Роналдо со емотивна порака за роденденот на сопругата: „Твојата светлина нè осветлува“
Репортер - пред 6 часа
Роналдо со емотивна порака за роденденот на сопругата: „Твојата светлина нè осветлува“ 27/01/2025 Георгина Родригез, партнерката на Кристијано Роналдо, наполни 31 година, а славниот фудбалер со емотивна порака јавно и го честита роденденот. „На мајката, партнерката, пријателката, мојата сопруга… Среќен роденден љубов моја. Твојата светлина нè осветлува, а твојата љубов не исполнува”, напиша тој во описот на заедничката фотографија на која позираа во теретана. Георгина брзо му одговори. View this post on Instagram A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) „Те сакам многу и го сакам она што сме, кога сме заедно“, напиша таа. Двојката се запознала во 2016 година, кога Роналдо дошол во продавницата на Гучи во центарот на Мадрид каде Георгина била вработена. „Се тресев цела кога го видов. Веднаш ми го привлече вниманието. Запали некаква искра во мене“, се присети таа подоцна. Сподели...
(Видео) Аријана Гранде држеше ананас во текот на цела емисија, па си го смести на совозачкото седиште во автомобилот
Репортер - пред 8 часа
(Видео) Аријана Гранде држеше ананас во текот на цела емисија, па си го смести на совозачкото седиште во автомобилот 27/01/2025 Пејачката и актерка Адријана Гранде држеше ананас во раката за време на нејзиното појавување во шоуто на Греам Нортон, што привлече внимание и насмеа многу гледачи. Таа дојде во шоуто само неколку часа откако филмoт во којшто глуми „Злобница“ (Wicked) доби 10 номинации за Оскар, а таа беше номинирана во категоријата за најдобра споредна женска улога. Поради оваа причина, познатиот актер Вил Ферел реши да се пошегува и со оглед на тоа што овогодинешното доделување на наградите се одржува на 2 март, да и подари нешто што „дотогаш ќе ја задоволи“. Водителот Греам Нортон и честиташе за успехот, а додека сите во студиото ракоплескааа, Ферел стана и извади ананас од чинијата со овошје. „Ова изгледа како номинација“, се пошегува тој додека и го подаваше ананасот. Аријана Гранде му се заблагодари и гордо го покажа на публиката. „Го ценам тоа, благодарам“, рече таа низ смеа. Во текот на целата емисија не го испушташе од раце, па дури и го понела дома со себе. Нејзиниот стилист подоцна објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како Аријана го чува ананасот на совозачкото седиште, па дури и ставила појас врз него. Многумина се пошегуваа во коментарите под видеото објавено на „Јутуб“. „Има што да стави на полица, ако не добие Оскар“, напиша некој. „Ова е толку глупаво што е всушност смешно“, „Не ми се верува дека само ја гледав Гранде како држи ананас во раката час и половина и сериозно зборува за номинациите за Оскар“, „Таа е толку симпатична. Заслужи Оскар. “, се вели во дел од коментарите. Сподели...
(Видео) Селена Гомез плаче поради депортациите на мигрантите од САД: „Го напаѓаат мојот народ“
Репортер - пред 8 часа
(Видео) Селена Гомез плаче поради депортациите на мигрантите од САД: „Го напаѓаат мојот народ“ 27/01/2025 Селена Гомез, американска пејачка и актерка со мексиканско потекло, се расплака на својот Инстаграм Стори поради неодамнешните постапки на Доналд Трамп, поточно депортацијата на мигрантите. „Жал ми е“, напиша таа покрај емоџи со мексиканско знаме. „Сите мои луѓе беа нападнати, а децата. Не разбирам. Жал ми е. Посакувам да можам да направам нешто, но не можам. Не знам што да правам. Ќе пробам сè , ветувам“, рече Селена. Актерката, која е родена во Тексас, неодамна проговори за миграцијата на нејзиното семејство во 1970-тите кога нејзината тетка ја преминала границата од Мексико во Америка скриена во задниот дел на камион. „Недокументираната имиграција е прашање за кое размислувам секој ден и никогаш не заборавам колку сум среќна што сум родена во оваа земја благодарение на моето семејство. Но, кога читам вести или дискусии за имиграцијата, чувствувам страв за оние во слични ситуации Се плашам за мојата земја“, рече таа неодамна. Пред да ја преземе функцијата, Трамп најави масовни депортации на мигранти без документи во Америка. Националната акција против мигрантите во неделата, на 26 јануари, резултираше со апсење на 956 лица, најмногу откако Трамп се врати на власт, според Службата за имиграција и царина. Сподели...
Тежат по шест милиони долари – кои се најбогатите деца актери во светот
Репортер - пред 8 часа
Тежат по шест милиони долари – кои се најбогатите деца актери во светот 27/01/2025 Иан Армитаџ и Обри Андерсон-Емонс се најбогатите детски ѕвезди на денешницата. 16-годишниот Иан се прослави со улогата на Шелдон Купер во серијата „Младиот Шелдон“, спин-оф на мегапопуларната „Теоријата за Биг Бенг“. Таа улога ја добил кога имал само девет години. Серијата беше режирана од Чак Лор и Стивен Моларо, а се емитува од 25 септември 2017 година. Во текот на шесте сезони на серијата, Армитаџ стана богат. „Селебрити нет ворт“ известува дека Армитаџ заработувал 30.000 долари (околу 28.000 евра) по епизода во првата сезона, а неговата плата малку се зголемувала како што напредувала серијата. Неговото богатство е околу шест милиони долари, што го прави најплатениот детски актер во светот. „Глумам седум години, па веќе не го чувствувам предизвикот да глумам. Работам секој ден. Поминувам низ фризурата и шминката, облекувам чевли и влегувам во карактерот. Ќе биде интересно да се види што ќе играм следно“, рече тој во една прилика. Актерката Обри Андерсон-Емонс (17), која се прослави со улогата на Лили во „Модерното семејство“, која се емитуваше од 2009 до 2020 година, имаше само четири години кога почна да ја игра оваа улога. Таа сега вреди 6 милиони долари, исто колку и Армитаџ. Нејзината плата по епизода првично беше 35.000 долари (околу 33 илјади евра), но по 2018 година се зголеми на 70.000 долари (околу 66 илјади евра) по епизода. „Искрено, само по тоа сум позната. Луѓето често ме препознаваат. Тие велат: „Чекај, дали ти си тоа девојче од Модерното семејство? „Тоа е чудно. Дефинитивно понекогаш влијае на мојот секојдневен живот“, изјави. Сподели...
Најголемото гејмерско доживување во Македонија “LEVEL UP EXPERIENCE” – Организирано од Анхоч!
Репортер - пред 15 часа
Најголемото гејмерско доживување во Македонија “LEVEL UP EXPERIENCE” – Организирано од Анхоч! 27/01/2025 Викендов во Дајмонд Мол во Скопје за првпат се одржа најголемото гејмерско доживување во Македонија „Level Up Experience“ организирано од технолошкиот гигант „Анхоч“ во соработка со онлајн медиумот „Комикс МК“. Гејмерите и фановите викендов успеаја да кренат уште еден левел! Гејмерите ги засукаа своите ракави, ги загреаа своите мауси, тастатури, контролери и мобилни телефони, и дојдоа да ги покажат своите вештини и знаења во League of Legends, Street Fighter 6, Mario Kart 8, Brawl Stars и Pokemon Go. Ова гејмерско доживување не може да помине без дополнителни спектакуларни доживувања како што е возбудливиот Косплеј натпревар предводен од Ива Стојческа („Avi Cosplay“) со тематика инспирирана од анимираната хит-серија на Нетфликс „Arcane“. Атмосферата за посетителите на настанот беше збогатена со прекрасна музика за која што беше задолжен „DJ Bono“. Посетителите ги разбудија спомените и се навратија во детството со безвременскиот Ретро корнер каде можеше да се играат легендарни игри како „Doom (1993), PES (2004) и Tekken 3 (1997)“. За фановите кои сакаат да шизат на подиум имаше „Shake It off“ корнер напојуван од аудио брендот JBL каде посетителите ги покажаа своите танцувачки способности и си добија награди! И нормално, најголемата атмосфера ја направи еден од најпознатите водители и шоумени во Македонија, Марко Новески кој беше главниот водител на настанот со неговата непречена смисла за хумор, исто така имаше чест да додели голем број на подароци како гејминг периферија, хардвер, маички и сè останато. Наградите беа обезбедени од брендовите White Shark, Genesis, JBL, Samsung, Natec, FunkoGram и Barner. Нормално за гејмерите никогаш да не бидат гладни и жедни, тука беа Витаминка со Стоби Флипс и Пивара Скопје со Монстер, Кола Кола и Роса! Фокус беше даден и на новите и млади стримери и контент креатори. На Level Up беа присутни двајцата стримери од „OrozzTV“, Никола Чингоски (Professor Chingo) и Николај Јанушевc (Clesny). Стримерите ја збогатија програмата со тоа што играа Returnal, Black Myth: Wukong, Marvel Rivals, Space Marines и Call of Duty. Гејмерите сè почесто ги оставаат компјутерите и конзолите и се префрлаат кон уредите коишто ги имаат со себе цело време, а тоа се мобилните телефони. Па затоа на настанот имаше и турнир во мегапопуларната мобилна игра со слатките мали, но многу опасни борци „Brawl Stars“, организирано од „Brawl Stars Македонија“. Не треба да се потценува големината на некој херој, не се знае колку може да биде опасно. Дополнително за фановите на мобилниот гејминг имаше „Pokemon Go“ натпревар организиран од најголемите промотори на Источно-Азиската култура во Македонија, „Пагода“. Вистинските ловци на покемони и борците, влегоа во арените и направија борби коишто ќе се паметат! Дополнително дечките организираа турнир во хитот на Нинтендо „Mario Kart 8 Deluxe“ каде се извозеа голем број на километри и голем број на трки. Сите возачи преживеаа иако на стазата имаше многу фрлени банани. Тука беа и храбрите „тепачи“ кои ги измерија силите во Street Fighter 6 и приредија вешти комбинации на потези кои публиката ќе ги памети! Овој турнир беше организиран од македонската Discord заедница за тепачки игри, „RedFist Dojo“. Најголемиот хит и најголемото доживување на настанот беше турнирот во мега-популарната видеоигра „League of Legends“ каде фановите уживаа во прекрасна игра и интензивни борби до самиот крај! Во финалето се појавија тимовите на „Respawn Gaming“ и тимот на Македонската Е-Спорт организација „Void E-Sports“. До последен момент на жустра борба, многу шетања низ џунгла, многу тенкања, на крајот тимот на Respawn Gaming се избори и стана шампион во League of Legends на „Level Up“, а третото место го освои тимот на Asylum. Овој викенд Скопје и Македонија добија уште едно гејмерско доживување коешто ќе се памети долго и коешто има за намера да стане традиција и да се случува сè почесто. Гејмерите и фановите на гиковската култура се желни да има вакви настани во текот на целата година, а неуморните организатори Анхоч и посветените соработници Комикс МК се тука да ги направат тие желби реалност! Level Up – Одиме на следниот Левел! ПР Сподели...
Акција 48 рати без камата, само во Нептун, на сè ама баш на сè
Репортер - пред 15 часа
Акција 48 рати без камата, само во Нептун, на сè ама баш на сè 27/01/2025 Само во НЕПТУН, купувајте со неверојатни услови, акција 𝟰𝟴 РАТИ БЕЗ 𝗞𝗔𝗠𝗔𝗧𝗔, НА СÈ АМА БАШ НА СÈ! Остварете ги вашите желби со брз, лесен и поволен шопинг! Достапно за сите производи од целиот асортиман. ИНСТАНТ ОДОБРУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ! Финансирањето никогаш не било полесно – купувајте сега, плаќајте подоцна – акцијата трае до 31 јануари! Аплицирајте веднаш и добијте ја најдобрата понуда! НЕПТУН – живеј подобро секој ден. ПР текст Сподели...
(Видео) Раде Шербеџија ги поддржа протестите во Србија: „Не се давај младост моја“
Репортер - пред 16 часа
(Видео) Раде Шербеџија ги поддржа протестите во Србија: „Не се давај младост моја“ 27/01/2025 Актерот Раде Шербеџија им се придружи на големиот број луѓе кои ги коментираат протестите во Србија. Тој на Инстаграм објави видео во кое им изразува поддршка на студентите во Србија кои бараат правда за трагедијата на железничката станица во Нови Сад. „По овие протести на молк, вашиот протест, драги деца, сите мои концерти ги започнувам со молк. Почнувам со реченицата на Крлежа што ја напиша по студентската револуција во 1968 година“. View this post on Instagram A post shared by Rade Šerbedžija (@radeserbedzija.official) „Јас деца молчам заедно со вас, молчам затоа што ве поддржувам во ова. Ова е ваше време и имате право да го објасните за некоја подобра иднина што ви припаѓа и немам што друго да ви кажам освен да ве поддржувам со целото мое срце. Не само јас, туку сите нормални луѓе. Не се давај младост моја“, заклучил актерот. Сподели...
(Фото) Транспарент посветен на Северина на протестите во Србија
Репортер - пред 16 часа
(Фото) Транспарент посветен на Северина на протестите во Србија 27/01/2025 Постер на протестот во Зрењанин, Србија, ја воодушеви Северина. Имено, еден од демонстрантите напишал „Севе е со тебе“ на плакатот и додал цртеж од пејачката. Заедно со тоа се појави уште еден транспарент со стихови, парафразиран текст од нејзиниот хит „Моја штикла“. Северина ги сподели транспарентите на својот Инстаграм профил. Северина од самиот почеток ги поддржува белградските студенти во нивните блокади против владата. Сподели...
Луѓето родени во овие знаци се вистинската дефиниција за нежност
Репортер - пред 16 часа
Луѓето родени во овие знаци се вистинската дефиниција за нежност 27/01/2025 Хороскопот секогаш успева да не изненади со своите сознанија за нашите личности, дури и со оние мали особини кои можеби самите не ги забележуваме. Сепак, некои хороскопски знаци се издвојуваат по својата нежност и способност за разбирање. Ако некогаш сте се нашле во нечија топла прегратка додека тој внимателно ве слушал, можно е да сте запознале претставник на некој од овие знаци. Рак Раковите се како жив мелем за душата. Ако ви треба рамо за плачење, Ракот ќе ви го обезбеди пред воопшто да го спомнете проблемот. Тие се како топло ќебе во студена ноќ – секогаш тука да ве заштитат, да ве утешат и да ве опсипуваат со внимание. Нивната нежност доаѓа од длабоката поврзаност со сопствените емоции. Раковите сакаат да ги „лечат“ другите со своето внимание и разбирање, а нивната грижа често оди рака под рака со повремената чинија топла храна – бидејќи за Ракот љубовта доаѓа спакувана со внимателно подготвен оброк. Риби Кога би можеле да замислите нежност во човечки облик, тоа би биле Риби. Нивната емпатија и интуиција ги прават вистински волшебници кога станува збор за разбирање на чувствата на другите луѓе. Рибите секогаш се трудат да внесат светлина во животите на другите – без разлика дали тоа е преку убави зборови, уметнички израз или едноставно нивното присуство. Тие имаат неверојатна способност да слушаат и често ќе забележите дека ви го посветуваат целото внимание, без осудување. Рибите се сонувачи кои веруваат во убавината на светот, а нивната нежност делува како потсетник дека после дождот доаѓа сонце. Вага Вагите ја отелотворуваат хармонијата и топлината во секоја акција што ја преземаат. Нивната благост доаѓа од длабокото чувство на рамнотежа и потребата секој да биде среќен. Во конфликтите тие се оние кои ги смируваат тензиите со својот смирен глас и топлата насмевка. Кога Вагите се со вас, се чувствувате како најважната личност на светот бидејќи тие имаат неверојатна способност да ви дадат чувство на мир и сигурност. Нивната љубезност и суптилниот начин на изразување нежност оставаат траен впечаток. Сподели...
Бен Афлек фотографиран како шета низ Лос Анџелес по пожарот
Репортер - пред 16 часа
Бен Афлек фотографиран како шета низ Лос Анџелес по пожарот 27/01/2025 Бен Афлек е фотографиран додека шета низ Лос Анџелес, набргу откако морал да ја напушти својата вила во населбата Брентвуд поради разорниот пожар. Афлек беше фотографиран во лежерна облека, облечен во бела маица, светло кафена кошула и црни фармерки. По пожарот, актерот беше фотографиран со најстарата ќерка Виолет пред својата палата вредна 20 милиони долари. Со загрижен израз на лицето погледна низ куќата, а во еден момент го обзеде емоции и ја прегрна својата ќерка која носеше заштитна маска. Сподели...
