Уште едно Ел Класико: Феран Торес го замолкна “Метрополитано“ и ја однесе Барса на мегдан со Реал Мадрид! (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 28 минути
Меѓународен фудбалТОПШпанија Уште едно Ел Класико: Феран Торес го замолкна “Метрополитано“ и ја однесе Барса на мегдан со Реал Мадрид! (ВИДЕО) 02.04.2025 23:28 31 Она што фудбалските фанови го посакуваа, тоа и се оствари. Во финалето во “Коша дел Реј“, ќе играат Барселона и Реал Мадрид. Ова значи дека ќе следиме уште едно Ел Класико. Вечерва на “Метрополитано“ во Мадрид, Барселона со голот на Феран Торес во 27.минута, по асистенцијата на Ламине Јамал, успеа да го победи Атлетико Мадрид со 0:1 и со тоа да си закаже финале против својот вечен ривал, тимот на Реал Мадрид. Познато е дека на првиот меч беше 4:4, па така Барса оди натаму со вкупни 5:4. Финалето во “Копа дел Реј“ се игра на 26 април во Севилја. Треба да се каже дека повеќе се очекуваше од составот на Диего Симеоне, Барса беше таа која што ги контролираше настаните на теренот и заслужено се пласира во финалето во ова натпреварување, каде последен пат беше пред четири години. LAMINE YAMAL WITH A WORLD CLASS BALL TO FERRAN TORRES TO OPEN THE SCORING IN THE COPA DEL REY SEMIFINAL 😮💨 pic.twitter.com/RHOMWjIfT3 — ESPN FC (@ESPNFC) April 2, 2025 FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноМилан и Интер одиграа без победник во првиот меч од 1/2 финалето во Купот на Италија Zoran Gjorshoski...
Милан и Интер одиграа без победник во првиот меч од 1/2 финалето во Купот на Италија
Спортмедиа - пред 42 минути
Меѓународен фудбалИталија Милан и Интер одиграа без победник во првиот меч од 1/2 финалето во Купот на Италија 02.04.2025 23:15 1 И дефинитивно патникот во финалето во Купот на Италија, ќе се одлучи на 23 април, но тогаш Интер ќе биде домаќин на „Меаца“. Вечерва на истиот стадион “Сан Сиро“ во Милано, Милан и Интер во градското дерби одиграа 1:1. Интересно беше во ова градско дерби, во кое Милан поведе со атрактивниот погодок на Абрахам во 47.минута. Составот на Серџио Консеисао да не победи се погрижи Чалханоглу со прекрасен гол за конечни 1:1 во таа 67.минута. Па така во реваншот ќе дознаеме кој ќе оди во финалето на мегдан најверојатно со Болоња. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноЛиверпул го доби градското дерби, победи и Сити! Zoran Gjorshoski...
Гранит Џака во вербален конфликт со фановите на Леверкузен!(ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 55 минути
Меѓународен фудбалГерманија Гранит Џака во вербален конфликт со фановите на Леверкузен!(ВИДЕО) 02.04.2025 23:05 0 Навистина неверојатно е како Леверкузен, актуелниот шампион во Германија успеа да биде елиминиран во 1/2 финалето во Купот на Германија синоќа и тоа од третолигашот Арминија. Ова секако дека тешко им падна на фановите на тимот од Леверкузен кои имаа и тоа што да му кажат на еден од најдобрите играчи на својот тим, Гранит Џака. На видеото убаво се гледа како еден фан се расправа со репрезентативецот на Швајцарија по поразот во Билефелд со 2:1 и тоа од третолигашот Арминија. Не е јасно што си кажаа, ама дека беше напнато тука нема дилеми. Инаку Арминија е хит оваа сезона во Купот на Германија. Овој третолигаш до финалето успеа да елиминира дури четири Бундеслигаши и тоа Вердер, Фрајбург, Унион Берлин и сега Леверкузен. Неверојатно. Ова во Македонија никогаш нема да се случи. 🚨🫵 Granit Xhaka and a Bayer Leverkusen fan after they were knocked out of the DFB Pokal. 😳 pic.twitter.com/0VWWABF9C5 — EuroFoot (@eurofootcom) April 2, 2025 FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноЧурлинов со Јагелонија го освои Суперкупот на Полска!СледноЛиверпул го доби градското дерби, победи и Сити! Zoran Gjorshoski...
Ливерпул го доби градското дерби, победи и Сити!
Спортмедиа - пред 55 минути
Меѓународен фудбалАнглија Ливерпул го доби градското дерби, победи и Сити! 02.04.2025 23:05 0 Вечерва се одиграа шест средби од 30.коло во Премиерлигата. Интересно беше на „Енфилд“ каде Ливерпул го дочека градскиот ривал Тотенхем и успеа да победи со1:0 и тоа со голот на Диого Жота во 57.минута со што и натаму има комотна предност како лидер на табелата. Манчестер Сити со 2:0 го победи Лестер и тоа без повредениот Ерлинг Халанд, но со головите на Грилиш и Мармуш во 2. и 29.минута. На останатите средби Ипсвич како гостин славеше кај Борнмут со 1:2, Астон Вила како гостин беше подобар од Брајтон со 0:3, Њукасл славеше дома со Брентфорд со 2:1, а на средбата Саутемптон – Кристал Палас резултатот беше 1:1. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноГранит Џака во вербален конфликт со фановите на Леверкузен!(ВИДЕО) Zoran Gjorshoski...
Чурлинов со Јагелонија го освои Суперкупот на Полска!
Спортмедиа - пред 1 час
ФудбалИнтернационалциТОП Чурлинов со Јагелонија го освои Суперкупот на Полска! 02.04.2025 22:56 1 Браво за Дарко, браво за македонскиот репрезентативен напаѓач. Имено Дарко Чурлинов вечерва со својот тим Јагелонија успеа да го освои Суперкупот на Полска откако во финалето шампионот на оваа земја славеше против Висла со 1:0. Стрелец на голот беше Вилар Мики уште во 14.минута. Чурлинов беше стартер и беше во игра се до 66.минута, а претходно имаше и неколку опасни закани кон противничкиот гол, но сепак не успеа да се запише во листата на стрелците. Секако дека ова е голем успех на Чурлинов. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноНеверојатно: Мурињо го удри тренерот на Галатасарај! (ВИДЕО) Zoran Gjorshoski...
Неверојатно: Мурињо го удри тренерот на Галатасарај! (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 1 час
Меѓународен фудбалОстанато Неверојатно: Мурињо го удри тренерот на Галатасарај! (ВИДЕО) 02.04.2025 22:40 1 Фото: ФЦ Фенербахче/Твитер Ете, и тоа го има во Турција на дербито меѓу Фенер и Галатасарај во Купот на Турција. Се разбира дека “Специјалниот“ повторно беше во елемент, кога го удри по носот стратегот на противничкиот тим а овој падна како да го удрил Тајсон. И повторно циркус во Турција кога играат овие два тима. Да кажеме дека Галата победи со 1:2 како гостин на теренот на Фенер, и ова беше една причините за сите тензии. Со оваа победа Галата се пласира во следната фаза во Купот на Турција. Coach of Fenerbahce Jose Mourinho physically assaulting Okan Buruk that’s the coach of Galatasaray!! Never seen something like this in all my years of watching football. Disgrace. pic.twitter.com/MY2nb1jaqt — Buchi Laba (@Buchi_Laba) April 2, 2025 FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноФуксе Берлин, Магдебург и Нант со пласман во 1/4 финалето во ЛШ! Zoran Gjorshoski...
Фуксе Берлин, Магдебург и Нант со пласман во 1/4 финалето во ЛШ!
Спортмедиа - пред 1 час
РакометЛига на шампиони Фуксе Берлин, Магдебург и Нант со пласман во 1/4 финалето во ЛШ! 02.04.2025 22:22 1 Вечерва се одиграа три реванш натпревари од 1/8 финалето во ракометната Лига на Шампиони. Прво Фуксе Берлин, како домаќин, одигра без победник против Киелце 37:37, но и тоа беше доволно за пласман понатаму ако се знае дека како гостин германски тим победи со 33:27. Магдебург и во реваншот беше подобар од Динамо Букурешт и успеа да победи со резултат 35:29 и со тоа се избори за пласман во следната фаза во оваа сезона во Лигата на Шампионите. И во третиот меч, Нант како домаќин славеше против Висла Плоцк со 29:24. Тука беше најинтересно, ако се знае дека гостоите имаа предност од 3 голови од првиот меч, но сепак на крајот Нант успеа да слави со доволна разлика за севкупна победа. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноВо Хрватска ќе се игра “македонско“ финале: Манев против Нестор! Zoran Gjorshoski...
Во Хрватска ќе се игра “македонско“ финале: Манев против Нестор!
Спортмедиа - пред 1 час
ФудбалИнтернационалци Во Хрватска ќе се игра “македонско“ финале: Манев против Нестор! 02.04.2025 22:00 0 Откако прво Славен Белупо и Илија Несторовски славеа против Осијек и по пенал серијата и се пласираа во финалето во Купот на Хрватска, тоа вечерва го направи и тимот на Јован Манев, Ријека. Ријека се мачеше против Истра во второто полуфинале, но сепак успеа да победи со 1:0 и со тоа да си закаже финале против Славен Белупо. Победничкиот гол беше дело на Фрук во 86.минута. Да кажеме дека на овој меч Манев не доби шанса да одигра некоја минута. Тоа значи дека во Хрватска ќе има “македонско“ финале во Купот, Јован Манев против Илија Несторовски. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноПрилеп и Куманово тргнаа победнички во плеј-аут лигата Zoran Gjorshoski...
Прилеп и Куманово тргнаа победнички во плеј-аут лигата
Спортмедиа - пред 2 часа
РакометДомашно првенство Прилеп и Куманово тргнаа победнички во плеј-аут лигата 02.04.2025 21:45 16 Прилеп со победа ја започна битката за во плеј-аут лигата, откако на домашен терен славеше против Борец со 28-21. Победникот на оваа средба беше решен во првото полувреме во кое домаќинот имаше водство од 14-7, па до крајот рутински го приведе дуелот. Шабановиќ имаше 6 гола кај победникот, по пет запишаа Бикоски и Квастек. Во поразениот состав Миланов имаше четири погодоци. Претходно, Куманово пред своите навивачи славеше против Радовиш со 24-19 (10-12). Димевски со 14 гола беше незаприлив кај победникот, на другата страна Илиев запиша 5 гола. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноПо изведени 25 удари во пенал – серијата: Партизан елиминиран во Купот на Србија, Димоски остана на клупа!СледноВо Хрватска ќе се игра “македонско“ финале: Манев против Нестор! Марија Ковачева...
По изведени 25 удари во пенал – серијата: Партизан елиминиран во Купот на Србија, Димоски остана на клупа!
Спортмедиа - пред 2 часа
Меѓународен фудбалОстанато По изведени 25 удари во пенал – серијата: Партизан елиминиран во Купот на Србија, Димоски остана на клупа! 02.04.2025 21:35 76 Вистинска драма се случуваше денеска на мечот од 1/4 финалето во Купот на Србија меѓу Партизан и ТСЦ. Имено по регуларниот дел резултатот беше 0:0, исто така немаше голови ни во продолженијата, и затоа се отиде во пенал серијата. А таму верувале или не, беа изведени 25 пенали, значи беше завршена 12-тата серија и почна 13-тата. Дури тогаш гостите успеаја да дојдат до пласман во 1/3 финалето и да победат со резултат 9:10 во пенал серијата. Ова значи дека Партизан и шеста година по ред нема да освои пехар во Србија. Треба да се каже дека нашиот репрезентативец Бојан Димоски остана на клупата, не доби минутажа на оваа средба. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноНишто од Скопје или Битола: Партизан и АЕК ќе играат во Бугарија!СледноПрилеп и Куманово тргнаа победнички во плеј-аут лигата Zoran Gjorshoski...
Ништо од Скопје или Битола: Партизан и АЕК ќе играат во Бугарија!
Спортмедиа - пред 2 часа
РакометЕвропски купови Ништо од Скопје или Битола: Партизан и АЕК ќе играат во Бугарија! 02.04.2025 21:24 64 Иако се очекуваше во нашата ракометна јавност, барем такви беа најавите дека Партизан и АЕК својот реванш меч ќе гп играат во Македонија, опиции беа Скопје и Битола, сепак ништо од тоа. Со одлука на ЕХФ, овој натпревар ќе се игра во Бугарија, во градот Шуммен на 7 април и тоа со почеток од 10 часот. Колку за потсетување. На првиот меч АЕК победи со 27:22, додека реваншот во Белград не се ни одигра, и тоа поради фановите на Партизан кои со топовски удари на паркетот не дозволија овој меч ни да почне. Партизан се жалеше на оваа одлука, но сепак ЕХФ одлучи да се игра не неутрален терен и тоа без присуство на гледачи. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноМакедонецот Илоски се врати во САД, сега ќе игра за Сан Диего!СледноПо изведени 25 удари во пенал – серијата: Партизан елиминиран во Купот на Србија, Димоски остана на клупа! Zoran Gjorshoski...
Македонецот Илоски се врати во САД, сега ќе игра за Сан Диего!
Спортмедиа - пред 2 часа
ФудбалИнтернационалци Македонецот Илоски се врати во САД, сега ќе игра за Сан Диего! 02.04.2025 21:15 191 Од денеска нов играч на Сан Диего, клуб во МЛС е Милан Илоски кој има и македонски пасош и е од македонско потекло. Напаѓачот досега беше член на Нордсјиланд од Данска, ама сега ќе игра како позајмен играч повторно во САД. Илоски е интересен за нашите фудбалски кругови ако се знае дека селекторот Благоја Милевски во една пригода кажа дека ќе се следат неговата кариера и неговите настапи и дека е можно да добие повик за А-репрезентацијата. Илоски е роден во Ескондидо, Калифорнија, има 25 години и досега играл за неколку клубови во САД. Во Данска беше во последните 7-8 месеци. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноВардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Алкалоид (ФОТО)СледноНишто од Скопје или Битола: Партизан и АЕК ќе играат во Бугарија! Zoran Gjorshoski...
Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Алкалоид (ФОТО)
Спортмедиа - пред 3 часа
РакометДомашно првенствоТОП Вардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Алкалоид (ФОТО) 02.04.2025 20:45 232 Скопското дерби во првото коло од плеј-офот му припадна на искусниот Вардар 1961, кој на домашен терен славеше против младиот тим на Алкалоид со 34-26 (15-13). Актуелниот освојувач на Купот на Македонија на овој дуел влезе само два дена после мечот против Баја Маре за пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп. Мечот во СЦ „Јане Сандански“ стартуваше со минута молк за жртвите во Кочани. Кирил Лазаров на оваа средба не само што не сметаше на Марко Митев, во составот го немаше ниту Никола Костески, а надвор од тимот е младиот Дамјан Митев. Еден од клучните играчи беше голманот, Фереира со 14 одбрани, Борозан кој запиша 9 голови, додека Хориха имаше 6 погодоци. Серафимов беше стрелец на осум гола, Стојковиќ запиша 5, додека Велковски имаше 4 погодоци. Вардар 1961 во првите три минути отвори со 3-0. На дргата страна избраниците на Кирил Лазаров брзо се консолидираа, за шест минути направија серија од 2-6 за прво водство на дуелот во 11 минута. Во овој период Галевски успеа да одбрани пенал. По неколку минути игра гол за гол, Вардар на крилата на Борозан (седум гола во првото полувреме) кој беше нереплива енигма повторно успеа да поведе со плус три (13-10 и 15-12). Пред одморот Петковски не успеа да намали на минус еден (15-13). 1 од 21 По две и пол минути игра, Вардар 1961 поведе со 17-13. Првиот гол во овој дел го постигна Ѓоргиев за 17-14, домаќинот водеше и со 21-16. Одбрана на Галевски и реализација на Ивановски беа доволни за да Алкалоид се доближи на три гола негатива (21-18), по што Милано повика тајм-аут. Со кратка ротација во составот навистина беше тешко за Кирил Лазаров да успее со неговите момци да дојде до ново изедначување. Алкалод со одбрана на Галевски дојде на нови минус три (23-20). На стартот на последните 10 минути Маркоски доби незгоден удар во главата од Борозан, па мораше да го напушти теренот. Сердановиќ од седум метри зголеми на највисоки 27-21. Млади момци на Алкалоид не најде начин да се вратат на оваа средба, беше јасно дека бодовите одат на контото на Вардар 1961. Во следното коло Алкалоид е домаќин на Тиквеш, додека пак Вардар гостува кај Бутел Скопје. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноПМФЛ: Мечот од 26.коло меѓу Струга ТЛ и Пелистер се игра в сабота, сите останати во недела!СледноМакедонецот Илоски се врати во САД, сега ќе игра за Сан Диего! Марија Ковачева...
ПМФЛ: Мечот од 26.коло меѓу Струга ТЛ и Пелистер се игра в сабота, сите останати во недела!
Спортмедиа - пред 3 часа
ФудбалПрва лига ПМФЛ: Мечот од 26.коло меѓу Струга ТЛ и Пелистер се игра в сабота, сите останати во недела! 02.04.2025 20:20 125 Претстојниот викенд на програмата се натпреварите од 26.коло во нашата елитна лига. И официјално еден од тие шест ќе се игра во сабота, тоа е мечот меѓу Струга ТЛ и Пелистер. Ова е поради фактот дека идната среда (09.04) се играат првите полуфинални мечеви во Купот на Македонија, а сеуште актуелниот шампион му гостува на Шкендија а Вардар игра дома со Брера, но освен Струга ТЛ останатите полуфиналисти во Купот своите првенствени мечеви од 26.коло ќе ги играат во недела. Интересно во Струмица играат Брера – Вардар, а во недела играат и Шкупи – Работнички, Беса – Гостивар, Воска – Силекс и Тиквеш – Шкендија. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноНестор во пенал серијата прецизен за финале на Славен во КупотСледноВардар 1961 ја оправда фаворитската улога против Алкалоид (ФОТО) Zoran Gjorshoski...
Нестор во пенал серијата прецизен за финале на Славен во Купот
Спортмедиа - пред 3 часа
ФудбалИнтернационалциТОП Нестор во пенал серијата прецизен за финале на Славен во Купот 02.04.2025 19:52 175 Илија Несторовски и неговиот тим Славен Белупо ќе бидат дел од финалето на Купот на Хрватска. Тие денеска во полуфиналето против Осијек беа подобри во изведувањето на пеналите откако мечот заврши 1:0 за домаќинот. Несторовски ја стартуваше пенал серијата за домаќинот и беше прецизен, а потоа гостите на два пати промашија до крајот за пласман на Славен во следната фаза. Доколку во второто полуфинале помеѓу екипите на Истра и Ријека победи Ријека, тогаш во финалето од Купот на Хрватска ќе гледаме македонски дуел, Несторовски – Манев. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноГРК Охрид за малку ќе останеше без планираните бодови против Бутел СкопјеСледноПМФЛ: Мечот од 26.коло меѓу Струга ТЛ и Пелистер се игра в сабота, сите останати во недела! Ognen Dojcinovski...
ГРК Охрид за малку ќе останеше без планираните бодови против Бутел Скопје
Спортмедиа - пред 4 часа
РакометДомашно првенство ГРК Охрид за малку ќе останеше без планираните бодови против Бутел Скопје 02.04.2025 19:33 37 ГРК Охрид за малку ќе останеше без целиот плен на гостувањето кај Бутел Скопје, каде славеше со 20-22 во првиот меч од плеј-офот. Избраниците на Стевче Алушовски по голема драма славеа со 20-22. Гостите отворија моќно уште на стартот, поведоа со 2-5, па беше 6-12, додека на одморот охриѓани замина со плус пет (8-13). ГРК Охрид продолжи да држи ритам дојде на плус 8 (11-19), резултат по кој се чинеше дека лесно ќе ги освои бодовите. Но, на другата страна избраниците на Горан Кузманоски не дозволија овој дуел да биде решен, прво намалија на 17-20. Драмата дојде на минута до крајот кога Бутел Скопје со голот на Димитар Узунчев намали на 20-21. Охриѓани трнаа во напад, Алушовски повика тајм-аут, по кој Цирар реализираше од седум метри за 20-22. Цирар со седум гола беше прв стрелец кај победникот, шест имаше Јотиќ. На другата страна Милошевски и Ѓеоргиевски имаа по 4 погодоци. На првата средба од плеј-аутот, Пролет дома славеше против Струга со 30-23. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноКостелиќ си игра со животот, хеликоптер го спасуваше од лавина во Австрија (ВИДЕО)СледноНестор во пенал серијата прецизен за финале на Славен во Купот Марија Ковачева...
Костелиќ си игра со животот, хеликоптер го спасуваше од лавина во Австрија (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 4 часа
Други спортовиОстанато Костелиќ си игра со животот, хеликоптер го спасуваше од лавина во Австрија (ВИДЕО) 02.04.2025 19:05 135 Фото: Ивица Костелиќ/Инстаграм Некогашниот скијачки ас, хрватот Ивица Костелиќ очигледно дека е андреналински зависник. Постојано ја предизвикува природата на најразличен начин, а таа пак му покажува преку примери дека нема играње со неа. Откако беше спасуван пред некое време од водите во јадранското море со спасувачки екипи, сега спасувачка акција поради него е организирана во австриските Алпи. Костелиќ се нашол во средина на снежна лавина која што го блокирала и не можел да се врати, па морало да се крене и хеликоптер за да го спаси од оваа ситуација. Со него заедно е спасен и друг човек, државјанин на Австрија, а засега не е познато дали овие двајца биле заедно или пак се нашле на исто место каде што се случила лавината со снег. https://www.24ur.com/sport/zimski_sporti/kostelica-v-avstriji-zasul-plaz-sledila-je-uspesna-resevalna-akcija.html FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноВетераните на Македонија и Бугарија ќе одиграат хуманитарен дуел во чест на жртвите во КочаниСледноГРК Охрид за малку ќе останеше без планираните бодови против Бутел Скопје Ognen Dojcinovski...
Ветераните на Македонија и Бугарија ќе одиграат хуманитарен дуел во чест на жртвите во Кочани
Спортмедиа - пред 5 часа
ФудбалРепрезентацијаТОП Ветераните на Македонија и Бугарија ќе одиграат хуманитарен дуел во чест на жртвите во Кочани 02.04.2025 18:43 115 Прекрасен гест на фудбалската јавност во Бугарија во корелација со македонските фудбалски легенди. Ќе биде организиран фудбалски ревиијален меч помеѓу фудбалските легенди на Бугарија и Македонија на кој што според најавите на бугарските медиуми ќе настапат нивните најголеми фудбалски имиња од типот на Христо Стоичков, Наско Сираков, Јордан Лечков. Додека пак на клупата на Бугарија ќе седне Љубосав Пенев, нивниот најтрофеен селектор со кого Бугарија го освои четвртото место на Мундијалот во САД 1994 година. Од друга страна пак нашиот табор ќе го предводи, а кој друг ако не Горан Гранде Пандев, додека пак на нашата клупа според најавите ќе седне Ѓоко Хаџиевски. Предвидено е мечот да биде одигран на 27 април на стадионот во Варна. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноКаталонското обвинителство ќе поднесе жалба на ослободителната пресуда на Дани АлвешСледноКостелиќ си игра со животот, хеликоптер го спасуваше од лавина во Австрија (ВИДЕО) Ognen Dojcinovski...
Каталонското обвинителство ќе поднесе жалба на ослободителната пресуда на Дани Алвеш
Спортмедиа - пред 5 часа
Меѓународен фудбалШпанија Каталонското обвинителство ќе поднесе жалба на ослободителната пресуда на Дани Алвеш 02.04.2025 18:30 31 Правната битка на Дани Алвеш во Шпанија и покрај ослободителната пресуда која што ја доби пред некој ден сепак не е завршена. Најавена е жалба на таа одлука на повисоките судски инстанци, и тоа значи дека случајот ќе добие ново продолжение. Обвинителството го најави ваквиот развој на настаните преку официјално соопштение, во кое се вели дека одлуката која е донесена ќе биде обжалена на врховен суд. Како што е познато, Дани Алвеш, поранешниот бразилски репрезентативец и еден од најтрофејните фудбалери во историјата е обвинет дека во 2022 година силувал девојка во ноќе клуб. Првично беше осуден на четири и пол години затвор, казна што делумно ја одлежа на име притвор додека траеше судскиот процес, за да потоа истата биде укината. Следува периов во кој обвинителството повторно ќе се обиде да ја докаже неговата вина, и да го врати Дани Алвеш во затвор од каде што најпрво излезе во домашен притвор, а потоа и на слобода. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноПаратичи е нов спортски директор на Милан, наскоро и нов тренерСледноВетераните на Македонија и Бугарија ќе одиграат хуманитарен дуел во чест на жртвите во Кочани Ognen Dojcinovski...
Барди погоди против „својот“ Трабзон во купот на Турција (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 5 часа
ФудбалИнтернационалциТОП Барди погоди против „својот“ Трабзон во купот на Турција (ВИДЕО) 02.04.2025 17:49 153 Македонскиот репрезентативец и интернационалец, Енис Барди попладнево е стрелец за својот тим Бодрумспор во рамките од новото коло во купот на Турција. И тоа не против било кого туку против неговиот поранешен клуб Трабзонспор. Во моментов мечот е на полувреме, а во голеадата од 2:2 партизипираше и Барди. Нашиот интернационалец заврши една добро одиграна акција со одмерен удар, а по погодокот истиот од почит не сакаше да го прослави. Другиот пак погодок за Бодрумспор го постигна Тауљан Сефери некогашниот наш репрезентативец кој сега настапува за Албанија. Enis Bardhi, Trabzonspor'a attığı golden sonra sevinmedi. pic.twitter.com/JVoBxFMifu — 61saat (@61saat) April 2, 2025 FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноБугарски фудбалери обвинети за киднапирање и уценаСледноПаратичи е нов спортски директор на Милан, наскоро и нов тренер Ognen Dojcinovski...
Паратичи е нов спортски директор на Милан, наскоро и нов тренер
Спортмедиа - пред 5 часа
Меѓународен фудбалИталија Паратичи е нов спортски директор на Милан, наскоро и нов тренер 02.04.2025 18:00 116 Џорџо Фурлани, извршниот директор на тимот на Милан, со задоволство обавил разговор со Фабио Паратичи, и постигнат е договор тој да биде нов спортски директор на клубот. Некогашниот прв оперативец на Јувентус и Тотенхем, ќе ја преземе улогата во Милан, откако ќе му заврши забраната за бавење со фудбалски активности која траеше 30 месеци. Во меѓувреме, Gazzetta dello Sport и Corriere della Sera се убедени дека доаѓањето на Паратичи значи дека клубот има нов фаворит за наследник на тренерот Серхио Консеикао на крајот од сезоната. Најпосакувана опција моментално е Роберто Де Зерби, додека алтернативи се Масимилијано Алегри и Антонио Конте, а гласините за Хосеп Гвардиола се неосновани. 🚨 BREAKING: Fabio #Paratici will be the future sporting director Verbal agreement reached between the parties. 📰 @SkySport pic.twitter.com/80MWIdn5YC — Milan Posts (@MilanPosts) April 2, 2025 FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноБарди погоди против „својот“ Трабзон во купот на Турција (ВИДЕО)СледноКаталонското обвинителство ќе поднесе жалба на ослободителната пресуда на Дани Алвеш Ognen Dojcinovski...
