Добивај вести на Viber Од денес во Штип започна со работа втората фабрика на „Магна Мехатроникс“, која се простира на 18.000 метри квадратни во слободната индустриска зона, за што ќе бидат инвестирани околу 40 милиони евра и ќе бидат вработени во самиот пик на инвестицијата повеќе од 600тина лица.„Со ова, со огромна чест и задоволство, ја прогласувам оваа нова фабрика за отворена! За мене претставува исклучително важна затоа што на факултетот токму тоа што денес тука ќе се произведува, јас го предавам на младите студенти и оние генерации коишто доаѓаат, а тоа е механтрониката. Затоа да заклучам, нека носи успех, просперитет и напредок за сите“, рече премиерот Христтија Мицкоски на настанот.„Магнамехатроникс“ (Magna Mechatronics) е дел од „Magna International“ – една од најголемите компании во светот за автомобилски компоненти, со седиште во Канада и присуство во над 28 земји. Специјализирана е за производство на интелигентни мехатронски системи – комбинација од механика, електроника и софтвер – кои се вградуваат во возила на водечките светски брендови.Компанијата произведува компоненти како што се системи за заклучување, електронски контролни модули, автоматизирани врати, и иновативни решенија за безбедност и комфор. Нивните технологии се користат во возила од висока класа, со фокус на автоматизација и интелигентни решенија кои го менуваат начинoт на кој возилата функционираат....
ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА КОАЛИЦИЈАТА Е СТАБИЛНА, ГРАЃАНИТЕ ДА БИДАТ СПОКОЈНИ: И Милошоски и Филков имаа лош ден, секој има право на тоа, лошиот ден помина
Фактор - пред 11 часа
Добивај вести на Viber За вчерашната кавга помеѓу пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот министер за правда од редовите на ЗНАМ, Игор Филков, премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека и двајцата имаат право да имаат лош ден.– Владината коалиција е стабилна. Пратеникот Антонио Милошоски е член на Извршниот комитет на партијата и тој е дел од мојот најблизок периметар. Соработката со него ја оценувам на највисоко ниво. Од друга страна, знам со какви проблеми се соочува министерот Филков, но она што можев да го заклучам е дека секој има право на лош ден, а јас мислам дека лошиот ден помина и за Милошоски и за Филков. Граѓаните да бидат спокојни, Владата е стабилна – порача премиерот....
Брзи кредити – што претставуваат и зошто се толку популарни?
Фактор - пред 12 часа
Добивај вести на Viber Животот ни станува сè подинамичен и финансиски потежок. Така, сѐ почесто имаме потреба од брзи и лесни финансиски решенија за покривање на непланирани трошоци. Токму тука во пресрет ни излегуваат брзите потрошувачки кредити. Но, што всушност претставуваат овие кредити? Кога можат да ви бидат одкорист, а кога би ви нанеле штета? За одговор на овие прашања, собравме неколку совети од експертите на Credissimo – водечка кредитна компанија кај нас за онлајн брзи кредити. Брзите кредити веќе се доста популарна и користена финансиска услуга. Тие претставуваат краткорочни кредити со релативно ниски суми, одобрени од финансиски друштва чијашто работа е строго регулирана од Министерството за финансии. Овој кредит овозможува брз и лесен достап до пари, бидејќи процесот на аплицирање е многу едноставен. Сѐ се случува целосно онлајн, без непотребно чекање во редици и еден куп документи. Нивната популарност не е случајна, тие нудат брзина, достапност и флексибилност. Можете да земете од 3.000 до 300.000 денари, со рок на исплата од 3 до 36 месеци. Најважно е тоа што со парите располагате за само неколку минути по одобрувањето на кредитот. Брзите кредити се лесни и удобни, но тие, исто така, можат да бидат многу опасни ако не ги земате со претпазливост. Ајде да видиме кога тие можат да ви бидат од корист, а кога може да бидат штетни за вашата финансиска состојба.Кога брзите кредити се во ваша корист? Тие се одлично решение за покривање на неочекувани трошоци во домаќинството или лични потреби. Во моменти кога ви се потребни дополнителни пари за купување на уреди или апарати што ненадајно се расипале, а немате можност веднаш да издвоите пари од платата за нивна замена. Овие кредити се одлично решение за позајмица до плата или непредвидени трошоци за лекови и медицински трошоци. Исто така, можат да бидат корисни за рефинансирање на други кредити, доколку клиентот сака да ги спои сите своите кредити во еден со плаќање на една рата, услуга којашто ја нуди Credissimo.Кога брзите кредити би нанеле штета за потрошувачот? Краткиот одговор е кога кредитите се земаат без да се размислува и без да се направи проценка дали ќе можете да го вратите кредитот. Многу е важно да си изберете месечна рата и рок на плаќање на кредитот според вашите финансиски можности, инаку ризикувате да се соочите со финансиски проблем. Брзите кредити можат да бидат штетни за корисникот ако земе премногу кредити наеднаш– тоа неизбежно доведува до проблем во враќањето. Финансиската нестабилност често ги тера луѓето да земаат брзи кредити, но ако веќе имаат неколку краткорочни заеми, новиот кредит само ќе ја влоши ситуацијата....
Со промоција на новиот роман на Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, вечерва почнува второто издание на „Видик“
Фактор - пред 12 часа
Добивај вести на Viber Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе почне вечерва (2 април, среда), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со промоција на најновиот роман од писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“.Промоторка на книгата, која е во издание на „Арс Ламина“, ќе биде Илина Јакимовска, а извадоци ќе читаат актерките Катерина Коцевска, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Симона Димковска.Со иновативен спој на повеќе области на културата, фестивалот „Видик“, кој ќе се одржи од 2 до 16 април 2025 година, во организација на „Литература.мк“, отвора нови културни видици, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата.Во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржат 15 настани, кои ги обединуваат литературата, музиката, театарот и уметноста, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата. На програмата се промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, изложби на фотографии и илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации.Утре (3 април, петок), во 20 часот ќе се одржи театарската претстава „Лекција“ од Ежен Јонеско, со Јовче Пандев, Калина Велковска и Маја Ѓурчевска во главните улоги.Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, ќе биде промовирана на 4 април (петок) во 20 часот. Промоторка на македонското издание на книгата ќе биде Бисера Бендевска. Во продолжение ќе се одржи музички настап со песни од Ѓорѓе Балашевиќ, во изведба на бендот Rumble Acoustic во состав: Трајче Стојанов и Александар Јовановски.Младата македонска музичка ѕвезда во подем Дина Јашари ќе одржи концерт на 5 април (сабота), во 21 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Јашари ќе настапи со музичарите Андреа Мирческа, Драган Теодосиев и Лука Тошев. В недела (6 април), во 14 часот, ќе се одржи театарската претстава за деца „Магичната флејта на Вулфи“, во која настапуваат: Тина Иванова, Дијана Имери-Илкоска, Дино Имери и Будимка Имери.Програмата продолжува на 8 април (вторник), во 19 часот, со изложбата „Соѕвездие на детските сни“, со илустрации од Ване Костуранов. Мултимедијалниот настан ќе го води Бисера Бендевска. На 9 април (среда) во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“ во издание на „Арс Ламина“. Промоторка на книгата ќе биде Оливера Ќорвезироска.Наредниот ден (10 април, четврток) во 21 часот на програмата е концерт на „Симеон Ангеловски квартет“ во состав: Симеон Ангеловски, Иван Иванов, Давид Горгиев, Андреј Петровски. На 11 април (петок), во 20 часот ќе биде одиграна монодрамата „Сите најубави нешта“ со Игор Ангелов, во режија на Дејан Пројковски. Под наслов „Патување низ звукот на корените“, на 12 април (сабота), во 21 часот ќе се одржи концертот на Зарина Првасевда - македонската артистка и вокална изведувачка, што исполнува македонска и светска традиционална музика.В недела (13 април), во 14 часот ќе биде одиграна театарската претстава за деца „Себастијан и sвездите“ со Тина Иванова и Дијана Имери-Илкоска.На Светскиот ден на уметноста, 15 април (вторник), во 19 часот ќе се одржи вечер посветена на уметникот Киро Урдин. На програмата се проекција на документарецот „Планетариум“ и изложба на фотографии и афоризми од Урдин.Второто издание на „Видик“ ќе биде затворено наредниот ден (16 април, среда) во 20 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со промоција на сонетниот венец „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски, во издание на „Арс Ламина“. Книгата ќе ја претстават Оливера Ќорвезироска и Анастасија Ѓурчинова. На настанот ќе има поетско читање со Биљана Стојановска и Мартиновски, како и изложба на негови слики кои се дел од оваа книга.Во продолжение ќе се одржи музичкиот настан „Џез, буки, веди“ на „Јани Костурски квартет“. Во составот настапуваат Јани Костурски, Филип Димишковски, Зоран Павловски и Павел Ренџов, а специјален гостин ќе биде Трајче Велков.Фестивалот ќе има хуманитарен карактер, имено, средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат наменети за настраданите во несреќата во Кочани.Присуството на музичките и на театарските настани е со влезници и со резервации на 070 391 100. Влезниците се достапни на www.literatura.mk и во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Со секоја влезница следува подарок.ПР објава...
ВЛАДАТА СЕ ЗАДОЛЖУВА КАЈ ДОМАШНА БАНКА СО КРАТКОРОЧЕН КРЕДИТ - под кои услови ќе ѝ се враќаат 70 милиони евра на Шпаркасе банка
Фактор - пред 12 часа
Добивај вести на Viber Покрај задолжувањето со унгарскиот кредит, како и задолжувањата кои се прават на домашниот пазар преку издавање на обврзници, Владата ќе се задолжува и кај една од домашните банки, или конкретно кај Шпаркасе банка, една од петте најголеми банки во земјава, која е во странска сопственост. Она што само се знае е дека ќе се земе заем на сума од 70 милиони евра, но засега не може да се дојде до информации која е висината на каматната стапка, дали има грејс период и колку изнесува, колкава е рочноста на враќање и кои се сите други услови.Во „Службен весник“ на земјава може да се види Одлуката која ја донела Владата „за задолжување кај Шпаркасе банка по Договор за краткорочен кредит за финансирање на буџетски потреби на Република Северна Македонија“. Оваа владина одлука е објавена во Службен весник на 17 март годинава, а законската основа за ова задолжување, како што стои во Одлуката, е Законот за јавен долг на земјава.„Република Северна Македонија се задолжува со краткорочен кредит во вкупен износ од 70.000.000,00 (седумдесет милиони) евра во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија на денот на плаќањето, кај Шпаркасе банка АД Скопје. Краткорочниот кредит ќе се користи за финансирање на буџетските потреби на Република Северна Македонија“, се вели во објавата во Службен весник за ова задолжување.Како што е познато, власта претходно се задолжи кај Унгарија на сума од една милијарди евра, од кои половина одат за враќање на еврообврзницата, а од преостанатата половина 250 милиони е вра одат кај фирмите, а 250 милиони кај општините во земјава.Неодамна почна одобрувањето на првите заеми на компаниите од унгарскиот кредит преку Развојната банка.Власта се задолжува и на домашниот пазар преку издавање на државни обврзници, со кои ја обезбедува тековната ликвидност, а најголем дел од овие пари се наменуваат за отплата на стари долгови, односно исто такви државни обврзници кои биле издадени пред извесен период, а кои сега стигнуваат за наплата.Н.Н.Ф....
„ДВЕ НЕДЕЛИ ПО ТРАГЕДИЈАТА, СОБРАНИЕТО НЕ СОБРА СИЛА НИТУ ДА ОДРЖИ КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА“: ДУИ прашува „кој се плаши од формирање на анкетна комисија за Кочани“
Фактор - пред 12 часа
Добивај вести на Viber Демократската унија за интеграција (ДУИ) прашува – кој се плаши од формирање на анкетна комисија во Собранието со учество на сите политички партии и меѓународно набљудување од ОБСЕ, САД и Европската Унија?„Трагедијата во Кочани ја разоткри вистината за целосното заробување на државата. Владата не само што не превенираше катастрофа која цела година била позната на надлежните институции, туку и го злоупотреби системот за да ги заштити одговорните. Прво со политички притисок врз обвинителството – преку заплашување на обвинителот со партиски активисти на улица, потоа со иницијатива за негова смена, за на крај да му биде ветено останување на функцијата доколку игра по диктираните правила.Освен тоа, владата ги притисна медиумите, граѓанското општество и сите критички гласови, претворајќи ја државата во партиска алатка за амнестирање на виновниците.По трагедијата, наместо институционален одговор, сведочиме на селективна правда – обид да се префрли одговорноста на други, без истрага за оние кои навистина беа одговорни за превенција. Две недели по трагедијата, Собранието не собра сила ниту да одржи комеморативна седница, бидејќи партиската контрола врз институциите е посилна од моралната и општествената одговорност.Затоа, ги повикуваме пратениците да ја послушаат сопствената совест, да размислат за семејствата на жртвите, за довербата во системот, и да го потпишат барањето на Европскиот фронт за формирање на анкетна комисија во Собранието. Селективната правда ќе биде извор на огромна недоверба и деформација на системот во иднина.ДУИ останува посветена на вистината, транспарентноста и правдата – и нема да дозволиме оваа трагедија да се затвори без целосна истрага со меѓународно набљудување“, велат од ДУИ....