Балканот не може да престане да ја споделува фотографијата на Меланија Трамп
Репортер - пред 17 часа
Балканот не може да престане да ја споделува фотографијата на Меланија Трамп 27/01/2025 Фотографија од балот на кој Меланија и Доналд Трамп танцуваат изминативе денови кружи низ Балканот поради деталите на раката на првата дама. „Печатот на Југославија“ се шири покрај фотографијата на која се гледа дека Меланија има лузна од вакцинација на левата рака, како и многу жители на земјите од поранешна Југославија. Југос од километар ќе го познаеш по вакцината 😂😂😂 pic.twitter.com/Z5Rny5njOR — Командант Марк (@milanzng) January 23, 2025 Лузните од вакцинацијата обично се резултат на специфични методи на администрација на вакцини и типови на вакцини користени во минатото. Најчест пример се лузни од вакцини против туберкулоза (BCG) или вакцинација против големи сипаници, кои беа вообичаени пред неколку децении. Сподели...
(Видео) Маргарет Квали има позната мајка, многу фанови беа изненадени
Репортер - пред 17 часа
(Видео) Маргарет Квали има позната мајка, многу фанови беа изненадени 27/01/2025 Актерката Маргарет Квали го привлече вниманието со улогата на Сју во филмот The Substance, а позната е и по нејзината главна улога во серија на Нетфликс. Но, сега е откриен малку интересен факт за Маргарет. Луѓето открија дека нејзината мајка е Енди Мекдауел, а тие две моментално доживуваат нешто што би можело да се нарече целосно спротивно на непотизмот. Енди МекДауел ја започна својата кариера како модел за Келвин Клајн, а е позната по филмовите како Groundhog Day од 90-тите и серијата The Way Home од „Халмарк“. Промовирајќи ја претстојната сезона на серијата, Енди гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон. За време на интервјуто, Енди почна да зборува за нејзината ќерка Маргарет, која ја доби со поранешниот модел Пол Квали. Откако таа и Џими зборуваа за тоа како Маргарет се истакнува во нејзината кариера, Енди рече: „Таа презема толку многу ризици; таа е многу похрабра од мене. Таа го избра својот пат и јас сум многу, многу горда на неа“. @fallontonight Andie MacDowell says she benefits from “reverse nepotism” by being Margaret Qualley’s mom! #FallonTonight #TonightShow #AndieMacDowell #MargaretQualley #JackAntonoff #JimmyFallon ♬ original sound – FallonTonight Џими се надоврза, сакајќи дополнително да разјасни нешто што го спомнаа зад сцената. „Чекај. Ти ми кажа зад сцената дека доживуваш нешто што се нарекува ‘обратен непотизам’“, објасни тој на публиката. Енди го објасни концептот подетално, велејќи: „Знаете како децата обично се обвинуваат за непотизам, но сега сум јас „кул“ бидејќи сум мајка на Маргарет Квали“. Сподели...
(Видео) „Таа ја има неговата смисла за хумор“: ќерката на Новак Ѓоковиќ воодушеви со реакцијата по натпреварот
Репортер - пред 17 часа
(Видео) „Таа ја има неговата смисла за хумор“: ќерката на Новак Ѓоковиќ воодушеви со реакцијата по натпреварот 27/01/2025 Ќерката на прославениот тенисер Новак Ѓоковиќ, Тара (7) стана хит на социјалните мрежи поради нејзината реакција по победата на нејзиниот татко над Карлос Алкараз. Ѓоковиќ го совлада Алкараз во четвртфиналниот меч во вторникот на Австралија Опен. Австралија опен на својот Инстаграм профил сподели видео на кое со Ѓоковиќ е интервјуиран по натпреварот. Тој не одговори на поставеното прашање, но рече: „Извинете, го слушнав прашањето, но изненаден сум што моите деца се уште се тука“. View this post on Instagram A post shared by Australian Open (@australianopen) Камерите потоа ги покажаа неговите деца, синот Стефан и ќерката Тара. Тара потоа покажа на часовникот за да го предупреди нејзиниот татко за времето. Нејзиниот потег ги воодушеви фановите на тенисерот на социјалните мрежи, кои ја преплавија објавата со коментари. View this post on Instagram A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) „Родителство среде интервју“, „Ја сакам реакцијата на Тара“, „Тара има смисла за хумор“, „Ќерка му многу личи на него“, „Ова е најслаткото нешто на интернет денес“, „Неговиот ќерката е преслатка“, „Таа девојка е кралица“, „Тара има совршен тајминг“, „Најсилна поддршка“, „Тој гест е тотално нешто што тој би го направил“, напишале гледачите. Сподели...
Бил Гејтс: Разводот од Мелинда беше најголемата грешка во мојот живот
Репортер - пред 17 часа
Бил Гејтс: Разводот од Мелинда беше најголемата грешка во мојот живот 27/01/2025 Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, проговори за разводот со сопругата Мелинда Френч Гејтс и откри како се чувствува за сето тоа. „Малку сум повесел“, изјави тој во интервју за „Тајмс“. И покрај тоа, тој го опиша разводот како една од најголемите грешки во неговиот живот. „Има повеќе, но ништо не е важно. Разводот беше болен за Мелинда и мене најмалку две години“, истакна тој. View this post on Instagram A post shared by Bill Gates (@thisisbillgates) Се чини дека по разводот сепак успеал да одржи пријателски однос со Мелинда. Тој тврди дека се уште често се гледаат поради фактот што имаат три деца и двајца внуци, а признал и дека неговиот брак бил еден од најголемите извори на поддршка при создавањето на Мајкрософт. Да потсетиме, Бил Гејтс и Мелинда Френч Гејтс се венчаа во 1994 година, а заедно ги имаат ќерките Џенифер (28) и Фиби (22) и синот Рори (25). Тие ја потврдија веста за нивниот развод во мај 2021 година по 27 години брак. Тие наводно биле разделени една година пред потврдата. Сподели...
Арнолд Шварценегер уживаше на баварскиот фестивал, фотографиран со колбаси во рацете
Репортер - пред 17 часа
Арнолд Шварценегер уживаше на баварскиот фестивал, фотографиран со колбаси во рацете 27/01/2025 Арнолд Шварценегер, актер познат по улогата во серијата филмови Терминатор и поранешен гувернер на Калифорнија, е снимен во австриско село, каде ги изненади учесниците на традиционалната забава. Оваа годишна прослава на баварската традиција ги привлекува локалните жители и туристите кои уживаат во храната, музиката и добрата атмосфера. Шварценегер беше одлично расположен, дегустираше колбаси и се дружеше со локалното население. Сподели...
Откриено што мисли вереницата на Безос за критиките за нејзината облека на инаугурацијата
Репортер - пред 17 часа
Откриено што мисли вереницата на Безос за критиките за нејзината облека на инаугурацијата 27/01/2025 Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, предизвика лавина реакции со нејзиното појавување на инаугурацијата на Трамп. Но, според новите наводи, таа е имуна на бројните критики кои го преплавија интернетот. „На Лорен воопшто не и е грижа. Таа прави што сака“, коментира еден од нејзините пријатели за „Пејџ Сикс“. Jeff Bezos future wife Lauren Sanchez is incredibly inappropriately dressed for a state occasion. Someone should have told her that having her white lace bra out on display is not acceptable. pic.twitter.com/MvwyvuI6R3 — Brittany Gadoury (@brittanygadoury) January 20, 2025 Поранешната новинарка на инаугурацијата на Трамп дојде облечена во бел мантил. Таа ја шокираше јавноста откако го соблече палтото и се појави во бел костим под кој се гледаше бел градник од тантела, што многумина го сметаа за несоодветна облека за историскиот настан. Сподели...
Ништо не може да ги изнервира: ова се најсмирените хороскопски знаци
Репортер - пред 17 часа
Ништо не може да ги изнервира: ова се најсмирените хороскопски знаци 27/01/2025 Во свет полн со стрес и секојдневни предизвици, смиреноста е доблест што секогаш се цени. Луѓето кои остануваат смирени и прибрани дури и во најсложените ситуации често стануваат извор на поддршка за другите. Нивната способност да одржуваат ладна глава е вистински потсетник за важноста на внатрешниот мир. Меѓу хороскопските знаци по смиреноста се издвојуваат четири знаци. Бик Биковите се познати по трпеливоста и стабилноста. Кога се соочуваат со предизвици, тие секогаш избираат рационален пристап и не дозволуваат емоциите да ги совладаат. Нивната смиреност произлегува од длабокото чувство на сигурност и потребата за хармонија во животот. Вага Вагите се мајстори за рамнотежа и хармонија. Не сакаат конфликти и секогаш бараат мирно решение за проблемите. Нивната способност да ги анализираат ситуациите од различни перспективи им помага да останат смирени, дури и кога се соочуваат со непријатни ситуации. Јарец Јарците се исклучително практични и фокусирани на решавање проблеми. Нивната цврстина и фокусираност им помагаат да останат присебни, дури и кога се соочуваат со голем притисок. Нивната смиреност лежи во нивната способност да размислуваат долгорочно, како и во нивната фокусираност на целите. Риби Иако се емотивни и сакаат да сонуваат, Рибите имаат неверојатна способност да ги смируваат хаотичните ситуации. Нивниот интуитивен пристап често им помага да најдат внатрешен мир и да го споделат со другите. Рибите знаат да ги слушаат своите соговорници и да имаат смирувачки ефект врз околината. Сподели...
Сопругата на Балдони за прв пат проговори по скандалот со Лајвли: Повторно би те избрала тебе
Репортер - пред 17 часа
Сопругата на Балдони за прв пат проговори по скандалот со Лајвли: Повторно би те избрала тебе 27/01/2025 Емили Балдони, сопругата на режисерот и актер Џастин Балдони, проговори за прв пат откако започна неговата правна битка со актерката Блејк Лајвли. По повод неговиот 41 роденден, таа му посвети емотивна објава на Инстаграм. „Среќен роденден, љубов моја. Денеска го славиме мажот, сопругот и таткото каков што си. Кога би избрала сега, повторно и повторно би те избрала“, напиша таа покрај фотографијата на која се гушкаат нивните деца, ќерката Маја и синот Максвел. Странските медиуми пишуваат дека семејството моментално се одмора на Хаваи. View this post on Instagram A post shared by Emily Baldoni (@emilybaldoni) Емили и Џастин се верија во 2013 година, а пред тоа беа во врска неколку години. Нивната свршувачка потоа стана вирална на Јутјуб, преку 27-минутно видео кое сега има 14 милиони прегледи, а актерот ја запроси во истиот ресторан каде што го имаа првиот состанок. Тие се венчаа три месеци подоцна, ја добија Маја во 2015 година, а Максвел во 2017 година. Сподели...
Хороскопски знаци кои најчесто се разведуваат
Репортер - пред 17 часа
Хороскопски знаци кои најчесто се разведуваат 27/01/2025 Понекогаш, врската е едноставно осудена да пропадне затоа што не сте компатибилни. Некои други луѓе едноставно се растргнати од животните околности. Но, постои група на луѓе за кои одржувањето стабилна брачна врска е речиси невозможна мисија. Претставниците на овие знаци можат да ја уништат семејната идила, дури и ако нивниот партнер е многу трпелив и многу ги сака. Зошто – открива хороскопот. Хороскопски знаци кои најчесто се разведуваат, чии брачни проблеми се запишани во ѕвездите? Стрелец Леснотијата и флексибилноста на Стрелецот го привлекуваат спротивниот пол на почетокот на врската, но со текот на времето овие квалитети исчезнуваат и се открива вистинската суштина на претставникот на знакот. Почнуваат да вршат притисок и да бараат премногу. Притоа, тие категорично не прифаќаат критики за себе. На луѓето од овој знак им е понижувачко и справувањето со секојдневните моменти, па нема да стојат зад шпоретот или да перат туѓи алишта. Стрелците можеби прво ќе поднесат барање за развод, но по долго време страдаат од оваа одлука. Особено кога ќе сфатат дека никој друг, освен нивниот поранешен партнер, не е подготвен да ги трпи. Близнаци Близнаците се стремат кон семејство, брак и деца, но не секогаш успеваат да одржат врска. Тоа е затоа што претставниците на знакот се активни луѓе кои постојано се во потрага по нови емоции. Ваквите ентузијастички природи понекогаш го заморуваат својот партнер. Покрај тоа, претставниците на овој знак секогаш брзаат, што може да биде многу заморно за другата страна. Затоа, ако партнерот на Близнаците сака мирно и одмерено однесување, тогаш тешко дека ќе може да го издржи ритамот на својата друга половина. Ако на личноста од овој знак му се каже се во лице, сигурно ќе се навреди и разочара. Сепак, Близнаците не треба само да ги прекинат сите врски, бидејќи таквата приказна ќе се повторува одново и одново, бидејќи поентата не е во партнерите, туку во самите нив. Затоа, разводот нема да им помогне на таквите луѓе, туку работата на себе. Девица Девиците секогаш први поднесуваат барање за развод бидејќи им е тешко долго да се држат до семејните правила. Почнува да им се чини дека се стиснати во тесно и лишени од слободата. Како резултат на тоа, нивната врска почнува да се чувствува затегната и тешка. Ако партнерот се обиде да ја контролира Девицата, овој хороскопски знак ќе побегне без разлика. Разводот тогаш е неизбежен. Јарец Разводите се случуваат меѓу Јарците поради претерана категоричност. Претставниците на овој знак се многу тврдоглави и веруваат дека се попаметни од сите. За нив е неверојатно тешко да прифатат туѓо мислење, дури и ако тоа е мислење на некој близок. Затоа, бракот со Јарец не е лесна задача. Или треба да ги задоволите сите нивни желби, или безглаво да бегате од таква врска. Честопати, партнерите Јарец не можат да го издржат емотивниот излив и си заминуваат. Оставени сами на себе, претставниците на знакот можеби нема долго да го признаат поразот. Рак Вжештените, самоуверени и тврдоглави Ракови ќе сакаат до последен здив, но доколку се навредат, ќе ја опсипат саканата личност со реципрочни тврдења и ќе ги изнесат сите стари грешки. Во жарот на расправија, тие можат да кажат многу непотребни работи, за инает – а всушност, Раковите можеби не го мислат тоа. Во моментот на бес, нивната главна цел е да го повредат партнерот што е можно повеќе. Во исто време, по конфликт, Раковите не се двоумат први да пристапат и да се помират. Припадниците на овој знак знаат да ги признаат своите грешки и да ги поправат. Затоа, патот од брак до развод во нивниот случај може да биде многу долг. Сепак, таквиот моментум порано или подоцна доведува до разочарување кај партнерот – никој не сака да живее како на куп експлозиви. Ова дури го поништува фактот дека на Раковите им е многу удобно во секојдневниот живот. Обожаваат да се чувствуваат удобно, да готват вкусни вечери и да внимаваат сите кошули во куќата да се испеглаат. Сподели...
