Трамп и воведе царини од 33% на Македонија, скоро како Кина која доби стапка од 34% и повеќе од ЕУ која ќе има царини од 20%
Телма - пред 16 минути
Американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе царините кои долго време ги најавуваше како решение за економски развој на САД. Сите држави во светот ќе добијат царини, а стоката од “најсреќните” ќе биде оцаринета со 10% што е минималната стапка. Македонија не е на тоа ниво, туку Трамп одлучи да и воведе царини од 33% што според неговите пресметки е половина од 65% македонски царини за американски производи увезени во државата. Нема објаснување како американската администрација стигнала до бројката од 65% македонска царина на производи од САД. Македонија е речиси израмнета со главниот економски конкурент на САД, Кина која доби стапка од 34% царина за своите производи извезени во САД. Кина, Мексико и Канада се трите најголеми извозници на стока во САД. Европската Унија како заедница е со царина од 20% на извозот во САД. Глобалните царини за извоз во САД, Трамп ги потпиша на ден кој го нарече “Денот на ослободување” иако потегот носи големи ризици и стравувања за идната трговија на светско ниво. Велика Британија, Австралија, Турција и Украина се на минималното ниво од 10% американски царини. Највисоки стапки регионално гледано, Трамп им досуди на државите во југоисточна Азија, Камбоџа е на ниво од 49%, а Лаос на 48%. Рекордер е малата затворена држава Лесото во Африка за чии производи ќе се наплаќа царина од 50% во САД. Србија е на ниво од 37% додека Албанија и Косово се на минималните 10% царина за извоз во САД. Трамп смета дека царините се реципрочна мерка која ќе придонесе за намалување на увозот и зголемување на продажбата на производи “made in USA”. Најголем дел од неговите поддржувачи мислат дека странските држави ќе ја плаќаат царината, а не дека таа царина ќе биде додадена на цената која ќе ја плаќаат американските потрошувачи. Македонија во јануари 2025-та имала позитивен трговски биланс со САД (поголем извоз од увоз на американски производи) покажуваат анализите на Државниот завод за статистика. Македонија извезла стока во вредност од околу 21.800.000 долари. Со царинската стапка од 33%, цената на таа стока ќе биде за третина поскапа односно кога ќе стигне на американско тло ќе чини околу 29 милиони долари поради што ќе поскапат и македонските производи на американскиот пазар. Повеќе држави како и ЕУ најавија реакции и контра мерки во трговската војна која ја отворија САД и Трамп. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
ФОТО галерија: Вардар убедлив во градското дерби против Алкалоид
Телма - пред 2 часа
Во натпревар од првото коло во разигрувањето за шампионската титула Вардар на домашен терен го совлада Алкалоид со 34:26. Најзаслужни за триумфот на “црвено-црните” беа Вуко Борозан со девет гола како и голманот Мигел Еспиња кој забележа 14 интервенции. Прв стрелец во поразениот тим со седум погодоци беше Мартин Серафимов. ФОТО: Игор Паневски © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Не сум сигурен дека губиме, опција за понатаму е улицата – Трендафилов во интервју во „Топ тема“
Телма - пред 2 часа
Не сум сигурен дека губиме, а понатаму е улицата, порача Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во интервју во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма. „Тоа штое клучно, а владата сака да го наметне е дека работниците ќе тераат на рати, а овие ќе уживаат комплет. Функционерите. Тие 79 проценти, бидејќи 1,1 процент, ако не се лажам, им се зголеми платата. На 150.000 денари е некаде околу 1.800 денари. Себични се. Не сакаат работникот да добие повеќе од нив и затоа зголемувањето на минималната плата е 1.800 денари, а не 6.000 денари“, рече Трендафилов. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Битолчани по третпат на улица против изградба на регионален Центар за отпад во близина на РЕК
Телма - пред 3 часа
Битолчани попладнево излегоа на третиот протест против изградба на Регионалeн центар за управување со отпад во близина на РЕК Битола, кај постоечката нестандардна депонија Мегленци. Протестите се одржуваат секоја среда пред општинската зграда, а граѓаните и денеска го повторија барањето, надлежните да најдат друга локација каде ќе се гради оваа Регионална депонија, каде смет ќе депонираат 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот Регион, како што е предвидено во проектот. Велат Битола е меѓу најзагадените градови, а покрај РЕК, не сакаат уште еден загадувач. Немаат доверба дека институциите имаат капацитет да ја одржуваат депонијата според еколошки стандарди. Минатиот месец, Советот на Oпштина Битола донесе заклучок со кој побара од Владата, во чија надлежност е овој проект, промена на локацијата за изградба на Регионалната депонија. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Се продава „Соравиа“ со која оперира Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, за над 22,4 милиони евра – извршител го распишал огласот по деновите на жалост за Кочани
Телма - пред 3 часа
Првиот работен ден по седумдневната национална жалост за трагедијата во Кочани, скопскиот извршител Андреја Буневски распишал оглас за продажба на деловниот центар „Соравиа“ кој се наоѓа во центарот на Скопје и со кој оперира внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети. Во заклучокот, кој е јавно објавен на веб сајтот на комората на извршители, стои дека почетната цена за објектот е 1.377.978.526 денари односно околу 22.406.000 евра. Извршителот наведува дека објектот се продава поради долг од околу 930.000 евра кон бугарската Прва инвестициска банка. Неделникот Фокус кој објави делови од заклучокот за лицитацијата на „Соравиа“ наведува дека ова не е единствен долг на „Соравиа инвест“ кон истата банка која во 2020-тата издаде кредит на компанијата, а има и други пристигнати побарувања кон доверители. Огласот е објавен на 24 март, а лицитацијата ќе се одржи на 24 април во канцеларијата на извршителот Буневски. Во извршувањето на побарувањата се вклучени уште тројца извршители. Во заклучокот за лицитација се наведени сите катастарски наведени недвижности на центарот „Соравиа“. „Соравиа инвест“ на почетокот на март го избришала и бугарскиот управител Валери Русев од централниот регистар, па сега единствен управител е Егзона Ризмани. Фирмата од декември лани е во сопственост на австриска компанија поврзана со Хано Соравија кој беше поранешен сопственик по чие презиме објектот го доби името. Дрин Ахмети сега воопшто не фигурира како сопственик или управител, но во интервју за КОД на Телма во јануари тврдеше дека тој оперира и го раководи центарот и дека за неколку месеци ќе се реализира продажбата и преземањето на објектот од досегашниот австриски сопственик. Во периодот од август 2023-та до изборите во мај 2024-та, на сметката на фирмата „Тхор“ на Дрин Ахмети беа уплатени како позајмици околу 7,5 милиони евра од американскиот бизнисмен Ник Мехмети кој во бизнис портфолиото има и водење на стриптиз барови во Далас, Тексас и управување со американско-албанска бизнис комора. Фирмата „Соравиа Инвест“ во моментот има и блокирана банкарска сметка и милионски долг кон УЈП. Парите од Америка се уплатени на сметки во Австрија како дел од зделката за купување на трговскиот центар, како и на сметки на самиот Дрин Ахмети, на сметки на вработени во „Соравиа“, а дел од нив бил употребен и за купување криптовалути во Косово. За купопродажбата на „Соравиа“ се води и истрага во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое чека американска правна помош поврзано со уплатите. Дрин Ахмети во интервјуто објавено на КОД тврдеше дека Ник Назар Мехмети ги вложил парите добиени од продажба на акции и удели во информатичкиот гигант Nvidia и за тоа ги известил и македонските истражни органи. Внукот на Ахмети во интервјуто во јануари потврди дека во ноември добил и жителство на САД по што се вратил во Македонија, бидејќи добил повик за распит на обвинителството во рамки на предистрага за неплаќање на концесии за ископ на минерални суровини во кичевско. Има и пријава за можни злоупотреби со проекти на Фондот за иновации, иако внукот на лидерот на ДУИ негираше. Миомир Серафиновиќ © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Трендафилов: Владата е соучесник во криминалот што се случува во Македонија
Телма - пред 4 часа
Владата е соучесник во криминалот што се случува во Македонија, изјави Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатина Македонија (ССМ), во интервју во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ. „Близу 250 милиони евра, работодавачи да ја крадат државната каса, со неуплаќање на придонеси за задолжително социјално осигурување. И тоа се податоци според Меѓународната организација на трудот, со една независна тинк-тенк организација од Македонија и се јавно достапни. За жал, експертите говорат дека близу 750 милиони евра, сивата економија ја чини државата на годишно ниво“, истакна Трендафилов. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Трендафилов: Мојата плата во ССМ е 60.000 денари, за 60.000 денари ја ставам главата во торба
Телма - пред 4 часа
Платата моја, на Слободан, е 60.000 денари, рече Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во интервју во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма. „Поединци во ВМРО-ДПМНЕ кажуваат дека со 60.000 денари, претседателот на ССМ се луксузира, не знам што прави. За 60.000 денари си ја ставам главата во торба за борба за подобри плати на работниците. Кога видоа дека нема никаков контраефект, кон ССМ и кон мене како личност, излегоа на телевизија и кажаа да платата ми била 75.000 денари и сум имал некакви приходи од неколку милиони денари, па си ги собираат, за 12, за 18 месеци и слично“, рече Трендафилов. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Трендафилов: Напаѓаат со тешка артилерија, ние не сме почнале ниту да се браниме, а камоли да напаѓаме
Телма - пред 4 часа
Напаѓаат со сите средства, со тешка артилерија и се надеваат дека ние ќе се криеме и нема да се браниме. За наша среќа, не сме почнале ниту да се браниме, а камоли да напаѓаме, порача Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во интервју во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма. „Денот кога ќе одлучиме како ќе ги нападнеме, ќе биде денот кога истите овие 300 луѓе, ќе одлучат да го повикаат народот на улица, доколку не нè почитуваат онака како што заслужуваме. Сметаме дека во една демократска држава , во едно демократско општество, една демократски избрана влада, треба да ги почитува претставниците на работниците, без оглед дали сме убави или не сме. Треба да ги почитуваат претставниците на работниците, и покрај топа што не им се допаѓа тоа што го зборуваат, а тоа е потреба од зголемување на платите. Денеска политичари нè напаѓаат, затоа што бараме плата. Се надевам дека нема да биде обратно, ние да ги напаѓаме политичарите. Тоа што е опасно и што е преседан, е што владата се иззема во комплетниот случај од потребата за растна платите и покрај тоа што таа е најголемиот работодавач во државатa“, истакна Трендафилов. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Трендафилов: Денеска им покажавме дека не се плашиме, без оглед колку нè напаѓаат
Телма - пред 4 часа
Не можеме да дозволиме ниту еден работник да трпи притисоци какви што се обидуваат да нанесуваат на синдикалното раководство, рече Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во интервју во вечерашната „Топ тема“ на Телма. „Токму затоа сме ние избрани од нив, токму затоа ние примаме плата од нив, за ние да ги трпиме сите притисоци. Јавна седница е сега. Не исклучуваме можност утре да е протест, а другиот ден да биде генерален штрајк. Тоа што денеска им го покажавме е дека не се плашиме, без оглед на тоа колку нè напаѓаат“, рече Трендафилов. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Му нашле дрога во стражарница – кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид
Телма - пред 5 часа
