Биткоинот за првпат го надмина прагот од 95.000 долари
Весник - ново
Криптовалутата со најголема пазарна капитализација го премина тој праг околу 01:24 часот по Гринич, поставувајќи ново рекордно високо ниво од 95.004,50 долари пред да се тргува за 94.907 долари малку подоцна. По победата на Доналд Трамп на 5 ноември, вредноста на биткоинот се зголеми за околу 35 проценти. Откако го надмина својот рекорд од март, на 10 ноември, дигиталната валута ја зголеми вредноста над 80.000 долари, а на 13 ноември надмина 90.000 долари.Како изгледа кога ќе те проголта ајкула? (ВИДЕО)Момче се удави додека ја проси девојката, не успеал да исплива откако му кажала „да“ (ВИДЕО)...
Меркел се обидела да ја забави кандидатурата на Украина за НАТО
Весник - пред 25 минути
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел се обидела да го забави притисокот на Украина за брзо членство во НАТО за време на нејзиниот мандат, наведувајќи ја загриженоста за потенцијалната руска воена одмазда, според извадок од нејзините мемоари објавен од весникот Ди Цајт. Мемоарите, насловени „Слобода. Спомени 1954 – 2021 година“, треба да бидат објавени следната недела во вторник. Во книгата, поранешната лидерка на германската конзервативна Христијанско-демократска унија размислува за клучниот самит на НАТО во Букурешт во 2008 година, на кој се разговараше за кандидатурите на Украина и Грузија за НАТО. Меркел ја признава силната желба на земјите од Централна и Источна Европа брзо да се приклучат на НАТО, но објаснува дека верува дека додавањето нови членки треба да ја подобри безбедноста не само за тие земји, туку и за НАТО како целина. Меркел во книгата изразува особена загриженост за врските на Украина со Русија, особено за присуството на руската црноморска флота со седиште на украинскиот полуостров Крим, кој Русија подоцна незаконски го анектираше во 2014 година. Таа пишува дека ниту еден претходен кандидат за НАТО не се соочил со таква ситуација и дека сложените воени преплетувања можеле да претставуваат ризик за алијансата. Во тоа време, таа исто така истакна дека само малцинство од украинското население го поддржува членството во НАТО. Пристапот на Меркел кон Украина се уште се соочува со критики во Киев. Меркел зборува и за компромисот што на крајот беше постигнат, но по значителна цена. Поранешната канцеларка пишува дека неуспехот да им се понуди на Украина и Грузија јасен акционен план за членство беше назадување за нивните аспирации, додека поширокото ветување на НАТО за идно членство на двете земји претставуваше директен предизвик за руските интереси, што таа го сметаше за провокација за рускиот претседател Владимир Путин. Книгата ќе биде објавена во над 30 земји, соопшти издавачот. Меркел беше на чело на најголемата европска економија 16 години помеѓу 2005 и 2021 година. Таа беше и првата жена канцеларка во Германија.Американската Амбасада во Киев повторно отворенаСудот им го продолжи притворот на четворицата терористи, кои направија масакр во Москва (ФОТО)...
Српската опозиција трет ден по ред ја блокира зградата на судот и обвинителството во Нови Сад
Весник - пред 25 минути
Полицискиот кордон повторно е поставен пред зградата на судот, и е двојно поброен од вчера. Полицијата е во полна опрема за разбивање демонстрации. И во внатрешноста на зградата видливи се полициски сили. Опозициските политичари направија човечки синџир пред кордонот и се држат за рака. Тие го поставија и знамето на Србија. Дел од вработените во судот и обвинителството денеска дошле порано на работа, за да се обидат да ја избегнат блокадата на зградата. По 27 дена, АЛИЈА БАЛИЈА Е УАПСЕН НА СПИЕЊЕ, ВО ПРИЈЕПОЉЕ: „Кој сте вие, што сакате од мене“УАПСЕНИ 11 ЛИЦА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД (ДЕТАЛИ)...
На синот на норвешката принцеза му е одреден еднонеделен истражен притвор
Весник - пред 38 минути
Во понеделникот полицијата го уапси Хојби (27), кој е син на норвешката принцеза и посинок на престолонаследникот Хакон, под сомнение дека имал сексуални односи „со некој кој бил без свест или поради други причини не можел да се спротивстави на тој чин“. Адвокатот на Хојби, Ејвинд Братлиен, рече дека неговиот клиент е невин и дека се противи на превентивниот притвор. Судот одлучи рочиштето да се одржи зад затворени врати. По тој повод се огласи и престолонаследникот Хакон кој рече дека случајот ги погодил сите во семејството. „Ова се сериозни обвиненија со кои сега се соочува Мариус, и секако мислиме на сите оние кои се повредени“, изјави Хакон за норвешката јавна телевизија НРК додека беше во официјална посета на Јамајка. Полициската истрага се уште е во тек, а датум за судење не е одреден. Полицијата соопшти дека Хојби се соочува и со обвинувања за насилство врз други жени и употреба на дрога. На 4 август тој е осомничен за физички напад врз жена со која бил во врска. Во подоцнежната изјава за медиумите, Хојби призна дека и нанел телесна повреда додека бил под дејство на кокаин и алкохол и дека и го оштетил станот. Хојби нема кралска титула и не е во линијата на кралското наследство. Американската Амбасада во Киев повторно отворенаСудот им го продолжи притворот на четворицата терористи, кои направија масакр во Москва (ФОТО)...
Хил: Србија јасно се врти кон Запад
Весник - пред 38 минути
Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил,синоќа како гостин на телевизијата Њузмакс Балканс оцени дека „Србија очигледно се врти кон Запад“ и дека „сака да верува дека САД и Србија добро се разбираат“, дека тие работат заедно на прашања „не само меѓу двете земји, туку и со другите земји“. Хил рече дека е исклучително важен и фактот што Србија ја поддржува Украина во борбата против руската инвазија и дека тоа „многу ја разјасни ситуацијата во последните години“. „Мислам дека Србија е на вистинскиот пат и ние секако ги споделуваме и поддржуваме аспирациите на Србија за членство во Европската унија“, рече Хил, кој на амбасадорската позиција беше назначен од администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден. Прашан за можна промена на американската политика кон Србија, со оглед на промената на власта, Хил рече дека изборите во САД се одржуваат на секои четири години и дека Америка „често ги менува“ владите, но дека Србија и САД, според неговото верување, имаат „некои заеднички интереси кои не се менуваат со администрацијата“. „Мислам дека ги насочивме американско-српските односи во многу позитивна насока и очекувам тие да станат уште подобри“, рече Хил. По 27 дена, АЛИЈА БАЛИЈА Е УАПСЕН НА СПИЕЊЕ, ВО ПРИЈЕПОЉЕ: „Кој сте вие, што сакате од мене“УАПСЕНИ 11 ЛИЦА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД (ДЕТАЛИ)...
Касаноф: Очекувам континуитет на американската политика кон Западен Балкан
Весник - пред 38 минути
„Би сакал да нагласам дека постои силен континуитет во нашата политика кон Балканот во последните 30 години. Очекувам дека овој континуитет, околу основните цели што ги имаме за овој регион, ќе продолжи“, рече Касаноф во интервју за Хина . Тој изјави дека САД се загрижени за влијанието на Русија врз целиот регион и дека поради тоа соработуваат со земјите од Западен Балкан за да се спречат дезинформациите. Американскиот функционер нагласи дека Вашингтон во моментов гледа „реална можност“ за значителен напредок на земјите од Западен Балкан на патот кон евроатлантските интеграции. Во таа насока, тој го истакна планот за раст од шест милијарди евра на ЕУ за регионот, што е условен од спроведувањето на реформите, бидејќи, како што рече, може значително да придонесе за тие земји и „нивните жители да го почувствуваат тоа“. Тој предупреди дека „тоа не е период што вечно ќе трае“ и дека сегашниот поволен момент мора да се искористи. „Целта овде е регионот да се оддалечи од наследството од војните од 1990-тите и навистина да успее да сврти страница од злата на етнонационализмот“, нагласи Касаноф. Во однос на Босна и Херцеговина, Касаноф истакна дека главната цел на САД е зајакнување на суверенитетот, територијалниот интегритет и мултинационалниот карактер на оваа земја. Вашингтон ќе ги „искористи сите достапни алатки, вклучително и санкции“ против оние кои „работат спротивно на тие цели“, отворено се залагаат за отцепување и го игнорираат Дејтонскиот договор, рече Касаноф. Тој смета дека политиката на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, е штетен за безбедноста на Босна и Херцеговина, бидејќи, како што рече, ги блокира реформите потребни за ослободување на земјата од европскиот план за раст, што пред се ќе биде од корист за луѓето таму. Касаноф, кој го замени Габриел Ескобара, чиј мандат истече на крајот на мај, не сакаше да шпекулира дали ќе остане на функцијата по 20 јануари, кога на чело на сцена стапува администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп.По 27 дена, АЛИЈА БАЛИЈА Е УАПСЕН НА СПИЕЊЕ, ВО ПРИЈЕПОЉЕ: „Кој сте вие, што сакате од мене“УАПСЕНИ 11 ЛИЦА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД (ДЕТАЛИ)...
Нема да се објавува извештајот за истрагата за кандидадот на Трамп за нов главен обвинител
Весник - пред 51 минути
Етичкиот комитет на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера одлучи, со гласовите на републиканските конгресмени, да не дозволи објавување на извештајот за истрагата на комисијата за Мет Гејц, кого новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше за функцијата главен обвинител во САД. Според изјавата на главната претставничка на Демократската партија во Етичкиот комитет, Сузан Вајлд, одлуката беше донесена по долга седница, зад затворени врати. Како што рече, ниту еден републиканец не им се придружил на демократите во барањето да се објави извештајот. Дека немало меѓупартиски договор потврди и претседателот на Комитетот, републиканецот Мајкл Гест, кој рече дека средбата траела два часа. Етичкиот комитет се состои од еднаков број републикански и демократски претставници. Гејц до неодамна беше претставник на републиканците во Претставничкиот дом и беше член на најдесничарското крило на неговата партија. Трамп го избра за државен обвинител, за да изврши чистка во Министерството за правда од оние за кои верува дека ги злоупотребиле своите овластувања за да се пресметаат со него, неговите сојузници и конзервативците. Номинацијата на Гејц ги изненади, но и ги вознемири самите републиканци и се постави прашањето дали тој може да ја помине верификацијата и во Сенатот со оглед на истрагата поврзана со неговите наводни сексуални престапи. И Гејц се впушти во мисија да ја добие довербата на републиканските сенатори, а вчера имаше средба и со нив, исто така, зад затворени врати.Американската Амбасада во Киев повторно отворенаСудот им го продолжи притворот на четворицата терористи, кои направија масакр во Москва (ФОТО)...
Сане: Арсенал или Јунајтед? Јас сум сеуште играч на Баерн Минхен
Весник - пред 51 минути
Лерој Сане секако дека во периодот кој следува ќе биде главната трансфер мета затоа што се работи за едне од најдобрите играчи во светот, а неговиот договор со Баерн Минхен допрва треба да биде продолжен. Дали ќе дојде до тоа или пак Сане ќе замине на друго место пред се во Премиер лигата останува да видиме, а тој во својата последна изјава дипломатски одговори околу неговата иднина. „Арсенал или Јунајтед? Секако дека ја следам Премиер лигата, но нема да потпишам договор со клуб уште сега во јануари. Среќен сум во Минхен, имам актуелен договор тука, во тек се и преговорите“ – рече Сане. Сане во моментов има 28 години и е во зенитот на својата кариера. Своевремено замина од Шалке во тимот на Манчетсер Сити, одигра стотина мечеви за овој клуб, па потоа се врати во Германија и потпиша за Баерн. sportmedia.mkЛаутаро се израмни со Марадона во дресот на АргентинаКосово ќе се жали до Судот во Лозана за одлуката на УЕФА...
По 27 дена, АЛИЈА БАЛИЈА Е УАПСЕН НА СПИЕЊЕ, ВО ПРИЈЕПОЉЕ: „Кој сте вие, што сакате од мене“
Весник - пред 1 час
Хил: Србија јасно се врти кон ЗападУАПСЕНИ 11 ЛИЦА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД (ДЕТАЛИ)...
