(Видео) Реми во „Дерби дела Мадонина“ во полуфиналето на Купот
Топ Спорт - пред 48 минути
Фудбалерите на Милан и Интер одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. Двата гола беа постигнати во вториот дел, а причина повеќе за задоволство имаат домаќините кои во поголемиот дел од натпреварот беа во подредена позиција. Милан поведе веднаш штом започна вториот дел. Теми Ејбрахам ја прими топката во шеснаесетникот, се ослободи од играч на Интер и со прецизен удар му донесе предност на својот тим. Росонерите се обидоа да го сочуваат водството и со минимална предност да го дочекаат реваншот на 23 април, но не успеаја. Се играше 67. минута кога Хакан Чалханоглу со прецизен и силен удар од околу 20 метри го совлада Мајк Мењон....
(Видео) Барселона преку Атлетико до финалето на Купот
Топ Спорт - пред 52 минути
Барселона се пласира во финалето на Купот, откако во реваншот во Мадрид го победи Атлетико со 1:0. Првиот меч одигра во Барселона заврши без победник 4:4. Тимот на Ханси Флик ќе игра во финалето против Реал Мадрид, кој во своето полуфинале беше подобар од Реал Сосиедад. Ова ќе биде прв пат од 2014 година Барселона и Реал Мадрид да се сретнат во финалето. Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 27. минута кога Феран Торес го постигна единствениот гол. Финалето е закажано за 26. април на „Картуха“ стадионот во крајот на април во Севилја....
(Видео) Лудница во Истанбул – Мурињо го штипна за нос тренерот на Галатасарај
Топ Спорт - пред 1 час
Целосен хаос беше виден по истанбулското дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај во Купот на Турција. Галатасарај победи како гостин (2:1) во четврт-финалето на ова натпреварување, по што имаше голема гужва и тепачка меѓу двата табора. Најлудиот потег го направи тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, кој одзади му пријде на колегата Окан Бурук и го штипна за нос. Стратегот на Галатасарај со гримаса од болка падна на тревата, додека до Мурињо притрча Фернандо Муслера, велејќи му да оди во соблекувалната. Покрај овој инцидент, по мечот се судрија и играчите на двата тима. Инаку, Виктор Осимен погоди за Галатасарај во 10. и 27. од пенал, додека единствениот гол за домашниот тим го постигна Себастијан Шимански во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме. 😭😭pic.twitter.com/xJyBblLQi1 — 𝙷𝚊𝚛𝚛𝚒𝚜𝚘𝚗 (@fcbharrison) April 2, 2025...
(Видео) Жота го доближи Ливерпул до шампионската титула
Топ Спорт - пред 1 час
Диого Жота го реши дербито на Мерсисајд и го донесе Ливерпул на чекор до титулата во Премиер лигата. Првото полувреме на „Енфилд“ не донесе многу возбудувања. Ливерпул имаше поголем посед, но без големи шанси. На другата страна Бето ја погоди стативата во 33. минута, а на истиот играч 13 минути претходно му беше поништен гол поради офсајд. Ливерпул не беше многу поагресивен ниту на стартот на вториот дел. Сепак, во 54. минута се случи моментот на одлука. Жота доби додавање од Луис Дијаз и го постигна единствениот гол. Евертон се обидуваше до крајот на мечот барем да израмни, но не направи ништо сериозно. Ливерпул ја задржа предноста од 12 бода пред Арсенал на осум кола пред крајот и само чудо можеше да ги одвои „црвените“ од титулата, прво по сезоната 2019/20. Резултати: Бурнмут – Ипсвич 1:2 (0:1) Еванилсон 67 – Броудхед 34, Делап 60 Брајтон – Астон Вила 0:3 (0:0) Рашфорд 51, Асенсио 78, Мален 90+10 Манчестер Сити – Лестер 2:0 (2:0) Грилиш 2, Мармуп 29 Њукасл-Брентфорд 2:1 Исак 45+2,Тонали 74 – Мбеумо 66п Саутемптон – Кристал Палас 1:1 (1:0) Онуачу 20 – Матеус Франка 90+2...
(Видео) Мело Ентони влегува во Куќата на славните
Топ Спорт - пред 5 часа
Легендарниот кошаркар Кармело Ентони ќе биде примен во Куќата на славните. „Ентони ќе стане првиот кошаркар што ќе влезе во Куќата на славните на Нејсмит оваа година“, објави кошаркарскиот инсајдерски Шамс Чаранија. Кармело зад себе има неверојатна кариера со 19 години минати во НБА и за тоа време шест пати успеа да биде член на најдобрата петорка во сезоната. Покрај тоа, Ентони беше учесник на десет Ол-стар натпревари, додека со репрезентацијата на САД освои дури шест златни медали на Олимписките игри. Популарниот Мело својата најголема трага ја остави во тимот на Денвер Нагетс каде настапуваше осум години. Потоа шест години беше член на Њујорк Никс, а на залезот на кариерата играше за Оклахома, Хјустон, Портланд и Лос Анџелес Лејкерс, кој беше неговиот последен клуб во кариерата....
Ивица Костелиќ затрупан од лавина – Хрватот преживеа нова драма
Топ Спорт - пред 5 часа
Најдобриот хрватски скијач на сите времиња, Ивица Костелиќ преживеа нова опасна ситуација. „24ur.com“, објави дека Ивица Костелиќ бил затрупан од лавина во Обертауерн, Австрија. Се се завршило добро бидејќи според неофицијални информации Ивица Костелиќ и уште едно лице биле однесени со спасувачки хеликоптер. Наводно, еден од двајцата скијачи успеал сам да влезе во хеликоптерот, додека другиот бил ископан од под снегот. Ивица Костелиќ е во Обертауерн, според словенечките медиуми, на скијање со семејството, односно со сопругата Ерин и четирите деца. Како точно се нашол затрупан од лавина се уште не е познато. Познато е дека пред два дена австриските метеоролози предупредија на влошување на времето, а знакот за опасност од лавина го подигнаа на четири од максимални пет. Да потсетиме, пред само три недели Ивица Костелиќ беше спасен од смрт во невреме кај црногорското крајбрежје од локалната морнарица, чии припадници успеаја да го лоцираат среде ноќ додека очајно се држеше за кајакот со последните сили. Имаше уште една потенцијално опасна ситуација која Ивица Костелиќ успеа да ја надмине. Имено, пред осум години тој за малку ќе замрзнал на Гренланд додека ги минувал тамошните пространства на скии....
Топ 5 најдобри атмосфери во Евролигата според Ти Џеј Шортс
Топ Спорт - пред 8 часа
Ти Џеј Шортс, американецот со македонски пасош, оваа сезона блеска во Евролигата. Играчот на Париз се наоѓа во најтесниот круг за престиѓната МВП награда, за најдобар играч во сезоната. Шортс во подкастот „Americanos24“, откри во која арена е најжешка атмосферата. „Мојот број четири е Жалгирис. Број три, го избрав Фенербахче. Тој натпревар што го игравме беше луд. Публиката беше бесна на судиите. Беше лудо до крајот, а јас дури и испратив порака на Чима по натпреварот за да му кажам дека луѓето ме довикуваа од трибините и ми зборуваа се и сешто. Најчесто не ги слушам тие работи, но тие луѓе од страната на теренот беа навистина присутни и јас ги чувствував цело време. На второто место ја одбирам Звезда. Кога игравме против Партизан, беше ден на жалост, така што не го добивме целосното искуство. Салата не беше целосно полна, не им беше дозволено да пеат цело време. Но, многу јасно се сеќавам на Звезда. Кога излеговме на загревање, публиката веќе беше во елемент. Според Шортс најдобра атмосфера правата фановите на Панатинаикос. Париз пред една недела му гостуваше на европскиот првак и забележа сензационална победа. „Панатинаикос. Салата е реновирана, изгледа многу чисто и модерно. Јас не сум најголемиот љубител на ЛЕД паркетот, но штом започна играта, целосно заборавив на тоа. Публиката беше неверојатна, особено на крајот од натпреварот. Беше навистина лудо“, заклучи Ти Џеј Шортс....
Самир Мане – Првиот милијардер од Западен Балкан на листата на FORBES: Престижниот магазин ја проценува неговата имотна состојба на 1.4 милијарди долари
Топ Спорт - пред 10 часа
За првпат, еден претприемач од Западен Балкан се најде на реномираната листа на најбогати луѓе во светот што ја објавува магазинот Forbes. Самир Мане, основач и претседател на BALFIN Group, се рангира на 2.356-тото место во светот, со проценета нето вредност од 1.4 милијарди американски долари. Ова претставува највисока проценка на имотна состојба досега доделена на еден претприемач од регионот од страна на престижната економска публикација која ја објавува листата од 1987 година. „Во друг дел од Европа, Албанија оваа година го добива својот прв милијардер – Самир Мане, кој изгради богатство од 1,4 милијарди долари преку инвестиции во трговски центри, продавници за електроника и луксузни недвижности низ Балканот,“ наведува Forbes. Мане го започнал својот претприемачки пат во 1993 година, основајќи ја BALFIN Group, која подоцна ќе прерасне во една од најголемите и најдинамични инвестициони групации во регионот. Денес, групацијата има активности не само на Балканот, туку и на меѓународно ниво, со значајни инвестиции во Австрија, САД и Канада. Компаниите на BALFIN Group во Македонија Во Македонија, BALFIN Group има силно и диверзифицирано присуство преку неколку значајни компании и инвестиции: · Нептун – водечки синџир за продажба на електроника и бела техника. · East Gate Mall – најмодерен трговски и lifestyle центар во Скопје, симбол на урбана трансформација. · Skopje East Gate (SEG) – голем проект со мешана намена кој вклучува станбени, деловни и трговски содржини. Овие инвестиции не само што создаваат работни места и ги внесуваат глобалните стандарди, туку и значително придонесуваат кон модернизацијата и развојот на македонскиот пазар. Според Forbes, денес постојат над 3.000 милијардери во светот со заедничко богатство од 16.1 трилиони долари – највисока вкупна вредност досега. Само три земји сочинуваат повеќе од половина од вкупниот број: САД (813), Кина (450) и Индија (205). Во Европа, Германија е на врвот со 171 милијардер. Вклучувањето на Самир Мане во листата на Forbes не претставува само личен успех, туку и симбол на растечката економска сила и потенцијал на регионот. Неговата приказна е доказ дека со визија, посветеност и доверба во Балканот – може да се создаде глобален успех. ПР...