Дневен хороскоп за понеделник, 27-ми јануари 2025-та
Репортер - пред 19 часа
Дневен хороскоп за понеделник, 27-ми јануари 2025-та 27/01/2025 ОВЕН Денеска вашето внимание ќе биде насочено кон домот и семејството. Најверојатно ќе поминувате повеќе време со вашите најблиски или ќе работите на промени во вашиот дом. Исто така, можно е да размислувате за одредени семејни односи или да се враќате на спомените од минатото. Ќе ви треба самотија за да ги организирате мислите и да се грижите за себе. БИК Денеска ќе стекнете нови знаења или ќе ги збогатите своите вештини. Можно е да планирате кратко патување или да започнете обука која ќе ве инспирира. Ќе имате можност да ги преиспитате вашите пријателства и да изберете со кого сакате да продолжите напред. Времето е вистинско за обединување на луѓето околу заедничка цел или идеја. БЛИЗНАЦИ Денеска сериозно ќе размислувате за финансиите и професионалниот пат. Можеби завршувате некој стар проект или размислувате за промени во вашата работа. Можно е да потрошите повеќе од вообичаено, па затоа е добро да планирате внимателно. Исто така, ќе размислите како да ја вклучите креативноста во вашите долгорочни цели. РАК Денеска ќе се фокусирате на себеси и на вашите лични желби. Ќе ја сфатите потребата од интересни активности или цели кои ве инспирираат. Можеби ќе видите нови можности пред вас и ќе почувствувате наплив на самодоверба. Ќе почувствувате поттик да истражувате привлечни перспективи преку патување и пријателски средби. ЛАВ Денеска ќе почувствувате потреба за одмор и полнење со енергија. Веројатно ќе доживеете повеќе емоции од вообичаено или ќе мора да се разделите со одредени очекувања. Ќе ви биде корисно да ги средите финансиите и да почнете да штедите за нешто значајно. Можеби ќе ја продлабочите врската со близок пријател или партнер. ДЕВИЦА Денеска ќе почувствувате поддршка од луѓето од вашето опкружување, што ќе ве инспирира. Може да учествувате во социјални настани или да запознаете некој кој ќе ви укаже на нови можности. Ќе ги преиспитате односите со одредени поединци и ќе одлучите кого сакате да го задржите во вашиот живот. Периодот е погоден за зајакнување на важни партнерства. ВАГА Денеска ќе бидете зафатени со работни обврски и професионални цели. Можеби ќе преземете нови обврски или ќе завршите некој важен проект. Посветете повеќе внимание на вашето здравје и обидете се да создадете рамнотежа меѓу работата и личниот живот. Промените што сега ги правите во секојдневниот живот ќе имаат долготраен ефект. ШКОРПИЈА Денеска ќе размислите за вашите вредности и верувања. Можно е да прекинете партнерство кое нема да ви користи, туку само ви ја троши енергијата. Користете ги вашите комуникациски вештини за да постигнете подобри резултати на вашето работно место. Периодот е погоден и за преоценување на вашите романтични врски. СТРЕЛЕЦ Денеска посветете посебно внимание на вашите финансии. Може да направите поголема инвестиција или да планирате како подобро да управувате со вашите средства. Повеќе време ќе поминувате дома, бидејќи ќе има потреба од зајакнување на семејните врски. Размислете како да најдете повеќе време за најблиските луѓе и вашиот партнер. ЈАРЕЦ Денеска фокусот ќе ви биде ставен на односите со колегите и можноста за плодна тимска работа. Добро е да размислите дали одредени врски имаат иднина. Ќе научите нови знаења или ќе започнете проект кој бара комуникациски вештини. Можете, исто така, да патувате или да се вклучите во интересни иницијативи. ВОДОЛИЈА Денеска ќе бидете оптоварени со различни задачи и обврски. Можеби ќе завршите некој важен проект или ќе ги преиспитате вашите професионални цели. Настојувајте да изградите здрави навики кои ќе ви помогнат да ја балансирате вашата енергија. Можно е да се појават нови начини за генерирање дополнителни приходи. РИБИ Денеска ќе се нурнете во креативни активности и ќе откриете интересни инспирации. Можеби работите на проект кој ви носи радост и задоволство. Ќе уживате во романтични моменти и ќе најдете нови начини да ги изразите своите чувства. Важно е да се фокусирате на вашите лични цели и да се грижите за сопствената удобност. Сподели...
Нова сообраќајка направи синот на Анџелина и Бред Пит
Репортер - пред 1 ден
Нова сообраќајка направи синот на Анџелина и Бред Пит 26/01/2025 Пакс Џоли-Пит предизвика нова сообраќајна несреќа додека возеше електричен велосипед во Лос Анџелес. Оваа сообраќајна несреќа се случила само шест месеци откако бил хоспитализиран поради повредите здобиени во претходната несреќа. 21-годишникот се движел со својот велосипед низ населбата Лос Фелиз кога удрил во страна на автомобил, оставајќи голема вдлабнатина на совозачката врата. Според видеото кое кружи на социјалните мрежи, Пакс го возел велосипедот без раце пред да скршне и да удри во автомобил. Потоа бил снимен како разговара со луѓето кои излегле од возилото за да ја видат штетата. #AngelinaJolie and #BradPitt's son, #PaxJolie-Pitt, keeps playing with fire … because he crashed his e-bike again … smashing into a car and causing major damage. All we know about what happened 👉 https://t.co/YrQtGuRb3w 🎥: Backgrid pic.twitter.com/BnO8EQB0qp — TMZ (@TMZ) January 24, 2025 Медиумите ги контактирале претставниците на Анџелина Џоли за повеќе детали, но се уште не добиле одговор. Сепак, Пакс изгледаше добро и продолжи да вози велосипед потоа. За разлика од претходната несреќа, кога во јули минатата година се здоби со тешки повреди на главата, овој пат носел кацига. Сподели...
Хороскоп за недела, 26 јануари
Репортер - пред 1 ден
Хороскоп за недела, 26 јануари 26/01/2025 Хороскоп за 26 јануари Овен Другите можат да ви помогнат да ги остварите вашите планови. Само треба да престанете да се претставувате себе како да не ви е потребен никој на овој свет. Во емотивниот сегмент, оставете ги работите да одат по својот тек, сè е во ред помеѓу вас и вашата саканата личност. Бик Склучивте добра деловна зделка и од тоа ќе добиете сатисфакција преку пофалби од страна на претпоставениот или финансиска добивка. Овој ден може да биде доста добар и на емотивен план, бидејќи вие и вашиот партнер размислувате на ист начин. Близнаци Ќе бидете многу посветени на обврските, но ќе успеете да најдете време и за партнерот. Денеска може да остварите значајни контакти во деловниот сектор, но може да запознаете и нови луѓе кои емотивно ќе ве заинтригираат. Рак Во деловниот сегмент денот ќе ви помине доста добро, имате поддршка од колегите и претпоставените, а можете и да добиете голема финансиска заработка. Сепак, најголем дел од вашето размислување и внимание оди на љубовниот сегмент, кој денеска е силен. Лав Финансиски сте амбициозни. Вас првенствено ве интересираат обврски што носат пари. На емотивно поле, вие сте заинтригирани од една личност, но не сте сигурни каков став таа има кон вас. Внимавајте како ќе се однесувате кон таа личност. Девица Ги губите нервите поради лошата деловна соработка и среќни сте што ја прекинавте. На емотивно поле, доста ссамени сте. Загрижени сте што не можете да најдете соодветен партнер. Вие сте емоционално ранливи. Тажни сте и лошо расположени. Вага Фокусирани сте на постигнување нов деловен договор. Комуникацијата се одвива во посакуваната насока. Иритирани сте од ставовите на вашиот партнер и избегнувате комуникација со него. Не сте задоволни од односот со партнерот, па затоа врската не ви оди баш најдобро. Скорпија Вие не успевате да ги решите проблемите на работа што ве прави да се чувствувате фрустрирани. Задоволни сте од емоционалната сфера. Вашиот партнер ви дава чувство на заштита и емоционална стабилност. Ќе уживате во љубовта и грижата што ви ја дава партнерот. Стрелец Преокупирани сте со лошаta финансиска состојба. Вие се грижите за тоа како да го зголемите вашиот извор на приход. Ги извршувате деловните обврски рутински. На емотивно поле, ссамени сте, но трпеливо го чекате вистинскиот партнер. Јарец Очекувате прилив на финансии, но добивате информации дека тоа нема да се случи. Вие сте многу загрижени за парите. Работите без волја. На емотивно поле, сакате стабилна емотивна врска. Поради тоа, се нервирате и склони сте кон промени во расположението. Водолија Некоја работа доцни со реализацијата, поради што доцнат и финансиите. Вие сте под голем стрес поради тоа. Комуникацијата со партнерот е лоша. Ви пречи што не се разбирате. Можни се проблеми во врската од поголеми размери. Не избувнувајте. Риби Работата се одвива нормално. Единствено што ве загрижува се финансиите. Чувствувате дека напорот не е соодветно платен. И вашиот партнер е загрижен за финансиите. Се обидувате да го смирите иако знаете дека ситуацијата е лоша. Сподели...
Седата коса може да укажува на сериозен недостаток од минерали
Репортер - пред 1 ден
Седата коса може да укажува на сериозен недостаток од минерали 26/01/2025 Ако сте забележале неколку сиви влакна во вашите дваесетти, не сте сами. Но, тоа не значи дека е нормална појава, туку може да укажува на здравствен проблем. Како што пишува Mirror, сè повеќе млади луѓе добиваат побелени влакна порано од вообичаено. Одредени фактори како стресот и генетиката обично се водечка причина за оваа појава, но има уште една причина зошто седите влакна се појавуваат порано, а тоа е недостаток на минерали. Седите влакна кај белците обично се појавуваат во средината на 30-тите, кај азијците во доцните 30-ти, а кај афроамериканците во 40-тите. Експертите веруваат дека тоа може да биде знак за здравствени проблеми. Медицинскиот експерт Катарина Ор-Еванс објасни како нерамнотежата на минералите може да придонесе за предвремено побелување. Ненадејниот стрес може брзо да ги „позајми“ минералите од косата. Нутриционистката Кара Шо наведува дека членовите на генерацијата Z и милениумците сè повеќе се соочуваат со овој проблем. Таа додаде дека некои студии откриле корелација помеѓу ниското ниво на железо и појавата на седа коса. Но, Шо истакнува дека недостатокот на железо не е единствената причина. „Важно е да се забележи дека многу студии покажаа дека нивоата на други витамини и минерали се исто така ниски, вклучувајќи ги Б12 и витаминот Д“, истакна таа. Таа додаде дека секој што е загрижен за недостаток на минерали треба да контактира со општ лекар за да се тестира и соодветно да преземе превентивни мерки. Важно е да се нагласи дека хроничниот стрес може да го „забрза“ процесот бидејќи ги осиромашува матичните клетки на меланоцитите, додека недостатокот на витамин Б12, бакар, железо или цинк го нарушува производството на меланин. На пример, ниското ниво на витамин Б12, често поврзано со анемија, и недоволното количество бакар, неопходен за ензимите кои го синтетизираат меланин, може да го поттикнат изгледот на седата коса. Сподели...
Лепа Брена доби отштета од 30.000 евра откако ја скрши ногата на концертот во Загреб
Репортер - пред 2 дена
Лепа Брена доби отштета од 30.000 евра откако ја скрши ногата на концертот во Загреб 25/01/2025 Лепа Брена, легендарната балканска пејачка, доби 30.000 евра отштета поради повреда што ја здоби на концерт. Позната по тоа што се грижи за своето здравје, Брена редовно плаќа осигурување за да биде заштитена од непредвидени настани, а оваа осигурителна полиса се покажа како спасоносна кога на нејзиниот концерт на 10 декември минатата година се случи несреќа. При настапот во Загреб, Брена падна при качувањето на бината, што резултираше со скршеница на ногата. Брзо беше оперирана, а благодарение на осигурувањето, сите медицински трошоци беа покриени, вклучувајќи операцијата и рехабилитацијата. „Брена се грижи за своето здравје и осигурувањето е нешто што го има веќе со години. Таа плаќа годишна премија од околу 1.000 евра, а неодамна ја наплати полисата со 30.000 евра заради несреќата што ја здоби на концерт“, изјави извор за српски „Курир“. Брена не е непозната по тоа што често на концертите доживува повреди, но оваа осигурителна полиса јасно покажува колку важна е подготовката за неочекуваните ситуации. Сподели...
(Видео) Дали е можно стјуардесите да спијат овде? Многумина останаа зачудени по ова видео
Репортер - пред 2 дена
(Видео) Дали е можно стјуардесите да спијат овде? Многумина останаа зачудени по ова видео 25/01/2025 Стјуардесите се одговорни да ви донесат храна и пијалоци, да ви го олеснат летот и дали некогаш сте се запрашале што прават кога не се грижат за патниците? Да бидеме уште поконкретни, дали некогаш сте размислувале каде одмараат стјуардесите за време на долгите летови, кои можат да траат и до 12 часа… Стјуардесата Кејти им откри на своите следбеници на „TikTok“ како изгледа нејзиниот простор за спиење, а многумина беа изненадени, пренесува „New York Post“. „За сите патници кои се прашуваат каде исчезнав на сред лет“, напиша Кејти, а нејзиното видео „собра“ повеќе од 2 милиони прегледи. Ја гледаме како го подготвува креветот, комплет со чаршафи, перница и сигурносен појас, но што толку ги „вознемири“ гледачите?! @distractingkaytee BRB nap break 🥰🥰 #cabincrew #flightattendant #crewrest #fyp ♬ Vlog – Soft boy Ограничен простор „Што е ова, ковчег?“, „Мојата клаустрофобија никогаш не би го дозволила тоа“. „Ми здодеа да го гледам“, „Изгледа дека спиеш во скенер за магнетна резонанца“, биле дел од пораките. Навистина, просторот во кој беше Кејти беше тесен, но тоа не е невообичаено кај авиокомпаниите. Вообичаено, местата за одмор се наоѓаат над или под главната кабина, во задниот дел на авионот. Во овие „капсули“ кабинскиот екипаж има приватност, мир и тишина, но немаат светлина и прозорци, како што може да се види на видеото. Се разбира, просторот за одмор не е ист на секој авион. Сподели...
(Фото) Сестрата на Тоше Проески подготви торта со името и ангелски крилја за неговиот 44-ти роденден
Репортер - пред 2 дена
(Фото) Сестрата на Тоше Проески подготви торта со името и ангелски крилја за неговиот 44-ти роденден 25/01/2025 Тоше Проески ќе го прославеше својот 44-ти роденден, ако не беше страшната сообраќајна несреќа што ја одзема неговата младост во 2007 година. Овој ден е исполнет со тага не само за Македонија, туку и за целиот регион и, секако, за неговото семејство, кое го загуби на само 26 години. Сестрата на Тоше, Дора Проеска, не заборави да нѐ потсети на својот брат и на овој емотивен ден. Таа се огласи на социјалните мрежи, споделувајќи емотивна порака и покажувајќи дека нејзините мисли се со него, и покрај тоа што тој повеќе не е тука. Дора сподели фотографија од тортата која ја подготви за овој ден. Тортата е украсена со ангелски крилја, крст и името на Тоше. Сподели...
Како преработеното црвено месо го забрзува развојот на деменција?
Репортер - пред 2 дена
Како преработеното црвено месо го забрзува развојот на деменција? 25/01/2025 Високите количини на преработено црвено месо во исхраната се поврзани со зголемен ризик од деменција и пад на когнитивните способности, покажа новото истражување. Истражувањата претходно покажаа поврзаност помеѓу потрошувачката на говедско, свинско и јагнешко месо со ризикот од кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2, а во новата студија, научниците анализираа податоци за илјадници пациенти собрани помеѓу 1980 и 2018 година. Експертите од општата болница Бригам, Универзитетот Харвард и Технолошкиот институт во Масачусетс откриле дека когнитивното стареење се забрзува во просек за 1,6 години за секоја просечна порција црвено месо, што е околу 85 грама. Замената на таа порција со јаткасти плодови и мешунки е исто така поврзана со 19 отсто помал ризик од деменција и 21 отсто помал ризик од когнитивно опаѓање, според самите испитаници, според истражувачите. Нивните наоди беа објавени во списанието „Неврологија“. „Упатствата за исхрана се фокусираат на намалување на ризикот од хронични состојби, како што се срцеви заболувања и дијабетес, додека за когнитивното здравје поретко се дискутира, без оглед на неговата поврзаност со овие болести“, вели Даниел Вонг, доцент по исхрана на Харвард и дописник автор на студијата. „Се надеваме дека резултатите ќе поттикнат подлабоко разгледување на врската помеѓу исхраната и здравјето на мозокот“, додаде тој. Иако во студијата беше применета строга методологија, таа сепак се смета за набљудувачка студија. „Никогаш не е можно да се биде целосно сигурен што предизвикува што, од една набљудувачка студија, без разлика колку е голема и колку добро е спроведена“, изјави за „Euronews“ Кевин Мекконвеј, почесен професор по применета статистика на Отворениот универзитет во Велика Британија, кој не учествуваше во оваа студија. Намалување на внесот на црвено месо Една нова студија ги спореди стапките на деменција кај група луѓе кои јадеа преработено црвено месо, со друга група која јадеше слично како првата група, но консумираше една порција помалку црвено месо секој ден, заменувајќи го со други извори на протеини. „Проценките не ни кажуваат директно што би се случило кај група луѓе кои ја промениле исхраната за да јадат помалку преработено црвено месо и повеќе живина и јаткасти плодови. Ефектот од тоа би можел да биде сличен на промените забележани во студијата, а може да биде поинаку“, истакнува Мекконвеј. Сепак, според препораките на непрофитната организација „ЕАТ“, која собира научни докази, со цел редовно да ја информира јавноста за откритијата поврзани со исхраната, а магазинот „Лансет“ ги советува луѓето да не консумираат повеќе од 98 грама црвено месо неделно, како од еколошки, така и од здравствени причини. „Постоечките препораки за црвено месо обично сугерираат намалување на потрошувачката и негова замена со друга храна, но нивните наведени причини за таа препорака вклучуваат други асоцијации помеѓу консумирањето црвено месо и негативните здравствени резултати“, рече Меконвеј, укажувајќи на поврзаноста помеѓу храната во исхраната со ризикот од кардиоваскуларни заболувања и рак на дебелото црево. И авторите на студијата и експертот за статистика истакнаа дека се потребни повеќе истражувања за да се потврди оваа поврзаност. „Продолжуваме да ја составуваме оваа приказна, за да ги разбереме механизмите на деменција и когнитивното опаѓање“, рече Вонг. Сподели...
