ПРВАТА ТРАНСРОДОВА КОНГРЕСМЕНКА ДОБИ ЗАБРАНА ДА ГО КОРИСТИ ЖЕНСКОТО ВЕЦЕ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС
Сакам да кажам - пред 57 минути
Спикерот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, ги поддржа плановите да им се забрани на трансродовите жени да го користат женското веце во зградата на Конгресот. „Жените заслужуваат простори кои се само за жени“, изјави Џонсон, додавајќи дека новото правило ќе се применува во целиот Капитол Хил. Ова доаѓа откако неговата републиканска колешка Ненси Мејс предложи закон за воведување на ваквата забрана по изборот на Сара Мекбрајд во Претставничкиот дом. Мекбрајд е првата трансродова личност која била избрана во американскиот Конгрес. „Јас не бев избрана да се борам за тоалетите. Тука сум да се борам за сите жители на Делавер и за намалување на нивните животни трошоци. Ова е само одвраќање од вистинските проблеми со кои се соочува земјата“, изјави Мекбрајд, додавајќи дека ќе го почитува новото правило, иако не се согласува со него. Новото правило ќе важи за сите простории во Капитол кои се наменети за еден пол, како соблекувални и тоалети. „Ова е за жените и за нивното право на приватност. Нема да дозволам биолошки мажи да влегуваат во женски простори“, кажа Мејс....
УКРАИНА ЌЕ МОЖЕ ДА ГО ВРАТИ КРИМ САМО ПО ДИПЛОМАТСКИ ПАТ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ
Сакам да кажам - пред 1 час
Володимир Зеленски призна дека полуостровот Крим, што Русија го зазеде во 2014, може да го поврати украинскиот суверенитет само преку дипломатија. Во интервју за „Фокс њуз“, снимен во воз во Украина, тој кажа дека неговата земја не може да си дозволи толку многу човечки жртви што би биле потребни за да се ослободи Крим по воен пат. „Нам ни е јасно дека Украина нема сила да ја истера Русија на границите од 1991 година. Не можеме да потрошиме десетици илјади наши луѓе за да го вратиме Крим со оружје во рацете. Тоа ќе може да се постигне само на дипломатски начин“, кажа украинскиот претседател. Зеленски уште еднаш ја отфрли можноста за отстапување територии кои веќе се окупирани од руските сили како дел од некаков мировен договор. „Украина не може законски да признае ниедна окупирана територија како руска“, рече тој. Смета дека крајот на војната во голема мера зависи од Владимир Путин, но уште повеќе од Доналд Трамп, зашто „Путин е послаб“....
ВТОР ДЕН СКОПЈЕ Е БЕЗ ЈАВЕН ПРЕВОЗ, НЕ МОЖЕ ДА СЕ СТИГНЕ НА РАБОТА И ВО УЧИЛИШТЕ
Сакам да кажам - пред 1 час
И утрово на улиците во Скопје нема автобуси од јавниот превоз. Нафта за автобусите не стаса синоќа ни утрово, па автобусите останаа паркирани во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров. На автобуските станици граѓани чекаа автобус, бидејќи немаат друг начин како да стасаат на работа. Но, возила нема. Автобусите на ЈСП престанаа да возат од вчера попладне откако немаа од каде да наточат нафта. Вработените велат дека „Пуцко Петрол“ не им носи гориво оти ЈСП Скопје има долг кон фирмата. Возат само 25 од 33-те автобуси на гас на МАН, кои беа купени во мандатот на екградоначалникот Петре Шилегов. Тие метан полнат на бензинските пумпи на „Макпетрол“. Претседателот на Советот, Трајко Славески за денеска во 18 часот Советот на Град Скопје свика итна вонредна седница поради состојбата со јавниот градски превоз. „Советот во рамките на своите надлежности е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите итно да го нормализираат јавниот превоз во Скопје и да го подигнат нивото на хигиена“, објави претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот на Град Скопје. Советничката група на СДСМ и коалицијата соопшти дека на седницата ќе предложи конкретни мерки и очекува да ги поддржат сите советници. За утре во 13.30 часот пред канцеларијата на Арсовска е најавен протест на жителите на Шуто Оризари кои подолго време немаат никаков јавен превоз и над 25.000 луѓе се целосно се отсечени од градот. Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска вчера соопштија дека ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски се виновни за тоа што Скопје е без јавен превоз. „Кадарот на шефот на ВМРО-ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за прв пат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио”, соопштија од Градот. Откако Арсовска е на градоначалничката функција јавниот превоз во Скопје е во колапс и не функционира. Нема редовно автобуси, се чека по еден час на станиците, а кога ќе дојде автобусот е преполн со патници. Данела Арсовска стана градоначалничка на Скопје како кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ со ветувањето за бесплатен превоз за сите граѓани и набавка на нови 250 еколошки автобуси. А. АНТЕВСКА...
ПАЛЕВСКИ НЕ ГИ УБИЛ ВАЊА И ПАНЧЕ, ТВРДИ СЕГА ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ КОЈ ВИКАШЕ „НЕ СМЕ НИЕ УБИЈЦИТЕ, ПАЛЧО Е“
Сакам да кажам - пред 15 часа
Влатко Кешишев, еден од тројцата обвинети кои тврдеа: „Не сме ние убијците, Палчо ги уби Вања и Панче“, се премислил и сега вели дека Љупчо Палевски не ги убил. Такво писмо денеска преку затворот „Скопје“ во Шутка, Кешишев доставил до судот. Не преку неговиот адвокат, туку преку затворската управа. Во рачно напишаното писмо, Кешишев навел дека за време на убиствата, всушност, Палевски бил во партијата Десна и спиел таму, а дека Велибор Манев, кој е еден од обвинетите, го натерал да каже оти Палевски лани на 22 ноември го убил прво 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, па по 5 дена, на 27 ноември, и 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Не се знае точната содржина на писмото и дали Кешишев, кој ја одведе полицијата до дупката каде што беше закопана Вања, навел име на друг убиец. Како знаеле Кешишев, Манев и Боре Видевски кај се закопани Панче и Вања, а не ги убиле ни тие ни Палевски, останува прашање. За киднапирање и свирепо убиство на Жежовски и на Вања Ѓорчевска, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. Адвокатот на Кешишев, Игор Ефремов, рече дека и тој ја добил изјавата од судот, а не од клиентот. „Кешишев има напишано некоја изјава но, не би сакал да ја коментирам содржината, бидејќи не знам дали ракописот е негов, дали потписот е негов, дали тој своеволно ја пишувал, не сакам да помислам дека можеби некој го присилил или му се заканил. Откако ќе разговарам со него, по однос на содржината, дополнително ќе ве известам и вас“, рече Ефремов. Адвокатот на Боре Видевски рече дека нелогично е што Кешишев ја сменил првата изјава. „Мислам дека не е совесно во ваков предмет еднаш да се изјавува едно, вторпат да се изјавува друго. Во понатамошниот тек од постапката ќе има соочување помеѓу сите нив, до тоа мора да дојде“, кажа Бојан Манев, адвокат на Видевски. По денешното сведочење на сведоците на Обвинителството, судењето продолжува на 25 ноември. АДВОКАТОТ ШТО ГО ВОЗЕЛ ПАЛЕВСКИ ОД СРБИЈА ДО ТУРЦИЈА СЕ ОНЕСВЕСТИЛ КОГА ВИДЕЛ ЗА ШТО ГО ОБВИНУВААТ, А ТОЈ МУ РЕКОЛ „МЕ МЕСТИ ОЛИВЕР“ БИВШ ВРАБОТЕН ВО МВР СВЕДОЧЕШЕ ДЕКА ПАЛЕВСКИ МУ ДОЛЖИ 16.000 ЕВРА ДЕН ПО УБИСТВОТО НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА, ПАЛЕВСКИ СЕРВИСИРАЛ КОТЕЛ ЗА ПАРНО, НЕ СЕ ПОЖАЛИЛ ДЕКА ГО БОЛИ КИЧМАТА, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ С. К. ДЕЛЕВСКА...
ПАЛЕВСКИ НЕ ГИ УБИЛ ВАЊА И ПАНЧЕ, ТВРДИ СЕГА ЕДЕН ОД ОБВИНЕТИТЕ КОЈ ВИКАШЕ „НЕ СМЕ НИЕ УБИЈЦИТЕ, ПАЛЧО Е“
Сакам да кажам - пред 15 часа
Влатко Кешишев, еден од тројцата обвинети кои тврдеа: „Не сме ние убијците, Палчо ги уби Вања и Панче“, се премислил и сега вели дека Љупчо Палевски не ги убил. Такво писмо денеска преку затворот „Скопје“ во Шутка, Кешишев доставил до судот. Не преку неговиот адвокат, туку преку затворската управа. Во рачно напишаното писмо, Кешишев навел дека за време на убиствата, всушност, Палевски бил во партијата Десна и спиел таму, а дека Велибор Манев, кој е еден од обвинетите, го натерал да каже оти Палевски лани на 22 ноември го убил прво 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, па по 5 дена, на 27 ноември, и 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. Не се знае точната содржина на писмото и дали Кешишев, кој ја одведе полицијата до дупката каде што беше закопана Вања, навел име на друг убиец. Како знаеле Кешишев, Манев и Боре Видевски кај се закопани Панче и Вања, а не ги убиле ни тие ни Палевски, останува прашање. За киднапирање и свирепо убиство на Жежовски и на Вања Ѓорчевска, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. Адвокатот на Кешишев, Игор Ефремов, рече дека и тој ја добил изјавата од судот, а не од клиентот. „Кешишев има напишано некоја изјава но, не би сакал да ја коментирам содржината, бидејќи не знам дали ракописот е негов, дали потписот е негов, дали тој своеволно ја пишувал, не сакам да помислам дека можеби некој го присилил или му се заканил. Откако ќе разговарам со него, по однос на содржината, дополнително ќе ве известам и вас“, рече Ефремов. Адвокатот на Боре Видевски рече дека нелогично е што Кешишев ја сменил првата изјава. „Мислам дека не е совесно во ваков предмет еднаш да се изјавува едно, вторпат да се изјавува друго. Во понатамошниот тек од постапката ќе има соочување помеѓу сите нив, до тоа мора да дојде“, кажа Бојан Манев, адвокат на Видевски. По денешното сведочење на сведоците на Обвинителството, судењето продолжува на 25 ноември. АДВОКАТОТ ШТО ГО ВОЗЕЛ ПАЛЕВСКИ ОД СРБИЈА ДО ТУРЦИЈА СЕ ОНЕСВЕСТИЛ КОГА ВИДЕЛ ЗА ШТО ГО ОБВИНУВААТ, А ТОЈ МУ РЕКОЛ „МЕ МЕСТИ ОЛИВЕР“ БИВШ ВРАБОТЕН ВО МВР СВЕДОЧЕШЕ ДЕКА ПАЛЕВСКИ МУ ДОЛЖИ 16.000 ЕВРА ДЕН ПО УБИСТВОТО НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА, ПАЛЕВСКИ СЕРВИСИРАЛ КОТЕЛ ЗА ПАРНО, НЕ СЕ ПОЖАЛИЛ ДЕКА ГО БОЛИ КИЧМАТА, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ С. К. ДЕЛЕВСКА...
УКРАИНА ПРВПАТ УПОТРЕБИЛА БРИТАНСКИ ПРОЕКТИЛИ „СТОРМ ШЕДОУ“ ЗА НАПАД ВРЗ РУСИЈА
Сакам да кажам - пред 16 часа
Украина за првпат лансирала британски проектили со долг дострел „сторм шедоу“ кон Русија, потврдија повеќе извори за британските медиуми. Одобрението за вакви удари било одговор на распоредувањето на повеќе од 10.000 севернокорејски војници во Русија, што САД и Велика Британија го опишаа како голема ескалација. Пред неколку дена, и Џо Бајден ѝ дозволил на Украина да ја напаѓа Русија со проектили со долг дострел. Не е познато што било цел на проектилите „сторм шедоу“, но непотврдени снимки објавени на Телеграм покажуваат фрагменти од ваков проектил на локација во рускиот регион Курск. Украина вчера за првпат ја гаѓаше Русија со проектили со долг дострел, при што бил предизвикан голем пожар во воен објект во регионот Брјанск. Западни функционери кажаа дека главната цел на овие напади е да се ослабне руската противофанзива во Курск, на која се приклучија и севернокорејските трупи....
ОСУДЕНИ НА ЗАТВОР ОД ПЕТ И ПОЛ ГОДИНИ ДО ДВЕ ГОДИНИ УСЛОВНО 13-ТЕМИНА ВЕЛЕШАНИ КОИ СИЛУВАА И ПРОДАВАА 15-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ
Сакам да кажам - пред 16 часа
Во Основниот кривичен суд Скопје (оддел за организиран криминал) денеска беа осудени 13 лица од Велес за Трговија со малолетно дете од чл. 418 – г, Силување од чл. 186 ст.2 и за Прикажување порнографски материјали на малолетник од чл. 193 ст.3 од КЗ. С. Д. беше осуден на 5 години и 6 месеци затвор. Д. С. и Д. Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т. И., С. Н. на казна затвор од 4 години, А. Ф., Б. Ф., А. З., Т. Л., Р. В., на казна затвор од 1 години 6 месеци, К. Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б. К. судот му изрече Условна осуда од 2 години затвор која нема да се реализира ако следните 5 години не стори ново кривично дело. Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата. Сите се на возраст од 20 до 30 години. Воедно судот на првите 5 осудени лица им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката. За делата беа обвинети 14-мина, а еден од нив го признал делото и Основен кривичен суд Скопје лани на 21 септември му изрече казна затвор од 2 години. Судењето на останатите на 13 лица започна лани на 19 септември. Главниот обвинет на „Инстаграм“ воспоставил контакт со 15-годишното девојче, убедувајќи ја дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба направил порнографски материјал, со кој ја уценувал и така ја продавал и проституирал на средби каде присуствувале и другите обвинети. Злоставувањето на девојчето се случувало во станови на различни локации во Велес, каде обвинетите претходно се пијанчеле и се дрогирале. „Вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе“, соопштија од Обвинителството за гонење организиран криминал кога ги притворија тогаш осомничените лица....
ВЛАДАТА ИМАШЕ ПРЕДИЗВИК, НО НЕМАШЕ ДИЛЕМА ДА ЈА ПОДДРЖИ ШЕЌЕРИНСКА ЗА ЗАМЕНИЧКА-ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО, РЕЧЕ МИЦКОСКИ
Сакам да кажам - пред 19 часа
Kако Влада, имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји, рече премиерот Христијан Мицкоски, откако вчера Радмила Шеќеринска беше избрана за оваа функција. „Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело, а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие“, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, откако вчера изостана официјална честитка од Владата и од Претседателката до Шеќеринска. Мицкоски рече дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и дека е чест да се има Македонка за заменичка-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата. „Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има Македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани“, посочи Мицкоски. Тој додаде дека не е тајна дека во минатото „сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции“. Вчера, генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Шеќеринска беше министерка за одбрана во владата на Зоран Заев и во тоа време беше заменичка-претседател на СДСМ. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се влезе во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, изјави Руте. Шекеринска претходно беше вицепремиерка за европски интеграции, а министерка за одбрана кога земјата влезе во НАТО во 2020. Таа ќе ја преземе функцијата подоцна годинава....
ДЕН ПО УБИСТВОТО НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА, ПАЛЕВСКИ СЕРВИСИРАЛ КОТЕЛ ЗА ПАРНО, НЕ СЕ ПОЖАЛИЛ ДЕКА ГО БОЛИ КИЧМАТА, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ
Сакам да кажам - пред 19 часа
Ерол Османи од Скопје, сведок повикан од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд сведочеше дека и на 22 ноември 2023 кога бил убиен 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, и на 27 ноември, кога била убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска, го барал првообвинетиот Љупчо Палевски по телефон и по месинџер. Палевски вечерта на 27 ноември му пишал дека ќе дојде утредента, на 28 ноември. Османи рече дека го барал и деновите измеѓу, затоа што му се расипал котелот за парно што го купил од Палевски, а веќе заладувало. Го барал и пред 22 ноември, кога кога на месинџер на Фејсбук му дал нов телефонски број на кој може да го бара. „Од обвинетите тука, се познавам само со Палевски. Во време на издавањето на весникот ‘Глобал’ бев повикан да работам од издавачите. Се запознавме со Палевски, почнав со работа. Тоа беше 2001-2002 година. Весникот се затвори, ние останавме пријатели. Во 2023 година го побарав, бидејќи купив котел за греење од него. Не ми функционираше воопшто. Затоа имав зачестени повици кон него. Го барав на 27 ноември и на Фејсбук, и на редовна линија. На 27 ноември вечерта дури ми се јави и кажа дека ќе дојде следниот ден. На 28-ми дојде, го среди котелот”, одговараше сведокот на прашања на обвинителката. Таа го праша што му кажал кога дошол? Дали се пожалил на здравјето? „Палевски ми рече дека на 27-ми бил преладен, настинат, затоа не дошол. На 28-ми беше добар со здравјето. Зборувавше нормално, зборевме за технички работи што се скршило во котелот. Дојде со бел пикап, некое француско возило беше. Забележав дека беше удрена шоферската врата. Имаше вдлабнатина. Му реков: ‘Си го удрил возилово’“, одговараше Османи на повеќе директни прашања. Во сведочењето на 13 ноември, Васко Стојков, адвокатот кој го однел во Белград Палевски, рече дека тој во Белград отишол за преглед на кичмата, а ако не се средело сакал да оди на операција Турција. Османи рече дека со Палевски комуницирал на фејсбук месинџер и на обична линија. На Фејсбук повеќе, зашто обично не му кревал. Сведокот рече дека Палевски не му спомнал оти ќе патува негде да се лечи за кичмата. „На 28 ноември во 11.42 часот ми пиша: ‘На подкаст сум во живо, можеш да видиш. Ја земам ќерка ми пред ‘Алкалоид’, со мене е лаптопот, доаѓам“, кажа Османи комуникацијата за утредента по убиството на Вања. Османи рече дека Палевски утредента дошол за 40-ина минути и за пола саат го средил котелот. По сведочењето, Палевски стана и во вкрстени прашања тврдеше дека не бил тоа време кај сведокот, туку на подкаст, кој траел до пладне. Го праша дали можеби и го помешал денот, сведокот Османи беше категоричен и тајмингот го докажа со испечатен лист од нивната комуникација. За киднапирање и свирепоубиство на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември 2023, како и за киднапирање и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. С. К. ДЕЛЕВСКА...
