Кешишев го смени исказот: Палчо не бил со нив во деновите на грабнувањата и убиствата на Вања и Панче
Алфа - пред 16 часа
HomeUncategorizedКешишев го смени исказот: Палчо не бил со нив во деновите на грабнувањата и убиствата на Вања и ПанчеВикторија Миткованоември 20, 2024 По два месеци од кога седнаа пред судијата Ивица Стефановски обвинетите за грабнувањата и убиствата на Вања и Панче на 22-ри и 27-ми ноември лани, Влатко Кешишев испрати нова изјава за случувањата. Во своерачно напишно писмо до судот, Кешишев, сега вели дека Палчо не бил со нив двата дена, односно „спиел во штабот на партијата „Десна“. Според ова писмо, Кешишев тврди дека Палчо не учествувал во грабнувањето и убиствата, а тој под закана на Велибор Манев, првично лажно изјавил пред полицијата и обвинителството дека сторителот е Палевски. Обвинетиот Влатко Кешишев, кој според досегашните сведочења, се однесувал како потчинет на Палевски, го напишал писмото од ќелија во Шутка и го испратил во судот без да знае дури и неговиот адвокат. „Тој има напишано некоја изјава но, не би сакал да ја коментирам содржината, бидејќи не знам дали ракописот е негов, дали потписот е негов, дали тој своеволно ја пишувал, не сакам да помислам, дека можеби некој го присилил или му се заканил“рече Адвокат на Влатко Кешишев, Игор Ефремов. На адвокатот на Видевски, не му е логично менувањето на изјавата на Кешишев сега. „Мислам дека не е совесно во ваков предмет еднаш да се изјавува едно, вторпат да се изјавува друго. Во понатамошниот тек од постапката ќе има соочување помеѓу сите нив“ рече адвокатот на Видевски. Изјавата на Кешишев беше доставена пред да почне испрашувањето на нови тројца сведоци. Меѓу нив беше возачот на Палчо, кој го превезуваше од Белград до турски Беликесир, Стефан Димковски. И тој беше осомничен и помина 30 дена во притвор, а потоа пуштен. Според неговото сведочење, Палевски на први декември го викнал во Белград за да го врати во Македонија, и така и било се до Ниш. Ја поминале ноќта тука, и тогаш Палевски му кажал дека наместо во Скопје, треба да го врати до Белград за потоа да лета до Турција. Палевски го убедува Димковски да го однесе директно во Истанбул, за да направел прегледи за операција. Наместо во Истанбул, завршуваат во Беликесир бидејќи смештајот таму бил поевтин според кажувањата на Димковски, па Палчо си плаќа кирија за три месеци во куќа. Димковски во неделата утрото на трети демекври решава да се враќа во родната Струмица, но тогаш Палчо му кажува што се случувало во Скопје и претресот во партискиот штаб. „На појадокот тој разгледуваше опции и рече „не знам овие што ми смислиле, можеби треба некаде да барам политички азил“. Му реков ова е сериозна работа, дека треба да се расчисти „Најубаво е да си дојдеш“. Рече „да видам, не сакам да ме задржат во притвор во Турција“.И тогаш ми рече ова е тешка местенка, сачекуша голема“ рече Димковски. Сведочеа и двајца познаници на Палевски кои лани во ноември-декември го барале бидејќи требало да им заврши работа. Еролд Османи му пратил порака на Палчо на 22-ри, кога е грабнат Жежовски, за да му го поправи котелот за греење. Ама Палевски дошол дури на 28-ми ноември. Со ова Османи му го поби тврдењето на Палчо, дека тој му го поправал котелот на 22-ри. „На 22.11 јас имам пуштено фотографија и порака преку месинџер, фотографија од моторот на котелот. Не ми одговори и му праќав пораки до 27 ноември, и на 27 ми навечер во 23,30 часот во кој што вели „одма сум подобар“, одлежав неколку саати. А претходно се слушнавме на телефон кај што ми кажа дека е болен. Ми рече „ќе поминам сабајле со лаптоп“. Другиот сведок, Ламбе Бучков го барал Палчо, кој му должел 15-тина илјади евра во врска со зградата позната како „Тифани“. Бучков рече постојано поминувал во седиштето на Десна за да си ги бара парите, а критичниот период се допишувал со Палевски. „Се слушнавме од Белград, ми рече дека таму е отиден за кичмата и додаде дека му се јавил Влатко од партијата во Скопје и му кажал дека полицијата го барала зошто сакала да земе некое возило. Некој пикап. Ми кажа дека сакал да тргне за Македонија, но дека имал состаноци во Бугарија и во Турција“, рече Бучков. Судењето за киднапирањата и убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски продолжува во понеделник со испрашување на нови тројца сведоци. КАТЕГОРИИ TопUncategorizedВестиМакедонија Споделете ja веста...
Најголема е сега опасноста од ескалација на војната: Орбан стравува за Унгарија поради состојбата во Украина
Алфа - пред 16 часа
HomeВестиСветНајголема е сега опасноста од ескалација на војната: Орбан стравува за Унгарија поради состојбата во УкраинаТВ АЛФАноември 20, 2024 По одлуката на Вашингтон да му дозволи на Киев да користи западно оружје со долг дострел за напади врз цели на територијата на Русија, како и по и обновената руска нуклеарна доктрина, опасноста од ескалација е максимално зголемена, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во следните недели и месеци, додаде тој, Будимпешта ќе мора да вложи максимално дипломатско искуство и ресурси за да не биде вовлечена во конфликтот во Украина. Орбан претпладне одржа седница на советот за одбрана.Со победата на претседателот Трамп на претседателските избори во САД, мирот или барем прекинот на огнот се чинеше опиплив, но провоената влада сè уште е на власт во Америка уште два месеца. Практично, тоа значи дека украинците вчера истрелаа ракети со долг дострел на руска територија, а русите одговорија со усвојување на обновена нуклеарна доктрина. Го слушнав извештајот на советот за одбрана. Опасноста од ескалација на војната никогаш не била толку голема – рече Орбан. КАТЕГОРИИ ВестиСвет Споделете ja веста...
Фатени две лица кои запалиле угостителски објект
Алфа - пред 16 часа
HomeВестиХроникаФатени две лица кои запалиле угостителски објектТВ АЛФАноември 20, 2024 Полицијата поднесе кривична пријава против И.И.(44) и А.И.(49), двајцата од Скопје, поради тешки дела против општа сигурност во врска со предизвикување општа опасност. На 13 ноември во Скопје, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во угостителски објект во главниот град, објави МВР во дневниот полициски билтен. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонијаХроника Споделете ja веста...
Меџити: Сериозно сме посветени на унапредување на механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда
Алфа - пред 16 часа
HomeВестиМакедонијаМеџити: Сериозно сме посветени на унапредување на механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правдаТВ АЛФАноември 20, 2024 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денес учевствуваше и имаше обраќање на меѓународната конференција на тема „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина“ која ќе им овозможи на народните правобранители и националните институции за човекови права од целиот регион и пошироко да споделат сознанија и стратегии за зачувување на човековите права во услови на загрозување на животната средина. На отварањето на Конференцијата, првиот заменик претседател на Владата Меџити нагласи дека во Република Македонија, правото на здрава животна средина како основно човеково право е загарантирано со Устав, наведувајќи дека кај нас еколошкото право опфаќа широк спектар на правна регулатива во областа на животната средина, пред се националното законодавство, меѓународната правна регулатива, односно меѓународните конвенции и други правни договори и документи во меѓународната сфера, како и законодавството на Европската Унија. “Како Влада сериозно сме посветени на креирање и имплементација на политики за намалување на притисокот кој човекот го прави врз животната средина, заштита и унапредување на квалитетот на човековата околина, но и обезбедување на заштита на самата природа и биодиверзитетот“ додавајќи дека од друга страна, тоа подразбира и обезбедување на социјален сегмент преку учество на јавноста во носењето на одлуките, но и преку одржливо користење на природните ресурси заради зелена трансформација на економскиот систем и зголемување на можностите за таканаречените зелени работни места. Меџити истакна дека Министерство за животна средина и просторно планирање ги има воспоставено механизмите за пристап на јавноста до информации и за учество на јавноста при донесување на одлуки, но потребно е да се унапредат механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда. Според него, од особено значење е зајакнувањето на улогата на народниот правобранител во обезбедување на еколошката правда во земјава, како и зајакнување на способноста на националните институци за човекови права да одговорат на еколошките предизвици преку заедничко учење и заеднички иницијативи, осигурувајќи дека тие ќе бидат подготвени и опремени за решавање на новите прашања. Армен Григорјан, постојаниот претставник на Прогармата за развој на Обединетите Нации рече дека мораме да ја поврземе заштитата на животната средина со унапредувањето на правдата, почитувањето на владеењето на правото и заштитата на човековите права. „Во тек на политичките преговори што се водат на мултилатерално ниво, вклучително и на Климатскиот самит на Обединетите Нации во Азербејџан и оној за биолошка разновидност во Колумбија, се е поголемо чувство дека дискусиите не се доволни. Сведоци сме и на еколошките предизвици со кои се соочува македонското општество во моментов. Борбата за спас на нашата планета не е само политичка, туку и правна, заснована на норми, стандарди и принципи за човекови права и токму во тој контекст мораме да ги поддржиме националните институции за човекови права и народните правобранители да ги исполнат своите улоги, особено во унапредувањето на правото на чиста, здрава и одржлива животна средина. Нивните улоги во промовирањето на еколошката правда ќе стануваат се поважни во годините што следат, во време кога ресурсите и капацитетите се веќе на граница на искористеност. Но добрата вест е дека се поставуваат основите за еколошката правда“. Народниот правобранител Насер Зибери се осврна на предизвиците со кои се соочува светот од аспект на животната средина и на разурнувачките ефекти од недоволната грижа. Тој ја изрази својата загриженост дека состојбите со животната средина во Република Македонија и реалноста не одат во прилог на уставната заложба на здрава животна средина утврдена со член 43 од Уставот. „Сепак драго ми е дека на оваа конференција имаме претставници на Врховниот суд и народни правобранители од повеќе земји со чиј придонес ќе ги зајакнеме капацитетите“ изјави Зибери велејќи дека околу 40 претставки се стигнати до Народниот правобранител во врска со животната средина заклучно со октомври оваа година. Меѓународната конференцијата се одржува од 20 до 21 ноември во Скопје и е организирана во рамки на проектот „Зголемување на улогата на Народниот правобранител во еколошката правда“ што е финансиран од Норвешкото министерство за надворешни работи, а се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН во Скопје. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Марков: Владата со историски чекор, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството, 3,850 за медицинските сестри
Алфа - пред 16 часа
HomeВестиМакедонијаМарков: Владата со историски чекор, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството, 3,850 за медицинските сестриТВ АЛФАноември 20, 2024 Оваа Владата покажа како треба да се работи за медицинарите. Потпишаниот анекс на колективниот договор во здравството, трајно ги решава проблемите на медицинските работници, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Овој историски чекор – 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството, а 3,850 за медицинските сестри е само вовед во конкретните планиови и вреднувањето на здравствените работници, кое ќе трае во тек на целиот мандат, најавија од владејачката партија. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Стојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во Парламентот
Алфа - пред 17 часа
HomeВестиМакедонијаСтојаноска до опозицијата: Немојте да настапувате со различни аршини во зависност од позицијата во ПарламентотТВ АЛФАноември 20, 2024 На вториот ден од амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет од собраниската говорница говореше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која се обрати до пратеникот и поранешен претседател на Уставниот суд, Сали Мурати. „Јас сум постојано со гостиварчани, со сите и кога беа изборите, последниве, од Врапчиште ми рекоа да ве поздравам тука во парламентот затоа што ве немаат видено во Врапчиште, а вака од говорница убаво е да кажувате за Турците. Што Сали Мурати како претседател на Уставен суд направил за турската заедница кога имал можност? Дали тогаш бевте толку гласни? “, вели Стојаноска. Таа појасни дека кога станува збор за малцинските заедници во Гостивар и прашањата кои нив ги засегале во минатиот период, како што се случајот со Законот за јазици, обидот за затворање на паралелка на турски јазик во гимназијата во Гостивар и слични на нив, биле застапувани токму од неа, како претставник на сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ која подеднакво ги третира сите граѓани, како што впрочем и треба да е. „Според мене, многу е поважно колку членовите на една влада ќе направат сите да се чувствуваат еднакво во државата без разлика на која етничка припадност припаѓаат, важно е што ќе направат министрите како министри за сите етнички заедници во оваа држава“, заклучува Стојаноска. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Стојаноски: Министерството за одбрана ќе ги награди припадниците на армијата кои беа вклучени во гаснењето на пожарите
Алфа - пред 17 часа
HomeВестиМакедонијаСтојаноски: Министерството за одбрана ќе ги награди припадниците на армијата кои беа вклучени во гаснењето на пожаритеТВ АЛФАноември 20, 2024 „Министерството за одбрана ќе ги награди сите припадници на Армијата кои што беа вклучени во гаснењето на пожарите бидејќи тоа е една хумана дејност која што навистина бара еден поттик од институциите кога во вакви природни непогоди и појави се случуваат и кога се ангажира Армијата истите тие кои што се јавуваат на првата линија да бидат наградени, тоа се случувало во минатото таа пракса и ќе продолжи“, рече Стојаноски денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет. Стојаноски исто така најави дека сите припадници на Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите, и ги истакна средствата кои се предвидени во буџетот за 2025 година. „Од буџетот кои што доаѓа пред нас и за кои што ќе го изгласаме за 2025 година, тоа покачување најверојатно ќе биде од минимум 10%. За модернизација во Министерството за одбрана предвидени се 380% повеќе, за интеграција во НАТО 13% повеќе, за други градежни објекти 177% повеќе, за разни трансфери 157% повеќе што значи дека овој буџет од аспектот на Министерството за одбрана ќе биде историски највисок и за 20% повеќе од тој што е во 2024 година“ рече Стојаноски. Тој нагласи дека буџетот за 2025 година од аспект на Министерството за внатрешни работи буџетот за плати ќе биде повисок за 24,3% повеќе. „За реформи во полицијата за 240% повеќе поради тоа што сакаме да направиме една ефикасна полициска управа која што ќе одговара на потребите на граѓаните, основни плати за стоки и услуги во полиција за 42% повеќе, бидејќи патни и дневни расходи ќе се зголемат, комунални услуги, материјали и тековно одржување“ објасни Стојаноски. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Петрушевски до опозицијата: Нула одговорност, нула резултати – тоа е вашето наследство
Алфа - пред 17 часа
HomeВестиМакедонијаПетрушевски до опозицијата: Нула одговорност, нула резултати – тоа е вашето наследствоТВ АЛФАноември 20, 2024 На денешна Комисија за финансии и буџет на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025, реплика даде и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. Петрушевски изрази доза скептицизам кон амандманите, укажувајќи дека кога ваков предлог доаѓа од поранешен носител на функцијата вицепремиер за економски прашања. ,,Ако овој амандман беше предложен од лице кое не било вицепремиер за економски прашања, тогаш неговите намери и аргументи ќе беа искрени и реални. Колку домашни компании досега имаа можност да воведат нови технолошки решенија и да ја зголемат својата конкурентност на пазарот?“, кажа Петрушевски. Петрушевски додаде, дека ова е клучен фактор за одржлив економски раст, а уште повеќе се истакнува бидејќи таквата практика не е новитет, туку функционира веќе со децении во Македонија. „И мене ме интересира, заради кредибилитетот на поднесувачите на овој амандман, да добијам одговор: Кои беа ефектите од средствата кои досега како држава ги инвестираме, а кои се буџетски средства на граѓаните на Република Македонија? Обврзани сме за нивно рационално трошење,“ изјави Петрушевски. Петрушевски се осврна и на контролата на средствата кои се насочуваат кон Фондот за иновации и технолошки развој. „Неизбежно е да се постави прашањето како поранешниот вицепремиер за економски прашања дозволил да нема соодветен начин на контрола врз трошењето на тие средства, за да дојдеме до ситуација, според ревизорски извештај, преку 60, не шест, туку преку 60 проекти или 3,2 милиони евра буџетски средства да завршат на фиктивни и непостоечки проекти“, истакна Петрушевски. Петрушевски потсети дека задачата на вицепремиерот за економски прашања не е само да организира прес-конференции и да се фали колку средства се обезбедени, туку да обезбеди контролирање на нивното трошење и следење на ефектите од тие инвестиции. „Колку домашни компании имале можност да воведат нови технолошки решенија? Затоа што е клучен фактор за економскиот раст. А сите знаеме колкав беше економскиот раст во изминатиот период“, заклучи Петрушевски. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Мицкоски за Радмила Шеќеринска: Чест е македонка да биде заменик ген-сек на НАТО