(Видео) Вечерва ќе има парада на 6 планети и ќе бидат видливи од Земјата
Репортер - пред 2 дена
(Видео) Вечерва ќе има парада на 6 планети и ќе бидат видливи од Земјата 25/01/2025 Вечерва, на 25 јануари 2025 година, небото ќе приреди вистинско астрономско чудо! Шест планети од Сончевиот систем – Марс, Венера, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун – ќе бидат видливи од Земјата, создавајќи спектакуларен феномен познат како парада на планетите. Овој настан, кој се случува многу ретко, е можност која никој не смее да ја пропушти. Планетите ќе бидат видливи веднаш по зајдисонцето, но точниот тајминг на видливоста ќе зависи од вашата временска зона. За да го доживеете ова неверојатно астрономско чудо, важно е да го проверите времето на зајдисонце во вашиот регион и да се подготвите за магична вечер на отворено. За да го видите спектаклот, нема да ви биде потребна специјална опрема. Четирите планети – Марс, Венера, Јупитер и Сатурн – ќе бидат јасно видливи со голо око, додека за Уран и Нептун ќе биде потребен телескоп. Иако ќе ви треба телескоп за да ги видите овие далечни планети, дури и без нив, глетката ќе биде незаборавна. Не пропуштајте ја оваа ретка можност да ја гледате парадата на планетите и да уживате во магијата што ја нуди Вселената. За тие кои не можат да го гледаат на местото, на следниот линк може да го гледате онлајн. Сподели...
Виц на денот: Што е стрес?
Репортер - пред 2 дена
Виц на денот: Што е стрес? 25/01/2025 Што е стрес? – Возиш кола, качуваш згодна автостопрека, лаф муабет и наеднаш типката паѓа во несвест, ја носиш во болница…е тоа е СТРЕС… Влегуваш во болницата, девојката ја прегледуваат и ти кажуваат дека е трудна, Ви честитаат, ти во небрано, а она тврди дека ти си таткото…СТРЕС… Ти целиот збунет, викаш дека ја знаеш само саат време и бараш да се направи ДНК за татковство, го правиш, те вика докторот настрана и ти вика: – Немај гајле не си ти таткото, ти не си плоден… и тоа е СТРЕС, ама со олеснување… Е сега, после тоа возиш накај дома, и ти текнува дека дома имаш три деца…Е ТОА Е ЧОВЕЧЕ СТВАРНО СТРЕС!! Сподели...
Астролозите најавуваат големо богатство за еден знак во 2025-та, погледнете дали е вашиот
Репортер - пред 2 дена
Астролозите најавуваат големо богатство за еден знак во 2025-та, погледнете дали е вашиот 25/01/2025 Астролошките прогнози за 2025 година носат возбудливи вести за Близнаците! Познатите астролози Офира и Тали Едут, популарно наречени „АстроБлизнаци“, откриваат дека токму овој знак ќе ја има најголемата шанса за финансиска добивка во претстојната година. Среќната планета Јупитер, која е позната по тоа што носи раст, богатство и позитивна енергија, ќе го осветлува патот на Близнаците до 9 јуни, движејќи се низ нивната прва куќа на лична сила и амбиција. Но, вистинската магија започнува по овој датум – Јупитер преминува во Рак, активирајќи ја втората куќа на пари и материјална стабилност. Што значи тоа за Близнаците? Ова е време за нови професионални можности, унапредувања и дури и славни успеси. Астролозите советуваат дека 2025 година е совршен период за Близнаците да го реорганизираат својот живот и да се насочат кон остварување на своите најголеми финансиски цели. „Професионалниот раст е неизбежен, но важно е да се ослободите од старите навики за да направите простор за новите успеси“, велат Едут. Во втората половина на годината, можни се понуди за нови работни места, подобри позиции или зголемени приходи. Со сериозниот Сатурн и креативниот Нептун во Овен, популарноста на Близнаците значително ќе се зголеми, особено во дигиталниот свет. И за другите знаци? Иако Јупитер им носи среќа на Близнаците, тоа не значи дека останатите знаци нема да ја почувствуваат неговата енергија. Секој знак има шанса за напредок – важно е да ги следите вашите цели и да вложите во себе. „Промените не се секогаш лесни, но со упорност и визија, секој може да го зголеми своето богатство“, додаваат астролозите. Затоа, Близнаци, 2025 е ваша година! Искористете ја секоја можност и бидете подготвени за огромни успеси! Сподели...
Една коцка чоколадо дневно е одлична за здравјето
Репортер - пред 2 дена
Една коцка чоколадо дневно е одлична за здравјето 25/01/2025 Чоколадата богата со посебни антиоксиданти кои се борат против слободните радикали и ја намалуваат оксидацијата на клетките, е важна во процесот на стареење, а какаото го зголемува мозочниот крвоток и се препорачува за личностите склони кон депресија, се наведува во најновата студија за чоколадото, пренесуваат француските медиуми. Иако чоколадото има големи количини на магнезиум во 100 грама, две коцки чоколадо покриваат само четири проценти од дневната потреба на човекот но доволно да влијаат за подобра функција на мускулите, односно намалување на грчевите, а даваат чувство на релаксираност, што е добро за стресот. Сите споменати својства се однесуваат на црната чоколада, не на млечната или белата или со додатоци поради поубав вкус. Поранешните истражувања наведуваат дека црната чоколада го намалува ризикот од срцев или мозочен удар за речиси 40 проценти. Потврдено е дека луѓето кои секој ден јаделе по шест грама чоколадо (една коцка), имаат 39 проценти помали шанси да доживеат срцев или мозочен удар. Американскиот професор по медицина на Универзитетот во Колорадо и претседател на американската кардиолошка асоцијација, Роберт Екел, сепак, предупредува дека студиите за добрата чоколада не претставуваат препорака за луѓето да јадат повеќе чоколадо. „Кога сите би јаделе мала количина на чоколадо секој ден до крајот на нашиот живот, сите би се здебелиле неколку килограми“, предупредува Екел. Сподели...
Дневен хороскоп за сабота, 25-ти јануари 2025-та
Репортер - пред 2 дена
Дневен хороскоп за сабота, 25-ти јануари 2025-та 25/01/2025 ОВЕН Транзитот на Месечината преку Стрелец, за родените во втората и третата деценија, носи финансиски проблеми преку соработка со странци. Имате поддршка од Водолија. Страсна романса со зафатена личност која работи во затворена институција. БИК Месечината во куќата на парите во врска со ретроградниот Уран во вашиот знак предупредува на претпазливост доколку планирате да инвестирате во бизнис со личност со која некогаш сте работеле. Средба со Шкорпија. Намалете го внесот на шеќер. Променете ја исхраната. БЛИЗНАЦИ Месечината транзитира со Стрелец, формирајќи опозиција со Јупитер во вашиот знак, што ве прави склони кон донесување погрешни одлуки, особено кога станува збор за правни процеси. Средба со Лав на кратко патување или предавање. Несоница. РАК Вашиот владетел, Месечината, се приближува до астероидот Виктори и прави секстил со Сонцето, што ви носи зголемување на приходите. Ненадејното заминување на вашиот партнер ве тера да се сомневате во неговата искреност и лојалност. Поминувајте повеќе време со пријателите. ЛАВ Месечината во Стрелец прави добар аспект на вашиот владетел Сонцето, што ви носи поволен исход од договорот со некој кој ги цени вашите професионални квалитети. Сепак, почекајте уште малку пред да го потпишете договорот. Прошетајте повеќе. ДЕВИЦА Вашиот владетел Меркур прави аспект со Месечината, што ви носи добра комуникација со вашите соработници, доколку сте присутни во јавноста преку работа. Љубовниот партнер е почувствителен од вообичаено. Тајна романса со некој кој работи во здравствена установа. ВАГА Уран, кој владее со вашата креативност, прави напнат аспект со Месечината, носејќи ви одлични деловни идеи, но и промена на плановите. Парите доаѓаат преку работни места кои вклучуваат кратки патувања. Добивате состанок од Близнаци. ШКОРПИЈА Месечината во Стрелец ви носи можности да ги зголемите приходите преку маркетинг, туризам и професионален развој. Некој го попречува почетокот на реализацијата на вашите планови. Не можете да престанете да размислувате за личноста која сте ја запознале преку работата. Бидете внимателни зад воланот. СТРЕЛЕЦ Месечината, која управува со вашите финансии, но и со ризикот, формира напнат аспект со Нептун во вашиот знак, што ви носи конфликти со вашиот партнер или помлад член од семејството. Дополнителна претпазливост при договарање и потпишување договори. Овенот мисли на вас. ЈАРЕЦ Месечината во куќата на ограничувањата и пречките воопшто не ви одговара, бидејќи ве прави расеан и збунет. Слушајте го советот на личност во позиција. Тајна средба со уметник или спортист. Вашата сакана личност сака да ви ги наметне своите ставови. ВОДОЛИЈА Аспектите на Месечината ја поттикнуваат вашата потреба да реализирате договор за соработка со луѓето кои живеат во странство. Имате поддршка од Вага. Непланирани трошоци поврзани со уредување на станбени или деловни простории. Намален имунитет. РИБИ Месечината во напнати аспекти со владетелите на вашиот знак, симболи на имагинација и просперитет, им носи инспирација и пари на уметниците. Харизматична личност што ја познавате преку работа сака да ве види. Поминувајте повеќе време во природа. Сподели...
Рокерот Мерлин Менсон нема да биде обвинет за сексуален напад
Репортер - пред 2 дена
Рокерот Мерлин Менсон нема да биде обвинет за сексуален напад 25/01/2025 Обвинителите денеска објавија дека нема да подигнат обвинение против американскиот рок пејач Мерлин Менсон по долгогодишна истрага за наводите за сексуален напад и семејно насилство. Окружниот обвинител на Лос Анџелес, Нејтан Хохман, изјави дека обвиненијата се застарени и дека доказите се недоволни за да се обвини 56-годишниот рокер. Речиси четири години по почетокот на истрагата, тогашниот окружен обвинител Џорџ Гаскоњ на 9 октомври изјави дека неговата канцеларија бара нови докази за да се додадат на веќе обемното досие што го собрале властите. Детективите на почетокот на 2021 година рекоа дека го истражуваат Менсон за инциденти помеѓу 2009 и 2011 година во Западен Холивуд, каде Менсон живеел во тоа време. Менсон рече дека тврдењата на британската актерка Есме Бјанко дека сексуално ја нападнал се невистинити и дел од „координиран напад“ од повеќе жени. Бјанко го тужеше пејачот, обвинувајќи го за сексуален напад и вознемирување во 2009 година. Таа е една од четирите жени кои го тужеа пејачот, заедно со поранешната асистентка на Менсон, Ешли Волтерс, манекенката Ешли Морган Смитлајн и жената која одлучи да остане анонимна. Севкупно, повеќе од десетина жени објавија јавни обвинувања против музичарот, вклучувајќи ја и неговата поранешна свршеница Еван Рејчел Вуд. Сподели...
(Фото) Ријана ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, позирајќи во долна облека
Репортер - пред 3 дена
(Фото) Ријана ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, позирајќи во долна облека 24/01/2025 Познатата пејачка Ријана (36) објави неколку заводливи фотографии за да ја прикаже најновата колекција на нејзиниот бренд Savage X Fenty. Музичарката и успешна претприемачка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви своите следбеници на социјалните мрежи. Носеше црно боди од тантела со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици. Сподели...
Ким Кардашијан изгуби илјадници следбеници поради една објава за Меланија
Репортер - пред 3 дена
Ким Кардашијан изгуби илјадници следбеници поради една објава за Меланија 24/01/2025 Бројот на следбеници на Ким Кардашијан (44) на Инстаграм е значително намален и сето тоа поради една објава. Имено, многу луѓе и замериле на Ким што почнала да споделува содржини со политички призвук. Таа неодамна сподели фотографија од Меланија Трамп, првата дама на САД. Објавата предизвика лавина реакции, а многу коментари беа негативни. За само неколку минути дури 150.000 луѓе решиле да ја отпратат, пренесува Дејли Мејл. Таа моментално има околу 358 милиони следбеници на својот Инстаграм профил. Според маркетинг агенција специјализирана за инфлуенсери, овој пад се смета за „загрижувачки“. Ким се уште јавно не се изјаснила кого поддржувала на изборите – Доналд Трамп или Камала Харис. Но, некои веруваат дека сега работите се појасни. Од друга страна, многумина истакнуваат дека Ким само сакала да го пофали модниот избор на Меланија. Сподели...
Иванка Трамп ја покажа семејната атмосфера во Белата куќа: облеката ја усогласи со нејзината ќерка
Репортер - пред 3 дена
Иванка Трамп ја покажа семејната атмосфера во Белата куќа: облеката ја усогласи со нејзината ќерка 24/01/2025 Ќерката на Доналд Трамп, Иванка Трамп, направи неколку семејни фотографии во Белата куќа. На групната фотографија, која ја сподели на Инстаграм, позира со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, нивните деца – Арабела (13), Џозеф (11) и Теодора (8) – и нејзините браќа и сестри. На фотографијата се и синот на Трамп, Ерик Трамп и неговата сопруга Лара Трамп со нивните деца – синот Ерик Џуниор (7) и ќерката Каролина (5). На крајот од редот стоеше сестрата на Иванка, Тифани Трамп со нејзиниот сопруг Мајкл Булос. View this post on Instagram A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump) Иванка и нејзината ќерка Арабела беа особено координирани, облечени во црвени палта и црни чизми. View this post on Instagram A post shared by Ivanka Trump (@ivankatrump) За потсетување, Иванка на инаугурацијата носеше свечен фустан од Живанши, кој беше инспириран од креацијата што ја носеше Одри Хепберн во филмот Сабрина од 1954 година, во кој глумеше покрај Хемфри Богарт. Сподели...
Златен пресек: 10-те најубави супермодели во светот
Репортер - пред 3 дена
Златен пресек: 10-те најубави супермодели во светот 24/01/2025 Истражување ги откри десетте најубави супермодели во светот. Ова се пресметките на британскиот пластичен хирург Џулијан Де Силва, кој го предводи Центарот за напредна козметичка и пластична хирургија на лицето во Лондон. Методот се заснова на „златниот сооднос“, познат и како „божествена пропорција“. Тој тврди дека колку е поблизок односот на клучните компоненти како обликот на лицето и вилицата до бројот 1.618, толку поубави се жените. „Сите се прашуваме кој е навистина најубавиот од супермоделите и ова е најблиското објаснување што можеме да го добиеме врз основа на симетријата на лицето и класично убавите црти“, објасни тој. Значи, кој е на врвот? View this post on Instagram A post shared by Kate Moss Agency (@katemossagency) Британскиот супермодел Кејт Мос, која се прослави во 1990-тите, е на врвот на неговата пресметка со 94,14 проценти. Де Силва тврди дека Кејт е најблиску до идејата на античките Грци за „совршеност“ врз основа на положбата на нејзините очи, обликот на лицето, носот, ширината на усните и линијата на вилицата. Две карактеристики се издвојуваат кај неа: нејзината совршено обликувана вилица (со резултат од 96,5 проценти) и брадата (со 95,6 проценти). View this post on Instagram A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford) Синди Крафорд, која беше на насловните страници и модните писти во текот на 1980-тите и 1990-тите, е веднаш зад Мос со резултат од 93,86 проценти. Таа би ја надминала Мос доколку не добиела полоша оценка за усни (84 проценти), рече Де Силва. Таа се истакна во три категории: брадата (99,9 проценти), положбата на очите (99,4 проценти) и челото (98,6 проценти). View this post on Instagram A post shared by Gisele Bündchen (@gisele) На третото место се најде Жизел Бундхен со резултат од 93,11 отсто. Докторот Де Силва истакна дека Бундхен има најдобро растојание меѓу усните и носот во споредба со другите модели на оваа листа. Целата листа: Кејт Мос – 94,14% Синди Крафорд – 93,87% Жизел Бундхен – 93,11% Џордан Дан – 91,39% Вини Харлоу – 91,03% Кендал Џенер – 91,00% Лиу Вен – 90,98% Кара Делевињ – 89,97% Емили Ратајковски – 89,37% Наоми Кембел – 89,26% Сподели...