Кривична пријава за А.М., полициски службеник во ПСОН Охрид при СВР Охрид, кој е осомничен за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во работната просторија (стражарска куќарка), каде што А.М. работел на обезбедување на вила „Бела“, сопственост на МВР, била пронајдена бела прашкаста материја. „Во временскиот период кога полицискиот службеник А.М. бил предвиден за работа и извршувал работни задачи на обезбедување на вила „Бела“ (поранешна вила „Македонија“), сопственост на Министерството за внатрешни работи, од страна на вработени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди бил извршен преглед врз А.М. и работната просторија – стражарската куќарка, при што од прегледот во работната просторија, на работната маса била затекната метална лажица во која имало бела прашкаста материја, хартиена салфетка во која имало бела прашкаста материја и мало пластично шише со нн течност, со импровизирана цевка од банкнота од 10 денари, затворено со алуминиумска фолија на отворот на шишето, на која имало остатоци од нн материја“, информира МВР. Вработени од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди го известиле А.М. дека е потребно да му се направи испитување за присуство на матаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје. А.М. одбил да соработува со вработените на Одделот и да се подложи на испитување иако, како што наведува МВР, доктор на Итна медицинска помош Охрид утврдил дека тој е во добра општа состојба и може да патува во Скопје. „Против А.М. од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе е покрената дисциплинска постапка и задолжителна мерка за отстранување од работното место – суспензија од работното место“, соопшти МВР. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
„Политико“: Маск наскоро ќе се повлече од ДОГЕ и се враќа на бизнисот
Телма - пред 5 часа
Американскиот претседател Доналд Трамп им рекол на членовите на неговиот кабинет и на други блиски соработници дека Илон Маск, шеф на Одделот за ефикасност на владата на Соединетите Американски Држави ДОГЕ (DOGE), наскоро ќе се повлече од позицијата, објави денеска американскиот портал Политико, повикувајќи се на три извори блиски до Трамп. Според Политико, Трамп и Маск неодамна се договориле милијардерот да се врати на своите приватни бизниси. Во моментов ниту Белата куќа, ниту Маск, не го потврдија пишувањето на порталот. ДОГЕ е основана со цел да се намали трошењето на владините агенции, како и да се распуштат оние чии улоги се покажаа како вишок. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Јавноста во дилема кому да верува – препукувања меѓу рудникот „Тораница“ и Општина Крива Паланка за загадувањето на Крива Река
Телма - пред 5 часа
Рудникот „Тораница“ контра тврдењата на општината. Неколку дена по обвинувањата на градоначалникот на Крива Паланка за излеани тешки метали во Крива Река, фирмата „Булмак“ демантира. Нивните лабораториски анализи не го утврдиле истото што и анализите на кои се повикува општината. Јавноста сега е во прашалници на чии резулатати да верува. Градоначалникот и денеска ги повтори тврдењата дека Крива Река е загадена со олово и цинк, а фирмата останува на тврдењата дека во инцидентот се излеала техничка вода која не е опасна. По Инцидентот во Крива Река, и еко-активистите со низа забелешки и прашања на адреса на државниот инспекторат за животна средина. Нотираат пропусти во инспекцискиот надзор. „Зошто не се земени примероци за анализа при инспекцискиот надзор кога е тоа законска обврска на инспекторите? – Зошто ДИЖС нема ни објавено оглас за јавна набавка на лабораториски услуги за испитување на вода, воздух, отпад и друго за 2025 година? – Зошто не е искористена Централната лабораторија на МЖСПП кога според јавно достапни информации веќе има 11 акредитирани методи за испитување квалитет на вода?“, прашуваат од „Зелен Хуман Град“. Јавното обвинителство презема дејствија во предистражана постапка со цел да се испита дали има евентуална кривична одговорност при загадувањето на Крива Река од рудникот „Тораница“ чиј концесионер е фирмата „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип. Директорот вели не бил повикан на разговор и смета дека градоначалникот е тој кој што треба да биде повикан. Симона Петровска © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Мицкоски и Филипче утре во 14 часот на средба во владата
Телма - пред 6 часа
Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче утре во 14 часот ќе имаат средба во Владата. „Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче“, посочуваат од Владата. Во изјава за медиумите во Штип, Мицкоски искажа подготвеност за средба со Филипче, кој денеска повика на политички и општествен дијалог. Филипче на прес-конференција рече дека по трагедијата во Кочани граѓаните реагираа со револт и бес, системот не функционира како што треба, а за тоа вина, како што посочи, имаат сите политички партии. Областите каде што треба системски пристап, според Филипче се – образование, здравство, правосудство, животна средина, партизација и политизација. Премиерот Мицкоски, пак, кажа дека ова е сериозна тема за која се разговара. „Доколку има план како што најавија, подготвен сум да го примам на средба пртседателот на СДСМ да го образложи планот, да го слушнеме планот бидејќи се сериозни времиња, јас сум сериозен човек, сериозни работи се во прашање и најмалку што треба да се прави е естрада на јавна сцена. Доколку навистина има план и желба да помогне стојам на располагање во секое време ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ на полноќ, после полноќ, кога ќе каже тогаш да го сослушам неговиот план и да видиме дали во тој план може нешто да се реши. Но, доколку планот опфаќа пристап „Стабри“, како што беше во минатото за време на короната, тогаш такви планови не можам да прифатам, изјави Мицкоски. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
(Видео) Не ја загадивме Крива Река – раководството на „Тораница“ контра градоначалникот на Крива Паланка
Телма - пред 7 часа
Раководството на рудникот „Тораница“, фирмата „Булмак 2016“, ги отфрла тврдењата на градоначалникот на Крива Паланка дека ја загадиле водата во Крива Река. Обвинувањата ги нарекоа шпекулации. Покажаа анализи кои, како што тврдат, покажуваат дека водата од рудникот не ја загадила Крива Река со тешки метали. Прес-конференцијата на компанијата во Крива паланка ја следеше колешката Симона Петровска. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Владата ќе купи 120 автобиси за јавниот превоз во Скопје и другите градови
Телма - пред 7 часа
Откако Советот на Град Скопје во неколку наврати не го гласаше прелогот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови автобуси за јавниот превоз во главниот град, владата го одврзува ќесето и реши да купи 120 автобуси од кои 40 ќе бидат за другите градови. Од владата, засега, не ги откриваат деталите од каде ќе бидат обезбедени средствата и кога ќе биде објавен тендерот за набавката на автобусите која ќе оди преку Министерството за транспорт и врски Владата ќе купува нови еколошки автобуси. На седница се одлучи набавката да биде спроведена од Министерството за транспорт и врски. Да се набават 120 автобуси, 80 за Скопје останатите за градовите каде има градски превоз. Со ова од владата очекуваат дека целосно ќе се замени возниот парк. Според соопштението, ќе се платат од касата на транспорт и врски. Но, од која ставка од нивниот буџет, кога би бил објавен тендер и за кои се други градови ќе се обезбедат одговори од таму на овие прашање до објавување на прилогот не добивме. Изминатиот период, конкретно за набавката на автобусите во Скопје, неколку пати беше доставен предлог до Советот на гардот, но не поминуваше. Сега на ваквата одлука од „Зелен Хуман Град“, граѓанската иницијатива со независна листа за советници во Град Скопје, велат дека е добро што набавката се спроведува од буџет и што нема да има задолжување, но од друга страна сметаат дека ова може да се искористи за собирање на политички поени. „Се согласуваме и го поддржуваме тоа што не се подига кредит и не се задолжува државата и парите за набавка се од јавен буџет. Но, она што сметаме дека е неисправно е тоа што се прави дури во април, иако тоа е четвртиот месец од новата година, а буџетот е донесен на крајот лани и се знаело дека има пари за набавка на автобуси цело време. Втората работа е што оваа одлука е донесена на овој начин и може да се искористи како причина за собирање на политички поени и гласови на следните локални избори“, вели Ивана Дракулевска, членка на „Зелен Хуман Град“. Инаку, ВМРО-ДПМНЕ во изборната кампања за градоначалник на Скопје во 2021 година преку нивната кандидатка, сегашната градоначалничка Данела Арсовска, вети набавка на околу 250 нови еко автобуси. Но, ова ветување по три години не се оствари. Па, потоа предлогот за нови автобуси во главниот град, Арсовска го доставила повеќе од 20 пати, но советниците не го гласале. Градоначалничката Арсовска лани во интервју за Телма рече и дека понудила советниците да одлучат самите од каде би биле парите за набавка, од каде да се донесат и целата набавка самите да ја креираат, а таа само да го стави потписот, но и тоа не поминало. Пред неколку месеци се случи и вистински хаос во градот Скопје, поради тоа што ЈСП остана без гориво. Ирена Чачкова © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Притворениот обезбедувач на Мицкоски имал две дисциплински во МВР- додека го штител премиерот, како синдикалец се среќавал со пратеници на власта
Телма - пред 8 часа
Пред да стане дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, притворениот обезбедувач Ангел Сарамаков имал неколку претставки за неговата работа како полицаец и инспектор, потврдија за Телма од министерството за внатрешни работи (МВР). „Во период од септември 2020 година до декември 2024 година, во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професиoнални стандарди при МВР се добиени четири претставки против лицето А.С. за кое што по извршени проверки е констатирано дека две се основани и од страна на Одделот се поднесени предлози за поведување постапка за утврдување одговорност за повреда на работниот ред и дисциплина“, информираат од МВР. Од МВР не откриваат како завршиле дисциплинските постапки, но Сарамаков бил избран да стане дел од 6-тата Управа во тимот за обебзедување на премиерот. Мицкоски денеска во Штип одговори дека најверојатно Сарамаков бил распореден да го вози и обезбедува во моментите кога станал премиер. И додека бил во обезбедувањето на премиерот, Сарамаков бил и синдикален лидер, па во Собранието се среќавал со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ лани во ноември. Од истрагата досега нема детали како се изнесени строго доверливите информации од полициската истражна документација и кој воопшто би платил 50.000 евра за да објавува такви информации на Фејсбук. Бидејќи е во 6-тата управа, Сарамаков не смее да има пристап до информации од отворени истраги и засега нема податоци дали некој му помагал или, пак, станува збор за информации кои тој ги зел од СВР Велес, каде бил инспектор со проблематично дисциплинско досие, пред да стане дел од 6-тата управа. Осомничениот е во притвор, а премиерот Мицкоски порача дека нема да се заштитува никој и нема како порано да не се гонат обезбедувачи на некогашните премиери кои, според него, вршеле матни работи за политичките шефови и биле јунаци, во наводници. Миомир Серафиновиќ © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Првиот лет од Париз за Скопје беше реализиран утринава
Телма - пред 8 часа
Авионот на „Изи Џет“ (ЕasyJet) од аеродромот „Орли“ во Париз слета претпладнево околу 8:35 часот на скопскиот аеродром, а првите 58 патници беа пречекани со симболични подароци од ТАВ, традиционален македонски ајвар и разгледници со фотографии од знаменитости на главниот град. Капетанот на авионот пресече и торта за добредојде. Неделно ќе има два лета на релација Скопје – Париз, секоја среда и сабота. Авиолинијата е дел од новите договори за поврзување на Скопје со повеќе европски престолнини. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Препукувања меѓу пратеникот Милошоски и министерот Филков – премиерот Мицкоски ги правда дека имале лош ден
Телма - пред 8 часа