Алфа - пред 17 часа
HomeTопМицкоски за Радмила Шеќеринска: Чест е македонка да биде заменик ген-сек на НАТОТВ АЛФАноември 20, 2024 Чест е македонка да биде заменик генерален секретар на НАТО, рече денеска премиерот, во врска со изборот на Радмила Шеќеринска. Без разлика на идеолошките разлики кои ги имаат со неа, премиерот нагласи дека лобирале за нејзината кандидатура меѓу земјите сојузници. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Светски ден на детето: Зборовите на хартија не се доволни, потребни се дела
Алфа - пред 17 часа
HomeВестиМакедонијаСветски ден на детето: Зборовите на хартија не се доволни, потребни се делаТВ АЛФАноември 20, 2024 Потребна е силна посветеност и коренити промени во општеството, за подобрување на животот, посебно за најмладите. Светскиот ден на детето не треба да биде само потсетник, туку пресвртна точка конечно нешто да се промени во Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека денеска ги имал најважните соговорници – децата. Заедно со партнерите од УНИЦЕФ одржаа заедничка Влада на која главна тема беше положбата и правата на децата. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Мицкоски во детали за планот за Уставни измени со одложено дејство
Алфа - пред 17 часа
HomeВестиМакедонијаМицкоски во детали за планот за Уставни измени со одложено дејствоТВ АЛФАноември 20, 2024 Премиерот го објасни предлогот за Уставни измени со одложено дејство. „Подготвени сме вели Мицкоски, во парламентот да ја отпочнеме промената на Уставот и амандманите 37 и 38. И тие ќе станат дел од Уставот. Но, со уставниот закон ќе додадеме дека овие два амандмана ќе станат ефективни кога бугарскиот парламент ќе го ратификува пристапниот договор во европската унија. Само на тој начин сме сигурни дека ќе ја истрчаме трката до крај“, рече Мицкоски. Тој е убеден дека тоа е максиумот што во моментот може да се направи. Во интервјуто дадено за време на неговата посета на Приштина, Мицкоски вели дека сега е поголем оптимист отколку што бил пред една година и дека тоа е резултат на дипломатската офанзива реализирана во изминатите неколку месеци. Според него, за огромен број земји членки, односно речиси сите, предлогот што го нуди Владата е разумен и е основа за постигнување на договор. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Директорот на СОЗР Томовски за Алфа ТВ: Службените автомобили со нови таблички во боја за да се спречат злоупотреби
Алфа - пред 17 часа
HomeВестиМакедонијаДиректорот на СОЗР Томовски за Алфа ТВ: Службените автомобили со нови таблички во боја за да се спречат злоупотребиТВ АЛФАноември 20, 2024 Службените возила во Македонија ќе добијат специјални регистарски таблички во боја, за да се спречи нивната злоупотреба. Оваа мерка ја најави директорот на службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа и покажа како тие таблици ќе изгледаат. Според него, ќе бидат издадени околу 6.500 такви таблички за сите возила на територијата на Македонија, а исто така ќе се воведат и телефонски линии за пријавување злоупотреби, по што ќе се постапува. Оваа одлука следи по одлуката на Владата на 17 септември, која донесе предлог за измена на законите што се однесуваат на државни возила и воведување на регистарски таблички со посебна боја, што ќе овозможи лесно идентификување на службените автомобили. Томовски потенцираше дека кога влегол во СОЗР незатекнал, ни малку поразлично нешто од другите институции. Се соочил со хаотична состојба, девастирани институции, демотивирани работници. Томовски додаде и дека државните објекти се оставени седум години без да се закова буквално ниту една шајка од страна на претходната влада, која со години не обезбедила ниту потегнала постапка да го средат имотот на државата. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Здравствениот инспекторат ја казни Детска клиника со 5.200 евра бидејќи дежураат специјализанти без дозвола за работа, а специјалистите никаде ги нема
Алфа - пред 18 часа
HomeВестиМакедонијаЗдравствениот инспекторат ја казни Детска клиника со 5.200 евра бидејќи дежураат специјализанти без дозвола за работа, а специјалистите никаде ги немаТВ АЛФАноември 20, 2024 Клиниката за детски болести доби казна од 5.200 евра од државниот санитарен и здравствен инспекторат, откако денеска извршиле инспекциски надзор и биле откриени низа недостатоци. На детска од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца доктори, но ниту еден од нив не дежура во амбуланта на клиниката. Прегледите во дежурната амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат. Ова е една од причините поради кои државниот здравствен и санитарен инспекторат денеска парично ја казни клиниката. Прекршочниот платен налог за клиниката е 4 илјади евра, а за директорот Реџеп Мемеди 1200 евра. Здравствениот инспекторат освен ова, констатирал и дека од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца имало обезбедени времени лиценци за работа и не било поднесено барање до министерот за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. Задравствениот инсепкторат најави дека ќе ја чешла работата на Клиниката за детски болести откако изминатиот период имаше три смртни случаи. За смртта на 14-месечното бебе суспендирани се две медицински лица, а за смртта на бебето од струмица стручниот надзор од клиниката не утврдил никакви пропусти при третманот. За случајот со 5-годишното девојче, се уште се чека извештајот од стручниот надзор кој треба да утврди дали имало лекарски пропуст. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Казна затвор за 12 велешани кои сексуално злоставуваа девојче
Алфа - пред 18 часа
HomeВестиМакедонијаКазна затвор за 12 велешани кои сексуално злоставуваа девојчеТВ АЛФАноември 20, 2024 Од година и три месеци до 5.5 години казна затвор за 12 велешани кои полово злоставуваа 15 годишно девојче во Велес. Во Кривичниот суд денеска е изречена пресудата за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал со дете-жртва. Во јануари годинава, обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Забавите се случувале во станови на повеќе локации во велес, каде присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето. Обвинение беше поднесено против 15 лица. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Вработените во „Улици и патишта“ си ја бараат платата, во спротивно ќе го блокираат Скопје во понеделник
Алфа - пред 18 часа
HomeВестиМакедонијаВработените во „Улици и патишта“ си ја бараат платата, во спротивно ќе го блокираат Скопје во понеделникЉубиша Владимировноември 20, 2024 Целосна блокада на улиците од понеделник најавија вработените во Јавното претпријатие „Улица и патишта“, доколку до петок не им бидат исплатени парите кои им ги должи градот Скопје. Поради лошото менаџирање на градоначалничката и разрешувањето на директор Ванчо Умленски, велат дека претпријатието повторно како и минатиот месец има сериозни проблеми со исплата на нивните плати. „Донесовме одлука доколку до петок не се исплати плата, вработените во понеделник, со механизација ќе излеземе пред Градот Скопје. Ова веќе верувајте е неиздржливо. Овие луѓе овдека си ја имаат зарботено платата. Работат, ги гледаме по улиците низ Скопје на плус 50 степени, на минус 20. Овие луѓе без плата не можат да работат“, изјави Марјан Ристевски претседателот на КСОМ. Причината за ваквата состојба вработените велат дека лежи во презадолженоста на претпријатието кон добавувачите, во износ од 240 милиони денари. Според вработените, долгот не се подмирувал од страна на директорот, односно градоначалничката, а ако се вршеле плаќања, тие биле кон фирми блиски до секретарот на Град Скопје и Арсовска. Велат и дека сметката им е блокирана и дека во претпријатието нема основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници, затоа што добавувачите одбиваат да им ги испорачуваат потребните материјали за секојдневното работење. Градежните машини и возила се со дефекти и не се сервисираат со месеци. „Се плашам дека, еве се јавуваат и од другитe јавни претпријатија од градот, може сите да се вклучиме заедно, конечно да се изнајде решение за јавните препријатија кои се во градот. Гледате ЈСП воопшто не функционира, учениците добиваат изостаноци. Голем е револтот немаме директор имаме информација дека, некој директор дошол, видол каква е ситуацијата, никој не се нафаќа, не знаеме што, но овие луѓе заслужуваат да земат плата“, вели Марјан Ристевски. Вработените велат дека се принудени преку штрајк да го остварат своето право на плата. Протестот го најавија за во понеделник, пред просториите на градот Скопје, каде ќе се појават со целата механизација што функционира, а поддршка очекуваат и од членството на другите синдикати. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонијаПрилози Споделете ja веста...
Поранешни професори од Факулетот за исламски науки: Криминал и корупција владее во ИВЗ
Алфа - пред 19 часа
HomeВестиМакедонијаПоранешни професори од Факулетот за исламски науки: Криминал и корупција владее во ИВЗПаула Костадиносканоември 20, 2024 Криминал, корупција и непотизам – Исламската верска заедница е парализирана од акуелниот поглавар Шаќир Фетаху кој со неколкумина ги има узурпирано и персонализирано сите функции во заедницата – обвинува група верници и поранешни професори на Факултетот за исламски науки. Тие бараат итни реформи во ИВЗ. Не се револтирани само од, како што велат, криминалот во Исламската верска заедница и личните одлуки на реисотот, туку, според нив под итно треба да се регулира правно-економскиот статус на оџите, и на воспитно-образовниот кадар. Не се задоволни и од преиспитувањето на процесот на денационализација на имотите на ИВЗ. Во оваа насока, со именувањето на Шаќир Фетаху, реис на ИВЗ, кој заедно со другите требаше да го врати достоинството на ИВЗ. да ги организира и направи уставните измени, како и да го организира изборот на Реис ул Улема на ИВЗ, на легитимен и транспарентен начин. ИВЗ наместо да ја земе соодветната форма на своето работење, се случи спротивното, бидејќи Шаќир Фетаху продолжи да ја узурпира верската институција, губејќи го соодветниот авторитет од џемаатот, оџите и другите службеници на ИВЗ, вели проф. Д-р Бејадин Амети. Членовите на инцијативата велат дека имаат огромна поддршка од верските службеници коишто исто така се незадоволни од, како што тврдат, лошото управување и нетранспарентното функционирање и работа на органите на ИВЗ. Актуелниот поглавар на ИВЗ Шахир Фетаху веќе четири години седи на челното столче. Тој беше избран по шест месеци од разрешувањето на реисот Сулејман Реџепи, кого за време на неговиот мандат го следеа повеќе контроверзии и скандалозни настапи. На 27 мај 2020 година, Ријасетот на Исламската верска заедница на вонреден состанок со двотретинско мнозинство го разреши Реџепи и за в.д. поглавар го назначи Фетаху. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонијаПрилози Споделете ja веста...
Пулмолози: Загадениот воздух ќе донесе сериозни болести кај населението
Алфа - пред 19 часа
HomeВестиМакедонијаПулмолози: Загадениот воздух ќе донесе сериозни болести кај населениетоАња Лукарованоември 20, 2024 Секое шесто до седмо новородено дете ќе има белодробно заболување како последица од аерогадувањето. Загрижувачко предупредување од пулмолозите, кои велат дека високото ниво на ПМ-честичките ќе удри по најмилите кои штотуку го почнуват животот. Докторите споделија поразителни податоци, отровниот воздух кој го дишат граѓаните ќе го зголемува и бројот на болни од рак,аутизам и деменција. Но она што е најстрашно се намалуваат и годишните граници за овие заболувања. Загадениот воздух ја полни клиниката за пулмологија. Најголем број од пацинетите кои се хоспитализирани се болни со ХОББ и астма. Пулмолозите апелираат граѓаните да носат заштитна маска или шал преку лицето, за да се заштитат од загадениот воздух Скопје денеска е прв најзагаден град во Европа,а 10- ти во светот.И претходните денови македонскиот главен град беше на врвот на листите на интернет страниците за мерење на аерозагадувањето. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Меџити: ДУИ се хистерични, во паника и без визија, Ахмети не може да се навикне на длабока опозиција
Алфа - пред 19 часа
HomeTопМеџити: ДУИ се хистерични, во паника и без визија, Ахмети не може да се навикне на длабока опозицијаМатеја Петровскиноември 20, 2024 ДУИ се хистерични, во паника и без визија. По реакциите за укинувањето на балансерот, на ред дојде и албанскиот јазик. Сега си припишуваат како заслуга неспостоечки закон , затоа што јазикот кој го зборуваат Албанците во Македонија е заштитен со законот за употреба на јазиците со кој се опфатени сите јазци кои се говорат тука. Дека посебен закон за албански јазик не постои вели и вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити. Според него Али Ахмети не може да се навикне на длабока опозиција. -Хистерични се, истите за да сфатите како реагираат ДУИ на овие работи, министрите на ДУИ во минатата Влада имаат писмено мислење, значи имаат дадено мислење во врска со балансерот, и сите до еден дале негативно мислење дека на балансерот му е поминат рокот, не е соодветен механизам. Истите тие кога се укина од Уставниот суд, од судии кои што беа избрани од нивното мнозинство, ти испаѓаат и протестираат зошто се укинува балансерот, а сами си го барале тоа, изјави Меџити. Иако и косовскиот премиер Албин Курти кажа дека албанскиот јазик во Македонија не е загрозен, ДУИ продолжува со истата реторика . -Започнат е директен напад врз албанскиот јазик, нашиот најважен симбол на идентитетот. Во Уставниот суд се поднесени иницијативи кои имаат за цел да ја вратат историјата наназад. Оспорувајќи го законот за употреба на јазиците, законот кој го прави втор официјален јазик, изјави Ардита Дани од ДУИ. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети претходно со заканувачка реторика, кажа дека Албанците ќе станеле на нозе, доколку се чепнел законот. За ваквите пораки студен туш доби од Албин Курти, кој кажа дека овој закон воопшто не ни бил за албанскиот јазик, туку за јазиците на сите заедници кои се над 20 проценти во Македонија. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонијаПрилози Споделете ja веста...
ЈСП остана без капка гориво, возат само 25 автобуси
Алфа - пред 19 часа
HomeВестиМакедонијаЈСП остана без капка гориво, возат само 25 автобусиТВ АЛФАноември 20, 2024 Автобусите паркирани… наместо на улица во сообраќај, изутрината ги најдовме во гаражата на Јавното сообраќајно претпријатие… Само околу 20 проценти од нив беа пуштени во сообраќај, и тоа со последните капки гориво. Секодјневните крахирања во јавното претпријатие, денеска се „зачинети“ и со недостиг на бензин. Високи извори во ЈСП за Алфа брифираат дека ситуацијата се влошува од ден во ден. Учениците денеска не стигнаа во училиште. Луѓето доцнат на работа, студентите на факултет. “Пола саат чекам, го нема автобусот, секој ден е така, каснат, лошо е, ако дојде автобус нема место да се влезе” револтирано одговори граѓанка “Нула сум задоволна, со саати се чека автобус” одговори граѓанка “Не сум задоволна воопшто, ја нема 2-ка, ја нема ниту 50ка, со саати чекаме тие што живееме надвор од Скопје” изјави граѓанка. Тонењето на ЈСП е на апсолутна штета на граѓаните. Претпријатието не било во полоша ситуација никогаш, а градот Скопје и сега успева да ја префрли одговорноста на некој друг, иако исклучиво вината е нивна. Оттаму, овој пат прстот го вперија кон Бирото за јавни набавки од каде според нив, била поништена тендерска постапка за набавка на гориво: „Бирото првпат ја поништи постапката за набавка на гориво, но активно работиме на нов тендер,“ изјави Глигоров, генерален секретар на Град Скопје. Од Бирото за јавни набавки пак информираат дека постапката што претходно ја спровел Град Скопје била спорна, а ја поништиле заради тоа што од Градот избрале неприфатлива понуда, која вооедно била единствена. „Управната контрола, земајќи го во предвид ова, дала јасни упатства за тоа што треба да преземе ЈСП, кои биле вклучени во записникот од спроведената контрола. Односно, поради тоа што ЈСП избрал неприфатлива понуда, а немало други понуди во текот на постапката, Бирото за јавни набавки дало упатства комисијата за јавна набавка да ја поништи донесената одлука за избор и да го поништи целиот процес. Овие упатства се во согласност со член 177, став 3 од законот. Треба да се напомене дека ЈСП не ја искористил можноста да ги оспори инструкциите на Бирото преку механизмите кои му се на располагање” стои во соопштението Според владејачката ВМРО ДПМНЕ, единствен виновник за настанатиот хаос е градочалничката Данела Арсовска која целосно го оставила на маргините јавното сообраќајно претпријатие. “Граѓаните со часови чекаат на автобуските постојки на овие ниски зимски температури за да им дојде автобус на ЈСП. Кај што нема автобуси, така и тие што ги има Арсовска не ги одржува и постојано се расипуваат. А дел од нив поради нередовното сервисирање, возејќи се запалуваат, така што го загрозуваат животот на патниците и воопшто на сите граѓани,, стои во реакција. До кога граѓаните ќе останат измрзнати и ќе чекаат во неизвесност дали ќе дојде автобус или не, не се знае. Останува нервозата и револтот, изгледи за решение, нема. Даниел Ѓорѓевски КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонијаПрилози Споделете ja веста...