(Видео) „Знаат дека вредат повеќе како пар“: дали бракот на Меган и Хари е во неволја
Репортер - пред 3 дена
(Видео) „Знаат дека вредат повеќе како пар“: дали бракот на Меган и Хари е во неволја 24/01/2025 Бракот на Меган Маркл и принцот Хари повторно стана главна тема на медиумите. Имено, извор близок до парот ги коментираше гласините дека Меган размислува да напише книга за нејзиниот брак по разводот. „Меган и Хари знаат дека се поврзани, нивната вредност е во тоа дека се пар – дури и да сакаат да се разведат, не би можеле да го направат тоа. И искрено, тие се опседнати еден со друг. Тие се само двајца нарциси“, изјави извор за „Пејџ Сикс“. Овие тврдења доаѓаат како одговор на написот на Vanity Fair во кој се наведува дека тимот на Меган разговарал со издавачка куќа за потенцијална книга. За се проговори и извор запознаен со договорот што Хари и Меган го склучија со издавачката куќа Penguin Random House во 2021 година. „Тие вредат повеќе заедно. Не би им користело да се разделат – тие ги направија сите зделки заедно. Мислам дека договорот со Рандом Хаус е сличен на договорот со Нетфликс. И Нетфликс кажа „да“ на сè затоа што сакаа да го добијат документарецот за Хари и Меган. Тие рекоа: „Во ред, ќе го земеме Polo show и ќе видиме што ќе се случи со емисијата за животниот стил на Меган“, коментира изворот. Веќе подолго време кружат гласини за проблеми во бракот на принцот Хари и Меган. Се започна откако неколку пати се појавуваа одделно на јавни настани. Сподели...
Искрени се: хороскопски знаци кои речиси никогаш не лажат
Репортер - пред 3 дена
Искрени се: хороскопски знаци кои речиси никогаш не лажат 24/01/2025 Искреноста е една од најважните човечки доблести. Во свет каде што понекогаш е тешко да се изгради доверба, особено се ценети луѓето кои не се плашат да ја кажат вистината, дури и кога е непријатно. Таквите луѓе често оставаат впечаток на веродостојност, а нивните зборови имаат тежина бидејќи се ослободени од манипулации и прикривање. Иако сите понекогаш прибегнуваме кон мали бели лаги, одредени хороскопски знаци ретко ќе ја кријат вистината или ќе манипулираат со другите, бидејќи веруваат дека вистината е секогаш вистинскиот избор. Бик Практични и приземни, Биковите не чувствуваат потреба да ја разубавуваат вистината. Нивниот директен пристап кон животот се одразува и во нивната комуникација со другите. Тие веруваат дека довербата се гради преку искреност, што значи дека секогаш го кажуваат она што навистина го мислат. Девица Девиците се познати по нивната прецизност и аналитички ум, што значи дека не сакаат да ги комплицираат ситуациите со лаги. Нивното чувство за морал и ред ги охрабрува да бидат искрени, иако понекогаш може да изгледаат брутално во нивното презентирање на фактите. Стрелец Стрелците се познати по нивната отвореност и љубов кон вистината. За нив чесноста е основата на слободата, па не сакаат никаква манипулација. Иако нивната директност понекогаш може да биде премногу за луѓето кои се почувствителни, Стрелците секогаш го кажуваат своето мислење. Водолија Водолиите ја ценат автентичноста пред се и не гледаат смисла да се преправаат. Нивната искреност произлегува од верувањето дека отворената комуникација и вистината се клучни за подобар свет. Тие секогаш ќе ја изберат вистината, дури и кога е непријатна. Јарец Јарците се познати по нивната одговорност и почитување на принципите. За нив лагите претставуваат непотребна слабост, па затоа избираат искреност, дури и во тешки ситуации. Тие веруваат дека долгорочните врски се одржливи само со доверба што произлегува од вистината. Сподели...
(Видео) На позната актерка и е дијагностициран редок синдром: „Затоа тренирам секој ден“
Репортер - пред 3 дена
(Видео) На позната актерка и е дијагностициран редок синдром: „Затоа тренирам секој ден“ 24/01/2025 Актерката Енди Мекдауел (66) неодамна се појави во ток-шоуто на Дру Баримор, каде откри дека и бил дијагностициран синдром на пириформис. Станува збор за синдром во кој пириформисниот мускул притиска на ијатичниот нерв, предизвикувајќи болка или вкочанетост во задникот. „Мислев дека ќе морам да направам операција на колкот. Фала богу моите колкови се во ред“, коментираше Енди. По дијагнозата почнала да работи со личен тренер за да се ослободи од болката и тренира секојдневно. „Морам да работам на мојот задник и моите колкови. Тоа го правам секој ден. Тоа е чудо, навистина е“, истакна актерката. Таа се осврна и на приватниот живот, велејќи дека го напуштила Холивуд и се преселила во Јужна Каролина. Рекла дека таму живее во заедница со многу луѓе на нејзина возраст и дека и е полесно да наоѓа нови пријатели. Да потсетиме, Мекдауел неколку пати нагласи дека стареењето не и пречи. Не ја покрива седата коса и не ги крие брчките, што многумина го сметаат за освежување во Холивуд. Таа еднаш призна дека се смее кога некој ќе и каже дека изгледа постаро од порано. Сподели...
Џејми Фокс раскина со 26 години помладата девојка
Репортер - пред 3 дена
Џејми Фокс раскина со 26 години помладата девојка 24/01/2025 Џејми Фокс (57) раскина со својата девојка Елис Хакстеп (31), пренесува „Пипл“. Веста ја потврдија повеќе извори блиски до поранешната двојка, а причината за раскинувањето се уште не е позната. Не се знаеше многу за нивната врска. Тие првпат беа поврзани во 2022 година, кога беа видени како разменуваат нежности на јахта во Кан. Нејзиниот идентитет, сепак, тогаш не беше познат. Пет месеци откако Фокс заврши во болница, во септември 2023 година, „Пејџ Сикс“ доби фотографии на кои се гледа парот како се држи за раце во одморалиштето Кабо Сан Лукас. Биле видени и како се бакнуваат на улиците на Лос Анџелес, како и на вечера во ресторан. Последен пат заедно беа фотографирани во октомври 2024 година на одмор во Мексико. Фокс претходно беше во врска со Кејти Холмс, со која раскина во 2019 година, по шест години. Сподели...
Секој осми млад Германец не слушнал за Холокаустот, анкетирани и млади лица во Европа и САД – податоците неочекувани
Репортер - пред 3 дена
Секој осми млад Германец не слушнал за Холокаустот, анкетирани и млади лица во Европа и САД – податоците неочекувани 24/01/2025 Еден од осум млади Германци никогаш не слушнале за Холокаустот, термин за систематско убивање Евреи за време на нацистичката ера, покажува истражувањето. Во истражувањето, во кое беа опфатени млади луѓе на возраст меѓу 18 и 29 години, 12 отсто од испитаниците рекле дека никогаш не слушнале за терминот. Тој удел е уште поголем во Австрија, 14 отсто, Романија 15 отсто и во Франција неверојатни 46 отсто, пренесува „ДПА“. Истражувањето е нарачано од Конференцијата за еврејски барања за компензација, во време на подемот на екстремната десница во Европа. Околу 1.000 млади луѓе беа анкетирани во Германија, Франција, Австрија, ОК, Полска, Унгарија, Романија и САД. Во сите овие земји, значителен дел од испитаниците не знаеле дека за време на нацистичката ера биле убиени околу шест милиони Евреи, а во Германија тоа било дури две петтини. Во Германија два отсто од испитаниците се согласиле дека холокаустот воопшто не се случил. Големо мнозинство во речиси сите земји испитани процениле дека нешто како Холокаустот може да се случи денес: 76 отсто во САД, 69 отсто во Британија, 63 отсто во Франција, 62 отсто во Германија и 61 отсто во Австрија. Централниот совет на Евреите во Германија со тревога реагираше на резултатите од истражувањето. „Загрижувачкиот пораст на антисемитското вербално и физичко насилство што го гледаме во Германија е главно вкоренет во дезинформации и недостаток на податоци за холокаустот“, рече претседателот на Советот Јозеф Шустер. Сподели...
Продолжението на „Џокер“ со најмногу номинации за наградата за најлош филм на годината „Златна малина“
Репортер - пред 3 дена
Продолжението на „Џокер“ со најмногу номинации за наградата за најлош филм на годината „Златна малина“ 24/01/2025 Заедно со номинациите за Оскар, објавени се и номинациите за најлоши филмови на годината за наградата Златна малина, а на листата доминира продолжението на Џокер, филмот „Joker: Folie à Deux“. Овој филм води со седум номинации, а блиску се Мадам Веб (Madame Web), Мегалополис (Megalopolis), Бордерлендс (Borderlands) и Реган (Reagan) со по шест номинации. Џокер 2 – музичкото продолжение на филмот на Тод Филипс е номиниран за награди за најлош филм, режисер, сценарио. Лејди Гага и Хоакин Феникс се номинирани за најлоша актерка и најлош актер, како и за најлоша комбинација на екранот. Продолжението на „Џокер“ доби многу лоши критики по неговата премиера на филмскиот фестивал во Венеција и на крајот доживеа дебакл на бокс офисот, заработувајќи 206 милиони долари ширум светот наспроти продукцискиот буџет од 200 милиони долари. За споредба, првиот „Џокер“ заработи повеќе од 1 милијарда долари на глобално ниво, а Феникс доби Оскар за најдобар актер. Во категоријата најлоша актерска комбинација на екранот, интересно е што беше номинирана целата актерска екипа на „Мегалополис“. Сподели...
Продолжен рокот за аплицирање за филм, серија и документарен филм за Тоше Проески
Репортер - пред 3 дена
Продолжен рокот за аплицирање за филм, серија и документарен филм за Тоше Проески 24/01/2025 Македонската радио телевизија повторно ги поттикнува продуцентските куќи да конкурираат на Јавниот повик за набавка на програмски содржини, објавен на веб сајтот на МРТ, со цел заедничка реализација на Проектот посветен на нашиот музички идол – Тоше Проески. Земајќи го предвид тоа дека станува збор за пообемен и попредизвикувачки проект Македонската радио телевизија рокот за конкурирање го продолжува за период од уште еден месец, заклучно со 24 февруари 2025 година. „Од продуцентските куќи очекуваме да конкурираат со пријави по Јавен повик за набавка на програмски содржини за играниот филм и серијата посветени на Тоше Проески во комплет или само за документарниот филм одделно. Една продуцентска куќа може да се пријави за двата проекта (игран филм и серија и документарен филм)“, велат од МРТВ. Со повторениот повик, Македонската радио телевизија им дава можност на што поголем број продуцентски куќи да се пријават со свои креативни предлог програмски проекти за Тоше Проески на Јавниот повик за набавка на програмски содржини на МРТ за заеднички да создадеме единствена програма атрактивна за нашиот аудиториум, но и како дело што ќе остане во наследство на идните генерации. Сподели...
(Видео) Кои се десетте филмови номинирани за Оскар во категоријата најдобар филм
Репортер - пред 3 дена
(Видео) Кои се десетте филмови номинирани за Оскар во категоријата најдобар филм 24/01/2025 Aкадемијата за филмски уметности и науки вчера ги објави номинациите за овогодишните Оскари. Филмот Емилија Перез доминираше со 13 номинации, а Злобница и Бруталистот со по десет. Како и секоја година, најголемо внимание привлекоа категориите за најдобар филм и актерска игра. Десет се номинирани во категоријата за најдобар филм. Кој филм мислите дека е најдобар и заслужува Оскар? Anora The Brutalist A Complete Unknown Conclave Dune: Part Two Emilia Pérez I’m Still Here Nickel Boys The Substance Wicked Објавувањето на номинациите за Оскар беше одложено поради разорните пожари во Лос Анџелес. Номинациите требаше да бидат објавени на 17 јануари, но потоа двапати беа одложувани. Бил Крамер, извршен директор на Академијата за филмски уметности и науки, испрати писмо до сите членови на Академијата. „Почитувани членови на Академијата, сакаме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство до погодените од разорните пожари низ Јужна Калифорнија. Многу од нашите членови и колеги од индустријата живеат и работат во областа Лос Анџелес, а ние мислиме на вас“, напиша Крамер. Гласањето за номинации траеше до 14 јануари. 97. церемонија на доделување на Оскарите ќе се одржи на 2 март во Лос Анџелес. Сподели...
Доктор открива како можеме да си помогнеме во намалувањето на болките во зглобовите во студените зимски денови
Репортер - пред 3 дена
Доктор открива како можеме да си помогнеме во намалувањето на болките во зглобовите во студените зимски денови 24/01/2025 Студеното време може да влијае на многу работи во нашите животи, вклучително и влошување на болките во зглобовите. Ортопедскиот хирург Тимоти Гибсон за „Парада“ откри како можеме да помогнеме во намалувањето на болките во зглобовите во студените зимски денови. „Важно е да разберете како студот влијае на вашите зглобови за да можете да се подготвите и да се надеваме дека ќе ги намалите симптомите кога ќе пристигне студеното време“, вели докторот. Иако ова можеби не е случај за секого, студеното време може да влијае на осетливоста и болката во зглобовите. Гибсон истакнува дека студеното време може да влијае на зглобовите на неколку начини, вклучувајќи го и намалениот проток на крв. „Намалениот проток на крв во зглобовите може да предизвика вкочанетост и болка“, објаснува тој. Покрај тоа, студот може да предизвика мускулна напнатост, што е уште една негативна страна. Гибсон објаснува дека „мускулите и другите меки ткива, како што се тетивите и лигаментите, можат да се затегнат на студ“. Студот го скратува степенот на контракција и истегнување на мускулите, што ја намалува подвижноста и предизвикува вкочанетост што ја чувствувате, пренесува „Parade“. Докторот објаснува: „Студениот воздух е погуст од топлиот воздух. Промената на барометрискиот притисок понекогаш може да предизвика проширување или контракција на ткивото околу зглобовите, предизвикувајќи непријатност“. Во прилог на објаснувањето, Гибсон сподели совети за тоа како можете да си помогнете ако го имате овој проблем. Како потенцијално решение на проблемот Гибсон препорачува користење на опрема за компресија. “Компресивната опрема може да биде многу корисна за заштита на зглобовите на студ. Обезбедува топлина и поддршка на зглобовите. Полесно е да се остане топол и сув отколку да се загрее и суши”, тврди докторот. Со други зборови, опремата за компресија обезбедува дополнителен слој на заштита и топлина на зглобовите. Но, важно е да се напомене дека тоа не е замена за слоевито облекување, вклучувајќи капи, ракавици и други слоеви. „Користете слоеви со компресија и топлина“, додава тој и препорачува користење на грејачи за раце, колена и стапала за да се обезбеди најдобра заштита од студот. Исто така, Гибсон предлага да се користат еластични или неопренови ортотици по потреба, кои лесно се носат под облеката. Истото важи и за компресивни ракавици и ракави, кои тој препорачува да се носат под потопли слоеви, како што се топли маици, палта и традиционални ракавици. Сподели...