Американската Амбасада во Киев повторно отворена
Весник - пред 1 час
До таквата закана дојде откако Украина во текот на претходниот ден употреби американски ракети за да нападне цели на руска територија, јавија британските медиуми. Русија го опиша американскиот ракетен напад како ескалација, а украинското воено разузнавање соопшти дека Русија се обидува да сее паника со ширење на лажни извештаи на интернет за претстојниот напад со проектили и беспилотни летала. „@USEmbassyKyiv (Амбасадата на САД во Киев) ја продолжи својата работа по привремениот прекин“, напиша американската амбасадорка во Украина Бриџит Бринк на платформата X. „Продолжуваме да ги охрабруваме американските граѓани да бидат внимателни, да ги следат официјалните украински извори за ажурирања и да бидат подготвени да се засолнат доколку биде издадена воздушна тревога“, додаде таа. Следејќи го примерот на САД вчера своите амбасади ги затворија и Италија, Шпанија и Грција, додека француската Амбасада остана отворена, но оттаму ги повикаа француските граѓани да бидат претпазливи.Нема да се објавува извештајот за истрагата за кандидадот на Трамп за нов главен обвинителСудот им го продолжи притворот на четворицата терористи, кои направија масакр во Москва (ФОТО)...
УАПСЕНИ 11 ЛИЦА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД (ДЕТАЛИ)
Весник - пред 1 час
Хил: Србија јасно се врти кон ЗападПо 27 дена, АЛИЈА БАЛИЈА Е УАПСЕН НА СПИЕЊЕ, ВО ПРИЈЕПОЉЕ: „Кој сте вие, што сакате од мене“...
Гробарите се бесни, Мијатовиќ станува дел од Фудбалскиот сојуз на Србија
Весник - пред 1 час
Наместо да почне да го врача клубот Партизан на старите патеки, и да го враќа од „мртвите“, за што и пристигна како дел од новата управа на клубот, Предраг Мијатовиќ станува подпретседател на Фудбалскиот сојуз на Србија. По само десетина дена откако се врати на ЈНА и беше најавуван како спасител на клубот, Мијатовиќ направи потег поради кој навивачите на Партизан се бесни. Тој влегува во структурите на Федерацијата, онаа која според навивачите на Партизан е една од највиновните што клубот е во очајна состојба. Мијатовиќ најави вакво нешто со своите изјави пред неколку дена во кои јавно го одбрани претседателот на Србија, Александар Вучиќ инаку докажан навивач на Црвена Звезда, а еве сега излегува на виделина и причината зошто е тоа така. „Гробарите“ се бесни, шокирани од ваквиот развој на настаните, а на социјалните мрежи прават се за да го искажат своето незадоволство. „Или си Видиќ или си Мијатовиќ, трето нема“… гласи еден од коментарите алудирајќи секако на Немања Видиќ, фудбалската икона на Србија кој што јавно е против сегашната номенклатура во Сојузот на Србија. Ќе видиме како Мијатовиќ ќе биде дочекан на следниот домашен меч на Партизан. sportmedia.mkЛаутаро се израмни со Марадона во дресот на АргентинаКосово ќе се жали до Судот во Лозана за одлуката на УЕФА...
Од оваа положба на спиење секогаш ќе ве боли грбот
Весник - пред 2 часа
Ако наутро се будите со болки во грбот, променете ја положбата во која спиете. Постојаната болка во грбот кога ќе се разбудите може да се должи на вашата положба на спиење. Обично луѓето кои седат многу додека работат и не се движат, доживуваат болки во грбот. Но, сте се запрашале ли дали и нешто друго може да биде причина за тоа? Всушност, утринската вкочанетост може да биде резултат на положбата на спиење која го напрега 'рбетот. Без разлика дали сакате да се склопчите или да се раширите како ѕвезда во креветот, одредени стилови на спиење може да направат да се чувствувате ненаспано. За среќа, постои лесно решение на вашиот ‘рбет да му го дадете потребниот одмор. Тајната за мирна ноќ без болки во грбот може да биде во неколку добро поставени перници. Една корисничка на Тикток по име Стејс, ги сподели своите совети за удобен сон, кои овозможуваат вратот, рамената и долниот дел на грбот да се одморат од напрегање. Тоа е едноставен трик – потребни се само три перници на вистинските места, пренесува Експрес. - Денеска научив еден одличен трик за правилно спиење, а имам 32 години. Дури денес научив како спиењето може оптимално да допринесе за моето држење и грбот. Ќе ви покажам, и ве молам, известете ме ако не сум единствената што не го знаела ова - вели таа. Ако се борите со болки во долниот дел на грбот, оваа корисничка на Токток сподели необичен, но важен совет за спиење што може да биде спас. Стејс, која често споделува совети на оваа социјална мрежа, ја открива својата стратегија со три перници за добар ноќен сон без болки. Таа предлага да користите една перница под главата како вообичаено, а потоа да прегрнете уште една преклопена перница за да спречите преголемо свиткување на рамената нанапред доколку спиете бочно. Но, она што ја менува играта е третата перница, која треба да биде ставена помеѓу колената за да го држи ‘рбетот исправен и да го спречи прекумерното грбавење додека дремете. Стејс признава дека оваа поставка за спиење е „навистина удобна“, но изгледа малку смешно, па на Тикток ги прашува своите придружници кој спие вака. Нејзините следбеници се огласија, сугерирајќи дека потпорната перница - позната и како перница за бременост - може да биде поедноставно решение. Таа долга, цилиндрична перница истовремено ги поддржува главата, рамената и колената, и е особено погодна за трудниците со цел да избегнат превртување на стомак додека спијат. - Ова помага да се намали оптоварувањето на долниот дел на грбот и колковите, подобрувајќи го целокупното здравје на 'рбетот. Ако спиете на страна, ставањето потпора помеѓу нозете може да помогне да ги одржите правилно порамнети 'рбетот, колковите и колената, обезбедувајќи удобност и поддршка во текот на ноќта, велат истражувачите, а пишува Mirror.Како изгледа кога ќе те проголта ајкула? (ВИДЕО)Момче се удави додека ја проси девојката, не успеал да исплива откако му кажала „да“ (ВИДЕО)...
Како изгледа кога ќе те проголта ајкула? (ВИДЕО)
Весник - пред 9 часа
Така, добивме шанса да го видиме морскиот предатор од сосема поинаков агол. Необичната снимка се појави на мрежите, а гледачите забележаа дека сега знаеме како изгледа „кога ајкула ќе те проголта“. И навистина, додека камерата лебди во нејзиното црево, ги гледаме сенишните набори на дигестивниот тракт, внатрешноста на жабрите и ѕидовите на фаринксот. Секако, камерата не била по вкусот на тигрестата ајкула, па набрзо ја исплукала и продолжила да плива. Сопственикот на уредот, Дејв Финч, бил изненаден од тоа како останува во движење и снимил неверојатна снимка од цревата на Џитербаг. Во кадарот има и смртоносни непца, кои се поправи, во споредба со другите видови. Патем, тигарските ајкули имаат примарни и секундарни заби, поради што полесно се препознаваат. View this post on Instagram A post shared by Ken Kiefer (@ken_kiefer_underwater) Инаку, Дејв Финч бил во вода со фотографот од Тексас, Кен Кифер, кој на својата страница на Инстаграм објавил фотографии и видео од Бахамите, пишува Daily Mail. Потсетуваме, слична ситуација се случи на почетокот на март кога тигреста ајкула се обиде да стигне до нуркач и ја проголта камерата. Повеќето гледачи останаа шокирани од сцената, а некои поединци имаа поинаков впечаток. Shark swallows diver's camera, captures video inside its body pic.twitter.com/Hprq2cwyog — Nature is Amazing ☘️ (@AMAZlNGNATURE) March 29, 2024 „Изгледа дека е многу пријатно внатре“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Изгледа како густа зимска јакна, одлично“.Италијанец со голи раце ѝ го искорнал срцето на мајка си и го фрлил на улица: Беше вампиркаМомче се удави додека ја проси девојката, не успеал да исплива откако му кажала „да“ (ВИДЕО)...
Италијанец со голи раце ѝ го искорнал срцето на мајка си и го фрлил на улица: Беше вампирка
Весник - пред 9 часа
Страшното злосторство се случило на 13 ноември, објави Ла Република. „Таа беше вампирка“, им рекол мажот на истражителите, признавајќи ѝ на обвинителката Колела дека сѐ започнало кога еден ден дошол во дворот на неговата мајка. Таму ја удрил неколку пати, а во нападот употребил два ножа со кои ја прободел. Потоа ѝ го извадил срцето од градите, што подоцна било потврдено со обдукција. Имено, жената имала видлива рана од нож на градите и немала срце, што ги потврдило наводите на синот дека ја убил мајка си. Според она што го кажал обвинетиот, мајката одбила да го прими во куќата. Имале несогласувања и околу управувањето со домаќинството, кое инаку било наследство на мајката и двата сина. Меѓутоа, за време на сослушувањето Салваторе имал и некои чудни изјави како на пример дека ја убил мајка си затоа што таа го терала да „јаде човечко месо“ и дека други го убедиле да го изврши злосторството. Тој подетално раскажал како неговата мајка наводно го терала да ги јаде посмртните останки на неговиот татко Каталдо Детори, кој загинал во 2002 година во несреќа при работа во челичарница. Тој, исто така, ја обвинил својата мајка дека е заробеничка на „вампирска секта“. По бруталниот чин, кога ја убил мајка си и ѝ го извадил срцето, го завиткал во марамче и го фрлил на улица. Поради таквиот страшен чин, ќе биде потребна психијатриска евалуација на мажот бидејќи имал некои луцидни изјави за време на сослушувањето. Во меѓувреме, истражниот судија Франческо Макањо го потврди налогот за апсење на 46-годишникот кој моментално е зад решетки.Како изгледа кога ќе те проголта ајкула? (ВИДЕО)Момче се удави додека ја проси девојката, не успеал да исплива откако му кажала „да“ (ВИДЕО)...
Судот им го продолжи притворот на четворицата терористи, кои направија масакр во Москва (ФОТО)
Весник - пред 10 часа
Судското рочиште се одржало зад затворени врати, а судот им го продолжил притворот на Исроил Исломов, Диловар Исломов, Аминчон Исломов и Алишер Касимов, пренесе РИА Новости. Исроил Исломов е државјанин на Таџикистан и поседувал автомобил Рено со кој терористите избегале од местото на злосторството, а потоа биле приведени во областа Брјанск. Диловар Исломов и Аминчон Исломов се негови синови и тие се руски државјани. Касимов е државјанин на Руската Федерација и им изнајмил стан на наводните извршители на терористичкиот напад. Тој пред судот изјави дека не ја признава вината и дека не знаел за плановите на станарите да извршат терористички напад. Терористичкиот напад во концертната сала Крокус Сити Хол во Красногорск во близина на Москва се случи на 22 март кога напаѓачите отворија оган од автоматско оружје врз луѓето во зградата и ја запалија салата. Четворицата извршители на терористичкиот напад биле приведени на 23 март во Брјанска област. Во врска со овој случај во Москва се уапсени 12 лица. Четворица од наводните сторители првично биле обвинети дека извршиле терористички напад, а останатите се обвинети за соучесништво во извршувањето на ова кривично дело. Обвинението потоа е проширено за да вклучи учество во терористичка организација и илегална трговија со оружје во организирана група. Подоцна, од Дагестан во Москва биле префрлени уште петмина обвинети во тој случај - четворица државјани на Таџикистан и еден Русин. Тие се обвинети за финансирање и обезбедување средства на сторителите на терористичкиот напад во концертната сала Крокус, како и за нелегално производство на експлозиви. Уште двајца обвинети во тој случај се уапсени на почетокот на ноември, а се товарат за неовластено тргување со оружје и распрскувачки материи. Обвинителите сметаат дека тие двајца обвинети им доставиле оружје на терористите.Двајца соучесници на терористичкиот напад се во бегство.Нема да се објавува извештајот за истрагата за кандидадот на Трамп за нов главен обвинителАмериканската Амбасада во Киев повторно отворена...