Сопственикот на Виртус тврди: Дубаи следната сезона ќе игра со Евролигата
Топ Спорт - пред 11 часа
Масимо Занети, претседателот на Виртус од Болоња потврди дека клубот заедно со Партизан и Црвена звезда добил специјална покана за учество во Евролигата во наредните три години и дека речиси е сигурно дека Дубаи од наредната сезона ќе игра во најсилното европско натпреварување. „Што се однесува до Евролигата, добивме тригодишна понуда заедно со Партизан и Звезда. Се уште преговараме бидејќи цената е доста висока, но таква е ситуацијата“, изјави Занети. Тој нагласи дека и покрај напливот на НБА во европската кошарка, Евролигата останува главно натпреварување за него. „Многу се зборува за НБА, но Евролигата сепак е големо натпреварување кое има многу следбеници. Со потенцијалниот влез на тим од Дубаи, ќе се отворат многу можности“, додаде Занети. Да потсетиме, Виртус се врати во Евролигата по сезоната 2022/23 по освојувањето на Еврокупот, но оттогаш не може да се пласира во плеј-офот. Моментално се претпоследни со само осум победи и 24 порази. Инаку, на денешната прес конференција, првиот човек на Виртус, објави дека Душко Ивановиќ ќе го води тимот и во наредната сезона....
Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија
Топ Спорт - пред 12 часа
Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки во Купот на Македонија. Најтрофејниот клуб Вардар оваа сезона има големи амбиции во Купот, сака да ја освои првата титула по 2007 година. На патот кон финалето му стои АП Брера од Струмица. Втората полуфинална двојка ја формираа Шкендија и Струга ТЛ. Првите полуфинални средби се закажани за 9 април....
Перез: Кога ќе ги знам сите опции, ќе донесам одлука
Топ Спорт - пред 12 часа
Серхио Перез потврди дека разговарал со „неколку тимови“ за враќање на патеките следната сезона. Мексиканецот го напушти Ред Бул на крајот од минатата сезона, шест месеци откако потпиша нов двегодишен договор со тимот. Перес не успеа да забележи победа во 2024 година, а на подиумот беше само четири пати. Тоа беше неговата најлоша сезона откако пристигна во Ред Бул во 2021 година. „Добив неколку повици од Абу Даби. Сезоната започна па некои работи ќе се отворат во наредните месеци“, изјави Перес за официјалната веб-страница на Формула 1. „Кога ќе ги знам сите опции што ги имам, ќе донесам одлука. Она што ми е јасно е дека ќе се вратам само доколку предизвикот што че ми биде понуден има смисла и ако е нешто во што можам да уживам“, изјави Мексиканецот. Во 2023 година, Перес беше втор во генералниот пласман, зад Макс Ферстапен, но самиот тој ја опишува последната сезона како „ужасна“. Перес во кариерата возеше и за Заубер и Мекларен....
Салах ќе чека до последен момент, но преферира трансфер во Саудиска Арабија
Топ Спорт - пред 13 часа
Мoхамед Салах (32) се уште е заинтересиран за преселба во Саудиската Про лига ова лето, пренесуваат британските медиуми. Актуелниот договор на Египќанецот со Ливерпул истекува по завршувањето на сезоната. Досега двете страни не успеаја да договорат продолжување на соработката. Како што се повеќе се шпекулира за неговата иднина на „Енфилд“, се појавија информации дека челниците на саудиски клуб размислуваат за понуда за египетскиот крилен напаѓач, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Ал Хилал. Според „Телеграф“, Салах сака да замине во Саудиска Арабија, но приоритет му е прво да слушне што има да му понуди Ливерпул. Минатата недела во египетските медиуми се појавија тврдења дека Ливерпул веќе започнал преговори со Рами Абас, агентот на Салах, за да се обиде да договори продолжување на соработката. „Телеграф“, наведува и дека има мали шанси Салах да замине во Саудиска Арабија пред Светското клупско првенство ова лето....
(Видео) Реал е голем клуб, ваква помош од судиите не му е потребна“
Топ Спорт - пред 14 часа
Реал Мадрид се пласира во финалето на Купот, откако по 120 минути одигра 4:4 против Реал Сосиедад. Во регуларниот дел натпреварот заврши со победа на тимот од Сан Себастијан (3:4). Реал во 80.минута имаше минус од два гола, се врати во натпреварот со головите на Белингем и Чуамени во 82. и 86.минута, а продолженија на Сосиедад му обезбеди Ојерзабал со голот во 93.минута. Апсолутен херој на реал во продолженијата стана Ридигер кој со голот во 115.минута го постави конечниот резулта. Иманол Алгуасил, тренерот на Реал Сосиедад, се пожали на судиите по натпреварот: „Голот на Реал за 3:3 дојде по очигледниот офсајд на Мбапе. Јасно е дека тој беше во недозволена позиција во акцијата пред корнерот по кој беше постигнат голот. Тоа е офсајд, и тоа офсајд што секогаш се суди. Не знам зошто не беше суден во оваа ситуација. Реал Мадрид е голем клуб и не му е потребна ваква помиш од судиите. Тврдам дека овој гол да беше постигнат на дугата страна дека ќе беше поништен“. Mbappe was offside here and confuse the Sociedad player, Madrid got a corner and score from the corner, the world knows. 🤌pic.twitter.com/bWvbtzwG1i — Football Ferreira (@FootFerreira) April 1, 2025...
ФК Партизан поднесе кривични пријави против поранешни високи функционери
Топ Спорт - пред 14 часа
Фудбалскиот клуб Партизан поднесе кривична пријава против поранешните високи клупски функционери, Ивица Илиев и Милош Вазура. Објавена е и фотографија од кривичната пријава против поранешниот спортски директор Илиев и поранешниот генерален директор Вазура, која е поднесена до Вишото јавно обвинителство во Белград. Објавен е и документ кој потврдува дека тоа навистина е направено. Според првите информации тие се обвинети дека му нанеле штета на клубот од 156.000 евра. Тужбата во име на Партизан ја поднесоа Расим Љајиќ и Данко Лазовиќ, членови на работна група на клубот....
Арсенал на Реал без клучниот дефанзивец
Топ Спорт - пред 15 часа
Арсенал скапо ја плати победата над градскиот рувал Фулам (2:1) во 30.коло, во англиската Премиер лига. Натпреварот на „Еимирати“ по само 15 минути го заврши клучниот дефанзивец на Арсенал. Габриел Магаљаеш. Бразилецот се повреди без да има контакт со противнички играч, седна на тревата и веднаш побара измена. Ова е ужасна вест за менаџерот Микел Артета, во пресрет на првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите против Реал. Овој дуел на програмата е за една недела. „Габриле почувствува болка во задната ложа. Дополнителните тестови ќе ни покажат повеќе. Се уште не знам колку е сериозна повредата“, рече менаџерот Артета. Покрај Габриел, натпреварот пред време го заврши и Јулиен Тимбер, тој беше заменет во второто полувреме. Сепак, замената на Тимбер е превентивна бидејќи тој поради претходна повреда беше неизвесен за дуелот со Фулам....
(Видео) Кари со серија тројки го растури Мемфис
Топ Спорт - пред 15 часа
Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ги совладаа Мемфис Гризлис како гости со резултат 134:125 и го презедоа петтото место на табелата во Западната конференција. Предводникот на Вориорс, Стеф Кари, блескаше во Тенеси, постигна 52 поени, погоди 12 тројки од 20 обиди, шутираше 16/31 од поле, 8/8 од линијата за слободни, имаше десет скока, осум асистенции и пет украдени топки. Ова беше негова втора најмоќна офанзивна партија сезонава, на крајот на февруари постигна 56 поени против Орландо, а претходно постигна 40 против Бруклин… До полувремето веќе имаше 32 поени, 11/16 од поле и 8/10 од линијата за три поени… Кари ја имаше најсилната офанзивна поддршка во Џими Батлер, кој натпреварот го заврши со 27 поени. Вориорс нема промашување од линијата за сободни фрлања (28/28). На другата страна Џа Морен постигна 36 поени, тоа беше негов втор најдобар натпревар во сезоната, Џерен Џексон Џуниор постигна 22 поени....
Олимпија Љубљана ги тужи сопствените навивачи
Топ Спорт - пред 15 часа
Поради недоличното однесување на навивачите Олимпија доби казна од УЕФА од 184.000 евра. Навивачуте на клубот од Љубљана диевеај против орац Бања Лука во плеј-офот во Конференциската лига. На следниот домашен европски натпревар трибините на стадионот ќе мора да бидат делумно затворени. Олимпија објави соопштение во врска со казната и најави тужба против сопствените навивачи. „Од 2022 година, клубот мораше да плати повеќе од половина милион евра казни на УЕФА поради слични прекршувања на трибините. Овие санкции беа наметнати поради повторување на неред, насилни акти и расизам на поединци. НК Олимпија Љубљана силно се оградува од тие навивачи. На насилството и расизмот не им е место на стадионите. Мора да им ставиме крај на ваквите работи. Клупската управа на вонреден сосотанок донесе одлука да против поединци поднесе кривични пријави и да бара обесштетување. Малкумина придонесоа за овој срам што му е нанесен на клубот и градот. Со помош на безбедносните снимки и персонализацијата на билетите, тие ќе бидат откриени, а надлежните органи потоа ќе одлучат за казните“, стои во дел од соопштението за медиумите потпишано од претседателот на клубот Адам Делиус....
(Видео) Трипл-дабл на Јокиќ со 61 поен, Денвер по две продолженија загуби од Минесота
Топ Спорт - пред 15 часа
Кошаркарите на Денвер Нагетс по две продолженија загубија од Минесота Тимбервулфс. Минесота триумфираше со резултат 140:139, а мечот го одбележа рекордниот учинок на српскиот репрезентативец Никола Јокиќ. Јокиќ за 52 минути и 38 секунди на паркетот постигна 61 поен (18/29 од поле, 6/11 од три), заедно со 11 скока и 10 асистенции. Трет трипл-дабл со најмалку 60 поени во историјата на НБА. Тоа е, исто така, најголем број на поени во трипл-дабл учинок во историјата на лигата, а пред него Лука Дончиќ имаше 60 поени, 21 скок и 10 асистенции против Њујорк во 2022 година, а Џејмс Харден имаше 60 поени, 11 асистенции и 10 скока против Орландо во 2018 година. Арон Гпрдпн забележа 30 поени, осум скока и пет асистенции, Кристијан Браун постигна 18 поени со 12 скока. Денвер на овој натпревар беше без повредените Џамал Мареј, Мајкл Портер Јуниор, Џулијан Стротер и Дерон Холмс. Нагетс одлично го отворија натпреварот поведоа со 21:5, но Минесота успеа да се врати на во средината на регуларниот дел од играта. Избраниците на Мајк Мелоун направија голема серија со која остварија пресврт и значајна предност на почетокот на четвртата четвртина, а на крајот од таа четвртина го изборија продолженија со поените на Никола Јокиќ. Поранешниот кошаркар Мега со кош на осум секунди пред крајот ги спречи Нагетс да загубат во првото продолжение, но Минесота победи дополнителните пет минути. Трагичар на Нагетс беше Расел Вестбрук, кој промаши положување при резултат 139:138, а потоа направи фаул над Александер-Вокер, кој од линијата за слобидни им ја донесе победата на Волците од Миенаполис. Најзаслужен за триумфот на Тимбервулфс беше чуварот Ентони Едвардс. Олимпискиот шампион го заврши мечот со 34 поени, 10 скока, осум асистенции. Се истакнаа и Џулиус Рендл со 26 поени, девет скока и седум асистенции, Александар-Вокер со 26 поени, седум скока и осум асистенции и францускиот центар Руди Гобер со 19 поени и 12 асистенции. Нагетс имаат скор 47-26 и се на третото место на Западот, додека Минесота е 44-32 и седма на конференцијата....