Пратеникот Милошоски даде слаба оценка за министерот Филков, тој му возврати со обвинувања, а премиерот ги правда и смирува – имале лош ден. Пратеникот кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ цени дека министерот за правда не направил многу за реформирање на правосудството иако се заложил за тоа. Филков кој доаѓа од коалицискиот партнер во Владата, ЗНАМ, му возврати со обвинување дека одработува други агенди. – Ова е мој личен став, не значи дека е став на политичката партија или пратеничката група. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските што ги има преземено за реформите во правосудството. Тоа е мое мислење. Крајот на април ќе нѝ биде еден тест период со таа надзорна расправа, но се согласувам дека тука имаме навистина слаб придонес од негова страна, кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, во вчерашната Топ Тема. Министерот за правда, Игор Филков доцна вечерта се огласи на социјалните мрежи со објава во која директно го обвини Милошоски дека активно учествувал во креирање на „канцерогениот“ правосуден систем. Го праша – за кого одработува, сега откако се спаси од обвинение по измените на Кривичниот законик во 2023 година. – Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро го памети по аферите поврзани со АМСМ и семејните бизниси од Кичево, изгледа дека сè уште нема навика да одговара пред граѓаните кои го избрале. И, бидејќи изгледа како некој што работи по туѓи наредби, за кого одработува во моментов? Сега е добар момент да се потсети јавноста дека токму тој директно учествуваше во процесот на донесувањето на штетните измени на КЗ во 2023 година, со што се спаси од одговорност за кривичното дело „Моќник”, вели Игор Филков, министер за правда. Со препукувањето помеѓу двајцата функционери се отвори прашањето за односите внатре во владината коалиција. А, премиерот смирува – нема раздор. Острите тонови помеѓу Милошоски и Филков ги сведе на лични ставови. – Апсолутно можам да кажам дека владината коалиција е стабилна. Но, она што можев да го заклучам, а убеден сум дека сето ова ќе застане на овие два лични ставови е дека секој има право на лош ден. Така што, јас мислам дека тој лош ден и за едниот и за другиот заврши, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на РС. Македонија. Во однос на преписката, претседателот на СДСМ, Филипче кажа дека не сака да се меша во меѓукоалициските односи бидејќи не знае какви се односите помеѓу владините партнери. Но, цени дека е факт тоа дека земјата доцни со реформите во правосудството, со оглед на бројните закони кои треба да се донесат до јуни, а чијашто имплементација произлегува како обврска од Реформската агенда. Петар Догов © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Советот на јавни обвинители со 6:3 против предлогот за разрешување на Коцевски
Телма - пред 8 часа
Советот на јавните обвинители ќе ѝ испрати негативно мислење на Владата, која ја почна, па ја стави на пауза, постапката за разрешување на државниот обвинител Коцевски. Шесте членови на Советот кои не го подржаа предлогот за разрешување се претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, заменикот Башким Бесими, членовите Јелена Догазанска Колева, Зорица Павловиќ, Ермон Незири, избрани од обвинителите и Светлана Стојковиќ избрана од Собранието. Предлогот на Владата за разрешување на Коцевски го поддржаа Ардијан Демири и Кети Петкова, избрани од Собранието и Марјана Илиеска, избрана од обвинителите. Аргументите за позитивно и негативно мислење, јавноста не можеше да ги слушне, но од советот уверуваат дека записниците ќе бидат објавени во наредниот период. „Јавноста беше исклучена заради заштита на угледот и интегритетот на јавниот обвинител, како и заштита на податоците коишто беа содржани во доказите коишто јавниот обвинител ги достави заедно со произнесувањето по предлогот“, рече Душица Димитриеска, претседателка на Советот на јавни обвинители. Владата во февруари ја започна постапката за разрешување на Коцевски, а премиерот рече дека и со негативно мислење од Советот, процедурата ќе продолжи пред пратениците кои го имаат последниот збор за разрешувањето. Минатата недела Мицкоски најави дека постапката ќе запре поради истрагата за трагедијата во Кочани, но беше и дециден дека повлекување од постапката за разрешување не е трајно. Советот имаше законски рок да достави мислење, а од Владата објаснија дека откако ќе го добијат мислењето, предлогот за разрешување на обвинителот нема да го испратат до Собранието. Согласно законот за јавно обвинителство, на денешната седница не присуствуваше Коцевски кој е член во Советот по функција, но тој даде одговор на владиниот предлог за негово разрешување. Тој ги отфрли сите наводи и рече дека не сторил тешка дисциплинска повреда. Владиниот предлог за разрешување на Коцевски кој Телма го доби по слободен пристап до информации од јавен карактер е на три страници со обвинувања кои јавноста веќе можеше да ги слушне во изминатиот период од власта, но без детали. Сериозни проблеми со функционалноста, неефикасност во кривичното гонење, слаби резултати, нарушен угледот на обвинителството, се дел од забелешките во образложението. Како потврда за ваквите констатации, Владата се повикува на стручна и општа јавност и други релевантни меѓународни показатели меѓу кои Индексот на перцепција за корупцијата на „Транспаренси“. Според владата, државниот обвинител неовластено изнесувал податоци за предмети во јавноста со што ја повредил тајноста на постапките. Конкретно за кои предмети станува збор не пишува. За Владата, крупна професионална грешка на Коцевски е задолжително упатство од 31 јули лани, со кое, како што велат, ги пречекорил неговите надлежности. Посочуваат и дека лично придонел за сериозно нарушени меѓучовечки односи во обвинителството. „Генерирајќи конфликти меѓу самите обвинители на сите нивоа, преку намерни пропусти во своето работење ја направи целосно нефункционална институцијата Јавно обвинителство“, стои во предлогот на Владата. Елена Ивановска Мукоска © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Кешишев во страв – раскажа сè за убиствата, откако Палчо беше отстранет од судницата
Телма - пред 8 часа
Му слугувал на Палчо, се плашел од него, во телефон го меморирал како Царот. По отстранувањето на Палевски од судницата, Влатко Кешишев раскажа сè за грабнувањето и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Адвокатот на обвинетиот Влатко Кешишев, на денешното рочиште за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, рече дека неговиот клиент се плаши да сведочи пред Палчо. Откако Палевски беше отстранет од судницата, Кешишев раскажа како тој, заедно со Палчо, Велибор Манев и Боре Видевски ги грабнале и ги убиле Жежовски и Ѓорчевска. Според неговиот исказ, не бил директно вклучен и не сведочел на грабнувањата и убиствата, туку чекал во кола или чувал стража. Се разговарало само за киднапирања, а не и за убиства. Кога било грабнато девојчето, чекал во кола, а кога било убиено, чувал стража. Знаел дека се работи за грабнување заради изнуда на пари, но рече дека не знаел за кого се работи. Дознал од Фејсбук, откако се вратиле. Рече дека не го познавал таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е обвинет за помагање во киднапирањето. Кога девојчето било убиено во близина на селото Бразда, Кешишев чувал стража. Рече дека слушнал истрел, а потоа го викнале да помогне во закопувањето, но не го видел телото зашто веќе било делумно затрупано. „Не напаѓам никого, не се бранам, кажувам како беше. Стоеја и разговараа. После кога се завртев гледам дека почнаа да копаат. Последниот пат кога се свртев, Палчо во рака држеше пиштол. Тоа јасно се гледаше, бев далеку 20 метри. Се свртев да гледам кон патот да не наиде некој и слушнав истрел, пукање, ама некако тапо. На крајот ме викнаа да побрзаме за да се затрупа телото“, рече Кешишев пред судот. Палевски, кој е обвинет како организатор и директен извршител на убиствата, потоа ги исчистил лопатите и копачот со ВД-40 и ги фрлиле во грмушки. Претходно, Кешишев призна и дека учествувал во грабнувањето на велешанецот Панче Жежовски со чиј автомобил Цитроен подоцна била киднапирана Вања Ѓорчевска во Скопје. Чекал во кола додека останатите тројца обвинети го грабнале и го однеле кај дупката која две години претходно ја ископале тој и обвинетиот Велибор Манев. Кога ја копале дупката, мислел дека копаат злато. Не сведочел на убиството, за кое, како што рече, дознал подоцна истиот ден. Кешишев, кој според исказите, му слугувал на Љупчо Палевски Палчо во партијата Десна, претходно напиша изјава во која негира учество на Палевски во случајот, но после ја повлече и рече дека ја напишал под закана од Палевски во полициското комбе додека ги возеле од притвор во суд. Палчо во телефонот на Кешишев бил мемориран како Царот. „По навика му бев послушен. Палчо ми кажa да не зборам многу, да ќутам и да бидам настрана“, рече Кешишев пред судот. Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев се обвинети дека прво го грабнале, а потоа и го убиле Панче Жежовски од Велес, кого го закопале во претходно ископана дупка во велешко. Потоа го зеле неговиот автомобил Цитроен и пет дена подоцна со него ја киднапирале Вања Ѓорчевска од влезот во нејзината зграда во Скопје. Ја ставиле во вреќа за спиење во гепекот и ја однеле во скопското село Бразда, каде што уште истиот ден Палчо ја убил и ја закопале. Таткото на Вања Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето, со тоа што им дал информации на обвинетите кога девојчето ќе излезе од дома. Срѓан Стојанчов © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Тројца повредени во пожарот во Кочани се враќаат од лекување во странство
Телма - пред 9 часа
Се враќаат тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани. Двајца беа хоспитализирани во Грција и еден пациент во Шведска и според протоколите ќе бидат задржани под 24-часовен лекарски надзор. На лекување во странство остануваат 76 пациенти, од кои најмногу во Србија и во Бугарија, а најмалку во Италија и во Полска каде се хоспитализитани по еден пациент. Во болниците во Скопје има 18 пациенти. На Клиниката за пластична хирургија остануваат двајца пациенти, а во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“ шест пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани пет пациенти, од кои еден е планирано да биде пуштен на домашно лекување, на Клиниката за пулмологија двајца пациенти, а во приватната болница „Систина“ се хоспитализирани тројца пациенти. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Маркова Река се повлече, жителите пресметуваат штети
Телма - пред 9 часа
Уништени гаражи, подруми и ниви. Водата која се излеа од Маркова Река остави едно семејство со осум деца ноќта да ја помине надвор, откако реката го поткопала земјиштето под нивната куќа, која сега е навалена кон реката. Мајката низ солзи вели нема каде да одат. „Ние мислевме нема да биде ништо страшно. Во три часот заспавме со децата и одеднаш забележавме дека куќата ни е падната поради големата количина вода која дошла наваму. Цела ноќ спиевме надвор со децата. Нема каде да одиме сега“, сведочи жителка. Жителите сведочат и за стравот што го доживеале. „Водата дури сега се има целосно повлечено. Овде беше страшна поплава. Имаше велосипеди и дрва во дворот, но водата се ни однесе. Целиот двор ми беше поплавен“, раскажува граѓанин. Нивото на водата сега е стабилно, а службите ги проверуваат оштетувањата. По вчерашното излевање на Маркова Река, на терен моментално се врши експертиза на мостот кој е затворен за автомобили, сè додека не се утврди неговата стабилност. Според увидот, мостот е стар и оштетен, но конструкцијата е стабилна. Вчерашната поплава не го оштетила. „Направивме увид. Мостот не е во добра состојба, но тоа не е од сега. Тој е можеби таков 10 до 15 години наназад. Ние се спуштивме и под мостот и забележавме дека темелите не се оштетени и столбовите се стабилни, но има една пукнатина која треба да се санира, но сметам дека тоа не е од сега“, изјави Михаил Гаревски, директор на Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени. Градоначалникот на Студеничани вели дека службите веднаш реагирале. „Ангажиравме во почетокот приватни градежни фирми со механизација за да го стопираат прелевањето на Маркова Река. Меѓутоа водата, сепак, успеа да направи штета во неколку дворови и куќи“, објасни Азем Садики, градоначалник на Студеничани. Поради обилните врнежи од дожд, водата од Маркова Река вчера се излеа од коритото и поплави неколку места. Патиштата не беа проодни, автобуските линии беа пренасочени, а железница го прекина сообраќајот во правец Лисиче – Драчево. Тамара Марковска © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Ако сака Филипче, Мицкоски ќе го прими и на полноќ?!