Хана Хуљиќ Грашо објави ретка фотографија од нејзината ќерка Алба
Репортер - пред 3 дена
Хана Хуљиќ Грашо објави ретка фотографија од нејзината ќерка Алба 24/01/2025 Хана Хуљиќ Грашо на Инстаграм објави ретка фотографија од својата двегодишна ќерка Алба. Ја снимила додека малото девојче го вртело хулахопот, а фотографијата е направена во училиштето за странски јазици во Сплит, каде малата Алба учи англиски јазик. Освен за јазици, Алба веќе покажува талент и за музика, исто како и нејзините родители. Хана неодамна објави нова детска песна во која се слушаат гласовите на малата Алба, Хана и Петар Грашо. Хана претходно објасни дека на проектот за детски песни почнала да работи токму поради ќерката Алба. „Имам бебе кое поради некоја причина почна да пее кога имаше осум месеци, што е навистина чудно. Како што почна да пее некои песни со кои јас ја заспивав, не ми беше важно што таа пееше други народни песни, а не мои и тогаш решив да ги пеам моите приспивни песни“, рече Хана, додавајќи дека Алба била „хипнотизирана од нејзините приспивни песни“. Алба е прво дете на Хана Хуљиќ и нејзиниот сопруг Петар Грашо. Таа е родена во јули 2022 година. На крајот на октомври минатата година, двојката доби син, кој го нарекоа Тони. Хана и Петар се венчаа во февруари 2022 година во црквата Св. Доминика во Сплит, а на венчавката присуствуваа најблиските пријатели и семејството. Сподели...
Пет хороскопски знаци што ги исполнуваат ветувањата
Репортер - пред 3 дена
Пет хороскопски знаци што ги исполнуваат ветувањата 24/01/2025 Во свет каде што често се соочуваме со празни зборови и неисполнети ветувања, вистински благослов е да се најде личност која стои зад своите зборови. Според астролозите, одредени хороскопски знаци се познати по тоа што се толку сигурни што секогаш ги исполнуваат своите ветувања. Бик Биковите се стабилни и решителни. Кога нешто ветуваат, тоа за нив е прашање на гордост и лична чест. Без разлика на предизвиците или пречките, припадниците на овој знак ќе најдат начин да го исполнат своето ветување, дури и ако тоа бара дополнителни напори или промени во плановите. Зборот им е цврст како карпа. Лав Лавовите се познати по својата лојалност и искреност. Кога ќе дадат ветување, тоа го прават со цело срце и со вистинска намера да го одржат. Нивната внатрешна чест и гордост не им дозволуваат да ги изневерат луѓето што ги сакаат. Лавовите попрво ќе претрпат лични тешкотии отколку да го прекршат ветувањето и на тој начин ќе покажат колку ја ценат довербата на другите луѓе. Девица Девиците се перфекционисти, што се гледа по нивниот однос кон ветувањата. За Девиците ветувањето е сериозна работа, обврска која мора да ја исполнат за да го зачуваат сопственото чувство за морална одговорност. Тие често прават повеќе од што треба за да се погрижат да го исполнат ветувањето до најмалите детали. Јарец Јарците се неверојатно одговорни и посветени. Кога ветуваат нешто, тоа е договор што не можат да го раскинат. Колку и да се промени ситуацијата, Јарците ќе останат доследни на зборот. Нивната упорност и посветеност често ги надминуваат сите пречки што ќе им се најдат на патот. Водолија Иако водолиите често се однесуваат независно и слободоумно, кога ветуваат, тие се свесни за одговорноста што ја преземаат. Нивното чувство за праведност и лојалност ги тера да се држат до зборот, дури и ако тоа им носи тешкотии. За Водолиите ветувањето е знак на доверба и почит, па затоа се трудат да ги исполнат сите очекувања. Сподели...
Виц на денот: Лав и бик во кафеана
Репортер - пред 3 дена
Виц на денот: Лав и бик во кафеана 24/01/2025 Лав и бик седат во кафеана и пијат. Во одреден момент, ѕвони мобилниот телефон на лавот. Му се јавува сопругата: – „Ајде, врати се дома од таа кафеана, те чекам!“, на што лавот рекол: – „Доаѓам драга, ќе бидам веднаш таму“. И така, лавот отишол да ја плати сметката, да допие што останало во чашата и да си оди дома, а бикот рекол: – „Да ме викаше жена ми дома додека сум излезен со другари, немаше да помине така. Ќе си останев тука“. Лавот му одговорил: – „Те разбирам пријателе, но мојата жена е лавица, а твојата е крава!” Сподели...
Опра Винфри за слабеењето: Сфатив дека слабите луѓе не ни размислуваат за храна
Репортер - пред 3 дена
Опра Винфри за слабеењето: Сфатив дека слабите луѓе не ни размислуваат за храна 24/01/2025 Опра Винфри (70) сними нова епизода од The Oprah Podcast. Во него таа разговараше за ефектите на лековите за слабеење врз телото со ендокринологот Ања Јастребоф и откри некои детали за нејзиниот процес на слабеење. „Една од работите што ги сфатив првиот пат кога земав апчиња за слабеење беше дека сите овие години мислев дека слабите луѓе едноставно имаат поголема волја. Дека јадат подобра храна, полесно се држат до неа, никогаш не јадат чипс. И тогаш јас сфатиф дека тие воопшто не размислуваат за тоа. Јадат само кога се гладни и престануваат кога се сити“, опишала Опра. На Инстаграм профилот на Опра беше објавен клип од подкастот каде следеа бројни коментари. Многумина се согласија со водителката и ги поддржаа нејзините одлуки, но имаше и критичари кои сметаат дека она што го кажува Опра не важи за сите луѓе. „И слабите луѓе постојано размислуваат за храна, но се трудат да ги задоволат своите физички и ментални потреби на здрав начин, а не со земање лекови“, „Ова воопшто не е точно. Се работи за волја, придржување кон диета/рутина, а вие го правите тоа долго време“, „Само затоа што се приклучивте на нов тренд не значи дека треба да зборувате како вашето разбирање за реалноста да е конечно“, „Ова ме лути“, напишаа незадоволните луѓе. Медиумите потсетуваат дека иако претходно негираше дека земала лек за слабеење, 70-годишната ТВ ѕвезда призна дека почнала да го користи и откри дека ослабела 20 килограми. “Не можев повеќе да вежбам. Не можев да се качувам побрзо или да трчам побрзо. Морав да јадам еден оброк на ден. Не можев да правам ништо друго”, објасни таа. Сподели...
„Емилија Перез“ и „Анора“ – филмовите номинирани за Оскар месецов на репертоарот на Кинотека, на програмата повеќе култни остварувања
Репортер - пред 3 дена
„Емилија Перез“ и „Анора“ – филмовите номинирани за Оскар месецов на репертоарот на Кинотека, на програмата повеќе култни остварувања 24/01/2025 Кинотеката на Македонија во февруари 2025 година подготви исклучителна филмска програма која ги спојува класиците на златната ера на Холивуд, современите француски филмови, фалени фестивалски продукции и незаборавни дела од југословенската и светската кинематографија. Овој месец ќе биде вистинска прослава на филмската уметност, со селекција што ќе ги задоволи вкусовите на сите љубители на седмата уметност. Програмата со саатниците на ЛИНКОТ. Холивудски класици: Враќање кон златното доба „Филаделфиска приказна“ („The Philadelphia Story“) – Режија: Џорџ Кјукор Романтичната комедија од 1940 година, со незаборавните Кетрин Хепберн, Кери Грант и Џејмс Стјуарт, ќе ве потсети на елеганцијата и духовитоста на старото холивудско кино. „Булевар на самракот“ („Sunset Boulevard“) – Режија: Били Вајлдер Еден од најголемите филмски класици, мрачна иронија за славата и падот во Холивуд, со легендарните настапи на Глорија Свенсон и Вилијам Холден. „Бунтовник без причина“ („Rebel Without a Cause“) – Режија: Николас Реј Времеплов во 1950-тите со Џејмс Дин како симбол на младешката бунтовност и егзистенцијалната потрага. „Апартман“ („The Apartment“) – Режија: Били Вајлдер Оскаровецот од 1960 година, брилијантна мешавина од комедија и драма, со Џек Лемон и Ширли Меклејн. Современи француски продукции: Свежина и оригиналност „Емилија Перез“ („Emilia Perez“) – Режија: Жак Одријар Овој возбудлив филм се занимава со идентитетот и животните одлуки, внесувајќи иновативна енергија во модерната кинематографија. „Случајот Голдман“ („The Goldman Case“) – Режија: Седрик Кан Моќна судска драма што ги истражува границите на правдата и моралот, инспирирана од вистински настани. „Само ние двајца“ („Just the Two of Us“) – Режија: Валери Донзели Интимна љубовна приказна која на нежен и емотивен начин го прикажува предизвикот на долгорочните врски. Фестивалски хитови: Анора на Шон Бејкер „Анора“ („Anora“) – Режија: Шон Бејкер Новиот филм на Шон Бејкер, авторот на „Тангерина“ и „Проектот Флорида“, повторно нè носи во маргините на општеството, со длабока и потресна приказна за љубовта, надежта и човечноста. Специјална проекција: Култниот „Малхоланд Драјв“ „Малхоланд Драјв“ („Mulholland Drive“) – Режија: Дејвид Линч Во чест на неодамна починатиот мајстор на нео-ноарот и соништата, Дејвид Линч, Кинотеката ќе организира специјална проекција на неговото ремек-дело „Малхоланд Драјв“. Овој хипнотичен филм е незаборавна комбинација на мистерија, психолошка драма и надреални елементи, кој ја истражува темната страна на Холивуд. Награден со наградата за најдобра режија на Канскиот филмски фестивал, „Малхоланд Драјв“ е еден од највлијателните филмови на 21 век и вистински омаж за Линчовата уникатна визија. Југословенски класици: Црниот бран на филмската школа „Млад и здрав како ружа“ – Режија: Јован Јовановиќ Култен филм на југословенскиот црн бран, остар социјален коментар што ги отсликува борбите на младите во тогашното општество. Ова е уникатна можност за новите генерации да го доживеат овој филм на големото платно, еден од најрадикалните филмови од регионот. Придружете се на филмското патување Кинотеката на Македонија и овој пат се потруди да понуди разнолика и квалитетна програма што ги обединува различните генерации, жанрови и стилови. Не пропуштајте да уживате во магијата на филмот на големото платно. Текстот „Емилија Перез“ и „Анора“ – филмовите номинирани за Оскар месецов на репертоарот на Кинотека, на програмата повеќе култни остварувања е превземен од МАКФАКС. Сподели...
Го намалува ризикот од дијабетес: Започнете го утрото со здрав појадок со кој не може да ви тргне наопаку
Репортер - пред 3 дена
Го намалува ризикот од дијабетес: Започнете го утрото со здрав појадок со кој не може да ви тргне наопаку 24/01/2025 Докажано е дека редовниот појадок го намалува ризикот од развој на дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести и дебелина, според UC Davis Health. Исто така, јадењето здрав појадок ја подобрува функцијата на мозокот, особено меморијата и фокусот, тврдат експертите од Универзитетот во Калифорнија. Сега, новото истражување сугерира дека овесната каша може да придонесе за долговечност. Fox News Digital разговараше со неколку експерти за да ги разјасни тврдењата, пишува New York Post. Во една неодамнешна студија објавена во списанието Lifestyle Medicine, учествувала 105-годишна жена чија дневна рутина вклучувала јадење овесна каша. Според Севиља, семеен лекар од Охајо, потрошувачката на овесна каша може да игра важна улога во продолжувањето на животниот век. Севиља ја истакна и претходната студија од списанието „Американска медицинска асоцијација“, која откри намалување на стапката на прерана смрт кај луѓето кои редовно јаделе овесна каша. Покрај тоа, други студии покажуваат дека овесната каша помага во намалување на холестеролот и го регулира шеќерот во крвта, а со тоа го намалува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес. Овесната каша е разноврсна, достапна и прилагодлива. Додатоци како овошје, јаткасти плодови, путер од јаткасти плодови и зачини дополнително ја зголемуваат неговата хранлива вредност. Еве ги клучните здравствени придобивки: Овесната каша ја намалува апсорпцијата на холестеролот во црниот дроб и ја подобрува контролата на инсулинот, што го намалува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања. Минералите како селен и бакар во овесната каша ги зајакнуваат белите крвни зрнца кои се борат против инфекциите. Исто така, состојките на овесната каша можат да го подобрат имунолошкиот одговор и да го заштитат телото од патогени и долгорочни болести. Бета-глуканите, форма на растворливи влакна присутни во овесната каша, го забавуваат варењето, го поттикнуваат растот на добрите бактерии во цревата и ја подобруваат регулацијата на шеќерот во крвта. Овесната каша е богата со витамини и минерали како што се железо, магнезиум, фосфор, бакар, цинк и витамини од групата Б, што го прави совршен почеток на денот. Сподели...
Американски бизнисмен сака да го купи „Тик-ток“
Репортер - пред 3 дена
Американски бизнисмен сака да го купи „Тик-ток“ 24/01/2025 Американскиот бизнисмен Френк Мек корт е отворен за здружување со други купувачи во обид да ги преземе операциите во САД на кинеската „Тик-ток“, зделка што се проценува на 20 милијарди долари, со единствениот услов да има контрола над него, изјави тој за Ројтерс на маргините на Светскиот економски форум. Милијардерот одби да даде детали за неговите извори на финансирање. „Прашањето тука не е капитал. Станува збор за чекање (сопственикот) „Бајт денс“ или кинеската влада да донесат одлука за иднината на мрежата“, рече Мек курт. Неговата понуда дојде веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот потпиша извршна наредба со која се одложува спроведувањето на забраната за популарната апликација за кратко видео во кинеска сопственост за 75 дена. Трамп, исто така, оваа недела рече дека „би сакал Соединетите држави да имаат 50 отсто сопственички удел во заедничко вложување“ во „Тик-ток“. Лобирачката група на Мек курт, „Проџект Либерти“, поднесе понуда за купување на „Тик-ток“ на почетокот на јануари, со планови да им се овозможи на корисниците да изберат како ќе се користат и споделуваат нивните податоци. „Тик-ток“ поднесе тужба за блокирање на забраната за неговото работење во САД, но Врховниот суд на САД ја потврди со одлука минатата недела. Можноста за стекнување сопственост на една од најпознатите светски платформи за споделување видео, или барем нејзината публика во САД, привлече долга листа на луѓе и правни лица од светот на финансиите, технологијата и забавата. Многумина во орбитата на Трамп или со блиски врски со американскиот претседател беа заинтересирани за „Тик-ток“ откако забраната од САД стана можност под администрацијата на претседателот Џо Бајден. Поранешниот министер за финансии Стивен Мнучин во март изјави дека формира конзорциум од инвеститори за купување на „Тик-ток“. Текстот Американски бизнисмен сака да го купи „Тик-ток“ е превземен од МАКФАКС. Сподели...
Секогаш совршено стилизирана: кралицата Летиција во парче кое веднаш ќе го побарате
Репортер - пред 3 дена
Секогаш совршено стилизирана: кралицата Летиција во парче кое веднаш ќе го побарате 24/01/2025 Кралската двојка редовно привлекува внимание со својот моден избор, а убавата кралица ниту овој пат не разочара со комбинација за деловна можност. Кралицата Летиција е совршено облечена за секоја пригода и од ден на ден сугерира дека едноставниот, ненаметлив, удобен, а сепак модерен е најдобриот стајлинг во кој ќе се чувствувате самоуверено и ќе привлечете внимание, а дека „кичот“ и претерувањето во модата не се секогаш добра идеја. Во последните месеци бевме сведоци на можеби најдобрите модни изрази на кралицата Летиција, без разлика дали се работи за деловна или лежерна верзија. За една деловна пригода во Мадрид, таа избра црно-розова комбинација која ги спои модерното и традиционалното. И за оваа пригода, кралицата одлично го координираше својот аутфит со кралот Филип. Црните панталони и црната кошула ги освежила со пастелно розов блејзер, кој можете да го најдете во популарните хај-стрит продавници, а овој модел одлично ја истакна нејзината витка фигура. Кралицата секогаш избира удобни чевли, а овој пат не носеше рамни чевли, туку црни со потпетици – чевли кои секоја дама треба да ги има во својот гардеробер. Таа го заокружи елегантно-лежерниот стајлинг со природна шминка која го истакнува нејзиното убаво лице, а нејзината пуштена, малку завиткана коса одлично се вклопи во оваа модна приказна. Сподели...
