ЗК „Пелагонија“ демантира дека оди во стечај, ги платила обврските кон „Бетон“
Банкометар - пред 26 минути
Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола ја платила својата обврска кон градежната фирма „Бетон“ од Штип“ и поради тоа нема потреба од отворање стечајна постапка, соопшти попладнево компанијата. „Во врска со објавената информација за предлог поведување на стечајна постапка врз најголемиот земјоделски комбинат во земјава ЗК ‘Пелагонија’ – Битола, сакаме да ја информираме јавноста дека ЗК ‘Пелагонија’ ја плати својата обврска кон ‘Бетон’ Штип, со што е отстранета причината за поведување на стечајна постапка. Комбинатот продолжува со своето редовно работење и финализирање на есенската сеидба. Во моментов се посеани 6.500 хектари есенски култури, што во услови на незапаметена суша во последните години е голем успех за сите вработени и за комбинатот, кој и покрај ниските приноси и финансиски приходи од пролетните култури, успешно ќе ја заврши сеидбата на пченица. Сакаме да информираме дека последниве три години се соочуваме со голема суша, намалени приноси како резултат на климатските промени и екстремно ниски цени на земјоделските производи што нѐ доведоа во ситуација да се соочиме со намалена ликвидност. Очекуваме дека во нареден период ќе се зголеми свеста во Македонија за важноста на нашата дејност, производството на храна и дека и државата и банките ќе имаа посериозен пристап за помош и развој на оваа важна стопанска гранка“, вели во своето соопштение компанијата. Според информациите пред Основниот суд Битола на 14 ноември бил поднесен предлог за отворање на стечајна постапка на предлог на доверителот „Бетон“Штип, по кој е поведена постапка. Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ четири месеци не можел да ги исплати своите обврски и бил со блокирана сметка што било причина за отворање на стечај. „Бетон“ Штип како застапник потврдил дека акционерското друштво навремено не му го исплаќала на рати уделот на ЗИК „Пелагонија“ отстапен од градежната компанија „Саник инженеринг“. Станува збор за долг од околу 230.000 евра како налог за извршување. Сопственик на „Бетон“ Штип во моментов е „Орка холдинг“. „Орка холдинг“ е најголем акционер со 22,69 отсто од акциите на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“. Втор по големина акционерво ЗК Пелагонија Битола е Златко Пирузе, кој има во своја сопственост 17,55 проценти, а по него следува Цветан Панделевски, кој располага со 14,59 отсто од акциите....
Биткоинот за првпат го надмина и прагот од 95.000 долари
Банкометар - пред 1 час
– Биткоинот за прв пат ја премина границата од 95,000 долари, сè уште поттикнат од „ефектот на Трамп“, бидејќи пазарот очекува пофлексибилно законодавство и економски политики кои би биле поволни за него под новата американска влада. Криптовалутата со најголема пазарна капитализација го премина тој праг околу 01:24 часот по Гринич, поставувајќи ново рекордно високо ниво од 95,004,50 долари пред да се тргува за 94,907 долари малку подоцна. По победата на Доналд Трамп на 5 ноември, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 35 проценти. Откако го надмина својот рекорд од март, на 10 ноември, дигиталната валута ја зголеми вредноста над 80,000 долари, а на 13 ноември надмина 90,000 долари....
Уставниот суд отвори предмет за солидарниот данок
Банкометар - пред 12 часа
Уставниот суд одлучи да отвори предмет за солидарниот данок, на иницијатива на петмина поднесувачи, меѓу кои и две стопански комори. Од Уставниот суд велат дека иницијативите се прифатени со мнозинство гласови од уставните судии. Во расправата по иницијативите е утврдено дека е повредено владеењето на правото, како и дека погрешно е интерпретирана ЕУ-регулатива на која се повикуваше Владата кога го носеше законот. Погрешно е толкуван и самиот принцип на солидарност, а законот имал ретроактивно дејство, што е забрането. По отворањето на предметот, Уставниот суд ќе бара доносителот на законот да се произнесе по сомнежите на уставните судии, по што ќе се донесе одлука....
Парична помош за набавка на прехранбени производи за социјално најранливите граѓани
Банкометар - пред 13 часа
Во рамки на својата долгорочна определба за општествено одговорно делување, компанијата „Окта“ АД повторно ја поддржа кампањата на Црвениот Крст на Град Скопје „Помислете на нас“ која ја промовира потребата за борба против гладот. Донираните средства ќе бидат наменети за набавка на основни прехранбени производи кои ќе бидат дистрибуирани до социјално најранливите категории граѓани. Компанијата активно соработува со Црвениот Крст повеќе од 15 години, континуирано придонесувајќи во различни хуманитарни иницијативи кои ги спроведува организацијата. Кампањата „Помислете на нас” е дел од традиционалното обележување на Светскиот ден на храната, востановен во 1979 година од страна на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО), кој ги поттикнува напорите за намалување на гладот и сиромаштијата на глобално ниво. -Горди сме што „Окта“ континуирано ја поддржува оваа важна кампања на Црвениот Крст и со својата донација придонесува кон зајакнување на грижата за ранливите категории во нашата заедница. Нашата цел е да направиме значајна разлика во животот на оние на кои им е потребна поддршка и заедно да градиме посилно и посолидарно општество – истакна Антонио Велковски, претседател на организацијата на Црвен Крст при „Окта“....
УЈП: Трговците за „црн петок“ да ги прикажат попустите на цените во фискалните сметки
Банкометар - пред 13 часа
„Трговците се должни да поседуваат фискален апарат и задолжително да издаваат фискални сметки при вршење продажба и промет. На видно место треба да постават соопштение со кое го информираат купувачот за неговата обврска да побара фискална сметка“, се вели во соопштениeто од Управата. Во пресрет на најавениот „црн петок“, трговците да ги прикажат попустите на сметките и при секоја трансакција да издаваат фискална сметка. Ова е препораката на Управата за јавни приходи (УЈП) до сите даночни обврзници, што ќе применуваат попусти на цените на своите производи. Оттаму посочуваат дека пресметаниот данок на додадена вредност треба да биде наведен во сметката со новосоздадената цена. „Трговците се должни да поседуваат фискален апарат и задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет. На видно место треба да постават соопштение со кое го информираат купувачот за неговата обврска да побара фискална сметка“, се вели во соопштението од УЈП. Посочуваат дека секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзници што не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки....
ЕЦБ: Еврозоната е на работ на нова должничка криза
Банкометар - пред 15 часа
Европската централна банка (ЕЦБ) предупреди на можноста за враќање на кризата со јавниот долг во еврозоната доколку членките на блокот не успеат да го стимулираат економскиот раст, да го намалат нивото на јавниот долг и да го решат проблемот со политичката неизвесност. Во својот годишен Извештај за финансиската стабилност, објавен во средата, ЕЦБ ја истакна загриженоста поради потенцијалните „пазарни сомнежи за одржливоста на јавниот долг“. Во исто време, банката укажа на „зголемените нивоа на долг и високи буџетски дефицити“, слабиот економски раст и неизвесноста предизвикани од „неодамнешните изборни резултати на европско и национално ниво, особено во Франција“. Распонот на приносот помеѓу 10-годишните државни обврзници на Франција и Германија – клучен мерач на загриженоста на инвеститорите – се зголеми на 0,77 процентни поени овој месец, блиску до највисокото ниво во последните 12 години, постигнато пред парламентарните избори ова лето. – Економските спротивставени ветрови против растот, како што е слабата продуктивност, ги прават зголемените нивоа на долг и буџетските дефицити уште поверојатно – предупреди ЕЦБ. Пред повеќе од десет години, Грција за влакно избегна банкрот откако пазарите ја загубија довербата во стабилноста на заедничката валута. Кризата стивна дури кога тогашниот претседател на ЕЦБ, Марио Драги вети дека ќе направи „сè што е потребно“ за да го спречи колапсот на еврозоната. ЕЦБ во средата посочи дека макроекономските шокови може дополнително да ги зголемат премиите за ризик на државните обврзници, предупредувајќи на „слабите“ основни економски показатели во неколку земји-членки. Посебно загрижува рефинансирањето на државниот долг кој доспева со сегашни повисоки каматни стапки. Комбинацијата на низок раст и високиот јавен долг во областа на заедничката валута може да го отежне финансирањето на поголеми инвестиции во одбраната и борбата против климатските промени, додава ЕЦБ. Банката, исто така, предупреди дека пазарите на акции и обврзници се изложени на зголемени ризици од „остри приспособувања“, укажувајќи на „високи вреднувања и концентрација на ризик“ кои веќе предизвикаа „неколку изразени, но краткотрајни скокови на нестабилноста“. Во случај на економски пад, билансите на банките исто така би можеле да бидат погодени бидејќи потрошувачите и бизнисите во еврозоната веќе се борат со повисоки каматни стапки. ЕЦБ, исто така, предупреди на ризици во секторот на комерцијални недвижности, наведувајќи дека потенцијалните загуби може да бидат „значајни за одредени банки и инвестициски фондови“....
Минималната синдикална кошничка поскапе за 772 денари, за ноември изнесува 62.021 денари
Банкометар - пред 16 часа
Вредноста на минималната синдикална кошничка за ноември изнесува 62.021 денари, а во споредба со вредноста на синдикалната минимална кошница за октомври е зголемена за 772 денари, објави Сојузот на синдикатите. Истовремено, синдикалната минимална кошница со изнајмен стан од 60 квадрати за ноември изнесува 77.396 денари. Најголем дел од износот отпаѓа на храна и пијалаци – 22.678 денари. Трошоците за образование изнесуваат 7.036 денари, по што следуваат трошоците за станарина, вода, електрична енергија и греење која изнесува нешто над 6.000 денари. За облека и обувки, според новата структура на минималната кошничка се одвоени 5.659 денари, а по ова следуваат и трошоците за транспорт од 4.727 денари и 4.458 денари за рекреација и култура. По ова, следуваат и трошоците за ресторани и хотели – 3.890 денари, комуникации – 3.417 денари, лична хигиена и оддржување хигиена во домот – 1.900 денари, здравје – 1.135 денари и 1.100 денари за останати услуги и стоки....
Град Скопје: Кадарот на Мицкоски креира криза во ЈСП за гориво, додека тој преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси
Банкометар - пред 17 часа
„Нова криза со која го остава ЈСП без нафта, а скопјани без јавен превоз како смислено сценарио за урнисување на претпријатието. Кадарот на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за прв пат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио“, се вели во соопштението од Град Скопје. Во соопштението се вели дека во исто време и со истото смислено сценарио приватните превозници, кои скоро воопшто не сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за зголемување на цената по која возат, денес менуваат изјава дека не им биле верификувани извештаи за возење, а кој ќе им ги верификува кога не возат. За одлука за зголемување на цена на приватниците може да расправа и да донесе одлука единствено Советот на Град Скопје, предводен од Трајко Славевски од ВМРО ДПМНЕ и Мицковистите, велат од Градот. „За потсетување од моментот кога Мицкоски отпочна да преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, кое како и ветувањето за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје, се дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за скопјани, отпочна и голготата на претпријатието. Во исто време почнаа и шпекулации за урнисување на ЈСП поради можно сценарио за негова приватизација“, се вели во соопштението од Град Скопје....
„Економист“ ја претстави прогнозата за 2025 година
Банкометар - пред 18 часа
Магазинот „Економист“ ја претстави насловната страница на прогнозата за 2025 година, која ги отсликува промените во современиот свет и неговата неизвесност Изданието го објави ова на социјалната мрежа Х Секој ноември, списанието објавува водич за прогнози за наредната година наречен „Светот што доаѓа“. Во годината која ветува невообичаен степен на промени и несигурност, прогнозата ќе ви помогне да погледнете зад аголот и да сфатите што може да се случи следно“, се вели во магазинот. На насловната страница има колаж од слики кои го сочинуваат лицето. Очите, устата и носот се на вообичаените места. Навлаката е изработена во црна, црвена и бела боја. Во центарот е фотографијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. На насловната страница се и рускиот лидер Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и украинскиот претседател Володимир Зеленски, чиј мандат заврши на 20 мај. На дното на колажот е слика на англиската писателка Џејн Остин. Покрај тоа, колажот е комплетиран со слики од ракета, графикон за раст и опаѓање, тупаница, песочен часовник, фабрика, знак за безбедност од радијација, знак јуан, планетата Сатурн и Земја, град, шприц со црвена боја течност… Минатата година, неделникот на својата насловна страница ги имаше и Путин, Си Џинпинг и Зеленски. Сепак, Трамп и фон дер Лајен не беа таму. Наместо тоа, авторите го прикажаа тогашниот американски претседател Џо Бајден....
Нултата инфлација во Словенија може да ја блокира Бугарија
Банкометар - пред 19 часа
Со нулта годишна инфлација во октомври, Словенија ја спречува Бугарија да го исполни ценовниот критериум потребен за стабилност за влез во еврозоната. Ова го покажуваат податоците на Еуростат за инфлацијата во ЕУ за десеттиот месец од годината, кои беа објавени во вторник, пренесува „24Часа.бг“. Критериумот за стабилност на цените бара земјата кандидат да има одржлива инфлација од најмногу 1,5 процентни поени повисока од инфлацијата на трите земји членки на еврозоната со најниски показатели. Во моментов тоа се Луксембург, каде што во октомври е забележано зголемување на цената од 0,9% на годишно ниво, Литванија со 0,1% и Словенија, каде што годишниот раст на цените во октомври изнесуваше 0,0%. Со овие податоци, за исполнување на критериумот, Бугарија мора да има годишна стапка на инфлација од најмногу 1,8%. Сепак, јазот се намали на само 0,2 процентни поени, во споредба со 2 процентни поени на почетокот на годината поени и летото се намали на околу 1,53 поени. Во процесот на преговори, Европската централна банка може да одлучи да исклучи одредена земја членка од еврозоната, од овие пресметки со образложение дека има нешто нетипично во податоците за инфлацијата за таа земја, како се случи пред приемот на Хрватска. Не е јасно до каде е тоа дозволено за Словенија, иако започна 2024 година со годишна инфлација од 3,4% и оттогаш таа континуирано паѓа: во август беше 1,1%, а во септември – 0,7%. Покрај тоа, пресметките го земаат предвид не само моменталниот статус на критериумот, туку и податоците за една година....
Биткоинот за прв пат надмина 94.000 долари!
Банкометар - пред 20 часа
Вредноста на Биткоинот надмина рекордно високо ниво од 94.000 долари бидејќи се појавија извештаи дека компанијата за социјални медиуми на Доналд Трамп е во преговори за купување на фирмата за тргување со криптовалути Bakt, поттикнувајќи дополнителни надежи дека идната американска администрација ќе го фаворизира секторот. Најпознатата валута во светот, биткоинот, оваа година ја зголеми својата вредност повеќе од двојно, објави Ројтерс. Последен пат неговата вредност беше 92.104 долари, а моментално скокна на 94.078 долари....
Бундесбанк: Германската економија продолжува да потклекнува
Банкометар - пред 21 часа
Со новиот извештај за домашната економија за последниот квартал од оваа година, германската централна банка најави нови падови. Иако, според прелиминарните проценки, бруто домашниот производ неочекувано се зголеми за 0,2 отсто во третиот квартал, Бундесбанката оцени дека нема знаци дека економијата закрепнува. „Неуспехот најверојатно ќе се прошири во последниот квартал“, се вели во извештајот на банката во вторникот, пишува „СЕЕ.биз.еу“. Досега, најголемата европска економија беше спасена од рецесија со нешто послободна потрошувачка по ублажувањето на инфлацијата и владините финансиски инјекции. Сепак, индустријата и градежништвото остануваат столбот на економијата, истакна Бундесбанк. Сè уште високите финансиски трошоци и неизвесноста на економската политика продолжуваат да ги оптоваруваат инвеститорите, а со тоа и побарувачката за станбени и индустриски добра. Сигналите за извозот се позитивни, но побарувачката за германски стоки е сè уште слаба, а индустријата е под притисок да се прилагоди на променетата структурна рамка, продолжува Банката. Што се однесува до малопродажните цени, германските потрошувачи мора да очекуваат зголемување на цените до следната година. „Треба да сметаме на малку повисока стапка на инфлација. Во октомври, по олабавување речиси цела година, инфлацијата повторно скокна на два отсто на годишна основа....