Бугарски фудбалери обвинети за киднапирање и уцена
Спортмедиа - пред 6 часа
Меѓународен фудбалОстанато Бугарски фудбалери обвинети за киднапирање и уцена 02.04.2025 17:23 87 Некогашните младински репрезентативци на Бугарија, Димитар Витанов и Дани Кики се барани по потерница во Германија. Поради основано сомнение дека во оваа земја, организирале киднапирање и уцена на бизнисмен за сума од еден милион евра. Витанов е веќе уапсен во Германија, додека Кики навреме успеал да замине од таму и да се врати во Бугарија. Сега Германија бара негова екстрадиција. Според бугарските медиуми Кики се согласил да биде екстрадиран, а одлуката околу тоа треба да ја донесе судот во Пловдив. Согласувањето од некогашниот фудбалер се базира врз барањето тој да биде обвинет само за ова дело, и дека доколку биде осуден казната да ја лежи во Бугарија. Германија на ова неговот пак барање мора да одговори до 15 април. Кики е обвинет за киднапирање, заедно со еден Бугарин и двајца Германци. Киднапирале германски државјанин, за кои имале сознанија дека поседува значителни финансиски средства. Дополнително, откако му се заканиле со оружје, го претепале и го принудиле да им префрли средства на нивните сметки. Оттаму дознале дека човекот имал сметка во Луксембург. Го пренеле таму за да го натераат да плати, но лицето успеало да го алармира банкарското обезбедување и интервенирала полицијата. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноСериа А: Конте и Инзаги добија суспензии од по еден мечСледноБарди погоди против „својот“ Трабзон во купот на Турција (ВИДЕО) Ognen Dojcinovski...
Сериа А: Конте и Инзаги добија суспензии од по еден меч
Спортмедиа - пред 7 часа
Меѓународен фудбалИталија Сериа А: Конте и Инзаги добија суспензии од по еден меч 02.04.2025 16:45 45 Тренерите на Наполи и Интер, Антонио Конте и Симоне Инзаги добија суспензија од еден натпревар како резултат на картоните кои ги добија за време на натпреварите од 30-то коло во текот на викендот. Лега Серија А потврди дека Инзаги ќе отслужи казна од еден натпревар, а исто така ќе мора да плати казна од 5.000 евра по исклучувањето на крајот од победата на Интер над Удинезе со 2-1 во неделата. Тренерот на „нероаѕурите“ веќе доби жолт картон за време на победата на Удинезе, а беше исклучен неколку минути пред крајот, бидејќи излезе на теренот и луто ги прекоруваше официјалните лица на натпреварот. Конте, исто така, ќе мора да отслужи суспензија од еден натпревар бидејќи го доби и својот петти жолт картон сезонава за време на победата на Наполи над Милан со 2-1 подоцна во неделата навечер. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноАморим: Секој може да каже што сака, но и на овој меч видовме напредок во играта!СледноБугарски фудбалери обвинети за киднапирање и уцена Saso Kuzmanovski...
Аморим: Секој може да каже што сака, но и на овој меч видовме напредок во играта!
Спортмедиа - пред 7 часа
Меѓународен фудбалАнглија Аморим: Секој може да каже што сака, но и на овој меч видовме напредок во играта! 02.04.2025 16:15 55 Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим не можеше да објасни како неговиот тим загуби на гостувањето кај Нотингем Форест (1-0). „Црвените ѓаволи“ беа поактивни и создадоа уште многу шанси, но никогаш не успеаја да постигнат гол. Според Португалецот, тие не само што требало да стигнат до реми, туку дури и заслужиле да го добијат натпреварот. „Го контролиравме натпреварот, но знаевме дека противникот може да постигне гол од никаде. Нивниот гол го смени текот на натпреварот, а тие токму тоа го сакаа. Создадовме добри шанси, но во последната третина уште нешто недостасуваше – последното додавање, прецизниот удар. Без тоа, нема шанси да постигнеме голови. Но, цела сезона беше таква за нас потребни се победи и денеска заслуживме повеќе, сепак, вината е само наша, бидејќи требаше да бидеме подобри во оваа средба, не зборувам ни за реми, но на крајот ги испуштивме трите бода“, рече Аморим. Аморим и на овој дуел видел дека неговиот тим бележи напредок. “Знаевме дека на противникот му се допаѓаат вакви ситуации, каде води со еден гол разлика. Така што веќе моравме да постигнеме два за да го добиеме натпреварот, а лошото е што ова се случи уште на почетокот на натпреварот. Им помогнавме да ги добијат трите бода. Дури и на овој натпревар, сепак, го видовме напредокот во нашата игра. Секој може да каже што сака, но ние мора да ги добиеме нашите натпревари. Сега веќе размислуваме за следниот натпревар. Се уште сме во Лига Европа, а сега ни претстои уште еден важен натпревар во Премиер-лигата, па ќе се фокусираме на тоа“, заклучи специјалистот. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноТелеком Србија ги превзема НЕТ ТВ и Тотал ТВСледноСериа А: Конте и Инзаги добија суспензии од по еден меч Марија Ковачева...
Телеком Србија ги превзема НЕТ ТВ и Тотал ТВ
Спортмедиа - пред 8 часа
Магазин Телеком Србија ги превзема НЕТ ТВ и Тотал ТВ 02.04.2025 15:45 259 Групацијата Телеком Србија го заврши преземањето на НЕТ ТВ Плус од компанијата United Group, која емитува програма за дијаспората, како и на сателитската телевизија Тотал ТВ во Србија и Северна Македонија. Корисниците во дијаспората преку услугата на НЕТ ТВ отсега ќе имаат повеќе од 150 нови канали (вкупно 362 телевизиски канали) со најатрактивни спортски, филмски, сериски, информативни и забавни содржини од портфолиото на Телеком Србија. Гледачите на НЕТ ТВниз Европа и светот, во новата понуда, ќе можат да уживаат во богати спортски содржини во рамките на Arena Sport каналите. На корисниците ќе им бидат достапни и каналите со најнови домашни серии и филмови, како што е каналот Superstar TV, каналите на RTS, како и најпопуларните регионални и локални канали од Србија и регионот. Покрај поголемиот број канали, корисниците на НЕТ ТВ ќе бидат воодушевени и од значително збогатената понуда на домашни серии и филмови во видео клубот, односно услугата VoD. Дополнителна поволност за корисниците на НЕТ ТВ во Германија, Швајцарија и Австрија е и можноста да станат корисници на мобилните услуги на MTEL, под исклучително поволни услови, кои услуги се скроени согласно потребите на нашите луѓе кои живеат во дијаспората. Постоечките корисници на услугата НЕТ ТВ не треба да ја менуваат опремата и начинот на плаќање останува ист како досега. Телеком Србија, како водечка телекомуникациска групација на Западен Балкан, ја зајакна понудата на сателитска телевизија со преземањето на Тотал ТВ. Почнувајки од април корисниците на Тотал ТВ ќе можат да гледаат бројни канали кои што ги нуди Телеком Србија. На овој начин сите домаќинства кои следат телевизиска програма преку Тотал ТВ ќе уживаат во најдобрите спортски содржини ширум светот на Arena Sport каналите,кои отсега ќе ги емитуваат и содржините од Sport Klub, како и најатрактивните домашни серии и филмови кои се прикажуваат на SUPERSTAR TV каналите. „Со аквизицијата на Тотал ТВ и НЕТ ТВ, компанијата Телеком Србија ја потврди својата лидерска позиција во доменот на дистрибуција на мултимедијални содржини како во Србија и регионот, така и во дијаспората“, изјави генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ и додаде: „Отсега, сите корисници кои гледале телевизиски програми преку Тотал ТВ во Србија и Северна Македонија, како и преку НЕТ ТВширум светот, ќе имаат на располагање значително поголем број на ТВ канали, а посебно би ги истакнал оние кои нудат најдобра спортска и сериска содржина, Arena Sport и Superstar TV. Верувам дека сите наши корисници ќе уживаат новите содржини и дека бројот на корисници на нашите услуги во Србија, регионот но и во дијаспората во иднина ќе расте”. Телеком Србија ќе продолжи да инвестира во мултимедијални содржини, да го одржи и подобри квалитетот на своите услуги за да обезбеди беспрекорно корисничко искуство за своите корисници ширум светот. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноРистески: Нема тактизирање, сакаме да го одбраниме куп-пехаротСледноАморим: Секој може да каже што сака, но и на овој меч видовме напредок во играта! Zoran Gjorshoski...
Ристески: Нема тактизирање, сакаме да го одбраниме куп-пехарот
Спортмедиа - пред 8 часа
Други спортовиОдбојка Ристески: Нема тактизирање, сакаме да го одбраниме куп-пехарот 02.04.2025 15:30 111 Одбојкарите на Штип УГД утре во Радовиш го отвораат завршниот турнир од Купот на ОФМ со првото полуфинале против скопски Работнички. Штипјани на завршниот турнир влегуваат како бранители на пехарот од минатата сезона, а оптимизмот за одбрана на трофејот е засилен по одличните настапи во првенството и лидерското место на табелата. „Ждрепката сакаше повторно да се сретнеме со минатогодишниот противник во полуфиналето, Работнички. Тоа е екипа составена од доста искусни играчи, репрезентативци и интернационалци. Досега трипати игравме со нив, трипати ги освоивме бодовите, но оваа екипа се уште го нема кажано завршниот збор. Ги респектирам затоа што имаат квалитетни играчи. Ние напорно работевме цела сезона, создадовме екипа за високи дострели и наша единствена цел е победа и пласман во финалето. Во финалето нема тактизирање, видовме и лани дека и невозможното е возможно и се надевам дека оваа година за првпат во нашата историја ќе го одбраниме купот“, вели предводникот на штипските одбојкари, Кристиан Ристески, на денешната прес-конференција пред утрешниот дуел. Во второто полуфинале утре ќе играат шампионот Струмица и екипата на ГОК Борец. КУП НА ОФМ 2025 ПОЛУФИНАЛЕ МАЖИ, ЧЕТВРТОК (03.04.2025) ШТИП УГД – РАБОТНИЧКИ 71&22 16:00ч. СТРУМИЦА 47&72 – БОРЕЦ 19:00ч. ПОЛУФИНАЛЕ ЖЕНИ, ПЕТОК (04.04.2025) НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 16:00ч. РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 19:00ч. ФИНАЛЕН ДЕН, САБОТА (05.04.2025) ФИНАЛЕ ЖЕНИ 16:00ч. ФИНАЛЕ МАЖИ 19:00ч. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноСелекторот Милевски и вработените во ФФМ даруваа крв во акцијата „Највредниот подарок. Капка полна живот“СледноТелеком Србија ги превзема НЕТ ТВ и Тотал ТВ Saso Kuzmanovski...
Селекторот Милевски и вработените во ФФМ даруваа крв во акцијата „Највредниот подарок. Капка полна живот“
Спортмедиа - пред 8 часа
Фудбал Селекторот Милевски и вработените во ФФМ даруваа крв во акцијата „Највредниот подарок. Капка полна живот“ 02.04.2025 15:18 134 Со крводарителската акција „Највредниот подарок. Капка полна живот“ вработените во Фудбалската федерација на Македонија ја потврдија посветеноста на хуманоста – вредност што ги обединува сите. Во соработка со Црвениот крт Кисела Вода и со Институтот за трансфузиона медицина во „Куќа на фудбалот“ денеска се организираше крводарителска акција во која учествува вработени во федерацијата и надворешни соработници кои доброволно се вклучија во повикот за несебична помош и солидарност. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint Претходно„Војната“ продолжува: Ла Лига со нови докази дека регистрацијата на Олмо и Виктор е нелегална!СледноРистески: Нема тактизирање, сакаме да го одбраниме куп-пехарот Saso Kuzmanovski...
„Војната“ продолжува: Ла Лига со нови докази дека регистрацијата на Олмо и Виктор е нелегална!
Спортмедиа - пред 8 часа
Меѓународен фудбалШпанија „Војната“ продолжува: Ла Лига со нови докази дека регистрацијата на Олмо и Виктор е нелегална! 02.04.2025 15:00 101 Шпанската Ла Лига излезе со ново официјално соопштение, со кое уште еднаш се доведува во прашање легитимноста на регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор во составот на Барселона. Од лигата цврсто остануваат на ставот дека регистрациите на двајцата фудбалери се во спротивност со прописите. Дополнително, Ла Лига објави дека имаат намера да поднесат жалба против ревизорот, кој беше ангажиран од каталонскиот клуб до крајот на минатата година. Причината за ова е поврзана со финансиските практики околу продажбата на ВИП-местата на новоизградениот стадион на Каталонците. Во јануари играчите не добија право да бидат регистрирани затоа што Ла Лига не ги призна приходите од зделката за реални, поради фактот што процесот не беше завршен навреме. Ова го спречи клубот да го зголеми одобрениот буџет за плати, што ќе овозможи нивна официјална регистрација. Важно е да се напомене дека на Олмо и Виктор им беше дозволено да играат привремено, благодарение на отсуствата на повредените соиграчи. Сепак, оваа дозвола истекува на 7 април, а сега нивната судбина зависи од новата одлука на Спортскиот одбор. Барселона, од своја страна, категорично ги отфрла обвинувањата и веќе отиде на суд, но досега нивните обиди да го побијат ставот на Ла Лига не дадоа резултат. Спорот продолжува, а развојот на настаните се очекува од надлежните органи во наредните денови, додека Ла Лига останува цврста на мислењето дека регистрациите се извршени со кршење на правилата. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноШибеник во хаос: Жута и соиграчите втор ден не тренираат бидејќи не зеле плата од декемвриСледноСелекторот Милевски и вработените во ФФМ даруваа крв во акцијата „Највредниот подарок. Капка полна живот“ Saso Kuzmanovski...