ОД ПОПЛАДНЕВО ЌЕ НЕМА АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ, ЈСП НЕМА ГОРИВО ПОРАДИ ДОЛГ КОН „ПУЦКО ПЕТРОЛ”
Сакам да кажам - пред 19 часа
Од попладнево нема да има јавен превоз во Скопје оти нема гориво за автобусите. ЈСП „Скопје” има долг кон фирмата добавувач „Пуцко петрол” и поради тоа веќе не се испорачува нафта. Ќе можат да возат само автобусите на гас, односно 25 возила. Автобусите се паркирани во гаражата на ЈСП. (Фото СДК.МК) Вработени во ЈСП за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека автобусите веќе почнуваат да се исклучуваат од сообраќај оти во базите нема нафта. „Во понеделникот имаше мала испорака, но долгот пак не е платен и нафта веќе не се носи во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров”, велат вработени во претпријатието. Од Град Скопје нема никакво соопштение дека градот ќе остане без превоз и дека граѓаните ќе мора да се снаоѓаат за да се вратат дома од работа и училиште. А. АНТЕВСКА...
АДВОКАТОТ ШТО ГО ВОЗЕЛ ПАЛЕВСКИ ОД СРБИЈА ДО ТУРЦИЈА СЕ ОНЕСВЕСТИЛ КОГА ВИДЕЛ ЗА ШТО ГО ОБВИНУВААТ, А ТОЈ МУ РЕКОЛ „МЕ МЕСТИ ОЛИВЕР“
Сакам да кажам - пред 19 часа
Судењето за киднапираните, па убиени Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска продолжи со распит на сведоци преку кои обвинителството ја уриваше приказната на првообвинетиот Љупчо Палевски, дека по овие убиствата тој не бегал, туку отишол во странство да се лекува. Сведочеше Стефан Димковски, основач на партијата Десна на Љупчо Палевски и човек кој од Србија ноќно време, преку Бугарија, со кола го одвезе до Турција. Во секојдневието со Палевски комуницирале преку Телеграм, Воцап и други апликации. Палевски му се јавил на први декември лани, откако според обвинението, на 27 ноември ја киднапирал, убил и веќе ја закопал и Вања. „На први декември Палевски ми се јави на Телеграм. Јас ги однесов децата во градинка и отидов на сервис да ги менувам гумите. Ми се јави и ме праша дали можам да отидам да го земам од Белград. Го прашав што прави, ми рече дека е на преглед и дека завршува некои работи таму. Јас потоа проверив што имам за работа со колегите. Немав некоја посебна работа и му кажав дека може, но морам прво да го завршам сервисот и да ги сменам гумите. Му кажав дека за саат време би тргнал. Ми рече да го земам од Србија, да го вратам назад во Скопје“, сведочеше Димковски кој потоа, откако Палевски сменил план, го одвезол во Беликесир, Турција. „Јас стигнав околу 16 часот во Белград. Го зедов од хотел во центарот. Веднаш тргнавме назад кон Скопје. И некаде по пат застанавме на ручек, бидејќи јас бев гладен. Додека се возевме, ми кажа дека бил во Белград да договори нешто за 12-ти декември, кога требаше да биде годишнина од партијата“, одговараше сведокот. Но, Палевски го сменил планот. Му кажал, „што ќе дремеме овде да чекаме лет за Истанбул за утре, ако си одморен, џитни ме до Истанбул, за 5 саата сме таму“. Палевски попат му рекол дека веќе закажал преглед за операција во Истанбул. На прашање на обвинителството, сведокот рече дека не видел медицинска документација со него, но имал тешки торби со себе. Палевски вртел по телефон на многу броеви. Вртел и од бројот на сведокот кога снемал батерија. Му свртел и на обвинетиот Влатко Кешишев. Сведокот не слушнал за што разговарале. За Турција патувале и стигнале ноќе. Пред него, рече Димковски, Палевски не разговарал за лекарскиот преглед. Кога стигнале во Турција, го однел кај сместувањето во куќа што го нашол претходно. Газдата се викал Усеин, знаел турски и македонски. Палевски купил нова сим картичка со голем интернет. Куќата ја изнајмил за 3 месеци. Сведокот си заминал на трети декември, а Палевски му рекол дека прегледот му е на 4 декември. Но пред тргнување, сведокот забележал дека Палевски е блед и вознемирен. Го прашал што му е, му кажал дека имало апсење, полицијата го истражува пикапот и дека го мешаат и него. Му наброил кои од партијата Десна ги уапсиле, па ги пуштиле. Палевски имал три торби со себе, во едната имал камери и техника за да снима подкаст. Ем да се оперира од кичмата, ем да работи во Турција. „Уште бев во хотелот во Турција, се онесвестив кога ја слушнав изјавата на Оливер Спасовски дека Палчо го обвинуваат. Му се јавив, го прашав зошто него го спомнуваат? ‘Ова е тешка местенка против мене’, му кажал Палевски и тоа било последен пат кога се чуле. Но овој сведок, кој беше кратко и во притвор за помагање на бегството на Палевски, потоа го порекна тоа и кажа дека на појадокот, пред да тргнат, разгледувал опција да замине во Белорусија. „Не знам што ми смислил Оливер, ама можно е да барам политички азил во Белорусија“, рекол Палевски. Потоа, двете обвинителки го прашуваа сведокот Димковски како во Ниш политичките состаноци во Турција станале потреба за операција. Судењето продолжува в понеделник. С. К. ДЕЛЕВСКА...
ОД ПОПЛАДНЕВО ЌЕ НЕМА АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ, ЈСП НЕМА ГОРИВО ПОРАДИ ДОЛГ КОН „ПУЦКО ПЕТРОЛ”
Сакам да кажам - пред 20 часа
Од попладнево нема да има јавен превоз во Скопје оти нема гориво за автобусите. ЈСП „Скопје” има долг кон фирмата добавувач „Пуцко петрол” и поради тоа веќе не се испорачува нафта. Ќе можат да возат само автобусите на гас, односно 25 возила. Автобусите се паркирани во гаражата на ЈСП. (Фото СДК.МК) Вработени во ЈСП за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека автобусите веќе почнуваат да се исклучуваат од сообраќај оти во базите нема нафта. „Во понеделникот имаше мала испорака, но долгот пак не е платен и нафта веќе не се носи во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров”, велат вработени во претпријатието. Од Град Скопје нема никакво соопштение дека градот ќе остане без превоз и дека граѓаните ќе мора да се снаоѓаат за да се вратат дома од работа и училиште. А. АНТЕВСКА...
ПЛАНИНАРОТ ИВАНЧО ТОШЕВСКИ Е НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ПЕЛИСТЕР“
Сакам да кажам - пред 20 часа
Планинарот Иванчо Тошевски е назначен за в. д. дриектор на Националниот парк „Пелистер“ во Битола. Тошевски на јавноста ѝ е познат како планинар кој е вклучен и во организацијата на традиционалниот настан со симболично име „Први на први”, кога планинари секоја година на 1 јануари имаат можност да го доживеат првото изгрејсонце во Новата година на највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер. Тој досега работеше во Фабриката за опрема и делови (ФОД) при ЕСМ. Тошевски порано ја извршуваше функцијата координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, а во периодот од 2017 до 2021 беше и советник од редовите на оваа партија во Општинскиот совет на Битола. Ж. ЗДРАВКОВСКА...
ДЕТСКАТА КЛИНИКА Е КАЗНЕТА СО 5.200 ЕВРА ОТИ ДЕЖУРААТ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ БЕЗ ДОЗВОЛА ЗА РАБОТА, А НИЕДЕН СПЕЦИЈАЛИСТ НЕ ДЕЖУРА ВО АМБУЛАНТА
Сакам да кажам - пред 20 часа
Клиниката за детски болести доби казна од 5. 200 евра од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), откако денеска извршиле инспекциски надзор и биле откриени недостатоци. Од ДСЗИ велат дека по денешниот контролен инспекциски надзор во Клиниката, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било дека не е постапено во целост по решението. „Од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од Лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца има обезбедени времени лиценци за работа и не е поднесено барање до министер за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на Клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на Клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца доктори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат“, стои во соопштението на ДСЗИ. Од установата, а во однос на издаденото решение, постапено било само во делот на внесување на личните податоци и медицинските податоци на пациентите – за извршените здравствени услуги, во интегрираниот здравствен информатички систем „Мој термин“. „Врз основа на наведеното, а согласно член 31 став 1 и 3 ќе биде издаден прекршочен платен налог со предлог за порамнување и тоа: на правното лице ЈЗУ УК за детски болести – Скопје со глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице со глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице односно во износ од 1.200 евра во денарска противвредност“, додаваат од Инспекторатот. Доколку сторителот на прекршокот е согласен на постапката за порамнување и глобите ги плати во рок од осум дена од денот на добивање на платниот налог, како што додаваат, уплаќа половина од погоренаведените износи – 2.000 евра во денари противвредност за правното лице и 600 евра во денари противвредност за одговорното лице, а за уплатата треба да достави доказ до Инспекторот. „Доколку сторителот не е согласен да ја прифати постапката за порамнување или не ги плати изречените глоби, инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд“, велат од ДСЗИ....
ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК ЈА ПАРАЛИЗИРАШЕ ГРЦИЈА, ИЛЈАДНИЦИ РАБОТНИЦИ БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ
Сакам да кажам - пред 20 часа
Еднодневен генерален штрајк запре бродови, возови и автобуси низ Грција денеска, додека илјадници работници маршираат во Атина, барајќи повисоки плати и подобар животен стандард. На штрајкот се приклучија лекари, учители, градежници и транспортни работници од најголемите грчки синдикати од јавниот и приватниот сектор, кои се уште ги чувствуваат последиците од должничката криза во земјата од 2009 до 2018. „Секој пат кога одиме во супермаркет или добиваме нова сметка за струја доживуваме мал срцев удар. Сакаме вистински мерки против високите цени“, изјави еден штрајкувач. Грчката економија заздрави од должничката криза, но платите заостануваат во однос на европскиот просек, а бруто домашниот производ по глава на жител е еден од најниските во Европска Унија, додека цените драстично пораснаа. На многумина Грци им беа намалени платите и пензиите во замена за спасувачки пакети во вредност од 280 милијарди евра за време на должничката криза, која речиси ја исфрли земјата од еврозоната. Владата на Кирјакос Мицотакис ја зголеми минималната месечна плата четирипати откако дојде на власт во 2019 и таа сега изнесува 830 евра, со ветување дека ќе порасне на 950 евра до 2027. Таа исто така ги зголеми пензиите. Сепак, Грците велат дека тоа не е доволно за да се следи порастот на цените. „Бараме од владата да ни го врати она што ни го одзедоа претходните влади во изминатата деценија. Нашата куповна моќ е намалена за 50%“, изјави еден пензионер. Мицотакис призна дека има простор за подобрување на платите и животниот стандард. Штрајкот доаѓа откако владата ја предаде финалната верзија на буџетот за 2025 во парламентот, кој предвидува економски раст од 2,3%, што е над просекот во ЕУ....
ПУЛМОЛОЗИТЕ БАРААТ ПОРИГОРОЗЕН ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА ОД ПУШЕЊЕ И ДА СЕ ЗАБРАНАТ И ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ
Сакам да кажам - пред 20 часа
Докторите од Клиниката за пулмологија и членови на Македонското респираторно здружение апелираат за поригорозен Закон зa заштита од пушење, оти според најновата статистика, 45 отсто од популацијата во Македонија пуши цигари. Докторите апелираа на денешната прес-конференција во чест на 20 ноември, Светскиот ден на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ), дека пушењето е главен ризик фактор за оваа болест. Во март 2018, по предлог на пратениците на СДСМ во Собранието беа изгласани измените со кои се дозволи да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови. Со првичниот Закон, донесен од власта на ВМРО-ДПМНЕ, терасите не смееја да бидат целосно затворени односно застаклени туку мораше да бидат отворени од едната страна. СКОРО ПОЛА НАСЕЛЕНИЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПУШИ ЦИГАРИ, ДРЖАВАТА ЈА ПОМАГА ЗАВИСНОСТА СО ТОА ШТО ГИ УКИНА ЗАБРАНИТЕ ЗА ПУШЕЊЕ ВО ТЕРАСИТЕ ОД ЛОКАЛИТЕ, ВЕЛИ ИЈЗ „Апелираме да се направат сериозни чекори повторно да се врати Законот за пушење бидејќи кај нас, не само пушачите што се одговорни за својот живот, туку се одговорни за животот на другите луѓе кои не пушат, особено на младите деца. Бидејќи ако емисијата од цигари е штетна за сите луѓе, особено е штетна за младиот организам кој се развива и кај младиот мозок кој се развива. Децата се повеќе склони за развојни проблеми , т. е се намалува капацитетот на белите дробови заради изложувањето на пушењето, но и најлесно стануваат зависни од сите продукти кои содржат никотин и тутун. Апелираме и како Клиника и како Македонско респираторно здружение за зголемување на ригорозноста и конечно да се забрани не само користењето на тутунот, туку и на користењето на сите видови на електронски цигари и тие да имаат еднаков третман и во смисла на даноци, оданочување и во смисла на користење и во смисла на рекламирање и продавање. Гледаме реклами и штандови кои во изобилие нудат на нашите деца вакви средства кои предизивкуваат зависност“, рече д-р Марија Здравевска. Директорот на Клиниката за пулмологија, д-р Оливер Зафировски кажа дека според новите статистики, ако пушач денес се откаже од цигари, ќе си го продолжи животот за 10 до 20 години. „Ние сме лидери на Балканот и овој процент е многу висок. По најновите испитувања од 600 токсични материи, 70 се директно канцерогени и се основна причина за појава на канцер на бели дробови. Исто така ја вложуваат функцијата на белите дробови кај лицата кои имаат ХОББ. Мора да се води кампања, тоа е зависност и мора да се лекува. За жал, ние немаме центри каде што треба да работат психолози. Границата е многу спуштена, дури под 10 години. Пушењето е само почеток, потоа следи консумирање алкохол, дрога. Мора да почнеме од рана детска возраст и во школите имаме проект ‘Време е, откажи се, биди умен, почни здрав живот’. Во скоро време ќе ја почнеме кампањата, од основните училишта, па во средните, за да може да сфатат колку е штетно пушењето“, рече директорот. БОЛНИТЕ ГИ ИГНОРИРААТ СИМПТОМИТЕ НА БЕЛОДРОБНАТА БОЛЕСТ ХОББ И ДОЦНА ДОАЃААТ НА ПРЕГЛЕД, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА Д-Р КАРКИНСКИ Б. НЕСТОРОСКА...
ЛАБИНА МИТЕВСКА ЈА ДОБИ МЕЃУНАРОДНАТА НАГРАДА ЗА КОПРОДУКЦИЈА ОД ЕУРИМАЖ И ЕВРОПСКАТА ФИЛМСКА АКАДЕМИЈА
Сакам да кажам - пред 21 часа
Македонската продуцентка и актерка Лабина Митевска е годинашна добитничка на Меѓународната награда за копродукција од Еуримаж и Европската филмска академија (ЕФА). Митевска е една од основачите на семејната продукциска куќа „Сестри и брат Митевски“ во Скопје. Сестрите Лабина и Теона и братот Вук успешно ја лансираа својата компанија во 2001. Како што велат од Еуримаж, Лабина е високо ценета актерка од Балканскиот Регион, која кариерата ја почна во филмот „Пред дождот“ на режисерот Милчо Манчевски (1994), награден со Златен лав во Венеција и номиниран за Оскар за најдобар странски филм. Лабина Митевска ќе биде почесна гостинка на свеченото доделување на 37. Европски филмски награди на 7 декември во Луцерн за лично да ја прими наградата. „Нека светлината на оваа награда биде патоказ во овие мачни времиња низ кои проаѓаат филмските професионалци во Македонија и потврда дека со чесност, посветеност, одговорност и многу многу труд сѐ е можно. Оваа награда е уверение дека и припаѓаме на Европа кога работиме европски“, изјави Лабина Митевска. „Да се добие оваа награда е потврда на повеќегодишниот, повеќедеценискиот труд на највисоко професионално ниво. Ова е доказ за изградената врвна репутација на Лабина Митевска како бескомпромисен борец за филмската уметност, за почитта која ја ужива од колегите во Европа, без дамка во својата кариера и пример за професионалност и посветеност. Наградата се доделува од најистакнатите и најзначајните филмски асоцијации во Европа и воедно се награда и за македонската кинематографија“, изјави нејзината продукциска куќа. Во „Сестри и брат Митевски“ Лабина е извршна директорка и продуцентка, нејзината сестра Теона е режисерка, а нејзиниот брат Вук, сликар и скулптор, работи како сценограф и аниматор. „Оваа награда ѝ се доделува на Лабина Митевска како почит на талентот на семејниот бизнис страсно посветен на европската кинематографија. Тоа ја наградува изработката на висококвалитетен независен филм, постигната преку бројни извонредни меѓународни копродукции кои се гордост на Еуримаж“, велат од Фондот. Меѓународната награда ја доделува Европската филмска академија во соработка со Еуримаж, Фондот за културна поддршка на Советот на Европа. Ја признава одлучувачката улога на копродукциите во поттикнувањето на меѓународната размена. Лабина Митевска има копродуцирано девет филма со поддршка на Еуримаж, од кои шест како мнозински продуцент. Членка е на Европската филмска академија и национален претставник на ЕАВЕ. Во 2014 беше дел од „Producers on the Move“ на ЕФП на Канскиот филмски фестивал. Од 2022, Лабина е дел од продукцискиот тим на белгиската филмска компанија „Ентр шиен е луп“ (Entre Chien et Loup)....