Тројца, од кои еден тинејџер, убиле старец во кривопаланечко и го закопале
Фактор - пред 12 часа
Добивај вести на Viber МВР известува дека се лишени од слобода три лица од кривопаланечко откако претходно убиле старец од истото село и го закопале.„На 01.04.2025 во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С. Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко . Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат“, објави полицијата.Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа и е предадено за обдукција....
ПРЕДЛОГОТ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОЦЕВСКИ НЕ ПОМИНА - тројца членови на Советот на јавни обвинители гласаа за, останатите против
Фактор - пред 12 часа
Добивај вести на Viber Советот на јавни обвинители даде негативно мислење по предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. За прифаќање на предлогот гласаа тројца, додека шест члена беа против. Претседтелката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриеска, рече дека со оглед дека Советот одлуките ги носи со мнозинство, мнозинството дадоа негативно мислење. За прифаќање на предлогот на Владата за разрешување на Коцевски гласаа Кети Петкова, Ардиан Демири и Марјана Илиевска.Советот на јавни обвинители претходно ја исклучи јавноста од точката за разгледување на предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Членовите на Советот едногласно го поддржаа предлогот на членот Зорица Павловиќ, која повикувајќи се на член 10 од Законот за совет на јавни обвинители побара да се исклучи јавноста поради, како што кажа, сензитивноста на процесот и за заштита на угледот и интегритетот на јавниот обвинител.Светлана Стојковиќ, го поддржа предлогот, дополнувајќи дека јавноста треба да биде исклучена и поради тоа што во произнесувањето од Коцевски по предлогот за негово разрешување, се изнесени и информации и докази од дисциплинските постапки што се води против двајца јавни обвинители. Расправата, како што нагласија, ќе биде затворена, а јавноста ќе биде вклучена само за гласањето по мислењето за предлогот на Владата за разрешување на Коцевски.Седницата за разгледување на предлогот претходно на два пати беше одложена. Првично беше закажана за 18 март, но беше одложена поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани, а минатата недела, на 26 март беше одложена поради немање на кворум. Согласно законските рокови за разгледување на предлогот за разрешување на Коцевски, Советот треба да го разгледа најдоцна до крајот на неделава, иако Владата објави дека ќе ја прекине постапката. Портпаролката на Владата Марија Митева, на 26 март годинава, изјави дека Владата ќе ја прекине постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО, истото нема да го проследи до Собранието.- Да појаснам дека Владата доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО ќе ја запре постапката, односно истото нема да го прати до Собранието, а се разбира Советот на ЈО согласно роковите кои што ги има ќе постапува - изјави Митева. Премиерот Христијан Мицкоски по трагедијата во Кочани изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител Коцевски ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа.- Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство кое што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај - рече Мицкоски.Владата на 11 февруари година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години. Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител. Коцевски, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе. Републичкиот обвинител Коцевски го демантира тврдењето дека незаконски постапил посочувајќи дека го следел законот и роковите во него....
Д-р Џавад Парвизи: Водечки иновации во хирургијата за репарација на зглобови
Фактор - пред 13 часа
Добивај вести на Viber Д-р Џавад Парвизи, реномиран професор по ортопедска хирургија на Универзитетот „Аџибадем“, ја посвети својата кариера на подобрување на животите на пациентите кои имаат проблеми со зглобовите. Со повеќе од две децении искуство во престижни институции како што се клиниката „Мејо“ и Универзитетот „Томас Џеферсон“, д-р Парвизи сега ја носи својата неспоредлива експертиза во Меѓународниот центар за зглобови (IJC) при Здравствената групација „Аџибадем“ во Турција. Неговиот фокус е на најсовремените решенија за замена и реконструкција на зглобовите кои на пациентите им нудат олеснување од исцрпувачките ефекти на артритисот и другите заболувања на зглобовите. Објаснување за замена и реконструкција на зглобовите Постапките за замена и реконструкција на зглобовите се проектирани да ја ублажат болката предизвикана од пропаѓање на зглобната 'рскавица. 'Рскавицата, која ги амортизира коските во зглобовите, може да се истроши заради генетика, стареење, траума или основни состојби како развојна дисплазија или аваскуларна некроза. Кога ќе се случи тоа, коските се тријат една со друга, предизвикувајќи болка, воспаление и губење на подвижноста.Меѓународен центар за зглобови „Аџибадем“ Меѓународниот центар за зглобови „Аџибадем“ е формиран исклучиво за дијагностицирање и лекување болести на зглобовите. Центарот нуди замена на оштетените зглобни површини со трајни протетски компоненти. За оние со полесни оштетувања, може да се користат техники за зачувување на зглобовите, вклучувајќи реконструкција или подредување, за да се продолжи природниот век на зглобот. Овие постапки ја враќаат подвижноста и ја елиминираат интензивната болка предизвикана од артритис, овозможувајќи им на пациентите нов живот. Најсовремена технологија за прецизна хирургија Клучен аспект на IJC е употребата на напредни системи за снимање во дијагностичкиот процес на болести на зглобовите. Тоа овозможува прецизно мерење и подредување на зглобот кој треба да се замени. Деталната подготовка осигурува совршено вклопување на протезата, минимизирајќи ги компликациите и оптимизирајќи ги резултатите. Во текот на операцијата, роботиката и прецизните инструменти ја подобруваат точноста и гарантираат дека поставувањето на протетските компоненти е во согласност со предоперативниот план. Овој пристап не само што ја подобрува функционалноста, туку и го продолжува животниот век на протезата, што ја прави погодна за помлади пациенти.Сеопфатен пристап кон здравјето на зглобовите Не-хируршките мерки често се прва линија на лекување артритис, вклучувајќи физикална терапија, контрола на тежината и биолошки терапии како што се матичните клетки. Сепак, кога овие опции не се доволни, трајно решение нуди замената на зглобот. Современите замени на зглобови се проектирани да траат со децении, обезбедувајќи значително подобрување на квалитетот на животот. Д-р Парвизи нагласува дека операцијата е изборна постапка која им овозможува на пациентите темелно да се подготват. Тоа вклучува оптимизирање на здравјето преку предоперативни проценки и промени во животниот стил, како што се откажување од пушење и контрола на тежината. Во „Аџибадем“, тимот се грижи секој пациент да биде целосно подготвен за операција, намалувајќи ги ризиците и подобрувајќи го процесот на закрепнување. Исклучителна постоперативна нега Процесот на закрепнување по замена на зглоб во „Аџибадем“ е изненадувачки ефикасен. Пациентите со замена на колк често можат да се движат на денот на операцијата и да се вратат дома во рок од 24 часа. Целосното закрепнување за замена на колк вообичаено трае 4-6 недели, додека замена на коленото може да трае до три месеци. И покрај разликите во времето на закрепнување, резултатите се трансформирачки - пациентите веднаш чувствуваат ослободување од болката од артритис. Зошто да ја изберете „Аџибадем“ за репарирање на зглобови? Меѓународниот центар за зглобови при „Аџибадем“ се одликува со персонализирана нега заснована на докази. Д-р Парвизи и неговиот тим ги приспособуваат третманите според индивидуалната состојба на секој пациент користејќи докажани техники поткрепени со најновите истражувања. Напредните капацитети на Центарот гарантираат прецизност и безбедност, со строги протоколи за минимизирање на инфекции и компликации. Пациентите не само што имаат полза од врвната технологија на „Аџибадем“, туку и од нејзината посветеност на иновации. Центарот нуди третмани кои не се достапни на друго место, благодарение на својата лидерска позиција во ортопедските истражувања и развој. Таа комбинација на експертиза, технологија и персонализирана нега ја прави „Аџибадем“ главна дестинација за замена и реконструкција на зглобови.Трансформирање на животите со репарирање на зглобови Хирургијата за замена на зглоб се развива за да обезбеди исклучителни резултати. Со замена на колк, многу пациенти наведуваат дека за неколку месеци забораваат дека некогаш имале операција благодарение на обновената природна функција на нивниот зглоб. Замените на колено, исто така, нудат значително олеснување, иако пациентите може делумно да се сеќаваат на постапката. Во двата случаи, елиминирањето на предоперативната болка драстично го подобрува квалитетот на животот. Д-р Парвизи и Здравствената групација „Аџибадем“ ги трансформираат животите со страдања во животи на удобност, третирајќи ги замените и реконструкциите на зглобовите со напредни хируршки техники и сеопфатна нега. Ако вие или некој близок страда од болки во зглобовите, размислете за уникатната експертиза и капацитетите од светска класа во Меѓународниот центар за зглобови „Аџибадем“....
ПАЛЧО ОСТРАНЕТ ОД СУДНИЦА - адвокатот на Кешишев тврди „во негово присуство нема да ја зборува вистината“
Фактор - пред 13 часа
Добивај вести на Viber Судот одлучи да го одалечи од судница Љупчо Палевски - Палчо, првообвинет за двојното убиство, додека исказ дава обвинетиот Влатко Кешишев. Оваа одлука ја донесе судот донесе на барање на адвокатот на Кешишев, Игор Евремов. - Љупчо Палевски да се отстрани од судницата додека Кешишев дава исказ, бидејќи во негово присуство нема да ја зборува вистината, односно во досегашната постапка со дадената изјава на 20.11.2024 година, а која што потоа истиот ја негираше на 25.11.2024 година во која истиот рече дека од страна на сообвинетиот Палевски му била дадена да ја препише, потпише и достави како своја. Сметам дека со ова е извршено влијание врз давањето на изјава на обвинетиот Кешишев и оттука е оправдан стравот на одбраната дека истиот нема да ја зборува вистината на денешната расправа - рече адвокат на Кешишев. Иако адвокатот на Палевски се спротивстави на ваквото барање, и посочи дека со ова се прават непотребни драми и сцени, додавајќи дека Кешишев може да ја каже искрено виситината. Воедно тој укажа дека со ова му се оневозможува правото на Палевски да го следи исказот и да поставува прашање. Судот донесе решение, Љупчо Палевски привремено да се оддали од судницата, рече судијата Стефановски,бидејќи постојат околности дека Влатко Кешишев во негова близина нема да ја зборува вистината. Откако судот донесе одлука, бранителот Страшевски рече дека „стравот само на збор кажан, а не докажан од доктор или вешто лице е само една приказна која за жал судот ја прифати и не дозволиво е ваква одлука да биде донесена“. - Како бранител на Палевски не можам да учествувам во ваква драма и хајка и сега ќе ја напуштам судницата. Ова е само сцена пред јавноста – рече Страшевски. Предложи и да се повика вешто лице да утврди дека има страв од Палевск,и а нема да има страв кога ќе му поставува прашања. Страшевски побара веднаш да се прекине постапката и веднаш да се викне вештото лице. Ваквиот предлог судот не го прифати. Рочиштето продолжува со давање исказ на обвинетиот Кешишев....
Евротип програма за лојалност
Фактор - пред 13 часа
Добивај вести на Viber Бидете дел од новата програма за лојалност на Евротип, преку која ќе имате можност да користите ексклузивни поволности, привилегии и понуди. Со секоја уплата на тикет, користете ја вашата Евротип клуб картичка, собирајте поени и одберете вредни производи од КС маркетот. Вашата лојалност и доверба заслужуваат награда. Со Евротип добивате секогаш повеќе. Сите потребни информации околу програмата за лојалност ќе ги пронајдете на следниов линк https://qrco.de/bfsNJB...
Пролетта доаѓа во Дајмонд мол со „Цветен фестивал“
Фактор - пред 13 часа
Добивај вести на Viber Во насока на поддршка на малите претприемачи и создавање можности за нивна поголема видливост и пласирање на производите, Дајмонд мол со гордост гo најавува „Цветниот фестивал“, кој ќе ја збогати програмата на пролетни настани во Скопје. Од 3 до 6 април, Дајмонд мол ќе биде домаќин на „Цветен фестивал“, каде ќе се слави убавината на природата преку изложба на разновидни цвеќиња, растенија и градинарска опрема. Овој фестивал е идеална можност за сите љубители на зеленилото и хортикултурата да најдат инспирација, совети од експерти и уникатни растенија за својот дом или градина. Фестивалот посветен на цвеќето Дајмонд мол го организира втора година по ред, а лани предизвика голем интерес кај посетителите, кои се запознаа со вештините за изработка на цветни аранжмани за различни пригоди и добија многу иновативни идеи за декорација и украсување. Настанот е дел од разновидната програма на Дајмонд мол, со која постојано настојуваме да создадеме уникатни искуства за нашите посетители и да ја зајакнеме локалната економија преку поддршка на малите бизниси и занаетчии. Ве покануваме да бидете дел од овој настан и заедно да ја прославиме пролетта!ПР објава...
„КОЧАНИ - ПРЕКИНАТА МЛАДОСТ“ - потресен хрватски документарец за болката, огорченоста, корупцијата...
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber „Кочани – прекинатата младост“ гласи документарецот кој го направи Хрватската радио-телевизија и го емитуваше синоќа.Емисијата посветена на трагедијата која го покоси Кочани, а го рани в срце цел балкан преку директни сведоштва и лични раскази, ја прикажа болката и огорченоста на граѓаните, кои ја анализираат трагедијата и нејзините причини.Во документарецот, соговорниците во прво лице го изнесуваат својот став за одговорноста, при што главната критика е насочена кон сите досегашни власти и функционери кои, според нив, дозволиле создавање на нефункционален и корумпиран систем. Но, виновници што сме го дозволиле ова, сме и сите ние, велат дел од сведоците. Емисијата заврши со најтажната народна песна: Жали горо, црни сестро,двајца да жалиме.Ти за твоите лисја, горо,јас за мојта младост.Твојте лисја, горо сестро,слана ги попари.А мојата младост горо,мајка ја зацрни.Што ме даде, горо сестро,многу надалеку.Надалеку, горо сестро,преку девет гори.Надалеку, горо сестро,зедов старо аро.Твојте лисја, горо сестро,в' пролет ќе разлистат.А мојата младост горо,нема да се вратиИзвор: Женски магазин...