Шибеник во хаос: Жута и соиграчите втор ден не тренираат бидејќи не зеле плата од декември
Спортмедиа - пред 9 часа
ФудбалИнтернационалци Шибеник во хаос: Жута и соиграчите втор ден не тренираат бидејќи не зеле плата од декември 02.04.2025 14:45 174 Хрватскиот фудбалски прволигаш Шибеник има сериозни финансиски проблеми. Тимот во чии редови настапува нашиот поранешен репрезентативец Леонард Жута веќе втор ден не тренира. Како што објавија хрватските медиуми, во клубот владее хаос, затоа што фудбалерите не добиле плати од почетокот на оваа година. Според пишувањата, ф на Шибеник вчера не тренираа во знак на протест, а и утрово иако имаше закажан тренинг, играчите не се појавиле на истиот. Според информациите, играчите изнајмиле терен со вештачка трева каде ја оддржуваат формата, но нема да тренираат во клубот додека не им се исплатат платите. Под голем знак прашалник е и нивниот настап на следниот меч од првенството против Осиек. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноАрсенал го загуби Габриел до крајот на сезоната?Следно„Војната“ продолжува: Ла Лига со нови докази дека регистрацијата на Олмо и Виктор е нелегална! Saso Kuzmanovski...
Арсенал го загуби Габриел до крајот на сезоната?
Спортмедиа - пред 9 часа
Меѓународен фудбалАнглија Арсенал го загуби Габриел до крајот на сезоната? 02.04.2025 14:30 51 Габриел Магалањеш, дефанзивецот на Арсенал, би можел да биде надвор од терените до крајот на сезоната откако заработи повреда на тетивата во победата над Фулам во синоќешниот меч до Премиерлигата. Габриел беше принуден да го напушти теренот по само 16 минути, а на негово место влезе Јакуб Кивиор. Арсенал славеше со 2-1 благодарение на головите на Микел Мерино и Букајо Сака, но загубата на Габриел е огромна пред претстојниот четвртфинален дуел на Арсенал со Реал Мадрид во Лигата на шампионите. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноОТСЕГА СИТЕ СПОРТСКИ СОДРЖИНИ СЕ НА АРЕНА СПОРТСледноШибеник во хаос: Жута и соиграчите втор ден не тренираат бидејќи не зеле плата од декември Saso Kuzmanovski...
ОТСЕГА СИТЕ СПОРТСКИ СОДРЖИНИ СЕ НА АРЕНА СПОРТ
Спортмедиа - пред 9 часа
Магазин ОТСЕГА СИТЕ СПОРТСКИ СОДРЖИНИ СЕ НА АРЕНА СПОРТ 02.04.2025 13:59 173 Компанијата Телеком Србија успешно го реализираше купувањето на одредени права, лиценци и друг имот поврзан со каналите на Sport Klub за територијата на Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) од компанијата United Group. Со реализацијата на оваа трансакција, сите љубители на спортот во Северна Македонија добиваат можност да ги следат сите спортски натпревари на едно место – на телевизиските канали Арена Спорт. Иако и досега гледачите на Арена Спорт уживаа во богата понуда на најпрестижни спортски натпревари, сега таа листа е комплетирана и Арена Спорт станува место за следење на најгледаните преноси од најпопуларните светски натпревари и спортови. Најдобрите европски фудбалски лиги (англиска, шпанска, италијанска, германска и француска), најдобрата кошарка (НБА, Евролига, АБА лига), најдобрите тенисери на денешницата, се на едно место, е сценарио кое претходно беше незамисливо за сите љубители на спортот. Секако, не треба да се заборави дека најатрактивните натпревари во ракомет, одбојка, ватерполо, боречки вештини, трките во Формула 1 и Мото ГП, како и голем број специјализирани канали и емисии, сега се сите на иста адреса – телевизијата Арена спорт. Изразувајќи го своето задоволство што љубителите на спортот конечно ќе ги имаат сите спортски содржини на едно место, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, изјави: „Во спортска смисла, би рекол дека ова е, пред сè, победа за сите љубители на спортот. Важно е да се истакне дека „Арена Спорт“ ќе им обезбеди на гледачите невиден опсег на спортски содржини кои ќе бидат достапни за корисниците на Телеком Србија и за сите останати. На овој начин, Арена Спорт станува синоним за спортот во Северна Македонија и регионот и сите се надеваме на нови успеси за нашите спортисти за чии успеси ќе сведочиме на Арена каналите. Исто така, ова е нова ера за Арена Спорт, која ќе стане еден голем профитен центар и значително ќе ги рационализира цените на странските спортски содржини, притоа обезбедувајќи дополнителни приходи од маркетинг. Како и досега, гледачите на Арена Спорт ќе имаат можност да ги следат најдобрите домашни и регионални спортови, како и натпреварите на репрезентациите. Арена Спорт ќе отвори повеќе нови канали и ќе вложи дополнителни продукциски напори со цел да им овозможи на корисниците најдобро искуство за следење спортски преноси во живо и специјализирани емисии. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноОлимпија ги тужи своите навивачи за да ја платат казната кон УЕФАСледноАрсенал го загуби Габриел до крајот на сезоната? Saso Kuzmanovski...
Олимпија ги тужи своите навивачи за да ја платат казната кон УЕФА
Спортмедиа - пред 10 часа
Меѓународен фудбал Олимпија ги тужи своите навивачи за да ја платат казната кон УЕФА 02.04.2025 13:30 99 Фудбалскиот клуб Олимпија од Љубљана ќе ги тужи своите навивачи поради казната која ја добија од УЕФА откако нивните навивачи предизвикаа серија инциденти на натпреварот против Борац Бања Лука во плејофот на Конференциската лига. Словенечкиот клуб беше казнет со 183.125 евра, а следниот европски натпревар на домашен терен ќе го игра зад затворени врати. Клубот сега одлучи да преземе радикални чекори, најавувајќи поднесување кривични пријави и тужби против лицата кои ги сметаат за одговорни. „Насилството и расистичките скандирања едноставно не припаѓаат на фудбалските стадиони. Ова мора да се прекине. Раководството на клубот на вонреден состанок одлучи да поднесе кривични пријави и тужби за оштета против поединци. Ова се само неколку поединци кои предизвикаа огромен срам и штета на клубот и градот“, изјави претседателот на клубот Адам Делиус. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноМилев: Струмица е подготвена да си го врати трофејотСледноОТСЕГА СИТЕ СПОРТСКИ СОДРЖИНИ СЕ НА АРЕНА СПОРТ Saso Kuzmanovski...
Милев: Струмица е подготвена да си го врати трофејот
Спортмедиа - пред 10 часа
Други спортовиОдбојка Милев: Струмица е подготвена да си го врати трофејот 02.04.2025 13:00 79 Утре во Радовиш стартува тридневната програма во одбојкарскиот Куп на Македонија. Со натпреварите во машките полуфиналиња ќе стартува завршниот турнир, кој и оваа година треба да донесе извонредно возбудливи пресметки уште во полуфиналната разврска. Во првото полуфинале на машкиот турнир во четврток, бранителот на пехарот Штип УГД ќе се соочи со Работнички 71&22, додека шампионот Струмица 47&72 веднаш потоа ќе игра со велешко ГОК Борец во второто полуфинале. Струмичани минатата година го загубија Купот во дуелот со Штип УГД, што за актуелниот првак е дополнителен мотив годинава да го вратат пехарот во своите витрини. Капитенот на клубот, Владо Милев, пред почетокот на финалниот куп-турнир вели дека тимот е подготвен за битката за куп-пехарот. „Очекувам да се пласираме во финалето и сметам дека сме подготвени и да го освоиме купот оваа сезона. Без разлика што загубивме во првенството од Штип, сега започнува најбитниот дел од сезоната, завршница на Купот како и плеј-офот, и сметам дека за крајот го чуваме најдоброто од нас“, вели Милев. Одбојкарска федерација на Македонија заедно со општина Радовиш како технички организатор од 3 до 5 април во салата „25 Мај“ во Радовиш ќе ги пречека најдобрите четири екипи во Купот во машка и женска конкуренција. КУП НА ОФМ 2025 ПОЛУФИНАЛЕ МАЖИ, ЧЕТВРТОК (03.04.2025) ШТИП УГД – РАБОТНИЧКИ 71&22 16:00ч. СТРУМИЦА 47&72 – БОРЕЦ 19:00ч. ПОЛУФИНАЛЕ ЖЕНИ, ПЕТОК (04.04.2025) НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 16:00ч. РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ – ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ 19:00ч. ФИНАЛЕН ДЕН, САБОТА (05.04.2025) ФИНАЛЕ ЖЕНИ 16:00ч. ФИНАЛЕ МАЖИ 19:00ч. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноУбава вест за мак-кошарката: Шампионот од оваа сезона директно оди во АБА-лига?СледноОлимпија ги тужи своите навивачи за да ја платат казната кон УЕФА Saso Kuzmanovski...
Убава вест за мак-кошарката: Шампионот од оваа сезона директно оди во АБА-лига?
Спортмедиа - пред 11 часа
КошаркаАБА лигаТОП Убава вест за мак-кошарката: Шампионот од оваа сезона директно оди во АБА-лига? 02.04.2025 12:28 438 Од Јадранот доаѓа одлична вест за македонската кошарка. По долги преговори меѓу челниците на актуелното раководство на КФСМ и раководството на АБА-лига, детали го делат она што до сега изгледаше новозможно, загарантирано место на македонски тим во јадранската елита, дознава СпортСпорт. Поедноставно кажано, првакот од оваа сезона ќе оди директно во АБА-лига, што не беше пракса во изминатиот период. Единствен тим кој до сега настапувал во ова натпреварување е МЗТ Скопје. Тимот од Аеродром последен пат во АБА-лига се натпреваруваше во сезоната 2022/2023. Тогаш „сино-белите“ беа домаќини на завршниот турнир во АБА2-лига, и тогаш со помош на КФСМ успеаја да ја донесат организацијата. Во оваа сезона во второто јадранско натпреварување сите три тима се покажаа под своите можности, ниту МЗТ Скопје, ниту Пелистер и Работнички, не се изборија за пласман во следната фаза. Доколку се остварат нашите најави пласманот на македонскиот првак директно во АБА-лига ќе биде нов момент. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноКуп на Македонија: Вардар преку Брера кон финале, Шкендија на мегдан со СтругаСледноМилев: Струмица е подготвена да си го врати трофејот Марија Ковачева...
Куп на Македонија: Вардар преку Брера кон финале, Шкендија на мегдан со Струга
Спортмедиа - пред 11 часа
ФудбалКуп на МакедонијаТОП Куп на Македонија: Вардар преку Брера кон финале, Шкендија на мегдан со Струга 02.04.2025 12:06 465 Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија денеска со ждрепка беа одредени двојките за полуфиналните натпревари од Купот на Македонија. Во борбата за трофејот, најтрофејниот клуб Вардар за противник го доби тимот на Брера Струмица, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Струга ТЛ – Шкендија. Првите полуфинални средби се закажани за следната среда (9 април). Вардар останува најтрофеен клуб во Купот со пет титули, но последниот триумф беше во далечната 2007 година. КУП НА МАКЕДОНИЈА – ПОЛУФИНАЛЕ (09.04.2025) ВАРДАР – БРЕРА СТРУМИЦА СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноЈувентус внимателно ја следи ситуацијата со Конте во НаполиСледноУбава вест за мак-кошарката: Шампионот од оваа сезона директно оди во АБА-лига? Saso Kuzmanovski...
Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со Конте во Наполи
Спортмедиа - пред 11 часа
Меѓународен фудбалИталија Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со Конте во Наполи 02.04.2025 11:57 46 Иднината на Антонио Конте во Наполи е далеку од сигурна, бидејќи Јувентус внимателно ја следи ситуацијата околу него и е подготвен да го врати назад доколку реши да го напушти стадионот „Диего Марадона“ на лето. Неговиот договор е до 2027 година, но не гарантира останување, особено што клубот не успеа да обезбеди замена за Хвича Кварацхелија минатиот јануари, што предизвика негово незадоволство. Според Tuttosport, и Јувентус и Милан внимателно го следат односот на Конте со Наполи, при што тимот од Торино е подготвен брзо да дејствува доколку тој даде некаков знак дека има намера да замине. „Старата дама“ штотуку го назначи Игор Тудор на местото на Тијаго Мота, но на хрватскиот тренер му даде краткорочен договор, со што сите опции се отворени за следното лето. Потенцијалот Конте да се врати на стадионот Алијанц целосно би го променил сценариото за неговиот поранешен клуб, кој наводно сака да го врати назад, со оглед на неговите длабоки врски со клубот и блискоста со тамошната средина. Во меѓувреме, Наполи се свесни за неизвесноста околу иднината на нивниот сегашен менаџер, поради што веќе ги проценуваат можните замени, Алегри и Џан Пјеро Гасперини се меѓу преферираните кандидати на Аурелио Де Лаурентис за наследник на Конте. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноРеал Мадрид останува без еден Анчелоти ова летоСледноКуп на Македонија: Вардар преку Брера кон финале, Шкендија на мегдан со Струга Марија Ковачева...