БИВШ ВРАБОТЕН ВО МВР СВЕДОЧЕШЕ ДЕКА ПАЛЕВСКИ МУ ДОЛЖИ 16.000 ЕВРА
Сакам да кажам - пред 21 часа
На почетокот на декември лани, кога истрагата ги поврза двете убиства, тоа на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, првообвинетиот Љупчо Палевски замина за Србија на лечење на кичмата, каде останал само еден ден и оттаму заминал за Турција, каде беше уапсен и ставен во екстрадициски притвор. За разлика од сведокот Васко Стојков, кој го однел Палевски до Белград и на минатото судско рочиште сведочеше дека одел на лечење за кичмата и ако ништо не направи таму, ќе оди да се лекува во Турција, неговиот пријател Ламбе Бучков, поранешен вработен во МВР, денеска сведочеше дека Палевски не му кажал оти ќе се лекува во Софија и во Турција, туку дека таму имал закажано политички состаноци, бидејќи се ближеле избори. Бучков рече дека Палевски му се јавил од Турција и му кажал дека таму е по работа. А претходно се чуле и кога бил во Белград. Му кажал дека го барала полицијата во партијата и оти сакала некое возило да одземе. Тој му рекол и дека сакал да се врати од Белград, но дека имал договорено состаноци во Бугарија и во Турција. Бучков кажа дека Палевски му должи 16.000 евра и до денеска не му ги вратил. Бучков позајмил од негов пријател за да му даде заем. „Зедов кредит за да ги вратам парите, за да не се срамам пред мојот пријател“, кажа сведокот Бучков. „Палевски ми кажа дека му кажал на Влатко Кешишев да им даде на инспекторите сè што ќе побараат. Да им го даде возилото. За пикапот ми кажа дека полицијата го бара оти било видено на местото каде што исчезнало некое девојче. Не препрашав за кое девојче се работи“, сведочеше Бучков. На прашање дали видел дали Палевски носел пиштол, сведокот кажа: „Палевски кажувал дека има неколку вида оружје, пиштоли, но никогаш не сум ги видел кога сум одел во канцеларија или дома“. За киднапирање и свирепо убиство на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември 2023, како и за киднапирање и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје на 27 ноември, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. ДЕН ПО УБИСТВОТО НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА, ПАЛЕВСКИ МИ СЕРВИСИРАШЕ КОТЕЛОТ ЗА ПАРНО, НЕ СЕ ПОЖАЛИ ДЕКА ГО БОЛИ КИЧМАТА, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ С. К. ДЕЛЕВСКА...
ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Е НЕПРИФАТЛИВО ЗА РУСИЈА, КАЖА КРЕМЉ
Сакам да кажам - пред 21 часа
Замрзнувањето на конфликтот во Украина е неприфатливо за Русија, кажа портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Коментирајќи ги медиумските написи дека постојат повеќе сценарија за крај на војната, Песков кажа: „Ниедно сценарио со замрзнување на конфликтот не ни одговара. Нам ни е важно да ги оствариме нашите цели, кои на сите им се добро познати“. „Ројтерс“ претходно објави дека челниците на САД и Русија би можеле наскоро да договорат замрзнување на конфликтот во Украина, што би вклучило утврдени линии на разграничување и размена на територии, конкретно во Курск и Харкив. Путин во многу наврати има кажано дека Русија не планира да се откаже од своите територијални добивки во Украина, што ги вклучува Крим, Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје. Кремљ исто така како неприфатлив го отфрли турскиот мировен план, предложен од Реџеп Таип Ердоган. Тој, меѓу другото, предвидува замрзнување на постојните линии на фронтот, демилитаризирана зона во Донбас и зајакнување на Украина со оружје....
ДЕН ПО УБИСТВОТО НА 14-ГОДИШНАТА ВАЊА, ПАЛЕВСКИ СЕРВИСИРАЛ КОТЕЛ ЗА ПАРНО, НЕ СЕ ПОЖАЛИЛ ДЕКА ГО БОЛИ КИЧМАТА, СВЕДОЧЕШЕ НЕГОВ ПРИЈАТЕЛ
Сакам да кажам - пред 22 часа
Ерол Османи од Скопје, сведок повикан од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд сведочеше дека и на 22 ноември 2023 кога бил убиен 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, и на 27 ноември, кога била убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска, го барал првообвинетиот Љупчо Палевски по телефон и по месинџер. Палевски вечерта на 27 ноември му пишал дека ќе дојде утредента, на 28 ноември. Османи рече дека го барал и деновите измеѓу, затоа што му се расипал котелот за парно што го купил од Палевски, а веќе заладувало. Го барал и пред 22 ноември, кога кога на месинџер на Фејсбук му дал нов телефонски број на кој може да го бара. „Од обвинетите тука, се познавам само со Палевски. Во време на издавањето на весникот ‘Глобал’ бев повикан да работам од издавачите. Се запознавме со Палевски, почнав со работа. Тоа беше 2001-2002 година. Весникот се затвори, ние останавме пријатели. Во 2023 година го побарав, бидејќи купив котел за греење од него. Не ми функционираше воопшто. Затоа имав зачестени повици кон него. Го барав на 27 ноември и на Фејсбук, и на редовна линија. На 27 ноември вечерта дури ми се јави и кажа дека ќе дојде следниот ден. На 28-ми дојде, го среди котелот”, одговараше сведокот на прашања на обвинителката. Таа го праша што му кажал кога дошол? Дали се пожалил на здравјето? „Палевски ми рече дека на 27-ми бил преладен, настинат, затоа не дошол. На 28-ми беше добар со здравјето. Зборувавше нормално, зборевме за технички работи што се скршило во котелот. Дојде со бел пикап, некое француско возило беше. Забележав дека беше удрена шоферската врата. Имаше вдлабнатина. Му реков: ‘Си го удрил возилово’“, одговараше Османи на повеќе директни прашања. Во сведочењето на 13 ноември, Васко Стојков, адвокатот кој го однел во Белград Палевски, рече дека тој во Белград отишол за преглед на кичмата, а ако не се средело сакал да оди на операција Турција. Османи рече дека со Палевски комуницирал на фејсбук месинџер и на обична линија. На Фејсбук повеќе, зашто обично не му кревал. Сведокот рече дека Палевски не му спомнал оти ќе патува негде да се лечи за кичмата. „На 28 ноември во 11.42 часот ми пиша: ‘На подкаст сум во живо, можеш да видиш. Ја земам ќерка ми пред ‘Алкалоид’, со мене е лаптопот, доаѓам“, кажа Османи комуникацијата за утредента по убиството на Вања. Османи рече дека Палевски утредента дошол за 40-ина минути и за пола саат го средил котелот. По сведочењето, Палевски стана и во вкрстени прашања тврдеше дека не бил тоа време кај сведокот, туку на подкаст, кој траел до пладне. Го праша дали можеби и го помешал денот, сведокот Османи беше категоричен и тајмингот го докажа со испечатен лист од нивната комуникација. За киднапирање и свирепоубиство на велешанецот Панче Жежовски на 22 ноември 2023, како и за киднапирање и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска од Скопје, обвинети се Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Велибор Манев, Боре Видевски и таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски. С. К. ДЕЛЕВСКА...
НА ИЗЛОЖБАТА „ЌЕ МЕ (С)НЕМА“ ФОТОГРАФКАТА КЕТИ ТАЛЕВСКА-БАКРЕВСКА ГО ПРИКАЖА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО
Сакам да кажам - пред 22 часа
Битолската фотографка Кети Талевска-Бакревска успеа на оригинален начин, преку алтернативната техника на лумен-принтови кои побелуваат ако не се заштитат и се остават на сонце, да создаде асоцијација на Преспанското Езеро, кое исто така исчезнува пред очите на јавноста и ретко кој презема нешто да го заштити. Нејзината изложба со симболично име „Ќе ме (с)нема – Ода за Преспанското Езеро“, поставена во Офицерскиот дом во Битола, отвори силна и емоционална приказна за еден од најзначајните еколошки проблеми во Македонија – исчезнувањето на Преспанското Езеро, кое се смета за едно од најстарите во Европа. „Техниката што ја работам е алтернативна фотографска техника во која доколку фотографиите по изложувањето на сонце не бидат третирани во фиксир, избледуваат и исчезнуваат. Така ги поврзав со Преспанското Езеро бидејќи често сум во тој регион. Исчезнувањето на езерото ме разжалостува и сакав нешто да направам за да го привлечам вниманието на јавноста кон овој проблем, кој почна да го заборава заедницата“, вели Талевска-Бакревска. Талевска-Бакревска успеа на оригинален начин преку алтернативната техника на лумен-принтови кои побелуваат доколку не се заштитат и се остават на сонце, да создаде асоцијација на Преспанското Езеро кое исто така исчезнува. (Фото: СДК.МК) Ова дело не е само израз на уметничката пракса, туку и форма на активизам, глас против незаинтересираноста на заедницата за заштита на природното богатство. На оваа изложба, Талевска-Бакревска користи нежна, но истовремено силна визуелна поезија, со што ја пренесува меланхолијата на исчезнувањето на езерото. Во нејзиното дело се чувствува јасен и храбар став – критика кон општеството кое не реагира соодветно за да ја зачува природата. Преку „Ода за Преспа“, таа ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите екосистеми. „Сите фотографии се изработени во различни делови на Преспа, почнувајќи од плажата во Наколец, па Отешево, Стење и други. Користам фотографска хартија која е сензитивна на светлина. Јас работам фотограми, ја вадам хартијата и таа веќе почнува да станува чувствителна и над неа ставам земја, лисја, алги и други природни делови од околината. Потоа ја ставам во вода и сѐ што влијае на неа остава отпечаток. Потоа само се мие сликата и се става во фиксир за да остане трајно. Само што моите не се фиксирани за да укажат дека езерото ќе ни го снема“, вели фотографката. Преку „Ода за Преспа“, таа ја потенцира потребата за итна акција и сочувство кон животната средина, посочувајќи дека секој од нас има одговорност во битката за иднината на нашите еко-системи. (Фото: СДК.МК) Оваа техника почнала да ја работи уште пред коронакризата, па во неа била изработена и нејзината претходна изложба, а за лумен-принтови држела и работилница на Фестивалот за алтернативна фотографија „Зрно“. Талевска-Баревска фотографира веќе деценија и пол, досега имала две самостојни изложби, а учествувала на повеќе заеднички со други фотографи. Водата во Преспанското Езеро веќе со години се повлекува поради сушното време, прекумерното искористување и понирањето на водата во Охридското Езеро. Водостојот е одамна под нормалата. Во изминатиот период се напишаа стратегии и акциски планови, се потпишаа договори, но на терен не се подобрија состојбите зашто водата од езерото и понатаму исчезнува, како што деновиве исчезнуваат и лумен-принтовите на битолската фотографка изложени на светлина. Ж. ЗДРАВКОВСКА...
УКРАИНА ЌЕ ЈА ИЗГУБИ ВОЈНАТА БЕЗ ВОЕНА ПОМОШ ОД АМЕРИКА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ
Сакам да кажам - пред 23 часа
Володимир Зеленски смета дека Украина ќе ја изгуби војната ако САД одлучат да прекинат да ѝ даваат воена помош. „Ние ќе останеме, ќе продолжиме да се бориме. Имаме наше производство, но мислам дека тоа не е доволно за да надвладееме и преживееме“, кажа Зеленски во разговор со „Фокс њуз“. Иако, како што кажа, најтешкиот период од војната бил моментот на инвазијата, овој момент зависи од единството во Украина. „Она што е многу опасно е ако се изгуби единството во Европа. А, најважно е единството помеѓу САД и Украина“, рече украинскиот лидер. Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп се противи на огромното американско трошење за војната во Украина и вети дека брзо ќе ја заврши, иако не откри како. „Трамп би можел да влијае врз Путин да ја заврши војната зашто е многу посилен од него. Путин може да биде спремен да ја заврши војната, но тоа многу повеќе зависи од САД. Путин е послаб од Америка и Трамп“, изјави Зеленски....
ОСУМ ОПЕРСКИ СОЛИСТКИ ГО СЛАВЕА ПУЧИНИ НА ГАЛА КОНЦЕРТОТ СО НЕГОВИТЕ АРИИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Единаесет популарни арии од оперите на Џакомо Пучини испејаа солистките на Националната опера и балет (НОБ) на гала концертот „Жените на Пучини“, сношти во фоајето на Операта. Публиката со голем аплауз по врвните изведби ги испрати Весна Ѓиновска-Илкова, Сандра Митровска, Павлина Новакова-Георгиев, Злата Тошевска-Димовска, Александра Лазаревска-Василевски, Катерина Стојановска, Билјана Јосифов и Илина Митревска, кои настапија во пијано придружба на Андреј Наунов. Концертот го отвори Билјана Јосифов. (Фото: К. Попов) Во видеоанимација зад нив, до анимираниот портрет на Пучини се менуваа имињата на солистките, оперите и на ариите. Дел од гостите беше и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри. Весна Ѓиновска-Илкова имаше драматичен настап за крај на концертот. (Фото: К. Попов) Концертот го отвори Билјана Јосифов со арија од „Турандот“, а го заврши првенката на Операта Весна Ѓиновска-Илкова со арија од „Тоска“. Слушнавме и делови од оперите „Боеми“ и „Мадам Батерфлај“ кои месецов беа на репертоарот на Операта. Концерот во режија на Дејан Прошев се одржа во рамките на „Месец на Пучини“. На 23 ноември на репертоарот е „Тоска“, а на 29 „Турандот“. Во фоајето е поставена изложбата „Пучини низ историјата на МОБ“ со дела од архивата на Операта. М. ЏАРОВСКА...
СКОПСКИТЕ УЧЕНИЦИ ДОБИВААТ ИЗОСТАНОЦИ ЗА ДОЦНЕЊЕ ОТИ НЕМА АВТОБУСИ, А НАД 25.000 ЖИТЕЛИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ СЕ ОТСЕЧЕНИ БЕЗ ЈАВЕН ПРЕВОЗ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Голем дел од скопските средношколци доцнат на настава наутро, оти нема автобуси. Повеќето добиваат неоправдани изостаноци, затоа што дел од професорите не ги интересира од која причина не можат да стасаат на време на училиште. „Ќерка ми е учи во училиште во Центар. Наставата почнува од 7.30 часот. Се случува и по еден час да чека автобус наутро и да не дојде, токму во времето кога е најстудено надвор, па да задоцни на настава и да добие неоправдан. Затоа, речиси секое утро ја возам до училиште“, ни рече една мајка на 16-годишна средношколка од Скопје. За овој проблем се разговара и на родителските состаноци. Родителите велат дека има толерантни професори, а тоа се најчесто оние кои користат јавен превоз па го разбираат проблемот. Има и такви кои не разбираат па на децата им ставаат неоправдан, и им велат: „Ако можам јас да стасам на работа, можеш и ти на училиште“. Од Министерството за образование велат дека не е регистрирано зголемување на бројот на изостаноци во средните училишта. „Педагошка евиденција водат наставниците и според податоците за изостаноци на средношколците кои се внесени во електронскиот дневник од почетокот на оваа учебна година, не се забележани отстапувања од податоците кои го покажуваат просекот од истиот период во претходната учебна година“, велат од Министерството за образование. Скопје нема редовен автобуски превоз веќе трета година, односно откако на градоначалничката функција е Данела Арсовска. За в петок жителите на Шуто Оризари најавија протест пред канцаларијата на Арсовска . Откако приватните превозници престанаа да возат оти Арсовска не им плаќа, автобуси на линијата 19 не возат и со тоа оваа скопска општина е отсечена од градот. Според последниот попис од 2021, во Општина Шуто Оризари има 25.726 жители. А. АНТЕВСКА...
СКОПСКИТЕ УЧЕНИЦИ ДОБИВААТ ИЗОСТАНОЦИ ЗА ДОЦНЕЊЕ ОТИ НЕМА АВТОБУСИ, А НАД 25.000 ЖИТЕЛИ ВО ШУТО ОРИЗАРИ СЕ ОТСЕЧЕНИ БЕЗ ЈАВЕН ПРЕВОЗ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Голем дел од скопските средношколци доцнат на настава наутро, оти нема автобуси. Повеќето добиваат неоправдани изостаноци, затоа што дел од професорите не ги интересира од која причина не можат да стасаат на време на училиште. „Ќерка ми е учи во училиште во Центар. Наставата почнува од 7.30 часот. Се случува и по еден час да чека автобус наутро и да не дојде, токму во времето кога е најстудено надвор, па да задоцни на настава и да добие неоправдан. Затоа, речиси секое утро ја возам до училиште“, ни рече една мајка на 16-годишна средношколка од Скопје. За овој проблем се разговара и на родителските состаноци. Родителите велат дека има толерантни професори, а тоа се најчесто оние кои користат јавен превоз па го разбираат проблемот. Има и такви кои не разбираат па на децата им ставаат неоправдан, и им велат: „Ако можам јас да стасам на работа, можеш и ти на училиште“. Од Министерството за образование велат дека не е регистрирано зголемување на бројот на изостаноци во средните училишта. „Педагошка евиденција водат наставниците и според податоците за изостаноци на средношколците кои се внесени во електронскиот дневник од почетокот на оваа учебна година, не се забележани отстапувања од податоците кои го покажуваат просекот од истиот период во претходната учебна година“, велат од Министерството за образование. Скопје нема редовен автобуски превоз веќе трета година, односно откако на градоначалничката функција е Данела Арсовска. За в петок жителите на Шуто Оризари најавија протест пред канцаларијата на Арсовска . Откако приватните превозници престанаа да возат оти Арсовска не им плаќа, автобуси на линијата 19 не возат и со тоа оваа скопска општина е отсечена од градот. Според последниот попис од 2021, во Општина Шуто Оризари има 25.726 жители. А. АНТЕВСКА...