(Видео) Реал прими четири гола, но избори пласман во финалето на Купот на кралот
Топ Спорт - пред 1 ден
Фудбалерите на Реал Мадрид и Реал Сосиедад одиграа спектакуларен натпревар во реванш полуфиналето на Купот на кралот, По 120 минути игра натпреварот заврши без победник 4:4. „Кралскиот“ клуб“ се пласира во финалето, благодарение на минималниот триумф (1:0) во првиот натпревар одигран во Сан Себастијан. Мадриѓаните беа над амбисот во финишот на регуларниот дел, имаа минус од два гола, но успеаја да се вратат во рок од четири минути. Сепак, капитенот на гостите Микел Ојарзабал во судиското надополнување (93.минута) обезбеди продолженија за баскискиот тим. Херој на домашниот тим беше Антонио Ридигер, кој постигна гол во 115. минута и со тоа му обезбеди финале на Реал, кој таму ќе го чека победникот од пресметката Барселона-Атлетико (4:4). Андер Баренечеа со гол во 16. минута најави фантастичен натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а Ендрик го израмни резултатот пред паузата. Сосиедад притискаше за ново водство и за краток период постигна два гола, пред се благодарение на Давид Алаба. Австрискиот репрезентативец си постигна автогол во 72. минута, додека во 80. минута кога шутираше Микел Ојарзабал, топката удри во неговата нога и го измами Андриј Луњин. На Реал не му требаше многу време да возврати. Во 82. минута Винисиус одлично мина по левата страна, го пронајде Џуд Белингем, кој само ја постави ногата и ја затресе мрежата на гостите. Резултатот го изедначи Чуамени, кој во 86. минута со глава погоди поцентаршутот на Родриго и благодарение на кастрофалната реакција на Алекс Ремиро. Драмата не заврши тука. Петтиот гол за само 21 минута го постигна капитенот на Сосиедад, Микел Ојарзабал, по центаршутот на Серхио Гомеш. Реал можеше да ги избегне продолженијата, Белингем шутираше со глава, но Ремиро со одлична парада ја надомести лошата реакција кога го прими третиот примен гол. Сосиедад некако одолеа на нападите на Реал во првото продолжение, но не и во второто. Антонио Ридигер со глава ги постави конечните 4.4 по корнерот на Арда Ѓулер во 115. минута. Финалето на Купот на кралот е закажано за 26 април на „Картуха“ стадионот во Севилја....
(Видео) Болоња со една нога е во финалето на Купот
Топ Спорт - пред 1 ден
Фудбалерите на Болоња го совладаа Емполи како гости во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија со резултат 3:0. Јасно е дека реваншот ќе биде само формалност по ваквата демонстрација на силата на тимот на Виченцо Италијано. Болоња игра феноменално во последно време, ова за нив беше шеста последовна победа во сите натпрварувања. Двоен стрелец за гостите на стадионот „Карло Кастелани“ беше Холанѓанецот Тијс Далинга во 29. и 51. минута. Претходно, уште еден гол сезонава постигна и најдобриот стрелец на тимот Рикардо Орсолини. Многу поголема неизвесност се очекува во второто полуфинале, в среда градските ривали Интер и Милан го играат првиот натпревар. Болоња го освои Купот двапати во својата историја, вториот пат во 1974 година....
(Видео) Еланга како брз воз го реши Јунајтед, Арсенал го победи Фулам
Топ Спорт - пред 1 ден
Нотингем Форест продолжи таму каде што застана пред репрезентативната пауза. Избраниците на Нуна Еспирито Санто го совладаа Манчестер Јунајтед со резултат 1:0 во 30. коло од Премиер лигата. „Шумарите“ поведоа во петтата минута со голот на поранешниуот играч на Јунајтед, Ентони Еланга. Репрезентативецот на Шведска, како брз воз претрча речиси 60 метри и го совлада Онана. Јунајтед од тој момент имаше апсолутна доминација на теренот. Форест намерно им ја препушти иницијативата на „црвените ѓаволи“, но избраниците на Рубен Аморим немаа одговор на одличната одбрана. Диого Дало имаше две шанси во првиот дел, а во второто полувреме неколку пати се закани Гарначо. Најдобрата шанса не ја искористи Мегваер чии удар од 97.минута од гол линијата го исфрли Мурило. Избраниците на Артета не блескаа, но ја исполнија целта, со освојување на нови три бода ја намалија предноста на Ливерпул на девет бода, со натпревар повеќе од „црвените“. Стрелец на водечкиот гол беше Микел Мерино во 37. минута по асистенција на младиот Итан Енванери. На овој натпревар Букајо Сака се врати на теренот за прв пат од декември. Тој во 66. минута го замени младиот Енванери, а во 73. минута постигна гол. Габриел Мартинели овојпат забележа асистенција по уште еден добар потег на Микел Мерино. Конечниот резултат го постави Родриго Муниз во четвртата минута од судиското надополнување. Доцна за Фулам, освен да го ублажи ударот. Можеби ќе беше поинаку за гостите доколку истиот играч претходно ја искористеше големата шанса во 81. минута кога практично промаши празен гол. Вечерва играа Вулверхемптон и Вест Хем. „Волците“ беа подобри и славеа пред своите гледачи со резултат 1:0. Стрелец на голот беше Јерген Странд Ларсен во 21. минута....
(Видео) Третолигашот Арминија го елиминира Баер Леверкузен
Топ Спорт - пред 1 ден
Членот на третиот ранг на германскиот фудбал Арминија од Билефелд избори пласман во финалето на купот. Во полуфиналниот натпревар, Арминија го победи бранителот на трофејот Баер Леверкузен со 2.1. На патото до финалето Арминија ги победи Хановер (0:2), а потоа членовите на Бундес лигата: Унион Берлин (0:2), Фрајбург (1:3) и Вердер (1:2). Домашната екипа по пресврт го елиминира бранителот на трофејот. Џонатан Та ги доведе „фармацевтите“ во водство во 17. минута, но Мариус Вор одговори само три минути подоцна. Тимот од Билефелд не застана тука, а до одморот, во третата минута од судиското надополнување, преку Максимилијан Грозер го комплетираа пресвртот против шампионот на Германија. Во продолжение Арминија можеше да го удвои водството преку Џоел Гродовски. Во финишот Јонас Керскен најпрвин брилијантно го одбрани ударот на Виктор Бонифас, а набрзо Патрик Шик со глава ја погоди стативата. Бранителот на титулата во Купот не можеше да избегне пораз до крајот на мечот, па Арминија во финалето на 23 мај во Берлин ќе игра со подобриот од дуелот Штутгарт-Лајпциг....
Евролигата жестоко ја казни Црвена звезда
Топ Спорт - пред 1 ден
Кошаркарскиот клуб Црвена звезда соопшти дека Евролигата го казни клубот и затвори дел од белградската Арена за натпреварот против Ефес во 33. коло. Како што е наведено на сајтот на „црвено-белите“, клубот е казнет поради неспортското и неодговорно однесување на дел од публиката и поединци за време и по натпреварот против Реал Мадрид во минатото коло. „За натпреварот од 33. коло во Евролигата со Анадолу Ефес, кој е закажан за петок, 4 април, во 20 часот, со одлука на дисциплинскиот судија, која е детално образложена, клубот нема да може да продава билети за 80 отсто од капацитетот на белградска Арена“, се наведува во соопштението. Црвена звезда исто така во касата на Евролигата ќе мора да уплати и 16.000 евра. Црвена звезда во петок од 20 часот го пречекува турскиот тим во 33. коло од Евролигата, а натпреварот е од големо значење во битката на двете екипи за плеј-оф и плеј-ин. Црвено-белите се на деветтото место на табелата со скор 18-14, додека Ефес со истиот учинок е на шестата позиција....
Гвардиола загрижен: Немаме играчи со такви способности и квалитет
Топ Спорт - пред 1 ден
Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд го повреди скочниот зглоб на левата нога на гостувањето кај Борнмут. Сити избори пласман во полуфиналето на ФА купот со победата 2:1. 24-годишниот Норвежанец ќе го пропушти остатокот од сезоната. „Некогаш се случуваат сезони како оваа, кога се случуваат вакви работи. И тоа се случува во текот на целата сезона. Затоа, не би рекол дека ова е крај на сезоната. Жал ми е за сите повреди што ни се случија оваа сезона, вклучувајќи ја и онаа на Ерлинг. Се надевам на негово брзо закрепнување и брзо враќање“, рече Пеп Гвардиола, шефот на стручниот штаб на „Граѓаните“. 54-годишникот потврди дека Халанд ќе отсуствува помеѓу пет и седум недели. Гвардиола не ја крие загриженоста, бидејќи отсутвото на Халанд ќе му создаде големи проблеми во офанзивната линија. „Немаме такви играчи со такви способности и квалитет, тоа го знаеме. Но мораме да се прилагодиме и бидејќи долги години играме на различни начини, а тоа зависи од квалитетот на играчите, па ќе се обидеме да најдеме решение“, се пожали Гвардиола....
Виландер: Мислевме дека Ѓоковиќ нема да биде закана на Ролан Гарос
Топ Спорт - пред 1 ден
Стручниот коментатор на „Јуроспорт“ Матс Виландер истакнува дека Новак Ѓоковиќ ќе биде сериозен претендент за титулата на земјена подлога. Новак во недела го играше финалето во Мајами, а од следната недела го очекува Мастерсот во Монте Карло. „Мислам дека треба да игра во Монте Карло. Мислам дека подлогата не е важна кога си Новак Ѓоковиќ. Тој има способност да игра на земјена подлога исто како на бетон“, рече Виландер и додаде: „Монте Карло не е турнир на кој постигнал некои неверојатни резултати, но тоа е турнир на кој може да оди и да победи неколку меча. Мислам дека на негова возраст не е добро да остане без мечеви две,м три или четири недели“. Новак има време да ја темпира својата форма и да најде ритам и континуитет пред Ролан Гарос. „Мислевме дека Новак нема да биде закана оваа година на Ролан Гарос. Сега тој е закана“, истакна Виландер. Инаку, Монте Карло е единствениот Мастерс каде Новак не триумфирал најмалку три пати. Го освоил само во 2013 и 2015 година....