Позната е судбината на студентката од Иран, која прошета по долна облека во знак на протест
Весник - пред 10 часа
Претходно во ноември, видео од една девојка, идентификувана од Би-Би-Си како Аху Дарјаеј, која парадира низ универзитетскиот кампус во долна облека, почна да кружи на социјалните мрежи пред да биде уапсена. Iran’s authorities must immediately & unconditionally release the university student who was violently arrested on 2 Nov after she removed her clothes in protest against abusive enforcement of compulsory veiling by security officials at Tehran's Islamic Azad University. 1/2 pic.twitter.com/lI1JXYsgtm — Amnesty Iran (@AmnestyIran) November 2, 2024 Портпаролот на иранските власти изјави дека девојката била згрижена во болница и вратена кај нејзиното семејство. Нејзиното апсење привлече меѓународно внимание и осуда, а Amnesty International беше меѓу оние кои побараа нејзино итно ослободување. „Како што беше упатена во болница и беше откриено дека е болна, таа беше предадена на нејзиното семејство и против неа не беа преземени никакви правни мерки“, изјави портпаролот Асгар Јахангир. Организацијата на студентското движење прва ја објави снимката од апсењето, велејќи дека девојката се судрила со безбедносните агенти бидејќи не носела хиџаб. Иранските власти тогаш соопштија дека Аху била болна и дека била однесена во психијатриско одделение. Не е првпат иранските власти да прогласат жена која протестира поради задолжителното носење хиџаб за ментално болна. По нејзиното апсење, иранските активисти се огласија на социјалните мрежи за да ја осудат, како што рекоа, шемата на дијагностицирање на активистите за правата на жените. Една жена, која побегнала од Иран во Канада во 2018 година, рече дека иранскиот режим вршел притисок врз нејзиното семејство да ја прогласи за ментално болна. „Моето семејство не го направи тоа, но многу семејства се под притисок, мислејќи дека ова е најдобриот начин да ги заштитат нивните најблиски. Вака Исламската Република се обидува да ги дискредитира жените, доведувајќи го во прашање нивното ментално здравје“, рече Азам Јанграви, која побегнала откако била осудена на три години затвор затоа што си ја извадила шамијата на протест. По Исламската револуција во 1979 година, за жените во Иран стана задолжително покривање на косата и скромно облекување. Пред две години, Махса Амини почина во полициски притвор откако беше уапсена поради неносење „правилно“ хиџаб. Наводно, повеќе од 500 луѓе биле убиени за време на месечните национални протести што следеа по нејзината смрт.Нема да се објавува извештајот за истрагата за кандидадот на Трамп за нов главен обвинителАмериканската Амбасада во Киев повторно отворена...
Момче се удави додека ја проси девојката, не успеал да исплива откако му кажала „да“ (ВИДЕО)
Весник - пред 10 часа
Среќниот пар уживал во романтичниот одмор, кога младиот човек решил да го направи уште поубав. Тие престојувале во стан кој имал прозорец под вода, па Стивен дошол до оригинална идеја. Тој нурнал пред својата сакана, а потоа ѝ го покажал писмото што го притиснал на стаклото. Го чувал во најлонска кеса, за да не го уништи водата, а со него сакал да изрази благодарност за добиената љубов. Младиот човек во еден момент ја превртел хартијата и открил друг дел од пораката. До моментот кога Кенеша сфатила дека е запросена, нејзиниот избраник веќе го извлекол прстенот. Во видеото кое го обиколи светот, слушаме како една воодушевена девојка вели „да“, по што Стивен тргнува кон површината. За жал, тој не излегол жив, бидејќи трагично се удавил. Ќе испадне дека тој ја опишал својата смрт во пораката, со зборовите: „Не можам да го задржам здивот доволно долго за да кажам што сакам со тебе“, пренесува LadBible. Властите подоцна објавиле дека несреќниот човек „трагично се удавил додека нуркал“, додавајќи дека „апсолутно ништо не можело да се направи“ кога пристигнале на местото на несреќата. In this footage from 2019, Steven Weber is seen swimming down to his girlfriend, Kenesha Antoine, who was inside their underwater hotel room in Tanzania. He presented a note enclosed in a zip-locked bag with the words "will you marry me?" and then revealed the ring to Kenesha.… pic.twitter.com/k20v8FoCHp — Morbid Knowledge (@Morbidful) August 18, 2024 Последното видео од живиот Стивен го објави неговата избраничка на Фејсбук, а четири години по трагедијата проговори за него. „Моите зборови не можат да опишат некој толку неверојатен. Сакам да му го напишам најголемото љубовно писмо на светот, но како може зборовите да бидат доволни? Посакувам зборовите да скокнат од страницата и да ја покажат нејзината суштина, па секој да го запознае. Неговото срце беше големо колку месечината. Не, поголемо“, напишала меѓу другото Кенеша.Италијанец со голи раце ѝ го искорнал срцето на мајка си и го фрлил на улица: Беше вампиркаКако изгледа кога ќе те проголта ајкула? (ВИДЕО)...
Трамп сака да го купи Гренланд - тоа би била најголема американска експанзија во историјата
Весник - пред 10 часа
Потоа Трамп твитна слика од крајбрежниот Гренланд со нова, сјајна кула Трамп која доминира во пејзажот. Во описот на објавата тој напиша: „Ветувам дека нема да му го направам ова на Гренланд!“ I promise not to do this to Greenland! pic.twitter.com/03DdyVU6HA — Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 20, 2019 Во август 2019 година, Трамп им потврди на новинарите дека е заинтересиран да го купи Гренланд, а оваа идеја предизвика и љубопитност и дебата. „Данска во основа ја поседува. Ние сме многу добри сојузници со Данска, ја штитиме Данска како што штитиме големи делови од светот. Така се појави концептот и реков: „Секако, ако е тоа интересно, ќе бидеме заинтересирани. Ќе разговарам со нив малку“, рече Трамп. Волстрит џурнал прв објави за интересот на Трамп, повикувајќи се на извори кои рекоа дека тој ја спомнал идејата со „извесен степен на сериозност“. Идејата беше откажана откако Џо Бајден ја презеде функцијата во 2021 година, но повторно се појави на интернет по победата на Трамп претходно овој месец. Републиканскиот конгресмен Мајк Колинс од Џорџија објави нешто што изгледа како изборна мапа со Гренланд на 7 ноември и напиша „Проект 2029“ во описот, пренесува Fox News. I promise not to do this to Greenland! pic.twitter.com/03DdyVU6HA — Donald J. Trump (@realDonaldTrump) August 20, 2019 Оттогаш, член на парламентот во Данска ја отфрли идејата САД да го купат Гренланд како американска територија. Според пораката на Расмус Јарлов, данскиот парламент нема намера никому да ја понуди територијата, особено не на САД. „Независноста на Гренланд бара одобрение од данскиот парламент и промена на нашиот устав. Можам да ви гарантирам дека нема шанси да ја одобриме независноста за да можете да го купите Гренланд. Убава фантазија, но заборавете ја“, рече Јарлов. Ова е далеку од првпат САД да размислуваат за купување стратешки корисно арктичко земјиште. По Втората светска војна, претседателот Хари Труман ѝ понудил на Данска 100 милиони долари за Гренланд во 1946 година, но Данска одбила. Идејата всушност се појавила порано во 1945 година, кога сенаторот Овен Брустер, Р-Мејн, го нарече Гренланд „воена неопходност“ поддржана од воените лидери на САД. Во 1946 година, официјален претставник на Стејт департментот забележал дека началниците на Здружениот Генералштаб веруваат дека САД треба да имаат за цел да ја купат територијата. Тој декември, државниот секретар Џејмс Бирнс дури и му дал понуда директно до данскиот министер за надворешни работи Густав Расмусен, сугерирајќи дека продажбата може да биде наједноставното решение. Американскиот интерес за Гренланд се враќа уште подалеку. Во 1867 година, Стејт департментот го истражувал купувањето на Гренланд и Исланд, препознавајќи ја нивната стратешка важност. Ако Данска хипотетички се согласи да го продаде Гренланд на Соединетите Држави, тоа би било најголемото проширување на американска територија во историјата, надминувајќи го купувањето од Луизијана во 1803 година.Нема да се објавува извештајот за истрагата за кандидадот на Трамп за нов главен обвинителАмериканската Амбасада во Киев повторно отворена...
Чави и Маскерано главни кандидати за клупата на Интер Мајами
Весник - пред 10 часа
Бившите фудбалери на Барселона, Чави и Хавиер Маскерано се главни кандидати за превземање на клупата на Интер Мајами. Веќе е познато дека раководството на Интер Мајами бара заменик за бившиот тренер Џерардо Мартино, кој пред неколку дена си поднесе оставка од лични причини. Според изворите кои се блиски до клубот, главните кандидати за тренерската позиција на Интер Мајами се Чави и Хавиер Маскерано. Клубот пред се би сакал да ги спои бившите соиграчи со Лионел Меси, Луис Суарез, Џорди Алба и Серхио Бускетс. Претходно Чави беше предводник на Барселона и на Ал Саад каде не се прослави многу. Маскерано пак, беше тренер на младинската репрезентација на Аргентина. Интер Мајами ја заврши регуларниот дел од сезоната во МЛС со 74 бода, но екипата на Лео Меси загуби од Атланта во првата рунда од нокаут фазата. sportmedia.mkЛаутаро се израмни со Марадона во дресот на АргентинаКосово ќе се жали до Судот во Лозана за одлуката на УЕФА...
Лаутаро се израмни со Марадона во дресот на Аргентина
Весник - пред 11 часа
Репрезентацијата на Аргентина синоќа извојува тесна победа над Перу (1:0) во квалификациите за СП 2026 година. Автор на единствениот гол беше напаѓачот Лаутаро Мартинез, за кого тоа беше 32. гол за репрезентацијата. Така Мартинез на листата на стрелци на репрезентацијата ги мина Анхел Ди Марија и Гонзало Игуаин и се израмни со легендарниот Диего Марадона. На вечната листа води Лионел Меси со 112 гола, а во првата тројка се и Габриел Батистута (55) и Серхио Агуеро (41). Најблиска цел на Лаутаро е Ернан Креспо кој има 35 гола. sportmedia.mkЧави и Маскерано главни кандидати за клупата на Интер МајамиКосово ќе се жали до Судот во Лозана за одлуката на УЕФА...
Еден потег открива дека здравствената состојба на Кејт Мидлтон е многу полоша
Весник - пред 11 часа
Имено, членовите на британското кралско семејство беа домаќини на многу важни пригоди во Бакингемската палата, а принцезата од Велс беше единствената која не присуствуваше на настанот кога се во прашање сите најважни личности од британската монархија, објави ABC News. Кралот Чарлс III, кралицата Камила и принцот Вилијам беа домаќини на дипломатски прием во Бакингемската палата, каде што се дружеа со „претставниците на земјите акредитирани во Судот на Св. Џејмс“, изјавија претставници на палатата. Камила носеше дијадема од аквамарин на приемот што се одржа во државните соби на палатата. Кејт, која во март објави дека ѝ е дијагностициран рак, не присуствуваше на приемот, иако веќе беше најавено дека принцезата постепено ќе се враќа на јавните обврски. Причината за нејзиното отсуство не е позната. Во септември, 42-годишната принцеза преку видео порака објави дека завршила со хемотерапија и дека сега е фокусирана на тоа да не се врати ракот. Во октомври, таа присуствуваше на својот прв јавен ангажман откако ја објави дијагнозата, кога му се придружи на Вилијам во Саутемптон, Англија. Кејт не откри каков вид на рак ѝ е дијагностициран, ниту детали за нејзиното лекување, освен што рече дека подлегнала на „превентивна хемотерапија“. Минатиот викенд Кејт му се придружи на кралското семејство на Фестивалот на сеќавањето и споменот во Лондон. Палатата Кенсингтон минатата недела објави дека Кејт повторно ќе биде домаќин на нејзиниот концерт „Together at Christmas Carol Service“ во Вестминстерската опатија. Овогодинешниот концерт ќе се одржи на 6 декември и ќе се емитува во Велика Британија на Бадник.Како изгледа кога ќе те проголта ајкула? (ВИДЕО)Момче се удави додека ја проси девојката, не успеал да исплива откако му кажала „да“ (ВИДЕО)...
Оние кои не гласале за Трамп, ќе добијат куќа на Сардинија за 1 евро
Весник - пред 11 часа
Со цел да привлечат нови жители и да го оживеат селото, локалните власти започнаа кампања насочена кон Американците. На посебна веб-страница ги повикуваат луѓето од САД да ја искористат можноста за поволен живот во Италија. - Уморни од глобалната политика? Барате поурамнотежен начин на живот и нови можности? Сардинија ве чека - стои во пораката, пренесува CNN. Градоначалникот на општината Франческо Коломбу објаснува дека во оваа програма приоритет имаат Американците. - Не можеме да исклучиме други, но обезбедивме побрза процедура за Американците. Тие се нашиот билет за заживување на селото - вели Колумбу. Понудата вклучува три опции: бесплатно привремено сместување за дигитални номади, куќи за 1 евро кои бараат реновирање и реновирани куќи по цена до 100.000 евра. Во минатиот век, населението на Ололаи се намалило од 2.250 на 1.150. Дигиталната номадска програма веќе привлече неколку Американци, но интересот се зголемил по последните избори во САД. - Имаме над 38.000 барања од Америка. Ова е можност за сите кои сакаат мирен живот далеку од политички тензии – заклучува Колумбу.Американската Амбасада во Киев повторно отворенаСудот им го продолжи притворот на четворицата терористи, кои направија масакр во Москва (ФОТО)...