Телма - пред 9 часа
Претседателот на СДСМ и премиерот прифаќаат разговор во четири очи за повеќе теми и системски слабости кои се покажаа со кочанската трагедија, се чека да се договори термин. Филипче, кој ја иницираше средбата, на премиерот ќе му ги образложи своите идеи за воспоставување на нова форма на политички и општествен дијалог и стратегија врз основа на која државата ќе функционира една или две децении. Во фокусот би биле образованието, здравството, правосудството, заштитата на животната средина и партизацијата во институциите, области во кои вели дека ниту една партија не ги исполнила очекувањата на граѓаните во изминатите 30-тина години. За Филипче ова е голем предизвик, затоа што такво нешто досега не функционирало во политичкиот систем на државата. Филипче повтори дека нема да бара парламентарна Анкетна комисија за случајот додека не заврши истрагата, иако стои на ставот дека се води селективно. Негира дека се откажал од оваа идеја по најавите дека, доколку се формира таква комисија, ќе се отворат и старите случаи за модуларната болница, Ласкарци и Беса транс. Претседателот на СДСМ останува на идејата и за заеднички кандидат со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кочани и тоа ќе биде исто така тема на нивниот разговор. Премиерот, пак, изјави дека е непристојно за сериозни теми да разговараат преку медиумите. Подготвен е да го прими Филипче во кое било време. Од епилогот на оваа средба ќе зависи дали понатаму во разговорите ќе се приклучат и лидерите на останатите партии во државата. Далиборка Демјанска Цветановска © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
ССМ со жолт картон – повисок минималец или штрајк и протести
Телма - пред 9 часа
Повисоки плати и минималец или штрајк и протести. ССМ ги повтори и ги испорача барањата и условите на денешниот протест или како што најавија јавна седница на раководството на Синдикатот која се одржа пред Собранието, Стопанската комора и Владата. Минимална плата од 500 евра и сите избрани функционери, над 1.000 на број заедно со раководството на ССМ на минималец во наредните 12 месеци и зголемување на платата на сите вработени во Македонија за 100 евра. Ова едногласно беше изгласано од ССМ, а потоа и побарано да го изгласаат пратениците во собранието. Зголемување на платите на сите работници во приватниот сектор за да се спречи нивниот егзодус е едно од барањата кои беа испорачани пред Стопанската Комора. Стандардот на граѓаните и работниците мора да биде подобар, порачаа синдикалците. Владата не смее да одлучува за работниците без да ги вклучи во процесот и доколку тоа не се смени, ССМ најави генерален штрајк и протест. Министерот за економија и труд, пак, вели дека секој има прво да излезе на улица, но Синдикатот може да поставува барања само на седниците на Економско-социјалниот совет чија работа во моментов е во прекин, бидејќи трае процесот на утврдување на репрезентативноста на ССМ, односно дали има 10 проценти активни членови од вкупниот број на работници во државата. На денешниот протест од ССМ побараа владеачката ВМРО-ДПМНЕ да запре со притисоците врз членството и раководството. Огнен Чанчаревиќ (живо) ССМ на протестен марш од Работничкиот дом до Владата © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Тројца мажи од кривопаланечко Луке осомничени за убиство на 84-годишен маж, кој бил пријавен за исчезнат
Телма - пред 9 часа
Тројца мажи од кривопаланечкото село Луке се осомничени за извршено убиство на 84-годишен маж, кој бил пријавен за исчезнат. Како што стои во полицискиот билтен, телото било пронајдено закопано во близина на неговата куќа. Се чека обдукцискиот наод за расчистување на случајот. „На 01.04.2025 во 18:25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода З.Ф. (24), С.Ф. (19) и С.Ф.(44) од село Луке, кривопаланечко. Тие се сомничат дека го убиле Љ.С. (84) од село Луке, кој на 29.03.2025 бил пријавен за исчезнат. Телото на Љ.С. било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово. По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, објави МВР. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Кешишев прозбори откако Палчо беше отстранет од судницата- во телефон го меморирал како „Царот“
Телма - пред 9 часа
Раскажа сè, само откако Палчо беше отстранет од судницата. Адвокатот на обвинетиот Влатко Кешишев на денешното рочиште за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, рече дека неговиот клиент се плаши да сведочи пред Палчо. Откако Палевски беше отстранет од судницата, Кешишев раскажа како тој, заедно со Палчо, Велибор Манев и Боре Видевски ги грабнале и ги убиле Жежовски и Ѓорчевска. Според неговиот исказ се разговарало само за киднапирања, а не и за убиства. Кога било грабнато девојчето чекал во кола, а кога било убиено чувал стража. Знаел дека се работи за грабнување заради изнуда на пари, но рече дека не знаел за кого се работи. Дознал од Фејсбук откако се вратиле. „Не напаѓам никого, не се бранам, кажувам како беше. Стоеја и разговараа. После кога се завртев гледам дека почнаа да копаат. Последниот пат кога се свртев, Палчо во рака држеше пиштол. Тоа јасно се гледаше, бев далеку 20 метри. Се свртев да гледам кон патот да не наиде некој и слушнав истрел, пукање, ама некако тапо. На крајот ме викнаа да побрзаме за да се затрупа телото, но не го видов беше покриено со земја“, рече Кешишев пред судот. Рече дека не го познавал таткото на Вања Александар Ѓорчевски, кој е обвинет за помагање во киднапирањето. Палевски, кој е обвинет како организатор и директен извршител на убиствата, потоа ги исчистил лопатите и копачот со ВД-40 и ги фрлиле во грмушки. Претходно Кешишев призна и дека учествувал во грабнувањето на велешанецот Панче Жежовски со чиј автомобил Цитроен подоцна била киднапирана Вања Ѓорчевска во Скопје. Чекал во кола додека останатите тројца обвинети го грабнале и го однеле кај дупката која две години претходно ја ископале тој и обвинетиот Велибор Манев. Кога ја копале дупката, мислел дека копаат злато. Не сведочел на убиството, за кое, како што рече, дознал подоцна истиот ден. Кешишев, кој според исказите, му слугувал на Љупчо Палевски Палчо во партијата Десна, претходно напиша изјава во која негира учество на Палевски во случајот, но после ја повлече и рече дека ја напишал под закана од Палевски во полициското комбе додека ги возеле од притвор во суд. Палчо во телефонот на Кешишев бил мемориран како Царот. Срѓан Стојанчов © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
ЗА ЗЛАТНИОТ ЛАВ – ИСТОРИЈА НА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО ВЕНЕЦИЈА – сабота, 05 април 2025 – 17:05
Телма - пред 10 часа
Најстариот филмски фестивал, роден во Венеција во 1932 година, а бидејќи сè во Венеција е попрефинето отколку на друго место, неговото име е Mostra Internazionale d’Arte Cinematografica. Да се каже „ла Мостра“ значи веднаш да бидеш пуштен во лагуната на крајот на летото, да пристигнеш на проекциите со „вапорето“ додека сонцето заоѓа зад куполите, тоа значи да вечераш шпагети со школки во мермерна палата додека разговараш за најважното нешто на светот: киното. Во осумдесет изданија, на ла Мостра гледавме филмови од најзначајните филмаџии. На црвениот тепих стапнаа ѕвезди од цел свет: италијански, се разбира, но и европски, азиски, американски… Киното, кое беше родено повеќе од триесет години порано и достигна зрелост, за прв пат во Венеција ја доживеа конкуренцијата меѓу филмовите за освојување награди. Фестивалот веднаш ги фасцинираше новинарите и критичарите, па оттогаш нетрпеливо ја чекаа церемонијата на доделување награди и со часови разговараа за пресудата на жирито. Кој режисер не сонувал да го освои Златниот лав? Тоа е најпосакуваната награда на фестивал кој е нераскинливо поврзан од своето основање со светски позната институција како што е Венециското биенале. Овој документарец не води на патување низ големата историја на Фестивалот, полна со архивски документи и необјавени сведоштва кои ги откриваат клучните моменти на фестивалот, големите кино скандали и она што ја прави Венеција единствена во панорамата на седмата уметност. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
СЛУЧАЕН ЗАЛОЖНИК – сабота, 05 април 2025 – 00:00
Телма - пред 10 часа
Во руралните североисточни држави, опасниот криминалец по име Еган Рејес зеде група очајни луѓе како заложници во една маалска продавница. Меѓу нив е Кајл Сноуден од Службата за заштита на деца и поранешен маринец кој има задача да се грижи за момчето имигрант, Мани, кое исто така се нашло во ризична ситуација. Во овие напнати околности се испреплетуваат судбините на многу луѓе. Очувот на Кајл кој е сопственик на продавницата – Сем Нелсон, менаџерот на продавницата Саншајн, нејзиниот љубовник Рејни и тинејџерскиот клептоман по име Мики, исто така, се борат да преживеат, паѓајќи под контрола на манијакот Еган. Како што се развива акцијата, се откриваат вознемирувачки детали за личните мотиви на криминалецот и насилната одмазда против очувот на Кајл. Внатрешните тензии и заканата од уништување ескалираат, а нашите херои се на работ на смртта. Улоги: Џон Малкович, Тајрис Гибсон, Кристофер Бакус, Холи Тејлор © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
НЕВЕРОЈАТНИОТ АЏИЛАК НА ХАРОЛД ФРАЈ – недела, 06 април 2025 – 22:15
Телма - пред 10 часа
„Неверојатниот аџилак на Харолд Фрај“ ја раскажува приказната за Харолд Фрај, пензионер кој живее во Англија. Еден ден, тој добива писмо од стара пријателка, Квин Хенеси, која е на смртна постела во старечки дом. Трогнат од нејзината ситуација и чувствувајќи жалење за нивното минато, Харолд решава да излезе од својот дом во Девон и да оди до старечкиот дом во Бервик со намера да ја види. Она што започнува како спонтан чин се претвора во длабоко патување на самооткривање. Додека оди, Харолд размислува за својот живот, неговите врски и изборите што ги направил. На патот, тој се среќава со различни луѓе кои придонесуваат за неговото разбирање за љубовта, загубата и откупувањето. Приказната ги истражува темите на пријателството, смртноста и исцелителната моќ на патувањата – и физички и емоционални, за влијанието на човечката поврзаност и начините на кои се соочуваме со нашето минато. Аџилакот на Харолд на крајот го трансформира не само неговиот живот, туку и животите на оние што ги среќава на патот. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
РИМИНИ – петок, 04 април 2025 – 22:15
Телма - пред 10 часа
Смртта на неговата мајка го враќа Ричи Браво од неговиот дом во Италија во неговата тинејџерска спална соба. Тој е некогашна успешна поп ѕвезда, а сега ја брка својата избледена слава во зимскиот Римини. Заробен меѓу трајно опиеност и концерти за автобуси со туристи, неговиот свет почнува да се урива кога неговата возрасна ќерка влегува во неговиот живот. Таа му бара пари што ги нема. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
ПРИКАЗНИ КОИ Е ПОДОБРО ДА СЕ ПРЕМОЛЧАТ – сабота, 05 април 2025 – 22:15
Телма - пред 10 часа
Оваа шпанска комедија во режија на Цеск Геј презентира пет меѓусебно поврзани приказни кои истражуваат теми како што тајните, социјалните предрасуди, неверството, љубомората и сложеноста на човечките односи, често одразувајќи ситуации кои луѓето би сакале да ги чуваат скриени.. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
ЌЕРКАТА НА ВОЛКОТ – недела, 06 април 2025 – 22:15
Телма - пред 10 часа
Клер Хамилтон, жена-командос, се враќа дома од својата должност по неодамнешната вест за смртта на нејзиниот татко каде што ќе влезе во расправија со нејзиниот 13-годишен син Чарли. Кога се рашири веста за големото наследство на Клер, Чарли е киднапиран и држен во заложништво. Побаран е откуп од локална банда трговци со луѓе предводена од личност позната само како „Татко“. „Таткото“ зема се што ќе посака од оние кои се послаби и им всадува искривено разбирање за честа и лојалност кон својата банда. Очајна да го спаси својот син, Клер го фаќа Ларсен, киднапер кој станал заложник, што единствено ги знае ужасите на „семејството“ на „Таткото“. Таа го принудува Ларсен да ја води на опасно патување длабоко во планините каде што се среќаваат со Хобс, злобен член на бандата на „Таткото“. Со приближувањето на зимската бура, шансите за преживување почнуваат да се зголемуваат против Клер. За да го спаси својот син, Клер мора да формира неверојатен сојуз со киднаперот и да ја преживее дивината на далечниот север. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Адвокатот на Кешишев побара Палевски да биде отстранет од судница