Касано: Мака ми е од Феликс, Леао е „пола играч“
Топ Спорт - пред 1 ден
Поранешниот италијански фудбалер Антонио Касано го критикуваше тимот на Милан по поразот од Наполи (2:1). Милан се наоѓа на деветтото место на табелата во Серија А со 47 бодови, дури 20 помалку од првопласираниот Интер. Касано прво „удри“ по Жоао Феликс, кој игра како позајмен играч од Челси, чии договор нема да биде откупен на крајот од сезоната. „Видете, јас навистина го сакам Феликс, но чекам седум години да процвета. Уморен сум од чекање”, рекол Касано. Потоа се префрли на Рафаел Леа, кој мечот го започна од клупата за резерви. „Сега некој неуспешен, некомпетентен паразит се обидува да каже дека Леао мора да игра, Тој бил најталентираниот играч на Милан. Апсолутно не. Според мене, Кристијан Пулишиќ и Тијани Рејндерс се најдобрите играчи на Милан, тие постигнаа 15 гола. Тие ја прават разликата, а не Леао. Тој е пола играч, тоа е се“, додаде тој....
Поднесена иницијатива за смена на првиот човек на Кошаркарската федерација
Топ Спорт - пред 1 ден
Во Кошаркарската федерација на Македонија, во вторникот е поднесено барање за Вонредно собрание. На Вонредното собрание ќе се гласа за смена на актуелниот претседател, Перо Антиќ. Иницијаторите за смена на актуелното раководство на Федерацијата се обидоа да му изгласат недоверба на Антиќ во декември минатата година, но тогаш најде „дупка“ во праилникот и си купи уште неколку месеци на функцијата. Иницијативата за смена на Антиќ ја поднел поранешниот репрезентативец Младен Ѓуровски. Тој има поддршка од 37 членки на Собранието. Кошаркарската федерација на Македонија мора во рок од две недели да го закаже Вонредното собрание, доколју тоа не се случи инцијаторите имаат право сами да го организираат....
Кевин Пантер не оди никаде – Барса му дава четири милиони по сезона
Топ Спорт - пред 1 ден
Американски кошаркар со српски пасош ќе потпише нов договор со Барселона. Веќе некое време се зборува за финансиската состојба на Барселона, буџетските промени, амбициите, намалување на платите и слично. Токму затоа Кевин Пантер беше во јавноста, па се појавија шпекулации од намалување на платата до потенцијално заминување од шпанскиот клуб. Како што пренесуваат добро упатените „Јурохупс“, поранешниот капитен на Партизан и член на АЕК, Црвена звезда и Олимпија Милано ќе потпише нов договор со Барселона. Тоа ќе биде тригодишен договор вреден 12 милиони евра или четири милиони по сезона, што ќе го направи Пантера еден од најскапите играчи во европската кошарка....
Де Роси добил повик од Премиер лигата
Топ Спорт - пред 1 ден
Вулверхемптон стапиле во контакт со италијанскиот тренер Даниеле де Роси за можноста да го преземе тимот следната сезона. Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Де Роси имал повеќе од една средба со клупските челници. Инаку, Вулверхемптон веќе го смени тренерот оваа сезона. Во моментов на клупата е Португалецот Витор Переира, кој во декември го замени Гери О’Нил. Де Роси досега во кариерата ги водеше СПАЛ и Рома, каде што ја мина својата професионална фудбалска кариера. На клупата на „Волчицата“ мина осум месеци, од 16 јануари до 18 септември 2024 година. Доколку двте страни постигнат договор, Де Роси ќе стане вториот италијански тренер во Вулверхемптон. Легандарниот голман Валтер Зенга го водеше клубот помалку од три месеци од 1 август до 25 октомври 2016 година. Вулверхемптон моментално е 17-ти на табелата во Премиер лигата, прв над зоната за испаѓање, со девет бода повеќе од Ипсвич....
(Видео) Вокер го искара себичниот Феликс: Подавај ја топката, не си Меси
Топ Спорт - пред 1 ден
Жоао Феликс нема да остане во Милан по завршувањето на сезоната. Во клибот донеле одлука дека нема да го откупат договорот на Португалецот од Челси. Феликс во јануари пристигна на „Сан Сиро“, милан на Челси позајмицата му ја плати со 5.500.000 евра. Феликс добро ги одигра првите два натпревари во дресот на Милан, во останатите натпревари не покажа ништо. Во неделата, Милан загуби во Неапол со 2:1. Наполи во првите 20 минути постигна два гола и го реши прашањето околу победникот. На полувремето, додека играчите на Милан излегуваа од тунелот, Кајл Вокер му одржа леција на Феликс. „Само додавај јја топката, не си Меси. Никој овде не е Меси“, му рекол искусниот Англичанец на Феликс. Жоао Феликс мина уште само 10 минути на теренот, а потоа беше заменет. Kyle Walker to Joao Felix: “Just pass the ball, no one here is Lionel Messi” pic.twitter.com/zP1Y3w263r — Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) April 1, 2025 Феликс ја започна својата кариера во младинската академија на Порто, но во Бенфика стана еден од најдобрите млади играчи во Европа. Пред шест години тој се пресели во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра. Тоа е четвртиот најскап трансфер на сите времиња. Пред него се само Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона за 145, Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 и Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра. Но, вредноста на Феликс продолжува да паѓа. Во летото минатата година Челзи го купи за 52 милиони евра. Денес, „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 25 милиони евра....
Партизан и АЕК ќе играат во Скопје?
Топ Спорт - пред 1 ден
Европската ракометна федерација одлучи одложениот реванш од четвртфиналето на Европскиот куп меѓу Партизан и АЕК да биде преместен од Белград на неутрален терен. Два дена откако навивачите на Партизан фрлаа пиротехника на паркетот во салата на Бањица и ден по одлуката на ЕХФ мечот да се игра на неутрален терен, се појавија информации натпреварот би мжел да се одигра во Македонија. Со или без публика ќе одлучува ЕХФ, но нема дилема дека црно-белите во Македонија би имале огромна поддршка од трибините. Во моментов четири наши сали ги исполнуваат условите за одржување европски натпревари. Три се во Скопје, што повеќе би му одговарало на Партизан поради близината, а една е во Битола, што повеќе му одговара на АЕК. Најреална опција е Скопје, а ќе видиме дали трибините ќе бидат празни или ЕХФ ќе дозволи да има одреден број навивачи. Првиот натпревар АЕК го доби со 27:22....
Ред Бул во бела боја ќе се трка на ГН на Јапонија
Топ Спорт - пред 1 ден
Ред Бул во непреознатлии бои ќе настапи на трката за Големата награда на Јапониј, на патеката во Сузука. Инспириран од соработката со Хонда и претставен како rретроспектива на некогашниот препознатлив бел автомобил на јапонскиот автомобилски гигант, овој специјален автомобил на Ред Бул ќе се вози следниот викенд на култната патека Сузука. Пред да се упатат кон далечната префектура Мие, љубителите на Формула 1 ќе имаат можност да уживаат во неколку кругови кои Макс Ферстапен и локалниот херој Јуки Цунода ќе ги возат низ центарот на јапонската престолнина Токио. Големата награда на Јапонија како трета трка од шампионатот се вози следниот викенд, а пилотите на Ред Бул пристигнуваат во Земјата на изгрејсонцето со различни резултати во првите два настапи од сезоната, Ферстапен на второто место со 36, Цунода на 13. место со три бода. Оваа 2025 година е последна во седумгодишната исклучително успешна соработка помеѓу Ред Бул и Хонда, по што австрискиот тим ќе си ја проба среќата со моторите на Форд. Во периодот од 2019 година до минатата сезона, ова партнерство донесе четири индивидуални и три екипни светски шампионски титули, кои тешко ќе се повторат, па гостувањето во Јапонија е и совршена можност за двете страни да го прослават периодот на апсолутна доминација во „најбрзиот циркус“....
Ендо ќе го напушти Ливерпул
Топ Спорт - пред 1 ден
Фудбалскиот клуб Ливерпул во летниот преоден рок би можел да го продаде јапонскиот играч за врска Ватару Ендо. Искусниот триесет и двегодишен играч кој пристигна од Штутгарт како капитен на германскиот тим би можел да се врати во Бундеслигата. Како што пренесува „Билд“, за услугите на јапонецот се заинтересирани челниците на Ајнтрахт од Франкфурт. Од друга страна англиските медиуми тврдат дека и покрај тоа што нема место во стартната постава, Ендо бил среќен на „Енфилд“. Тренерот Арне Слот го користи Ендо на различни позиции и најчесто влегува на теренот во последните 15-20 минути од натпреварите кога треба да се „затвори“ резултатот. Ливерпул пред две години за услугите на Ендо издвои околу 20.000.000 евра. Ендо би можел да биде еден од многуте што ќе го напуштат „Енфилд“ ова лето. Дарвин Нуњез, Диого Жота, Луис Дијаз, Трент Александар-Арнолд, Џо Гомез… Сите тие се на списокот за заминување....
Сити без Халанд во клучниот дел од сезоната
Топ Спорт - пред 1 ден
Ерлинг Халанд (24) ќе отсутвува најмалку еден месец во чувстилениот дел од сезоната, кога неговиот тим се бори за пласман во Лигата на шампионите и трофејот во ФА купот. Норвешкиот напаѓач, со помош на патерици го напушти стадионот „Виталити“ во Бормут, во неделата. „Манчестер сити може да потврди дека Ерлинг Халанд заработи повреда на левиот скочен зглоб. Норвешкиот напаѓач се повреди за време на четвртфиналето на ФА Купот во неделата на гостувањето кај Борнмаут. Ерлинг ги имаше првите лекарски прегледи во Манчестер во понеделникот наутро и сега ќе побара стручно мислење за да се утврди степенот на повредата. Се очекува Ерилнг да биде подготвен за финишот на сезоната и дека ќе настапи на Светското клупско првенство. Сите во клубот му посакуваат брзо закрепнување, а клубот редовно ќе известува за напредокот на неговата рехабилитација“, пишува во клупското соопштени. По натпреварот со Борнмаут медиумите го прашаа Пеп Гвардиола колку е сериозна повредата, но тој тогаш немаше одговор на тоа прашање. „Го видов на масата за масажа по натпреварот, но не разговарав со него или со докторот. Не знам колку е сериозна повредата”, изјави Гвардиола во неделата. Халанд оваа сезона постигна 30 гола за Сити на 40 натпревари....