Северна Македонија исцртува Мапа на инвеститори – алатка која веќе постои во речиси 50 држави
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber Овој текст е дел од серијата текстови посветени на процесот на имплементација на Националната развојна стратегија 2024 – 2044. Станува збор за клучен и сеопфатен стратешки документ, во кој е дефиниран развојниот пат на државата во наредните 20 години. Во октомври 2024 година, Собранието едногласно ја усвои Националната развојна стратегија, со што таа е и официјален национален документ чија имплементација е обврска за оваа и сите наредни влади до 2044 година. Патот на развојот на државата не е еднонасочна улица. Неопходно е да се минат многу крстосници, сокаци, автопати за да се постигне одржлив, инклузивен и сеопфатен развој кој ќе гарантира подобар квалитет на живот за сите граѓани. Но, за да знаеме каде одиме и да не заскитаме, потребна нѝ е мапа. Токму затоа, во рамки на процесот на имплементација на Националната развојна стратегија 2024 – 2044, во земјава се работи на креирање НРС/SDG Мапа на инвеститори, алатка која подетално ја опишавме во претходниот текст од овој серијал. Оваа активност ја води Владата со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП. Северна Македонија е една од 14 држави во светот кои во моментот, со посредство на УНДП, развиваат Мапа на инвеститори. Во ова друштво, од Европа е уште Киргистан, додека на останатите континенти процесот е во тек и во Боливија, Јамајка, Египет, Мароко, Сенегал и уште во неколку држави. Досега Мапа на инвеститори имаат развиено вкупно 48 држави со различна големина, степен на развиеност и социјално - економски карактеристики. Меѓу нив се неколку големи земји како Кина, Индија, Бразил, Аргентина, Индонезија и Јужна Африка, додека на европскиот континент своја Мапа на инвеститори имаат исцртано соседните Србија и Албанија, како и Турција, Ерменија и Азербејџан. SDG Мапата на инвеститори во сите овие земји помогна да се идентификуваат секторите каде приватниот капитал може да направи вистинска разлика, односно, во исто време да ги поттикне и економскиот развој и општествениот напредок. При тоа, овие сектори се утврдуваат со економетриски анализи, истражувања на терен и во согласност со локалните карактеристики на земјата. На пример, во Албанија како приоритетни инвестициски области се утврдени производството на храна и пијалоци, обновливи извори на енергија и транспорт, додека во Србија на инвеститорите им се препорачува да се фокусираат на инфраструктура, здравствена заштита и храна и пијалоци. Инвестициите во сите овие сектори придонесуваат кон остварување конкретни аспекти од Целите за одржлив развој на Обединетите нации. Во Северна Македонија, креирањето на Мапата на инвеститори, кое се очекува да заврши до крајот на мај, се спроведува во корелација со Националната развојна стратегија, како сеопфатен документ кој го опишува развојниот пат на државата во наредните 20 години. Исто како и во другите земји, Мапата на инвеститори ќе обезбеди квалитетни податоци за приоритетните сектори, кои ќе им бидат достапни и на домашните и на странските инвеститори. „Мапата на инвеститори ќе претставува интерактивна платформа за усогласување на инвестициите со целите и приоритетите на Националната развојна стратегија, како и Целите за одржлив развој. Оваа мапа ќе обезбеди информации на пазарот, особено во однос на можностите за инвестирање, како и деловните модели што би можеле да го унапредат одржливиот развој. Посветено работиме на креирање мапа која која што ќе ги води и канализира потребите на бизнис секторот со владините политики“, вели Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев. Игор Јанушев, Генерален секретар на Владата „Замислете дека инвестициите во зелена енергија, одржливо земјоделство и модерна инфраструктура не се само општествено корисни, туку во исто време носат и профит. Токму тоа е целта на НРС/SDG Мапата на инвеститори – идентификување на инвестициски можности кои обезбедуваат поврат на вложените средства, но исто така придонесуваат за решавање на некои од клучните проблеми во државата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Успешната имплементација на мапите на инвеститори во повеќе земји е доказ за нивната важност во мобилизирањето приватен капитал за поддршка на одржливиот развој“, изјави Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП. Армен Григорјан, Постојан претставник на УНДП Креирањето на НРС/SDG Мапата на инвеститори е инклузивен процес во кој се вклучени јавните институции, бизнис секторот и инвеститорите, граѓанските организации и академската јавност. Таа ќе содржи податоци и препораки базирани на информации и анализи за пазарните услови, економските трендови и законската регулатива за да биде релевантен водич на приватните компании и ефикасен катализатор за имплементација на Националната развојна стратегија во согласност со Целите за одржлив развој. Носител на имплементацијата на стратегијата е Владата на Република Северна Македонија и Генералниот секретаријат. Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП го поддржува процесот со финансиска поддршка на Министерството за финансии на Словачка. ПР објава...
Што се случува со УЈП? Фирми подолго време не може да исплатат плата
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber Голем број на фирми не можат извесен период да ја исплатат платата за своите вработени, затоа што сметководителите имаат системски проблем со модернизацијата во Управата за јавни приходи.Во УЈП претходно беше најавено дека се инсталираат кодови за идентификација и тогаш објаснија дека има одредени тимови кои работат како поддршка за претпријатијата кои имаат проблем истото да го завршат навреме.„Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност чии кодови за идентификација за потпишување на МПИН пресметките се изготвуваат преку Клиентскиот софтвер, а се издадени пред 5 март 2025 година, независно од нивната важност, да поднесат барање за обнова на истите преку системот е-Даночни услуги“, гласи соопштението на Управата што го објави пред неполни две недели.Неофицијално, станува збор за нова постапка за побрзо и поефикасно решавање на даночните услуги, но не може да се постигне навремено да бидат реализирани сите барања одеднаш. Од УЈП претходно рекоа дека има посебни контакти за поддршка и објаснување до сите фирми кои имаат проблем со новата инсталација.А.К....
„БРИЛИЈАНТЕН АКТЕР И ДОБАР ЧОВЕК. ВЕЌЕ НЕМА МНОГУ КАКО НЕГО“: Холивуд се збогува со Вал Килмер
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber По објавата на веста дека холивудскиот актер Вал Килмер почина, кој почина на 65-годишна возраст од пневмонија, многу колеги од Холивуд се збогува со легендарниот актер.Режисерот Мајкл Ман, кој работеше со Килмер, Роберт Де Ниро, Ал Пачино и Џон Војт на филмот кој критиката го пофали како 19-годишниот енергетски актер филм.„Додека работев со Вал на „Топлина“, секогаш му се восхитував на неговиот опсег, на брилијантната нестабилност во моќната енергија што Вал ја посвети и ја изрази преку ликот. По толку години борба на Вал со болеста и одржување на неговиот дух, ова е навистина тажна вест“, рече Ман во изјавата.Актерот Џош Бролин објави фотографија со Килмер на Инстаграм, со натпис: "Се гледаме пријателе. Ќе ми недостигаш. Ти беше паметна, предизвикувачка, храбра, диво креативна петарда. Нема многу како тебе. Се надевам дека ќе те видам горе на небото кога ќе стигнам таму. Дотогаш, неверојатни времиња, прекрасни мисли".Џош Гад, исто така, оддаде почит на Инстаграм, објавувајќи фотографија од Килмер како Том „Ледениот човек“ Казански од Топ Ган. Гад напиша: „Почивај во мир Вал Килмер. Ти благодарам што дефинираше толку многу филмови од моето детство. Ти беше навистина икона“.Легендарното студио за визуелни ефекти Industrial Light & Magic се сети на Килмер со објава на официјалниот профил на Threads на Инстаграм. Објавата гласеше: „Длабоко сме со тага што дознавме за смртта на нашиот пријател и колега, Вал Килмер. Од неговите незаборавни улоги како Лудмартиган, Леден човек, Док Холидеј и Џим Морисон, Вал се зацементира како еден од великаните. Ќе ни недостига и нашите мисли се со неговото семејство во овој момент“.Лорен Холи напиша кратка почит на Килмер, едноставно објавувајќи „Почивај во мир, Вал Килмер“ на Threads.Американскиот автор Дон Винслоу на социјалната мрежа Х напиша: „Почивај во мир Вал Килмер. Брилијантен актер и добар човек“.Иако беше голема холивудска ѕвезда, Килмер имаше тешка судбина, а неговата трагична животна приказна никого не остава рамнодушен. На Килмер му беше дијагностициран рак на грлото во 2014 година, но подоцна се опорави откако беше подложен на хемотерапија и операција на трахеата, што му го отежна зборувањето.Улогата во филмот „Топ Ган“, кој го лансираше меѓу светските ѕвезди за Килмер не беше меѓу омилените, напротив тој го мразеше тој филм, на чие снимање се судри со Том Круз, а неговиот живот имаше поинаква приказна од златниот почеток.За жал, од почетокот на кариерата, актерот не го следеше добриот глас на среќен соработник во филмот и покрај талентот што го поседуваше.Директорот на „Бетмен засекогаш“, Џоел Шумахер, за магазинот „Премиер“ изјави дека Килмер е психолошки најпореметеното човечко суштество со кое некогаш работел.Сепак, самиот актер доаѓа од скршена позадина.Килмерс биле богати, неговиот татко бил дистрибутер на воздушна опрема и во бизнисот со недвижнини, а Вал пораснал во Лос Анџелес.Кога имал девет години, бракот на неговите родители се распаднал и Вал отишол да живее со својот татко Јуџин со неговиот постар брат Марк и помладиот Весли.Распадот на семејството и напуштањето на домот му создале емоционални проблеми на актерот и ги затегнале неговите односи со неговиот татко.„Бев тивок, повеќе мислев отколку што се отворив. Работите меѓу мене и татко ми не беа добри долго време“, откри Килмер.Не е познато дали тој ги поправил односите со својот татко, но кога починал во 1995 година, Вал се расправал со својот постар брат Марк поради имотот на неговиот татко.„Вал нема примери за добри односи во својот живот на кои би можел да се потпре“, изјави Марк за списанието People во 1996 година. Неговата актерска кариера беше турбулентна како и неговата семејна кариера.Актерското патување на Вал Килмер започна со најголемиот успех во неговиот живот, кога на 16-годишна возраст беше примен во култната актерска школа „Џулиард“ во Њујорк, каде што присуствуваа легендарните Робин Вилијамс, Келси Грамер, Мајлс Дејвис и многу други.Она што е интересно е дека актерот никогаш не бил заинтересиран за слава.Првата филмска улога ја доби во 1984 година во шпионската пародија „Топ тајна“, по што следеше научно-фантастичната комедија „Вистински гениј“ од 1985 година. Не беше импресиониран од сценариото за „Топ Ган“ што го прослави.Како што наведува во своите мемоари „Јас сум твојот Хаклбери“, тој не ја сакал таа улога бидејќи не го интересирала приказната и не се грижел за тој филм.Килмер се истакна во улогата на проблематичната пејачка на „The Doors“, но почна да гради репутација на дива на филмскиот сет, расправајќи се со Стоун за режијата на филмот.„Начинот на кој зборува доаѓа од дното на неговото срце, но тој не сфаќа како работите што тој ги кажува ќе им звучат на другите луѓе“, соодветно го опиша Стоун Килмер за Esquire во 2005 година. Животот на Килмер беше истовремено шармиран и проколнат, често по негов избор.„Господ сакаше да одиме, а ѓаволот испрати лимузина“, ги сподели своите мисли со NYT.За жал, во 2014 година, додека бил на турнеја со театарска претстава, почнал да има потешкотии со голтањето, а кратко потоа, додека престојувал со Шер во гостинска куќа, доживеал хорор.„Одеднаш се разбудив со повраќање крв што го прекри креветот како сцена од „Кум““, напиша Килмер во своите мемоари „Јас сум твојот Хаклбери“.Истата, 2014 година, Килмер беше опериран поради болки во грлото, по што следеше хемотерапија и зрачење.Актерот вели дека лекарите му го уништиле целото грло, опишувајќи го како „суво како коска“.Како што пишува „Холивуд рипортер“, од некогашниот громогласен баритон остана само „сенка“ и неговата голема дарба исчезна.„Инструмент кој целосно го совладав сега е надвор од моја контрола“, се жали Килмер во своите мемоари.Трагичната приказна на холивудскиот актер остави трага во неговата кариера, што можеше да се види по неговото повлекување од црвениот тепих и актерската работа.Тој остана со две деца што ги имаше со Џоан Вали – Мерцедес и Џек.Фото: EPA-EFE/WARREN TODA...