Телма - пред 11 часа
Адвокатот на обвинетиот Влатко Кешишев побара Љупчо Палевски Палчо да биде отстранет од судницата, зашто неговиот клиент се плаши од него да ја зборува вистината за грабнувањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. По отстранувањето на Палчо од судницата, Кешишев призна дека учествувал во грабнувањето на Жежовски. Не бил директно вклучен, туку чекал во кола додека останатите тројца обвинети го грабнале и го однеле кај дупката која две години претходно ја ископале тој и обвинетиот Велибор Манев. Кога ја ископале дупката, мислел дека копаат злато. Не сведочел на убиството, за кое, како што рече, дознал кога дошле од Велес во Скопје. Кешишев, кој според исказите, му слугувал на Палчо во партијата „Десна“, претходно напиша изјава во која негира учество на Палчо во случајот, но после ја повлече и рече дека ја напишал под закана од Палевски. Продолжува сведочењето на Кешишев за грабнувањето и убиството на девојчето Вања Ѓорчевска. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Црвена линија с5. е123 денеска во 16:15 (02 април ’25)
Телма - пред 11 часа
Денеска, не во 5 до 12, туку во 12:05, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) порача – веќе е доцна! Јавната седница ја започнаа пред Работничкиот дом, а пораката минимална плата од 500 евра беше искажана пред Собранието, Стопанската комора и на крај пред Владата. Пораката повеќе од јасна: Од воздух не се живее! Дали од ССМ бараат преку леб погача? Анкета: Дали би работеле за 500 евра минимална плата? Да/Не © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
(живо) ССМ на протестен марш од Работничкиот дом до Владата
Телма - пред 11 часа
Во 12 часот и пет минути Сојузот на синдикатите на Македонија го започна најавениот протест на кој излезе дел од членството за да го изрази своето незадоволство од ниските плати но и поради односот на Владата во пристапување на решавање на проблемот околу барањето за зголемување на минималецот, на 500 евра. Протестот кој почна пред пред Работничкиот дом предвидено е да заврши пред Владата. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вчера порача ддека владините политики се во погрешна насока и на штета на работниците. За Вестите на Телма во 12:30 се јави Огнен Чанчаревиќ. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Советот за јавни обвинители со негативно мислење за разрешувањето на Коцевски
Телма - пред 11 часа
Советот на Јавни обвинители даде негативно мислење за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Коцевски. Шестмина од членовите беа „против“ предлогот на владата за разрешување, а тројца се изјаснија позитивно за разрешувањето. Аргументите од дискусијата медиумите не можеа да ги слушнат затоа што беше исклучена јавноста со образложение дека ќе се дискутира и за дисциплински постапки но, и поради заштита на интегритетот на и угледот на државниот обвинител но, рекоа дека аргументите јавноста ќе може да ги прочита од записникот од седницата кој во наредниот период ќе биде усвоен и објавен. Тројцата членови кои го поддржаа предлогот на владата за разрешување на Коцевски се Ардијан Демири и Кети Петкова избрани од Собранието и Маријана Илиеска избрана од обвинителите. На седницата согласно законските одредби не присуствува државниот обвинител кој инаку е член на Советот на јавни обвинители по функција. Тој испратил писмен одговор на предлогот за разрешување на владата. Владата најави дека постапката за разрешување на Коцевски во секој случај ќе ја запре поради истрагата за трагедијата во Кочани за, како што рече, да можат обвинителите целосно да се посветат. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Ново судење за 27-ми април, адвокатот на обвинет Давидовски побараа изземање на судијата
Телма - пред 11 часа
Адвокатите на Дејан Давидовски Дешо, обвинет за упадот во Собранието на 27-ми април 2017-та, побараа изземање на судијата Илија Трпков поради пристрасност. Адвокатот Тони Менкиновски рече дека во изјавата на судијата кога ја донел ослободителната пресуда за организаторите на упадот во Собранието имал толкувања за настанот поради што не се очекува праведен процес. Покрај Менкиновски, адвокат на обвинетиот е и Ване Андреев долгодишен адвокат на екс премиерот Зоран Заев кој беше меѓу нападнатите на крвавиот четврток. Давидовски е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок. Избега од државата и беше во Шведска, а тамошниот Врховен суд не дозволи екстрадиција бидејќи станувало збор за политичко кривично дело. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Се стабилизира водостојот на Маркова Река- се е затворен патот кон селата Лисиче и Батинци
Телма - пред 11 часа
По бурната вечер ситуацијата утрово со нивото на водата во Маркова Река полека се стабилизира. Сепак голем број жители на Батинци, Студеничани, Горно Лисиче останаа во текот на ноќта будни да ја црпат водата која навлезе во нивните подруми. Поради обилните врнежи од дожд на територија на град Скопје и излевање на Маркова река, се уште е затворен за сообраќај во двете насоки локалниот пат с. Горно Лисиче – с. Долно Лисиче, како и влезот за с. Батинци во двете насоки. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот. Обилните врнежи од дожд го зголемија нивото на водата која во одредени точки, особено кај мостовите кои ги поврзуваат овие населби со централното градско подрачје се излеа од коритото. Локалните власти во текот на ноќта со механизација излегоа на интервенираат на терен за да ја вратат реката во коритото. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Вардар го доби најлесниот ривал во полуфиналето на Купот
Телма - пред 11 часа
Познати се полуфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија. Во оваа фаза од натпреварувањето се играат по два натпревари, за разлика од претходните рунди. Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со ждрепка беа одредени полуфиналните двојки во Купот. Најтрофејниот македонски клуб ќе ги одмери силите со Брера, додека далеку поинтересно се очекува да биде на пресметката моменталниот лидер на табелата во Првата лига, тимот на Шкендија и актуелниот шампион Струга. Првите натпревари се играат на 9 април, додека реваншите се закажани за 23-ти истиот месец. Интересно од сите учесници во полуфиналето само Струга го нема освоено пехарот во својата историја, а еднаш загуби во финале од Македонија Ѓорче Петров на пенали во 2023 година. Брера има еден трофеј од периодот кога клубот се викаше Академија Пандев и славеше во Купот во 2019 година, Шкендија има два пехари, а последен пат се радуваше во 2018 година, додека Вардар и натаму е најтрофеен со пет Куп титули, но последната ја освои во 2007 година. ФОТО: Игор Паневски © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Почнува ракометниот плеј-оф: Вардар против Алкалоид е првото дерби
Телма - пред 11 часа
Денеска почнува разврската за шампионската титула, но и за опстанокот во македонската ракометна елита. Вардар против Алкалоид е првото дерби во битката за шампионскиот наслов сезонава. Двата тима го почнуваат плеј-офот со по два бода, бидејќи по регуларниот дел од сезоната завршија на второто, односно третото место на табелата зад шампионот Еурофарм Пелистер, кој ја има пол-позицијата со три бодови. Секој натпревар помеѓу трите фаворити за титулата ќе биде важен, па така и овој во рамки на првото коло. РАКОМЕТ СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ (1.КОЛО) ДЕНЕСКА БУТЕЛ – ОХРИД (18 ЧАСОТ) ВАРДАР – АЛКАЛОИД (19 ЧАСОТ) УТРЕ ТИКВЕШ – Е. ПЕЛИСТЕР (19 ЧАСОТ) ПЛЕЈ-АУТ (1.КОЛО) ДЕНЕСКА Т. ПРОЛЕТ – СТРУГА (18 ЧАСОТ) КУМАНОВО – РАДОВИШ (19 ЧАСОТ) ПРИЛЕП – БИСИНОВ (19:30 ЧАСОТ) ФОТО: Игор Паневски © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Јокиќ одигра историски натпревар со 61 поен, но Вестбрук го чинеше Денвер победа (ВИДЕО)
Телма - пред 13 часа
Денвер и Минесота одиграа неверојатен натпревар утринава во НБА-лигата со две продолженија. Гостите славеа победа со 139-140 иако Никола Јокиќ имаше неверојатни 61 поен што е најдобар индивидуален ефект сезонава. Српскиот центар стана само третиот играч во историјата на НБА-лигата што стигнал до трипл-дабл со 60 поени, бидејќи имаше и по десет асистенции и скокови. Расел Вестбрук беше трагичар за Нагетс, бидејќи најпрво можеше да ја запечати победата во последните секунди, но не реализираше лесно положување. Потоа буквално во последната секунда од второто продолжение направи прекршок над Никеил Александер Вокер, кој доби три слободни фрлања. Погоди две и намерно го промаши последното за да истече времето за победа на Тимбервулвс. Утринава уште еден феноменален индивидуален настап имаше и Стеф Кари, кој постигна 52 поени од кои дури 12 тројки во гостинската победа на Голден Стејт од 125-134 кај Мемфис. Милвоки го победи Феникс со 133-123, а Јанис Адетокумбо имаше 37 поени за Бакс, додека кај Санс најмногу се истакна Девин Букер со 39 поени. НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ: Атланта – Портланд 113-127 Њујорк – Филаделфија 105-91 Чикаго – Торонто 137-118 Сан Антонио – Орландо 105-116 © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
На 65-годишна возраст почина актерот Вал Килмер
Телма - пред 13 часа
Актерот Вал Килмер, кој глумеше во некои од најголемите филмови од 1980-тите и 90-тите, вклучувајќи ги Top Gun и Batman Forever, почина на 65-годишна возраст. Тој исто така се појави во The Doors во 1991 година – играјќи го фронтменот на легендарниот бенд Џим Морисон. Килмер почина од пневмонија во вторникот во Лос Анџелес, изјави неговата ќерка Мерцедес за американските медиуми. Таа рече дека на нејзиниот татко му бил дијагностициран рак на грлото во 2014 година, но подоцна закрепнал. Операцијата на трахеотомија влијаеше на неговиот глас и ја скрати неговата актерска кариера, но тој се врати на екранот за да ја повтори улогата на борбен пилот Ајсмен заедно со Том Круз во „Топ ган: Маверик“ од 2022 година. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Променливо облачно со сончеви периоди – Временска прогноза за 3.4.2025
Телма - пред 14 часа
Во четврток ќе има послабо изразена нестабилност. Во поголем дел од Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 9°C, а максимумот од 13 до 20°C. Информација од утрово: Минимална температура (во °C) 0 Попова Шапка, 2 Лазарополе, 3 Маврови Анови, 4 Крушево, 5 Претор, Радовиш, 6 Тополчани, Пожаране, Охрид, 7 Прилеп, Битола, 8 Тетово, Крива Паланка, Штип, Струмица, Куманово, 9 Виница, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Демир Капија, 10 Скопје – Петровец, Велес, 11 Ѓевгелија. Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²) 36 Крушево, 32 Маврови Анови, 29 Попова Шапка, 21 Демир Капија, 14 Тетово, Пожаране, Гевгелија, Кавадарци, 13 Битола, Велес, 12 Пожар-Радовиш, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, 9 Прилеп, Штип, 6 Скопје-Зајчев Рид, Берово, Лазарополе, 5 Претор, Струмица, Куманово, 3 Виница, 2 Крива Паланка. Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.. Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C) Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 15.5. Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР! e-mail: [email protected] https://www.instagram.com/telmameteo/ © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Во Мјанмар прогласена седумдневна жалост за жртвите во земјотресот
Телма - пред 16 часа
Во Мјанмар е прогласена седумдневна жалост по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата минатата недела. Според најновите податоци, бројот на загинати се очекува да се искачи на повеќе од 3.000. Земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтерова скала ја погоди земјата во петокот, оставувајќи големи разрушувања во Мандалај, Најпџитава и други региони. Хуманитарните групи предупредуваат на сериозен недостиг на чиста вода, храна и медицински помош. Во најтешко погодените области, спасувачите успеаја да извлечат неколку преживеани, но шансите за пронаоѓање на други преживеани се намалуваат. Противпожарната служба во Мјанмар соопшти дека во Мандалај биле спасени 403 лица, но бројот на мртви постојано расте. Земјотресот предизвика и штети во соседен Тајланд, каде што загинаа 20 лица, а многу работници беа затрупани на градилиште. Меѓународни спасувачки тимови од различни земји, вклучувајќи ги Русија, Кина и Индија, активно учествуваат во спасувачките напори. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Напладне протест на синдикалците поради несогласувањата со Владата за минималецот