(Видео) МЛС му забрани на телохранителот на Меси да влегува на теренот
Топ Спорт - пред 1 ден
Американската МЛС лига одлучи да му забрани на телохранителот на Лионел Меси да влегува на теренот за време на натпреварите. „Болавип“, наведува дека ваквата забрана е мотивирана од тоа што секој стадион има обезбедување на кое не му е потребна дополнителна помош. Телохранителот на Меси неколку пати беше во центарот на вниманието, во ситуации кога фанови влегуваа на теренот за да се фотографираат со напаѓачот на Интер Мајами. „Веќе не ми е дозволено да влегувам на теренот. Работев во Европа седум години, во Лига 1 и Лигата на шампионите. За тоа време, само шест луѓе влегоа на теренот. Откако дојдов во САД, имаше 16 обиди за само 20 месеци. Овде постои голем проблем. Проблемот не сум јас. Дозволите ми да му помогнам на Лео. Ја сакам МЛС, но мораме да работиме заедно. Сакам да помагам. Не сум подобар од никого, но имам искуство од Европа. Секако ја разбирам одлуката на лигата“, изјави Јасин Чеуко. Sign Lionel Messi's security guard up for Trump security detail!Wow!pic.twitter.com/5rLmy40fHx — Dana Simmens 🇺🇲 (@simmens_dana) December 13, 2024 Телохранителот на Меси е поранешен припадник на специјалните единици на Армијата на САД со борбено искуство во Ирак и Авганистан, но и учесник во неколку ММА борби....
Еден од креаторите на моќниот Јувентус на прагот на Милан
Топ Спорт - пред 1 ден
Сезоната на Милан се заканува да биде целосно фијаско и јасно е дека по завршувањето на сезоната ќе бидат направени сериозни промени, особено во спортскиот сектор. Според италијанските медиуми, Јувентус има намера да го ангажира актуелниот спортски директор на Тотенхем, Фабио Паратичи. Паратичи стана надалеку познат како еден од креаторите на последниот моќен Јувентус. Оној кој освои девет последователни скудета меѓу 2012 и 2020 година и во тој период два пати играше во финалето на Лигата на шампионите. Заедно со легендарниот Бепе Марота беше задолжен за трансферите, а имаше и одлучувачка улога во доведувањето на Кристијано Роналдо. Тој помина 11 години во „Старата дама“ од 2010 до 2021 година кога се пресели во Тотенхем. Во Лондон како тренер го донесе Антонио Конте. Сепак, покрај тоа што досега Тотенхем не освои ниту еден трофеј, неговиот престој во Лондон го искомплицира суспензијата што ја доби во март 2023 година, поради што поднесе оставка од директорската функција. Сепак, тој се уште е под договор со лондонскиот клуб, но се чини дека двете страни одамна се подготвени да се разделат. Милан под товарот на лошите резултати и неуспешната трансфер политика се сврте кон искусен оперативец. Медиумите во Италија пренесуваат дека Паратичи е многу заинтересиран следната сезона да седне на местото спортски директор на седумкратниот европски шампион. Во моментов, функцијата спортски директор во Милано ја извршува извршниот директор Џефри Монкада, кој е надгледуван од Златан Ибрахимовиќ како советник на челникот Џороџо Фурлани....
(Видео) Бостон урна рекорд стар 50 години
Топ Спорт - пред 1 ден
Бостон Селтикс ги совладаа Мемфис Гризлис со 117:103 и за прв пат во историјата на франшизата комплетираа низата од шест натпревари на Западот без пораз. Актуелните шампиони до победата ги предводеа Ал Хорфорд со 26 поени и осум скока и Џејсон Тејтум со 25 поени и 14 скока. Кристапс Порзингис додаде 19 поени, пет скока и пет асистенции, Џру Холидеј имаше 18 поени и по седум скока и асистенции, а Дерик Вајт имаше 14 поени, 10 асистенции и осум скока. Бостон го надмина претходниот рекорд на франшизата поставен во февруари 1973 година со победи против Јута, Портланд, Сакраменто, Феникс, Сан Антонио и Мемфис. Таа серија, исто така, му помогна на Бостон да постави нов рекорд во франшизата од 32 гостински победи, претходно поставен во сезоните 1972/1973 и 1974/1975 година. Пред Бостон на вената листа се само Голден Стејт со 34 победи во сезоната 2015/2016 и Чикаго со 33 победи од 1995/1996 година. Во тимот на Мемфис, кој го доживеа шестиот пораз во последните седум натпревари, најефикасни беа Џа Морант со 26 поени, шест скока и пет асистенции, Санти Алдама со 21 поен со осум скока и Џерен Џексон со 20 поени со 15 скока....
Аморим за Бруно: Не може да оди во Реал, нема да оди никаде
Топ Спорт - пред 1 ден
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, одговори на новинарските шпакулации дека Бруно Фернандеш би можел да го засили Реал Мадрид. Фернандез беше поврзуван со Реал Мадрид и преселба во супер тимот кој Флорентино Перез би сакал да го создаде, но се чини дека тоа нема да се случи. „Не, тоа нема да се случи. Тој нема да оди никаде. Му кажав дека нема да оди никаде“, им одговри Аморим на англиските новинари. Фернандеш е најдобриот фудбалер на Јунајтед оваа сезона. На многу натпревари тој беше човекот на одлука, па сосема е нормално и очекувано дека Аморим не сака да се откаже од најдобриот играч....
(Видео) Дончиќ и Леброн го решија Хјустон
Топ Спорт - пред 1 ден
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ги совладаа Хјустон Рокетс со резултат 104:98 во дербито на Западната конференција на НБА. Лука Дончиќ, го водеше тимот до победата, го обележа натпреварот со потег во самиот финиш на втората четвртина, кога му ги „скрши зглобовите“ на турскиот центар Алперен Шенгун. LUKA DONCIC DROPS ALPEREN SENGUN 😳pic.twitter.com/EA4AummMew — ClutchPoints (@ClutchPoints) April 1, 2025 Победата на Лејкерси им ја обезбеди Леброн Џејмс со неколку поени во финишот на мечот. Важна улога од клупата одиграа Доријан Фини-Смит и Гејб Винсент. Двајцата имаа по 20 поени и по шест тројки. Лука Дончиќ мечот го заврши со 20 поени, девет асистенции и шест скока, додека Џејмс забележа 16 поени и осум скока. Во тимот на Хјустон, Амин Томпсон имаше 20, Дилон Брукс 16, а Шенгун 14 поени, седум скока и шест асистенции. Резултати: Шарлот – Јута 110:106 Индијана – Сакраменто 111:109 Орландо – ЛА Клиперс 87:96 Вашингтон – Мајами 94:120 Мемфис – Бостон 103:117 Оклахома – Чикаго 145:117 Далас – Бруклин 109:113...
(Видео) Силесен изнесен на носилки, па итно бил опериран
Топ Спорт - пред 1 ден
Наизглед мирна фудбалска вечер во Шпанија се претвори во вистински кошмар за еден од најдобрите голмани во Ла Лига, Јаспер Силесен. На натпреварот на неговиот Лас Палмас против Селта од Виго, холандскиот голман мораше да ја напушти играта на средината на првото полувреме, откако доби удар во стомакот. Со големи болки беше изнесен од теренот, а потоа беше објавено видео на кое се гледа како на носилки го носат во амбулантно возило, со помош на инфузија и сите други медицински помагала. Набрзо стигна информација дека Силесен повраќал штом излегол од теренот, што е последица на повреда на внатрешните органи и дека итно бил опериран во Виго поради „перфорирано црево“. „Тој има стомачна повреда, со одредено зафаќање на цревата. Засега се оди во најдобар ред“, вели д-р Боланос, додавајќи дека постои можност за нова операција, доколку здравствената состојба се искомплицира. Силесен е поранешен голман на Барселона, Ајакс и Валенсија, како и на холандската репрезентација. Натпреварот меѓу Селта и Лас Палмас на крајот заврши без победник, со резултат 1:1. 🙏 Cillessen llega al hospital tras su choque con Borja Iglesias. 👉 El futbolista tiene perforado el intestino. ❤️ Recupérate pronto, @JasperCillessen. pic.twitter.com/i9sXahchBI — El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) March 31, 2025...
Дејвид од следната сезона во Серија А?
Топ Спорт - пред 2 дена
Напаѓачот на Лил, Џонатан Дејвид наводно е најблиску до преселба во Италија. Како што откри „Скај Спорт“, Дејвид моментално преговара само со Интер и Јувентус, кои покажале најголем интерес за неговиот потпис. Канаѓанецот своевремено откри дека негов сон бил да игра за Барселона, но Каталонците сепак се откажаа од него. Дејвид има договор со Лил до 30. јуни, а во неколку наврати повтори дека нема да потпише нов, бидејќи смета дека е вистинско време за чекор напред во неговата кариера. Интер во моментов има предност во трката за неговиот потпис, иако конкуренцијата на „Меаците“ е многу посилна, бидејќи тука се Лаутаро Мартинез, Маркус Турам, Мехди Тареми и Марко Арнаутовиќ, чиј договор исто така истекува на 30 јуни. Реално е поктај Арнаутовиќ Интер да го напушти и Маркус Турам....
Сити подготвува понуда за Педри
Топ Спорт - пред 2 дена
Педри (22) го потврди статусот на најдобар играч за врска во светот оваа сезона и ја предводи Барселона во борбата за трофеи на сите фронтови. Поради ова, неговите настапи не останаа незабележани и Пеп Гвардиола сака да го доведе во Манчестер сити. Гвардиола смета дека Педри би бил идеален наследник на Кевин Де Брујне, кој треба да го напушти клубот. Според „Марка“, Манчестер сити подготвува понуда од 100 милиони евра за Педри, кого го гледаат како долгорочна замена за Кевин Де Брујне. Договорот на Белгиецот истекува на крајот од сезоната, а засега нема индиции дека ќе го продолжи. И покрај гласините, од Барселона велат дека Педри не е на продажба. Клубот е свесен дека на нивниот играч од средниот ред му се восхитуваат ширум Европа, но сигурни се дека неговата иднина е во Барселона. Педри е клучен играч за тимот на Ханси Флик, сезонава настапи на 44 од 45 натпревари, а само поради болест го пропушти натпреварот против Валенсија....
(Видео) Скандал во Тетово – Навивачите на Шкендија пееја песна за УЧК додека им се одаваше почит на жртвите во Кочани
Топ Спорт - пред 2 дена
Навивачите на Шкендија предизвикаа голем скандал пред поечтокот на натпреварот со АП Брера. Додека траеше минутата молк, во чест на 59. загинати во пожарот во Кочани, тие навиваа и пееја песна посветена на УЧК. Сега на потег е Фудбалската федерација на Македонија. Мкасималната казна е 12 натпревари без публика и парична казна од 5.000 евра. Инаку, Шкендија ја победи АП Брера со 2.1 и ја задржа предноста од четири бода во однос на Силекс и пет во однос на Работнички. Видео/ ffm.mk...
Борзаш од Пелистер се сели во Алкалоид
Топ Спорт - пред 2 дена
Урош Борзаш, репрезентативецот на Србија по две сезони ќе го напушти Еурофарм Пелистер, но ќе остане во Македонија. Левиот бек ќе се пресели во редовите на Алкалоид. Борзаш ја мина академијата на Веспрем, подоцна играше за Тулуз, една година во Елверум, Норвешка, а во Битола е од летото 2023 година. Стандарден е репрезентативец на Србија, за која на големите натпреварувања дебитираше на Европското првенство во 2022 година....