НАДАЛ ЈА ЗАВРШИ КАРИЕРАТА КАКО ВТОРИОТ НАЈУСПЕШЕН ТЕНИСЕР НА СИТЕ ВРЕМИЊА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Богатата кариера на Рафаел Надал заврши синоќа откако Шпанија изгуби од Холандија во Дејвид купот во Малага. Шпанецот претходно најави дека на овој настан ќе ги одигра своите последни мечеви и откако тој беше поразен од Ботик фан де Зандсхлуп со 6:4, 6:4, Шпанија потоа беше елиминирана од Холандија со вкупни 2:1. „Во овие 20 години професионална кариера вие бевте тие кои ме носевте низ добрите времиња, а во лошите времиња ме туркавте да продолжам. Вистината е дека никогаш не сакате да стигнете до оваа точка. Не сум уморен од играњето тенис, но моето тело веќе не сака да играм и мора да го прифатам тоа. Се чувствувам суперпривилегирано што успеав моето хоби да го претворам во мојата професија“, изјави 38-годишниот Надал, чие име беше извикувано од над 11.000 гледачи на трибините. Во публиката беа и најблиските на Надал: сопругата Мери, синот Рафаел, родителите Марија и Себастијан и сестрата Марибел. Надал се повлече како вториот најуспешен играч во машкиот тенис, зад Новак Ѓоковиќ. Во кариерата долга 23 години освои 92 АТП-титули, од кои 22 на гренд слем и 36 на мастерс турнирите и помина 209 недели како светски рекет број еден. Освои олимписко злато во 2008 и 2016 и четирипати славеше во Дејвис купот со Шпанија. Она во што веројатно ќе остане недостижен е доминацијата на Ролан Гарос, каде што освои рекордни 14 титули и забележа само четири порази на 116 мечеви, што му го донесе епитетот Кралот на земјата....
АМЕРИКА ЌЕ Ѝ ДАДЕ НАГАЗНИ ПРОТИВПЕШАДИСКИ МИНИ НА УКРАИНА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Џо Бајден се согласи да ѝ даде нагазни противпешадиски мини на Украина во обид да се запре напредувањето на руските трупи на источниот фронт. Американски функционери кажаа дека мините ќе бидат испорачани наскоро и ќе смеат да се користат само на украинска територија и на подрачја кои не се густо населени. Испраќањето нагазни противпешадиски мини е еден од последните потези на администрацијата на Бајден да ги засили украинските воени напори пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа. Русија наголемо распоредуваше нагазни противпешадиски мини од почетокот на војната во 2022. Наспроти ова, Украина ќе добие мини кои остануваат активни само одреден период, од четири часа до неколку недели, бидејќи се напојуваат од батерија. Откако таа ќе се истроши, мините веќе не можат да се детонираат. Ова следи откако САД потврдија дека Украина за првпат ја нападнала Русија со проектили со долг дострел, за што Вашингтон дал дозвола пред неколку дена. Во нападот врз рускиот регион Брјанск биле користени американски проектили „АТАЦМС“....
ЛАВРОВ ГИ ОБВИНИ САД ЗА ЕСКАЛАЦИЈА ОТКАКО УКРАИНА ПРВПАТ ЈА НАПАДНА РУСИЈА СО ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Американски функционери потврдија дека Украина употребила проектили со долг дострел „АТАЦМС“ за да го нападне рускиот пограничен регион Брјанск ноќеска. Руското министерство за одбрана претходно кажа дека биле соборени пет вакви проектили, а еден бил оштетен, по што паднати остатоци предизвикале пожар во воен објект во Брјанск. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини САД дека сакаат да го засилат конфликтот. „Овие проектили испукани кон регионот Брјанск се сигнал дека САД сакаат ескалација. Без Американците, користењето на овие високотехнолошки проектили би било невозможно. Од ова произлегува заклучок дека проектилите биле управувани од американски воени експерти. Русија ќе реагира соодветно“, изјави Лавров. Украина денеска потврди дека погодила складиште со муниција во Брјанск, но не кажа како бил изведен нападот, по кој следеле 12 секундарни експлозии. Складиштето се наоѓа околу 115 километри од границата, близу градот Карачев. Кремљ утрово ја промени руската нуклеарна доктрина, поставувајќи нови услови под кои земјата би можела да го употреби својот нуклеарен арсенал. Документот сега вели дека напад од држава која не поседува нуклеарен арсенал, ако е поддржан од нуклеарна сила, ќе се смета за заеднички напад врз Русија....
РУСИЈА ЗАПОЧНА СО МАСОВНО ПРОИЗВОДСТВО НА МОБИЛНИ СКРИВНИЦИ КОИ ШТИТАТ И ОД РАДИЈАЦИЈА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Русија започна со масовно производство на мобилни скривници што можат да заштитат од разни видови закани, објави истражувачкиот институт на руското министерство за вонредни ситуации. Според институтот, овие скривници, кои изгледаат како зајакнати бродски контејнери, можат да понудат заштита од радијација, експлозии, шрапнели, паднати остатоци од згради, опасни хемикалии и оган. „Стандардната единица може да прими 54 луѓе, но можат да бидат и проширени“, кажаа од овој државен институт. Војната во Украина влегува во, според некои, својата последна и најопасна фаза, додека руската војска напредува на истокот со најбрзото темпо уште од раните денови на конфликтот во 2022, а западот му дозволи на Киев да изведува ракетни удари врз Русија. Москва одговори на ова така што ја промени својата нуклеарна доктрина, која дозволува нуклеарен одговор ако украинската војска употреби западно ненуклеарно оружје против Руската Федерација. „Употребата на нуклеарно оружје е екстремна мерка, но ажурирањето на доктрината беше неопходно за да се усогласи со моменталната политичка ситуација“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков....
КУМАНОВСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ДВА МЕСЕЦА ГО ЧЕКА ОБДУКЦИСКИОТ НАОД ЗА ПОЧИНАТАТА РОДИЛКА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Речиси 6 недели Основното јавно обвинителство (ОЈО) Куманово го чека обдукцискиот извештај од Институтот за судска медицина во Скопје, кој ќе ги покаже причината за смртта на 31-годишна родилка од Куманово. Од Обвинителството велат дека тие веќе ги обезбедиле повеќето од потребните документи, како што се медицинската документација од матичниот гинеколог и од приемот во болницата, и видеоматерјал од операционата сала, но го чекаат клучниот доказ врз основа на кој ќе се гради понатамошната истрага. Родилката почина на 27 септември, при породување на Одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница во Куманово. Таа била во деветтиот месец од бременоста, и во болницата дошла откако дома ѝ почнало породувањето. Наредното попладне состојбата нагло ѝ се влошила и ненадејно починала. Ова ѝ била втора бременост. „Родилката е примена со прснат воденик, со отпочнато породување и слаби контракции. До вчера се чекало да добие спонтани контракции и по природен пат да продолжи породувањето. Откако тоа не се случило, отпочнати биле стимулации, но нагло ѝ престанала срцевата работа и го изгубила притисок. Викнат бил анестезиолог за реанимација, но без резултати. Веднаш е однесена во операциона сала за да се извади плодот. Бебето е живо и итно е однесено на Детската клиника во Скопје“, изјави тогаш д-р Стефан Трајановски, директорот на Кумановската болница. Породувањето го вршеле двајца дежурни лекари, кои биле на смена. ПОЧИНА 31-ГОДИШНА РОДИЛКА ВО КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА Министерот за здравство Арбен Таравири и при посетата на Општата болница Куманово повтори дека комисијата утврдила оти нема лекарска грешка при породувањето на младата жена, адвокатот на семејството на родилката Христијан Георгиевски, вели дека сè повеќе е убеден во спротивното. „Се повеќе сме убедени дека има пропуст при извршување на лекарската интервенција кај младата родилка. Не се согласувам со ставот на министерот, мислам дека е многу рано да се излегува со заклучоци, во услови кога ги немаме сите медицински документи, вклучувајќи го обдукцискиот наод. Ние продолжуваме со истражната постапка, со прибирање на мислења и наоди од стручни лица од областа на неонатологијата и гинекологијата, за да докажеме како може трудница која не покажувала никакви знаци на патолошка бременоста или друга опасност по нејзиниот живот и животот на бебето, да заврши со трагичен крај“, вели Георгиевски, и додава дека мора да има одговорност за изгубениот живот. Тој кажа дека бебето е уште на лекување на Клиниката на детски болести и е во тешка здравствена состојба. С. НИКОЛИЌ...
РУСИЈА ТВРДИ ДЕКА УКРАИНА ГО НАПАДНАЛА РУСКИОТ РЕГИОН БРЈАНСК СО АМЕРИКАНСКИ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Русија кажа дека Украина испукала американски проектили со долг дострел кон руската територија, ден откако медиумите објавија дека Вашингтон дал одобрение за вакви напади. Руското министерство за одбрана соопшти дека во нападот врз рускиот регион Брјанск биле користени проектили „АТАЦМС“, кои имаат дострел до 300 километри. „Пет проектили беа соборени, а еден оштетен, при што негови остатоци предизвикаа пожар во воен објект во овој регион. Во нападот немаше жртви, а пожарот брзо беше изгаснат“, кажа министерството. Ова е првпат од почетокот на војната да биде нападната меѓународно призната руска територија со проектили со долг дострел. Москва вчера се закани дека секој ваков напад ќе доведе до соодветен и опиплив одговор. Украина претходно потврди дека погодила складиште со муниција во Брјанск, но не кажа како бил изведен нападот. Складиштето се наоѓа околу 100 километри од границата, близу градот Карачев. Владимир Путин денеска ја одобри промената на руската нуклеарна доктрина, според која Русија ќе може да одговори со нуклеарно оружје ако Украина ја нападне со западни проектили....
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЛЕВ ПОБАРА ОД НОВИОТ КОМАНДИР НА СООБРАЌАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ДА ВОСПОСТАВИ РЕД НА ВЕЛЕШКИТЕ УЛИЦИ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Паркирањето по велешките улици се најде како проблем и советничко прашање на седница на Советот на Општина Велес. Неколкумина членови ја актуализираа состојбата, посочувајќи неколку примери, поради што сообраќајот во градот трпи. „Не велам дека имаме идеални улици за одвивање непречен проток, имаме зголемен број на возила, но имаме несовесни возачи. Паркирањето е најсериозниот проблем“, кажа советникот Марјан Николов. Тој побара сообраќајот во близина на училиштата да го регулира сообраќаец во утринските и попладневните часови, кога родителите ги оставаат и земаат децата. Градоначалникот Марко Колев одговори дека за паркирањето се надлежни СВР Велес и сообраќајната полиција и кажа дека ќе побара средба со новиот командир на оваа служба Трајче Мечалов. „Му честитам на новиот началник и од ова место апелирам да постави ред во возењето, паркирањето и сообраќајната култура во градот. Иако дел од возачите имаат гаражи, тие паркираат на отворено, на улица. Наместо улиците да бидат место за разминување, станаа место за паркирање“, кажа Колев. Тој посочи неколку локации каде што следната година се предвидува нов простор за паркирање, како местото на урнатиот театар. „Во генералниот план таму има зграда, јас неа не можам да ја избришам, но имаме пресуда на Управен суд. Почитувајќи ги барањата на граѓаните од тој дел, мислам дека најдобро решение е таму да се изгради паркинг и локацијата хортикултурно да се уреди. Тоа би било времено решение“, кажа Колев. Идентична судбина има и просторот на поранешниот АТД Диспанзер, кој се сруши, а на негово место е предвидена зграда. Но, како времено решение се направи паркинг. Градоначалникот Колев најави дека како простор за паркирање ќе се уреди и користи делот од кејот зад шеталиштето, каде и сега се паркираат автомобили. Ја најави и изградбата на подземна гаража во центарот на Велес, што треба да почне во јануари. П. ПЕЧКОВ...
АМБАСАДОРКАТА АГЕЛЕР МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МИЦКОСКИ ЗА ПОДДРШКАТА НА КАНДИДАТУРАТА НА ШЕКЕРИНСКА ЗА ЗАМЕНИЧКА-ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО
Сакам да кажам - пред 1 ден
Американската амбасадорка Анџела Агелер ѝ честиташе на Радмила Шекеринска на изборот за заменичка-генерален секретар на НАТО, а честитка упати и до Владата и до премиерот Христијан Мицкоски за поддршката за нејзината кандидатура. „Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменичка-генерален секретар на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќна потврда за експертизата и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“, напиша амбасадорка на САД во Скопје на социјалните мрежи. Денеска, генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Шеќеринска беше министерка за одбрана во владата на Зоран Заев и во тоа време беше заменичка-претседател на СДСМ. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се влезе во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, изјави Руте. Шекеринска претходно беше вицепремиерка за европски интеграции, а министерка за одбрана кога земјата влезе во НАТО во 2020. Таа ќе ја преземе функцијата подоцна годинава....
ОШТЕТУВАЊАТА НА КАБЛИТЕ ВО БАЛТИЧКОТО МОРЕ ЛИЧАТ НА САБОТАЖА, КАЖА ГЕРМАНИЈА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека оштетувањата на двата подводни кабли во Балтичкото Море личат на саботажа, без да обвини некого. Телекомуникациски кабел меѓу Германија и Финска долг речиси 1.200 километри бил пресечен вчера во раните утрински часови, а интернетската врска меѓу Литванија и шведскиот остров Готланд престанала да работи во неделата. „Никој не верува дека овие кабли случајно биле исечени. Затоа мора да заклучиме дека ова е хибридна акција“, кажа Писториус. Германија и Финска изразија длабока загриженост поради оштетувањето на кабелот и кажаа дека европската безбедност е загрозена како од војната во Украина, така и од „хибридното војување на злонамерни актери“. „Кабелот можеби бил пресечен од надворешна сила. Вакви прекини не се случуваат во овие води без надворешно влијание“, изјавија од финскиот телекомуникациски оператор „Цинија“, додавајќи дека инцидентот се случил близу шведскиот остров Оланд и дека поправката би можела да трае околу 15 дена. „Арелион“, шведската компанија која управува со линијата до Литванија, не кажа каде бил пресечен другиот кабел, за чија поправка ќе требаат неколку недели. „Каблите во Балтичкото Море се оштетуваат одвреме-навреме од рибарски бродови, но овојпат не изгледа дека е случајно или по грешка“, изјави портпаролот на „Арелион“, Мартин Сјегрен....
ПОВИСОКА ПЛАТА ЗА 3.850 ДЕНАРИ ЌЕ ДОБИЕ МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР СО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ, РЕКОА МИЦКОСКИ И СИНДИКАТИТЕ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Ноемвриската плата за вработените во јавното здравство ќе биде повисока за 10 отсто, е договорот од денешниот состанок помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и претставниците на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Зголемувањето е договорено со анекс на Колективниот договор за здравствена дејност, а како што кажа Мицкоски, порастот на платите ќе почне да се применува од ноември, за што работна група со претставници од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) ќе работи на усогласување на анексот. „Успеавме со овој анекс на Колективниот договор да ги корегираме коефициентите на вработените во здравството. Се работи конкретно за корекција на коефициентот 0.233 кој во превод значи повисока бруто-плата за сите вработени од 3.650 денари или 2.450 денари во нето-износ. Уште подобра придобивка во делот на овој анекс е корекција на платите од 0.364 за медицинските сестри со средно образование и останатиот средно-медицински кадар кој во превод значи 5.700 денари во бруто или 3.850 денари во нето. Ова значи и поголема мотивација за нашите вработени, а колективниот договор е двостран акт и израз на добра волја“, рече Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита. Мицкоски кажа дека од март ќе има дополнителни 5 проценти зголемување на паричната маса која се издвојува за плати за здравствените работници. „Следната 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција и работиме на тоа, зошто да не одиме на горната граница. Истото тоа зголемување од 5 до 7 проценти ќе биде и во 2027, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 Кога ќе го земете целиот овој период во низа, добиваме зголемување на паричната маса потребна за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период, помеѓу 45 и 50 проценти“, рече премиерот. Б. НЕСТОРОСКА...
РАДМИЛА ШЕЌЕРИНСКА Е ИЗБРАНА ЗА ЗАМЕНИЧКА-ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА НАТО
Сакам да кажам - пред 1 ден
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одлучи да ја назначи Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар, објави Алијансата. Шеќеринска беше министерка за одбрана во владата на Зоран Заев и во тоа време беше заменичка-претседател на СДСМ. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменичка-генерален секретар. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се влезе во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, изјави Руте. Шекеринска претходно беше вицепремиерка за европски интеграции, а министерка за одбрана кога земјата влезе во НАТО во 2020. Таа ќе ја преземе функцијата подоцна годинава....
НЕ МОЖЕ НЕОДГОВОРНИ ЛИЦА ДА СИ ИГРААТ СО СТУДЕНТИТЕ, ЌЕ ГО РАЗРЕШАМ ДИРЕКТОРОТ НА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „ПЕЛАГОНИЈА“, РЕЧЕ ЈАНЕВСКА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска во Штип најави дека ќе го смени директорот на Студентскиот дом „Пелагонија“ Агим Фејзулаху во Скопје оти не си ја извршува својата функција. На новинарско прашање за лошата состојба во Студентскиот дом „Пелагонија“, на која се жалат студентите и дали ќе има интервенции во него, Јаневска кажа дека ќе има интервенции. „Мора да има. Значи слушам различни шпекулации. Директорот на Студентскиот дом не си ја извршува својата функција и затоа ќе мора да преземеме чекори, во најблиска иднина побараме и поставиме нов директор. Да, студентите се жалат дека нема топла вода, храната е на навистина ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите. Младите се исклучително важни за оваа држава. Ние обезбедуваме средства од буџетот, од граѓаните и секој раководител мора сериозно да си ја сфати работата“, рече министерката додавајќи дека овој проблем со „Пелагонија“ ќе се реши најдоцна за два до три дена. При посетата на штипската Гимназија „Славчо Стојменски“ министерката кажа дека во буџетот за 2025 има околу 30 милиони евра или 18 отсто повеќе средства за студентскиот стандард во споредба со оваа година и дека е планирано зголемувањето на средствата за студентскиот оброк. „Но, сѐ уште разговараме со студентите, затоа што тие имаат некоја поинаква идеја. Сметаат дека за 140 денари можат да добијат во одредени маркети, одредени ресторани комплетен оброк, а дека би можело да се прошири опсегот, на пример и студенти кои работат ‘парт тајм’, а се уште непостигнале одредена сума на средства би можеле и тие. Значи до крајот на годината, тоа ние ќе го дефинираме и веднаш ќе се знае во јануари, дали ќе добијат 160 денари студентски оброк или ќе биде проширен опсегот“, рече Јаневска....