Телма - пред 16 часа
Денеска точно на пладне во 12 часот и пет минути Сојузот на синдикатите на Македонија ќе започне протест на кој ќе излезе членството за да го изрази своето незадоволство од ниските плати но и поради односот на Владата во пристапување на решавање на проблемот околу зголемување на минималецот, барајќи 500 евра минимална плата. Протестот предвидено е да почне пред Работничкиот дом по што присутните ќе се упатат пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов вчера рече дека владините политики се во погрешна насока и на штета на работниците. Опозициската СДСМ ги поддржа барањата за зголемување на минималната плата, истакнувајќи дека потрошувачката кошница е значително зголемена, а две минимални плати не се доволни за покривање на основните трошоци. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, продолжија со критики кон ССМ, обвинувајќи ги синдикалните лидери дека тие не се грижат за работниците туку за своите високи примања, и ја оспоруваат потребата за зголемување на минималната плата. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
СЈО денеска треба да се произнесе по предлогот на Владата за разрешување на Коцевски
Телма - пред 16 часа
Советот на јавни обвинители денеска треба да го разгледа предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Оваа седница веќе два пати беше одложена: првично поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани, а потоа поради недостиг на кворум. Владата на 26 март објави дека ќе ја прекине постапката за разрешување ако Советот на ЈО даде мислење, а истото нема да биде проследено до Собранието. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека постапката ќе биде запрена за време на чувствителната ситуација во општеството и поради тековниот случај во Кочани. Владата ја започна постапката за разрешување на Коцевски поради сомневања за неговата непристрасност во одредени предмети, но Коцевски ги демантира овие тврдења, нагласувајќи дека постапувал во согласност со законот. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Изгласани измените за забрана за употреба на пиротехника во затворен простор
Телма - пред 16 часа
Собранието доцна синоќа донесе девет закони по скратена постапка. Меѓу нив и измените со кои се воведува забрана за употреба на пиротехника во затворен простор, како одговор на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 59 лица. Со измените се предвидува зголемување на прекршочните глоби, а повторен прекршок носи и притвор. Полицијата ќе има зголемени надлежности за превенција на нарушувања на јавниот ред. Донесени се и други измени, вклучително во законите за образованието, субвенциониран студентски оброк и безбедност и здравје при работа. Не беа прифатени амандманите за зголемување на субвенцијата за студентски оброк, а дел од пратениците ги критикуваа и промени во Законот за основно образование. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Со сведочење на Кешишев продолжува судењето во случајот со убиствата на Вања и Панче
Телма - пред 16 часа
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во Основниот кривичен суд Скопје, каде ќе сведочи обвинетиот Влатко Кешишев. На минатото рочиште, обвинетиот Боре Видевски ги негираше обвиненијата и изјави дека нема никаква поврзаност со грозоморните убиства. Претходно, обвинетиот Велибор Манев детално ги опишал грабнувањата на Вања и Панче и посочи дека координатор и извршител на убиствата бил Љупчо Палевски. Манев изјавил дека грабнувањето на Вања го извршил под закани од Палевски, како и дека за тоа им биле ветени 150.000 евра. Во обвинението се наведува дека групата, меѓу која се и обвинетите, испланирала да ја грабне Вања со цел да присили член на нејзиното семејство да плати откуп. Се тврди дека грабнувањето на Панче било за да се одземе неговото возило кое пак ќе се користи за грабнувањето на Вања. Вања и Панче беа пријавени за исчезнати во ноември 2023 година, а на 3 декември беа пронајдени мртви. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Обилните дождови ја излеаja Маркова Река
Телма - пред 16 часа
Водата во Маркова Река достигна критично ниво и на неколку места на територијата кај Батинци се излеjа од коритото. Полицијата синоќа ги блокира патиштата кон скопските населби Драчево и Долно Лисиче. Критична беше состојбата кај мостовите кои што ги поврзуваат овие места со Скопје, па пристапот до овие населени места, како и до Студеничани, Батинци, Зелениково и останатите во тој регион беше можен само преку Јурумлери. Нема опасност за жителите од излевањето на Маркова река, а водостојот е вратен во коритото. Ова го соопшти дирекцијата за Заштита и спасување, од каде велат дека има материјална штета врз жители на Батинци. Водата од Маркова Река во Батинци, поплави улици и подруми. Синоќа на терен излезе и Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Тој информираше дека „механизацијата е на терен и нема опасност по населението, како и дека напорно се работи на враќање на реката во своето корито“. До ЦУК пристигнале пријави за поплавени објекти на единствениот број 112. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Кусурот на Груевски кој преклани се спаси од обвинението за Моќник со измените на Кривичниот законик-Министерот Филков за Антонио Милошоски по критиките во ТОП Тема
Телма - пред 17 часа
Министерот за правда Игор Филков му врати на коалицискиот партнер, пратеникот Антонио Милошоски кој во ТОП Тема на Телма кажа дека Филков има слаби перформанси во областа. Филков го обвини Милошоски за учество во повеќе лоши правосудни реформи од 2011-та наваму и го прашува за кого сега одработува откако лично се спаси од обвинение. Еве ја неговата реакција објавена на ФБ: РЕАКЦИЈА НА НАВОДИТЕ ИЗНЕСЕНИ ВО „ТОП ТЕМА“ НА ТЕЛМА Кусурот на Груевски, познат под прекарот „Џуџето од Небрегово“, а јавноста добро го памети по аферите поврзани со АМСМ и семејните бизниси од Кичево, изгледа дека сè уште нема навика да одговара пред граѓаните кои го избрале. Бидејќи очигледно е неинформиран и изолиран од партијата, го упатувам во неговата матична партија или пак во Владата – можеби конечно ќе го известат за постапките, роковите и статусот на законите! И, бидејќи изгледа како некој што работи по туѓи наредби, за кого одработува во моментов? Дали се тоа интересите на граѓаните или некои други агенди? Во минатото е познат по Ванчо Михајлистички ставови, многу лаги и невистини. Ова е лош де-фокус на македонската јавност по двонеделниот „одмор“! Да го потсетам дека во парламентот е од 2011 година, откако се повлече од функцијата министер за надворешни работи и активно учествуваше во креирање на „канцерогениот“ правосуден систем. Сега е добар момент да се потсети јавноста дека токму тој директно учествуваше во процесот на донесувањето на штетните измени на КЗ во 2023 година, со што се спаси од одговорност за кривичното дело „Моќник”. Се обраќам и до пошироката македонска јавност која има право да биде информирана околу споменатите закони, но не само за нив, туку уште десетици што се во процедура како: 1. Закон за спречување на корупција и судир на интереси (подготвен и објавен на ЕНЕР) 2. Предлог закон Закон за судска служба – подготвен и објавен на ЕНЕР. 3. Предлог закон за платите на јавните обвинители (МП го достави предлог законот до Влада во септември 2024 година, но тој беше одложен поради немање финансиска согласност од ресорното министерство. Законот ќе се реактивира, обезбедени се финасиски средства во 2025 година за негова имплементација.) 4. Закон за јавно обвинителство (подготвен е и ќе се објави на ЕНЕР). Според реформската агенда овој закон заедно со законот за Совет на јавни обвинители треба да се бидат донесени најдоцна до декември 2025 година. 5. Закон за Судски совет (треба да се донесе до јуни 2025, моментално е во завршна фаза, по преводот и ќе се испрати на мислење на Венецијанска комисија и Европска комисија) 6. Измени на Изборен законик (формирарана е работна група, рокот за носење е јуни 2025) 7. Предлог закон за платите на судиите (Според реформската агенда законот треба да се донесе до јуни 2025, работна група работи но потсетуваме дека пратениците по скратена постапка извршија намалување на коефициентите за пресметување на платите на судиите во декември 2024 година) 8. Предлог закон за кривична постапка (подготвен, одржани се јавни расправи, даден на превод, рок: декември 2025 9. Закон за државно правобранителство (формирана работна група, рок за носење е септември 2025) 10. Предлог закон за судовите (формирана е работна група, се работи на законското решение) 11. Предлог закон за судски буџет (формирана е работна група, се работи на законското решение) 12. Предлог закон за Совет на јавни обвинители (формирана е работна група, треба да се донесе декември 2025) 13. Предлог закон за јавнообвинителска служба (формирана е работна група, се работи на законското решение) 14.Предлог закон за платите на јавните обвинители (формирана е работна група, се работи на законското решение) 15.Нов Кривичен законик (подготвен, преведен на англиски јазик, рок за носење декември 2025) 16. Закон за управување со движење на предметите во судовите (во 2024 година поведена е уставна иницијатива со која се бара делот објавување на правосилни одлуки да се преиспита од страна на Уставниот суд. Доколку со одлука на Уставниот суд се укине одредбата во делот правосилни, ќе се преоцени потребата од измeни на законското решение) Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски со критики за министерот за правда кој доаѓа од ЗНАМ- Филков има слаби перформанси © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Се излеа Маркова река кај селото Батинци
Телма - пред 1 ден
Неизвесна е ситуацијата во селото Батинци, во оптшина Студеничани откако вечерва Маркова Река и околните водотеци го наполнија речното корито и водата почна да се излева кон околните куќи. Од снимките се гледа дека водата го преплавува коритотото и на неколку места истекува по улиците. На критичните точки се прават насипи, ангажирани е маханзиација од страна на општина Студеничани, информирани се ЦУК и ДЗС, но локалните власти во изјава за Телма велат дека врнежите нема да прекинат во текот на ноќта, и ги известиле и сите надлежни инистуциии дека ситуацијата може да ескалира. Проценките се прават од минута во минута, а жителите истовремено се обидуваат да спасат што може да се спаси од своите подруми и дворови. Неколку куќи кои се во близина на речното корито веќе се поплавени. Дополнителен проблем за надлежните е мостот пред влезот на Драчево кој не може да го собере целиот проток на вода, бидејќи шутот и граѓата го затвора протокот на вода под мостот. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски со критики за министерот за правда кој доаѓа од ЗНАМ- Филков има слаби перформанси
Телма - пред 1 ден
Министерот за правда Игор Филков има слаби перформанси и слаб придонес во областа, оцени во ТОП Тема на Телма, Антонио Милошоски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и потпретседатеч на Собранието. Филков е министер од редовите на ЗНАМ, најмалиот коалиционен партнер во владата предводена пд ВМРО-ДПМНЕ. -Ова е мој личен став. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството“, рече Милошоски, во ТОП ТЕМА на Телма вечерва. Пратеникот додаде дека во област и ресорот правда „има навистина слаб придонес од страна на Филков”. Ова е првпат, претставник на ВМРО-ДПМНЕ да упати критики за министер на ЗНАМ на јавна сцена како лично мислење. ЗНАМ на Максим Димитриевски има двајца министри во владата на премиерот Мицкоски. Претходните денови, министерот за здравство Арбен Таравари ги потврди шпекулациите за размислувања во Вреди за престројување пред локалните избори во коалицијата составена пд 4 партии кои се дел од владата. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Се излеа Маркова река кај селото Студеничани