Парите не треба да стојат – откријте како да ги ставите во акција
Фактор - пред 14 часа
Добивај вести на Viber Ако вашите пари стојат на штедна книшка и заработуваат 1% камата годишно, а инфлацијата „јаде“ 10%, дали навистина штедите или полека губите? Во време на економска неизвесност, сè повеќе луѓе бараат алтернативи за своите финансии. Но, една работа е јасна – парите не треба да седат, треба да работат. Со оваа идеја, P2P.mk, првата македонска peer-to-peer (P2P) инвестициска платформа, објави бесплатен водич за инвестирање – практичен, разбирлив и дизајниран за сите што сакаат да започнат со инвестирање, но не знаат од каде. Зошто е важен овој водич? Повеќето луѓе мислат дека инвестирањето е комплицирано, ризично или резервирано само за финансиски експерти. Вистината е дека секој може да инвестира – само му требаат вистинските информации.Водичот објаснува: • Што е P2P инвестирање? – Како функционира и зошто станува сè попопуларно во светот. • Како да почнете со мал капитал? – Дали е можно да станете инвеститор со само неколку илјади денари? (Одговорот е: да!) • Како да го минимизирате ризикот? – Стратегии за паметно инвестирање. • Што треба да знаете пред да вложите? – Разбирање на каматите, роковите и можностите. Инвестирањето не е само за богатите – туку за паметните „Луѓето често мислат дека инвестирањето е нешто комплицирано, нешто што го прават само финансиските магнати со огромен капитал. Но, тоа не е точно. Вистината е дека паметните финансиски одлуки започнуваат со знаење, а не со сума на пари. Затоа, решивме да создадеме водич кој ќе ја направи оваа тема достапна за сите“, истакнува Теодор Тодоровски, генерален директор на P2P.mk. Како да го преземете водичот? Водичот е целосно бесплатен и достапен за сите што сакаат да научат како да ги зголемат своите финансии. Може да се преземе од официјалната страница на P2P.mk: ➡ www.p2p.mk За P2P.mk P2P.mk е првата македонска платформа за peer-to-peer (P2P) инвестирање, која им овозможува на луѓето да ги зголемат своите пари преку директно инвестирање во кредити. Наместо класично штедење со ниски каматни стапки, P2P инвестирањето нуди реална можност за раст на капиталот. Ако некогаш сте се запрашале „Како можам да направам моите пари да работат за мене?“, ова е првиот чекор. Преземете го водичот денес и дознајте зошто паметните пари не спијат. ПР објава...
ДЕНЕСКА СТАРТУВААТ НАЈАВЕНИТЕ ТАРИФИ - Што се знае за планот на Трамп за огромни царини?
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber Американскиот претседател Доналд Трамп покажа потпишана извршна наредба за зголемување на тарифите во присуство на министерот за трговија Хауард Лутник во Вашингтон, САД, февруари 2025 година на 2 април, како дел од неговата амбициозна економска агенда за преобликување на трговските односи на САД со нејзините сојузници и противници, истовремено раздвижувајќи ја глобалната економија во процесот.Трамп и неговата администрација ја нарекоа тарифната објава како „Ден на ослободување“ за САД, бидејќи тие се обидуваат да ја намалат зависноста на земјата од стоки како дел од пошироката политичка иницијатива насочена кон заживување на американското производство, намалување на трговскиот дефицит на САД и намалување на националниот долг.„Претседателот ќе објави тарифен план кој ќе стави крај на нефер трговските практики што ја мамеа нашата земја со децении“, изјави за новинарите портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит. „Тој тоа го прави во најдобар интерес на американскиот работник.Но, во пресрет на огласот не е јасно што точно ќе стапи на сила и дали ќе има исклучоци, доцнења или враќање на давачките.Левит рече дека на крајот зависи од Трамп да одлучи какви тарифи ќе воведе и дека американскиот претседател и неговите советници изнесоа различни сценарија во неделите и деновите пред објавувањето, што ќе се одржи во Белата куќа.Тие сценарија се движат од општи тарифи до 20 проценти што би влијаеле на речиси секоја земја што има бизнис со САД до таканаречениот реципрочен тарифен пристап, каде Вашингтон ги усогласува давачките на другите земји за американските производи долари за долар.На маса би можело да биде и воведувањето на одложени тарифи од 25 отсто за Мексико и Канада, како и царини за граѓа, бакар, фармацевтски производи и микрочипови.Доналд Трамп, Белата куќа, 24 март 2025 година. подетално Трамп им се закани на Канада и на ЕУ со повисоки царини доколку „економски им наштетат“ на САД Трамп веќе објави тарифи од 25 отсто за увоз на автомобили кои треба да стапат на сила на 3 април. Кое е најновото размислување на администрацијата на Трамп за тарифите?Кој пристап го презема Трамп за тарифите може да открие повеќе за тоа како тој и неговата администрација имаат намера да ги користат финансиските мерки.Администрацијата на Трамп, исто така, сака да ги зголеми приходите од царините - увозни давачки за стоки што доаѓаат во САД - и да ги користи како потпора за да ги натера другите нации да ги намалат тарифите или да направат други промени во политиката, како што се борбата против миграцијата и трговијата со дрога.Сепак, некои економисти и пазарни аналитичари забележаа дека - доколку тарифите се преговараат и може да се намалат со текот на времето - тоа ќе го ограничи колку приходи на крајот би можеле да соберат.Поставени се и други грижи за ефектите што тарифите би можеле да ги имаат врз растот на цените во САД и пошироките економски последици.Тарифите на Трамп и неговите закани дека ќе наметне повеќе веќе ги поттикнаа акциите во САД да паднат и ги зголемија стравувањата дека економијата на земјата може да западне во рецесија. Индексот S&P 500 -- кој ги следи перформансите на најдобрите 500 компании на американската берза -- е на пат за најголемата квартална загуба од есента 2022 година. Какво ќе биде глобалното влијание на американските тарифи за автомобили?Шокот од царините за автомобили може да биде голем и да има трајни ефекти низ Европа и Азија.Во Азија, мерките би можеле да имаат големо влијание врз економиите на Јужна Кореја и Јапонија, кои во голема мера се потпираат на нивните автомобилски сектори. Во Европа, последиците би можеле да ги погодат Германија и соседните земји, исто така силно интегрирани во синџирот на снабдување на Европската унија за производство на автомобили.Словачка, која се потпира на автомобилската индустрија како движечка сила зад нејзината економија, ќе биде меѓу трите најпогодени земји во ЕУ, рече на 28 март словачката министерка за економија Дениса Сакова.Некои истражувања сугерираат дека мерките би можеле да помогнат да се постигнат резултатите наведени од администрацијата на Трамп.Производителите на автомобили, вклучително и јужнокорејските Hyundai и Kia, веќе објавија планови за зголемување на производството во САД.Буџетската лабораторија Јеил, непартиска тинк-тенк поврзана со Универзитетот Јеил, исто така процени дека новите тарифи за автомобили на Трамп би можеле да соберат приход од 600 до 650 милијарди долари од 2026 до 2035 година.Тарифите на Трамп за челик и алуминиум од 25 отсто, кои стапија на сила на 12 март, се очекува да ги зголемат цените на возилата со конвенционални мотори за 250 до 800 долари и цените на електричните возила (ЕВ) за 2.500 долари или повеќе, според финансиската консултантска компанија Anderson Economic Group (AEG).Дали новите царини ќе ја засилат глобалната трговска војна?Тарифите на Трамп веќе беа исполнети со одмазднички мерки, а најавата на 2 април може да донесе нова рунда што дополнително ќе ја разгори глобалната трговска војна.И Канада и Кина воведоа одмазднички тарифи за низа американски производи, додека ЕУ соопшти дека ќе воведе 50 отсто за американското виски, мотоцикли и моторни чамци, како и дополнителни царини почнувајќи од средината на април за гуми за џвакање, живина, соја и други стоки.Блокот од 27 нации, исто така, се закани, но не воведе царини од 25 отсто за целиот американски увоз.Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 1 април рече дека Брисел има „силен план“ да се спротивстави на новите американски царини, кои наводно би можеле да ги таргетираат американските банки и големите технолошки компании.Урсула фон дер Лајен (фотоархива) повеќе Брисел е подготвен да возврати на американските царини, посочи Фон дер Лајен Трговските тензии меѓу Пекинг и Вашингтон, кои разменија царини од февруари, може да се зголемат и по најавата на Трамп за „Денот на ослободувањето“.Сепак, американскиот претседател, исто така, ја претстави идејата за намалување на тарифите за кинески стоки за да обезбеди договор со кинеската матична компанија на TikTok, ByteDance, како што се приближува крајниот рок за продажба на апликацијата до 5 април.Според американскиот закон, Bytdance мораше да се отцепи од TikTok до 19 јануари или ризикуваше да биде забранет. Сепак, Трамп одобри грејс-период од 75 дена....
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Водостојот на реките уште ќе расте, внимателно движење покрај реките и суводолиците
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber Од УХМР известуваат дека според утринските податоци од хидролошките станици низ земјава, водостоите на сите реки низ земјава се доста високи и таа тенденција се очекува да продолжи во текот на денешниот ден, информираат од ЦУК.„Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на реката. Во текот на денот се очекува, постепено намалување на водостојот, стабилизирање на состојбата со водостојот и постепено повлекување на водата. Значително е висок водостојот на река Вардар по целото нејзино течение, од горниот дел во Полошката Котлина, во градот Скопје и низводно накај Велес во средниот и долниот дел од сливот во Демир Капија и Гевгелија. Во текот на денот се очекува и понатаму да остане висок водостојот посебно во средниот и долниот дел од сливот каде би се префрлил водниот бран. Висок е и водостојот на река Треска каде околу месноста Пласница е можно локално излевање на реката и поплавување на околните ливади. Во текот на денот се очекува постепено стагнирање на водостојот на река Треска, но тој да продолжи да биде висок. Исто така, висок е водостојот на река Струмица по целото течение на реката, а пред се поради врнежите во Косово и река Лепенец бележи зголемен водостој во текот на изминатава ноќ и изутринава кој во текот на денот се очекува да биде во намалување. Доколку денеска на одредени места врнежите бидат поројни можно е да се очекува брз и рапиден пораст на водостојот на помалите реки и суводолици.Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на денешниот ден“, велат од ЦУК....
МАРКОВА РЕКА НАПРАВИ ХАОС: Поплавени делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче - Долно Лисиче и првиот мост во Батинци
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што е излеана преку мостот кај населененото место Љубош и низводно и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија. Како што информира денеска РЦУК - Скопје, пријавено е и поплавување на дел од булеварот „Борис Трајковски“ кај населбата Пинтија, каде исто така имало пријави за поплавени магацини.Според информациите од лицето за контакт од Општина Студеничани, интервенираат службите на Општина Студеничани со локалните фирми, а на терен има и претставници од Општина Кисела Вода.Во текот на ноќта на единствениот број за итни повици 112 добиени се и пријави за поплавени куќи во Горно Лисиче, каде интервенира Општина Аеродром.- На поплавените места интервенираат и БППЗ на Град Скопје и јавните претпријатија на град Скопје и единици на локална самоуправа, наведува РЦУК - Скопје. АМСМ информира дека непроодни се локалниот пат село Горно Лисиче кон село Долно Лисиче во Општина Аеродром и првиот мост во село Батинци, Општина Студеничани.ЈСП „Скопје“ известува дека поради поплавите од Маркова Река, автобусот со број 70 сообраќа до почетна/крајна станица Дризла и автобусот со број 33 преку населба Драчево во двете насоки.Железници на Северна Македонија известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај од синоќа, од 22:50 часот е во прекин во правец на Лисиче и Драчево и обратно, додека патничкиот сообраќај се одвива преку станицата Трубарево....
ЛИЧНО ИМАМЕ ПОБАРАНО ОД ГРАДОТ ДА ГО ИСЧИСТИ РЕЧНОТО КОРИТО, ВЕЛИ ЃОРЃИЕВСКИ: Од Град Скопје велат „немаме надлежности“
Фактор - пред 15 часа
Добивај вести на Viber По излевањето на Маркова река, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски истакна дека градот Скопје не си ја завршил работата и не го исчистил речното корито на реката. „Веднаш по добиената информација за излевање на Маркова Река поради обилните врнежи во општина Студеничани, од гостување на телевизија се упатив на најкритичните Христијан Мицкоски кој веднаш се понуди доколку е потребно да ги мобилизира сите расположливи ресурси за што јас, а и сите жители на Студеничани му се заблагодаруваме.Механизацијата е на терен и нема опасност по населението, силно се работи на враќање на реката во своето корито.Со колегата градоначалник на Студеничани Азем Садику сме тука и будно ќе ја следиме ситуацијата да биде под контрола, во текот на целата ноќ.Спремни сме со сите расположливи сили да помогнеме.Во постојана комуникација сме и со колегата Дејан Митевски од Аеродром, така што и тој е подготвен да помогне во случај да тоа е потребно.Она што вистински загрижува е што сите институции не си ја вршат својата работа - со акцент на градот Скопје од кој лично имаме побарано во неколку наврати да се среди речното корито но, од страна на градоначалничката во заминување ни беше одговорено дека немаат предвидено средства за тоа. Замислете…Временските непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да делуваме да нема големи последици.Материјалното ќе го поправиме заеднички - Бог нека нѐ чува сите, тоа е најважно!“ напиша тој на фејсбук.Со реакција се јавија од градот.„Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски надлежноста за одржување на одводните канали и коритото на реката Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина и просторно планирање. Градот Скопје нема никаква надлежност за постапување на овие канали и коритото на реката.Градот Скопје во неколку наврати досега апелираше до надлежните во општината за потребата од чистење на каналите и коритото, но апелите за жал не наидоа на резултат од страна на одговорните.За дезинформациите ќе бараме и правна одговорност. Во овој момент екипи од Противпожарната бригада на Град Скопје, ЈП Водовод и Канализација и останатите претпријатија на градот Скопје се на терен и активно помагаат во спречување на дополнителни штети и санирање на веќе настанатите.“ велат од градот....