Реал Мадрид останува без еден Анчелоти ова лето
Спортмедиа - пред 12 часа
Меѓународен фудбалШпанија Реал Мадрид останува без еден Анчелоти ова лето 02.04.2025 11:25 138 Во услови на немилосрдни шпекулации за иднината на Карло Анчелоти ова лето и неговата позиција во Реал Мадрид, тој ќе остане без најдоверливиот заменик во клубот. Се тврди дека неговиот син Давиде Анчелоти, кој е и негов помошник тренер на „Сантијаго Бернабеу“, ќе замине на крајот од сезоната. Анчелоти Јуниор започна во стручниот штаб на Карло Анчелоти, првично како фитнес тренер во Пари Сен Жермен во 2012 година, но постепено презема поважни улоги под водство на неговиот татко, следејќи го од клуб во клуб. По неговото враќање на Сантијаго Бернабеу во 2021 година, тој ја доби улогата на помошник. Сега, сепак, според информациите на Атлетик, Давиде Анчелоти има намера да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната. Се верува дека 35-годишниот Италијанец сака да започне своја тренерска кариера и ова би можело да биде сезона кога ќе го направи тоа. Исто така, се тврди дека тоа може да даде поттик за евентуално разделување на неговиот татко Карло Анчелоти. Секако, Давиде Анчелоти се уште официјално не ја објавил својата одлука, но најверојатно ќе има опции доколку ја направи. Тој претходно беше поврзуван со Евертон – друго место каде што работеше заедно со неговиот татко. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноМинов: Очекуваме праведно, непристрасно и објективно судење, без толерирање на набиени ребра и крвави носови!СледноЈувентус внимателно ја следи ситуацијата со Конте во Наполи Марија Ковачева...
Минов: Очекуваме праведно, непристрасно и објективно судење, без толерирање на набиени ребра и крвави носови!
Спортмедиа - пред 12 часа
РакометДомашно првенствоТОП Минов: Очекуваме праведно, непристрасно и објективно судење, без толерирање на набиени ребра и крвави носови! 02.04.2025 10:55 298 Денеска стартува битката за титулата во ракометниот шампионат, на програмата се два натпревари од првото коло во плеј-офот: Бутел Скопје против ГРК Охрид (18 часот) и Вардар 1961 – Алкалоид (19 часот). Во центарот на вниманието е скопското дерби кое ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“. Алкалоид на оваа средба влегува после пласманот во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп. Иако избраниците на Кирил Лазаров имаа кратко време за подготовка и одмор, а „црвено-црните“ се фаворити, од клубот порачаа дека одат на победа како и секогаш. Ракометарите се подготвени за борба во која се надеваат дека судиите нема да го имаат главниот збор. Алкалоид очекува праведна и непристрасна арбитража, без толерирање на набиени ребра и крвави носови, случај што беше на претходното дерби во Битола. „После пласманот во полу-финалето на ЕХФ Европскиот куп, екипата на РК „Алкалоид“ е спремна да го даде својот максимум вечерва. Одиме на победа, како и секогаш! Очекуваме голема борба, а арбитражата ќе биде повторно во рацете на парот Начевски-Николов, како и на претходното дерби во Битола. Се надеваме дека овој пат, ќе гледаме натпревар со праведно, непристрасно и објективно судење, без толерирање на набиени ребра и крвави носови. Разбираме дека секој може да има лош ден, дури и еден од најдобрите судиски парови, но најважно е фер-плејот да биде ставен на прво место – и на теренот и во одлуките. Нашиот императив, како во бизнисот така и во спортот, е взаемното почитување, спортското витештво и интегритетот. Истото го очекуваме и од сите учесници на теренот“, ни изјави претседателот на клубот Горан Минов. Алкалоид во плеј-офот пренесе два бода, и оваа сезона на крилата на младите играчи остана страв и трепет за фавортите за титулата, кои пак во ростерот имаат странски репрезентативни имиња. СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ ОФ И АУТ – 1. КОЛО 02.04.2025 – СРЕДА 18:00 часот РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – ГРК ОХРИД https://www.youtube.com/watch?v=yxIszVBaFDw 18:00 часот РК ПРОЛЕТ 62 – РК СТРУГА https://www.youtube.com/watch?v=UaqF6pMtOWU 19:00 часот МРК КУМАНОВО – РК РАДОВИШ https://www.youtube.com/watch?v=dSxVfLSeNhg 19:00 часот РК ВАРДАР 1961 – РК АЛКАЛОИД – пренос во живо на МРТ https://www.youtube.com/watch?v=87ORkIDN66s 19:30 часот РК ПРИЛЕП – РК ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ https://www.youtube.com/watch?v=j4icqFfRHmU 03.04.2025 – ЧЕТВРТОК 19:00 часот ГРК ТИКВЕШ 2014 – РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР https://www.youtube.com/watch?v=ZeWZNbXdkfA FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноЛудница на „Сантијаго Бернабеу“ и бурна прослава на Надал (ВИДЕО)СледноРеал Мадрид останува без еден Анчелоти ова лето Марија Ковачева...
Лудница на „Сантијаго Бернабеу“ и бурна прослава на Надал (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 13 часа
Меѓународен фудбалШпанија Лудница на „Сантијаго Бернабеу“ и бурна прослава на Надал (ВИДЕО) 02.04.2025 10:19 146 На „Сантијаго Бернабеу“ се одигра спектакуларен реванш меч во рамките на полуфиналето на Копа дел Реј помеѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад (4:4). Реал Мадрид го доби првиот натпревар на гости со 1:0. Но, гостите од Баскија дојдоа во Мадрид да ги одмерат силите во финалето. Победникот беше решен во продолжението, а таму Антонио Рудигер погоди во 115. минута за ерупција на трибините и конечни 4:4. Реал Мадрид на тој начин стигна до финалето на купот, каде ќе се соочи со победникот од двомечот меѓу Атлетико и Барселона. Реваншот е денеска во Мадрид, а првиот натпревар во Барселона заврши 4:4. На трибините беше и легендарниот тенисер, Рафаел Надал, кој лудо го прослави голот на Реал за финале. Rafa Nadal celebrating Rüdiger’s goal. Madridista. pic.twitter.com/1i1N0QOsPN — TC (@totalcristiano) April 1, 2025 FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноАнчелоти: Никогаш не помислив дека ќе бидеме елиминирани, но не е добро што примивме 4 гола!СледноМинов: Очекуваме праведно, непристрасно и објективно судење, без толерирање на набиени ребра и крвави носови! Марија Ковачева...
Анчелоти: Никогаш не помислив дека ќе бидеме елиминирани, но не е добро што примивме 4 гола!
Спортмедиа - пред 14 часа
Меѓународен фудбалШпанија Анчелоти: Никогаш не помислив дека ќе бидеме елиминирани, но не е добро што примивме 4 гола! 02.04.2025 9:50 236 Фото: ФЦ Реал Мадрид/Твитер Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше среќен по драматичното реми 4-4 по продолженијата против Реал Сосиедад во реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Кралот. Италијанецот рече дека во ниту еден момент не бил загрижен дека неговиот тим може да биде елиминиран, иако цело време заостанувале во резултатот. Сепак, тој додаде дека не е добро што неговите играчи дозволија четири гола во сопствениот гол. “Беше многу возбудлив натпревар со многу грешки, но и со добри работи. Беше навистина интересно. Во финалето сме, на крајот ја постигнавме целта. Во ниту еден момент не мислев дека можеме да бидеме елиминирани, бидејќи се може да се случи на Бернабеу. Кога заостануваме во резултатот и треба да се вратиме, никогаш не се откажуваме. Тоа не може да се случи, особено дома пред нашите навивачи”, изјави Анлоти. Искусниот стратег смета да им недостигало рамнотежна, но е среќен што имаат убиствен напад. “На моменти немавме среќа. Алаба двапати ја допре топката, но тоа се работи кои се случуваат во фудбалот. Но, да примиме 4 гола не е добро. Доброто е што постигнавме 4, но ни недостигаше рамнотежа во играта. Немаме рамнотежа, но имаме убиствен напад. Не е лесно да се постигнат 4 гола против Реал Сосиедад”, смета Италијанецот. Тој повторно ја прокоментира арбитражата и особено црвениот картон од Оласагасти поради грубиот фаул над Винисиус. “За мене тоа беше црвен картон. Немам што да додадам повеќе за оваа работа. Му реков на Висиниус дека ќе го заменам доколку не помогне во одбраната. Од тој момент тој се трансформираше и го покажа најдоброто. Беше многу важен во продолженијата. Даде и две асистенции”, заклучи специјалистот. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноЈунајтед е подготвен да даде 60 милиони фунти за дефанзивец на БарсаСледноЛудница на „Сантијаго Бернабеу“ и бурна прослава на Надал (ВИДЕО) Марија Ковачева...
Јунајтед е подготвен да даде 60 милиони фунти за дефанзивец на Барса
Спортмедиа - пред 14 часа
Меѓународен фудбалАнглија Јунајтед е подготвен да даде 60 милиони фунти за дефанзивец на Барса 02.04.2025 9:23 178 Манчестер Јунајтед е подготвен на лето да испрати понуда за дефанзивецот на Барселона Роналд Араухо. Засилувањето на одбраната ќе биде еден од приоритетите на „црвените ѓаволи“ и уругвајскиот дефанзивец е на врвот на листата. Араухо беше на прагот да се раздели со Барса уште во зимата, кога беше на чекор до трансфер во Јувентус, но на крајот преговорите пропаднаа и тој остана со Каталонците, дури и потпиша нов договор. Сепак, тоа не е гаранција дека нема да се продава на лето, особено ако има добра понуда. На Барса и требаат свежи и нови играчи за да има поголем буџет за селекција, па се очекува клубот да продаде дел од своите сегашни играчи. Араухо е еден од играчите кои би можеле да си заминат, се додека клубот добие доволно интригантна понуда за него. Се верува дека Манчестер Јунајтед е подготвен да понуди околу 60 милиони фунти. евра за правата на 26-годишниот дефанзивец. Таквата понуда може да биде доволна за да ја убеди Барса да го пушти. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноШекил за пресметка со Србинот: Од Јокиќ би направил пилешко!СледноАнчелоти: Никогаш не помислив дека ќе бидеме елиминирани, но не е добро што примивме 4 гола! Марија Ковачева...
Шекил за пресметка со Србинот: Од Јокиќ би направил пилешко!
Спортмедиа - пред 14 часа
КошаркаНБА Шекил за пресметка со Србинот: Од Јокиќ би направил пилешко! 02.04.2025 8:55 485 Српскиот кошаркар Никола Јокиќ игра историска сезона во НБА лигата и како што сега стојат работите ќе ја заврши со трипл-дабл просек, што досега им успеало само на уште двајца кошаркари – Оскар Робертсон и Расел Вестбрук. Сепак, има и такви кои сметаат дека не беше најдобра сезона за ниту еден центар во НБА, а често се споменува и 2001 година во која доминираше Шекил О’Нил. Токму Шек беше замолен да прогнозира како ќе заврши натпреварот во кој на едната страна ќе бидат О’Нил од 2001 година и Јокиќ од 2025 година, на што имаше очекувано интересен одговор, но можеби малку повеќе респект немаше да биде потребно. „Тоа би било словенечко пиле… Или од каде и да е. Словенија? Тогаш пиле од Словенија. Би го скршил. Ќе имав 40 поени, тие ќе треба да ме чуваат двајца играчи и повеќе, јас гарантирам дека ќе дадев повеќе два поени од тие за три поени“, рече Шекил, а потоа се сврте и кон браќата на Јокиќ: И би ги натерал и неговите браќа да се скараат со мене“, рече Шекил О’Нил на прашањето дали воопшто ги видел браќата Страхиња и Немања: „И јас имам браќа. Чекај, не ги виде ли моите браќа? Српско пиле“. Така, на крајот, барем „боцка“ е од која земја доаѓа Никола Јокиќ, пет години најдобриот кошаркар на светот, а го потцени и Јанис Адетокунбо, од кого рече дека ќе „направи жиро“, иако пред само неколку дена Леброн Џејмс, на пример, тврдеше дека Гркот ќе постигнел 1 поен на 7020 утакмица. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноСпектакл каков што не се памети: Јокиќ го одигра мечот на кариерата – постигна 61 поен (ВИДЕО)СледноЈунајтед е подготвен да даде 60 милиони фунти за дефанзивец на Барса Марија Ковачева...
Спектакл каков што не се памети: Јокиќ го одигра мечот на кариерата – постигна 61 поен (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 15 часа
КошаркаНБА Спектакл каков што не се памети: Јокиќ го одигра мечот на кариерата – постигна 61 поен (ВИДЕО) 02.04.2025 8:38 161 Никола Јокиќ го одигра можеби најдобриот и несомнено најефективниот натпревар во кариерата во НБА лигата. Тој постигна 61 поен во поразот на Денвер на домашен терен од Минесота по две продолженијаСпектакл за разлика од сите други во НБА: Јокиќ го одигра мечот на својот живот,, 139:140. Ова е личен рекорд за трикратниот и актуелен МВП на најсилната лига. Најефикасна партија на Јокиќ во кариерата и рекорд оваа сезона во НБА Јокиќ постигна пет поени повеќе од Вашингтон лани, што беше негова најефикасна партија досега. Ова е воедно и најефективната партија на еден играч оваа сезона во НБА лигата. Овој меч во регуларниот дел заврши 112:112. Откако не беше решен победникот ниту во првото продолжение, отиде во второто, а таму трагичар беше Вестбрук. По неговиот очај во последниот напад на Денвер, Минесота успеа да направи пресврт. Денвер водеше со 139:138 и успеа да го пресретне нападот на гостите, но Вестбрук на шок и неверување на сите во салата пропушти чисто положување. Гостите тргнаа во контранапад, а на крајот реализираа три слободни фрлања. НБА РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Портланд 113:127 Милвоки – Финикс 133:123 Њујорк – Филаделфија 105:91 Чикаго – Торонто 137:118 Мемфис – Голден стејт 125:134 Сан Антонио – Орландо 105:116 Денвер – Минесота 139:140 FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноДенеска во 12 часот ќе се одржи ждрепката за 1/2 финалето во Купот на Македонија!СледноШекил за пресметка со Србинот: Од Јокиќ би направил пилешко! Марија Ковачева...
Денеска во 12 часот ќе се одржи ждрепката за 1/2 финалето во Купот на Македонија!
Спортмедиа - пред 15 часа
ФудбалКуп на МакедонијаТОП Денеска во 12 часот ќе се одржи ждрепката за 1/2 финалето во Купот на Македонија! 02.04.2025 8:00 161 Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија во 12 часот ќе се одржи ждрепката за полуфиналето во Купот на Македонија. Во шеширот ќе се најдат Вардар, Струга ТЛ, Брера и Шкендија. Ждрепката не е диригирана, за тоа кој има право да игра дома ако се знае дека во оваа фаза се играат по два меча, како што беше и лани. Инаку првите мечеви се закажани за следната среда (9 април). Со оглед на моменталната форма и квалитет, јасно е дека Брера е аутсајдер, но само да се потсетиме дека лани во финалето играа Тиквеш и Воска и кавадарчани се радуваа, па така и Брера си ја гледа својата шанса. Колку за потсетување, од сите овие екипи кои се во полуфиналето само Струга ТЛ го нема освоено пехарот, има само едно финале во 2023 кога беше поразена од Македонија ЃП. Вардар и натаму е рекордер со пет трофеи, ама последниот го освоил во 2007 година. Шкендија беше победник во два наврати, 2016 и 2018, и Брера како Академија Пандев само еднаш се радувала во 2019. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint Претходно120-минутна лудница на „Бернабеу“: Ридигер е „џокерот“ на Реал за куп-финале (ВИДЕО)СледноСпектакл каков што не се памети: Јокиќ го одигра мечот на кариерата – постигна 61 поен (ВИДЕО) Zoran Gjorshoski...
120-минутна лудница на „Бернабеу“: Ридигер е „џокерот“ на Реал за куп-финале (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 23 часа
Меѓународен фудбалТОПШпанија 120-минутна лудница на „Бернабеу“: Ридигер е „џокерот“ на Реал за куп-финале (ВИДЕО) 02.04.2025 0:14 274 Со гол во 115. минута на резервистот Ридигер, Реал (М) успеа да се провлече до големото финале на шпанскиот кралски куп. По 90 минути игра на „Сантијаго Бернабеу“, одличните гости од Реал Сосиедад славеа со 3:4 и успеаја да обезбедат продолженија, иако претходно имаа водство и од 1:3 кое најавуваше голема сензација на ова реванш гостување. Реал сосиедад стартуваше одлично и со голот на Беренечеа во 16. минута дојде до предност од 0:1. Реал делуваше загубено, но успеа да се врати со голот на Ендрик во 30. минута за израмнување на 1:1. Во вториот дел и покрај неколкуте ветувачки шанси за домашните, шокот следуваше со првиот од двата автогола вечерва кој ги постигна давид Алаба. Првиот во 72. минута ги врати гостите од Баскија со предност од 1:2, а само осум минути подоцна Алаба и вторпат ја затресе својата мрежа со која Реал Сосиедад дојде до 1:3, кои во тој момент го водеа во финалето. Сепак, со голот на Белингем во 82. минута Реал испеа да намали на 2:3, а четири минути подоцна Чуамени израмни и на 3:3. Кога сите чекаа крај и пласман на „кралевите“ во финалето, Ојарзабал со својот втор гол во 93. минута донесе ново водство (3:4) за гостите и дополнителни 30 минути игра. Одлуката во продолженијата дојде во 115. минута кога Ридигер по одлично изведениот корнер погоди за конечни 4:4 и пласман на Реал во големото финале. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint Претходно„Шумарите“ на чекор до Лигата на ШампионитеСледноДенеска во 12 часот ќе се одржи ждрепката за 1/2 финалето во Купот на Македонија! Saso Kuzmanovski...
„Шумарите“ на чекор до Лигата на Шампионите
Спортмедиа - пред 1 ден
Меѓународен фудбалАнглија „Шумарите“ на чекор до Лигата на Шампионите 01.04.2025 23:08 89 Екипата на Нотингем Форест оствари нов триумф во англиската Премиер Лига совладувајќи ја екипата на Манчестер Јунајтед со 1:0. „Шумарите“ продолжуваат да го живеат сонот за европски фудбал и се на чекор до пласман во ЛШ. Единствениот погодок на натпреварот го постигна бившиот играч на Манчестер Јунајтед, Антони Еланга во 5-тата минута. Со оваа победа Нотингем Форест се зацврсти на третото место на табелата со 57 бода, а Манчестер Јунајтед е на 13-тото место со 20 бода помалку од третопласираните „шумари“. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноПо половина век, Болоња е пред историско финале во Купот на Италија (ВИДЕО)Следно120-минутна лудница на „Бернабеу“: Ридигер е „џокерот“ на Реал за куп-финале (ВИДЕО) Saso Kuzmanovski...
По половина век, Болоња е пред историско финале во Купот на Италија (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 1 ден
Меѓународен фудбалИталија По половина век, Болоња е пред историско финале во Купот на Италија (ВИДЕО) 01.04.2025 23:00 102 Фудбалерите на Болоња им приредија моменти за голема прослава на своите навивачи откако вечерва славеа со 0:3 на гостувањето кај Емполи во полуфиналето на Купот на Италија и дојдоа на чекор до големото финале. Момците на Винченцо Италијано тотално го разбија домашниот состав и головите на Орсолини и Олинга до 29. минута веќе имаа предност од 0:2. Конечните 0:3 беа дело на Далинга на самиот старт на второто полувреме. Болоња е на чекор да направи историја за својот клуб и навивачите, затоа што последен пат во финалето на италијанскиот куп играше во 1974 година. Реваншот на домашен терен на „Ренато дал’Ара“ ќе се одигра на 24 април. ГОЛОВИ ЛИНК FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноСензација: Третолигаш го елиминираше Баер (Л) и обезбеди финале во купот (ВИДЕО)Следно„Шумарите“ на чекор до Лигата на Шампионите Saso Kuzmanovski...
Сензација: Третолигаш го елиминираше Баер (Л) и обезбеди финале во купот (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 1 ден
Меѓународен фудбалГерманијаТОП Сензација: Третолигаш го елиминираше Баер (Л) и обезбеди финале во купот (ВИДЕО) 01.04.2025 22:49 125 Германскиот третолигаш Арминија од Билефелд приреди првокласна сензација во полуфиналето од Купот на Германија, откако во првото полуфинале херојски стигна до победа над шампионот и освојувачот на Купот на Германија од минатата година, Баер (Л) со 2:1. Арминија и во минатите рунди во Купот покажа дека не се плаши од никого, па по елиминациите на Унион берлин, Фрајбург и Вердер, сега успеаја да го шокираат и шампионскиот тим на Чаби Алонсо. Тах со голот во 17. минута (ВИДЕО) најави дека Баер (Л) е подготвен да спречи нова сензација од домашните, но така не размислуваа Ворл (ВИДЕО) и Гесер (ВИДЕО) кои со дголовите во 20. и 45. минута успеаја целосно да го свртат текот на мечот и до крај да ја задржат предноста и покрај бројните гостински напади. Колку добро се бранеше третолигашот во вториот дел, зборува и фактот што „фармацевтите“ успеаја само еднаш да шутнат во рамката на голот на домашните. Вториот финалист во Купот на Германија ќе го дознаеме утре по дуелот меѓу Штутгарт и РБ Лајпциг. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноСака за 7 минути по враќањето на терен со гол за победа на Арсенал (ВИДЕО)СледноПо половина век, Болоња е пред историско финале во Купот на Италија (ВИДЕО) Saso Kuzmanovski...
Сака за 7 минути по враќањето на терен со гол за победа на Арсенал (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 1 ден
Меѓународен фудбалАнглијаТОП Сака за 7 минути по враќањето на терен со гол за победа на Арсенал (ВИДЕО) 01.04.2025 22:41 62 Само седум минути му беа потребни на Букајо Сака од враќањето на терените по подолгата пауза поради повреда, да ја затресе противничката мрежа и да му донесе победа на Арсенал од 2:1 (ВИДЕО) против Фулам во првиот меч од 30. коло во Премиерлигата. Првиот гол за „топчиите“ беше дело на Мерино во 37. минута (ВИДЕО), со што практично и беше најавена победата на момците на Артета, кои и натаму остануваат со 9 бода зад Ливерпул, но и меч повеќе. Гостите само намалија во 94. минута со голот на Родриго Муниз. Во вториот завршен меч вечерва, важна победа оствари Вулверхемптон, кој пред своја публика со 1:0 го совлада Вест Хем. Голот за радост и победа на „волците“ беше дело на Ларсен во 21. минута. Standings provided by Sofascore FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноКасано: Леао е полуфудбалер, Пулишиќ за него е играчиште!СледноСензација: Третолигаш го елиминираше Баер (Л) и обезбеди финале во купот (ВИДЕО) Saso Kuzmanovski...
Касано: Леао е полуфудбалер, Пулишиќ за него е играчиште!
Спортмедиа - пред 1 ден
Меѓународен фудбалИталија Касано: Леао е полуфудбалер, Пулишиќ за него е играчиште! 01.04.2025 22:25 342 Некогашниот италијански репрезентативец Антонио Касано и натаму нема влакна на јазикот кога го анализира италијанското калчо. Во својот последен коментар, тој повторно го коментираше Португалецот Рафаел Леао, кого го нарече – полуфудбалер. „Некои губитници, неспособни паразити се обидоа да кажат дека Леао треба да игра, дека тој е најталентираниот играч во Милан. Пулишиќ работи по цело крило, знае како да се пробие во центарот, да прави асистенции, да постигнува гол и да работи за тимот. Тој прави се за што Леао нема поим како треба. Леао завршува едно додавање од четири. Оваа сезона има постигнато само шест гола. Тука сме да ги едуцираме оние кои не разбираат што навистина значи да се игра фудбал, да го сакаат и почитуваат овој спорт. Малку вештина не значи дека сте силен играч. Луѓето сакаат да зборуваат за Леао кога Пулишиќ и Рејндерс постигнале двојно повеќе? Зошто не зборуваат за Орсолини, кој постигна повеќе голови од Леао? Затоа што тој заработува 1,5 милиони евра годишно, а Леао 8 милиони? Тврдам дека Орсолини, Закањи и Лукман се подобри од Леао“, изјави поранешниот играч од средниот ред на Милан. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноСампдорија бара „сламка за спас“: Пирло ќе се врати на кормилото?СледноСака за 7 минути по враќањето на терен со гол за победа на Арсенал (ВИДЕО) Saso Kuzmanovski...
Сампдорија бара „сламка за спас“: Пирло ќе се врати на кормилото?
Спортмедиа - пред 1 ден
Меѓународен фудбалИталија Сампдорија бара „сламка за спас“: Пирло ќе се врати на кормилото? 01.04.2025 22:00 82 Легендарниот фудбалер на Јувентус и Милан, Андреа Пирло би можел да се врати во Сампдорија. Според „Газета дело Спорт“ италијанскиот клуб ја разгледува можноста 45-годишниот стручњак да се врати на местото главен тренер. Тој доби отказ во август по три натпревари без победа во Серија Б. Клубот бара начин како да се спаси од испаѓање во третата лига, па во комбинација за нов тренер се и Џузепе Јакини и Аурелио Андреацоли. Можно е Сампдорија да ја продолжи соработката и со Леонардо Семпличи. Тимот на Џенова се наоѓа на 17. место во поредокот во Серија Б со 32 бода по 31. коло. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноВелес во недела домаќин на над 200 кајакари на Европскиот куп на диви водиСледноКасано: Леао е полуфудбалер, Пулишиќ за него е играчиште! Saso Kuzmanovski...
Велес во недела домаќин на над 200 кајакари на Европскиот куп на диви води
Спортмедиа - пред 1 ден
Други спортови Велес во недела домаќин на над 200 кајакари на Европскиот куп на диви води 01.04.2025 21:30 59 фото: Љубомир Спасиќ Facebook Градот Велес во недела на 6 април ќе биде домаќин на второто коло од Европскиот куп во кајак на диви води – дисциплина спуст. Организаторите потврдија дека Велес ќе биде домаќин на над 200 кајакари од цела Европа, кои ќе се борат за нови бодови на европските ранг-листи. Ова е еден од најзначајните меѓународни спортски настани во регионот, продолжувајќи ја традицијата на претходните Балкански првенства и Светски купови што се организираа во изминатите две години. Меѓу натпреварувачите кои го потврдија настапот во Велес се кајакари од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Албанија, Грција, Турција, Бугарија и домаќинот Македонија. Тие ќе се натпреваруваат во шест дисциплини во две категории – јуниори и сениори. Првите квалификациски трки в недел аќе стартуваат во 9.30 часот, во 11.30 ќе биде второто возење, за највозбудливиот дел од денот да биде финалната трка, која започнува во 14:30 часот, кога ќе излезат најдобрите 15 финалисти во секоја категорија. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноФлик: Барса е гладна за трофеи и ќе ги брка до крај!СледноСампдорија бара „сламка за спас“: Пирло ќе се врати на кормилото? Saso Kuzmanovski...
Флик: Барса е гладна за трофеи и ќе ги брка до крај!
Спортмедиа - пред 1 ден
Меѓународен фудбалШпанија Флик: Барса е гладна за трофеи и ќе ги брка до крај! 01.04.2025 21:00 103 Фото: Барселона/Твитер Тренерот на Барселона, Ханси Флик, потсети дека тимот е добар само ако освојува титули. Каталонскиот гигант има 20 натпревари без пораз во сите натпреварувања и е единствениот тим во најдобрите пет европски лиги што нема пораз во 2025 година. Тимот предводен од Флик се стреми кон три трофеи оваа сезона, демонстрирајќи фудбал кој ги воодушевува навивачите. „Гладни сме за трофеи и ќе ги бркаме до крај. Горди сме на овој тим и начинот на кој играме. Не стигнавме вака поради среќата, го заслуживме тоа. Сакам да им се заблагодарам на сите за нивната работа. Ставот на играчите е секогаш ист. Тие секогаш го даваат својот максимум и не се откажуваат. А резултатот… Ќе видиме. Тимот напредува и им кажав на играчите“, изјавил Флик. Германскиот специјалист изјави дека неговиот тим е свесен дека ќе се соочи со Атлетико во реваншот од Копа дел Реај, за кого сезонава ова е последна шанса за трофеј. “Купот е трофејот кој им е единствена шанса. Еден натпревар и ќе стигнат до финале… Но истото важи и за нас. Имаат искусен тренер во Диего Симеоне, кој знае да победува на вакви натпревари. Ќе биде многу тешко”, заклучи Флик. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноГерманија е против враќањето на руските клубови на меѓународните натпреварувања!СледноВелес во недела домаќин на над 200 кајакари на Европскиот куп на диви води Saso Kuzmanovski...
Германија е против враќањето на руските клубови на меѓународните натпреварувања!
Спортмедиа - пред 1 ден
Меѓународен фудбалОстанато Германија е против враќањето на руските клубови на меѓународните натпреварувања! 01.04.2025 20:30 70 Пред неколку недели се појавија шпекулации дека УЕФА има намера во блиска иднина да им овозможи на руските клубови и репрезентацијата на таа земја, враќање на меѓународните натпреварувања кои се под нејзина “капа“ што се вели. Сепак војната и натаму трае, руската агресија врз Украина и натаму трае со несмалена жештина а по се ова свој коментар има и претсдателот на Фудбалската асоцијација на Германија, Бернд Нојендорф: “Дебатата за укинување на санкциите во моментов е непотребна. Ситуацијата прво мора да се суштински да се промени. А факт е дека ситуацијата што доведе до исклучување на руските клубови не е промената. Русија ја продолжува војната против Украина без прекин кршејќи го меѓународното право“ истакна првиот човек на германскиот фудбал. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноУ19: Одличен старт – Македонија извојува победа над ЛитванијаСледноФлик: Барса е гладна за трофеи и ќе ги брка до крај! Zoran Gjorshoski...
У19: Одличен старт – Македонија извојува победа над Литванија
Спортмедиа - пред 1 ден
ФудбалМлади репрезентации У19: Одличен старт – Македонија извојува победа над Литванија 01.04.2025 20:02 121 Женската фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години со победа ги почна квалификациите од Б лигата (рунда 2) за пласман во А лигата на квалификации за Европско првенство. Денеска во Хрватска на мечот од првото коло, избраничките на селекторот Мерко славеа со 1:0 над соодветната селекција на Литванија. Одлучувачкиот гол за победа на Македонија, всушност беше автогол на Литванките, и тоа на Сапаите во 92. минута. На 4. април, во рамките на второто коло од турнирот, Македонија ќе игра против Ерменија, со почеток во 16:30, на стадионот Лучко во Загреб. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноМауро Икарди откри со кои фудбалери Ванда го изневерувала!СледноГерманија е против враќањето на руските клубови на меѓународните натпреварувања! Saso Kuzmanovski...
Мауро Икарди откри со кои фудбалери Ванда го изневерувала!
Спортмедиа - пред 1 ден
Магазин Мауро Икарди откри со кои фудбалери Ванда го изневерувала! 01.04.2025 19:30 790 Мауро Икарди и Ванда Нара се во фаза на развод. Јасно е дека тоа ќе биде тежок и долтг процес ако се знае дека во “игра“ и тоа како се многу пари. Инаку деновиве Икарди откри со кои фудбалери неговата сопруга го изневерувала. Тоа биле Кеита Балде, кој сега игра за Монца и Федерико Фасио, Аргентинец и некогашен играч на Рома, Севилја, Салернитана. По ова Ванда изјави дека била во врска со Балде, но само во период кога била разделена од Мауро. Додека за Фасио таа тврди дека никогаш не го запознала. Што се однесува до разводот, Ванда бара од Мауро месечно 500.000 евра за издржување на нивните деца, а го бара и двете вили во Италија, од кои едната е во Милано а другата покрај езерото Комо. Дали ќе ги добие ќе се види допрва. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноПознати носителите пред ждрепката за четвртфиналето на Купот на МакедонијаСледноУ19: Одличен старт – Македонија извојува победа над Литванија Zoran Gjorshoski...
Познати носителите пред ждрепката за четвртфиналето на Купот на Македонија
Спортмедиа - пред 1 ден
РакометКуп на МакедонијаТОП Познати носителите пред ждрепката за четвртфиналето на Купот на Македонија 01.04.2025 19:10 198 И официјално станаа познати шеширите пред извлекувањето на ждрепката за четвртфиналната фаза од Купот на Македонија во ракомет во машка конкуренција. Актуелниот освојувач на купот Алкалоид, заедно со Вардар, Охрид и шампионот Е. Пелистер ќе бидат во групата на носители. останатите 12 екипи се распоредни во уште три квалитативни шешири. Куп на Македонија 2024/25 – ЧЕТВРТФИНАЛЕ/ШЕШИРИ: Шешир 1: Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Вардар 1961, Охрид Шешир 2: Тиквеш, Бутел Скопје, Пролет, Струга Шешир 3: Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Прилеп, Куманово Шешир 4: Радовиш, Партизан Гевгелија, Аеродром, Борец Фруитленд Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат на 26/27 април, а завршниот турнир ќе се игра од 15 до 18 мај. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноЦ. Звезда му пушти на Спартак да победи“! (ФОТО)СледноМауро Икарди откри со кои фудбалери Ванда го изневерувала! Saso Kuzmanovski...
Ц. Звезда му пушти на Спартак да победи“! (ФОТО)
Спортмедиа - пред 1 ден
КошаркаАБА лига Ц. Звезда му пушти на Спартак да победи“! (ФОТО) 01.04.2025 18:45 454 Фото: Црвена Звезда/Твитер Во кошаркарската јавност на овие простори шокантна беше веста дека Ц. Звезда била поразена во АВА лигата од еден Спартак Суботица и тоа со 78:77. Секако дека ова наиде на разни коментари во кошаркарските кругови, а посебно во Хрватска зошто таа победа на Спартак директно оди на штета на Задар. Ц. Звезда е четврта, а Спартак седми и со тоа ќе игра во плеј – офот. Познатиот хрватски новинар Томислав Хорват, го нарече….“педе**ки потег на Ц. Зезда на својот Х профил. Интересно во секој случај. Може подолу да видите како реагираше хрватскиот новинар по овој меч: Crvena zvezda pušta utakmice i narušava regularnost ABA lige! Zvezda je danas u Beogradu izgubila od Subotice. Očigledno puštanje! S ovim potezom Zadar je ispao iz play-off zone. Nije to Zadru toliko bitno, koliko je ovo “pederski” potez Zvezde. Tako se ne ponaša veliki klub! pic.twitter.com/fHFbgOBpmV — Tomislav Horvat (@TomislavHorva20) March 31, 2025 FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноСензационално: Влаховиќ следната сезона во нападот на Барселона?!СледноПознати носителите пред ждрепката за четвртфиналето на Купот на Македонија Zoran Gjorshoski...
Сензационално: Влаховиќ следната сезона во нападот на Барселона?!
Спортмедиа - пред 1 ден
Меѓународен фудбалШпанија Сензационално: Влаховиќ следната сезона во нападот на Барселона?! 01.04.2025 18:15 349 Одамна е познато дека Душан Влаховиќ е на излезна врата од Јувентус. Најплатениот фудбалер во Серија А не ги задоволи вкусовите во гигантот од Торино, па така сега раководството на овој клуб бара начин како да се ослободи од Србинот по секоја цена, ако треба ќе го продаде и за половина од она што и го даде на Фиорентина за тогаш еден од најголемите трансфери во Италија. Месеци наназад се споменуваа клубови од Англија, потоа ПСЖ, па и Фенербахче, но се чини дека Влаховиќ е најблиску до Барселона. Каталонците имаат две опции, едната е Осимен кој чини 75 милиони евра, а втората е Влаховиќ кој чини двојно помалку. Роберт Левандовски игра во супер форма, секако дека ќе остане во Барса барем уште една – две години, но сепак годините го прават своето. Сепак останува да се види како ќе се одвиваат работите до јуни. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноКоментар на 25.коло: Срам да ви е!СледноЦ. Звезда му пушти на Спартак да победи“! (ФОТО) Zoran Gjorshoski...
Коментар на 25.коло: Срам да ви е!
Спортмедиа - пред 1 ден
ФудбалПрва лигаТОП Коментар на 25.коло: Срам да ви е! 01.04.2025 17:45 907 Пишува: Зоран Ѓоршоски Вардар го победи Пелистер во “Дербито на Македонија“, Воска сензационално дојде до трите бода на гостувањето кај Гостивар, Тиквеш одново му “украде“ два бода на Силекс, Работнички славеше против Беса, Бесарт Ибраими дојде до бр.215 голови во ПМФЛ и сето тоа не е важно, сето тоа е во втор план. Место сега да говориме и анализираме за настаните од 25.коло, ние ќе се занимаваме со срамниот однос на фановите на Шкендија за време на едноминутниот молк за настраданите во Кочани. Срам да ви е! Како прво покажавте дека сте нелуѓе, покажавте дека сте монструми, дека не сте за на трибина да си навивате за својот тим туку за оние специјални болници каде што се лекува памет или мозок, ако имате барем малку нешто од тоа. Ова е порака за сите оние кои вчера пееја за време на молкот. Македонија, сите нејзини граѓани покажаа голема свест во овие траорни денови за нашата земја. За тие 59.жртви во трагедијата во Кочани и за тие 200 повредени. Само вие се најдовте, дали сте десет или десетина не е важно, да се правите “мајмуни“. Да го бербатите вашиот народ. Потсетете се како само после два дена од страшниот пожар во Кочани, ваши сограѓани од Тетово го направија најубавиот спот во чест на Кочани. Млади Албанчиња беа централна вест на социјалните мрежи за тој спот. Земете пример од Шкендија Арачиново или од Чаир и Шкупи, кога градоначалникот на таа скопска општина заедно со соиграчите на Андреј Лазаров на плоштадот “Скендер бег“ запалија свеќи за жртвите во Кочани. Вие не сте Албанци, вие сте НЕЛУЃЕ. Ова нема да ви се прости НИКОГАШ! Ова нема да ви го заборавиме никогаш, и Македонците, и Албанците и сите граѓани во оваа земја. НИКОГАШ! А и Шкендија си се “покажа“. За непочитувањето на химната пред неколку недели не се ни огласи, а сега знаејќи каква фатална грешка е направена, реагираше со соопштение кое оди ни ваму ни таму. Шкендија требаше јавно и гласно да го осуди потегот на “Балистите“, требаше јавно и гласно да каже дека се срами од тој потег на своите фанови, а не да кажува дека тоа биле само дел од “Балистите“. Ова е срамно и од Шкендија. Уште поголем е оној СРАМ за вас, кој како клуб не ги дониравте средствата од билетите за помош на семејствата на жртвите во Кочани, како што тоа го направи една Шкендија Арачиново. Па нели сте најбогат клуб во Македонија? Па зарем Шкендија Арачиново вас да ве учи како треба, вас кои сте нели – ЕВРОПСКА ШКЕНДИЈА! Далеку сте вие од европска… Срам да ви е и на вас, на сите во Шкендија. По ова потписникот на овие редови јавно кажува дека се кае што некогаш имал симпатии за овој клуб, па дури и навивал за Шкендија како свој втор клуб во ПМФЛ. Сега ја чекаме казната. Таа секако дека ќе биде висока, драстична. И јас се сложувам со колегата Никола Ѓуровски ако може 59 меча Шкендија да игра без публика и ако може да биде казнета и со -9 бодови. Ова второто е невозможно, но јас да сум “власт“, би ја исфрлил Шкендија во општинска лига без око да ми трепне, без разлика што до пред некој месец сум бил нејзин фан. И ова е невозможно, не постои такво нешто, но кога некој нечовечки потег ќе удри во душата на секој нормален човек во оваа Македонија,без разлика дали тоа било Албанец или Македонец, време е конечно да се каже- Доста е бре! И уште еднаш… СРАМ ДА ВИ Е! FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРАВАТА НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ – ЛАСТОВИЦАСледноСензационално: Влаховиќ следната сезона во нападот на Барселона?! Zoran Gjorshoski...
ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРАВАТА НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ – ЛАСТОВИЦА
Спортмедиа - пред 1 ден
Магазин ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРАВАТА НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ – ЛАСТОВИЦА 01.04.2025 17:15 21 Видеолотарија Касинос Австрија ја продолжува својата мисија како општестевно одговорна компанија. Обезбедивме донација за Здружението Асоцијација на правата на деца и младинци со попреченост – ЛАСТОВИЦА во Скопје. Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди донација за Здружението Асоцијација на правата на деца и младинци со попреченост ЛАСТОВИЦА Скопје. Оваа донација ќе придонесе за подобрување на условите и поддршката која здружението им ја нуди на децата и младите со попреченост. Со оваа донација годинава ќе се обезбедат: опрема и дидактички материјали неопходни за стимулација и поддршка на детскиот развој, организација и реализирање на рехабилитациони третмани, едукативни програми-изучување на знаковен јазик и Браевото писмо, организирање на инклузивни или интерактивни активности и излети, кои ќе помогнат за социјализацијаа и интеграција на децата во секојдневието Дел од вработените во Видеолотарија Касинос Австрија и доброволно се вклучија во изучувањето на знаковниот јазик. На овој начин сакаме да ја подигнеме свесноста и важноста за знаковниот јазик, но и да стекнеме способност за невербална комуникација. За нас, ова е голема одговорност. И во иднина ќе продолжиме да бидеме дел од иницијативите кои имаат директно влијание врз заедницата. Веруваме дека секое дете заслужува еднакви можности и се надеваме дека со оваа донација ќе им помогнеме да го достигнат својот потенцијал. Под слоганот „Играј со најдобрите“, Државна Видеолотарија и во иднина ќе продолжи да го развива својот идентитет на модерна и општествено одговорна компанија преку поддршката на проекти кои позитивно ќе влијаат врз заедницата. Само за потсетување, во 2024 нашата посветеност кон оваа цел од која придобивки имаат сите граѓани, ја потврдивме со низа активности за што издвоивме вкупен буџет од 45.980.779 денари. #ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИграјСоНајдобрите FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноВокер до Жоао Феликс: Додај ја топката, никој овде не е Меси! (ВИДЕО)СледноКоментар на 25.коло: Срам да ви е! Zoran Gjorshoski...