Телма - пред 1 ден
Неизвесна е ситуацијата во селото Батинци, во оптшина Студеничани откако вечерва Маркова Река и околните водотеци го наполнија речното корито и водата почна да се излева кон околните куќи. Од снимките се гледа дека водата го преплавува коритотото и на неколку места истекува по улиците. На критичните точки се прават насипи, ангажирани е маханзиација од страна на општина Студеничани, информирани се ЦУК и ДЗС, но локалните власти во изјава за Телма велат дека врнежите нема да прекинат во текот на ноќта, и ги известиле и сите надлежни инистуциии дека ситуацијата може да ескалира. Проценките се прават од минута во минута, а жителите истовремено се обидуваат да спасат што може да се спаси од своите подруми и дворови. Неколку куќи кои се во близина на речното корито веќе се поплавени. Дополнителен проблем за надлежните е мостот пред влезот на Драчево кој не може да го собере целиот проток на вода, бидејќи шутот и граѓата го затвора протокот на вода под мостот. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Топ Тема – Жалеа со неработење, од денеска закони на брза лента 01.04.2025
Телма - пред 1 ден
Дали пратениците потфрлија со своите обврски кон граѓаните во најголемата трагедија? Ад-хок законски измени или темелни реформи: Како да не се повтори 16 Март? Станува ли Собранието извршен орган на Владата? На збор – правда, на дело реформските закони – заборавени. Во Топ Тема, вечерва, дебата со пратениците: Антонио Милошоски – ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари – ДУИ и Бисера Костадиновска – Стојчевска – СДСМ и Миле Цеков – ЗНАМ. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Пратениците согласни во Топ Тема: Оправдан е револтот на граѓаните
Телма - пред 1 ден
Жалеа со неработење – од денеска закони на брза лента. Дали пратениците потфрлија со своите обврски кон граѓаните во најголемата трагедија и како да не се повтори 16 март? Прашани, претставниците од повеќето партии во Собранието велат, оправдан е ревотлот на граѓаните околу постапувањето во овој период. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Димитрија Доксевски нов директор на ИФФК „Браќа Манаки“
Телма - пред 1 ден
Актерот Димитрија Доксевски на свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) е избран за нов директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Според статутот на ДФРМ, мандатот на Доксевски важи за следните две изданија на фестивалот. Доксевски ја презентираше Предлог-програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера, соопшти ДФРМ. Доксевски е македонски филмски и театарски актер, сценарист и продуцент, роден на 28 јули 1983 година во Скопје. Дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 2006 година во класата на проф. Кирил Ристоски, а во 2014 година магистрирал режија на истиот Факултет во класата на проф. Слободан Унковски. Професионалната кариера ја почнал во Македонскиот народен театар во 2006 година каде останува до 2011 година. Продолжил кратко да работи во Кумановскиот театар во периодот од 2011 до 2013, по што во 2014 година се приклучил на ансамблот на Драмски театар Скопје и до денес е активен член на тој театар. Покрај настапите на матичната сцена, Доксевски има учествувано и во претстави на други театарски сцени низ државава, како и во филмски и телевизиски проекти во и надвор од земјава. Учествувал во организирање и продуцирање на повеќе театарски претстави, организирање на повеќе од 20 музички настани со артисти од светот, продуцирање и организација на две големи музички (open air) фестивали со повеќе од 20 интернационални изведувачи, како и продуцирање и реализација на кратки филмови, играни видеа за деца и театарски претстави. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Пензионерите од денеска со зголемени пензии за 2.500 денари
Телма - пред 1 ден
Над 340.000 пензионери во државава од денеска ќе добиваат повисока пензија за 2.500 денари. Со линеарното покачување на пензиите во месец септември и мартовската пензија во месец април, пензионерите добиваат за 5.000 денари повисоки пензии за само девет месеци мандат од оваа Влада, информираат од Министерство за социјална политика, демографија и млади. Покачувањето на пензиите, велат, било едно од предизборните ветувања на оваа Влада, која веднаш, на првата владина седница, започнала со постапката за нејзино реализирање. „Како Влада и ресорно Министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани. Продолжуваме и понатаму со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите“, се вели во денешното соопштение од Министерство за социјална политика, демографија и млади. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Ќе се набавуваат 120 еколошки автобуси, 80 за Скопје
Телма - пред 1 ден
Владата денеска на седница усвоила Информација за набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа. „Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз. Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа“, информира владината прес-служба. Набавката на еколошките автобуси за јавен превоз, додаваат од Владата, ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Земале патни трошоци и за денови кога не патувале до работа – кривична за 10 полициски службеници
Телма - пред 1 ден
Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против 10 полициски службеници од Единицата за брзо распоредување. Службениците се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, со што го оштетиле буџетот на МВР за 1.098.120 милиони денари. Тие примале парични средства за патни трошоци за денови кога не патувале до работното место во Скопје. Против нив ќе биде поднесен и предлог за дисциплинска постапка. Како што стои во соопштениот од МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано оддделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против полициските службеници К.Ѓ., Г.Д., Н.С., И.Г., Д.Д., Д.Д., Н.М., С.С., З.Т. и Д.Т., сите вработени во Единицата за брзо распоредување, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по член 353 од Кривичниот законик. „Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, искористувајќи го стекнатото право за надомест на патни трошоци, поради тоа што по лична карта се воделе со место на живеење надвор од Скопје, ја злоупотребиле службената положба на начин што примале парични средства од Министерството за внатрешни работи за денови во кои не патувале од своето место на живеење до работното место во Скопје и обратно, со што во периодот 01.12.2023 до 17.09.2024 го оштетиле буџетот на Министерството за внатрешни работи во вкупен износ од 1.098.120 денари“, стои во соопштението од МВР. Дополнуваат дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за пријавените полициски службеници ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
СДСМ со сомнеж за корупција во министерството за дигитална трансформација
Телма - пред 1 ден
По тендерот добиен од сопругот на државната секретарка Клинчарова, сега јавноста дозна за нов тендер вреден 600.000 денари, кој по информации од „свиркачи“ се сомневаме дека бил доделен на фирма поврзана со родителите на вработен во ИТ секторот, обвини опозцииската СДСМ со сомнеж за корупција во министерството за дигитална трансформација со кое раководи Стефан Андоновски. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Бензините поскапуваат за денар и половина, дизелот за денар – нови цени на горивата од полноќ
Телма - пред 1 ден
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84 отсто во споредба со претходната одлука. Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 76,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 79 денари, Еуродизел за 69 денари, колку што ќе чини и литар Екстра лесно масло за горење. Со одлуката на РКЕ за 0,95 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 и ќе изнесува 41,705 денари. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,381 отсто, кај дизелот за 1,884, кај екстра лесното масло за 1,987 и кај мазутот за околу 2,396 отсто. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Пратениците едногласни за итна забрана на пиротехнички средства
Телма - пред 1 ден
Пратениците едногласни дека е потребна итна забрана на употреба на пиротехнички средства во затворени простории и присуство на малолетници во кафулиња и дискотеки по полноќ. Со измените на Законот за јавен ред и мир, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, се предвидува и зголемување на казните од 200 до 250 евра за физички лица, како и од 500 до 10.000 евра за правните лица, микротрговците, малите, средни и големи трговци. Истата казна е предвидена и за правни лица за неовластено пукање од огнено оружје, употреба на пиротехнички средства или сличен експлозивен и лесно запалив материјал, неовластени огномети, факелијади и слично на јавни места. Пратениците денеска седнаа во пратеничките клупи по двонеделна пауза, откако со консензус се договорија да немаат седници поради трагедијата во кочанската дискотека. Реакциите на јавноста дека биле на пролетен одмор, за нив се неоправдани. Во набиената агенда денеска, мнозинството ги стави вон сила измените на Законот за пензиско и инвалидското осигурување со кои пензиите требаше да се зголемуваат со фиксен износ. Од септември годинава се враќа старата методологија на пресметување на порастот според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50%. Не беа изгласани ниту предлозите на Левица, породилното да се зголеми на 18 месеци, а платата да се добива најдоцна до 5 во месецот. Поддршка не доби ниту предлогот на пратеничката Моника Зајкова, со измени на законот за спречување на семејно насилство, покрај забраната за приближување, да се воведе и електронска нараквица за сторителите на семејно насилство, што ќе ја предупредува жртвата дека сторителот се приближува. Далиборка Демјанска Цветановска © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Третина од ѓубрето во оваа земја се расфрла насекаде – забелешка на европски претставници
Телма - пред 1 ден
Одлагаме смет на ѓубришта кои ја загадуваат животната средина. Со години и децении зборуваме за стандардни депонии, но поради недоверба и недоволна информиранoст на населението, овие проекти тешко се реализираат, вели Стевче Стеваноски, градоначалник на Општина Новаци каде треба да се изгради современ центар во кој отпад ќе одлагаат 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион. Уверен е дека доколку граѓаните ги имаат сите информации, ќе со согласат за реализација на проектот. „За брзо време ќе тргнеме во офанзива со експерти кои што на директен начин на граѓаните ова решение кое ќе значи бенефит за целиот регион“, вели Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци. Дека состојбата со одлагање на отпадот во државата е исклучително лоша, забележуваат и европските претставници и укажуваат на потребата од изградба на современ систем за управување со отпад. „И покрај напорите од наша страна и од страна на другите партнери, видовме многу мало придвижување последниве години. Отпадот во оваа земја, се одлага не само на депониите на организиран начин, туку 30 проценти се расфрла насекаде“, рече Штефан Худолин од Делегацијата на ЕУ во Македонија. Од Министерството за животна средина велат дека имаме добра регулатива, но доцниме со имплементација на законите. За проектот кој предвидува изградба на современи регионални депонии обезбедени се средства од европските фондови и заем од ЕБОР. „Ни претстои да почнеме да го воспоставуваме тој систем, да ги воспоставиме структурите на терен кои ќе оперираат во иднина со регионалниот систем за управување со отпад“, рече Ана Каранфилова Мазневска, раководител на Секторот за управување со отпад во МЖСПП. Дел од битолчани се против изградба на Регионална депонија во Пелагонија и секоја среда протестираат со барање за промена на локацијата. Партнерската конференција на која се дебатираше за итноста од подобрување на системот за управување со отпад во Македонија, се одржа денеска во Скопје, еден ден пред третиот протест закажан за утре во Битола. Емилија Мисирлиевски © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Предистражна постапка за евентулана кривична одговорност за случајот „Тораница“