Мицкоски: Шокантно е што Ахмети бара да се интервенира кај судии кои тие ги избраа
Алфа - пред 19 часа
HomeTопМицкоски: Шокантно е што Ахмети бара да се интервенира кај судии кои тие ги избрааАдријана Алексиесканоември 20, 2024 Жалопојките на Али Ахмети за тоа дека наводно правата и јазикот на Албанците се загрозени, се залудни. Според премиерот Христијан Мицкоски тоа што интегративците бараат Албанците од регионот на интервенираат во внатрешните работи на земјава, посебно во работата на Уставниот суд е шокантно. Прашањето за Законот за јазиците, кој е оспорен пред овој суд, ДУИ го злоупотребува за ширење паника, и прстот го вперува кон судиите кои впрочем се избрани кога тие и СДСМ го имаа владејачкото мнозинство во Парламентот. Да интервенираат кај судии кои тие ги избраа? Повторувам, судии кои се избрани од мнозинството на СДСМ и ДУИ? Шокантно, рече премиерот. Деновиве пропадна уште обид на интегративците да најдат закрила кај Албанците во регионот и некој да им ги брише солзите што се во опозиција. Студениот туш од косовскиот премиер Албин Курти, кој рече дека дека албанскиот јазик не е под закана во Македонија го налути раководството на ДУИ во време кога од петни жили се обидува да покаже дека позицијата на Албанците во земјава е загрозена. Заострувајќи ја националистичката реторика, лидерот на ДУИ, Ахмети порача дека Охридскиот договор бил постигнат со крвта на мачениците, оживеан од УЧК и немало да толерираат тој да биде погоден. Се вознемири и поранешниот министер за надворешни работи. За Бујар Османи, ставот на Албин Курти бил штетен и скандалозен, а на меѓувладината седница на Македонија и Косово била легитимирана антиалбанската политика што наводно преовладувала во Македонија. По ова, реагираа од Коалицијата Вреди. Според нив, Курти кажал горчлива вистина за Законот за јазиците, ама стариот режим преку ширење на паника дека наводно дека албанскиот јазик бил загрозен, само се обидувал да ја избегне одговорноста за нивните злоупотреби. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Мицкоски: Македонија и Косово да ја искористат географската предност и да инвестираат во инфраструктурата
Алфа - пред 19 часа
HomeВестиМакедонијаМицкоски: Македонија и Косово да ја искористат географската предност и да инвестираат во инфраструктуратаТања Попованоември 20, 2024 Од модернизација на инфраструктурата, побрз премин и царинење на границите, со полесен трансфер на струја и гас. Можностите за соработка на Македонија со Косово се многубројни. Премиерот Мицкоски во интервју за косовската национална телевизија посочи дека двете земји треба час поскоро да ја искористат географската предност што се наоѓаат во срцето на Балканот за да ги изградат патиштата, да го скратат времето на патување не само меѓу двете земји, туку и кон трети држави. Мицкоски истакна дека особено заедничкиот Коридор 8 е клучен за НАТО алијансата. Премиерите на Македонија и Косово во Приштина потпишаа протокол за заеднички граничен премин кадешто ќе се намали времето на чекање за премин во соседната држава. На овој начин, вели Мицкоски ќе се забрза транспортот на луѓе и стоки. Дополнително, приоритет за премиерот била и изградба на интерконектор за гас со Косово. Откако ќе се реализира гасниот интерконектор со Грција, Мицкоски во интервјуто посочува дека гасот може да се транспортира и на Косово, доколку двете земји се поврзат на овој начин. Косовската јавност беше заинтересирана и за нефункционирањето на балансерот. Мицкоски во интервјуто објаснува дека балансерот бил се, само не алатка за правична застапеност на етничките заедници. Во минатото луѓето се пишувале како Македонци, Албанци, Турци и други, само за да се вработат во администрацијата согласно огласите за работа кои барале да се дел од определена етничка заедница. За да се надминат слабостите, работна група составена од експерти ќе изнајде ново законско решение кое нема да биде спротивно на Уставот. КАТЕГОРИИ TопВестиЕкономијаМакедонијаПрилози Споделете ja веста...
Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната канадска амбасадорка Мишел Камерон
Алфа - пред 20 часа
HomeTопПретседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната канадска амбасадорка Мишел КамеронТВ АЛФАноември 20, 2024 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Канада со седиште во Белград, Мишел Камерон. Посакувајќи ѝ добредојде на амбасадорката Камерон, претседателката Сиљановска Давкова на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази надеж дека за време за мандатот на амбасадорката ќе се отворат нови можности за проширување на соработката и за продлабочување на пријателството меѓу двата народа и изрази очекување за зајакнување на врските помеѓу двете држави. „Во оваа пригода би сакала да изразам благодарност за поддршката којашто Канада ѝ ја дава на мојата земја во процесот на реформите и на нашата интеграција во ЕУ, како и за нашето партнерство и соработка во рамките на НАТО. Тоа партнерство е особено значајно за нас и длабоко го цениме. Во време кога светот се соочува со многубројни предизвици, нашата соработка и солидарност се поважни од кога било“, рече претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи на можностите за зголемување на економската соработка, трговските врски и инвестиции, како и на соработката во областа на образованието. „Младите генерации ученици, студенти, како и нашата администрација и институции, имаат потреба од стекнување нови знаења, усвојување напредни методи и решенија од канадскиот систем, што можат да бидат применливи и кај нас, а со цел поефикасно управување и поголем напредок на земјата на секое поле“, рече претседателката Сиљановска Давкова. Амбасадорката Камерон ја истакна поддршката што Канада ја дава на нашата држава, истакнувајќи го партнерството во рамки на НАТО. „Како партнери во НАТО, нашите земји работат заедно за да го надминат генерацискиот предизвик за безбедноста на Европа – и на светот“, рече амбасадорката Камерон, упатувајќи честитки за лидерската улога во НАТО, со именувањето на Македонка за заменик генерален секретар. „Тука сум за да ги направиме нашите економии посилни преку иницијатива, претприемништво, трговија и инвестиции. Постои основа на која треба да се надградиме. Тоа го сметам за личен предизвик, можеби со помош на над сто илјади Македонци кои сега и Канада ја нарекуваат дома“, рече амбасадорката Камерон, истакнувајќи ги своите заложби за продлабочување и зајакнување на сите врски што ги обединуваат двете држави, а во функција на надградување на стратешкото партнерство, напредок на нашата држава кон Европската Унија и проширување на заедничката посветеност на безбедноста, демократијата и просперитетот. Претседателката Сиљановска Давкова на амбасадорката Камерон ѝ посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска мисија. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид
Алфа - пред 20 часа
HomeВестиМакедонијаЗапленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во ОхридТВ АЛФАноември 20, 2024 Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) при спроведен редовен надзор на 18-ти овој месец во Охрид, од угостителски објект заплениле и нештетно уништиле небезбедна храна (месо и преработки од месо) во вкупна количина од 366 килограми. Со контролата, како што информира денеска АХВ, покрај затекнатата небезбедна храна, утврдени се и недоследности во однос на хигиената кај овој оператор со храна. – За пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му е парична казна од 1000 евра во денарска противвредност и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице. И по однос на утврдените недоследности во поглед на хигиената, дополнително изречена му е истата висина на парична казна, стои во соопштението од АХВ. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Перу
Алфа - пред 20 часа
HomeTопПретседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на ПеруТВ АЛФАноември 20, 2024 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Перу, со седиште во Букурешт, Феликс Рикардо Денегри Боса. На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека идниот развој на односите и соработката меѓу двете земји ќе претставуваат позитивен пример и предизвик за нивно постојано надградување со нови содржини во конкретни области. Посочувајќи дека светот денес се соочува со бројни предизвици, претседателката порача дека меѓусебната соработка е од суштинско значење не само за просперитетот на двете земји, туку и за градење на посилна меѓународна заедница. „Нашите држави и покрај географската оддалеченост, споделуваат значајни вредности и стремежи за мир, стабилност и развој, поврзани преку заемната посветеност на демократските принципи и правата на човекот, како и преку интересот за зајакнување на културните, економските и образовните врски“, истакна во поздравното обраќање претседателката Сиљановска Давкова. Во своето обраќање амбасадорот на Перу, истакна дека двете држави споделуваат заедничките демократски вредности, промовирање на мирот, економскиот напредок и човековите права, со што придонесуваат не само за јакнење на сопствените држави туку и за глобалната стабилност. Перуанскиот амбасадор ја истакна мултилатералната соработка и се заблагодари за македонската поддршка на кандидатурите на Перу во меѓународните организации. Посочувајќи го безвизниот режим меѓу двете земји, тој изрази очекување за развој на туризмот во иднина. Амбасадорот ја потенцираше и улогата на малубројната перуанска заедница во земјава во јакнење на меѓусебните врски и зближување на народите. На свечената церемонија, претседателката му посака на амбасадорот успешно вршење на мисијата и изрази уверување дека со неговото дипломатско искуство ќе придонесе во продлабочување на меѓусебното пријателство. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Мицкоски: Нашата цел е да создадеме образовни програми кои ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината
Алфа - пред 20 часа
HomeВестиМакедонијаМицкоски: Нашата цел е да создадеме образовни програми кои ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнинатаТВ АЛФАноември 20, 2024 По повод Светски ден на детето во организација на УНИЦЕФ и Владата на Република Македонија, се одржи владина седница под слоганот „Слушнете ја иднината”, каде што децата заедно со премиерот и министрите разговараа за следните теми: климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени. -Ќе работиме заедно, сите деца ќе имаат еднакви можности и ќе растат во средина која го поттикнува нивниот развој и благосостојба. Овој ден има длабоки корени во историјата на човековите права. На овој датум во 1959-та година Обединетите нации ја усвојуваат Декларацијата за правата на детето, а во 1989-тата година беше усвоена Конвенцијата за правата на детето – најшироко ратификуван договор за човекови права во историјата. Овие документи не се само правни рамки туку и морален водич за тоа како треба да се однесуваме кон нашите најмлади, најранливи членови на општеството, истакна Мицкоски. Премиерот посочи дека се потврдува заедничката обврска – секое дете има право на грижа, образование, здравствена заштита и заштита од секоја форма на насилство и злоупотреба. -Но зборовите на хартија не се доволни, потребни се дела. Нашата мисија е да ги претвориме овие предизвици во можности за промени, инвестиции во образованието, пристап до здравствената заштита, заштита од злоупотреба и насилство. Ова е ден кога не смееме само да зборуваме, туку и да делуваме. Владата, граѓанските организации, наставниците, родителите и секој поединец имаат улога во оваа борба. Затоа нашата цел е да создадеме образовни програми кои ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери на утрешнината, да покажуваме политики кои ќе гарантираат социјална заштита за најранливите, да ги слушаме децата, да ги охрабруваме да го кажат своето мислење и да ги вклучиме во процесите на донесување одлуки, посочи Мицкоски. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Мицкоски очекува час поскоро да се стави крај на војната во Украина
Алфа - пред 20 часа
HomeВестиМакедонијаМицкоски очекува час поскоро да се стави крај на војната во УкраинаТВ АЛФАноември 20, 2024 Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција на новинарско прашање во врска со војната во Украина рече дека се следат најновите случувања и се анализират, како и дека очекува што поскоро да се стави крај на војната. -Одблиску ги следиме најновите случувања и развој на настани, ги анализираме. Се разбира тоа дека јавно нема да излеземе, што е она кое го анализираме и кои се наште проценки. Очекуваме час поскоро да се стави крај оваа војна, би рекол на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме онака како што посакуваме, изјави премиерот Мицкоски. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Попов: Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина
Алфа - пред 21 часа
HomeВестиМакедонијаПопов: Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната срединаТВ АЛФАноември 20, 2024 -Буџетот за 2025 со рекордни 2,4 милијарди денари повеќе пари за Министерството за животната средина и просторно планирање. Наместо декларативна борба против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ вложува вистински напори против оваа негативна појава!, изјави Сергеј Попов, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Во потпрограмата 2, наменета токму за заштита на животната средина, предвидено е зголемување за 116%. Во ставката „унапредување на животната средина“, предвидено е зголемување за 30%. Покрај владата и министерствата, ќе овозможиме и општините да се борат против загадувањето, преку ставката за капитални дотации, која е зголемена за повеќе од 250%. Во денари, тоа се 2,2 милијарди денари повеќе во споредба со лани, предвидени за капиталните проекти на Министерството за животна средина, односно 90% повеќе. Највисоки средства се вложуваат во капитални проекти наменети за други градежни објекти, во вкупна вредност од 3,6 милијарди денари, зголемување за 71,5%. Додека пак општините за капиталните расходи добиваат 641 милиони денари повеќе, односно цели 267%, споредбено со 2024та“ потенцира Попов. -Ова е јасен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сериозни напори да дишеме чист воздух, во чиста животна средина, а со тоа, Македонија заеднички да ја направиме поубаво место за живеење, изјави Попов. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
Алфа - пред 21 часа
HomeВестиМакедонијаПретрес во Скопје, пронајдена дрогаТВ АЛФАноември 20, 2024 На 19.11.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(54) од Скопје. При претрес во домот и подрумските простории на пријавениот, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Хауард Лутник е нов секретар за трговија на САД – во јули ја посети Македонија и се сретна со премиерот Мицкоски
Алфа - пред 22 часа
HomeВестиМакедонијаХауард Лутник е нов секретар за трговија на САД – во јули ја посети Македонија и се сретна со премиерот МицкоскиТВ АЛФАноември 20, 2024 Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес го номинираше финансиерот од Вол Стрит Хауард Лутник за свој иден Секретар за Трговија. Портфолио на Лутник Лутник е директор и сопственик на инвестициската компанија Кантор Фицџералд, која менаџира десетици милијарди долари во своето портфолио. На 11 септември 2001 година над 600 вработени во неговата компанија, и неговиот брат Гери Лутник, загинаа во терористичките напади врз Њујорк, при уривањето на кулите близначки. Хауард Лутник за влакно ја избегнал трагедијата бидејќи утрината го носел синот во градинка. По оваа трагедија, тој успеа да ја обнови компанијата и да ја изгради во еден од гигантите на Вол Стрит. Лутник ја посети Македонија во јули годинава Лутник беше дел од делегацијата која ја посети Македонија во јули годинава, заедно со сопственикот на Рамбл и негов бизнис партнер Крис Павловски, и поранешниот конгресмен Девин Нунес. При посетата, делегацијата имаше интензивни разговори со премиерот Христијан Мицкоски и македонската влада, за повеќе инвестициски проекти. Лутник доби поддршка од Илон Маск Во изминатиот период, Лутник стана сериозен поборник на користењето на крипто-валутите, при што успеа да го придобие и Доналд Трамп, да стане поддржувач на користењето на овие модерни финансиски алатки. Пред неколку дена, Лутник ја доби јавната поддршка на Илон Маск за позицијата Секретар за Финансии, за која Трамп се уште нема номинирано кандидат. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Ројтерс: Путин подготвен да разговара со Трамп за крајот на војната. Кои се руските услови?