Mentor Awards 2023 – Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво
Банкометар - пред 22 часа
Агенцијата за поддршка на претприемништвото во рамките на одбележувањето на Европската недела на претприемништво, утре (21 ноември) во ресторанот Рагуза Руфтоп 360 организира Избор на најдобар ментор за 2023 година – Mentor Awards 2023, кој има за цел да го препознае и награди најдобриот ментор. Настанот е организиран како дел од програмата на Агенцијата и има за цел да го препознае и награди придонесот на менторите кои со своето искуство и поддршка ги инспирираат младите претприемачи и играат важна улога во нивниот развој и успех. Стандардизираните менторски услуги се дел од програмската активност на Агенцијата со поддршка од Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA). Во текот на Европската недела на претприемништво, Агенцијата досега реализираше низа активности за поттикнување на претприемачкиот дух. Во рамки на програмата, Директорката на агенцијата, Даниела Димовска и заменик министерот Марјан Ристески во понеделникот го посетијаСУГС „Лазар Танев“, при што имаа продуктивна средба со директорот на училиштето Небојша Вуковиќ. Беше разговарано за идните можности за развој и подобрување на образовниот процес во угостителството, како и за поддршка на младите професионалци во оваа важна област. Во рамкитена посетата, учениците имаа можност да се запознаат со програмите и обуките што Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги нуди за развој на претприемнички вештини, како и да добијат информации за новите обуки кои ќе се реализираат во следниот период. Во текот на истиот ден, претставници на АППРМ го посетија и СУГС ,,Арсени Јовков“, каде се запознаа со идните правници и економисти во нашата држава. Посетата вклучуваше и интерактивни сесии со учениците, при што тие споделија свои идеи за уникатни и креативни бизниси. Дополнително, учениците имаа можност да се запознаат со програмските активности што Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги нуди за развој на претприемнички и дигитални вештини, како и да се информираат за новите обуки кои ќе се спроведат во периодот што следува. Во текот на денешниот ден се предвидени и активности со организациите од невладиниот сектор, кои работат на полето на унапредување на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија. Како дел од одбележувањето на Европската недела на претприемништво, претставници од Агенцијата денеска ќе ги посетат и фирмите „Винарија Чифлик“ од Битола и „СВАРОГ“ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој. Покрај тоа, претставниците на Агенцијата за поддршка на претприемништвото утре ќе остварат средба со Миле Бошков, Претседател на Бизнис конфедерација на Македонија, со цел да биде договорена идна соработка....
Западот останува зависен од Кина поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци
Банкометар - пред 22 часа
Компанијата „Албемарл“, најголемиот производител на литиум во светот, соопшти дека не е економски исплатливо да се воспостави синџир на снабдување во Северна Америка и Европа што би ја презел контролата врз клучните минерали од Кина. Извршниот директор на компанијата со седиште во САД, Кент Мастерс, за „Фајненшл тајмс“ изјави дека „нема доволно профит“ за да се пренасочи снабдувањето со овој клучен материјал за индустријата за електрични возила кон Западот, поради ниските цени на литиумот и високите оперативни трошоци. – Се обидувавме да се пренасочиме кон Западот. . . но цените што моментално ги гледаме на пазарот не го дозволуваат тоа, рече Мастерс, додавајќи дека САД апсолутно ризикуваат да ја изгубат трката со Кина во конкуренцијата за литиум. Цените на литиумот паднаа за повеќе од 80 проценти од почетокот на минатата година, поради глобалното забавување на продажбата на електрични возила и неповолната макроекономска околина, што ја намали побарувачката за овој метал, додека понудата продолжи да расте, пишува „Фајненшл тајмс“. „На моменталното ниво на цени, новите учесници немаат поттик да влезат на пазарот,“ изјави Адам Мегинсон, висок аналитичар во „Бенчмарк минерал интелидженс“ (Benchmark Mineral Intelligence). Падот на пазарот со литиум ги поткопува западните напори да изградат домашен синџир на снабдување со метали клучни за енергетската транзиција и да ја намалат зависноста од Кина, која има најголем дел од глобалните капацитети за преработка и некои од најголемите рударски компании. Компанијата „Албемарл“ овој месец пријави квартален загуба од 1,1 милијарда долари поради ниските цени на литиумот и намали 6-7 проценти од бројот на вработени како дел од планот за намалување на трошоците....
Средба со висок претставник на Трезорот на САД: Народната банка има клучна улога во одржувањето на финансиската стабилност
Банкометар - пред 23 часа
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Лујен Д. Тран, заменик-помошник секретар во Канцеларијата за техничка помош во Трезорот на САД, на која се зборуваше за зајакнувањето на финансиската стабилност и унапредувањето на билатералната соработка. Преку оваа средба беше нагласена поддршката од САД за економскиот развој и зајакнувањето на отпорноста и финансискиот интегритет на земјава. На почетокот на средбата беше нагласена клучната улога на Народната банка во зачувувањето на финансиската стабилност во сложеното глобално окружување, полно со неизвесности. Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека Народната банка преку преземените мерки му овозможи на финансискиот систем да се справи со економските предизвици. Беше истакнато и дека Народната банка дејствува како столб на севкупната макроекономска стабилност. Гувернерката Ангеловска-Бежоска и високиот претставник на администрацијата на САД, Тран, ги разгледаа можностите за техничка помош и соработка за унапредување на регулативните рамки и финансиската стабилност. Преку користење на експертизата од оваа важна финансиска институција на САД, Народната банка може уште повеќе да ги зајакне своите капацитети за управување со ризиците, за супервизија и дигитализација на финансиите, коишто се исклучително важни за јакнењето на отпорноста. Преку соработката на двете институции ќе се добие увид и во новите алатки и практики за справување со предизвиците од неизвесното окружување, како и за можностите за пренесување на знаењето и поврзување со светскиот финансиски пејзаж....
До следната недела ќе се знае под кои услови компаниите ќе ги користат средствата од унгарскиот заем
Банкометар - пред 23 часа
На крајот на оваа или почетокот на следната недела се очекува да бидат прецизирани условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем. По заедничката средба на Владата со Македонската банкарска асоцијација, следуваат поединчени средби со дел од банкарите, вклучувајќи ја и Народната банка. Од бизнис секторот очекуваат дека наскоро ќе ги добијат средствата под поволни услови. Премиерот Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите рече дека се анализираат две сценарија и дека се работи на тоа компаниите да ги добијат парите по најповолни услови. – Во текот на оваа недела Министерството за финансии ќе има поединечни средби со дел од банкарите, вклучително и Централната банка. Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела веќе да излеземе со конечна позиција и да тргне оваа работа. Се трудиме компаниите да добијат еднакви, историски најнински услови што во овој момент може да се најдат каде било во светот, рече вчера Мицкоски. По средбата на МБА и Владата одржана викендот, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во телевизиско гостување на „Сител“ рече дека комуникацијата со банките продолжува и дека се очекува тие да се произнесат во однос на каматната стапка и можноста таа да е пониска од 3,25 проценти и да се утврдат некои детали во однос на критериумите. – Со банкарскиот сектор единствено на некој начин не можевме да го договориме рокот на отплата, затоа што секоја банка има интерна процедура за носење одлука која зависи дали станува збор за опрема или градежни објекти. Целта беше да постигнеме заеднички договор со кој би утврдиле кои би биле роковите, односно тие да ги прифатат истите услови под кои ние го земавме кредитот, а тоа е 3 години грејс период и 12 години рок на отплата и на тој начин да избегнеме ситуација на одење на клиентите од една во друга банка. И ние во тој дел разговаравме. Во делот на каматата, Владата останува доколку може да изнајде начин и да договори со банките на некој начинн и тие да имаат општествена одговорност со цел да поттикнеме поголемо инвестирање. Тоа беше намерата на премиерот и во таа насока бараше и банките да одат во делумно субвенционирање на каматата, коешто ако ги погледнеме сите кредитни линии што оделе од Развојната банка биле субвенционирани од Владата вклучително и онаа последна којашто е донесена како одлука од претходната Влада на 25.07.2023 година и со која се субвенционира од Владата, но каматата ја намалува за 1 п.п. кој го финансира банкарскиот сектор. Не нудевме ништо празлично од тоа што досега го имало претходно со Развојната банка. Премиерот имаше еден нов предлог и ќе видиме како ќе се произнесат банките, рече Димитриеска-Кочоска во понеделникот. Таа потенцира дека не станува збор за субвенционирање на каматата на компаниите кои ќе ги земат кредитите, туку дека фирмите ќе платат пониска камата од она што е сега просечна по која ги добиваат средствата од банките. -Фирмите ќе ја платат каматата која ќе биде пониска од она што во моментот го добиваат од комерцијалните банки, а тоа е просечно 4,9 проценти. Можноста е сега тие да добијат пониска камата од 3,25 проценти и таа да биде максимумот по кој би ги добиле средствата приватниот сектор, рече министерката. Бизнис секторот очекува што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит со комерцијалните банки. По барањето на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, вчера и претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски изјави дека македонската економија треба да добие поддршка. Според него, унгарскиот заем во однос на рочноста е поповолен од комерцијалните, а добра е и каматата од 3,25 проценти. – Треба да се најде заедничко решение како да се заврши целата работа. Приватниот сектор очекува дека средствата од унгарскиот кредит ќе ги добие преку Развојната банка и комерцијалните банки. Тоа ќе биде стимул за понатамошни инвестиции, развој, нови работни места и креирање на нова додадена вредност, рече Ангелоски. Компаниите, како што посочи, ќе бидат задоволни ако добијат можност да инвестираат со рочност до 15 години. Можноста за субвенционирање на каматата, според Ангелоски, нема да биде прв случај затоа што и во минатото имало случаи кога владите ги субвенционирале каматите. И од Стопанската комора на Северна Македонија очекуваат парите од унгарскиот заем наскоро да станат достапни за компаниите и дека на тој начин ќе му се помогне на стопанството да го преброди почетокот на следната година. – Го пратам процесот како и сите заинтересирани луѓе и во колумна го изнесов својот став. Може тој да се коментира и вака и така, но ние бизнисмените не можеме да се согласиме, односно да содејствуваме во една состојба во која што имаш пари на сметката, а не знаеш што да правиш со нив. Значи, еден ден да седат за нас е тоа изгубено време. Мислам дека е време да се разреши тоа прашање и дека имаат капацитет и Владата и банките да го разрешат тоа прашање и се надеваме дека тоа ќе биде во интерес на фирмите, бидејќи овие средства се наменети баш за нив, изјави Азески минатата среда во одговор на новинарско прашање по потпишувањето договор за соработка со Транспаренси Интернешнл – Македонија. Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот. Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни – 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот....
Нови пари за житните култури
Банкометар - пред 1 ден
За дополнителна субвенција можат да се пријават сите земјоделци кои имаат засеани и ожнеани површина со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион. Рокот за аплицирање ќе трае до 25-ти декември. Услов е, производството да го предадат во домашни преработувачки капацитети или да е складирано кај регистриран откупувач … Право на дополнителни субвенции имаат земјоделците кои засеале и ожнеале површини со сончоглед, маслодајна репка и афион а производство го продале на други, сочувале за сопствениот преработувачки капацитети, или родот го продале или складирале кај регистриран откупувач. Барања можат да поднесуваат и земјоделците кои жетвата на пченица и јачмен ја продале на регистрирани одгледувачи на добиток, или ја сочувале за сопствени потреби. Висината на дополнителните директни плаќања е условена со минимални просечни приноси и тоа: 3.000 килограми од хектар за пченица и јачмен, 1.500 за сончоглед и 1.800 килограми за маслодајна репка. За пченица, јачмен, сончоглед и маслодајна репка субвенцијата е 6.000, a за афионот 18.000 денари по хектар. Барањето се поднесува во електронска форма и треба да се испечати, потпише и достави до платежната агенцијата преку пошта. Крајниот рок за поднесување на документите е до 25-ти декември....
Биткоинот се искачи на нов рекорд
Банкометар - пред 1 ден
Биткоинот се зголеми во вторникот дури и во услови на зголемени геополитички тензии меѓу Украина и Русија. Цената на водечката криптовалута последен пат беше забележана повисока за повеќе од 2% на 93.803,51 долари, според Coin Metrics, надминувајќи го претходното највисоко ниво во текот на денот од 93.469,08 долари поставено минатата недела. Акциите на MicroStrategy, се зголемија за речиси 10%. Овој потег уследи во текот на ноќта по извештаите дека рускиот претседател Владимир Путин ги предупредил САД дека прагот за употреба на нуклеарно оружје е намален како одговор на претседателот Џо Бајден кој ѝ дозволи на Украина да користи американски ракети за да напаѓа воени цели во Русија. На почетокот, биткоинот порасна додека акциите паѓаа. Меѓутоа, во попладневното тргување, биткоинот напредуваше дополнително бидејќи S&P 500 и Nasdaq Composite ги избришаа загубите. Биткоинот има корист од неодамнешниот ентузијазам за криптовалути по претседателските избори во САД – моментално е зголемен за 33% во месецот. Како и златото, многу инвеститори исто така гледаат на крипто-средствата како „незапленети“, долгорочна заштита од геополитичката неизвесност....
Тутунарите не го носат родот за откуп, бараат повисока цена
Банкометар - пред 1 ден
Иако денеска започна откупот на тутунот сепак тутунарите не го носат својот род на откупните ваги надевајќи се на повисока цена по килограм тутун. Од 305 откупни ваги, во моментов се отворени 19 ваги на две компании, на „Сокотаб“ и на компанијата „Кавекс“. Од утре пунктовите ќе ги отвори фирмата „Пашоски“, а сѐ уште не се знае кога ќе почнат да откупуваат уште седум компании меѓу кои и прилепскиот Тутунски комбинат зошто отворањето на пунктовите, поради поверениците мора пет дена порано да го најават кај Сојузот на тутунските здруженија. Годинава, 10-те откупувачи имаат склучено договори за околу 26 000 тони тутун, а според Сојузот, реално реколтата е околу 17.000 тони. И со отворени 19 откупни ваги, од кои по две во Прилеп и Битола, па во Пелагонискиот и во источниот регион, тутунарите се воздржани да го носат родот, очекувајќи каква цена ќе биде постигната. Според последните информации, во Прилеп се презеле 150-тина килограми во прва класа по 375 денари за килограм. Од Сојузот на тутунските здруженија најавуваат дека ќе бараат цените да не бидат пониски од 420 денари што би било колку-толку исплатливо за производителите. -Според нашите сознанија во источниот дел од земјава и во Пелагонискиот регион има однесено тутун за откуп и тие количества се проценети во прва класа која е 375 денари, со напомена дека откупувачите во моментов не го откупуваат влажниот и сувиот тутун. Но, се цени само на две ваги, веројатно откупувачите тактизираат, тутунарите не носат, сакаат да видат по која цена се откупува родот. Имаме разговарано со откупувачите за да не откупуваат по пониска цена. Ние инсистираме просечната цена да достигне 420 денари за килограм, и како лани, ќе бараме да биде како анекс во договорите, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. Годинава, 10-те откупувачи имаат склучено договори за околу 26.000 тони тутун, а според Сојузот, реално реколтата е околу 17.000 тони. -Тутунот е со висок квалитет и реално е тутунарите да бараат повисоки цени за да биде исплатливо производството и да се задржат помладите генерации да ја работат оваа индустриско-земјоделска култура која на државата ѝ обезбедува девизен прилив, вели Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од Долненско и член на Сојузот на тутунските здруженија. Десетте лиценцирани компании откупот на тутунот мора да го почнат најдоцна до 15 декември....
Одбиен е предлогот за зголемување на платите во јавниот сектор
Банкометар - пред 1 ден
Одбиен е предлогот за зголемување на платите во јавниот сектор. СДСМ со амандман побара 57 милиони евра за оваа намена, за да има корекции на платите за сите, а не само за некои области. Власта уверува дека покачувањето на платите ќе дојде со нова методологија во општиот Колективен договор. Ова беше првиот од 200 амандмани поднесени од СДСМ. Во комисијата за финансирање и буџет, по четири дена општа расправа, почна амандманската расправа за буџетот за наредната година....
Шведска ги намалува каматните стапки
Банкометар - пред 1 ден
Централната банка на Шведска ја намали својата референтна каматна стапка четири пати оваа година, почнувајќи од мај, како одговор на падот на инфлацијата и слабата економска активност на земјата, се вели во соопштението. И покрај очекувањата на економските субјекти за подобри времиња кои претстојат, сè уште нема многу знаци дека ситуацијата се развива во таа насока, додава шведската Риксбанк на својата веб-страница. Како што е наведено, референтната каматна стапка треба да се намалува со побрзо темпо со цел натамошна поддршка на економската активност во земјата. Во третиот квартал од 2024 година, според прелиминарните податоци, шведската економија неочекувано падна за 0,1 отсто во однос на претходниот квартал, што значи дека по претходниот квартален пад од 0,3 отсто, се наоѓа во блага техничка рецесија, објави Шведскиот институт за статистика, пренесува Каматица. Трговскиот суфицит на Германија во септември падна на 17 милијарди евра. Трговската размена меѓу Русија и Кина за првите десет месеци од 2024 година е зголемена за 2,8 отсто на 202,2 милијарди долари. Монетарната политика се движи во насока на експанзија, што ќе ги подобри финансиите на домаќинствата и ќе им олесни на компаниите да инвестираат, објави неодамна централната банка на Шведска....