ВЕРОЈАТНО ЗНАЕТЕ ДЕКА ПОСЕТАТА НА ДЈ ВЕНС НА ГРЕНЛАНД МИНА КАТАСТРОФАЛНО, НИКОЈ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА АЕРОДРОМОТ ДА ГО ДОЧЕКА: „Да беше кај нас ќе се потепаа кој да го дочека“, вели Ванковска
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Професорката Билјана Ванковска со став за посетата на ДЈ Венс на Гренланд и бојкотот што тој го доби од жителите на Гренланд. Ја искористи неговата посета да коментира како би било да требало да дојде кај нас.„Веројатно знаете дека посетата на ДЈ Венс, американскиот потпретседател, на Гренланд мина катастрофално. Ниту еден од жителите не прифатил да се појави на аеродромот да го дочека Венс со сопругата. Уште полошо, никој не сакаше да им го исполни кеифот да им дојдат дома. Неполни 60.000 луѓе, сите сложни и достоинствени пред насилниците од големиот сосед (кој дури има и воена база на островот).Си размислувам, да беше слична ситуација, овде ќе се потепаа кој да го дочека, кој да го угости, да се слика....
Павел Андреев, основач на PavelАndreev.ORG - “Mислата дека легнувам и станувам е како отпечатокот што го оставам во неколку земји, вклучувајќи ја и Северна Македонија, може да стигне до целиот свет”
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Во свет каде добрината и емпатијата се поважни од кога било, платформата PavelAndreev.ORG се етаблира како сигурен партнер за оние на кои им е потребна помош и за дарителите кои сакаат да направат промени. Со нула надоместоци за донации, 24-часовна услуга, безбедни и современи начини на плаќање, платформата не само што нуди ефикасен начин за собирање средства, туку создава и заедница обединета околу целите и кампањите на оние на кои им е потребна. Денес ќе разговараме со создателот на PavelAndreev.ORG да се разбере како функционира платформата и што стои зад нејзиниот успех. Г-н Андреев, каков “отпечаток” оставивте на Северна Македонија преку Вашата платформа? За помалку од една година, платформата успеа да поддржи голем број доброволни акции во Република Северна Македонија, помагајќи им на луѓето на кои им е потребно собирање финансиски средства за лекување и социјални иницијативи. Најголемиот “отпечаток” е довербата што ја градиме - и меѓу дарителите и меѓу оние на кои им е потребна. Верувам дека мојата транспарентност и лично застапување на причините им даваат на луѓето доверба дека донациите стигнуваат до вистинските места. Освен сите проверки што ги правиме за валидноста на секоја кампања. Секоја успешна кампања е уште еден чекор кон посилна и поодржлива култура на донации. Еден од највпечатливите примери на отпечатокот што го оставаме во Северна Македонија е приказната за Виктор. Неговата кампања обедини илјадници Македонци кои допреа до него во најтешкиот момент. 100.000 евра беа собрани во рок од 2-3 дена, што му даде шанса за живот и можност да оди во Турција за медицински третман. Тоа не беше само доброволна кампања, туку симбол на вашата човечка добрина и солидарност. Ваквите приказни ни покажуваат дека платформата навистина има смисла-дава надеж и создава заедница на луѓе подготвени да помогнат. Дали се сметате себеси за социјален претприемач? Сметам дека сум социјален претприемач. Се стремам не само да создадам успешна платформа, туку и да решам значаен социјален проблем - собирање средства за кампањи и медицински третман. Фактот дека моделот е финансиски стабилен го прави социјално претприемништво. PavelAndreev.ORG се започна како кауза - без бизнис модел, без стратегија за глобализирање. Но, за да продолжи да постои и да им помогне на уште повеќе луѓе, требаше да изградиме одржлив модел кој ќе овозможи наш раст надвор од земјата. Што треба да се промени во општеството како целост за донацијата да стане нешто природно, а не чин што чека големи празници или трагедија ? Општеството не е нешто што треба да се промени - одговорноста е во нас, организациите. Работејќи професионално и достигнувајќи широка публика, покажуваме кампањи и привлекуваме луѓе. Секогаш постојат причини, но нашата задача е да докажеме дека сме сигурни, стабилни и способни не само да собираме средства, туку и правилно и транспарентно да управуваме со нив. Ова бара многу напор од страна на организациите. Ако дарителите ја ценат нашата работа, тие ќе ги направат своите донации. Г-н Андреев, кажувате дека “Ако постои мисла со која станувате и легнувате во кревет, тогаш мора да ја спроведете”. Каква беше таа мисла за вас порано и каква е сега? Пред да ја создадам платформата, мојата главна мисла беше внатрешната потреба да развијам социјален проект - не со сила, не по секоја цена, туку целосно органски. И така се случи! Денес, кога веќе го правам ова, мислата со која легнувам и станувам е како позитивниот отпечаток што го оставам во неколку земји, се надевам во Северна Македонија, може да стигне до целиот свет. Ова е мојата движечка сила - да го проширам влијанието на мојата кауза! Која е мисијата на платформата во Северна Македонија? Мојата мисија во Северна Македонија е идентична со онаа насекаде - да создадеме најемпатична локална заедница, со која заеднички ќе спроведуваме кампањи за собирање средства за лекување на оние на кои им е потребна. Воедно сакам да им покажам на Македонците дека донацијата може да се организира професионално, правилно и целосно транспарентно! Колкав е процентот на кампањи кои не можат да соберат доволно средства? Нашата публика е развиена во различни размери во различни земји. Во оние места каде што е силна - како што се надевам дека ќе биде во Северна Македонија-нашата главна цел е да се осигураме дека ниту една кампања за третман не останува недоволно финансирана. Тоа значи дека секој што ќе започне кампања со нас мора да ги собере потребните средства, а корисникот мора да продолжи со лекувањето. Често, третманот може да трае од неколку месеци до две години - тогаш интересот за кампањата и бројот на дарители се намалува. Сепак, ние се обидуваме да собереме средства за луѓето да не останат без третман поради недостаток на финансиска поддршка. Зошто некои кампањи собираат стотици илјади евра, додека други не успеваат? Како што разговаравме во претходното прашање, ние се стремиме да создадеме голема, локална и ангажирана публика, така што нема кампањи што остануваат недоволно финансирани. Сепак, постојат клучни елементи без кои не можеме успешно да спроведеме кампања на платформата. Една од нив е достапноста на висококвалитетни, автентични фотографии, а другата е достапноста на детални и сеопфатни информации за случајот. Кога корисникот е претставен во реално опкружување, ја зајакнува довербата во дарителите и ги зголемува шансите за успешно собирање средства. Каков совет би му дале на човек на кој му е потребна помош, но се двоуми или е загрижен дали ќе допре до неа? Доволно сум свесен и за оние на кои им е потребна и за психологијата на дарителите, а се издвојува еден важен заклучок - срамот да се побара помош често е предрасуда отколку вистински проблем. Барањето поддршка не е слабост, туку храброст-тоа значи дека сте подготвени да се отворите за другите и да прифатите помош. Не е срамота да барате помош - напротив! Што ќе им посакате на нашите читатели? Прво сакам, на сите да им се заблагодарам за нивниот придонес и доверба! Им посакувам добро здравје и инспирација, како и да најдат кауза што ги инспирира. Нека го вложат своето срце и напор во тоа, бидејќи навистина верувам дека “секоја кауза вреди” - на еден или друг начин!...
Одлични вести од најголемите охридски хотели! Како „Хотели Метропол“ планира да ја зголеми добивката за 55 отсто?
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Очекуваната оперативна добивка на годинава е речиси 0,65 милиони евра. Во финансискиот план е предвиден раст на приходите за 10 отсто во услови на раст на оперативните трошоци од 3 отсто. Најголемата хотелиерска компанија на охридската ривиера излезе во јавноста со позитивни вести за претстојната сезона. Нивните очекувања се дека годинава ќе ги зголемат приходите од хотелиерство и угостителство за 10 отсто во споредба со 2024 година, а при тоа оперативните расходи да се зголемат за само 3 отсто. И како резултат на тоа очекуваат оперативната добивка вредна 649.000 евра, а тоа е за 55 отсто подобар резултат од 2024 година.Во нивниот финансиски план за 2025 година менаџментот на „ Хотели Метропол“ објави, дека планот има реална основа во тоа, дека веќе знајачно ја подобриле ликвидноста на друштвото. И тоа преку примените резервации за претстојната сезона и тоа е на значајно повисоко ниво од претходната година. Ова во значајна мерка ќе го олесни оперативното работење на компанијата во месеците кои туристичките работници ја нарекуваат „ниска сезона“.„Хотели Метропол“ проектираат дека годинава нивните вкупни приходи ќе достигнат до 3,76 милиони евра што би било за 10 отсто подобар резултат од 2024 година. Истовремено со тоа очекуваат растот на оперативните расходи да не го следи линеарно зголемувањето на приходите и нив ги проектираат на 3,11 милиони евра. А тоа е за 3 отсто повеќе од претходната година. Во своето образложение дадено во финансискиот план менаџментот објаснува дека во значајна мерка ги намалуваат трошоците за електрична енергија со тоа што вложиле во фотоволтаци за два хотели, а ја подобриле енергетската ефикасност и преку нова дограма.Вреди да се истакне и информацијата содржана во финансискиот план за 2025 година во која е наведено дека менаџментот посветува особено внимание и на можни и потенцијални приходи од угостителски активности кои не се во директна корелација со ноќевањата во хотелите на групата „Метропол“.Што се однесува во претходната година „Хотели Метропол“ заработи 458.000 евра од своите активности во 2024 година.Охридските хотели од компанијата „Хотели Метропол“ се најголема хотелска компанија на ривиерата затоа што располагаа со над 770 кревети. Трите хотели на компанијата „Хотели Метропол“ („Белви“, „Метропол“ и „Турист“) располагаат со 368 соби и 10 апартмани, односно 378 сместувачки единици. Доминантен сопственик на оваа компанија е скопската шпедиција „Фершпед“.Р.Ф....
ПО ПОСКАПУВАЊАТА: Граѓаните и фирмите лани ги преплатиле услугите на „Катастарот“
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Поскапените услуги на Агенцијата за катастар на недвижнини во текот на 2024 од граѓаните и другите субјекти од фелата и овозможиле во текот на ланската година да собере неверојатно високи 13,33 милиони евра од наплата. По долги години „стабилни“ тарифници, агенцијата во изминатиот период на два пати ги зголемуваше цените на своите услуги. Тоа доведе до многу поголеми трошоци за граѓаните и фирмите во 2023, а уште повеќе во 2024.Тоа е за повеќе од 3 милиони евра зголемена наплата во однос на една година претходно, кога за катастарските услуги од барателите биле извлечени 10,27 милиони евра, покажува извештајот за ланското работење на агенцијата.Во однос на планираните приходи, биле собрани дури за 30 отсто повеќе средства од очекувањата од џебот на граѓаните и фирмите. Покрај тоа, Агенцијата за катастар на недвижнини добила и околу 3,25 милиони евра помош од државниот буџет.Иако станува збор за непрофитен државен управен орган, на крајот од годината „Катастар“ направил добивка од чисти 4 милиони евра, ако се одземат трошоците за неговото работење.На почетокот на 2024 кога следуваа повторно измени на Тарифникот за катастарски услуги, со што уписот на станот, земјиштето, заедничките простории, гаража, започна со посебно наплаќање, коинцидираше со дури 5,675 милиони евра приходи во првиот квартал од минатата година.Потоа следувало „нормализирање“ на наплатата, а во октомври стапија во сила повторно намалени цени за голем дел од услугите, откако во Службен весник беа објавени измените и дополнувањата на тарифниците.Претходно, на крајот на 2022 ценовниот бран го зафати и Катастарот, па за да се извади имотен лист требаше да се плаќа 250 денари, наместо дотогашните 180 денари. Се зголемија и цените за податоците од Геодетско катастарскиот информационен систем во просек за 25 до 30 проценти.Според планот за работа, 75 отсто од буџетот на „Катастар“ оди за исплата на плати за вработените, а останатиот дел е за стоки и услуги. Агенцијата секогаш кога одеше со поскапување, тоа го оправдуваше со „зголемени трошоци на работење“.А.К....