Алфа - пред 22 часа
HomeВестиСветРојтерс: Путин подготвен да разговара со Трамп за крајот на војната. Кои се руските услови?ТВ АЛФАноември 20, 2024 Владимир Путин е подготвен да разговара за договорот за прекин на огнот во Украина со Доналд Трамп, но ја отфрла можноста за големи територијални отстапки и инсистира Киев да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО, изјавија за Ројтерс пет извори запознаени со размислувањата на Кремљ. Новоизбраниот американски претседател Трамп, кој вети брз крај на конфликтот, се враќа во Белата куќа во време кога Русија напредува во војната. Москва контролира дел од Украина со големина на американската сојузна држава Вирџинија и напредува со најбрзо темпо од раните денови на инвазијата во 2022 година. Во првите детали за тоа што претседателот Путин би прифатил во каков било договор со посредство на Трамп, пет актуелни и поранешни руски функционери рекоа дека Кремљ генерално може да се согласи на замрзнување на борбите по линијата на фронтот. Постои можност за преговори за прецизно разграничување на четирите источни региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, велат три извори кои сите побарале анонимност поради чувствителноста на темата. Иако Москва тврди дека овие четири региони се целосно дел од Русија, заштитени со нуклеарниот чадор на земјата, нејзините сили на копно контролираат 70-80% од територијата, додека украинските војници сè уште држат околу 26.000 квадратни километри, според отворени извори од линијата на фронтот. . Русија, исто така, може да биде подготвена да се повлече од релативно малите делови на територијата што ги држи во регионите Харков и Миколаев во северна и јужна Украина, изјавија двајца официјални лица. Путин овој месец рече дека секој договор за прекин на огнот треба да ја одразува реалната ситуација на фронтот, но дека стравува од краткорочно примирје што само ќе му овозможи на Западот повторно да ја вооружи Украина. „Доколку нема неутралност, тешко е да се замисли постоење на какви било добрососедски односи меѓу Русија и Украина“, рече Путин на 7 ноември. „Зошто? Затоа што тоа би значело дека Украина постојано ќе се користи како алатка во погрешни раце, на штета на интересите на Руската Федерација“. Два извори рекоа дека одлуката на американскиот претседател во заминување Џо Бајден да и дозволи на Украина да ги користи американските ракети АТАКМС длабоко во Русија може да го комплицира и одложи каков било договор и да ги зајакне барањата на Москва бидејќи тврдокорните сили бараат повеќе од Украина. Вчера Киев ги искористи тие проектили за првпат за напад на руска територија, според Москва, која го осуди потегот како значајна ескалација. Доколку не биде постигнат договор за прекин на огнот, два извори рекоа дека Русија ќе продолжи со борбата. „Путин веќе кажа дека замрзнувањето на конфликтот на кој било начин нема да успее“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за Ројтерс неколку часа пред Русите да ги пријават ракетните напади ATACMS. „И одобрувањето на тие ракети е многу опасна ескалација од страна на САД“. Украинското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар. Условите на Путин „Тој е единствениот човек кој може да ги собере двете страни за да преговараат за мир, да работи на завршување на војната и да го запре убивањето“, изјави за Ројтерс директорот за комуникации на Трамп, Стивен Чеунг. Трамп рече дека директно ќе разговара со Путин во обид да постигне мировен договор, иако не откри детали за тоа како би можел да ги помири завојуваните страни, кои покажуваат малку знаци на олеснување. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја нема да се откаже додека секој последен руски војник не биде протеран од нејзината територија, врз основа на границите што следеа по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, иако највисоките американски генерали јавно кажаа дека тоа е многу амбициозно. Ова лето Путин ги истакна првичните услови за итен прекин на војната: Украина мора да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО и да ги повлече сите свои војници од целата територија на четири украински региони за кои Русија тврди и ги контролира во најголем дел. Иако Русија нема да толерира пристапување на Украина во НАТО или присуство на војници на НАТО на украинска територија, таа е подготвена да разговара за безбедносните гаранции за Киев, изјавија петмина сегашни и поранешни функционери. Другите отстапки што Кремљ би можел да ги бара од Киев вклучуваат договор за ограничување на големината на вооружените сили и обврска да не се ограничува употребата на рускиот јазик, велат изворите. Димитри Сајмс, еден од најдобро поврзаните руски експерти за Америка, рече дека може релативно брзо да се постигне договор за прекин на огнот за да се стави крај на војната, во која загинаа стотици илјади војници и се раселени милиони цивили. Сепак, поширок и потрајни договор кој би одговарал на безбедносните интереси и на Украина и на Русија би бил исклучително предизвик да се постигне, додаде тој. „Голем договор, според мене, би било многу тешко да се постигне бидејќи позициите на двете страни се многу оддалечени една од друга“. „Тешката вистина е дека сета поддршка за Украина не може да ја спречи Русија да победи“ Русија контролира 18% од Украина, вклучувајќи го и целиот Крим, полуостров што го анектираше во 2014 година, 80% од Донбас – регионите Доњецк и Луганск – и повеќе од 70% од регионите Запорожје и Херсон. Исто така, држи нешто помалку од 3% од регионот Харков и мал дел од Миколаев. Севкупно, Русија контролира повеќе од 110.000 квадратни километри украинска територија. Украина држи околу 650 квадратни километри од руската област Курск. На домашен план, Путин би можел да го прикаже договорот за прекин на огнот што ќе и ги обезбеди на Русија поголемиот дел од териториите на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон, како победа што ја штити територијата во источна Украина каде што се зборува руски и обезбедува копнен мост кон Крим, според еден извор. Самата судбина на Крим не е предмет на преговори, изјавија сите руски претставници. Еден од официјалните лица, висок извор запознаен со дискусиите на високо ниво во Кремљ, рече дека Западот ќе мора да ја прифати „тешката вистина“ дека сета поддршка за Украина не можеше да ја спречи Русија да победи во војната. Самиот Путин ја започна инвазијата на Украина Путин, поранешен потполковник на КГБ кој го гледал распадот на Советскиот Сојуз додека бил стациониран во Дрезден, сам ја донел одлуката да ја нападне Украина само со ограничени совети од мала група доверливи советници, изјавија за Ројтерс 10 руски извори запознаени со размислувањето на Кремљ. Тој, исто така, ќе има одлучувачко гласање за каков било прекин на огнот, според петмина сегашни и поранешни функционери. Шефот на Кремљ го промовира она што тој го нарекува „специјална воена операција“ во Украина како пресуден момент кога Москва конечно се спротивстави на она што тој го гледа како западна ароганција која го прошири НАТО кон исток кон границите на Русија и се вмеша во политиката на она што Москва го смета за нејзин сопствен двор, вклучувајќи ја и Грузија и, најважно, Украина. Киев и Западот велат дека инвазијата била обид да се заземе суверена украинска територија. На прашањето како може да изгледа евентуалниот прекин на огнот, два руски извори се повикаа на нацрт-договорот кој беше речиси одобрен во април 2022 година по разговорите во Истанбул, а кој Путин јавно го спомена како можна основа за договорот. Според нацртот, кој го видел Ројтерс, Украина треба да се согласи на постојана неутралност во замена за меѓународни безбедносни гаранции од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН: Велика Британија, Кина, Франција, Русија и САД. Еден руски функционер рече дека нема да има договор доколку Украина не добие безбедносни гаранции, додавајќи: „Прашањето е како да се избегне договор што ќе го затвори Западот во можна директна конфронтација со Русија еден ден“. КАТЕГОРИИ ВестиСвет Споделете ja веста...
Андоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за Европа
Алфа - пред 22 часа
HomeВестиМакедонијаАндоновски: Дигиталната трансформација е технолошки двигател на посилна поврзаност и подобра иднина за ЕвропаТВ АЛФАноември 20, 2024 Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во рамки на седмиот Дигитален самит во Талин, се обрати на сесијата Дигитални технологии и управување во Западен Балкан, која беше дел од панелот за Сајбер отпорност и партнeрство во земјите од Западен Балкан. Фокусот на панелот беше да се разменат мислења за примената на нови технологии во јавниот и приватниот сектор, ризиците од сајбер-напади, како и можностите за примена на најдобрите практики за подобрување на процесите на управување и давање на услуги кон граѓаните. Во своето обраќање, Андоновски истакна дека граѓаните мораат да бидат во срцето на процесот на дигитална трансформација. „Дигитализацијата е главниот двигател за иновации, конкурентност и раст во сите сектори. Отвора нови можности, помагајќи им на граѓаните и компаниите да го добијат најдоброто од меѓусебно поврзаниот свет“, изјави Андоновски. Дополнително, во своето обраќање ја потенцираше важноста на партнерството со ЕУ, но и со останатите меѓународни партнери за зајакнување на сајбер-безбедноста и примената на иновативни технологии што пак ќе создадат поефикасни и транспарентни институции. „Државите од Западниот Балкан се наоѓаат во критичен момент, каде што нашата дигитална иднина се вкрстува со европската интеграција. Се наоѓаме во клучен момент во историјата, каде што технолошкиот напредок не се само поединечни промени во поединечни држави, туку сите овие процеси се катализатори за промена на парадигмата во тоа како го замислуваме и комуницираме со светот околу нас.“, дополни Андоновски Дигиталниот самит во Талин се смета за еден од најзначајните настани за дигитализација во Европа. Се одржува секоја година и привлекува околу 600 гости од над 60 земји, вклучувајќи претставници од Европскиот парламент, ЕНИСА, Светската банка, НАТО, ОН и водечки технолошки компании. Самитот опфаќа клучни теми поврзани со дигитализацијата, иновациите и сајбер-безбедноста. Оваа година, настанот вклучува 40 панел дискусии и сесии за размена на идеи и искуства кои ќе го обликуваат дигиталниот развој на иднината. Министерот Андоновски за време на престојот во Талин, се сретна и со Премиерот на Естонија, со министерката за правда и дигитални прашања на Естонија, Лииса-Ли Пакоста, министерката на Украина Ионан и со високи претставници на Академијата за е-управување на Естонија и Центарот за компетенции за сајбер безбедност во рамките на оваа реномирана Академија. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Меџити на линија на Курти: Во Македонија нема закон за албански јазик
Алфа - пред 22 часа
HomeВестиМакедонијаМеџити на линија на Курти: Во Македонија нема закон за албански јазикТВ АЛФАноември 20, 2024 Премиерот на Република Косово не кажа ништо посебно, само кажа дека во Македонија нема закон за албанскиот јазик, има Закон за јазиците. Истото и јас го тврдам – дека и до сега немало посебен закон за албанскиот јазик, изјави првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити. Одговарајќи на новинарски прашања, реакцијата на ДУИ на изјавата на косовскиот премиер Албин Курти, Меџити ја оцени како „хистерична“, спомнувајќи дека партијата на Али Ахмети така реагирала и на укинувањето на балансерот – алатката за вработување во јавната администрација по етнички клуч. -Хистерични се. За да сфатите како реагираат ДУИ на овие работи: министрите на ДУИ во минатата влада имаат дадено писмено мислење во врска со балансерот и сите, до еден, дадоа негативно мислење дека на балансерот му е поминат рокот, дека е несоодветен механизам, и истите тие, кога се укина од Уставниот суд, од судии кои беа избрани од нивното мнозинство, тие излегуваат и протестираат зошто се укинува балансерот. А самите го барале тоа. Значи, луѓето се во паника, немаат визија и никако да се соочат со новата реалност дека се во тешка опозиција, изјави Меџити по отворањето на „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина“. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Се решава проблемот на над 2.000 лица- откочување на процесот за полагање на лиценци за негователи и воспитувачи во градинките
Алфа - пред 22 часа
HomeВестиМакедонијаСе решава проблемот на над 2.000 лица- откочување на процесот за полагање на лиценци за негователи и воспитувачи во градинкитеТВ АЛФАноември 20, 2024 На владина седница помина- предлог законот за измена и дополнување на Законот за заштита на децата. На ред е собраниската процедура. Со него, се откочува процесот за полагање за негователи и воспитувачи во градинките кој беше заглавен од октомври 2023 година. Над 2.000 лица чекаат да се стекнат со ваква дозвола за работа во градинките. Според ресорното министерство, причина за ваквиот хаосот е неажурноста и незаинтересираноста во изминатиот период. Не е водено грижа за пополнување на испразнетите места, па поради тоа има огромен недостаток од стручен и технички кадар во градинките. Претставници од министерството за социјална политика, демографија и млади, ексклузивно за КУРИР, во текот на утрешниот ден ќе откријат повеќе детали. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Томовски: Владините објекти седум години се оставени без имотни листови и без да се закова ниту една шајка
Алфа - пред 22 часа
HomeВестиМакедонијаТомовски: Владините објекти седум години се оставени без имотни листови и без да се закова ниту една шајкаТВ АЛФАноември 20, 2024 Во вчерашното гостување на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“ присуствуваше директорот на Служба за општи и заеднички работи при Влада и член на Централен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски кој објаснуваше за владиниот имот кој е во сопственост на државата, кој како резултат на владеењето на претходната влада бил наследен во многу лоша состојба. Томовски истакна дека затекнале државен имот во многу лоши услови како резултат на владеењето на претходната власт, исто така и прикажа докази за ситуацијата во вилата Лазарополе и вилата Свети Стефан. Директорот на СОЗР приложи факти покажувајќи фотографии за лошата состојба на објектите кои ги оставила СДС, и се она што е направено од страна на владеењето ВМРО-ДПМНЕ во овој краток временски период од неколку месеци. -Имаме во сопственост наши објекти, имаме вила во Лазарополе, имаме вили во Охрид кои што се во доста лоша состојба. Ова е сето она што сме го направиле во овој краток период без финансиски импликации брз буџетот, со сопствени средства и без пари. Практично, немало никаков пристап до вилата и ние овозможивме пристап и планираме во текот на 2025-2026 година комплетно целиот државен имот да го ставиме во функција да профункционира и да нема никаков проблем, рече Томовски. Томовски потенцираше дека државните објекти се оставени седум години без да се закова ниту една шајка од страна на претходната влада која не обезбедила ниту имотен лист. -Не им се работело и не сакале да работат. Она што е уште пофрапантно е тоа што овие вили немаат имотен лист, не потегнале со години да го средат имотот на државата. Доколку сакате вие со овие вили да отпочнете некаква реставрација, реновирање и било каков градежен зафат мора да објавите тендер за проектирање со фирма со А лиценца и изведувач со А лиценца но, пред се тоа да го отпочнете мора да имате имотен лист. На овие не им се работело претходно, не почнале никаква постапка, објасни Томовски. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Гувернерката Ангелоска-Бежоска оствари средба со Лујен Д. Тран
Алфа - пред 22 часа
HomeВестиМакедонијаГувернерката Ангелоска-Бежоска оствари средба со Лујен Д. ТранТВ АЛФАноември 20, 2024 Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која се зборуваше за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка. Преку оваа средба беше нагласена поддршката од САД за економскиот развој и зајакнувањето на отпорноста и финансискиот интегритет на земјава. На почетокот на средбата беше нагласена клучната улога на Народната банка во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности. Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка преку преземените мерки му овозможи на финансискиот систем да се справи со економските предизвици. Беше истакнато и дека Народната банка дејствува како столб на севкупната макроекономска стабилност. Гувернерката Ангеловска-Бежоска и високиот претставник на администрацијата на САД, Тран, ги разгледаа можностите за техничка помош и соработка за унапредување на регулативните рамки и финансиската стабилност. Преку користење на експертизата од оваа важна финансиска институција на САД, Народната банка може уште повеќе да ги зајакне своите капацитети за управување со ризиците, за супервизија и дигитализација на финансиите, коишто се исклучително важни за јакнењето на отпорноста. Преку соработката на двете институции ќе се добие увид и во новите алатки и практики за справување со предизвиците од неизвесното окружување, како и за можностите за пренесување на знаењето и поврзување со светскиот финансиски пејзаж. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Започна изградбата на атлетска патека во спортскиот комплекс кај Касарната во Гевгелија