Реакции на ѕвездите номинирани за Оскар: „Не можам да престанам да плачам“
Репортер - пред 3 дена
Реакции на ѕвездите номинирани за Оскар: „Не можам да престанам да плачам“ 24/01/2025 Академијата за филмски уметности и науки вчера ги објави номинациите за овогодинешните Оскари. Дел од ѕвездите излегоа во јавноста со изјава по номинациите. Аријана Гранде, која беше номинирана во категоријата за најдобра споредна женска улога во филмот „Злобница“, објави емотивна објава на Инстаграм. „Не можам да престанам да плачам, што не е изненадување. Понизна сум и длабоко почестена што сум во толку брилијантно друштво“, рече таа, потсетувајќи се на своето детство кога ја гледаше Џуди Гарланд како пее Somewhere Over the Rainbow. Таа рече дека е горда на себе и се заблагодари на Академијата за признанието. View this post on Instagram A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) Таа му се заблагодари и на режисерот Џон Чу што ѝ ја доделил улогата. „Ти си неверојатен лидер, човек и пријател. Јас сум горда на моето прекрасно зло семејство“, додаде. Зои Салдања е номинирана за најдобра споредна женска улога за нејзината улога во филмот Емилија Перез. View this post on Instagram A post shared by Zoe Saldaña (@zoesaldana) „Мислам дека не можам да ја изразам доволно благодарноста и радоста што ги чувствувам за признанието што го доби Емилија Перез. Да се биде дел од прекрасното семејство што го создаде Жак беше сон“, рече Зои. Деми Мур кусо се заблагодари на Академијата за номинацијата за најдобра женска улога и му додели признание на режисерот на „Супстанција“. View this post on Instagram A post shared by Demi Moore (@demimoore) Карла Софија Гаскон, ѕвездата на филмот Емилија Перез, влезе во историјата на филмската индустрија како првата трансродова актерка номинирана за Оскар. Таа беше кратка и се заблагодари на Академијата. Текстот Реакции на ѕвездите номинирани за Оскар: „Не можам да престанам да плачам“ е превземен од МАКФАКС. Сподели...
Синот на Одри Хепберн за фустанот на Иванка Трамп: „Очигледно е дека мајка ми ја инспирирала“
Репортер - пред 3 дена
Синот на Одри Хепберн за фустанот на Иванка Трамп: „Очигледно е дека мајка ми ја инспирирала“ 24/01/2025 Фустанот на Иванка Трамп на инаугурацијата на нејзиниот татко го привлече вниманието на светските медиуми. Се зборуваше дека е инспирирана од стилот на холивудската дива Одри Хепберн, чиј син Шон Хепберн Ферер сега проговори и ја коментираше ситуацијата. „Не е чудо што таа реши да црпи инспирација од неа. Таа ја бараше врвната елеганција и софистицираност за ваква пригода – инаугурацијата, 32-годишнината од смртта на мојата мајка, и што е најважно, Денот на Мартин Лутер Кинг, изјави Шон за Дејли Мејл. Белата куќа соопшти дека Иванка изразила големо задоволство од можноста да облече фустан сличен на оној што ја прослави Одри Хепберн. „Таа е исклучително благодарна на семејството Арно и Живанши за создавањето на ова ремек дело. „Одри Хепберн служеше како инспирација на Иванка долги години и таа го гледа ова како голема чест и привилегија“, велат тие. Ова не е прв пат Иванка Трамп да црпи инспирација за својот моден избор од стилот на холивудските икони. На свадбата на нејзината сестра Тифани, таа носеше син фустан кој изгледаше речиси идентично со фустанот на Грејс Кели во филмот „To Catch a Thief“ од 1955 година. Сподели...
(Видео) Како се менуваа технолошките милијардери со текот на годините – од слаб инженер во мускулест џетсетер
Репортер - пред 3 дена
(Видео) Како се менуваа технолошките милијардери со текот на годините – од слаб инженер во мускулест џетсетер 22/01/2025 Изгледа дека да се биде технолошки милијардер е многу повеќе од само водење компанија – сега треба да изгледате како акционен херој, да учествувате во екстремни спортови или да тренирате како да се подготвувате за борба во кафез. И тогаш ќе завршите на инаугурацијата на американскиот претседател. Џеф Безос се трансформираше од тивок гик во набилдан ќелав човек, а Марк Цукерберг денес изгледа како секој момент да почне да рапува. Дали се работи за криза во средните години или е само нов тренд кај богатите. Но, тешко е да не се забележат физичките промени кај Безос, Маск и Цукерберг низ годините… Џеф Безос Основачот на Амазон, Џеф Безос, ја започна својата кариера во финансии пред да отвори онлајн книжарница од гаража во 1994 година. Амазон денес е глобален гигант во е-трговија, а Безос е еден од најбогатите луѓе во светот. View this post on Instagram A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos) Тој се повлече од функцијата извршен директор во 2021 година, фокусирајќи се на вселенскиот сектор со Blue Origin. Во меѓувреме, неговиот приватен живот стана тема на таблоидите. По 25 години брак, Безос се разведе од Мекензи Скот во 2019 година, што резултираше со еден од најскапите разводи во историјата. Набрзо започна врска со Лорен Санчез, поранешна новинарка, со која ја споделува љубовта кон патувањата, луксузните јахти и вселенските амбиции. View this post on Instagram A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos) Тема на дискусија стана и неговиот физички изглед – од слаб инженер се трансформираше во мускулест џетсетер. Тој често е виден на гламурозни забави и авантуристички патувања, далеку од имиџот на поранешниот деловен визионер. Марк Цукерберг Марк Цукерберг, основачот на Фејсбук (сега Мета), направи револуција во начинот на кој комуницираме. Тој го основа Фејсбук во 2004 година од студентска соба на Харвард, а денес Мета води проекти кои се движат од виртуелна реалност до вештачка интелигенција. Во слободното време Цукерберг се посвети на џиу-џицу и нуркање со харпун. View this post on Instagram A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck) Цукерберг е во брак со Присила Чан 11 години, со која има три ќерки. Нивниот живот, иако поприватен од Маск и Безос, често се претставува како избалансиран и фокусиран на семејството. View this post on Instagram A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck) Двојката е ко-основач на Фондацијата Чан Цукерберг, која финансира проекти во здравството и образованието. View this post on Instagram A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck) Сепак, трансформацијата на Марк во спортски тип привлече внимание – од освојување медали на натпревари во џиу-џицу до споделување фотографии од нуркање и тренинзи. View this post on Instagram A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck) View this post on Instagram A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck) Илон Маск Илон Маск стои зад Tesla и SpaceX. Тој е познат по своите амбициозни планови за електрични возила, обновливи извори на енергија и колонизација на Марс. Неодамна стана сопственик на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер) и е близок соработник на Доналд Трамп. Личниот живот на Маск е често хаотичен и исто толку драматичен како и неговите деловни одлуки. Тој има 11 деца со три различни жени, меѓу кои пејачката Грајмс и поранешната сопруга Џастин Маск. Маск исто така ги користи своите објави на Twitter/X за јавно да разговара за се, од политика до лични расправии, со што неговиот приватен живот е неразделен од неговиот деловен бренд. Сподели...
Дневен хороскоп за четврток, 23-ти јануари 2025-та
Репортер - пред 3 дена
Дневен хороскоп за четврток, 23-ти јануари 2025-та 23/01/2025 ОВЕН Не се оптоварувајте премногу со очекувањата на другите, тие можеби нема секогаш да можат да одговорат на вашите потреби на начинот на кој вие сакате. Обидете се да ги погледнете работите од нивна гледна точка. Работата ќе ви донесе задоволство доколку вложите труд и се фокусирате на тековните задачи. БИК Денеска ќе имате можност да уживате во пријатни разговори и социјални контакти. Ако барате промена или нова насока во вашата кариера, споделете ги вашите идеи со луѓе кои можат да ви помогнат. Денот е погоден за романтични средби и зацврстување на односите со блиските луѓе. БЛИЗНАЦИ Денеска можеби ќе треба да направите избор меѓу сигурноста и задоволството од животот. Ако одлучите да преземете одмерен ризик, веројатно ќе постигнете повеќе отколку што очекувате. Вечерта најдете време да се опуштите и да споделите моменти со вашите најблиски. РАК Ќе бидете инспирирани да ја вложите вашата енергија во нешто што ви носи радост. Не пропуштајте ја шансата да одвоите време за хоби или креативна работа. Доколку се најдете во пријатно друштво, ќе се чувствувате уште подобро и ќе бидете исполнети со позитивни вибрации. ЛАВ Денеска опуштете се и дозволете си да не размислувате премногу за работата. Активностите кои ви носат задоволство ќе ви помогнат да ја вратите енергијата. Избегнувајте импулсивни финансиски одлуки, размислете добро пред да дејствувате. ДЕВИЦА Денеска ќе имате можност да постигнете успех на професионално поле. Организацијата и доброто планирање ќе бидат клучни за вашите резултати. Ако потпишувате документи или договори, внимателно проверете ги сите услови за да избегнете несакани изненадувања. ВАГА Денеска обидете се да ги балансирате соништата за иднината и решавањето на тековните прашања. Финансиските работи бараат внимание за да се постигне долгорочна стабилност. Грижете се за секојдневните задачи за да направите простор за поголеми потфати. СКОРПИЈА Денеска ќе се потпрете на вашата интуиција за да донесете правилни одлуки. Дозволете си да го следите вашиот внатрешен глас, особено кога станува збор за важни животни избори. Креативните активности ќе ви донесат задоволство и ќе ви помогнат да се опуштите на крајот од стресниот ден. СТРЕЛЕЦ Денот е погоден за помирни активности и полнење на батериите. Кратка пауза со интересна книга или прошетка во природа ќе ви помогне да ја вратите енергијата. Не вршете премногу притисок врз луѓето од вашето опкружување, довербата и разбирањето ќе бидат клучни за вашиот успех. ЈАРЕЦ Денеска ќе треба пологично и објективно да им пристапите на ситуациите со кои се соочувате. Доколку ви е тешко да најдете решение, побарајте совет од блиска личност. Денот е поволен за уметнички активности, кои ќе ја поттикнат вашата креативност. ВОДОЛИЈА Денеска можете да очекувате позитивни вести во однос на вашите финансии. Вашата упорност ќе биде наградена и ќе видите резултати од вашите напори. Времето поминато дома ќе ви донесе хармонија и мир. РИБИ Денеска ќе бидете поповлечени и расположени за размислување. Доколку се грижите за другите луѓе, ќе можете да одговорите на нивните потреби со разбирање и сочувство. Денот е погоден за осаменост и размислување за следните чекори во вашиот живот. Сподели...
(Видео) Браво бенд ја пуштија и српската верзија од новата песна
Репортер - пред 3 дена
(Видео) Браво бенд ја пуштија и српската верзија од новата песна 23/01/2025 Речиси неполна недела по промоцијата на нумерата „Те љубам“, момците од Браво бенд во етерот ја пуштија и српската верзија насловена „Да љубим“. Авторскиот тим на двете верзии е комплетно ист, односно Весна Малинова, е автор и на музиката и текстот, додека аранжманот на оваа поп-балада е со потписот на Јован Лазаревиќ – Тукс и Милан Мијаловиќ. Видеото, пак, е работено со веќе проверениот соработник на Браво бенд, Ѓорѓи Вацев, додека кадрите се снимени на локации во Битола и на Пелистер. Инаку, „Да љубим“ е веќе трета песна снимена за пазарот во соседството и доаѓа по „Катаклизма“ и „Љубав преко мреже“. Сподели...
Како Меланија Трамп ја одржува витката линија: не поднесува кромид, а смути пие секој ден
Репортер - пред 3 дена
Како Меланија Трамп ја одржува витката линија: не поднесува кромид, а смути пие секој ден 23/01/2025 Пред три дена беше инаугуриран Доналд Трамп, кој официјално стана нов/стар претседател на САД. Секако, големо внимание привлече тој и неговата поубава половина Меланија Трамп, која ги воодушеви сите со својот изглед. Претходно се зборуваше за тоа како Меланија Трамп јаде и како ја одржува витката линија, а неодамна беше откриено што има на нејзиното мени, кои намирници се задолжителни на трпезата, а кои конкретно ги избегнува. Таа обично прави смути за појадок, а признала дека тоа е нејзиното тајно оружје за нега на кожата – дневното смути. „Правам смути со спанаќ, целер, банана, јогурт, малини и омега-3 масни киселини“, вели таа во својата книга, според „Camouflage Adventures“. Таа исто така рече дека никогаш не прескокнува да консумира лимони, портокали и витамин Д. Таа исто така откри дека јаде дури седум порции овошје дневно. Сака и ананас, банани, боровинки и малини и тие се дел од нејзината исхрана. Има и јаболка и праски кои исто така навистина сака да ги јаде, особено јаболката кои и помагаат на нејзиното варење и здравјето на цревата. Нејзината препорака е да се јадат јаболка како такви, а не да се прави сок од нив. Исто така, советува да не се лупи, туку да се јаде со лушпата недопрена. Таа наоѓа начин како да ги вклучи семките од лен во исхраната, главно во смути. Јогуртот без маснотии е клучна состојка во исхраната на Меланија Трамп. За неа тоа е богат извор на протеини, а во исхраната уште повеќе преовладува грчкиот јогурт без маснотии. Користи и маслиново масло бидејќи го смета за здрав вид на маснотии и може да помогне во намалување на холестеролот, што го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Кога Меланија појадува овесна каша, се грижи да испие и чаша природен сок. Кога станува збор за зеленчукот, нејзиниот прв избор се моркови, целер и спанаќ, а интересно е што таа апсолутно не јаде кромид и артичок – затоа што не ги сака. Сподели...
Припадниците на четири знаци ја бараат љубовта на својот живот, но нема да ја најдат ниту оваа година
Репортер - пред 3 дена
Припадниците на четири знаци ја бараат љубовта на својот живот, но нема да ја најдат ниту оваа година 23/01/2025 Има ли нешто поромантично од идејата за „љубовта на животот“? Некои жени ја бараат на секој чекор и во секоја насмевка што ја добиваат. Но, и покрај нивната силна желба, ѕвездите нема да се усогласат во нивна корист оваа година. Жените од овие четири хороскопски знаци ќе продолжат со потрагата по вистинскиот, но најверојатно ќе ја завршат годината сами. Рак Раковите се сонувачи на Зодијакот кои сонуваат за љубов од бајките, но токму овој идеализам често им стои на патот. Жените Ракови го сакаат вистинскиот кој ќе го разбере секое нивно чувство и ќе ги гледа како највредниот скапоцен камен на светот. Проблем? Понекогаш бараат совршенство кое едноставно не постои. Оваа година, Раковите може да ја преанализира секоја потенцијална средба и да одбие некој што би можел да биде „доволно добар“ – затоа што, зошто да се задоволиме со помалку од идеално? Ѕвездите ги советуваат барем малку да ги намалат стандардите, но дали ќе ги слушаат? Веројатно не. Девица Жените Девици бараат партнер кој мора да исполни цела листа на барања, без да направи ниту една грешка. Нивната потреба за совршенство често ги спречува да ја гледаат убавината во несовршеностите, а потенцијалните партнери брзо се заморуваат од нивните „добронамерни“ критики. Оваа година Девиците ќе продолжат да бараат некој кој одговара на сите нивни критериуми, но ѕвездите предупредуваат: можеби треба да престанете да го преиспитувате секој збор на состанок и само да уживате во моментот. Дали ќе го направи тоа? Тешко. Риби Рибите се ненадминати романтичари кои повеќе ја сакаат идејата за љубов отколку вистинските луѓе. Нивните срца постојано се полни со соништа за совршениот партнер, но кога реалноста ќе се покаже дека е малку помалку како бајковита, Рибите се повлекуваат во нивниот свет на имагинација. Оваа година Рибите ќе продолжат да сонуваат за нивниот принц на бел коњ, но ѕвездите велат дека ќе им биде тешко да ја препознаат вистинската љубов кога ќе се појави. Нивната склоност кон драматизирање може дополнително да ја искомплицира ситуацијата, па така годината ќе заврши со повеќе солзи отколку со бакнежи. Близнаци Близнаците сакаат да бидат заљубени, но нивната желба за слобода и постојана промена често ги саботира нивните шанси за вистинска љубов. Додека бараат партнер кој ќе ги стимулира интелектуално и емотивно, тие постојано се прашуваат: „Дали навистина е ова?“ Ѕвездите предвидуваат дека Близнаците ќе имаат неколку интересни средби оваа година, но нивната неодлучна природа и желбата „да ја остават вратата отворена“ најверојатно ќе ги спречи вистински да се посветат на некого. Љубовта на животот? Можеби следната година. Сподели...
Хари проговори по спогодбата со британските таблоиди: Тие признаа дека направиле незаконски дејствија
Репортер - пред 3 дена
Хари проговори по спогодбата со британските таблоиди: Тие признаа дека направиле незаконски дејствија 23/01/2025 Британскиот војвода од Сасекс, Хари, во средата извојува победа над британската група весници на Руперт Мардок, откако издавачот го реши судскиот спор со неговиот адвокат, првпат признавајќи дека е одговорен за незаконските дејствија на својот таблоид „Сан“ и вети дека ќе плати значителни штети. Хари (40), помладиот син на кралот Чарлс III, ја тужеше News Group Newspapers (NGN), издавачот на The Sun и сега веќе непостоечката News of the World, пред Високиот суд во Лондон, тврдејќи дека весникот незаконски добивал приватни информации за него помеѓу 1996 до 2011 година. NGN призна и дека упаднал во приватниот живот на неговата покојна мајка, принцезата Дијана. Адвокатот на Хари, Дејвид Шерборн, рече дека издавачот се согласил да му плати на Хари значителна отштета, а извор запознаен со случајот и спогодбата рече дека станува збор за сума од осум цифри. „Со денешната монументална победа, News UK призна дека The Sun, предводникот на британската медиумска империја на Руперт Мардок, навистина бил вклучен во незаконски активности“, изјави Хари на новинарите по пресудата. „Денес се разоткриени лаги. Денеска се разоткриени прикривања. Дополнително, денешниот ден е доказ дека никој не е над законот и дека дојде време некој да одговара“, се вели во соопштението прочитано пред Високиот суд од страна на адвокатот на Хари. „NGN му понуди целосно и недвосмислено извинување на војводата од Сасекс за сериозното мешање на „Сан“ во неговиот приватен живот помеѓу 1996 и 2011 година, вклучително и инциденти како што се нелегални активности на приватни истражители ангажирани од „Сан“. Сподели...
Стинг ги откажа настапите поради здравствени проблеми: „Искрено ми е жал“
Репортер - пред 3 дена
Стинг ги откажа настапите поради здравствени проблеми: „Искрено ми е жал“ 23/01/2025 Музичарот Стинг одложи два свои концерти и го откажа претстојното појавување на наградите на списанието Bass поради нарушено здравје, пренесува Дејли Мејл. 73-годишниот пејач на доделувањето на наградите требаше да добие награда за животно дело, но на крајот нема да учествува. Поранешниот фронтмен на Police, исто така, ги одложи своите американски шоуа во Феникс, Аризона и Витленд, Калифорнија, кои беа одложени до крајот на месецот, додека тој закрепнува. Не се наведува за каков здравствен проблем се работи. Портпаролот на Стинг во објава на социјалните мрежи потврди дека обожавателите можат да ги задржат своите оригинални билети, кои ќе важат за новите датуми на концертот. „По совет на неговиот лекар, поради болест, со длабоко жалење Стинг мора да го откаже своето појавување на наградите на магазинот „Бас“ овој четврток и да ги одложи концертите. Старите билети ќе бидат валидни за новите датуми. Стинг искрено се извинува за секоја непријатност и им благодарам на неговите фанови за разбирањето“, изјави портпаролот на пејачот. Сподели...
(Видео) Фустанот на Иванка Трамп за инаугурација беше инспириран од стилот на холивудските диви од 1950-тите
Репортер - пред 3 дена
(Видео) Фустанот на Иванка Трамп за инаугурација беше инспириран од стилот на холивудските диви од 1950-тите 23/01/2025 Откако Доналд Трамп повторно ја презеде функцијата претседател на САД, тој и неговото семејство присуствуваа на бал заедно со потпретседателот Џеј Ди Венс и неговата сопруга Уша. За специјалната пригода дамите избраа елегантни свечени фустани, а вниманието го привлече Иванка Трамп, ќерката на Трамп во бел фустан без прерамки. @paullee3012 the Commander in Chief Inaugural Ball! Donald Trump Junior – Ivanka TRUMP – Eric TRUMP – Tiffany TRUMP Inauguration day 🇺🇸 #TRUMP #inauguration #ivankatrump ♬ original sound – WorldWideHistory🌎 Според Вог, фустанот на Иванка од Живанши бил инспириран од креација што ја носела Одри Хепберн во филмот „Сабрина“ од 1954 година, во кој таа глуми заедно со Хемфри Богарт. Сепак, Иванка стави свој печат на оваа комбинација со неколку детали кои се разликуваат од оригиналната верзија на Хепберн. Имено, наместо белите ракавици кои ги носеше Хепберн, Иванка избра црни, а со фустанот искомбинираше и накит. Ова не е прв пат Иванка Трамп да црпи инспирација за својот моден избор од стилот на холивудските икони. На свадбата на нејзината сестра Тифани, таа носеше син фустан кој изгледаше речиси идентично со фустанот на Грејс Кели во филмот „To Catch a Thief“ од 1955 година. Сподели...
Дали вашиот Инстаграм автоматски почна да го следи Трамп: објаснувањето е едноставно
Репортер - пред 3 дена
Дали вашиот Инстаграм автоматски почна да го следи Трамп: објаснувањето е едноставно 23/01/2025 По инаугурацијата на Доналд Трамп, многу корисници на социјалните мрежи останаа збунети околу една работа. Забележале дека ги следат профилите на Инстаграм на новиот претседател и потпретседател, иако, тврдат, никогаш не ги посетиле тие профили. Без разлика, велат, објавите на Доналд Трамп и Џеј Ди Венс се појавува во нивните feed-ови. Некои корисници дури изјавија дека ги отпратиле овие сметки повеќе пати, но дека Инстаграм автоматски ги додава назад. Овој феномен поттикна бројни теории, но вистинското објаснување е многу помалку возбудливо. Мета рече дека правилата на социјалните мрежи се менуваат кога новиот претседател ќе пристигне во Белата куќа. Овие правила важат не само за претседателот, туку и за сметките на првата дама и потпретседателот. Мета вели дека кога Белата куќа ќе ја смени власта, официјалните сметки на социјалните мрежи се префрлаат на новата администрација. На пример, на 20 јануари, кога Трамп ја презеде функцијата, официјалните сметки на Инстаграм и Фејсбук на сега веќе поранешниот претседател Џо Бајден беа архивирани. Инстаграм профилот на Бајден сега е под корисничкото име @potus46archive, додека официјалната сметка на Трамп сега е @potus. Следбениците на сметката на Бајден автоматски беа префрлени на сметката на Трамп, што е стандардна практика на социјалните мрежи. Тие додаваат дека архивираните сметки се задржуваат кај постојните следбеници, но дека содржината се брише. View this post on Instagram A post shared by The White House (@whitehouse) Доколку корисниците на Инстаграм не сакаат да ги следат Трамп или Венс, процесот е ист како и за сите други сметки. Едноставно кликнете на трите точки на профилот и изберете ја опцијата „unfollow“ или „block“. Иако автоматското следење може да изгледа наметливо, тоа е дел од стандардниот процес кој обезбедува континуитет на комуникација помеѓу Белата куќа и јавноста. За оние кои не го сакаат, опцијата за исклучување е секогаш при рака. Сподели...
Познатата актерка за проблемите со зачнувањето: Поминаа месеци, ништо не се случи
Репортер - пред 3 дена
Познатата актерка за проблемите со зачнувањето: Поминаа месеци, ништо не се случи 23/01/2025 Британската актерка Наоми Вотс (56) ја напиша книгата Dare I Say It: Everything I Wish I’d Known About Menopauuse. Во неа таа зборуваше за проблемите со кои се соочила додека се обидувала да забремени со поранешниот сопруг Лиев Шрајбер (57). „Го поминав целиот мој возрасен живот обидувајќи се да избегнам бременост, па кога се почувствував подготвена на 36-годишна возраст, претпоставив дека ќе забременам при првиот обид – можеби втор или најмногу трет. Поминаа месеци и ништо не се случи. Потрошив толку многу пари, дури и куќата би ја ставила под хипотека само за да го решам овој проблем. Дури и ме скенираа за да видат како се формираат фоликули и јајце клетки… ништо“, опишала Наоми, според Hello!. View this post on Instagram A post shared by Naomi Watts (@naomiwatts) „Поради моите хормони, не бев кандидат за ин витро оплодување, но пробав лекови за плодност и процедури како интраутерина инсеминација. Ќе ги изедев ноктите на моето куче ако некој ми кажеше дека тоа ќе ми помогне“, додаде таа. Но, среќата на крајот ѝ се насмевна и таа успеа да забремени додека го снимаше Eastern Promises. И покрај тоа што претрпе спонтан абортус во минатото, таа одлучи да продолжи со снимањето, кое вклучуваше акробации. „Тоа беше уште еден пример за тоа како ние, како жени, често правиме ризични работи за да станеме тимски играчи“, истакна таа. View this post on Instagram A post shared by Naomi Watts (@naomiwatts) Наоми беше во брак со Лиев Шрајбер од 2005 до 2016 година. Тие се разделија во добри односи и денес заедно ги одгледуваат двете деца, синот Саша (17) и ќерката Каи (16). Една година по разводот, актерката го запознала Били Крудуп на сетот на серијата Gypsy, со кој се омажи во 2023 година. Сподели...
Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици на зодијакот
Репортер - пред 3 дена
Четири хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите хипохондрици на зодијакот 23/01/2025 Здравјето е важно за секого, но има хороскопски знаци кои го сфаќаат малку посериозно отколку што е потребно. За нив и најмала промена на телото е причина за темелно пребарување на интернет и итна посета на лекар. Тие знаат сè за симптомите кои дури и лекарите не можат да ги препознаат и се опседнати со одржување на совршено здравје, дури и кога ништо не е во ред со нив. Девица Девицата е вистинскиот хипохондрик на зодијакот. Таа е перфекционист во сè, вклучувајќи го и здравјето. Девицата не може да поднесе неизвесност кога е во прашање сопственото тело. Ако почувствува и најмал убод, веќе е на телефон и закажува состанок. Девицата ги знае сите медицински термини, има организирано досие со нивните медицински наоди, а често има и мини аптека дома. Овој знак сака да има контрола над се, а здравјето е област каде што не поднесува непредвидливост. Нивните умови неуморно го анализираат секој симптом, често создавајќи проблем таму каде што го нема. Ако познавате Девица, знајте дека тие ќе се смират со конкретни информации. Наместо „Сигурен сум дека се е во ред“, кажете: „Проверив и ништо не укажува на сериозен проблем“. Рак Раковите се многу емотивни и поврзани со своето семејство, па нивната хипохондрија често доаѓа од страв за сопствената безбедност и безбедноста на нивните најблиски. Ракот не бара само симптоми во себе, туку и кај членовите на семејството, бидејќи е незамисливо да пропуштат нешто. Нивната грижа за здравјето оди рака под рака со нивната потреба да ги заштитат сите околу нив. Чувствителната природа и склоноста на Ракот да се грижи ги прави склони кон претерување кога станува збор за здравјето. Не им е доволно да слушнат дека се е во ред, им треба доказ. Ако Ракот е во паника поради неговото здравје, пружете му емотивна поддршка и бидете подготвени за долги разговори за се што го мачи. Риби Рибите се знакот со најбогата имагинација, што ги прави исклучително склони кон хипохондрија. Една главоболка за Рибите е потенцијален знак за сериозен проблем. Нивната интуиција постојано им шепоти дека нешто не е во ред, а честопати и лекарскиот преглед не им е доволен. Нивната чувствителност и склоност да ги замислуваат најлошите можни сценарија често ги вовлекува во вител од непотребни грижи. Рибите едноставно не можат да ја игнорира ниту најмалата промена во нивното тело. Уверете ги Рибите нежно и смирено, со емпатија. Не обидувајте се да ги убедите со сурови факти, бидејќи тоа може да им го зголеми стресот. Близнаци Близнаците не се типични хипохондрици во смисла на паника, но нивниот немирен ум ги тера да анализираат се што ќе прочитаат за здравјето и веднаш да го поврзат со сопствените симптоми. Тие се истражувачи на Зодијакот и секогаш се во тек со најновите медицински откритија. Проблем? Нивната склоност да бараат информации лесно може да ги убеди дека го имаат сето тоа. Нивната потреба за информации ги тера да станат опседнати со здравјето. Наместо да се смират по читањето, тие често заклучуваат дека треба да истражуваат уште подлабоко и на тој начин влегуваат во бескраен циклус на грижи. Помогнете му на Близнаците да филтрираат информации и избегнувајте несигурни извори. Ќе се смират ако им докажете дека нема причина за грижа. Сподели...
(Видео) Ретка снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална
Репортер - пред 3 дена
(Видео) Ретка снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална 23/01/2025 Меланија Трамп повторно стана прва дама на САД. По инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, ретко видео на кое Меланија зборува словенечки стана вирално на „Тик ток“. Водителот ја праша дали мисли дека за успехот е потребна среќа, на што Меланија одговорила: „Мислам дека е така, среќата е да се биде на вистинското место во вистинско време“. Melania Trump speaking Slovenian pic.twitter.com/vmiPrTm05Z — FLOTUS Report (@MELANIAJTRUMP) January 22, 2025 Во коментарите беше откриено дека ова интервју е од 2000 година, а објавено е во словенечки документарец во 2022 година. Под видеото се појавија мноштво коментари, особено од луѓе од Балканот. Сподели...
Цукерберг стави лајк на фотографија од свршеницата на Безос: кога луѓето почнаа да ја споделуваат информацијата, го отстрани
Репортер - пред 3 дена
Цукерберг стави лајк на фотографија од свршеницата на Безос: кога луѓето почнаа да ја споделуваат информацијата, го отстрани 23/01/2025 По инаугурацијата, Лорен Санчез, свршеницата на Џеф Безос, присуствуваше на Starlight Ball, еден од трите главни настани по инаугурацијата, облечена во фустан од Долче и Габана. Таа подоцна сподели неколку фотографии од настанот. Иако нејзината објава брзо собра илјадници лајкови и коментари, вниманието го привлече токму името на Марк Цукерберг, кое се појави меѓу лајковите. View this post on Instagram A post shared by Lauren Sanchez (@laurenwsanchez) Скриншотот од неговиот лајк на фотографијата на Лорен се прошири на социјалните мрежи. „Цук, не лајковите се јавни на Инстаграм“, гласи еден коментар. Меѓутоа, откако се дозна за неговиот лајк, Марк го отстрани бидејќи веќе го нема под фотографијата. ZUUUUCKKK NOOOOO LIKES ARE PUBLIC ON INSTAGRAMMMM pic.twitter.com/X5h4bNKtay — Daniel (@growing_daniel) January 21, 2025 На инаугурацијата на Доналд Трамп имаше многу забавни моменти. Цукерберг и неговата сопруга седеа покрај Џеф Безос и Лорен Санчез. Лорен носеше бел костим со длабоко деколте. eyes up zuck ❤️ pic.twitter.com/OXHcdL9aVx — ce n'est pas erica (@sourhoestarter) January 20, 2025 Во еден момент погледот на Цукерберг залута кон нејзиното деколте, а тоа буквално сите го забележаа. Сподели...
Дејвид Швимер фотографиран на романтична вечера со 29 години помлада студентка
Репортер - пред 3 дена
Дејвид Швимер фотографиран на романтична вечера со 29 години помлада студентка 23/01/2025 Дејвид Швимер (58), познат по улогата во серијата „Пријатели“, наводно започнал нова романса со помлада девојка. Актерот е виден пред ексклузивниот ресторан Спаго во Беверли Хилс во неделата вечерта, пренесува Дејли Мејл. Во негово друштво била млада жена. Според информациите на Дејли Мејл, станува збор за 29-годишната студентка по медицина на UCLA и еврејска активистка Елиана Јолковски, која има делумно корејско потекло, според нејзиниот профил на Инстаграм. По вечерата, парот заедно го напуштил ресторанот и влегле во такси. Сподели...