„КРЧКААТ“ ОДНОСИТЕ: Милошоски вели Филков има слаби перфоманси, Филков вели „тој е кусурот на Груевски“
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва истакна дека министерот за правда и дел од владината коалиција ЗНАМ, Игор Филков, имал слаби перформанси.Како што вели, ова е негово лично мислење.„Ова е мој личен став, јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските кои што ги има преземено за реформите во правосудството“, вели Милошоски во емисијата Топ тема на телевизија Телма.Тој додава дека се согласува дека има навистина слаб придонес од страна на Филков.Се огласи и Филков.„Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро го памети по аферите поврзани со АМСМ и семејните бизниси од Кичево, изгледа дека сè уште нема навика да одговара пред граѓаните кои го избрале. Бидејќи очигледно е неинформиран и изолиран од партијата, го упатувам во неговата матична партија или пак во Владата – можеби конечно ќе го известат за постапките, роковите и статусот на законите!И, бидејќи изгледа како некој што работи по туѓи наредби, за кого одработува во моментов? Дали се тоа интересите на граѓаните или некои други агенди? Во минатото е познат по Ванчо Михајлистички ставови, многу лаги и невистини. Ова е лош де-фокус на македонската јавност по двонеделниот „одмор“!Да го потсетам дека во парламентот е од 2011 година, откако се повлече од функцијата министер за надворешни работи и активно учествуваше во креирање на „канцерогениот“ правосуден систем. Сега е добар момент да се потсети јавноста дека токму тој директно учествуваше во процесот на донесувањето на штетните измени на КЗ во 2023 година, со што се спаси од одговорност за кривичното дело ,,Моќник”.Се обраќам и до пошироката македонска јавност која има право да биде информирана околу споменатите закони, но не само за нив, туку уште десетици што се во процедура како:1. Закон за спречување на корупција и судир на интереси (подготвен и објавен на ЕНЕР)2. Предлог закон Закон за судска служба - подготвен и објавен на ЕНЕР.3. Предлог закон за платите на јавните обвинители (МП го достави предлог законот до Влада во септември 2024 година, но тој беше одложен поради немање финансиска согласност од ресорното министерство. Законот ќе се реактивира, обезбедени се финасиски средства во 2025 година за негова имплементација.)4. Закон за јавно обвинителство (подготвен е и ќе се објави на ЕНЕР). Според реформската агенда овој закон заедно со законот за Совет на јавни обвинители треба да се бидат донесени најдоцна до декември 2025 година.5. Закон за Судски совет (треба да се донесе до јуни 2025, моментално е во завршна фаза, по преводот и ќе се испрати на мислење на Венецијанска комисија и Европска комисија)6. Измени на Изборен законик (формирарана е работна група, рокот за носење е јуни 2025)7. Предлог закон за платите на судиите (Според реформската агенда законот треба да се донесе до јуни 2025, работна група работи но потсетуваме декапратениците по скратена постапка извршија намалување на коефициентите за пресметување на платите на судиите во декември 2024 година)8. Предлог закон за кривична постапка (подготвен, одржани се јавни расправи, даден на превод, рок: декември 20259. Закон за државно правобранителство (формирана работна група, рок за носење е септември 2025)10. Предлог закон за судовите (формирана е работна група, се работи на законското решение)11. Предлог закон за судски буџет (формирана е работна група, се работи на законското решение)12. Предлог закон за Совет на јавни обвинители (формирана е работна група, треба да се донесе декември 2025)13. Предлог закон за јавнообвинителска служба (формирана е работна група, се работи на законското решение)14.Предлог закон за платите на јавните обвинители (формирана е работна група, се работи на законското решение)15.Нов Кривичен законик (подготвен, преведен на англиски јазик, рок за носење декември 2025)16. Закон за управување со движење на предметите во судовите (во 2024 година поведена е уставна иницијатива со која се бара делот објавување на правосилни одлуки да се преиспита од страна на Уставниот суд. Доколку со одлука на Уставниот суд се укине одредбата во делот правосилни, ќе се преоцени потребата од измeни на законското решение)." објави тој....
ВЛАДАТА ПОВТОРНО ЌЕ ГИ ПОМАГА ВЕСНИЦИТЕ – и оваа година ќе им даде пари за печатење и дистрибуција
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Владата повторно ќе ги поддржи печатените медиуми преку субвенции со кои ќе покрива дел од трошоците за печатење и дистрибуција на весниците. Јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2025 година е објавен на нивната веб страна и истекува утре. - Право на учество на јавниот повик имаат печатените медиуми од општ информативен карактер кои дневно објавуваат содржина насочена кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања, регистрирани на територијата на Република Северна Македонија – стои во јавниот повик. Како што е нагласено печатените медиуми треба да достават документирани докази за направените трошоци за печатење и дистрибуција за 2024 година. Исто така треба да достават потврда од УЈП за платени јавни давачки за 2024 година, потврда од тековна состојба на субјектот од Трговски регистар и Регистарот на други правни лица. Меѓу другото се бара потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не e изречена забрана за учество во постапки за јавен повик, или казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност. Со повикот се бара и писмена изјава заверена кај нотар на одговорното лице дека печатениот медиум последните три години до денот на објавувањето на јавниот повик во континуитет се продавал на пазарот по цена од минимум 10 денари за националните дневни весници, минимум 10 денари за локалните неделници и минимум 50 денари за националните неделни и месечни печатени медиуми. Сите детали за најновиот оглас за субвенционирање на печатените медиуми може да се видат и на веб страната на Владата. Изборот на корисниците на средствата го прави комисија за поддршка на печатени медиуми, формирана од страна на Владата, врз основа на доставените барања и комплетната документација. Весниците кои сакаат да земат учество ќе мора да се регистрирани во Регистарот на издавачи на печатени медиуми во Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Сепак, во огласот не е наведено колку средства се планираат годинава за поддршка на весниците. - Висината на одобрената поддршка ќе биде дефинирана со договор потпишан помеѓу Владата на Република Северна Македонија и избраните корисници врз основа на Записник за евалуација и Извештај на одобрени барања – се наведува во огласот. Дефинирано е дека дневните печатени медиуми кои се издаваат на македонски јазик ќе добијат средства во висина од 50 отсто за направените трошоци за печатење и за дистрибуција. Дневните печатени медиуми кои се издаваат на јазиците на етничките заедници во земајва ќе добијат 70 отсто средства за направените трошоци за печатење и за дистрибуција. Исто толку пари ќе следува и за неделните, месечните и локалните печатени медиуми, во зависност од бројот на поднесените барања. Минатата година за субвенции за весниците беа издвоени 10 милиони денари, или малку над 162 илјади евра. Ова е најниската сума на финансии планирана за поддршка на весниците. Овој тип на субвенции почна да се применува во 2018 година, кога за истата беа потрошени 690 илјади евра. Следната, 2019 година сумата се зголеми на скоро 714 илјади евра, за веќе во 2020 година да се намали на скоро 487 илјади евра. Во 2021 година за поддршка на весниците беше одвоена слична сума, но 2022 има значително намалување на средствата и тоа на 324 илјади евра. П.О....
НИЕ СМЕ БИЛЕ СПЕЦИЈАЛЦИ, СУРОВО ОБУЧЕНИ, ЛУЃЕТО ВО КОЧАНИ ОТИШЛЕ ВО ДИСКО ДА СЕ ЗАБАВУВААТ: Ангелов отворено говореше за траумите
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Директорот ЦУК, Стојанче Ангелов говореше отворено за тоа што преживеал како специјалец и истакна дека неспоредливо е да се зборува за траумите што ги доживеале луѓето во Кочани и тие како специјалци. View this post on Instagram A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)...
НЕ ГО „ХРАНЕТЕ“ ОГНОТ СО КИСЛОРОД, А СО ПП АПАРАТ НЕ СЕ ДОБЛИЖУВАЈТЕ БЛИСКУ: Еве што треба да направите при појава на пожар во затворен простор
Фактор - пред 16 часа
Добивај вести на Viber Во случај на пожар во затворен простор, потребно е да се направат неколку постапки со цел тој да се угуши, да не направи големи штети и да не предизвика човечки жртви. При појава на пожар во затворен простор, потребно е на истиот да му се ограничи протокот на кислород за да не се разгорува, а доколку луѓето сакаат огнот да го изгаснат со вода, треба да внимаваат на приклучоците со струја, затоа што тоа може да биде фатално. „За пожари во затворен простор, ако станува збор за домови, пожарот се случува во просторијата каде има температура. Горлива маса, температура и кислород се трите фактори кои се неопходни за да избие пожар. Кислородот го имаме во сите простории. Горливата маса може да биде кога се готви, пржи, пече нешто. Најдобра форма е со покривање со ќебиња за заштита од пожар во почетна фаза. Тие го неутрализираат еден од факторите кои се битни за да се развие пожарот, тоа е воздухот. Тоа е она со што можеме да го задушиме огнот. Никако да не се фрла масло или вода на огнот. Тоа може да го распламти пожарот и да се прошири на другите елементи. Може да има поголема реакција. Вода не се употребува никако во кујна. Лош пример е кога се користеше вода во пожарот во Турција, каде гореше хотел. Ако пожарот се случи во останатиот дел од домот, каде има комоди или некој друг дел од мебелот и ако гори, може да се употреби вода, ако во близина нема приклучоци на струја. Додека имаме во близина струја, водата може да го усмрти оној што ја користи“, објаснува Зоран Кочоски, претседател на Противпожарниот сојуз на Македонија. Но, и за ПП апаратите, ако решите да ги користите, треба да внимавате на растојанието, односно да не се приближувате многу до огнот. Тоа растојание не смее да биде помало од 1.5 метри од огнот. „ПП апаратот кој е полн со прашок само го покрива пожарот, да го неутрализира дотокот на кислород. Или апарати со CО 2, тие може да се искористат, тоа лади и се препорачува таму каде имаме сериозна инсталација со кабли. Битно е да не се приоѓа блиску до пожарот. Со првото тестирање на апаратот, мора да видите како пожарот ќе реагира. Ако дојдете блиску и ако сте под несоодветен агол, ако така го гасите пожарот, огнот може да ве запали и затоа се препорачува растојание од минимум 1.5 метари за мал пожар, а за поголем од 3 до 5 метри. Ако се приближите на поголем пожар, со млазот ако реагирате, ќе ве облее вас, може да настане прскање и да ви направи штета“, објаснува Кочоски. Ако има премногу чад, добро е да се стави мокра крпа на устата. Во пожарот во дискотеката во Кочани, минатиот месец, на 16 март загинаа 59 луѓе. По трагедијата, имало голема побарувачка на ПП апарати, односно за една недела се продале толку колку што вообичаено се продаваат за цела година. Поради големиот интерес, се зголемила и цената на ПП опремата. Сања Атанасовскаfoto freepik.com...
„БИТКАТА ЗА БЕЛАСИЦА“: Гаревски контра професорот Марковски, вели дека мостот е сигурен!
Фактор - пред 17 часа
Добивај вести на Viber Професорот Михаил Гаревски, реагираше на неодамнешното тврдење на проф. д-р Горан Марковски за безбедноста на мостот Беласица, за кој Гаревски вели дека е безбеден.„БИТКАТА ЗА БЕЛАСИЦА-Иако очекував дека по успешно спроведеното пробно товарење на мостот Беласица ќе престанат непотребните вознемирувања на граѓаните, мојот помлад колега, деканот на Градежниот факултет, проф. д-р Горан Марковски, повторно ја отвори истата тема, создавајќи без потреба загриженост кај јавноста (Топ Тема, Телма, 25.03.2025). Повторно се изнесуваат тврдења за наводна несигурност на мостот, иако пробното товарење е најригорозната метода со која дефинитивно се докажува сигурноста на конструкцијата.При товарењето, на мостот беа поставени шест шлепери со вкупна тежина од 260 тона, со различни комбинации на поставеност, се гледа од приложените фотографии. Ако проф. Марковски сепак смета дека овие шест камиони не биле доволни, “би можеле без никаков проблем да додадеме уште неколку”.Во емисијата, колегата Марковски покажа фотографии од лежиштата на мостот, тврдејќи дека тие се изгорени и во неисправна состојба, а дека јас сум напишал во експертизата дека се исправни. Сакам јавно и јасно да потенцирам дека во моите експертизи и ревизии никогаш не давам двосмислени или нејасни заклучоци. И тогаш и сега тврдам и стојам зад тоа дека лежиштата на мостот Беласица не се изгорени и дека се целосно исправни (железото не гори, а нешто друго гори?). Јавно го повикувам деканот проф. Марковски како порано и да организира прес-конференција и детално да објасни како тоа изгореле лежиштата на мостот Беласица.Во целост се согласувам со градоначалникот на Општина Кисела Вода дека за вакви сериозни и неодговорни изјави, некој мора да понесе соодветна одговорност. Доколку греши, нека се соочи со одговорноста ТОЈ (Горан) и јавно нека се извини на граѓаните кои што ги вознемируваше 2 години, а доколку е поинаку, подготвен сум одговорноста да ја преземам ЈАС.“, напиша тој на фејсбук....
ЗЕЛЕНСКИ БАШ СЕ ОПАРИ: Пријави приходи од 380.000 евра лани и тие не се од плата
Фактор - пред 17 часа
Добивај вести на Viber Отплатата на обврзниците на домашниот државен заем му донесе на семејството Зеленски околу 212.000 евра. Зеленски и неговото семејство минатата година заработиле околу 380.000 евра.Украинскиот претседател Володимир Зеленски пријавил дека минатата година тој и неговото семејство оствариле приход од околу 380.000 евра (15,2 милиони гривни), соопшти прес-службата на канцеларијата на Зеленски.Во соопштението се вели дека приходите на Зеленски и неговото семејство незначително се зголемиле минатата година.Се прецизира дека отплатата на обврзниците за домашен државен заем му донела на семејството Зеленски околу 212.000 евра (8,5 милиони гривни), додека семејниот приход се состоел и од претседателската плата на Зеленски, банкарските камати и приходите од изнајмување на сопствен недвижен имот, што донело приход од околу 167.000 НИ.Се нагласува дека зголемувањето на приходите на семејството на претседателот на Украина во однос на 2023 година се должи на обновувањето на целиот износ на закупот на недвижен имот.Децата на Зеленски - ќерката Александра и синот Кирил - остануваат во Украина и покрај војната, пренесува Танјуг....