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаЗапочна изградбата на атлетска патека во спортскиот комплекс кај Касарната во ГевгелијаТВ АЛФАноември 19, 2024 Гевгелија добива атлетска патека. Во присуство на министерот за спорт, Борко Ристовски, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, претставници на Атлетскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија и други граѓани, денеска, се означи почетокот на изградбата на новата атлетска патека во Гевгелија. Имено, патеката, чијашто должина ќе изнесува 320 метра, со 4 траки и вкупна ширина од 5 метра, ќе биде изградена во спортскиот комплекс кај Касарната, согласно високи стандарди за спортска инфраструктура. За само неколку месеци од најавата и присуството на министерот Борко Ристовски во општина Гевгелија за пуштање во употреба на спортското игралиште во Давидово, овој проект веќе станува реалност за гевгеличани. Градоначалникот Сарамандов изрази голема благодарност до него што ја прифати иницијативата на Атлетскиот клуб „7 Ноември“ и што Министерството за спорт на Република Македонија обезбеди средства за реализација на овој спортски капитален проект. Изградбата на новата атлетска патека има огромно значење за нашиот град, посебно за помладите генерации, од причина што Гевгелија за првпат ќе добие спортска инфраструктура што претставува основа за развој на секој еден друг спорт и што е од особено значење за помладите, но и за рекреативците- истакна Сарамандов. Притоа, потенцираше дека, изминатиот период, Општина Гевгелија вложи доста во модернизирање на целата спортска инфраструктура, со коишто зафати значително се подобрени условите за спорт и рекреација на подрачјето на цела општина Гевгелија. Во градот и населените места, беа изградени и реконструирани 12 спортски игралишта со тартан и вештачка трева. Во тек е реконструкција на спортската сала ДТВ „Партизан“ и истата ќе биде во ставена во функција во 2025 година– рече Сарамандов. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Продолжува хаосот во ЈСП-Повторно се запали автобус при движење
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаПродолжува хаосот во ЈСП-Повторно се запали автобус при движењеТВ АЛФАноември 19, 2024 Не запира хаосот во јавното сoобраќајно претпријатие. Повторно се запали автобус кој сообраќал по рутата кон Злокуќани, за среќа нема повредени во инцидентот. Интервенирала и противпожарна единица, а причините за несреќата допрва треба да се утврдуваат. По денешниот инцидент со соопштение излегоа и од Град Скопје од каде ја обвинуваат владеачката ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за настанатиот хаос во ЈСП. Според нив блокадата во советот била главна причина за лошата состојба. “Единствен виновник за континуираната криза во ЈСП е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, чии советници на чело со Трајко Славевски се власт во Советот 3 години и веќе 24 седници по ред не гласаат за замена на дотрајаните автобуси со нови, ниту за решавање на хаосот што сами свесно го предизвикуваат во јавниот превоз” стои во соопштението на ЈСП. Но реалноста е далеку поинаква. Само во последните две години ЈСП има добиено субвенции во висина од околу 23 милиони евра со поддршка на советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Со средствата се најавуваше решавање на проблемите, автобусите редовно да сообраќаат, вработените навремено да добиваат плата, што впрочем беше и ветено од Град Скопје. Но за жал сликата остана непроменета. Вработените во неколку наврати штрајкуваа поради доцнење на плати, автобусите се во гаражите поради недостиг на гориво, а тие кои сообраќаат се технички неисправни па завршуваат во провалија како во Раштак, во жардињери како тој кај „Мавровка“, или се палат при движење како денес во Злокуќани, а пред извесно време и во Бутел. На постојките владее нервоза, граѓаните сметаат дека повторно се измамени, Град Скопје им најави редовни линии, но, три дена подоцна, повторно се принудени да чекаат со часови да стигнат до посакуваната дестинација. За петок најавија мирни протести пред град Скопје. “Нема редовни линии, слабо, нема” кажа граѓанин “Чекам еден саат веќе 22-ка, никаде ја нема” нервозно одговори граѓанка “Лошо е многу, 15 за Лисиче никаде ја нема, стари се автобусите, каснат” констатираше граѓанка Во меѓу време, директорот на ЈСП Драги Кушовски неколку денови не одговара на телефонските повици, одговор нема ниту од одделот за односи со јавност при ЈСП. Останува неодговорено до кога скопјани ќе се возат во небезбедни автобуси кои или се технички неисправни или завршуваат во провалии. Даниел Ѓорѓевски КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Работната посета на претседателот Гаши на НАТО
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаРаботната посета на претседателот Гаши на НАТОТВ АЛФАноември 19, 2024 Претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, на иницијатива на Одделот за јавна дипломатија во НАТО, предводеше Делегација од пратеници во работна посета на НАТО. Во Делегацијата беа координаторите на Пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Мицевски и Оливер Спасовски; заменик-координаторите на ВРЕДИ и ДУИ, Мерита Колчи-Коџаџику и Арбана Пашоли; пратеникот од ЗНАМ, Павле Арсоски и шефот на Делегацијата на Собранието во ПС НАТО, Драган Ковачки. На средбата со Борис Руге, заменик-генерален секретар на НАТО, претседателот Гаши, во светло на актуелните безбедносни предизвици, ја истакна посветеноста на Македонија во водење на политика и промовирање на атмосфера и на регионална стабилност. Како земја која не е членка на ЕУ, но е дел од Јужното крило на НАТО, земјава се залага за динамична и визионерска соработка за јакнење на одбранбената подготвеност за одговор кон сите реални закани од секаков вид (хибридна војна, борба против дезинформациите, отпорност кон малигни влијанија од трети земји и сл.). Беше разговарано и за единственото и суштинско партнерство со Европската Унија со цел да се зајакне нејзината стратешка комплементарност со НАТО, со особен акцент на сите земји членки и нивните парламенти кои треба да посветат особено внимание на Структурниот дијалог НАТО – ЕУ. Соговорниците споделија видувања за одржување на моментумoт во односите НАТО – Украина преку доставување континуирана помош, на билатерална основа и преку Сеопфатен пакет за помош. Истовремено, беше пренесен цврстиот став на Македонија и нејзиното Собрание за натамошна поддршка на Политиката на отворени врати и посветеноста на заложбите на НАТО, повторно усвоени и потврдени на Самитот во Вашингтон, за издвојување на +2 % од БДП за одбраната. Беа реализирани брифинзи со Петр Лунак, заменик-шеф во Одделот за јавна диломатија; со Нина Сољан, шеф на Одделот за политички прашања и безбедносна политика; Никола де Сантис од Одделот за јавна дипломатија и со Ариела Виехе од Одделот за операции. На брифизните претседателот и Делегацијата беа запознени со функционирањето на одделите, врската со земјите членки на НАТО, извршувањето на активностите на постојаните мисии, ангажманите на земјите членки во мировните и советодавните мисии во кризните региони и за степенот на подготвеноста во одговор на безбедносните предизвици. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Димитриеска-Кочоска: Владата не ја плаќа каматата на компаниите, целта е да добијат поевтини кредити од оние што во моментот се нудат од деловните банки
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаДимитриеска-Кочоска: Владата не ја плаќа каматата на компаниите, целта е да добијат поевтини кредити од оние што во моментот се нудат од деловните банкиТВ АЛФАноември 19, 2024 Комуникацијата со банките продолжува. Се очекува од нивна страна да се произнесат во однос на каматната стапка и нивната можност таа да биде на пониско ниво и од 3,25%, како и да се утврдат некои детали во однос на критериумите. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во ТВ Сител, која истакна дека немало никаков проблем во разговорите со банкарскиот сектор и дека она што не можело да се договори бил рокот на отплата, но дека се најде заедничко решение. „Со банкарскиот сектор единствено на некој начин не можевме да го договориме рокот на отплата, затоа што секоја банка има интерна процедура за носење одлука која зависи дали станува збор за опрема или градежни објекти. Целта беше да постигнеме заеднички договор со кој би утврдиле кои би биле роковите, односно тие да ги прифататистите услови под кои ние го земавме кредитот, а тоа е 3 години грејс период и 12 години рок на отплата. На тој начин да избегнеме ситуација на одење на клиентите од една во друга банка. И ние во тој дел разговаравме. Во делот на каматата Владата останува доколку може да изнајде начин и да договори со банките на некој начинн и тие да имаат општествена одговорност, а со цел да поттикнеме поголемо инвестирање. Тоа беше намерата на премиерот и во таа насока бараше и банките да одат во делумно субвенционирање на каматата, коешто ако ги поглденеме сите кредитни линии што оделе од Развојната банка биле субвенционирани од Владата вклучително и онаа последна којашто е донесена како одлука од претходната Влада на 25.07.2023 година и со која се субвенционира од Владата, но каматата ја намалува за 1 п.п. кој го финансира банкарскиот сектор. Не нудевме ништо празлично од тоа што досега го имало претходно со Развојната банка. Премиерот имаше еден нов предлог и ќе видиме како ќе се произнесат банките. Ние секако ќе ја субвенционираме каматата и да видиме колку пониско ќе можат банките да ги пласираат средствата дури и под 3,25%“, рече министерката. Таа потенцира дека не станува збор за субвенционирање на каматата на компаниите кои ќе ги земат кредитите, туку дека фирмите ќе платат пониска камата од она што е сега просечна по која ги добиваат средствата од банките. „Фирмите ќе ја платат каматата која ќе биде пониска од она што во моментот го добиваат од комерцијалните банки, а тоа е просечно 4,9%. Можноста е сега тие да добијат пониска камата од 3,25% и таа да биде максимумот по кој би ги добиле средствата приватниот сектор“, рече министерката и потенцира дека никогаш не станало бор дека Владата ќе ги плати каматите на фирмите. „Целта, рече, е да се обезбедат поевтини кредити и да плаќаат пониска камата. Во интервјуто министерката се осврна и на Предлог-буџетот за 2025 година за кој од денеска во рамки на Комисијата за финансирање и буџет почнува амандманската расправа. КАТЕГОРИИ ВестиЕкономијаМакедонија Споделете ja веста...
60-годишна битолчанка измамена за 10.000 евра
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиХроника60-годишна битолчанка измамена за 10.000 евраТВ АЛФАноември 19, 2024 Вчера во 13.45 часот во СВР Битола, 60 – годишна жена од Битола пријавилa дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, пред околу четири месеци на фејсбук стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине мисијата. Како што е пријавено, лицето ја известило дека мора да уплати 10.000 евра доколку сака да ја прекине мисијата и побарало од неа да ги пушти парите на лице во Турција преку брз трансфер на пари, затоа што додека бил на мисија немал пристап до неговата банкарска сметка. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонијаХроника Споделете ja веста...
Таравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаТаравари: Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа државаТВ АЛФАноември 19, 2024 Министерот за здравство и еден од лидерите на ВЛЕН, Арбен Таравари, ја сподели долгоочекуваната вест за здравствените работници, каде што зголемувањето на платите во наредните четири години ќе биде помеѓу 40 и 50 проценти. -Изворедна вест. Платите во здравството ќе бидат највисоки во историјата на оваа држава! Благодарност до Владата и синдикатите кои се согласија на овој договор, кој ќе влезе во светлите страници на оваа земја, соопшти Арбен Таравари. Претходно, и премиерот Христијан Мицкоски им се заблагодари на синдикалните организации и синдикатите кои конструктивно учествуваа со нивните идеи за време на целиот процес, заедно со претставниците на синдикатите, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, како и другите кои беа вклучени. Со овој постигнат договор, веќе следната година во март ќе има дополнително зголемување од 5 проценти на сумата наменета за плати за здравствените работници, додека во 2026 година тоа ќе биде од 5 до 7 проценти. Истото зголемување од 5 до 7 проценти ќе се реализира и во 2027 година, а во 2028 година ќе биде од 7 до 10 проценти. Или, ако го земеме целиот овој период последователно, добиваме зголемување на износот на средствата потребни за исплата на платите на здравствените работници за целиот период помеѓу 40 и 50 проценти. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што СДС е против покачувањето на платите на вработените во здравството
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Срамно е што СДС е против покачувањето на платите на вработените во здравствотоТВ АЛФАноември 19, 2024 Срамно е што опозициската СДС е против покачувањето на платите на вработените во здравството, додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ постигна историски договор за нивно покачување и посветено работи за подобрување на состојбите во здравството, се вели во партиската реакција на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. За прв пат после долги години во Македонија има влада која има слух за здравствените работници. ВМРО-ДПМНЕ покажува вистинска грижа за здравството и здравствените работници. ВМРО-ДПМНЕ активно работи на подобрување на состојбите во здравството преку вложување во здравствените работници со цел нивно задржување во државата, како и преку осовременување на технологии и методите на лекување. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во соработка и консултации со синдикатите и синдикалните организации постигна историски договор за покачување на платите на здравството. Потпишан е анекс на колективниот договор за коригирање на коефициентите од 0,233 за сите здравствени работници и од 0,364 коефициент за медицинските сестри со средно образование и останатиот средно-медицински кадар. Со корекцијата на коефициентите на вработените во здравството со кој сите медицинските работници, уште од следната плата ќе добијат покачување од 2.450 денари. За разлика од СДС која ги заборави во целост медицинските сестри и останатиот средно-медицински кадар, ВМРО-ДПМНЕ покажува особена грижа за овој важен столб во здравствениот систем, така што и до крајот на годината истите ќе добијат покачување на платите од 3.850 денари. Освен покачувањето на платите од 10% кое што здравствените ќе го добијат годинава како резултата на корекцијата на бодовите од колективниот договор, покачување на платите во здравството од пет проценти ќе има и во март следната година. Покачувањето на платите на во здравството нема да застане тука, тоа продолжува и во следните 2026 и 2027 година каде што покачувањето се очекува да биде од 5-7% во зависност од кондицијата на буџетот, додека во 2028 година покачувањето на платите ќе биде од 7-10%, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Сето ова значи дека во четиригодишниот мандат на владата на ВМРО-ДПМНЕ платите на вработените во македонското здравство ќе биде од 40-50 проценти, додаваат од владејачката партија. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Скопје се најде на шестата позиција во ТОП 10 листата од градови со најголемо аерозагадување во светот
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаСкопје се најде на шестата позиција во ТОП 10 листата од градови со најголемо аерозагадување во светотТВ АЛФАноември 19, 2024 Капак на се е екстремното загадување во главниот Град чии жители едвај дишат. Скопје сега се најде на шестата позиција во топ 10 листата од градови со најголемо аерозагадување според податоците на „АЈ КЈУ ЕАР„ со индекс на загаденост од 158. Главниот загадувач се пм 2,5 честичките, чии концентрации се 65,2 микрограми на кубен метар, додека концентрацијата на пм 10 честичките е 84,4 микрограми на кубен метар. Концентрацијата на пм 2,5 во Скопје е 13 пати повисока од годишната вредност што ја препорачува светската здравствена организација. Најзагаден град во светот во моментов е Делхи, по што следуваат Лахор и Каиро. Од балканските градови, најблиску до Скопје е Сараево, кое се наоѓа на четвртата позиција на оваа листа. Еко активистите но и здравствените работници постојано ја истакнуваат сериозноста на ситуацијата, предупредувајќи на потребата од итни мерки за намалување на аерозагадувањето, бидејќи тоа има директни и долгорочни негативни ефекти врз здравјето на граѓаните. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Почна амандманската расправа за Буџетот за 2025 година
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаПочна амандманската расправа за Буџетот за 2025 годинаТВ АЛФАноември 19, 2024 По четири дена општа расправа за предлог Буџетот за 2025 година, на собраниската комисија за финансирање и буџет почна расправата по поднесените амандмани за владината предлог-структура на народната каса.Расправата за буџетот за следната година на Собраниската комисија за финансирање и буџет трае 10 дена и треба да заврши најдоцна до 30 ноември по што продолжува на пленарна седница. За предлог–буџетот за 2025 година се поднесени вкупно 308 амандмани од кои 204 од опозициската СДСМ. Власта и опозицијата спореа и допрва ќе спорат околу проекциите во буџетот на кој гледаат со различна диоптрија. Според владата, буџетот е скроен со цел да овозможи стабилност и развој на економијата. Сето ова почива на средствата за капитални инвестиции, но и повеќе средства за плати, пензии, социјални трансфери. Опозицијата пак тврди дека буџетот е неразвоен, недомачински и ќе продолжи да го зголемува јавниот долг на државата. Со предлог-буџетот за 2025 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари или на ниво од 4 проценти од планираниот бдп, а се предвидува раст на економијата од 3,7 проценти. Согласно законот, буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до 31 декември. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Врие во Улици и патишта, вработените се подготвуваат за штрајк