Вокер до Жоао Феликс: Додај ја топката, никој овде не е Меси! (ВИДЕО)
Спортмедиа - пред 1 ден
Меѓународен фудбалИталија Вокер до Жоао Феликс: Додај ја топката, никој овде не е Меси! (ВИДЕО) 01.04.2025 16:45 234 Тешко е да си играч на Милан. Резултатите на гигантот од Милано се далеку од очекувањата, иако овој тим има добар тим, одлични поединци, сепак некои работи не се како што треба. Милан беше поразен и на последното дерби во Неапол од Наполи со 2:1. Секако дека има нервоза и кај самите играчи, па може убаво да се види и слушне како Вокер при излегувањето на терен во второто полувреме на “Диего Армандо Марадона“ му сугерира на својот играч Жоао Феликс. „Додај ја таа топка, никој овде не е Меси“. Португалецот и немаше многу време да ги спроведе на дело инструкциирте на Вокер ако се знае дека во 55.минута беше заменет. Сепак ова виде стана вирално. Kyle Walker to Joao Felix: “Just pass the ball, no one here is Lionel Messi” pic.twitter.com/zP1Y3w263r — Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) April 1, 2025 FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноМато открива зошто во Битола се радувал на тој начин по своите два гола!СледноВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ЗА ЗДРУЖЕНИЕТО АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРАВАТА НА ДЕЦА И МЛАДИНЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ – ЛАСТОВИЦА Zoran Gjorshoski...
Мато открива зошто во Битола се радувал на тој начин по своите два гола!
Спортмедиа - пред 1 ден
ФудбалПрва лигаТОП Мато открива зошто во Битола се радувал на тој начин по своите два гола! 01.04.2025 16:15 1268 Мато Роџерс Касим го одбележа ова коло. Со два фантастични гола среде Битола му донесе победа на својот Вардар за 1:3, и токму затоа е и играч на ова 25.коло. Репрезентативецот на Уганда едноставно ја замолкна Битола, ги замолкна домашните фанови, го одигра својот најдобар меч откако е во Вардар, па и во ПМФЛ. Фановите во Битола, посебно „Чкембарите“ му замерија по мечот за тоа како ги прославил двата гола, но Мато си има свое образложение. Кога ќе ја прочитате неговата изјава, дадена за порталот „Спортманија“ ќе сфатите дека бил во право што така реагирал, па секој така ќе се радува… „„Многу сум среќен за давата мои гола, но уште посреќен сум што победивме. Познато ми е дека тоа е дерби меч, а јас успеав само неколку минути откако влегов во игра да постигнам не еден, туку два гола. Секако дека емоциите во тие моменти се на посебно ниво. Едноставно бев среќен“посочи офанзивецот на Вардар и продолжи… „Видовте што се случуваше уште од почетокот на дербито.Кога топката ќе дојдеше до Даниел Донгмо или до Сенгор, од трибините во Битола се слушаа извици „Уууу“. Кога топката беше кај други играчи, такви неартикулисани звуци и гласови немаше. Јас бев на клупата за резерви и се прашував зошто навивачите тоа го прават само кога топката е кај црномурестите играчи. Што е нивниот проблем. Ништо не правиме, само играме фудбал. Никого не навредуваме“се прашува Мато Роџерс. Тие моменти биле и повеќе од емотивни за него: „Кога дадов гол, само се затрчав и се лизнав на колена. Тогаш повторно почнаа извиците од трибините. Имав набој на емоции, па кога почнаа тие да навредуваат, решив да им вратам со гестикулации. Секој фудбалер кога ќе даде гол на дерби дуел, има посебна емоција да прослави. Јас по мечот се извинив за мојот начин на прослава, но се надевам дека никогаш повеќе нема да се слушаат тие неубави звуци од трибините за да се наведуваат црномурестите фудбалери“ заврши репрезентативецот на Уганда. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)СледноВокер до Жоао Феликс: Додај ја топката, никој овде не е Меси! (ВИДЕО) Zoran Gjorshoski...
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)
Спортмедиа - пред 1 ден
ФудбалПрва лигаТОП ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар) 01.04.2025 15:45 244 Според “СпортСпорт“ тренер на колото е стратегот на Вардар, Гоце Седлоски. Како прво неговиот тим победи со 1:3 среде Битола во “Дербито на Македонија“, а како второ, и најмногу поради тоа, за изданието на неговиот тим во второто полувреме. Се виде дека во првото полувреме, а посебно во првата фаза од тој период на играта, Вардар не беше на своето ниво. Пелистер реално беше подобар. И тоа откако го виде, откако направи што направи во соблекувалната на паузата, Седлоски им кажа на своите играчи што треба да прават и како треба да играат ако сакаат победа. А тие одиграа навистина добро, посебно Тодоровски и Мато, и од 1:1 дојдоа до 1:3. А беше и 1:0 за Пелистер. Да, Мато ја донесе победата, но се виде тренерската „рака“ на Седлоски, уште еднаш. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноИ Пеп со потврда: Халанд ќе биде во “аут“ од 5 до 7 недели!СледноМато открива зошто во Битола се радувал на тој начин по своите два гола! Zoran Gjorshoski...
И Пеп со потврда: Халанд ќе биде во “аут“ од 5 до 7 недели!
Спортмедиа - пред 1 ден
Меѓународен фудбалАнглија И Пеп со потврда: Халанд ќе биде во “аут“ од 5 до 7 недели! 01.04.2025 15:15 63 Она што се најавуваше, од она што Пеп Гвардиола и Манчестер Сити стравуваа, тоа и се оствари. Најдобриот фудбалер на “граѓаните“ ќе биде надвор од тимот веројатно два месеци. Да потсетиме дека Ерлинг Халанд се повреди на мечот од ФА Купот со Борнмут. Тој се пожали на болки во пределот на зглобот па затоа мораше да биде заменет. Јасно е дека без Халанд и тоа како на Пеп Гвардиола ќе му биде тешко, посебно ако се знае дека неговиот тим има очајна сезона. “Можам да потврдам дека повредата на Халанд е сериозна. Од она што ми беше кажано од докторскиот тим тој ќе паузира од 5 до 7 недели, а може и подолго. Не знам дали ќе успее да се врати до крајот на сезоната, се надевам дека ќе биде со нас на Светското клупско првенство“ изјави стратегот на Манчестер Сити. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноФОТО НА КОЛОТО: Моментот кога на Арената дојде до мал прекин во чест на Кочани!СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар) Zoran Gjorshoski...
ФОТО НА КОЛОТО: Моментот кога на Арената дојде до мал прекин во чест на Кочани!
Спортмедиа - пред 1 ден
ФудбалПрва лига ФОТО НА КОЛОТО: Моментот кога на Арената дојде до мал прекин во чест на Кочани! 01.04.2025 14:45 146 Се играше 59.минута од средбата Работнички – Беса кога дојде до мал прекин. Јасно е дека таа трагедија во Кочани никогаш нема да се заборави, но играчите на двете екипи престанаа, некои од нив и пушти солза. Овој мал прекин беше во чест на настраданите 59.лица во Кочани, но и поддршка за повредените со цел што побргу да оздрават. Ова е тој гест на луѓе, на спортсмени, на личности со интегритет за разлика од оние нелуѓе во Тетово. Да кажеме и тоа дека пред почетокот на мечот, фудбалерите на Работнички со дресот на својот Андреј Лазаров потсетија дека тој беше “дете“ на овок клуб. Трогателни сцени во секој случај. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноОфицијално: Шкендија е дадена на Дисциплинска, тетовци ќе добијат максимална казна!СледноИ Пеп со потврда: Халанд ќе биде во “аут“ од 5 до 7 недели! Zoran Gjorshoski...
Официјално: Шкендија е дадена на Дисциплинска, тетовци ќе добијат максимална казна!
Спортмедиа - пред 1 ден
ФудбалПрва лигаТОП Официјално: Шкендија е дадена на Дисциплинска, тетовци ќе добијат максимална казна! 01.04.2025 14:15 1114 По се она што се случи вчера во Тетово, кога домашните фанови пееја за време на едноминутниот молк за Кочани, и по реакцијата на Фудбалската федерација на Македонија, денеска Натпреварувачката комисија и официјално ја предаде Шкендија на Дисциплинска. Па така се очекува надлежните во оваа комисија да решаваат за санкциите, односно висината на казната за клубот од Тетово кој вчера беше организатор на мечот со Брера. Со оглед на тоа дека цела Македонија е во шок по се она што се случи под Шара, јасно е дека се очекува Шкендија да ја добие највисоката можна казна. Прво парична а потоа и на колку натпревари ќе биде теренот суспендиран или пак на колку мечеви ќе се игра без публика. Само да потсетиме, Шкендија се бори за титулата, Шкендија еден меч ќе игра како домаќин во полуфиналето од Купот, а ако се пласира во финалето може да се случи нејзините фанови да не добијат билети. Сепак сега се е во рацете на Дисциплинската комисија од која се очекува најстрога казна. За памет за сите, а најмногу за Шкендија и нејзините фанови. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 25.КОЛО: Мато, Мато за радост на ВардарСледноФОТО НА КОЛОТО: Моментот кога на Арената дојде до мал прекин во чест на Кочани! Zoran Gjorshoski...
ТИМ И ИГРАЧ НА 25.КОЛО: Мато, Мато за радост на Вардар
Спортмедиа - пред 1 ден
ФудбалПрва лигаТОП ТИМ И ИГРАЧ НА 25.КОЛО: Мато, Мато за радост на Вардар 01.04.2025 13:45 189 Кога ќе му се даде два гола на Пелистер среде Битола и со тие два гола ќе му се донесе победа на својот тим од 1:3, а беше 1:0 за домашните, тогаш јасно е дека си играч на “Дербито на Македонија“. А кога си најдобар на тоа дерби тогаш си и играч на колото. Тука нема дилеми, затоа Мато Касим Роџерс од Вардар е играч на ова 25.коло. Покрај Мато од Вардар во тимот на колото е и Тодоровски, кој со двете асистенции до Мато за тие два кола исто така и тоа како е заслужен за победата на Вардар. Тука се и Димовски и Мојсов (Тиквеш), Белица и Рушевиќ (Работнички), Осеи и Илјази (Воска), Ибраими и Алхасан (Шкендија) и Додев (Силекс). ИГРАЧ НА КОЛОТО МАТО КАСИМ РОЏЕРС Тим: Вардар Роден: 10.10.2003 во Уганда Кариера: Пролин, КЦЦА, Шанлиурфаспор, Брера, Вардар FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноВејн Руни повторно се олесни надвор (ФОТО)СледноОфицијално: Шкендија е дадена на Дисциплинска, тетовци ќе добијат максимална казна! Zoran Gjorshoski...
Вејн Руни повторно се олесни надвор (ФОТО)
Спортмедиа - пред 1 ден
Магазин Вејн Руни повторно се олесни надвор (ФОТО) 01.04.2025 13:15 111 Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни вчера беше фатен како уринира во јавност за време на ноќно излегување во Лондон. Поранешниот англиски репрезентативец е виден како се потпира на ѕид додека се олеснува. 39-годишниот Руни бил во друштво на пријатели со кои поминал неколку часа во бар. Ова не е прв инцидент на Руни со јавно мокрење. Во 2013 година тој беше фотографиран како наводно врши нужда покрај канта за ѓубре на улицата Далтон во Манчестер. Тогашн не беше кривично гонет затоа што немало сведоци да го пријават. Луѓето фатени како уринираат на јавно место можат да бидат кривично гонети само ако полицајците ги фатат на дело или ако некој поднесе жалба. Јавното мокрење во Обединетото Кралство се смета за кривично дело кое може да резултира со парична казна или дури и кривично гонење, во зависност од околностите и локалните прописи. Градскиот совет на Вестминстер, каде што е снимен Руни, наметнува казни од 1.000 фунти за јавно мокрење, се вели во објавата на нивниот официјален X профил. Wayne Rooney urinates on wall of London street in front of passersby (photos ) https://t.co/5hHfnjotlI — Frank Ulom (@frankulom) April 1, 2025 FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноЃуроски поднесе барање за смена на Перо Антиќ!СледноТИМ И ИГРАЧ НА 25.КОЛО: Мато, Мато за радост на Вардар Марија Ковачева...
Ѓуроски поднесе барање за смена на Перо Антиќ!
Спортмедиа - пред 1 ден
КошаркаДомашно првенствоТОП Ѓуроски поднесе барање за смена на Перо Антиќ! 01.04.2025 12:45 440 Денеска во просториите на КФСМ и официјално е поднесено барање за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Добро е познато дека кандидат за наследник на легендарниот кошаркар и репрезентативец, е Младен Ѓуроски. Тој заедно со иницијаторите од правен аспект имаа неуспешен обид на Редовното Годишно Собрание. Ѓуроски денеска лично со еден претставник од клубовите го поднел барањето за Вонредно Собрание на кое ќе се гласа недоверба на Антиќ. Истото треба да биде закажано најдоцна за две недели, поточно некаде кон средина на месецот. Перо Антиќ на чело на федерацијата дојде пред шест години на местото на Петар Наумоски. FacebookTwitterWhatsAppEmailPrint ПретходноВо Норвешка е поинаку: За играч на мечот доби четири табли јајца!СледноВејн Руни повторно се олесни надвор (ФОТО) Марија Ковачева...