Телма - пред 1 ден
ЈО презема дејствија во предистражана постапка со цел да се испита дали има евентуална кривична одоговорност при загадувањето на Крива река од рудникот Тораница чиј концесионер е фирмата Булмак 2016 ДООЕЛ Пробиштип.. Обвинителите од Основното Јавно Обвинителство Куманово имале средба со државните инспректори кои постапувале по пријавата за истекување во Тораница, и за нивните активности на лице место, по што обвинителството ќе продолжи да презема дејствија и ќе издаде наредби за вештачење и анализа на земените примероци од водата .Од исходот на преземените мерки ќе зависи натамошниот тек на истрагата велат од ОЈО. Иако градоначалникот на Крива Паланка најави дека ќе бара кривична одговорност, од обвинителството велат дека до овој момент нема поднесено кривична пријава, а доколку во меѓувреме тоа се случи, ќе биде додадена во предметот. Покрај обвинувања за Булмак, обвинувања од градоначалникот и еколошките здруженија стигаа и на адреса на инспекторите кои излегле на терен, а според тврдењата не постапиле соодветно. Иницијативата о2 ја обвини директорката на државниот инспекторат Ивана Гиновска за лажни вести во јавноста дека на 14-ти март се излеала само вода од таложникот за јамски води без да изврши анализа, но таа ги отфрла обвинувањата и вели дека во соопштението стои дека е пукнат цевковод за технолошка вода и дека тој цевковод ги зафаќа јамските води, како и дека истиот ден дала вонреден налог и инспектори веднаш излегле на терен, а случајот не го криеле.. Во истото решение е наведено дека за овој инцидент а согласно условите утрврдени во А-интегрираната еколошка дозвола субјектот бил должен да состави записник во кој треба да ги вклучи деталите за природата, обемот и влијанието на инцидентот со кој ќе се минимизира ефектот врз животната средина и да се избегне повторно случување на истото, одговорните лица изјавија дека не е составен записник од инцидентот и нема соодветна документација Градоначалникот Сашко Митовски твредеше дека Крива река е загадена со олово и цијанид, по хаваријата во рудникот Тораница на 14-ти март откако пукнала цевка и рече дека ќе бара кривична одговорност од одговорните. Концесионерот на Тораница, фирмата Булмак 2016 ДООЕЛ-Пробиштип, пред четири години има платено 90 000 евра казна, а исто толку и пред три години, а сега за прекршочна одговорност може да добие парична казна во висина од 180 до 200 000 евра. Од Рудникот пак одговори најавија во текот на утрешниот ден. Симона Петровска © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Немаат откуп на ланската арпа, дождот ги спречува да ораат за сеидба – оризопроизводителите на мака
Телма - пред 1 ден
Кочанските оризопроизводители на мака. Oсвен што немаат откуп на оризовата арпа од ланската реколта, поради дождот не можат да влезат и во нивите да почнат со орање. Тони Максимов од Националната мрежа на земјоделци вели дека, доколку продолжат обилните врнежи од дожд, ќе доцни сеидбата на оризот, со што и годинава ќе се соочат со ниски приноси. Според оризопроизводителите, во амбарите имаат околу 10.000 тони или половина од ланската реколта. Не е почнат и откупот за стоковите резерви, а како што велат откупувачите, оризовата арпа ја откупуваат селективно. Во моментов оризовата арпа се откупува по цена од 22 до 25 денари за килограм. Оризопроизводителите бараат субвенциите од шест денари да се продолжат до крајот на август. Во моментов не се знае колкава ќе биде површината засеана под ориз, бидејќи изминатите месеци немаше доволно врнежи од дожд, за да се наполни акумулацијата Калиманци. Но, деновиве врнежите од дожд почнаа да ја полнат оваа акумулација од која се наведнуваат нивите од виничко и кочанско до Овчеполе. Викторија Јованова © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
За 50.000 евра продавал полициски тајни за да се објавуваат на социјални мрежи – притвор за бодигард на Мицкоски
Телма - пред 1 ден
Обезбедувачот на Мицкоски барал 50.000 евра за тајни документи Припадникот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски е во притвор, а обвинителството објави дека барал 50.000 евра за да открие полициски службени тајни од истрага на цивилно лице. Припадникот на 6-тата управа и на обезбедувањето на премиерот Ангел Сарамаков бил во автомобил во Велес со друго лице на кое му покажувал тајни полициски информации. Вториот сега во обвинителството има статус на неповикано лице- сведок. „Осомничениот…… му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите“, соопштија од Основното јавно обвинителство за Гонење на организиран криминал и корупција. За делото за кое е осомничен Сарамаков, предвидена е минимална затворска казна е една година, а нема предвиден максимум и може да се движи до 20 години затвор. Од Обвинителството напоменуваат дека информациите кои ги споделувал и продавал не се поврзани со припадници на кланот Грчец, како што се шпекулираше. Никој досега не открива за какви информации станува збор и кој требало да профитира од нивно објавување како закани, уцени и омаловажувања на социјалните мрежи. Нема ниту информација кој му ги дал службените полициски тајни на самостојниот инспектор Сараманов за да распродава. Како вработен во обезбедување и во таканаречената 6-та Управа, притворениот немал овластувања за пристап до оперативни информации за истраги што значи дека некој друг му овозможил да дојде до нив и да ги изнесе од полиција. Истрагата продолжува, додека Сараманов е во притвор. Од СДСМ обвинија дека обезбедувањето на премиерот Мицкоски е полно со криминалци, а од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека бодигардите на функционерите сега се апсат за кривични дела. Пред да стане дел од обезбедувањето на премиерот- притворениот бил дел од други полициски служби, но и активен член на најмалиот полициски синдикат-Синдикатот на полицијата. Пред две години на први мај Сараманов бил дел од протестите и позира со транспарент – „Без задоволен полицаец, нема задоволна полиција“. Миомир Серафиновиќ © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Обвинителскиот тим врши распити за трагедијата во Кочани
Телма - пред 1 ден
Распити на вработени во институциите кои имале надлежност во работата на дискотеката „Пулс“ се дел од активности на тимот обвинители формиран да ја истражува трагедијата во Кочани во која животот го загубија 59 млади луѓе, а над 190 беа повредени. За кои институции станува збор и дали и кога би имало евентуално проширување на истрагата и во други насоки засега не откриваат. „Јавните обвинители од тимот кој ја води предистражната постапка континуирано преземаат повеќе истражни дејствија за обезбедување докази. Такви дејствија, кои вклучуваат распити, анализи и вештачења од голем обем и во однос на повеќе различни институции се во тек и денеска. Меѓутоа, за да се зачува тајност на постапката и да се спречи компромитирање на доказите обвинителството не е во можност во моментов да открива повеќе детали за активностите“, соопштија од обвинителството. Од ДУИ и денеска обвинуваат дека истрагата се води политички. Посочуваат кон одговорноста на полицијата, а за осомничениот, екс министерот Бектеши, велат дека никогаш не стапнал во Кочани и немал надлежност за безбедносни проверки на објекти или контрола на локали. „Јасно е дека на Власта не ѝ е потребна правда, туку алиби. Тоа не смее да се премолчи и затоа јавно бараме – итна суспензија на целата командна структура по вертикала во МВР и Бирото за јавна безбедност кои знаеле за проблемите со ПУЛС, а не реагирале – независна истрага, надвор од рацете на оние што ја овозможиле оваа трагедија, со цел да се утврди под чија заштита му е обезбедено на објектот „Пулс“ да работи“, рече Арта Билали Зендели од ДУИ. Кочанската полиција на почетокот на ноември во 2022-рата поднела проблемска информација за случувањата со дискотеката „Пулс“ во која било наведено какви кривични дела и прекршоци кои се случувале во и околу кабарето и какви мерки треба да се преземат, а пишала предлог до СЦР Штип да бидат известени сите надлежни институции дека „Пулс“ не ги исполнува условите да биде кабаре и најдобро решение е да се одземе тековната лиценца, објави КОД на Телма. Од 34 осомничени, 31 се во притвор, а во куќен се екс градоначалниците Димитровски и Илијев и екс директорката на ДПИ, Симеска Димовска. Целосна, непристрасна и транспарентна истрага, без политички влијанија во петокот побараа граѓанските организации од Платформата за борба против корупција. Бараме да се објават основни податоци од планот за истрага и да се организираат редовни јавни брифинзи за напредокот, без да се откриваат чувствителни детали. Елена Ивановска Мукоска © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Пленарка и седници на три комисии – набиена агенда за пратениците по двонеделната пауза
Телма - пред 1 ден
На пратениците им заврши двонеделниот распуст. Од денеска се враќаат во пратеничките клупи. Пред, речиси, 15-тина дена, Собранието ја информираше јавноста дека нема да работи во знак на почит кон 59 загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Денешниот ден им започна со набиена агенда, со пленарна седница, но и најавени седници на три комисии. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Над 2.700 загинати и околу 4.500 повредени – биланс по земјотресот во Мјанмар
Телма - пред 1 ден
Над 2.700 луѓе загинаа, околу 4.500 се повредени, а повеќе од 400-тини се водат како исчезнати. Ова се најновите официјални податоци за последиците од разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар. И натаму продолжуваат спасувачките операции по преживеани. Денеска е извлечена 63-годишна жена по 91 час под урнатините, но стручњаците предупредуваат дека веројатноста за пронаоѓање и на други лица драстично опаѓа по 72 часа. Бројките на загинати и повредени се очекува да растат. Земјотресот погоди големи делови на Мјанмар, оставајќи многу области без телефон и струја. Оштетени се голем број на патишта и мостови, па засега е тешко да се направи целосна проценка на размерите на уништување, со оглед дека најголемиот дел од извештаите досега стигнаа од главниот град Најпидо и од вториот по големина град во земјата, Мандалеј. Според Светската здравствена организација, повеќе од 10.000 згради се урнати или тешко оштетени во северозападниот и во централниот дел на Мјанмар. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....
Трендафилов: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци
Телма - пред 1 ден
Политиките кои ги креира Владата, а се однесуваат на работниците во Македонија се погрешни. Приходите се ниски и мора веднаш да се зголемат, а нападите кон ССМ и раководството да запрат, порачаа денеска од Синдикатот во пресрет на утрешниот протест, односно јавна седница на сите раководни тела во Сојузот на Синдикати на Македонија. Според ССМ, не само минималец од 500 евра, туку и зголемување на платите на сите вработени за најмалку 6.000 денари е она што е неопходно да се стори во моментов, бидејќи стандардот на работниците е исклучително низок. Претседателот на ССМ ги повика сите избрани и именувани функционери да се откажат од своите плати и една година да работат за 500 евра и да го изгласаат минималецот во ист износ. Трендафилов и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска преку социјалните мрежи си испратија пораки дека не се пријатели и нема да бидат на иста страна. Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно имаше прес-конференција на кој беше соопштена пресметката од броењето на приходите на еден од синдикалните лидери, Иван Пешевски. Од ССМ соопштија дека за нападите и притисоците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и обидите за одлевање на членството се известени и меѓународни синдикални федерации. Репрезентативноста на ССМ сè уште виси, бидејќи Комисијата ги проверува доставените списоци со активни членови и доколку се потврди дека ССМ има како членови најмалку 10 проценти од вкупниот број на вработени во државата, може да продолжи со работа Економско-социјалниот совет. Огнен Чанчаревиќ © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма....