(Видео) Како од најавените 250 нови автобуси, Скопје спадна само на 25
24 Инфо - ново
Скопје (Видео) Како од најавените 250 нови автобуси, Скопје спадна само на 25 21/11/2024 09:36 Нема крај на маките на скопјани со јавниот автобуски превоз. Од вчера попладне ЈСП Скопје функционира со само 25 автобуси кои возат на метан. Останатите кои возат на нафта стојат паркирани во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров. Поради лошите односи на ВМРО-ДПМНЕ (која го има мнозинството во Советот на Град Скопје) и градоначалничката Данела Арсовска, на секои три месеци на јавниот сообраќај во Скопје му се случува колапс. Кога беа во добрите, Мицкоски и Арсовска најавуваа 250 еколошки автобуси Не беа далечни времињата кога на еден настан кој требаше да биде отчет за сработеното, тогаш лидер на опозицијата а сегашен премиер Христијан Мицкоски најавуваше набавка на 250 еколошки автобуси за потребите на ЈСП Скопје. Неговиот план беше толку амбициозен што дури најавуваше и отворање на фабрика за такви автобуси. Но кавгата за „рачињата во медот“ неповратно ги уништи односите ВМРО-ДПМНЕ – Арсовска. Оттогаш советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се на различни страни, често пати влегувајќи во конфликти. Па така, Арсовска планираше Градот да земе кредит за да набави нови електрични автобуси, но таквиот предлог над 10 пати не доби поддршка од мнозинството советници во Советот. Додека топката се префрла, граѓаните мрзнат и доцнат за на работа, училиште, лекар… И додека советниците од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалничката и Владата си ја префрлаат одговорноста за колапсот, граѓаните се тие кои ја плаќаат цената. Стотици илјади работници, ученици и студенти секојдневно мрзнат на постојките и доцнат до нивните одредишта. Поради доцнењето на автобусите, голем број од средношколците добиваат неоправдани изостаноци, а голем дел работници се под притисок од своите претпоставени. Објективот на 24инфо утрово ја сними состојбата на неколку фреквентни локации. Немаше автобуси, а за волја на вистината ниту многу граѓани кај Транспортен центар од каде тргнуваат десетици линии. Пусто беше и на почената станица на линијата број 5 во Ѓорче Петров. На постојките пак, редици луѓе кои чекаат автобус и по еден час мрзнејќи се на ниските температури. Во 2024 година кога светот зборува за нови технологии, во Скопје главниот проблем е колабираниот јавен превоз....
СДСМ: Месечната кошничката стана прескапа, власта да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450 е
24 Инфо - пред 25 минути
Македонија СДСМ: Месечната кошничката стана прескапа, власта да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450 е 21/11/2024 09:12 Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ: Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари, што е ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец. Месечната кошничка за основните потреби на граѓаните стана прескапа. Ова е резултат на погрешната политика на Мицкоски кој ги игнорира потребите на граѓаните и не презема мерки за заштита на стандардот. СДСМ предложи конкретни законски решенија кои како мерки веднаш ќе донесат олеснување кај граѓаните, намалување на цените и покачување на платите. Бараме власта веднаш да ги прифати решенијата на СДСМ: -Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно. -Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди достоинствена заработка за секој работник. Доста беше политичка ароганција и инает, граѓаните осиромашуваат, време е конкретни мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ја вратат економската стабилност....
ВМРО ДПМНЕ: Промените во здрвството кон квалитетни и навремени услуги започнуваат со грижата за здравствените работници и покачувањето на платите од над 40% во еден мандат
24 Инфо - пред 25 минути
Македонија ВМРО ДПМНЕ: Промените во здрвството кон квалитетни и навремени услуги започнуваат со грижата за здравствените работници и покачувањето на платите од над 40% во еден мандат 21/11/2024 09:14 Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО ДПМНЕ: Трансформацијата на здравствениот систем во Македонија започна со потпишувањето на Колективниот договор за зголемување на платите на здравствените работници, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството и 3,850 денари за медицинските сестри. Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата. Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните конeчно ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги. Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ следуваат реформи и трансформација на здравствениот систем. ВМРО-ДПМНЕ се грижи и го вреднува трудот на здравствените работници со цел подобрување на услугите во здравството и пациентите како крајна цел. Планот за зголемување на платите започнува во 2024 година, а средствата за плати во здравството се покачуваат за 10% и овие покачувања ќе траат во текот на целиот мандат на оваа Влада. Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години. Следната 2025 во март месец ќе има дополнителни 5% зголемување на платите, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година. Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува модификација и реформи во здравствениот систем, подобрување на услугите и грижа за пациентите. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати довербата на пациентите во здравствениот систем....
„Today’s Sport“ – Трет спортски самит во организација на Геостратешки Институт ГЛОБАЛ
24 Инфо - пред 38 минути
Uncategorized „Today’s Sport“ – Трет спортски самит во организација на Геостратешки Институт ГЛОБАЛ 21/11/2024 08:55 Здружението Геостратешки Институт ГЛОБАЛ по трет пат организира спортски самит, оваа година насловен како „Today’s Sport“, кој се одржува во Скопје. Самитот се фокусира на клучни теми поврзани со спортот, вклучувајќи спортска дипломатија, инвестиции, спортски менаџмент, спортско право, финансии и образование во спортот. Овие аспекти се клучни за развојот на професионалната спортска практика, што го прави настанот уникатен на регионално ниво. На настанот учествуваат еминентни професори и експерти од Македонија, Балканот и Европската Унија, а исто така се организираат и панел дискусии и дебати со спортски новинари и спортски здруженија. Претседателот на Геостратешкиот Институт ГЛОБАЛ, професорот Иван Атанасовски, истакна дека претходните два самита донеле значајни промени, како воведувањето на нови модели за финансирање во спортот и иницијативи за формирање министерство за спорт. „Секогаш треба да имате нови цели. Годинашниот самит е посветен на поврзувањето на спортот со образовниот процес. Овде со нас се студенти, професори и декани, што е одлична можност да генерираме нови профили и професии потребни за модерниот спорт. Ова е нашата цел која верувам дека ќе ја постигнеме и ќе ја надградуваме во иднина,“ изјави Атанасовски. Настанот доби поддршка од повеќе градоначалници, министри, спортски работници, како и од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов и заменичката амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Никол Варнес. „Today’s Sport“ не е само конференција туку и платформа за иновации во спортот, која отвора простор за нови идеи, партнерства и развој на спортскиот сектор во Македонија и пошироко....
Денес е Свети Архангел Михаил – чуварот на верата и борецот против злото
24 Инфо - пред 38 минути
Магазин Денес е Свети Архангел Михаил – чуварот на верата и борецот против злото 21/11/2024 09:03 Православните христијани денес, 21 ноември, го слават празникот на свети Архангел Михаил, во народот познат и како Зимски свети Аранѓел. Овој ден се вбројува меѓу најзначајните празници во есенскиот циклус, кој често се прославува како слава или именден. Именден денес слават многу наши сограѓани со имиња како Ангел, Ангеле, Ангелина, Михаил, Михаила, Мила, Милка, Рајко, Рајна, Ратка и други. Свети Архангел Михаил е војводата на ангелите и симбол на борбата против злото. На иконите е најчесто претставен со меч, кој ја симболизира неговата улога како заштитник на православната вера и борец против ересите. Народни обичаи и верувања Во минатото, на овој ден се изведувале разни обичаи. Во некои краишта се колел курбан за здравје и благосостојба, додека во охридскиот регион традицијата била на овој ден да се колат свињите одгледувани за зимата. Свети Архангел Михаил според народните преданија е „ангел душевадник“, кој стои со вага и меч пред рајските порти. На вага ги мери добрите дела и гревовите на човекот, решавајќи дали душата оди во рајот или во пеколот. Старите верувања велат дека времето на денешен ден го предвидува текот на зимата. Ако денес е сончево и мирно, и зимата ќе биде блага, а ако е студено и облачно, следува тешка и снежна зима. Симболиката на прошката Денес, според традицијата, се препорачува да се помолите за здравје за себе и за своите најблиски. Посебно значење има прошката – ако им простите на тие што ви згрешиле, верувањето е дека ќе ви се исполни најголемата желба и ќе го задржите здравјето на своите блиски. Култот кон свети Архангел Михаил е длабоко вкоренет кај македонскиот народ, што се потврдува со бројните цркви и манастири посветени на него низ целата земја. Овој празник е уште една можност да се потсетиме на важноста на добрината, прошката и духовната сила во нашите животи....
Дневен хороскоп – 21 ноември 2024 година
24 Инфо - пред 1 час
Магазин Дневен хороскоп – 21 ноември 2024 година 21/11/2024 08:41 Совет за денот: Верувајте во себе и дозволете му на универзумот да ви го покаже вистинскиот пат. ОвенДенес ви претстојат нови можности на работа. Искористете ја вашата енергија за да ги завршите заостанатите задачи. Во љубовта, избегнувајте непотребни конфликти. БикФокусирајте се на личните цели. Можно е да добиете неочекувана поддршка од блиска личност. Внимавајте на финансиските одлуки. БлизнациДенес ќе бидете полни со идеи, но обидете се да ги организирате приоритетите. Љубовниот живот ќе биде хармоничен, а комуникацијата со партнерот ќе се подобри. РакЕмоционалната стабилност е клучна денес. Избегнувајте стресни ситуации и посветете се на семејството. Во работата, покажете трпеливост. ЛавЌе се соочите со предизвици кои бараат брзи решенија. Верувајте во своите способности. Во љубовта, покажете поголемо внимание кон саканата личност. ДевицаОдличен ден за организирање и планирање. Вашата аналитичност ќе ви помогне да најдете практични решенија за сложени проблеми. ВагаФокусирајте се на односите со пријателите и колегите. Мал гест може да остави голем впечаток. Финансиите се стабилни, но внимавајте на непотребни трошоци. СкорпијаЌе блескате со самодоверба и харизма. Искористете го ова за да ги остварите вашите цели. Љубовниот живот ќе биде исполнет со страст. СтрелецДенес е ден за интроспекција и планирање. Земете време за себе и размислете за следните чекори. Во љубовта, покажете разбирање за партнерот. ЈарецЌе се чувствувате инспирирано и мотивирано. Денес е одличен ден за започнување нови проекти. Во љубовта, бидете поотворени за разговори. ВодолијаИмате чувство дека сте на крстопат. Слушајте го вашиот внатрешен глас и донесете одлуки со ладна глава. Во љубовта, избегнувајте непотребна драма. РибиДенес ќе бидете емотивно чувствителни. Посветете време на активности кои ве опуштаат. Љубовниот живот ќе добие нова искра ако покажете искреност....
Биткоинот ја надмина цената од 95.000 долари
24 Инфо - пред 1 час
Свет Биткоинот ја надмина цената од 95.000 долари 21/11/2024 08:25 – Биткоинот за прв пат ја премина границата од 95,000 долари, сè уште поттикнат од „ефектот на Трамп“, бидејќи пазарот очекува пофлексибилно законодавство и економски политики кои би биле поволни за него под новата американска влада. Криптовалутата со најголема пазарна капитализација го премина тој праг околу 01:24 часот по Гринич, поставувајќи ново рекордно високо ниво од 95,004,50 долари пред да се тргува за 94,907 долари малку подоцна. По победата на Доналд Трамп на 5 ноември, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 35 проценти. Откако го надмина својот рекорд од март, на 10 ноември, дигиталната валута ја зголеми вредноста над 80,000 долари, а на 13 ноември надмина 90,000 долари....
ДЕНЕС (ЧЕТВРТОК) ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе продолжи да дува засилен до силен западен и северозападен ветер
24 Инфо - пред 1 час
Македонија ДЕНЕС (ЧЕТВРТОК) ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе продолжи да дува засилен до силен западен и северозападен ветер 21/11/2024 08:12 Метео анализа на Славчо Попоски: Поради продор на постудена воздушна маса од север, во текот на денешниот ден во Македонија ќе имаме значително постудено и променливо време. Во текот на претпладнево сеуште ќе има повремен локален дожд на ниските, и повремен снег во повисоките населени места и на планините, особено во западните и во северните предели од Македонија. Ќе дува засилен, до повремено силен ветер од западен и од северозападен правец (над 80 км/час) и истиот до крајот на денов краткотрајно ќе ја намали својата брзина. Во Скопскиот регион претпладнево ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на околните планини, како и во повисоките места од котлината, ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува засилен, до повремено силен ветер од северозападен правец. Што се однесува до температурата, максималната дневна денес ќе биде значително пониска за разлика од вчера и ќе се искачува во интервалот од 4 до 12 степени, додека на високите и на планинските места ќе биде и уште постудено. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 10 степени....
Владата ни кажа: Или Миленко ќе биде во Вардар, или клубот нема да постои
24 Инфо - пред 9 часа
Спорт Владата ни кажа: Или Миленко ќе биде во Вардар, или клубот нема да постои 21/11/2024 00:00 По промената во раководството на фудбалскиот клуб Вардар, денеска се одржа првата прес-конференција организирана од навивачката група „Комити“. Здружението за промоција на спортски активности „35 години Вардарци Скопје“, кое ги застапува навивачите, побараше смена на актуелното раководство на клубот. Претставникот на „Комитите“, Милорад Миленковски, изјави дека навивачите на Вардар се доведени до крајна одлука – или да го предадат клубот, или да дозволат Вардар да исчезне. Во овие преговори со новиот сопственик, Атила Бижен Жалили, бил присутен и актуелниот извршен директор Миленко Неделковски, кој имал улога на посредник, а учествувале и представници од Владата. „Првично одбивме, но на 3 јули си подадовме рака, задржувајќи 15% за да можеме да реагираме ако работите тргнат наопаку. Во разговорите со Владата ни беше јасно кажано: Или Миленко ќе биде во Вардар, или клубот нема да постои“, истакна Миленковски. И покрај тоа што новиот сопственик го презел клубот, „Комити“ потврдуваат дека продолжуваат да бидат глас на Вардар и дека секогаш ќе алармираат за проблемите во клубот. Миленковски додаде дека Вардар моментално има долг од три милиони евра, со значителни задолжувања кон разни институции, вклучувајќи Управата за јавни приходи, плати и други доверители. Во моментот, Вардар се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 11 бодови од 14 натпревари, и го чека тежок период за опстанок и враќање на поранешната слава на клубот....
Студентите со ултиматум до Град Скопје: Итно враќање во нормала на јавниот превоз, инаку се приклучуваме на протестот во петок
24 Инфо - пред 11 часа
Скопје Студентите со ултиматум до Град Скопје: Итно враќање во нормала на јавниот превоз, инаку се приклучуваме на протестот во петок 20/11/2024 22:29 Г-ѓа Данела Арсовска- Градоначалник на Град Скопје и Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, по спроведената анкета на која одговорија над 3150 студенти, 84% од нив во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 65,9% од нив, чекаат автобус над 20 минути. Дополнително, 93,4% од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 65,9% од истите воопшто не се задоволни од истиот. Затоа, по добиените бројни интерни поплаки од страна на студентите за време на одржување на колоквиумска недела и предавања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ – Скопје и спроведената анкета за евидентната катастрофална положба во која што се наоѓа градскиот превоз (нередовност на линии, неисправност на автобуси, долго чекање на постојки), која секојдневно го нарушува студенскиот стандард, Ви го доставуваме следниот У Л Т И М А Т У М Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје и градоначалник на град Скопје г-ѓа Данела Арсовска до крајот на утрешниот ден 21.11.2024 да воспостават итна и неодложна редовност на автобуските линии и враќање во нормална функција на јавниот градски превоз во град Скопје со цел зачувување на интегритетот на студентите и студенскиот стандард. Доколку не се добие повратен одговор на ова барање и не се регулира сообраќајниот режим, како легитимно тело кое претставува над 28.000 студенти при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, Универзитетското студентско собрание ќе се приклучи масовно на организираниот протест во петок 22.11.2024 со цел изразување на огромното незадоволството од менаџирањето на Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје- Скопје. Дополнително, испраќаме силен апел за воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени од ваша страна и вашиот тим во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници. Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit; Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје; Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница) Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии; Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт; Доколку не можете да ги исполните ветувањата дадени во програмата, но и силните барања на граѓаните на вашиот Град, оставката секогаш е отворена опција....
31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата
24 Инфо - пред 11 часа
Македонија 31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата 20/11/2024 22:25 На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk. Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби. Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад. Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство. Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет....
24 Инфо - пред 11 часа
Македонија 31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата 20/11/2024 22:25 На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk. Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби. Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад. Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство. Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет....
Владо Георгиев ограбен во Дајмонд Мол во Скопје
24 Инфо - пред 11 часа
Македонија Владо Георгиев ограбен во Дајмонд Мол во Скопје 20/11/2024 22:15 Српскиот пејач Владо Георгиев беше жртва на грабеж во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје, а непријатната ситуација ја сподели на социјалната мрежа Икс. Георгиев го оставил својот автомобил на паркингот во трговскиот центар, но додека шетал низ продавниците, крадците влегле во возилото и му украле сè што се наоѓало на задното седиште. „Им посакувам сè ‘најубаво’ на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар ‘Дајмонд’ во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите“, напиша иронично пејачот во својата објава. Инцидентот ја разбуди јавната загриженост за безбедноста во трговските центри и на паркинзите. Сè уште нема информации дали случајот е пријавен во полиција и дали има преземени мерки за пронаоѓање на сторителите. Ова е само еден од низата слични инциденти кои ги потсетуваат граѓаните и посетителите да бидат внимателни и да не оставаат вредни предмети во своите возила. Lopovima, koju su nam u shopping mall-u “Diamond” u Skoplju, u garaži, obili auto i pokrali hrpu stvari sa zadnjeg sjedišta, pa čak i poklone za djecu i prijatelje, želim sve najbolje u životu ☦️ 🙏🏻 🎩— Vlado Georgiev – Barba (@VladoGeorgiev) November 20, 2024...
Снег вее во Србија – се очекуваат уште пообилни врнежи
24 Инфо - пред 11 часа
Балкан Снег вее во Србија – се очекуваат уште пообилни врнежи 20/11/2024 21:51 Вечерва во повеќе делови во Србија врне снег. На коловозите има снег, па на возачите им се препорачува да бидат внимателни при возење. Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно предупреди дека во Србија попладне се очекува нагло опаѓање на температурата, со врнежи од дожд кои ќе преминат во снег и лапавица. „Вечерва и дождот ќе премине во лапавица и снег. Можеби ќе заглават автомобили, но тоа се уште не е сигурно. Снежната зона се приближува до Белград, моментално врне снег во Сремска Митровица, Ваљево, Лозница. Снегот веќе го зафати северот на Босна и Славонија, а се движи кон Србија“, рече српскиот метереолог Иван Ристиќ....
Се чувствуваат несигурно: Хороскопски знаци кои се плашат дека партнерот ќе ги остави
24 Инфо - пред 12 часа
Забава Се чувствуваат несигурно: Хороскопски знаци кои се плашат дека партнерот ќе ги остави 20/11/2024 21:36 Рак Раковите се познати по нивната чувствителност и емоционална длабочина. Нивниот страв од напуштање често произлегува од длабоката потреба за безбедност и стабилност. Бидејќи тие се многу приврзани за семејството и домот, секоја закана за овие основи може длабоко да ги вознемири. Раковите сакаат да се чувствуваат сакано и заштитено, а најмал знак на несигурност во врската може да ги подгрее нивните стравови. Скорпија Иако Скорпиите изгледаат силни и независни, длабоко во себе тие често носат страв од предавство и напуштање. Нивната интензивна природа и страсна љубов може да ги направи љубоморни и сомнителни. Скорпиите често го анализираат секој детал во врската, барајќи знаци на потенцијална закана за нивната врска. Риби Рибите се исклучително интуитивни и чувствителни луѓе кои често ги чувствуваат туѓите емоции како свои. Нивната емпатична природа може да ги направи крајно ранливи на стравот од напуштање. Рибите се стремат кон длабока емотивна врска и често се чувствуваат изгубено без сигурност на стабилна врска. Вага Вагите ја ценат рамнотежата и хармонијата во нивните односи. Нивниот страв од напуштање често се поврзува со потребата да се зачува мирот и задоволството во врската. Може да станат несигурни ако почувствуваат дека врската се менува или дека партнерот не е задоволен. Нивната тенденција да избегнуваат конфликт може да ги натера да ги кријат своите чувства, што дополнително може да го влоши нивниот страв од напуштање....
Костените се посебен есенски плод- еве на што треба да внимавате кога ги купувате
24 Инфо - пред 12 часа
Забава Костените се посебен есенски плод- еве на што треба да внимавате кога ги купувате 20/11/2024 21:25 Ако треба да издвоиме некој посебен плод како есенски, тогаш е тоа секако костенот. Некогаш само се печеа или се вареа, а денеска се незаобиколен дел од најубавите деликатеси. Castanea sativa е вид на питом костен за јадење, а во еден плод има околу 53 отсто вода, белковини и јагленохидрати, додека главна состојка му е скробот. Него го има дури 44 отсто. Исто така, богат е со калциум, калиум, магнезиум, сулфур, хлор, железо, бакар и манган, а содржи и фосфор како и повеќе витамини. Татковина на костените е Кина, но печењето костени на улиците било забележано во стар Рим. Денеска костените ги користиме во многубројни вкусни рецепти, од колачи до месни јадења. Еден од поубавите примери е пилешкото во сос од костени. Инаку, печените костени имаат поголема енергетска вредност, поголема количина белковини, масти, витамини и двојно поголема количина јагленохидрати. Исто така содржи и витамин Е и фитохемикалии кои не се застапени во варените костени кои пак содржат поголема количина минерални состојки. Заради високата содржина на скроб костенот може да се иситни во брашното и да се помеша со бело или интегрално пченично брашно за правење леб, тестенини, колачи или, на пример, њоки. Кога купувате костени обрнете внимание на тоа да се цели и на лушпата да немаат дупчиња, а не би требало ниту да бидат влажни....
На Св. Архангел за да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи
24 Инфо - пред 12 часа
Живот На Св. Архангел за да избегнете лоша среќа и неуспех, држете се до овие обичаи 20/11/2024 21:19 Еден од најважните празници во православниот календар, Арангел се празнува на 21 ноември во чест на Свети Архангел Михаил. Таа е една од најчестите слави помеѓу православните христијани и носи длабока духовна и културна симболика. Се верува дека свети Архангел Михаил е заштитник на семејствата и чувар на душите на праведниците, па на овој ден се молат посебни молитви за здравје, мир и благосостојба. Обичаи за Арангел *Свечена церемонија и славска трпеза Арангел традиционално се празнува со палење свеќа и кршење на славската погача, со молитва посветена на Светиот Архангел Михаил. На трпезата се служат посни или мрсни јадења, во зависност од датумот на празникот. Ако падне во среда или петок, тогаш храната е посна. *Молитва се за заштита и мир Празникот е време кога верниците се молат на Свети Архангел Михаил да ги заштити нивните домови, семејства и заедница од злото. Иконата на светителот го зазема централното место во домот, а пред неа се палат свеќи и се кажуваат молитви. *Забрането е извршување на потешки работи Како и кај повеќето големи празници, традицијата налага дека на Денот на Арангел треба да се избегнува тешка физичка работа како што се работа на нива, сечење дрва и шиење. Овој ден треба да биде посветен на молитва, одмор и празнување. *Помагање на сиромашните и донирање Во некои делови постојат обичаи да се донираат храна и пари на оние на кои им е потребна помош, верувајќи дека Светиот Архангел Михаил ќе им врати благослов на оние кои им помагаат на другите. Што не треба да се прави на Арангел? Свадби и прослави На овој ден не се организираат венчавки, бидејќи Архангел е духовен празник кој симболизира молитва и тишина. Се смета дека денот е посветен на семејно заедништво и почитување на светецот, а не на бучни прослави. Избегнувајте конфликти Се верува дека на овој ден е исклучително важно да се одржи мирот во домот и да се избегнуваат кавги. Свети Архангел Михаил е симбол на правдата и мирот, па се верува дека конфликтите можат да донесат несреќа во семејството. Непосветување на празникот Отсуството на молитва и непочитувањето на обичаите на денот на Архангел се толкуваат како непочитување на самиот светец. Семејството треба да го помине денот во заедништво, молитва и љубов....
На социјалните мрежи граѓани се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП
24 Инфо - пред 13 часа
Скопје На социјалните мрежи граѓани се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП 20/11/2024 20:29 Автобусите на ЈСП Скопје попладнево престанаа да возат поради недостигот на нафта. Кога ќе има решение за овој проблем засега не се знае, но она што останува е проблемот на граѓаните – како утре да стигнат до работните места?! На социјалните мрежи се појавија објави од граѓани кои нудат превоз до одредена релација низ која секојдневно поминуваат, а воедно да помогнат на некого на кого му е потребен превоз – ваквата објава ја поздравија многумина, па дури и останати се понудија да помогнат со превезувањето....
Граѓаните најавуваат протест поради хаосот со ЈСП
24 Инфо - пред 13 часа
Скопје Граѓаните најавуваат протест поради хаосот со ЈСП 20/11/2024 19:45 Автобусите ЈСП Скопје попладнево престанаа да возат поради недостигот на нафта. И додека возачите истакнуваат дека не знаат кога автобусот ќе им изгасне поради недостиг на гориво, граѓаните преку социјалните мрежи се организираат за протест поради хаосот со кој се соочуваат со јавниот сообраќај во Скопје изминатите години. Протестот е најавен за петок во 13:30 пред седиштето на Град Скопје....
Тепачка во средното медицинско училиште: Група средношколци повредиле врсник
24 Инфо - пред 13 часа
Хроника Тепачка во средното медицинско училиште: Група средношколци повредиле врсник 20/11/2024 19:49 СВР Тетово информира дека попладнево приведени се двајца средношколци на 18 години поради напад врз ученик од истото училиште. Нападнатиот ученик е малолетен, а поради повредите бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош. -Денеска (20 ноември) во 15.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека во угостителски објект пред средно училиште во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир. Веднаш е постапено по пријавата и утврдено е дека повеќе ученици во училиштето физички нападнале малолетник од с.Селце, ученик во истото средно училиште, кој поради здобиените повреди бил префрлен во ургентен центар Тетово за укажување на лекарска помош, додека полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода двајца од учесниците во нападот и тоа Е.Б.(18) и Л.Ц.(18) двајцата од с.Мала Речица, ученици во истото училиште, информира Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово. За настанот бил известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот....
48 часа заборавен автобус или заборавени институции?
24 Инфо - пред 14 часа
Скопје 48 часа заборавен автобус или заборавени институции? 20/11/2024 19:39 Приватниот автобус кој сообраќа на линијата 22 веќе повеќе од 48 часа стои паркиран на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, предизвикувајќи неред во сообраќајот. Возилото е паркирано непосредно пред влезот на еден од паркинзите на Градски ѕид, сериозно отежнувајќи го движењето на овој фреквентен дел од градот. Ниту е јасно дали автобусот се расипал, ниту пак дали возачот го оставил на оваа локација без причина. Она што е загрижувачко е што до овој момент нема никаква реакција од надлежните институции. И покрај тоа што паркираниот автобус го попречува сообраќајот, ситуацијата останува нерешена, а граѓаните се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Се поставува прашањето: дали недостигот на реакција е одраз на нефункционалност на системот, или едноставно никој не е одговорен за ваквите ситуации? Во меѓувреме, автобусот стои, а проблемите се зголемуваат....
Папата Франциско: Сакам едноставен погреб и дрвен ковчег
24 Инфо - пред 14 часа
Свет Папата Франциско: Сакам едноставен погреб и дрвен ковчег 20/11/2024 19:00 Папата Фрањо, кој избегнуваше голем дел од помпезноста и привилегиите да ја води Католичката црква, одлучи дека ќе успее да го задоволи обичен дрвен ковчег кога ќе дојде време за неговиот погреб. Во новиот официјален обред, Ватикан рече дека Франциско ќе ја напушти вековната практика на погребување на починатиот папа во три меѓусебно поврзани ковчези направени од чемпрес, олово и даб. Наместо тоа, Франциско ќе биде погребан во единечен, галванизиран дрвен ковчег. Неговото мртво тело нема да биде изложено на подигната платформа, или катафалк, во базиликата Св. Петар за посетителите во Рим да го видат, како што беше случајот со претходните папи. Посетителите сепак ќе бидат добредојдени да оддадат почит, но неговото тело ќе биде во затворен ковчег. Фрањо, кој на 17 декември ќе наполни 88 години, во последните години повремено страдаше од здравствени проблеми, но се чинеше дека е во добра форма во последните месеци....
Фатени две лица кои запалиле угостителски објект
24 Инфо - пред 14 часа
Хроника Фатени две лица кои запалиле угостителски објект 20/11/2024 18:44 Полицијата поднесе кривична пријава против И.И.(44) и А.И.(49), двајцата од Скопје, поради тешки дела против општа сигурност во врска со предизвикување општа опасност. На 13 ноември во Скопје, пријавените со запалива течност предизвикале пожар во угостителски објект во главниот град, објави МВР во дневниот полициски билтен....
Хаос во Скопје: Автобуси нема, Брзата помош не можеше да се пробие на Бит Пазар
24 Инфо - пред 15 часа
Скопје Хаос во Скопје: Автобуси нема, Брзата помош не можеше да се пробие на Бит Пазар 20/11/2024 18:31 Автобусите не сообраќаат, а граѓани се жалат дека не успеваат да најдат ниту слободно такси поради сообраќајниот хаос. Гужвите го достигнаа врвот околу 16.30 часот кога голем број граѓани се враќаат дома од работните места, а Брзата помош eдвај успеа да се пробие на Бит Пазар. Граѓаните на Скопје со денови мрзнеа на автобуските постојки чекајќи автобус и со часови, а поради недостатокот на гориво, во моментов сообраќаат само неколку автобуси кои се на гас. Видеото погледнете го со клик Овде....
Филипче: Обединување за доброто на скопјани или ќе го преиспитаме учеството во Советот
24 Инфо - пред 15 часа
Скопје Филипче: Обединување за доброто на скопјани или ќе го преиспитаме учеството во Советот 20/11/2024 18:15 Градот Скопје се наоѓа во хаос, а граѓаните страдаат од последиците на нефункционалноста на јавниот превоз и натрупаниот смет. Ова е оцената на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој ја најави иницијативата на неговата партија за итна седница на Советот на Град Скопје. „Скопје не заслужува ваква негрижа и хаос. Градот реално се наоѓа во криза и побарав од советничката група на СДСМ да иницира итна седница на Советот на Град Скопје. Ги повикувам сите советници, без разлика на партиската припадност, да застанат зад ова барање и да се одржи оваа седница во најкус рок,“ изјави Филипче. СДСМ најавува конкретни предлози со кои ќе се стави крај на кризата, истакнувајќи дека обединувањето на сите советници и политички партии е клучно. „Ќе предложиме конкретни мерки кои верувам дека заеднички ќе ги поддржат сите советници и конечно да им се излезе во пресрет на граѓаните. Потребно е обединување заради интересите на скопјани,“ нагласи тој. Претседателот на СДСМ предупреди дека доколку овој обид за акција биде блокиран, партијата ќе размисли за напуштање на Советот на Град Скопје. „ Нема да бидеме параван за лошите политики што го уништуваат нашиот град,“ рече Филипче. СДСМ апелира до сите политички субјекти во Советот да покажат одговорност и да застанат на страната на граѓаните. Граѓаните на Скопје, велат од партијата, заслужуваат функционален и чист град, а не хаос и неработење....
На свадба тетовец пукал во воздух, а куршумот завршил во куќата на соседот
24 Инфо - пред 15 часа
Хроника На свадба тетовец пукал во воздух, а куршумот завршил во куќата на соседот 20/11/2024 18:07 Полицијата поднесе кривична пријава против 44-годишниот Ј.Ј. од Тетово. Тој на 24 јануари, на веселба во домот, со пиштол испукал неколку куршуми во воздухот, по што еден завршил во куќата на неговиот сосед, информираа од полицијата. Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност....
Тетовчанец во угостителски објект си приспособил просторија за играње комар
24 Инфо - пред 15 часа
Хроника Тетовчанец во угостителски објект си приспособил просторија за играње комар 20/11/2024 17:54 СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.Ф.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“. На 08.08.2024, пријавениот – сопственик на угостителски објект во Тетово, ставил на располагање една просторија во склоп на објектот со цел да се игра комар....
Светска банка: Змејите од Западен Балкан мора да вложат милијарди за заштита од климатските промени
24 Инфо - пред 16 часа
Балкан Светска банка: Змејите од Западен Балкан мора да вложат милијарди за заштита од климатските промени 20/11/2024 17:32 Во следните пет до десет години, шесте земји од Западен Балкан мора да инвестираат 37 милијарди долари во програми кои ќе обезбедат справување со климатските промени доколку сакаат да го заштитат своето население и да избегнат штети кои можат значително да влијаат на нивниот економски раст, предупреди денеска Светската банка (СБ). Во редовниот извештај за климатските промени и развој поврзани со Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија и Косово, Светска банка посочува дека овие инвестиции ќе ги ублажат ефектите од шоковите и стресот поврзани со климатските промени. Во Извештајот се посочува дека таквите инвестиции во адаптацијата носат тројна корист од избегнати загуби, забрзан економски потенцијал и зголемени социјални и еколошки заеднички придобивки со поврат проценет на околу четири долари за секој инвестиран долар. Аналитичарите на СБ процениле дека штетите предизвикани од климатските промени би можеле да ја намалат економијата на Босна и Херцеговина, односно нејзиниот бруто домашен производ (БДП) за дури 14 отсто до 2050 година. Само оваа земја мора да смета на фактот дека ќе треба да инвестира дури 6,8 милијарди долари во заштита од климатските промени во наредната деценија. Документот на СБ е објавен по разорните поплави кои погодија делови на Босна и Херцеговина во октомври, при што загинаа 27 жители, а прелиминарните проценки покажуваат дека материјалната штета е над 100 милиони евра. – Климатските промени не се само еколошки предизвик, туку и директна закана за економската стабилност, јавното здравје и социјалната благосостојба на Босна и Херцеговина, рече Кристофер Шелдон, шеф на канцеларијата на Светска банка за Босна и Херцеговина и Црна Гора, предупредувајќи дека неодамнешниот поплавите се доказ за опасните последици од климатските промени. Со оглед на тоа што поплавите претставуваат над 90 проценти од штетите поврзани со климата, извештајот на СБ ја истакна потребата од решенија засновани на природата, како што се обновување на поплавните рамнини и зачувување на тресетите за да се зголеми отпорноста и да се поттикне економскиот раст. Навремените инвестиции во адаптација на климатските промени, особено во инфраструктурата за заштита од поплави, можат во голема мера да ја заштитат економијата и во исто време да ја намалат загубата на БДП, а истовремено да обезбедат отворање нови работни места и зголемување на трговските можности. – Проекциите покажуваат дека секое евро потрошено за адаптација на климатските промени постигнува поврат до десет евра, што укажува на големите економски придобивки од ваквите иницијативи, се наведува во извештајот. Светска банка нè потсетува на неопходноста од транзиција кон намалување на емисиите на јаглерод преку производство на енергија, односно достигнување на нула емисии до 2050 година. Ова вклучува напуштање на производството на електрична енергија од јаглен, зголемување на производството на енергија од обновливи извори, како што е сонцето и ветер и подобрување на енергетската ефикасност во бројни сектори....
Ердоган: Турција е подготвена за евентуално повлекување на американските сили од Сирија
24 Инфо - пред 16 часа
Свет Ердоган: Турција е подготвена за евентуално повлекување на американските сили од Сирија 20/11/2024 17:17 Турција е подготвена за можноста Соединетите Американски Држави да ги повлечат своите воени сили од северна Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, враќајќи се од Бразил, каде што присуствуваше на самитот на Г-20, пренесе турската државна телевизија ТРТ Хабер. Ердоган изрази надеж дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе ја исполни својата реторика за завршување на војните, оценувајќи дека тоа може да создаде нова клима за мирно решавање на конфликтите во регионот. – Се надеваме дека ќе бидеме сведоци на настани кои ќе ги оправдаат нашите позитивни очекувања и ќе ги елиминираат проблемите на еден начин, рече тој. Во однос на можноста администрацијата на Трамп да ги повлече американските сили од Сирија, Ердоган истакна дека Турција е подготвена за таков потег, нагласувајќи дека националната безбедност останува приоритет. – Одлучни сме да ставиме крај на тероризмот. Немаме апсолутно никаква толеранција за организации надвор од нашите граници кои претставуваат закана за нашата национална безбедност, подвлече тој, нагласувајќи дека Турција ќе продолжи да се бори против тероризмот. Ердоган додаде дека Турција е подготвена како за евентуално повлекување на САД од Сирија, така и за моменталната реалност. „Националната безбедност за нас е над сѐ“, рече тој, дополнувајќи дека земјата води неопходни разговори со Русија за подобрување на состојбата во Сирија....
СЗО: Северот на Газа е „пекол“ во здравствена смисла
24 Инфо - пред 16 часа
Свет СЗО: Северот на Газа е „пекол“ во здравствена смисла 20/11/2024 17:11 Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис, ја опиша здравствената состојба на северот на Газа како „целосен пекол“. Таа изјави дека здравствените работници работат во крајно тешки услови, а потребите за медицинска помош секојдневно растат поради интензивните израелски напади. Харис нагласи дека здравствената ситуација бара итна интервенција за да се спречи хуманитарна катастрофа...
Бојковска: Следува ревизија во Фондот за иновации, СДС финансирале проекти со пари на граѓаните за полнење на нивните џебови
24 Инфо - пред 16 часа
Македонија Бојковска: Следува ревизија во Фондот за иновации, СДС финансирале проекти со пари на граѓаните за полнење на нивните џебови 20/11/2024 16:49 Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: „Ве молам во делот на Фонд за иновации и технолошки развој да не ми зборувате за криминали. 3 милиони евра најден криминал во ФИТР, 3 милиони евра најдени проекти коишто сте финансирале со државна помош со пари на граѓаните. За различни видови на вкусна вода, за не знам различни летачки магариња, за рецепт за пица, за хулахопки, за концепт на кафе, за фирми блиски до еден град до вашиот поранешен лидер итн. ” , говореше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска на денешната Комисија за финансии и буџет на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година. Бојковска јасно даде до знаење дека во делот на ФИТР ќе следува детална ревизија. Напомена дека Битиќи и самиот знае што се случувало по однос на финансирање на проекти, но посочи дека ќе остави институциите детално да го решат овој случај. „Се согласувам дека во наредниов период институциите ќе имаат многу работа. Така да во делот на ФИТР знаете и многу повеќе и детално што всушност е финансирано таму и надлежните ќе ги отворат овие информации” , децидна беше Бојковска....
Тешко повреден рудар од Крива Паланка
24 Инфо - пред 17 часа
Македонија Тешко повреден рудар од Крива Паланка 20/11/2024 16:24 На 19.11.2024 во 08.42 часот во ОВР Крива Паланка, од Итна медицинска помош Крива Паланка било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ж.С.(51) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во рудник во Крива Паланка. Екипа од ОВР Крива Паланка извршила увид, а за настанот биле известени трудова инспекција и јавен обвинител....
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите
24 Инфо - пред 17 часа
Македонија СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за финансиски средства за бранителите 20/11/2024 16:18 Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ: На денешната амандманска расправа ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот кој го предложи СДСМ, за помош и финансиски средства на загинатите припадници на безбедносните сили и нивните семејства. СДСМ понуди и заеднички комисиски амандман со вметнати забелешки но ДПМНЕ одби. – Овој амандман е предложен за да се обезбедат финансиски средства и СДСМ бара да се направи комисиски амандман за овие пари да се најдат во буџетот, со што ќе ги предвидиме средствата за имплементација на овој закон во буџетот за следната година, прифаќајќи ги и вашите забелешки, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска. За жал заменик министерот за финансии и пратеникот на ДПМНЕ, рекоа дека не го прифаќаат комисискиот амандман предложен од СДСМ за финансиски средства на загинатите припадници на безбедносните сили со што уште еднаш го покажаа лицемерието....
Град Скопје: Со часови се чека автобус заради суетата на Мицкоски
24 Инфо - пред 17 часа
Скопје Град Скопје: Со часови се чека автобус заради суетата на Мицкоски 20/11/2024 16:00 Соопштение на Град Скопје: Мицкоски во континуитет преку своите кадри креира кризи во јавните претпријатија во Скопје. Одлука за решение за недостигот на автобуси и замената на дотрајаните автобуси со нови еколошки за ЈСП, веќе 24 пат по ред не ја носат послушниците на Мицкоски во Советот на Град Скопје на чело со Трајко Славевски. Нова криза со која го остава ЈСП без нафта, а скопјани без јавен превоз како смислено сценарио за урнисување на претпријатието. Кадарот на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за прв пат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио. Во исто време и со истото смислено сценарио приватните превозници, кои скоро воопшто не сообраќаат поради револт за неразгледување на нивната иницијатива за зголемување на цената по која возат, денес менуваат изјава дека не им биле верификувани извештаи за возење, а кој ќе им ги верификува кога не возат. За одлука за зголемување на цена на приватниците може да расправа и да донесе одлука единствено Советот на Град Скопје, предводен од Трајко Славевски од ВМРО ДПМНЕ и Мицковистите. За потсетување од моментот кога Мицкоски отпочна да преговара со компанија за набавка на 100 електрични автобуси, кое како и ветувањето за вкупно 250 нови автобуси од програмата за Скопје, се дел од ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за скопјани, отпочна и голготата на претпријатието. Во исто време почнаа и шпекулации за урнисување на ЈСП поради можно сценарио за негова приватизација....
Шекеринска се заблагодари на честитките: Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа
24 Инфо - пред 17 часа
Македонија Шекеринска се заблагодари на честитките: Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа 20/11/2024 15:51 Радмила Шекеринска, новиот заменик генерален секратар на НАТО, на својот Фејсбук профил се заблагодари на честитките што ги доби по назначувањето. Во својата објава таа истакна дека пред неа е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. „Драги пријатели, Од срце ви благодарам за сите честитки, пораки и зборови на поддршка по повод моето назначување за заменик генерален секретар на НАТО. Вашите искрени честитки многу ми значат и ми даваат дополнителна сила и мотивација за предизвиците кои претстојат. Се извинувам што не можам да одговорам на сите ваши пораки поединечно. Пред мене е одговорност која бара целосна посветеност и работа на теми кои се клучни за глобалната безбедност и стабилност. Ќе продолжам да се залагам за вредности кои го зацврстуваат мирот, соработката и интеграцијата меѓу земјите членки на НАТО, но и да ја претставувам Северна Македонија со гордост на оваа висока меѓународна позиција. Секој ваш збор на поддршка е и потсетник дека успехот не е само личен, туку е и успех за нашата држава. Заедно покажуваме дека Северна Македонија има што да понуди на глобално ниво. Ви благодарам од срце! Вашата поддршка ми значи многу“ стои во објавата....
ВМРО-ДПМНЕ: Деноноќно работиме за изградба на автопати
24 Инфо - пред 18 часа
Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Деноноќно работиме за изградба на автопати 20/11/2024 15:37 ВМРО-ДПМНЕ никогаш не беше против инвестирање и изградба на капитални инфраструктурни проекти, особено кога станува збор за проекти од стратешко значење за Македонија. ВМРО-ДПМНЕ посветено работи за изградба и развој на патната инфраструктура во државата. За таа цел веќе почна изградбата на автопатите од Коридорот 8 и 10Д, на кои деноноќно се изведуваат градежни активности, проследени со експропријација на земјиштето кое се наоѓа на трасите. За Македонија да ја задржи стратешка положба, ВМРО-ДПМНЕ ќе се заложи и ќе изгради и брза пруга која по текот на коридорот 10. ВМРО-ДПМНЕ посветено и транспарентно ќе работи, Македонија да ја претвори во центар низ која ќе поминуваат три раскрсници и тоа транспортна, железничка и енергетска раскрсница. Но, ВМРО-ДПМНЕ секако било и понатаму ќе биде против криминалните начини на склучување на договори за изградба на патишта и капитални инфраструктурни проекти како тие што ги правеше СДС, со кои народните пари наместо за нивна изградба, завршуваат во приватни џебови. А од друга страна, СДС за седум години власт единствен што направија за патната инфраструктура е играње чочек со зурли и тапани на пуштање во употреба на автопат изграден претходно, исто така, од влада на ВМРО-ДПМНЕ....
Осудени велешаните кои силуваа 14-годишно девојче, највисоката казна е 5 години и 6 месеци затвор
24 Инфо - пред 18 часа
Хроника Осудени велешаните кои силуваа 14-годишно девојче, највисоката казна е 5 години и 6 месеци затвор 20/11/2024 15:33 Во Основниот кривичен суд денес беше објавена пресудата против тринаесетте лица од Велес кои беа обвинети за сексуално злоставување на 14-годишно девојче. Судот ги огласи обвинетите за виновни – сите се на возраст помеѓу 20 и 30 години. На С.Д. му беше изречена казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. беа осудени на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. добија казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., се осудени на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а на обвинетиот Б.К. изречена му е условна осуда од 2 години затвор која нема да се реализира доколку следните 5 години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор. Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата. Воедно судот на првите пет осудени лица им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката. Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата „Инстаграм“ остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби. Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето....
Целосен пресврт на судењето денес: Кешишев ја повлече изјавата против Палчо
24 Инфо - пред 18 часа
Македонија Целосен пресврт на судењето денес: Кешишев ја повлече изјавата против Палчо 20/11/2024 15:21 Судењето за бруталното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес доби драматичен пресврт по изјавата на обвинетиот Влатко Кешишев, кој преку писмена изјава го повлече своето претходно тврдeње дека Љупчо Палевски, познат како Палчо, бил со нив за време на извршувањето на двојното убиство. Кешишев, кој претходно сведочеше дека Палевски бил присутен и го обвини како организатор на злосторството и извршител, во својата најнова изјава доставена од затворот до судот, откри дека бил под притисок од Велибор Манев. Според Кешишев, Манев ги принудувал него и Боре да лажат, заканувајќи им се со физичко насилство доколку не изјават дека Палевски бил извршителот на убиствата. „Згрешив што го послушав Велибор и кажав невистина дека Палчо бил со нас. На 22 и на 27 ноември 2023 година, Палевски спиеше во штабот, а не беше ниту во Велес ниту во Скопје со нас тројцата,“ напишал Кешишев во изјавата која ја напишал завчера, односно на 18 ноември 2024 година. На денешното рочиште, судот ја подели писмената изјава на Кешишев до адвокатите на сите обвинети. Иако адвокатите на обвинетите одбија да ја коментираат изјавата на Кешишев, тие изразија увереност дека вистината ќе се разјасни во соочувањата. Во изјавата, Кешишев не даде дополнителни детали за тоа кој пукал во Вања и Панче, што остава простор за натамошни шпекулации и истраги. Убиството на 19-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски предизвика огромно внимание во јавноста. Кешишев беше човекот кој ја откри локацијата каде е закопана Вања, што го стави во центарот на истрагата....
СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари: Граѓаните плаќаат за неспособноста на владата
24 Инфо - пред 18 часа
Економија СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари: Граѓаните плаќаат за неспособноста на владата 20/11/2024 15:16 Соопштение за јавност на СДСМ: Синдикалната кошничка за месец ноември 2024 година достигна шокантни 62.021 денари, со зголемување од 772 денари во однос на претходниот месец. Овој раст е само уште еден показател дека погрешните, инаетливи политики на владата предводена од Мицкоски ги притискаат граѓаните до работ на економска издржливост.Цените на храната и основните производи секојдневно растат, додека платите стагнираат, а мерки од Владата нема. Граѓаните сè потешко ги покриваат основните трошоци. Семејствата се принудени да се откажуваат од потребите кои до вчера беа основни. Ова не е живот достоен за човек. Ова е резултат на неспособноста на владата и игнорирањето на проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат.СДСМ ја изразува својата длабока загриженост за осиромашувањето на народот и за неодговорноста на власта која продолжува да ги става партиските интереси над потребите на граѓаните. Владата на Мицкоски не само што не презема конкретни мерки за намалување на ценовниот шок, туку со својата пасивност и неспособност дополнително ја влошува ситуацијата.СДСМ веќе предложи две конкретни и ефикасни мерки кои можат веднаш да донесат вистинска помош за граѓаните:Укинување на ДДВ на основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле 2.000 денари месечно.Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди минимално достоинство за работниците.Но, што прави Мицкоски и неговата влада? Со политички инает и недостиг на емпатија кон сопствениот народ, тие ги блокираат овие решенија и одбиваат да ги поддржат. Наместо вистинска поддршка за граѓаните, гледаме само празни ветувања и одложувања, додека реалниот живот станува сè потежок.СДСМ останува посветен на борбата за заштита на стандардот на граѓаните. Ние нема да дозволиме народот да биде жртва на партиската ароганција на ДПМНЕ. Народот заслужува влада која е на нивна страна, која ќе го слушне нивниот крик за помош и ќе преземе одговорност. Време е за акција, време е за мерки кои ќе го олеснат животот на граѓаните и ќе ја вратат надежта во економската стабилност!...
Легендарните К-15 се враќаат на екраните!
24 Инфо - пред 18 часа
Забава Легендарните К-15 се враќаат на екраните! 20/11/2024 15:10 Легендарното хумористично ТВ шоу К-15 составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро. По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави наскоро....
„Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија
24 Инфо - пред 18 часа
Магазин „Хnula.mk“ – нова онлајн дестинација за врвна технологија и фитнес опрема во Македонија 20/11/2024 15:11 xnula.mk е новата е-продавница специјализирана за продажба на апарати за домаќинство и фитнес опрема од реномирани и светски познати брендови. Доколку сакате брзо, безбедно и едноставно онлајн купување, кое ќе ви ги донесе најпосакуваните брендови директно до вашиот дом, и притоа ќе ви заштеди време, новата онлајн дестинација xnula.mk, ги нуди сите предности на онлајн купувањето. Тука ќе ги најдете сите детали за производите, услугите и тековните промоции, за уникатно корисничко искуство. „xnula.mk е официјален увозник на Dyson и ги нуди сите новитети и иновативни решенија за вашиот дом. За прв пат во Македонија, ексклузивно во понудата се достапни и брендовите Ninja и Shark како и новитети од Yesoul и Ovicx – водечки брендови за фитнес опрема кои инспирираат здрав и активен животен стил. Наскоро, ќе се приклучат и брендовите Roborock и Dreame, кои ќе ја заокружат нашата палета со напредни решенија за одржување на хигиената во вашиот дом“ – истакнуваат од xnula.mk. Од аспект на услугата, од xnula.mk се водат од трите основни вредности: Комфор и практичност при купувањето, со брза и бесплатна достава до сите дестинации во Македонија. Сигурност и гаранција, преку безбедни начини на плаќање и поддршка по продажбата, со гаранција за сите производи и достапност на резервни делови. Премиум брендови и квалитет: пристап до производи кои се одбрани за да ги задоволат највисоките стандарди во современиот животен стил. Од xnula.mk веруваат дека купувањето треба да биде лесно, безбедно и пријатно – со врвен квалитет, грижа за клиентот и удобност. Нивната мисија е да постават нови стандарди за онлајн шопинг во Македонија и да изградат платформа што ќе се развива и понатаму, следејќи ги најновите трендови. Откријте го светот на напредната технологија и фитнес опрема, која отсега ви е на дофат, брзо и едноставно на xnula.mk . ПР текст...
Меџити: Сериозно сме посветени на унапредување на механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда
24 Инфо - пред 18 часа
Македонија Меџити: Сериозно сме посветени на унапредување на механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда 20/11/2024 15:03 Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денес учевствуваше и имаше обраќање на меѓународната конференција на тема „Народните правобранители и националните институции за човекови права и животната средина” која ќе им овозможи на народните правобранители и националните институции за човекови права од целиот регион и пошироко да споделат сознанија и стратегии за зачувување на човековите права во услови на загрозување на животната средина. На отварањето на Конференцијата, првиот заменик претседател на Владата Меџити нагласи дека во Република Северна Македонија, правото на здрава животна средина како основно човеково право е загарантирано со Устав, наведувајќи дека кај нас еколошкото право опфаќа широк спектар на правна регулатива во областа на животната средина, пред се националното законодавство, меѓународната правна регулатива, односно меѓународните конвенции и други правни договори и документи во меѓународната сфера, како и законодавството на Европската Унија. „Како Влада сериозно сме посветени на креирање и имплементација на политики за намалување на притисокот кој човекот го прави врз животната средина, заштита и унапредување на квалитетот на човековата околина, но и обезбедување на заштита на самата природа и биодиверзитетот” додавајќи дека од друга страна, тоа подразбира и обезбедување на социјален сегмент преку учество на јавноста во носењето на одлуките, но и преку одржливо користење на природните ресурси заради зелена трансформација на економскиот систем и зголемување на можностите за таканаречените зелени работни места. Меџити истакна дека Министерство за животна средина и просторно планирање ги има воспоставено механизмите за пристап на јавноста до информации и за учество на јавноста при донесување на одлуки, но потребно е да се унапредат механизмите за обезбедување на пристап до еколошката правда. Според него, од особено значење е зајакнувањето на улогата на народниот правобранител во обезбедување на еколошката правда во земјава, како и зајакнување на способноста на националните институци за човекови права да одговорат на еколошките предизвици преку заедничко учење и заеднички иницијативи, осигурувајќи дека тие ќе бидат подготвени и опремени за решавање на новите прашања. Армен Григорјан, постојаниот претставник на Прогармата за развој на Обединетите Нации рече дека мораме да ја поврземе заштитата на животната средина со унапредувањето на правдата, почитувањето на владеењето на правото и заштитата на човековите права. „Во тек на политичките преговори што се водат на мултилатерално ниво, вклучително и на Климатскиот самит на Обединетите Нации во Азербејџан и оној за биолошка разновидност во Колумбија, се е поголемо чувство дека дискусиите не се доволни. Сведоци сме и на еколошките предизвици со кои се соочува македонското општество во моментов. Борбата за спас на нашата планета не е само политичка, туку и правна, заснована на норми, стандарди и принципи за човекови права и токму во тој контекст мораме да ги поддржиме националните институции за човекови права и народните правобранители да ги исполнат своите улоги, особено во унапредувањето на правото на чиста, здрава и одржлива животна средина. Нивните улоги во промовирањето на еколошката правда ќе стануваат се поважни во годините што следат, во време кога ресурсите и капацитетите се веќе на граница на искористеност. Но добрата вест е дека се поставуваат основите за еколошката правда”. Народниот правобранител Насер Зибери се осврна на предизвиците со кои се соочува светот од аспект на животната средина и на разурнувачките ефекти од недоволната грижа. Тој ја изрази својата загриженост дека состојбите со животната средина во Република Северна Македонија и реалноста не одат во прилог на уставната заложба на здрава животна средина утврдена со член 43 од Уставот. „Сепак драго ми е дека на оваа конференција имаме претставници на Врховниот суд и народни правобранители од повеќе земји со чиј придонес ќе ги зајакнеме капацитетите” изјави Зибери велејќи дека околу 40 претставки се стигнати до Народниот правобранител во врска со животната средина заклучно со октомври оваа година. Меѓународната конференцијата се одржува од 20 до 21 ноември во Скопје и е организирана во рамки на проектот „Зголемување на улогата на Народниот правобранител во еколошката правда” што е финансиран од Норвешкото министерство за надворешни работи, а се спроведува во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН во Скопје....
Села: Албанците овде не се дојдени од некаде туку постоеле со години
24 Инфо - пред 18 часа
Македонија Села: Албанците овде не се дојдени од некаде туку постоеле со години 20/11/2024 15:01 Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села побара од премиерот Христијан Мицкоски да иницира свикување на собраниска седница и да се спроведат уставни измени за укинување на формулацијата „20%“ за албанскиот јазик. -Ако нема ништо против, ниту други на кои се повикува, да ја укинеме формулацијата и во Уставот да стои само албанскиот јазик, рече Села на прес-конференција во Собранието. Тој истакна дека „Албанците не се дојдени овде од некаде, за да некој ги карактеризира со некои привремени права. Тука се одамна и овој народ постоел со години и години“. Според него, за тоа покажуваат и „археолошките истражувања кои никнуваат секој ден“. Дел од тогашните албански опозициски претставници, а сега дел од актуелната Влада, пак, покрај внесувањето на Бугарите во Уставот, бараа и бришење на формулацијата „20 проценти“ и нејзина замена со „албански јазик“....
УЈП со важно известување до трговците за Блек Фрајдеј
24 Инфо - пред 18 часа
Економија УЈП со важно известување до трговците за Блек Фрајдеј 20/11/2024 14:39 Во пресрет на најавениот Black Friday викенд, Управата за јавни приходи упатува препорака до сите даночни обврзници кои ќе применуваат попусти на цените на своите производи и услуги, истите да ги изразат и наведат при издавање на сметката, односно, пресметаниот данок на додадена вредност да биде наведен во сметката со новосоздадената цена. Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги а за кои плаќањето се извршува готовински, должни се да поседуваат фискален систем на опрема (ФСО) , задолжително да издаваат фискални сметки при вршење на продажба и промет и на видно место, да постават соопштение со кое го информираaт купувачот на доброто за неговата обврска да побара фискална сметка. Потрошувачите на добрата, односно корисниците на услуги при купување должни се да побараат фискална сметка и истата да ја чуваат по напуштањето на местото на прометот на доброто, заради контрола. Секој граѓанин има право и обврска да ги пријави недисциплинираните даночни обврзницикои не ги исполнуваат своите обврски и не издаваат фискални сметки....
Од попладнево ќе нема автобуси на ЈСП „Скопје“ – нема нафта
24 Инфо - пред 18 часа
Скопје Од попладнево ќе нема автобуси на ЈСП „Скопје“ – нема нафта 20/11/2024 14:41 Од попладнево нема да има јавен превоз во Скопје оти нема гориво за автобусите. ЈСП „Скопје” има долг кон фирмата добавувач „Пуцко петрол” и поради тоа веќе не се испорачува нафта. Ќе можат да возат само автобусите на гас, односно 25 возила. Вработени во ЈСП за СДК.МК велат дека автобусите веќе почнуваат да се исклучуваат од сообраќај оти во базите нема нафта. „Во понеделникот имаше мала испорака, но долгот пак не е платен и нафта веќе не се носи во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров”, велат вработени во претпријатието. Од Град Скопје и од претпријатието нема никакво соопштение дека градот ќе остане без превоз и дека граѓаните ќе мора да се снаоѓаат за да се вратат дома од работа и од училиште. Твитерџија попладнево напиша дека скопјани со часови чекаат автобус кај компекс банки. Твитерџијата Мирчев сподели фотографија од неговиот профил за тоа како изгледа секојдневието на скопјани пред автобуските станици. Она што може да се забележи како десетици лица чекаат да пристигне било каков автобус на ЈСП. „Моментално ЈСП е во колапс , по 100 луѓе има на постројкиве , а автобус ни за лек , еве си чекам веќе пола саат 5 ка… Дојде една пуна ко брод“, напиша тој. Инаку фотографијата е направена пред комплексот банки спроти Веро центарот на една од најпрометните автобуски станици во Скопје. Ситуацијата со ЈСП е очајна, и тоа трае со денови. Скопјани со часови чекаат на автобуските станици и мрзнат....
Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат вртоглави промени наредниве 7 дена: Конечно среќата ќе тропне и на нивната врата
24 Инфо - пред 19 часа
Забава Овие 3 хороскопски знаци ќе доживеат вртоглави промени наредниве 7 дена: Конечно среќата ќе тропне и на нивната врата 20/11/2024 14:33 Промените се дел од животот, а наредните денови им носат судбински моменти на три хороскопски знаци, полни со среќа и радост. Еве што можат да очекуваат биковите, водолиите и јарците периодов… Бик На биковите ѕвездите ќе им дадат можност да си го променат животот на подобро, особено кога станува збор за кариерата и личните односи. На работа ќе имаат шанса да донесат клучни одлуки што ќе им гарантираат стабилност и нови можности. Но овој период не е поволен само за професионалниот напредок, туку и за емоционалниот развој. На полето на љубовта, работите конечно ќе им тргнат во посакуваната насока. Биковите ќе почувствуваат хармонија во врската со партнерот, додека слободните припадници на овој знак ќе имаат можност да запознаат личност што би можела да им го промени животот. Ќе се чувствуваат сакано, поддржано и среќата ќе ги следи на секој чекор. Водолија Љубовниот живот на водолиите ќе процути. Наредниве денови ги очекуваат значајни разговори со партнерот, кои ќе им ги продлабочат блискоста и разбирањето. Доколку се слободни, водолиите имаат шанса за нови познанства, кои би можеле да прераснат во романтични врски. Овој период им носи и инспирација за лични проекти и иницијативи. Водолиите ќе почувствуваат ветер во грбот за сè што ќе започнат, а среќата ќе биде нивниот сојузник. Благодарение на поддршката од ѕвездите, ќе им биде јасно дека се на вистинскиот пат кон исполнувањето на своите соништа. Јарец Јарците ги очекува голем пресврт во професионалниот живот. Нивниот труд и посветеноста конечно ќе бидат наградени, што ќе им отвори можности за напредок и за остварување на долгорочните цели. Овој период јарците ќе се чувствуваат горди на своите достигнувања, но и благодарни за поддршката што ја добиваат од луѓето кои им значат. На емотивен план, јарците ги очекуваат изненадувања што ќе им ги разубават деновите. Хармонијата во меѓучовечките односи, како и неочекуваните среќни мигови во љубовта, ќе придонесат за нивниот внатрешен мир и задоволство. Овој период ќе почувствуваат дека среќата навистина е на нивна страна....
СОЗР: Службените автомобили со нови таблички во боја за да се спречат злоупотреби
24 Инфо - пред 19 часа
Македонија СОЗР: Службените автомобили со нови таблички во боја за да се спречат злоупотреби 20/11/2024 14:30 Службените возила во Македонија ќе добијат специјални регистарски таблички во боја за да се спречи нивната злоупотреба. Оваа мерка беше најавена од директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски. Според него, ќе бидат издадени околу 6.500 такви таблички за сите возила на територијата на Македонија, а исто така ќе се воведат телефонски линии за пријавување злоупотреби, по што ќе се постапува. Оваа одлука следи по одлуката на Владата на 17 септември, која донесе предлог за измена на законите што се однесуваат на државни возила и воведување на регистарски таблички со посебна боја, што ќе овозможи лесно идентификување на службените автомобили....
Повреден мотоциклист на „Есенинова“, се истркала на паркинг по судир со автомобил на коловозот (ВИДЕО)
24 Инфо - пред 19 часа
Хроника Повреден мотоциклист на „Есенинова“, се истркала на паркинг по судир со автомобил на коловозот (ВИДЕО) 20/11/2024 14:06 Возач на мотоцикл заврши со повреди по судар со автомобил на улицата Есенинова во скопска Кисела Вода. По сударот мотоциклистот се стркала на паркингот покрај улицата. „Се пожали дека му е повредена ногата. Неколкумина минувачи се симнаа на паркингот каде што се истркала да му помогнат“, велат очевидци за „Макфакс“. Очевидците на несреќата повикаа Итна медицинска помош, а увид прави и полицијата....
СДСМ: Кого лаже Изет Меџити, парите за гасификација се преполовени
24 Инфо - пред 19 часа
Македонија СДСМ: Кого лаже Изет Меџити, парите за гасификација се преполовени 20/11/2024 14:08 Интгегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ: Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, Мицкоски и Меџити не само што не преземаат ништо, туку упорно го лажат народот. Денеска Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина, се обиде да го убеди народот дека гасификацијата е решение за аерозагадувањето. Но вистината е сосема поинаква. Наместо да инвестира во гасификација, владата ги преполови средствата за овој проект во Буџетот за 2025 година. Дури и кога зборуваат за други решенија, како што е когенеративната гасна централа, лагите продолжуваат. Само пред неколку дена, Мицкоски тврдеше дека оваа централа е решение за енергетската и еколошката криза. Но каде се тие пари во буџетот? Нема ни денар. Нема средства, нема план, нема никаква стратегија за намалување на загадувањето. Состојбата е уште полоша ако се погледне фактот дека повеќето од мониторинг-станиците за мерење на квалитетот на воздухот не функционираат. Од 29 инструменти, повеќето се надвор од употреба, а средствата за нивно одржување ги нема. Ако власта не може ниту да го мери загадувањето, како ќе се бори против него? И тука не застануваат. Депонијата „Дрисла”, која е главен извор на загадување за цело Скопје, останува заборавена. Нема средства за нејзино подобрување, ниту за воспоставување модерен систем за управување со отпадот. Наместо тоа, секојдневно гледаме неорганизираност, негрижа и неспособност. Ова е алармантно. Наместо да преземат конкретни мерки за спас на животната средина, власта на Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ се зафатени со лажење на народот и празни ветувања. Секој ден кој тие го поминуваат во неактивност е ден во кој граѓаните го плаќаат со своето здравје. Ете толку е негрижата на власта на ДПМНЕ за здравјето и животите на луѓето. За нив, граѓаните се само бројка, а нивните лаги и празни зборови немаат граници. Но ние, од СДСМ, нема да дозволиме оваа состојба да продолжи. Време е за вистински мерки, за акција, за решенија кои ќе го спасат животот на нашите деца. Време е за власта да сноси одговорност!...
Кривична пријава за загадување на животната средина, природа, добиточна храна и вода
24 Инфо - пред 19 часа
Хроника Кривична пријава за загадување на животната средина, природа, добиточна храна и вода 20/11/2024 13:56 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава против правно лице – рудник од Македонска Каменица и против К.Б.К.(57) од Велика Британија, со дозвола за привремен престој во Македонска Каменица, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загадување на животната средина и природа“ по член 218 и „загадување на добиточна храна и вода“ по член 223 од Кривичниот законик. Во периодот од 01.08.2024 до 04.08.2024, при процесот на флотација, од правното лице во река Каменичка, која се влева во акумулацијата Калиманци, испуштени се отпадни води, односно тешки метали (цинк, олово, кадмиум и жива) во двојно поголеми количини од дозволените, со што на подолг рок предизвикале опасност по животинскиот и растителниот свет во Каменичка река и акумулацијата Калиманци. Од правното лице, истиот период во Каменичка река и езерото Калиманци е испуштен и акутен токсин цијанид, од чие присуство во езерото Калиманци е предизвикано акутно труење на рибите. Со вештачење со наод и мислење на Институтот за сточарство и рибарство, а врз основа на извештаи од лабараториско испитување на примероци вода од лабараторија е констатирано присуство на штетни и опасни материи во водата- тешки метали, а констатирано е и присуство на акутен токсин цијанид во смртоносна доза, а кој е причинител на труењето на рибите....
Палчо во Турција изнајмил куќа за три месеци, вели Стефан Димковски кој го возел од Белград за Турција
24 Инфо - пред 19 часа
Македонија Палчо во Турција изнајмил куќа за три месеци, вели Стефан Димковски кој го возел од Белград за Турција 20/11/2024 14:02 На денешното судење сведочеше Стефан Димковски, член на партијата „Десна“, кој го возел Љупчо Палевски – Палчо од Белград до Турција. Димковски откри детали за патувањето и разговорите со Палчо. „На 1-ви декември ми се јави и ми рече дека е на преглед во Белград, па ме замоли да го земам и да го вратам во Скопје,“ сведочеше Димковски. Но, патувањето продолжило за Турција, бидејќи Палчо требал да оди на медицински преглед за кичмата, а немало летови од Скопје. Тој раскажа дека Палчо често разговарал по телефон, а еднаш побарал да го позајми неговиот телефон за да се јави на Влатко Кекишев. Во Турција, Палчо изнајмил куќа за 150 евра месечно, наместо хотел. Димковски рече дека Палчо се подготвувал да снима подкаст и носел камери. За време на доручекот, му кажал дека во партијата биле извршени претреси и дека е поврзан со исчезнатото девојче. По напуштањето на Палевски, Димковски се сместил во хотел, каде се онесвестил кога ги гледал прес-конференциите за случајот. „Му се јавив и го прашав што се случува, а тој ми рече дека е тешка местенка,“ изјави тој....
Зимата ни дојде порано – Во понеделник температури до – 13 степени
24 Инфо - пред 19 часа
Македонија Зимата ни дојде порано – Во понеделник температури до – 13 степени 20/11/2024 13:46 Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Во петок во текот на денот ќе дува засилен јужен ветер, а попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 л/м2). Во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка....
Мицкоски кажа дека ѝ честитал на Шекеринска за изборот
24 Инфо - пред 19 часа
Македонија Мицкоски кажа дека ѝ честитал на Шекеринска за изборот 20/11/2024 13:41 „Не е тајна дека во минатото сме имале многу концептуални разлики кога станува збор за справувањето со актуелните проблеми, политиките, идеолошки разлики – и тоа не треба да го криеме, бидејќи доаѓаме од различни политички семејства и опции. Но, како Влада имавме предизвик за одлуката кого и како да го поддржиме за заменик-генерален секретар на НАТО, бидејќи имаше кандидати од неколку земји. Ние немавме никаква дилема тука, бидејќи честопати повикуваме на единство и на дијалог со опозицијата, но ако тоа не го правиме на дело а повикуваме, тогаш тоа е лицемерие”, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски нагласи дека за него националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. „Затоа ние како Влада не само што ја поддржавме кандидатурата на Радмила Шекеринска, туку и активно разговаравме со нашите сојузници. За нас националното единство и интересите се пред партиските интереси и да се има македонка за заменик-генерален секретар во најмоќната и најдобро организираната алијанса во историјата е навистина чест. И тука немавме дилема, и добро е што успешно се заврши. Во текот на вчерашниот ден се слушнав со Радмила Шекеринска, разговаравме, и нема дилема дека треба заедно да соработуваме и треба да направиме се што е во наша моќ да помогнеме на македонската Армија, а со тоа да помогнеме и за безбедноста и сето она кое што им е потребно на македонските граѓани”, посочи Мицкоски....
На дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред, велат приватните превозници
24 Инфо - пред 20 часа
Скопје На дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси за да биде исполнет зимскиот возен ред, велат приватните превозници 20/11/2024 13:27 Приватните превозници во Град Скопје „Јофи Бус“, „Вестор Транс“, „Радос Компани“ упатија јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Во нивното соопштение се наведува дека приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можат да го надополнат недостатокот на автобуси на ЈСП. За да биде во целост исполнет зимскиот возен ред по одлука на Совет за линиски превоз на патници во Град Скопје потребни се 352 автобуса или со резервни вкупно 444 автобуси. Во моментов на дневно ниво недостасуваат од 160 до 200 автобуси, се додава. Приватните превозници додаваат дека не можат да одговорат на зададениот возен ред поради следниве причини: неподмирен долг од јуни, немаат верификувани извештаи за месеците јули, август, септември и октомври, како и ниска цена за изминат километар, со која не можат да ги покријат основните трошоци....
АХВ: Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид
24 Инфо - пред 20 часа
Македонија АХВ: Запленети и уништени 366 килограми месо и преработки од месо во угостителски објект во Охрид 20/11/2024 13:25 Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) , при спроведен редовен надзор на осумнаесетти овој месец во Охрид, од угостителски објект запленија и нештетно уништија небезбедна храна (месо и преработки од месо) во вкупна количина од 366 килограми. Со контролата, покрај затекнатата небезбедна храна, утврдени се и недоследности во однос на хигиената кај овој оператор со храна. За пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му е парична казна од 1000 евра во денарска противвредност и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице. И по однос на утврдените недоследности во поглед на хигиената, дополнително изречена му е истата висина на парична казна....
Царинa запленила автомобил, пиротехнични материјали, цигари, лекови…
24 Инфо - пред 20 часа
Македонија Царинa запленила автомобил, пиротехнични материјали, цигари, лекови… 20/11/2024 13:24 Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, велат од Царинската управа. „Во три случаи запленети се еден автомобил и комплет регистарски таблички, а до македонски државјани е поднесена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило. Воедно запленети се пиротехнични и распрскувачки материјали, цигари и тутун за пушење, лекови, гасни пиштоли, опрема за мотоцикли, употребувани гуми, девизи, облека, парфеми, фалсификати и друга стока. Во продолжение детали: Во три случаи запленети се еден автомобил и комплет регистарски таблички, а до македонски државјани е поднесена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило. Првиот случај е откриен од страна на мобилни царински тимови на регионалниот пат Росоман – Прилеп при контрола на патничко возило марка Volvo S40 со унгарски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. При контролата е утврдено дека лицето не поседувало ниту сообраќајна дозвола ниту царински документи за возилото. Возилото е запленето, а против лицето е поведена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило. Другите два случаи се откриени на излез на граничниот премин Делчево при контрола наавтомобили со македонски регистарски таблички управувани од македонски државјанини. При контролите се откриени комплет таблички и сообраќајни дозволи. Во двата случаи, возилата биле пуштени во слободен промет без претходно да бидат спроведени пропишани царински постапки и без да бидат платени увозни давачки, поради што против двете лица се поведени прекршочни постапки. Царинските службеници на граничен премин Јажинце спречија обид за криумчарење на 3.312 пиротехнични и распрскувачки материјали. Истите се пронајдени при контрола на автомобил, управуван од македонски државјанин, кој се обидел производите да ги внесе во државата во багажниот простор од возилото. Производите се запленети, а против лицето ќе се поднесена кривична пријава до надлежно Јавно Обвинителство заради сторено кривично дело недозволено изработување, држење и трговија со оружје и распрскувачки материјали. На излез од државата на граничниот премин Ќафасан при контрола на автомобил се запленети 60 гасни пиштоли, 3.200 зрна дијаболи, како и 8 рамки за гасни пиштоли. Против возачот, македонски државјанин, ќе биде поведена соодветна постапка. Од страна на мобилните царински тимови, при контрола на камион натоварен со употребувани гуми од Швајцарија наменети за фирма од Скопје и пријавени за увозно царинење запленети се 90 употребувани гуми, кои не биле опфатени со царинските документи. Против увозникот е поведена прекршочна постапка. Запленети се 61 парчиња делови и опрема за мотоцикли, што се откриени од царински службеници при контрола на автомобил на влез во државата на граничниот премин Табановце. Против сторителот ќе биде поведена соодветна постапка. Царински службеници на излез од државата на Меѓународниот аеродром Скопје при контрола на чекираниот багаж на германски државјанин открија 538 парфеми Непријавените парфеми се запленети, а против патникот е поведена прекршочна постапка. Запленети се 22 штеки цигари, и 2900 грама тутун за пушење, по извршена контрола на патник на излез од државата на Меѓународен Аеродром Скопје. Делото е откриено при контрола на патник со македонско и бугарско државјанство, а истиот поседувал и британски документи. 103 парчиња облека сеоткриени при контрола на автомобил кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените производи биле пронајдени во кеси сместени во багажникот и пред задното седиште. Истите се привремено задржани а против возачот е поведена прекршочна постапка. 32 парчиња облека, 10 пара обувки, алати и 20 литри вино, се откриени при контрола на камион кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените производи се пронајдени на горниот кревет во кабината на камионот. Истите се запленети, а и истите се привремено задржани. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. Во два одделни случаи откриени се и девизни прекршоци. Првиот случај е откриен на излез од државата на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола на турски државјанин кој патувал за Истанбул. Во чантата на лицето се откриени 17.100 американски долари за кои немало потврда за внесување на ефективни парични средства издадена од царинските органи при влез во државата. Согласно закон на лицето му се вратени девизни средства во противвредност на 10.000 евра, износ што нерезиденти можат слободно да го изнесат од државата, а останатите се привремено задржани.Вториот случај е откриен од страна на мобилните царински тимови на граничниот премин Богородица на излез од државата. При личен претрес на патник, македонски државјанин, во џебот од јакната биле пронајдени 6.700 евра, за коишто не поседувал документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење, вратени му се 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а останатите се привремено задржани. За сторениот девизен прекршок во двата случаи ќе биде поведена прекршочна постапка. При контрола на стока со потекло од Грција, а наменета за увозник од Гевгелија пријавена за увозно царинење во царинска испостава Гевгелија, откриени се две илјади килограми(80 вреќи по 25 килограми) полипропилен гранулат, штоне биле опфатени со царинските документи. Непријавената стока е запленета, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка. При контрола на автомобил пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево,откриени се 27 кутии лекови со вкупно 104 таблети (Arimeidex од 1mg и Clomiphen Citrate /anfarm od 50mg), и 230 ампули (Test-Enanthate 250mg/ml, Masteron Е 200mg/ml, Masteron 100ml/mg, Test-mix 250ml/mg). Лековите се запленети, а против патникот ќе биде поведена соодветна прекршочна постапка. Мобилните царински тимови при контрола на стока со потекло од Кина која била наменета за увозник од Скопје и пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 3, запленија 1.235 играчки и детски возила со ознаки на заштитени трговски марки. Производите се привремено задржани поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и истовремено е поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност....
ДСЗИ ја казни Детска клиника со 5.200 евра – Ова е причината
24 Инфо - пред 20 часа
Македонија ДСЗИ ја казни Детска клиника со 5.200 евра – Ова е причината 20/11/2024 13:18 Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска извршил инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје, а откако биле откриени недостатоци, најавен е прекршочен платен налог. Како што попладнево информираат од ДСЗИ, на денешниот контролен инспекциски надзор во Универзитетската клиника за детски болести, по изминати рокови за постапување по наложени мерки со издадено решение, констатирано било дека не е постапено во целост по решението. – Од вкупно 14 доктори специјализанти кои исполнуваат услов за добивање на времена лиценца од Лекарска комора на Македонија и времени факсимили за работа, само за двајца има обезбедени времени лиценци за работа и не е поднесено барање до министер за здравство за обезбедување времени факсимили за работа на Клиниката. Во ноќна смена во дежурна амбуланта, на Клиниката работат доктори специјализанти без времени факсимили за работа и доктори кои не исполнуваат услов постар специјализант. На Клиниката, од вкупно вработени 45 доктори специјалисти, дежураат само по тројца докотори, притоа ниту еден од нив не дежура во амбуланта на Клиниката, а прегледите во дежурна амбуланта се вршат од страна на специјализанти, кои издаваат медицинска документација во име на дежурните доктори специјалисти, а некогаш и документација и без потпис и печат, се наведува во соопштението на ДСЗИ. Од страна на установата, а во однос на издаденото решение, постапено било само во делот на внесување на личните податоци и медицинските податоци на пациентите – за извршените здравствени услуги, во интегрираниот здравствен информатички систем „Мој термин“. – Врз основа на наведеното, а согласно член 31 став 1 и 3 ќе биде издаден прекршочен платен налог со предлог за порамнување и тоа: на правното лице ЈЗУ УК за детски болести – Скопје со глоба во износ од 4.000 евра во денарска противвредност и на одговорното лице во правното лице со глоба во износ од 30 отсто од одмерената глоба за правното лице односно во износ од 1.200 евра во денарска противвредност, појаснуваат од Инспекторатот. Доколку сторителот на прекршокот е согласен на постапката за порамнување и глобите ги плати во рок од осум дена од денот на добивање на платниот налог, како што додаваат, уплаќа половина од погоренаведените износи – 2.000 евра во денари противвредност за правното лице и 600 евра во денари противвредност за одговорното лице, а за уплатата треба да достави доказ до Инспекторот. – Доколку сторителот не е согласен да ја прифати постапката за порамнување или не ги плати изречените глоби, инспекторот е должен да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка пред надлежен суд, истакнуваат од ДСЗИ....
Герасимовски: Реконструирани училиштата Кочо Рацин и Коле Неделковски, прочистувачи за воздух во сите 8 училишта
24 Инфо - пред 20 часа
Скопје Герасимовски: Реконструирани училиштата Кочо Рацин и Коле Неделковски, прочистувачи за воздух во сите 8 училишта 20/11/2024 13:12 Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки по повод Светскиот ден на детето, 20 Ноември, датум утврден во 1989 година кога е усвоена Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата. „Светот што го создаваме денеска за децата е свет што ќе го наследат. Да создадеме свет во кој децата ќе растат со многу љубов, грижа и поубави можности. Среќата и насмевките на дечињата се наш главен приоритет во Општина Центар. Нека е честит Светскиот ден на детето!”, истакнува Герасимовски. Во изминатите неколку години, Општина Центар ги подобри условите во градинките и основните училишта со цел дечињата да имаат поубави услови за престој во градинка и училиште, а вработените подостоинствени услови за работа. „Покрај унапредувањето на условите во градинките и училиштата, пред неколку денови поставивме и фотоволтаични сообраќајни знаци во близина на пет основни училишта за поголема безбедност на најмалите во сообраќајот. Поставуваме нови реквизити на детските игралишта за дечињата да се забавуваат и другаруваат со другарчињата. Продолжуваме за вложуваме во развојот на децата”, вели Герасимовски....
За да го помине ноември, на едно семејство му требаат најмалку 62 илјади, ако нема кредити и крија
24 Инфо - пред 20 часа
Uncategorized За да го помине ноември, на едно семејство му требаат најмалку 62 илјади, ако нема кредити и крија 20/11/2024 12:55 Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец ноември 2024 година изнесува 62 021,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец ноември изнесува 77 396,00 денари. Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година која изнесува 61 249,00 денари е зголемена за 772,00 денари. -Од податоците на вредноста на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека некој се богати на грбот на граѓаните и работниците, а не ги почитува мерките на Владата кои се креираат за да се помогне на граѓаните со ниски примања, велат од ССМ. Трговците, како што се посочува во соопштението од ССМ, покажуваат дека немаат општествена одговорност ниту почит кон Владата, ако имаме во предвид дека вредноста на Синдикалната минимална кошница во делот за храна и пијалоци, ден по завршување на мерката на Владата повторно е зголемен за 609 денари, а вкупната Синдикална минимална кошница за 772 денари и истата е со вредност 62.021,00 денари. -Трговците ја искористија најавата за предходната мерка од Владата и ги зголемија неоправдано цените во месец септември со што вредноста на делот за храна и пијалоци се зголеми за 717 денари, со мерката имаше намалување од 965 денари, а денеска повторно зголемување од 609 денари со што се осиромашуваат работниците и граѓаните, велат од ССМ. Оттаму посочуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошничка за ноември 2024 година која изнесува 62.021 денари, споредена со Синдикалната минимална кошница од јануари 2024 година (57.163,00) е зголемена за 4.858,00 денари односно за 8,5 отсто. Додека кај храната и пијалоци СМК за ноември изнесува 22.678,00 денари споредена со јануари 2024 година (21.007,00 денари) зголемена е за 1.671,00 денари односно за 7,9 отсто. Од ССМ велат дека разговараат со Министерството за економија и труд по однос на креирањето на идните мерки но потребно е трговците или да покажат општествена одговорност или Владата при креирањето на новите мерки да биде ригорозна во постапувањето на ваквите нефер трговски практики и да казнува....
Mentor Awards 2023 – Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво
24 Инфо - пред 20 часа
Македонија Mentor Awards 2023 – Избор на најдобар ментор во рамките на Европската недела на претприемништво 20/11/2024 12:57 Агенцијата за поддршка на претприемништвото во рамките на одбележувањето на Европската недела на претприемништво, утре (21 ноември) во ресторанот Рагуза Руфтоп 360 организира Избор на најдобар ментор за 2023 година – Mentor Awards 2023, кој има за цел да го препознае и награди најдобриот ментор. Настанот е организиран како дел од програмата на Агенцијата и има за цел да го препознае и награди придонесот на менторите кои со своето искуство и поддршка ги инспирираат младите претприемачи и играат важна улога во нивниот развој и успех. Стандардизираните менторски услуги се дел од програмската активност на Агенцијата со поддршка од Јапонската Агенција за меѓународна соработка (JICA). Во текот на Европската недела на претприемништво, Агенцијата досега реализираше низа активности за поттикнување на претприемачкиот дух. Во рамки на програмата, Директорката на агенцијата, Даниела Димовска и заменик министерот Марјан Ристески во понеделникот го посетијаСУГС „Лазар Танев“, при што имаа продуктивна средба со директорот на училиштето Небојша Вуковиќ. Беше разговарано за идните можности за развој и подобрување на образовниот процес во угостителството, како и за поддршка на младите професионалци во оваа важна област. Во рамкитена посетата, учениците имаа можност да се запознаат со програмите и обуките што Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги нуди за развој на претприемнички вештини, како и да добијат информации за новите обуки кои ќе се реализираат во следниот период. Во текот на истиот ден, претставници на АППРМ го посетија и СУГС ,,Арсени Јовков“, каде се запознаа со идните правници и економисти во нашата држава. Посетата вклучуваше и интерактивни сесии со учениците, при што тие споделија свои идеи за уникатни и креативни бизниси. Дополнително, учениците имаа можност да се запознаат со програмските активности што Агенцијата за поддршка на претприемништвото ги нуди за развој на претприемнички и дигитални вештини, како и да се информираат за новите обуки кои ќе се спроведат во периодот што следува. Во текот на денешниот ден се предвидени и активности со организациите од невладиниот сектор, кои работат на полето на унапредување на претприемништвото и развојот на малите и средните претпријатија. Како дел од одбележувањето на Европската недела на претприемништво, претставници од Агенцијата денеска ќе ги посетат и фирмите „Винарија Чифлик“ од Битола и „СВАРОГ“ од Прилеп, компании кои се и корисници на мерката менторство што ја спроведува Агенцијата со цел да ја истакнат важноста на поддршката за мали и средни претпријатија и да ги охрабрат во нивниот понатамошен развој. Покрај тоа, претставниците на Агенцијата за поддршка на претприемништвото утре ќе остварат средба со Миле Бошков, Претседател на Бизнис конфедерација на Македонија, со цел да биде договорена идна соработка....
Поднесени 20 претставки за загадениот воздух, Меџити вели дека гасификацијата е решение за урбаните средини
24 Инфо - пред 20 часа
Македонија Поднесени 20 претставки за загадениот воздух, Меџити вели дека гасификацијата е решение за урбаните средини 20/11/2024 13:04 До народниот правобранител, поднесени се 40 претставки од областа на животната средина, од кои околу 20 за квалитетот на воздухот, изјави Насер Зибери, одговарајќи на новинарско прашање по Меѓународната конференција на народни правобранители. За загадениот воздух зборуваше и првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој пак, рече дека се работи за проблем кој е актуелен со години, но како држава неопходно е да се соочиме со реалноста – или ќе плаќаме казни или тие пари ќе ги насочиме кон инвестиции и решавање на причините, а не да се занимаваме со последиците. Како што истакна, веќе има амбиент и прво решение е гасификација на урбаните средини кадешто загадувањето е најголемо, бидејќи тоа е долгорочно решение. Според податоците од веб-страницата IQAir, Скопје и утрово беше прв најзагаден град во Европа, а на десетто место во свет, со индекс на загадување од 124. Според извештајот што годинава го објави IQ Air, постои подобрување од 0,4 микрограми на метар кубен помалку ПМ 2,5 честички во однос на лани, но сепак Македонија и натаму е на второто место на најзагадена европска држава, зад Босна и Херцеговина....