АИ ОДГОВОРИ КОИ ПРОФЕСИИ ЌЕ ГИ ЗАМЕНИ: Еве што вели вештачката интелигенција
Фактор - пред 17 часа
Добивај вести на Viber Од нивното појавување, алатките за вештачка интелигенција никогаш не престанаа да не фасцинираат, но речиси секој од нас се запраша - дали вештачката интелигенција може да ја замени мојата професија во иднина?Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс неодамна изјави дека вештачката интелигенција ќе ги замени луѓето во повеќето работи, но дека тоа не треба да нè депримира.Како што рече, наше е да одлучиме како ќе користиме вештачка интелигенција и кои делови од работата сакаме да продолжиме да ги правиме самите, објасни Гејтс.Милијардерот наведе три професии за кои верува дека се безбедни од преземање од вештачка интелигенција. Тоа се програмери, биолози и експерти за енергија.Гејтс, од друга страна, верува дека иако вештачката интелигенција сега може да генерира код, па дури и да ги исполнува техничките стандарди, човечките програмери се сепак клучни за овој процес, бидејќи ќе бидат потребни за да се идентификуваат и поправат грешките, да се усовршат алгоритмите и да се поддржи развојот на вештачката интелигенција.Тој исто така тврди дека биолозите се уверени во иднината со вештачката интелигенција, дека вештачката интелигенција е одлична во дијагностицирање болести и анализа на ДНК, но на технологијата и недостасува креативност потребна за биолошко истражување и научни откритија.Според него, вештачката интелигенција ќе биде помош, а не пречка, кога станува збор за постигнување на глобалните цели поврзани со климатските промени.Во меѓувреме, смета тој, нема да ги замени енергетските експерти бидејќи оваа област е премногу сложена за да биде целосно автоматизирана.Што вели вештачката интелигенција на оваа тема?Ги прашавме алатките за вештачка интелигенција Chat GPT, Deep Seek и Mistral што мислат за тоа кои професии ќе ја преживеат вештачката интелигенција. Ова се нивните одговори: Mistral AI, европската верзија на chatgpt, верува дека вештачката интелигенција значително ќе влијае на пазарот на трудот, но дека многу професии кои бараат креативност, емпатија и високо ниво на експертиза ќе останат релевантни.Chat GPT „Покрај професиите што ги спомна Бил Гејтс, верувам дека и другите професии, како што се уметниците, психолозите, социјалните работници и едукаторите, ќе продолжат да бидат важни.Chat GPT responds:"That's a really interesting question! I think some jobs, which require creativity, emotional intelligence, and a deep understanding of people, will likely survive the development of AI, while some simpler or repetitive jobs will be automated. Here are a few areas that might be more resilient to AI:Creative professions - artists, writers, designers, musicians, filmmakers. Artificial intelligence can assist in the creative process, but it can hardly fully take over the role of the creative mind and unique expression.Healthcare - Doctors and nurses still need a deep understanding of the patient and an empathetic approach, especially in therapy, psychology, and mental health. AI can help with diagnosis, but the human element remains crucial.Education - Teachers and educators play an important role in guiding and motivating students, as well as adapting teaching methods. AI can help personalize learning, but human interaction is irreplaceable.Strategy and Leadership Experts - Managers, leaders, and consultants who deal with decision-making, problem-solving, and strategic planning. ВИ може да анализира податоци, но ќе биде потребна човечка интуиција и способност да се види поголемата слика.Професии од социјални и човечки услуги - Социјални работници, советници, терапевти и психолози, кои се занимаваат со човечките емоции и однесување. Емоционалната интелигенција и емпатијата се клучни во овие професии.Кариери во науката и истражувањето - Додека вештачката интелигенција може да помогне со анализа на податоци и автоматизација на истражувањето, човечкиот ум е сè уште клучен за развој на нови теории, поставување прашања и донесување креативни заклучоци.На крајот, Chat GPT наведува дека во многу случаи, технологијата всушност ќе им помогне на луѓето подобро и поефикасно да ја вршат својата работа, наместо целосно да ги замени.„Колку всушност ќе се промени работната сила ќе зависи од тоа како ќе се прилагодиме на новите алатки и како ќе се развиваме како општество“, се вели во алатката за вештачка интелигенција.Deep Seek DeepSeek наведува дека вештачката интелигенција ги трансформира индустриите со неверојатна брзина, автоматизирајќи ги повторувачките задачи, па дури и изведува сложени анализи.Сепак, додава тој, одредени занимања веројатно ќе останат отпорни на овие промени поради нивната зависност од човечката креативност, емоционалната интелигенција и нијансираното одлучување.„Еве неколку професии кои вештачката интелигенција веројатно нема да ги замени наскоро: Креативни професионалци (писатели, уметници, дизајнери) - ВИ може да генерира содржина, но вистинска креативност, оригинално раскажување приказни, емоционална длабочина и уметничката визија, сепак бара човечка интуиција. Писателите, графичките дизајнери и филмаџиите кои носат уникатни перспективи ќе продолжат да бидат барани.Здравствени работници (лекари, медицински сестри, терапевти) - Додека вештачката интелигенција помага при дијагностика, грижата за пациентите вклучува емпатија, етички одлуки и сложени интерперсонални вештини. Хирурзите, професионалците за ментално здравје и медицинските сестри се потпираат на човечкиот допир и сочувство, што ги прави нивните улоги незаменливи.Едукатори и моменти - Учењето не е само давање информации - тоа е и за менторство, приспособливост и мотивација на учениците. Вештачката интелигенција може да помогне во персонализираното учење, но едукаторите кои инспирираат критичко размислување и емоционален раст сепак ќе бидат клучни.Занаетчиски професии (електричари, водоводџии, столари) - Тешко е да се автоматизираат физичките работи кои бараат решавање проблеми во непредвидливи средини (на пр., поправка на одредени системи во домовите). Експертизата за ракување и приспособливост ги штити овие професии.Лидерски и стратешки улоги (извршни директори, консултанти, тренери) - Донесувањето одлуки на високо ниво вклучува етика, културно разбирање и долгорочна визија, кои се области каде на вештачката интелигенција и недостасува човечка интуиција. Лидерите кои се движат низ нејаснотијата и ги инспирираат тимовите ќе продолжат да бидат суштински.Социјални работници и советници - Човечката поврзаност е централна за овие улоги. ВИ не може да ја повтори длабоката емпатија потребна за поддршка на поединците во кризни ситуации или лични борби.Истражувачи и иноватори - вештачката интелигенција ја забрзува анализата на податоците, но откритијата што го менуваат светот бараат љубопитност, интердисциплинарно размислување и етички размислувања - особини кои се единствени за луѓето.Правни професионалци (судии, адвокати) - Иако вештачката интелигенција може да подготви договори или да го предвиди исходот на случаите, толкувањето на законот, преговарањето и управувањето со случаите зависат од човечкото разбирање и моралното расудување.Забавувачи и изведувачи - Изведувачите во живо, комичарите и музичарите го постигнуваат својот успех преку интеракција со публиката и спонтаноста е нешто што содржината генерирана од вештачка интелигенција не може автентично да се повтори.„Етички надзор и улоги во управувањето со вештачката интелигенција - како што расте вештачката интелигенција, така расте и потребата луѓето да ја регулираат неговата употреба, обезбедувајќи правичност, приватност и одговорност, области кои само ќе се прошират“, се наведува во оваа алатка за вештачка интелигенција.DeepSeek исто така наведува дека вештачката интелигенција ќе подобри многу работни места, но нема да ги елиминира оние за кои е потребна емоционална интелигенција, креативност или сложена човечка интеракција.„Клучот за иднината на вашата кариера? - Развијте вештини кои машините не можат лесно да ги реплицираат - иновација, емпатија и приспособливост“, заклучува кинеската алатка за вештачка интелигенција.Врз основа на сето горенаведено, може да се заклучи дека барем засега немаме причина за грижа, се додека го имаме она што вештачката интелигенција го нема.Еуправозато...
ЦЕЛОСЕН КОЛАПС НА ЕВРОПА: Погрешните потези доведоа до целосно самоуништување (ВИДЕО)
Фактор - пред 17 часа
Добивај вести на Viber Последните години ѝ донесоа значителни економски предизвици на Европската унија, а многу аналитичари сметаат дека Европа преку сопствените политики предизвика долгорочни економски проблеми.Економистот Мајкл Бурнад, на својот канал на YouTube Economics Explained, ги објасни клучните фактори кои, според него, доведоа до сегашната ситуација, вклучувајќи ги економските санкции кон Русија, енергетската политика и неуспешната реиндустријализација. Анализирајќи ги последиците од овие одлуки, Бурнад заклучува дека Европа, преку непромислени економски стратегии, всушност си нанела долгорочна штета што сериозно го загрозила нејзиниот економски раст и стабилност.Санкции кон Русија – Двојна игра Европа донесе драстична одлука да се откаже од руската енергија како одговорност за руските воени дејствија во Украина. Сепак, долгорочните последици од оваа одлука не беа целосно предвидени. Санкциите доведоа до драстично зголемување на цените на енергијата, што директно ги погоди европските потрошувачи и индустријата.Од 2022 година, цените на природниот гас во ЕУ се зголемија за дури 700 отсто, додека цената на нафтата достигна историски највисоки нивоа. Инфлацијата, која следеше како резултат на овие скокови, достигна стапка од 10 проценти во многу земји на ЕУ, вклучувајќи ги Германија, Италија и Франција. Овие земји, кои беа многу зависни од руските енергетски извори, се соочија со големи проблеми во одржувањето на индустриското производство, додека цените на енергијата продолжија да растат.Енергетска криза ЕУ беше принудена да се ослободи од енергетската зависност од Русија, што првично изгледаше како неопходен чекор. Меѓутоа, за да најде алтернативи, Европа се соочи со големи предизвици. Цената на американскиот ЛНГ гас се зголеми за 150%, додека цените на енергенсите на пазарот достигнаа рекордни. Во обид да ги намали емисиите на јаглерод диоксид, ЕУ ги игнорираше практичните аспекти на енергетската безбедност, што доведе до ситуација кога трошоците за енергија станаа неподносливи.Според проценките, ЕУ потрошила повеќе од 500 милијарди евра за енергетски субвенции во 2022 година, додека домашните извори на енергија биле отсутни или не ги задоволувале потребите.Реиндустријализација и инфлација Иако многу европски земји се обидоа да ги реиндустријализираат своите економии, трошоците за производство станаа неподносливи. Во Германија, трошоците за производство се зголемија за 20 отсто во 2022 година, додека конкурентноста на индустријата се намали за 15 отсто. Инфлацијата што следеше ја влоши ситуацијата и многу фабрики беа принудени да го намалат производството или да ги затворат вратите. Овој пад на производството има долгорочни последици врз работните места и продуктивноста.САД и Азија Додека Европа се соочуваше со криза, САД ја искористија ситуацијата. Потрошувачката на ЛНГ од Америка се зголеми за 40 отсто, додека американската економија доживеа закрепнување со стапка на раст од 3,5 отсто во 2022 година. Во исто време, многу азиски земји, како Кина и Индија, презедоа дел од трговијата со Русија, што дополнително ја ослабна позицијата на ЕУ на глобалниот пазар.Загриженост за долгорочна стабилност Со оглед на актуелните економски проблеми, се поставува прашањето дали Европа ќе успее да се опорави. Прогнозите за 2025 година не се охрабрувачки, бидејќи ЕУ може да се соочи со стагнација додека глобалните ривали, како што се САД и Азија, продолжуваат да се развиваат. Според некои проценки, економијата на ЕУ би можела да порасне за само 0,5 отсто годишно во следните пет години, додека САД би можеле да забележат раст од 2,5 отсто.Европските земји се соочуваат со големи предизвици во однос на енергетската безбедност, инфлацијата и продуктивноста. Демографските промени, како што е намалената работна сила, може дополнително да ја влошат конкурентноста на ЕУ на глобалниот пазар.Што понатаму?За да избегне понатамошна стагнација, ЕУ мора да го преиспита својот економски модел. Добар почеток би било да се фокусираме на енергетските политики кои ги балансираат зелените иницијативи со енергетската безбедност. Исто така, инвестициите во технологијата и индустриската модернизација би можеле да помогнат во обновувањето на конкурентноста на европските производствени сектори. Европските земји, исто така, мора да ги фокусираат напорите за намалување на инфлацијата и зајакнување на внатрешниот пазар за да постигнат долгорочна стабилност.Иако ЕУ постигна одредени краткорочни цели, долгорочните последици од сегашните економски политики може да претставуваат сериозен предизвик за сите европски нации. Без разлика дали станува збор за енергетска независност, санкции против Русија или обиди за реиндустријализација, јасно е дека ЕУ мора да најде рамнотежа за да обезбеди стабилност и конкурентност во иднина.Бизпортал.рс...
ВИКЕНДОВ „СИБИР“ ДОАЃА КАЈ НАС: Се очекува и снежна прекривка!?
Фактор - пред 18 часа
Добивај вести на Viber Метеоролозите предупредуваат. Многу студен, сибирски бран пристигнува на Балканот и во Македонија.Со слична прогноза се и од УХМР, од каде велат дека од недела ќе имаме пад на температурите.Со подетални прогнози излегоа Славчо Попоски и балканските метеоролози. Велат дека ќе имаме и снежна прекривка.„Како среде зима, многу ладниот период, вообичаен за декември и за јануари почнува од овој викенд...на Метеоролошката карта можете да ја видете очекуваната снежна покривка за време на овој многу ладен воздух кој ќе се спушти кај нас директно од Сибир“, вели Попоски.„За жал за сите овоштари, лозари, земјоделци и пчелари, нема промени или олеснувања во моделите во однос на упадот на поларниот вртлог кој ни доаѓа директно од Сибир во недела на 6.04.2025 година, и ќе остави многу траги на вашата вегетација“, велат метеоролозите од Балканот.И од УХМР го најавуваат истото. „Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во четврток ќе има изолирана појава, а од петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела температурите ќе бидат во опаѓање“, велат од УХМР....
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лице од обезбедувањето на Мицкоски заврши во притвор
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber ЛИЦЕ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО НА ПРЕМИЕРОТ ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОРПолицаецот од Шестата управа во Министерството за внатрешни работи, Ангел Сарамаков, кој бил и дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски веќе е во притвор во КУП Затвор Скопје, потврди директорот на установата, Бобан Утковски.Скопскиот кривичен суд му одреди 30 дневен притвор на Ангел Сарамаков, кој е осомничен за кривично дело „оддавање службена тајна“.МВР вчера соопшти дека на 30 март по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.НЕМА ВЕЌЕ ПИРОТЕХНИКА ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОРСо 87 гласа „за“, без гласови против и без воздржани во Собранието беше поддржан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по скратена постапка, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Откако беше усвоен заклучокот да се поддржи, во рамки на 42-тата седница, предлогот ќе биде проследен на разгледување во собраниската Комисија за одбрана и безбедност и во Законодавно-правната комисија. Предлогот со кој се интервенира во Законот за прекршоците против јавниот ред и мир е резултат на трагедијата со пожарот во дискотеката во Кочани на 16 март во кој загинаа 59 млади луѓе и околу 200 беа повредени.ЗАКРЕПНАА 93 ПОВРЕДЕНИ ОД ПОЖАРОТОд вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување. Во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти, а подобрена е состојбата на еден од четворицата пациенти кои се во критична состојба, информира изутринава министерот за здравство Арбен Таравари.-Имаме добри вести. Вкупно од 193 пациенти остануваат за среќа само 100 пациенти кои се лекуваат, од кои за среќа денеска имаме само тројца критични. Во Македонија се лекуваат 20 пациенти. На Клинички центар петмина, во Стара градска седуммина, петмина во ГОБ ‘8 Септември’ и тројца во приватните болници. Надвор од државата се лекуваат 80 пациенти и денеска се враќаат уште двајца пациенти - еден од Полска и еден од Белгија, кажа Таравари.ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА МИНИМАЛЕЦ ОД 500 ЕВРА ЗА НЕГО И ЗА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЗА ЕДНА ГОДИНАСлободан Трендафилов oд Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) предлага уште утре да се донесе закон со кој една година сите избрани и именувани функционери, вклучително и тој да земаат минимална плата од 500 евра.ССМ утре ќе излезе на протест пред Собранието, Стопанската комора и Владата, барајќи зголемување на минималната плата на 500 евра.ЧИТАЈТЕ УШТЕМинималната потрошувачка кошничка која ја објавуваат од Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), одамна надмина 1.000 евра, а сајтот Нумбео објави дека за живот во земјава се потребни 1.800 евра за едно семејство. Нумбео е најголемата база на податоци за трошоците на животот во светот.Иако Народна банка веќе не ја затега монетарната политика, туку наприотив, постоеја и неколку чекори на олабавување, банкарските камати паѓаат исклучително бавно.Веројатно најдобра вест за акционерите и потенцијалните инвеститори е тоа што кредитните обврски на „Фершпед“ лани се намалени за 80 проценти, а неговите вкупни обврски се намалени за 16 отсто и се помалку од 4,8 милиони евра. Приходите на „Фершпед“ годинава се проектирани со раст од 3 проценти до износ од 85 милиони евраСамохраните родители со две или повеќе деца, како и семејствата со три или повеќе деца се меѓу најсиромашните во нашата земја. Децата се во ризичната категорија, дури 32,2 проценти од лицата на возраст од 0 до 17 години се изложени на сиромаштија....
(ВИДЕО) СЕ ИЗЛЕА МАРКОВА РЕКА: Поплави има во Батинци
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Попладнево поради обилните врнежи од дожд се излеа Маркова река. Поплави има во Батинци. Предизвикани се поплави на улиците и дел од домовите, објави ТВ21.Во моментов на терен е и механизација која се обидува да го ја врати реката во речното корито. И наредните денови ќе има врнежи. фото принтскрин ТВ 21...
ПО 91 ЧАС ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО МЈАНМАР: Жена е спасена од урнатините
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар. Таа е спасена утрово во Најпидав, главниот град на Мјанмар. Станува збор за 63 годишна жена, која беше заглавена по потресот од 7.7 степени кој се случи деновиве. Во Мандалеј, вториот по големина град, 50 деца и две учителки загинаа при уривање на градинка. Досега се пријавени повеќе од 2.700 загинати, а се очекува бројката да надмине 3.000. Повредени се 4.521 лице, а 441 се водат како исчезнати. Покрај жртвите, повеќе од 10.000 згради се уништени или сериозно оштетени, особено во централниот и северозападниот дел на државата. По земјотрес од 7.7 степени, имаше и други силни потреси....
(ВИДЕО) НАВРНА ДОЖД КОЛКУ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ: Апокалиптични сцени во Грција
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Грчките острови каде деновиве има поплави, не паметат вакви штети да имало претходно. На Парос наврна дожд колку што обично врне за еден месец, а на Миконос за два. Тоа се случи во еден ден, наврнаа големи количини дожд. Улиците станаа реки, а прекрасните плажи се речиси непрепознатливи, објави Репортер. Сега улиците се полни со камења, кал, паднати дрвја....
АМЕРИКАНСКА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ: Носителите на визи да ги следат американските закони и правила
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Американската амбасада во Скопје апелира носителите на визи да ги следат американските закони и правила. „Скринингот на визите за САД не престанува по издавањето на визата. Ние постојано ги проверуваме носителите на виза за да утврдиме дали ги следат сите американски закони и правила и ако не ги следат ќе им ги укинеме визите и ќе ги депортираме“, стои во Фејсбук објавата на Амбасадата.Амбасадата и минатата недела објави апел до граѓаните кои што поседуваат американска виза, со цел нејзино правилно користење. Оттаму наведоа дека ако се престојува подолго отколку што е пропишано на самата виза, лицата може да се соочат со трајна забрана за патување во САД....
ТРЕНДАФИЛОВ ПРЕДЛАГА: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Слободан Трендафилов oд Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) предлага уште утре да се донесе закон со кој една година сите избрани и именувани функционери, вклучително и тој да земаат минимална плата од 500 евра.ССМ утре ќе излезе на протест пред Собранието, Стопанската комора и Владата, барајќи зголемување на минималната плата на 500 евра.Трендафилов порача дека не може да се одлучува за работниците без работниците. Власта и ССМ се во конфликт околу минималецот. Владата донесе одлука минималната плата да се зголеми за 1.812 денари. Но, и со тоа зголемување, Македонија е меѓу последните во регионот во однос на платите. фото принтскрин...
ТРАМП НЕ Е ДОБАР ЗА УКРАИНА: Вака мислат мнозинството од Украинците
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Над 70 проценти од Украинците веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп „не е добар“ за Украина. Околу 73 отсто од Украинците веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп не е добар за Украина, што е големо зголемување од декември 2024 година, кога само 21 отсто го оцениле негативно, покажува истражувањето на Меѓународниот институт за социологија во Киев (КМИС) објавено денеска. Само три отсто од анкетираните рекле дека веруваат дека Трамп може да постигне праведен мир, а 15 отсто рекле дека очекуваат „прилично праведен мир, со одредени отстапки за Русија“.„Минатиот декември, откако Трамп беше реизбран, но пред да ја преземе функцијата, 54 отсто од Украинците веруваа дека новиот американски претседател ќе има позитивно влијание врз Украина. Само 19 отсто го мислеа тоа во март“, објави КМИС.Помеѓу 12 и 22 март, 55 отсто од Украинците одговориле дека очекуваат прилично или целосен нефер мировен договор од Трамп, што е благо намалување од 58 отсто меѓу 14 февруари и 4 март, но значително зголемување од 31 отсто во декември. Во исто време, во декември 2024 година, 23 отсто од Украинците изразија уверување дека Трамп ќе донесе праведен мир, додека 11 отсто од нив ја зазедоа таа позиција меѓу 14 февруари и 4 март и 18 отсто меѓу 12 и 22 март, пренесуваат украинските медиуми.Истражувањето наведува дека Украинците сега ја гледаат Европа како посигурен сојузник од САД, а 64 отсто од испитаниците мислат дека европските партнери сакаат Украина да постигне мир под прифатливи услови, а само 24 отсто од испитаниците имаат такво мислење за САД.Повеќе од 50 отсто од Украинците ги критикуваат мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп и се плашат дека тие веројатно ќе доведат до делумно или целосно неправеден крај на руската војна против нивната земја, покажува најновата анкета на Меѓународниот институт за социологија во Киев.Според резултатите од истражувањето на 1.326 луѓе од територијата на Украина, 32 отсто од испитаниците рекле дека очекуваат „прилично нефер мир, иако со исполнување на некои украински барања“, додека 22 отсто рекле дека очекуваат „целосен нефер мир“.Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година....
ЗА АЛБАНСКИТЕ ГРАЃАНИ КОИ ПАТУВААТ КОН МАКЕДОНИЈА: „Зелениот картон“ чини само 50 евра
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber За албанските граѓани кои патуваат кон Македонија, „зелениот картон“ чини само 50 евра.Албанските власти го прифатија барањето на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, и од денеска осигурителната полиса „зелен картон“ чини само 50 евра годишно, наместо 400 евра, колку што се плаќаше претходно.„Ја изразуваме нашата благодарност до Агенцијата за финансиски надзор, која го зеде предвид барањето на нашата партија и одобри намалувањето на цената на осигурителната полиса „Зелен картон“ за патничките возила. Оваа одлука ќе донесе значителни финансиски олеснувања, особено за жителите на окрузите Корча и Пешкопеја, кои имаат тесни семејни, економски и културни врски со Македонија“, изјави за МИА, партискиот лидер Васил Стерјовски.Порача дека МАЕИ ќе продолжи да поддржува иницијативи што го подобруваат животот на граѓаните и го олеснуваат слободното движење.фото Фејсбук/Васил Стерјовски...
ТАЖНА СЛИКА ОД МЈАНМАР: Бројот на жртви се зголеми
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Голем е бројот на жртви во Мјанмар. Бројот на загинати луѓе во земјотресот во Мјанмар достигна 2.719, а 4521 лице е повредено, додека 441 се водат како исчезнати. Информациите ги потврди генерал Мин Аун Хлајн, лидерот на воената хунта во земјата. Тој предвидува дека бројот на жртви би можел да надмине 3.000. Во петокот имаше земјотрес од 7.7 степени, но потоа имаше и други потреси. Епицентарот на земјотресот бил во близина на Мандалеј, вториот најголем град во Мјанмар, со население од околу 1,5 милиони жители. Во соседен Тајланд, бројот на загинати се искачи на најмалку 18, додека 78 се водат како исчезнати, главно градежни работници. И пред земјотресот, скоро 20 милиони луѓе во Мјанмар беа зависни од хуманитарна помош. Обединетите нации и нивните хуманитарни партнери првично обезбедија 15 милиони американски долари за мерки за спасување животи и под тешки логистички услови, испратија помош, како и тимови за итна медицинска помош. Во тек се масовни кремирања во земјата.фото: EPA-EFE/NARONG SANGNAК...
ЦЕНА ЗА РАБОТЕН ЧАС: Словенците се подобри од Хрватите
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Работниците во Словенија и понатаму заработуваат 64 отсто повеќе отколку работниците во Хрватска. Хрватска со 16,5 евра и натаму е во групата држави од ЕУ со најниска цена за работен час, но напредувала за неколку места. Зад нив сега се Бугарија, Романија, Унгарија, Литванија и Летонија. Сепак, просечната цена за работен час во ЕУ е сè уште двојно повисока отколку во Хрватска. За споредба, цената за работен час во Словенија лани била 27,1 евро (што е за 64 отсто повеќе од Хрватска), во Австрија 44,5 евра, а во Германија 43,4 евра.Во рамките на еврозоната, трошоците за работна сила по час пораснаа минатата година во сите земји. Најголем раст е забележан во Хрватска (14,2 отсто), Летонија (12,1 отсто) и Литванија (10,8 отсто). За земјите од ЕУ надвор од еврозоната, саатниците најмногу скокнале во Романија (14,2), Бугарија (13,9) и Унгарија (13,6 отсто), објави Даница.хр.Foto: ŽUPANIJA / Pogon tvrtke Nova natura u Đurđevcu / ILUSTRACIJA...
(ВИДЕО) ПОПЛАВЕНИ ДОМОВИ: Водата носеше автомобили на грчки острови
Фактор - пред 1 ден
Добивај вести на Viber Грција ја зафати невидено невреме, а уништени се туристички места. Најтешко се погодени Миконос и Парос. Островот Парос вчера попладне го зафати силен дожд, кој за кратко ги претвори улиците во реки. Водата носеше автомобили, а влегуваше и во домовите носејќи сè пред себе.Градоначалникот на Парос, Костас Бизас за грчката телевизија ЕРТ изјави дека невремето почна околу 15 часот вчера попладне и предизвика проблеми на повеќе патни мрежи, а најпогоден е градот Науса каде што се излеала реката, но и потенцираше дека нема повредени граѓани.Училиштата на грчките острови Парос, Миконос, Сими, Кос и Родос денеска се превентивно затворени поради невремето што од вчера ја зафати Грција, јави дописничката на МИА од Атина....