Гаши ги повика студентите да бидат „поагилни, погласни, покритични“
Слободен Печат - пред 55 дена
Претседателот на Собранието, Африм Гаши оствари средба со студентите на Институтот за безбедност од Филозофскиот факултет. На средбата тој порача дека како млади луѓе, треба да бидат поагилни, погласни, покритични, да организираат дебати, да зборуваат гласно. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – Претседателската функција бара државнички пристап, еднаквост за сите. Затоа и моите заложби како претседател на законодавниот дом, се посветеност во работата во насока на подигнување на транспарентноста на Собранието и тоа на повисоко ниво. Гласот на младите е искрен, треба да биде слушнат, бидејќи во политиката успехот се мери со она што е направено за идните генерации, рече Гаши, пред студентите. Претседателот на Собранието, Гаши , посочи дека е поборник за департизација на институциите, за повисок стандард, владеење на правото, имплементација на Националната стратегија, сѐ со цел младите да останат во земјава, затоа што, тие се иднината, наведуваат. Претседателот на Собранието, ги охрабри младите да бидат поагилни, погласни, покритични, да организираат дебати, да зборуваат гласно, затоа што нивниот глас е искрен....
Црна Гора ќе влезе во ЕУ за четири години? Таа го доби најпозитивниот извештај во регионот, еве што треба допрва да направи
Слободен Печат - пред 55 дена
Напредок во реформите во судството, борбата против корупцијата и слободата на медиумите, со предупредувања до судството и обвинителството да ги забрзаат процесите против организираниот криминал, нарушените односи со Хрватска – oва е резимето на Годишниот извештај за напредокот на Црна Гора во европските интеграции, кој беше претставен во Брисел. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Патоказ за владата на Црна Гора По добивањето на Извештајот за оцена на исполнување на привремените критериуми (ИБАР) во јуни годинава, Црна Гора доби голем замав во пристапните преговори со Европската унија, во кои сега треба да обезбеди конкретни резултати на терен. Европската комисија бара повеќе да не се одложуваат и опструираат судењата и бара итни измени на Законот за финансирање на политичките партии за да се знае како партиите трошат големи пари. Како предизвици, меѓу другото, ги истакнува обновените тензии и меѓуетничка поларизација, како и несогласувањата во Владата, пишува Нова.рс. За премиерот Милојко Спајиќ ваквиот извештај на Европската комисија е израз на општествено созревање. Тој вели дека „нема да дозволи никој да го загрози европскиот пат“. Пратеникот на владејачката Демократска Црна Гора, Душко Стјеповиќ, вели дека Црна Гора е безбеден надворешно-политички партнер на Европската унија, стабилен внатрешно, а со забрзани реформи, како што наведува, парламентарното мнозинство ќе ја поддржи владата и целото општество. „Извештајот потврдува дека со почетокот на работата на оваа влада, поларизацијата спласна и конечно е постигнат многу повисок степен на политичка стабилност и консензус за приоритетите на ЕУ“, вели за ДВ Стјеповиќ. Ана Новаковиќ Ѓуровиќ, член на опозициската УРЕ и поранешен координатор на Министерството за европски прашања, вели дека во изјавите на европските функционери, Црна Гора се уште е препознаена како лидер на процесот во регионот и дека ова е можност што треба да да не се пропушти. Затоа, додава, важно е на наодите да се гледа објективно, а не славенички и тие да бидат патоказ за сите субјекти во општеството, но пред се за Владата. Има уште многу работа пред пристапниот договор Европската комисија му препорача на Европскиот совет да се подготви договор за пристапување на Црна Гора. „Не се оптеретувајте со тоа, тоа е техничка работа. Имаме 30 поглавја, од кои четири треба да бидат затворени до крајот на годината. Потоа ги имате земјите членки на Европската Унија кои одлучуваат за иднината на Црна Гора во ЕУ“, потсети шефот на Делегацијата на ЕУ во Подгорица, Јохан Сатлер. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен при неодамнешната посета на Подгорица изјави дека Црна Гора е на тој пат. Таа рече дека ЕУ е „цврсто“ со Црна Гора, чиј прием во ЕУ до 2028 година е „амбициозна цел на која треба да се работи“. Нејзините пораки се знак на охрабрување, вели Ана Новаковиќ Ѓуровиќ, „токму со цел да се задржи овој фокус на усвојувањето на европските стандарди“....
ВИДЕО | Марија Шерифовиќ го презакажа концертот во Скопје поради трагедијата во Нови Сад
Слободен Печат - пред 55 дена
Поради страшната несреќа која се случи денеска во Нови Сад, каде загинаа најмалку 13 лица откако се урна настрешницата на железничката станица, српската пејачка Марија Шерифовиќ го презакажа својот концерт во Скопје, кој требаше да се одржи утревечер во арената „Борис Трајковски“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Како што известија од продукцијата „Прагма“, кои се организатори на настанот, новиот датум за одржување на концертот е 10 ноември. „Поради страшната несреќа која што се случи денеска во Нови Сад и прогласените денови на жалост во Србија, Ве известуваме дека концертот на Марија Шерифовиќ се презакажува за 10 ноември. Купените билети ќе важат и за новиот датум“, соопштија од „Прагма“. Фото: Продукција „Прагма“ Во меѓувреме, се огласи и самата Шерифовиќ. „Поради големата трагедија која денеска му се случи на мојот Нови Сад, јас одлучив да го поместам датумот на одржување на концертот во Скопје. Мојата душа и моите молитви се со семејствата на настраданите и на сите кои се повредени во оваа страшна трагедија. Ги замолувам моите фанови и сите оние кои утре планираа да дојдат во Скопје за разбирање и сочувство. Новиот датум на концертот е 10 ноември. Моето срце е со сите вас, а денеска најмногу за Нови Сад“, напиша пејачката на социјалните мрежи. https://www.slobodenpecat.mk/wp-content/uploads/2024/11/Snapinsta.app_video_6E4E467873F766B182CBCDB044F4028B_video_dashinit.mp4 ФОТО | Марија Шерифовиќ за концертот во Скопје: „Доаѓам да им ги поправам душите и да им ги излечам срцата на моите македонски обожаватели“...
Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите во Нови Сад
Слободен Печат - пред 55 дена
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагичната несреќа што се случи на железничката станица во српскиот град Нови Сад. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber -Со голема тага ја примив веста за страшната несреќа во Нови Сад која остави зад себе загубени животи. Во овие моменти на болка нашите мисли се со семејствата кои ги изгубија своите сакани и со целиот српски народ. Упатувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во оваа трагедија а на повредените им посакувам брзо и целосно закрепнување. Им даваме силна поддршка на медицински тимови и сите кои што се борат да ги извлечат и спасат настраданите под урнатините, пишува Филипче во објавата на Фејсбук. „Овој трагичен настан нè потсетува на кревкоста на животот, но и на тоа колку е важно да се поддржуваме меѓусебно како соседи, како пријатели, како народи кои знаат да споделат и радост, но и болка“, додава тој....
Трагедијата во Нови Сад го одложи натпреварот на Црвена Звезда
Слободен Печат - пред 55 дена
Фудбалскиот натпревар од 14. коло во Суперлигата на Србија помеѓу Црвена Звезда и Војдовина кој требаше да се игра во сабота е одложен. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Причина е Денот на жалост кој е прогласен на територијата на Србија по трагедијата која се случи со рушењето на дел од Железничката станица во Нови Сад. „Фудбалскиот клуб Црвена Звезда изразува најдлабоко сочувство на семејствата на настаданите, а на повредените им посакува побрзо опоравување“, објави Звезда. Натпреварот според новиот термин ќе се одигра в недела од 17:00 часот. Се урна дел од настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад Се зголемува бројот на загинати во Нови Сад – Вучевиќ: Ќе инсистираме да се најдат одговорните...
Лидерите на ООН: Ситуацијата во северна Газа е апокалиптична, целиот регион е на работ
Слободен Печат - пред 55 дена
Развојот на ситуацијата во северниот дел на Појасот Газа е „апокалиптичен“, изјавија денеска лидерите на организациите на Обединетите нации, предупредувајќи дека целото население е во „непосредна опасност“ од смрт. Тие изјавија дека целиот регион на Блискиот Исток сега е на работ и повикаа на итен прекин на непријателствата, пренесува Гардијан. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Ситуацијата што се развива во Северна Газа е апокалиптична“, се наведува во заедничката изјава на шефовите на организациите кои го сочинуваат Постојаниот меѓуагенциски комитет на ОН. „Областа е под опсада речиси еден месец, основната помош и средствата за спасување животи се одбиени, додека бомбардирањата и другите напади продолжуваат. Само во изминатите неколку дена беа убиени стотици Палестинци, повеќето жени и деца, а илјадници повторно беа насилно раселени. Целото палестинско население во северна Газа е во непосредна животна опасност поради болести, глад и насилство“, изјавија тие. Тие ги повикаа сите страни во борбите на опколената палестинска територија да ги заштитат цивилите и апелираа до Израел „да ги запре нападите врз Газа и хуманитарците кои се обидуваат да помогнат“. „Хуманитарната помош не може да биде во чекор со обемот на потребите поради ограничувањата за пристап. Основните, витални добра не се достапни. Хуманитарните работници не се сигурни дека можат да ја завршат својата работа и се блокирани од израелските сили и поради несигурноста, што ги спречува да дојдат до луѓето на кои им е потребна“, се вели во извештајот. Тие нагласија дека хуманитарната помош мора да биде овозможена и ги повикаа сите страни да обезбедат непречен пристап до погодените луѓе и подвлече дека болниците „не смеат да станат боишта“. Соопштението меѓу другото го потпишаа шефовите на агенциите на ОН за хуманитарна помош, здравје, храна, права, миграција, бегалци, развој, деца и жени. s...
ВИДЕО | Хелена Роза со срцепарателна објава за Зоки Фаци: „Не можам да поверувам дека те нема повеќе на овој земјен свет“
Слободен Печат - пред 55 дена
Поранешната водителка Хелена Роза се прости од естрадниот новинар Зоран Василевски – Зоки Фаци, кој почина утрово на 52-годишна возраст. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Тие беа многу добри пријатели уште од времето кога заедно работеа во телевизија А1. Иако водителката речиси десет години живее во Нов Зеланд, тие успешно го одржуваа нивното пријателство на далечина. Сега водителката објави компилациско видео со најубавите моменти од нивите дружби и напиша срцепарателна порака за својот драг пријател. „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум тука, далеку физички од тебе. Но, ти знаеше дека иако далеку, бев до тебе и со тебе секој миг. Не можам да поверувам дека те нема повеќе на овој земјен свет. Дека нема веќе кој да ми вика Цууц, Деспино и да се смееме без причина. Многу, премногу ќе ми фалиш Зочко мој. Што и да напишам и раскажам ќе биде премалку за сите овие години поминати со тебе. Почивај во мир. Те сака твојата најдобра другарка Хеленка“, напиша Роза на својот инстаграм-профил. https://www.slobodenpecat.mk/wp-content/uploads/2024/11/Snapinsta.app_video_DE48BB0E0E12626FDB67EF6FDC7F0391_video_dashinit.mp4...
Почина петгодишно дете застрелано во брутален напад во Грција
Слободен Печат - пред 55 дена
Лекарите во Грција и по покрај напорите, не успеале да го спасат животот на петгодишното дете кое денеска беше застрелано во Грција, јавија локалните медиуми. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Детето, за кое медиумите пишуваат дека е од ромска етничка припадност, е прогласено за мртво набргу по пристигнувањето во болница, откако било погодено во престрелката во градот Маркопулос, во источна Атика. Според неофицијални информации, пукањето се случило откако автомобил „Тојота Јарис“ со петмина луѓе во него, застанал до „Пежо 308“ со кое се превезувале таткото, мајката и детето. Тогаш напаѓачите истрелале бараж од куршуми кон автомобилот на семејството, а најмалку еден куршум го погодил детето. Полициски извор изјави дека на местото на злосторството биле пронајдени повеќе од 20 чаури. Момчето имало прострелна рана во главата, а родителите брзо го однеле во најблискиот здравствен дом, од каде итно било префрлено на детска клиника, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта. Според дел од грчките медиуми, засега не се знае мотивот за бруталното убиство, но се чини дека нападот бил испланиран....
Директорот на БЈБ Јанев за апсењето на инспекторката: Поткупот не смее да биде правило, секој ќе одговара
Слободен Печат - пред 55 дена
„Поткупот не смее да биде правило, секој ќе одговара за сторениот криминал, законот е еднаков за сите. Секое противзаконито работење, ќе биде соодветно казнето“, вели во објава на Фејсбук Александар Јанев, директорот на Бирото за јавна безбедност, по апсењето на градежната инспекторка во Куманово, која била фатена со 4.000 евра примени како мито. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Кон крајот на септември, таа при контрола на записник констатирала отстапување од одобрение за градење, но за да на инвеститорот не му издаде решение за запирање на градбата и да не му поднесе соодветна пријава, првично побарала мито од 1.500 евра, а потоа сумата за поткуп ја покачила на 4.000 евра“, соопшти претходно полицијата. „Ова е уште еден случај кој е показател дека недовосмислено се бориме против митото и корупцијата. Секое противзаконито работење ќе биде соодветно казнето“, пишува Јанев на Фејсбук....
Анкети: Европејците, вклучително и екстремно десничарските гласачи, сакаат да победи Харис
Слободен Печат - пред 55 дена
Повеќето Европејци сакаат Камала Харис да победи на изборите во САД следната недела и очекуваат дека може има насилство таму доколку Доналд Трамп загуби, според истражувањето на YouGov. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Истражувањето на гласачите во Обединетото Кралство, Франција, Италија, Германија, Шпанија, Шведска и Данска покажа дека Харис се претпочита со значително мнозинство. Единствен исклучок беше Италија, каде Харис сè уште беше преферирана пред Трамп, но немаше мнозинство – со 46%. Харис има најголема поддршка во нордиската земја Данска, каде 81 отсто сакаат демократот да стане претседател на САД. Поддршката за Харис е природно висока меѓу центристичките и левоориентираните гласачи во Европа, достигнувајќи 90% меѓу Зелените во Германија и Венстре во Данска. Меѓутоа, во некои случаи, Харис е најпосакуваниот кандидат и за екстремно десничарските гласачи. Иако екстремната десница во Германија, Шпанија, Велика Британија и Италија го избра Трамп, приврзаниците на националистичко-популистичката партија Шведски демократи рекоа дека ја претпочитаат Харис. Во Франција, гласачите на лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен и нејзината партија Национален собир рекоа дека сакаат Харис да го претекнее Трамп со 46% спрема 31%. Меѓу екстремната десница, германската партија Алтернатива за Германија и шпанската партија Вокс беа најзастапени за победа на Трамп, со 50% и 54% гласови за него. Иако гласачите од западна и јужна Европа можеби сакаат Харис да победи, тие генерално се помалку сигурни во нејзините шанси. Повеќето рекоа дека Харис ќе го победи Трамп на изборите, но со помало мнозинство – од 43% во Италија до 61% во Германија. Што ќе се случи ако Трамп загуби? Западноевропејците очекуваат насилство во САД доколку Трамп биде поразен од Харис. Во Данска, тие стравови се широко распространети, при што 73% мислат дека „дефинитивно“ или „веројатно“ ќе има насилство доколку Трамп не биде избран за претседател на САД. Во другите земји испитани, 62-67% го мислат истото, освен во Италија – каде што само 47% веруваат дека насилството е многу веројатно. Сепак, ова го надминува бројот на Италијанци (32%) кои сметаат дека насилството е „неверојатно“. Нивните стравови најверојатно се предизвикани од немирите што ги повика Трамп во Капитол во Вашингтон во 2021 година, кога тврдеше дека не ги загубил изборите од актуелниот претседател Џо Бајден. Трамп, кој исто така промовираше теории за изборна измама овој изборен циклус, оттогаш ги користи социјалните мрежи за да ја промовира идејата дека бунтовниците во Капитол биле патриоти и политички затвореници, пишува Еуроњуз....
Барселона и понатаму се мачи со финансиските проблеми, но Левандовские е најплатен фудбалер во Ла Лига
Слободен Печат - пред 55 дена
Шпанскиот весник „АС“ ги објави платите на најплатените фудбалери во Ла Лига, а на врвот се наоѓа напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Барселона подолго време се соочува со финаниски проблеми, но тоа сепак не е проблем за Левандовски да добива сума од 33.3 милиони евра по сезона. Ако се пресмета на неделно ниво Полјакот инкасира 640.000 евра. Зад Левандовски е Килијан Мбапе кој летово по долгите најави конечно се пресели во Реал Мадрид. Французинот во Мадрид пристигна како слободен фудбалер, па така „кралевите“ имаа простор да му дадат богат договор. И во продолжение на листата следат уште тројца фудбалери на Реал Мадрид, трет е Давид Алаба со 22.5 милиони евра, потоа Винисиус Жуниор и Џуд Белингем кој на четвртата позиција заработува 20.8 милиони евра, толку заработува и голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак....
Глупавата личност ќе ја препознаете по 6 работи: Овие турски изреки добро запомнете ги
Слободен Печат - пред 55 дена
Арапскиот свет е полн со мудри изреки кои треба да ги знаете, бидејќи тоа е мудрост која опстојува со векови. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Во продолжение ви пренесуваме стари турске мудрости кои треба да ги знаете: „Глупава личност може да се препознае по 6 работи: бес без причина, говор без корист, промена без напредок, истражување без цел, доверба во странци и мешање на непријателите и пријателите“. „Ако е далеку од очите, далеку е и од срцето“. „Човекот којшто бара совршено пријателство, ќе остане без пријатели“. „Кафето треба да биде црно како пеколот, силно како смртта и слатко како љубовта“. „Како што црвите го уништуваат дрвото, така и грижите го уништуваат човекот“. „Надежта е леб за сиромашните“. „Не знае многу оној којшто многу живее, туку оној којшто многу патува“. „Не е срамота да прашате, туку да не знаете“. „Раката која дава е над раката која прима“. „Ситиот човек не знае што е глад и здравиот човек не знае што е болест“. „Во селото каде што има премногу пејачи, утрото ќе доцни“. „Во срцето на секој човек скриен е лав“. „Во здравиот човек имотот е цел“. „Љубовта прави времето да поминува, времето прави да поминува љубовта“. Фото: August de Richelieu / Pexels...
Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на 205 – народот се подготвува за нови врнежи
Слободен Печат - пред 55 дена
Регионите погодени од поплавите во Шпанија се подготвуваат за пообилни врнежи вечервам додека стотици војници се распоредени да помогнат во спасувачките напори по разорните поројни поплави кои убиле најмалку 205 луѓе во најголемата природна катастрофа во земјата во последните децении. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Поплави Шпанија EPA-EFE/BIEL ALINO Поројниот дожд и град во вторникот предизвикаа поплави низ повеќе региони, вклучително и најтешко погодената источна провинција Валенсија, претворајќи ги улиците во реки кои носеа автомобили и луѓе. Штетите во многу заедници личат на последици од голем ураган или цунами, пренесува Еуроњуз. Поплави во Валенсија EPA-EFE/RAQUEL SEGURA Од петокот, само во регионот на Валенсија беа потврдени 202 смртни случаи. Други две лица се пронајдени мртви во соседна Кастиља-Ла Манча и едно во јужна Андалузија. Непознат број луѓе се уште се водат како исчезнати, а бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми бидејќи некои области погодени од поплавите се сè уште недостапни, соопштија властите. Поплави во Валенсија EPA-EFE/RAQUEL SEGURA Најмалку 1.700 војници се распоредени да им помогнат на регионалните и локалните работници за итни случаи во потрагата по тела и преживеани и да обезбедат помош, изјави шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес за државната телевизија ТВЕ во петокот. Повеќе војници ќе се приклучат на напорите за спасување и помош утре бидејќи „има уште многу да се направи“, рече таа. Националната метеоролошка служба АЕМЕТ издаде килибарни предупредувања за врнежи за петок за областите во регионите Валенсија и Кастелон, каде што многу заедници сè уште се опоравуваат од поплавите. Иако се прогнозира дека дождот нема да биде толку силен како дождот во вторник, тој може да претставува ризик од нови поплави бидејќи земјата е веќе заситена, предупредија метеоролозите. Поплави во Валенсија EPA-EFE/RAQUEL SEGURA Црвени предупредувања се издадени за областите на југозападна Шпанија, во близина на границата со Португалија, вклучувајќи го и пристанишниот град Хуелва. Обилните врнежи во петокот во раните утрински часови поплавија дел од градот и околните области. Регионалниот лидер на Андалузија, Хуанма Морено, ги повика луѓето да бидат „екстремна претпазливост“ и да останат во своите домови ако е можно....
ФОТО | Јелена Карлеуша се прости од Зоки Фаци: „Среќен пат на вечниот лет, среќна сум што те запознав“
Слободен Печат - пред 55 дена
Македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, денеска почина на 52-годишна возраст, по долга и тешка битка со ракот. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Голем број имиња од македонската и регионална сцена, како и соработници, пријатели и обожаватели на неговото дело се поздравија со него за последен пат на социјалните мрежи. Меѓу нив е и српската пејачка Јелена Карлеуша, која неодамна гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров и се сретна со Василевски. „Драг Зоран, ти испраќам последен поздрав. Последен поздрав од оваа планета, каде што нашите тела се смртни, пролазни, слаби. Но, среќен пат на вечниот лет, во енергијата и во светлината во која се престори. Среќна сум што те запознав, ми рекоа дека си ми голем обожавател и дека тоа ти била голема желба. Сега јас ќе гледам кон ѕвездите и ќе посакам нешто – ми должиш едно исполнување желба“, напиша Карлеуша на својот инстаграм профил, објавувајќи фотографија со Василевски и Лазаров од нивната последна средба. Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша Почина Зоран Василевски Фаци, ја загуби битката со ракот...
Јапонија и ЕУ потпишаа нов договор за одбрана и безбедност во услови на зголемени регионални тензии
Слободен Печат - пред 55 дена
Јапонија и Европската унија објавија сеопфатно безбедносно партнерство, кое ќе вклучи повеќе заеднички вежби и соработка во одбранбената индустрија, во услови на зголемени тензии околу Кина, Северна Кореја и неодамнешните воени активности на Русија во индо-пацифичкиот регион. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, се сретна со јапонскиот министер за надворешни работи Такеши Иваја во Токио, како дел од турнејата низ Источна Азија, која ја вклучува Јужна Кореја, каде што ќе се одржи и стратешки дијалог. Пактот со Јапонија е првото безбедносно партнерство што ЕУ го потпиша со една индиско-пацифичка земја и го одразува зголемениот ангажман на блокот во регионот додека Кина и Русија ги зајакнуваат заедничките воени вежби и Северна Кореја испраќа војници во Русија. Борел рече дека договорот е „историски и многу навремен чекор со оглед на ситуацијата во двата нивни региони“. „Живееме во многу опасен свет. Живееме во свет на растечки ривалства, климатски несреќи и закани од војна. И има само еден противотров за овој предизвикувачки свет, а тоа е партнерството меѓу пријателите“, рече Борел. Договорот беше потпишан еден ден откако Северна Кореја соопшти дека тестирала нова интерконтинентална балистичка ракета (ICBM). Според државните медиуми, проектилот летал повисоко и подолго од кој било тестиран во минатото. Борел и Иваја рекоа дека споделуваат „голема загриженост“ поради продлабочената воена соработка на Русија со Северна Кореја, вклучително и распоредувањето на трупите во Русија и трансферот на оружје меѓу двете земји. Двајцата официјални лица ја повторија својата посветеност за поддршка на Украина и ја осудија тековната агресија на Русија. Иваја пред средбата со Борел рече дека безбедноста на индо-пацифичкиот регион е „неразделна од онаа на Европа и Атлантикот“. Во рамките на партнерството, Јапонија и ЕУ рекоа дека Европа и индо-пацифичкиот регион се „многу меѓусебно поврзани и меѓусебно зависни“ и се согласија да одржат редовен безбедносен и одбранбен дијалог на работно ниво и заеднички поморски вежби, во кои ќе бидат вклучени и други нации. Тие рекоа дека ќе соработуваат и во сајбер безбедноста и одбраната на вселената, ќе разгледаат можен договор за споделување разузнавачки информации, ќе промовираат размена на информации од одбранбената индустрија и ќе работат заедно во напорите за нуклеарно разоружување. Како дел од новата безбедносна стратегија усвоена во 2022 година, Јапонија го забрзува своето воено засилување преку својот сојуз со САД – единствениот сојузник од договорите – и други партнери – вклучувајќи ги Австралија, ОК и голем број европски и индо-пацифички земји ....
Пукачите од Чаир кои ранија тинејџер добија кривична пријава за обид за убиство
Слободен Печат - пред 55 дена
24-годишен и 25-годишен жител на Скопје добија кривична пријава за обид за убиство, за нападот врз 19-годишно момче на 5 октомври на улицата „Цветан Димов“, соопшти МВР. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Во врска со кривично дело „убиство” предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл. 19 од КЗ, случено на 05.10.2024 на ул. „ Цветан Димов” во Скопје, при што со повреда од огнено оружје се здобил А.Б.(19), од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се голем број на мерки и истражни дејствија и случајот е расчистен“, соопшти полицијата. „Денеска (01.11.2024) од страна на ЕНК до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против Б.Б. (24) за сторено кривично дело „убиство” по член 123 во врска со член 19 од КЗ и Б.З.(25) за сторено кривично дело “убиство” казниво по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од КЗ“, велат од МВР....
Поранешниот тренер на Ѓоковиќ пронајде нов ангажман, ќе соработува со една од најдобрите тенисерки во светот
Слободен Печат - пред 55 дена
Поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ пронајде нов ангажман и ќе ја тренира петтата тенисерка на ВТА листата. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Иванишевиќ во иднина ќе соработува со Русинката Елена Рибакина и ќе се обиде да и помогне да дојде до самиот врв на светскиот тенис. Со своето искуство се очекува да биде огромно засилување во таборот на тенисерката. Ангажманот на Иванишевиќ го потврди и самата Рибакина истакнувајќи дека е задоволна од постигнатиот договор и изрази надеж за уште поголеми успеси во иднина. Иванишевиќ на местото тренер на Рибакина ќе го наследи Стефано Вуков....
Се зголемува бројот на загинати во Нови Сад – Вучевиќ: Ќе инсистираме да се најдат одговорните
Слободен Печат - пред 55 дена
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави денес е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад и трагедија за цела Србија, како и дека ќе инсистира да се најдат одговорните за уривањето на настрешницата на железничката станица. Според министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, загинаа најмалку 11 луѓе, меѓу кои и шестгодишно дете. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Се трага по непознат број луѓе кои се затрупани под урнатините. „Еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад, голема трагедија за Нови Сад и цела Србија, сочувство до семејствата на жртвите. Сакам да им се заблагодарам на сите спасувачи, пожарникари, полицајци, комунални служби работници во компанијата, лекари, кои помагаат и се борат за спас на луѓето Без разлика што се работи за зграда, настрешница која е изградена во 1964 година, ние ќе инсистираме да се најдат одговорните и оние кои мораа да се грижат за состојбата на структурата, зградата, да одговараат“, рече премиерот на Србија и додаде дека ова е црн ден за Нови Сад....
Се зголемува бројот на загинати во Нови САД – Вучевиќ: Ќе инсистираме да се најдат одговорните
Слободен Печат - пред 55 дена
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави денеска е еден од најтешките денови во повоената историја на тој град и трагедија за цела Србија, како и дека ќе инсистира да се најдат одговорните за уривањето на настрешницата за влез во станицата. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Еден од најтешките денови во повоената историја на Нови Сад, голема трагедија за Нови Сад и цела Србија, сочувство до семејствата на жртвите. Сакам да им се заблагодарам на сите спасувачи, пожарникари, полицајци, комунални служби работници во компанијата, лекари, кои помагаат и се борат за спас на луѓето Без разлика што се работи за зграда, настрешница која е изградена во 1964 година, ние ќе инсистираме да се најдат одговорните и оние кои мораа да се грижат за состојбата на структурата, зградата да одговараат“, рече премиерот на Србија и додаде дека ова е црн ден за Нови Сад....
Културен мозаик со уникатни филмски искуства носи ноемвриската програма во Кинотеката
Слободен Печат - пред 55 дена
Ноемвриската програма на Кинотеката е вистински културен мозаик, збогатен со уникатни филмски искуства и интригантни дискусии, преку кои публиката ќе може да истражи различни култури и естетики и да се сретне со нови македонски автори. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Покрај циклусите на јапонски и шпански филмови, проекциите на „Убиј ги прво децата“ на Димитар Оровчанец и класичниот италијански филм „Крадци на велосипеди“ на Виторио Де Сика, програмата ја збогатува и тематската вечер под наслов „Надреализмот не е мртов“, посветена на надреалистичкото филмско наследство. Циклусот на јапонски филмови ја истражува уникатната визуелна и наративна филозофија на јапонскиот филм, каде што темите на чест, љубов и традиција се интерпретираат на стилски и внатрешно богати начини. Покрај познатите и очекувани самурајски приказни, публиката ќе има шанса да доживее и поинтимни, драмски ориентирани филмови, каде човечките врски се во фокусот. Шпанскиот циклус оваа година е исполнет со интензивни и полни со страсти филмски дела кои се движат од класиката до модерниот авторски филм. Селекцијата вклучува дела од режисери како Алехандро Аменабар и Карлос Саура, кои ја претставуваат енергијата на шпанската кинематографија преку уникатни естетски пристапи и социјални прашања. Гледачите ќе можат да навлезат во темите на идентитет, љубов и традиција кои ја карактеризираат шпанската кинематографија, со посебен фокус на психолошките и емоционалните длабочини на ликoвите. Покрај интернационалните циклуси, Кинотеката оваа есен ќе ја прикаже и македонската продукција „Убиј ги прво децата“ на режисерот Димитар Оровчанец. Овој филм го носи македонското кино на едно сосема ново ниво на експресивност. Сцените исполнети со суровост, црн хумор и социјални коментари даваат остра критика на современите општествени случувања и го отвораат прашањето за моралноста и насилството како средство за преживување. „Крадци на велосипеди“, антологискиот италијански филм на Виторио Де Сика, претставува врв на неореалистичкиот стил со својата моќна приказна за сиромаштијата и семејната борба во повоена Италија. Ова класично дело е едноставно, емотивно и длабоко човеково искуство кое ја истражува социјалната неправда и човечката борба за опстанок. Со овој филм Кинотеката одбележува 50 години од смртта на Виторио Де Сика. Посебната вечер (30 ноември) посветена на надреализмот ќе вклучи проекции на антологиски надреалистички филмови и панел-дискусија на оваа тема. Програмата има за цел да го врати вниманието кон магијата и визијата на надреализмот, истражувајќи го преку класични дела, како оние на Луис Буњуел и Салвадор Дали, кои ги поместуваат границите на реалноста и ги истражуваат потсвесните аспекти на човековото искуство. Селектор на програмата е Бојан Станишиќ, уредник на филмската програма при Кинотеката....
Од ноември им се отвораат патиштата: Овие хороскопски знаци ќе живеат како во бајка
Слободен Печат - пред 55 дена
Познатите астролози споделија позитивна прогноза за неколку хороскопски знаци на кои ѕвездите им ветуваат посебна среќа од ноември 2024 година. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Лав Ве очекува креативно полетување, реализација на проекти и препознатливост. Во љубовта можна е страсна романса или обновување на врските. Девица Среќно во сите области, особено во вашиот финансиски и личен живот. Скорпија Ѕвездите ветуваат успех во кариерата. Очекувајте признание за професионализам, доверба на менаџментот и ветувачки проекти со висока плата. Стрелец Ве очекуваат креативен раст, нови извори на инспирација и финансиска добивка. Можни се возбудливи патувања. Водолија Поволни настани, идеално време за зделки и купувања. Менаџментот ќе ги поддржи вашите лидерски квалитети и иновативните идеи. Риби Триумфален месец за вас, очекувајте успех во бизнисот, склучување договори, успех во сите потфати....
Зверев прв полуфиналист на турнирот во Париз
Слободен Печат - пред 55 дена
Германскиот тенисер Александар Зверев не дозволи изненадување и се пласираше во полуфиналето на АТП мастерсот во Париз. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Зверев во првото четвртфинале со максимални 2:0 во сетови беше подобар од Гркот, Стефанос Циципас. Противник во полуфиналето на Германецот ќе му биде подобриот од мечот помеѓу Холгер Руне и Австралиецот Алек Де Минор. Во второто полуфинале ќе се сретнат победниците од четвртфиналните средби: Григор Димитров – Карен Хачанов и Џордан Томпсон – Иго Умбер. Ќе потсетиме, најголемата сензација на турнирот досега ја направи Французинот Умбер кој го елиминираше Шпанецот Карлос Алкараз. Сензација во Париз: Уго Ембер го елиминираше Карлос Алкараз...
Шефот на пензионерското здружение во Свети Николе влечел премногу пари од членарината
Слободен Печат - пред 55 дена
Првиот човек на здружението на пензионери во Свети Николе ги оштетил членовите за околу 1.500 евра, откако повлекол премногу пари за репрезентација, соопшти полицијата. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Ш.Ѓ. (68) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот како одговорно лице на Здружение на пензионери на општина Свети Николе ја искористил својата службена положба и овластување на начин што како овластен потписник на сметката на здружението кое се финансира од членарината на пензионерите, истиот без одлука во 19 наврати повлекол вкупно 146.453 денари ненаменски средства на име на репрезентација, иако знаел дека со предлог одлука на финансов план за 2023 година за ставка репрезентација биле обезбедени 40.000 денари, со што нанел штета на Здружението од 106.453 денари“, велат од МВР....
Иран би можел да го зголеми дострелот на своите балистички ракети?
Слободен Печат - пред 55 дена
Камал Харази, советник на врховниот лидер на Иран, изјави за Ал-Мајадин дека Техеран најверојатно ќе го зголеми дострелот на своите балистички ракети, пренесува Ројтерс. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Харази, исто така, навести дека иранската нуклеарна доктрина може да се промени доколку земјата се соочи со егзистенцијална закана. Тој рече дека Иран има способност да произведува нуклеарно оружје, но дека сегашната фатва на врховниот водач Али Хамнеи го забранува тоа. Израел изведе напади врз локации во Иран минатиот викенд, како очекуван одговор на иранскиот балистички напад на 1 октомври врз Тел Авив и воените бази....
Заклучоците за изградбата на пругата кон Бугарија треба да се официјализираат за две недели
Слободен Печат - пред 55 дена
За две недели во Скопје се очекува да бидат официјализирани заклучоците што вчера беа договорени во Софија во врска со изградбата на пругата кон со Бугарија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber На дијалогот на високо ниво за пругата со Бугарија во Софија прифатени се аргументите на земјава и заклучено е третата секција од Коридорот 8 од Крива Паланка до граница да се видоимзмени, а ние да го градиме делот до пред границата. Бугарската страна ќе треба да го изгради делот од три километри од нивна страна, додека тунелот ќе биде заеднички проектиран и тендериран. Од албанска страна до Драч се уште нема проект. Со тоа ќе се добие целина од Бургас до Куманово и Скопје и оти за нас е важно да се вкрстат коридорите 8 и 10 кај нас и тоа ќе се случи. Има доцнење при изградбата на пругата која е поделена во три дела Куманово-Бељаовце, Бељаковец- Крива Паланка и третиот е од Крива Паланка – граница. Ако втората секција не се заврши, не може да се пристапи на реализација на третиот дел, велат извори од Владата. Се доцни изградбата на втората делница каде досега се реализирани околу 20 отсто од работите. Како втора причина за доцнењето се посочува основата за сомневање за ангажираните подизведувачи, кои, како што се нагласува, не случајно се избрани. Поради овие две работи не може да се пристапи на третиот дел од Крива Паланка до граница. Втората делница треба да се заврши на крајот на 2026 година, но претпоставките се дека тоа ќе се случи многу подоцна. За доцнењето се плаќаат пенали така што проектот ќе дојде до 200 милиони евра. Министерството за транспорт денеска соопшти дека е договорено еден изведувач да го гради тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, да се ревидира цената и проектот за третата делница, а Бугарија да го заврши својот дел од пругата....
Чупеска: Мицкоски се однесуваше како обвинител, наместо да одговара на пратеничките прашања како премиер
Слободен Печат - пред 55 дена
Седницата за пратенички прашања која во текот на вчерашниот ден се одвиваше во Собранието, на која власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ требаше да даде одговори на теми поврзани со изминатите владини одлуки, остави простор за сериозни сомнежи во врска со нов бран на авторитаризам имајќи го предвид одговарањето на премиерот кога тој упати закани за апсење, за жестоки казни и слични изјави, вели во изјава за „Цивилмедиа“ професорката од правниот факултет Ана Чупеска. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Таа додава дека во најмала рака сериозните обвинувања иод говорницата во Собранието, мафтајќи со некакви државни документи, не доликуваат на еден премиер во услови на демократија, од причина што во демократијата поделбата на власта е клучна за нејзино нормално функционирање. -Од таа перспектива наместо да даде одговори на прашањата кои што му беа упатени, пред се тоа беа прашања врзани за планот, на пример едно од прашањата беше кој му е планот за евроинтеграцискиот пат, за одблокирањето на нашата евроинтеграциска перспектива, за отворањето на поглавјата. Друго прашање беше во врска со нивните ветувања дека ќе го декласифицираат договорот со Бехтел и Енка, ни на тоа не одговори. Не одговори ни на ова другово. Наспроти тоа, некои закани упатуваше, како да заборави, како да ги помеша ресорите. Мислам се стави во некоја улога на обвинител. Потоа почна да зборува за некои дронови што го следеле, додава Чупеска. Овие тврдења и ваквото однесување иако дел од граѓаните ги прифатиле како сешни, но таа ги сфаќа сериозно бидејќи начелото на поделбата на власта е клучно за демократијата. -Исто така симболичко насилство во говор или инфламаторни говори или потпалувачки говори може да имаат многу лош ефект врз јавноста и пред целокупното функционирање на демократијата. Од тука впечатокот ми е дека премиерот и министрите во власта како се уште да не разбираат дека се сега власт, тие се носители на највисоките државни функции и од тука треба да бидат најодговорни во врска со своите однесување и особено своите изјави, заклучува Чупеска....
Советот на Европа го повика Кипар да им дозволи на мигрантите во тампон зоната на ОН да бараат азил
Слободен Печат - пред 55 дена
Висок функционер од највисокото европско тело за заштита на човековите права побара од владата на етнички поделениот Кипар да дозволи премин на речиси триесетина баратели на азил надвор од тампон зоната под контрола на ОН, каде што со месеци се блокирани во шатори, пренесува Катимерини. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Мајкл О’Флаерти, комесарот за човекови права на Советот на Европа, во писмо објавено во средата рече дека и покрај добивањето храна, вода и друга помош, околу 35 луѓе, вклучително и мали деца, продолжуваат да се соочуваат со „лоши услови за живот“ поради кои тешко им е да добијат предмети како што се млеко и пелени за бебиња. Мигрантите, кои доаѓаат од земји како Сирија, Иран, Судан, Авганистан и Камерун, се заглавени во тампон зона што ги дели отцепените кипарски Турци северно од островската држава на источниот Медитеран и југот на кипарските Грци каде се наоѓа меѓународно признатата влада. Во писмото упатено до кипарскиот претседател Никос Христодулидес, О’Флаерти рече дека продолжениот престој на мигрантите во такви услови веројатно ќе влијае на нивното ментално и физичко здравје, како што е илустрирано со обидите за самоубиство на две жени. О’Флаерти рече дека ја признава „сериозноста и сложеноста“ на напорите на кипарските власти да го запрат протокот на мигранти кои ја преминуваат тампон зоната од север кон југ за да бараат азил. Но, тој рече дека тоа не значи дека кипарските власти можат да ги игнорираат нивните обврски според меѓународното право да им понудат на мигрантите „ефективен пристап до процедурите за азил и до соодветни услови за прием“. Писмото на О’Флаерти доаѓа неколку месеци откако агенцијата за бегалци на ОН, исто така, побара од кипарската влада да ги пушти мигрантите да бараат азил. Премините на мигрантите од север кон југ нагло се намалија во последниве месеци, откако кипарските власти донесоа низа строги мерки, вклучително и инсталирање на камери и специјални полициски патроли долж деловите од тампон зоната долга 180 километри (120 милји). Кипарската влада им ја отстапи контролата на тампон зоната на мировниците на ОН откако борбените линии се стабилизираа по турската инвазија во 1974 година. Кипарските власти постојано велат дека нема да дозволат тампон зоната да стане порта за илегален прилив на миграција што ќе стави „сериозно оптоварување“ на системот за азил на островот. Претходно оваа година, Кипар го суспендираше процесирањето на барањата за азил од сириските државјани, откако во последната деценија одобри меѓународна заштита на 14.000 Сиријци. Христодулидес ја подвлече поентата до О’Флаерти во писмото, велејќи дека кипарските власти се обврзани да дадат се од себе за да ги уништат мрежите за шверц на луѓе кои ги префрлаат луѓето од континентална Турција во северен Кипар, а потоа на југ. Се разбира дека сите мигранти имаат турски дозволи за престој и пристигнале на север со редовни летови. Кипарскиот претседател рече дека властите „ќе вложат максимални напори“ во согласност со меѓународното право „да спречат нормализирање на нередовните премини“ низ тампон зоната. Во врска со заглавените баратели на азил, Христодулидес рече дека владата нуди материјали и здравствена заштита и го увери О’Флаерти дека „ќе го решиме ова прашање во следните неколку недели“, без да даде детали. Кипарскиот претседател, исто така, ги бранеше патролите што ги спроведуваат бродовите на поморската полиција во меѓународните води за да спречат чамци со мигранти кои стигнуваат до островот по море. Тој рече дека тие патроли целосно се усогласени со меѓународното право и ги отфрли наводите дека поморската полиција учествува во „отфрлање“ на чамци со мигранти преку море. На почетокот на овој месец, Европскиот суд за човекови права пресуди дека Кипар го прекршил правото на двајца сириски државјани да бараат азил во островската држава откако ги задржал, и повеќе од дваесет други луѓе, на брод на море два дена пред да ги испрати. назад во Либан. О’Флаерти го замоли Христодулидес да се погрижи сите операции на кипарските поморски операции да ги почитуваат обврските што произлегуваат од судската одлука и да спроведе независни истраги за наводите за „незаконско скратено враќање и за малтретирање“ на мигрантите на копно и на море, пренесе Асошиејтед прес....
Уапсена е градежна инспекторка, зела поткуп од 4.000 евра
Слободен Печат - пред 55 дена
СВР Куманово во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при МВР денеска (01.11.2024) во 13.30 часот постапи по наредба од ОЈО Куманово за расчистување на кривично дело „примање поткуп“ од член 357, при што во Куманово е лишена од слобода Л.Т., овластен градежен инспектор при општина Куманово, која била затекната како прима поткуп од 4.000 евра. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber На 25.09.2024 граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1500 евра, за да на 31.10.2024 ја покачи сумата за поткуп на 4000 евра. На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој денеска во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т.. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, Л.Т. ќе биде изведена пред надлежен јавен обвинител при ОЈО Куманово. – стои во соопштението на МВР....
ВИДЕО | „Магија“ на Дончиќ: На загревањето поентираше од невозможна позиција
Слободен Печат - пред 55 дена
Лука Дончиќ со години важи за еден од најдорите кошаркари во НБА лигата, но освен со одличните настапи на паркетот, словенечкиот кошаркар знае да воодушеви и со по некој трик. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Така беше и пред натпреварот со Хјустон кога додека ја забавуваше публиката успеа да погоди од една тешка позиција. Luka Doncic makes an INSANE shot from the stands 🤯 (via @JoeyMistretta_) pic.twitter.com/12ecJ5Ug8U — ClutchPoints (@ClutchPoints) October 31, 2024 ВИДЕО | Не помогнаа одличните Дончиќ и Ирвинг, Далас поразен од Хјустон...
Експерти: Настрешницата на Железничката станица во Нови Сад беше смело и необично архитектонско решение
Слободен Печат - пред 55 дена
Архитектот Слободан Малдини вели дека се уште е рано да се зборува за причините, но дека настрешницата пред се била стара повеќе од пет децении, но и дека тоа било смело и необично архитектонско-конструктивно решение, поради употреба на конструкција со затегнувачи. Претходно од Железничката инфраструктура на Србија информираа дека настрешницата била предмет на неодамнешна реконструкција, бидејќи се реновирала зградата. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Архитектите убаво го смислиле затоа што е нанесена конструкција со затегнувачи. Тоа е настрешница обесена на некаков кабел, под остар агол, поради што претрпел голем товар. Настрешницата има тешки бетонски греди, а во оваа смисла, главното прашање е дали овие греди биле доволно и правилно зајакнати, во вистинската зона на бетон и второ, дали протезите биле правилно закотвени“, рече Малдини и продолжи: „Сидрата ги трпат најголемите моменти на оптоварување, така што може да се претпостави дека материјалот или се заморил, исто така е можно да не е забележана некоја пукнатина или некоја грешка и едноставно тежината на таквата неизградба го започнала пропаѓањето“, додава тој, пренесува Еуроњуз. Како што вели, при проектирање на архитектонско решение како што е настрешницата на Железничката во Нови Сад, се користат лесни архитектонски конструкции, односно лесни елементи. „Еве еден необичен систем на употреба на затегнувачи кои се потпираат на силни бетонски греди, во проектантска смисла може да се каже, не дека е пропуст, туку недоследност на проектантот, додека во смисла на изведувачот, не знаеме како се зајакнуваат тие греди. Третата работа е токму во самата експлоатација. Малдини претпоставува дека сидрата се извлечени од ѕидот бидејќи она што може да се види на фотографиите и да се слушне од изјавите на очевидците е дека овие сидра практично биле поставени на кровната конструкција, која е многу тенка, нежна и кревка. „Тоа беше направено заради естетика и добар изглед, но не беше придружено со добра градежна документација и претпоставувам дека дојдовме до проблемот после 50 и повеќе години кога таквата конструкција беше зрела за реставрација. Архитектот посочува дека при реновирањето на железничката станица е направена потенцијална грешка и од тој што проценил дека настрешницата не треба да се реновира. „Во смисла на архитектура, нешто што изгледа убаво може да има пукнатини во внатрешноста и да биде проблем. Ова треба да биде апел сите архитектонски конструкции да бидат направени според стандардите и нормите кои налагаат да можат да ги носат товарите, потребна е посебна претпазливост при извршување на работите, односно да нема заштеда на материјали и редовна контрола на сето она што е потребно при експлоатација“, истакна Малдини. Тој вели и дека тешко може да се зборува за тоа кој е одговорен за трагедијата, пред се поради одминувањето на времето и „одржувањето или неодржувањето на тој дел од архитектонскиот објект“. „Она што е сигурно е дека се работи за необично структурно решение кое е привлечно и убаво, но прашање е дали е безбедно и имплементирано. Во овој случај се покажа дека има одреден замор на материјалите, дефекти кои не се забележани на време и тогаш дојде до ова“ Малдини апелира до сите архитектонски дизајнери да вградат сигурни и одржливи решенија во своите проекти и да не спроведуваат, како што вели, изложби. „Дека градежните работници пресметуваат со голема претпазливост на конструкцијата, дека при експлоатација ги контролираат тие објекти за да не се случуваат несакани настани“, рече тој во интервју за Euronews Србија и заклучи велејќи: „Ова е големо предупредување за сите нас и ќе мораме да го промениме односот кон архитектонските објекти од јавен карактер кои имаат конструктивни системи кои не застаруваат естетски, туку застаруваат во однос на материјалното оптоварување. материјалот што е натоварен може да пукне, да пропадне и, во оваа смисла, може да дојде до трагедија“....
Рецепт за лазања супа: Вкусен спој на предјадење и омилената паста
Слободен Печат - пред 55 дена
Едно од омилените италијански деликатеси овој пат во ново гастрономско руво. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Состојки: – 1 лажица маслиново масло – 1 лажица путер – 1 главица кромид, ситно сечкан – 2 чешниња лук – 450 грама мелено месо (свинско, говедско – може и да се меша) – 1 лажица доматен концентрат – 1 голема конзерва домати пелати – 4 шолји пилешки бујон – 8 кори за лазања – 1 лажичка свежо оригано – 1 грст сечкан свеж босилек – 1 грст сечкан свеж магдонос – кисела павлака – рендано сирење Фото: Anatolii Riepin / Alamy / Alamy / Profimedia Подготовка: Сипете ги путерот и маслото во тавата. Додајте го меленото месо и иситнете го со дрвена лажица. Зачинете со сол, бибер и додајте ситно сечкан кромид. Кога ќе заруменат, прелијте со концентратот од домати, бујонот и доматите. Кога ќе почне да врие, додајте ја павлаката за готвење и убаво измешајте. Рачно кршете ги лушпите од лазањите и додајте ги да се варат. Зачинете со сол и бибер. Откако тестенините ќе омекнат, додајте кисела павлака и рендано сирење и послужете ги топли посипани со сечкани зачини. Добар апетит!...
Поранешен израелски премиер: Нашите вистински непријатели не се Иран, Хамас и Хезболах
Слободен Печат - пред 55 дена
Поранешниот израелски премиер Ехуд Олмерт со прилично шокантно тврдење – вистинските непријатели на неговата земја билее „екстремните групи Израелци кои мислат дека можат да ги протераат Палестинците и да ги анектираат териториите“, пренесува Си-Ен-Ен. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Олмерт рече дека било обврска да се борат против таквите „луди, месијански“ групи. „Коалициските партнери на Нетанјаху сакаат да ги протераат жителите на Западниот Брег за да можат да го анектираат. И така, она што го кажувам, и постојано го кажувам, и знам дека понекогаш на некои мои колеги во Израел не им се допаѓа тоа што го кажувам во странство, секако не во програмата на Кристијане Аманпур, но ќе го кажам – вистинскиот непријател не е Иран, кој е непријател, не Хезболах, кој е непријател, не Хамас, кој е непријател“, рече поранешниот израелски премиер и истакна: „Вистинскиот непријател е одвнатре. Месијански, луди, екстремни групи Израелци кои мислат дека можат да ги истераат Палестинците и да ги анектираат териториите. Јас се борам против нив, водам кампања против нив и мислам дека тоа е обврска на сегашната израелска влада и Нетанјаху“. Во интервју за Си-Ен-Ен, Олмерт додаде дека актуелниот премиер Нетанјаху, за жал, политички зависи од нив до тој степен што ги затвора очите и „им дозволува да прават работи што се целосно неподносливи и неприфатливи“. Ехуд Олмерт беше премиер на Израел од 2006 до 2009 година, а беше и градоначалник на Ерусалим од 1993 до 2003 година....
Марадона добива споменик во Буенос Аирес
Слободен Печат - пред 55 дена
Наследниците на легендарниот Диего Армандо Марадона најавуваат изградба на споменик во центарот на аргентинскиот Буенос Аирс. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Според најавите споменикот би го носел името „Меморијал М10“ и ќе биде поставе нна површина од 1.000 метри квадратни. Децата на славниот Аргентинец сметаат дека освен што на еден посебен начин би оддале чест на нивниот татко исто така би придонеле и за милион туристи од целиот свет кој би го посетиле градот. The children of football legend #DiegoMaradona unveiled the site plans for the “M10 Memorial” which is scheduled to open in 2025 and will be able to welcome one million visitors a year. ⤵️ https://t.co/Ejot8RV1sd — Sportstar (@sportstarweb) November 1, 2024...
АХВ: Од 41 дом за стари лица 14 не биле регистрирани – уништени 40 килограми небезбедна храна
Слободен Печат - пред 55 дена
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41 дом за стари лица во земјава. Со контролите е утврдено дека 14 од нив не биле воопшто регистрирани како оператори со храна во АХВ. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Издадени се 16 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности од кои кај четири оператори за незадоволителни хигиенски барања, а кај три оператори е утврдено дека вработените немале спроведено задолжителен здравствен преглед. Изречени се и парични кази за 18 оператори. Според АХВ, кај пет оператори се запленети и нештетно уништени 40 килограми небезбедна храна....
Минималната плата од март ќе биде најмалку околу 24.400 денари
Слободен Печат - пред 55 дена
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска откри дека во понеделник ќе има Економско – социјален совет, односно на маса ќе седне Владата, Синдикатот и Организацијата на работодавачи да преговараат за минималната плата. Како што познато, Созјузот на синдикати притска таа да биде 450 евра (околу 27.700 денари). Според министерката, во Предлог-буџетот за 2025 година има 2 милијарди денари (32,5 милиони евра) ставени на посебна сметка, како резерва кои ќе послужат за зголемувањето на минималната плата, зависно од преговорите. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – Ако има само редовно усогласување на минималната плата, согласно сегашната законска регулатива, таа според сегашните проценки, ќе биде околу 24.400 денари-информираа од Министерството за финанансии. Усогласувањето треба да се случи во март. Сега, минималната плата е 22.567 денари. Согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50% од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика....
ФОТО | Џенифер Гарнер се сврши: Еден детаљ ја откри поранешната сопруга на Бен Афлек, додека неговиот брак со Џеј Ло се распадна
Слободен Печат - пред 55 дена
Џенифер Гарнер е позната по тоа што го чува приватниот живот. Холивудската ѕвезда, која секогаш поминува квалитетно време со своите деца Вајолет, Фин и Семјуел, кои ги доби во бракот со Бен Афлек, во Лос Анџелес, е во стабилна врска со извршниот директор на една компанија, Џон Милер. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber И додека парот не би сакал да зборува за својата романса, тие беа забележани во јавноста во многу поинтимен однос од вообичаено. Актерката и бизнисменот ги поттикнаа гласините за свршувачка уште во ноември 2021 година, откако Џенифер беше фотографирана како носи златен прстен на левата рака, но се чини дека тие направија пауза од нивната врска и повторно се смирија во 2022 година. Двојката е заедно од 2018 година, а овој пат гласините за свршувачка повторно се шират откако ѕвездениот актер беше виден како носи златен прстен на својот „свршеничкиот прст“ со тиркизно зелен камен. Џенифер е фотографирана како вози, а вештиот фотограф го „фатил“ скапоцениот зелен камен на раката на актерката. 💍 Is Jennifer Garner @JenGarnerNet heading down the aisle again? Rumors swirl as she exits Ben Affleck @benaffleck‘s home with a sparkler! Could a Paris wedding be in the works with beau John Miller? #EngagementSpeculation #JenniferGarner https://t.co/KSnD2R6RQN — ShowBizzed 🙈🙉🙊 (@ShowBizzed) October 28, 2024 „Џон е одлично момче. Таа многу се забавува со него“, изјавил извор за „Пипл“ во 2023 година. „Тие сакаат да се гледаат надвор од рефлекторите и често го напуштаат Лос Анџелес за викенд патувања“. Тие се забележани како вежбаат и одржуваат активен животен стил во Лос Анџелес, а интересно е што Џон наводно има одличен однос со поранешниот сопруг на Џенифер – Бен Афлек. „Тие имаат многу посебен однос. Никогаш не било лесно бидејќи и двајцата имаат семејства“, рекол тогаш изворот. „Тие ја пребродија долгата пауза, но Џен е многу среќна што се повторно заедно. Тие се навистина совршени еден за друг затоа што се најсреќни кога ќе останат дома и ќе вечераат и можеби ќе се прошетаат низ соседството потоа“, рекол извор за магазинот „ОК“. Двојката допрва треба да ги потврди или негира гласините за свршувачката. Во меѓувреме, бракот на Бен Афлек и Џенифер Лопез пропадна по година ипол. Тие во моментот поминуваат низ процес на развод. Драмата продолжува: Дечкото на Џенифер Гарнер револтиран поради нејзината близина со Бен Афлек по разводот со Џеј Ло „Разбирам дека имаат деца, но…“: Дечкото на Џенифер Гарнер револтиран од нејзиниот однос со Бен Афлек...
Дачиќ: Осуммина загинаа во несреќа на железничката станица во Нови Сад
Слободен Печат - пред 55 дена
Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека осум лица загинале во несреќата предизвикана од уривањето на настрешницата на старата зграда на железничката станица во Нови Сад. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Дачиќ рече дека две лица се во болница и дека едно од нив е во тешка состојба, со оглед на тоа дека на тоа лице му биле ампутирани двете нозе. Тој наведува и дека спасувачките екипи се во контакт со две лица кои се уште се живи под урнатините и дека работат на нивно извлекување....
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Одблиску и лично со Владислава Војновиќ (драматург, писател, продуцент): Никогаш не ја дочекавме светлата иднина
Слободен Печат - пред 55 дена
По 35 години од култниот филм „Како је пропао рокенрол“, издавачката куќа „ПопБокс“ (PopBooks) ја ангажираше Владислава Војновиќ да подготви опсежна книга во чест на тоа музичко-филмско ремек-дело. Книгата која беше хит на штотуку завршениот Саем на книги во Белград е централна тема за разговорот што го имавме со Владислава, по професија драматург, писател и продуцент. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Една од работите која ги обои волшебните осумдесеттите години на минатиот век во поранешна Југославија беше и филмот и саундтракот „Како је пропао рокенрол“. Овој исклучително забавен омнибус на режисерското трио Горан Гајиќ, Зоран Пезо и Владимир Славица, и на тројца врвни музичари – Влада (Дивљан), Која (Душан Којиќ) и Гиле (Срѓан Гојковиќ) е приказна за диско нинџа, за една Барбара која сака да гледа видео, додека не се стопат боите и за една Ева која сака да стане мајка. Триесет и пет години по филмот, издавачката куќа „ПопБокс“ (PopBooks) ја ангажираше Владислава Војновиќ да подготви опсежна книга во чест на тоа музичко-филмско ремек-дело. Тоа беше појдовната точка за разговорот со Владислава… – Во тоа време сите мислевме дека „Како је пропао рокенрол“ е добар филм, но не дека е некое чудо невидено. Тоа се три кратки приказни на тројца млади режисери, и дека допрва од нив ќе следи подобро, кога ќе тргнеме кон светлата иднина. Но, си дојде крајот и никогаш не ја дочекавме таа светла иднина – вели Владислава за „Слободен печат“. Таа по професија е драматург, писател и филмски продуцент. На покана од одговорните луѓе во „ПопБокс“ – Предраг Поповиќ и Горан Тарлаќ пред две години започна да ја уредува книгата за филмот „Како је пропао рокенрол“. Денес со наслов „Дај, бабо, главу!“ имаме опсежно четиво распослано на 400 страни. Насловот е продолжение на репликата „Зелени зуб презире славу – Дај, бабо, главу!“ Зелени Зуб секако е Која, првиот човек на култната „Дисциплина кичме“, еден од пионерите на новиот бран во Југославија. Авторот на дел од музиката и еден од главните ликови во филмот. – Која е во Лондон и текстот за него, поточно интервјуто со него што е во книгата, не го направив јас, туку разговараше Предраг Буца Поповиќ, кој исто така поголемиот дел од своето време престојува во Лондон. Тоа е првото огласување на Која по неколку години… – открива Војновиќ. За тоа која е тајната на успехот на филмот „Како је пропао рокенрол“ се обидовме да одгатнеме со Владислава. Таа смета дека од филмовите снимени во тогашната Југославија тој е единствениот кој се обиде да личи на странски филм… – Имаше млади романтични, духовити и смели фотогенични луѓе. Секој во тоа време сакаше да биде таков. Но, сè пропадна, како што пропадна, па следната генерација ни кажа: „Блазе си ви како живеевте“, а ние воопшто така не живеевме, освен еден незначително мал процент луѓе. И сето тоа е бајка – смета Владислава. Книгата „Дај, бабо, главу!“ беше вистински хит на Саемот на книги во Белград, кој се одржа минатата недела. – На сите им советувам да си ја купат книгата, ако можат, да ја купат некому на подарок, за некој кој го сакаат, а кој си има такви интересирања. А, тогаш, кога луѓето забележуваат колку е скапа книгата, јас им советувам да ја украдат. Бидејќи не е срам човекот да украде нешто што навистина му треба и навистина што сака, под услов тоа што сака да не се пари или дијаманти. Мислам дека е рокенрол да се украде книга и дека тоа е добар фазон. Книгата добро се продава, без оглед што е скапа. Немам некои точни статистички податоци, не сум некој рачунџија, и тоа треба да го прашате Горан Тарлаќ. Тие сигурно знаат како книгата помина на Саемот… – раскажува Владислава. Фото: „Слободен печат“ Госпоѓата Војновиќ во моментов го завршува својот најнов роман. Ја паметиме по успешната приказна „Принцот од хартија“, која ја гледавме и на филм, како и по сценариото за популарната серија и филм „Козји уши“. Беше и ко-сценарист за филмот „Како ме украдоа Германците“. – Нашата ќерка Милица во моментов мастерира режија и доколку пак се работи нешто на филмско платно, тоа ќе биде за да ѝ се помогне на неа. Публиката веќе ја има видено во улогата на внука на главниот лик во филмот „Козји уши“, а во филмот „Принцот од хартија“ ја толкуваше главната улога. Со сопругот, Милош Спасојевиќ, кој по професија е директор на фотографија и кој во оние стари времиња за „Случајот Хармс“ го доби „Штермберг“ во Берлин, имаме мала продуцентска куќа „Лукс филм“, и на секои 10 години работиме нешто, кога ќе успееме да се избориме за некакви средства – открива Владислава Војновиќ во разговорот за „Слободен печат“....
Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст од 3,7 проценти ќе се оствари, имаме реални проекти
Слободен Печат - пред 55 дена
Првите реакции по презентирањето на Предлог-буџетот за 2025 година најмногу се однесуваа на проектираниот висок економски раст од 3,7 проценти на бруто-домашниот производ. Овој раст е значително повисок од проекциите на Светска банка од 2,5 проценти и малку повисок од предвидениот од ММФ од 3,6 проценти. Врз прогнозите на економскиот раст се темели целиот планиран буџет, затоа промашените проекции би ги поматиле сите сметки. Но, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на средбата со новинарите рече дека сака да ја расчисти оваа дилема и потенцираше дека ваков економски раст може да се постигне затоа што за првпат се темели на реални капитални проекти. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – Во Буџетот се предвидени околу 830 милиони евра за капитални инвестиции. Тука се инфраструктурни проекти што според анализите на Министерството за транспорт и врски реално се остварливи. Тука се и разни други проекти од областа на транспорт, земјоделие, справување со отпад, потоа реконструкција на студентски домови, доградба на училишта. Сите тие проекти, ние ќе ги спроведеме и оттука пресметките за економски раст од 3,7 проценти -тврди министерката. Таа објаснува дека досега немало реално прикажување вистински капитални проекти и многу често голем дел биле трансфери до јавни претпријатија. Инаку, таа наброја многубројни проекти за кои сме имале пари, а не сме имале никаква реализација. Меѓу нив спомена дека уште од 2020 година имало пари за регионална депонија за отпад, а реализацијата досега е 1 процент, потоа дека уште во 2021 година од Европската инвестициска банка биле одобрени пари за автопатот Скопје – Блаце, а од Европската банка за обнова и развој за Букојчани – Кичево и праша зошто досега не се изградени. – Немало никаков интерес за реализација на капитални инвестиции. На пример, полесно било да се префрлаат субвенции на земјоделците, наместо да им се овозможи да имаат вода во каналите. И потоа, немаме земјоделско производство. Па, ќе немаме! – коментира Димитриеска-Кочоска. Буџетот за 2025 година треба да се најде пред пратениците во Собранието. Тие на маса ќе имаат приходни ставки за 5,8 милијарди евра и расходни за 6,6 милијарди. Буџетот за в година е поголем отсега ребалансираниот за 10 проценти на расходна страна и за 13 проценти на приходна страна. Министерката рече дека ќе има повеќе пари за плати, за пензии и за социјално осигурување. – Платите ги има во повеќе ставки. Покрај онаа што е посебно издвоена и која изнесува околу 50 милијарди денари, платите се содржани и во износот за блок-дотации што се однесуваат на платите во образованието, а кои се 22 милијарди денари и на сметка Функции на државата има 2 милијарди денари, а колку ќе се потрошат од нив, зависи од тоа каква минимална плата ќе се договори на Економско-социјалниот совет што треба да заседава в понеделник. За платите во Министерството за здравство и во Фондот за пензиско, ние немаме увид – рече министерката. Ова значи дека без двата фонда, платите за кои се издвојуваат пари од Буџетот тежат околу 1,2 милијарди евра. Министерката уште еднаш потенцираше дека пензионерите од март идната година ќе добијат уште по 2.500 денари, но како што објасни, не треба да чекаат септемвриско усогласување, затоа што според сегашната методологија, тоа е невозможно. – Пензијата се усогласува од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието што му претходи, објавени од Државниот завод за статистика. Во случај кога порастот на трошоците на живот се со негативен предзнак, не се врши усогласување на пензијата. Реално, сега ќе имаме негативни ставки и во однос на инфлацијата, и во однос на порастот на плати, иако ќе го има, ќе биде помал во однос на претходното полугодие – објасни Димитриеска-Кочоска. За социјалните надоместоци во буџетот за 2025 година се предвидени 14,5 милијарди денари (235,8 милиони евра) или 500 милиони денари (околу 8 милиони евра) повеќе од ребалансираниот буџет за оваа година. – Барањата беа за многу поголем износ. Но, ние често, а и сега кога бевме во Светска банка, сме опоменувани дека имаме слаба реализација. Имаше проект за единствен регистар во кој ќе се прикажат сите приматели на социјални надоместоци, но тој никако да се реализира. Единствениот регистар треба да покаже по кои сè основи едно лице прима надоместоци, а сега немаме увид во тоа. Затоа, ставката за социјални надоместоци постојано расте. Во 2018 била 9,4 милијарди, бараа 18 милијарди за 2025 година, а одобривме 14,5 милијарди – вели министерката....
ВИДЕО| Расте бројот на повредени по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад
Слободен Печат - пред 55 дена
Најмалку едно лице загина, а бројката на повредени се искачи на 30 како резултат од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Екипите на итната помош и пожарникарите се на терен, а на местото на несреќата пристигнаа и работни машини за отстранување на урнатата настрешница, јави Нова.рс. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Според првичните очевидци, се се случило набрзина и oдекнало како бомба. „Работиме во зградата спроти железничката станица. Кога падна, нашата зграда буквално се стресе“, вели соговорничката за српските медиуми. На вознемирувачката снимка од камерите објавена на социјалните мрежи се гледа дека граѓаните мирно седат и чекаат превоз, кога старата настрешница која датира од 1964 година и која се уште не е реновирана, а која била планирана за реконструкција, во миг се урна! Екипи на Брза помош и полиција, како што наведуваат медиумите веднаш излегле на терен, повредените кои успеале да ги извлечат од под урнатините влегле во холот на железничката станица и им се укажува помош. Obrušila se nadstrešnica na ulazu u tek obnovljenu zgradu železničke stanice u Novom Sadu. Više vozila hitne pomoći na licu mesta ukazuje na to da ima i povređenih. https://t.co/bFALh6HMwA pic.twitter.com/UHWalC6zFc — Demokratska stranka Novi Sad (@GODSNoviSad) November 1, 2024 Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека изразува големо жалење што оваа трагедија која се случила. View this post on Instagram A post shared by Dnevnik (@dnevnik.rs)...
Поплавите ја откажаа Мото ГП трката во Валенсија
Слободен Печат - пред 55 дена
Oткако двојниот светски шампион Франческо Бањаја најави дека ќе ја бојкотира трката и нема да вози во Валенсија поради големите поплави, стигна и потврда од организаторот дека трката се откажува. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Раководството на Мото ГП брзо реагираше и соопшти дека трката нема да се вози. Станува збор за последната трка во сезоната и засега не е познато каде таа ќе се одржи и во наредниот период се очекуваат повеќе детали. Во генералниот пласман лидер е Хорхе Мартин, доека Бањаја заостанува 17 бодови. View this post on Instagram A post shared by MotoGP™ (@motogp) Двојниот светски шампион во Мото ГП поради поплавите нема да вози на последната трка во сезоната?...
Октомври нормално топол и нормално до многу сушен во однос на врнежите
Слободен Печат - пред 55 дена
Според мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Македонија, октомври се карактеризира како нормално топол и нормално до многу сушен во однос на врнежите, во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), информира УХМР. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Средномесечната температура се движеше од 8,9 степени во Лазарополе до 16,4 во Гевгелија. Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2010), овогодинешната октомвриска температура беше 0,7 повисока на ниво на држава. Највисоката максимална температура беше измерена на 11 октомври во Штип и изнесуваше 29,9 степени, а најниската во Берово, на 2 октомври и изнесуваше -3,7. Во октомври месечната сума на врнежи во државата варираше од 2,8 во Гевгелија до 66,1 мм во Маврово. Интензивни врнежи на целата територија на државата беа измерени на 5-ти во месецот, а потоа периодот беше посув. Врнежите беа од дожд. Максимално дневно количество на врнежи од 58,4мм, на разгледуваните станици, беше регистрирано во Маврово, додека во мрежата на автоматски станици во државата, максимални дневни врнежи беа измерени во Жировница 83мм, на 5-ти во месецот. Споредено со октомвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше помала за 61 отсто од просечната на ниво на државата....
Обвинителство отвори предистрага за назначувањето на Христовски за директор на АНБ
Слободен Печат - пред 55 дена
Скопското јавно обвинителството отвори предистрага за назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата на национална безбедност, по сомнежот кој се отвори во јавноста околу сертификатот за англиски јазик ТОЕФЛ. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Од Обвинителство велат дека пријавата е распределена кај јавен обвинител и по неа се постапува. „До Основното јавно обвинителство Скопје е доставена анонимна кривична пријава, која е распоредена кај јавен обвинител и по која се постапува“, се вели во одговорот од Обвинителството. Предмет за назначувањето на Христовски на чело на АНБ, претходно отвори и Антикорупциската комисија. Владата на седница на 16 октомври го разреши дотогашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Зарко Милошевски и на негово место го назначи Бојан Христовски. Христовски на директорската позиција во АНБ дојде од Министерството за внатрешни работи. Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по локалните избори во октомври 2021 година, тој краток период директоруваше со јавното скопско претпријатие „Градски паркинг“, но замина од позицијата во септември 2022 кога почнаа недоразбирањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Од Антикорупциска велат дека тие не се пречка Обвинителството да постапува за Бојан Христовски...
ВИДЕО | Вести во 15 часот на „Слободен печат“
Слободен Печат - пред 55 дена
Најновите информации следете ги преку нашиот портал. Информирајте се за сите случувања од домашната политика, скандали, економски теми, регионалните настани и меѓународните вести. Тука сме да ви ги пренесеме и спортските моменти, како и новости од културната сцена. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Секој работен ден следете ги вестите во 15 часот на „Слоободен печат“....
Етнографски филмови ќе бидат прикажани на 10. „ЕтноФФ“
Слободен Печат - пред 55 дена
Десетото издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм „ЕтноФФ“ во организација на Македонското студентско етнолошко друштво ќе се одржи на 1 и 2 ноември во Кинотеката на Македонија. Проекциите ќе се одржат во терминот од 18 до 22 часот, а влезот е бесплатен. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Фестивалот ќе почне на 1 ноември, во 18 часот, со филмот „Божји пламени“ (62 мин. / 2014 / САД, Франција, Македонија) во режија на Мешакаи Волф, а истата вечер ќе бидат прикажани „Ган Жи – да чувствуваш, да знаеш“ (11 мин. / 2024 / Кина) на Кјара Каварзан, „Арбори, билки и банани“ (29 мин. / 2024 / Кина) на Ксијаохуи Луи и „Тоголeндски проекции“ (96 мин. / 2023 / Франција, Германија, Того) во режија и по сценарио на Јурген Елингхаус. Во првиот блок на филмските проекции на 2 ноември е земјата во фокус – Јапонија со филмовите „Чикара – синот на сумо борачот“ (32 мин. / 2013 / Јапонија, Данска) на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт, „Сонувајќи го Мураками“ (58 мин / 2018 / Данска) на Нитеш Ањаан и „Создавање на еден Јапонец“ (99 мин. / 2023 / Јапонија, САД, Финска, Франција) на Ема Рајан Јамазаки со снимателот Казуки Какураи. Фестивалот ќе заврши со проекции на македонските филмови „Патот на престапникот“ (31 мин. / 2024) во режија и по сценарио на Александар Ковилоски и „Хембој“ (20 мин. / 2024) по сценарио на Елизабета Конеска....
Северна Кореја ќе ја поддржува Русија додека не постигне победа во војната во Украина
Слободен Печат - пред 55 дена
Северна Кореја ќе ја поддржува Русија додека не постигне победа во војната во Украина, изјави во петокот севернокорејската т министерка за надворешни работи Чое Сон Хуи во разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Нашите традиционални, историски пријателски односи, кои го поминаа тестот на историјата, се издигнуваат на ново ниво на односи на непобедливо воено другарство“, му рекла свернокорејската министерка на Лавров, пофалувајќи ја улогата што ја одиграа претседателите Ким Џонг Ун и Владимир Путин во тој потфат. Таа додаде дека Пјонгјанг не се сомнева дека под „мудрото водство“ на Путин, руската армија и народ „ќе постигнат голема победа во својата света борба за заштита на суверените права и безбедносните интереси на државата“. Севернокорејска министерка и рускиот министер Лавров . фото ЕПА „Силно со нашите другари до победа“ „И исто така ќе гарантираме дека цврсто ќе застанеме покрај нашите руски другари до победата“, рече Чое Сон Хуи. Лавров зборуваше за „многу блиски врски“ меѓу армиите на двете земји, што ќе им овозможи заеднички да решаваат важни безбедносни задачи. Никој од нив не ги спомна изјавите на САД, НАТО, Јужна Кореја и Украина дека Северна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија. Севернокорејски војници во Украина принтскрин ИКС Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека околу 8.000 од нив се испратени во областа Курск, која беше нападната од украинските сили на почетокот на август и дека се очекува наскоро да се приклучат во борбата против Украина. Лавров изрази „длабока благодарност до корејските пријатели за нивниот принципиелен став за настаните што се случуваат во Украина како резултат на ширењето на НАТО кон исток и охрабрувањето на бесрамно расистичкиот режим да искорени се што е руско“. Чое смета дека двете земји мора да продолжат да ги продлабочуваат односите, според договорот потпишан во јуни. Северно корејска министерка и рускиот министер Лавров . фото ЕПА. Тоа е Договорот за стратешко партнерство меѓу Руската Федерација и КНДР, кој има за цел да игра стабилизирачка улога во североисточна Азија. Чое, исто така, ги обвини САД и Јужна Кореја дека подготвуваат нуклеарен напад врз нејзината земја и дека ситуацијата на Корејскиот полуостров може да стане „експлозивна“ во секој момент. Затоа, таа му повтори на својот колега Лавров дека нејзината земја мора да го зајакне својот нуклеарен арсенал и да ја усоврши подготвеноста да возврати со нуклеарен напад, доколку тоа се покаже неопходно....
ВИДЕО | На Ноќта на вештерките се забавуваа и милениците: Француски булдог маскиран во пајак го збунил ротвајлерот
Слободен Печат - пред 55 дена
Сопствениците на две кучиња решиле да ги маскираат своите миленици за Ноќта на вештерките. На француски булдог му облекле костим со нозе од пајак, а реакцијата на друго куче била урнебесна. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber @dozer_and_lilah #dogs #doglovers #puppy #dogstagram #frenchie #laugh #halloween #halloweencostume #rottweilersoftiktok #instapet #puppylove #rottweiler #pets #frenchie #cutedog #doglife #puppiesofinstagram #dogstyle #tiktokdogs #bulldog #pet #doglove #doggomeme #frenchiepuppy ♬ original sound – dozer_and_lilah Збунет и претпазлив, ротвајлерот се уплаши од кученцето, не знаејќи дали овој чуден „пајак“ му е пријател или закана. Малиот булдог, можеби и свесен за својата супериорност во костимот, го искористи моментот и се однесуваше како вистински шеф. Видеото насмеа многу корисници на ТикТок. Без разлика на големината, понекогаш победуваат малите „пајаци“ во животот....
Објавена неовластена снимка од новинарката на „Слободен печат“ Мирослава Симоновска, стекната со следење – ЗНМ и ССНМ бараат итна истрага
Слободен Печат - пред 55 дена
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат сериозна загриженост поради последното прекршување на основните права на новинарката Мирослава Симоновска, поради неовластеното снимање и дистрибуција на видео на кое таа наводно прима документ. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber -Ова видео, кое беше проследено до национална телевизија од страна на шефот на Вишо јавно обвинителство Мустафа Хајрулахи, отвора сериозни прашања за приватноста, незаконското следење и правата на новинарите во Македонија. Објавата на незаконски снимено видео од новинарката Мирослава Симоновска ја нарушува нејзината приватност и нејзините основни права без разлика што објавениот видео материјал е со заштитени идентитети. Секој новинар има право слободно да се движи и да комуницира со граѓани без страв од незаконско следење или нарушување на приватноста – се вели во соопштението. Оваа акција, веруваат дека е насочена кон застрашување и дискредитација на Симоновска поради нејзината критичка работа, особено во однос на истражувањето на високиот јавен обвинител, претставува директен напад врз новинарската независност и претставува закана за сите професионални новинари. -Со ова, се создава опасност од автоцензура и се поткопува клучната улога на медиумите во контрола на власта, особено што не е изолиран случај бидејќи до ЗНМ и ССНМ утрово пристигнаа и други пријави од новинарки кои сведочат за суптилни притисоци за нивни теми поврзани со работата на Вишо јавно обвинителство – велат од ЗНМ и Синдикатот. Мирослава Симоновска поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за неовластено снимање од страна на службено лице. -Бараме од Основното јавно обвинителство итно и без одлагање да спроведе темелна истрага во врска со овој случај и ги повикуваме надлежните институции да ги заштитат правата и безбедноста на новинарите. ЗНМ и ССНМ ќе ги известат меѓународните организации за поддршка на медиумите за ова скандалозно прекршување на правата на новинарите, кое може да има застрашувачки ефект врз слободата на медиумите во Македонија. Ова сериозно ја загрозува слободата на новинарите, заплашувајќи ги не само нив, туку и сите останати граѓани кои можат да се јават како извори кои би посочувале на злоупотреби во државните институции – се додава во соопштението. Исто така, од ЗНМ и ССНМ упатуваат порака до медиумите, случаите каде има сомнително стекнати материјали да ги третираат со особено внимание и строго да ги почитуваат етичките стандарди....
Цел викенд со спорт, забава и екологија во Аеродром
Слободен Печат - пред 55 дена
Општина Аеродром викендов ќе биде домаќин на повеќе настани на кои ќе можат да уживаат сите генерации. Утре, со почеток од 11 часот, во паркот „Авионче“ ќе се одржи традиционалната манифестација „Вкуси ја традицијата“. Љубителите на добрата храна ќе можат на голем број штандови да дегустираат автентични македонски специјалитети од сите региони и да се запознаат со производителите на храна. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Подоцна, точно напладне во Реонски центар, ФК „Аеродром“ ќе го промовира новиот фудбалски стадион, при што аеродромци ќе имаат можност да проследат интересен натпревар меѓу млади фудбалери и познати личности В недела, пак, во рамките на проектот „CleanAirDrom“ во соработка со „Еуро-екопак“ ќе се одржи едукативно-забавен настан под мотото „Селектирај, рециклирај, подобри“ што ќе се одржи во паркот „Авионче“ со почеток од 12 часот. На настанот ќе настапат детскиот хор „Поточиња“, „Аква денс клуб“ и бендот ДНК. Ос Аеродром велат дека посетителите можат да донесат отпадно стакло, како тегли и шишиња, што ќе се преземат за рециклирање, а за тоа како подарок ќе добијат торби за рециклирање....
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Јаневска: Целта е да обезбедиме квалитетни хартиени и дигитални учебници од одговорни автори и издавачи
Слободен Печат - пред 55 дена
Со новиот закон за учебници во основно и средно образование кој Министерството за образование и наука го отвори за сугестии и забелешки за јавноста, се озаконува користењето на дигиталните учебници во наставата. Според Предлог законот, електронските и дигиталните учебници се идентични со оние во пишана форма, но дигиталните во себе содржат интерактивни и мултимедијални содржини, видеа, тестови, нарации и слично. Оваа идеја претставена пред неколку години од претходната власт, наиде на отпор во јавноста и партиите, но министерката за образование и наука Весна Јаневска сега не очекува реакции околу оваа новина, бидејќи, вели, образованието мора да биде во чекор со модерната технологија. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – Точно е дека нашата јавност многу реагираше на недостатокот на хартиени учебници и ние тоа ќе го обезбедиме, но тоа не значи дека во ерата на дигитализација на сѐ, нашите ученици не треба да се запознаат со новите технолошки достигнувања и технолошки можности. Ние како партија никогаш не сме биле против дигитализацијата и во образованието, но бевме против тоа и да нема хартиени учебници и еве сега тоа и го исполнуваме. Да, ние сѐ уште немаме комплетно искреирани мултимедијални учебници, тоа го работат стручни компании, дури и не мора ни да биде учебник, може да бидат само содржини од темите коишто се изучуваат, но полека, како што ќе ни дозволуваат можностите ќе го развиваме и тоа. Со оглед дека планот е да направиме една програма која во следните 10-15 години не би се менувала, освен одредени теми кои ќе биде неопходно да се менуваат оти за 15 години секако ќе се случат промени, се надевам дека со текот на времето сите оние коишто ќе го водат образованието ќе го фатат тој тек за да може да имаме такви содржини кои исто така ќе можат да бидат променливи – вели министерката проф. д-р Весна Јаневска во интервју за „Слободен печат“. Новината во предложениот закон за учебници е тоа што целата работа околу печатењето, тиражот, дистрибуцијата и другите аспекти им се префрла на издавачките куќи кои треба да застанат зад авторите на ракописи по одреден предмет, модел кој според министерката Јаневска, треба да доведе до креирање на квалитетни учебници и конечно учениците да ги добијат сите потребни книги на почетокот на учебната година. – Законот дава две можности, Педагошката служба во рамките на МОН да продолжи со издавачка дејност, но минатите години покажаа дека може да се случи, така како што беше конципиран законот, да нема учебници. Конкретно претходната власт се жалеше на тоа дека на конкурсите не им се јавувале автори, не им се јавувале рецензенти од разни причини, и затоа немало учебници. Затоа законот дава две можности, да продолжи оваа постапка која досега ја имавме, а другата постапка е издавачките куќи да си обезбедат автори, додека рецензијата останува на Бирото за развој на образованието (БРО), МОН и Националната комисија за учебници. И имаме три скалила на проверка на тие учебници. Тргнуваме од премисата дека ако имаме повеќе можности ќе имаме и повеќе учебници за разгледување, изборот ќе биде поголем и ќе дојдеме до квалитетни учебници и изборот ќе се сведе на најквалитетниот учебник. Инаку вака како што е, еве конкретен пример зошто немаше учебници по историја. Затоа што, немам потврда за ова, но впечатокот ми е дека историчарите беа премногу лути и со ремолчен консензус не сакаа да пишуваат за програма која не им се допаѓаше, која реално ценеа дека не е добра. За да избегнеме такви нешта ценевме дека треба да дадеме повеќе можности за на први септември секогаш да има квалитетни учебници – вели министерката. Според неа, не е исклучена можноста од злоупотреби на системот кој ќе го воспостави МОН во изработката на новите учебници, но најави дека обидите за корупција во образованието ќе бидат санкционирани, а бидејќи каталошката цена на учебникот ќе ја одреди владата ќе нема многу простор за коруптивни дејства. – Во законот не е предвидено, но во правилникот кој ќе излезе веднаш по законот се предвидува каталошка цена која ја одредува Владата и ќе биде сосема чисто. Да, компаниите и издавачките куќи работат за профит, на тие на коишто им одговара, а мислам дека ќе им одговара на повеќето. Ние сме мала земја, ограничен е бројот на издавачи, но мислам дека и каталошката цена ќе ја намали корупцијата која би можела да се појави. Нема да измислиме топла вода. Веќе си постојат формули за каталошки цени и ние ќе преземеме една од тие. Всушност и веќе имаме план како тоа ќе биде, но тоа не е план на министерот, тоа е работа на Комисијата. Министерот треба само да биде добро информиран за да не се направи некој пропуст – вели министерката Јаневска. Предлог законот предвидува и повеќе филтри низ кои треба да помине секој учебник пред да се испечати за да се избегнат катастрофалните грешки кои во изминатиот период се провлекуваа низ учебниците за основно образование. – И тоа е човечки фактор. Првата бариера е Бирото кое треба да каже дали учебникот е според наставната програма, после е рецензентската комисија, потоа Националната комисија за учебници. Сметам дека такви крупни грешки произлегуваат прво од авторите, кои најверојатно многу брзале за да направат учебник. Авторите се стимулирани заради тој надомест, каков и да е, за да пишуваат учебници, тие автори што веќе се влезени во тој процес, зошто други не се ни јавуваат. Друго, и рецензентските комисии, претпоставувам дека повторно брзале. Тоа е финиот одговор. И сега и роковите се релативно кратки. Станува збор за одговорност и сериозност во пишувањето и секој треба одговорно да си ја врши својата работата – нагласува министерката. Од оваа учебна година се воведе и едносменска настава во поголем дел од основните училишта, а очекувањата се дека со дополнителни изборни предмети кои ќе им помогнат на учениците да стекнат нови знаења и животни вештини, ќе се надомести заостанувањето кое е забележано кај учениците во Македонија, а бидејќи во образованието има вишок од 3.000 наставници, тие нема да останат без работа туку ќе имаат можност да се вклучат во воннаставните активности и програмите кои ги изготви Бирото за развој на образованието. – Нашите деца до 15 години имаа 900 часа помалку на училиште и нивното знаење е каснење од отприлика 3 години. Значи ако е 9 одделение како да има знаење за шесто, тоа е многу и тоа мора да се промени. Немаме ниту една тема во образованиот систем за вештачка интелегенција, претприемништво, комуникација, нашите деца не знаат едно барање да напишат, стекнување на вештини, водење буџет, еве и банално, како да направат пица. Тоа треба да се спроведе, не е лесно и нема да биде лесно. Професорите ќе имаат можност, нема да им биде наметнато, длабоко сум убедена дека сите ќе можат да изберат дополнителни часови според нивното знање – децидна е Јаневска. Скроен е и буџетот на МОН за 2025 година и според министерката во него се обезбедени средства за учебници, како и за учебници за странски јазици кои во моментов ги нема, но и за дигитални учебници, дигитализација, подобрување на инфраструктурата, обуки за наставниците, подобрување на ученичкиот и студетскиот стандард, награди за талентираните ученици, како и повеќе средства за проектите за мултиетничност и мултикултура. – Министерството се занимава со издаваштво и со градежништио и со социјала. Ќе има и покачување на платите на наставниците во основно и во средно и во високото образование според колективниот договор. Во февруари ќе го потпишеме колективниот договор со кој ќе имаат загарантирано покачување на плати, сè со цел да ги мотивираме да го поткренат нивото на образование, да се гордееме со него и нашите ученции по знаење да се рамноправни со нивните врсници во Европската Унија – децидна е министерката Весна Јаневска....
ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Скерлев: Кралското семејство работи, највреден од нив е принцезата Ана, а најмрзлив е принцот Ендру
Слободен Печат - пред 55 дена
Богатството на британското семејство отсекогаш било предмет на дискусија, од каде им се толку пари, кога практично не заработуваат, многумина ќе речат „само трошат“, „тие се товар на државата“ итн. Кралското семејство има огромно наследство, до 1760 година земјиштето низ целата земја било кралско, но тогаш кралот Џорџ се откажал од делови од имотот во замена на кралски грант и оттогаш државата почнал на некој начин да го „издржува“ кралското семејство. Дополнително монархијата се финансира и од даноците на Британците. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Револтот, во некои делови на Велика Британија, (особено се забележува во Ирска, Шкотска) доаѓа од таму што не знаат каде одат нивните пари и на што се трошат, не постојат никакви детални извештаи за тоа како кралот, кралицата и останатите членови се однесуваат со парите, , но не и во Англија. Англичаните го имаат прифатено дека тоа е традиција, вели за „Слободен печат“ Жанета Скерлев, дописничка и колумнистка од Лондон. -Според последните анкети над 60 отсто од Британците имаат позитивно мислење за кралското семејство, 35 отсто имаат негативно мислење, но деновиве беше скроен новиот буџет и најава дека ќе има зголемување на даноците, тука се поставува прашањето додека ние, обичниот народ, штедиме и кратиме, кубуриме со скапотијата, што прави аристократијата со парите? Според најновите извештаи на антимонархистичкото движење кралското семејство ги чини Британците 510.000.000 фунти годишно. Од друга страна финансискиот кнсултант на кралското семејство негира, тврдејќи дека само 86.000.000 фунти „тежи“ кралското семсјтво – вели Скерлев. Кога кралското семејство поминува не се затвораат улиците, како на пример кога во Македонија поминува некој функционер, како што објаснува Скерлев, таа дури имала прилика да ја сретне принцезата Ана на улица, но сето тоа чини многу пари додава таа. Кралското семејство е најголемиот магнет за привлекување на туристи во Англија, на тој начин државата добива пари, но се поставува прашањето дали некој од нив некако заработува. -Монархијата на критиките одговара со тоа што кажуваат дека за суверениот грант што го добиваат од државата тие даваат добра вредност, бидејќи работат. Минатата година тие имале разновидни 2.700 настани, над 95.000 гости кои ги пречекале, еве и нашите амбасадори, политичари кои доаѓаат во нглија одат на прием кај кралот. Највреден од нив е принцезата Ана, сестрата на кралот, а најмрзелив принцот Ендру, братот на кралот – вели Скерлев....
Аморим е нов тренер на Манчестер јунајтед, но со работа нема да започне веднаш
Слободен Печат - пред 55 дена
Aнглискиот гигант Манчестер јунајтед го потврди ангажманот на Рубен Аморим кој пристигнува на тренерската позиција на местото на Ерик Тен Хаг. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Кормилото на клубот од „Олд Трафорд“, Аморим ќе го преземе од 11 ноември и ќе дебитира во натпреварот против Ипсвич на 24 ноември. Договорот кој португалскиот стратег ќе го потпише, ќе има важност до јуни 2027 година, но во него ќе има опција и за продолжување на уште една година. Како оштета за Аморим, Манчестер јунајтед ќе ја плати клазулата во износ од 11 милиони евра. View this post on Instagram A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)...
Иранскиот врховен лидер нареди подготовки за напад врз Израел
Слободен Печат - пред 55 дена
Иранските медиуми објавија дека Иран планира да одговори на неодамнешните израелски напади, што се заканува да го продолжи циклусот на одмазда меѓу земјите, пишува Њујорк Тајмс. Весникот, исто така, пренесува изјави на ирански официјални лица дека врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи му наредил на Врховниот совет за национална безбедност во понеделникот да се подготви за напад. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Одговорот на Иран на ционистичката агресија е сигурен. Никогаш не сме ја оставиле агресијата без одговор во последните 40 години. Ние сме во состојба да уништиме се што поседуваат ционистите во една операција“, изјави генерал Али Фадави, заменик командант на иранската револуционерна гарда, пренесуваат иранските медиуми. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, ескалирачкиот циклус на директни напади меѓу Иран и Израел во изминатите шест месеци го доведе регионот на работ на сеопфатна војна, но ниту една страна не изгледа подготвена да отстапи. Друг ирански функционер, шефот на канцеларијата на врховниот лидер, Голамхосеин Мохамади Голпајегани, исто така рече дека Иран планира „силен, жесток одговор“ на „очајната акција“ на Израел, според Тасним, полуофицијална новинска агенција поврзана со Револуционерната гарда. Останува нејасно како и кога Иран планира да одговори, дали сè уште може да се убеди да не го стори тоа, дали изјавите можеби се само закани за стекнување на преговарачки потпора или дали Иран ќе почека до изборите во САД следната недела за да дејствува. Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ЕПА-ЕФЕ „Иранските лидери се подготвени да го преземат ризикот“ При одлучувањето како да одговорат, иранските лидери се соочуваат со ризик: воен одговор што треба да ги одврати израелските напади може да предизвика подеструктивни напади што би можеле да ја оштетат неговата економија и инфраструктура. Таквото сценарио се одигра минатиот месец, кога Иран лансираше околу 180 балистички ракети кон Израел, нарекувајќи го како одмазда за израелските убиства на високи лидери на Хамас, Хезболах и неговите воени команданти. За возврат, Израел ја погоди воздушната одбрана околу неколку клучни нафтени рафинерии и петрохемиски постројки и главното иранско пристаниште, како и големите мешалки за гориво кои произведуваат гориво за иранската ракетна флота. Иранските власти и државните медиуми јавно ја минимизираа сериозноста на израелските напади, наведувајќи дека иранската воздушна одбрана успешно пресретнала повеќето израелски ракети и беспилотни летала. Но, аналитичарите велат дека Израел ефективно оневозможил некои од клучните системи за противвоздушна одбрана околу Техеран и енергетските капацитети, оставајќи го Иран особено ранлив на идни напади. Нападите на Израел врз ракетните фабрики беа насочени кон производствените капацитети на Иран, а не неговиот ракетен арсенал, кој сепак може да биде поставен на мобилните фрлачи за напад на Израел. „Тие се подготвени да го преземат овој ризик за да не изгледаат слабо и да докажат дека ја контролираат ситуацијата, како за домашниот така и за меѓународниот кредибилитет“, оцени Сина Азоди, експерт за иранската војска и вонреден професор на Универзитетот Џорџ Вашингтон. Азоди додаде дека, и покрај реториката што доаѓа од Иран, во моментов двете земји се во рамноправна позиција во однос на два директни напади еден врз друг. Тој наведува дека нападот „би се толкува како иранска ескалација, но тие не го гледаат како егзистенцијална закана“. Тројца ирански функционери запознаени со военото планирање изјавија дека иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи му наредил на Врховниот совет за национална безбедност во понеделникот да се подготви за напад врз Израел. Официјални лица рекоа дека Хамнеи ја донел одлуката откако го разгледал деталниот извештај на високите воени команданти за степенот на оштетување на иранските постројки за производство на ракети и системи за противвоздушна одбрана околу Техеран, клучната енергетска инфраструктура и големото пристаниште на југ. Хамнеи рече дека обемот на израелскиот напад, како и бројот на жртви – најмалку четворица војници загинаа – е премногу голем за да се игнорира и дека неуспехот да се одговори ќе биде признавање на поразот, велат официјалните лица. Ајатолахот Али Хамнеи објави дека обврска на Иран е да го казни Израел – Фотографија ЕПА, Абедин Такенкенарех Тие зборуваа под услов да останат анонимни бидејќи не се овластени јавно да зборуваат на оваа тема. Тие рекоа дека воените команданти подготвуваат список со десетици воени цели во Израел, но дека нападите најверојатно ќе дојдат по изборите во САД бидејќи Иран е загрижен дека уште еден бран на тензии и хаос во регионот би можел да му помогне на поранешниот претседател Доналд Трамп. во неговата реизборна кампања. Главниот командант на силите Кудс, надворешниот огранок на елитната Иранска републиканска гарда задолжен за поддршка и обука на регионалните милитантни групи, генерал Исмаил Гани, во четвртокот рече дека Иран ќе застане на страната на својот сојузник Хезболах, кој е во војна со Израел во Либан и трпи тешки напади врз неговото раководство и воениот арсенал. Израелските лидери, исто така, посочија дека се подготвени да извршат дополнителни директни напади против Иран доколку е потребно. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека неодамнешните напади врз Иран му овозможиле на Израел да нанесе уште поголема штета во вториот круг напади. „Ја погодивме неговата слаба точка. „Фалбите на лидерите на иранскиот режим не може да го сокрие и компензира фактот дека Израел сега има поголема слобода на дејствување во Иран од кога било досега“, рече Нетанјаху во говорот пред припадниците на израелската армија....
За пензионерите во март ќе има по уште 2.500 денари, но нема да има септемвриско усогласување
Слободен Печат - пред 55 дена
Миистерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска уште еднаш потенцираше дека пензионерите од март идната година ќе добијат уште по 2.500 денари, но како што објасни не треба да чекаат септемвриско усогласување, затоа што според сегашната методологија, тоа е невзможно. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – Пензијата се усогласува од 1 јануари и 1 јули секоја година според процентот на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие во однос на полугодието кое му претходи, објавени од Државниот завод за статистика. Во случај кога порастот на трошоците на живот се со негативен предзнак, не се врши усогласување на пензијата. Реално, сега ќе имаме негативни ставки и во однос на инфлацијата иако ќе ја има, како и во однос на порастот на плати, иако и кај платите е има раст, затоа што тие стапки ќе бидат помали во однос на претходното полугодие. Односно, ако се споредат ќе имаат негатиовен предзнак – објасни Димитриеска – Кочоска. на денешниот брифинг со новинарите за кои зборуваше за Предлог-буџетот за 2025 година....
Дурмиши: Есенската кошничка овомзожи заштеда до 1.360 денари по семејство
Слободен Печат - пред 55 дена
До 1.360 денари заштеда по семејство овозможи есенската кошничка. Мерката беше спроведена успешно и ги даде очекуваните резултати, рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber -Очекувам од ноември дополнително намалување на цените бидејќи почна примената на Законот за трговски практики. Есенската кошничка од вчера веќе не е во сила, но ако дојде до покачување на цените ќе се преземат поригорозни мерки – истакна министерот. Според него, со есенската кошничка се спречи наглото зголемување на цените. -Со есенската кошничка цените на производите се намалија за пет до десет отсто. Има и производи кои не се воопшто или се многу малку намалени како лебот, млекото, маслата за јадење, но и производи чии цени се намалени за над 10 проценти, како месото, зеленчукот, млечните продукти… – повтори министерот. Дурмиши најави Божиќна кошничка кон крајот на годината, а потоа, рече, ќе има и рамазанска, велигденска,… Кошничките ќе се однесуваат на различни производи зависно од потребите на граѓаните....
Хелоу Кити денеска слави 50-ти роденден: Како настанал ликот за кој сите мислат дека е мачка
Слободен Печат - пред 55 дена
Хелоу Кити денеска, 1 ноември, го слави својот 50-ти роденден. Во текот на децениите, таа еволуираше од мал лик на чантички до културен амбасадор и глобален феномен на поп културата. Еве како се случи тоа. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Во 1974 година, 24-годишната Јуко Шимизу се придружи на јапонската компанија наречена „Lamanashi Silk Company“, специјализирана за гумени сандали украсени со принтови од јагоди. Ребрендирајќи се како „Санрио“ (Sanrio), тие најмија тим од млади креативци, надевајќи се дека ќе развијат некои нови, профитабилни дизајни. На Шимизу ѝ биле потребни само неколку дена за да го создаде цртаниот лик што ќе ја промени судбината на „Санрио“. Хелоу Кити е родена на 1 ноември истата година. View this post on Instagram A post shared by Hello Kitty (@hellokitty) Хелоу Кити дебитираше на мала чантичка за монети, продадена за помалку од еден долар. Денес постои само една ваква оригинална чантичка и „Санрио“ ја чува во безбеден трезор во своето седиште во Токио. Белата мачка без уста, со панделка и безизразно лице, стана инстант хит. Нејзиното целосно име е Кити Вајт. Родена е во предградијата на Лондон, каде што живее со нејзините родители и сестрата близначка Мими. Иако многумина би можеле да претпостават дека Хелоу Кити е Јапонка, основачот на „Санрио“, Шинтаро Цуџи сакал ликот да има универзална привлечност. Бидејќи британската култура беше во тренд во Јапонија во текот на 1970-тите, „Санрио“ ѝ даде англиско име и потекло. И не, таа не е мачка. Таа е, всушност, девојка. Вишиот потпретседател за маркетинг и бренд менаџмент на „Санрио“, Џил Кох, збуни многу фанови ова лето. Таа има осум години и има домашно милениче мачка по име Чарми Кити. Јуко Шимизу го создаде својот израз без уста за да им овозможи на фановите да ги проектираат своите емоции врз неа, правејќи ја блиска без оглед на чувствата на гледачите. Без разлика дали сте дете во Токио или Лондон, нејзиното безизразно лице го зборува истиот јазик. Секој може да најде утеха во нејзиниот имиџ....
Во сообраќајна несреќа во Битола загина 71-годишен маж
Слободен Печат - пред 55 дена
Седумдесет и едногодишен маж загина во сообраќајна незгода што се случи вчера на улицата 8 Септември во Битола. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Несреќата се случила помеѓу автомобил „шкода” со битолски регистарски ознаки, управувано од К.П.(71) од Битола и патничко моторно возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.П.(60) од Битола. „Возачот К.П. починал, а смрт констатирал доктор од Клиничка болница Битола“, велат од МВР....
Герасимовски ќе иницира законски измени за да се спречи насилното однесување на младите
Слободен Печат - пред 55 дена
Во изминатиот период Општина Центар е фокусирана на реалните потреби на жителите и локалната самоуправа, за што говори и високата реализација на буџетот, која изнесува 87 отсто. Претпријатие за производство и продажба на електрична енергија, капитални инвестиции во образовните институции и инклузивниот процес, паметно осветлување и инфраструктурни проекти, се дел од сработеното во Општината во тригодишниот мандат на градоначалникот Горан Герасимовски, за што тој говореше во својот отчет пред граѓаните. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Тој нагласи дека Општина Центар е лидер во иновации и дека е прва општина во државата што формирала претпријатие за производство и продажба на електрична енергија. Преку „Енергија Центар“ поставивме фотоволтаични централи на градинката „Пепелашка“, со што за една година ги преполовивме нејзините трошоци за електрична енергија. Пред два месеца фотоволтаични панели поставивме и на кровната површина на училиштето „Киро Глигоров“, вкупно 720 панели со инсталирана моќност од 396 киловати за производство на електрична енергија. Оваа инвестиција, во вредност од 7,3 милиони денари, беше обезбедена од општинскиот буџет. Нашата цел е да поставиме фотоволтаични централи на сите основни училишта и градинки, а средствата од продажбата на вишоците електрична енергија да ги реинвестираме во нови фасади, подобрување на објектите и унапредување на наставниот процес – нагласи Герасимовски. Во однос на капиталните инвестиции, градоначалникот зборуваше за доградба на училиштето „Коле Неделковски“ по цели 66 години како и поставувањето на паметното осветлување со кое општината ќе заштеди на сметките за јавно осветлување. Во училиштето се доградени четири нови училници и два кабинети, како и лифт и санитарни јазли за учениците со посебни образовни потреби. Инвестирани се два милиона евра во реконструкција и модернизација на уличното осветлување, во рамки на проектот „Смарт сити“ што ќе придонесе до 70 отсто заштеда на Општината за осветлување. При крај е и внатрешното уредување на новата градинка „Пролет“ вредна 2,5 милиони евра, во која ќе можат да се згрижат 150 деца од населбите Пролет и Маџир Маало. Градоначалникот на Центар Герасимовски зборуваше за новиот проект кој во моментов се работи, а се однесува на зелен појас во Капиштец на потегот од ТЦ „Беверли Хилс“ до ТЦ „Зебра“ каде што се уредува површина од 7000 квадратни метри. Во својот отчет градоначалникот Герасимовски ги спомена и инвестиции во инклузивниот процес во образованието, во некои училишта и градинки се поставени нови лифтови, пристапни рампи, сензорни соби, прочистувачи на воздух и слично. Во изминатите три години општината реконструирала 19 улици при што се обезбедени резидентни паркинзи, поставена е нова урбана опрема и столпчиња за регулирање на сообраќајот на повеќе локации во општината, а по барање на граѓаните, како што рече градоначалникот, изградени се и дополнителни пешачки патеки во неколку населби. Општина Центар е прогласена за највело општина, за што придонесуваат субвенциите за купување нови велосипеди, за е-велосипеди и тротинети, како и субвенциите за дополнителна опрема за велосипеди. Герасимовски говореше и за акцијата за бесплатно подигање на хаварисани возила со што се ослободуваат узурпираните јавни површини низ Центар. Спомнувајќи ја реконструкцијата на детските и на спортските игралишта, градоначалникот нагласи дека сериозно се ангажирани во справување со девијантното однесување во ноќните часови. Нашите апели до младите, родителите, институциите и стручната фела сакаме да ги преточиме во предлог за законско решение, кое ќе стави крај на овие појави. Како градоначалник, заедно со општинската администрација, ја инициравме постапката за измени во законот што ги опфаќа малолетничката деликвенција, родителството и образованието. Ова е чекор кон спречување на насилното и девијантното однесување, кое, за жал, се пренесува и во други општини – рече Герасимовски потсетувајќи дека Општината иницирала и законско решение за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти. Во однос на проектите што се планираат за следната година, градоначалникот најави дека ќе се гради нова општинска зграда, но и дека кошаркарскиот клуб „Работнички“ ќе добие матична сала што е исполнување на уште едно негово ветување....
Пекинг не е запознаен со присуството на севернокорејските војници во Русија
Слободен Печат - пред 55 дена
Кина не е запознаена околу испраќањето на севернокорејски војници во Русија Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џианг на брифингот рече дека Русија и Северна Кореја се „суверени држави“ и дека Кина „не е запознаена со деталите за нивната интеракција и соработка“, коментирајќи ги најавите за наводната пристигнувањето на севернокорејските војници во Русија. – Северна Кореја и Русија се две независни и суверени земји и како ќе ги развиваат билатералните односи е нивна лична работа. Кина не е запознаена со конкретната ситуација на билатерална размена и соработка меѓу Москва и Пјонгјанг – соопшти официјален Пекинг Кинеското миснистерство за надворешни работи истакна дека позицијата на Кина во однос на украинската криза останала непроменета и дека Пекинг се надева дека сите страни ќе вложат напори за деескалација и политички решавање на конфликтот....
Жител на Богданци се самозадоволувал пред деца во училишен двор
Слободен Печат - пред 55 дена
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Осомничениот се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 години, и тоа на јавно место – во двор на основно училиште и на други локации. „Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, информираат од Обвинителство....
Рокас: Северна Македонија ќе ја добие поддршката на ЕУ, но мора да се усвојат уставните измени
Слободен Печат - пред 55 дена
Северна Македонија ќе ја добие поддршката на ЕУ и одржува високо ниво на амбиција да се придвижи кон пристапните преговори, но за да го унапреди процесот треба да ги усвои уставните измени, со цел да ги вклучи граѓаните коишто живеат во границите на државата и кои се дел од други народи како што се Бугарите, а на што се согласи дека ќе го направи, порача евроамбасадорот Михаилис Рокас на заедничката прес-конференција со министерот за европски прашања Орхан Муртезани. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Според него, во извештајот на ЕУ има поинаква структура со цел да може полесно да се чита, па оттаму Преспанскиот договорот и Договорот за добрососедство и пријателство се наоѓаат од првата страница на Извештајот со ЕУ. Фото: Министерство за европски прашања -И да, ќе ја добиете нашата поддршка. Како одговор би сакал да кажам дека има поинаква структура во извештајот за земјата со цел да може полесно да се чита и е покус и секако сите 120 препораки се споменати однапред, а тука е и овој дел. Не постои друга причина, се работи само за тоа сите да се фокусираат на суштинските елементи каде што ние ги даваме препораките за да може полесно да се чита и потоа сите да преминат на другите страници за да видат што всушност сме анализирале. Секако, не треба да се каже дека добрососедските односи, регионалната соработка остануваат како суштински елемент од процесот на проширувањето – рече Рокас во одговор на прашањето дали тоа што добрососедските односи се на првата страница од Извештајот на ЕК, значи дека земјата не ги исполнува доволно добро односите со соседите. Рокас потсети дека за време на минатонеделната посета на Скопје, претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен кажала јасна порака. -Невозможно е да шпекулирам за хипотези, но она што е кристално јасно и што би сакал да го кажам е дека кога претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен беше на истава оваа говорница таа кажа јасна порака и би сакал да ја цитирам. Прво, имаше дискусија за одличната соработка и таа секако се заблагодари на Северна Македонија за тоа и потоа „имаме јасна цел, тоа да се отвори Кластерот Основи што е можно побрзо. Речиси сме стигнати до таму. Знаеме дека се работи за уставните измени коишто вашата земја се обврза да ги спроведе. Сега потребни ни се заеднички напори, соработка и дијалог и се надевам дека сите политички страни во земјата ќе се обединат и ќе го преземат овој решителен чекор нанапред“ и потоа продолжи дека е уверена исто како што кажа и премиерот дека може да ги надминеме пречките коишто се се уште таму и коишто се уште таму постојат. Толку имам да кажам – рече Рокас. Тој цитираше делови од Извештајот за напредокот на земјава, посочувајќи дека Северна Македонија треба да продолжи паралелно да ја испорачува имплементацијата на реформите поврзани со ЕУ, особено во Кластерот Темели – поточно судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, а довербата во правосудниот систем треба да биде засилена, а додаде, корупцијата треба да се решава преку добар след на случаите во судовите и во обвинителствата. -Комисијата се стреми кон следење на скрининг извештајот по однос на основите, како и патоказите кои се усогласени со Преговарачката рамка со цел да се отвори првиот кластер што е можно побрзо и кога ќе бидат исполнети релевантните услови. Особено што се однесува до нашата проценка оваа година има извесен напредок што е постигнат во областа против организираниот криминал од страна на земјата и ограничен напредок во судството, каде пто се бележи подобрување во споредба со минатата година кога не беше забележан напредок. Зборував за борбата против корупција каде што за жал нема напредок, но има позитивни елементи и тие се забележани во областа на земјоделството, руралниот развој, риболовот, транспортните и регионалните политики – рече Рокас. Што се однесува до внатрешниот пазар, додаде евроамбасадорот, севкупната проценка останува комбинирана – одреден напредок, помалку напредок, но областите како што се слободно движење на работници, стоки и конкурентната политика, интелектуалната сопственост, треба да бидат унапредени. Нагласи дека мошне позитивен дел од извештајот е тоа што земјата останува целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика....
Реакција од Весна Левајковиќ-Трајков: Изјавени невистинити тврдења за ЗОО Скопје и факти штетни за мојот углед
Слободен Печат - пред 55 дена
По објавувањето на интервјуто со наслов „Гогоска: Зоо Скопје наталожена бара која на крајот пукна“ пристигна реакција од Весна Левајковиќ-Трајков ветеринар, поранешна вработена во ЗОО Скопје на работно место раководител. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Гогоска: ЗОО Скопје – наталожена бара која на крајот пукна Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме рекацијата: Со цел за правично и професионално информирање на целокупната јавност, и во насока на одбрана на моето лично достоинство и мојот професионален интегритет и знаење, наводите изјавени од страна на Вашиот гостин во видеоинтервјуто ЗОО Скопје – наталожена бара која на крајот пукна објавено на порталот slobodenpecat.mk, насочени кон моето работење, ги оценувам како погрешни, непрофесионални и целосно неточни, и истите сакам да ги демантирам, за кои сметам дека се производ на лична и тенденциозна пресметка. На ден 28.10.2024 година на веб порталот slobodenpecat.mk објавено е видео интервју со наслов: ВИДЕОИНТЕРВЈУ I Гогоска: ЗОО Скопје – наталожена бара која на крајот пукна, во кое гостинот изјавува невистинити тврдења и факти штетни за мојата чест и углед. Поради тоа препорачувам гостинот да ги преиспита информациите кои ги споделува со јавноста и да ми се извини, и барам итно да ги демантира и повлече клеветничките и навредливи изјави дадени во видеоинтервјуто на вебпорталот slobodenpecat.mk. Во спротивно ќе ги искористам сите материјални докази за покренување на тужба за навреда и клевета и нарушување на мојот личен, семеен и професионален углед и честа....
Камала Харис привлече повеќе донатори во текот на кампањата отколку Трамп
Слободен Печат - пред 55 дена
Кандидатката на демократите за претседател на САД Камала Харис беше значително поуспешна во привлекувањето донатори и собирањето средства од нејзиниот републикански ривал во последната фаза од изборната кампања, пишува американското издание на Политико. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Средствата што ги собра и овозможија да има многу поширока и посеопфатна кампања од Трамп, кој пак мораше да се потпре на надворешната поддршка од Комитетот за политичка акција. Магазинот наведува дека Харис имала постигнато двојно повеќе донатори од Трамп, додавајќи дека, сепак, од самиот почеток не изгледало дека тоа така ќе биде . По судската пресуда на Трамп во Њујорк на крајот на мај, тој накратко го надмина претседателот Џозеф Бајден по бројот на донатори, но Харис успеа да ги привлече во голем број откако Бајден се повлече од изборната трка во средината на јули, оставајќи и ја позицијата нејзе. Оттогаш, таа привлекува нови донатори многу побрзо од Трамп, според податоците од изборните штабови и комитетите за собирање средства, како и од онлајн платформите за донации АктБлу и ВинРед. Демократите одамна имаат поголема база на донатори на интернет и поразвиена инфраструктура за собирање финансиски средства од републиканците, така што во 2020 година, на пример, Бајден имаше над два милиони повеќе индивидуални донатори од Трамп. Камала Харис, сепак, успеа значително да го зголеми бројот на донатори во споредба со Бајден, додека самиот Трамп има помалку донатори од пред четири години. Кога тоа ќе се преведе во бројки, Трамп има речиси 4,3 милиони донатори помалку од Харис, што ја објаснува нејзината голема финансиска предност во однос на нејзиниот републикански ривал. Податоците од средината на октомври покажуваат дека Харис привлече повеќе од седум милиони донатори, додека кампањата на Бајден имаше 5,3 милиони во истиот период во 2020 година. Според Политико, веднаш по преземањето на кандидатурата од Бајден, Харис привлекла нови донатори, од кои дури 1,5 милиони во првите десет дена по повлекувањето на претседателот од трката. Инаку кога станува збор за рејтингот на двајцата кандидати во „колебливите“ американски држави кои би можеле да го решат исходот од изборите, а тоа се Пенсилванија, Мичиген и Висконсин, ниту Харис, ниту Трамп немаат значителна предност. Така, во Мичиген Харис има поддршка од 51 отсто од гласачите, а Трамп 48 отсто, додека во Пенсилванија ја поддржуваат 50 отсто, а поранешниот претседател 48 отсто од гласачите. Кога станува збор за Висконсин, демократскиот кандидат ужива поддршка од 50 отсто од гласачите, а Трамп 48 отсто од електоратот....
Грчки медиуми: Мицкоски инсистира на терминот Македонија
Слободен Печат - пред 55 дена
Ставовите на премиерот Христијан Мицкоски за употребата на придавката „македонски“ и терминот „Македонија“, изразени на вчерашната собраниска седница посветена на пратенички прашања, се најдоа во дел од онлајн изданијата на грчките медиуми, кои го пренесуваат текстот од државната новинска агенција АНА-МПА под наслов „Северна Македонија: Премиерот Мицкоски инсистира на терминот Македонија“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Скопје: Напади од националистите кон Мицкоски, затоа што оди на одмор…на Халкидики“; „Нова провокација од Мицкоски: Договорот од Преспа не го забранува терминот Македонија“; „Инсистира на Македонија, Христијан Мицкоски“; „Северна Македонија: Нова провокација од премиерот Мицкоски – Повторно зборуваше за „Македонија“ и „Македонци“ се дел од насловите во медиумите во Грција кои ја презедоа веста од државната агенција, јавува МИА. АНА-МПА пишува дека Мицкоски истакнал дека „при секоја негова изјава и интервју досега земјата ја нарекува Македонија, а граѓаните Македонци“ и во целост пренесува дел од неговите ставови. -Можам да ви кажам дека никаде во Договорот од Преспа не е забранета придавката „македонски“ или „Македонија“. Тоа е регулирано со член 7, став 2 и 3 од Договорот и конечно можеме да се согласиме дека и ние имаме право да ја користиме придавката „македонски“ како што и тие (во Грција) имаат исто право, изјави Христијан Мицкоски од говорницата на Собранието, одговарајќи во четвртокот попладне на соодветно прашање поставено од пратеникот и лидер на ултранационалистичката опозициска партија „Левица“, Димитар Апасиев, кој Мицкоски го нарече „северномакедонски премиер“ и го обвини дека додека во минатото отворено застана против Договорот од Преспа, сега вели дека го „почитува“, пишува АНА-МПА. Во продолжение пренесен е ставот на Мицкоски дека Апасиев секој месец, како пратеник на Северна Македонија потпишува за да добие пратеничка плата, но ги споменува и меѓусебните обвинувања за летните одмори на Халкидики и изјавата на лидерот на Левица дека оди на Халкидики, бидејќи е средна класа. АНА-МПА потсетува дека „националистичката левичарска партија Левица“ на последните парламентарни избори во Северна Македонија го зголеми рејтингот на околу седум отсто....
На Бит Пазар приведен малолетник со марихуана и хашиш
Слободен Печат - пред 55 дена
Полицијата вчера привела малолетник кај кого била пронајдена марихуана и хашиш. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Вчера во 14.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција лишиле од слобода малолетник од с.Стајковци, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш“, информираат од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок....
Приведен кумановец баран со потерница за издржување казна затвор
Слободен Печат - пред 55 дена
Дваесет и осумгодишен кумановец бил приведен вчера за издржување казна затвор. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber „Вчера во 23 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Р. (28) од Куманово. Тој бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот закони, а бил баран по потерница за доиздржување на една година и четири месеци од казната“, информираат од МВР. Лицето било спроведено во Казнено поправна установа Затвор К’шање за доиздржување на казната....
Во Хрватска од заседа застрелан поранешен фудбалер на Хајдук
Слободен Печат - пред 55 дена
Некогашниот фудбалер на Хајдук, Марио Мешторвиќ бил застрелан од заседа изминатата вечер во Винковци, објавија медиумите. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Како што пренесуваат хрватските медиуми инцидентот се случил околу 22 часот кога непознат напаѓач кој користел фантомка, испукал неколку истрели кон Мешторовиќ кого го погодил во ногата. „Лицето е пренесено во болница на укажување лекарска помош. Во свесна состојба е и го опиша напаѓачот кој со велосипед го напуштил местото“, објавија од хрватската полиција. Во овој момент Мешторовиќ е началник на Вуковарско-сремската жупанија. Кариерата ја заврши во 2003 година, а освен за Хајдук играше уште за Цибалија, Ријека, Алавес, Хапоел Тел Авив, Хапоел Кфар Саба и Хапоел Ерусалим....
Отпечаток од делото „Девојчето со балон“ на Бенкси продаден за повеќе од 100.000 долари
Слободен Печат - пред 55 дена
Отпечаток од познатото дело „Девојчето од балон“ на британскиот уметник Бенкси е продадено за повеќе од 100.000 долари на аукција во Лос Анџелес, што е двојно повеќе од очекуваната цена. Делото од 2004 година беше понудено на јавноста од аукциската куќа „Џулиен аукшн“ од ценетата колекција на долгогодишниот агент и фотограф на уметникот, Стив Лазаридес, пишува Би-би-си. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Прославената оригинална слика на Бенкси со качулка продадена е за 78.000 долари. Оригинална рачно исечена матрица со името на Бенкси беше продадена за 58.000 долари, додека серија скици на хартија од Манила со концептуални дизајни за неговата матрица Папараци стаорец продадени се за 52.000 долари. На аукцијата беа вклучени и 15 мобилни телефони за снимање кои Лазаридес ги користел за да контактира со Банкси, како и патики „Турф вор“ од оригиналниот бренд „Пума“ што ги носеше повлечениот уметник од Бристол. Дарен Џулиен, коосновач и извршен директор на аукциската куќа, рече дека „оваа прекрасна колекција, собрана и со љубов зачувана повеќе од 25 години од неговиот најблизок соработник и партнер Стив Лазаридес, нуди досега невиден поглед на историјата и патувањето на човек кој еден ден ќе стане светски најпознатиот и визионерски уметник по име Бенкси.“ „Со многу од најраните дела на Бенкси, најпрепознатливите парчиња и лични предмети, оваа аукција е историска можност за следниот сопственик да се грижи за најсеопфатната и дефинитивна архива на наследството на Бенкси“, изјавил Џулиен. Минатиот месец, од галеријата Гроув во Лондон беше украден и посебен отпечаток од „Девојчето со балон“, но беше пронајден од полицијата. „Бенкси, јас и неколку други основавме компанија наречена ‘Слики на ѕидови’ и навистина сакавме да направиме евтина и достапна уметност за луѓето. За многу краток момент направивме разлика, направивме да биде нормално обичните луѓе да ја сакаат уметноста… Тоа е она на што најмногу се гордеам. И тоа е убедливо најмоќното нешто што тој го направил“, рекол Лазаридес....
Двајца пациенти добија бубрези од починат донор
Слободен Печат - пред 55 дена
На хируршките клиники е изведена уште една трансплантација на органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа, соопштија од Министерството за здравство. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber -Во тек на изминатото деноноќие извршивме трансплантација од починат донор. Изразувам посебна благодарност на семеството на донорот, кои во најболен момент на лична загуба, се одлучија да ги донираат органите, покажувајќи силна емпатија и човекољубие кон пациентите кои чекаат трансплантација. Пациентите кои примија органи се со уреден постоперативен тек. Им посакувам брзо закрепнување и долг живот. Изразувам благодарност и на медицинските тимови од сите клиники кои беа вклучени во процесот на трансплантација – изјави проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација. Фото: Министерство за здравство За жал, поради ретката крвна група, овојпат на националните листи немаше реципиенти за другите органи. Од Министерството велат дека трансплантацијата за најголем дел од пациентите е единствена шанса за живот. За други, пак, е можност за поквалитетен живот. -Но, таа не може да се случи доколку не постои актот на органодарување. Само благодарение на храброста, несебичноста и емпатијата на семејствата на донорите, трансплантацијата е возможна. Да се подари органи, значи да се подари некому втора шанса за живот – порачаа од Министерство....
Се урна дел од настрешницата на влезот на железничката станица во Нови Сад
Слободен Печат - пред 55 дена
Дел од главната железничка станица во српскиот град Нови Сад, се сруши утрово, при што повредени се неколку лица. На терен се наоѓаат седум екипи на Итната помош и три противпожарни возила. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Надстрешницата се урнала нешто пред 12:00 часот. Падната е надстрешницата која се наоѓа над влезнате врата во објектот на станицата....