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаВрие во Улици и патишта, вработените се подготвуваат за штрајкТВ АЛФАноември 19, 2024 Не само во ЈСП, хаос има и во останатите јавни претпријатија под капата на Град Скопје. Како последно врие во Улици и патишта каде вработените се подготвуваат за штрајк. Гневот кај нив е огромен оти повторно немаат плата. Најавуваат штрајк пред Град Скопје, каде велат дека ќе ја донесат целата механизација. Вработените се жалат дека повеќе не можат да го издржат лошото менаџирање на јавното претпријатие кое тоне во огромни загуби. Вината за состојбите ја лоцираат исклучиво во двоецот Арсовска – Глигоров преку разрешениот директор Ванчо Умленски. Во писмениот допис до јавноста, вработените предупредуваат дека освен што доцни платата, претпријатието е презадолжено кон добавувачи на материјали во износ од 240 милиони денари. Долговите велат се подмируваат селективно од страна на директорот, односно градоначалничката Арсовска. Сметката им е блокирана, немаат основни средства за работа како нафта, ризла, тампон, рабници. Градежните машини и возила се со дефекти и не се сервисираат со месеци. Терминот на штрајкот велат дополнително ќе се утврди. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Шекеринска ќе биде заменик генерален секретар во НАТО: Ќе ја преземе функцијата до крајот на годинава
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаШекеринска ќе биде заменик генерален секретар во НАТО: Ќе ја преземе функцијата до крајот на годинаваТВ АЛФАноември 19, 2024 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. „Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Таа вистински верува во НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“, се наведува во изјавата на Руте. Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО-алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе функцијата до крајот на годинава, се додава во информацијата објавена на страницата на НАТО. „Политико“ во август годинава го објави името на Шекеринска како можен нов заменик-генерален секретар на НАТО. Постоел општ консензус дека жена од Источна Европа треба да биде назначена на оваа позиција, па во игра беа Шекеринска и поранешната вицепремиерка и еврокомесарка од Бугарија, Марија Габриел. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Македонија како прва земја до регионот потпиша со ЕУ договор за безбедносно и одбранбено партнерство
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаМакедонија како прва земја до регионот потпиша со ЕУ договор за безбедносно и одбранбено партнерствоТВ АЛФАноември 19, 2024 Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во Брисел заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел го потпишаа договорот за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу Македонија и Европската Унија. Македонија е прва земја од регионот што потпишува ваков клучен договор. Се очекува овој договор за партнерство да ја зајакне отпорноста на земјата и да овозможи заедничко справување со безбедносните предизвици и поефикасна соработка во сферата на безбедноста и одбраната. Инаку, како дел од досегашната соработка, ЕУ во рамки на Европскиот мировен фонд во септември годинава одобри 13 милиони евра помош, наменети за зајакнување на капацитетите и способностите на македонската армија. Доделените средства се наменети за набавка на технологии за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, на логистичка и инженерска опрема, како и на комуникациски и информациски системи, а со нив ќе се обезбеди и техничка обука за користење на опремата. Како што соопшти советот на ЕУ, овие средства ќе ги зајакнат македонските капацитети за нејзино учество во операциите и мисиите во рамки на заедничката безбедносна и одбранбена политика на унијата, како и други меѓународни мисии и таа помош дополнително ја илустрира зголемената поврзаноста на блокот со земјава во областа на безбедноста и одбраната. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Студентите до јануари ќе знаат дали оброкот ќе се зголеми на 160 денари
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаСтудентите до јануари ќе знаат дали оброкот ќе се зголеми на 160 денариТВ АЛФАноември 19, 2024 Во јануари ќе се знае дали сумата за студентскиот оброк ќе се зголеми на 160денари, најави денеска министерката за образование, Весна Јаневска. Во буџетот за 2025 се предвидени 30милиони евра или околу 18% повеќе средства за студентскиот стандард и нема дилема за покачување, сепак во тек се преговори со студентите, кои бараат проширување на опсегот, рече Јаневска.. „Затоа што тие имат некаква поинаква идеја. Сметаат дека за 140ден. можат да добијат во одредени маркети и ресторани , комплетен оброк, а дека би можело да се прошири опсегот. На пример и студенти кои работат парт тајм, а се уште не постигнале одредена сума на средства, би можеле и тие. До крајот на годината, ние тоа ќе го дефинираме и веднаш ќе знаеме дали ќе добијат 160денари или ќе биде проширен опсегот„ изјави министерката за образование, Весна Јаневска. Министерката, Јаневска, посочи дека уште два приватни Института, најверојатно ќе добијат клуч на врата, а за десеттина е донесено одлука, во рок од три месеци да ги отсранат констатираните неправилности. Досега е направено ревизија на петнаесет, а во моментот се прави уште на пет Института. „Дополнително за два, деновиве веројатно ќе заврши процедурата и да бидат затворени. На десеттина Институти, им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите, но според извештаите кои ги читав, многу малку од нив ќе може да го направат тоа. За жал морам да кажам дека веројатно ќе следи затварање на повеќе Институти, кои се нефункционални, не го почитуваат законот, не ги исполнуваат условите. И мислам дека е добро за високото образование и науката, конечно да воведеме ред„ изјави министерката за образование, Весна Јаневска. Јаневска, најави дека се бара и решение за проблемот во Студентскиот дом „Пелагонија„ каде студентите се жалат на лошите хигиенски услови, немањето топла вода и неквалитетната храна . Се очекува за два до три дена да биде именуван нов директор. Денеска министерката за образование ја посети штипската Гимназија„Славчо Стојменски„ за да ги види резултатите од едносменското работење . Александра Ристевска КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Стихиен почеток на раниот откуп на тутунот: Тактизираат и откупувачите, и тутунопроизводителите
Алфа - пред 1 ден
HomeTопСтихиен почеток на раниот откуп на тутунот: Тактизираат и откупувачите, и тутунопроизводителитеТВ АЛФАноември 19, 2024 Стартуваше раниот откуп на тутунот. Во првите два дена, откупот се одвива стихијно и со многу слаб интерес и кај тутнопроизводителите, но и кај откупните компании. Од вкупно 10-те откупувачи кои располагаат со 305 ваги, вчера и денеска откупуваат само две компании на 19 ваги. Според новоформираниот Сојуз на тутунски здруженија, слабиот интерес и не е изненадување, бидејќи тоа било така со години наназад при секој почеток на откупот. „Од вчерашниот ден почеток на откупот најави „Кавекс“, а денеска почеток на откупот накави и „Сокотаб“. За утрешниот ден има најавено „Пашоски“ со отворање на вкупниот број ваги. Во Прилеп се’ уште нема донесено тутун во откупните пунктови, меѓутоа имаме сознанија дека во источниот дел на Македонија и во Пелагонија има однесено тутнун и откупен е сиот во прва класа, со напомена дека откупувачите влажниот и сувиот тутун во моментов не го откупуваат“, – изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија. Што се однесува до годинашните откупни цени, од Сојузот велат дека тие се на ланското ниво, но не се исклучува можноста со анекси на веќе договорените цени тие да бидат зголемени при самиот откуп. „Ние очекуваме 420 ден./кг да биде просечна цена од која мислиме дека тутунопроизводителите ќе бидат колку-толку задоволни за да ги покријат трошоците“, – објаснува Ристески. „Родот е со одличен квалитет и нормално тутунарите очекуваат повисоки класи и затоа е овој застој вака. Мора да дојдеме до една вистинска цена за да опстане тутунопроизводството и оваа култура“, – рече тутунар од долненско. Засега откупот воопшто не е започнат ниту во прилепскиот Тутунски комбинат, иако минатата недела оттаму беше соопштено дека тие се подготвени за откуп. Според Законот, сите откупни компании се должни најрано пред пет дена да го информираат Сојузот дека ќе започнат со откуп. Годинашните откупни цени се 375 ден. за првата класа, 300 за втората и 260 денари за третата класа, а очекувањата се дека родот ќе тежи најмногу околу 17 милиони кг тутун, наспроти очекуваните 26 милиони кг и е за 20-30 проценти повеќе од лани. Каролина Дурло КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Македонија мора да ја претрка Бугарија во намерата да изгради алтернативна пруга со која сака да не заобиколи
Алфа - пред 1 ден
HomeTопМакедонија мора да ја претрка Бугарија во намерата да изгради алтернативна пруга со која сака да не заобиколиКристина Алексиесканоември 19, 2024 Бугарија работи на алтернатива на железничкиот коридор 10 за да ја заобиколи Македонија, и затоа Владата ја става изградбата на пругата кај нас што ќе ги поврзе Србија и Грција на врвот на приоритетите. Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски интензивно се работи на изнаоѓање решение за изградба на пругата на Коридор 10 во Македонија со што Бугарија би се поврзала природно со нас и Македонија нема да остане слепо црево на Балканот. Николоски најавува дека за 2 месеци Владата би имала конкретен план како да се изгради пругата, а целиот проект би бил готов за 5- 6 години -Во следните два месеци ќе излезам со конкретни решенија кои ќе ги презентирам во јавноста за подоцна да можеме да почнеме со градба. Рок за дизајн и за проектирање е една година, а рок за изградба е четири до пет години во зависност од теренот. Тоа значи дека целиот проект треба да трае помеѓу пет и шест години – рече Николоски. Од друга страна сеуште трае процесот за решавање на проблемот во проектирањето на железничката пруга на Коридор 8 односно третата делница Крива – Паланка – Деве Баир која што спред податоците од минситерството за транспорт завршува на половина тунел. Разговорите со Бугарија траат, а според најавите средба ќе има во Скопје на крај на месецов. Во ревизијата на недостатоците, лошо испроектираната траса и нереалните минилони, посредник ќе биде Европската Унија. На последниот состанок во Софија, согласно официјалниот записник, договорено е е дека треба да се направат две работи. Првата работа којашто треба да се направи е да се направи заедничко проектирање за тунелското решение коешто треба да ги поврзе двете држави, втората е заеднички да се избере изведувач, што е единственото логично што може да се направи, и третата работа е во однос на делот од македонска страна да се направи ревизија на проектот и на цените, затоа што мислам дека никој не е наивен да верува дека 24 км треба да чинат 560 милиони евра – рече Николоски одговарајќи на новинарско прашање на дебатата што ја организираше Сојузот на стопански комори по повод нејзиниот 20-ти роденден. Владата покрај на железничката, работи и на модернизација и изградба на патната инфраструктура. Министерот Николоски најави дека до крајот на јануари се очекува да заврши целата експропријација освен делот за заштитена зона кај Охридското Езеро за патните коридори 8 и 10д, што била и една од најголемите кочници во минатото. КАТЕГОРИИ TопБизнисВестиМакедонијаПрилози Споделете ja веста...
Историски договор: Вработените во здравството ќе добијат покачување до 50% во следните четири години
Алфа - пред 1 ден
HomeTопИсториски договор: Вработените во здравството ќе добијат покачување до 50% во следните четири годиниАња Лукарованоември 19, 2024 Владата почна да ги исполнува ветувањата за ставање на јавното здравство на здрави нозе. Првиот чекор е напаравен кон луѓето, кои се грижат за здравјето на граѓаните.Здравствените работници ќе добијат ноемвриска плата, повисока за за 10 проценти, или прикажано во денари, нето платата ќе биде зголемена за 2.450 до 3.650 денари. Премиерот Мицкоски по средбата со здравствените синдикати, најави, дека ова покачување е само почеток, а растот на платите во здравството ќе се се одвива континуирано во следните четири години. Според планираното до 2028 година докторите, медицинските сестри, болничарите и техничкиот персонал ќе земаат до 50 проценти повисоки плати. „Следната 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција и работиме на тоа, зошто да не одиме на горната граница. Истото тоа зголемување од 5 до 7 проценти ќе биде и во 2027, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 Кога ќе го земете целиот овој период во низа, добиваме зголемување на паричната маса потребна за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период, помеѓу 45 и 50 проценти“, рече премиерот. За синдикалците ова покачување на платите е историск и ќе биде силна мотивација за сите кои работат во здравствениот сектор, но и прв чекор за подобрување на здравствената грижа на пациентите. “Се работи конкретно за корекција на коефициентот 0.233 кој во превод значи повисока бруто плата за сите вработени од 3.650 денари или 2.450 денари во нето износ. Уште подобра придобивка во делот на овој анекс е корекција на платите од 0.364 за медицинските сестри со средно образование и останатиот средно медицинскиот кадар кој го превод значи 5.700 денари во бруто или 3.850 денари во нето” истакна Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита. “Сите овие покачувања се резултат на напорната работа на двата репрезентативни синдикати и заедно со Владата претставуваат одговор на барањата за подобри услови за работа и мотивација за уште поголема посветеност на нашиот секојдневен труд” – рече Предраг Серафимовски, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар – Скопје. Задоволство од покачувањата на платите изразија и од Независниот синдикат за здравство. “Владата беше доблесна, ги сослуша нашите маки и сака да ги среди работите. Наредните четири години ќе дојде до покачувања до 50 насто на платите за сите вработени, од административно-техничкиот до медицинскиот персонал“, рече Боби Бојчевски,претседател на Независниот синдикат на здравствени работници. Единствени незадоволни од покачувањето на платите во здравството се СДСМ, кои тврдат дека во нивото седум годишно владеење платите во јавното здравство се зголемиле за 100 проценти. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Нова рунда преговори за унгарскиот кредит, сега ќе се преговара банка по банка
Алфа - пред 1 ден
HomeTопНова рунда преговори за унгарскиот кредит, сега ќе се преговара банка по банкаТања Попованоември 19, 2024 Наместо нова заедничка средба, министерството за финансии ќе ги вика на поединечни состаноци секоја од банките за да ги убеди да се откажат од дел од огромните провизии и трошоци со цел бизнисот да добие што поевтини кредити. Овојпат, министерството за финансии ќе има поединчени средби со секоја од банките. Владата работи на две сценарија, најави премиерот Мицкоски, но не сакаше да открие кои се тие и на кој начин ќе се убедуваат банките да попуштат во интерес на стопанството. На посебна средба министерството за финансии ќе се консултира и со Народната Банка. Целта е, вели Мицкоски, компаниите да добијат рекордно најниски камати за кредитите кои ќе ги земат за нови инвестиции. „Анализираме две сценарија. Во текот на оваа недела ќе има Министерството за финансии поединечни средби со дел од банкарите, вклучително и Централната банка, гувернерката. Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела веќе да излеземе со конечна позиција и да тргне оваа работа. Инаку, да се трудиме компаниите да добијат еднакви, историски најнински услови што во овој момент може да се најдат каде било во светот – рече премиерот Мицкоски на новинарско прашање кога ќе биде средбата со банкарите оваа недела и дали Владата размислува да ги покрие трошоците за каматите за кредитниот ризик за банките за да добијат фирмите поволни кредити“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Конечен епилог од преговорите меѓу банките и Владата треба да има до крајот на неделава или почетокот на следната. На средбата пред два дена, падна договор да се намали рочноста на кредитите под 12 години и грејс периодот под 3 години, но банкарите одбија да се откажат од дел од трошоците. Премиерот во повеќе наврати апелираше до нив да бидат општествено одговорни, односно да преземат барем дел од кредитниот ризик. Очекувањата на премиерот беа дека фирмите ќе ги добијат кредитите со стапка од 3,25%, истата по која државата ќе го враќа заемот од Унгарија, со тоа што деловните банки ќе ја субвенционираат разликата од 3,25% камата до реалната висина на нивните вкупни трошоци. Владата веќе попушти и се согласи на намалување на рочноста на кредитите на барање на банките. Бизнисот пак час поскоро чека на евтините пари за поддршка на стопанството. Од Сојузот на стопански комори велат дека каматата е поволна и немало да биде првпат владата да субвенционира дел од банкарските трошоци со народни пари. На последниот состанок сите банки рекле дека сакаат да се вклучат во проектот, но само една банка била подготвена да субвенционира дел од трошоците за каматата на кредитите. Инаку банките рушат рекорди со историски највисоки профити последниве годни. Повеќе од 160 милиони евра изнесува заедничкиот профит на трите најголеми банки во земјава и тоа за само 9 месеци. Добивките на најголемите банки се зголемени за 45%, 12,54%, односно за 11,6 отсто. КАТЕГОРИИ TопВестиЕкономија Споделете ja веста...