Саемот на вино Отворен Балкан можност за заеднички пласман на македонското вино и храна
Банкометар - пред 1 ден
Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ оствари работна средба со Елена Младеновска-Јеленковиќ, извршен директор на здружението „Вина од Македонија“. Двајцата соговорници на средбата, а во пресрет на третата по ред „Винска визија – Отворен Балкан“ што од 22 до 24 ноември се одржува на Белградскиот саем, зборуваа на тема претставување на домашните изложувачи на Саемот, како и унапредување на винската индустрија во регионот, со цел успешна презентација и интеграција на вината од Македонија и регионот во глобалната и европска економија. Воедно, на средбата стана збор и за потенцијалите на македонската винска индустрија, како и за надминувањето на проблемите со кои се соочуваат домашните производители. Инаку, во склоп на „Винска визија – Отворен Балкан“, саем на вино, храна и туризам што се одржува во рамките на Отворен Балкан афирмираната платформа за мир, ќе настапат повеќе од 80 изложувачи, а ќе бидат претставени македонските винарии и дестилерии. „Винска визија – Отворен Балкан“ е одлична можност за презентација, промоција, но и поврзување на регионот во смисла на размена на производите, па за таа цел вицепремиерот и министер Стоилковиќ и Младеновска – Јеленковиќ се согласија дека е важен заедничкиот настап на сите земји од Западен Балкан, за успешното претставување во голема мера да може да придонесе за понатамошниот развој на домашната економија....
Откупот на тутунот почна воздржано и со барање повисоки цени
Банкометар - пред 1 ден
Откупот на тутунот од годинашнава реколта почна воздржано. Од 305 откупни ваги, во моментов се отворени 19 ваги на две компании, на „Сокотаб“ и на компанијата „Кавекс“. Од утре пунктовите ќе ги отвори фирмата „Пашоски“, а сѐ уште не се знае кога ќе почнат да откупуваат уште седум компании меѓу кои и прилепскиот Тутунски комбинат зошто отворањето на пунктовите, поради поверениците мора пет дена порано да го најават кај Сојузот на тутунските здруженија. И со отворени 19 откупни ваги, од кои по две во Прилеп и Битола, па во Пелагонискиот и во источниот регион, тутунарите се воздржани да го носат родот, очекувајќи каква цена ќе биде постигната. Според последните информации, во Прилеп се презеле 150-тина килограми во прва класа по 375 денари за килограм. Од Сојузот на тутунските здруженија најавуваат дека ќе бараат цените да не бидат пониски од 420 денари што би било колку-толку исплатливо за производителите. -Според нашите сознанија во источниот дел од земјава и во Пелагонискиот регион има однесено тутун за откуп и тие количества се проценети во прва класа која е 375 денари, со напомена дека откупувачите во моментов не го откупуваат влажниот и сувиот тутун. Но, се цени само на две ваги, веројатно откупувачите тактизираат, тутунарите не носат, сакаат да видат по која цена се откупува родот. Имаме разговарано со откупувачите за да не откупуваат по пониска цена. Ние инсистираме просечната цена да достигне 420 денари за килограм, и како лани, ќе бараме да биде како анекс во договорите, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. Годинава, 10-те откупувачи имаат склучено договори за околу 26 000 тони тутун, а според Сојузот, реално реколтата е околу 17 000 тони. -Тутунот е со висок квалитет и реално е тутунарите да бараат повисоки цени за да биде исплатливо производството и да се задржат помладите генерации да ја работат оваа индустриско-земјоделска култура која на државата ѝ обезбедува девизен прилив, вели Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од Долненско и член на Сојузот на тутунските здруженија. Десетте лиценцирани компании откупот на тутунот мора да го почнат најдоцна до 15 декември....
Главните берзи во Европа и Азија го следат растот на Волстрит
Банкометар - пред 1 ден
На повеќето европски берзи цените на акциите пораснаа во вторник претпладнето, како и претходниот ден на њујоршки Волстрит, додека инвеститорите очекуваат нови вести кои би можеле да ги насочат пазарите. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во првиот дневен пресек порасна за 0,35 отсто. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,39 отсто, на 8.140 поени, а париски CAC за 0,09 отсто, на 7.285 поени. Франкфуртскиот DAX се лизна, пак, за 0,06 отсто, на 19.177 поени. Цените на акциите пораснаа и на азиските берзи. Азискиот индекс MSCI беше во плус 0,4 отсто во истиот пресек од тргувањето како и во Европа. Истовремено, на токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Јужна Кореја, Хонгконг, Шангај и Австралија пораснаа меѓу 0,1 и 0,9 отсто. Така, најголемиот дел од берзите го следат вчерашниот раст на цените на акциите на Волстрит. Сепак, Dow Jones загуби 0,13 отсто, но S&P 500 зајакна 0,39 отсто, а Nasdaq индексот за 0,60 отсто. Во исто време, цените на акциите најмногу пораснале во енергетскиот сектор, во просек за 1,05 отсто, а најмногу паднале во индустрискиот сектор. Немаше значајни вести, а инвеститорите со нетрпение ги очекуваат кварталните деловни резултати на Nvidia, кои ќе бидат објавени во среда. Акциите на производителот на чипови се меѓу најголемите добитници во последниве години, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција. Деловниот извештај ќе покаже дали сè уште има простор за раст на цената на акциите на „Nvidia“ или доаѓа период на корекција. Во фокусот на инвеститорите оваа седмица ќе бидат кварталните деловни резултати на трговските синџири, како што се „Walmart“, „Target“ и „Lowe’s“, кои ќе покажат каква била продажбата во пресрет на претстојната предбожиќна потрошувачка сезона....
Нова рунда преговори за унгарскиот кредит, сега ќе се преговара банка по банка
Банкометар - пред 1 ден
Наместо нова заедничка средба, министерството за финансии ќе ги вика на поединечни состаноци секоја од банките за да ги убеди да се откажат од дел од огромните провизии и трошоци со цел бизнисот да добие што поевтини кредити. Овојпат, министерството за финансии ќе има поединчени средби со секоја од банките. Владата работи на две сценарија, најави премиерот Мицкоски, но не сакаше да открие кои се тие и на кој начин ќе се убедуваат банките да попуштат во интерес на стопанството. На посебна средба министерството за финансии ќе се консултира и со Народната Банка. Целта е, вели Мицкоски, компаниите да добијат рекордно најниски камати за кредитите кои ќе ги земат за нови инвестиции. „Анализираме две сценарија. Во текот на оваа недела ќе има Министерството за финансии поединечни средби со дел од банкарите, вклучително и Централната банка, гувернерката. Очекувам крајот на оваа и почетокот на следната недела веќе да излеземе со конечна позиција и да тргне оваа работа. Инаку, да се трудиме компаниите да добијат еднакви, историски најнински услови што во овој момент може да се најдат каде било во светот – рече премиерот Мицкоски на новинарско прашање кога ќе биде средбата со банкарите оваа недела и дали Владата размислува да ги покрие трошоците за каматите за кредитниот ризик за банките за да добијат фирмите поволни кредити“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Конечен епилог од преговорите меѓу банките и Владата треба да има до крајот на неделава или почетокот на следната. На средбата пред два дена, падна договор да се намали рочноста на кредитите под 12 години и грејс периодот под 3 години, но банкарите одбија да се откажат од дел од трошоците. Премиерот во повеќе наврати апелираше до нив да бидат општествено одговорни, односно да преземат барем дел од кредитниот ризик. Очекувањата на премиерот беа дека фирмите ќе ги добијат кредитите со стапка од 3,25%, истата по која државата ќе го враќа заемот од Унгарија, со тоа што деловните банки ќе ја субвенционираат разликата од 3,25% камата до реалната висина на нивните вкупни трошоци. Владата веќе попушти и се согласи на намалување на рочноста на кредитите на барање на банките. Бизнисот пак час поскоро чека на евтините пари за поддршка на стопанството. Од Сојузот на стопански комори велат дека каматата е поволна и немало да биде првпат владата да субвенционира дел од банкарските трошоци со народни пари. На последниот состанок сите банки рекле дека сакаат да се вклучат во проектот, но само една банка била подготвена да субвенционира дел од трошоците за каматата на кредитите. Инаку банките рушат рекорди со историски највисоки профити последниве годни. Повеќе од 160 милиони евра изнесува заедничкиот профит на трите најголеми банки во земјава и тоа за само 9 месеци. Добивките на најголемите банки се зголемени за 45%, 12,54%, односно за 11,6 отсто....
Лукаревска: СДСМ со 200 амандмани на Буџетот бара поголеми плати и повеќе пари кај граѓаните
Банкометар - пред 1 ден
Првиот предлог Буџет за 2025 година на актуелната власт на ДПМНЕ е расипнички, недомаќински и наместо за граѓаните направен е само за задоволување на власта. Буџетот е тежок 6,5 милијарди евра, толку планира власта да земе од граѓаните и да потроши. Но, наместо за поголеми плати на работниците, повисок животен стандард на граѓаните, образование, здравство, власта ги зголемува трошоците за службени возила и луксуз за дури 75%. За купување мебел власта предвидува 5 пати повеќе пари во исто време кога ги зголемува глобите и административните такси за нови 11 милиони евра. Владата предвидува зголемување и на непродуктивните трошоци за стоки и услуги а во истиот момент ги крати капиталните расходи во клучни сектори како образованието и здравството, рече денеска пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска. Според неа, „парите за чист воздух, намалени за дури 51% а парите за заштитна на животна средина за 25%. Тоа значи дека актуелната власт нема намера да преземе ништо додека граѓаните се гушат. Расипничкото однесување се случува во услови на високо ниво на јавниот долг кој со новите долгови ќе ја надмине границата од историски највисоко ниво на јавен долг од 70,8%. Намалени се и парите за поддршка на домашните компании од 340 на само 220 милиони денари. Истовремено парите за поддршка на странски компании се зголемени“. „Оваа политика на запоставување на домашните компании и фаворизирање на странските ги става македонските работници во подредена позиција, води кон економска нееднаквост и ниски плати. Дополнително, во Буџетот ги нема ниту најавените 250 милиони евра за општините. Парите за земјоделството се намалени за 15,7% а програмата за рурален развој се намалува за 10 пати. Руралната програма е многу важна за младите земјоделци, за набавка на стока, нова механизација, но и за инвестиции во проекти на општините“ смета Лукаревска. Таа напомена дека „СДСМ како одговорна опозиција со поднесување на над 200 амандмани се бори за граѓаните и подобрување на Буџетот за се обезбедат економски раст, поголеми плати и подобар животен стандард. Бараме зголемување на платите во секторите каде вработените се од витално значење за услугите на граѓаните, како образованието, јавниот сектор, полицијата, пожарникарите. За вработените во Министерството за внатрешни работи бараме покачување на платите за 20%, како и средства за набавка на современа технолошка опрема за зголемување на безбедноста на граѓаните“....
Се активира проектот „Купи куќа за млади“! По Нова година ќе се знаат условите за кредитот
Банкометар - пред 1 ден
Министерот за транспорт Александар Николоски рече дека проектот предвидува под одредени фискални поволности млади парови да се стекнат со куќа или стан… Владата планира да го активира проектот „Купи куќа за млади“ од следната година, изјави министерот за транспорт Александар Николоски. – Од следната година, практично за еден месец ќе почнеме да го развиваме проектот „Купи куќа за млади“ кој ќе треба да овозможи на голем број млади брачни двојки да се стекнат со дом по фискално поволни услови. За тоа ги подготвуваме плановите – рече Николоски. Тој информира дека по Нова година ќе се знаат општините во кои ќе почне да се реализира прокетот и условите под кои младите ќе можат да аплицираат за субвенциониран кредит. -По Нова година ќе излеземе со став во кои општини тоа ќе може да се реализира и под кои услови младите брачно парови ќе можат да аплицираат за да се стекнат со свој дом – рече Николоски. Проект „Купи куќа за млади“ се реализираше и во минатиот период, а го воведе владата на Никола Груевски....
Владата ги намалуваат парите за малите и средните претпријатија, капиталните расходи се зголемуваат повеќе од тековните
Банкометар - пред 1 ден
Со предложениот буџет за 2025 година чекориме кон нови задолжувања, кои, кон крајот ќе стигнат за наплата кај секој граѓанин, без разлика на што и кој ќе го користи кредитот, каматата секако е наменета за граѓаните, порача опозицијата. Дестан Јонузи Власта со предлог Буџетот за 2025 година од 6,5 милијарди евра има големи проекции, но истите ако не се остварат ќе имаме влошување на фискалната консолидација во земјата, сметат економските експерти и опозициските политички партии. – Со предлогот се планира раст од 13,1% на приходи од данок на личен доход во однос на планираните од минатата година, тоа тешко да се оствари во отсуство на овогодинешна даночна реформа затоа што слушнавме дека ќе имаме одреден напредок во 2026 година и во услови на инфлација и забавен раст на платите, велат од опозициската СДСМ, додавајќи дека покрај ова има и даночни приходи, кои се планирани да растат уште и посериозно, како и раст на БДП од 3,7% во 2025, што исто така не го зема предвид забавувањето на економијата во еврозоната, посебно во Германија. Според нив кај тековните расходи, најголем е растот масата на плати и социјални трансфери, капиталните расходи се зголемуваат повеќе од тековните расходи, како што потенцираат, на прв поглед изгледа во ред, но треба да се постави прашањето колкав дел од тие плаќање ќе останат во македонската економија. – Нема средства за унапредување на здравствена заштита преку фондот за здравство, за поддршка на земјоделството средствата се намалуваат од 128 во 2024 на 117 милиони евра. Се намалуваат средствата за поддршка на развој на мали и средни претпријатија од 80 милиони денари на 18. Тие се двигателот во бизнис заедницата, а од друга страна за поддршка на странски инвестиции има 36 милиони евра, истакнува опозицијата, и констатира дека оваа влада ги продолжува проектите, кои се осмислени, преговарани и договарани од претходната влада, како коридорите на Бехтел и Енка кои беа „криминален проект“, а сега се високо на агендата проектите за реализација на новата влада. Со предложениот буџет за 2025 година чекориме кон нови задолжувања, кои, кон крајот ќе стигнат за наплата кај секој граѓанин, без разлика на што и кој ќе го користи кредитот, каматата секако е наменета за граѓаните, порача опозицијата. Од опозицискиот блок на партиите на Албанците, здружени во „Европскиот фронт“ велат дека предлог-буџет ја истакна историската лага на вицепремиерот Изет Меџити за изградбата на кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“. Пратеничката Рина Ајдари информираше дека Фронтот предложил над 50 амандмани за подобрување на грешките и пропустите на ВЛЕН (Вреди). – Ние како пратеничка група на Европскиот фронт во собраниска процедура поднесовме над 50 амандмани на овој предлог-буџет кои доколку се изгласаат значително ќе ги подобрат сите поголеми недостатоци наведени во овој предлог Буџет. Предлагаме зголемување на проектните средства за Коридорот 8 и 10Д од 8 милијарди денари на 15,1 милијарди денари. Партнери без легитимитет и без влијание во одлучувањето во Владата, ВЛЕН, за Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје во буџетот за 2025 година се предлагаат не повеќе од 12,1 милион денари, додека со нашиот амандман се предлага зголемување на овие средства за капитални расходи на 300 милиони денари, изјави пратеничката Рина Ајдари од редовите на ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ пред изборите ветуваше нов концепт на работа, транспарентност, одговорност, развој, повисоки плати за полицијата и армијата за јавниот сектор и приватниот сектор за образование и здравство. Вети намалување на јавниот долг и буџетскиот дефицит, зголемување на капиталните инвестиции и повисок животен стандард. Предлог Буџетот за 2025 година се наоѓа во собраниска процедура, додека досега се поднесени над 700 амандмани. Текстот е сопственост на Фронтлајн...
Буџетот на ПИОМ надмина 2 милијарди евра а на ФЗО скоро 870 милиони евра
Банкометар - пред 1 ден
Двата најголеми државни фондови , ПИО и ФЗО , следната година ќе имаат зголемени буџети, повеќе пари за трошење, но очекуваат и зголемени приходи во фондовски каси по основ на наплата на придонесе. Само за исплата на пензии, следната година во однос на годинава, сумата се зголемува за 16,6%, пишува Порталб.мк. Расходите на ПИО по основ на исплата на социјални бенефиции во кои се вклучени и пензиите следната година се зголемува за 284 милиони евра. Фонд за здравствено осигурување … Според податоците од Буџетот за 2025 та, трошењето, односно расходите на Фондот за здравствено осигурување следната година ќе изнесуваат 867,8 милиони евра што е за 84,3 милиони евра повеќе во однос на годинава. Највисока ставка од 764,1 милион евра се “договорните услуги” со кои се опфатени финансиските договори и обврски на ФЗОМ со јавни и приватни здравствени институции. На приходната страна, од наплата на придонеси ФЗОМ очекува прилив од 799,6 милиони евра. Според прогнозите на власта, приходите од наплата на придонеси за здравствено осигурување, следната година во споредба на оваа, ќе се зголемат за 9%. Од Централниот Буџет , следната година пак, трансферот до овој фонд ќе изнесува 118,2 милиони евра што е за 3 милиони евра помалку во однос на годинава. Од вкупниот буџет на ФЗОМ во 2025 та 854,1 милион евра ќе бидат за “здравствена заштита”. “Здравствената заштита е планирана на ниво од околу 52,5 милијарди денари, средства кои ќе се реализираат преку ФЗО, најголем дел од планираните средства се наменети за финансирање на здравствените услуги и исплата на обврски на јавните здравствени установи” – се наведува во Буџетот. Расходи на фондови 2025 Буџет на ФЗО 867 789 000 евра Буџет на ПИОМ 2 186 500 000 евра Фонд за пензиско осигурување .. Фондот за пензиско осигурување на ниво на државата е институција со најголем буџет. Следната година ПИО ќе има историски највисоко ниво на расходи кои за прв пат надминаа 2 милијарди евра. Според новите буџетски проекции, во 2025 та во однос на оваа година, расходите на овој фонд се зголемени за 285 милиони евра . Највисока расходна ставка од 1,7 милијарди евра се пензиите кои се опфатени во ставката “социјални бенефиции” која тежи дури 2,17 милијарди евра и е за дури 284,3 милиони евра поголема во однос на годинава. “За исплата на пензии планирани се 105,5 милијарди денари ( 1,7 милијарди евра), со вклучен ефект за линеарен пораст на пензијата за секој пензионер од 2.500 денари почнувајќи од март 2025 година, а со цел да се овозможи пристоен животен стандард на пензионерите” – наведува Министерството за финансии. Сумата за исплата на пензии следната година во споредба со оваа е зголемена за дури 16,6%. Државниот ПИОМ следната година, како што веќе објави “Порталб” ќе има зголемени расходи по два основи, раст на пензиите и раст на бројот на пензионери. И за овој државен фонд власта предвидува раст на приходите, пред се по основ на придонеси кои се клучен извор за буџетските приливи во фондовската каса. Конкретно преку ставката даночни приходи следната година се очекува прилив од 1,3 милијарди евра што е за 148,7 милиони евра во однос на г Буџет 2025 Буџет 202 Трансфери до ПИОМ 787 000 000 евра 656 300 000 евра Трансфери до ФЗО 118 211 000 евра 121 301 000 евра Фондот за пензиско осигурување следната година од Буџетот ќе доби 787 милиони евра што е за фантастични 130,7 милиони евра повеќе во однос на годинава. ПИО и ФЗО се двата најважни државни фондови кои даваат услуги на сите категории на граѓани од сите возрасни групи – вработени, невработени, пензионери, пациенти. И двата фодови се “потпираат” на државните трансфери. Економистите со децении укажуваат на потребата од консолидација на фондовските финансии со цел да се обезбеди одржливост....
Фајнанс тинк: Буџетот и понатаму останува заробен во социјалните потреби на економијата
Банкометар - пред 1 ден
Предлог-буџетот се донесува во услови на благо интензивирана динамика на економската активност, но и во економија која сè уште функционира под својата потенцијална стапка на раст, како и во услови на смирувачка инфлација која сè уште е над нивото кое централните банки го поистоветуваат со стабилни цени, оценуваат од Институтот за економски истражувања и политики Фајнанс тинк во најновата анализа на предлог-буџетот за 2025 година кој проектира раст на бруто домашниот производ (БДП) од 3,7 отсто и раст на трошоците за живот од 2,2 отсто. Од Институтот проценуваат дека двете проектирани стапки, на растот на БДП и на цените, се разумен одраз на моменталните економски движења и претставуваат солидна основа за проектирање на Буџетот. Анализирајќи ги буџетските приходи и расходи од Фајнас тинк заклучуваат дека сепак, предлог-буџетот и понатаму останува заробен во социјалните потреби на економијата и општеството во целина. Проекцијата за растот на БДП особено ја поддржува започнувањето со ефективна реализација на клучни инфраструктурни проекти, најавениот инвестициски циклус на локално ниво, и засилената поддршка на приватните инвестиции, сметаа од Фајнанс тинк. „Сепак, проектираната стапка останува под притисок од неизвесностите во економското окружување, главно од неодамна ревидираните очекувања за пониски остварувања во економиите на главните трговски партнери, главно на германската економија. Во случај на позначајна материјализација на ризиците за растот на европскиот континент, вклучително и поради најавените промени во трговската политика од страна на САД, кои може негативно да се одразат врз трговијата и оттука врз растот и цените, остварувањето раст од 3,7 отсто за македонската економија ќе стане невозможно“, велат од Фајнанс тинк. Постои поголем ризик во проектирање на растот на буџетските приходи Сепак, Институтот проценува поголем ризик во сегментот на проектирање на буџетските приходи со номинална стапка на раст од 12,8 отсто, односно повеќе од двојно повисоко од збирот на реалната стапка на раст на БДП и стапката на инфлација. Ваквата проекција на Фајнанс тинк се должи на претпоставките дека економијата ќе расте побрзо од предвиденото, дека и цените ќе растат побрзо од предвиденото, дека ќе се зголемуваат даночните стапки и стапките на социјалните придонеси и дека ќе отпочне сеопфатна и бескомпромисна борба со сивата економија. Фајнанс тинк проценува дека растот на економијата е нереален, дека растот на цените побрзо од предвиденото е непосакувана претпоставка, a дека зголемувањето на даночните стапки е ненајавено и делумно неизводливо во овој временски момент. „Оттука, како реална останува четвртата претпоставка, борбата со сивата економија, за која Фајнанс тинк во континуитет укажува и нуди докази базирани на бројки и економска анализа, дека таа крие фискален потенцијал кој надминува 700 милиони евра на годишно ниво, како и препораки од каде може да се почне со цел поголема ефективност на таа борба. Сепак, дури и во најоптимистичко сценарио, нашата проценка е дека борбата со сивата економија не може да донесе толку висок резултат во првата година од справувањето со неа. Дури и ако се погледне во ретроспектива, вкупните буџетски и даночните приходи оствариле номинални стапки на раст повисоки од 10 отсто само во пост- пандемиската 2021 година (поради ниската основа на претходната година) и во кризните 2022 и 2023 година (поради високата стапка на инфлација). Во таа смисла, проекција дека буџетските приходи ќе растат со 12,8 отсто во 2025 година е амбициозна“, велат од Фајнанс тинк. Пониско проектираните расходи од приходите е добра намера Предлог Буџетот 2025 предвидува пораст на буџетските расходи за 10,3 отсто, што е пониско од проектираните буџетски приходи и е показател за добра намера, оценуваат од Фајнанс тинк. Според Институтот, прегледот во проектираната структура на буџетските расходи укажува на одредена фискална консолидација. „На пример, за поздравување е што ставката ‘стоки и услуги’, која најчесто крие сиви зони како времени вработувања во јавната администрација, хонорарни вработувања, трошења за храна, пијалоци, мебел, патувања и слично е проектирана со стапка на раст од само 2,6 отсто, но мора да се забележи дека таа порасна за 21,3 отсто со последниот ребаланс на Буџетот за 2024 година. Слично, субвенциите и трансферите, кои кријат одредени неефикасности, за кои Фајнанс тинк во минатото понуди емпириски докази, растат поскромно, само 1,9 отсто, меѓутоа предлог-буџетот не прави никаков осврт за евентуални структурни промени во рамки на оваа ставка“, велат од Фајнанс тинк. Оттаму сметаат дека растот на ставката плати и надоместоци од 8, 1 отсто е понизок од проектираниот раст на вкупните расходи, иако и тој раст кој е движен од предвидените зголемувања на платите во сегменти од јавниот сектор, останува висок. „Последното не кореспондира со динамиката на продуктивноста на јавната администрација која е во континуитет негативна и стагнантна. Од друга страна, растот на трошоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување од 14,8 отсто е јасно воден од реализираниот (септември 2024) и предвидениот (март 2025) линеарен пораст на пензиите. Овие две ставки се особено значајни бидејќи ја ослабуваат фискалната консолидација и остануваат да бидат одраз на експанзивниот карактер на фискалната политика, и оттука основен извор на инфлациски ризик во 2025 година. Имено, иако монетарната политика започна постепено да се олабавува поради поволните глобални движења во однос на цените, неопходно е да се има предвид дека домашните извори на ризик за цените на овој начин зајакнуваат и може да претставуваат закана за очекувано позначајно намалување на каматните стапки во економијата, контекст кој би бил неповолен и за растот на цените и за растот на БДП“, се наведува во анализата на Фајнанс тинк. Во истата насока, велат оттаму, каматните плаќања растат со значајни 17,4 отсто, иако „овој трошок е рефлексија на управувањето со јавниот долг во последната деценија и краткорочно е тешко значајно да се промени“. Според Институтот, севкупно, порастите кај сите овие трошоци дополнително ја нарушуваат развојната компонента на Буџетот и тој и понатаму останува заробен во социјалните потреби на економијата и општеството во целина. Растот на капиталните ивестиции може да има структурален карактер Анализирајќи ги капиталните инвестиции кои се проектирани со раст од 13 отсто, раст кој е поскромен споредено со претходните години, од Институтот за економски истражувања и анализи Фајнанс тинк оценуваат дека „оваа, иако блага промена, може да има структурен карактер, нешто, за што Институтот повикуваше во претходната деценија“. „На позитивната страна, фокусирањето кон поголема ефективност на капиталните инвестиции, почетокот и интензивирањето на клучни инфраструктурни проекти, може да даде поддршка на ваквото проектирање на капиталните трошоци. Сепак, од друга страна, и понатаму мора да се има предвид ограничениот институционален капацитет за реализација на јавните инвестиции, за што говори и фактот дека заклучно со средината на ноември 2024, капиталните трошоци се реализирани само до 42,8 отсто. Според овие движења, реализацијата до крајот на годината би изнесувала до 500 милиони евра од предвидените 725 милиони евра. Овој показател е поразителен. Гледано од таа перспектива, проектирањето на капиталните расходи за 2025 година на ниво од над 800 милиони евра останува со назнаката ‘преоптимистичко’ и со познатиот ризик тие да бидат значајно скратени при првиот ребаланс на Буџетот“, велат од фајнанс тинк. Затоа, апелираат оттаму, средствата кои нема да се реализираат од капиталните расходи предвидени за 2025 година, а кои не се врзани со наменски заеми и грантови, да не се пренаменуваат за тековни трошоци, туку само да влијаат врз пониско остварување на буџетскиот дефицит. „Во тековната 2024 година, како резултат на овие тенденции, буџетскиот дефицит до средината на ноември 2024 е реализиран во обем од 75 отсто, што е позитивна екстерналија. Со ваквото проектирање на предлог- буџетот 2025, буџетскиот дефицит е поставен на ниво од 4 отсто од БДП. Ова опаѓачко ниво на буџетски дефицит е соодветно и ја одразува фискалната консолидација во одреден обем, но истовремено и нејзината недоволност, со оглед дека тој останува над фискалното правило според кое буџетскиот дефицит не смее да надминува 3 отсто од БДП“, се наведува во анализата на Фајнанс тинк. Како причини за отстапување од ова фискалното правило од Институтот ги наведуваат усогласувањето на платите согласно колективни договори во повеќе дејности, покривањето на високиот износ на доспеани, а неплатени законски обврски, реализацијата на инфраструктурните и енергетските проекти за поквалитен живот на граѓаните и зголемена конкурентност на бизнисите, дигиталната трансформација на јавниот сектор, поквалитетното образование и студентскиот стандард, поквалитетното здравство, поттикнувањето на рамномерен економски развој, финансирањето на капитални проекти на општините, реализацијата на новите политики на Владата за подобар животен стандард на граѓаните преку линеарен пораст на пензиите и реализацијата на финансиските обврски за претходно договорени инфраструктурни проекти. „Фајнанс тинк укажува и остро забележува дека усогласувањето на платите согласно колективни договори во повеќе дејности, покривањето на високиот износ на доспеани, а неплатени законски обврски и реализацијата на новите политики на Владата за подобар животен стандард на граѓаните преку линеарен пораст на пензиите не може да бидат основа за прекршување на фискалното правило. Всушност, овие точки во себе кријат ризик за подгревање на агрегатната побарувачка, во услови на ниска и стагнантна продуктивност, што може значајно да се одрази врз ценовната динамика. Дополнително, според сопствени пресметки достасаните, а неизмирени обврски може да бидат значаен товар врз буџетскиот дефицит и јавниот долг, особено во услови кога нивниот вкупен износ, и пријавен и непријавен, може да биде значајно поголем од оној кој е моментално познат (и кој се очекува на крајот на 2024 да изнесува до една милијарда евра) и кој е земен како основа за пресметки во наведената студија“, велат од Фајнанс тинк. Од Институтот заклучуваат дека предлог-буџетот 2025 покажува знаци на благи структурни поместувања во споредба со претходните години, поголема реалистичност на макроекономските претпоставки, како и одредена, но ограничена фискална консолидација, додека критичните точки на проектирањето бараат понатамошен напор кој ќе ја оптимизира развојната компонента и ќе демонстрира солидна фискална дисциплина. „Буџетските приходи подразбираат силна и истрајна борба со сивата економија и кријат ризик да не се реализираат според проекциите. Кај расходите, фискалната консолидација кај одредени ставки е недоволна, особено во контекст на влијанието врз инфлацијата, но веројатно ќе биде компензирана со кратење на високо- поставените капитални расходи со првиот ребаланс во текот на 2025“, наведуваат во заклучокот на анализата на предлог-буџетот за 2025 година од Институтот за економски истражувања и политики, Фајнанс тинк....
Грците прокоцкале 15 милијарди евра во криптовалути!
Банкометар - пред 1 ден
Се подготвува нова институционална рамка за целосна контрола на пазарот и компаниите кои работат во Грција. Реизборот на Доналд Трамп, кој вети дека САД ќе ги направи „крипто главен град на планетата“, доведе до „крипто-митинг“ со пазарна капитализација над 3,2 трилиони долари и биткоин од 1,8 трилиони долари. На највисоко ниво на сите времиња, повеќе од 150.000 инвеститори, наводно, се обложиле повеќе од 15 милијарди евра во Грција, во потрага по нивното „дигитално богатство“. Сепак, неколку илјади станаа жртви на измами на онлајн платформите „дух“ кои ги „ловат“ несвесните граѓани, иако не смеат да ѝ даваат инвестициски услуги на Грција, како и да држат пари на инвеститорите. Освен тоа, пазарот во суштина е нерегулиран, додека врз основа на постојната институционална рамка, Комисијата за пазар на капитал во Грција, на пример, ги проверува главните случаи на перење пари или тероризам, додека огромното мнозинство од овие платформи не се ни регистрирани во нејзините регистри за да не прифаќаат ревизии. Карактеристично е што само 12 компании кои работат во областа на криптовалутите се моментално регистрирани во Комисијата за пазар на капитал на Грција, од кои 11 обезбедуваат услуги за виртуелна размена на валути, а вкупно 12, заедно со уште една, обезбедуваат услуги за чување на дигитални паричници. Треба да се напомене дека и оваа делумна институционална контрола на Комисијата го ограничи и најверојатно дополнително ќе го намали нивниот број, потсетува То Вима. Од друга страна, од трите компании кои имаа банкомати во Грција поврзани со најмалку еден дигитален „паричник“ (паричник), во кој се чуваат криптовалути, само една останала поради прекршоци, но има мрежа на национално ниво. Само во еден инцидент, во кој главно беше вклучена Северна Грција, жртвите наводно надминале 10.000, инвестирајќи во платформа наводно со седиште во Невада, САД, која имала форма на пирамида и нудела високи приходи на дневна основа....
Дополнителни субвенции за овоштарство
Банкометар - пред 1 ден
Овоштарите и лозарите можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции доколку производство го продале на регистрирани откупувачи, преработувачи, на пазар или е користено за домашни потреби. Крајниот рок за поднесување на барањата е 25-ти декември 2024 година … Овоштарите кои имаат насади со праска, вишна, малина, капина и кајсија, и се корисници на директните плаќања за одржување на постоечки овошни насади, имаат право на дополнителни субвенции. Услов е производството да е предадено во сопствен или друг преработувачки капацитет од 26-ти декември 2023-та до 25-ти декември 2024 година. Висината на директни плаќања изнесува 3 денари за килограм за сите видови овошје. Во прилог на барањето се доставува потврда за предадениот род од регистриран преработувач. Доколку производство е користено за домашни потреби или е продадено на пазар, висината на дополнителните субвенции за јаболко е 30.000 денари за хектар, за слива и праска 25.000, вишна, цреша, кајсија и круша 22.000, а 13.000 денари е за јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка Висината на дополнителните директни плаќања скалесто се намалуваат во однос на зголемувањето на површините. Крајниот рок за поднесување на барањата е 25-ти декември 2024 година....
Средба Бежоска ‒ Рокас: Независноста на НБ е значајна за кредибилитетот на политиките коишто ги води
Банкометар - пред 1 ден
Независноста на Народната банка е клучна за задржувањето на високиот кредибилитет којшто го ужива во јавноста, како и за спроведувањето на политиките за одржување на ценовната и финансиската стабилност. Народната банка постојано се стреми кон сè повисоко ниво на транспарентност во сите сегменти од своето работење, со цел да ја задржи високата доверба. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и Михалис Рокас, амбасадорот на Европската Унија во земјава, при што беше нагласено дека монетарната политика е високо усогласена со европската регулатива, што е наведено и во последниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека централната банка и натаму води претпазлива монетарна политика со цел да се осигури ценовната стабилност. Народната банка дополнително ќе ја зајакнува и отпорноста на банкарскиот систем преку мерки и регулаторни барања и ќе ги унапредува сопствените институционални капацитети за подобро справување со светските трендови и предизвици. Амбасадорот искажа поддршка за напорите на Народната банка за поднесувањето барање за членство на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Имајќи го предвид високиот степен на усогласеност на правната рамка, се очекува позитивна оцена со што нашата земја ќе може наскоро да пристапи во СЕПА. Гувернерката Ангеловска-Бежоска и евроамбасадорот Рокас разговараа и за повеќе актуелни прашања коишто се дел од дијалогот на ЕУ со земјите од Западен Балкан, којшто се води врз основа на поднесената Програма за економски реформи 2024 ‒ 2026 година од страна на земјите кандидатки....
Неизвесно укинувањето на Зелениот картон
Банкометар - пред 2 дена
Националното биро за осигурување во соопштение вели дека зелениот картон е сеуште неопходен документ за влез со моторни возила во било која држава во Европа, како и во соседните Србија, Албанија, Црна Гора, БиХ и Молдавија. Од таму додаваат дека тоа е комплексно прашање и тој засега не може да биде укинат. „Прашањето за спојување на ЗК и вклучување на премијата од ЗК во полисата за осигурување од Автомобилска Одговорност е доста комплексно и сериозно прашање кое подлежи на меѓународна и домашна регулатива. Тоа не е нешто што може да се промени преку ноќ, и затоа не треба да се шпекулира, и корисниците да се доведуваат во заблуда. Точно е дека на оваа тема се разговара во регионот, но во моментов нема консензус ниту заеднички став, бидејќи членките држави на CEFTA имаат во примена сосема различни модели на функционирање на системот на зелена карта“, велат од НБО....
Бранимир Јовановиќ: Процесот за кредитот од Унгарија наменет за фирмите е промашен уште од самиот старт
Банкометар - пред 2 дена
Процесот за кредитот од Унгарија наменет за фирмите е промашен уште од самиот старт. Според аналитичарот Бранимир Јовановиќ државата договори пари за компании од странска влада без притоа да се консултира со банкарите. Смета дека доколку не биде постигнат договор цената ќе ја плаќаат граѓаните односно ќе се трошат нивни пари за да се покриваат трошоци на профитабилни компании. Предупредува дека средствата може на крајот да зваршат кај фирми блиски до власта....
Станковиќ: Земјоделството ќе добие историска поддршка со новиот буџет
Банкометар - пред 2 дена
Новиот државен буџет за 2025 година ќе ни донесе енергија и напредок во сите сектори на општеството, но особено за столбот на нашата економија – земјоделството, изјави Малиша Станковиќ, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „Со гордост можам да кажам дека земјоделството ќе добие историска поддршка. За првпат, буџетот за земјоделство се зголемува за цели 13 отсто, а издвоените средства за програмата за земјоделство и рурален развој се зголемени за неверојатни 284 проценти! Дополнително, капиталните инвестиции се зголемуваат за 102 отсто“, изјави Станковиќ. Како што додаде, ова е цврст доказ за посветеноста и партнерството на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со земјоделецот....
„Бамби“ повторно започна да ја произведува Plаzma во својата фабрика во Пожаревац
Банкометар - пред 2 дена
Компанијата „Бамби“ во својата фабрика во Пожаревац повторно започна со производство на Plazma со намален капацитет. Продолжувањето на производството ќе се одвива во една од трите производни линии која не беше оштетена во пожарот. Од компанијата наведуваат дека со оглед на тоа што се работи само за една линија, количините на Plazma на пазарот ќе бидат помали отколу што беше тоа случај пред пожарот, па компанијата ги повикува потрошувачите на солидарност и споделување на омилената Plazma со најмилите додека производството целосно не се стабилизира. После пожарот кој ја зафати нашата фабрика, оспособивме дел од производните капацитети и продолжуваме со производството на Plazma во намален обем. Линијата на која произведуваме Plazma може да произведе третина од капацитетот од досегашното производство и тие количини сигурно нема да бидат доволни да ја покријат целосната потрошувачка. Затоа уште некое време на потрошувачите ќе им се случува да не можат да секогаш да го најдат посакуваното пакување. Во следите недели можеме да очекуваме враќање на Plazma на полиците. Квалитетот останува наш најголем приоритет и сите кои ја сакаат Plazma наскоро ќе уживаат во добро познатиот мирис и вкус. Подготвуваме и големо изненадување за оние кои имаат и најмалку трпение и за оние на кои Plazma најмногу им недостига, изјави генералнио директор на компанијата „Бамби“, Драган Стојковиќ. Започнувањето на повторното производство е резултат на работата на санацијата и обновата на производните капацитети, кои компанијата „Бамби“ ги спроведува од јули заедно со агилноста и посветеноста на сите вработени, како и со голема поддршка на „Кока Кола ХБЦ “ група, од која што се дел веќе пет години. Нас во „Бамби“ не ни е ништо тешко кога започна производството на Plazma! За што побрзо да стигне до нашите потрошувачи уште повеќе од нас ќе учествуваат во пакувањето на производите. Сега среќата ќе биде поголема, изјави Јелена Павловиќ, тим лидер за производстово во „Бамби“. После првата фаза, долгорочниот плат опфаќа покренување и на останатите производни линии и продолжување со инвестициите, изградбата и проширувањето на капацитетите на фабриката. Како што соопштија и претходно, новонастанатите околности ја променија деловната динамика на компанијата, но ги забрзаа нејзините развојни планови....
Инфлацијата стана огромен проблем во Русија, продавниците мора да ги заклучат полиците
Банкометар - пред 2 дена
Продавниците во Русија мораат да заклучат некои полици со производи поради зголемен страв од кражба, што е резултат на огромната инфлација што влијае на економијата на земјата, пишува CNN. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од кражби, а цените на одредени работи како путер, кромид и месо во последниот период скокнале за 25 отсто. Инфлацијата, според последните економски параметри, во Русија изнесува дури 10 отсто, што е многу повисока од предвидувањата на централната банка на оваа земја. Инфлацијата е поттикната од брзиот пораст на платите бидејќи Кремљ инвестира милијарди во воената индустрија и испраќа милион луѓе да се борат во Украина. Во екот на воена состојба, компаниите надвор од одбранбениот сектор не можат да се натпреваруваат за работна сила без да плаќаат многу повисоки плати. Ова пак доведува до зголемување на цените. „Цените растат поради војната. Побарувачката во економијата е искривена во корист на непродуктивното трошење. Платите растат затоа што работодавците мора да се натпреваруваат за работна сила“, рече Александра Прокопенко од Центарот за Евроазија „Карнеги Русија“ во Берлин. Во обид да ја спречи инфлацијата, централната банка ја зголеми основната каматна стапка на рекордни 21 процент во октомври. Сепак, влијателна група руски економисти оваа недела на Telegram изјави дека „зголемените инфлациски притисоци не само што ќе продолжат, туку може дури и да растат“. Рускиот претседател Владимир Путин претходно овој месец изјави дека руската економија има недостиг од речиси милион нови работници поради стапката на невработеност од само 2,4 отсто, или како што рече, „практично нема невработеност“. Путин го опиша недостатокот на работна сила во Русија како „една од главните пречки за нашиот економски раст“....
Драстичен пораст на цените на зеленчукот – поскапе дури 48%
Банкометар - пред 2 дена
Во период од една година зеленчукот поскапел за фантастични 47.7 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Ова го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Според нив овошјето поскапело за 6,8%, а виното поскапело за 14,6%. Од друга страна, цените на житарките, како пченица и ориз, се намалиле за 11%, а на компирот за 3,9%. На страната на трошоците, најголемо зголемување е забележано кај ветеринарните услуги (9,5%) и одржувањето на опремата и зградите (6,4%). Намалување има кај ѓубривата (6%) и кај енергијата и семињата (7,4%). Овие податоци ја покажуваат динамиката на цените и различните трендови во земјоделскиот сектор....
Фалсификувана стока вредна 3-4 милијарди евра запленета во ЕУ во 2023 година
Банкометар - пред 2 дена
Над 152 милиони фалсификувани предмети, во вредност од приближно 3,4 милијарди евра, биле пресретнати во Европската Унија (ЕУ) во 2023 година, се вели во заедничкиот извештај на Европската комисија (ЕК) и Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ, објави порталот Новините. Ова означува зголемување од 77% на бројот на запленети предмети во споредба со 86 милиони единици во 2022 година и зголемување на вредноста за 68%. Напливот во голема мера се припишува на зголемениот број притворања на внатрешниот пазар, продолжувајќи го трендот забележан во последниве години. Речиси 98% од вкупно запленетата стока и 94% од нивната вредност се пријавени од 10 земји членки на ЕУ. Италија го предводи пакетот, со 74% од сите заплени, а потоа следат Франција, Романија, Шпанија, Холандија, Бугарија, Германија, Унгарија, Белгија и Грција, кои заеднички учествуваа со 23% од заплените. Во однос на вредноста, Италија повторно доминираше со 58%, а потоа следат Франција, Шпанија, Германија, Унгарија и други. Првите пет категории на фалсификувани стоки запленети во 2023 година беа: Игри (задржување на првото место втора година по ред). Играчки. Снимени ЦД/ДВД-а. Материјали за пакување. Етикети, ознаки и налепници. Ова го истакнува растечкиот тренд на ризикот од локалното производство во ЕУ, каде што небрендираните предмети се комбинираат со фалсификувани етикети и пакувања за да се избегне откривање на границите. Кина остана водечка во однос на фалсификувани производи, со над 56% од запленетата стока, по што следат Хонг Конг (9%) и Турција (8%)....
Нема промена на цените на горивата
Банкометар - пред 2 дена
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,06 % во однос на одлуката од 11.11.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,720%, кај дизелот за 2,295%, кај екстра лесното масло за 2,704% и кај мазутот намалувањето е за 2,622%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,8115%. Од 19.11.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 43,708 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,136 ден/кг и сега ќе изнесува 43,708 ден/кг, извести РКЕ....
Никола Поповски: Владата врши невиден политички притисок врз банките
Банкометар - пред 2 дена
Универзитетскиот професор Никола Поповски, екс- министер за финансии и поранешен претседател на Собранието, за емисијата „Трилинг“ на Горазд Чомовски, ги оцени случувањата на релација Влада – банки како невиден политички притисок врз банкарскиот сектор. „Од ова што се случува и што го гледаме во последниве 7-8 дена, мислам дека сме сведоци на еден невиден политички притисок врз банките во Македонија, да го прилагодат нивното работење и нивното пазарно работење по барање на политиката, на владата“, истакна Поповски коментирајќи ја средбата која премиерот Мицкоски ја имаше вчера со Македонската банкарска асоцијација, околу условите по кои банките ќе ги одобруваат кредитите од унгарскиот заем кон компаниите. Поповски рече дека регулацијата на работењето на банките не е во владина надлежност и дека токму актуелните случувања се еклатантен пример зошто не треба да бидат таму. „Замислете владата да беше регулатор во односите во банкарскиот систем. Замислете банките во Македонија, има 14 банки од кои една е државна – Развојната, преку која кредитот ќе се реализира, од останатите 13, три се македонски, другите 10 се странски банки, од 100 до 90% сопственост по секоја поединечно и замислете банките да не беа странски, да беа домашни. Со каков политички притисок се соочуваат од владата и директно од премиерот. Неколку денови по ред, на секоја прес-конференција, на секоја изјава, премиерот врши политички притисок врз пазарни субјекти, да се однесуваат според барањата на владата, во нивното деловно работење“, рече Поповски. Според него, во Македонија херои станаа тие што ја задолжуваат државата. „Нема евтин кредит. Не се во прашање каматите, во прашање е милијардата што се повлекува. Таа ќе треба да се врати, плус каматите. Од каде ќе ја вратиме милијардата е прашањето? Била евтина? Па и бесплатно да ви ја дадат, 250 милиони одат во општините, ги слушате вие овие владини коонференции што ги пренесуваат и општините кои конкурираат за тие 250 милиони преку свои проекти, за што ги трошат? За тротоари, мега парк, канализациони цевки, ќе поправаат кровови“, вели Поповски....
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе достигне половина милјарда евра
Банкометар - пред 2 дена
На денешната (18 ноември) заедничка седница на двете влади во Приштина, косовскиот премиер Албин Курти и неговиот македонски колега Христијан Мицкоски ја пофалија соработката и односите меѓу двете земји. Курти рече дека Косово и Северна Македонија досега имаат потпишано 50 договори, но „она што треба да се направи сега е имплементација на договорите“. Тој најави дека Косово и Северна Македонија ќе потпишат два меморандуми и протокол во областа на енергетиката, образованието и олеснувањето на слободното движење, кои ќе се применуваат од јануари 2025 година. „Добрите односи меѓу нашите две земји се рефлектираат и во континуираниот пораст на трговската размена, која во 2023 година достигна 432 милиони евра, што е извонреден пораст од 52 отсто, во однос на 2019 година, каде што изнесуваше 284 милиони евра“, рече Курти. Тој рече дека има зголемување на извозот од Косово во Северна Македонија, од 48 милиони во 2019 година на 121 милион во 2023 година. „Во Северна Македонија гледаме пријателска земја, со која нè поврзува не само географијата, туку и заедничките вредности и нашиот народ. Албанците од Северна Македонија треба да ги гледаме како додадена вредност, како мостови на поблиска и посилна соработка меѓу нашите земји“, нагласи Курти. Македонскиот премиер Мицкоски рече дека двете земји имаат заеднички пазар од 17-18 милиони евра и додаде дека на билатералната средба со Курти се договорил оваа соработка да се зголеми на околу 500 милиони евра. „Ако работиме заедно ќе бидеме посилни, бидејќи единството ги прави соседите уште посилни. Имаме намера комерцијалната соработка да биде уште поголема во наредните години и да ни донесе придобивки. Убеден сум дека ќе успееме“, рече Мицкоски. Заедничката средба на двете влади доаѓа по посетата на Курти и неговите министри во Скопје летово, неколку месеци по формирањето на владата на Мицкоски....
Агенцијата за поддршка на претприемништво ја одбележува Европската недела на претприемништво со низа активности
Банкометар - пред 2 дена
Од 18 до 24 ноември 2024 година, Агенцијата за поддршка на претприемништвото ќе ја одбележи Европската недела на претприемништвото со богата програма од активности насочени кон едукација и инспирација на младите и претприемачите ширум Македонија. Со организирање на Европската недела на претприемништвото, Агенцијата има за цел да ја подигне свеста за важноста на претприемачкиот дух и да создаде позитивна претприемачка култура. Во текот на Европската недела на претприемништво, Агенцијата ќе реализира низа активности за поттикнување на претприемачкиот дух. Во рамки на програмата, претставници на Агенцијата, на 15 ноемвриодржаа успешна средба со учениците од средното училиште „Орце Николов“, при што младите ученици имаа можност да се запознаат со основните принципи на претприемништвото и програмите и мерките кои ги нуди Агенцијата. Во рамките на оваа посета, в.д. Директорот на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, Даниела Димовска се сретна со директорот на гимназијата „Орце Николов“, Митко Димовски и тимот професори од училиштето. Директорката Димовска присуствуваше и на работилницата за млади во циркуларна економија, која ја организираше ЏА Македонија, невладина организација на чело со Извршниот директор Љупка Панчевска, која работи на развој на претприемничкото образование, финансиска писменост и подготовка на младите за работа, (Girls Go Circular), проект развиен од Европскиот институт за информации и технологија и финансиран од Европската Унија. На оваа средба, Димовска и претставниците од Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги запознаа професорите и учениците со програмите за работа и обуките кои ги организира Агенцијата. Во текот на денешниот ден ќе следуваат нови едукативни средби со учениците од средните училишта „Арсени Јовков“ и „Лазар Танев“, а попладнево се предвидени и активности со организациите од невладиниот сектор, кои работат на полето на унапредување на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија Како дел од одбележувањето, на 20 ноември, претставници од Агенцијата ќе ги посетат и фирмите „Винарија Чифлик“ од Битола и „СВАРОГ“ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој. Во рамките на Европската недела на претприемништво, Агенцијата за поддршка на претприемништвото најавува и посебен настан – Mentors Awards 2023, кој ќе се одржи на 21 ноември, а е поддржан од Јапонската Агенција за меѓународна соработка JICA. Овој настан е организиран како дел од програмата на Агенцијата и има за цел да го препознае и награди придонесот на менторите кои со своето искуство и поддршка ги инспирираат младите претприемачи и играат важна улога во нивниот развој и успех. Агенцијата како државна институција во рамките на своите редовни годишни програмски активности, реализира обуки за претприемачко образование и обуки за бизнис план во сите градови на државата и ги едуцира младите средношколци на вештините за дигитално и зелено претприемништвото, со цел да се поттикне претприемaчкиот дух кај младите генерации, особено преку основање бизниси на млади луѓе кои ќе бидат доволно потковани да се задржат на пазарот трудот, бидејќи тоа е единствениот пат кон конкурентна економија на долг рок. Преку овие активности, Агенцијата континуирано вложува во нови генерации претприемачи и создава платформа за развој на успешни претприемачки приказни кои ќе ја поттикнат економијата и иновациите во Македонија....
Банките и Владата повторно ќе преговараат за кредитот од Орбан: Постои договор за роковите на исплата, не и за каматата
Банкометар - пред 2 дена
Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании откако на првата средба во неделата успеаја само да ги приближат ставовите. Неофицијално, постои договор околу роковите за исплата, тоа да биде до три години грејс период и до 15 години рок на отплата затоа што некои компании сакаат и порано да го вратат кредитот. Но двете страни не можат да се договорат околу каматата што ќе треба да се исплаќа, а премиерот Мицкоски се надева дека таа ќе биде колку што е можно пониска за да може и фирмите да ги добијат парите по пониска камата. Премиерот не спомна дали тоа ќе значи дека компаниите ќе си ја платат целосната камата за кредитот или она што ќе биде договорено помеѓу банките и Владата ќе оди на трошок на граѓаните како што најави министерката за финансии Гордана Димитриевска-Кочоска. Премиерот Христијан Мицкоски вчера по средбата со Македонската банкарска асоцијација, на која требаше да се прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, во однос на каматата, рече дека уште ќе се преговара. – Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова за конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите. Можеби за некоја година би издале еврообврзница со која предвреме би го вратиле овој кредит, бидејќи знаеме дека немаме таму каматна стапка. Може ќе се одлучиме и за други механизми, во зависност од интересот на државата. Целта е каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да добие пониска камата. Реално има трошоци што ги имаат банките, но да видиме што може од тие трошоци да се намали, зависи тука и од политиките на централната банка. Затоа велам, да не зборуваме се уште за проценти, да ги доближиме ставовите, и тогаш официјално ќе излеземе со позиција, рече Мицкоски. Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот. Условите под кои е земен кредитот, како што информираше неколкупати досега премиерот, се поволни – 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот....
Полска: Најава за отпуштање на 32% од вработените во авто-индустријата!
Банкометар - пред 2 дена
Кризата на автомобилската индустрија стигна и до Полска. Отпуштања во следната година предвидуваат 32 отсто од тамошните автомобилски компании, што е осум пати повеќе отколку што имало такви предвидувања за оваа година, се вели во објавениот извештај Мотобарометар 2024. Според полската асоцијација на дистрибутери и производители на автоделови, индустријата за автоделови во ЕУ во последните пет години отворила само 55.000 нови работни места, додека од друга страна, 118.000 работни места се елиминирани во таа индустрија, пишува полската новинска агенција ПАП. Во 2023 година, пет од 11 анализирани земји изразија оптимизам за нови работни места во производството на автомобилски делови, во 2022 година, на пример, седум. Таква компанија годинава нема....
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет
Банкометар - пред 2 дена
Зајакнување на комуникацијата и соработката од областа на макроекономските движења и макроекономската рамка, размена на податоци, анализи и други релевантни материјали коишто се од заемен интерес, консултации и експертизи за проекти, пренос на стручни знаења и вештини, обуки и едукативни настани. Ова се придобивките коишто се содржани во Меморандумот за соработка помеѓу Народната банка и Фискалниот совет, којшто го потпишаа гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Фискалниот совет, Глигор Бишев. На потпишувањето, присуствуваа и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и членовите на Фискалниот совет, академик Абдулменаф Беџети и проф.д-р Марина Трпеска. Координацијата помеѓу Народната банка и Фискалниот совет е од суштинско значење за постигнување долгорочна макроекономска стабилност. Фискалниот совет го следи спроведувањето на фискалните политики и фискалната одржливост, додека централната банка е засегната од влијанието на фискалните политики врз ценовната и финансиската стабилност. На средбата беше нагласена улогата на одржувањето на високото ниво на кредибилитет во работењето и независноста на институциите како важни фактори коишто придонесуваат за успешно остварување на целите. „Независноста на Народната банка е исклучително важна за одржување на ценовната и финансиската стабилност во земјава. Според индексот на независноста на централните банки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Народната банка е меѓу највисоко рангираните во регионот и цела Европа. Независноста на Народната банка, придружена од транспарентноста и отчетноста, ѝ овозможува на централната банка високо ниво на доверба од страна на јавноста. Поголемата независност на централните банки во периодот на неколку последователни кризи се поврзува и со преземените мерки за стабилизирање на инфлацијата, одржување на стабилноста на девизниот курс и за постигнување стабилен долгорочен економски раст“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при што додаде дека целта на двете институции е преку независни стручни мислења да придонесат кон обезбедување макроекономска стабилност. На средбата беше истакнато дека споделувањето информации и анализи помеѓу Народната банка и Фискалниот совет е предност при донесувањето одлуки засновани на податоци и факти коишто придонесуваат за подобро согледување на целокупниот економски амбиент во земјава заради остварување повисок економски раст....
Дополнителна поддршка за градинарски услуги
Банкометар - пред 2 дена
Дополнителни субвенции можат да побараат градинарите кои своето производство го продале на регистрирани откупувачи, на пазар или е користено за домашни потреби. Услов е да имаат произведено минимални просечни приноси во зависност од културата… До 25-ти декември земјоделците можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции за градинарско производство на отворено и во пластеници. Оствареното производство треба да е предадено на регистриран откупувач, да е користено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, за домашни потреби или е продадено на пазар. Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 20.000 денари по хектар, а услов е да се имаат минимални просечни приноси од 20.000 килограми за домат, 15.000 за пиперка, краставица и зелка 30.000, грав 1.000 и за компир 15.000 килограми по хектар. Градинарите пак што го предале своето производство во преработувачки капацитет директно или преку еден регистриран откупувач од 26-ти декември 23-ти до 25-ти декември 2024 година, имаат право на 3 денари по килограм за сите градинарски култури. Освен за куртовска капија каде што субвенцијата е 5 денари по килограм за предадените количини во периодот од мај-јуни и од ноември до декември 2024 година....
Lufthansa отпушта 400 вработени, ќе ги замени со вештачка интелигенција
Банкометар - пред 2 дена
Од Lufthansa директно не ги коментираа најавите за отпуштања, но изјавија дека сакаат да ги намалат административните трошоци за 20 отсто до 2028 година и повеќе да ја користат автоматизацијата и новите дигитални технологии, како што е вештачката интелигенција Германската национална авиокомпанија Lufthansa ќе отпушти околу 400 вработени за да се справи со очекуваниот пад на заработката, пишува германскиот магазин Manager. „Авиокомпанијата Lufthansa ќе укине една петтина од своите административни работни места, или околу 400 работни места“, пишува германскиот магазин. Внатрешната пресметка покажува дека Lufthansa би можела да забележи оперативна загуба од 800 милиони евра во 2026 година доколку продолжи со сегашниот бизнис тренд. Од Lufthansa директно не ги коментираа најавите за отпуштања, но изјавија дека сакаат да ги намалат административните трошоци за 20 отсто до 2028 година и повеќе да ја користат автоматизацијата и новите дигитални технологии, како што е вештачката интелигенција, пренесува Reuters. Во третиот квартал Lufthansa забележа пад на оперативната добивка од девет отсто на годишно ниво на 1,3 милијарди евра поради ниските приноси, високата конкуренција на пазарот и зголемените трошоци. „Одложените испораки на авиони, проблемите со точноста во нашите центри во Германија и регулаторните недостатоци влијаат на нашиот основен бренд“, рече извршниот директор на Lufthansa, Карстен Спор во изјавата....
Aмазон стартува конкуренција за Тема и Шеин
Банкометар - пред 2 дена
Амазон започнува конкуренција за Тема и Шеин со „неверојатно ниски“ цени Амазон лансираше нова платформа наречена Haul, која ја ограничува максималната цена на производот на 20 долари (15,79 фунти), со цел да се натпреварува со гигантите за шопинг со попуст како што се Temu и Shein. Гигантот за онлајн шопинг го претстави Haul како искуство само за мобилни телефони за американските купувачи во рамките на својата апликација за купување во средата. Амазон вели дека клиентите можат да очекуваат „неверојатно ниски цени“ на производите на Haul, кои „вреди да се чекаат“ до две недели за испорака. Кинеските ривали за е-трговија на Амазон уживаа брз раст во последниве години, но исто така се соочија со критики поради влијанието врз животната средина од производството и испораката на зголемен број евтини производи, јавува Би-Би-Си. „Тему и Шеин се соочија со критики и за искористување на дупките во законите за увоз, како и за неодржливи и еколошки неодговорни“, изјави за Би-Би-Си аналитичарот за малопродажба на Форестер, Сучарита Кодали. Haul го претставува долгоочекуваниот влез на Amazon на пазарот на поевтини производи со подолго време на испорака – бизнис модел кој го поттикна растот на платформите Temu и Shein. Сепак, регулаторите ширум светот стануваат се повнимателни кон платформите кои продаваат масовно произведени производи по многу ниски цени. Во октомври, Европската комисија покрена постапка против Тему поради загриженост дека не ја спречува продажбата на нелегални производи. Во соопштението за печатот, Амазон наведе примери како сет од три дела за бричење и „стилски комплет ѓердан, нараквица и обетки“ достапни за помалку од три долари секој. Исто така, бесплатна испорака ќе биде достапна за нарачки од 25 долари или повеќе, со рок на испорака од една до две недели. „Наоѓањето одлични производи по многу ниски цени е важно за клиентите, а ние продолжуваме да истражуваме начини на кои можеме да работиме со нашите партнери за препродавачи за да понудиме производи по ултра ниски цени“, рече Дармеш Мехта, потпретседател на глобалните услуги за препродавачи на Амазон....
Германија се соочува со огромен недостиг од возачи на камиони
Банкометар - пред 3 дена
Германските шпедитерски здруженија предупредија на можен недостаток во предбожиќната сезона поради недостиг на возачи на камиони. „Апелираме до граѓаните да испратат пакети со подароци што е можно порано, бидејќи може да дојде до одложување на испораките во декември“, изјави за весникот „Билд“ Дирк Енгелхард, портпарол на Федералната асоцијација на шпедитери и логистика (BGL). Енгелхард објасни дека сè повеќе Германци купуваат преку Интернет и дека во исто време трговците на мало нарачуваат повеќе стоки од вообичаено во декември, што може да доведе до доцнење на испораката. Во исто време, обемот на стоки во 2024 година е зголемен за 14 отсто во однос на минатата година. Тој предупреди дека може да има недостиг во Германија слични на оние што ја погодија Велика Британија по Брегзит. Енгелхард како главна причина го наведе драстичниот недостиг на возачи на камиони. „Во моментов ни недостасуваат 100.000 возачи. Над 30.000 возачи се пензионираат секоја година, а помалку од половина од тој број влегуваат на пазарот на трудот“, рече Енгелхард. Портпаролот на германските шпедитери изјави дека германските работодавци во меѓувреме прават се за да привлечат возачи. „Во меѓувреме, многу возачи се во позиција да го изберат возилото, опремата на возилото, маршутите и клиентите. Работодавците прават се за да ги привлечат возачите“, вели Енгелхард. Тој ги критикуваше и скапите возачки дозволи во Германија, кои со просечни 10.000 евра се многу поскапи отколку во остатокот од Европската унија, каде што слична дозвола чини околу 3.000 евра....
Владата и банките продолжуваат со преговорите за унгарскиот заем
Банкометар - пред 3 дена
Владата и банките продолжуваат со преговорите околу условите за пласманот на унгарскиот заем за македонските компании. Начелно постои договор околу роковите за исплата, но не и околу каматата што ќе треба да се исплаќа, за која од двете страни има волја за доближување на ставовите. Премиерот Христијан Мицкоски вчера (17 ноември) по средбата со Македонската банкарска асоцијација, на која требаше да се прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи 250-те милиони евра од унгарскиот заем, во однос на каматата, рече дека уште ќе се преговара. „Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела и очекувам дека до крајот на следата недела, во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и на тој начин би го заокружиле сето ова за конечно да почнеме сето ова да го аплицираме и да се пренесе на стопанството. Во моментов се доближуваат ставовите. Не би зборувал сега за проценти, би зборувал повеќе за изразена волја од двете страни за доближување на ставовите“, рече Мицкоски. Целта, е како што рече, каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да ги добие парите по пониска камата. Условите под кои е земен кредитот се 3,25 проценти со три години грејс период и 12 години рок на отплата. Половина од парите се наменети за општините за реализација на капитални проекти, а половина за бизнис секторот. Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески очекува дека ќе се најде решение во интерес на бизнисот. Aпелира тоа да оди во пакет со прашањето за капитализацијата на Македонската банка за поддршка на развојот затоа што таква институција е потребна за бизнисот. Во неговата најнова колумна, Азески, побара парите веднаш да бидат ставени во функција со што, според него, власта ќе и покаже на јавноста и на меѓународната заедница дека покрај способноста за договор, има и способност за поддршка на бизнисот. Унгарскиот заем од половина милијарда евра го договорија премиерот Мицкоски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на Самитот на НАТО во Вашингтон. Законот за унгарскиот заем беше донесен во Собранието на 17 септември, а на 8 октомври во Будимпешта министерката за финансии го потпиша договорот....
Преговорите со банките заглавија кај каматата за унгарскиот кредит
Банкометар - пред 3 дена
Има волја за учество и јасен став околу грејс периодот и рокот на отплата на унгарскиот кредит, ама останува нејасен делот околу каматата. Ваков е епилогот по денешната средба на премиерот Мицкоски со Македонската банкарска асоцијација. Под кои услови и со која каматна стапка банките ќе го нудат унгарскиот кредит на бизнисмените, се уште не е дефинирано, затоа што владата не постигна договор со Македонската банкарска асоцијација на денешната (17 ноември) средба. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека пред да се зборува за проценти, треба да се доближат ставовите, а преговорите продолжуваат. „Во делот на каматата ќе се преговара уште оваа недела, и ќе видиме, очекувам дека до крајот на следната недела во втората половина веќе би имале некаков став поврзан со тоа прашање и со тоа би го заокружиле сето ова. Во моментот се доближуваат ставовите, еве би се задржал на таа формулација“, изјави Мицкоски по средбата во Министерството за финансии. Средба на премиерот Христјан Мицкоски со банкарската асоцијација, 17 ноември 2024 Премиерот истакна дека банкарската асоцијација несомнено сака да учествува во процесот. „Од двете страни има изразена волја ставовите да бидат доближени и усогласени“, рече тој. Според него, ставовите на владата и банкарите се доближени во делот на рочноста, односно согласни се да се користи формулацијата до три години грејс период и до 15 години рок на отплата. „Целта е каматата што ќе ја понудат банките да биде што е можно пониска, за да може стопанството да добие пониска камата. Сега, реално има трошоци коишто ги имаат банките, но да видиме што може од тие трошоци да се намали, ова зависи и од политиките на централната банка“, додаде Мицкоски. Меѓу условите кои ќе се бараат од фирмите што ќе сакаат да земат дел од колачот, според најавите, е тие да имаат раст на производството и вработеноста. Каматната стапка на унгарскиот заем што го зема Северна Македонија е 3,25 проценти со тригодишен грејс период и 12 години рок на отплата. Но, неодговорено прашање засега останува која ќе биде провизијата што комерцијалните банки ќе ја земаат со оглед дека преку нив државната Развојна банка ќе ги пласира парите до компаниите. Опозицијата во изминатиот период и забележуваше на власта дека нема јасни критериуми за тоа како ќе се распределат позајмените пари, ниту јасно утврден систем за контрола за трошењето на парите, но и прашуваше која ќе биде политичката цена што ќе ја плати државата. Северна Македонија се задолжи за 500 милиони евра од Унгарија. Половина од парите се за инфраструктурни проекти на општините, а половина ќе одат како кредити за фирми. Тие 250 милиони евра преку Македонската инвестициска банка ќе се пренесат во комерцијалните банки каде што фирмите ќе аплицираат за кредити. Македонскиот премиер Мицкоски и неговиот унгарски колега, Виктор Орбан, го договорија кредитот на маргините на НАТО во Вашингтон, во јули годинава. Пред да бидат финализирани техничките обврски околу кредитот македонската опозицијата обвинуваше дека зад него стојат кинески пари. Орбан при неговата последна посета на Охрид на 27 септември таквите тврдења ги негираше. Пред да се потпише договорот за кредитот на 8 октомври, во Собранието на 17 септември беше изгласан и Закон за унгарскиот заем....