Германија ги предупредува граѓаните да се подготват за војна: Ќе биде полигон на НАТО трупи
Весник - пред 11 часа
Тензиите се зголемија откако американскиот претседател Џо Бајден ѝ даде дозвола на Украина да користи ракети со долг дострел за да ја нападне Русија, по што Путин потпиша декрет со кој нуклеарното оружје е последна линија на одбраната. Москва подоцна потврди дека Украина користела американско оружје за да го нападне регионот Брјанск. Во септември, Путин рече дека ако западните земји ѝ дозволат на Украина да нападне подлабоко во Русија со ракети со долг дострел, „тоа ќе значи дека земјите од НАТО, САД, европските земји се во војна со Русија“. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Русија не е само воена, туку и хибридна закана и дека Европа треба да има широк пристап кон одбраната, објави Die Welt. Германското Министерство за надворешни работи, исто така, вети дека Путин нема да ја „заплаши“ земјата откако беше откриено дека Германија ќе стане полигон за обука на НАТО доколку конфликтот дополнително ескалира. Во документот од 1.000 страници, наречен „Operationsplan Deutschland“, Германија ќе биде домаќин на стотици илјади војници од земјите на НАТО, се наведува. Ќе служи како логистички центар за испраќање воена опрема, храна и лекови на фронтот. Војската во Германија, исто така, ги информираше цивилите и деловните субјекти како да ја заштитат инфраструктурата и да бидат подготвени да ја одбранат земјата доколку биде нападната, без разлика дали се работи за саботажа, напади со беспилотни летала или шпионски операции. Треба да се постават планови за кризи со луѓе кои ќе бидат одговорни што да прават во итни случаи, додека треба да се направат залихи на дизел. Плановите на Германија следат чекори што веќе ги преземаа скандинавските земји. Финска ги потсети своите граѓани на нивната „обврска за национална одбрана“ и неодамна отвори нова информативна веб-страница, додека Шведска објави детален водич за тоа како да се побара засолниште и што да се прави во случај на нуклеарен напад. Нивните прирачници за насоки следат слични совети издадени од нивните балтички соседи Норвешка и Данска, кои поставуваат списоци на храна и лекови што граѓаните треба да ги имаат. Германскиот министер за одбрана Писториус вчера изјави дека официјалните лица мора да претпостават дека оштетувањето на два кабли за податоци под Балтичкото Море, од кои едниот завршува во Германија, е предизвикано од саботажа - иако тој рече дека засега немаат докази. Да потсетиме, американскиот претседател Џо Бајден во меѓувреме даде уште едно „зелено светло“ за Украина и одобри испраќање противпешадиски мини за нив. Ова треба да помогне да се забави рускиот напредок на истокот на земјата. САД очекуваат Украина да користи мини на нејзина територија, иако вети дека нема да ги користи во области населени со цивили, изјави официјален претставник за Ројтерс. Покрај тоа, пет извори запознаени со ситуацијата во Кремљ за Ројтерс изјавиле дека Путин е подготвен да разговара за прекин на огнот во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но исклучува какви било големи територијални отстапки и инсистира Киев да се откаже од амбициите за влез во НАТО.Судот им го продолжи притворот на четворицата терористи, кои направија масакр во Москва (ФОТО)Позната е судбината на студентката од Иран, која прошета по долна облека во знак на протест...
Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД
Весник - пред 11 часа
Бајден денеска немал јавни должности, пренесува Ројтерс. Тој се врати вчера вечерта од патувањето во Јужна Америка, каде што учествуваше на самитот на Г20 во Рио де Жанеиро. Семејството, пријателите и колегите, вклучително и првата дама Џил Бајден и поранешниот американски претседател Барак Обама, му го честитаа роденденот на Бајден на социјалните мрежи. „Среќен роденден на мојот драг пријател и нашиот неверојатен претседател Џо Бајден“, објави американската потпретседателка Камала Харис на платформата X. Happy birthday, President @JoeBiden! pic.twitter.com/W9eft5B5GC — The Democrats (@TheDemocrats) November 20, 2024 Бајден се повлече од претседателската трка во јули 2024 година делумно затоа што гласачите веруваа дека тој е премногу стар за таа работа и поради загриженоста за неговиот ментален капацитет по лошиот настап во дебатата со републиканскиот противкандидат Доналд Трамп во јуни. Happy birthday to my friend, @JoeBiden! pic.twitter.com/AzyCoB1SuO — Barack Obama (@BarackObama) November 20, 2024 Трамп (78), кој ја победи демократската кандидатка Камала Харис на изборите на 5 ноември, ќе го надмине рекордот на Бајден за време на неговиот втор мандат, имајќи предвид дека тој ќе има 82 години и седум месеци за време на следната претседателска транзиција во 2029 година.Судот им го продолжи притворот на четворицата терористи, кои направија масакр во Москва (ФОТО)Позната е судбината на студентката од Иран, која прошета по долна облека во знак на протест...
Девојчиња на 13 и 14 годишна возраст од здодевност убиле болен инвалид, па си правеле селфи
Весник - пред 11 часа
Судијата во Вашингтон во понеделникот ги прогласи девојките за виновни за убиство од втор степен, напад и заговор за извршување на напад во врска со смртта на Реџи Браун. 13-годишното девојче е прогласено за виновно и за манипулирање со физички докази. На девојките им се заканува затворска казна до 21 година, а казната ќе биде објавена следниот месец, објави Вашингтон Пост. Џефри Харис, адвокатот на 13-годишното девојче, рече дека неговиот клиент требало да биде обвинет само за напад. „Таа немаше намера да убие“, се расправаше Харис. „Неговата смрт не беше намерна. Таа во тоа време имаше само 12 години. Таа беше следбеник, а не водач.“ Адвокатот на 14-годишното девојче, Викторија Кларк, изјави дека нејзината клиентка не била вклучен. „Таа не беше дел од ова. Обвинителката не докажа дека била дел од нападот. Доказите се неверодостојни и неприфатливи“, рече Кларк. Случајот стана јавен на 17 октомври 2023 година, кога полицајците одговорија на извештаите, се вели во соопштението на Метрополитенската полиција. Кога пристигнале, нашле маж - подоцна идентификуван како Браун - со повреди „во согласност со нападот“. На местото на настанот била констатирана смрт. Канцеларијата на главниот лекарски истражител извршил обдукција и утврдил дека причина за смртта на Браун е траума на главата од тапа сила, а начинот на смртта е убиство. Човекот тежок 50 килограми имал лупус и се борел со рак. Неколку месеци подоцна, 12-годишно девојче и две 13-годишни момчиња биле уапсени и обвинети за нападот. Истрагата подоцна открила дека се вмешани уште двајца малолетници. 15-годишното девојче во октомври се изјаснило за виновно за помало обвинение за напад со опасно оружје и била осудена на три години во малолетничка установа. Како дел од договорот, тинејџерката морала да сведочи на судењето на двете нејзини сообвинети. Таа ѝ кажала на поротата дека петте девојки биле во скејт парк во Мериленд пред да се вратат во нејзиниот дом. Додека барале нешто друго, сведокот рекла дека им предложила да излезат и „да најдат некого да тепаат“. На прашањето зошто го предложила, тинејџерката наводно одговорила: „Затоа што ни беше досадно“. Додека оделе по авенијата Џорџија, 15-годишното девојче рече дека групата наишла на Браун, кој веќе бил нападнат од маж во сина јакна, кој потоа им пришол на девојчињата. „Падна на земја“, рекла 15-годишната. „Потоа дојде кај нас, и го прашав зошто го тепаат.“ „Што рече? ја прашаа обвинителите тинејџерката. „Не се сеќавам што рече“, наводно одговорила таа. "Прашав дали можеме да помогнеме. Тој рече дека можеме". Тинејџерката сведочеше дека не го знаела идентитетот на мажот во сина јакна. Една од обвинетите девојки нападот наводно го снимила на мобилен телефон, на кој се гледа како неколку од девојките му ја газат главата на Браун и го удираат. По тепањето девојките наводно правеле селфи. Малда Браун, сестра на жртвата, рече дека е задоволна од исходот, но додаде: „Ние исто така нема да застанеме додека не ја добиеме правдата за оној човек кој ја започна целата работа со мојот помал брат“.Позната е судбината на студентката од Иран, која прошета по долна облека во знак на протестТрамп сака да го купи Гренланд - тоа би била најголема американска експанзија во историјата...
Американец со последни сили го спасува синот од бура, детето гледа како татко му потоа се дави
Весник - пред 11 часа
Тринаесетгодишното момче Џуд го преживеало невремето само благодарение на неговиот татко, кој во последен момент смислил како да го спаси, објави Дејли Меил. Таткото го ставил момчето врз преносливиот фрижидер што го имале на бродот и го турнал кон брегот. Додека Џуд се оддалечувал од чамецот, го гледал татко му како се дави, заедно со некои други членови на семејството, но воопшто не можел да му помогне. "Му се молев на Исус Христос да излезе жив и повторно да го видам моето семејство. Беше ужасно да го гледам татко ми како се дави. Врескав и плачев, но не можев да дојдам до него", изјавил Џуд. Другите членови на семејството, кои останале на брегот, веднаш ја алармирале крајбрежната стража. Спасувачката екипа го барала чамецот до следното утро. Пронајдени се две тела, меѓу кои и братучедот на Џуд (17). Останатите членови се уште не се пронајдени. За Џуд сега се грижат роднини во Сан Хозе. „Добро е што се вратив во моето семејство, кое е со мене и ми помага да преживеам тоа што повеќе немам татко“, рече Џуд. @nbcbayarea 1 dead after boat capsizes in ocean near #BodegaBay • #BayArea #SonomaCounty ♬ original sound - NBC Bay Area Двајца роднини упатија апел преку платформата Gofundme да се соберат пари за семејството. Целната сума од 47.000 евра веќе е собрана.Како изгледа кога ќе те проголта ајкула? (ВИДЕО)Момче се удави додека ја проси девојката, не успеал да исплива откако му кажала „да“ (ВИДЕО)...
Бајден доживеа непријатно изненадување на заедничката фотосесија на лидерите на Г20
Весник - пред 11 часа
Европскиот парламент ги одобри преостанатите седуммина кандидати за еврокомесариГерманската полиција понуди помош во истрагата за прекинатите оптички кабли во Балтичкото Море...
Време е да си признаете: Ова се знаците на НЕДОВОЛЕН СЕКС
Весник - пред 12 часа
Ја сушите облеката дома? Еве ја најдобрата просторија за тоа!Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот...
Американски морнар поминал 60 минути во „најтивката соба“ на светот: Си ја слушав крвта (ВИДЕО)
Весник - пред 12 часа
По девет месеци на море, со стотици морнари и авиони кои постојано полетувале/слетуваат, тој сакал малку тишина - и така стигнувал до интересната локација. Хер се согласил да поминува време во тогашната „најтивка соба на светот“, како дел од лабораторијата Орфилд во Минеаполис, која била вклучена во Гинисовата книга на рекорди, пренесува LadBible. Таканаречените анехоични комори постојат на неколку локации во светот, на пример во компанијата Мајкрософт во Ричмонд. Можеби звучат како „блаженство“ - ако сакате мир и тишина, но кога ќе ги слушнете ефектите што ги предизвикуваат, може да се предомислите. Но, назад на Хер. Тој бил желен да се врати во нормален живот, откако поминал време на отворено море и спиел во соба со 100 морнари. Покрај секојдневните обврски, тој поминувал време шетајќи по шумата во близина на неговиот дом во северниот дел на Њујорк. Но, тоа не било доволно, па „најтивката соба на светот“ звучела како примамлива опција. Во друштво на новинари, тој дојде во Минеаполис и влезе во комора со специјална изолација, која апсорбира импресивни 99,99% од звуците. Така, додека престојувате во неа, ништо не се слуша, но по неколку минути ви се појавува зуење во ушите. Оние кои поминале време во необичната соба велат дека слушнале „чукање на срцето, работа на белите дробови и стомакот“. Хер мислел дека тоа е идеалното место за „враќање во фокусот“. Пред него, во комората престојувал и новинарот на NBC News, Гери Сандерс. Тој го опиша „интензивниот притисок“ што го чувствувал и рече дека ја држел устата отворена за да го изедначи притисокот. „Чувството е слично како кога возите автомобил на планина. Освен тоа, прилично сум сигурен дека ја слушнав крвта што ми тече низ вените“, рече Сандерс откако поминал пет минути во „најтивката соба на светот“. И покрај првичната загриженост, уморниот морнар останал во комората повеќе од еден час, а по необичната авантура Сандерс влегол да ја провери неговата состојба. Хер рече дека се чувствува „гроги“ но дека целото искуство било „интересно“. На прашањето дали сè уште слуша авиони како полетуваат и слетуваат, тој одговори: „Не сега, сѐ е избришано“. Така поморскиот офицер го добил очекуваниот мир и тишина.Како изгледа кога ќе те проголта ајкула? (ВИДЕО)Момче се удави додека ја проси девојката, не успеал да исплива откако му кажала „да“ (ВИДЕО)...
Бајден доживеа непријатно изненадување за време на фотографирањето со лидерите на Г-20
Весник - пред 12 часа
Меѓу оние кои се појавија на сликата беа кинескиот претседател Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди и британскиот премиер Кир Стармер, кои позираа и ги кренаа рацете за традиционалниот момент на самитот, објави NBC News. Висок американски функционер ја припиша конфузијата во Рио де Жанеиро на логистичките предизвици. „Поради логистички проблеми, тие ја направија фотографијата порано, пред да пристигнат сите лидери. Така, неколку лидери всушност не беа присутни кога беше направена фотографијата“, рече висок функционер кој сакал да остане анонимен. Бајден не бил присутен сѐ додека фотографите и новинарите не почнале да го бараат веднаш по фотографирањето. Снимател го забележал зад блиската палма заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо и италијанската премиерка Џорџија Мелони. Фотосесијата ја пропуштија и Трудо и Мелони. Кога функционерот беше прашан дали Бајден намерно ја избегнал фотографијата за да избегне да застане во близина на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, функционерот ја отфрли идејата, велејќи: „Тоа беа едноставно логистички прашања“. За време на првата сесија на самитот, Бајден размислувал за неговото претстојно заминување од Белата куќа. „Како што знаете, ова е мојот последен самит на Г-20. Постигнавме напредок заедно, но ве поканувам да продолжите - и сигурен сум дека ќе го направите, без разлика дали ќе ве поканам или не“, им рече Бајден на колегите. Во понеделникот, висок помошник призна дека многу нации веќе очекуваат многу поинакво глобално лидерство од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но нагласи дека Бајден останува целосно на чело. „Имаме систем кој во суштина се заснова на еден претседател во исто време“, рече Џон Фајнер, заменик советник за национална безбедност. „Претседателот Бајден е тој претседател, тој ќе ја предаде власта во јануари, а новата администрација ќе одлучи што да прави со тоа.“ Самиот Бајден во неделата призна дека му останува ограничено време на функцијата. „Не е тајна дека ја напуштам функцијата во јануари. Ќе му оставам на мојот наследник и на мојата земја силна основа, доколку тие сакаат да го сторат тоа“, рече тој. Самитот на Г20 вклучува шефови на држави или влади на 19 земји членки и две регионални тела: Африканската унија и Европската унија. Земјите-членки претставуваат околу 85% од светскиот бруто домашен производ, повеќе од 75% од светската трговија и околу две третини од светското население, покажуваат податоците на форумот. Г20 е основана во 1999 година како одговор на азиската финансиска криза, првично служејќи како форум за министрите за финансии и претставници на централната банка да разговараат за економската стабилност. Оттогаш, таа еволуираше во состанок на високо ниво на шефови на држави и влади.Трамп сака да го купи Гренланд - тоа би била најголема американска експанзија во историјатаОние кои не гласале за Трамп, ќе добијат куќа на Сардинија за 1 евро...
Кина стана роботска велесила: И „екс-Ју“ земја е на списокот!
Весник - пред 12 часа
Европскиот парламент ги одобри преостанатите седуммина кандидати за еврокомесариГерманската полиција понуди помош во истрагата за прекинатите оптички кабли во Балтичкото Море...
Џорџија Мелони: Илегалната миграција предизвика зголемен број силувања на жени во Италија
Весник - пред 13 часа
Мелони им рече на новинарите на маргините на самитот на Групата 20 (Г20) во Рио де Жанеиро дека податоците покажуваат дека илегалната имиграција придонела за зголемување на родовото насилство и дека Италија ќе продолжи да се бори против другите причини кои доведоа до тоа , објави Ројтерс. „Парадоксот е што насилството врз жените се зголемува додека жените освојуваат сѐ повеќе простор“, рече Мелони. Италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара во понеделникот изјави дека зголемувањето на бројот на случаи на силување и сексуално насилство е поврзано со илегалната имиграција. Валдитара во видео пораката што беше емитувана во Долниот дом на италијанскиот парламент за време на презентацијата на фондацијата што го носи името на девојката Џулија Чекетин, која пред една година беше убиена од нејзиното поранешно момче, истакна дека италијанскиот Устав не дозволува дискриминација врз основа на пол и дека тоа мора секому да му биде јасно на мигрантот кој сака да живее во Италија. „Не смееме да се преправаме дека не гледаме дека зголемувањето на сексуалното насилство е поврзано и со маргинализација и девијации кои на некој начин се предизвикани од илегалната имиграција“, рече Валдитара, пренесе АНСА. Левицата го обвини Валдитара дека шири, како што наведе, „срамни лажни вести“ за да го искористи убиството на девојчето за „свои идеолошки цели“, односно депортација на мигранти. Дваесет и двегодишната Чекетин беше убиена пред една година од нејзиното поранешно момче, по што беше основана фондација со нејзиното име, која се занимава со борба против фемицидот и родовото насилство. Нејзиниот поранешен, кој ја избодел Чекетин 75 пати, признал дека го извршил убиството на 11 ноември 2023 година во близина на Венеција.Трамп сака да го купи Гренланд - тоа би била најголема американска експанзија во историјатаОние кои не гласале за Трамп, ќе добијат куќа на Сардинија за 1 евро...
9- годишно момче запре комбе во движење и спречи несреќа (ВИДЕО)
Весник - пред 13 часа
Во преден план е деветгодишниот Камерон Хантер, кој си играл пред својата куќа кога сфатил дека по улицата се спушта комбе без возач. Малото момче не размислувало многу, скокнало пред возилото (тешко три тона), ги ставило рацете на хаубата и се обидело со сите сили да го спречи. Она што се случи потоа ги воодушеви луѓето на Островот, но и ширум светот. Наместо да повика помош, ученикот застанал пред белото комбе во обид да го спречи. Доколку не го стори тоа, комбето ќе добиеше поголемо забрзување, а потоа ќе удрише во паркирани возила, пренесува The Sun. За време на драматичниот настан во куќата била и неговата мајка Линдзи Хантер, која признава дека на почетокот му била лута на синот, бидејќи можел да се повреди или да загине. Откако го погледнала видеото, била изненадена од силата на момчето, но и горда на него. Камерон сега е познат како „супер херој“ на улицата, а корисниците на социјалните мрежи кои го погледнале видеото го фалат дека „го спасил денот“. Од друга страна, момчето признава дека во тој момент се исплашило и дека му се треселе рацете. „Разбрав што ќе се случи и се обидов да помогнам. Сè можеше да се случи. Бев загрижен, па се упатив кон комбето. Луѓето велат дека сум бестрашен, но бев прилично исплашен. Не мислев дека ќе можам да го спречам“, рече тој. Сопствениците на комбето, Мет Шарплс и Хелен Ривли, откриваат дека го купиле една недела порано и се верува дека дефектот на сопирачката предизвикал губење контрола. Тие биле благодарни што Камерон спречил голем инцидент и му подарија наметка за суперхерој и ваучер за игри од 50 евра.Како изгледа кога ќе те проголта ајкула? (ВИДЕО)Момче се удави додека ја проси девојката, не успеал да исплива откако му кажала „да“ (ВИДЕО)...
Над 28.000 СТУДЕНТИ ИЗЛЕГУВААТ НА ПРОТЕСТ ако Арсовска и ЈСП не најдат решение за јавниот превоз
Весник - пред 13 часа
ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО КОЛАПС: Нема нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долгГерманија со донација за македонските специјалци...
Европскиот парламент ги одобри преостанатите седуммина кандидати за еврокомесари
Весник - пред 13 часа
Европскиот парламент се согласи да ги одобри сите седум кандидати за комесари, кои не добија зелено светло за извршување на тие функции по сослушувањата пред надлежните комисии, пренесува Политико, повикувајќи се на четворица претставници на ЕП и политички функционери. 🚨 BREAKING: The European Parliament has agreed to approve all seven pending European commissioner nominees. Full story: https://t.co/akdgBFPAce pic.twitter.com/SgNJXJzGHy — POLITICOEurope (@POLITICOEurope) November 20, 2024 Со тоа ќе заврши ќор-сокакот во процесот на одобрување кандидати за еврокомесари што настана меѓу политичките фракции во однос на составот на новата Европска комисија, на чие чело повторно ќе биде Урсула фон дер Лејен. Политичката групација на Социјалистите и Демократите не беше задоволна од одлуката да се додели италијанската кандидатка за извршен потпретседател на Комисијата за кохезија и реформи, Рафаела Фито, на толку висока функција, додека Европската народна партија ја доведе во прашање соодветноста на кандидатот на Шпанија за извршен потпретседател за чиста, фер и конкурентна транзиција на Тереза Рибера за таа позиција. Претходно, в.д. портпаролот на ЕП Делфин Колард најави дека вечерва во 19 часот ќе се сретнат претседателите и координаторите на политичките групи на надлежните комисии за да ја продолжат евалуацијата на кандидатурите на Оливер Вархеји, Рафаел Фит, Каја Калас, Роксана Минзата, Стефан Сејурне, Хена Виркунен и Тереза Рибера. Во Европскиот парламент од 4 до 12 ноември се одржаа сослушувања на кандидатите за комесари, на кои 19 од 26 кандидати добија зелено светло од надлежните комисии на ЕП за својата работа, меѓу кои и кандидатката за еврокомесарка за проширување Марта Кос од Словенија. Унгарскиот кандидат за комесар за здравје и благосостојба на животните, Оливер Вархеји и сите шест кандидати за извршни потпретседатели, Тереза Рибера, Рафаела Фито, Стефан Сежурне, Хена Виркунен, Роксана Минзату и Каја Калас, која исто така е именувана и за висока претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ. Европскиот парламент треба да гласа за целиот состав на Европската комисија за време на пленарната сесија, што ќе се одржи од 25 до 28 ноември во Стразбур. Тогаш новата Комисија би можела да започне со работа на 1 декември.Трамп сака да го купи Гренланд - тоа би била најголема американска експанзија во историјатаОние кои не гласале за Трамп, ќе добијат куќа на Сардинија за 1 евро...
Косово ќе се жали до Судот во Лозана за одлуката на УЕФА
Весник - пред 13 часа
Косово најави жалба до Спортскиот суд во Лозана за денешниот пораз на „зелена маса“ од селекцијата на Романија, на мечот во Букурешт од Лигата на нации кои го напуштија пред самиот крај. УЕФА одлучи да го регистрира мечот со 3:0 за Романија и да ја казни Косовската фудбалска федерација со 6000 за однесувањето на играчите. Фудбалската федерација на Романија е казнета со вкупно 128.000 евра поради однесувањето на навивачите, а репрезентацијата на Романија следниот меч на домашен терен ќе го одигра без публика. „За федерацијата и играчите на нашата репрезентација, оваа одлука е потврда за мудроста на нашите постапки против расистичките пароли и провокативните политички изјави за Косово. Оваа одлука целосно ги оправдува нашите постапки и горди сме што нашиот тим правилно ја процени ситуацијата со изборот да го напушти теренот во знак на протест против дискриминаторското однесување. Оваа одлука потврдува дека Косово постави нов стандард за заштита на достоинството и почитта во меѓународниот фудбал. И покрај тоа, не се согласуваме со одлуката на Косово да му се одземат три бода и мечот да се регистрира со 3:0 во корист на Романија. Во врска со оваа одлука, федерацијата ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана“, се вели во соопштението. sportmedia.mkСлот подготвил 50 милиони фунти за само еден зимски трансферАморим веќе доби прекар од своите нови играчи...
Германската полиција понуди помош во истрагата за прекинатите оптички кабли во Балтичкото Море
Весник - пред 13 часа
„Во тек е интензивна истрага за да се утврди дали постои сомневање за саботажа на оваа важна алка. Нашата федерална полиција е во контакт со шведските и финските власти“, рече портпаролот, според Ројтерс. Кабелот за податоци под Балтичкото Море меѓу Финска и Германија е пресечен и се истражуваат причините за прекинот, соопштија во понеделникот финските власти. Финскиот државен давател на услуги за податоци, Cinia, соопшти дека открил „дефект“ на кабелот C-Lion1, кој поминува под морето на речиси 1.200 километри од финската престолнина Хелсинки до германскиот пристанишен град Росток, пренесе АП. C-Lion1 беше пуштен во употреба во 2016 година и е единствениот фински кабел за податоци што тече од нордиската земја директно до централна Европа, според финскиот јавен радиодифузен сервис Ile. Финските медиуми јавуваат дека трасата на кабелот до Германија минува во близина на двата гасоводи „Северен тек“ меѓу Русија и Германија кои во моментов не функционираат. Некои европски влади ја обвинија Русија за интензивирање на хибридните напади против западните сојузници на Украина.Трамп сака да го купи Гренланд - тоа би била најголема американска експанзија во историјатаОние кои не гласале за Трамп, ќе добијат куќа на Сардинија за 1 евро...
МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА БИДЕ СЛЕПО ЦРЕВО: Ќе ги завршиме проектите во патната и железничката инфраструктура
Весник - пред 13 часа
Халкбанк АД Скопје - Лидер во поддршка на женското претприемништво„Винска визија“ е одлична можност за презентација, промоција, но и поврзување на регионот...
Ја сушите облеката дома? Еве ја најдобрата просторија за тоа!
Весник - пред 13 часа
Европската асоцијација за изнајмување куќи поднесе тужба против КаталонијаИстражување: Значаен процент од младите веќе стекнале зависност од играње игри на среќа...
Слот подготвил 50 милиони фунти за само еден зимски трансфер
Весник - пред 13 часа
Новиот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, подготвува голем трансфер уште оваа зима. Според пишувањат ана англиските весници, Ливерпул е заинтересиран за 25-годишниот напаѓач Брајан Мбеумо од Брентфорд, кој е во импресивна форма, откако веќе постигна осум гола во 11 настапи за „пчелите“ оваа сезона. На Мбеумо му е најудобно да игра како десно крило / напад, што веројатно е прв чекор кон обезбедување на достојна замена за Мохамед Салах. Тимот на Слот може да има силна конкуренција за да го ангажира играчот, бидејќи Њукасл Јунајтед го „гледа“ Мбеумо како приоритет исто така оваа зима. Ливерпул наводно е подготвен да плати до 50 милиони фунти за играчот на Брентфорд. sportmedia.mkКосово ќе се жали до Судот во Лозана за одлуката на УЕФААморим веќе доби прекар од своите нови играчи...
ЕКОЛОШКА ПРАВДА: “Сериозно сме посветени на намалување на притисокот кој човекот го прави врз животната средина“
Весник - пред 13 часа
ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО КОЛАПС: Нема нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долгГерманија со донација за македонските специјалци...
Тоа што за ДУИ беше незамисливо, остварливо за Меџити: НАЈАВЕН ЦЕНТАР ЗА РЕЦИКЛАЖА НА ОТПАД
Весник - пред 14 часа
ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО КОЛАПС: Нема нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долгГерманија со донација за македонските специјалци...
Една жена загина во силното невреме во САД: Ова е почеток, ќе биде полошо (ВИДЕО)
Весник - пред 14 часа
Силни ветрови татнеа низ градовите и корнеа дрвја кои паѓаа врз куќи и возила. Жена од Вашингтон загинала вчера вечерта кога големо дрво паднало врз камп за бездомници. Во меѓувреме во Сиетл, дрво паднало врз возило и привремено го заробило возачот внатре, соопшти пожарникарската служба. Во меѓувреме, возачот е спасен и е во стабилна состојба. BOMB CYCLONE HITS WASHINGTON, USA 🇺🇲 #BCStormWatch #BombCyclone Tuesday Night's Storm Recap: - Widespread Power Outages: 460,000+ households affected - Strongest Winds: Up to 70 mph, matching Category 4 hurricane pressure!! #wawx #cwx - Hardest Hit Areas:* Puget Sound Energy… pic.twitter.com/oTwi22idh1 — Weather monitor (@Weathermonitors) November 20, 2024 „Дрвјата паѓаат низ градот, некои паѓаат врз куќите. Ако можете, одете на пониските катови и држете се подалеку од прозорците. Не излегувајте надвор освен ако не морате“, предупреди пожарникарската служба. Најмалку 600.000 домови останаа без струја, а Националната метеоролошка служба извести за удари на ветер од 127 км/ч во близина на брегот на Орегон. Sever damaged after Bomb cyclone hits in Washington, US 🇺🇲 (20.11.2024) TELEGRAM JOIN 👉 https://t.co/9cTkji5aZq pic.twitter.com/RRrnYd6byS — Disaster News (@Top_Disaster) November 20, 2024 Во Северна Калифорнија на сила се мерки за поплави и силен ветер, а во некои делови од државата се очекуваат и до 20 сантиметри дожд, додека на планините падна снег. Националната метеоролошка служба објави дека постои ризик од обилни врнежи до петок, а предупредувањата за ветрови за сила на ураган се на сила. Овој систем на бура се смета за „циклон бомби“, кој настанува кога циклонот брзо се засилува, наведува американската агенција.Германија ги предупредува граѓаните да се подготват за војна: Ќе биде полигон на НАТО трупиДевојчиња на 13 и 14 годишна возраст од здодевност убиле болен инвалид, па си правеле селфи...
Аморим веќе доби прекар од своите нови играчи
Весник - пред 14 часа
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед веќе му најдоа „прекар“ на новиот тренер Рубен Аморим. Аморим (39) пристигна во клупскиот тренинг центар Карингтон во понеделникот и беше пречекан од неколку членови на хиерархијата на „црвените ѓаволи“ – вклучувајќи ги спортскиот директор Ден Ешворт, извршниот директор Омар Берада и техничкиот директор Џејсон Вилкокс. „Сан Спорт“ објави дека играчите се „шокирани“ од самодовербата на Аморим кој во многу нашта наликува на Мурињо. „Дури и пред првата сесија во понеделник, играчите беа многу импресионирани. Тие се воодушевени од неговата енергија, пристап и самодоверба. Играчите мислат дека тој е многу пристапен и дека ќе ги разбере. Некои од нив веќе го нарекуваат Мурињо 2.0.“, вели извор од Карингтон. sportmedia.mkМурињо го убедува Ериксен во јануари да дојде во ФенербахчеСтаорци повторно прават проблеми на Олд Трафорд...
Кладилниците почнаа да примаат облози дали ќе дојде до нуклеарен удар
Весник - пред 14 часа
По ажурирањето на руската нуклеарна доктрина, во светот се зголеми загриженоста дека една од светските земји би можела да му нанесе таков удар на својот непријател, а платформата „Полимаркет“ понуди можност за обложување дали нуклеарен напад ќе се случи пред крајот на 2024 година. Во понудата се наведува дека доколку нуклеарното оружје се употреби било каде во светот во периодот од 1 јули 2024 до 31 декември 2024 година, облогот „Да“ е победник, пренесува Униан. Според украинската агенција, процентот на луѓе кои се обложиле дека нуклеарен удар ќе се случи пред крајот на годината бил прилично низок. Откако Владимир Путин ја одобри новата нуклеарна доктрина, луѓето почнаа сѐ почесто да се обложуваат дека тоа е можно (во просек околу 15 отсто), се вели во соопштението на „Полимаркет“, американската финансиска берза и најголемиот светски пазар за предвидувања, со седиште во Менхетен. WILL A NUCLEAR WEAPON DETONATE IN 2024? Odds of Nuclear Weapon detonating in 2024 rises to 21% chance, per Polymarket odds pic.twitter.com/09nidaZyhI — The Maltepes Report (@MaltepesReport) October 31, 2024 Забележано е дека заклучно со денес, 9 отсто од луѓето веруваат дека една од светските земји може да изврши нуклеарен напад пред крајот на 2024 година. Останатите се убедени дека тоа нема да се случи.Германија ги предупредува граѓаните да се подготват за војна: Ќе биде полигон на НАТО трупиДевојчиња на 13 и 14 годишна возраст од здодевност убиле болен инвалид, па си правеле селфи...
Украински тајни командоси го разнеле гасоводот Северен тек?!
Весник - пред 14 часа
Една жена загина во силното невреме во САД: Ова е почеток, ќе биде полошо (ВИДЕО)Кладилниците почнаа да примаат облози дали ќе дојде до нуклеарен удар...
Украинците првпат употребија британски ракети за да гаѓаат руска територија!
Весник - пред 14 часа
Џорџија Мелони: Илегалната миграција предизвика зголемен број силувања на жени во ИталијаЕвропскиот парламент ги одобри преостанатите седуммина кандидати за еврокомесари...
Трамп го именуваше новиот амбасадор во НАТО: Америка ќе ја ставам на прво место
Весник - пред 14 часа
„Мет е силен воин и лојален патриот кој ќе обезбеди унапредување и одбрана на интересите на Соединетите држави“, се вели во соопштението на Трамп. Тој додаде дека неговиот избор ќе ги зајакне односите на САД со сојузниците во НАТО и дека ќе биде цврст против заканите за мирот и стабилноста. „Тој ќе ја стави Америка на прво место“, рече Трамп. Витакер служел како вршител на должноста обвинител на САД од ноември 2018 до февруари 2019 година. Тој бил началник на кабинетот на државниот обвинител Џеф Сешнс.Џорџија Мелони: Илегалната миграција предизвика зголемен број силувања на жени во ИталијаЕвропскиот парламент ги одобри преостанатите седуммина кандидати за еврокомесари...
Мајката на Лиам Пејн неутешна на погребот на нејзиниот славен син (ВИДЕО)
Весник - пред 14 часа
Карен цело време плачеше додека го држеше Џеф под мишка. Многумина ги тешеа и изразија сочувство, а во еден момент им пријде Сајмон Кауел и ги прегрна. Ковчегот на Лиам Пејн беше донесен со бела погребна кола. На ковчегот имаше два цветни аранжмани. Едниот, ставен на ковчегот во име на синот на Лиам, Беар, со натпис „Тато“, а другиот, во име на родителите на Лиам. Хари Стајлс и Луис Томлинсон, неговите колеги од One Direction, беа меѓу првите кои се појавија на погребот на Лиам. Недолго потоа се појавија и Зејн и Најл. На погребот е снимена и неговата девојка Кејт Кесиди која била со него во Аргентина. Со неа дојде и синот на актерката Елизабет Харли, Демијан. Сајмон Кауел, човекот кој го состави One Direction, дојде со партнерката Лорен Силверман. На погребот дојде и британската пејачка Шерил Кол (41), со која Лиам го доби синот Бер. Придружувана беше од нејзините поранешни колеги од бендот Girls Aloud, кои дојдоа да ја поддржат. Потсетуваме, Лијам Пејн загина трагично на 31-годишна возраст на 16 октомври откако падна од балкон на третиот кат во хотел во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.Полицијата упадна во затворската ќелија на Диди: Пронајдени шокантни тајни белешкиДРИМ ТИМ СЛАВАТ: Концерт по повод 25 години музика...
Британските медиуми со докази дека Украина употребила ракети Storm Shadow за напад на Русија
Весник - пред 15 часа
Британски Телеграф јавува дека жителите на селото Марино во Курската област наводно денеска пронашле фрагменти од проектил „ Storm Shadow “. Телеграф не можеле самостојно да ја потврдат автентичноста на овие фотографии и снимки. Fragments of Storm Shadow missiles were discovered near the village of Maryino on the E38 Rylsk-Lgov-Kurchatov road in the Kursk region. Earlier, The Times wrote that the Ukrainian Armed Forces had received permission to use these missiles deep into Russian territory. pic.twitter.com/JVXVWICMES — Clash Report (@clashreport) November 20, 2024 Русија и Украина се уште официјално не се огласија по овој повод. BREAKING: Reports of Ukraine firing up to 12 British Stormshadow missiles against Russian and North Korean soldiers in the Kursk region of Russia. After y-day’s strike with US-donated ATACMS, British long-range cruise missiles are now also hitting Russian territory 🇺🇦🇺🇸🇬🇧🇷🇺🇰🇵 pic.twitter.com/asE7Jfa2gR — Visegrád 24 (@visegrad24) November 20, 2024 Портпаролот на украинскиот премиер денеска одби да ги коментира наводите за употреба на британски ракети во Русија. Веста доаѓа набргу откако американскиот претседател Џо Бајден ѝ даде зелено светло на Украина да користи ракети со долг дострел произведени од САД во Русија претходно оваа недела. Киев вчера наутро употреби ATACMS за напад на воен објект во Брајанск. Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека Путин е подготвен да преговара за прекин на огнот во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кога тој ќе ја преземе функцијата. Вчера Путин потпиша указ за проширување на нуклеарната доктрина. Тој со тоа го намали прагот за активирање нуклеарен напад, дозволувајќи ѝ на Москва да одговори со ова оружје доколку некоја земја ја нападне со конвенционално оружје.Европскиот парламент ги одобри преостанатите седуммина кандидати за еврокомесариГерманската полиција понуди помош во истрагата за прекинатите оптички кабли во Балтичкото Море...
ГРЦИЈА ВО ЗАСТОЈ: Почнува 24-часовен штрајк
Весник - пред 15 часа
Српскиот министер за внатрешна и надворешна трговија поднесе оставкаВучиќ: Добро го познавам Путин, Србија ќе ги подготвува скривниците за нуклеарен напад...
Мурињо го убедува Ериксен во јануари да дојде во Фенербахче
Весник - пред 15 часа
Жозе Мурињо е сериозно заинтересиран во Фенербахче да го донесе играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Кристијан Ериксен. Трансферот би се реализирал уште оваа зима. Репрезентативецот на Данска не е задоволен од минутажата на „Олд Трафорд“ и најверојатно ќе си замине на крајот од сезоната кога ќе му истече договорот. Сепак, турските гиганти ќе се обидат да го донесат уште во јануари. Ериксен работеше со Мурињо додека менаџерот беше на чело на Тотенхем. Играчот од средниот ред ќе почека да види колку е искористен под водство на новиот тренер Рубен Аморим, но веројатноста тој да почне да игра многу повеќе е многу мала. sportmedia.mkАморим веќе доби прекар од своите нови играчиСтаорци повторно прават проблеми на Олд Трафорд...
ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО КОЛАПС: Нема нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долг
Весник - пред 15 часа
Тоа што за ДУИ беше незамисливо, остварливо за Меџити: НАЈАВЕН ЦЕНТАР ЗА РЕЦИКЛАЖА НА ОТПАДГерманија со донација за македонските специјалци...
Во рок од само четири дена почина уште еден член на легендарните „Би Џиз“
Весник - пред 15 часа
Музичарот свиреше со бендот помеѓу 1973 и 1981 година и почина во Нешвил во четвртокот, на 14 ноември, само четири дена пред смртта на колегата од бендот Колин „Смајли“ Петерсен на 78-годишна возраст. Веста за смртта на Денис ја објави колегата музичар Блу Вивер, кој свиреше со него во велшката рок група Амен Корнер. Тој на својот Фејсбук ја откри поразителната вест и изрази шокираност и тага, објавувајќи: - Во моментов сум изгубен, немам зборови... Денис почина - напиша тој и продолжи: - Кејт, сопругата на Денис само ми се јави и ме праша дали ќе ги известам сите мои пријатели и обожаватели. Ова беше таков шок. Да потсетиме, музичарот и продуцент, Колин Петерсен, почина на 18 ноември, на 78-годишна возраст, само четири дена по неговиот колега чија смрт беше држена во тајност. Колин одигра клучна улога во успехот на познатата група „Bee Gees“, како оригинален тапанар.Полицијата упадна во затворската ќелија на Диди: Пронајдени шокантни тајни белешкиДРИМ ТИМ СЛАВАТ: Концерт по повод 25 години музика...
Муцунски на состанок на ЦЕИ: Фокус на ЕУ проширувањето, регионалната соработка и поддршката за Украина
Весник - пред 15 часа
ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО КОЛАПС: Нема нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долгГерманија со донација за македонските специјалци...
Германија со донација за македонските специјалци
Весник - пред 15 часа
ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО КОЛАПС: Нема нафта од „Пуцко Петрол“ за ЈСП „Скопје“ поради голем долгМуцунски на состанок на ЦЕИ: Фокус на ЕУ проширувањето, регионалната соработка и поддршката за Украина...
Ердоган: Турција е подготвена за евентуално повлекување на американските сили од Сирија
Весник - пред 15 часа
Турција е подготвена за можноста Соединетите Американски Држави да ги повлечат своите воени сили од северна Сирија, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, враќајќи се од Бразил, каде што присуствуваше на самитот на Г-20, пренесе турската државна телевизија ТРТ Хабер. Ердоган изрази надеж дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ќе ја исполни својата реторика за завршување на војните, оценувајќи дека тоа може да создаде нова клима за мирно решавање на конфликтите во регионот. - Се надеваме дека ќе бидеме сведоци на настани кои ќе ги оправдаат нашите позитивни очекувања и ќе ги елиминираат проблемите на еден начин, рече тој. Во однос на можноста администрацијата на Трамп да ги повлече американските сили од Сирија, Ердоган истакна дека Турција е подготвена за таков потег, нагласувајќи дека националната безбедност останува приоритет. - Одлучни сме да ставиме крај на тероризмот. Немаме апсолутно никаква толеранција за организации надвор од нашите граници кои претставуваат закана за нашата национална безбедност, подвлече тој, нагласувајќи дека Турција ќе продолжи да се бори против тероризмот. Ердоган додаде дека Турција е подготвена како за евентуално повлекување на САД од Сирија, така и за моменталната реалност. „Националната безбедност за нас е над сѐ“, рече тој, дополнувајќи дека земјата води неопходни разговори со Русија за подобрување на состојбата во Сирија. /МИАТрамп го именуваше новиот амбасадор во НАТО: Америка ќе ја ставам на прво местоУкраинците првпат употребија британски ракети за да гаѓаат руска територија!...
Стаорци повторно прават проблеми на Олд Трафорд
Весник - пред 15 часа
Можеби звучи чудно но е вистина. Во еден од најголемите клубови во светот, Манчестер Јунајтед и на неговиот легендарен стадион, Олд Трафорд, се соочуваат со проблем кој навидум е неверојатен, наезда на стаорци. Проблемот е со години и навистина е зачудувачки како надлежните сеуште не можат да најдат одговор за ваквиот вид на глодари, кои што очигледно Олд Трафорд и околината го сметаат за свој дом. Проблемот повторно се актуелизира откако два локални пабови во близина на стадионот се затворени затоа што стаорците се појавиле и кај нив. Обновата на Олд Трафорд е тема со децении веќе но истата никако да започне. Не случајно веќе подолго време се зборува дека на стадионот му треба сериозно реновирање. Во 2019 г часови пред дербито на Манчестер дел од покривот попушти и огромна маса на вода се истури врз седиштата. Откако Џим Ретклиф стана еден од косопствениците, една од неговите први задачи беше да го реши проблемот со Олд Трафорд и беше формирана работна група, вклучувајќи го и Гери Невил, за да разговара за опциите. Се уште нема конечна одлука дали ќе се реновира сегашниот објект или ќе се изгради нов стадион, но поверојатно е дека на истото место ќе се гради нов. Manchester United themed cafe – just yards from Old Trafford – is given zero-star hygiene rating after RAT infestation and forced to temporarily close down https://t.co/LvciSOHwCJ — Mail Sport (@MailSport) November 20, 2024 sportmedia.mkМурињо го убедува Ериксен во јануари да дојде во ФенербахчеЗаминување од Челзи по цели 18 години...
Во Виена почна Година на демократијата
Весник - пред 16 часа
Титулата ја доделува организацијата „Европска престолнина на демократијата“, а Виена, како и Барселона вторпат ја добива наградата. Во процесот на селекција, Виена победи седум градови кандидати и во следните дванаесет месеци интензивно ќе се занимава со темата демократија и учество на граѓаните во одлучувањето. - Титулата европска престолнина на демократијата е признание за заложбите на Виена на полето на демократијата и учеството на граѓаните во демократските процеси, но претставува и задача доследно да се продолжи и развива овој пат. Демократијата не се зема здраво за готово! Тоа е заеднички проект што треба да го обновуваме од ден на ден, истакна градоначалникот Михаел Лудвиг. Во рамките на годината на демократијата ќе се обезбедат посебни средства за реализација на одредени проекти. Ќе бидат достапни 300.000 евра, а најавена е и изработка на „Демократската стратегија на Виена“ со учество на граѓанскиот сектор. Предвидени се и настани за меѓународна размена на различни модели на демократија. Дополнително, фокусот во голема мера ќе биде ставен на темата „Лажни вести“. /МИАТрамп го именуваше новиот амбасадор во НАТО: Америка ќе ја ставам на прво местоУкраинците првпат употребија британски ракети за да гаѓаат руска територија!...
Заминување од Челзи по цели 18 години
Весник - пред 16 часа
Тренерот на голманите на Челзи, Енрике Хиларио по цели 18 години ќе го напушти Стенфорд Бриџ. Поточно, ќе се приклучи на стручниот штаб на Томас Тухел, кој што од 1 јануари е на чело на репрезентацијата на Англија. Хиларио пристигна во Лондоно сега веќе далечната 2006 како трет голман зад Петер Чех и Карло Кудичини. Во 2014 година ја заврши играчката кариера и се префрли на клупата. Беше во стручниот штаб на Антонио Конте, па на Маурицио Сари, па потоа на Томас Тухел. Германецот инсистираше на соработка со него и во иднина, а Челзи не се согласи да го „дели“ Хиларио со националниот тим на Англија. Па така, ја прекина соработката со него и шпанецот од Нова година ќе има и ново работно место. 🚨 Henrique Hilario ends his 18-year association with Chelsea to join Thomas Tuchel at England. (@Matt_Law_DT) #CFC pic.twitter.com/QSPdrVXUbb — ChelseaReport (@chelsreport_) November 20, 2024 sportmedia.mkСтаорци повторно прават проблеми на Олд ТрафордПознати одлуките на УЕФА за мечот Романија – Косово...
Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема
Весник - пред 17 часа
По одлуката на Вашингтон да му дозволи на Киев да користи западно оружје со долг дострел за напади врз цели на територијата на Русија и обновената руска нуклеарна доктрина, опасноста од ескалација е максимално зголемена, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во следните недели и месеци, додаде тој, Будимпешта ќе мора да вложи максимално дипломатско искуство и ресурси за да не биде вовлечена во конфликтот во Украина. Орбан претпладне одржа седница на Советот за одбрана. „Со победата на претседателот Трамп на претседателските избори во САД, мирот или барем прекинот на огнот се чинеше опиплив, но провоената влада сè уште е на власт во Америка веќе два месеци. Практично, тоа значи дека Украинците вчера истрелаа ракети со долг дострел на руска територија, а Русите одговорија со усвојување на обновена нуклеарна доктрина. Го слушнав извештајот на Советот за одбрана. „Опасноста од ескалација на војната никогаш не била толку голема“, рече Орбан. /МИАУкраинците првпат употребија британски ракети за да гаѓаат руска територија!Британските медиуми со докази дека Украина употребила ракети Storm Shadow за напад на Русија...
Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот
Весник - пред 17 часа
Овие две земји од Источна Азија, инаку, се борат со слична демографска криза со својот хронично - и опасно низок наталитет, како што предупредуваат властите. Анкетата, објавена оваа недела, опфаќа 31 држава низ светот, и покажа дека само 37 отсто од Јапонските испитаници доживуваат задоволство од романтиката и сексот. За Јужна Кореја, тој број изнесува 45 отсто, наспроти 76 насто кај највисоко рангираните Индија и Мексико и 75 отсто кај испитаниците од Кина и Тајланд. Од европските земји, Шпанија е осма на оваа листа - со 70 отсто задоволни. Велика Британија, Полска и Турција се некаде на средината од списокот, а Германија, Унгарија и Италија се при дното. Во јуни, јапонското Министерство за здравство ја опиша стапката на наталитет во државата како „критична“, бидејќи лани таа изнесувала 1,20. Тоа е рекордно ниско државно ниво веќе осма година по ред. Во таа смисла, Јужна Кореја, има најниска стапката на наталитет во светот, од 0,72. На прашањето колку „се чувствуваат сакани“ во животот, 51 насто од Јапонците го кажале тоа - најнизок број од сите. Малку над нив се Јужнокорејците и Италијанците со 63 отсто. Незадоволството е делумно резултат на „личноста на Јапонците кои не се добри во артикулирањето на своите емоции и ставови кога станува збор за романса“, се вели во анкетата на „Ипсос“. Меѓу напорите за зајакнување на падот на наталитетот во Јапонија е и апликацијата за запознавање пуштена оваа година од властите во главниот град Токио. Тука, од корисниците се бара да достават документација со којашто „законски“ докажуваат дека се самци и да потпишат документ во којшто наведуваат дека се подготвени да стапат в брак. /МИАРиба од многу редок вид најдена угината во САД - вторпат за три месециОН: Луѓето во северниот дел на Газа не добиваат речиси никаква помош повеќе од 40 дена...
Сибиха: Мораме да го принудиме Путин да склучи мир, а не да го бараме тоа од него
Весник - пред 17 часа
„Последниот масовен руски воздушен напад беше одговорот на Путин на сите оние кои неодамна го посетија и го повикаа. Путин јасно стави до знаење дека сака војна и продолжува да зборува со јазикот на ултиматумите. Треба да го принудиме да склучи мир, а не да го бараме тоа од него“, нагласи украинскиот министер на заедничката прес-конференција со австрискиот колега Александар Шаленберг во Виена. Според него, Русија продолжува со бруталните напади врз енергетскиот систем на Украина, а последниот таков напад бил еден од најголемите. „Руски ракети дури беа насочени кон нашите нуклеарни постројки. Ова е важно да се нагласи, бидејќи е создаден реален ризик од нуклеарен инцидент“, рече Сибиха, пренесува Укринформ. Шаленберг изјави дека Русија намерно го ескалира конфликтот, вклучувајќи ги севернокорејските трупи, но исто така ја користи енергијата како оружје, не само во Украина. „Австрија директно го почувствува тоа пред неколку дена откако Гаспром го прекина снабдувањето со гас на австриската ОМВ, но нашата заедничка задача е да се спротивставиме на притисокот и уцената. Истото важи и за руската нуклеарна уцена, промената на нуклеарната доктрина и неодамнешните закани, кои треба да се гледаат како уцена, Русија повеќепати ја користеше оваа тактика за да ги исплаши Украина, Европа“, предупреди шефот на австриската дипломатија. Сибиха и се заблагодари на Австрија за поддршката на меѓународното право и мировната формула на претседателот на Украина Володимир Зеленски, како и за хуманитарната и финансиската помош за Украина. Тој изрази надеж дека следната сојузна влада на Австрија „ќе продолжи со конструктивниот дијалог за доброто на нашиот народ“. Сибиха денеска е во посета на Австрија. Тој во Виена ќе разговара и со генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, за руските напади врз украинскиот енергетски систем, особено врз објектите за нуклеарна енергија. /МИАУкраинците првпат употребија британски ракети за да гаѓаат руска територија!Британските медиуми со докази дека Украина употребила ракети Storm Shadow за напад на Русија...
Холандија ќе ангажира приватни безбедносни фирми во Северното Море поради руските закани
Весник - пред 17 часа
Одлуката доаѓа откако холандската воена разузнавачка агенција објави извештај минатата година во кој се вели дека инфраструктурата на Холандија во Северното Море, како што се гасоводи и турбините на ветер, била цел на руска саботажа. -Оваа мерка има за цел да ја пополни празнината додека два нови повеќенаменски бродови не бидат прифатени во морнарицата, што се очекува во 2026 година, рече портпаролот на Министерството. Агенцијата не прецизираше со кои компании разговарала, ниту дали разговарала само со холандски или европски компании. Претходно оваа недела, два подводни комуникациски кабли со оптички влакна во Балтичкото Море беа отсечени, вклучително и кабел што ги поврзува Финска и Германија, што предизвика сомневања за саботажа. /МИАУкраински тајни командоси го разнеле гасоводот Северен тек?!Ердоган: Турција е подготвена за евентуално повлекување на американските сили од Сирија...
Путин е подготвен со Трамп да преговара за мир во Украина
Весник - пред 17 часа
Претседателот на Русија, Владимир Путин е подготвен да разговора за примирје со Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, потврдија пет руски неименувани извори за Ројтерс, пренесува ХИНА. Но, Путин ја отфрла можноста за територијални отстапки и бара Киев да се откаже од амбицијата за членство во НАТО. Петмина актуелни и поранешни руски претставници наведуваат дека Кремљ би можел да се согласи на замрзнување на конфликтот на сегашните линии на фронтот. Тројца извори тврдат дека Путин е отворен за преговори за прецизно разграничување на четирите источни украински региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон. Москва овие региони ги смета за своја територија иако руската армија контролира само 70 до 80 отсто, што не ја спречи илегално да ги анектира. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев нема да се согласи на примирје додека сите руски војници не ја напуштат украинската територија, што за американските генерали е амбициозен план./МИАУкраински тајни командоси го разнеле гасоводот Северен тек?!Ердоган: Турција е подготвена за евентуално повлекување на американските сили од Сирија...
Светска банка: Западниот Балкан мора да вложи милијарди за заштита од климатските промени
Весник - пред 17 часа
Во следните пет до десет години, шесте земји од Западен Балкан мора да инвестираат 37 милијарди долари во програми кои ќе обезбедат справување со климатските промени доколку сакаат да го заштитат своето население и да избегнат штети кои можат значително да влијаат на нивниот економски раст, предупреди денеска Светската банка (СБ). Во редовниот извештај за климатските промени и развој поврзани со Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово, Светска банка посочува дека овие инвестиции ќе ги ублажат ефектите од шоковите и стресот поврзани со климатските промени. Во Извештајот се посочува дека таквите инвестиции во адаптацијата носат тројна корист од избегнати загуби, забрзан економски потенцијал и зголемени социјални и еколошки заеднички придобивки со поврат проценет на околу четири долари за секој инвестиран долар. Аналитичарите на СБ процениле дека штетите предизвикани од климатските промени би можеле да ја намалат економијата на Босна и Херцеговина, односно нејзиниот бруто домашен производ (БДП) за дури 14 отсто до 2050 година. Само оваа земја мора да смета на фактот дека ќе треба да инвестира дури 6,8 милијарди долари во заштита од климатските промени во наредната деценија. Документот на СБ е објавен по разорните поплави кои погодија делови на Босна и Херцеговина во октомври, при што загинаа 27 жители, а прелиминарните проценки покажуваат дека материјалната штета е над 100 милиони евра. - Климатските промени не се само еколошки предизвик, туку и директна закана за економската стабилност, јавното здравје и социјалната благосостојба на Босна и Херцеговина, рече Кристофер Шелдон, шеф на канцеларијата на Светска банка за Босна и Херцеговина и Црна Гора, предупредувајќи дека неодамнешниот поплавите се доказ за опасните последици од климатските промени. Со оглед на тоа што поплавите претставуваат над 90 проценти од штетите поврзани со климата, извештајот на СБ ја истакна потребата од решенија засновани на природата, како што се обновување на поплавните рамнини и зачувување на тресетите за да се зголеми отпорноста и да се поттикне економскиот раст. Навремените инвестиции во адаптација на климатските промени, особено во инфраструктурата за заштита од поплави, можат во голема мера да ја заштитат економијата и во исто време да ја намалат загубата на БДП, а истовремено да обезбедат отворање нови работни места и зголемување на трговските можности. - Проекциите покажуваат дека секое евро потрошено за адаптација на климатските промени постигнува поврат до десет евра, што укажува на големите економски придобивки од ваквите иницијативи, се наведува во извештајот. Светска банка нè потсетува на неопходноста од транзиција кон намалување на емисиите на јаглерод преку производство на енергија, односно достигнување на нула емисии до 2050 година. Ова вклучува напуштање на производството на електрична енергија од јаглен, зголемување на производството на енергија од обновливи извори, како што е сонцето и ветер и подобрување на енергетската ефикасност во бројни сектори./МИАСрпскиот министер за внатрешна и надворешна трговија поднесе оставкаВучиќ: Добро го познавам Путин, Србија ќе ги подготвува скривниците за нуклеарен напад...
Рама: Албанија размислува за целосна забрана на ТикТок или Снепчет
Весник - пред 17 часа
По крвавиот настан, во кој беше усмртено 14-годшно момче од негов врсник и растот на врсничкото насилство, албанската Влада денеска најави ограничувања во користењето на социјалните мрежи од страна на малолетници или целосна забрана на ТикТок или Снепчет. - Три дена и возрасни и деца се шокирани од убиството на 14-годишен ученик со нож од друг тинејџер. Целата динамика на трагедијата ја истакнува трајната закана со која живеат сите семејства кои воспитуваат деца во денешниот свет, каде што социјалните мрежи, а особено ТикТок или Снапчет, секојдневно ги внесуваат нашите деца во нивните лавиринти од најмала возраст, рече албанскиот премиер Еди Рама. На прес-конференцијата по владиниот состанок, Рама додаде дека „гарантирањето на безбедноста на децата е приоритет над приоритетите, но вистинските одговори не се толку едноставни во овие предизвикувачки услови“. - Нашата дилема како Влада е дали и ние треба да се обидеме да одиме во насока на поставување филтри, а всушност од сите досегашни искуства во Европа или пошироко дознаваме дека нивната ефикасност е сè уште многу ниска, нагласи тој. Во меѓувреме, според него „врсничкото насилство и случаи на малтретирање во онлајн светот на деца и тинејџери само се зголемуваат“. - Размислуваме да преземеме драстична мерка за целосно затворање на ТикТок и зошто да не и Снепчет на територијата на Република Албанија. Решивме ова да го ставиме на широка расправа во сите родителски заедници каде што сите училишта ќе бидат ангажирани под раководство на Министерството за образование да донесат одлука, што е можно подемократска, за ваков голем и комплексен проблем по содржина и сопствено решение, рече Рама. Најави дека како влада во соработка со Обединети Арапски Емирати предвидено е инсталирање дигитален систем, со кој „ќе се контролира секој агол“. - Ќе ги контролираме училниците, училиштата и улиците, секој агол, преку дигитален систем за што работиме со Владата на ОАЕ. Наскоро ќе го претставиме јавно и ќе почнеме да работиме на негова имплементација, која се стремиме да ја завршиме во рок од 20 месеци, додека чекор по чекор училиштата ќе бидат опремени со овој систем, посочи Рама. Во Албанија неколку години во сила е одлуката за забрана за користење мобилни телефони за време на наставата. /МИАСрпскиот министер за внатрешна и надворешна трговија поднесе оставкаВучиќ: Добро го познавам Путин, Србија ќе ги подготвува скривниците за нуклеарен напад...
Затвор за 13 велешани кои сексуално злоупотребувале малолетничка
Весник - пред 17 часа
Основниот кривичен суд Скопје попладнево ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривичните дела: Трговија со малолетно дете, Силување и Прикажување порнографски материјали на малолетник. Станува збор за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва. Судот соопшти дека сите 13 обвинети се виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и на сите им се изречени затворски казни, „имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности“. „С.Д. на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. на казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б.К. му изрече условна осуда од две години затвор која нема да се реализира доколку следните пет години не стори ново кривично дело како мерка заштитен надзор“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. На првите пет осудени лица Судот им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката. Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата. „Како што беше кажано и за време на изреката на пресудата: Станува збор за кривично-правена постапка кој во текот на главната расправа, по предлог на Јавниот обвинител, но и заради одредбите од ЗКП, со оглед дека оштетената во периодот на сторување на кривичното дело била малолетна, беше затворена за јавноста. Но, согласно добиените решенија од Врховниот суд на РСМ, со кои на претставници на медиумите им беше дозволено снимање и фотографирање на расправа, како и заложбите на Кривичниот суд за поголема отвореност и транспарентност на постапките, а притоа имајќи го предвид и јавниот интерес за конкретниот предмет, денешната објава на пресудата беше отворена за јавноста во делот на изреката и беше дозволено снимање и покрај своеволната одлука на дел од обвинетите да ја напуштат судницата за време на снимањето. Додека пак при објава на диспозитивот на пресудата, јавноста беше исклучена, пред сѐ, заради заштита на податоците за жртвата, а имајќи ја предвид и судската праска на Европскиот суд за човекови права“, појаснува Основниот кривичен суд по објавувањето на пресудата. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во јануари годинава го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со тогаш четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби. Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво консумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето. Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор.Муцунски на состанок на ЦЕИ: Фокус на ЕУ проширувањето, регионалната соработка и поддршката за УкраинаНотиран напредок во извештајот на ЕК во областа на почитување на правата на помалите заедници е ПРИОРИТЕТ...
Нотиран напредок во извештајот на ЕК во областа на почитување на правата на помалите заедници е ПРИОРИТЕТ
Весник - пред 17 часа
Муцунски на состанок на ЦЕИ: Фокус на ЕУ проширувањето, регионалната соработка и поддршката за УкраинаЗатвор за 13 велешани кои сексуално злоупотребувале малолетничка...