Бочварски: Не еден туку двата коридори се важни, власта да ја продолжи градбата на Коридор 10
24 Инфо - пред 20 часа
Македонија Бочварски: Не еден туку двата коридори се важни, власта да ја продолжи градбата на Коридор 10 20/11/2024 12:45 Интегрален текст од прес-конференција на Благој Бочварски пратеник од СДСМ: Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани, Наш врвен стратешки интерес на политички план треба да биде интеграција во меѓународните институции и сојузи, а на економски план, развој на инфраструктурното поврзување со регионот, олеснување на трговијата и транспортот, со други зборови Македонија треба да биде вистинска крстосница на регионот. Добро е што конечно ВМРО-ДПМНЕ се сети дека на Македонија и се потребни изградени, модернизирани и функционални коридори кои ќе не постават централно како неизбежна транспортна рута во регионот. Но, тие и денес ја прават грешката кога велат дека едни проекти се поважни, а други се помалку важни, или дека едниот коридор е поважен од другиот. Ставот на СДСМ е јасен, наш најважен стратешки интерес е да работиме и на двата коридори, без задршка, без застој. Нема и не смее да има или -или туку само и единствено и – и. И коридор 10 и Коридор 8. СДСМ ја повикува Владата, да не се занимава со најразлични теории на заговор, за реализација на инфраструктурни проекти во други држави. Ако новата Влада сака да продолжи да не позиционира така како што заслужуваме, потребно е да ги продолжи проектите на претходната влада на СДСМ. Нема никаква потреба да се занимава со паралелни коридори во други соседни држави кои де факто постојат, бидејќи сите ние многу добро знаеме кои се приоритетите на останатите држави од регионот. Коридорот 4 кој поминува низ Романија и Бугарија во правец север – југ, не може да биде подобра алтернарива од нашиот коридор 10, затоа што десетката е пократка рута Север – Југ, од Салзбург – преку Словенија, Хрватска, Србија, Македонија па се до пристаништата во Солун и Атина. И да бидеме на чисто, ниту ние можеме да им го одземеме Коридор 4 на Бугарија, ниту пак тие можат да ни го одземат Коридор 10. Од друга страна, истите тие држави можат да прават што мислат дека е важно за нив, а нашиот приоритет треба да биде доизградба на коридор 8 за што потпишавме меморандум со Бугарија и Албанија, а со тоа сите три држави го покажаа својот интерес и секако продолжување на иницијативата за брза пруга Скопје- Белград за која владата на СДСМ ги започна разговорите со Република Србија. Токму затоа, кога Вмро-Дпмне од опозиција во Собранието блокираше закони за брза изградба на Коридорите, понатаму блокираше закони за грантови, неповратни средства од Светска банка, за завршување на проектот експресен пат Ранковце-Крива Паланка дел од коридорот 8, СДСМ и тогаш укажуваше на штетните политики на опозицијата. Единствено доколку останеме надвор од ЕУ на долг рок, со поминување граници за секој вид на транспорт на 150 или 200 километри, тогаш ризикуваме да стагнира интензитетот на транспортот низ Македонија. Од овде на сите ни е јасно зошто е важно без одлагање, интеграција во ЕУ. Од друга страна, не смееме да запреме со модернизацијата на Коридор 10, исто како што не смееме да запреме со изградбата и модернизацијата на Коридор 8, бидејќи ако зборуваме за паралелни иницијативи од соседството јас би споменал само уште една, за поврзување на Албанија, Косово и Србија со Бугарија преку Приштина, Ниш и Софија, што де факто би значело заобиколување на Македонија. Затоа со единствена цел, да не го пропуштиме чекорот со соседите и да не заостанеме, СДСМ во претходниот мандат донесе нов модел на паралелно проектирање и градење кое веќе се применува и ги дава посакуваните резултати за побрзо градење на стратешките проекти од национално значење. Уште еднаш како политичка партија апелираме до Владата дека СДСМ во опозиција за разлика од Вмро во опозиција, ќе даде поддршка за реализација на сите значајни стратешки проекти кои економски ќе ја зајакнат државата и ќе и дадат шанса за посилен раст и развој. Тие проекти се повеќегодишни и нивната реализација многу често го надминува мандатот на една влада. Затоа е важно да не се прават ретроградни процеси и блокади, напротив да се обврзат сите политички гарнитури за завршување на овие проекти кои час поскоро ќе ја реализираат нашата стратешка обврска, Македонија крстосница во регионот....
Сообраќајот се одвива непречено, на одредени патни правци можни се одрони
24 Инфо - пред 20 часа
Македонија Сообраќајот се одвива непречено, на одредени патни правци можни се одрони 20/11/2024 12:42 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по местимично влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи, соопштија денеска од ЈП Македонија пат, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни....
Палчо додека бил во Белград знаел дека го бара полицијата – сведочење на пријател на Палчо
24 Инфо - пред 21 часа
Македонија Палчо додека бил во Белград знаел дека го бара полицијата – сведочење на пријател на Палчо 20/11/2024 12:39 Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, додека бил во Белград, знаел дека го бара полицијата. Ова денеска пред судот го сведочеше Ламбе Бучков кој го знаел Палевски повеќе од 20 години и со кого телефонски разговорал во тој период, пренесува Телма. Палевски му рекол дека Влатко Кешишев кој, исто така, е обвинет во случајот, го информирал дека полицијата била во партијата „Десна“ и дека бара одреден пикап кој бил поврзан со исчезнувањето на некое девојче. Палевски на Бучков му рекол дека планира да замине во Софија, па во Турција бидејќи таму поради претстојните избори имал состаноци со политички партии со кои соработувал. Инаку Бучков сведочеше дека Палевски немал пари и негов имотен пријател му дал 15.000 евра како аванс со цел од него да земе земјиште за изградба на зграда. Но, бидејќи не било издадено одобрение за изградба на зграда, Бучков ги барал парите назад и затоа во периодот на исчезнувањето на Ѓорчевска, често комуницирал со Палевски....
Наришкин: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади врз Русија нема да помине неказнето
24 Инфо - пред 21 часа
Свет Наришкин: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади врз Русија нема да помине неказнето 20/11/2024 12:31 Обидите на одредени земји од НАТО да ги олеснат украинските напади длабоко на руска територија со обезбедување ракети со долг дострел нема да останат неказнети, предупреди денеска директорот на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација, Сергеј Наришкин. Тој посочи дека проширувањето на листата на причини за руската употреба на нуклеарно оружје практично гарантира дека Русија не може да биде поразена на бојното поле, пренесува РИА Новости. „Нашите непријатели се принудени да признаат дека решеноста на рускиот претседател цврсто да ги брани фундаменталните интереси на земјата со сите расположливи средства го стеснува просторот за маневрирање на Вашингтон и на Брисел“, изјави Наришкин во интервју за руското списание „Национална одбрана“. Ажурираната доктрина предвидува дека основата за нуклеарен напад може да биде агресија врз Русија и нејзините сојузници од која било ненуклеарна држава со поддршка на нуклеарна држава, како и масовен воздушен напад со ненуклеарни средства, особено беспилотни летала. Рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе се направат измени во документот уште во септември оваа година, кога Западот првпат почна да ја разгледува можноста за длабок удар во Русија. Министерството за одбрана на Русија во вторникот објави дека украинските вооружени сили минатата ноќ извршиле напад со шест балистички ракети ATACMS во областа Брјанск. Светските медиуми во неделата објавија дека САД одобриле Украина да користи крстаречки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко на руска територија....
Владимир Кецмановиќ ја негираше вината за малтретирање и запоставување на својот син: продолжува судењето за случајот „Рибникар“
24 Инфо - пред 21 часа
Балкан Владимир Кецмановиќ ја негираше вината за малтретирање и запоставување на својот син: продолжува судењето за случајот „Рибникар“ 20/11/2024 12:27 Во Вишиот суд во Белград денеска со излагање на одбраната продолжи судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на момчето кое на 3 мај минатата година уби девет негови врсници и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“. Како што пренесуваат белградските медиуми, Владимир Кецмановиќ негираше дека сторил кривично дело злоупотреба и запуштање на малолетно дете, за што тој и неговата сопруга беа обвинети од Вишото јавно обвинителство во Белград. Тој одби да одговори на прашањата на обвинителите и адвокатите. Судијата направи пауза, по што судењето продолжува. По него за новото обвинение треба да сведочи и Миљана Кецмановиќ. Обвинителството го прошири обвинителниот акт со кој Владимир Кецмановиќ се товари за кривично дело тешко дело против општата безбедност, а мајката за кривично дело недозволено држење и носење оружје, јавува Танјуг. Миљана Кецмановиќ во судот пристигна од слобода, додека нејзиниот сопруг беше изведен надвор од притвор, каде што се наоѓа од апсењето на 3 мај минатата година. Проширениот обвинителен акт уследи по распитот на малолетниот сторител на убиството на К. К. Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Миљана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ....
Италијанско село им нуди куќи за 1 евро на Американците кои се незадоволни од изборот на Трамп
24 Инфо - пред 21 часа
Магазин Италијанско село им нуди куќи за 1 евро на Американците кои се незадоволни од изборот на Трамп 20/11/2024 12:23 Откако Доналд Трамп по вторпат беше избран за претседател на САД на изборите одржани на 5 ноември, дел од Американците се незадоволни од изборните резултати, а од селото Ололаи на Сардинија намирисаа можност за можен бум, пишува Си-ен-ен. . Имено, во село во кое населението со децении се намалуваше, уште пред американските избори, напуштените и трошни куќи се продаваа за само едно евро и се повикуваа странци да се вселат. Сега тие отворија веб-страница наменета за Американците каде што можат да ја разгледаат низата евтини домови со надеж дека оние кои не се задоволни од изборните резултати ќе одлучат да се преселат во италијанското село. „Дали сте уморни од глобалната политика? Сакате да уживате во побалансиран начин на живот, со многу нови можности? Време е да започнете да работите на вашето европско бегство во прекрасниот рај на Сардинија“, велат тие на страницата. Претставникот на селото Франческо Колумбу објасни дека страницата е создадена специјално за да привлече незадоволни американски гласачи по претседателските избори. Тој објасни дека ја сака Америка и дека е убеден дека Американците ќе помогнат за заживување на селото. „Ќе се фокусираме на Американците пред се. Се разбира, не можеме да им забраниме на луѓето од други земји да аплицираат, но Американците ќе имаат брза процедура. Се обложуваме на нив да ни помогнат да го заживееме селото, тие се нашиот билет за успех“, објасни тој. Инаку, селото нуди неколку видови сместување. За дигиталните номади се обезбедени бесплатни привремени домови, а дополнително се нудат куќи на кои им е потребна реновирање по цена од едно евро, додека куќите кои се подготвени за вселување се продаваат по цени до 100.000 евра. Тие организираа и специјален тим кој ќе им помага на заинтересираните купувачи на секој чекор до нивниот нов дом. Инаку, селото сега има нешто повеќе од 1.100 жители....
Жељко Самарџиќ станува дедо по петти пат
24 Инфо - пред 21 часа
Музика Жељко Самарџиќ станува дедо по петти пат 20/11/2024 12:18 Жељко Самарџиќ на настап вчера откри дека наскоро доаѓа ново засилување во неговото семејство, односно дека по петти пат станува дедо. -Целото слободно време го поминувам со семејството. Сега најмалата внука е најинтересна, рече пејачката и продолжи: – Ќерка ми Миња, која често е на моите концерти како придружен вокал, ми вети дека на претстојните концерти ќе пее со големо стомаче, ако може. Треба да се породи некаде во февруари, на свет доаѓа уште една внука. Таа носи ќерка, јас ќе бидам дедо по петти пат! На моја радост, истакна Жељко Самарџиќ со широка насмевка на лицето. Со децении е во хармоничен брак со сопругата Маја која често го придружува на патувањата. -Често одам на црногорското приморје, жена ми е навикната само да се подготвува брзо и да оди кога сакаме, каде сакаме. Треба да се ужива како што му одговара на секој човек. Сакаме да менуваме локации, слободно да патуваме, изјави тој....
Галетановски: Град Скопје објави тендер за озвучување на изгорена Универзална сала
24 Инфо - пред 21 часа
Скопје Галетановски: Град Скопје објави тендер за озвучување на изгорена Универзална сала 20/11/2024 12:13 „Скопјани дишат загаден воздух, нема автобуси, градот тоне во нечистотија, Универзална сала е пеплосана, Зоолошката диши на шкрги. Ова е секојдневието на граѓаните на Скопје,“ изјави претседателот на Градската организација на СДСМ, Ѓорѓи Галетановски. Тој ја осуди неодговорноста на градската власт и нејзината неодамнешна одлука да објави тендер за техничка опрема, озвучување и осветлување на Универзална сала, вреден речиси 2,5 милиони денари. „Што прави локалната градска власт, Советот на градот и градоначалничката на Скопје? Ништо. Но, затоа се силно фокусирани на тендери. Овде нема здрава логика ниту трошка разум,“ истакна Галетановски, додавајќи дека граѓаните со право се револтирани од ваквото трошење на јавните средства. „Имате ли грам жал? Да не правите журка врз маката на скопјани?“ праша Галетановски, повикувајќи на итно стопирање на тендерот и пренамена на средствата за реални потреби на граѓаните, како субвенции за инвертери или помош за Зоолошката градина. СДСМ бара итно да се преиспитаат приоритетите на градската власт и средствата на скопјани да се насочат кон решавање на реалните проблеми на градот....
„Ти благодариме Рафа“ – тенискиот свет го испрати Надал во пензија
24 Инфо - пред 21 часа
Спорт „Ти благодариме Рафа“ – тенискиот свет го испрати Надал во пензија 20/11/2024 12:10 Шпанија испадна во четвртфиналето во Дејвис купот. На домашен терен во Малага, Панија загуби од Холандија со 1:2. Овој пораз го означи и крајот на кариерата на рафаел Надал. Во воведниот меч Надал загуби од Ботик ван де Зандсхулп со резултат 6:4, 6:4. Изедначи Карлос Алкараз со победата 7:6, 6:3 над Талон Гриксспор. Победникот беше решен во двојки. На едната страна беа Алкарас и Гранољерс, на другата Кулхоф и Ван де Зандсхулп. На крајот Холанѓаните славеа со 7:6(4), 7:6(3). „Бикот“ на патиките на Рафаел Надал ќе остане запаметен како симбол на неговата борбеност и пожртвуваност на теренот. Со интересно видео неговиот главен спонзор компанијата „Најки“ му се заблагодари на Надал за неговата неверојатна кариера. Очекуваното пензионирање на еден од најуспешните тенисери на сите времиња предизвика многу реакции. Главниот спонзор на Надал, компанијата „Најки“, на многу интересен начин и оддаде почит на кариерата на големиот шпански тенисер. Wow, this Nike tribute to Rafael Nadal in Paris is INSANE 🥹🇪🇸🔥 pic.twitter.com/J8TbztOemo— Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) November 19, 2024...