На државата ѝ недостигаат 250 илјади овци и 100 илјади крави
Банкометар - пред 3 дена
Бројот на овци во последните десет години е намален на 250 илјади, а бројот на крави за преку 100 илјади. Според сточарите причината за ваквата состојба се скратените субвенции за оставено женско јагне и на субвенции за женско теле кој што досега беа исклучени. За да се подобри состојбата во сточарството, сточарите предлагаат да се воведат грантови за купување на високопродуктивни овци и крави. -Ако оваа власт има за цел да го подобри сточарството мора да дозволи грантови за увоз на високо продуктивни овци кои даваат повеќе млеко како аваз, асад, хиос, лакон….Една овца од видот лакон чини 350 евра, за да се купат 100 овци потребни се 35 илјади евра, плус за штала, превоз… што е многу. Сточарството е голема инвестиција, младите не можат сами и затоа потребна им е помош од државата во вид на грантови, изјави за весникот ВЕЧЕР, Митко Јанков, претседател на „Агроцентар“. Бројките се поразителни, сточниот фонд во државата со години наназад се намалува. Бројот на овци во последните десет години е намален на 250 илјади, а слична е ситуацијата и со кравите. Македонија денеска има преку 100 илјади крави помалку од пред десетина години. Според сточарите причината за ваквата состојба се скратените субвенции за оставено женско јагне и на субвенции за женско теле кој што досега беа исклучени. За да се подобри состојбата во сточарството, сточарите предлагаат да се воведат грантови за купување на високопродуктивни овци и крави. -Сточниот фонд со години наназад се намалува. Само во последните седум години бројот на овци е намален од 500 на 250 илјади. И покрај тоа што статистиката покажуваат нешто друго, сепак реалните бројки се многу помали. Бројот на кравите значително се намали по пропаѓањето на „Свидмилк“. Овците највеќе ги изгубивме во минатата власт која немаше слух за сточарството. Субвенциите постојано доцнеа, а се укина и субвенцијата за оставено женско јагне, изјави за весникот ВЕЧЕР, Митко Јанков, претседател на „Агроцентар“. По укинување на мерката за оставено женско јагне, остана само мерката за предадено женско јагне во кланичен капацитет која е многу мала и изнесува само 400 денари. Поради тоа, како што вели Јанков бројот на овци драстично се намали, бидејќи сточарите немаа поддршка од државата и почнаа да ги продаваат. -Ако оваа власт има за цел да го подобри сточарството мора да дозволи грантови за увоз на високо продуктивни овци кои даваат повеќе млеко како аваз, асад, хиос, лакон….Една овца од видот лакон чини 350 евра, за да се купат 100 овци потребни се 35 илјади евра, плус за штала, превоз… што е многу. Сточарството е голема инвестиција младите не можат сами затоа потребна е помош од државата во вид на грантови, објаснува Јанков. Тој вели дека со купување и увоз на високопродуктивни овци ќе се зголеми и производството на млеко. Во моментов во маркетите речиси и да нема домашно тетрапак млеко, туку само увозно од Србија и Босна и Херцеговина. И министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, потврди дека денеска во Македонија има над 100.000 крави помалку од тоа што некогаш имала и рече дека треба да се размислува за зголемување на сточарскиот фонд. -Зголемувањето на сточарскиот фонд како ќе го постигнеме? Тоа не е едноставно мора да се нагласи. Потребни се наменски огласи за земјоделско земјиште за сточарите, секој што ќе сака да се занимава со сточарство или да го зголеми стадото мора да има земјиште. Инаку, рентабилноста е на нула, или во тешка загуба, и тогаш немаме предвидливост на производството. Наменски огласи, навремени субвенции, враќање во делот на категориите за субвенции како што е за женско теле кое што досега беа исклучени. Затоа што ако не го стимулирате некој да го остави подмладокот од кравата за да биде возрасна единка, немаме проширување на стадото, рече Трипуновски. Тој додаде дека потребно е и поддржување на мерката за набавка на квалитетен генетски потенцијал во делот на сточарството за да се има зголемена продукција по адаптација. На тој начин, како што вели, ќе дојдеме до ситуација кога во македонските маркети полиците ќе бидат исполнети со македонско млеко....
Мицкоски: Кредитот ќе се враќа до 3 години грејс период и до 15 години рок на отплата
Банкометар - пред 3 дена
Денеска во просториите на Министерството за финансии, имавме состанок со Македонската банкарска асоцијација, разговаравме околу средстава што се дел од заемот од унгарската Влада, изјави премиерот на Владата Христијан Мицкоски. -Состанокот би го поделил во три дела, и тоа првиот дел е оној што се однесуваше на рочноста, времетраењето и слично. Вториот дел е желбата да се учествува во проеткот и третиот дел е поврзан со каматнаата ставка, потенцираше во изјавата премиерот Мицкоски. -Ќе почнам од вториот дел дека сакаат да учествуваат како Македонската банкарска асоцијација, нејзините членки и членови е несомнен и сите изразија желба да учествуваат во овој процес. Во делот на рочноста заземавме исти, заеднички ставови, дека во зависност од барањата на клиентите ќе ја котистиме формулацијата до три години грејс период и до 15 години рок на отплата. Бидејќи членките кажаа дека има поедини клиенти коишто можеби сакаат пократок рок и затоа велиме до три години и до 15 години отплата, истакна Мицкоски и појасни дека во делот на каматата ќе се преговара и оваа недела....
Протест на британските фармери поради најавата за данок на наследство
Банкометар - пред 3 дена
Околу 200 земјоделци протестираа денеска во седиштето на владејачката Лабуристичка партија на британскиот премиер Кир Стармер поради неговата најава за данок на наследството на земјоделското земјиште. Во Ландудно, на северот на британската провинција Велс, беа донесени десетици трактори и друга земјоделска механизација со натписи „Даноци на труд = недостиг на храна“ и „Работничка војна на селата“. Новиот данок на наследство, кој би го придружувал националниот буџет за 2025 година, би се однесувал на земјоделските стопанства вредни повеќе од еден милион фунти (1,20 милиони евра). Според Министерството за финансии, околу три четвртини од земјоделците нема да бидат засегнати од данокот, но според Секторот за рурални работи, вредноста на 66 отсто од фармите е над милион фунти. Фармерите од цела Велика Британија планираат да протестираат во Лондон во вторник. Во говорот на конференцијата на велшкиот огранок на Лабуристичката партија, Стармер не спомна таков данок, но рече дека ќе ги брани „тешките одлуки“ што неговата влада ги донесе „за да ја стабилизира економијата“. Земјоделците рекоа дека ќе му предадат на премиерот писмо кое започнува со зборовите „Не ја гризај раката што те храни“....
Вредноста на биткоинот паѓа за првпат по победата на Трамп
Банкометар - пред 3 дена
Биткоинот го забележа првиот пад по десет дена раст на крилата по победата на Доналд Трамп на изборите во Соединетите Американски Држави. Неговата вредност падна за 0,73 отсто на 85.260,37 евра во 15 часот на најголемата светска берза за криптовалути, Binance. Вкупниот обем на тргување со биткоин во последните 24 часа изнесува 80,78 милијарди евра, што претставува висока вредност. Индексот на страв и алчност за Биткоин денес е на ниво од 80 во категоријата „екстремна алчност“, а тоа покажува дека расположението на инвеститорите е сè уште одлично и дека веруваат во растот на цената на биткоинот. Денеска најмногу се тргува со биткоин, итриум и дуцкоин (DOGE). Криптовалутите VITE, CLV и XRP моментално бележат најголем раст....
Земјоделците бараат помош од 7 денари по килограм за откупен сончоглед, поради сушата има мал род и не може да се исполни услов на субвенции
Банкометар - пред 3 дена
Земјоделците го соопштија барањето во Велес, каде во фабриката Маслодајна го предадоа целокупниот род за преработка во масло за јадење. Дополнителни седум денари за килограм бараат земјоделците кои одгледуват сончоглед. Оваа индустриска култура има стратешка важност поради тоа што од неа се добива маслото за јадење. Поради годинашните лоши временски услови и сушата летово која го преполови родот, земјоделците бараат обесштетување од Владата и од Министерството за земјоделие. Барањето го соопштија во Велес, каде во фабриката Маслодајна го предадоа целокупниот род за преработка во масло за јадење. „Бараме седум денари плус од предаден килограм сончоглед, бидејќи немаше добар принос поради сушата, четири месеци капка не падна. Родот беше катастрофа, на 115 хектари добив по 800 кила род по хектар. Лани, за споредба, од хектар добив по 1,8 тони род. Сега се премислуваме со колегите дали догодина да сееме сончоглед ако државата не помогне годинава. Ако не дадат помош, нема да посееме“, вели Митхат Исмаиловски, земјодолец од Пелагонија. Во годините кога имаше слаб род, сончоглед се увзезуваше од Србија, Бугарија или Украина. Годинашнава откупна цена е 24,5 денари, наспроти ланската 20,6, но мало е количеството на откупен род од Пелагониските полиња. Дел од родот на сончогледот од Пелагонија заврши во Грција, бидејќи таму откупната цена е 27 денари за килограм, па откупувачите го купувале во Македонија по 22 денари за кило, плус трошоци за транспорт и го пласирале на грчкиот пазар. „Бараме како и лани, така и годинава, поради елементарна непогода, суша, да ни се одобрат дополнителни седум-осум денари помош за откупен килограм. Tака би ги покриле и трошоците за работењето. Годинава беше катастрофална, па не можеме да го извадиме цензусот 1,5 тон по хектар за да добиеме субвенции. Затоа бараме да се намали цензусот на половина, или нека нема цензус. Единствена добра работа е што Маслодајна навреме ни го плаќа сончогледот и има реална откупна цена, за разлика од откупувачите на пченицата и јачменот. Некои колеги не можеа сончогледот да го ожнеат, комбајнот не можеше да го фати, толку беше сув. Ние земјоделците не можеме да се организираме, да направиме штрајк, кој е на нива, кој со стока. Даскалите се организираат, нема да учат децата, ќе бараат пари и ќе им дадат, одма платите им се качуваат“, кажа Тоде Лазевски, земјоделец од Могила....
Македонците од Нова година ќе патуваат без зелен картон во овие три држави!
Банкометар - пред 3 дена
Зелениот картон е само доказ дека сопствениците на автомобили веќе платиле осигурување за својот автомобил и не е посебен документ, туку само потврда дека сте платиле осигурување, но за него се издвојуваат одредена сума пари. Одлуката дали граѓаните на Македонија во иднина ќе треба да купуваат зелен картон за да влезат во Србија, Албанија и Молдавија најверојатно ќе се знае до крајот на годинава, односно кон средината на декември. Овој трошок за граѓаните на Македонија, но и за граѓаните на другите членки на ЦЕФТА договорот треба да се укине, вели Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА во Брисел....
„Недела на одлука“: Власта и банкарите на средби за унгарскиот кредит
Банкометар - пред 3 дена
Власта викендов седнува на маса со банкарите во обид да ги испеглаат разликите околу каматите за парите, наменети за компаниите од унгарскиот заем. Премиерот Мицкоски не сака да го прогнозира исходот од состанокот, но се надева на отворена дискусија. Во меѓувреме, продолжува деструктивното работење на опозициските партии. Продолжуваат неоснованите критики од опозициските партии за унгарскиот кредит. Тие упатуваат критики на контото на премиерот Мицкоски, но не нудат никаква алтернатива. Пратениците имаат работен викенд каде вчера беше третиот ден од гласањето на буџетот. Премиерот Мицкоски повика на општествена одговорност Недела на одлука – пред средбата со банкарите, премиерот Мицкоски ги повика да покажат општествена одговорност. Власта викендов седнува на маса со нив во обид да ги испеглаат разликите околу каматите за парите, наменети за компаниите од унгарскиот заем. Мицкоски не сака да го прогнозира исходот од состанокот, но се надева на отворена дискусија. Како банкарите ќе одговорат на повикот на власта? Неизвесно е како банкарите ќе одговорат на повикот на власта. Досега е познато дека само една банка покажала подготвеност да субвенционира дел од трошоците, кај останатите немало големо расположение. Премиерот предупреди дека економската состојба не е најповолна поради кризата во Германија, којашто може да предизвика домино ефект. Економски развој е можен само со инвестиции, вели Мицкоски. Најавени нови инвестиции Премиерот најави две нови инвестиции во автомобилскиот и градежниот сектор, вредни до 50 милиони евра коишто треба да креираат 500 работни места. Зошто на Владата ѝ е потребен заем од Унгарија? Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во текот на претходниот месец се надоврза на премиерот Мицкоски велејќи дека унгарскиот заем ќе биде за наменет за економијата. Стојаноски објасни на што ќе бидат потрешени парите од владата на Унгарија и обелодени три главни намени: Дел од средствата ќе одат за сервисирање на буџетот, дел ќе биде наменето за стопанството и дел ќе биде за проектите од општините. Деструктивност од СДСМ и Левица Во меѓувреме, продолжува деструктивното работење на СДСМ и Левица кои и овој закон го оспорија велејќи дека на Македонија овој заем ѝ е непотребен притоа не нудејќи никакво решение....
До крајот на годинава на земјоделците ќе им бидат исплатени сите заостанати субвенции и голем дел од 2024 година
Банкометар - пред 3 дена
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието (АФПЗРР) Илија Стоилев во емисијата Студио 10 најави дека до крајот на оваа година ќе се исплатат сите заостанати субвенции и голем дел од 2024 година. – Со доаѓањето на Владата се доделија 600 милиони денари за подмирување на долгови за неисплатени субвенции за изминатите 2021, 2022 и дел од 2023 година, некои мерки воопшто не беа исплатени, некои половично па беа доплатени. Со ребалансот се издвоија уште 1.280.000 денари. До крајот на 2024 година ние нема да имаме неисплатени обврски ниту за 2022, ниту за 2023, ниту за 2021 значи до последен денар земјоделците ќе бидат исплатени. Се прават напори и од страна на Министерството за финансии и од МЗШВ заедно со Владата да се изнајдат средства да се исплати голем дел од 2024 година....
Комерцијална банка повторно е најдобро рангирана македонска банка на SEE TOP 100 листата на порталот SeeNews.com
Банкометар - пред 3 дена
Комерцијална банка повторно е најдобро рангирана македонска банка на ранг-листата SEE TOP 100 најголеми банки во Југоисточна Европа, објавена од порталот SeeNews.com. Во рангирањето за 2023 година, Комерцијална банка бележи и скок од едно место погоре благодарение на растот на вкупната актива, со што се најде на 45 место во Југоисточна Европа. Во домашна конкуренција, Комерцијална банка е убедливо на 1 место. Оваа година на ранг-листата SEE TOP 100 се најдоа шест банки од Македонија. Оваа листа е традиционално годишно рангирање кое има за цел да објави факти и бројки за најголемите банки во Југоисточна Европа. Покрај банки, SEE TOP 100 одделно рангира и компании од други сектори, со што дава сеопфатна слика за економиите во Југоисточна Европа и за бизнисите со најдобри перформанси. „SeeNews“ е независен меѓународен провајдер на бизнис вести, со фокус на пазарите во развој во Југоисточна Европа....
Доларот продолжи да расте: Вредноста се зголемува втора недела по ред
Банкометар - пред 3 дена
Вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна и минатата недела, вторпат по ред, бидејќи американската централна банка, според нејзиниот претседател, би можела да го забави темпото на намалување на каматните стапки. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 1,6 отсто, на 106,67 поени. Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот падна за 1,7 отсто, на 1,0540 долари, блиску до најниското ниво во една година. Доларот зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 1,1 отсто, па неговиот курс достигна 154,30 јени. Во текот на неделата, индексот на доларот се проби над нивото од 107 поени за прв пат во една година. Ова е последица на пораката дека американската централна банка може да го забави темпото на олабавување на монетарната политика. Имено, претседателот на ФЕД, Џером Пауел на состанокот рече дека економијата се уште стабилно расте, дека пазарот на трудот е солиден, а инфлацијата се уште е над целта од два отсто, па централната банка може, посочи, внимателно да размисли за намалување каматните стапки. „Економијата не испраќа никакви сигнали дека треба да брзаме со намалување на каматите“, рече претседателот на централната банка....