Партизан и АЕК ќе играат на неутрален терен
Топ Спорт - пред 2 дена
Ракометниот натпревар меѓу Партизан и грчки АЕК во рамките на четвртфиналето на Купот на ЕХФ е одложен поради инциденти во салата Бањица. По тој повод 24 часа подоцна се огласи и Европската ракометна федерација (ЕХФ). Според соопштението на Европската ракометна федерација, реваншот ќе се игра, но на неутрален терен. „ЕХФ во понеделник одлучи да го премести натпреварот на неутрален терен, ниту во Србија, ниту во Грција. Точната локација и време ќе бидат објавени во догледно време. Со оглед на се она што се случуваше во недела навечер, ЕХФ размислува натпреварот да се одигра без публика. Сепак, ќе биде покрената правна постапка за се она пто се случи во салата на Бањица“, се вели во соопштението. Натпреварот требаше да започне во 18 часот во салата Бањица, но навивачите на Партизан фрлија неколку топовски удари на теренот, поради што реваншот не започна навреме, а потоа се претвори во двочасовно чекање, откако играчите на АЕК одбија да излезат на теренот. Ракометарите на Партизан ги молеа своите симпатизери да се вратат во спортските рамки на навивање, но тоа не се случи. На првиот натпревар во Атина, исто така во многу тензична атмосфера, АЕК го совлада Партизан со резултат 27:22....
(Видео) Тренер тргна да се пресмета со судијата, доби нокаут со еден удар
Топ Спорт - пред 2 дена
Неверојатна ситуација во Перу – судија со удар во глава нокаутираше тренер. Инцидентот се случи во 82. минута од натпреварот од Купот на Перу помеѓу Спорт Хуакила и Магдалена де Седеко, при водство на домашните со 2:1. Еден од членовите на гостинскиот стручен штаб се втурна кон судијата Луис Алегре со пластично шише во рацете, но неговиот ентузијастички испад брзо беше прекинат. 🇵🇪 • Durante la Copa Perú, el árbitro Luis Alegre iba a expulsar a un jugador del club que iba perdiendo, cuando entró un miembro técnico con botella en mano y le propinó una patada además pic.twitter.com/DgCD1FcuOS — ☩ 𝓒𝓻𝓾𝔁 𝓥𝓲𝓷𝓬𝓲𝓽 ✠ ❤️🌹 (@CruxVincit) March 31, 2025 Неименуваниот поединец стана видно дезориентиран на земја по неколку моменти. Фудбалерите на Магдалена го опколија и го тргнаа од центарот на вниманието, за да го спасат од поголеми последици. Полицијата поради немилите сцени била принудена да интервенира, а играта била прекината до понатамошно известување. На почетокот на февруари, натпревар од врвот во Аргентина беше прекинат откако линиски играч беше удрен со столб од публика....
Незабележан интерес во Дортмунд за гостувањето на Барселона
Топ Спорт - пред 2 дена
Огромен е интересот кај навивачите на Борусија Дортмунд за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Барселона. Првиот меч е закажан за среда, на 9. април, во Барселона, а реваншот е шест дена подоцна на стадионот „Сигнал Идуна Парк“. Клубот од Дортмунд објави дека досега присмил повеќе од 300.000 барања за билети, но на многумина тоа задоволство ќе им биде одбиено. Капацитетот на стадионот на Борусија Дортмунд е 81.365 гледачи, што значи дека лесно би можеле да распродадат четири стадиони. Борусија најави дека поради огромниот интерес билетите ќе ги дели преку ждрепка. За потсетување, минатата сезона Дортмунд играше во финалето на Лигата на шампионите и загуби на „Вембли“ од Реал Мадрид (2:0)....
Меншик урна неколку рекорди па му порача на Ѓоковиќ: Почнав да играм тенис поради тебе, ти си најдобриот во историјата
Топ Спорт - пред 2 дена
Јакуб Меншик го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Мајами со 7:6, 7:6. 19-годишниот Чех ја освои најголемата титула во кариерата и во исто време го спречи Ѓоковиќ да го подигне 100. трофеј во кариерата. Меншик кој не крие дека Ѓоковиеќ е негов идол, е вториот тенисер кој не бил меѓу најдобрите 50, а успеал да го победи Србинот во финале на еден турнир. Пред него тоа му успеа само на Стен Вавринка (69) во 2006 година во мечот за трофеј во Умаг. „Новак, сите знаат дека ти си причината поради која сум тука. Те гледав додека растев. Почнав да играм тенис поради тебе. Нема потешка задача за тенисер од тоа да те победи во финален меч. Ти благодарам за се што направи за овој спорт и за секој од нас. Ти си неверојатна личност – најдобар на сите времиња”, рече Меншик. Јакуб Меншик стана првиот играч од воведувањето на овој формат во 1990 година кој ја освоил Мастерс титулата со освојување на седум или повеќе тајбрејкови во текот на турнирот. Тој, исто така, стана вториот играч, по Мајкл Ченг (Торонто 1990), кој е надвор од Топ 20, а успеал да освои Мастерс титула. Како 54-ти тенисер во светот стана најслабо рангираниот кој триумфирал во Мајами. Меншик, по победата во Мајами, скокна 30 позиции и сега е 24. тенисер во светот на најновата АТП ранг листа....
(Видео) Паника во Сити – Ерлинг Халанд на патерици
Топ Спорт - пред 2 дена
Најдобриот стрелец на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, по пласманот на неговиот тим во полуфиналето на ФА купот, стадионот „Виталити“ во Бормут го напуштил со помош на патерици. Норвежанецот промаши пенал во 14. минута, а потоа погоди во 49. минута. Се повреди по еден час игра. Го повреди скочниот зглоб на посилната, лева нога, поради што е ногата му е во лонгета и мора да оди со помош на патерици. BREAKING: Erling Haaland left Bournemouth with his left foot/ankle in a protective boot following the injury sustained in the second-half. 🎥 TikTok: celebstarclips pic.twitter.com/DNB2H8phyh — City Xtra (@City_Xtra) March 30, 2025 Се уште не е познато колку долго ќе биде надвор од терените. Сити победи и се пласираше во полуфиналето благодарение на голот на Мармуш, кој го замени Халанд и го реши натпреварот по само две минути од влегивањето на теренот. Сити во полуфиналето ќе игра против Нотингем Форест. Во второто полуфинале ривали се Кристал Палас и Астон Вила....
(Видео) Тепачка во НБА , судиите поделија 12 технички и седум исклучувања
Топ Спорт - пред 2 дена
Тепачка и седум исклучувања го обележаа натпреварот меѓу Минесота и Детроит во НБА лигата. Пет кошаркари и двајца тренери беа исклучени по тепачката во втората четвртина. Детроит остана без главниот тренер Џеј Бикерстаф, центарот Исаја Стјуарт, крилото Рон Холанд и бекот Маркус Сусер. Исклучени кај Минесота беа крилото Наз Рид и бекот Донте ДиВинченцо, како и помошникот тренер Пабло Приџони. pic.twitter.com/h9Iyql6COx — Rob Perez (@WorldWideWob) March 30, 2025 „Очигледно работите отидоа предалеку“, рече Бикерстаф. „Но, она што го гледате е дека момците се грижат еден за друг, се штитат еден со друг, со го чуваат грбот. Тоа се работи за кои не може да се преговара во нашата соблекувална“. Тепачката изби на 8:36 до крајот на полувремето, додека Пистонс водеа 39:30. Стјуарт доби техничка грешка неколку моменти претходно откако силно го удри ДиВинченцо по свирежот на судијата. Потоа Холанд направи прекршок кога ја исфрли топката од рацете на Рид во близина на основната линија. Двајцата си разменија зборови, ДиВинченцо се приближи и го фати Холанд за дресот, а набрзо во толпата се најдоа сите 10 играчи на теренот, како и неколку тренери и членови на медицинскиот персонал. Isaiah Stewart after the scuffle in Minnesota, with 7 ejections, pointing at his jersey "Detroit"… Bad Boys 2.0 ☠️ Lfg! pic.twitter.com/u0WiI3A96l — Chad Smeaton (@smeaton_chad) March 31, 2025 Додека играчите се разделуваа, Бикерстаф и Приџони викаа еден на друг и мораа да бидат разделени. Целата сцена се одвивала на само шест метри од новиот сопственик на Тимбервулфс, Алекс Родригез, кој по инцидентот се приближил од своето седиште покрај теренот и очигледно повикал помош за младиот навивач кој се нашол среде метежот. Натпреварот имаше дури 12 технички грешки, најмногу во еден натпревар во НБА од 23 март 2005 година, според податоците на „ОПТА“. Тимбервулфс успеаја да ја поништат раната негатива од 16 поени и да ги совладаат Пистонс со 123:104. pic.twitter.com/iFVpPO6vTO — Rob Perez (@WorldWideWob) March 31, 2025...
Меншик го запре Ѓоковиќ на патот кон 100. титула во кариерата
Топ Спорт - пред 2 дена
Новак Ѓоковиќ не успеа да ја освои 100. титула во кариерата. Србинот загуби од чешката сензација Јакуб Меншик во финалето на Мастерсот во Мајами. Меншик победи во два сета со 7.6(4) и 7:8 (5). Ѓоковиќ не успеа да се справи со сервисот на 19-годишникот од Чешка. Меншик од првиот до последниот поен беше подобриот ривал, а доминираше со сервсот, му дозволи на најдобриот ритер на сите врмиња само една брејк топка. Во првиот сет тенисерите си разменија по еден брејк, а во 13.игра Ѓоковиќ одигра лошо, со две неизнудени грешки му дозволи на Менчик да стекне голема предност, а потоа и да го освои сетот. По слично сценарио се одвиваше и вториот сет. Ѓоковиќ дојде до шанса во осмиот гем, кога имаше 30:30 и 40:40, но Меншик се изввлече со два ас сервиси. Тај-брејкот беше прескилан како оној во првиот сет. Ѓоковиќ со две грешки му овозможи на Чехот да стекне предност, а потоа и да го добие мечот. Меншик го забележа најголемиот успех во кариерата и стана првиот играч по Карлос Алкараз во Мадрид 2023 година, кој на патот до трофејот успеа да победи тројца играчи од топ 5....
(Видео) Бетис по шест ипол години го доби градското дерби
Топ Спорт - пред 3 дена
Фудбалерите на Бетис на домашен терен ја совладаа Севилја со 2:1 во 29. коло. Бетис по пауза од шест и пол години успеа да го победи градскиот ривал и да остане во трката за место во Лигата на шампионите. Дербито „Севилјано“ или „Гранд дерби“ како што го нарекуваат Шпанците ги оправда очекувањата на фудбалските фанови, не само поради резултатот, туку и поради интензитетот на играта во текот на целиот натпревар и многуте тешки и бескомпромисни дуели. Овој пат како победник излезе домашната екипа која славеше по пресвртот што се случи во првите 45 минути. „Зелените“ имаа значително поголем посед на топка од самиот почеток на мечот, но прва погоди Севилја. Се играше 17. минута кога Рубен Варгас налета на додавање на Лукебакио и со силен удар ја погоди мрежата на Адријан. Радоста на гостинските навивачи траеше само осум минути, колку што му требаше на Џони Кардосо да ја заврши убавата тимска акција по левата страна со ефектен гол. ⚽️ GOAL: Johnny 🇪🇸 Real Betis 1-1 Sevillapic.twitter.com/8H1cqFnnPA — Goals Xtra (@GoalsXtra) March 30, 2025 Кога се чинеше дека резултатот на полувреме ќе биде 1:1, се појави Кучо Ернандез кој мирно реагираше на мајсторското додавање на Иско и донесе целосен пресврт за „бетикосите“. ⚽️ GOAL: Cucho Hernández 🇪🇸 Real Betis 2-1 Sevillapic.twitter.com/ebeVCi76b9 — Goals Xtra (@GoalsXtra) March 30, 2025 Избраниците на Мануел Пелегрини изгледаа подобро во второто полувреме, а ударот на Антони брилијантно го одбрани Ниланд, а кратко потоа обидот на Кардосо заврши покрај голот. Севилја се обиде да се врати во мечот, но не успеа, па Бетис вечерва го освои 47. бод и се наоѓа на петтото место во шпанската Примера. Севилја е на 11. позиција со 36 поени....
(Видео) Наполи остана во шампионската трка, Милан остана без шанси да дојде до ЛШ
Топ Спорт - пред 3 дена
Фудбалерите на Наполи останаа во трката за титулата во Серија А, откако во дербито го победија Милан со 2-1. Наполитанците го решија натпреварот во првите 20 минути. Политано погоди за 1-0 по додавањето од капитенот Ди Лоренцо во втората минута, а во 20.минута Лукаку ја зголеми предноста. Белгиецот го постигна 11. гол во Серија А од почетокот на сеозната. Милан се разбуди дури на почетокот на вториот дел. Косенисао во рок од десет минути мораше да внесе тројца напаѓачи во игра, а еден од нив на крајот беше трагичар. Во 69. минута за Милан беше досуден пенал, кој Сантијаго Хименез не успеа да постигне гол. Сепак, Милан се врати во мелот во 84.минта со голот на Јовиќ , но не успеа да го избегне поразот. Српскиот репрезентаивец го постигна првиот гол за Милан по пауза од една година. Оваа сезона одигра само осум натпревари. Наполи останува втор со 64 бодови, три зад Интер, додека Милан е подалеку од Европа, сега на деветтото место со 47 бодови. GOL DO MILAN!!! ⚽ JOVIĆ DIMINUI pic.twitter.com/Itka96ZnN2 — Futebol Hoje ⚽ (@fut_hoje) March 30, 2025...
Маркез падна, Бањаја победи во Тексас
Топ Спорт - пред 3 дена
Победник на третата трка од сезоната во Мото ГП е возачот на Дукати, Франческо Бањаја. Ова е 40-та победа на италијанскиот возач во кариерата, а 30-та во првата класа. Франческо Бањаја возеше со подобро темпо од претходните две трки, во четвртиот круг изби на второто место, пред Алекс Маркез, но и тогаш се чинеше дека неговиот тимски колега Марк Маркез е недостижен иако практично имаа исто темпо. Марк Маркез направи голема грешка во деветтиот круг, излета од патеката и сериозно го оштети мотоциклот, во момент кога имаше водство од речиси две секунди. Франческо Бањаја во тој момент го презеде водството со 1,3 секунди предност пред Алекс Марекс, кого го престигна во четвртиот круг. Предноста на Бањаја само растеше како одминуваше трката, Италијанецот остана концентриран и ја оствари првата победа сезонава. Зад него беа Алекс Маркез и Фабио ди Џанантонио, на второто и третото место. Четвртото место го зазеде Франко Морбидели, пред Џек Милер. На шестото место се најде Марко Бецеки, а на седмото Енеа Бастианини. Лука Марини ја заврши трката на осмото место пред Аи Огура и Фабио Квартараро....
Историски успех на Алкалоид, избори полуфинале во Европскиот куп
Топ Спорт - пред 3 дена
Фото/ rkalkaloid.mk Ракометарите на Алкалоид изборија пласман во во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ. Избраниците на Кире Лазаров, во реваншот го декласираа романски Баја Маре со 32:25. Првиот меч одигра во Романија заврши без победник 31:31. За пласман во финалето, во ова натпреварување, Алкалоид ќе игра против Рунар од Норвешка. Играчите на Алкалоид блескаа во првиот дел, „летаа“ по теренот, постигнаа 18 голови и заминаа на полувреме со предност од шест гола. Во вториот дел младиот тим, искусно ја одржуваше разликата и се пласира во историското полуфинале. „Ова е голем успех за клубот, за ракометарите и за македонскиот ракомет. Клуб составен од 95% малди македонски ракометари ќе игра полуфинале во едно европско натпреварување. Навистина тоа ме прави горд, се надевам и луѓето во клубот“, рече тренерот Лазаров. Петковски со 7 гола беше најефикасен, голманот Галевски одбрани девет удари и успеа да постигне два гола....
Грците одбија да играат – Одложен натпреварот Партизан-АЕК
Топ Спорт - пред 3 дена
Реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ меѓу Партизан и АЕК и официјално беше одложен откако гостинските играчи го напуштија теренот на СЦ „Вождовац“ во Бањица поради испад на навивачите на домашниот клуб. Тимот од Атина одби да се врати на теренот, а судбината на натпреварот ќе ја решава ЕХФ. Навивачите на црно-белите фрлаа пиротехнички средства на теренот неколку минути пред почетокот на натпреварот, а ракометарите во жолто-црни дресови веднаш отидоа во соблекувалната. На трибините имаше и 50-тина навивачи на ПАОК од Солун кои се збратимени со навивачите на Партизан. Белградскиот „ракометниот храм“ беше полн, многу луѓе останаа пред салата, а приврзаниците на црно-белите очигледно сакаа веднаш да им покажат на Атињаните што ги чека на реваншот во српската престолнина. Ракометарите на Партизан на првиот меч имаа многу проблеми и притисоци во грчката престолнина, а според сведочењето на играчите од натпреварот, играчите во неколку наврати биле полеани со пиво, навредувани, па дури и влечени за дресовите. Првиот меч во Атина АЕК го доби со 27:22....
(Видео) Барселона ја победи Џирона
Топ Спорт - пред 3 дена
Фудбалерите на Барселона во неделата ја забележаа 21-та победа сезонава, совладувајќи ја на домашен терен Џирона во 29-то коло од Ла Лига. Барселона победи со 4-1 и сега има три бода повеќе од Реал Мадрид на првото место на табелата. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не бее во протоколот кај Џирона. Барселона поведе во 43. минута со автоголот кој несмасно го постигна Крејчи. Се играше 53. минута кога Данџума постигна гол за израмнување, но одговорот дојде брзо. Роберт Левандовски и донесе ново водство на Барселона во 61. минута. Левандовски ја потврди победата на Барса со својот втор гол на натпреварот во 77. минута, овој пат на додавање на Френки де Јонг. Левандовски оваа сезона постигна 40 гола за Барса во сите натпреварувања. Конечниот резултат го постави Феран Торес кој погоди од работ на шеснаесетникот. Барселона во следното коло му гостува на Бетис, додека Реал Мадрид шампионската низа ќе ја продолжи со дуелот против Валенсија пред своите навивачи....
(Видео) Кен е во животна форма, и пресуди на Аталанта
Топ Спорт - пред 3 дена
Фиорентина ја совлада Аталанта со 1-0 во 30. коло во Серија А со голот на Мојс Кен. Решавачкиот момент се случи во 45. минута, кога Кен го постигна 16. гол во сезоната. Освен што е негов најдобар голгетерски учинок во една сезона од почетокот на кариерата, тоа е и најдобриот учинок на играч на Фиорентина од сезоната 2013-2014. Фиорентина моментално е осма на табелата и продолжува да се бори за место во европските натпреварувања. Аталанта е на третата позиција, а интересно е што ова им е прв пораз на гости по третото коло и мечот против Интер во август. Веројатно со овој пораз Аталанта испадна од трката за шампионската титула....
Дејан Георгиевски најдобар на Г1 турнирот за таеквондо во Скопје
Топ Спорт - пред 3 дена
Сребрениот олимпиец постигна нов успех! Дејан Георгиевски го освои златниот медал на големиот Г1 турнир што се одржува во Скопје. Тој се натпреваруваше во финалето со Германецот Куцуесунхур. Водеше 2-0, а во втората рунда неговиот противник ја предаде борбата. Г1 турнирот се бодува за олимписка норма, што на Георгиевски му го отвора патот за учество на следните Летните Олимписки игри во Лос Анџелес....
(Видео) Леганес: Ограбени сме против Реал на „Бернабеу“
Топ Спорт - пред 3 дена
Реал Мадрид синоќа со многу мака го победи Леганес со 3:2. ПО мечот од Леганес тврдат дека се ограбени на „Сантијаго Бернабеу“. Дека се во право говори и оценката што ја доби од судиската комисија, главниот арбитар. Пабло Гонзалес доби чиста единица. Неколку спорни ситуации имаше на овој натпревар и впечаток е дека сите беа на штета на Леганес. Прашање е дали против Реал би бил досуден панал каков пто Гонзалес досуди по контактот меѓу Оскар Родригес и Арда Гулер. Мбапе постигна гол за 1:0. Во 76.минута, од неколку агли се забележува дека Тапија одигра со топката, а Родриго паѓа преку него. Гонзалес досуди слободен удар, а Мбапе, благодарение на лошата реакција во живиот ѕид погоди за 3:2. 💭 La Liga is corrupt. They called this a penalty for Real Madrid despite the Leganes player getting to the ball first. pic.twitter.com/ta8RaFTp4R — Barça Spaces (@BarcaSpaces) March 29, 2025 Gol de Mbappé de falta inventada, 3-2. La Liga más adulterada del mundo.#RealMadridleganes pic.twitter.com/nJ95FqowFR — Zona Blaugrana (@Zona_Blaugrana) March 29, 2025 Од Леганес го потенцираат и стартот на Раул Асенсио во финишот на натпреварот кога ја промаши топката и го закачи противничкиот играч. 🚩❌ Es la misma acción que le hacen a Rodrygo pero dentro del área, toca balón y a Diomande. 🤐 Aquí en cambio NO HAY NADA. Es escandaloso que cuando se arbitra en contra del Madrid, existan otras reglas.#RealMadridLeganés #RealMadrid #ROBO pic.twitter.com/tuYLFYoic4 — Antonio Blesa (@antonioblesa_) March 29, 2025...
(Видео) Светски рекорд на Домен Превц
Топ Спорт - пред 3 дена
Словенецот Домен Превц постави светски рекорд во натпревар во ски скокови на скокалницата Планица. Летот, каков што досега не е виден, заврши со слетување на 254,5 метри, со што е поставен нов рекорд во должина на ски летови. Претходниот рекорд го држеше Стефан Крафт, кој пред осум години во Викерсунд прескокна 253,5 метри. Рекордната должина на летот сепак не беше доволна за Превац да победи. Словенците го прославија рекордниот скок на Превц и победата на Анже Ланишек. Третото место му припадна на Германецот Андреас Велингер. По првата серија веќе беше јасно дека ќе биде ново словенечко славје откако Ланишек поведе пред Превац, а потоа словенечките ски скокачи приредија борба која тешко ќе се повтори. Домен Превц слета на 254,5 метри и го собори светскиот рекорд на Стефан Крафт, а Ланишек одлично одговори на тој предизвик. Тој полета од најниската тчка на леталницата и слета на 241,5 метри. За неговиот одличен стил на летање, тој доби три 20-ки и го победи Превац со 7,1 поен. Тоа беше втора победа за Ланишек сезонава. Domen Prevc's FIS World Record #skijumping #skijumpingfamily pic.twitter.com/s1uCkige7W — Devi(L)🇵🇱✝️⚽ 🇵🇱🇧🇷 #1ga (@redd3vil777) March 30, 2025...
Лајпциг го отпушти Марко Росе
Топ Спорт - пред 3 дена
Марко Росе е разрешен од должноста главен тренер на РБ Лајпциг. Неговиот тренерски штаб составен од Александар Зиклер, Марко Курт и Франк Геидек исто така го напушти клубот. Росе го водеше РБ Лајпциг на 125 натпревари. Под негово водство, РБЛ двапати се квалификуваше за Лигата на шампионите на УЕФА, го освои вториот трофеј во Купот на германија во историјата на клубот и ја прослави својата прва победа во Суперкупот. Тој ја презеде улогата на главен тренер на РБ Лајпциг во септември 2022 година кога клубот се најде во тешка ситуација и му помогна на тимот да се врати на победничките патеки. Пред тоа ги водеше Локомотив Лајпциг, РБ Салцбург, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд. Од Лајпциг најавија дека наскоро ќе соопштат кој привремено ќе ја преземе тренерската функција. „Верувавме во соработката со Марко и неговиот тим долго време и се обидовме до сега заедно да ја свртиме ситуацијата. Со оглед на развојот на настаните и континуираниот недостаток на резултати, сите сме цврсто убедени дека ни е потребен нов поттик во остатокот од кампањата за да ги постигнеме нашите цели за оваа сезона“, изјави спортскиот директор на клубот Марсел Шефер....
Сабаленка ја освои првата голема титула како број 1 на Мастерс 1000 во Мајами
Топ Спорт - пред 3 дена
Светскиот рекет број еден Арина Сабаленка ја освои титулата на Мастерс во Мајами, победувајќи ја домашната тенисерка, Џесика Пегула во два сета 7:5, 6:3. За Белорусинката ова е 19. ВТА титула во кариерата, осма на Мастерс турнирите и прва во Мајами. Сепак, можеби најважно, ова е прва голема титула (Гранслем, Мастерс, ВТА финале) за Сабаленка како број 1. Оваа година таа играше две големи финалиња како број 1 во Мелбурн и Индијан Велс, но ги загуби и двете. Сега беше трета среќа. Ова беше прва пресметка на двете тенисерки по финалето на УС Опен. Оттогаш Пегула одигра уште три финалиња и може да се каже дека го игра можеби тенисот во кариерата. Но, тоа не беше доволно за актуелната најдобра тенисерка на светот....
(Видео) Меси му го посвети голот на Новак Ѓоковиќ
Топ Спорт - пред 3 дена
Лионел Меси беше стрелец за Мајами во победата од 2-1 над Филаделфија, а голот го прослави во тениски стил. Меси беше надвор од терените од 16-ти март поради повреда, ги пропушти меѓународните натпревари со националниот тим, а веднаш по враќањето, тој покажа колку е решителен на теренот. За многумина овојпат беше помалку важно како Меси го постигна голот, туку како го прослави. Инспирација му беше Новак Ѓоковиќ, со кого неодамна се сретна на турнир во Мајами, каде Новак стигна до финалето. Lionel Messi dedicates his Goal to Djokovic by celebrating like Djokovic’s forehand shot! 😍 pic.twitter.com/SPZeXeDGFr — MC (@CrewsMat10) March 30, 2025 Потоа се сликаа, се дружеа, разговараа, а по голот против Филаделфија, Меси уште еднаш ја покажа својата наклонетост кон најдобриот на сите времиња – го прослави голот симулирајќи удар со форхенд. Новак дефинитивно ќе биде среќен кога ќе види колкава почит има од оној што многумина го сметаат за најдобар фудбалер на сите времиња и како тоа му го покажува на целиот свет. Голот на Меси против Филаделфија беше негов втор сезонава во МЛС лигата....
Лудница на стартот и нова сприт победа на Марк Маркез
Топ Спорт - пред 4 дена
Марк Маркез продолжува да доминира во класата Мото ГП, а по спринтот на патеката Остин го има максималниот учинок во новата сезона, 5 од 5. Маркез, победи на третата спринт трка од почетокот на сезоната, во која перфектно влезе бидејќи има и две победи во главните трки. Спринт трката во САД имаше бурен старт, Бањаја успеа брзо да се пробие од шестата на лидерската позиција… Но Италијанецот не издржа долго во битката со браќата Маркез. Набрзо се беше решено, борбата меѓу двајцата возачи на Дукати беше кратка, Марк го зазеде првото место, а зад него се најде неговиот помлад брат Алекс, па Бањаја мораше да се задоволи со третото место. Фабио Ди Џанантонио се најде на четвртото место пред неговиот тимски колега Франко Морбидели. Фабио Квартаро може да биде задоволен со шестата позиција, а зад него е Педро Акоста. Потоа следеа Лука Марини, Аи Огура и Марко Бецеки. Главната трка се вози во недела од 21:00 часот....
(Видео) Реал се мачеше со Леганес, победи со пресврт
Топ Спорт - пред 4 дена
Реал Мадрид го преживеа гостувањето на Леганес во 29.коло. Актуелните шампиони славеа со 3:2. Реал, против екипата која се бори за опстанок до предност дојде во 32.минута, од пенал. Мбапе, слично како Хулијан Алварез во 2Мадрилењо“ дербито со паненка го совлада Дмитровиќ. И кога сите навивачи на Реал Мадрид на стадионот помислија дека се е решено и дека нивниот тим лесно ќе го реши прашањето за победникот, се случи нешто сосема спротивно. Само минута подоцна Леганес израмни преку Диего Гарсија, а студен туш за сите следеше во 41. минута кога Дани Раба го принуди Андреј Лунин по вторпат да ја извади топката од мрежата. Со овој резултат тимот замина на пауза, а во вториот дел од натпреварот Реал успеа да изедначи по само две минути игра. Беше јасно дека Леганес тешко ќе се одбрани до крајот на мечот. Ново водство на овој натпревар Реал дојде во 76. минута, кога Килијан Мбапе го постигна својот втор гол на натпреварот. Овој гол може да се припише на голем кикс на гостинската одбрана, бидејќи Французинот изведе слободен удар, а топката мина низ живиот ѕид, кој се раздвои, а Димтровиќ немаше шанса да го брани ударот....
ПАО ќе потроши милиони за да го задржи Нан
Топ Спорт - пред 4 дена
Кендрик Нан и Панатинаикос догвориле продолжување на договорот до летото 2028 година..Според грчката СДНА, Панатинаикос ќе му плаќа на Нан 4,5 милиони евра по сезона и тој ќе стане најплатен играч во Евролигата. Нан ќе остане во Атина уште три години, каде ќе заработи вкупно 13,5 милиони. Се додава дека договорот нема НБА клаузула што практично значи дека Нан е блиндиран во Панатинаикос во следните три сезони. Поранешниот кошаркар на Мајами и Лос Анџелес Лејкерс оваа сезона игра неверојатно, моментално води во елитното натпреварување со просек од 20,3 поени. Заедно со Саша Везенков и Ти Џеј Шортс, тој ќе биде главен кандидат за признанието МВП. Панатинаикос, актуелниот шампион во Евролигата, моментално е трет во поредокот со 20 победи и 12 порази....
(Видео) Јилдиз се погрижи Тудор да дебитира со победа на клупата на Јувентус
Топ Спорт - пред 4 дена
Хрватскиот тренер Игор Тудор забележа победа во своето тренерско деби за Јувентус. Неговиот тим забележа победа против Џенова во Торино, натпреварот заврши со резултат 1:0. По оваа победа Старата дама заостанува еден бод зад четвртопласираната Болоња. Јувентус поведе во 25. минута од натпреварот, кога стрелец беше Кенан Јилдиз. Турскиот напаѓач постигна одличен гол. Акцијата започна така што Тудор брзо реагираше откако топката излезе надвор од границите и му ја додаде на Теун Купмајнерс. Тој му ја додаде на Душан Влаховиќ, а по неговиот дуел топката стигна до турскиот напаѓач. Тој ја прими топката на околу 30 метри од противничкиот гол, вертикално се залета и се ослободи од Кони де Винтер кој го бранеше и ефектно ја заврши акцијата. Резултатот 1:0 остана до крајот на натпреварот. Инаку ова беше 15.натпревар од почетокот на сезната на кој Јувентус не прими гол. Рекордот од 22 натпревари без примен гол е во сосптвеност на Милан од 1993 година....
(Видео) Кочани, Кочани… емоции на крајот од првиот фудбалски натпревар во градот по трагедијата
Топ Спорт - пред 4 дена
Денеска беше одигран првиот фудбалски натпревар во Кочани по трагедијата со пожарот во дискотеката „Пулс“. Мечот се одигра помеѓу тимот на Осогово во Кочани и тимот на Македонија ЃП. Натпреварот заврши 0:0. Во 59. минута почна ракоплескање во помен на 59-те жртви од пожарот, а штипската телевизија „М Нет“ го пренесе моментот. Потоа се скандираше и „Кочани, Кочани“....
Марк Маркез „врза“ три пол-позиции за прв пат од 2019 година
Топ Спорт - пред 4 дена
Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои пол-позицијата во квалификациите за трката во Мото ГП класата во Остин, Тексас. За повеќекратниот светски шампион ова е трета пол-позиција од почетокот на сезоната. За прв пат од 2019 година, Шпанецот врза три пол-позиции, а во недела ќе има можност да врзе три триумфи на трки за прв пат по истата година. Маркез постави време од 2.01.088, втор беше Фабио Диџанантонио (ВР46), а трет братот на Марк, Алекс Маркез (Гресини). Педро Акоста го освои четвртото место, Франко Морбидели петто. На шестото место се најде поранешниот светски шампион Франческо Бањаја, а зад него се Лука Марини и Џоан Мир. Спринтот во Остин ќе започне во 21:00 часот....