Мицкоски ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград
Алфа - пред 1 ден
HomeTопМицкоски ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ во БелградТВ АЛФАноември 19, 2024 Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ќе присуствува на Саемот на вино „Винска визија на Отворен Балкан“ што ќе се одржи викендов во Белград, но оти нема договорено средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. -Таква средба нема најавено. Мислам дека претседателката се сретна (со Вучиќ) во Азербејџан на настанот ЦОП 24 што се одржан во Баку. Инаку нема такви иницијативи. Ако мислите на патувањето коешто ќе биде како резултат на посетата на Саемот за вино, којшто ќе се одржи сега, петок и сабота, каде што ќе се претстават десетици македонски производители, бидејќи го прават, според мене, најубавото вино на светот таму, на којшто сум поканет од страна на македонските винарии. Да, ќе присуствувам и ќе бидам покровител на македонската вечер, но нема најавено средба со претседателот Александр Вучиќ, рече Мицкоски на новинарско прашање дали наскоро ќе има средба со српскиот претседател, на прес – конференцијата во Владата по постигнатиот договор за покачување на платите во здравството со синдикатите. Во однос на Иницијатива Отворен Балкан, тој рече дека ставот е веќе познат. Српската Влада соопшти дека Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи од 22 до 24 ноември 2024 година на Белградскиот саем. Како што јави дописникот на МИА од Белград, за време на тридневниот саем Винска визија, Белград ќе собере повеќе од 650 изложувачи од бројни винарии, дестилерии и гастрономски компании од 38 земји, меѓу кои: САД, Франција, Австралија, Холандија, Јужна Африка, Либан, Мексико, Португалија. Придружен настан на саемот ќе биде „Визија за храната на Отворен Балкан“ на кој ќе уствуваат лидерите на прехранбената индустрија и кулинарската уметност, меѓу кои и некои од најистакнатите имиња во кулинарскиот свет, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во Гастро театарот – презентација на најдобрите ресторани и хотели од Србија, Македонија и Албанија, каде ќе се подготви сет мени од три јадења во комбинација со вина избрани од најдобрите сомелиери од Србија. -Како и изминатите години, централното место во хала 3 ќе го заземе заедничкиот штанд на трите национални туристички организации на земјите од Отворениот Балкан, каде заеднички ќе ја презентираат туристичката понуда и културното наследство на сите три земји, се наведува во соопштението на Владата. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Бајрамовка: Врсничкото насилство сè повеќе е присутно во основните училишта
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаБајрамовка: Врсничкото насилство сè повеќе е присутно во основните училиштаЉубиша Владимировноември 19, 2024 Ученик тепан и злоставуван од соученици во училиште во Охрид, 15 – годишник од Скопје со нож сериозно повредил двајца малолетници, во два одвоени инциденти, во училиште во Аеордром татко на ученик пријавил дека син му бил физички нападнат од соучени – ова се само дел од инцидентите кои се пријавени во изминатиот месец. Врсничкото насилство, или таканаречениот булинг, од година в година зазема сè поголем замав, а особено е присутен во основните училишта. Децата секојдневно се жртви и подложни на сериозни напади, потсмевувања и омаловажувања, од соученците, но, она што најмногу загрижува е тоа што возрасните и надлежните, сè уште не можат да ги препознаваат ваквите облици на насилство. „Нашите посети во училиштата покажуваат дека ние сè уште не ги препознаваме останатите облици на насилство. Токму затоа со поддршка на проектот ЕУ за владеење на правото, одлучивме преку видео да започнеме кампања за подигање на свесноста за промовирање на правата на децата и заштита на децата од врсничко насилство“, рече државниот советник во канцелараијата на Народниот правобранител, Васка Бајрамовска Мустафа. Учениците велат дека насилниците обично сакаат да доминираат, исмевајќи ги поповлечените деца. Досега триесетина преставки стигнале до народниот правобранител и најчесто во дел од случаите станува збор за физичко насилство. „И во нашите годишни извештаи и сега и секогаш кога станува збор за врсничкото насилство, ставот на народниот правобранител е дека мора да се укаже на штетните последици од врсничкто насилство. Мораме децата од мали нозе да ги воспитаме и едуцираме, дека конфликтите се решаваат преку дијалог“, рече Васка Бајрамовска Мустафа. Статистиката покажува дека бројката на пријавени случаи на врсничко насилство и оваа година е поголема во однос на минатите. Врсничкото насилство е сериозен проблем, смета Бајрамовска, затоа што може да остави последици врз менталното здравје на учениците и затоа постојано мора да се работи на зајакнување на капацитетите на децата за пријавување на ваквиот тип на случаи. Љубиша Владимиров КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонијаПрилози Споделете ja веста...
Жалопојките на Ахмети не палат ни на Косово: Изјавата на Курти за албанскиот јазик го разгневи ДУИ
Алфа - пред 1 ден
HomeTопЖалопојките на Ахмети не палат ни на Косово: Изјавата на Курти за албанскиот јазик го разгневи ДУИАдријана Алексиесканоември 19, 2024 Пропадна и последниот обид на интегративците да најдат закрила кај Алабанците во регионот и некој да им ги брише солзите што се во опозиција. Позициите на косовскиот премиер Албин Курти предизвикаа политички земјотрес во Мала Речица. Не стивнуваат реакциите откако официјална Приштина ја урна тезата на интегративците дека во Македонија владее антиалбанско расположение, а правата и јазикот на Албанците се загрозени. Лидерот на ДУИ,Ахмети, реагираше до премиерот на Косово,Курти. Охридскиот договор бил постигнат со крвта на мачениците и оживеан од УЧК и немало да толерираат тој да биде погоден. Охридскиот договор е постигнат со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на Ослободителната војска на Косово кои го продолжија својот идеал во ДУИ. Додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор, порачал Ахмети на средба со симпатизерите во Бутел. Оваа реакција на Ахмети доаѓа откако вчера Курти на заедничката прес конференција со премиерот Мицкоски, рече оти не е вистина дека албанскиот јазик е под закана во Македонија. Прашан за незадоволството на ДУИ, Курти истакна дека политичката ротација е здрава работа и не треба да се води битка само за функционерките фотељи, туку да се водат битки за идеи. Ова го вознемири и поранешниот министер за надворешни работи. Бујар Османи во интервју за косовската телевизија Дукаѓини ја критикуваше вчерашната средба на двете влади, на која, според него, била легитимирана антиалбанската политика што преовладува во Македонија. Изјавата на Албин Курти, според него била штетна и скандалозна. Изјавата на Курти за јазиците беше скандалозна, многу штетна и охрабрувачка за сите оние кои сакаат да го уништат Охридскиот договор, особено неговата поента, албанскиот јазик. Последново е едно од прашањата регулирани со измената на Уставот по Охридскиот договор во 2001 година. 15 години не можеме да најдеме правилен компромис за правилно толкување во Охридскиот договор, вели Османи во изјава за косовската телевизија Дукаѓини. Ниту е загрозен јазикот, ниту изјавата на Курти е скандалозна. Арбен Таравари од „Вреди“ вели дека косовскиот премиер бил коректен. Премиерот на Косово Албин Курти беше коректен, тоа не е законот за албански јазик. Во Уставот на Македонија службен јазик е македонскиот јазик, а во законот е вклучен и албанскиот јазик. Стратешката грешка како Албанец е што не инсистиравме во одредени моменти да се повлече од Уставот, формулацијата „20%“, рече Таравари во емисијата „Интерактив“ на КТВ. Oд Коалицијата на Таравари велат дека Курти кажал горчлива вистина за Законот за јазиците, ама стариот режим преку ширење на паника дека наводно дека албанскиот јазик бил загрозен, само се обидувал да ја избегне одговорноста за нивните злоупотреби. Неможејќи да се навикнат на одењето во опозиција, постојано реториката на ДУИ се движи од закани за дестабилизација до подгревање на национализмот, како наводно Албаницте во владата предводена од Христијан Мицкоски, имале нелегитимни претставници. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонијаПрилози Споделете ja веста...
Никогаш не ни имало закон за албански јазик: Албин Курти ги закопа 20 годишните лаги на Али Ахмети
Алфа - пред 1 ден
HomeTопНикогаш не ни имало закон за албански јазик: Албин Курти ги закопа 20 годишните лаги на Али АхметиМатеја Петровскиноември 19, 2024 Албин Курти ги закопа 20 годишните лаги на Али Ахмети, дека само тој се борел за правата на Албанците во Македонија. Според познавачите косовскиот премиер ги демантирал сите тврдења на лидерот на ДУИ, дека лично тој донел некаков закон за употреба на албанскиот јазик во државава. Политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи, за Алфа вели дека најважно од пораката на Курти е да се сфати, дека Ахмети со години не ја зборувал вистината пред своите гласачи. -Пораката на Албин Курти кон Ахмети е тоа дека еднаш засекогаш неговите лаги ги има закопано, со тоа дека цело време изјавуваше 20 години дека има донесено закон за употрбеата на албанскиот јазик. Албин Курти спротивното го кажа вчера, прво дека закон за употреба на албански јазик нема воопшто, а тоа дека има еден закон за употреба на сите јазици во Република Македонија, вклучувајќи ја и употреба на јазиците на другите народи кои што не се мнозинство, изјави Фаризи. Ахмети со заканувачка реторика најави дека Албанците ќе станеле на нозе доколку Уставниот суд решел да го измени или укине законот за употреба на јазиците. Сосем спротивен став на ова има Курти, кој вели дека треба да се почека прво таа одлука, за која што се надева дека ќе биде правична. Фаризи е на ставот дека каква и да е истата, мора да се почитува. -Ние знаеме дека Уставниот суд е независно тело во Република Македонија, тој пред се е политичар легалист, кој им верува на институциите, иста ситуација имаме и во Република Косово, кај што Уставниот суд беше надметнат политички, тој имаше големи реперкусии во Република Косово. Таа одлука треба да се почитува политички, бидејќи е институција која ги брани Уставот и законите, каква и да е таа одлука ние мораме да ја почитуваме, изјави Фаризи. Пред меѓувладината седница на Македонија и Косово, Ахмети лично побара од косовскиот премиер, да разговарал со Мицкоски за оваа тема. Курти пак порача дека албанскиот јазик не е под никаква закана во Македонија, бидејќи ниту во минатото законот не бил ексклузивно за тој јазик, туку за јазиците на заедниците кои се се над 20 проценти во земјата. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонијаПрилози Споделете ja веста...
Јаневска најави затворање на повеќе нефункционални институти во државата
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаЈаневска најави затворање на повеќе нефункционални институти во државатаТВ АЛФАноември 19, 2024 Министерството за образование и наука досега има направено ревизија на 15 институти, а во моментов се прави ревизија на уште пет, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на Гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип. -Има дополнително два, за кои деновиве треба да заврши процедурата, и да бидат затворени. На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите, коишто се најдени. Но, според извештаите кои ги читав многу малку од нив ќе можат да го направат тоа. За жал морам да кажам дека веројатно следи затварање и на поголем број на институти, кои се нефукционални, не го почитуваат законот, односно не ги исполнуваат условите, изјави Јаневска. Таа мисли дека е добро за високото образование и науката во земјава конечно да се воведе ред, а секој, како што вели Јаневска, којшто исполнува услови ќе функционира „како што и многу пати сум рекла, секој кој не работи по Закон нема и да функционира“. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделие, фокус модернизацијата и наводнувањето
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаЛефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделие, фокус модернизацијата и наводнувањетоТВ АЛФАноември 19, 2024 Предлог Буџетот за 2025 година предложен од Владата во делот на МЗШВ е зголемен за 5% во однос на Буџетот од оваа година. Владата со Буџетот за 2025 година става акцент на земјоделието и неговата модернизација. До година преку МЗШВ продолжуваат активностите за рехабилитација и модернизација на системите за наводнување, проширување на постоечките и изградба на нови системи за наводнување. Во 2025 година се предвидува реализација на инвестиции и проекти од областа на водостопанството, како што се изградба на: брана Конско, изградба на брана на Оризарска Река и ХМС Равен – Речица, Полог. Се предвидува рехабилитација и изградба на четири системи за наводнување во рамки на речниот слив на Вардар ХС Лисиче, ХС Конско, ХС Пепелиште и ХС Јужен Вардар. Со поголема достапност на вода за наводнување до земјоделците, го правиме земјоделското производство поконкурентно и порентабилно. Владата ќе продолжи со исплаќање на заостанатите субвенции од време на СДС во наредниот период, а од до година субвенциите правовремено ќе завршуваат на сметка на земјоделците. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за подобро земјоделие и враќање на достоинството на земјоделецот. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Средба на Тошковски со австрискиот амбасасор, Мартин Памер
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаСредба на Тошковски со австрискиот амбасасор, Мартин ПамерТВ АЛФАноември 19, 2024 Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер. На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете земји и секако министерствата за внатрешни работи, како и заедничката посветеност кон регионалната и глобалната безбедност, борбата против криумчарењето на луѓе и илегалната миграција, против тероризмот и сајбер криминалот како едни од приоритетните области. Посебно беше истакната соработката со Фронтекс на нашата јужна граница во чиј состав има австриски полициски службеници. Од страна на амбасадорот Памер беше потврдена поддршката на Австрија кон нашата интеграција во ЕУ и секако во реформите и борбата со криминалот и корупцијата. Воедно на средбата беше претставен и новиот офицер за врски во Амбасадата на Република Австрија со седиште во Скопје Клаус Грубер, кој доаѓа на функција после двегодишниот мандат на офицерот за врски во заминување Манфред Јурчевиќ. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Арсовска наместо да работи во интерес на градот, како на производна лента менуваше само директори
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаАрсовска наместо да работи во интерес на градот, како на производна лента менуваше само директориТВ АЛФАноември 19, 2024 Данела Арсовска да се сврти зад себе и да види што направи за жителите на Скопје во изминатите три години на чело на градот. И секако штом се сврти назад, Арсовска ќе види дека за цели три години локална власт во Скопје не направи ништо за Скопје и скопјани. Во своите три години власт, Арсовска во неработењето за градот и жителите го надмина и нејзиниот претходник. За цели три години власт го остави градот да се дави во смет и ѓубре. Скопје е толку валкан, што е по нечист град дури и од во времето на Шилегов, кој е синоним за неработење. Јавниот превоз е во ужасна состојба. Граѓаните со часови чекаат на автобуските постојки на овие ниски зимски температури за да им дојде автобус на ЈСП. Кај што нема автобуси, така и тие што ги има Арсовска не ги одржува и постојано се расипуваат. А дел од нив поради нередовното сервисирање, возејќи се запалуваат, така што го загрозуваат животот на патниците и воопшто на сите граѓани. Но, сепак има нешто што на Арсовска и оди и во што е рекордер. За не цели три години од мандатот, како на производна лента смени 30 директори на јавни претпријатија и институции под надлежност на Град Скопје и тројца секретари на градот, кои самата ги постави. А во моментов не се знае дали ни дали Скопје има Генерален секретар. Значи, наместо да работи за подобрување на состојбите во градот, Арсовска три години од нејзиниот мандат добиен од граѓаните се занимавала со лични и персонални праша за раководителите на институциите избрани токму од нејзе. И сето ова покажува дека нејзиното делување е на граница на лудоста што ја загрозува безбедноста и животот на граѓаните. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Мицкоски очекува до почетокот на следната недела да излезат со конечна позиција за каматите
Алфа - пред 1 ден
HomeTопМицкоски очекува до почетокот на следната недела да излезат со конечна позиција за каматитеТВ АЛФАноември 19, 2024 Премиерот Христијан Мицкоски очекува крајот на оваа или почетокот на следната недела конечно да бидат прецизираат условите во однос на каматите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, и парите да бидат ставени во функција. -Анализираме две сценарија. Во текот на оваа недела ќе има Министерството за финансии поединечни средби со дел од банкарите, вклучително и Централната банка, гуверенката. Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела веќе да излеземе со конечна позиција и да тргне оваа работа. Инаку, да се трудиме компаниите да добијат еднакви, историски најнински услови што во овој момент може да се најдат каде било во светот, рече премиерот Мицкоски на новинарско прашање кога ќе биде средбата со банкарите оваа недела и дали Владата размислува да ги покрие трошоците за каматите за кредитниот ризик за банките за да добијат фирмите поволни кредити. На средбата изминатиот викенд не беше постигнат договор меѓу Владата и банките за дефинирање на условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постигната е согласност околу роковите за исплата, но не и околу каматата што ќе треба да се исплаќа, за која од двете страни, беше кажано, има волја за доближување на ставовите. Премиерот Мицкоски по средбата со Македонската банкарска асоцијација, рече дека во однос на каматата, уште ќе се преговара. -Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова за конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите, рече Мицкоски. Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот. Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни – 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Радмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТО
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаРадмила Шекеринска избрана за заменик генерален секретар на НАТОТВ АЛФАноември 19, 2024 Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ја назначи Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар, официјално објави НАТО на својот сајт. -Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога, соопшти Руте. Со назначувањето, Радмила Шекеринска станува највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан надвор од Европската унија. Во објавата се потсетува дека Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција кон крајот на годината. Радмила Шекеринска во моментов ја врши функцијата потпретседател на Партијата на европските социјалисти на Европа. Весникот “Политико“ пред изборот цитираше висок дипломат на НАТО од Западна Европа, кој изјавил дека постои општ консензус меѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на Руте. Разговорот во седиштето на НАТО се фокусира на двајца поранешни функционери од Македонија и Бугарија – Радмила Шекеринска и поранешната вицепремиерка и еврокомесар на Бугарија, Марија Габриел. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Николоски: Преку „Купи куќа за млади“, младите брачни двојки полесно до свој нов дом
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаНиколоски: Преку „Купи куќа за млади“, младите брачни двојки полесно до свој нов домТВ АЛФАноември 19, 2024 Младите брачни двојки ќе добијат можност да добијат нов дом по поволни услови. Ова денеска го најави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски. -Од следната година, односно за помалце од два месеци од сега, ќе почнеме да го развиваме проектот „Купи куќа за млади“ кој треба да овозможи многу млади брачни двојки да се стекнат со свој дом по исклучително поволни услови, истакна Николоски. Информира дека по Нова година ќе се знаат општините во кои ќе почне да се реализира проектот. „За тоа веќе ги спремаме плановите и после Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини тоа ќе може да се резлизира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат поддршка и да се стекнат со свој дом“. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со кинескиот в.д. амбасадор Суј Леј
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаСредба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со кинескиот в.д. амбасадор Суј ЛејТВ АЛФАноември 19, 2024 Потпретседателот на Владата на РМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ оствари работна средба со делегација од Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје, предводена од в.д. амбасадорот, г. Суј Леј. На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете земји се базирани на пријателство и соработка во повеќе сфери од заемен интерес, а и вицепремиерот и министер Стоилковиќ и в.д. амбасадорот Леј изразија подготвеност за нејзино понатамошно продлабочување, особено во делот на трговската размена и капиталните инфраструктурни проекти. Вицепремиерот и министер Стоилковиќ меѓу другото го запозна в.д. амбасадорот Леј и со функционирањето на Министерството за односи меѓу заедниците и фактот дека истото треба да прерасне во институција која ќе работи во корист на сите етнички заедници во земјава, но и со проектите на кои работи како заменик-претседател во Владата на Македонија. Во таа насока, тема на разговор беа и можностите за проширување на економската соработка меѓу двете земји, а двајцата соговорници ја изразија желбата за нејзино дополнително стимулирање. Кинескиот амбасадор истакна дека неговата земја е отворена за соработка со Македонија и македонските граѓани, со посебен акцент на фактот дека меѓу кинеските компании постои расположение за учество во капитални проекти, но и за евентуално решавање на сите потенцијални проблеми. Воедно како доказ за одличните релации меѓу двете земји в.д. амбасадот на НР Кина го најави и олеснувањето на визниот режим за македонските граѓани и податокот дека во иднина издадените визи ќе бидат со важност од пет години. На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји, пред сѐ, базирана на долгогодишно пријателство е клучна, а дека искуството на Кина како земја на различности треба да послужи како добар пример во регионот. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
На Табановце приведен е албански државјанин, во неговиот багаж пронајдени три кеси со монети од археолошка вредност
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаНа Табановце приведен е албански државјанин, во неговиот багаж пронајдени три кеси со монети од археолошка вредностТВ АЛФАноември 19, 2024 Вчера во 20.50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода 32-годишниот В.А. од Република Албанија. При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло. Со лицето бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба монетите биле одземени за понатамошна постапка. В.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 265 од Кривичниот законик. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Сиљановска-Давкова на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на студентите
Алфа - пред 1 ден
HomeTопСиљановска-Давкова на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на студентитеТВ АЛФАноември 19, 2024 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчеравечер се обрати на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на студентите, што во организација на Младинскиот образовен форум во соработка со Канцеларијата за регионална младинска соработка (РИКО) и Универзитетското студентско собрание – УКИМ, се одржа во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“. Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека студентите се промотори на критичката и слободна мисла, дека тие се Хермес на промените. „Вие имате привилегија, но и одговорност, да бидете мост меѓу сегашноста и иднината. Без вашиот омилен збор „зошто“ нема напредок. Без вашето сомневање нема вистина. Вие го движите општеството, оти ве красат интелектуалната љубопитност и страст, без кои нема реформи“, рече Претседателката. Таа истакна дека амфитеатрите и библиотеките се интелектуални арени за жестоки и за плодни дебати, низ кои се манифестира и обликува критичкото мислење, нивните прашања се подеднакво важни како и нивните одговори, а нивната храброст да размислуваат поинаку го турка светот напред. „Студентскиот живот ви овозможува да учите, но и да ги предизвикате учителите на интелектуален двобој!“, нагласи Претседателката додавајќи дека студирањето не е само академска потрага, туку и битка за вредности, соочување со реалноста и формирање на карактерот. Претседателката им порача на студентите да не се откажуваат од младешките предизвици. „Не плашете се од неуспехот зашто тој е само неминовен чекор кон успехот. Спорете со конечните вистини. Зачувајте ја младешката смелост и бунтовниот дух, тие се најголемите сојузници на прогресот“, порача претседателката Сиљановска Давкова. На настанот поздравно обраќање имаше Александар Николовски, претседавач на Националното студентско тело, а се обратија министерката за образование и наука, Весна Јаневска и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на студентите под наслов „Регионална станица студентска: Меѓународен ден на студентите“ што се одржа од 17 до 19 ноември, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје се одржа саем на студентски и младински организации, а во Ректоратот на УКИМ се одржа институционален дијалог. Свечениот настан вчеравечер содржеше целовечерна културна програма со цел вмрежување и забава, а беше лансирана и платформата за студентска работа „Линкер“. Меѓународниот ден на студентите се одбележува како симбол на борбата за демократско образование и сеќавање на 17 ноември 1939 година, кога нацистите убиле 20 чехословачки студенти што протестирале против окупацијата. КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
„Жени лидери: Министерството за енергетика и WOBA во заедничка мисија“
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонија„Жени лидери: Министерството за енергетика и WOBA во заедничка мисија“ТВ АЛФАноември 19, 2024 Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и WOBA (Women on Boards Adria) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се потврдува посветеноста за јакнење на улогата на жените во раководните позиции и создавање инклузивно општество. И покрај тоа што жените сочинуваат половина од населението во Македонија, нивното учество на лидерски позиции останува предизвик. Овој Меморандум е важен чекор кон подобрување на родовата рамнотежа и унапредување на можностите за жените. Министерката Сања Божиновска е именувана за амбасадор на WOBA за Македонија. Оваа позиција ја одразува нејзината посветеност на промоцијата на родовата еднаквост и јакнењето на улогата на жените во раководните позиции. „Како Министерство, сме целосно посветени на создавање услови каде што жените ќе имаат еднакви можности за успех, создавање на општество каде жените се признаени и вреднувани за нивните способности и придонеси. Потпишувањето на Меморандумот со WOBA не е само формален чин, туку и израз на мојата лична заложба за жените во нашето општество. Да ја поддржиме секоја жена која се стреми кон лидерство, која ги урива бариерите и ја создава иднината.“, истакна Божиновска. WOBA, како регионална иницијатива, е активна во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија и Словенија. Организацијата е посветена на рушење на бариерите за жените и постигнување на европските стандарди, како што е Директивата на ЕУ за жени во управни тела. Билјана Брејтвејт (Biljana Braithwaite), Претседателка на WOBA, истакна дека партнерството на WOBA со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини претставува голем чекор напред за регионот и за Македонија. Вклучувањето на министерката Божиновска е од клучно значење – нејзиното лидерство и ангажман на владино ниво може да предизвикаат вистински позитивни промени. “Преку поставување на амбициозни цели и креација на соодветни практики во рамки на политиката кои ќе ја направат родовата еднаквост реалност, особено во енергетскиот сектор. Енергетиката е еден од најважните сектори за одржлив развој и време е жените да имаат многу поголема вклученост во оваа сфера. Овозможувајќи им на жените да водат и да придонесуваат на секое ниво, не само што отвораме можности за нови иновации, туку и создаваме сектор кој е поотпорен, поинклузивен и поподготвен да се справи со предизвиците на денешницата”, изјави Брејтвејт. “Women on Boards Adria во својата суштина се залага за промовирање на поголема родова разновидност и инклузивност низ регионот на Адриа, усогласување на регионалните родови политики со стандардите на ЕУ и обезбедување можности за жените да водат и да се истакнат во секоја област. Заедно со министерката Божиновска и нејзиниот тим, ќе работиме на тоа да овозможиме жените да не бидат само учеснички, туку лидери и пример за следните генерации,“ изјави Тања Михајловска Димитриевска, главна амбасадорка на WOBA за Македонија.Со заеднички напори, Министерството и WOBA ќе спроведуваат проекти што ќе донесат позитивни промени за жените во Македонија и регионот. Заедно, создаваме општество каде жените ќе можат да го достигнат својот потенцијал. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Мицкоски: Постигнат историски договор за платите на здравствените работници
Алфа - пред 1 ден
HomeTопМицкоски: Постигнат историски договор за платите на здравствените работнициТВ АЛФАноември 19, 2024 Денеска во македонската влада двата репрезентативни синдикати на здравствените работници во Македонија постигнаа историски договор со Владата на премиерот Христијан Мицкоски за зголемување на платите на вработените во здравствениот сектор. -Постигнат е историски договор. Освен корекцијата на коефициентите, зборуваме за зголемување за 10 насто на платите, од март месец следната година имаме зголемување за нови 5 проценти. Добиваме зголемување на паричната маса од 40 до 50 проценти во следните неколку години, изјави на прес-конференцијата претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски, кој изрази огромно задоволство што може да биде дел од овој историски настан, како и до синдикатите кои со свои идеи учествуваа во реализацијата на овој чин. -За првпат во историјата се постигнува ваков договор кој на долг рок ќе ги корегира платите на здравствените работници, изјави Мицкоски. Огромно задоволство изразија и двајцата претставници на репрезентативните синдикати на здравствените работници, кој овој историски чин го оценија како резултат на работата на двата синдиката, премиерот Мицкоски, министерката за финансии Димитриеска-Кочоска и директорот на Фондот за Здравство Клековски. -Договорено е покачување на платите ќе биде силна мотивација за здравствените работници, но и прв чекор во подобрувањето на здравтвената грижа за сите граѓани, изјави д-р Предраг Серафимовски, претседател на Самостојниот синдикат на клинички центар КАТЕГОРИИ TопВестиМакедонија Споделете ja веста...
Јаневска: Не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаЈаневска: Не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентитеТВ АЛФАноември 19, 2024 Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје има сериозни инфраструктурни и хигиенски проблеми, кои значително ги нарушуваат условите за живот на студентите. Поради недостигот на топла вода, нефункционалните лифтови, лошата хигиена и нискоквалитетната храна, студентите се жалат дека животот во домот е под секое ниво. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска денеска најави рашавање на проблемот до крајот на оваа недела. – Нема топла вода, лифтовите не работат, а храната е под секое ниво. Често чекаме да се ослободат лифтовите и понекогаш и тоа не е можно. Проблемите се влошуваат со секој изминат ден – велат студентите кои престојуваат во домот. Тие истакнуваат дека ваквите услови не влијаат само на нивниот академски успех, туку и на нивната психолошка стабилност. – Се чувствуваме заборавени и занемарени. Тоа не е само проблем за нас, туку и за нашето здравје и учење – додаваат тие. Домот останал без директор пред еден месец, по оставката на претходниот. Студентите побараа итно да се назначи нов директор. Mинистерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека ќе има интервенции, откако беше прашана за лошата состојба во Студентскиот дом „Пелагонија“. – Мора да има. Значи слушам различни шпекулации. Директорот на Студентскиот дом не си ја извршува својата функција и затоа ќе мора да преземеме чекори, во најблиска иднина ќе побараме и ќе поставиме нов директор. Да, студентите се жалат дека нема топла вода, храната е на навистина ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите. Младите се исклучително важни за оваа држава. Ние обезбедуваме средства од буџетот, од граѓаните и секој раководител мора сериозно да си ја сфати работата – вели Јаневска. Министерката за образование и наука Јаневска смета дека овој проблем со Студентскиот дом „Пелагонија“ ќе се реши најдоцна за два до три дена. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...
Стојаноски: Во наредните три месеци од новата година 350 милиони евра ќе бидат веќе ефектуирани во општините
Алфа - пред 1 ден
HomeВестиМакедонијаСтојаноски: Во наредните три месеци од новата година 350 милиони евра ќе бидат веќе ефектуирани во општинитеТВ АЛФАноември 19, 2024 Во емисијата „Утринско еспресо“, на Радио Лидер утрово се дебатираше на актуелни економски теми или поконкретно како ќе се трошат народните пари, при што свој осврт и видување даде пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој јасно прецизира дека за разлика од минатиот период во кој доминантни компоненти беа корупцијата и дузина негативни ситуации кои кај граѓаните создаваа едно негативно чувство кога станува збор за менаџирањето со јавните финансии, сега актуелната Влада, прави една промена и изготвува економски документ кој комплетно ќе ја промени нашата економска филозофија. „Овој пат ние одлучивме да направиме еден програмски документ, односно крвна слика на нашата економска филозофија и комплетно да ја промениме. За прв пат можеби, од поодамна, да биде буџет кој ќе финансира директни инвестиции коишто прво ќе бидат конкретно видливи, а потоа ќе создаваат додадена вредност“, потенцира Стојаноски. Според него граѓаните не треба да слушаат што се зборува, туку едноставно да гледаат по актите и постапките како се однесуваат политичарите. Во овој контекст напоменува дека споредено со првите квартали од оваа година кога економскиот раст изнесува само 1%, што би се остварил, пластично кажано без никаква активност и заложба од страна на владините функционери кои и онака немаа помрднато со прст, во третиот и четвртиот квартал пак, се очекува раст од 2,5% односно 3% соодветно. „Во наредните три месеци од новата година 350 милиони евра ќе бидат веќе ефектуирани во општините, а тие 830 милиони евра капитални инвестиции кои се врзани за капитални инвестиции ќе се интензивираат како што се интензивираа во последниве шест месеци и имаме намера со покачување на платите и пензиите да ја поттикнеме потрошувачката. Понатаму, тие инвестиции што ги договори Владата, досега се осум, овој месец ќе склучат договор со уште две и декември со уште две, барем за сега тоа е договорено како пакет потпишано и заклучено. Значи, дванаесет инвестиции ќе отпочнат со сериозни градежни активности во првите три месеци наредната година и затоа и на тоа ние го темелиме растот“, појаснува Стојаноски. КАТЕГОРИИ ВестиМакедонија Споделете ja веста...