РУСИЈА ЌЕ МОЖЕ ДА ОДГОВОРИ СО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ АКО УКРАИНА ЈА НАПАДНЕ СО ЗАПАДНИ ПРОЕКТИЛИ, ОБЈАВИ КРЕМЉ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Ако украинската војска употреби западно ненуклеарно оружје против Руската Федерација, тоа според новата доктрина би можело да доведе до нуклеарен одговор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Ова доаѓа откако Владимир Путин денеска ја ажурираше руската нуклеарна доктрина, за која Песков кажа дека би требала да биде добро проанализирана во земјата и во странство. „Употребата на нуклеарно оружје е екстремна мерка, но ажурирањето на доктрината беше неопходно за да се усогласи со моменталната политичка ситуација“, изјави Песков. Според новата нуклеарна доктрина на Русија, секоја агресија од држава која не поседува нуклеарно оружје, ако е поддржана од нуклеарна сила, ќе се смета за заеднички напад врз Русија. „Русија може да користи нуклеарно оружје во случај на критична закана за нејзиниот суверенитет, дури и со конвенционално оружје, напад врз Белорусија или масовно лансирање на воени авиони, крстосувачки ракети, беспилотни летала или други десантни возила кои ги преминуваат руските граници“, стои во новиот документ. Ова се случува на денот кога Украина одбележува 1.000 дена од почетокот на руската инвазија, која би можела да влезе во нова фаза ако на Украина навистина ѝ се дозволи да ја напаѓа Русија со западни проектили со долг дострел....
ШПАНСКАТА АМБАСАДА ОТВОРИ ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ПОСВЕТЕН НА ОПУСОТ НА ОЛИВЕРА НИКОЛОВА
Сакам да кажам - пред 1 ден
Амбасадата на Шпанија во Македонија организира литературен конкус насловен „Раскажи ми приказна“ посветен на легендарната македонска писателка Оливера Николова, која почина на 4 ноември на 88 години. Конкурсот го организира Амбасaдата со Студиото за јазици „Каста дива“, а форматот треба да биде краток расказ, графички расказ и стрип. „Светот на децата е еден посебен свет, безгрижен, спокоен, полн со љубов. Во сите култури постојат автори кои се дел од тој детски свет, автори кои со своите реч или цртеж влијаеле на нив и ги исполнувале нивните дни. Такви се Кино од Аргентина со својата Мафалда, Елвира Линдо од Шпанија со својот Манолито гафотас и македонската Оливера Николова со својот Зоки Поки. Овој месец почина нашата Оливера Николова, која со своите ликови од Зоки Поки го обележа животот на сите нас и направи детските сништа да бидат повесели, поразнобојни, а ликовите да ни бидат верни другари додека растевме“, велат од Шпанската амбасада. Темите се: Детето во мене, Ќе ти раскажам приказнa, Со што може да се купи сиот свет? Материјалите треба да се достават во печатена форма најдоцна до 12 декември 2024 , во затворен коверт, со шифра во Студиото „Каста Дива“. Текстовите може да се напишат на македонски или на шпански јазик. Предвидени се награди за најдобрите, а победниците ќе бидат прогласени на 22 декември. СЕКОЕ ДЕТЕ ТРЕБА ДА ЈА ЗНАЕ ОЛИВЕРА НИКОЛОВА УШТЕ ПРЕД ДА ПОЧНЕ ДА ЧИТА, КАЖАА НА ПРОМОЦИЈАТА НА РЕОБЈАВЕНИТЕ КНИГИ ЗА ВОЗРАСНИ ОД ЛЕГЕНДАРНАТА ПИСАТЕЛКА...
СИНОТ НА НОРВЕШКАТА ПРИНЦЕЗА МЕТЕ-МАРИТ УАПСЕН ЗА СИЛУВАЊЕ
Сакам да кажам - пред 1 ден
Синот на норвешката принцеза Мете-Марит е уапсен под сомнение дека извршил силување. Полицијата објави дека 27-годишниот Мариус Борг Хејби бил уапсен вчеравечер зашто е осомничен за прекршување на кривичниот законик што се однесува на „сексуален однос со некој кој е во несвест или од други причини не може да се спротивстави на делото“. Борг Хејби првпат беше приведен на 4 август по инцидент што се случил во ноќните часови во стан во Осло, при што беше обвинет за нанесување телесни повреди на жената со која бил во врска. Норвешките медиуми тогаш објавија дека полицијата пронашла нож забиен во ѕид од спалната соба. Тој повторно беше приведен во септември поради прекршување на забраната за доближување. Според полицијата, Борг Хејби при вчерашното апсење бил во автомобил со истата жртва на инцидентот од август. Мариус е син на принцезата Мете-Марит од нејзината претходна врска, пред да се омажи за принцот Хакон во 2001 и за разлика од неговите полубрат и полусестра нема официјална титула. Мете-Марит и Хакон заедно го имаат одгледано Мариус....
РУСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО ВАРНА ПРОДОЛЖИЛ ДА РАБОТИ ОД ПРОСТОРИИТЕ НА БУГАРСКАТА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПАРТИЈА ОТКАКО БИЛ ЗАТВОРЕН ВО 2022 ПОРАДИ ШПИОНИРАЊЕ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Генералниот конзулат на Руската Федерација во бугарскиот град Варна продолжил да работи тајно во тамошните простории на проруската Бугарска социјалистичка партија (БСП) и откако бил затворен со владина одлука во октомври 2022 поради шпионирање. Активностите на затворениот конзулат се поддржани од руски граѓани кои активно шират проруска пропаганда на нивните профили на Фејсбук, објави бугарскиот сајт „Дневник“. Во јуни минатата година, Бугарија протера 70 руски дипломати и вработени во руски дипломатски мисии во земјата, што го вклучи речиси целиот персонал на конзулатот во Варна, меѓу кои и генералниот конзул Владимир Климанов. Државата потоа им ја предала зградата на конзулатот на општинските власти, со цел да се отвори градинка. „Дневник“ пишува дека локалната организација на БСП во Варна ги отстапила на Русија своите простории за неофицијално вршење конзуларни активности, кои претходно биле укинати зашто биле закана за бугарската национална безбедност. Во името на конзулатот овие активности ги водела претседателката на Рускиот клуб во Варна, Марина Начева. „Луѓето доаѓаат кај нас во врска со пасоши или пензии. Единственото место каде што можат да завршат работа се просториите на БСП“, кажа извор на „Дневник“ од Рускиот клуб. БСП е еден од можните партнери на ГЕРБ за формирање коалициска влада во Бугарија, која и натаму се наоѓа во политичка криза. Од почетокот на руската инвазија, БСП се противеше на испраќање воена помош во Украина и никогаш не ги осуди постапките на Путин....
ВО ЧЕСТ НА МАЈКА МИ НЕВЕНА ЈА ПЕЕМЕ НАШАТА СЕМЕЈНА ХИМНА „МАМА ХУАНИТА“, РЕЧЕ ТАЊА КОЧОВСКА НА ИЗЛОЖБАТА ЗА 65 ГОДИНИ НА АНСАМБЛОТ „МАЊИФИКО“
Сакам да кажам - пред 2 дена
Во чест на Невена Кочовска, легендарната пејачка на ансамблот „Мањифико“, нејзиниот сопруг Панче Кочовски и ќерките Лидија и Тања низ солзи ја испеаја нивната семејна химна „Мама Хуанита“, на изложбата по повод 65 години од основањето на ансамблот. Преку 240 експонати, како дел од историјата на легендарниот ансамбл кој настапувал во 32 земји, сношти беа изложени во фоајето на Националната опера и балет (НОБ). За „Мањифико“ беа изложени постери, исечоци од весници, слики, награди, плочи, касети и други спомени. Панче Кочовски претходно ни кажа дека повеќе од 30 години ги собирал материјалите и ги чувал во шест куфери. (Фото: К. Попов) „Оваа песна ја пеевме со нашата мајка, таа е нашата семејна химна. Поради тоа што Невена не е со нас, во нејзина чест ќе ја отпееме, ‘Мама Хуанита‘, дел од композицијата“, рече актерката и пејачка Тања Кочовска. Невена Кочовска почина на 25 август во 2022, на 81 година, по долга борба со Алцхајмерова болест. Кочовска до самиот крај не ги заборави стиховите на песните на шпански јазик кои ги пела со „Мањифико“. Откако ја испејаа нивната химна во придружба на гитарист, присутните коментираа дека Панче Кочовски звучи одлично, како да е активен музичар и сега. Тања и Лидија Кочовски се расплакаа додека ја пееја „Мама Хуанита“ заедно со татко им, во чест на мајка им Невена. (Фото: К. Попов) „Ансамблот ‘Мањифико’ е формиран во август во 1959 година и својата кариера ја завршува на 22 јуни во 1990. Членовите на овој музички состав уште на самиот почеток со интерпретација на повеќе жанрови и стилови го почуствувале интернационализмот и глобализацијата на мучката уметност. Сепак се определиле за латиноамериканската музиика и за италијанска шансона. Во 31-годишната музичка одисеја, музицираа десет постојани и двајца повремени музички уметници. Ги имаат гледано преку 8 милиони луѓе. Невенка Кочовска беше солистички вокал и ѕвезда на ансамблот“, кажа актерот Предраг Павловски, сопругот на Тања Кочовска, кој ја водеше изложбата. Изложбата ја водеше актерот Предраг Павловски. (Фото: К. Попов) Меѓу гостите беше и тапанарот Гарабет Тавитјан. „Сите ние што растевме низ градов и се збиравме кај некогашната Француска школа пред земјотресот, учевме музика со ‘Мањифико’. Таму се формираа првите скопски бендови“, ни рече Тавитјан. На изложбата дојдоа и многу пријатели на семејството Кочовски меѓу кои Дарио Панковски, Зорица Поп-Панкова, Петар Галев кој беше член на составот, актерот Благоја Чоревски, новинарот Тимчо Апостолов. Дарио Панковски и Панче Кочовски. (Фото: К. Попов) „Мило ми е што се видовме, што видовте дел од она што сум го направил. Ќе се обидам уште нешто да направам ако ми даде горниот живот“, рече Панче Кочовски на крајот. Актерот Благоја Чоревски со сопругата Магдалена беа гости на изложбата. (Фото: К. Попов) Тој сакал изложбата да ја организира на 11 октомври, на 60- годишнината од бракот со Невена, но тогаш не нашол слободен простор. М. ЏАРОВСКА...
ПРЕСЕЧЕНИ ДВА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ КАБЛИ ВО БАЛТИЧКОТО МОРЕ, ГЕРМАНИЈА И ФИНСКА ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ВОДИ ХИБРИДНА ВОЈНА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Германија и Финска изразија длабока загриженост откако бил пресечен подморски телекомуникациски кабел што ги поврзува двете земји, што се случува среде засилените тензии со Русија. „Нашата европска безбедност не е под закана само поради руската војна во Украина, туку и поради хибридното војување на злонамерни играчи“, соопштија двете држави. Паралелно со оштетувањето на овој 1.200 километри долг кабел, во неделата имало прекин на интернет врската помеѓу Литванија и шведскиот остров Готланд. Финскиот оператор за телекомуникации „Цинија“ соопшти дека бил пресечен кабелот со оптички влакна што се протега од Хелсинки до германскиот град Росток и дека ќе бидат потребни околу 15 дена за да се поправи. „Инцидентот веднаш покрена сомнежи дека штетата намерно била предизвикана“, кажаа Финска и Германија. Литванија потврди дека бил пресечен уште еден кабел во Балтичкото Море, долг 218 километри, со кој шведската компанија „Арелион“ го пренесува интернет сообраќајот на најголемиот литвански интернет оператор „Телиа“. „Од примарна важност е да се разјасни зошто моментално не работат два кабли во Балтичкото Море“, изјави шведскиот министер за цивилна заштита Карл-Оскар Болин....
ЌЕ ИМА ОПИПЛИВ ОДГОВОР АКО РУСИЈА БИДЕ НАПАДНАТА СО ЗАПАДНИ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ, КАЖА МОСКВА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Москва предупреди дека ќе има соодветен одговор ако Украина ја нападне руската територија со проектили со долг дострел добиени од западот. Џо Бајден досега јавно не ги потврдил пишувањата на американските медиуми дека дал вакво одобрение, туку денеска само кажа дека САД силно ги поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. „Употребата на проектили со долг дострел за напади врз руска територија ќе значи директно вклучување на САД и нивните сателити во непријателствата против Русија, како и радикална промена на суштината на конфликтот. Руски одговор во тој случај ќе биде соодветен и опиплив“, соопшти руското министерство за надворешни работи. Вашингтон ја правда својата одлука со присуството на севернокорејските трупи во Русија. Американските медиуми биле известени дека користењето на западните проектили со долг дострел би било ограничено на рускиот регион Курск, каде што украинските сили упаднаа во август и зазедоа значајна територија. Се верува дека севернокорејските трупи пристигнаа за да ѝ помогнат на Русија во ослободувањето на Курск. Украина веќе располага со проектили со долг дострел, но досега ги користеше само за напади врз окупираните делови на земјата. САД ѝ испорачаа проектили „АТАЦМС“ пред повеќе од една година, додека Франција и Велика Британија донираа проектили „сторм шедоу“, но со ограничувања со нив да не се гаѓа руска територија....
ФУДБАЛЕРОТ НА ТОТЕНХЕМ БЕНТАНКУР ДОБИ СУСПЕНЗИЈА ОД СЕДУМ НАТПРЕВАРИ ЗАШТО КАЖА ДЕКА СИТЕ КОРЕЈЦИ МУ ИЗГЛЕДААТ ИСТО
Сакам да кажам - пред 2 дена
Фудбалерот на Тотенхем Родриго Бентанкур е суспендиран седум натпревари од Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) поради расистичка изјава за Јужнокорејците, која се однесуваше на неговиот тимски колега Сон Хеунг-мин. Инцидентот се случи во јуни, кога Бентанкур гостувал на една телевизија во родниот Уругвај, при што водител му побарал дрес од Тотенхем. „Дрес на Сони? Би можел да биде и од негов роднина зашто сите ми изгледаат исто горе-долу“, одговорил 27-годишниот Бентанкур. Тој тогаш бил приватно таму, па прекршокот спаѓа во надлежност на ФА, која кажа дека играчот постапил на несоодветен начин и употребил навредливи зборови. Бентанкур исто така ќе мора да плати казна од 100.000 фунти и да оди на советување. Уругвајскиот репрезентативец подоцна се извини на социјалните мрежи и кажа дека тоа била многу лоша шега. Сон минатиот месец изјави дека помеѓу нив нема лоши чувства и дека Бентанкур и лично му се извинил. Бентанкур оваа сезона беше стандарден во тимот на Тотенхем и на 15 средби постигна еден гол....
ШТИП И АРАЧИНОВО ПРВИ ЌЕ ГО СОБИРААТ ТЕКСТИЛНИОТ ОТПАД КОЈ ЌЕ СЕ РЕЦИКЛИРА ВО ТУРЦИЈА
Сакам да кажам - пред 2 дена
Денеска во Штип се поставени првите контејнери за организирано собирање на текстилниот отпад, а наредната локација е Општина Арачиново. Фирмата „Еко текстил“ ќе отвора вакви складишни депонии и во oстанатите градови во Македонија кои имаат текстилен отпад. „Штип доби пет специјални контејнери за текстилен отпад кои ќе бидат распоредени на исто толку локации во Општина Штип, каде ќе може фирмите и граѓаните да го складираат текстилниот отпад кој ако е мешовит ќе оди на согорување, а чистиот текстилен отпоад ќе се собира и ќе биде наменет за рециклирање во Турција“, вели директорот на Јавното претпријатие (ЈП) „Исар“ Александар Арсовски. „Контејнерите се проект на фирмата ‘Еко текстил’ која предвидува во наредниот период вакви контејнери да постави и во останатите градови во Македонија, посебно во оние кои имаат текстилни конфекции кои севкупно имаат по илјадници тони текстилен отпад што досега завршуваше во локалните депонии и се палеше, а сега со овој проект целта е чистиот отпад да се рециклира преку фирмата која ги обезбедува специјалните контејнери за текстилен отпад“, вели претставникот на фирмата Фируз Мемед. Во Штип, кој важи за најголем регион од оваа гранка со најмногу текстилни фабрики и модни конфекцции, месечно во контејнерите на фирмите и во локалната депонија се складираа стотици тони текстилен отпад, а и депониите во соседните општини кои сега се соочуваат со локалното разграничување на отпадот имаат можност со вакви селектирани контејнери да го издвојуваат текстиолниот отпад и од него да заработуваат. Т. ЈОВАНОВСКИ...
ИНСПЕКТОРКАТА ОД КУМАНОВО ФАТЕНА СО МИТО, ОД ПРИТВОР Е ОДНЕСЕНА НА ПРЕГЛЕД, AMA СУДОТ НЕ ЗНАЕ ДЕКА Е ЗАДРЖАНА ВО ПРИВАТНА БОЛНИЦА ВО СКОПЈЕ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Градежната инспекторката вработена во Општина Куманово, која пред три недели беше фатена како прима мито од граѓанин, наместо во притвор во затворот К`шање се наоѓа на лекување во приватна болница во Скопје, поради влошена здравствена состојба. Таа во петокот се пожалила на затворската управа дека има проблеми со срцето и белите дробови, по што со дозвола на судија на претходна постапка во Основен суд Куманово била пренесена на преглед во здравствена установа. Од судот денеска не знаеја дека инспекторката е задржана на лекување. „На барање на установата во која ја издржува определената мерка притвор во петок е издена согласност лицето да биде однесено на преглед во болницата ‘Систина’. За другото судот нема податоци. Доколку е задржана на лекување установата треба да извести, меѓутоа до денеска немаме таков податок“, велат од Кумановскиот суд за САКАМДАКАЖАМ. Од Казнено-поправната установа (КПУ) – затвор Куманово, велат дека инспекторката прво ја прегледал лекар по општа пракса од Брза помош Куманово, кој дал упат за преглед во „Аџибадем Систина“, па тие побарале одоберение од судот да биде пренесена во Скопје. „Ние имаме повратна информација дека притвореното лице е задржано на лекување, но од кои причини и колку време ќе остане немаме известување од болницата. Ние денеска ја препративме информацијата до судот, која најверојатно ќе стигне утре“, велат од Казнено поправната установа (КПУ) Куманово. ДОДЕКА ПРИМАЛА 4.000 ЕВРА ПОТКУП УАПСЕНА ГРАДЕЖНА ИНСПЕКТОРКА ВРАБОТЕНА ВО ОПШТИНА КУМАНОВО Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Л. Т. (60) од Куманово на 7 ноември, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело Примање поткуп. „Пријавената, овластен градежен инспектор во Општина Куманово, на 1 ноември годинава, во угостителски објект во Куманово била затекната како прима поткуп. Имено, на 25. септември граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л. Т. во Општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба, кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1.500 евра, за да на 31 октомври ја покачи сумата за поткуп на 4.000 евра“, соопшти МВР. Инспекторката била фатена во моментот додека ги земала обележаните пари. Од Основното јавно обвинителство велат дека истрагата за обвинението за примање поткуп е при крај, преземени се сите истражни дејствија, сослушани се сведоци и оштетениот, обезбедени се бројни материјални докази, парите, како и видеоматерјал. С. НИКОЛИЌ...
ДОЛЖНИ СМЕ МУ НА КРСТЕ МИСИРКОВ УШТЕ ДА ГО ИСТРАЖУВАМЕ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК, РЕКОА ЛИНГВИСТИ И ИСТОРИЧАРИ НА 150-ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО
Сакам да кажам - пред 2 дена
Крсте Мисирков не случајно е најголемиот Македонец на 20. век, затоа што тој ги поставува основите на кодифицираниот, на стандардниот македонски јазик. Прашањата што се поставувале тогаш, еден дел се одговорени, меѓутоа еден дел, дел од нашите соседи, сè уште сакаат да ги негираат, рече директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова- Грујовска на денешното одбележување на јубилејот 150 години од неговото раѓање. Во чест на јубилејот, денеска се одржа тркалезна маса „Академскиот профил на Крсте Мисирков“ на Институтот за македонски јазик во заедничка организација со Институт за национална историја, Институт за фолклор „Марко Цепенков“ и Институт за македонска литература. „Македонски пошти“ издадоа поштенска марка со номинална вредност од 36 денари и тираж од 6.000 примероци. Дизајнер на марката е Лоран Куфало. „Постоењето на македонската држава е факт, македонскиот јазик како литературен јазик е факт, прифатен во светот, и признат во највисоките лингвистички кругови и во највисоките славистички кругови. И од тие причини денеска ние, всушност, само треба да се потсетиме на тоа што ни го остави Крсте Мисирков како аманет, и само треба да ја продолжиме неговата борба. Ако тој во време на непризнавање на македонскиот народ, на непостоење македонска држава, целиот свој работен и животен век го посвети на македонското прашање и на признавањето и созадавањето на македонскиот јазик, ние сме должни, тоа е наш патриотски чин да го истражуваме македонскиот јазик, да го проучуваме, и секако да се потсетуваме на делото на Крсте Мисирков“, рече Јованова-Грујовска. Од денешното одбележување на јубилејот 150 години од раѓањето на Крсте Мисирков. (Фото: Институт за македонски јазик) Професор д-р Лилјана Гушевска од Институтот за национална историја кажа и дека за Мисирков е секогаш важно да се зборува, и никогаш не е доволно она што е кажано. „Досега се напишани илјадници страници, и од домашни и од странски истражувачи, и не само што ние Македонците со голем пиетет се однесуваме кон неговото дело, туку импозантно е кога ги читаме странските лингвисти, историчари, проучувачи на делото на Мисирков со каква почит зборуваат за него. Навистина, Мисирков оставил едно огромно наследство. Тоа наследство не може да се брои со страниците што ги испишал, затоа што секој збор е извонредно значаен, затоа што Мисирков, едноставно, ни оставил една национална програма, и во книгата ‘За македонските работи’, но и со севкупното негово дело. Ни оставил национална програма како се сака и се почитува татковината, како се сака и се почитува мајчиниот јазик, каков однос треба да имаме кон сето она што не прави нас Македонци, различни од другите. Тој секогаш бил со почит кон другите, секогаш бил да ги почитува културата историјата, идентитетот на другите народи, на другите луѓе. Но, затоа и барал и нам Македонците да ни се признае правото како оделен народ со свој јазик и свој идентитет, и целиот свој живот тој доследно го работел тоа како македонски интелектуалец“, кажа професорката Гушевска. Професор д-р Билјана Ристовска-Јосифовска од Институтот за национална историја истакна дека идеја да се организира оваа тркалезна маса не е само поради фактот што одбележуваме 150 годишнина од раѓањето на овој голем македонски деец, туку и затоа што е ова време можеби погодно да се истакне неговата улога, не само она што го направил, туку и да се афирмира академскиот профил на Крсте Мисирков. „Понекогаш се запоставува тој аспект и особено е жално што своевремено кога тој живеел во својата современост, не бил доволно афирмиран од низа околности во коишто живеел и коишто ја засегнувала, пред сѐ Македонија. Тоа е време на крајот на 19. век и почетокот на 20. век, време кога славистичката наука и не само славистичката наука, туку и политиката, имено, се занимава со Македонија и Македонците обидувајќи се да ја проучи Македонија, но притоа многупати негирајќи го македонскиот идентитет. Во такви услови се раѓа делото на Крсте Мисирков и токму како и многумина и неговото дело не е доволно и во неговата современост афирмирано. Да се надеваме дека на овој начин уште еднаш ќе поттикне натамошни истражувања на Мисирков, зашто тие заслужуваат и неговите истражувања, но и нашите на Мисирков“, рече Ристовска-Јосифовска. Таа потенцираше дека во неговите истражувања може да се најдат одговори на сите прашања коишто биле горливи и тогаш, а за жал се горливи и денеска. „Сметаме дека и натаму треба да продолжиме со неговите истражувања бидејќи во неговите истражувања може да се најдат одговори на сите прашања коишто биле горливи и тогаш, а за жал се горливи и денеска. Па, имаме проблеми со докажување на нашето право на името, јазикот, идентитетот, фолклорот, традицијата, ‘позајмувањата“’од страна на соседите на делови од нашата историја итн. За жал, истите проблеми се провлекуваат ако ги читате неговите трудови со денешните состојби. Да се надеваме дека ќе се промени тоа“, рече проф. Ристовска- Јосифовска....
БОЛНИТЕ ГИ ИГНОРИРААТ СИМПТОМИТЕ НА БЕЛОДРОБНАТА БОЛЕСТ ХОББ И ДОЦНА ДОАЃААТ НА ПРЕГЛЕД, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА Д-Р КАРКИНСКИ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ) е многу честа во Македонија, но повеќето граѓани не знаат дека боледуваат од неа, вели д-р Димитар Каркински, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза Скопје. Според него, ако се земат предвид светски статистики, во Македoнија би имало минимум 100.000 заболени лица. „Овој ден го користиме за прославување на ХОББ. Всушност, сакаме да ја подигнеме свеста на граѓаните за оваа болест. За жал, оваа болест е многу честа во Македонија. Најглавна причина за ова е пушењето. Македонија е меѓу првите три земји во Европа по користење цигари и се смета дека 45 отсто од возрасната популација во Македонија се пушачи. За жал и самите пациенти не знаат дека имаат хронична опструктивна белодробна болест, т. е. имаат симптоми, ама или не ги препознаваат или ги игнорираат, а тоа го знаеме бидејќи немаме толкав број пациенти кои доаѓаат на прегледи, а во консултации со Фондот за здравство, не се ни издаваат толкав број лекови што би требало да ги примаат овие пациенти“, вели Каркински, додавајќи дека има ХОББ дијагнози во детска возраст, но, генерално, тоа се мажи пушачи над 40 години. Тој ја спомна кашлицата како карактеристичен симптом што се игнорира. „Прво кашлицата, особено пушачите, сите кашлаат, а никој не доаѓа на преглед. Веќе кога ќе осетат глад за воздух или кога ќе почнат да им ‘свират’ градите, кога не ќе можат да излезат до надвор, кога ќе им биде тешко да се качуваат по скали, веќе тогаш доаѓаат на прегледи, но веќе таа болест е напредната. За жал, белите дробови неповратно се уништени“, вели Каркински. Тој потенцира дека аерозагадувањето влијае и кај здрави и кај болни. „Само кај здравите не прави толку голем проблем, додека кај пациентите кои веќе имаат хронична опструктивна белодробна болест, бидејќи тоа е хронично воспаление, тоа е како сол на рана да му ставате“, вели д-р Каркински....
ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВИШОТО СКОПСКО ОБВИНИТЕЛСТВО ГО ПОБЕДИЈА ПРЕД СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ШЕФОТ МУСТАФА ХАЈРУЛАХИ КОГО ГО ПРИЈАВИЈА ЗА МОБИНГ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Советот на јавните обвинители на денешната седница ја потврди суспензијата на шефот на Вишото јавно обвинителство (ВЈО) Скопје Мустафа Хајрулахи, кој беше суспендиран од Државнот обвинител Љупчо Коцевски по поплаки на вработените од администрацијата. Советот на јавни обвинители едногласно одлучи јавноста да биде исклучена при разгледувањето на предметот СОЖ бр.2/24 оформен по повод жалбата на Вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје Мустафа Хајрулахи против одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Дов бр.49-2/2024 од 11.11.2024 година. Неодамна, Државниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски одлучи да го суспендира Хајрулахи и да го оддалечи од работното место (од функцијата), прифаќајќи ги сите поплаки на вработените од администрацијата против шефот Хајрулахи, кој секојдневно ги држел во страв од преместување, бркање од работа и од поднесување кривични пријави и други закани. „По разгледувањето на списите на предметот СОЖ бр.2/24 и дискусијата во која учествуваат сите присутни членови на Советот, се повика јавноста за да се пристапи кон гласање во смисла на член 52 став 2 од Законот за Советот на јавните обвинители. Како резултат на тоа, со мнозинство гласови на членовите на СЈО, се донесе одлука да се потврди одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија со која Вишиот јавен обвинител на ВЈО Скопје се оддалечува од вршењето на функцијата јавен обвинител, сметано од 11.11.2024 година за време додека трае кривичната постапка против него“, кажа Советот дека денеска ја потврдил одлуката Хајрулахи да не смее да влезе во Обвинителството. С. К. ДЕЛЕВСКА...
НА 20 НОЕМВРИ ПРЕМИЕРА НА „12“ ВО МНТ, РЕЖИСЕРОТ СИНИША ЕВТИМОВ ЈА ПОСВЕТИ НА МИРКО ПОПОВ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Претставата „12“ во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите на „12 лути мажи“ (12 Angry Men) на Реџиналд Роуз, задутре (20 ноември) има премиера Македонскиот народен театар (МНТ). Евтимов ги обедини реномираните македонски актери Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски, Сашко Коцев, како и Тања Ивановска (Судија). „Претставата е посветена на прерано починатиот, наш соработник и пред сѐ голем пријател, Мирко Попов“, велат од МНТ. Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности. „Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8“, велат од МНТ. Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото – Мартин Манев, а музиката е на ПМГ Колектив. Претставата е наменета за возрасна категорија над 16 години. Б. НЕСТОРОСКА...
РУСИЈА ЈА НАПАДНА ОДЕСА СО БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛИ, НАЈМАЛКУ ОСУММИНА МРТВИ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Русија изведе напад со балистички проектили врз Одеса, при што загинаа најмалку осуммина луѓе. Регионалниот шеф Олег Кипер кажа дека има и 39 ранети, вклучувајќи четири деца. „Тројца од повредените се во критична состојба“, додаде Кипер. Претседателот Володимир Зеленски кажа дека во нападот биле погодени паркинг, станбена зграда, универзитет и административна зграда. „Русија и со овој напад покажа за што е навистина заинтересирана: само војна и тоа треба да го знае целиот свет“, кажа Зеленски, додавајќи дека се утврдуваат точниот број жртви и обемот на штетата. Одеса е без струја од вчерашниот голем руски напад врз енергетскиот систем на Украина. Русија ноќеска го ракетираше и градот Суми, при што имаше најмалку 11 мртви и 89 ранети....
СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА 15-ГОДИШНО ДЕТЕ КОЕ ЗАБОДЕ НОЖ В ГЛАВА НА ВРСНИК ВО АВТОБУС НА ЈСП „СКОПЈЕ“
Сакам да кажам - пред 2 дена
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка против дете во судир со законот родено 2009 година, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Истовремено, побара и мерка притвор за 15-годишникот. На 25 октомври, детето заедно со други непознати лица, почнале разговор со малолетник, но набрзо потоа без особен повод започнале да го удираат со тврди предмети. Детето насилник, за кое се бара притвор, извадило нож и ја прободело жртвата во натколеницата, соопшти ОЈО Скопје. „На 13 ноември, во автобус на ЈСП ‘Скопје’, тој во група со уште три непознати лица, извршил грубо насилство и нанел телесна повреда – убоди со нож во главата на 15-годишник, со што кај останатите патници предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв”, вели ОЈО Скопје. Расте насилството од деца врз деца и малолетници во Скопје. Од досега расчистените бројни случаи оваа година, може да се заклучи дека насилствата и вооружените напади од деца беа за ограбување, најчесто пари и мобилни телефони од жртвите, нивни врсници. Во овој случај, за кој денеска соопшти Скопското обвинителство, не се работи за грабеж, туку за насилство со бодење со нож. С. К. ДЕЛЕВСКА...
ЛЕГЕНДАРНИОТ ТЕНОР ПЛАСИДО ДОМИНГО ЌЕ ИМА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 14 МАРТ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Легендарниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, ќе одржи концерт во Скопје на 14 март следната година, во салата „Борис Трајковски“ од 21 часот, објави продукција „Прагма“ која го организира концертот во копродукција со Националната опера и балет (НОБ). На концертот во Скопје Доминго ќе настапи и италијанската сопранистка Марија Жосе Сири, а ќе диригира Жорди Бернасер од Шпанија Хозе Пласидо Доминго Ембил е шпански оперски пејач и диригент со преку 150 оперски улоги на италијански, француски, германски, шпански, англиски и руски јазик во најпрестижните оперски куќи во светот. Доминго го нарекуваат најпознатиот Отело во неговата генерација, настапувајќи го главната улога во операта на Џузепе Верди. Има освоено 12 Греми награди. Доминго е основач и претседател на меѓународниот натпревар за пеење „Опералија“, и а е активно вклучен во откривање млади оперски таленти. Многу актуелни оперски ѕвезди, како Ервин Шрот и Роландо Вилазон, кариерата ја почнале токму како победници на Опералија. Имал повеќе од 4.400 настапи како тенор и повеќе од 600 настапи како диригент. Бил генерален директор на Операта во Лос Анџелес и Националната опера во Вашингтон. ЕМ ГО ВИДОВ РЕАЛ, ЕМ ЗЕМЈАТА НА ДРУГАР МИ АКИ, ВЕЛИ ОПЕРСКАТА ЛЕГЕНДА ПЛАСИДО ДОМИНГО Во 2017, Доминго дојде во Скопје на 24 часа, за да го гледа Реал Мадрид како го освојува УЕФА Супер купот, а беше гостин на блискиот другар Аки Нуредини во неговиот дом во тетовското село Камењане. Нуредини, чиј прочуен ресторан во Виена е неформално сврталиште на сите оперски ѕвезди, а самиот е оперски импресарио, со Доминго го врзува повеќегодишно пријателство. Во интервјуто за САКАМДАКАЖАМ.МК во таа пригода, на прашањето каков совет им дава на младите пејачи, Доминго рече – да бидат внимателни. „На младите пејачи им велам дека мора да бидат многу внимателни – ги има толку многу. Мора да научат да не прифаќаат улоги кои не им одговараат ни нивните гласови. Тоа не е лесно, особено што има голем притисок од директорите на оперите. Но директорите имаат друг интерес, кој неретко е различен од оној на пејачот, па ако не одолеееш на притисокот може да завршиш со погрешни улоги кои сериозно ќе ти ја засегнат кариерата“, рече тогаш Доминго во интервјуто за САКАМДАКАЖАМ.МК. М. ЏАРОВСКА...
ИТНО ДА ПРОРАБОТИ МЕРНИОТ ИНСТРУМЕНТ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ КОЈ НЕ РАБОТИ 10 ДЕНА, БАРААТ ВЕЛЕШКИТЕ ЕКОЛОГИСТИ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Потребно е мeрните инструменти за квалитетот на воздухот во Велес, да се стaват во функцијa што, тоа е потребно заради здравјето на велешани, да знаат каков воздух дишат во период кога започна греењето на домовите, бараат велешките екологисти, откако од 9 ноември мерните инструменти на Министерството за животна средина (МЖСПП), не ги покажуваат часовните и дневните вредности. „Ова е сериозен проблем, оти граѓаните немаат информација за состојбата со квалитетот на воздухот. Тоа е директен проблем за здравјето. Со ова се случува ненавремено реагирање на надлежните ако е надминат прагот на информирање или на алармирање. Ги повикуваме надлежните, ваквата состојба да се реши во најкус рок. Време е на овие проблеми да им се даде приоритет“, вели Сашка Коцевска од еколошкото друштво Вила Зора, од Велес. Праг на информирање е кога два дена врзани еден по друг е надмината вредноста од 100 мг/м3, а прагот за алармирање е кога два дена по ред е надмината граница од 150 мг/м3. Во такви услови, локалната валст има законска обврска да преземе мерки за заштита на здравјето на граѓаните. „Од 9 ноември, поради проблем со уредот за преземање податоци во мониторинг станицата за квалитет на воздух Велес 2, нема можност да се воспостави комуникација со базата за собирање на податоците и поради тоа податоци за измерените концентрации на загадувачките супстанци не се прикажуваат на порталот за квалитет на воздух“, соопшти Министерствоо зошто ги нема резултатите од квалитетот на воздухот во Велес. Мерењето на квалитетот на воздухот во Велес се врши на едно мерно место, во наслебата Тунел, во дворот на тамошната градинка. Минатата година, Општина Велес побарала од Министерството за животна средина да постави уште една мерна станица, во стариот дел на градот, но била одбиена. Најавуваат дека ќе бараат и следната, оти можеби според годишниот план за работа за 2025, ќе има средства за таква намена. Според истражувањето на Општина Велес од пред седум години, 65 отсто од загадувањето во градот е резултат на домаќинствата, па на сообраќајот, а најмалку е на индустријата. Во време кога работеше Топилницата, во Велес имаше пет мерни станици, дел државни и дел општински. П. ПЕЧКОВ...
ИНСПЕКТОР ИЗДАЛ РЕШЕНИЕ ЗА СТОПИРАЊЕ НА ГРАДБАТА ВО СТРУШКАТА ЧАРШИЈА, ГРАДИТЕЛОТ СИ ГРАДИ ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНД
Сакам да кажам - пред 2 дена
Постапувајќи по претходна пријава, овластен градежен инспектор при Општина Струга констатира дека објектот кај поранешниот клуб „Холивуд“ во самата струшка чаршија се гради незаконски и спротивно на Законот за градење. Инспекторот издал решение за стопирање на градбата, а издаден е и рок за усогласување на објектот со законот за градење од градителот. Но наместо да сопрат градежните активности на објектот се работи за време на викенди, вели граѓанин кој случајот го пријави на алатката Пријави корупција на САКАМДАКАЖАМ.МК. „Револтиран сум што секојдневно пред нос ни никнуваат нелегални градби. Знам дека е издадено решение за стопирање на градбата, но еве и претходниот викенд се работеше“, вели стружанецот во пријавата. САКАМДАКАЖАМ.МК ја контактираше пратеничката од Левица Јована Мојсоска, која го поднела барањето за вонреден инспекциски надзор на објектот и во телефонскиот разговор ни кажа дека постојат основи за сомневање оти на КП. бр. 1604 за КО Струга се изведува бесправна градба, што претставува кривично дело. Таа во петокот до Основното јавно обвинителство Струга поднесе барање за изрекување привремени мерки за спречување на кривично дело Бесправно градење. „Согласно со Член 202 од Законот за кривична постапка, судот може, по барање на јавниот обвинител, да изрече привремени мерки за одземање на имот или предмети кои потекнуваат од извршување на кривично дело, или да преземе други неопходни мерки за да се спречи користењето, отуѓувањето или располагањето со тој имот или предмети. Во овој случај, барам да се изречат привремени мерки за запирање на понатамошното бесправно градење на КП.бр. 1604 за КО Струга, а согласно Записник за констатација ИПбр.26-261 од 17.10.2024 и Решение ИП1бр. 26-261 од 22.10.2024 издадени од овластен градежен инспектор при Општина Струга“, вели Мојсоска. Објектот кој е во самата Струшка чаршија е само еден од трите за кои во моментот градежен инспектор има издадено решение за стопирање на градбата. (Фото: СДК.МК) Таа побара Основното јавно обвинителство во Струга да поднесе барање до надлежниот суд за изрекување на следните привремени мерки: Привремено запирање на градежните активности, отстранување на бесправно изградените објекти како и забрана за понатамошно градење. Според неа, привремените мерки се неопходни за да се спречи понатамошно извршување на кривичното дело и да се заштити јавниот интерес, како и да се спречи можноста за понатамошно оштетување на урбанистичкиот план и нарушување на јавниот ред и мир. „Според информациите со кои располагам, на КП.бр. 1604 за КО Струга се изведува градба без соодветно одобрение за градење, што претставува кривично дело според Член 244-а од Кривичниот законик. Оваа градба е во спротивност со важечките урбанистички планови и претставува сериозна закана за јавниот интерес и безбедноста на граѓаните“, вели Мојсоска. „Инвеститорот узурпирал и земјиште во сопственост на државата, но од Државното правобранителство засега нема реакција, иако токму овој орган е надлежен да ги застапува и брани интересите на државата“, велат од Левица- Струга. Оттаму апелираат ОВР – Струга веднаш да иницираат кривична постапка за кривично дело Бесправно градење, а ОЈО Струга да поднесе обвинителен акт. „Левица ќе продолжи да го следи овој случај, со цел истиот да не се заташка и повторно да никне уште една дивоградба во срцето на старата Струшка чаршија“ велат од Левица. Од ОЈО велат дека до овој момент нема поднесено пријава за овој случај, односно инспекторот кој констатирал неправилности сè уште нема поднесено кривична пријава. Објектот кој е во самата Струшка чаршија е само еден од трите за кои во моментот градежен инспектор има издадено решение за стопирање на градбата. Една од трите незаконски градби за кои постои решение за стопирање е и објектот до угостителски објект „Аполонија“ на само 20 метри од Охридското Езеро, кој се изгради и покрај сите претставки но и кривична пријава за познат сторител поднесена во 2021 од Државниот инспекторат за животна средина. (Фото: СДК.МК) Никола Кукунеш, советник во Советот на Општина Струга, вели дека Судот е тој кој најмногу затајува во случаите кога станува збор за делот на нелегалната урбанизација. „Тука застануваат сите заложби за да се реши секој еден ваков проблем. Во моментов има три градби коишто имаат континуитет во поглед на завршување на градежните работи, кои пак најчесто се одвиваат за време на викенд кога ниту инспекторатот, ниту обвинителството не работат. Го користат тој вакум простор набрзина да си ги завршат сите нелегални активности“, вели Кукунеш. Тој кажува дека и во овој случај сопствениците се познати и на инспекторатот и на Јавното обвинителство и на Судот, со што нивното откривање и санкционирање не би требало да преставува никаков проблем. „Најчесто тоа се луѓе блиски до владеачката гарнитура на локално ниво и тоа е силата или покритието коешто го користат за вакви нелегални активности, иако градоначалникот кога и да го прашате за ваква нелегалност тој се повикува на надлежните институции“, вели Кукунеш. ДО РЕСТОРАНОТ „АПОЛОНИЈА“ ВО СТРУГА НИКНУВА НОВA ДИВОГРАДБА, И ПОКРАЈ КРИВИЧНАТА ПРИЈАВА ПОСТАВЕНИ СЕ БЕТОНСКА ПЛОЧА И МЕТАЛНА КОНСТРУКЦИЈА Една од трите незаконски градби за кои постои решение за стопирање е и објектот до угостителски објект „Аполонија“ на само 20 метри од Охридското Езеро, кој се изгради и покрај сите претставки но и кривична пријава за познат сторител поднесена во 2021 од Државниот инспекторат за животна средина. Граѓаните стравуваат дека тоа ќе биде уште еден ресторан како во случајот со „Аполонија“, објект кој е изграден со решение за градење затворена спортска сала на крајбрежјето на Охридското Езеро каде нема детален урбанистички план (ДУП), а работи како угостителски објект за организирање свадбени прослави. С. ВРЕНЦОВСКА...
АКО УКРАИНА ЈА ГАЃА РУСИЈА СО АМЕРИКАНСКИ ПРОЕКТИЛИ, ЌЕ СМЕТАМЕ ДЕКА НАПАДОТ ГО ИЗВЕЛА АМЕРИКА, КАЖА КРЕМЉ
Сакам да кажам - пред 2 дена
Ако проектили обезбедени од САД паднат длабоко во Русија, Москва ќе смета дека овој напад бил изведен не од Украина, туку од самата Америка, објави Кремљ утрово, реагирајќи на одлуката на Џо Бајден да ѝ дозволи на Украина да ја напаѓа Русија со американски оружја со долг дострел. „Русија и Владимир Путин јасно ги кажаа своите позиции. Оваа одлука на САД значи ново ниво на вклученост на Вашингтон во конфликтот. Јасно е дека администрацијата на Бајден сака да долее масло на огнот и да испровоцира ескалација на тензиите“, објави Кремљ. Украина со месеци бараше од западните сојузници да ѝ дозволат да користи проектили со долг дострел за напади во длабочината на Русија, за што Владимир Путин на 12 септември кажа дека би значело директно вклучување на НАТО во војната во Украина. Украина веќе располага со проектили со долг дострел, но досега ги користеше само за напади врз окупираните делови на земјата. САД ѝ испорачаа проектили „АТАЦМС“ пред повеќе од една година, додека Франција и Велика Британија донираа проектили „сторм шедоу“, но со ограничувања со нив да не се гаѓа руска територија. Овие ракети имаат дострел од околу 300 километри и Украина со нив напаѓаше цели во Бердјанск и Луганск на истокот на земјата, како и на Крим. Бидејќи само малку држави го имаат признато анектираниот полуостров Крим за дел на Русија, тој не потпаѓаше под западните ограничувања за употреба на проектилите....
ПОЧИНА ЕДНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО НЕСРЕЌАТА ВО НОВИ САД, БРОЈОТ НА ЖРТВИТЕ ПОРАСНА НА 15
Сакам да кажам - пред 2 дена
Почина еден од тројцата пациенти кои беа примени во болница со тешки повреди по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, со што бројот на жртвите порасна на 15. „Во прашање е пациентката која ги имаше најтешките повреди. Таа е 15. жртва на несреќата која се случи во Нови Сад на 1 ноември. И покрај напорите на лекарите, дојде до смртниот исход“, изјави директорката на клиничкиот центар „Војводина“, Весна Туркулов. Таа додаде дека повредите кај починатата биле опасни по живот од самиот почеток и дека лекарите ја продолжуваат борбата за спас на останатите двајца тешко повредени. Тие се во свесна, но и натаму во критична состојба. Во уривањето на настрешницата на самото место загинаа 14 луѓе, меѓу кои и Македонецот Велко Саздовски, кој работел како научник во Нови Сад....
НА 39 ГОДИНИ ЗАГИНА ЕДЕН ОД ВОДЕЧКИТЕ СВЕТСКИ БАЛЕТАНИ ВЛАДИМИР ШКЉАРОВ, ПАДНАЛ ОД ПЕТТИ КАТ
Сакам да кажам - пред 3 дена
Еден од водечките светски балетани Владимир Шкљаров почина на 39 години, објави театарот „Марински“ во Санкт Петербург, каде што беше првенец. Руските медиуми објавија дека федералните власти ја истражуваат неговата смрт откако тој паднал од петтиот кат на зграда во Санкт Петербург додека бил под дејство на лекови против болки. Неговата портпаролка Ана Касаткина изјави дека Шкљаров требало да оди на операција на рбетот оваа недела. „Ова е огромна загуба не само за нашиот театар, туку и за целиот современ балет. Тој беше исклучителен уметник кој инспирираше фанови низ целиот свет“, објави „Марински“. Шкљаров беше женет за балеринта Марија Шкљарова, со која доби две деца. Роден во тогашниот Ленинград, Шкљаров дипломирал на престижната руска балетска академија „Ваганова“ во 2003 и истата година станал член на „Марински“, каде што бил првенец од 2011. Меѓу сцените на кои што настапувал се Кралската опера во Лондон и операта Метрополитен во Њујорк. Во 2020 го доби признанието Почесен уметник на Русија....
НАЈМАЛКУ 11 МРТВИ ВО РУСКИ ВОЗДУШЕН НАПАД ВРЗ СУМИ, СЕ ЧЕКА РЕАКЦИЈА НА КРЕМЉ ЗА ОДЛУКАТА НА БАЈДЕН ДА ДОЗВОЛИ РАКЕТНИ УДАРИ ВРЗ РУСИЈА
Сакам да кажам - пред 3 дена
Најмалку 11 луѓе загинаа, вклучувајќи две деца од девет и 14 години, во руски ракетен напад врз Суми, неколку часа откако Џо Бајден ѝ дозволил на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје со долг дострел, што може да доведе до ескалација на војната. Во нападот, во кој се ранети 68 луѓе, е погодена деветкатна станбена зграда во центарот на Суми, објавија градските власти. Делови од градот останале без струја откако била погодена и клучната инфраструктура. Украинскиот електроенергетски систем беше мета на жесток руски напад вчера, при што биле лансирани 120 дронови и 90 проектили. Кремљ засега не реагираше на одлуката на Бајден, но руската пратеничка Марија Бутина изјави дека неговата влада на овој начин ризикува да почне трета светска војна. „Тие се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата до максимум додека сѐ уште се на власт. Имам големи надежи дека Доналд Трамп ќе ја промени оваа одлука зашто трета светска војна на никого не му е во интерес“, кажа Бутина. Украина со месеци бараше од западните сојузници да ѝ дозволат да користи проектили со долг дострел за напади во длабочината на Русија, за што Владимир Путин на 12 септември кажа дека би значело директно вклучување на НАТО во војната во Украина. Кон крајот на октомври, Путин рече дека руското министерство за одбрана работи на различни начини на одговори доколку САД и нивните сојузници во НАТО ѝ помогнат на Украина да удри длабоко во Русија со западни ракети со долг дострел. Украина во овие напади би можела да ги користи американските проектили „АТАЦМС“ и британските „сторм шедоу“, кои имаат дострел од околу 300 километри....
БАЈДЕН Ѝ ДОЗВОЛИ НА УКРАИНА ДА ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА СО АМЕРИКАНСКО ОРУЖЈЕ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ
Сакам да кажам - пред 3 дена
Aдминистрацијата на претседателот Џо Бајден ќе ѝ дозволи на Украина да користи оружје обезбедено од САД за да нападне длабоко на руска територија, рекоа три извори запознаени со ова прашање, што претставува значајна промена на политиката на Вашингтон во украинско-рускиот конфликт. Украина планира да ги изврши првите напади со долг дострел во наредните денови, велат изворите, без да откријат детали поради оперативни безбедносни прашања. Белата куќа одби да коментира. Потегот на САД два месеца пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата на 20 јануари, следи по неколкумесечните барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ѝ дозволи на војската на Украина да користи американско оружје за да погоди руски воени цели далеку од нејзината граница. Промената следи по руското распоредување на севернокорејски копнени трупи за дополнување на сопствените сили, развој што предизвика тревога во Вашингтон и Киев. Според изворите, првите длабоки напади најверојатно ќе бидат изведени со помош на ракети АТАЦМС, кои имаат дострел до 306 километри. Додека некои американски официјални лица изразија скептицизам оти дозволувањето напади од долг дострел ќе ја промени севкупната траекторија на војната, одлуката може да ѝ помогне на Украина во момент кога руските сили напредуваат и можеби ќе го стави Киев во подобра преговарачка позиција кога и ако се случат разговори за прекин на огнот....
ЛЕГЕНДАРНАТА АКТЕРКА БЕТИ ВАЈТ ЌЕ ДОБИЕ ПОШТЕНСКА МАРКА
Сакам да кажам - пред 3 дена
Поштата на САД објави дека ќе издаде поштенска марка со ликот на Бети Вајт, легендарната американска актерка која се прослави во комичните серии „Шоуто на Мери Тајлер Мур“ и „Златни девојки“. Таа почина на 99 години на 31 декември 2021, две недели пред да наполни 100 години. (Фото: Пошта на САД) Во кариерата која се протегна низ осум децении, Вајт освои осум Еми награди и еден Греми. Како еден од пионерите на телевизијата, таа ги отвори вратите на забавната индустрија за многу жени. „Иконата на американската телевизија, Бети Вајт (1922–2021) ја споделуваше својата духовитост и топлина со гледачите седум децении“, соопшти американската Пошта, при објавувањето на марката, на која е прикажана насмеана Вајт врз основа на фотографија од славниот фотограф Кваку Алстон од 2010. Родена во Оукленд во 1922, Вајт ја почнала кариерата во 1939, пеејќи во експериментален телевизиски пренос. По Втората светска војна, настапувала на радио, по што стана првата водителка на телевизиско ток-шоу. „Шоуто на Бети Вајт“ имаше премиера во 1954 година, но она што ја направи вистински славна беше улогата на Сју Ен Нивенс во „Шоуто на Мери Тајлер Мур“. Својот легендарен статус го зацементира со серијата „Златни девојки“ во 1980-ите. Поштенската служба не објави датум кога ќе биде издадена марката....
„ОПЕРАЦИЈАТА НОЌНА СТРАЖА“ ЌЕ ЈА РАЗОТКРИЕ ИСТОРИЈАТА НА РЕМЕК-ДЕЛОТО НА РЕМБРАНТ
Сакам да кажам - пред 3 дена
По пет години истражување и подготовка, Рајксмузеум во Амстердам ја започна втората фаза од својата јавна реставрација на ремек-делото „Ноќна стража“ на Рембрант ван Рајн. На 12 ноември, тим од осум конзерватори на Рајксмузеум започна со отстранување на лакот од сликата. „Отстранувањето на стариот лак ќе ни овозможи да ја зачуваме сликата за идните генерации“, велат од Mузејот. Процесот на реставрација се одвива во проѕирна стаклена комора во музејот. Посетителите можат да го следат во живо. Конзерваторите користат посебен вид ткиво со растворувач за да го растворат и апсорбираат лакот нанесен на „Ноќната стража“ за време на неговата реставрација во 1975-1976. Потоа, со помош на микроскоп и исклучителна прецизност го отстрануваат уште постариот лак со стапчиња со памук. Конзерваторите користат посебен вид ткиво со растворувач за да го растворат и апсорбираат лакот нанесен на „Ноќната стража“ за време на неговата реставрација во 1975-1976. (Фото: Рајксмузеум) „Овој момент е кулминација на долгогодишното научно истражување, примена на оваа техника на други слики и спроведување тестови на самата ‘Ноќна стража’“, велат од Музејот. Во текот на изминатите пет години, конзерваторите на Рајксмузеум го проучуваа секој сантиметар од „Ноќната стража“ користејќи ги најнапредните технологии, од дигитални слики и научни студии до вештачка интелигенција. „Ова дело доведе до различни откритија во нашето разбирање на состојбата на сликата и начинот на работа на уметникот“, додаваат од Музејот. Директорот Тако Дибитс се радува што ќе започне следниот дел од „Операција Ноќна стража“. „Фазата на реставрација е исполнета со исчекување: отстранувањето на лакот ќе ја разоткрие историјата на ‘Ноќната стража’ и ќе биде навистина уникатно искуство за публиката која ќе дојде во музејот, да може да го следи процесот од толку блиску“, рече тој....
ЕВРОПСКИТЕ СЕКС ЗАБАВИ СЕ НОВА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА
Сакам да кажам - пред 3 дена
По пандемиската ера на глад за поврзување меѓу луѓето, туристичката индустрија ја прифати сексуалната благосостојба како компонента на трендот на општа благосостојба (велнес) за кој сега се проценува дека вреди глобално повеќе од 651 милијарда долари, според Глобалниот институт за благосостојба, со работилници, одмори за парови и лекарски програми. Сега меѓународната сцена за секс забави е во подем. Груапцијата „Килинг китенс“ која организира секс забави низ светот, вели дека продажбата на билети се зголемила за дури 500 проценти од пандемијата, а компанијата со седиште во Лондон неодамна воведе и понуда за секс-забава на море и за забава која се продава за „геј, бисексуални мажи и нивните сојузници“. Фирмата „Пинки промис“, кој се смета за платформа за „истражување, лекување и изразување на вашата сексуалност“, исто така забележа пораст на продажбата на билети за своите забави. Според основачот Џаред Филипо, британската компанија сега е домаќин на просечно околу 1.100 гости на забавите во Лондон, Берлин и Париз, а претходно имаше по 400. Не се само паровите кои го поттикнуваат трендот; соло патниците патуваат и за секс забави, како онаа на фестивалот Доба на водолијата во Амстердам. Прилагодувањето на забавата до дестинацијата е клучен аспект за Филипо кога планира настани. „Катчето за гушкање“, каде што гостите можат да пијат чај и да се раскомотат, е голем хит во Лондон. Помалку во Берлин, град чиј хедонистички ноќен живот почна да го поттикнува туризмот по падот на Берлинскиот ѕид и каде што сексуалноста е еднакво важна за искуството со клабингот како и музиката. Многу од местата на тој град имаат темни соби – беспрекорна верзија на соба за игри, каде што посетителите на забавата можат да се вклучат во сексуални дејствија во релативна приватност. Советот на Филипо за сите кои присуствуваат на својата прва секс забава – освен јасно да разговараат за границите и согласноста со партнерите – е да се потрудат да се дотераат, да не се опиваат премногу и да се трудат да немаат очекувања. „Можеби немате никакво искуство со играње, или можеби ќе отидете и можеби ќе имате повеќе отколку што сте планирале“, вели тој. Пред каков било настан на „Пинки промис“, присутните добиваат е-пошта со потсетување на кодексот на однесување, кој вклучува користење „јасна директна вербална комуникација“, почитување на доверливоста (фотографирање е забрането) и „внимателен пристап“ при земање опојни супстанции. Членовите на тимот за заштита во елеци со висока видливост се позиционирани во текот на целиот настан, вклучително и на вратата од игротеката, каде што ја проценуваат подготвеноста на присутните пред да влезат, поставувајќи прашања како дали имаат јасно дефинирани граници со својот партнер. Иако дефинирањето и одржувањето на границите е од суштинско значење за позитивно искуство на секс забава, излегувањето од комфорната зона може да биде дел од привлечноста. Али Ајсеман, основачот на „Паспорт ту плежар“, услуга за коучинг на врски за парови, верува дека отворениот ум што го инспирира патувањето може да го засили искуството за секс забави. „Патувањето за секс забави ве става во состојба на љубопитност“, вели таа. „Можете да пробате работи што вообичаено не би ги имале“. Тоа е исто така можност, вели Исман, да се види како културните разлики на секое место се манифестираат во еротскиот израз....
ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИ БЕБИЊА, НА СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ПИЛОТ ПРОЕКТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ПРЕЕКЛАМПСИЈАТА
Сакам да кажам - пред 3 дена
Во Македонија лани имало 604 предвремено родени бебиња, а оваа година бројот на предвремено родени бебиња е 681. Директорката д-р Ирена Алексиоска-Папестиев вели дека заради превенирање на предвремена бременост, во Клиниката од крајот на оваа година ќе почне пилот студија за бесплатна скрининг програма за детектирање на пациентки кои што би развиле прееклампсија, а исто така пуштен е во употреба и интраклинички транспортен респираторен апарат за респираторна вентилација. Прееклампсија е состојба која се јавува за време на бременост и резултира со висок крвен притисок, зголемено присуство протеини во урината и отоци, а се јавува најчесто по дваесеттата недела од бременоста. Во чест на 17 Ноември, Светскиот ден на предвремено родените бебиња директорката кажа дека постојат повеќе ризик фактори за предвремено породување, меѓу кои е и загадениот воздух. „Загадениот воздух претставува еден од ризик факторите, кои што во текот на бременоста можат да влијаат на предвремено породување. Сѐ повеќе податоци од литературата говорат дека дефинитивно има влијание загадениот воздух, за да дојде до предвремени породувања, при што потоа овие пациентки ќе станат дел од интензивната нега“, рече Алексиоска-Папестиев. Како што додаде, еден од ризик факторите за предвремено породување е и возраста кај жената. „Денес современата жена прво ја реализира кариерата, а потоа се посветува на завршување на репродуцијата. Еден од ризик факторите е токму ова бременоста после 35-годишна возраст. Тоа е така затоа што во таа возраст, кај мајката веќе постојат коморбидитети на некои органи, кои нас гинеколозите не приморуваат предвремено да ја терминираме бременоста, со цел да ја заштитиме мајката“, кажа Алексиоска-Папестиев. Исто така, причините се и инфекции, како и повеќеплодова бременост. Директорката напомена дека планот е оваа година да се фокусираат најмногу на прееклампсијата. „Прееклампсијата претставува заболување, каде што имаме мултиорганско зафаќање на самата трудница и се карактеризира со покачен крвен притисок, и со протеинурија кај мајката. Многу пати е придружено со компликации како за мајката, така и за плодовите. За плодот, затоа што не приморува некогаш ние предвремено да ја завршиме самата бременост и на тој начин да биде проследена со одредени компликации за овие недоносени дечиња“, додаде Алексиоска-Папестиев. Таа кажа дека во последните две децении се бележи континуиран пораст на прееклампсијата, дури до 25 проценти. Тоа е, како што рече, резултат на зголемување на старосната граница кога жената одлучува да ја реализира својата репродуктивна функција, при што пет до осум отсто од трудниците можат да бидат комплицирани со ова заболување. Потенцираше дека во Македонија, од 16 илјади раѓања, 800 до 1.280 пациентки имаат ризик за појава на преекламспија. „Со цел ние да го превенираме и навремено да ја третираме пациентката кај која што би се јавила преекламспијата, ќе се почне со една пилот студија за бесплатна скрининг програма за детектирање на овие пациентки кои што би развиле прееклампсија. Тоа значи дека сите трудници ќе можат да бидат испратени на Клиниката, каде што ќе биде навремено детектирано дали има ризик за појава на преекламспија. Тоа ќе ни овозможи да превенираме со соодветна терапија, за да не дојде до предвреме завршување на бременоста“, рече Алексиоска-Папестиев. Според заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, статистиките кои од 2017 година покажуваа смртност на над 21 процент, годинава истите се намалени на 6,7 проценти, односно 2 проценти во прочистената перинатална смртност....
НАД 3 МИЛИОНИ ГЕРМАНЦИ ПОСТАРИ ОД 65 ГОДИНИ СЕ ИЗЛОЖЕНИ НА РИЗИК ОД СИРОМАШТИЈА
Сакам да кажам - пред 3 дена
Околу 3,2 милиони постари Германци, на возраст од 65 и повеќе години, се изложени на ризик од сиромаштија, покажуваат податоците на статистичката агенција на ЕУ Евростат, побарани од новоформираната алијанса Сахра Вагенкнехт (БСВ). Податоците покажуваат благ пораст од претходната година, со 3,245 милиони погодени во 2023, во споредба со 3,157 милиони во 2022. Во 2021, бројот изнесуваше околу 3,3 милиони. Понатамошната анализа на Заводот за статистика покажува дека овие апсолутни бројки биле значително пониски во минатото, со околу 2,4 милиони постари лица изложени на ризик од сиромаштија во 2013. Ризикот од сиромаштија се дефинира како приход под 60% од просечниот по социјалните бенефиции. Популистичката политичарка Сахра Вагенкнехт, лидерка на БСВ, рече дека ова е „драматично зголемување на сиромаштијата кај постарите лица“. Сепак, демографските промени играат улога во овие бројки. Бројот на стари лица во Германија значително пораснал, од 12 милиони во 1991 на 18,7 милиони во 2022, според Сојузниот завод за статистика. Ова зголемување значи дека постарите поединци сега сочинуваат поголем дел од населението. Вагенкнехт ја критикуваше владината пензиска политика, обвинувајќи ја дека не успеала да спречи граѓаните од средната класа да паднат во сиромаштија по пензионирањето. Ниту социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц, ниту лидерот на опозицискиот конзервативен блок ЦДУ/ЦСУ Фридрих Мерц немаа одговор на оваа криза, изјави Вагенкнехт. Таа рече дека обезбедувањето добри пензии е клучен приоритет за БСВ пред изборите во февруари....
БАНКИТЕ И МИЦКОСКИ ЌЕ ГИ ПРОДОЛЖАТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА КАМАТАТА НА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ЗА ФИРМИТЕ
Сакам да кажам - пред 3 дена
Премиерот Христијан Мицкоски и Македонската банкарска асоцијација денеска не постигнаа договор за висината на каматата на кредитите кои треба да се доделат на бизнис секторот во државата од 250-те милиони евра од унгарскиот кредит. По средбата во Министерстото за финансии, Мицкоски рече дека за каматата ќе се преговара уште следнава недела и во втората половина очекува дека ќе има некаков став. Тој рече дека во моментов се доближуваат ставовите, има од двете страни волја за решение, но одби да прецизира за висината на процентот на каматата за кој се разговара. Очекувањата на Владата се тие 250 милиони евра од унгарскиот заем наменети за развој на бизнис секторот да им се дадат на фирми со 3,25 проценти каматна стапка, истата под која е земен заемот, три години грејс период и дополнителни 12 години рок на отплата или вкупно 15 години. Владата бара од комерцијалните банки да ја субвенционираат разликата од 3,25 отсто камата до реалната банкарска висина на камата и банкарските трошоци. „Тие 3.25 проценти камата секако како Влада ќе ги платиме, целта е каматата која ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска за да може стопанството да добие пониска камата за кредитот. Сега реално има трошоци и да видиме што може од тие трошоци банките да намалат, а зависи тоа и од политиките на Централната банка“, рече Мицкоски и додаде дека сите од Македонската банкарска асоцијација сакаат да бидат дел од процесот. Во делот на рочноста, рече дека на средбата се договориле да се користи формулацијата, во зависност од барањата на клиентите да има „до 3 години грејс период“ и „до 15 години рок на отплата“. Македонија се задолжи за 500 милиони евра од Унгарија. Половина од парите се за инфраструктурни проекти на општините, а половина ќе одат како кредити за фирми. Тие 250 милиони евра преку Македонската инвестициска банка ќе се пренесат во комерцијалните банки каде што фирмите ќе аплицираат за кредити....
ПАПАТА ФРАЊО ПРЕДЛОЖИ СО МЕЃУНАРОДНА СТУДИЈА ДА СЕ ИСТРАЖИ ДАЛИ ИМА ГЕНОЦИД ВО ГАЗА
Сакам да кажам - пред 3 дена
Папата Фрањо предложи глобалната заедница да проучи дали израелската воена кампања во Газа претставува геноцид врз палестинскиот народ, во една од неговите најексплицитни критики досега за однесувањето на Израел во едногодишната војна. Во извадоците од новата претстојна книга објавени денеска, понтифот рече дека некои меѓународни експерти велат оти „она што се случува во Газа има карактеристики на геноцид“. „Треба внимателно да истражиме за да процениме дали ова се вклопува во техничката дефиниција (на геноцид) формулирана од меѓународни правници и организации“, рече папата во извадоците, објавени од италијанскиот дневен весник „Ла стампа“. Израел ги отфрли сите обвинувања за геноцид. Израелското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар за изјавите на папата. Минатиот декември Јужна Африка поднесе тужба против Израел пред Меѓународниот суд на правдата за кршење на Конвенцијата за геноцид. Во јануари, судиите на судот му наложија на Израел да се погрижи неговите војници да не вршат геноцидни акти. Судот уште не се изјаснил за суштината на случајот – дали се случил геноцид во Газа. Фрањо, водачот на Католичката црква со 1,4 милијарди членови, обично внимава да не зазема страна во меѓународните конфликти и да ја нагласи деескалацијата. Но, тој неодамна ги засили своите критики за однесувањето на Израел во неговата војна против Хамас. Во септември, тој ја осуди смртта на палестинските деца во израелските напади во Газа. Тој, исто така, остро ги критикуваше воздушните напади на Израел во Либан како „надвор од моралот“. Папата Фрањо претходно во јавноста не ја има наречено ситуацијата во Газа како геноцид. Но, минатата година тој беше во центарот на спор по состанокот со група Палестинци во Ватикан, кои инсистираа дека тој го употребил зборот со нив приватно, додека Ватикан рече дека не го користел. Ватикан не понуди коментар за најновите забелешки на Фрањо, но неговата веб-страница за вести денеска објави за извадоци од книгата, меѓу кои и коментарот за геноцид....
СО АМЕРИКАНСКИ ПАРИ ВО СТОБИ СЕ ВРШИ КОНЗЕРВАЦИЈА СО ЛОКАЛНИ МАТЕРИЈАЛИ, ИСТО КАКО КОГА БИЛЕ ГРАДЕНИ ОБЈЕКТИТЕ
Сакам да кажам - пред 3 дена
Во две етапи годинава продолжуваат работите на заштита на Теодосијанската палата во локалитетот Стоби. Тоа е проект финасиран од Фондацијата Каплан од САД, вреден 300.000 евра. Пролетва, стручњаци од Велика Британија демонстрираа нов пристап на конзервација, како се работи и какви материјали ќе се користат. Во вториот дел кој се спроведува, се врши едуцирање на археолозите и конзерваторите вработени во Националната установа (НУ) „Стоби“. Со него ѕидовите и површините кои се работат треба да се сочувуваат како што се затекнати. „Со овој пристап на работа од неколку експерти од Велика Британија, кои имаат децениско искуство при конзервација во антички локалитети, ѕидовите и површините кои се работат треба да се сочувуваат како што се затекнати. Со него не се дозволува надѕидување, ставање три, четири, пет реда камења над ѕидови. Ѕидовите се конзервираат како што се сочувани, со своите несовршености и недостатоци“, вели Димитар Николовски археолог од „Стоби“. Минатата година се работеше на превентивна конзервација на мозаикот во перистилот. Фокусот беше конзервација на архитектонските остатоци на ѕидовите и мозаичките подови. Годинава, со дел од добиените средства конзерваторите се обучуваат и едуцираат со нови методи и пристапи на конзервација, кои се актуелни и се користат во светот. „Едукацијата е на база на практична работа. Голема е разликата која постои во конзерваторскиот третман, не само на археолошки локалитети, туку и кај цркви, помодерни објекти, помеѓу нивната работа и нашето поимање. Третманот на што тие нѐ учат врз база на нивните искуства е поразличен од тоа што ние сме навикнати од претходно. Најважно од сѐ е, што работиме со локални материјали, песок од Вардар, вар гасена на дрва – на антички начин – работиме со вулкански туф донесен од Пробиштип. Сите материјали се регионални или локални и малтерот е скоро идентичен со тој кога се градела, што е целта на овој пристап на конзервација. Сочувуваме како што е затекнато и конзервираме со локални материјали“ , вели Николовски. Есенва на локалитетот Стоби се работи и на истражување на населбата која била резиденцијелен и комерцијален кварт. Таа е поставена на највисокиот дел од Стоби, последниот каде се живеело организирано. „Ова што гледате се куќи, продавници, работилници, кои функционирале како дел од организиран урбан систем. Со напуштањето на Стоби кон крајот на 6. и почеток на 7. век, градот не функционира како организациона единица. Живурка во средниот век како место каде има изолирани сточари, фармери кои не се дел од организиран живот“ , рече Николовски. П. ПЕЧКОВ...
УМЕТНОСТА НЕ ТРЕБА ДА Е ПРИВИЛЕГИЈА, ТУКУ ДА БИДЕ МЕЃУ ЛУЃЕТО – НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА СЛАВИ 120 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВАНГЕЛ КОЏОМАН
Сакам да кажам - пред 3 дена
Сто и дваесет години од раѓањето на доајенот на современото македонско сликарство Вангел Коџоман ќе се одбележат на 19 ноември со изложба во Даут пашин амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ). Кураторка на изложбата е Александра Зиновски-Вилиќ, делата се изложуваат после подолг период и ќе трае до 20 декември. Коџоман ѝ припаѓа на првата генерација академски образовани уметници, заедно со Димитар Пандилов, Лазар Личеноски и Никола Мартиноски, а нешто подоцна и Василие Поповиќ-Цицо, Димо Тодоровски, Томо Владимирски и Љубомир Белогаски, кои се сметаат за основоположници на македонската модерна уметност. Во творештвото на Вангел Коџоман тешко може да се издвојат одредени фази. Грубо, вели кураторката, тоа може да се подели на два временски периода: пред Втората светска војна до 1950 и од 1950-тите до 1980-тите години. Првиот е период кога во неговите дела се забележува академскиот реализам, како и постимпресионистичко влијание од белградската ликовна школа, додека вториот се карактеризира со веќе формиран личен колористички експресионизам кој преовладува во неговите дела, а со елементи од фовистичкото сликарство. „Дрим во Струга“, масло на платно, 1939 година. (Фото: НГМ) „Она што најмногу ќе го обележи творештвото на Коџоман е неговиот придонес во обработувањето на многу различни теми. Интересот кон сѐ што го опкружува со помош на својот сликарски занает вредно го бележи, црта, слика. Се чини дека не постои тема која тој не ја обработува или, пак, не се обидува да ја стави на хартија, на платно. Масло, пастел и акварел се техниките со кои ги работи своите дела на темите: актови, портрети, пејзажи, мртви природи, како и дела со мотиви од староградската архитектура, дела со социјална тематика и дела со историска содржина. Сепак, најпрепознатлив е по пејзажот и портретот, во кои ги остварува своите најголеми и најзначајни дела. Ликовниот опус на Вангел Коџоман е многу голем. Пред сѐ, тоа се должи на неговата мисла дека уметноста треба да биде меѓу луѓето, дека таа му припаѓа секому и дека не треба да биде ничија привилегија. Оттука ја црпи својата истрајност, дисциплинираност и посветеност кон работата“, вели Видиновски-Вилиќ. Коџоман е роден на 14 февруари 1904 во Струга, а починал во 1994 во Скопје. Во 1930 во Белград завршил уметничка школа, како ликовен педагог работел во Охрид, Белград и Скопје. Во 1955-1956 бил на четиримесечен студиски престој во Париз. До 1972 предавал на Педагошката академија во Скопје. Во 1975 е избран за дописен член на МАНУ. Редовен член е од 1981. Во 1974 во неговиот роден град Струга е отворена Спомен-куќа со постојана ликовна поставка. Б. НЕСТОРОСКА...