На ГМО производите не им е место во продавниците
Банкометар - пред 4 дена
Имајќи предвид дека се разгледуваат нови правила за употреба на ГМО техники во земјоделството, од ЕУ доаѓаат нови предупредувања за промените што овие правила ги носат за граѓаните и безбедноста на храната. Олеснувањето на прописите за ГМО храната е сериозна закана за безбедноста на храната и граѓаните кои ја консумираат, предупреди Билјана Борзан од Комитетот за заштита на потрошувачите во Европскиот парламент. Како што објасни таа, Европската комисија ќе претстави нова визија за иднината на земјоделството и прехранбената индустрија во ЕУ во првите 100 дена од нејзиниот мандат. Во моментов се разгледуваат нови правила за употреба на ГМО техники во земјоделството, што би можело да донесе промени во начинот на кој се произведува храната- пишува Политика.рс. – Секој потег за релаксирање на постоечките закони за ГМО храна во корист на индустријата може лесно да го загрози здравјето и благосостојбата на нашите граѓани, без никаква реална потреба или корист. Луѓето имаат право да знаат што јадат и дали храната што ја консумираат е безбедна – тврди Борзан. Иако ГМО можеби би можеле да одиграат одредена улога во борбата против гладта во одредени делови од светот, Европа е во поинаква ситуација бидејќи има развиено земјоделство и прехранбена индустрија, но и закони кои ја штитат безбедноста на храната и здравјето на граѓаните. – Здравјето на луѓето и безбедноста на храната мора да бидат на прво место. Ако дозволиме интересите на индустријата да надвладеат над здравствените прашања, ризикуваме да ја изгубиме долгорочната доверба на граѓаните во системот за храна – објасни Борзан. Таа посочи дека земјите од овој регион имаат долга традиција на одгледување природна храна и висококвалитетни, автохтони производи. Воведувањето на овој вид храна може да ја загрози конкурентноста на домашните земјоделци и воопшто на прехранбената индустрија, а придобивка главно би биле големите корпорации кои го контролираат пазарот на ГМО. Таа го спомена примерот на Швајцарија, која е европски лидер во биотехнолошките иновации, а забраната за ГМО храна ја продолжи до 2027 година, што е доказ за голем отпор и во најразвиените земји. Во Шпанија и Португалија, неколкуте земји од ЕУ кои имаат благ однос кон ГМО храната, евидентирано е дека некои инсекти развиле отпорност на ГМО пченка, што може само да доведе до поголема употреба на пестициди и да го загрози екосистемот – се наведува во ова соопштение. – Со сегашниот состав на европските институции се отвора се повеќе простор за олеснување на законот за ГМО храна. Мора да бидеме многу внимателни и да ги заштитиме земјоделците и граѓаните од преголемите притисоци од индустријата. Кога зборуваме за ГМО храна, мора да останеме оази на земји со најквалитетна и најздрава храна – заклучи Борзан. Кога станува збор за европското законодавство поврзано со оваа област, да потсетиме дека во 1990 година ЕУ донесе директива за ограничена употреба на генетски модифицирани организми со цел да се ограничи нивната употреба на лаборатории и индустриски капацитети сертифицирани од надлежните органи. Втората директива беше објавена во март 2001 година и се нарекува селективно пласирање на ГМО храна на пазарот. Оваа храна не претставува ризик за здравјето на луѓето или животната средина. Оваа директива главно се однесува на добиточна храна или производи кои, доколку содржат ГМО, мора да го покажат тоа на видно место во декларацијата. Она што, според експертите, е лесно прифатено е фактот дека оваа директива се однесува „само“ на храна за животни, а се занемарува фактот дека одгледуваните животни и нивните производи се храна за луѓето. Нема податоци за нивното влијание врз здравјето на луѓето и промените што ги трпат животните кои се хранат со генетски модифицирана храна. Во јануари 2015 година, Европскиот парламент со мнозинство гласови донесе закон со кој на земјите членки им се дава можност сами да одлучат дали ќе одгледуваат ваков вид храна на своја територија. Засега единствени ГМ култури во Европа се оние под пченка, а повеќето од нив се во Шпанија. Одгледувањето на каква било ГМ храна е забрането во: Унгарија, Бугарија, Франција, Австрија, Германија, Грција и Луксембург....
Златото ја имаше најлошата недела во последните три и пол години
Банкометар - пред 4 дена
Златото се тргуваше во близина на најниското ниво во последните два месеци, на пат за најлоша недела од јуни 2021 година, бидејќи трговците ги намалија очекувањата за намалување на каматната стапка на Федералните резерви следниот месец. Златото паѓа шест дена по ред и е поставено на неделна загуба од повеќе од 4%. Трговците ги намалија очекувањата за пониски стапки во декември, а приносите на американските обврзници чувствителни на политиката скокнаа откако Пауел рече дека централната банка нема да брза со намалување со оглед на „исклучително добрите“ перформанси на економијата. Пониските трошоци за задолжување и падот на приносите имаат тенденција да го фаворизираат златото затоа што не плаќа камата. Благородниот метал е намален за околу 8% во однос на рекордното ниво од 31 октомври, а загубите се забрзаа по изборната победа на Доналд Трамп минатата недела. Доларот се искачи на највисокото ниво во последните две години поради очекувањата дека претседателството на Трамп ќе го поттикне економскиот раст и корпоративниот профит. Сепак, златото порасна за повеќе од 24% оваа година, со добивки поддржани од циклусот на олабавување на ФЕД, купувањето на централната банка и зголемените геополитички и економски ризици кои ја поттикнуваат побарувачката за безбедно засолниште....
Македонија се помалку произведува храна
Банкометар - пред 4 дена
Производството на пченица во Македонија е десеткувано, особено ако се погледнат бројките од пред 20 или 30 години. Состојбите не се подобри нуту кај производството на другите земјоделски култури, како сончогледот, тутунот, грозјето… Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика во нивниот „Статистички годишник“ вклучуваат информации за засадените површи и произведените количини од 1997 година. Земјделските култури и нивното одгледување во голема мера зависи од надворешните временски услови, сосема очекувано е намалување и зголемување на производството, но проблематично е што тенденцијата на намалување е континуирана. Имено, кај дел од културите, се забележува поголем пад, отколку раст или повраток на количините кои некогаш се произведувале во нашата земја. Да почнеме со пченицата. Од оваа култура во далечната 1998 година во нашата земја биле произведени 336.562 тони, при што просекот по хектар достигнувал 2.961 килограми. Веќе следната година производството се намалило на 319.419 тони, или по хектар биле произведени 2.803 килограми пченица. Пред дваесетина години, или поточно во 2003 година домашното производство на пченица достигнало 225.300 тони или по хектар спаднало на 2.177 килограми. Следната година било достигнат едно од рекордните производства на пченица во нашта земја од 356.825 тони, при што просекот по хектар достигнал високи 3.522 килограми. Веќе во 2005 година производството повторно се намалило, но и понатаму достигнало солидни 333.880 тони, при штo просeкот се намалил на 3.081 килограм....
Цената на маслиновото масло ќе се преполови?
Банкометар - пред 4 дена
Шпанскиот Деолео, најголемиот светски производител на маслиново масло, вели дека се чини дека се ближи крајот на еден од најпредизвикувачките времиња во историјата на индустријата, при што цените на „течното злато“ се очекува да се преполови од највисокото ниво во наредните месеци. Продолжениот период на екстремни временски услови и суша предизвикани од климата во јужна Европа сериозно влијаеше на жетвата на маслинки во последниве години, што кулминираше со вртоглаво растечка цена што ги шокираше ветераните од индустријата и потрошувачите. Недостигот на маслиново масло, главната суперхрана во медитеранската исхрана, ја втурна индустријата во состојба на криза, ги поттикна стравувањата од несигурност во храната, па дури и поттикна бран на криминал во шпанските супермаркети. Сепак, цените оттогаш се оладија бидејќи проценките на индустријата укажуваат на значително подобри жетви во сезоната 2024-2025, особено во клучните земји производители како Шпанија, Грција и Тунис. „Иако имаше чекори кон подобрување, не би било сосема точно да се каже дека кризата е завршена“, изјави Мигел Анхел Гузман, главен директор за продажба во Deole, за CNBC преку е-пошта. „Сè уште поминуваме низ фаза на напнатост во цените на маслиновото масло, особено кај масла со повисок квалитет, како што е екстра девственото“, рече Гузман, истакнувајќи дека сè уште има одредена неизвесност на пазарот пред бербата на маслинките 2024-2025 година. . „Сепак, изгледите се позитивни за следните месеци, бидејќи се очекува пазарот да почне да се стабилизира и постепено да се враќа во нормала како што напредува новата жетва и се зголемува понудата“, рече Гузман. Деолео, производител на брендови за маслиново масло за домаќинство, како што се Бертоли и Карбонел, ја опиша совршената бура од предизвици како „еден од најтешките моменти во историјата на секторот“ во текот на летото и повика на „длабока трансформација“ на индустријата. Цените на екстра девственото маслиново масло во шпанска Андалузија изнесуваа 6 евра (6,33 долари) за килограм заклучно со 6 ноември, според Expana, компанија за истражување на пазарот фокусирана на земјоделството и храната. Тоа е пад од околу 19% на месечна основа и речиси 35% пониско од рекордното високо ниво од 9,2 евра во јануари. Шпанија произведува повеќе од 40% од светското производство на маслиново масло, што ја прави глобална референца за цени. „Олеснувањето на цените се очекува да започне првично помеѓу ноември, декември и јануари, под услов временските услови и условите за жетва да останат стабилни во наредните недели“, рече Гузман....
Eвропската Комисија предвидува уште поголемо заостанување на ЕУ зад САД
Банкометар - пред 4 дена
Економијата на еврозоната би требало уште повеќе да заостанува зад САД, објави во петокот Европската комисија, откако ја намали прогнозата за раст за 2025 година на 1,3 отсто. Ова намалување во однос на претходната прогноза во мај, која предвидуваше раст од 1,4 отсто, укажува на растечки песимизам за економските перспективи на ЕУ, која се повеќе заостанува зад САД, пишува Фајненшл тајмс. Оценките на Брисел остануваат пооптимистички од оние на приватниот сектор. Според прогнозите составени од Consensus Economics, економијата на еврозоната следната година ќе порасне за 1,1 отсто, што е значително помалку од очекуваните два отсто за САД. Главниот економист за еврозоната во ИНГ банка, Карстен Брзески, смета дека прогнозите на ЕК се преоптимистички и додава дека ревидираните проценки не ги земале целосно предвид структурните слабости на економијата во регионот. Прогнозата на ЕК за еврозоната е значително послаба во споредба со посветлата перспектива за американската економија, која, според проценките на Брисел, ќе порасне за 2,1 отсто во 2025 година и 2,2 отсто во 2026 година. Германија, најголемата економија во ЕУ, стагнира во последните две години додека нејзините производствени компании се борат да се натпреваруваат со странските ривали....
Биткоинот со рекордна, највисока цена!
Банкометар - пред 4 дена
Вредноста на биткоинот се искачи над 90.000 долари во средата поради зголемениот оптимизам на политичката сцена, при што некои аналитичари предвидуваат дека најпопуларната криптовалута во светот би можела да достигне вредност од 100.000 долари. На 12 ноември годинава биткоинот се искачи над 89.000 долари, поттикнат од ветувањето на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека САД ќе станат „главен криптоцентар на планетата“. Биткоинот сега вреди околу 1,74 трилион долари низ светот. Криптоиндустријата верува дека победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори е силен знак за подем на биткоинот и другите дигитални валути. Иако Трамп некогаш беше скептик за биткоинот, тој целосно ја прифати дигиталната валута во последниве месеци – за разлика од администрацијата на претседателот во заминување Џо Бајден, која се обиде да ја заузди криптоиндустријата. Голема причина зошто Трамп го промени ставот за криптовалутите е бидејќи криптоиндустријата сега има финансиски удел. Во септември Трамп и неговото семејство започнаа нов криптобизнис наречен „Ворлд либерти фајненшл“ (World Liberty Financial). – Таа е многу млада и многу расте. Јас верувам во тоа – рече Трамп за индустријата за криптовалути на 16 септември, при претставувањето на компанијата „Ворлд либерти фајненшл“. Администрацијата на Бајден, напротив, беше многу поскептична кон криптовалутите. Претседателот на Комисијата за хартии од вредност, Гери Генслер, во јуни 2021 година, во еден од своите први говори на неговата тогаш нова функција, рече дека криптоиндустријата е „полна со измами и злоупотреби“. Трамп во август истакна дека криптовалутите би можеле да ја „дефинираат иднината“, додавајќи дека сака тие да бидат „ископани, исковани и направени во САД“. Новоизбраниот претседател, исто така, предложи стратегиски национални резерви на биткоини, слични на американските стратегиски нафтени резерви, директно купување и инвестирање во криптовалути како мерка за национална безбедност. Милијардерот Илон Маск, еден од највидливите и најсилни поддржувачи на Трамп, е и осведочен криптоподдржувач. Омилената дигитална монета на Маск, доужкоин, ја зголеми вредноста за повеќе од 20 отсто во неделата и растеше во текот на минатата седмица. Криптоиндустријата се залага за амбициозен сплет на политики што ќе промовираат широко усвојување дигитални средства и ќе разгледаат кој е најдобро да ги промовира, бидејќи тие предвидуваат пријателски режим за криптовалутите под новоизбраниот американски претседател. Одлучувачката победа на Трамп и проектираното републиканско мнозинство во Конгресот го отвораат патот за значителен и траен ремонт на криптополитиката. Трамп ветуваше дека ќе биде „криптопретседател“, а водечките луѓе на индустријата велат дека тој сега има силен мандат да ги испорача таквите најави. Криптоиндустријата сега притиска за мерки, вклучувајќи и за потенцијални извршни наредби за пристап на криптофирмите до банкарски услуги и за криптопријателски решенија. – Имавме администрација што беше многу негативна и затоа со нетрпение очекуваме да го надминеме тој застој. Мислам дека гласачите во Америка многу јасно кажаа дека сакаат да го видат тоа – рече Мајк Белше, извршен директор на институционалната криптоплатформа Битгоу, кој беше домаќин на кампањата за собирање средства за Трамп во јули. Биткоинот беше првата дигитална валута основана во 2009 година и останува највредната. Вредноста на криптовалутата значително се промени во јули 2011 година, кога цената на еден биткоин ескалира од 0,0009 долари на 15,4 долари. Во 2013 година, „Форбс“ го прогласи биткоинот за најдобра инвестиција на годината. Биткоинот започна да се тргува по сума од 13 долари во годината, премина 100 долари во април и забележа максимум од 1.242 долари до ноември. Дигиталната валута се „засили“ во 2017 година, почнувајќи од вредност од 13 долари, преминувајќи 100 долари до април, а потоа вртоглаво се искачи на 19.783,21 долари во декември. За време на пандемијата на ковид-19 во 2020 година, додека централните банки печатеа пари, биткоинот – со фиксна понуда од 21 милион монети – „скокна“ од 7.161 на 28.993 долари до декември. Во октомври 2021 година биткоинот го достигна дотогаш највисокото ниво на сите времиња од 66.975 долари. Во 2022 година беше забележан пад на цената на биткоинот, која до крајот на годината изнесуваше под 20.000 долари. Биткоинот „тежеше“ 16.530 долари на почетокот на 2023 година, за да ја заврши годината со вредност 42.258 долари. Вредноста на биткоинот сега се искачи над 90.000 долари во средата поради зголемениот оптимизам на политичката сцена, при што некои аналитичари предвидуваат дека најпопуларната криптовалута во светот би можела да достигне вредност од 100.000 долари. Додека некои барања од индустријата би можеле да се случат брзо, како што се предлозите во полза на криптовалутите во финансиските регулаторни агенции, други, сепак, би можеле да потраат подолго, како што е носењето закон за создавање регулаторна рамка за дигитални средства. Трамп, исто така, вети дека ќе создаде советодавно тело за криптовалутите. Иако не е јасно кој би можел да зазема функции во телото, криптодиректорите размислуваат кои личности би можеле да ги промовираат во клучни лидери во креирањето на криптополитиката во новата претседателска администрацијa....
Бугарија бара заштита од ЕУ од слободниот украинскиот увоз на мед
Банкометар - пред 4 дена
Бугарија треба да побара заштитни мерки од Европската комисија во врска со увозот на украинскиот мед. Барањето ќе биде поднесено за време на состанокот на министрите за земјоделство и рибарство на ЕУ во понеделник во Брисел. Позицијата на земјата нагласува дека остриот пораст на увозот на мед во Украина создава тешкотии за локалните производители, бидејќи големите количини што се носат на европскиот пазар по ниски цени ја намалуваат вредноста на бугарскиот мед. И покрај претходните мерки на претпазливост на Европската комисија, Бугарија тврди дека тие не биле ефективни во спречувањето на негативното влијание врз локалното производство на мед. Во моментов просечната цена на украинскиот мед што влегува во Бугарија е значително пониска од цената на медот од домашно производство, што дополнително врши притисок врз локалните производители. Понатаму, порастот на увозот доведе до пад на извозот на мед од Бугарија во другите европски земји, објави порталот Новините....